Моден викенд Скопје Archives - Република https://republika.mk/tema/moden-vikend-skopje/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Oct 2024 10:10:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Моден викенд Скопје Archives - Република https://republika.mk/tema/moden-vikend-skopje/ 32 32 29. издание на Моден викенд Скопје заврши со добротворна аукција на креации на македонски дизајнери https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/29-izdanie-na-moden-vikend-skopje-zavrshi-so-dobrotvorna-auktsija-na-kreatsii-na-makedonski-dizajneri/ Tue, 29 Oct 2024 10:10:21 +0000 https://republika.mk/?p=831963

29. издание на Моден викенд Скопје кое се случуваше во изминатите четири денови во „Лабораториум“ вчера заврши со добротворна аукција на креации на македонски дизајнери.

Денот започна со SHOWROOM FWSK & Lab: Design Market, каде модните ентузијасти се најдоа во креативно окружување исполнето со ексклузивни дизајнерски парчиња и инспиративни дизајнери. Овој пазар на дизајн го потенцираше слоганот „Модата е вечна“ и ја истакна посветеноста на настанот кон одржливоста и поддршката на локалните креативци, отворајќи платформа за дијалог за модната одговорност.

Вечерта кулминираше со значајниот настан – Wear the Change: Fashion Auction with a Cause, добротворна аукција во рамките на кампањата „Денови за донирање“ на Конект. На специјалното шоу водено од гласноговорникот на кампањата денови за донирање Огнен Јанески и Никола Трајковски од Конект, над 120 присутни, вљубеници во модата и филантропијата се наддаваа донирајќи за мало богатство на дизајни на Никола Булески, Лидија Георгиева, Никола Ефтимов, „Алшар“ на Силвија Михајловска, Ирина Тошева, Росица Мршиќ, Катерина Тошева, Terziya, „Bella“, „Milkbride“, Александар Стојанов - Зорин и студентите на „Скала“: Сара Величковска, Михаела Штерјова, Татјана Гиновска, Марија Трајковска, Снежана Ефковска под менторство на Никола Булески, Александар Ношпал, Катерина Тошева и Антонија Гугинска Јорданоска.

Секој купен дизајн значеше и поддршка за Фондот за филантропија и неговите иницијативи за превенција на пожари, технологија за деца со попречености, помош за пациенти со рак и едукативни програми за младите.

Настанот e организиран во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, спроведуван од здружението „Конект“, a во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, Индиго и Американската стопанска комора во Македонија.

Со оваа филантропска вечер, 29-тиот Моден Викенд Скопје докажа дека модата може да биде двигател за позитивни промени и поттик за свесност во заедницата. Четиридневната програма остави силна порака – „Модата е вечна“ само кога е одговорна и инклузивна, нудејќи инспирација за иднината на модната индустрија како етичка и одржлива сила во општеството.
Овој настан, кој одамна ги има надминато националните граници и го носи светот дома, ја заокружи четиридневната прослава на одржливоста и општествената одговорност со теми кои беа во срцето на овогодинешното издание. Настанот, под слоганот „Модата е вечна,“ се потврди како платформа за промоција на еко-свесни и етички пристапи кон модата, спојувајќи ги локалните таленти со глобалните искуства.

The post 29. издание на Моден викенд Скопје заврши со добротворна аукција на креации на македонски дизајнери appeared first on Република.

]]>

29. издание на Моден викенд Скопје кое се случуваше во изминатите четири денови во „Лабораториум“ вчера заврши со добротворна аукција на креации на македонски дизајнери.

Денот започна со SHOWROOM FWSK & Lab: Design Market, каде модните ентузијасти се најдоа во креативно окружување исполнето со ексклузивни дизајнерски парчиња и инспиративни дизајнери. Овој пазар на дизајн го потенцираше слоганот „Модата е вечна“ и ја истакна посветеноста на настанот кон одржливоста и поддршката на локалните креативци, отворајќи платформа за дијалог за модната одговорност.

Вечерта кулминираше со значајниот настан – Wear the Change: Fashion Auction with a Cause, добротворна аукција во рамките на кампањата „Денови за донирање“ на Конект. На специјалното шоу водено од гласноговорникот на кампањата денови за донирање Огнен Јанески и Никола Трајковски од Конект, над 120 присутни, вљубеници во модата и филантропијата се наддаваа донирајќи за мало богатство на дизајни на Никола Булески, Лидија Георгиева, Никола Ефтимов, „Алшар“ на Силвија Михајловска, Ирина Тошева, Росица Мршиќ, Катерина Тошева, Terziya, „Bella“, „Milkbride“, Александар Стојанов - Зорин и студентите на „Скала“: Сара Величковска, Михаела Штерјова, Татјана Гиновска, Марија Трајковска, Снежана Ефковска под менторство на Никола Булески, Александар Ношпал, Катерина Тошева и Антонија Гугинска Јорданоска.

Секој купен дизајн значеше и поддршка за Фондот за филантропија и неговите иницијативи за превенција на пожари, технологија за деца со попречености, помош за пациенти со рак и едукативни програми за младите.

Настанот e организиран во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, спроведуван од здружението „Конект“, a во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, Индиго и Американската стопанска комора во Македонија.

Со оваа филантропска вечер, 29-тиот Моден Викенд Скопје докажа дека модата може да биде двигател за позитивни промени и поттик за свесност во заедницата. Четиридневната програма остави силна порака – „Модата е вечна“ само кога е одговорна и инклузивна, нудејќи инспирација за иднината на модната индустрија како етичка и одржлива сила во општеството.
Овој настан, кој одамна ги има надминато националните граници и го носи светот дома, ја заокружи четиридневната прослава на одржливоста и општествената одговорност со теми кои беа во срцето на овогодинешното издание. Настанот, под слоганот „Модата е вечна,“ се потврди како платформа за промоција на еко-свесни и етички пристапи кон модата, спојувајќи ги локалните таленти со глобалните искуства.

The post 29. издание на Моден викенд Скопје заврши со добротворна аукција на креации на македонски дизајнери appeared first on Република.

]]>
Третиот ден на Моден викенд Скопје ја слави регионалната креативност и одржливост https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/tretiot-den-na-moden-vikend-skopje-ja-slavi-regionalnata-kreativnost-i-odrzhlivost/ Mon, 28 Oct 2024 13:28:26 +0000 https://republika.mk/?p=831729

Третиот ден на Модениот викенд Скопје кој се одржува во Културниот центар Лабораториум, беше одраз на богатата регионална соработка и креативен израз, кој ја слави поврзаноста меѓу традицијата, иновациите и одржливоста. Овој ден отвори врати кон модни приказни кои ја пренесоа културната размена меѓу земјите од Балканот, истакнувајќи ја модата како платформа која ги обединува луѓето преку заедничка посветеност на општествените вредности и естетиката.

Првата ревија, „Upcycled Passion Fashion Show“ поддржана од Green Land Group, ги постави темелите за одржливоста и инклузијата како централни теми на вечерта. На пистата дефилираа модели од сите возрасти и големини, облечени во креации направени од обновени и половни материјали. Дизајнерите, во соработка со Фабриката „Димко Митрев” која соработува со шведската компанија Swedish Shepherd и со IPROTEX - иновативен партнер за технички текстил кој наоѓа примена во автомобилската индустрија, покажаа дека реупотребата на материјалите може да резултира со креативни, етички и модерни парчиња облека кои ја слават одржливата мода и иновативноста.

Во рамките на интернационалната ревија „Ties that Bind: BiH & MK Dimensions of Fashion,“ поддржана од UNESCO и Европската унија, беа претставени дела на тројца истакнати модни брендови од Босна и Херцеговина: Mothershands, No Nation Fashion и Луција Чолак. Овој проект посветен на врските што не поврзуваат, ја истражува важноста на културната размена и социјалната свест во модната индустрија.

Со својата колекција „Unite the Colors,“ Mothershands ги слави рачните изработки од минатите декади, носејќи модерни рачно плетени парчиња кои го истакнуваат шармот на бавното производство и одржливата уметност. Овој дел од програмата ја нагласи важноста на културната и креативна соработка во регионот и нивната улога во општествениот развој.
No Nation Fashion, бренд поддржан од Меѓународната организација за миграција (IOM), ја презентираше колекцијата „Resilient Threads“ – креации инспирирани од патувањата и приказните на мигрантите, пренесувајќи порака за сила, издржливост, но и за моќта на редизајнот.

Модната колекција на Луција Чолак, истакната дизајнерка и основачка на Кашмир студиото, беше уникатен спој на класична елеганција и современа смелост, создавајќи незаборавни венчални парчиња од сатен, шантунг свила и броширани ткаенини со 3D детали.

На студентската ревија на Факултетот за арт и дизајн при Меѓународниот балкански универзитет, студентите Ринеса Ахмети, Суреја Јакупи, Маригона Рахмани, Хава Јахја, Христина Ѓорѓиева, Луна Аврамовска, Оја Осман и Кефаџет Исмаили го презентираа својот уникатен креативен израз преку автентични колекции инспирирани од нивните лични приказни и културни позадини. Овие млади таленти, под менторство на Маја Ѓуреска, Емилија Славкова и Медина Хоџа, донесоа на сцената свежа визија за иднината на модата во Македонија, комбинирајќи традиционални елементи со иновативни техники и современи форми.

Големото финале на вечерта го заокружија брендовите MARAH и PERENIAL, поддржани од Payot-француски бренд за нега на кожата познат по својата уникатна мешавина на луксуз, ефикасност, но и етичка мисија. Маригона Рахмани ја претстави колекцијата „Lusserno,“ инспирирана од нејзиното патување во Анкона, Италија, каде што традицијата и современите дизајни создадоа елегантни и смели парчиња. PERENIAL, воден од Аника Илоска, ја претстави својата колекција „Сврзани,“ создадена преку трансформација на машки сакоа во женски облеки, нагласувајќи го значењето на повторната употреба и одржливиот дизајн како дел од модната иднина.

фото: Моден викенд Скопје

The post Третиот ден на Моден викенд Скопје ја слави регионалната креативност и одржливост appeared first on Република.

]]>

Третиот ден на Модениот викенд Скопје кој се одржува во Културниот центар Лабораториум, беше одраз на богатата регионална соработка и креативен израз, кој ја слави поврзаноста меѓу традицијата, иновациите и одржливоста. Овој ден отвори врати кон модни приказни кои ја пренесоа културната размена меѓу земјите од Балканот, истакнувајќи ја модата како платформа која ги обединува луѓето преку заедничка посветеност на општествените вредности и естетиката.

Првата ревија, „Upcycled Passion Fashion Show“ поддржана од Green Land Group, ги постави темелите за одржливоста и инклузијата како централни теми на вечерта. На пистата дефилираа модели од сите возрасти и големини, облечени во креации направени од обновени и половни материјали. Дизајнерите, во соработка со Фабриката „Димко Митрев” која соработува со шведската компанија Swedish Shepherd и со IPROTEX - иновативен партнер за технички текстил кој наоѓа примена во автомобилската индустрија, покажаа дека реупотребата на материјалите може да резултира со креативни, етички и модерни парчиња облека кои ја слават одржливата мода и иновативноста.

Во рамките на интернационалната ревија „Ties that Bind: BiH & MK Dimensions of Fashion,“ поддржана од UNESCO и Европската унија, беа претставени дела на тројца истакнати модни брендови од Босна и Херцеговина: Mothershands, No Nation Fashion и Луција Чолак. Овој проект посветен на врските што не поврзуваат, ја истражува важноста на културната размена и социјалната свест во модната индустрија.

Со својата колекција „Unite the Colors,“ Mothershands ги слави рачните изработки од минатите декади, носејќи модерни рачно плетени парчиња кои го истакнуваат шармот на бавното производство и одржливата уметност. Овој дел од програмата ја нагласи важноста на културната и креативна соработка во регионот и нивната улога во општествениот развој.
No Nation Fashion, бренд поддржан од Меѓународната организација за миграција (IOM), ја презентираше колекцијата „Resilient Threads“ – креации инспирирани од патувањата и приказните на мигрантите, пренесувајќи порака за сила, издржливост, но и за моќта на редизајнот.

Модната колекција на Луција Чолак, истакната дизајнерка и основачка на Кашмир студиото, беше уникатен спој на класична елеганција и современа смелост, создавајќи незаборавни венчални парчиња од сатен, шантунг свила и броширани ткаенини со 3D детали.

На студентската ревија на Факултетот за арт и дизајн при Меѓународниот балкански универзитет, студентите Ринеса Ахмети, Суреја Јакупи, Маригона Рахмани, Хава Јахја, Христина Ѓорѓиева, Луна Аврамовска, Оја Осман и Кефаџет Исмаили го презентираа својот уникатен креативен израз преку автентични колекции инспирирани од нивните лични приказни и културни позадини. Овие млади таленти, под менторство на Маја Ѓуреска, Емилија Славкова и Медина Хоџа, донесоа на сцената свежа визија за иднината на модата во Македонија, комбинирајќи традиционални елементи со иновативни техники и современи форми.

Големото финале на вечерта го заокружија брендовите MARAH и PERENIAL, поддржани од Payot-француски бренд за нега на кожата познат по својата уникатна мешавина на луксуз, ефикасност, но и етичка мисија. Маригона Рахмани ја претстави колекцијата „Lusserno,“ инспирирана од нејзиното патување во Анкона, Италија, каде што традицијата и современите дизајни создадоа елегантни и смели парчиња. PERENIAL, воден од Аника Илоска, ја претстави својата колекција „Сврзани,“ создадена преку трансформација на машки сакоа во женски облеки, нагласувајќи го значењето на повторната употреба и одржливиот дизајн како дел од модната иднина.

фото: Моден викенд Скопје

The post Третиот ден на Моден викенд Скопје ја слави регионалната креативност и одржливост appeared first on Република.

]]>
Втор ден Моден викенд Скопје: Модата може да биде лична и одговорна https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/vtor-den-moden-vikend-skopje-modata-mozhe-da-bide-lichna-i-odgovorna/ Mon, 28 Oct 2024 10:43:37 +0000 https://republika.mk/?p=831601

На вториот ден на 29. Моден Викенд Скопје, чие мото е „Модата е вечна: Одржливост и иновации,“ се одржуваа панел сесии и ревии на кои се говореше за одржливоста на модата и важноста од преупотреба на парчињата облека. Присутните можеа да размислат за креативното рециклирање и свесната потрошувачка како основа за моден идентитет кој е прилагодлив, а сепак вечен.

Денот започна со ангажирачка панел сесија „The Purpose of Re-purposing? Sustainable Redesigned Fashion and Fabric Use,“ модерирана од Гордана Родиќ (извршен директор на SIEC) и Катерина Димитровска (дизајнерка од Luna Aditeya). Поддржан од Green Land Group, овој настан ги охрабри учесниците да размислат за значењето на реупотребата на материјалите и да го истражат потенцијалот на редизајнираната мода и иновациите во текстилот.

Во партнерство со Амбасадата на Шведска, „Fika со размена на облека“ беше уникатна можност за љубителите на модата да го подноват својот стил на одржлив начин. Модераторите Фросина Петров, Сара Стојчевска и Силва Дескова им помогнаа на посетителите да ги разберат придобивките од преупотребата и зошто облеката од втора рака е „најкул тренд.“ Модата може да биде и лична и одговорна, беше заклучено.

Попладнето продолжи со Syjunta Repair Café, каде што учесниците имаа можност да научат вештини за поправање и обновување на облеката. Оваа сесија, под мотото „Здрава облека, здрава средина,“ не само што покажа дека секое парче облека може да добие нов живот, туку и ја истакна важноста на колективната одговорност во одржувањето на гардеробата и планетата, во партнерство со Амбасадата на Шведска.

Ревијата на студентите од СКАЛА Школа за дизајн и технологија ја оживеа сцената со свежа, експериментална и автентична македонска мода. Од креации инспирирани од културните корени до силуети кои рефлектираат глобални трендови, секоја колекција пренесе поинаква приказна и го долови духот на младите таленти кои ја дефинираат иднината на модата. Олгица Тренеска, Симона Трајковска, Ненад Селкиќ, Марија Пољакова, Анастасија Атанасовска, Леона Бибановска, Христина Стојаноска и Радмила Давидовиќ потсетија дека одржливоста и иновацијата се совршено споени во креативноста на новите генерации.

Во вториот дел, на својот програмски сегмент младите дизајнери, алумни на Скала школата за уметност, ги реализираа своите дела под менторство на реномирани македонски дизајнери, со цел да создадат капацитети и вештини во текстилната индустрија. Овие парчиња облека ќе бидат донирани на добротворната аукција Fashion with a Cause, промовирајќи ја свесноста дека модата може да биде и општествено ангажирана.

Учествуваа: Сара Величковска, ментор Никола Булески; Михаела Штерјова, ментор Антонија Гугинска Јорданоска; Татјана Гиновска, ментор Александар Ношпал; Марија Трајковска, ментор Катерина Тошева; Снежана Ефковска, ментор Никола Булески. Моделите на младите дизајнери беа дел од изложбата Young Designers Exhibition, во рамките на проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион,“ спроведуван од Гласен текстилец и финансиран од фондацијата „Квина тил Квина“ и Амбасадата на Кралството Шведска.

Вечерта кулминираше со ревии од неколку дизајнери кои донесоа свежи пристапи кон одржливоста и иновацијата. Пепита Паскова се претстави со колекција инспирирана од готската мода, комбинирајќи темни, мистични креации од еко кожа и тафета.

Terziya, поддржана од Monteko винарската визба, ја презентира својата „NOW“ колекција, користејќи рециклирани материјали за да ја отелотвори идејата за одржлива елеганција.
Disciplina во својата колекција „Untamed“ донесе улична мода инспирирана од дивината, со креации кои ја промовираат личната слобода и ослободување од конвенционалните норми.
BadBunny внесе гламур со Night-Out колекцијата, која истакна удобност и самодоверба, создадена за вечерни авантури, со доза на смелост и шик.

Berna Saraci ја заврши вечерта со венчална колекција Chrysalis што ја истакна врвната елеганција и нежност.Изработена одржливо со минимален отпад, оваа колекција вклучува впечатливи структури и луксузни ткаенини кои ја одразуваат грациозноста на молците.

Овој втор ден на Моден Викенд Скопје успеа да покаже како одржливоста и иновацијата можат да бидат длабоко вкоренети во секој дизајн. Со доза на инспирација и многу креативна енергија, публиката беше оставена во исчекување за следните два дена кои ветуваат уште повеќе модна магија и културни изненадувања.

фото: Моден викенд Скопје

The post Втор ден Моден викенд Скопје: Модата може да биде лична и одговорна appeared first on Република.

]]>

На вториот ден на 29. Моден Викенд Скопје, чие мото е „Модата е вечна: Одржливост и иновации,“ се одржуваа панел сесии и ревии на кои се говореше за одржливоста на модата и важноста од преупотреба на парчињата облека. Присутните можеа да размислат за креативното рециклирање и свесната потрошувачка како основа за моден идентитет кој е прилагодлив, а сепак вечен. Денот започна со ангажирачка панел сесија „The Purpose of Re-purposing? Sustainable Redesigned Fashion and Fabric Use,“ модерирана од Гордана Родиќ (извршен директор на SIEC) и Катерина Димитровска (дизајнерка од Luna Aditeya). Поддржан од Green Land Group, овој настан ги охрабри учесниците да размислат за значењето на реупотребата на материјалите и да го истражат потенцијалот на редизајнираната мода и иновациите во текстилот. Во партнерство со Амбасадата на Шведска, „Fika со размена на облека“ беше уникатна можност за љубителите на модата да го подноват својот стил на одржлив начин. Модераторите Фросина Петров, Сара Стојчевска и Силва Дескова им помогнаа на посетителите да ги разберат придобивките од преупотребата и зошто облеката од втора рака е „најкул тренд.“ Модата може да биде и лична и одговорна, беше заклучено. Попладнето продолжи со Syjunta Repair Café, каде што учесниците имаа можност да научат вештини за поправање и обновување на облеката. Оваа сесија, под мотото „Здрава облека, здрава средина,“ не само што покажа дека секое парче облека може да добие нов живот, туку и ја истакна важноста на колективната одговорност во одржувањето на гардеробата и планетата, во партнерство со Амбасадата на Шведска. Ревијата на студентите од СКАЛА Школа за дизајн и технологија ја оживеа сцената со свежа, експериментална и автентична македонска мода. Од креации инспирирани од културните корени до силуети кои рефлектираат глобални трендови, секоја колекција пренесе поинаква приказна и го долови духот на младите таленти кои ја дефинираат иднината на модата. Олгица Тренеска, Симона Трајковска, Ненад Селкиќ, Марија Пољакова, Анастасија Атанасовска, Леона Бибановска, Христина Стојаноска и Радмила Давидовиќ потсетија дека одржливоста и иновацијата се совршено споени во креативноста на новите генерации. Во вториот дел, на својот програмски сегмент младите дизајнери, алумни на Скала школата за уметност, ги реализираа своите дела под менторство на реномирани македонски дизајнери, со цел да создадат капацитети и вештини во текстилната индустрија. Овие парчиња облека ќе бидат донирани на добротворната аукција Fashion with a Cause, промовирајќи ја свесноста дека модата може да биде и општествено ангажирана. Учествуваа: Сара Величковска, ментор Никола Булески; Михаела Штерјова, ментор Антонија Гугинска Јорданоска; Татјана Гиновска, ментор Александар Ношпал; Марија Трајковска, ментор Катерина Тошева; Снежана Ефковска, ментор Никола Булески. Моделите на младите дизајнери беа дел од изложбата Young Designers Exhibition, во рамките на проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион,“ спроведуван од Гласен текстилец и финансиран од фондацијата „Квина тил Квина“ и Амбасадата на Кралството Шведска. Вечерта кулминираше со ревии од неколку дизајнери кои донесоа свежи пристапи кон одржливоста и иновацијата. Пепита Паскова се претстави со колекција инспирирана од готската мода, комбинирајќи темни, мистични креации од еко кожа и тафета. Terziya, поддржана од Monteko винарската визба, ја презентира својата „NOW“ колекција, користејќи рециклирани материјали за да ја отелотвори идејата за одржлива елеганција. Disciplina во својата колекција „Untamed“ донесе улична мода инспирирана од дивината, со креации кои ја промовираат личната слобода и ослободување од конвенционалните норми. BadBunny внесе гламур со Night-Out колекцијата, која истакна удобност и самодоверба, создадена за вечерни авантури, со доза на смелост и шик. Berna Saraci ја заврши вечерта со венчална колекција Chrysalis што ја истакна врвната елеганција и нежност.Изработена одржливо со минимален отпад, оваа колекција вклучува впечатливи структури и луксузни ткаенини кои ја одразуваат грациозноста на молците. Овој втор ден на Моден Викенд Скопје успеа да покаже како одржливоста и иновацијата можат да бидат длабоко вкоренети во секој дизајн. Со доза на инспирација и многу креативна енергија, публиката беше оставена во исчекување за следните два дена кои ветуваат уште повеќе модна магија и културни изненадувања. фото: Моден викенд Скопје

The post Втор ден Моден викенд Скопје: Модата може да биде лична и одговорна appeared first on Република.

]]>
Невистински соништа за крај на Моден викенд Скопје https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/nevistinski-sonishta-za-kraj-na-moden-vikend-skopje/ Tue, 02 Apr 2024 08:19:59 +0000 https://republika.mk/?p=761152

Со голем спектакл со Bridal Fashion Night во неделата, на 31 март во трговскиот центар „Ист Гејт“ во Скопје заврши 28. издание на Моден викенд Скопје.

Детска ревија со колекцијата „Нежности” на Minie's by sisters на дизајнерките Тијана и Тамара ја отвори вечерта. Нивните етерични фустани од тул и прецизно координирани додатоци беа доказ дека сонот на секое девојче може да процвета во прегратка на нежност и елеганција.

Следуваше AlAparel на Наташа Карчева која ја претстави колекцијата „Desert Rose“. Оваа линија ја отсликув еластичноста на цветот што живее во осаменост, покажувајќи ја убавината и силата што се наоѓаат во ранливоста. Изработени од материјали како свила, шифон и органза, дизајните на Наташа и оддадоа почит на трансформативната моќ на убавината, давајќи длабока претстава за човечката упорност.

Анастасја Трајковска Maison de Couture нè плени со колекцијата „Maxim“. Оваа серија беше размислување за времето, неговата минлива природа и вредноста на моментите. Со својата мешавина на сила и деликатност, колекцијата служеше како потсетник на трајната суштина на женственоста, а секое парче беше симбол за безвременска елеганција.

Anna Veseli Couture ја претстави својата колекција „Бисерно бели соништа“, претворајќи ја пистата во засолниште за невести. Секоја наметка, уникатна и по име и по дизајн, зборуваше за многу прецизно изработка и страст што внесува живот во високата мода. Оваа колекција ѝ вети на секоја невеста трансформација во реалност што го одзема здивот на нејзиниот најдраг ден.

Вечерта кулминираше со Фа-Бу од Јагода Пачемска, единствената дизајнерка на фустани од свежо цвеќе, колекција каде токму тоа генијално беше искористено како ткаенина. Овој иновативен пристап на Пачемска не е само модна декларација, туку потсетник на минливата убавина на природата, доловена во ефемерната визија за денот на свадбата.

Последната вечер на Модниот викенд Скопје беше прослава на љубовта, соништата и вечниот танц на модата.

Со промовирање на „бавната мода” и прикажување на македонските брендови преку работилници под капата на Europe House Skopje, pop-up локацијата “Ready, steady…shop!” и серија на ревии и ова издание беше дизајнирано да поттикне подлабока врска помеѓу заедницата и принципите на одржливо живеење преку модата и дизајнот, вели организаторот.

Настанот ја нагласи посветеноста на Моден викенд Скопје за негување на позитивна и одржлива модна индустрија. Со две фантастични изложби на програмата едната со ДЛУМ, а другата во соработка со Амбасадата на Шпанија, ова издание ја маркираше и раскрсницата на културата, уметноста, традициите и иновацијата, при што настанот уште еднаш ги обедини младите визионери со цел да се редефинира што претставува модата во современото општество.

Фото: Г. Ристоски, Г. Бошковски

The post Невистински соништа за крај на Моден викенд Скопје appeared first on Република.

]]>

Со голем спектакл со Bridal Fashion Night во неделата, на 31 март во трговскиот центар „Ист Гејт“ во Скопје заврши 28. издание на Моден викенд Скопје. Детска ревија со колекцијата „Нежности” на Minie's by sisters на дизајнерките Тијана и Тамара ја отвори вечерта. Нивните етерични фустани од тул и прецизно координирани додатоци беа доказ дека сонот на секое девојче може да процвета во прегратка на нежност и елеганција. Следуваше AlAparel на Наташа Карчева која ја претстави колекцијата „Desert Rose“. Оваа линија ја отсликув еластичноста на цветот што живее во осаменост, покажувајќи ја убавината и силата што се наоѓаат во ранливоста. Изработени од материјали како свила, шифон и органза, дизајните на Наташа и оддадоа почит на трансформативната моќ на убавината, давајќи длабока претстава за човечката упорност. Анастасја Трајковска Maison de Couture нè плени со колекцијата „Maxim“. Оваа серија беше размислување за времето, неговата минлива природа и вредноста на моментите. Со својата мешавина на сила и деликатност, колекцијата служеше како потсетник на трајната суштина на женственоста, а секое парче беше симбол за безвременска елеганција. Anna Veseli Couture ја претстави својата колекција „Бисерно бели соништа“, претворајќи ја пистата во засолниште за невести. Секоја наметка, уникатна и по име и по дизајн, зборуваше за многу прецизно изработка и страст што внесува живот во високата мода. Оваа колекција ѝ вети на секоја невеста трансформација во реалност што го одзема здивот на нејзиниот најдраг ден. Вечерта кулминираше со Фа-Бу од Јагода Пачемска, единствената дизајнерка на фустани од свежо цвеќе, колекција каде токму тоа генијално беше искористено како ткаенина. Овој иновативен пристап на Пачемска не е само модна декларација, туку потсетник на минливата убавина на природата, доловена во ефемерната визија за денот на свадбата. Последната вечер на Модниот викенд Скопје беше прослава на љубовта, соништата и вечниот танц на модата.
Со промовирање на „бавната мода” и прикажување на македонските брендови преку работилници под капата на Europe House Skopje, pop-up локацијата “Ready, steady…shop!” и серија на ревии и ова издание беше дизајнирано да поттикне подлабока врска помеѓу заедницата и принципите на одржливо живеење преку модата и дизајнот, вели организаторот.
Настанот ја нагласи посветеноста на Моден викенд Скопје за негување на позитивна и одржлива модна индустрија. Со две фантастични изложби на програмата едната со ДЛУМ, а другата во соработка со Амбасадата на Шпанија, ова издание ја маркираше и раскрсницата на културата, уметноста, традициите и иновацијата, при што настанот уште еднаш ги обедини младите визионери со цел да се редефинира што претставува модата во современото општество. Фото: Г. Ристоски, Г. Бошковски

The post Невистински соништа за крај на Моден викенд Скопје appeared first on Република.

]]>
28. издание на Моден викенд Скопје спој на одржливоста и стилот https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/28-izdanie-na-moden-vikend-skopje-spoj-na-odrzhlivosta-i-stilot/ Mon, 01 Apr 2024 08:06:01 +0000 https://republika.mk/?p=760765

Пролетното издание на Моден викенд Скопје кое заврши во неделата во трговскиот центар „Ист Гејт“, 28. по ред беше спој на одржливоста и стилот.

Со голем фокус на одржливоста, културната длабочина и постојано менувачката динамика на дизајнот, Моден викенд Скопје оваа сезона е повеќе од само приказ на облека - тоа е жив разговор за иднината на модата, етиката и улогата на креативноста во таа револуција кон промените, вели организаторот.

Претпоследниот ден започна со продолжување на работилниците кои се под патронство на Europe House Skopje, па така заврши хакатонот во изработка на чанти „Redesign Workshop, Introduction to the B-bags” куриран од Social Integration & Empowerment Centrе, а се одржа и нешто што не поврзува со традицијата, а тоа е „Embroidery Workshop by Social Integration & Empowerment Centre and Garderobe”. Овие работилници се како привлечен поглед во потенцијалот на аксесоарите и деталите во модата како катализатор за глобален дијалог и трансформација.

Во петокот, модните шоуа започнаа со „Калеидоскоп“,  спој на млада визија и одржливост. Тоа беше амбициозна презентација од Факултетот за арт и дизајн на Европскиот универзитет Скопје. Студентите по моден дизајн Стефанија Фидановска, Ивона Паноска, Надица Николова, Марија Роглева, Симона Костадиновска, Анастасија Љубојевиќ, Ивона Мицановска, Ангела Трифуновска, Благица Николова, Анастасија Бојковска и Анастасија Чадо изнесоа парчиња кои не само што се визуелно привлечни, туку и длабоко вкоренети во приказните за убавина, младост и истражувачка жед, велат од Моден викенд Скопје.

Модната креаторка Силвија Михајловска која стои зад брендот „Алшар“ се претстави со колкецијата „Челични магнолии“, која ја предизвикува и негува суштината на жената. Црпејќи инспирација од класичниот филм, Михајловска создала наратив околу вродената сила на жената, обвиткана во елеганцијата на традиционалната женственост. Дизајните, означени со нивната асиметрична убавина и софистициран волумен, беа исцртани со метални детали и рачно изработени магнолии, прикажувајќи ја комбинацијата на еластичност и деликатност. Оваа колекција е дополнително издигната со соработката со скулпторот Александар Стојановски-Зорин, чиј метален накит додава опипливо чувство на цврстина на наративот. Оваа колекција беше поддржана од Макстил.

„Дисциплина“ од Ивана Давидовиќ - претставуваше редефинирање на улична облека со цел. Овој завршен чин на вечерта со оваа колекција беше еволутивен пејзаж на урбана улична облека. Од своето деби во 2016 година, овој моден бренд направи правец за себеси, со беспрекорно мешање на софистицираноста и модерноста, поткрепена со посветеноста на безвременскиот квалитет. Оваа презентација, поттикната од партнерството со IQOS, е доказ за етосот на брендот за поврзување на естетската привлечност со одржливоста и иновативноста. Најновата колекција на Давидовиќ, не само што ја предвидува иднината на модата, туку тоа го прави со непоколеблива посветеност на етичка во изработката.

Фото: Фото Гјоргиј Ристоски, Горан Бошковски

 

The post 28. издание на Моден викенд Скопје спој на одржливоста и стилот appeared first on Република.

]]>

Пролетното издание на Моден викенд Скопје кое заврши во неделата во трговскиот центар „Ист Гејт“, 28. по ред беше спој на одржливоста и стилот.
Со голем фокус на одржливоста, културната длабочина и постојано менувачката динамика на дизајнот, Моден викенд Скопје оваа сезона е повеќе од само приказ на облека - тоа е жив разговор за иднината на модата, етиката и улогата на креативноста во таа револуција кон промените, вели организаторот.
Претпоследниот ден започна со продолжување на работилниците кои се под патронство на Europe House Skopje, па така заврши хакатонот во изработка на чанти „Redesign Workshop, Introduction to the B-bags” куриран од Social Integration & Empowerment Centrе, а се одржа и нешто што не поврзува со традицијата, а тоа е „Embroidery Workshop by Social Integration & Empowerment Centre and Garderobe”. Овие работилници се како привлечен поглед во потенцијалот на аксесоарите и деталите во модата како катализатор за глобален дијалог и трансформација.
Во петокот, модните шоуа започнаа со „Калеидоскоп“,  спој на млада визија и одржливост. Тоа беше амбициозна презентација од Факултетот за арт и дизајн на Европскиот универзитет Скопје. Студентите по моден дизајн Стефанија Фидановска, Ивона Паноска, Надица Николова, Марија Роглева, Симона Костадиновска, Анастасија Љубојевиќ, Ивона Мицановска, Ангела Трифуновска, Благица Николова, Анастасија Бојковска и Анастасија Чадо изнесоа парчиња кои не само што се визуелно привлечни, туку и длабоко вкоренети во приказните за убавина, младост и истражувачка жед, велат од Моден викенд Скопје.
Модната креаторка Силвија Михајловска која стои зад брендот „Алшар“ се претстави со колкецијата „Челични магнолии“, која ја предизвикува и негува суштината на жената. Црпејќи инспирација од класичниот филм, Михајловска создала наратив околу вродената сила на жената, обвиткана во елеганцијата на традиционалната женственост. Дизајните, означени со нивната асиметрична убавина и софистициран волумен, беа исцртани со метални детали и рачно изработени магнолии, прикажувајќи ја комбинацијата на еластичност и деликатност. Оваа колекција е дополнително издигната со соработката со скулпторот Александар Стојановски-Зорин, чиј метален накит додава опипливо чувство на цврстина на наративот. Оваа колекција беше поддржана од Макстил. „Дисциплина“ од Ивана Давидовиќ - претставуваше редефинирање на улична облека со цел. Овој завршен чин на вечерта со оваа колекција беше еволутивен пејзаж на урбана улична облека. Од своето деби во 2016 година, овој моден бренд направи правец за себеси, со беспрекорно мешање на софистицираноста и модерноста, поткрепена со посветеноста на безвременскиот квалитет. Оваа презентација, поттикната од партнерството со IQOS, е доказ за етосот на брендот за поврзување на естетската привлечност со одржливоста и иновативноста. Најновата колекција на Давидовиќ, не само што ја предвидува иднината на модата, туку тоа го прави со непоколеблива посветеност на етичка во изработката. Фото: Фото Гјоргиј Ристоски, Горан Бошковски  

The post 28. издание на Моден викенд Скопје спој на одржливоста и стилот appeared first on Република.

]]>
Моден викенд Скопје не е парада на трендови, туку сериозен афирматор на модата и еко-свеста https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/moden-vikend-skopje-ne-e-parada-na-trendovi-tuku-seriozen-afirmator-na-modata-i-eko-svesta/ Fri, 29 Mar 2024 10:13:20 +0000 https://republika.mk/?p=760058

Со презентација на „Дијалози“, која ја организираше Амбасадата на Шпанија, почна 28. Моден викенд Скопје, кој се одржува до утре (30 март) во деловниот дел од трговскиот центар „Ист гејт“.

Оваа презентација за мода и занает беше своевиден мастерклас во симбиотската врска помеѓу традицијата и иновативноста. Прославувајќи го занаетот и модата инспирирани од керамиката „Talavera de la Reina“ и жителите на Талавера-Шпанија, младите уметници и модни дизајнери Роберт Ивановски и Магдалена Таневска, заедно со занаетчиите и грнчари: Анета Попова, Слободан Столески, Христина Крстеска, Татјана и Борче Богоевски, ја открија капсулната колекција која беше дијалог помеѓу античката уметност на шпанската керамика и современите модни сензибилности.

Моден викенд Скопје, не е само парада на трендови, туку сериозен афирматор на модата и еко-свеста. Секогаш има прецизно курирана програма, посветена и на амбициите на новите дизајнерски сили, но и на одржливите аспирации на модата и дизајнот, вели организаторот на најголемиот моден настан во Македонија.

Паралелно со ова, течеа работилниците и панел-дискусиите под покровителство на Europe Hоuse Skopje, кои понудија длабоко нурнување во етиката на модата.

[caption id="attachment_760068" align="alignnone" width="960"] фото: Моден викенд Скопје[/caption]

Вчера се отвори и одличната изложбата на Друштвото на ликовни уметници на Македонија под наслов „Лебдење” (Floating) со автори кои работат на текстил во ликовен контекст: Јана Манева-Чупоска, Ана Ивановска, Јана Јакимовска, Страхил Петровски, Гордана Вренцоска, Марјана Којсточиновска Узунчева и Маја Кировска.

Брендот Crius, го скрши мразот во синоќешната агенда на ревии. Бренд под креативно раководство на Радмила Георгиева, која ја претстави „Носталгија“, колекција која беше љубовно писмо до минатото, до спомените и моментите кои го обликуваат нашиот идентитет. Колекцијата беше потсетник дека модата не е тука само да биде украс на телото туку и да ја допре спиритуалната страна.

Следуваше Not Col на Магдалена Таневска, која го претстави „Кочо“, како почит на македонскиот литературен великан Кочо Рацин. Оваа колекција беше манифест на одржливост и креативност, прослава на бунтовничкиот дух кој го предизвикува статус квото и повторно ги замислува можностите на дизајнот и материјалот.

Презентацијата на INT групацијата беше доказ за моќта на интердисциплинарните иновации, премостувајќи ги световите на модата, технологијата, и пошироко. Нивната колекција беше увид во иднината, каде што модата служи како спој на креативност, одржливост и технолошки напредок.

Naash.x, под креативната визија на Христијан Нашуловски, ја затвори вечерта со „Рурини“, збирка која навлегуваше во комплексноста на постоењето, на битието и на станувањето. Преку облеката што делуваше како втора кожа, Нашуловски не покани облеката што ја носиме да ја сметаме за складиште на нашите приказни, нашите борби и нашите триумфи. Модната ревија на Naash.x, е поддржана од Анита Гајтановска и Lotus Lounge Chair.

[caption id="attachment_760072" align="alignnone" width="504"] фото: Моден викенд Скопје[/caption]

Денес продолжуваат настаните на Моден Викенд Скопје со работилниците на Europe House, а вечерта се модните ревии на студентите кои студираат моден дизајн на Европскиот Универзитет, Силвија Михајловска ќе се претстави со колекцијата ALSHAR поддржана од Макстил, а за крајот на вечерта на програмата е шоуто DISCIPLINA, поддржано од IQOS.

Моден викенд Скопје завршува на 30 март со Bridal Fashion Night.

Фото: Фото Г. Ристоски, Г. Бошковски

 

The post Моден викенд Скопје не е парада на трендови, туку сериозен афирматор на модата и еко-свеста appeared first on Република.

]]>

Со презентација на „Дијалози“, која ја организираше Амбасадата на Шпанија, почна 28. Моден викенд Скопје, кој се одржува до утре (30 март) во деловниот дел од трговскиот центар „Ист гејт“. Оваа презентација за мода и занает беше своевиден мастерклас во симбиотската врска помеѓу традицијата и иновативноста. Прославувајќи го занаетот и модата инспирирани од керамиката „Talavera de la Reina“ и жителите на Талавера-Шпанија, младите уметници и модни дизајнери Роберт Ивановски и Магдалена Таневска, заедно со занаетчиите и грнчари: Анета Попова, Слободан Столески, Христина Крстеска, Татјана и Борче Богоевски, ја открија капсулната колекција која беше дијалог помеѓу античката уметност на шпанската керамика и современите модни сензибилности.
Моден викенд Скопје, не е само парада на трендови, туку сериозен афирматор на модата и еко-свеста. Секогаш има прецизно курирана програма, посветена и на амбициите на новите дизајнерски сили, но и на одржливите аспирации на модата и дизајнот, вели организаторот на најголемиот моден настан во Македонија.
Паралелно со ова, течеа работилниците и панел-дискусиите под покровителство на Europe Hоuse Skopje, кои понудија длабоко нурнување во етиката на модата. [caption id="attachment_760068" align="alignnone" width="960"] фото: Моден викенд Скопје[/caption] Вчера се отвори и одличната изложбата на Друштвото на ликовни уметници на Македонија под наслов „Лебдење” (Floating) со автори кои работат на текстил во ликовен контекст: Јана Манева-Чупоска, Ана Ивановска, Јана Јакимовска, Страхил Петровски, Гордана Вренцоска, Марјана Којсточиновска Узунчева и Маја Кировска. Брендот Crius, го скрши мразот во синоќешната агенда на ревии. Бренд под креативно раководство на Радмила Георгиева, која ја претстави „Носталгија“, колекција која беше љубовно писмо до минатото, до спомените и моментите кои го обликуваат нашиот идентитет. Колекцијата беше потсетник дека модата не е тука само да биде украс на телото туку и да ја допре спиритуалната страна. Следуваше Not Col на Магдалена Таневска, која го претстави „Кочо“, како почит на македонскиот литературен великан Кочо Рацин. Оваа колекција беше манифест на одржливост и креативност, прослава на бунтовничкиот дух кој го предизвикува статус квото и повторно ги замислува можностите на дизајнот и материјалот. Презентацијата на INT групацијата беше доказ за моќта на интердисциплинарните иновации, премостувајќи ги световите на модата, технологијата, и пошироко. Нивната колекција беше увид во иднината, каде што модата служи како спој на креативност, одржливост и технолошки напредок. Naash.x, под креативната визија на Христијан Нашуловски, ја затвори вечерта со „Рурини“, збирка која навлегуваше во комплексноста на постоењето, на битието и на станувањето. Преку облеката што делуваше како втора кожа, Нашуловски не покани облеката што ја носиме да ја сметаме за складиште на нашите приказни, нашите борби и нашите триумфи. Модната ревија на Naash.x, е поддржана од Анита Гајтановска и Lotus Lounge Chair. [caption id="attachment_760072" align="alignnone" width="504"] фото: Моден викенд Скопје[/caption] Денес продолжуваат настаните на Моден Викенд Скопје со работилниците на Europe House, а вечерта се модните ревии на студентите кои студираат моден дизајн на Европскиот Универзитет, Силвија Михајловска ќе се претстави со колекцијата ALSHAR поддржана од Макстил, а за крајот на вечерта на програмата е шоуто DISCIPLINA, поддржано од IQOS. Моден викенд Скопје завршува на 30 март со Bridal Fashion Night. Фото: Фото Г. Ристоски, Г. Бошковски  

The post Моден викенд Скопје не е парада на трендови, туку сериозен афирматор на модата и еко-свеста appeared first on Република.

]]>
Силвија Михајловска, „Алшар“: Колекцијата „Steel Magnolias“ е за сите силни жени кои чекориме низ животот https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/silvija-mihajlovska-alshar-kolektsijata-steel-magnolias-e-za-site-silni-zheni-koi-chekorime-niz-zhivotot/ Thu, 28 Mar 2024 09:30:01 +0000 https://republika.mk/?p=759607

Модната креаторка Силвија Михајлвоска која стои зад брендот „Алшар“ ја подготовува новата колекција „Челични магнолии“ („Steel Magnolias“) за традиционалниот настан Моден викенд Скопје чие 28. издание почнува денеска и ќе се одржува до 30 март во скопскиот трговски центар „Ист гејт“.

Програмата на 28. издание на Моден викенд Скопје започнува денеска во 17 часот со две изложби, на Шпанската амбасада и на Друштвото на ликовни уметници. Од 19 часот е ревијата на дизајнерката Радмила Георгиева.

Ревија на студентите на Европскиот универзитет во Скопје ќе се одржи на 29 март од 19 часот, по што следува ревија на дизајнерката Михајловска во 20 часот. На 30 март се ревиите на венчални фустани на Наташа Карцева, Анастасија Трајковска, Ана Весели и други.

Новата пролетна колекција на „Алшар“ е наречена STEEL MAGNOLIAS, а името е инспирација од истоимениот филм, кој е  поим за жени со традиционална женственост, но истовремено се наконвенционални и исклучително силни. Оваа колекција е поддржана и спонзорирана од „Макстил, вели во разговор за „Република“ Михајловска.

Често нејзините колекции се инспирирани од филмови или книги, како на пример ко­лек­ци­ја­та инс­пи­ри­ра­на од фил­мот на Сид­ни По­лак „Мо­ја Афри­ка“, во кој глав­ни­те уло­ги ги тол­ку­ва­ат хо­ли­вуд­ски­те ѕвез­ди Ме­рил Стрип и Ро­берт Ред­форд. Потоа следеше есенска колекција „Deep blue“, инспирирана од морските длабочини, па „Калеш Анѓа“... За колекцијата „Моја Африка“ Михајловска беше избрана за најдобар дизајнер на 15. издание на Моден викенд Скопје.

Новата колекција која ќе биде претставена на претстојниот Моден викенд Скопје носи наслов „Челинчи магнолии“. Што беше инспирација за насловот за колекцијата пролет-лето?

МИХАЈЛОВСКА: Новата ready to wear пролетна колекција на „Алшар“ е наречена STEEL MAGNOLIAS. Името е инспирација од истоимениот филм, кој е  поим за жени со традиционална женственост, но истовремено тие се наконвенционални и исклучително силни!

Што содржи колекцијата? Дали ќе ги има препознатливите асиметрични кроеви, сликани елементи...

МИХАЈЛОВСКА: Колекцијата соджри повеќе од 30 изгледи по примерот на познатите модни куќи.  Креациите ги имаа препознатливите силуети на мојот бренд: асиметрични кроеви, со многу волумен, сликани елементи и метални патенти, а овој пат се збогатени со рачно везени свилени цветови инсписирани од цветот на магнолија. Додадена вредност на целата колекција е тоа што сите изгледи ќе бидат дополнети со скулптурален метален накит од мојот колега Александар Стојанов - Зорин.

Кои материјали се застапени во колекцијата?

МИХАЈЛОВСКА: Креациите се изработени од памучни брокати, свила, црна, бела, сребрена и златна боја.

Дали само за „челични“ дами е оваа колекција? Кому се му е наменета?

МИХАЈЛОВСКА: Колекцијата е посветена на сите мои пријателки - челични жени! Ја посветувам на сите силни жени кои чекориме низ животот соочувајќи се со сите животни предизвици со љубов, мудрост и истрајност.

По што ќе се издвојува оваа колекција од другите на Силвија Алшар? 

МИХАЈЛОВСКА: Оваа колекција е замислена да содржи безвремнски парчиња облека која не е само моментален тренд, туку се креации кои ќе функционираат и ќе изгледаат свежо, ново и модерно во многу наредни сезони. Станува збор за уникатни, беспрекорно изработени дизајнерски парчиња облека од високо квалитетни ткаенини.

Редовно учестувате на Моден викенд и вашите ревиии привлекуваат многу внимание. Колку и зошто се важни овие настани за модните креатори?

МИХАЈЛОВСКА: Модните ревии за дизајнерот се величенствено креативен, но исцрпувачки процес. Преку нив се реализира визијата на дизајнерот, се создаваат нови трендови, се прикажува целосниот изглед на креациите...

Што мислите за модата во Македонија? Како и во кој правец се развива?

МИХАЈЛОВСКА: Модниот викенд и вакввиот тип на настани многу години ја издигнуваат модата во Македонија на повисокоо ниво, ја едуцираат публиката и се трудат да бидат во чекор со светските трендови. Модните настани се доближување и почит кон публиката и клиентите. Ревии и воопшто нови колекции на моите колеги за жал немаше многу во изминативе години, но имам впечаток дека доаѓаат нови млади и талентирани креативци кои ќе внесат свежина и квалитет на македонската модна сцена во иднина.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Силвија Михајловска, „Алшар“: Колекцијата „Steel Magnolias“ е за сите силни жени кои чекориме низ животот appeared first on Република.

]]>

Модната креаторка Силвија Михајлвоска која стои зад брендот „Алшар“ ја подготовува новата колекција „Челични магнолии“ („Steel Magnolias“) за традиционалниот настан Моден викенд Скопје чие 28. издание почнува денеска и ќе се одржува до 30 март во скопскиот трговски центар „Ист гејт“. Програмата на 28. издание на Моден викенд Скопје започнува денеска во 17 часот со две изложби, на Шпанската амбасада и на Друштвото на ликовни уметници. Од 19 часот е ревијата на дизајнерката Радмила Георгиева. Ревија на студентите на Европскиот универзитет во Скопје ќе се одржи на 29 март од 19 часот, по што следува ревија на дизајнерката Михајловска во 20 часот. На 30 март се ревиите на венчални фустани на Наташа Карцева, Анастасија Трајковска, Ана Весели и други.
Новата пролетна колекција на „Алшар“ е наречена STEEL MAGNOLIAS, а името е инспирација од истоимениот филм, кој е  поим за жени со традиционална женственост, но истовремено се наконвенционални и исклучително силни. Оваа колекција е поддржана и спонзорирана од „Макстил, вели во разговор за „Република“ Михајловска.
Често нејзините колекции се инспирирани од филмови или книги, како на пример ко­лек­ци­ја­та инс­пи­ри­ра­на од фил­мот на Сид­ни По­лак „Мо­ја Афри­ка“, во кој глав­ни­те уло­ги ги тол­ку­ва­ат хо­ли­вуд­ски­те ѕвез­ди Ме­рил Стрип и Ро­берт Ред­форд. Потоа следеше есенска колекција „Deep blue“, инспирирана од морските длабочини, па „Калеш Анѓа“... За колекцијата „Моја Африка“ Михајловска беше избрана за најдобар дизајнер на 15. издание на Моден викенд Скопје. Новата колекција која ќе биде претставена на претстојниот Моден викенд Скопје носи наслов „Челинчи магнолии“. Што беше инспирација за насловот за колекцијата пролет-лето? МИХАЈЛОВСКА: Новата ready to wear пролетна колекција на „Алшар“ е наречена STEEL MAGNOLIAS. Името е инспирација од истоимениот филм, кој е  поим за жени со традиционална женственост, но истовремено тие се наконвенционални и исклучително силни! Што содржи колекцијата? Дали ќе ги има препознатливите асиметрични кроеви, сликани елементи... МИХАЈЛОВСКА: Колекцијата соджри повеќе од 30 изгледи по примерот на познатите модни куќи.  Креациите ги имаа препознатливите силуети на мојот бренд: асиметрични кроеви, со многу волумен, сликани елементи и метални патенти, а овој пат се збогатени со рачно везени свилени цветови инсписирани од цветот на магнолија. Додадена вредност на целата колекција е тоа што сите изгледи ќе бидат дополнети со скулптурален метален накит од мојот колега Александар Стојанов - Зорин. Кои материјали се застапени во колекцијата? МИХАЈЛОВСКА: Креациите се изработени од памучни брокати, свила, црна, бела, сребрена и златна боја. Дали само за „челични“ дами е оваа колекција? Кому се му е наменета? МИХАЈЛОВСКА: Колекцијата е посветена на сите мои пријателки - челични жени! Ја посветувам на сите силни жени кои чекориме низ животот соочувајќи се со сите животни предизвици со љубов, мудрост и истрајност. По што ќе се издвојува оваа колекција од другите на Силвија Алшар?  МИХАЈЛОВСКА: Оваа колекција е замислена да содржи безвремнски парчиња облека која не е само моментален тренд, туку се креации кои ќе функционираат и ќе изгледаат свежо, ново и модерно во многу наредни сезони. Станува збор за уникатни, беспрекорно изработени дизајнерски парчиња облека од високо квалитетни ткаенини. Редовно учестувате на Моден викенд и вашите ревиии привлекуваат многу внимание. Колку и зошто се важни овие настани за модните креатори? МИХАЈЛОВСКА: Модните ревии за дизајнерот се величенствено креативен, но исцрпувачки процес. Преку нив се реализира визијата на дизајнерот, се создаваат нови трендови, се прикажува целосниот изглед на креациите... Што мислите за модата во Македонија? Како и во кој правец се развива? МИХАЈЛОВСКА: Модниот викенд и вакввиот тип на настани многу години ја издигнуваат модата во Македонија на повисокоо ниво, ја едуцираат публиката и се трудат да бидат во чекор со светските трендови. Модните настани се доближување и почит кон публиката и клиентите. Ревии и воопшто нови колекции на моите колеги за жал немаше многу во изминативе години, но имам впечаток дека доаѓаат нови млади и талентирани креативци кои ќе внесат свежина и квалитет на македонската модна сцена во иднина. Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Силвија Михајловска, „Алшар“: Колекцијата „Steel Magnolias“ е за сите силни жени кои чекориме низ животот appeared first on Република.

]]>
„Лебдење“ на ДЛУМ во рамки на изложбата на Скопскиот моден викенд 2024 https://republika.mk/vesti/kultura/lebdene-na-dlum-vo-ramki-na-izlozhbata-na-skopskiot-moden-vikend-2024/ Thu, 28 Mar 2024 08:15:03 +0000 https://republika.mk/?p=759597

Во ТЦ Ист гејт денеска од 18 часот ќе биде отворена изложба на Скопскиот моден викенд 2024.

На покана на организаторите, Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) ќе се претстави со изложба насловена „Лебдење” (Floating) со автори кои работат на текстил во ликовен контекст.

Како што соопшти ДЛУМ, на изложбата ќе учествуваат: Јана Манева-Чупоска, Ана Ивановска, Јана Јакимовска, Страхил Петровски, Гордана Вренцоска, Марјана Којсточиновска Узунчева, и Маја Кировска.

 

The post „Лебдење“ на ДЛУМ во рамки на изложбата на Скопскиот моден викенд 2024 appeared first on Република.

]]>

Во ТЦ Ист гејт денеска од 18 часот ќе биде отворена изложба на Скопскиот моден викенд 2024. На покана на организаторите, Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) ќе се претстави со изложба насловена „Лебдење” (Floating) со автори кои работат на текстил во ликовен контекст. Како што соопшти ДЛУМ, на изложбата ќе учествуваат: Јана Манева-Чупоска, Ана Ивановска, Јана Јакимовска, Страхил Петровски, Гордана Вренцоска, Марјана Којсточиновска Узунчева, и Маја Кировска.  

The post „Лебдење“ на ДЛУМ во рамки на изложбата на Скопскиот моден викенд 2024 appeared first on Република.

]]>
Ученици од Виница приредија изложба во која оризовиот отпад се користи како дизајн материјал https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/uchenitsi-od-vinitsa-priredija-izlozhba-vo-koja-orizoviot-otpad-se-koristi-kako-dizajn-materijal/ Mon, 18 Dec 2023 07:50:42 +0000 https://republika.mk/?p=724121

Оризовиот отпад како дизајн материјал

Под слоганот „Како може оризовиот отпад да се трансформира во дизајн?“, Македонското модно здружение - Скопје заедно со дваесетина млади ученици од СОУ „Ванчо Прке“ - Виница, во петокот приредија изложба на тема „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн-суровина во Општина Кочани и во Општина Виница“, во Домот на културата „Тошо Арсов“ – Виница.

Амбасадорот на Народна Република Кина во Скопје, Неговата Екселенција Џанг Ѕуо и Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков беа дел од гостите на изложбата.

Имено, под менторство на истакнати дизајнери, уметници и креативци кои помагаа во реализација на овој единствен проект, младите креативци имаа можност да ги прикажат резултатите од творењето во изминатите неколку месеци токму во рамките на изложбата. Овој проект беше финансиран од страна на Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ).

Инхерентните врски помеѓу културното наследство, образованието, земјоделството, дизајнот, занаетчиството и економијата се активираат во контекст на проектот. Зголемената свест за оваа меѓузависност ја поттикнува размената на различни вредности, знаења, вештини и компетенции, генерирајќи увид за сите вклучени, но и за еволуција на проектот.

Сите дела се создадени со многу љубов, енергичност и посветеност од страна на талентираните ученици под менторство на уметниците Викторија Митрева и Орхан Камилов од Здружението „Одоната“ – Кочани (изработка на хартија од оризова слама), мајстор - занаетчија Љубинка Механџиска (традиционален разбој), дизајнер Ирина Тошева (мода), Анита Гајтановска од „Lotus Lounge Chair“ (продукт дизајн), Натали Ристовска од „YOVA“ во соработка со студентите од Машинскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (истражување и продукт дизајн), асист. м-р Иво Митрушев и асист. м-р Бранкица Спасева од УКИМ (Нов живот за биоотпад од ориз), Зоран Тодоров од НВО „За здрав живот во Кочани“ (екотеорија), Андријана и Димитар Петровски (фотографија), Благоја Ангеловски (режија и видео).

Преку практични работилници, теоретска настава и креации, учениците од СОУ „Ванчо Прке“ – Виница покажаа како може да се развијат нови дизајни на производи од оризовиот отпад (арпа/ слама), како главен предмет за истражување. Со уметност и иновација, тие покажаа на каков начин може да се искористи потенцијалот на земјоделскиот отпад како алтернативна суровина во производството и дизајнот.

Станува збор за иновации во рамките на овој проект, односно оризовата слама се претвори во вреден квалитетен производ – предиво од оризова слама и волна. Модни креации изработени од текстилни остатоци (добиени од локалната фабрика) и од ткаенина рачно изработена на разбој од предиво од влакна од оризова слама и волна. Ткаенините, направени на рачен разбој, создадоа хармоничен спој на елеганција низ еколошка изработка. Оваа врвна иновација нуди силен потенцијал за да се намали екстензивното согорување на оризовата слама и неговото негативно влијание врз животната средина и климата воопшто.

Различните активности во рамки на проектот за користење на оризовиот отпад се развиени со крајна цел за негова поширока релевантност. Изложбата ќе биде достапна за публиката до 21 декември 2023 година.

 

The post Ученици од Виница приредија изложба во која оризовиот отпад се користи како дизајн материјал appeared first on Република.

]]>

Оризовиот отпад како дизајн материјал Под слоганот „Како може оризовиот отпад да се трансформира во дизајн?“, Македонското модно здружение - Скопје заедно со дваесетина млади ученици од СОУ „Ванчо Прке“ - Виница, во петокот приредија изложба на тема „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн-суровина во Општина Кочани и во Општина Виница“, во Домот на културата „Тошо Арсов“ – Виница. Амбасадорот на Народна Република Кина во Скопје, Неговата Екселенција Џанг Ѕуо и Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков беа дел од гостите на изложбата. Имено, под менторство на истакнати дизајнери, уметници и креативци кои помагаа во реализација на овој единствен проект, младите креативци имаа можност да ги прикажат резултатите од творењето во изминатите неколку месеци токму во рамките на изложбата. Овој проект беше финансиран од страна на Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ). Инхерентните врски помеѓу културното наследство, образованието, земјоделството, дизајнот, занаетчиството и економијата се активираат во контекст на проектот. Зголемената свест за оваа меѓузависност ја поттикнува размената на различни вредности, знаења, вештини и компетенции, генерирајќи увид за сите вклучени, но и за еволуција на проектот. Сите дела се создадени со многу љубов, енергичност и посветеност од страна на талентираните ученици под менторство на уметниците Викторија Митрева и Орхан Камилов од Здружението „Одоната“ – Кочани (изработка на хартија од оризова слама), мајстор - занаетчија Љубинка Механџиска (традиционален разбој), дизајнер Ирина Тошева (мода), Анита Гајтановска од „Lotus Lounge Chair“ (продукт дизајн), Натали Ристовска од „YOVA“ во соработка со студентите од Машинскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (истражување и продукт дизајн), асист. м-р Иво Митрушев и асист. м-р Бранкица Спасева од УКИМ (Нов живот за биоотпад од ориз), Зоран Тодоров од НВО „За здрав живот во Кочани“ (екотеорија), Андријана и Димитар Петровски (фотографија), Благоја Ангеловски (режија и видео). Преку практични работилници, теоретска настава и креации, учениците од СОУ „Ванчо Прке“ – Виница покажаа како може да се развијат нови дизајни на производи од оризовиот отпад (арпа/ слама), како главен предмет за истражување. Со уметност и иновација, тие покажаа на каков начин може да се искористи потенцијалот на земјоделскиот отпад како алтернативна суровина во производството и дизајнот. Станува збор за иновации во рамките на овој проект, односно оризовата слама се претвори во вреден квалитетен производ – предиво од оризова слама и волна. Модни креации изработени од текстилни остатоци (добиени од локалната фабрика) и од ткаенина рачно изработена на разбој од предиво од влакна од оризова слама и волна. Ткаенините, направени на рачен разбој, создадоа хармоничен спој на елеганција низ еколошка изработка. Оваа врвна иновација нуди силен потенцијал за да се намали екстензивното согорување на оризовата слама и неговото негативно влијание врз животната средина и климата воопшто. Различните активности во рамки на проектот за користење на оризовиот отпад се развиени со крајна цел за негова поширока релевантност. Изложбата ќе биде достапна за публиката до 21 декември 2023 година.  

The post Ученици од Виница приредија изложба во која оризовиот отпад се користи како дизајн материјал appeared first on Република.

]]>
Почна 27. издание на Моден викенд Скопје, во фокусот е одржливата мода и иновативниот дизајн https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/pochna-27-izdanie-na-moden-vikend-skopje-vo-fokusot-e-odrzhlivata-moda-i-inovativniot-dizajn/ Fri, 29 Sep 2023 09:39:53 +0000 https://republika.mk/?p=686293

Со ревијата на Аника Илоска која го одбележа своето деби со „Перениал“ и колекцијата „Capsule 03“ синоќа во комплексот „Урбан граден“ во скопски Аеродром почна 27. издание на Моден викенд Скопје каде што во фокусот е одржливата мода и иноватовниот дизајн.

Креациите на Илоска танцуваа меѓу безвременската елеганција и современиот раб. Нејзините дизајни, повторувајќи ја одржливоста, имаа суптилни отпечатоци од нејзината единствена визија, покажувајќи деликатна рамнотежа помеѓу флуидноста и структурата.

Ова издание на FWSK продолжува да ја истакнува одржливоста, тема која организаторите ја застапуваат подолг период, нагласувајќи ја улогата на заедницата во свесниот дизајн и модата.

Сестрите од дизајнерското дуо, Едита и Блерина Деда, направија впечатлив влез на стартот на FWSK со претставувањето на нивниот бренд „CRIUS“ и нивната деби колекција „7 Deadly Sins“. Секое парче илустрираше своја приказна, преку слични текстури и еклектични палети.

Првата вечер, свое претставување имаше и Вера Ангелако со „Wear the party“ од брендот PINC Partywear. Нејзините дизајни ја отсликуваа нејзината посветеност на одржлива мода, како олицетворение на духот на свесните прослави.

И Радмила Георгиева ја прикажа својата колекција „Слобода“, афирмирајќи го својот матичен Европскиот универзитет во Скопје. Дизајните на Георгиева одразуваа хармонична синтеза на едноставноста и иновативноста.

Александра Митковска го затвори првиот ден на Моден викенд Скопје, со својата колекција „VIBRAZIONI DESIGN“. Митковска ја спојува едноставноста со авангардата, канализирајќи ја својата способност да создава наративи преку нејзините дизајни.

The post Почна 27. издание на Моден викенд Скопје, во фокусот е одржливата мода и иновативниот дизајн appeared first on Република.

]]>

Со ревијата на Аника Илоска која го одбележа своето деби со „Перениал“ и колекцијата „Capsule 03“ синоќа во комплексот „Урбан граден“ во скопски Аеродром почна 27. издание на Моден викенд Скопје каде што во фокусот е одржливата мода и иноватовниот дизајн. Креациите на Илоска танцуваа меѓу безвременската елеганција и современиот раб. Нејзините дизајни, повторувајќи ја одржливоста, имаа суптилни отпечатоци од нејзината единствена визија, покажувајќи деликатна рамнотежа помеѓу флуидноста и структурата. Ова издание на FWSK продолжува да ја истакнува одржливоста, тема која организаторите ја застапуваат подолг период, нагласувајќи ја улогата на заедницата во свесниот дизајн и модата. Сестрите од дизајнерското дуо, Едита и Блерина Деда, направија впечатлив влез на стартот на FWSK со претставувањето на нивниот бренд „CRIUS“ и нивната деби колекција „7 Deadly Sins“. Секое парче илустрираше своја приказна, преку слични текстури и еклектични палети. Првата вечер, свое претставување имаше и Вера Ангелако со „Wear the party“ од брендот PINC Partywear. Нејзините дизајни ја отсликуваа нејзината посветеност на одржлива мода, како олицетворение на духот на свесните прослави. И Радмила Георгиева ја прикажа својата колекција „Слобода“, афирмирајќи го својот матичен Европскиот универзитет во Скопје. Дизајните на Георгиева одразуваа хармонична синтеза на едноставноста и иновативноста. Александра Митковска го затвори првиот ден на Моден викенд Скопје, со својата колекција „VIBRAZIONI DESIGN“. Митковска ја спојува едноставноста со авангардата, канализирајќи ја својата способност да создава наративи преку нејзините дизајни.

The post Почна 27. издание на Моден викенд Скопје, во фокусот е одржливата мода и иновативниот дизајн appeared first on Република.

]]>
Почнува 27. издание на Моден викенд Скопје https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/pochnuva-27-izdanie-na-moden-vikend-skopje/ Thu, 28 Sep 2023 07:54:48 +0000 https://republika.mk/?p=685849

„Улогата на заедницата во свесен дизајн и мода“ е темата на годинашното 27. издание на Моден викенд во Скопје (FWSK) кој започнува денеска и ќе трае до 30 септември.

Како што информираат организаторите, FWSK ќе го трансформира комплексот Urban Garden во скопскиот Аеродром во раздвижен центар на модата и креативноста.

Ова нема да е само полигон за прикажување на најновите колекции од младите дизајнери за оваа сезона. Тридневната екстраваганција има намера да поттикне значајни разговори, поставувајќи покрај модната писта и простори за работилници, уметност, проекции на филмови и ангажирани разговори кои навлегуваат од интересен агол во актуелната тема за одржливоста во модното царство, велат оттаму.

Дополнуваат дека идејата на FWSK не е само да презентира, туку да ја едуцира, инспирира и придвижува заедницата кон поодржлива иднина.

Со нудење на спој на модни ревии, експериментални колекции и необични простори за излагање, FWSK има за цел не само да ја истакне убавината и уметноста на дизајнот, туку и да ја нагласи колективната одговорност на модната индустрија кон нашата планета. Овој настан е етаблиран повик за акција, потсетувајќи ги сите вклучени - од дизајнери до потрошувачи - на критичната улога што ја играат во обликувањето на иднината, дополнуваат тие.

 

The post Почнува 27. издание на Моден викенд Скопје appeared first on Република.

]]>

„Улогата на заедницата во свесен дизајн и мода“ е темата на годинашното 27. издание на Моден викенд во Скопје (FWSK) кој започнува денеска и ќе трае до 30 септември. Како што информираат организаторите, FWSK ќе го трансформира комплексот Urban Garden во скопскиот Аеродром во раздвижен центар на модата и креативноста.
Ова нема да е само полигон за прикажување на најновите колекции од младите дизајнери за оваа сезона. Тридневната екстраваганција има намера да поттикне значајни разговори, поставувајќи покрај модната писта и простори за работилници, уметност, проекции на филмови и ангажирани разговори кои навлегуваат од интересен агол во актуелната тема за одржливоста во модното царство, велат оттаму.
Дополнуваат дека идејата на FWSK не е само да презентира, туку да ја едуцира, инспирира и придвижува заедницата кон поодржлива иднина.
Со нудење на спој на модни ревии, експериментални колекции и необични простори за излагање, FWSK има за цел не само да ја истакне убавината и уметноста на дизајнот, туку и да ја нагласи колективната одговорност на модната индустрија кон нашата планета. Овој настан е етаблиран повик за акција, потсетувајќи ги сите вклучени - од дизајнери до потрошувачи - на критичната улога што ја играат во обликувањето на иднината, дополнуваат тие.
 

The post Почнува 27. издание на Моден викенд Скопје appeared first on Република.

]]>
„Улогата на заедницата во свесен дизајн и мода“ е слоганот на 27. издание на Моден викенд Скопје https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/ulogata-na-zaednitsata-vo-svesen-dizajn-i-moda-e-sloganot-na-27-izdanie-na-moden-vikend-skopje/ Thu, 21 Sep 2023 14:57:51 +0000 https://republika.mk/?p=683845

Големиот моден викенд во Скопје (FWSK), традиционално доаѓа во својот термин на стартот на есента, што ќе значи уште едно надминување на конвенционалните граници на стилот. И за ова 27. издание продолжува тенденцијата организаторот да става акцент на темата која одамна тој тим ја лоцира како релевантна, а тоа е одржливоста под слоганот „Улогата на заедницата во свесен дизајн и мода“.

Од 28-ми до 30-ти септември, FWSK ќе го трансформира комплексот Urban Garden во скопскиот Аеродром во раздвижен центар на модата и креативноста. Сепак, ова нема да е само полигон за прикажување на најновите колекции од младите дизајнери за оваа сезона. Тридневната екстраваганција има намера да поттикне значајни разговори, поставувајќи покрај модната писта и простори за работилници, уметност, проекции на филмови и ангажирани разговори кои навлегуваат од интересен агол во актуелната тема за одржливоста во модното царство.

Напорот на FWSK не е само да презентира, туку да ја едуцира, инспирира и придвижува заедницата кон поодржлива иднина. Со нудење на спој на модни ревии, експериментални колекции и необични простори за излагање, FWSK има за цел не само да ја истакне убавината и уметноста на дизајнот, туку и да ја нагласи колективната одговорност на модната индустрија кон нашата планета. Овој настан е етаблиран повик за акција, потсетувајќи ги сите вклучени - од дизајнери до потрошувачи - на критичната улога што ја играат во обликувањето на иднината.

Голден Арт, со комплексот Урбан Гарден, ја има ценетата титула на генерален покровител и официјална локација за FWSK, обезбедувајќи амбиент кој е и шик и необичен. Со секоја дизајнерска креација што ќе ја освојува пистата, до секој разговор што ја буди мислата за одржлива мода, ова место ветува дека ќе биде епицентар на модните иновации во овие три денови.

Моден викенд Скопје е повеќе од настан, тоа е движење. Тоа е покана да се нурнете во современата култура за модата, да ги разберете нејзините нијанси и да го славите нејзиниот потенцијал. Затоа, обележете ги вашите календари и бидете дел од ова револуционерно рандеву. Заедно можеме да замислиме и обликуваме иднина каде модата не е само сјај што заслепува, туку и прави разлика„ - истакнуваат организаторите.

27-то издание на Моден викенд Скопје (FWSK) ќе биде настан каде свесниот дизајн го зазема централно место, каде трендовите се значајни, но во обликување на иднината. Да потсетиме, Скопје е еден од водечките градови во овој дел од светот, каде благодарение на FWSK се истражува подлабоката улога на заедницата во модата и каде што модата станува дијалог за промена.

За деталната програма на тридневниот Моден викенд Скопје, кликнете тука.

 

The post „Улогата на заедницата во свесен дизајн и мода“ е слоганот на 27. издание на Моден викенд Скопје appeared first on Република.

]]>

Големиот моден викенд во Скопје (FWSK), традиционално доаѓа во својот термин на стартот на есента, што ќе значи уште едно надминување на конвенционалните граници на стилот. И за ова 27. издание продолжува тенденцијата организаторот да става акцент на темата која одамна тој тим ја лоцира како релевантна, а тоа е одржливоста под слоганот „Улогата на заедницата во свесен дизајн и мода“. Од 28-ми до 30-ти септември, FWSK ќе го трансформира комплексот Urban Garden во скопскиот Аеродром во раздвижен центар на модата и креативноста. Сепак, ова нема да е само полигон за прикажување на најновите колекции од младите дизајнери за оваа сезона. Тридневната екстраваганција има намера да поттикне значајни разговори, поставувајќи покрај модната писта и простори за работилници, уметност, проекции на филмови и ангажирани разговори кои навлегуваат од интересен агол во актуелната тема за одржливоста во модното царство. Напорот на FWSK не е само да презентира, туку да ја едуцира, инспирира и придвижува заедницата кон поодржлива иднина. Со нудење на спој на модни ревии, експериментални колекции и необични простори за излагање, FWSK има за цел не само да ја истакне убавината и уметноста на дизајнот, туку и да ја нагласи колективната одговорност на модната индустрија кон нашата планета. Овој настан е етаблиран повик за акција, потсетувајќи ги сите вклучени - од дизајнери до потрошувачи - на критичната улога што ја играат во обликувањето на иднината. Голден Арт, со комплексот Урбан Гарден, ја има ценетата титула на генерален покровител и официјална локација за FWSK, обезбедувајќи амбиент кој е и шик и необичен. Со секоја дизајнерска креација што ќе ја освојува пистата, до секој разговор што ја буди мислата за одржлива мода, ова место ветува дека ќе биде епицентар на модните иновации во овие три денови.
Моден викенд Скопје е повеќе од настан, тоа е движење. Тоа е покана да се нурнете во современата култура за модата, да ги разберете нејзините нијанси и да го славите нејзиниот потенцијал. Затоа, обележете ги вашите календари и бидете дел од ова револуционерно рандеву. Заедно можеме да замислиме и обликуваме иднина каде модата не е само сјај што заслепува, туку и прави разлика„ - истакнуваат организаторите.
27-то издание на Моден викенд Скопје (FWSK) ќе биде настан каде свесниот дизајн го зазема централно место, каде трендовите се значајни, но во обликување на иднината. Да потсетиме, Скопје е еден од водечките градови во овој дел од светот, каде благодарение на FWSK се истражува подлабоката улога на заедницата во модата и каде што модата станува дијалог за промена. За деталната програма на тридневниот Моден викенд Скопје, кликнете тука.  

The post „Улогата на заедницата во свесен дизајн и мода“ е слоганот на 27. издание на Моден викенд Скопје appeared first on Република.

]]>
Отворен скопскиот моден фестивал https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/otvoren-skopskiot-moden-festival/ Fri, 11 Nov 2022 07:18:53 +0000 https://republika.mk/?p=572549

Втората сезона на најголемиот моден настан во земјата почна минатата вечер со свечено гала отворање на синиот тепих и три автентични ревии во трговскиот центар Скопје Сити Мол.

Маја Кикириткова, Етник Шала и школата Скала го отворија Скопски моден фестивал.

Под називот „Ти можеш, ти си силна“, познатата македонска дизајнерка Маја Кикириткова, чиј потпис е на брендот „Eleazar“, на многубројната публика ѝ претстави уникатни креации скроени за самоуверени жени. Елегантната црна, златната и сивата боја обликуваа сериозен крој каков што ѝ доликува на една вистинска дама.

Инспирацијата лежи во жената во својата најдлабока форма, жена која навидум изгледа како санта мраз, но со еден допир станува мека, нежна , вака дизајнерката го долови приказот на вчерашниот подиум.

По неа следуваше ревиското деби во земјата на косовскиот дизјанер Етник Шала, кој на посетителите им се претстави преку авангардна ревија на својата најнова колекција. „Гобленот“ беше вивидно забележлив во деталите на фустаните, а освен тоа последниот модел изнесе целосна слика на еден гоблен извезена во вид на наметка. Тоновите на жолта, кафена и зелена боја, комбинирани со розево оддаваа впечаток дека тоа е следниот нов фустан што ѝ прилега на една девојка која не се плаши да се искаже низ облеката.

Секогаш се трудам да создавам снетиментални креации врзани со моето детство и местото од каде потекнувам. Секое парче е всушност уметничко дело направено преку механички слики извезени во бројки и бои, истакнува Шала.

Крајот на првата вечер бликна во светлото на идната генерација македонски дизјанери, студентите на Академијата на моден дизајн при Школата за дизајн, уметност и технологија - „Скала" [поранешно „Џолев и уметностите"] кои на оригинален моден начин ги нанижаа своите креации пред сите присутни на ревијата.

Инспирирани од претходните декади, застапеното либерално движење со панкерска нота, петте студентки, Марија Трајковска, Ангела Спасовска, Луна Аврамовска, Милица Димитријевиќ и Ива Ивановска навестија експериментални трендови што не влегуваат во рамките на секојдневната мода. Истовремено, креациите блиски до студентите се блиски до помладите генерации, па во фокусот беа смели комбинации од каро здолниште и блузички од тантела и ракавици.

За шминката на моделите се погрижи креативниот тим на Make up Factory, предводен од визажистите Милена Косиќ, Сашка Мирчевска – Sashions, Васе Доковски и Андријана Сребренова, додека за нивните фризури е заслужно студиото Grace и производите на Revlon Professional.

Официјален партнер за убавина на настанот е Natura Therapy. Автор на фотографиите е Антонио Станков.

Фестивалот продолжува денес од 18:30 часот, кога на сината писта, како протагонисти на втората ревиска вечер ќе продефилираат колекциите на дизајнерките Мелани Дигит, Сара Реџиќ, модното ателје Краљевски и најновата линија од Роберт Ивановски.

The post Отворен скопскиот моден фестивал appeared first on Република.

]]>

Втората сезона на најголемиот моден настан во земјата почна минатата вечер со свечено гала отворање на синиот тепих и три автентични ревии во трговскиот центар Скопје Сити Мол. Маја Кикириткова, Етник Шала и школата Скала го отворија Скопски моден фестивал. Под називот „Ти можеш, ти си силна“, познатата македонска дизајнерка Маја Кикириткова, чиј потпис е на брендот „Eleazar“, на многубројната публика ѝ претстави уникатни креации скроени за самоуверени жени. Елегантната црна, златната и сивата боја обликуваа сериозен крој каков што ѝ доликува на една вистинска дама.
Инспирацијата лежи во жената во својата најдлабока форма, жена која навидум изгледа како санта мраз, но со еден допир станува мека, нежна , вака дизајнерката го долови приказот на вчерашниот подиум.
По неа следуваше ревиското деби во земјата на косовскиот дизјанер Етник Шала, кој на посетителите им се претстави преку авангардна ревија на својата најнова колекција. „Гобленот“ беше вивидно забележлив во деталите на фустаните, а освен тоа последниот модел изнесе целосна слика на еден гоблен извезена во вид на наметка. Тоновите на жолта, кафена и зелена боја, комбинирани со розево оддаваа впечаток дека тоа е следниот нов фустан што ѝ прилега на една девојка која не се плаши да се искаже низ облеката.
Секогаш се трудам да создавам снетиментални креации врзани со моето детство и местото од каде потекнувам. Секое парче е всушност уметничко дело направено преку механички слики извезени во бројки и бои, истакнува Шала.
Крајот на првата вечер бликна во светлото на идната генерација македонски дизјанери, студентите на Академијата на моден дизајн при Школата за дизајн, уметност и технологија - „Скала" [поранешно „Џолев и уметностите"] кои на оригинален моден начин ги нанижаа своите креации пред сите присутни на ревијата. Инспирирани од претходните декади, застапеното либерално движење со панкерска нота, петте студентки, Марија Трајковска, Ангела Спасовска, Луна Аврамовска, Милица Димитријевиќ и Ива Ивановска навестија експериментални трендови што не влегуваат во рамките на секојдневната мода. Истовремено, креациите блиски до студентите се блиски до помладите генерации, па во фокусот беа смели комбинации од каро здолниште и блузички од тантела и ракавици. За шминката на моделите се погрижи креативниот тим на Make up Factory, предводен од визажистите Милена Косиќ, Сашка Мирчевска – Sashions, Васе Доковски и Андријана Сребренова, додека за нивните фризури е заслужно студиото Grace и производите на Revlon Professional. Официјален партнер за убавина на настанот е Natura Therapy. Автор на фотографиите е Антонио Станков. Фестивалот продолжува денес од 18:30 часот, кога на сината писта, како протагонисти на втората ревиска вечер ќе продефилираат колекциите на дизајнерките Мелани Дигит, Сара Реџиќ, модното ателје Краљевски и најновата линија од Роберт Ивановски.

The post Отворен скопскиот моден фестивал appeared first on Република.

]]>
25. издание на Моден викенд Скопје посветено на младите дизајнери кои креираат одржлива и еколошка ода https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/25-izdanie-na-moden-vikend-skopje-posveteno-na-mladite-dizajneri-koi-kreiraat-odrzliva-i-ekoloshka-oda/ Mon, 27 Jun 2022 08:42:12 +0000 https://republika.mk/?p=520121

25. издание на Моден викенд Скопје кое заврши викендов, а се одржа во Градски парк во Скопје беше посветено на младите дизајнери кои креираат одржлива и еколошка ода.

Во првиот, неофицијален дел на Моден Викенд се одржа дебата на темата „Вработување на младите во модната индустрија“. Говореа Оливер Андреески – член на Управниот Одбор при Националниот младински совет на Македонија,  Иван Ивановски – сопственик на брендот SALT, моделарот Катерина Тошева Блажевска (pattern making) и дизајнерот Никола Јовановски од брендот Bella. Милка Јовановска, специјалистот за човечки ресурси исто така беше на оваа тркалезна маса се со цел, да им одговори на прашањата на публиката на теми нормално, поврзани со модата, но од еден малку поинаков агол.

Вториот дел, или втората тркалезна маса беше отстапена за елаборирање и преиспитување на темите поврзани со придонесот на македонските дизајнери во општеството, но и во младинското претприемништво. Модератор беше Ива Дујак од Creative Talks, а Филип Барбутов и Мартин Николоски, ко-основачите на пријателскиот бренд за декорација на домот - Tiera Studios, Натали Ристовска, ко-основачот на етички рачно изработениот бренд Yovanka и Јасмина Чанева Лазовска, директорот на тренинг центарот VM3D за 3D моден дизајн беа тука да  да одговараат на поставените прашања од присутните.

Ревијалниот дел го отворија студентите од ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје со нивната колекција „Разбој во развој“. Колекцијата е осмислена да можат во неа да се пронајдат разни генерации, секој да ја протолкува на свој начин, притоа не заборавајќи на разбојот. Дека нешто што може да се аплицира во денешнината, може да трае и трае и да продолжи да живее низ вековите во разни форми, облици и модни димензии.

Под менторство на професорката Сања Ристески, дипломците од Технолошко-техничкиот факултет при УГД „Гоце Делчев“ од Штип се претставија со модели инспирирани од текстилниот отпад. Ова атипично претставување ја прикажа нивната идеја и инспирација за една колекција која покрај естетската димензија нуди една поинаква перцепција.

Следеште модното шоу на студентите од Американскиот Универзитет на Европа – ФОН, од факултетот за дизајн и мултимедија. Под менторство на професорката Емилија Славкова студентите изработија колекција која понуди поинакви приказни од различните творци на моделите. Секој студент работел на негова лична приказна која била развивана во изминатиот семестар. Практичната работа на студентите очигледно резултирала со професионална љубопитност и стремеж кон лично надградување и усовршување.

Во рамките на 25-тиот Моден Викенд Скопје, првите чекори на домашната сцена ги направи и модната дизајнерка Шќипоње Абудили од Интернационалниот институт за мода Изет Цури, дебитирајќи со дипломската колекција инспирирана од јапонското кимоно.

Студентите од Европскиот Универзитет Скопје, од Факултетот за арт и дизајн се претставија со селекција на креации од осум студенти од насоката моден дизајн. На ревијата тие ги прикажаа финалните модели кои произлегуваат од процесот на дизајнирање, почнувајќи од формирањето на темата на колекцијата, истражувањето, модните илустрации и техничките скици, изборот на бои и материјали, изработка на облеката. Деконструкција, одржливост, рециклирање и поп-арт се само дел од темите кои влијаеле врз инспирацијата на студентите. Ментори биле проф. д-р Јана Манев Чупоска и проф. м-р Маја Ѓуреска.

Алумни студентките од Академијата за моден дизајн на Школата за дизајн, уметност и технологија „Скала“, од Џолев и уметностите се претставија со своите последни модни изработки во различни стилови, инспирации и избор на материјали.

Прекрасните полиња со лаванда во Тиквешкиот регион беа главна инспирација за „Lavender Fields“, колекцијата на шапки и модни додатоци на Мирјана Јосифовска.

Следеа колекциите на Сара Величковска, која се претстави со колекцијата „Хемофобија“, потоа „Опиум“ на Верица Накова, Катерина Тошева со „Ноќни лисја“.

25. издание на Моден викенд Скопје го затворија студентите од ТМФ при УКИМ, од институт за дизајн и инженеринг на облека. Шоуто насловено како „Метаверзум или универзум“ всушност беше перформанс, преку кој беше пренесена навистина моќна порака. Идејата за метаверзумот дефинитивно ќе еволуира, ќе се менува, но останува прашањето дали ние воопшто тоа го сакаме или сета таа „фама“ ни е наметната? Професорката и менторка Лидија Георгиева поставила навистина „скромно“ прашање, кое неочекувајќи ги „телепортирало“ студентите во еден нов универзум во размислување за овој нов виртуелен тренд. Каде е подобро да се испие кафето – виртуелно во Париз со некој ваш близок, или дома во пријатна атмосфера? На виртуелна изложба во Њујорк веднаш и сега, или на таа иста изложба, но со сите они претходни подготовки месеци и месеци за да се „летне“ позади барата?

Фотографии: Јордан Ѓорески, Миладин Паповиќ

The post 25. издание на Моден викенд Скопје посветено на младите дизајнери кои креираат одржлива и еколошка ода appeared first on Република.

]]>

25. издание на Моден викенд Скопје кое заврши викендов, а се одржа во Градски парк во Скопје беше посветено на младите дизајнери кои креираат одржлива и еколошка ода. Во првиот, неофицијален дел на Моден Викенд се одржа дебата на темата „Вработување на младите во модната индустрија“. Говореа Оливер Андреески – член на Управниот Одбор при Националниот младински совет на Македонија,  Иван Ивановски – сопственик на брендот SALT, моделарот Катерина Тошева Блажевска (pattern making) и дизајнерот Никола Јовановски од брендот Bella. Милка Јовановска, специјалистот за човечки ресурси исто така беше на оваа тркалезна маса се со цел, да им одговори на прашањата на публиката на теми нормално, поврзани со модата, но од еден малку поинаков агол. Вториот дел, или втората тркалезна маса беше отстапена за елаборирање и преиспитување на темите поврзани со придонесот на македонските дизајнери во општеството, но и во младинското претприемништво. Модератор беше Ива Дујак од Creative Talks, а Филип Барбутов и Мартин Николоски, ко-основачите на пријателскиот бренд за декорација на домот - Tiera Studios, Натали Ристовска, ко-основачот на етички рачно изработениот бренд Yovanka и Јасмина Чанева Лазовска, директорот на тренинг центарот VM3D за 3D моден дизајн беа тука да  да одговараат на поставените прашања од присутните. Ревијалниот дел го отворија студентите од ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје со нивната колекција „Разбој во развој“. Колекцијата е осмислена да можат во неа да се пронајдат разни генерации, секој да ја протолкува на свој начин, притоа не заборавајќи на разбојот. Дека нешто што може да се аплицира во денешнината, може да трае и трае и да продолжи да живее низ вековите во разни форми, облици и модни димензии. Под менторство на професорката Сања Ристески, дипломците од Технолошко-техничкиот факултет при УГД „Гоце Делчев“ од Штип се претставија со модели инспирирани од текстилниот отпад. Ова атипично претставување ја прикажа нивната идеја и инспирација за една колекција која покрај естетската димензија нуди една поинаква перцепција. Следеште модното шоу на студентите од Американскиот Универзитет на Европа – ФОН, од факултетот за дизајн и мултимедија. Под менторство на професорката Емилија Славкова студентите изработија колекција која понуди поинакви приказни од различните творци на моделите. Секој студент работел на негова лична приказна која била развивана во изминатиот семестар. Практичната работа на студентите очигледно резултирала со професионална љубопитност и стремеж кон лично надградување и усовршување. Во рамките на 25-тиот Моден Викенд Скопје, првите чекори на домашната сцена ги направи и модната дизајнерка Шќипоње Абудили од Интернационалниот институт за мода Изет Цури, дебитирајќи со дипломската колекција инспирирана од јапонското кимоно. Студентите од Европскиот Универзитет Скопје, од Факултетот за арт и дизајн се претставија со селекција на креации од осум студенти од насоката моден дизајн. На ревијата тие ги прикажаа финалните модели кои произлегуваат од процесот на дизајнирање, почнувајќи од формирањето на темата на колекцијата, истражувањето, модните илустрации и техничките скици, изборот на бои и материјали, изработка на облеката. Деконструкција, одржливост, рециклирање и поп-арт се само дел од темите кои влијаеле врз инспирацијата на студентите. Ментори биле проф. д-р Јана Манев Чупоска и проф. м-р Маја Ѓуреска. Алумни студентките од Академијата за моден дизајн на Школата за дизајн, уметност и технологија „Скала“, од Џолев и уметностите се претставија со своите последни модни изработки во различни стилови, инспирации и избор на материјали. Прекрасните полиња со лаванда во Тиквешкиот регион беа главна инспирација за „Lavender Fields“, колекцијата на шапки и модни додатоци на Мирјана Јосифовска. Следеа колекциите на Сара Величковска, која се претстави со колекцијата „Хемофобија“, потоа „Опиум“ на Верица Накова, Катерина Тошева со „Ноќни лисја“. 25. издание на Моден викенд Скопје го затворија студентите од ТМФ при УКИМ, од институт за дизајн и инженеринг на облека. Шоуто насловено како „Метаверзум или универзум“ всушност беше перформанс, преку кој беше пренесена навистина моќна порака. Идејата за метаверзумот дефинитивно ќе еволуира, ќе се менува, но останува прашањето дали ние воопшто тоа го сакаме или сета таа „фама“ ни е наметната? Професорката и менторка Лидија Георгиева поставила навистина „скромно“ прашање, кое неочекувајќи ги „телепортирало“ студентите во еден нов универзум во размислување за овој нов виртуелен тренд. Каде е подобро да се испие кафето – виртуелно во Париз со некој ваш близок, или дома во пријатна атмосфера? На виртуелна изложба во Њујорк веднаш и сега, или на таа иста изложба, но со сите они претходни подготовки месеци и месеци за да се „летне“ позади барата? Фотографии: Јордан Ѓорески, Миладин Паповиќ

The post 25. издание на Моден викенд Скопје посветено на младите дизајнери кои креираат одржлива и еколошка ода appeared first on Република.

]]>
Новата генерација млади дизајнери е во фокусот на 25. издание на Моден викенд Скопје https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/novata-generacija-mladi-dizajneri-e-vo-fokusot-na-25-izdanie-na-moden-vikend-skopje/ Tue, 14 Jun 2022 09:22:00 +0000 https://republika.mk/?p=514899

25. издание на Моден викенд Скопје ќе се одржи на 25 јуни во 17 часот во Градскиот парк, под мотото „Discover Who’s Next Graduation Show“, соопшти организаторот.

Живееме во една модерна ера во која сме сведоци на младите кои секојдневно се повеќе имаат интерес за модата, за нејзино креирање, па дури и за нејзиното „сетирање“. Деновиве се повеќе слушаме за NFT мода, за дигитални артисти, па нема да бидеме изненадени ако наскоро „новата генерација“ што ќе се претстави на Модниот викенд во Скопје ја видиме на некој од билбордите во Њујорк, Париз, Хонг Конг како дел од некоја ултра модерна NFT модна колекција, велат од организацијата на најголемиот моден настан кај нас.

Оваа сезона Моден Викенд Скопје им го отстапува местото на новите генерации на модни дизајнери, па така, ревиите на студентите од ДУЦОР „Партенија Зографски“, Скопје, дипломците од Универзитет „Гоце Делчев“, Штип (Технолошко- технички факултет), и студентите при Американски универзитет на Европа-ФОН (Факултет за дизајн и мултимедија) ќе бидат само дел од оние што ќе продефилираат низ Градскиот парк.

Интернационалниот институт за мода Изет Цури ќе се претстави со колекцијата на Шќипоње Абудили, а тука ќе бидат и Европскиот Универзитет, Скопје (Факултетот за арт и дизајн), Џолев и Уметностите-со нивната школа за дизајн, уметност и технологија „Скала“, и на крај, тука се студенти од ТМФ при УКИМ, од институтот за дизајн и инженеринг на облека.

Посетителите на овој „летен“ Моден Викенд ќе имаат чест за првпат да се запознаат со Националниот младински совет на Македонија, вклучително и Првиот саем за вработување млади во модната индустрија.

Ива Дујак од Creative Talks ќе биде модеротор на кружната маса на тема: „Елаборирање и преиспитување на придонесот на дизајнерите во општеството“.

Позади графичкиот идентитет на настанот стои Јана Марковска со креативнотот студио DO:MORE, додека 3Д анимираниот концепт е дело на Ѓорѓи Десподов.

The post Новата генерација млади дизајнери е во фокусот на 25. издание на Моден викенд Скопје appeared first on Република.

]]>

25. издание на Моден викенд Скопје ќе се одржи на 25 јуни во 17 часот во Градскиот парк, под мотото „Discover Who’s Next Graduation Show“, соопшти организаторот.
Живееме во една модерна ера во која сме сведоци на младите кои секојдневно се повеќе имаат интерес за модата, за нејзино креирање, па дури и за нејзиното „сетирање“. Деновиве се повеќе слушаме за NFT мода, за дигитални артисти, па нема да бидеме изненадени ако наскоро „новата генерација“ што ќе се претстави на Модниот викенд во Скопје ја видиме на некој од билбордите во Њујорк, Париз, Хонг Конг како дел од некоја ултра модерна NFT модна колекција, велат од организацијата на најголемиот моден настан кај нас.
Оваа сезона Моден Викенд Скопје им го отстапува местото на новите генерации на модни дизајнери, па така, ревиите на студентите од ДУЦОР „Партенија Зографски“, Скопје, дипломците од Универзитет „Гоце Делчев“, Штип (Технолошко- технички факултет), и студентите при Американски универзитет на Европа-ФОН (Факултет за дизајн и мултимедија) ќе бидат само дел од оние што ќе продефилираат низ Градскиот парк. Интернационалниот институт за мода Изет Цури ќе се претстави со колекцијата на Шќипоње Абудили, а тука ќе бидат и Европскиот Универзитет, Скопје (Факултетот за арт и дизајн), Џолев и Уметностите-со нивната школа за дизајн, уметност и технологија „Скала“, и на крај, тука се студенти од ТМФ при УКИМ, од институтот за дизајн и инженеринг на облека. Посетителите на овој „летен“ Моден Викенд ќе имаат чест за првпат да се запознаат со Националниот младински совет на Македонија, вклучително и Првиот саем за вработување млади во модната индустрија. Ива Дујак од Creative Talks ќе биде модеротор на кружната маса на тема: „Елаборирање и преиспитување на придонесот на дизајнерите во општеството“. Позади графичкиот идентитет на настанот стои Јана Марковска со креативнотот студио DO:MORE, додека 3Д анимираниот концепт е дело на Ѓорѓи Десподов.

The post Новата генерација млади дизајнери е во фокусот на 25. издание на Моден викенд Скопје appeared first on Република.

]]>
Скопски моден фестивал премиерно во Сити Мол од 4 до 27 март https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/skopski-moden-festival-premierno-vo-siti-mol-od-4-do-27-mart/ Mon, 28 Feb 2022 09:42:04 +0000 https://republika.mk/?p=465082

Првата сезона на најголемиот моден настан во метрополата ќе се одвива во трговскиот центар од 4 до 27 март. Учесници на фестивалот се реномирани дизајнери и брендови од земјата и странство, заедно со истакнати уметници и музичари како специјални гости во програмата.

Цел нареден месец градот Скопје ќе пулсира во ритамот на модата. Епицентар на случувањата е трговскиот центар Скопје Сити Мол, каде од овој петок (4 март) започнува првото издание на Скопски моден фестивал, нова забавна манифестација за сите љубители на убавиот дизајн, уметноста и музиката. Богатата програма на настанот е поделена во два посебни дела и брои над дваесет македонски и интернационални учесници.

Првиот викенд од март е резервиран за сценски спектакл со модни ревии и шоуа кои се закажани на 04.03 (петок), 05.03 (сабота) и 06.03 (недела) од 19 до 22 часот на првиот кат од Скопје Сити Мол. Ден подоцна, на 07.03 (понеделник) во 19 часот свечено ќе се отвори и тринеделниот изложбено-продажен салон во трговскиот центар, каде ексклузивно ќе можат да се погледнат и купат креациите на мнозинството фестивалски учесници.

Скопје Сити Мол, како главен партнер и покровител на Скопски моден фестивал, ја споделува визијата на организаторите за нова, поинаква и пред сè успешна модна приказна во метрополата. Скопје Сити Мол е единствениот трговски центар, не само во државата, туку и во регионот, што во моментот ги отвора вратите и дава максимална поддршка на сите припадници на независната креативна сцена, нудејќи им простор и цел спектар на можности да ги промовираат своите дела пред нашите посетители и пошироката публика, истакнуваат од менаџментот на SCM.

Познати имиња како Евгенија Зафировска, Стефанија Насеска, Емили Пишева Гоџирова, Моника Димова, Сара Реџиќ и Мирјана Јосифоска, односно брендовите KTN, Minnimal, Bella, Superstacy, La Dama, Minimal by Nana и SIGMA Jewelry ќе се запишат како првите учесници на Скопски моден фестивал, заедно со странските гости: STL Studios (Грција), Teja Jeglich (Словенија), Katerina Zoto (Албанија) и престижната школа Akademia Evolucion (Косово).

Специјално претставување во рамки на манифестацијата ќе имаат и уметниците Бојан Ковски и Методија Јованов - Excellent Kitsch, додека премиерните чекори на модната писта ќе ги направи и сосема нова генерација на модели од сите домашни агенции. Првата сезона на настанот е под слоганот „The Future was Present”, а официјално ќе започне со гала вечер во петок од 19 часот во Скопје Сити Мол.

The post Скопски моден фестивал премиерно во Сити Мол од 4 до 27 март appeared first on Република.

]]>

Првата сезона на најголемиот моден настан во метрополата ќе се одвива во трговскиот центар од 4 до 27 март. Учесници на фестивалот се реномирани дизајнери и брендови од земјата и странство, заедно со истакнати уметници и музичари како специјални гости во програмата. Цел нареден месец градот Скопје ќе пулсира во ритамот на модата. Епицентар на случувањата е трговскиот центар Скопје Сити Мол, каде од овој петок (4 март) започнува првото издание на Скопски моден фестивал, нова забавна манифестација за сите љубители на убавиот дизајн, уметноста и музиката. Богатата програма на настанот е поделена во два посебни дела и брои над дваесет македонски и интернационални учесници. Првиот викенд од март е резервиран за сценски спектакл со модни ревии и шоуа кои се закажани на 04.03 (петок), 05.03 (сабота) и 06.03 (недела) од 19 до 22 часот на првиот кат од Скопје Сити Мол. Ден подоцна, на 07.03 (понеделник) во 19 часот свечено ќе се отвори и тринеделниот изложбено-продажен салон во трговскиот центар, каде ексклузивно ќе можат да се погледнат и купат креациите на мнозинството фестивалски учесници.
Скопје Сити Мол, како главен партнер и покровител на Скопски моден фестивал, ја споделува визијата на организаторите за нова, поинаква и пред сè успешна модна приказна во метрополата. Скопје Сити Мол е единствениот трговски центар, не само во државата, туку и во регионот, што во моментот ги отвора вратите и дава максимална поддршка на сите припадници на независната креативна сцена, нудејќи им простор и цел спектар на можности да ги промовираат своите дела пред нашите посетители и пошироката публика, истакнуваат од менаџментот на SCM.
Познати имиња како Евгенија Зафировска, Стефанија Насеска, Емили Пишева Гоџирова, Моника Димова, Сара Реџиќ и Мирјана Јосифоска, односно брендовите KTN, Minnimal, Bella, Superstacy, La Dama, Minimal by Nana и SIGMA Jewelry ќе се запишат како првите учесници на Скопски моден фестивал, заедно со странските гости: STL Studios (Грција), Teja Jeglich (Словенија), Katerina Zoto (Албанија) и престижната школа Akademia Evolucion (Косово). Специјално претставување во рамки на манифестацијата ќе имаат и уметниците Бојан Ковски и Методија Јованов - Excellent Kitsch, додека премиерните чекори на модната писта ќе ги направи и сосема нова генерација на модели од сите домашни агенции. Првата сезона на настанот е под слоганот „The Future was Present”, а официјално ќе започне со гала вечер во петок од 19 часот во Скопје Сити Мол.

The post Скопски моден фестивал премиерно во Сити Мол од 4 до 27 март appeared first on Република.

]]>