Моето име е Горан Стефановски Archives - Република https://republika.mk/tema/moeto-ime-e-goran-stefanovski/ За подобро да се разбереме Sun, 29 May 2022 06:19:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Моето име е Горан Стефановски Archives - Република https://republika.mk/tema/moeto-ime-e-goran-stefanovski/ 32 32 Драмски театар гостува на 67. „Стериино позорје“ со претставата „Се викам Горан Стефановски“ https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-gostuva-na-67-steriino-pozorje-so-pretstavata-se-vikam-goran-stefanovski/ Sun, 29 May 2022 06:19:44 +0000 https://republika.mk/?p=508189

Драмски театар Скопје денеска ќе гостува на 67. „Стериино позорје“ во Нови Сад со претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ /„Се викам Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ.

Драмски театар соопшти дека по повеќегодишна пауза се враќа на сцената на Српско народно позориште во Нови Сад и претставата ќе ја изведе во меѓународната програма „Кругови“.

Претставата е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски, напишани во период од 1987 до 2021 година: „Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Euroalian“ и „Одисеј“.

Драматург е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград. Сценограф на претставата е Александар Дениќ, автор на музиката Влатко Стефановски.

Во актерската екипа се: Биљана Драгиќевиќ-Пројкоска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов-Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска.

Ансамблот на Драмски театар-Скопје со ова гостување ја продолжува повеќедецениската традицијата на успешни изведби и наградувани претстави на еден од најпрестижните театарски фестивали во регионот, информираше ДТС.

 

На „Стериино позорје“ ДТС првпат учествуваше во 1966 година со претставата „Богомилска балада“, а ансамблот има повеќепати добиено награди на овој фестивал за претстави и актери.

The post Драмски театар гостува на 67. „Стериино позорје“ со претставата „Се викам Горан Стефановски“ appeared first on Република.

]]>

Драмски театар Скопје денеска ќе гостува на 67. „Стериино позорје“ во Нови Сад со претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ /„Се викам Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ. Драмски театар соопшти дека по повеќегодишна пауза се враќа на сцената на Српско народно позориште во Нови Сад и претставата ќе ја изведе во меѓународната програма „Кругови“. Претставата е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски, напишани во период од 1987 до 2021 година: „Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Euroalian“ и „Одисеј“. Драматург е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград. Сценограф на претставата е Александар Дениќ, автор на музиката Влатко Стефановски. Во актерската екипа се: Биљана Драгиќевиќ-Пројкоска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов-Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска.
Ансамблот на Драмски театар-Скопје со ова гостување ја продолжува повеќедецениската традицијата на успешни изведби и наградувани претстави на еден од најпрестижните театарски фестивали во регионот, информираше ДТС.
  На „Стериино позорје“ ДТС првпат учествуваше во 1966 година со претставата „Богомилска балада“, а ансамблот има повеќепати добиено награди на овој фестивал за претстави и актери.

The post Драмски театар гостува на 67. „Стериино позорје“ со претставата „Се викам Горан Стефановски“ appeared first on Република.

]]>
„Моето име е Горан Стефановски” на 67-то „Стеријино позорје” во Нови Сад https://republika.mk/vesti/kultura/moeto-ime-e-goran-stefanovski-na-67-to-sterijino-pozorje-vo-novi-sad/ Thu, 26 May 2022 10:35:12 +0000 https://republika.mk/?p=507208

Драмски театар Скопје, со претставата „Се викам Горан Стефановски" во режија на Бранислав Миќуновиќ, ќе гостува на 67-то „Стеријино позорје" во Нови Сад. По повеќегодишна пауза Драмски театар – Скопје се враќа на сцената на Српско народно позориште во Нови Сад со изведба на претставата во меѓународната програма „Кругови". „Се викам Горан Стефановски" ќе биде изведена в недела на 29. мај. Драматург на претставата е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Претставата е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски напишани во период од 1987 до 2021 година („Црна дупка", „Лонг плеј", „Сараево", „Казабалкан", „Хотел Европа", „Euroalian" и „Одисеј")

Сценограф на претставата е Александар Дениќ, автор на музиката Влатко Стефановски. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Биљана Драгиќевиќ – Пројкоска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов – Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска.

Ансамблот на Драмски театар-Скопје со ова гостување на 67-то „Стеријино позорје" ја продолжува повеќедецениската традицијата на успешни изведби и наградувани претстави на еден од најпрестижните театарски фестивали во регионот. Првото учество на Драмски театар Скопје на „Стеријино позорје" било во 1966 година со претставата „Богомилска балада"

Наградени претстави и поединци:

• 1967: Покојник – награда за најдобра претстава во целина- режија Љубиша Георгиевски;

• 1970: Адам и Ева и Јов – Крум Стојанов – награда за најдобро актерско остварување;

• 1975: Јане Задрогаз – Ѓорѓи Здравев – награда за најдобри костими; награда на тркалезната маса на критиката најдобра претстава во целина; Тодорка Кондова – награда за учество; Слободан Унковски – награда за млад театарски работник; Горан Стефановски – награда од Книжевна младина на Војводина за млад писател;

• 1980: Диво месо – награда за најдобра претстава во целина; Горан Стефановски, награда за оригинален драмски текст; Слободан Унковски – вонредна награда за режија; Благој Чоревски – награда за најдобро актерско остварување за улогата на Стеван Андреевиќ; награда за најдобра претстава од Тркалезната маса на критиката; Ненад Стојановски – награда за млад уметник за улогата Андреја Андеевиќ.

• 1982: Еригон – вонредна награда за најдобра претстава; Мери Бошкова – награда за најдобро актерско остварување за улогата на Мадам Дибуа; Драмски театар Скопје – Плакета за најчест гостин на Стеријино позорје, Нови Сад.

• 1984: Дупло дно – Милица Стојанова – награда најдобро актерско остварување за улогата на Параскева; Динка Јеричевиќ – награда за најдобра сценографија; Силвија Стојановска – награда за млад актер за улогата на Кристина.

• 1987: Р – Петар Темелковски – награда за најдобро актерско остварување за улогата на Максим Бродски; Ненад Милосаљевиќ – награда за најдобра епизода улога.

• 1989: Сили во воздухот – Снежана Стамеска – награда за најдобро актерско остварување за улогата на; Ненад Стојановски – награда за улогата на Миле; Благој Чоревски – награда за најдобра епизодна улога за улогата на Благоја; Небојша Ромчевиќ – награда од Стерииниот град Вршац за современа комедија.

• 1990: Кула вавилонска – награда за најдобра претстава; Слободан Унковски – награда за најдобра режија; Љиљана Богоевиќ – награда за најдобро актерско остварување за улогата на Рина; Марина Чутрурило – награда за најдобра сценографија; Драмски театар Скопје – награда за најчест гостин на Стеријино позорје, Нови Сад.

• 1991: Медеја – Ѓорѓи Јолевски – награда за најдобро актерско остварување за улогите во Медеја на Драмски театар Скопје и Подземна република на Народен Театар Битола; Вито Тауфер – вонредна награда за успешно афирмирање на амбиенталниот театар во претставата Медеја.

 

 

The post „Моето име е Горан Стефановски” на 67-то „Стеријино позорје” во Нови Сад appeared first on Република.

]]>

Драмски театар Скопје, со претставата „Се викам Горан Стефановски" во режија на Бранислав Миќуновиќ, ќе гостува на 67-то „Стеријино позорје" во Нови Сад. По повеќегодишна пауза Драмски театар – Скопје се враќа на сцената на Српско народно позориште во Нови Сад со изведба на претставата во меѓународната програма „Кругови". „Се викам Горан Стефановски" ќе биде изведена в недела на 29. мај. Драматург на претставата е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград. Претставата е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски напишани во период од 1987 до 2021 година („Црна дупка", „Лонг плеј", „Сараево", „Казабалкан", „Хотел Европа", „Euroalian" и „Одисеј") Сценограф на претставата е Александар Дениќ, автор на музиката Влатко Стефановски. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Биљана Драгиќевиќ – Пројкоска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов – Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска. Ансамблот на Драмски театар-Скопје со ова гостување на 67-то „Стеријино позорје" ја продолжува повеќедецениската традицијата на успешни изведби и наградувани претстави на еден од најпрестижните театарски фестивали во регионот. Првото учество на Драмски театар Скопје на „Стеријино позорје" било во 1966 година со претставата „Богомилска балада" Наградени претстави и поединци: • 1967: Покојник – награда за најдобра претстава во целина- режија Љубиша Георгиевски; • 1970: Адам и Ева и Јов – Крум Стојанов – награда за најдобро актерско остварување; • 1975: Јане Задрогаз – Ѓорѓи Здравев – награда за најдобри костими; награда на тркалезната маса на критиката најдобра претстава во целина; Тодорка Кондова – награда за учество; Слободан Унковски – награда за млад театарски работник; Горан Стефановски – награда од Книжевна младина на Војводина за млад писател; • 1980: Диво месо – награда за најдобра претстава во целина; Горан Стефановски, награда за оригинален драмски текст; Слободан Унковски – вонредна награда за режија; Благој Чоревски – награда за најдобро актерско остварување за улогата на Стеван Андреевиќ; награда за најдобра претстава од Тркалезната маса на критиката; Ненад Стојановски – награда за млад уметник за улогата Андреја Андеевиќ. • 1982: Еригон – вонредна награда за најдобра претстава; Мери Бошкова – награда за најдобро актерско остварување за улогата на Мадам Дибуа; Драмски театар Скопје – Плакета за најчест гостин на Стеријино позорје, Нови Сад. • 1984: Дупло дно – Милица Стојанова – награда најдобро актерско остварување за улогата на Параскева; Динка Јеричевиќ – награда за најдобра сценографија; Силвија Стојановска – награда за млад актер за улогата на Кристина. • 1987: Р – Петар Темелковски – награда за најдобро актерско остварување за улогата на Максим Бродски; Ненад Милосаљевиќ – награда за најдобра епизода улога. • 1989: Сили во воздухот – Снежана Стамеска – награда за најдобро актерско остварување за улогата на; Ненад Стојановски – награда за улогата на Миле; Благој Чоревски – награда за најдобра епизодна улога за улогата на Благоја; Небојша Ромчевиќ – награда од Стерииниот град Вршац за современа комедија. • 1990: Кула вавилонска – награда за најдобра претстава; Слободан Унковски – награда за најдобра режија; Љиљана Богоевиќ – награда за најдобро актерско остварување за улогата на Рина; Марина Чутрурило – награда за најдобра сценографија; Драмски театар Скопје – награда за најчест гостин на Стеријино позорје, Нови Сад. • 1991: Медеја – Ѓорѓи Јолевски – награда за најдобро актерско остварување за улогите во Медеја на Драмски театар Скопје и Подземна република на Народен Театар Битола; Вито Тауфер – вонредна награда за успешно афирмирање на амбиенталниот театар во претставата Медеја.    

The post „Моето име е Горан Стефановски” на 67-то „Стеријино позорје” во Нови Сад appeared first on Република.

]]>
Драмски театар ќе ја работи претставата „Моето име е Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-kje-ja-raboti-pretstavata-moeto-ime-e-goran-stefanovski-vo-rezija-na-branislav-mikjunovikj/ Tue, 18 Jan 2022 11:59:07 +0000 https://republika.mk/?p=446314

Драмски театар Скопје во февруари почнува со проби за нова претстава „Моето име е Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ и драматизација на Бранислава Илиќ. Премиерата е закажана за 26 март годинава, информираат од Драмски театар.

Стефановски беше познат македонски драматург кој почина во 2018 година на 66-годишна возраст. Тој беше еден од најплодните и најпознати драмски автори, не само во Македонија, туку и пошироко во регинот. Неговите незаборавни драмски текстови се играат на сцени и низ Европа. Зад него остануваат антологиските ,,Диво месо“, ,,Тетовирани души“, ,,Дупло дно“, ,,Лет во место“ и многу други, кои праизведбите ги имаа токму на сцената на Драмски театар.

Новата сезона во Драмски театар Скопје почнува на 20 јануари со претставата „Диши“ од Дилан Мекмилан, во режија на Димче Николовски. До крај на месец јануари предвидено е да се одиграат осум претстави: новата претстава „Чудна случка со кучето во ноќта“ од Сајмон Стивенс, во режија на Зоја Бузалковска, чија премиера беше на 29.12.2021 година, „Птица со главата меѓу нозе“, чиј текст и режија се на Коле Ангеловски, а премиерно беше изведена на 10.11.2021 година, „Мојот маж“ која претставува колаж од расказите на Румена Бужаровска, а во режија на Нела Витошевиќ, „Странци“ од Паоло Геновезе, во режија на Нела Витошевиќ, „Чудесна терапија“ од Даниел Глатауер, во режија на Димче Николовски, „Партија реми“ од Доналд Ли Кобурн, во режија на Виолета Џолева и „Човек перница“ од Мартин Мекдона, во режија на Јане Спасиќ.

Од Драмски театар информираат дека ќе учествуваат на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав, кој ќе се одржи во Љубљана, Република Словенија со претставата „Мојот маж“ во режија на Витошевиќ.

The post Драмски театар ќе ја работи претставата „Моето име е Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ appeared first on Република.

]]>

Драмски театар Скопје во февруари почнува со проби за нова претстава „Моето име е Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ и драматизација на Бранислава Илиќ. Премиерата е закажана за 26 март годинава, информираат од Драмски театар. Стефановски беше познат македонски драматург кој почина во 2018 година на 66-годишна возраст. Тој беше еден од најплодните и најпознати драмски автори, не само во Македонија, туку и пошироко во регинот. Неговите незаборавни драмски текстови се играат на сцени и низ Европа. Зад него остануваат антологиските ,,Диво месо“, ,,Тетовирани души“, ,,Дупло дно“, ,,Лет во место“ и многу други, кои праизведбите ги имаа токму на сцената на Драмски театар. Новата сезона во Драмски театар Скопје почнува на 20 јануари со претставата „Диши“ од Дилан Мекмилан, во режија на Димче Николовски. До крај на месец јануари предвидено е да се одиграат осум претстави: новата претстава „Чудна случка со кучето во ноќта“ од Сајмон Стивенс, во режија на Зоја Бузалковска, чија премиера беше на 29.12.2021 година, „Птица со главата меѓу нозе“, чиј текст и режија се на Коле Ангеловски, а премиерно беше изведена на 10.11.2021 година, „Мојот маж“ која претставува колаж од расказите на Румена Бужаровска, а во режија на Нела Витошевиќ, „Странци“ од Паоло Геновезе, во режија на Нела Витошевиќ, „Чудесна терапија“ од Даниел Глатауер, во режија на Димче Николовски, „Партија реми“ од Доналд Ли Кобурн, во режија на Виолета Џолева и „Човек перница“ од Мартин Мекдона, во режија на Јане Спасиќ. Од Драмски театар информираат дека ќе учествуваат на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав, кој ќе се одржи во Љубљана, Република Словенија со претставата „Мојот маж“ во режија на Витошевиќ.

The post Драмски театар ќе ја работи претставата „Моето име е Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ appeared first on Република.

]]>