МОК Archives - Република https://republika.mk/tema/mok/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Feb 2024 17:01:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МОК Archives - Република https://republika.mk/tema/mok/ 32 32 МОК потврди дека во просториите се врши претрес https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mok-potvrdi-deka-vo-prostoriite-se-vrshi-pretres/ Mon, 19 Feb 2024 20:07:10 +0000 https://republika.mk/?p=745826

И официјално, преку соопштение до медиумите, МОК потврди дека денеска во нивните простории влегле припадници на Министерството за внатрешни работи по налог на Јавното обвинителство поради сомневање за злоупотреба.

Во духот на целосно транспарентно и отчетно работење на Македонскиот олимписки комитет (МОК), ве информираме дека денеска (19.02.2024) служби од Министерството за внатрешни работи (МВР) од канцеларијата на МОК побараа документација поврзана со Редовното изборно собрание што се одржа на 8 февруари 2024 година.

МОК им ја достави целокупната барана документација со записник, која вклучува:

– Комплетна видео снимка од изборното собрание

– Статут, Деловник и Олимписка повелба

– Мислења на спортско-арбитражниот суд

– Изјави од членовите на верификациската комисија

Како организација која секогаш е максимално транспарентна и отворена за соработка со сите надлежни органи, институции и организации, МОК е изненаден од постапката на одредени државни институции кои според законските одредби немаат надлежност да ја контролираат постапката за спроведување и одржување на изборно собрание, како и одлуките донесени на тоа собрание.

Очигледно е дека некому му пречи резултатот од редовното изборно собрание на МОК и донесените одлуки од страна на делегатите и затоа не престанува црната кампања против раководството на МОК.

Одлуките донесени на изборното собрание и изборот на Даниел Димевски за претседател на МОК и во следните четири години беа донесени јавно и според одредбите пропишани во правните акти на организацијата. Овие одлуки и изборот на претседател ги поздравија највисоките меѓународни олимписки организации, како што се Асоцијацијата на национални олимписки комитети (ANOC), Европскиот олимписки комитет (EOC), Меѓународниот комитет на медитерански игри (ICMG), како и многу национални олимписки комитети.

Во духот на досегашното работење, МОК ќе продолжи да работи единствено како што умее и треба, јавно и транспарентно, без оглед на обидите на поединци и групи да го дискредитираат раководството и организацијата.

Даниел Димевски, претседател на Македонскиот олимписки комитет (МОК)

The post МОК потврди дека во просториите се врши претрес appeared first on Република.

]]>

Полиција во МОК https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/politsija-vo-mok/ Mon, 19 Feb 2024 13:38:08 +0000 https://republika.mk/?p=745749

Припадници на МВР по налог на надлежен јавен обвинител денеска влегле во Македонскиот олимписки комитет, поради сомневања за злоупотреби, дознава „НетПрес“.

Според првичните неофицијални информации на порталот покрената е полициска истрага за злоупотреба на службена должност за неколку лица за работењето на МОК, како и за сомневања околу наводни нерегуларности при неодамнешниот избор на ново раководство во оваа организација.

The post Полиција во МОК appeared first on Република.

]]>

Припадници на МВР по налог на надлежен јавен обвинител денеска влегле во Македонскиот олимписки комитет, поради сомневања за злоупотреби, дознава „НетПрес“. Според првичните неофицијални информации на порталот покрената е полициска истрага за злоупотреба на службена должност за неколку лица за работењето на МОК, како и за сомневања околу наводни нерегуларности при неодамнешниот избор на ново раководство во оваа организација.

The post Полиција во МОК appeared first on Република.

]]>
Даниел Димевски останува прв човек на МОК https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/daniel-dimevski-ostanuva-prv-chovek-na-mok/ Thu, 08 Feb 2024 19:56:05 +0000 https://republika.mk/?p=741983

Даниел Димевски доби нов мандал и ќе биде претседател на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) во следните четири години. На денешното редовно изборно собрание, одржано во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, имаше кворум (45 присутни делегати од вкупно 61) и се гласаше по единствената кандидатура, онаа на актуелниот претседател.

Димевски доби доверба со 45 гласа ЗА, осум ПРОТИВ и два ВОЗДРЖАНИ и ќе го води македонското олимписко движење најмалку уште четири години. Иницијативиот одбор за смена на Даниел Димески вчера организираше собрание, на кое точка на дневниот ред беше и доверба на претседателот, но заради недостиг на кворум, собранието не се одржа.

Претходно, Димевски и МОК најавија дека Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) ќе ги признае само кандидатурите на редовното собрание. Сите овие превирања предизвикаа голема збрка, која заврши вечерва со резибророт на Димевски.

На 29 октомври 2020 година Димевски беше избран за прв човек на олимпиското движење и по 28 години го симна од претседателската фунцкија Васил Тупурковски.

The post Даниел Димевски останува прв човек на МОК appeared first on Република.

]]>

Даниел Димевски доби нов мандал и ќе биде претседател на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) во следните четири години. На денешното редовно изборно собрание, одржано во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, имаше кворум (45 присутни делегати од вкупно 61) и се гласаше по единствената кандидатура, онаа на актуелниот претседател. Димевски доби доверба со 45 гласа ЗА, осум ПРОТИВ и два ВОЗДРЖАНИ и ќе го води македонското олимписко движење најмалку уште четири години. Иницијативиот одбор за смена на Даниел Димески вчера организираше собрание, на кое точка на дневниот ред беше и доверба на претседателот, но заради недостиг на кворум, собранието не се одржа. Претходно, Димевски и МОК најавија дека Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) ќе ги признае само кандидатурите на редовното собрание. Сите овие превирања предизвикаа голема збрка, која заврши вечерва со резибророт на Димевски. На 29 октомври 2020 година Димевски беше избран за прв човек на олимпиското движење и по 28 години го симна од претседателската фунцкија Васил Тупурковски.  

The post Даниел Димевски останува прв човек на МОК appeared first on Република.

]]>
Димевски најавува големи инвестиции во спортската инфраструктура и стимулации за најдобрите спортисти https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dimevski-najavuva-golemi-investitsii-vo-sportskata-infrastruktura-i-stimulatsii-za-najdobrite-sportisti/ Sat, 27 Jan 2024 09:43:46 +0000 https://republika.mk/?p=737397

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски, ја презентираше својата програма за работа за периодот од 2024 до 2028 година, како кандидат за претседател на комитет во следниот мандат.

Програмата за работа на актуелниот претседател Димевски е насловена според олимпиското мото „Побрзо, повисоко, посилно, заедно“ и е најобемната и најдеталната програма за работа што досега ја имал МОК. Оваа програма се темели на 12 столбови кои, меѓу другото, предвидуваат големи инвестиции во нова спортска инфраструктура, бројни бенефиции за спортистите и националните спортски федерации, стимулации за најдобрите спортисти и остварени спортски постигнувања, помош и поддршка на најранливите категории спортисти, реализација на голем број општествено-одговорни спортски проекти и др. За реализација на најголемиот дел од наведените проекти во програмата веќе е обезбедена финансиска конструкција и локации.

Според програмата за работа на Димевски, во следните четири години предвидена е изградба на нова спортска инфраструктура која ќе биде лоцирана во олимпискиот спортски центар „Јане Сандански“ во Скопје, во вкупна вредност од 340.000 долари. Во наведениот период од 2024 до 2028 година ќе се изградат тренинг центар за боречки спортови, вештачка карпа за качување (болдер карпа), голф симулатор, тренинг центар за стреличарство, покриен скијачки тренинг-центар со симулатори за скијање и мини лизгалиште, а предвидено е и доопремување на ТВ студиото на МОК со нови технологии со цел да се обезбедат уште поквалитетни преноси на спортските настани. Финансиските средства за реализација на сите овие проекти веќе се обезбедени.

Претседателот Димевски за следниот мандат најавува уште поголема независност, автономија и независен модел на финансирање на спортските организации и националните спортски федерации, според одредбите на Олимписката повелба.

Покрај програмата за работа 2024-2028, Димевски го презентираше и отчетот за сработеното во досегашниот мандат.

Редовното изборно собрание на МОК е закажано за 8 февруари, кога членовите на Собранието на оваа организација ќе избираат претседател за следните четири години.

The post Димевски најавува големи инвестиции во спортската инфраструктура и стимулации за најдобрите спортисти appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски, ја презентираше својата програма за работа за периодот од 2024 до 2028 година, како кандидат за претседател на комитет во следниот мандат. Програмата за работа на актуелниот претседател Димевски е насловена според олимпиското мото „Побрзо, повисоко, посилно, заедно“ и е најобемната и најдеталната програма за работа што досега ја имал МОК. Оваа програма се темели на 12 столбови кои, меѓу другото, предвидуваат големи инвестиции во нова спортска инфраструктура, бројни бенефиции за спортистите и националните спортски федерации, стимулации за најдобрите спортисти и остварени спортски постигнувања, помош и поддршка на најранливите категории спортисти, реализација на голем број општествено-одговорни спортски проекти и др. За реализација на најголемиот дел од наведените проекти во програмата веќе е обезбедена финансиска конструкција и локации. Според програмата за работа на Димевски, во следните четири години предвидена е изградба на нова спортска инфраструктура која ќе биде лоцирана во олимпискиот спортски центар „Јане Сандански“ во Скопје, во вкупна вредност од 340.000 долари. Во наведениот период од 2024 до 2028 година ќе се изградат тренинг центар за боречки спортови, вештачка карпа за качување (болдер карпа), голф симулатор, тренинг центар за стреличарство, покриен скијачки тренинг-центар со симулатори за скијање и мини лизгалиште, а предвидено е и доопремување на ТВ студиото на МОК со нови технологии со цел да се обезбедат уште поквалитетни преноси на спортските настани. Финансиските средства за реализација на сите овие проекти веќе се обезбедени. Претседателот Димевски за следниот мандат најавува уште поголема независност, автономија и независен модел на финансирање на спортските организации и националните спортски федерации, според одредбите на Олимписката повелба. Покрај програмата за работа 2024-2028, Димевски го презентираше и отчетот за сработеното во досегашниот мандат. Редовното изборно собрание на МОК е закажано за 8 февруари, кога членовите на Собранието на оваа организација ќе избираат претседател за следните четири години.

The post Димевски најавува големи инвестиции во спортската инфраструктура и стимулации за најдобрите спортисти appeared first on Република.

]]>
Поднесено барање за Вонредно собрание на МОК и смена на Димевски https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/podneseno-barane-za-vonredno-sobranie-na-mok-i-smena-na-dimevski/ Thu, 11 Jan 2024 11:34:11 +0000 https://republika.mk/?p=731905

Вкупно 26 национални федерации и пет индивидуални членови на Собранието на Македонскиот олимписки комитет доставија барање за свикување Вонредно Собрание на МОК.

Како што информираат иницијаторите со официјално соопштение до медиумите, „истото е поднесено согласно член 24, ставовите 3 и 4 од Законот за зруженија и фондации, и врз основа на член 29 став 3 од Статутот на Олимпискиот Комитет на Сереверна Македонија“.

На барањето, кое е доставено до медиумите, потпишани се и водечките национални федерации ФФМ, РФМ, КФСМ, ОФМ…

Барањето, кое, како што информираат, е примено во архивата на МОК ги содржи следните точки на Дневен ред:

1. Разрешување на Даниел Димевски, актуелен Претседател на Олимпискиот Комитет на Република Македонија
2. Избор на нов Претседател на Олимпискиот Комитет на Република Македонија
3. Разрешување на актуелниот состав на Управниот одбор на Олимпискиот Комитет на Македонија
4. Избор на нов состав на Управен одбор на Олимпискиот Комитет на Македонија
5. Разно.

The post Поднесено барање за Вонредно собрание на МОК и смена на Димевски appeared first on Република.

]]>

Вкупно 26 национални федерации и пет индивидуални членови на Собранието на Македонскиот олимписки комитет доставија барање за свикување Вонредно Собрание на МОК. Како што информираат иницијаторите со официјално соопштение до медиумите, „истото е поднесено согласно член 24, ставовите 3 и 4 од Законот за зруженија и фондации, и врз основа на член 29 став 3 од Статутот на Олимпискиот Комитет на Сереверна Македонија“. На барањето, кое е доставено до медиумите, потпишани се и водечките национални федерации ФФМ, РФМ, КФСМ, ОФМ… Барањето, кое, како што информираат, е примено во архивата на МОК ги содржи следните точки на Дневен ред: 1. Разрешување на Даниел Димевски, актуелен Претседател на Олимпискиот Комитет на Република Македонија 2. Избор на нов Претседател на Олимпискиот Комитет на Република Македонија 3. Разрешување на актуелниот состав на Управниот одбор на Олимпискиот Комитет на Македонија 4. Избор на нов состав на Управен одбор на Олимпискиот Комитет на Македонија 5. Разно.    

The post Поднесено барање за Вонредно собрание на МОК и смена на Димевски appeared first on Република.

]]>
За МОК не е дискриминација што им забранува на спортисти да се натпреваруваат само затоа што се од Русија или Белорусија https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/za-mok-ne-e-diskriminatsija-shto-im-zabranuva-na-sportisti-da-se-natprevaruvaat-samo-zatoa-shto-se-od-rusija-ili-belorusija/ Fri, 20 Oct 2023 15:37:33 +0000 https://republika.mk/?p=693368

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) ги отфрли обвинувањата за „етничка дискриминација“ кои ден претходно ги изнесе претседателот на Русија, Владимир Путин, поради ограничувањата поврзани со настап на руските спортисти на Олимписките игри 2024 во Париз.

Одлучно ги отфрламе обвинувањата дека овие мерки претставуваат етничка дискриминација. Строгите услови кои МОК ги дефинираше во своите препораки до меѓународните федерации за учество на поедини неутрални спортисти со руски или белоруски пасош на меѓународните натпреварувања се во согласност со Олимписката повелба“, соопшти попладнево МОК.

Путин во четвртокот, во обраќање на конференцијата насловена „Русија – спортска сила“ во градот Перм, го обвини МОК дека ги користи Олимписките игри како алатка за политика и расизам.

Благодарение на некои челници на МОК дознавме дека самите Игри можат да бидат искористени како инструмент за политички притисок против луѓе кои немаат никакви врски со политиката и де факто како инструмент за етнички расна дискриминација“, рече Путин.

МОК сè уште нема донесено одлука за настап на Русија и Белорусија на Игрите, чиј домаќин идната година ќе биде Франција.

The post За МОК не е дискриминација што им забранува на спортисти да се натпреваруваат само затоа што се од Русија или Белорусија appeared first on Република.

Си замина најголемиот, рекоа на комеморацијата на Насе Насев, едно од најславните имиња во боречкиот спорт https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/si-zamina-najgolemiot-rekoa-na-komemoratsijata-na-nase-nasev-edno-od-najslavnite-imina-vo-borechkiot-sport/ Tue, 05 Sep 2023 13:09:41 +0000 https://republika.mk/?p=679028

Си замина најголемиот, си замина најуспешниот, човекот кој го трасираше и го измина патот на сите тогашни, сегашни и на идни генерации, човекот кој ги сруши бариерите дека спортисти од една мала земја како што е Македонија може да застанат на врвот на европските, светските првенства и на Олимписките игри, рекоа на комеморацијата на Насе Насев, најтрофејниот тренер во борење во историјата на македонскиот спорт и едно од најславните имиња во боречкиот спорт. Насев беше и поранешен спортски директор на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК). Почина по кратко боледување на 80 годишна возраст.

Насев беше прво спртист, потоа тренер, долгогодишен селектор, спортски директор на МОК, но пред се човек со најплеменити човечки особини, искрен пријател кој секогаш беше подготвен да ги сослуша и да им помогне на сите, пред се на спортистите, рече денеска новинарот Горан Милковски, кој говореше на комеморацијата.

Васил Тупурковски, поранешниот прв претседател на МОК, кој сега ја има има функцијата почесен претседател на македонското олимписко движење говорше за Насе како за долгогодишен пријател со кого делеле и добро и зло.

Насе беше спортски човек и ние го сметаме и за олимпски човек, бидејќи беше и директор на МОК, каде што остави сериозен печат со својата работа. Тој имаше пријатели во сите федерации, и во балканските и во европските и светските Федерации, и не само во борењето. Не се сеќавам дали јас го запознав или тој мене ме запозна со Иван Славков, претседателот на Бугарскиот олимписки комитет со кого негуваше искрено и долго пријателство. Јас го почитувам Насе пред се, како родител. Тој ги обожаваше своите синови, Сашко и Тони не оставаше некој лош збор да каже за нив. Сите ги сакаме своите деца и ги почитуваме, но Насе беше посебен и јас ќе го паметам по таа човечка димензија. Неговата сопруга Пале, сите ја знаеме, посебно ние кои одевме кај нив на ручек, вечера и поминуваме незаборавни моменти и дружења, рече Тупурковски - Циле, кој потенцирраше дека Насев бил голем стручњак и голем олимписки работник.

Насев, роден во Кочани во 1943 година, е еден од основоположниците на македонското борење, поранешен борач и тренер на Спартак од Кочани, долгогодишен селектор на репрезентацијата на поранешна Југославија, а потоа и на независна Македонија.

Учесник е на десет Олимписки игри, творец на легендите како Шабан трстена, Шабан Сејдиу и многу други кои ја прославија Македонија и македонското борење, а како спортски директор на МОК, под негово раководство во Сиднеј во 2000 година беше освоен првиот медал од едни ЛОИ за Македонија, Могамед Ибрагимов осбои бронза.

Носител е на трофеј и златен без на ИОК, во 1997 година влезе меѓу великаните на македонскиот спорт, а во јуни годинава го доби највисокото државно признание од страна на претседателот Стево Пендаровски, кој го одликуваше со медал за заслуги за Македонија за траен белег на спортските терени и огромниот придонес за афирмацијата на македонскиот спорт и држава.

The post Си замина најголемиот, рекоа на комеморацијата на Насе Насев, едно од најславните имиња во боречкиот спорт appeared first on Република.

]]>

Си замина најголемиот, си замина најуспешниот, човекот кој го трасираше и го измина патот на сите тогашни, сегашни и на идни генерации, човекот кој ги сруши бариерите дека спортисти од една мала земја како што е Македонија може да застанат на врвот на европските, светските првенства и на Олимписките игри, рекоа на комеморацијата на Насе Насев, најтрофејниот тренер во борење во историјата на македонскиот спорт и едно од најславните имиња во боречкиот спорт. Насев беше и поранешен спортски директор на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК). Почина по кратко боледување на 80 годишна возраст.
Насев беше прво спртист, потоа тренер, долгогодишен селектор, спортски директор на МОК, но пред се човек со најплеменити човечки особини, искрен пријател кој секогаш беше подготвен да ги сослуша и да им помогне на сите, пред се на спортистите, рече денеска новинарот Горан Милковски, кој говореше на комеморацијата.
Васил Тупурковски, поранешниот прв претседател на МОК, кој сега ја има има функцијата почесен претседател на македонското олимписко движење говорше за Насе како за долгогодишен пријател со кого делеле и добро и зло.
Насе беше спортски човек и ние го сметаме и за олимпски човек, бидејќи беше и директор на МОК, каде што остави сериозен печат со својата работа. Тој имаше пријатели во сите федерации, и во балканските и во европските и светските Федерации, и не само во борењето. Не се сеќавам дали јас го запознав или тој мене ме запозна со Иван Славков, претседателот на Бугарскиот олимписки комитет со кого негуваше искрено и долго пријателство. Јас го почитувам Насе пред се, како родител. Тој ги обожаваше своите синови, Сашко и Тони не оставаше некој лош збор да каже за нив. Сите ги сакаме своите деца и ги почитуваме, но Насе беше посебен и јас ќе го паметам по таа човечка димензија. Неговата сопруга Пале, сите ја знаеме, посебно ние кои одевме кај нив на ручек, вечера и поминуваме незаборавни моменти и дружења, рече Тупурковски - Циле, кој потенцирраше дека Насев бил голем стручњак и голем олимписки работник.
Насев, роден во Кочани во 1943 година, е еден од основоположниците на македонското борење, поранешен борач и тренер на Спартак од Кочани, долгогодишен селектор на репрезентацијата на поранешна Југославија, а потоа и на независна Македонија. Учесник е на десет Олимписки игри, творец на легендите како Шабан трстена, Шабан Сејдиу и многу други кои ја прославија Македонија и македонското борење, а како спортски директор на МОК, под негово раководство во Сиднеј во 2000 година беше освоен првиот медал од едни ЛОИ за Македонија, Могамед Ибрагимов осбои бронза. Носител е на трофеј и златен без на ИОК, во 1997 година влезе меѓу великаните на македонскиот спорт, а во јуни годинава го доби највисокото државно признание од страна на претседателот Стево Пендаровски, кој го одликуваше со медал за заслуги за Македонија за траен белег на спортските терени и огромниот придонес за афирмацијата на македонскиот спорт и држава.

The post Си замина најголемиот, рекоа на комеморацијата на Насе Насев, едно од најславните имиња во боречкиот спорт appeared first on Република.

]]>
Борко Ристовски: Време е луѓето како Даниел Димевски да бидат надвор од спортот, нема да се откажам https://republika.mk/sport/rakomet/borko-ristovski-vreme-e-lugeto-kako-daniel-dimevski-da-bidat-nadvor-od-sportot-nema-da-se-otkazham/ Fri, 28 Apr 2023 11:28:59 +0000 https://republika.mk/?p=634970

Ракометниот голман Борко Ристовски, го возвраќа ударот по одлуката на МОК, за негова 4-годишна сузпензија за извршување работа во олимпискиoт спорт, поради тоа што во ТВ емисија „изнел лаги, клевети и невистини на сметка на претседателот на МОК, Даниел Димевски, кои може да бидат штетни за целиот олимписки спорт“. Тој на прес-конференција порача дека таквата суспензија иницирана од Димевски е само обид за заплашување и е правно неиздржана.

Со себе, Ристовски, кој беше во придружба на својот адвокат, имаше папка полна со документи за можни незаконски активности на Димовски, објаснувајќи дека добар дел од нив се добиени од разни спортски федерации. Ристовски ги повика Јавното Обвинителство, МВР, ДКСК и другите институции да ги истражат документите за криминалите што ги имаат наравено од МОК.

https://republika.mk/sport/rakomet/borko-ristovski-ke-gi-tuzhi-mok-i-daniel-dimevski-vo-lozana-otshtetata-ja-planira-za-rk-i-fk-vardar/

Ристовски додаде дека не влегол во конфликт со Димевски од лични причини и истакна дека нема ниту намера ниту желба да се кандидира за претседател на МОК.

Време е и федерациите да се запрашаат кој го води олимпискиот спорт, верувам дека во брз рок федрациите ќе се состанат и ќе разговараат. Од она што го слушам, тие се прашуваат дали луѓе за кои има индиции дека сториле кривични дела може да го водат спортот. Верувам во ЈО и во иснтитуциите, и дека ќе се стави крај на ваквата практика.

Сузпензијата од МОК и Димевски е показател дека се плашат од мене. За мене, корупцијата во спортот е нешто против што секогаш ќе се борам. Сметам дека секој треба да се држи до својата фела и сакам нашата фела да биде чиста. Треба да нема вакви луѓе што ќе го искористуваат спортот за свои лични интереси и верувам дека тоа ќе биде случај со Даниел Димевски“, порача Ристовски.

The post Борко Ристовски: Време е луѓето како Даниел Димевски да бидат надвор од спортот, нема да се откажам appeared first on Република.

]]>

Ракометниот голман Борко Ристовски, го возвраќа ударот по одлуката на МОК, за негова 4-годишна сузпензија за извршување работа во олимпискиoт спорт, поради тоа што во ТВ емисија „изнел лаги, клевети и невистини на сметка на претседателот на МОК, Даниел Димевски, кои може да бидат штетни за целиот олимписки спорт“. Тој на прес-конференција порача дека таквата суспензија иницирана од Димевски е само обид за заплашување и е правно неиздржана. Со себе, Ристовски, кој беше во придружба на својот адвокат, имаше папка полна со документи за можни незаконски активности на Димовски, објаснувајќи дека добар дел од нив се добиени од разни спортски федерации. Ристовски ги повика Јавното Обвинителство, МВР, ДКСК и другите институции да ги истражат документите за криминалите што ги имаат наравено од МОК. https://republika.mk/sport/rakomet/borko-ristovski-ke-gi-tuzhi-mok-i-daniel-dimevski-vo-lozana-otshtetata-ja-planira-za-rk-i-fk-vardar/ Ристовски додаде дека не влегол во конфликт со Димевски од лични причини и истакна дека нема ниту намера ниту желба да се кандидира за претседател на МОК.
Време е и федерациите да се запрашаат кој го води олимпискиот спорт, верувам дека во брз рок федрациите ќе се состанат и ќе разговараат. Од она што го слушам, тие се прашуваат дали луѓе за кои има индиции дека сториле кривични дела може да го водат спортот. Верувам во ЈО и во иснтитуциите, и дека ќе се стави крај на ваквата практика.   Сузпензијата од МОК и Димевски е показател дека се плашат од мене. За мене, корупцијата во спортот е нешто против што секогаш ќе се борам. Сметам дека секој треба да се држи до својата фела и сакам нашата фела да биде чиста. Треба да нема вакви луѓе што ќе го искористуваат спортот за свои лични интереси и верувам дека тоа ќе биде случај со Даниел Димевски“, порача Ристовски.

The post Борко Ристовски: Време е луѓето како Даниел Димевски да бидат надвор од спортот, нема да се откажам appeared first on Република.

]]>
Борко Ристовски ќе ги тужи МОК и Даниел Димевски во Лозана, отштетата ја планира за РК и ФК Вардар https://republika.mk/sport/rakomet/borko-ristovski-ke-gi-tuzhi-mok-i-daniel-dimevski-vo-lozana-otshtetata-ja-planira-za-rk-i-fk-vardar/ Fri, 28 Apr 2023 11:03:20 +0000 https://republika.mk/?p=634950

Борко Ристовски ќе го тужи Македонскиот олимписки комитет (МОК) пред Судот за спортска арбитража. Ваквиот потег на ракометниот голман доаѓа како одговор на одлуката на претседателот на МОК, Даниел Димевски, донесена преку Дисциплинската комисија на институцијата, за 4-годишна сузпензија за извршување работа во олимпискиoт спорт поради „изнесување на лаги и невистини во ТВ емисија, кои може да се одразат врз МОК“.

Како што истакна Ристовски, кој на прес-конференција дојде во придружба на својот адвокат, Гого Анастасиевиќ, како и со папка полна документи, суспензијата иницирана од Димевски е неиздржана и е потег на заплашување предизвикан од страв да не бидат обелоденети голем број индиции за сторен криминал од негова страна.

За Димевски и неговото делување во спортот има голем број индикации за направен криминал и ако тој мисли дека со ваква одлука ќе ми врши притисок да се откажам од објавувањето на документите, тогаш не ме познава. Јас стојам зад тоа што јавно сум го кажал, а ако тоа не е вистина, тогаш Димевски можеше да ме тужи за клевета, па на суд да се види кој е во право. Наместо тоа, тој одлучи да се затскрие зад институцијата МОК, којашто ја доведе во подредена улога, и донесе нелегитимна одлука. Затоа, јас немам намера да и давам легитимитет на таквата одлука и нема да ја спорам, но затоа ќе одам на повисоко ниво, како што е спортската арбитража во Лозана“, изјави Ристовски.

Истовремено, Ристовски апелираше и до институциите, како што се Јавното обвинителство или ДКСК, дека е подготвен да ги достави собраните документи за тие да одлучат дали треба да покренат постапка против Димевски.

Како што истакна Ристовски, тој нема намера да се откаже во оваа борба, затоа што неговата цел е спортот да биде исчистен од луѓе коишто во него гледаат само можност за лична заработка на нечесен начин. Со цел да покаже дека не влегува во спор со Димевски и преку него, со МОК, за да добие финансиска надокнада, Ристовски јавно порача дека се што евентуално ќе добие како отштета од арбитражата, ќе го донира за спортски здруженија.

Не ми е целта да земам пари од МОК, затоа што тоа се или треба да бидат пари на спортистите. Тие пари не ми требаат и затоа се што ќе добијам како отштета, што според консултации со адвокати и од странство може да биде од 180.000 до 230.000 евра, ќе го донирам, половина за РК Вардар, а другата половина за ФК Вардар“, порача Ристовски.

https://republika.mk/sport/rakomet/mok-so-4-godishna-suspenzija-za-borko-ristovski-zashto-go-navredil-pretsedatelot-daniel-dimevski-golmanot-najavi-borba/

The post Борко Ристовски ќе ги тужи МОК и Даниел Димевски во Лозана, отштетата ја планира за РК и ФК Вардар appeared first on Република.

]]>

Борко Ристовски ќе го тужи Македонскиот олимписки комитет (МОК) пред Судот за спортска арбитража. Ваквиот потег на ракометниот голман доаѓа како одговор на одлуката на претседателот на МОК, Даниел Димевски, донесена преку Дисциплинската комисија на институцијата, за 4-годишна сузпензија за извршување работа во олимпискиoт спорт поради „изнесување на лаги и невистини во ТВ емисија, кои може да се одразат врз МОК“. Како што истакна Ристовски, кој на прес-конференција дојде во придружба на својот адвокат, Гого Анастасиевиќ, како и со папка полна документи, суспензијата иницирана од Димевски е неиздржана и е потег на заплашување предизвикан од страв да не бидат обелоденети голем број индиции за сторен криминал од негова страна.
За Димевски и неговото делување во спортот има голем број индикации за направен криминал и ако тој мисли дека со ваква одлука ќе ми врши притисок да се откажам од објавувањето на документите, тогаш не ме познава. Јас стојам зад тоа што јавно сум го кажал, а ако тоа не е вистина, тогаш Димевски можеше да ме тужи за клевета, па на суд да се види кој е во право. Наместо тоа, тој одлучи да се затскрие зад институцијата МОК, којашто ја доведе во подредена улога, и донесе нелегитимна одлука. Затоа, јас немам намера да и давам легитимитет на таквата одлука и нема да ја спорам, но затоа ќе одам на повисоко ниво, како што е спортската арбитража во Лозана“, изјави Ристовски.
Истовремено, Ристовски апелираше и до институциите, како што се Јавното обвинителство или ДКСК, дека е подготвен да ги достави собраните документи за тие да одлучат дали треба да покренат постапка против Димевски. Како што истакна Ристовски, тој нема намера да се откаже во оваа борба, затоа што неговата цел е спортот да биде исчистен од луѓе коишто во него гледаат само можност за лична заработка на нечесен начин. Со цел да покаже дека не влегува во спор со Димевски и преку него, со МОК, за да добие финансиска надокнада, Ристовски јавно порача дека се што евентуално ќе добие како отштета од арбитражата, ќе го донира за спортски здруженија.
Не ми е целта да земам пари од МОК, затоа што тоа се или треба да бидат пари на спортистите. Тие пари не ми требаат и затоа се што ќе добијам како отштета, што според консултации со адвокати и од странство може да биде од 180.000 до 230.000 евра, ќе го донирам, половина за РК Вардар, а другата половина за ФК Вардар“, порача Ристовски.
https://republika.mk/sport/rakomet/mok-so-4-godishna-suspenzija-za-borko-ristovski-zashto-go-navredil-pretsedatelot-daniel-dimevski-golmanot-najavi-borba/

The post Борко Ристовски ќе ги тужи МОК и Даниел Димевски во Лозана, отштетата ја планира за РК и ФК Вардар appeared first on Република.

]]>
МОК со 4-годишна суспензија за Борко Ристовски зашто го навредил претседателот Даниел Димевски, голманот најави борба https://republika.mk/sport/rakomet/mok-so-4-godishna-suspenzija-za-borko-ristovski-zashto-go-navredil-pretsedatelot-daniel-dimevski-golmanot-najavi-borba/ Mon, 24 Apr 2023 14:44:47 +0000 https://republika.mk/?p=633655

По пријава на првиот човек на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, на поранешниот македонски репрезентативец, сега голман за РК Вардар,  Борко Ристовски доби суспензија од четири години за извршување работа во олимпискиoт спорт.

Пријавата била поднесена во март поради „изнесување на лаги и невистини во една ТВ емисија кои можат да се одразат врз МОК“.

Ристовски има рок за жалба на одлуката на МОК во следните осум дена.

Во кратка изјава за „Гол“, тој рече дека „човековата глупост е бесконечна“ и најави прес-конференција.

The post МОК со 4-годишна суспензија за Борко Ристовски зашто го навредил претседателот Даниел Димевски, голманот најави борба appeared first on Република.

]]>

По пријава на првиот човек на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, на поранешниот македонски репрезентативец, сега голман за РК Вардар,  Борко Ристовски доби суспензија од четири години за извршување работа во олимпискиoт спорт. Пријавата била поднесена во март поради „изнесување на лаги и невистини во една ТВ емисија кои можат да се одразат врз МОК“. Ристовски има рок за жалба на одлуката на МОК во следните осум дена. Во кратка изјава за „Гол“, тој рече дека „човековата глупост е бесконечна“ и најави прес-конференција.

The post МОК со 4-годишна суспензија за Борко Ристовски зашто го навредил претседателот Даниел Димевски, голманот најави борба appeared first on Република.

]]>
МОК: Зад наодите за незаконско работење на Мојсоски стојат државните институции, а не ние https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mok-zad-naodite-za-nezakonsko-rabotene-na-mojsoski-stojat-drzhavnite-institutsii-a-ne-nie/ Mon, 06 Feb 2023 17:58:18 +0000 https://republika.mk/?p=605613

Зад наодите за незаконско работење на претседателот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсоски, стојат државните институции задолжени за спроведување на законот, а не Олимпискиот комитет и нејзиниот претседател Даниел Димевски, соопшти попладнево Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Реакцијата доаѓа откако претходно денеска АМС ги демантираше наводите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за незаконско работење поврзано со ваучерскиот систем и обвини дека „преку тенденциозни соопштенија на одредени спортски институции инспирирани од лукративни цели“, посочувајќи го притоа МОК и претседателот Димевски, „во јавноста биле изнесени куп невистини и погрешно утврдени факти за примената на Законот за спортот и подзаконските акти кои се однесуваат во делот на даночните олеснувања, а се во функција на финансиска поддршка на македонскиот спортски систем“.

Посочениот директор има проблем со конкретни наоди на Државниот завод за ревизија и следствено на наодите на ДКСК и Јавното обвинителство. Таму треба да го адресира своето соопштение и да се повика на својата презумција на невиност, која му е единствена опција во моментов, се наведува во одговорот на Димевски на демантот на Мојсоски.

https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mojsoski-napadite-od-dimevski-i-antikoruptsiska-se-neosnovani-otvoreni-sme-za-sorabotka/

Претседателот на МОК во својата реакција наведува дека првиот човек на АМС го свел функционирањето на ваучер системот на „пародија“ и „коруптивна распределба на средствата“, потфрлувајќи, притоа, целосно и во спроведувањето на негови најавувани проекти за развој на македонскиот спорт.

Верувам дека многу спортисти и спортски субјекти видоа корист од мојата идеја за финансиска поддршка во спортот преку ваучерски систем, преточена во конкретна законска рамка без која денес скоро ниеден спортски субјект не може да опстои и да се развива. За жал, практикувањето на системот е сведен на проста, најчесто, коруптивна распределба на средства од страна на Мојсовски … Ова е само пародија на системот кој може и мора да функционира независно од волјата на директорот или кој било друг центар на моќ“, посочува Димевски, додавајќи оти Мојсоски не реализирал ниту еден проект како претседател на АМС.

Моето разочарување е плод на високите очекувања што ги имав од спортската легенда Наумче Мојсовски, кој како директор за жал целосно потфрли. Многу важни теми од спортот и силни негови ветувања останаа нечепнати. Не видовме ништо од пензиите за заслужните спортисти. Не видовме ниту нови спортски сали, базени уште помалку. И Домот на спортови го загубивме по пат, како што исчезнаа и новиот Закон за спорт и Стратегијата за спорт пет пати ветувана. Регистарот на активни спортски клубови не се направи а транспарентноста од страна на овластената државна институција е оценета како катастрофална“, се наведува во реакцијата на Димевски, посакувајќи му, притоа, на Мојсоски „да се врати во спортот во друга функција различна од оваа која евидентно не е за него“.

The post МОК: Зад наодите за незаконско работење на Мојсоски стојат државните институции, а не ние appeared first on Република.

МОК бара разрешување на Наумче Мојсовски и стопирање на ваучерите https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mok-bara-razreshuvane-na-naumche-mojsovski-i-stopirane-na-vaucherite/ Fri, 03 Feb 2023 13:39:20 +0000 https://republika.mk/?p=604346

Брзо по информацијата дека Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) побарала кривична пријава за Наумче Мојсовски, со реакција се јави и претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски кој побара разрешување на актуелниот претседател на Агенцијата за млади и спорт (АМС) и стопирање на ваучерите за 2023 година.

https://republika.mk/vesti/makedonija/antokoruptsiska-bara-krivichno-gonene-na-naumche-mojsovski/

Првиот човек на МОК, Даниел Димевски со писмо до Владата и вицепремиерката Славица Грковска реагираше со укажување на лошото работење на АМС.

„Почитувана г-ѓа Грковска, во изминатиов период во повеќе наврати со задоволство ги слушавме Вашите излагања во кои цврсто и одлучно повикувавте на неселективно доследно применување на принципите на одговорност, отчетност, транспарентност и добро владеење и управување со јавните финансиски средства за сите носители на јавни функции. Веруваме дека со должно внимание сте го прочитале Конечниот извештај на државниот завод за ревизија каде прецизно се констатирани сите незаконски дејанија кои за жал се пракса во работењето на АМС. Внимавајте, се работи за милионски суми распределени без никаква контрола и механизми“, стои во дел од писмото на Даниел Димовски.

„Дополнително, веруваме дека Ве загрижува фактот што од страна на Агенцијата за заштита е прватото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, АМС е рангирана на катастрофално 115 од 120 места како крајно нетранспарентна организација што само по себе кажува многу“.

„Дојде време да покажете на јавна сцена пред сите нас кои работиме и живееме за и во спортот, дали Вашите зборови и заложби имаат суштина или се само празни политички флоскули“.

„Согласно ова, ја повикуваме Владата и вас лично како најодговорен функционер за оваа сфера, да го исполните јавно даденото ветување за чесно, одговорно и транспарентно работење на од Вас избраните и поставени функционери и да го разрешите директорот и комисиите поставени од него и да назначите нови, чесни и професионални лица кои доследно ќе го применуваат законот, правилниците и критериумите за доделување на средства на сите спортски субјекти. Со оглед на тоа што во моментов тече постапката за доделување на ваучери за 2023 година, бараме ИТНО ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА, се до именувањето на новите членови на Централната комисија. Одговорноста за брза и ефективна реакција е Ваша и е исклучиво во Ваши раце и нема простор за префрлање на вината кај нефункционалниот судски систем“,

The post МОК бара разрешување на Наумче Мојсовски и стопирање на ваучерите appeared first on Република.

]]>

Брзо по информацијата дека Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) побарала кривична пријава за Наумче Мојсовски, со реакција се јави и претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски кој побара разрешување на актуелниот претседател на Агенцијата за млади и спорт (АМС) и стопирање на ваучерите за 2023 година. https://republika.mk/vesti/makedonija/antokoruptsiska-bara-krivichno-gonene-na-naumche-mojsovski/ Првиот човек на МОК, Даниел Димевски со писмо до Владата и вицепремиерката Славица Грковска реагираше со укажување на лошото работење на АМС. „Почитувана г-ѓа Грковска, во изминатиов период во повеќе наврати со задоволство ги слушавме Вашите излагања во кои цврсто и одлучно повикувавте на неселективно доследно применување на принципите на одговорност, отчетност, транспарентност и добро владеење и управување со јавните финансиски средства за сите носители на јавни функции. Веруваме дека со должно внимание сте го прочитале Конечниот извештај на државниот завод за ревизија каде прецизно се констатирани сите незаконски дејанија кои за жал се пракса во работењето на АМС. Внимавајте, се работи за милионски суми распределени без никаква контрола и механизми“, стои во дел од писмото на Даниел Димовски. „Дополнително, веруваме дека Ве загрижува фактот што од страна на Агенцијата за заштита е прватото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, АМС е рангирана на катастрофално 115 од 120 места како крајно нетранспарентна организација што само по себе кажува многу“. „Дојде време да покажете на јавна сцена пред сите нас кои работиме и живееме за и во спортот, дали Вашите зборови и заложби имаат суштина или се само празни политички флоскули“. „Согласно ова, ја повикуваме Владата и вас лично како најодговорен функционер за оваа сфера, да го исполните јавно даденото ветување за чесно, одговорно и транспарентно работење на од Вас избраните и поставени функционери и да го разрешите директорот и комисиите поставени од него и да назначите нови, чесни и професионални лица кои доследно ќе го применуваат законот, правилниците и критериумите за доделување на средства на сите спортски субјекти. Со оглед на тоа што во моментов тече постапката за доделување на ваучери за 2023 година, бараме ИТНО ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА, се до именувањето на новите членови на Централната комисија. Одговорноста за брза и ефективна реакција е Ваша и е исклучиво во Ваши раце и нема простор за префрлање на вината кај нефункционалниот судски систем“,

The post МОК бара разрешување на Наумче Мојсовски и стопирање на ваучерите appeared first on Република.

]]>
Олимпискиот комитет бара од Владата итно разрешување на Мојсовски од чело на АМС и стопирање на тековниот повик за доделување на спортски ваучери https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/olimpiskiot-komitet-bara-od-vladata-itno-razreshuvane-na-mojsovski-od-chelo-na-ams-i-stopirane-na-tekovniot-povik-za-dodeluvane-na-sportski-vaucheri/ Fri, 03 Feb 2023 13:35:06 +0000 https://republika.mk/?p=604344

Откако Антикорупциската комисија најави дека ќе достави иницијатива за кривично гонење на првиот човек на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски, поради сомнеж оти Агенцијата го злоупотребила ваучер-системот за финансирање фондации и спортски клубови, за работата на Мојсовски и на АМС реагираа и од Олимпискиот комитет во земјава.

Во отворено писмо испратено до вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска, Комитетот бара разрешување на Мојсовски од чело на АМС и од членовите на Централната комисија при Агенцијата, а на нивните позиции бараат да бидат поставени професионалци кои ќе ги применуваат критериумите за доделување на средства на спортските објекти.

Воедно, во писмото испратено до Владата, од Комитетот бараат стопирање на постапката за доделување на ваучери за 2023 година која во моментов е во тек, се до изборот на нови членови на Централната комисија при АМС.

„Согласно својата позиција и одговорност, должни сме да предупредиме дека и покрај општото јавно мнение и незадоволство од начинот на распределба на финансиските средства од страна на АМС кои во целост е поткрепен со наодите на Комисијата за спречување на корупција и дефинитивно потврден и докажан со заклучоците во конечниот извештај на Државниот завод за ревизија каде негативно е оценета работата на АМС по сите точки и основи, раководството на истата во ист и непроменет состав продолжува со истите криминални практики“, се наведува во отвореното писмо кое Олимпискиот комитет го испрати до вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска.

Оттаму иразија уверување дека Владата ќе постапи согласно извештајот за ДЗР во однос на работата на Агенцијата за млади и спорт, во кој, како што додаваат од Комитетот, прецизно се констатирани сите незаконски дејствија кои се пракса во работењето на раководството на АМС.

„Внимавајте, се работи за милионски суми распределени без никаква контрола и механизми“, се додава во писмото од Комитетот.

„Дополнително, веруваме дека ве загрижува фактот што од страна на Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, АМС е рангирана на катастрофално 115 од 120 места како крајно нетранспарентна организација, што само по себе многу кажува“, заклучуваат од Олимпискиот комитет во отвореното писмо испратено до Владата.

Претходно денеска, Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) најави дека до Јавното обвинителство ќе достави иницијатива за кривично гонење на директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски, и членовите на Централната комисија на АМС поради сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер-системот на финансирање фондации и спортски клубови.

Според ДКСК, постои сомневање дека претседателот на Агенцијата и членовите на Централната комисија во 2020, 2021 и 2022 година, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури, извршиле распределба на средства, со што го оштетиле буџетот на државата, но и лицата што имале законско право на вакви средства, а не им биле доделени.

Во извештајот од ревизијата во Агенцијата за млади и спорт (АМС) за 2021 година, кој во ноември лани го објави Државниот завод за ревизија (ДЗР), беше посочено дека Агенцијата не спровела внатрешни контроли кои би требало да обезбедат наменско и законско користење на средствата кои им се префрлаат на националните спортски федерации за реализација на нивните активности.

Дополнително, во извештајот беше посочено оти АМС не поставила соодветни критериуми со кои ќе се обезбеди објективна, пропорционална и праведна финансиска поддршка на федерациите, а склучените договори со нив не содржеле одредби со кои би се допрецизирала намената на одобрените средства.

The post Олимпискиот комитет бара од Владата итно разрешување на Мојсовски од чело на АМС и стопирање на тековниот повик за доделување на спортски ваучери appeared first on Република.

]]>

Откако Антикорупциската комисија најави дека ќе достави иницијатива за кривично гонење на првиот човек на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски, поради сомнеж оти Агенцијата го злоупотребила ваучер-системот за финансирање фондации и спортски клубови, за работата на Мојсовски и на АМС реагираа и од Олимпискиот комитет во земјава. Во отворено писмо испратено до вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска, Комитетот бара разрешување на Мојсовски од чело на АМС и од членовите на Централната комисија при Агенцијата, а на нивните позиции бараат да бидат поставени професионалци кои ќе ги применуваат критериумите за доделување на средства на спортските објекти.
Воедно, во писмото испратено до Владата, од Комитетот бараат стопирање на постапката за доделување на ваучери за 2023 година која во моментов е во тек, се до изборот на нови членови на Централната комисија при АМС.
„Согласно својата позиција и одговорност, должни сме да предупредиме дека и покрај општото јавно мнение и незадоволство од начинот на распределба на финансиските средства од страна на АМС кои во целост е поткрепен со наодите на Комисијата за спречување на корупција и дефинитивно потврден и докажан со заклучоците во конечниот извештај на Државниот завод за ревизија каде негативно е оценета работата на АМС по сите точки и основи, раководството на истата во ист и непроменет состав продолжува со истите криминални практики“, се наведува во отвореното писмо кое Олимпискиот комитет го испрати до вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска.
Оттаму иразија уверување дека Владата ќе постапи согласно извештајот за ДЗР во однос на работата на Агенцијата за млади и спорт, во кој, како што додаваат од Комитетот, прецизно се констатирани сите незаконски дејствија кои се пракса во работењето на раководството на АМС.
„Внимавајте, се работи за милионски суми распределени без никаква контрола и механизми“, се додава во писмото од Комитетот.
„Дополнително, веруваме дека ве загрижува фактот што од страна на Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, АМС е рангирана на катастрофално 115 од 120 места како крајно нетранспарентна организација, што само по себе многу кажува“, заклучуваат од Олимпискиот комитет во отвореното писмо испратено до Владата.
Претходно денеска, Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) најави дека до Јавното обвинителство ќе достави иницијатива за кривично гонење на директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски, и членовите на Централната комисија на АМС поради сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер-системот на финансирање фондации и спортски клубови. Според ДКСК, постои сомневање дека претседателот на Агенцијата и членовите на Централната комисија во 2020, 2021 и 2022 година, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури, извршиле распределба на средства, со што го оштетиле буџетот на државата, но и лицата што имале законско право на вакви средства, а не им биле доделени. Во извештајот од ревизијата во Агенцијата за млади и спорт (АМС) за 2021 година, кој во ноември лани го објави Државниот завод за ревизија (ДЗР), беше посочено дека Агенцијата не спровела внатрешни контроли кои би требало да обезбедат наменско и законско користење на средствата кои им се префрлаат на националните спортски федерации за реализација на нивните активности. Дополнително, во извештајот беше посочено оти АМС не поставила соодветни критериуми со кои ќе се обезбеди објективна, пропорционална и праведна финансиска поддршка на федерациите, а склучените договори со нив не содржеле одредби со кои би се допрецизирала намената на одобрените средства.

The post Олимпискиот комитет бара од Владата итно разрешување на Мојсовски од чело на АМС и стопирање на тековниот повик за доделување на спортски ваучери appeared first on Република.

]]>
Украина го обвини МОК дека ja промовира руската војна против Украина https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-go-obvini-mok-deka-ja-promovira-ruskata-vojna-protiv-ukraina/ Mon, 30 Jan 2023 16:04:11 +0000 https://republika.mk/?p=602721

Украинското претседателство го обвини денеска Меѓународниот олимписки комитет (МОК) дека е „промотор на војната“, бидејќи разгледува можност да им дозволи на руските спортисти да настапат на Олимписките игри 2024. под неутрално обележја.

МОК е промотор на војната, убиствата и разурнувањата. МОК среќно гледа како Русија ја уништува Украина, а потоа ѝ нуди на Русија платформа за промоција на геноцидот врз Украинците.

Очигледно дека парите со кои се купува олимпиското лицемерие не мирисаат на украинска крв. Зарем не, господине Бах?, напиша на својот Твитер профил, Михаил Подољак, советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, особено целејќи кон првиот човек на МОК, Томас Бах..

Реакцијата уследи откако МОК минатата недела најави дека ја „разгледува“ можноста да им дозволи на руските и белоруските спортисти да настапат на Олимписките игри во Париз, без истакнување национални обележја.

Русија и Белорусија се исклучени од речиси сите меѓународни спортски натпреварување по руската инвазија врз Украина која почна минатиот февриари.

The post Украина го обвини МОК дека ja промовира руската војна против Украина appeared first on Република.

]]>

Украинското претседателство го обвини денеска Меѓународниот олимписки комитет (МОК) дека е „промотор на војната“, бидејќи разгледува можност да им дозволи на руските спортисти да настапат на Олимписките игри 2024. под неутрално обележја.
МОК е промотор на војната, убиствата и разурнувањата. МОК среќно гледа како Русија ја уништува Украина, а потоа ѝ нуди на Русија платформа за промоција на геноцидот врз Украинците.   Очигледно дека парите со кои се купува олимпиското лицемерие не мирисаат на украинска крв. Зарем не, господине Бах?, напиша на својот Твитер профил, Михаил Подољак, советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, особено целејќи кон првиот човек на МОК, Томас Бах..
Реакцијата уследи откако МОК минатата недела најави дека ја „разгледува“ можноста да им дозволи на руските и белоруските спортисти да настапат на Олимписките игри во Париз, без истакнување национални обележја. Русија и Белорусија се исклучени од речиси сите меѓународни спортски натпреварување по руската инвазија врз Украина која почна минатиот февриари.

The post Украина го обвини МОК дека ja промовира руската војна против Украина appeared first on Република.

]]>
Заев доби признание за исклучителен придонес за развој и афирмација на спортот https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/zaev-dobi-priznanie-za-iskluchitelen-pridones-za-razvoj-i-afirmatsija-na-sportot/ Thu, 29 Dec 2022 14:47:58 +0000 https://republika.mk/?p=591535

Во рамките на настанот „Златна Олимпија“ која се одржа во Скопје, а на која беа доделени награди за најуспешните жени во спортот за 2022 година,  Директорот на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ Зоран Заев  доби специјално признание за исклучителен придонес за развој и афирмација на спортот од Олимпискиот Комитет на Македонија.

По неполни два месеца, ова е второ „спортско“ признание кое го добива директорот на нашата фондација, откако на Самитот на спортските новинари од Југоисточна Европа – „Спортот за државата, државата за спортот“ доби плакета за посебен придонес во  афирмирањето на спортот, мирот, добрососедските односи и пријателството.

Покрај тоа, со искрена верба за придонес кон развојот на партнерските односи,  претседателот на Олимпискиот комитет на Македонија, Даниел Димески и директорот на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, Зоран Заев, потпишаа четиригодишен договор за соработка помеѓу двете институции. Тие ќе соработуваат во организација на заеднички активности за унапредување, поддршка и развој на граѓанското општество, а пред се во областа на културата, спортот, уметноста, јавното здравје, олимписката едукацијата на младите, заштита на животната средина и др.

The post Заев доби признание за исклучителен придонес за развој и афирмација на спортот appeared first on Република.

]]>

Во рамките на настанот „Златна Олимпија“ која се одржа во Скопје, а на која беа доделени награди за најуспешните жени во спортот за 2022 година,  Директорот на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ Зоран Заев  доби специјално признание за исклучителен придонес за развој и афирмација на спортот од Олимпискиот Комитет на Македонија.
По неполни два месеца, ова е второ „спортско“ признание кое го добива директорот на нашата фондација, откако на Самитот на спортските новинари од Југоисточна Европа – „Спортот за државата, државата за спортот“ доби плакета за посебен придонес во  афирмирањето на спортот, мирот, добрососедските односи и пријателството. Покрај тоа, со искрена верба за придонес кон развојот на партнерските односи,  претседателот на Олимпискиот комитет на Македонија, Даниел Димески и директорот на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, Зоран Заев, потпишаа четиригодишен договор за соработка помеѓу двете институции. Тие ќе соработуваат во организација на заеднички активности за унапредување, поддршка и развој на граѓанското општество, а пред се во областа на културата, спортот, уметноста, јавното здравје, олимписката едукацијата на младите, заштита на животната средина и др.

The post Заев доби признание за исклучителен придонес за развој и афирмација на спортот appeared first on Република.

]]>
Претседателот на ИОК, Бах, во посета на Скопје https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pretsedatelot-na-iok-bah-vo-poseta-na-skopje/ Fri, 10 Jun 2022 16:49:17 +0000 https://republika.mk/?p=513617

Средби со шефот на државата Стево Пендаровски и претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Даниел Димевски оствари денеска во Скопје првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах, по повод 30. годишнината од основањето на МОК и 51. Генерално собрание на Европските олимписки комитети.

Димевски и Бах, како што е соопштено, договорија многу нови проекти за развој на МОК, а првиот човек на ИОК свечено ја отвори Лабораторијата на МОК за постигнување врвни спортски резултати, која е создадена да го следи психо-физичкиот развој на најдобрите македонски спортисти, но и да го унапреди истиот, како и да ги дијагностицира и менаџира однапред сите можни спортски повреди.

Претседателот на ИОК, Томас Бах воодушевен од сето она што го виде во Скопје и воопшто како се развива МОК и македонскиот спорт, на претседателот на МОК Димевски му ја врачи престижната награда – ИОК трофеј „Олимписка куќа“, соопшти МОК.

Претседателите Бах и Димевски, заедно со претседателот на Европскиот олимписки комитет, Спирос Капралос, остварија средба и со македонскиот претседател Стево Пендаровски на која се разговараше за многу проекти од заеднички интерес.

Бах, притоа, вети дека МОК и македонскиот спорт ќе биде уште повеќе поддржан од ИОК.

The post Претседателот на ИОК, Бах, во посета на Скопје appeared first on Република.

]]>

Средби со шефот на државата Стево Пендаровски и претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Даниел Димевски оствари денеска во Скопје првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах, по повод 30. годишнината од основањето на МОК и 51. Генерално собрание на Европските олимписки комитети. Димевски и Бах, како што е соопштено, договорија многу нови проекти за развој на МОК, а првиот човек на ИОК свечено ја отвори Лабораторијата на МОК за постигнување врвни спортски резултати, која е создадена да го следи психо-физичкиот развој на најдобрите македонски спортисти, но и да го унапреди истиот, како и да ги дијагностицира и менаџира однапред сите можни спортски повреди. Претседателот на ИОК, Томас Бах воодушевен од сето она што го виде во Скопје и воопшто како се развива МОК и македонскиот спорт, на претседателот на МОК Димевски му ја врачи престижната награда – ИОК трофеј „Олимписка куќа“, соопшти МОК. Претседателите Бах и Димевски, заедно со претседателот на Европскиот олимписки комитет, Спирос Капралос, остварија средба и со македонскиот претседател Стево Пендаровски на која се разговараше за многу проекти од заеднички интерес. Бах, притоа, вети дека МОК и македонскиот спорт ќе биде уште повеќе поддржан од ИОК.

The post Претседателот на ИОК, Бах, во посета на Скопје appeared first on Република.

]]>