мозочен удар Archives - Република https://republika.mk/tema/mozochen-udar/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Sep 2024 15:27:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мозочен удар Archives - Република https://republika.mk/tema/mozochen-udar/ 32 32 Гитаристот на „Квин“ Брајан Меj имал мозочен удар https://republika.mk/scena/muzika/gitaristot-na-kvin-brajan-mej-imal-mozochen-udar/ Wed, 04 Sep 2024 11:35:54 +0000 https://republika.mk/?p=813076

Гитаристот на Квин, Сер Брајан Меј, откри дека неодамна доживеал мал мозочен удар, поради што не можел да ја користи левата рака.

Сепак, 77-годишната рок легенда рече дека сега е добро и дека има доволно движење за да може повторно да свири.

Добрата вест е што можам да свирам гитара по настаните во последните неколку дена“, рече тој во видеото објавено на неговата веб-страница во средата.

„Одеднаш – од ведро небо – немав никаква контрола над оваа рака. Така што беше малку страшно, морам да кажам.

The post Гитаристот на „Квин“ Брајан Меj имал мозочен удар appeared first on Република.

]]>

Гитаристот на Квин, Сер Брајан Меј, откри дека неодамна доживеал мал мозочен удар, поради што не можел да ја користи левата рака. Сепак, 77-годишната рок легенда рече дека сега е добро и дека има доволно движење за да може повторно да свири.
Добрата вест е што можам да свирам гитара по настаните во последните неколку дена“, рече тој во видеото објавено на неговата веб-страница во средата.
„Одеднаш – од ведро небо – немав никаква контрола над оваа рака. Така што беше малку страшно, морам да кажам.  

The post Гитаристот на „Квин“ Брајан Меj имал мозочен удар appeared first on Република.

]]>
1,8 милијарди возрасни ризикуваат да заболат од рак, срцев и мозочен удар поради недовона физичка активност https://republika.mk/zivot/zdravje/1-8-milijardi-vozrasni-rizikuvaat-da-zabolat-od-rak-srtsev-i-mozochen-udar-poradi-nedovona-fizichka-aktivnost/ Wed, 26 Jun 2024 08:01:02 +0000 https://republika.mk/?p=790867

Речиси 1,8 милијарди возрасни луѓе ширум светот се изложени на опасност од болести, како што се рак, срцев и мозочен удар, поради недоволна физичка активност, а оваа состојба и натаму се влошува. Според ново истражување на Светската здравствена организација (СЗО), параметарот за недостаток на физичка активност на светско ниво се зголемил за пет отсто меѓу 2010 и 2022 година.

Новите откритија ја истакнуваат пропуштената можност за намалување на опасноста од рак и срцеви заболувања и подобрување на психичката благосостојба, ако физичката активност е помала. Мораме да ја обновиме нашата посветеност за зголемување на нивото физичка активност и да ѝ дадеме приоритет, решителност во зајакнување на политиките и поголемо финансирање, за да ја промениме оваа загрижувачка насока, истакна генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Речиси една третина (31 насто) од постарите возрасни лица ширум светот не вежбаат доволно, во споредба со 24 отсто во 2000 година и 26 отсто во 2010 година.

Физичката неактивност е тивка закана за глобалното здравје којашто значително ги влошува хроничните болести. Доколку физичката активност стане подостапна и попријатна за сите, може значително да ја намалиме опасноста од незаразни болести и да создадеме поздраво и попродуктивно општество, рече Ригер Крех, директор на Одделот за поттикнување на здравјето на СЗО.

Панајота Митру, директор за истражување, политика и иновации во Светскиот фонд за истражување на ракот, го опиша извештајот како „повик за будење до светот“ дека треба повеќе да се направи за луѓето да бидат поактивни.

Владите треба да признаат дека физичката активност е исклучително важна за менталното и физичкото здравје, а тука спаѓа и спречувањето неколку видови рак и помагањето во тоа луѓето да одржат здрава тежина, додаде таа.

Научниот труд, објавен во списанието „Лансет“ (Lancet), покажува дека недостатокот на вежбање го зголемува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес тип 2, деменција и рак. СЗО препорачува возрасните да прават 150 минути умерени или 75 минути енергични физички вежби неделно.

Примери за умерена физичка активност се: брзо одење, домашните работи, возење велосипед со брзина од 16 - 19 км/ч. Примери за интензивна физичка активност: трчање со повеќе од 10 км/ч, копање во дворот, брз велосипед, фудбал, кошарка и тенис.

The post 1,8 милијарди возрасни ризикуваат да заболат од рак, срцев и мозочен удар поради недовона физичка активност appeared first on Република.

]]>

Речиси 1,8 милијарди возрасни луѓе ширум светот се изложени на опасност од болести, како што се рак, срцев и мозочен удар, поради недоволна физичка активност, а оваа состојба и натаму се влошува. Според ново истражување на Светската здравствена организација (СЗО), параметарот за недостаток на физичка активност на светско ниво се зголемил за пет отсто меѓу 2010 и 2022 година.
Новите откритија ја истакнуваат пропуштената можност за намалување на опасноста од рак и срцеви заболувања и подобрување на психичката благосостојба, ако физичката активност е помала. Мораме да ја обновиме нашата посветеност за зголемување на нивото физичка активност и да ѝ дадеме приоритет, решителност во зајакнување на политиките и поголемо финансирање, за да ја промениме оваа загрижувачка насока, истакна генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Речиси една третина (31 насто) од постарите возрасни лица ширум светот не вежбаат доволно, во споредба со 24 отсто во 2000 година и 26 отсто во 2010 година.
Физичката неактивност е тивка закана за глобалното здравје којашто значително ги влошува хроничните болести. Доколку физичката активност стане подостапна и попријатна за сите, може значително да ја намалиме опасноста од незаразни болести и да создадеме поздраво и попродуктивно општество, рече Ригер Крех, директор на Одделот за поттикнување на здравјето на СЗО.
Панајота Митру, директор за истражување, политика и иновации во Светскиот фонд за истражување на ракот, го опиша извештајот како „повик за будење до светот“ дека треба повеќе да се направи за луѓето да бидат поактивни.
Владите треба да признаат дека физичката активност е исклучително важна за менталното и физичкото здравје, а тука спаѓа и спречувањето неколку видови рак и помагањето во тоа луѓето да одржат здрава тежина, додаде таа.
Научниот труд, објавен во списанието „Лансет“ (Lancet), покажува дека недостатокот на вежбање го зголемува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес тип 2, деменција и рак. СЗО препорачува возрасните да прават 150 минути умерени или 75 минути енергични физички вежби неделно. Примери за умерена физичка активност се: брзо одење, домашните работи, возење велосипед со брзина од 16 - 19 км/ч. Примери за интензивна физичка активност: трчање со повеќе од 10 км/ч, копање во дворот, брз велосипед, фудбал, кошарка и тенис.

The post 1,8 милијарди возрасни ризикуваат да заболат од рак, срцев и мозочен удар поради недовона физичка активност appeared first on Република.

]]>
Кои се симптомите на мозочен удар? https://republika.mk/zivot/zdravje/koi-se-simptomite-na-mozochen-udar/ Wed, 15 May 2024 11:28:58 +0000 https://republika.mk/?p=778321

Мозочен удар настанува поради оштетување на крвните садови на мозокот, што го отежнува или целосно го оневозможува снабдувањето на тој дел од мозокот со кислород и хранливи материи. По мозочен удар, зафатениот дел од мозокот престанува да функционира и се појавуваат невролошки испади.

Разликуваме два вида на мозочен удар: исхемичен мозочен удар, кој се јавува поради блокада на крвните садови во тој дел од мозокот од тромб и хеморагичен мозочен удар, при што настанува оштетување на мозокот поради крварење во мозокот“, наведува д-р Јован Крстиќ, невролог.

Исхемичниот мозочен удар е многу почест, сочинува околу 85 отсто од сите мозочни удари. Понекогаш, пред мозочен удар, може да се појават симптоми слични на шлог, кои се повлекуваат по 24 часа без да остават трајно оштетување. Оваа состојба се нарекува ТИА (транзиторен ихемичен напад) и е предупредувачки знак дека може да дојде до мозочен удар кај истата личност.

Мозочниот удар е итен случај во медицината, бидејќи може да доведе до трајно оштетување или смрт. Затоа е потребно веднаш да се јавите на лекар во првите три часа од препознавањето на симптомите на мозочен удар. Симптомите на мозочен удар можат да бидат: конфузија или ненадејна промена на свеста, лишување (парализа), слабост или вкочанетост на едната страна од телото, отежнат или невозможен говор, ненадејна силна главоболка, губење на видот, „двојни слики“, губење на рамнотежа или вртоглавица… Сите овие се симптоми кои мораат да бидат аларм дека може да се случи мозочен удар – посочува лекарот.

Мозочниот удар е сè уште една од најчестите причини за смрт. Шансите за преживување се значително зголемени доколку се примени специфична терапија (тромболиза) и затоа е потребно веднаш да се повика на лекар во рок од 3 до 4,5 часа од почетокот на симптомите!

The post Кои се симптомите на мозочен удар? appeared first on Република.

]]>

Мозочен удар настанува поради оштетување на крвните садови на мозокот, што го отежнува или целосно го оневозможува снабдувањето на тој дел од мозокот со кислород и хранливи материи. По мозочен удар, зафатениот дел од мозокот престанува да функционира и се појавуваат невролошки испади. Разликуваме два вида на мозочен удар: исхемичен мозочен удар, кој се јавува поради блокада на крвните садови во тој дел од мозокот од тромб и хеморагичен мозочен удар, при што настанува оштетување на мозокот поради крварење во мозокот“, наведува д-р Јован Крстиќ, невролог. Исхемичниот мозочен удар е многу почест, сочинува околу 85 отсто од сите мозочни удари. Понекогаш, пред мозочен удар, може да се појават симптоми слични на шлог, кои се повлекуваат по 24 часа без да остават трајно оштетување. Оваа состојба се нарекува ТИА (транзиторен ихемичен напад) и е предупредувачки знак дека може да дојде до мозочен удар кај истата личност.
Мозочниот удар е итен случај во медицината, бидејќи може да доведе до трајно оштетување или смрт. Затоа е потребно веднаш да се јавите на лекар во првите три часа од препознавањето на симптомите на мозочен удар. Симптомите на мозочен удар можат да бидат: конфузија или ненадејна промена на свеста, лишување (парализа), слабост или вкочанетост на едната страна од телото, отежнат или невозможен говор, ненадејна силна главоболка, губење на видот, „двојни слики“, губење на рамнотежа или вртоглавица… Сите овие се симптоми кои мораат да бидат аларм дека може да се случи мозочен удар – посочува лекарот.
Мозочниот удар е сè уште една од најчестите причини за смрт. Шансите за преживување се значително зголемени доколку се примени специфична терапија (тромболиза) и затоа е потребно веднаш да се повика на лекар во рок од 3 до 4,5 часа од почетокот на симптомите!

The post Кои се симптомите на мозочен удар? appeared first on Република.

]]>
Уште еден македонски државјанин кој доживеал мозочен удар во Унгарија со полициски хеликоптер пренесен до Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ushte-eden-makedonski-drzhavjanin-koj-dozhiveal-mozochen-udar-vo-ungarija-so-politsiski-helikopter-prenesen-do-skopje/ Sat, 20 Apr 2024 15:19:30 +0000 https://republika.mk/?p=768512

Денеска по добиено барање од ЦУК, со полициски хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, од Сегедин, Унгарија до Скопје е пренесен македонски државјанин кој доживеал мозочен удар на 18 април за време на службен пат во Унгарија.

Како што соопштија од ЦУК македонскиот државјанин доживел мозочен удар за време на службен пат во Унгарија и денеска бил превезен со полициски хеликоптер на МВР на скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“.

Ова е вторпат да се извршува таков вид воздухопловен транспорт од Сегедин до Скопје, по првиот пат на 11 април.

Денеска беше реализирано успешно воздухопловно превезување од Унгарија на болно лице, македонски државјанин, до Република Македонија со полициски хеликоптер на МВР, што се опремува со потребна медицинска опрема пред секој таков лет, а по реализацијата на хуманата акција се вади. Конкретно, на 18 април преку Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, а подоцна и преку официјалната електронска пошта на ЦУК и до директорот Стојанче Ангелов, пристигна барање за воздухопловен транспорт од Унгарија до Македонија на болно лице, македонски државјанин, којшто во Унгарија доживеал мозочен удар, па повеќе денови бил во болница во Унгарија, во градот Сегед. Притоа, на барањето е одговорено веднаш и по создавањето услови за безбеден транспорт, тоа е реализирано од страна на Хеликоптерската единица на МВР со хеликоптерот ‘бел’ 412, во содејство со Министерството за здравство“, велат од ЦУК.

Хеликоптерот на МВР третпат се користи за транспорт на пациенти. Првпат тоа се случи на 6 февруари кога од една од приватните болници во Скопје пациент беше пренесен на лекување во Виена.

The post Уште еден македонски државјанин кој доживеал мозочен удар во Унгарија со полициски хеликоптер пренесен до Скопје appeared first on Република.

]]>

Денеска по добиено барање од ЦУК, со полициски хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, од Сегедин, Унгарија до Скопје е пренесен македонски државјанин кој доживеал мозочен удар на 18 април за време на службен пат во Унгарија. Како што соопштија од ЦУК македонскиот државјанин доживел мозочен удар за време на службен пат во Унгарија и денеска бил превезен со полициски хеликоптер на МВР на скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“. Ова е вторпат да се извршува таков вид воздухопловен транспорт од Сегедин до Скопје, по првиот пат на 11 април.
Денеска беше реализирано успешно воздухопловно превезување од Унгарија на болно лице, македонски државјанин, до Република Македонија со полициски хеликоптер на МВР, што се опремува со потребна медицинска опрема пред секој таков лет, а по реализацијата на хуманата акција се вади. Конкретно, на 18 април преку Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, а подоцна и преку официјалната електронска пошта на ЦУК и до директорот Стојанче Ангелов, пристигна барање за воздухопловен транспорт од Унгарија до Македонија на болно лице, македонски државјанин, којшто во Унгарија доживеал мозочен удар, па повеќе денови бил во болница во Унгарија, во градот Сегед. Притоа, на барањето е одговорено веднаш и по создавањето услови за безбеден транспорт, тоа е реализирано од страна на Хеликоптерската единица на МВР со хеликоптерот ‘бел’ 412, во содејство со Министерството за здравство“, велат од ЦУК.
Хеликоптерот на МВР третпат се користи за транспорт на пациенти. Првпат тоа се случи на 6 февруари кога од една од приватните болници во Скопје пациент беше пренесен на лекување во Виена.

The post Уште еден македонски државјанин кој доживеал мозочен удар во Унгарија со полициски хеликоптер пренесен до Скопје appeared first on Република.

]]>
Диетата 16:8 станува сè попопуларна, a крие голема опасност: Не почнувајте ја додека не се консултирате со лекар https://republika.mk/zivot/zdravje/dietata-16-8-stanuva-se-popopularna-a-krie-golema-opasnost-ne-pochnuvajte-ja-dodeka-ne-se-konsultirate-so-lekar/ Wed, 27 Mar 2024 10:06:48 +0000 https://republika.mk/?p=759236

Повремениот пост или намерното ограничување на часовите во текот на кои човекот ги троши своите дневни калории, веќе неколку години се користи за слабеење. Меѓутоа, најновото истражување сега покажа дека тоа може да доведе до зголемен ризик од срцев и мозочен удар, пишува „Дејли мејл“.

Луѓето кои следат една од најпопуларните временски ограничени стратегии на исхрана, повремениот пост 16:8, може да имаат поголем ризик од кардиоваскуларни болести и смрт од оние кои не постат или не користат други техники на постење, покажува новото истражување. Повременото постење 16:8 значи дека човек пости 16 часа, додека јаде останатите осум часа од денот.

Повреметнио пост е многу популарен кај познатите личности, меѓу кои британскиот премиер Риши Сунак, Илон Маск и Џенифер Анистон, кои велат дека тоа им помага да останат во форма, пишува „Дејли мејл“.

Истражувачите набљудувале група од 20.000 возрасни луѓе кои одговарале на прашања за нивните шеми на исхрана за годишната Национална анкета за здравјето и исхраната помеѓу 2003 и 2018 година.

Тие откриле дека учесниците кои практикувале повремен пост 16:8 имале 91 отсто поголема веројатност да умрат од кардиоваскуларни болести отколку оние кои не практикувале ваков тип на постење.

Исто така, оние со постоечки кардиоваскуларни болести, кои ги потрошиле сите свои калории во период од осум и 10 часа, имале 66 отсто поголем ризик од смрт од срцеви болести и мозочен удар.

Покрај фактот дека временски ограничената исхрана не го намалува ризикот од смрт од која било причина, истражувачите исто така забележале дека луѓето заболени од рак кои не постеле и кои ги консумирале своите дневни калории во период од 16 часа, всушност имале помал ризик од умирање од рак од оние кои јаделе во ограничена временска рамка.

Студијата опфати голем примерок, набљудувајќи ги поединците во просек осум години. Меѓутоа, начинот на кој се собираа информациите можеби ги ограничи наодите и точноста на студијата со оглед на тоа дека шемите на исхрана може да се променат со текот на времето – рекла кардиологот Мишел Рутенштајн, која не беше вклучена во студијата.

Покрај тоа, набљудувачките студии како што е ова не можат да докажат причина и последица. Меѓутоа, ова не се единствените ограничувања.

Овие наоди се во спротивност со многу претходни студии кои откриваат придобивки од временски ограничената исхрана за кардиоваскуларното и метаболичкото здравје – рекол кардиологот Ченг-Хан Чен, кој не бил вклучен во студијата.

Тој додал дека може да постојат разлики во основните карактеристики во групите со ограничено време на исхрана, што би можело да ги објасни овие изненадувачки наоди. Разликите во демографијата и карактеристиките помеѓу овие групи (особено помеѓу групата која јадела помалку од осум часа и другите), како и пристрасноста во сеќавањето на учесниците на нивните сопствени навики во исхраната, може да влијаат на резултатите.

И прелиминарното истражување на Американското здружение за срце открило дека ограничувањето на оброците на само осум часа дневно е поврзано со 91 отсто зголемен ризик од прерана смрт од кардиоваскуларни болести.

Експертите се согласуваат дека постојат малку долгорочни истражувања за луѓето кои практикуваат повремен пост, така што овие истражувања се од клучно значење за понатамошно разбирање на ефектите од постот. Оваа студија покажува дека повременото постење може да им помогне на луѓето да изгубат тежина на краток рок, но не обезбедува трајни кардиоваскуларни придобивки.

The post Диетата 16:8 станува сè попопуларна, a крие голема опасност: Не почнувајте ја додека не се консултирате со лекар appeared first on Република.

]]>

Повремениот пост или намерното ограничување на часовите во текот на кои човекот ги троши своите дневни калории, веќе неколку години се користи за слабеење. Меѓутоа, најновото истражување сега покажа дека тоа може да доведе до зголемен ризик од срцев и мозочен удар, пишува „Дејли мејл“. Луѓето кои следат една од најпопуларните временски ограничени стратегии на исхрана, повремениот пост 16:8, може да имаат поголем ризик од кардиоваскуларни болести и смрт од оние кои не постат или не користат други техники на постење, покажува новото истражување. Повременото постење 16:8 значи дека човек пости 16 часа, додека јаде останатите осум часа од денот. Повреметнио пост е многу популарен кај познатите личности, меѓу кои британскиот премиер Риши Сунак, Илон Маск и Џенифер Анистон, кои велат дека тоа им помага да останат во форма, пишува „Дејли мејл“. Истражувачите набљудувале група од 20.000 возрасни луѓе кои одговарале на прашања за нивните шеми на исхрана за годишната Национална анкета за здравјето и исхраната помеѓу 2003 и 2018 година. Тие откриле дека учесниците кои практикувале повремен пост 16:8 имале 91 отсто поголема веројатност да умрат од кардиоваскуларни болести отколку оние кои не практикувале ваков тип на постење. Исто така, оние со постоечки кардиоваскуларни болести, кои ги потрошиле сите свои калории во период од осум и 10 часа, имале 66 отсто поголем ризик од смрт од срцеви болести и мозочен удар. Покрај фактот дека временски ограничената исхрана не го намалува ризикот од смрт од која било причина, истражувачите исто така забележале дека луѓето заболени од рак кои не постеле и кои ги консумирале своите дневни калории во период од 16 часа, всушност имале помал ризик од умирање од рак од оние кои јаделе во ограничена временска рамка.
Студијата опфати голем примерок, набљудувајќи ги поединците во просек осум години. Меѓутоа, начинот на кој се собираа информациите можеби ги ограничи наодите и точноста на студијата со оглед на тоа дека шемите на исхрана може да се променат со текот на времето – рекла кардиологот Мишел Рутенштајн, која не беше вклучена во студијата.
Покрај тоа, набљудувачките студии како што е ова не можат да докажат причина и последица. Меѓутоа, ова не се единствените ограничувања. Овие наоди се во спротивност со многу претходни студии кои откриваат придобивки од временски ограничената исхрана за кардиоваскуларното и метаболичкото здравје – рекол кардиологот Ченг-Хан Чен, кој не бил вклучен во студијата. Тој додал дека може да постојат разлики во основните карактеристики во групите со ограничено време на исхрана, што би можело да ги објасни овие изненадувачки наоди. Разликите во демографијата и карактеристиките помеѓу овие групи (особено помеѓу групата која јадела помалку од осум часа и другите), како и пристрасноста во сеќавањето на учесниците на нивните сопствени навики во исхраната, може да влијаат на резултатите. И прелиминарното истражување на Американското здружение за срце открило дека ограничувањето на оброците на само осум часа дневно е поврзано со 91 отсто зголемен ризик од прерана смрт од кардиоваскуларни болести. Експертите се согласуваат дека постојат малку долгорочни истражувања за луѓето кои практикуваат повремен пост, така што овие истражувања се од клучно значење за понатамошно разбирање на ефектите од постот. Оваа студија покажува дека повременото постење може да им помогне на луѓето да изгубат тежина на краток рок, но не обезбедува трајни кардиоваскуларни придобивки.  

The post Диетата 16:8 станува сè попопуларна, a крие голема опасност: Не почнувајте ја додека не се консултирате со лекар appeared first on Република.

]]>
Трагедија во Грција: 20-годишна девојка хоспитализирана поради воспален крајник почина од мозочен удар https://republika.mk/vesti/balkan/tragedija-vo-grtsija-20-godishna-devojka-hospitalizirana-poradi-vospalen-krajnik-pochina-od-mozochen-udar/ Thu, 14 Sep 2023 08:00:31 +0000 https://republika.mk/?p=681741

Трагедија се случи во градот Јанина во северозападна Грција, каде вчера 20-годишна девојка од грчкиот остров Хиос почина по неколку дена поминати во болница.

Младата жена, која била студентка на Универзитетот во Јанина, била примена на Клиниката за оториноларингологија пред една недела, каде ѝ бил дијагностициран тонзилитис (инфекција што предизвикува воспаление на крајниците), пренесува „Прототема“.

Наместо да се подобри, нејзината состојба се влошила, по што вчера таа имала мозочен удар. Била интубиирана, а потоа префрлена на Одделот за интензивна нега на Универзитетската болница каде починала во раните попладневни часови.

Според потврдени информации, пишува „Прототема“, девојката немала историја на хронични заболувања или проблеми со срцето.

The post Трагедија во Грција: 20-годишна девојка хоспитализирана поради воспален крајник почина од мозочен удар appeared first on Република.

]]>

Трагедија се случи во градот Јанина во северозападна Грција, каде вчера 20-годишна девојка од грчкиот остров Хиос почина по неколку дена поминати во болница. Младата жена, која била студентка на Универзитетот во Јанина, била примена на Клиниката за оториноларингологија пред една недела, каде ѝ бил дијагностициран тонзилитис (инфекција што предизвикува воспаление на крајниците), пренесува „Прототема“. Наместо да се подобри, нејзината состојба се влошила, по што вчера таа имала мозочен удар. Била интубиирана, а потоа префрлена на Одделот за интензивна нега на Универзитетската болница каде починала во раните попладневни часови. Според потврдени информации, пишува „Прототема“, девојката немала историја на хронични заболувања или проблеми со срцето.

The post Трагедија во Грција: 20-годишна девојка хоспитализирана поради воспален крајник почина од мозочен удар appeared first on Република.

]]>
Марк Овермарс: Моето срце е 45% мртво, но немојте да ме жалите, јас сум среќен човек https://republika.mk/sport/fudbal/mark-overmars-moeto-srtse-e-45-mrtvo-no-nemojte-da-me-zhalite-jas-sum-sreken-chovek-zhali-za-mene/ Tue, 09 May 2023 09:00:34 +0000 https://republika.mk/?p=638632

Поранешниот холандски репрезентативц и фудбалер, меѓу другите, на Ајакс, Арсенал и Барселона, пред неколку месеци доживеа мозочен удар кој му остави значителни физички последици. Марк (50), сепак, продолжува да работи во фудбалот иако не може да го прави тоа со максимален капацитет.

Овермарс, кој е спортски директор на Ројал Антверпен во белгиската лига, за „Het LaatsteNieuws“ го даде своето прво интервју откако го доживеа мозочниот удар.

Морам да земам здив кога зборувам многу, а потребна ми е енергија за да останам фокусиран. Моето срце е 45% мртво. Но, не треба да ме сожалувате. Јас сум среќен човек, само треба да распределам мојата енергија најдобро што можам“, вели Овермарс.

Од неговото доаѓање во Белгија, тимот прилично ги подобр своите перформанси, а го освои Купот на Белгија.

Ако има важни точки или средби на агендата, се фокусирам на нив. Можам да закрепнам следниот ден. Подобро да умрам овде, околу фудбалот, отколку да не правaм ништо“, коментира поранешниот фудбалер за решителноста неопходна да продолжи по здравствена ситуација од ваков тип.

The post Марк Овермарс: Моето срце е 45% мртво, но немојте да ме жалите, јас сум среќен човек appeared first on Република.

]]>

Поранешниот холандски репрезентативц и фудбалер, меѓу другите, на Ајакс, Арсенал и Барселона, пред неколку месеци доживеа мозочен удар кој му остави значителни физички последици. Марк (50), сепак, продолжува да работи во фудбалот иако не може да го прави тоа со максимален капацитет. Овермарс, кој е спортски директор на Ројал Антверпен во белгиската лига, за „Het LaatsteNieuws“ го даде своето прво интервју откако го доживеа мозочниот удар.
Морам да земам здив кога зборувам многу, а потребна ми е енергија за да останам фокусиран. Моето срце е 45% мртво. Но, не треба да ме сожалувате. Јас сум среќен човек, само треба да распределам мојата енергија најдобро што можам“, вели Овермарс.
Од неговото доаѓање во Белгија, тимот прилично ги подобр своите перформанси, а го освои Купот на Белгија.
Ако има важни точки или средби на агендата, се фокусирам на нив. Можам да закрепнам следниот ден. Подобро да умрам овде, околу фудбалот, отколку да не правaм ништо“, коментира поранешниот фудбалер за решителноста неопходна да продолжи по здравствена ситуација од ваков тип.

The post Марк Овермарс: Моето срце е 45% мртво, но немојте да ме жалите, јас сум среќен човек appeared first on Република.

]]>
Проблемите со спиењето петкратно ја зголемуваат опасноста од мозочен удар https://republika.mk/zivot/zdravje/problemite-so-spieneto-petkratno-ja-zgolemuvaat-opasnosta-od-mozochen-udar/ Wed, 19 Apr 2023 06:34:39 +0000 https://republika.mk/?p=631919

Шмркањето со носот, 'рчењето, превртувањето в кревет, долгите дремки дење, будењето ноќе, или пак, премалку или дури и премногу сон, освен што придонесуваат за слаб квалитет на спиењето, исто така, ја зголемуваат и опасноста од мозочен удар.

Авторката на новиот научен труд, Кристин Мекарти од Универзитетот на Галвеј во Ирска, смета дека овие симптоми може да доведат и до пет пати поголем ризик од мозочен удар. Всушност, истражувачите откриле дека колку повеќе проблеми со спиењето има човекот, толку е поголема опасноста од мозочен удар, пишува „Си-ен-ен“.

Наодите се во согласност со претходните истражувања коишто го поврзуваат нездравиот сон со високиот крвен притисок и оштетувањето на крвните садови, кои се фактори на опасност од мозочен удар, се надоврза Кристен Нутсон, вонредна професорка по Неврологија и Превентивна медицина на Медицинскиот факултет „Фајнберг“ при американскиот Северозападен Универзитет.

Можна причина е влијанието на краткиот, „испрекинат“ сон и нарушувања во спиењето, како што е апнејата, врз способноста на телото да го регулира метаболизмот, крвниот притисок и воспаленијата, коишто се фактори на ризик за мозочен удар.

И д-р Филис Зи, директорка на Центарот за деноноќна медицина и медицина на спиењето при Северозападниот Универзитет, смета дека лошиот сон има негативно влијание врз здравјето.

Лошиот сон може да го наруши природното намалување на крвниот притисок што се случува за време на ноќниот сон и да придонесе за хипертензија, што е важен фактор на ризик за мозочен удар и кардиоваскуларни болести. А, и други истражувања врз дел од населението посочија слични врски меѓу нарушувањето на сонот и заболувањата како што се дијабетес, срцеви заболувања и деменција, вели таа.

Написот во списанието „Неуролоџи“ (Neurology), анализира податоци од над 4.500 луѓе.

Резултатите важат за вистинити и по исклучувањето други проблеми коишто може да доведат до мозочен удар - депресија, злоупотреба на алкохол, пушење и недостаток на физичка активност.

Апнеја е состојба при спиење во која луѓето престануваат да дишат неколкупати на час. Тоа е поврзано со трикратно зголемување на опасноста од мозочен удар, се вели во истражувањето.

Важно е да се напомене дека испитувањата можат да покажат само поврзаност меѓу проблемите со спиењето и мозочниот удар, а не вистинската причина, нагласи д-р Ендрју Фриман, одговорен за одделот за срцеви болест при здружението Национално еврејско здравје во Денвер, САД.

Дремењето, исто така, е посочено како фактор на ризик. Луѓето кои дремат во просек - повеќе од еден час имаат 88 отсто поголеми можности за мозочен удар од оние кои не дремат. Сепак, вообичаената дремка од помалку од еден час не била поврзана со зголемена опасност од мозочен удар, се вели во написот.

The post Проблемите со спиењето петкратно ја зголемуваат опасноста од мозочен удар appeared first on Република.

]]>

Шмркањето со носот, 'рчењето, превртувањето в кревет, долгите дремки дење, будењето ноќе, или пак, премалку или дури и премногу сон, освен што придонесуваат за слаб квалитет на спиењето, исто така, ја зголемуваат и опасноста од мозочен удар. Авторката на новиот научен труд, Кристин Мекарти од Универзитетот на Галвеј во Ирска, смета дека овие симптоми може да доведат и до пет пати поголем ризик од мозочен удар. Всушност, истражувачите откриле дека колку повеќе проблеми со спиењето има човекот, толку е поголема опасноста од мозочен удар, пишува „Си-ен-ен“. Наодите се во согласност со претходните истражувања коишто го поврзуваат нездравиот сон со високиот крвен притисок и оштетувањето на крвните садови, кои се фактори на опасност од мозочен удар, се надоврза Кристен Нутсон, вонредна професорка по Неврологија и Превентивна медицина на Медицинскиот факултет „Фајнберг“ при американскиот Северозападен Универзитет. Можна причина е влијанието на краткиот, „испрекинат“ сон и нарушувања во спиењето, како што е апнејата, врз способноста на телото да го регулира метаболизмот, крвниот притисок и воспаленијата, коишто се фактори на ризик за мозочен удар. И д-р Филис Зи, директорка на Центарот за деноноќна медицина и медицина на спиењето при Северозападниот Универзитет, смета дека лошиот сон има негативно влијание врз здравјето. Лошиот сон може да го наруши природното намалување на крвниот притисок што се случува за време на ноќниот сон и да придонесе за хипертензија, што е важен фактор на ризик за мозочен удар и кардиоваскуларни болести. А, и други истражувања врз дел од населението посочија слични врски меѓу нарушувањето на сонот и заболувањата како што се дијабетес, срцеви заболувања и деменција, вели таа. Написот во списанието „Неуролоџи“ (Neurology), анализира податоци од над 4.500 луѓе. Резултатите важат за вистинити и по исклучувањето други проблеми коишто може да доведат до мозочен удар - депресија, злоупотреба на алкохол, пушење и недостаток на физичка активност. Апнеја е состојба при спиење во која луѓето престануваат да дишат неколкупати на час. Тоа е поврзано со трикратно зголемување на опасноста од мозочен удар, се вели во истражувањето. Важно е да се напомене дека испитувањата можат да покажат само поврзаност меѓу проблемите со спиењето и мозочниот удар, а не вистинската причина, нагласи д-р Ендрју Фриман, одговорен за одделот за срцеви болест при здружението Национално еврејско здравје во Денвер, САД. Дремењето, исто така, е посочено како фактор на ризик. Луѓето кои дремат во просек - повеќе од еден час имаат 88 отсто поголеми можности за мозочен удар од оние кои не дремат. Сепак, вообичаената дремка од помалку од еден час не била поврзана со зголемена опасност од мозочен удар, се вели во написот.

The post Проблемите со спиењето петкратно ја зголемуваат опасноста од мозочен удар appeared first on Република.

]]>
Aко лошо спиете може да добиете мозочен удар https://republika.mk/zivot/zdravje/ako-losho-spiete-mozhe-da-dobiete-mozochen-udar/ Wed, 19 Apr 2023 06:12:17 +0000 https://republika.mk/?p=631913

Шмркањето со носот, 'рчењето, превртувањето в кревет, долгите дремки дење, будењето ноќе, или пак, премалку или дури и премногу сон, освен што придонесуваат за слаб квалитет на спиењето, исто така, ја зголемуваат и опасноста од мозочен удар.

Авторката на новиот научен труд, Кристин Мекарти од Универзитетот на Галвеј во Ирска, смета дека овие симптоми може да доведат и до пет пати поголем ризик од мозочен удар. Всушност, истражувачите откриле дека колку повеќе проблеми со спиењето има човекот, толку е поголема опасноста од мозочен удар, пишува „Си-ен-ен“.

Наодите се во согласност со претходните истражувања коишто го поврзуваат нездравиот сон со високиот крвен притисок и оштетувањето на крвните садови, кои се фактори на опасност од мозочен удар, се надоврзува Кристен Нутсон, вонредна професорка по Неврологија и Превентивна медицина на Медицинскиот факултет „Фајнберг“ при американскиот Северозападен Универзитет.

Можна причина е влијанието на краткиот, „испрекинат“ сон и нарушувања во спиењето, како што е апнејата, врз способноста на телото да го регулира метаболизмот, крвниот притисок и воспаленијата, коишто се фактори на ризик за мозочен удар.

И д-р Филис Зи, директорка на Центарот за деноноќна медицина и медицина на спиењето при Северозападниот Универзитет, смета дека лошиот сон има негативно влијание врз здравјето.

Лошиот сон може да го наруши природното намалување на крвниот притисок што се случува за време на ноќниот сон и да придонесе за хипертензија, што е важен фактор на ризик за мозочен удар и кардиоваскуларни болести. А, и други истражувања врз дел од населението посочија слични врски меѓу нарушувањето на сонот и заболувањата како што се дијабетес, срцеви заболувања и деменција, вели таа.

Написот во списанието „Неуролоџи“ (Neurology), анализира податоци од над 4.500 луѓе.

Резултатите важат за вистинити и по исклучувањето други проблеми коишто може да доведат до мозочен удар - депресија, злоупотреба на алкохол, пушење и недостаток на физичка активност.

Апнеја е состојба при спиење во која луѓето престануваат да дишат неколкупати на час. Тоа е поврзано со трикратно зголемување на опасноста од мозочен удар, се вели во истражувањето.

Важно е да се напомене дека испитувањата можат да покажат само поврзаност меѓу проблемите со спиењето и мозочниот удар, а не вистинската причина, нагласува д-р Ендрју Фриман, одговорен за одделот за срцеви болест при здружението Национално еврејско здравје во Денвер, САД.

Дремењето, исто така, е посочено како фактор на ризик. Луѓето кои дремат во просек - повеќе од еден час имаат 88 отсто поголеми можности за мозочен удар од оние кои не дремат.

Сепак, вообичаената дремка од помалку од еден час не била поврзана со зголемена опасност од мозочен удар, се вели во написот.

The post Aко лошо спиете може да добиете мозочен удар appeared first on Република.

]]>

Шмркањето со носот, 'рчењето, превртувањето в кревет, долгите дремки дење, будењето ноќе, или пак, премалку или дури и премногу сон, освен што придонесуваат за слаб квалитет на спиењето, исто така, ја зголемуваат и опасноста од мозочен удар. Авторката на новиот научен труд, Кристин Мекарти од Универзитетот на Галвеј во Ирска, смета дека овие симптоми може да доведат и до пет пати поголем ризик од мозочен удар. Всушност, истражувачите откриле дека колку повеќе проблеми со спиењето има човекот, толку е поголема опасноста од мозочен удар, пишува „Си-ен-ен“.
Наодите се во согласност со претходните истражувања коишто го поврзуваат нездравиот сон со високиот крвен притисок и оштетувањето на крвните садови, кои се фактори на опасност од мозочен удар, се надоврзува Кристен Нутсон, вонредна професорка по Неврологија и Превентивна медицина на Медицинскиот факултет „Фајнберг“ при американскиот Северозападен Универзитет.
Можна причина е влијанието на краткиот, „испрекинат“ сон и нарушувања во спиењето, како што е апнејата, врз способноста на телото да го регулира метаболизмот, крвниот притисок и воспаленијата, коишто се фактори на ризик за мозочен удар. И д-р Филис Зи, директорка на Центарот за деноноќна медицина и медицина на спиењето при Северозападниот Универзитет, смета дека лошиот сон има негативно влијание врз здравјето.
Лошиот сон може да го наруши природното намалување на крвниот притисок што се случува за време на ноќниот сон и да придонесе за хипертензија, што е важен фактор на ризик за мозочен удар и кардиоваскуларни болести. А, и други истражувања врз дел од населението посочија слични врски меѓу нарушувањето на сонот и заболувањата како што се дијабетес, срцеви заболувања и деменција, вели таа.
Написот во списанието „Неуролоџи“ (Neurology), анализира податоци од над 4.500 луѓе. Резултатите важат за вистинити и по исклучувањето други проблеми коишто може да доведат до мозочен удар - депресија, злоупотреба на алкохол, пушење и недостаток на физичка активност. Апнеја е состојба при спиење во која луѓето престануваат да дишат неколкупати на час. Тоа е поврзано со трикратно зголемување на опасноста од мозочен удар, се вели во истражувањето.
Важно е да се напомене дека испитувањата можат да покажат само поврзаност меѓу проблемите со спиењето и мозочниот удар, а не вистинската причина, нагласува д-р Ендрју Фриман, одговорен за одделот за срцеви болест при здружението Национално еврејско здравје во Денвер, САД.
Дремењето, исто така, е посочено како фактор на ризик. Луѓето кои дремат во просек - повеќе од еден час имаат 88 отсто поголеми можности за мозочен удар од оние кои не дремат.
Сепак, вообичаената дремка од помалку од еден час не била поврзана со зголемена опасност од мозочен удар, се вели во написот.

The post Aко лошо спиете може да добиете мозочен удар appeared first on Република.

]]>
12-годишник доживеа мозочен удар поради прекумерно пиење на енергетски пијалоци https://republika.mk/vesti/balkan/12-godishnik-dozivea-mozochen-udar-poradi-prekumerno-pienje-na-energetski-pijaloci/ Thu, 20 Oct 2022 12:46:47 +0000 https://republika.mk/?p=563608

Случајот со 12-годишното дете од Вараждинската жупанија, кое доживеа мозочен удар поради прекумерно консумирање енергетски пијалоци, уште еднаш ја поттикна Билјана Борзан, европратеничката на СДП јавно да ги прозва Владата на Република Хрватска и министерот за здравство Вили Берош за недонесување законска забрана за продажба на вакви пијалоци на малолетници, пренесува „Јутарњи лист“.

За жал, по смртниот случај минатата година, прашање на време беше кога повторно дете ќе настрада поради енергетски пијалоци! За овој проблем предупредувам со години, преку Собранието поднесов предлог за законска забрана двапати, но министерот за здравство и Владата не се ни заинтересираа. Ги прашувам, уште колку деца треба да настрадаат за да направите нешто? Чии интереси браните со невнимание и неработење?, прашува Борзан.

Според истражувањето спроведено од Вараждинската жупанија на примерок од 5.300 ученици од 30 основни и 10 средни училишта, дури 65 отсто од основците и 85 отсто од средношколците консумираат енергетски пијалоци, додека 20 проценти од основците и 30 проценти од средношколците имале посериозни пореметувања после конзумирањето.

Според ова и други истражувања, учениците во Хрватска почнуваат да пијат енергетски пијалоци уште во основно училиште, ги пијат често и во големи количини, иако знаат дека се нездрави, а две третини од нив ги мешаат со алкохол! Се покажа дека специјалниот данок на енергетските пијалоци воведен во 2022 година не ги одвраќа од конзумирањето. Речиси 9 од 10 граѓани на Хрватска сметаат дека децата не треба да купуваат и да консумираат енергетски пијалоци! Ако досега не беше кристално јасно дека со закон треба да се ограничи можноста за купување на енергетските пијалоци за децата, мислам дека по овие немили настани и резултатите од истражувањето не треба да има сомнежи, смета Борзан.

The post 12-годишник доживеа мозочен удар поради прекумерно пиење на енергетски пијалоци appeared first on Република.