мировни преговори Archives - Република https://republika.mk/tema/mirovni-pregovori/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Aug 2024 17:56:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мировни преговори Archives - Република https://republika.mk/tema/mirovni-pregovori/ 32 32 Француски „Монд“: Украинската инвазија во Курск ги наруши плановите за преговори меѓу Русија и Украина https://republika.mk/vesti/svet/frantsuski-mond-ukrainskata-invazija-vo-kursk-gi-narushi-planovite-za-pregovori-megu-rusija-i-ukraina/ Sat, 24 Aug 2024 19:33:53 +0000 https://republika.mk/?p=809828

Парискиот весник „Монд“, цитирајќи неименуван украински функционер, објавува дека Украина и Русија планирале да преговараат за делумен прекин на огнот, но тие разговори биле нарушени поради инвазијата на украинските вооружени сили во руската област Курск.

Според изворот, идејата за преговори се создала по јунскиот мировен самит за Украина.

Катар предложи преговори за енергетика и сакаше Русија и Украина да учествуваат во нив за да се постигнат конкретни, опипливи резултати. Но, неодамнешната ескалација на украинските упади на Курск ја одложи оваа одлука. Преговорите требаше да се одржат на крајот од август“, додава изворот.

Францускиот весник коментира дека можеби не е случајно што самитот во Швајцарија се одржа во алпското одморалиште Бургенсток, во сопственост на катарски ланец хотели.

Во исто време, според изворот, Украина е решена да продолжи да работи на мировните преговори, но без Русија.

Можеби изгледа чудно да се каже дека е возможно да се преговара за мир без Русија, но тоа е всушност возможно и ќе работиме на тоа“, вели тој за „Монд“.

The post Француски „Монд“: Украинската инвазија во Курск ги наруши плановите за преговори меѓу Русија и Украина appeared first on Република.

]]>

Парискиот весник „Монд“, цитирајќи неименуван украински функционер, објавува дека Украина и Русија планирале да преговараат за делумен прекин на огнот, но тие разговори биле нарушени поради инвазијата на украинските вооружени сили во руската област Курск. Според изворот, идејата за преговори се создала по јунскиот мировен самит за Украина.
Катар предложи преговори за енергетика и сакаше Русија и Украина да учествуваат во нив за да се постигнат конкретни, опипливи резултати. Но, неодамнешната ескалација на украинските упади на Курск ја одложи оваа одлука. Преговорите требаше да се одржат на крајот од август“, додава изворот.
Францускиот весник коментира дека можеби не е случајно што самитот во Швајцарија се одржа во алпското одморалиште Бургенсток, во сопственост на катарски ланец хотели. Во исто време, според изворот, Украина е решена да продолжи да работи на мировните преговори, но без Русија.
Можеби изгледа чудно да се каже дека е возможно да се преговара за мир без Русија, но тоа е всушност возможно и ќе работиме на тоа“, вели тој за „Монд“.

The post Француски „Монд“: Украинската инвазија во Курск ги наруши плановите за преговори меѓу Русија и Украина appeared first on Република.

]]>
Израел ќе испрати делегација на преговори во Каиро за примирје во Газа https://republika.mk/vesti/svet/izrael-ke-isprati-delegatsija-na-pregovori-vo-kairo-za-primirje-vo-gaza/ Sat, 03 Aug 2024 07:48:10 +0000 https://republika.mk/?p=802972

Израелска делегација вечерва или утре е отпатува за египетската престолнина Каиро за да учествува во преговори за прекин на огнот во Појасот Газа и за ослободување на заложниците, кои се држат таму од радикалната палестинска групација „Хамас“, се наведува во синоќешната изјава од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Делегација за преговори за договор за заложниците ќе отпатува за Каиро во сабота навечер или в недела“, прецизираа од кабинетот на премиерот.

Во меѓувреме, израелската војска (ИДФ) соопшти дека во Појасот Газа е убиен Мухамед ал Џабари, еден од водачите на палестинскиот Исламски џихад. Покрај тоа, ИДФ уби двајца политички лидери на Хамас и тројца воени команданти во тунел под Газа.

Хамас тврди дека ИДФ за време на нападот целел на цивилни објекти. Израел го негира ова и вели дека презел чекори за ублажување на цивилната штета во нападот, вклучително и користење на воздушно набљудување и прецизно наведувана муниција.

The post Израел ќе испрати делегација на преговори во Каиро за примирје во Газа appeared first on Република.

]]>

Израелска делегација вечерва или утре е отпатува за египетската престолнина Каиро за да учествува во преговори за прекин на огнот во Појасот Газа и за ослободување на заложниците, кои се држат таму од радикалната палестинска групација „Хамас“, се наведува во синоќешната изјава од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Делегација за преговори за договор за заложниците ќе отпатува за Каиро во сабота навечер или в недела“, прецизираа од кабинетот на премиерот. Во меѓувреме, израелската војска (ИДФ) соопшти дека во Појасот Газа е убиен Мухамед ал Џабари, еден од водачите на палестинскиот Исламски џихад. Покрај тоа, ИДФ уби двајца политички лидери на Хамас и тројца воени команданти во тунел под Газа. Хамас тврди дека ИДФ за време на нападот целел на цивилни објекти. Израел го негира ова и вели дека презел чекори за ублажување на цивилната штета во нападот, вклучително и користење на воздушно набљудување и прецизно наведувана муниција.

The post Израел ќе испрати делегација на преговори во Каиро за примирје во Газа appeared first on Република.

]]>
Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина https://republika.mk/vesti/svet/peskov-putin-ne-ja-iskluchuva-mozhnosta-za-pregovori-so-ukraina/ Sun, 16 Jun 2024 15:37:30 +0000 https://republika.mk/?p=788177

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина, имајќи предвид дека во Украина постојат легитимни органи на власт.

Путин не отфрла ништо. Тој не ја отфрла можноста за преговори. Тој вели дека таму има легитимни тела, во согласност со Уставот на земјата, изјави Песков, пренесуваат руските медиуми.

Тој додава дека украинскиот претседател Володимир Зеленски, кому му истече претседателскиот мандат, не е личност со која може да се склучи писмен договор бидејќи, како што наведе, „де јуре тоа би било нелегитимно“.

Зборувајќи за условите за почеток на мировните преговори кои Путин ги претстави во петокот - повлекување на украинските војници од новите региони на Русија и трајно откажување од членството во НАТО, Песков рече дека тоа не е ултиматум, туку мировен предлог.

Тоа не беше ултиматум, тоа беше мировен предлог, кој беше претставен земајќи ја предвид реалноста на теренот, рече Песков.

Тој додаде дека договорите на хартија се резултат на многу сложени експертски преговори, рамнотежа на интереси и земајќи ја предвид реалноста на теренот, додавајќи дека така ќе биде и овојпат.

The post Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина, имајќи предвид дека во Украина постојат легитимни органи на власт.
Путин не отфрла ништо. Тој не ја отфрла можноста за преговори. Тој вели дека таму има легитимни тела, во согласност со Уставот на земјата, изјави Песков, пренесуваат руските медиуми.
Тој додава дека украинскиот претседател Володимир Зеленски, кому му истече претседателскиот мандат, не е личност со која може да се склучи писмен договор бидејќи, како што наведе, „де јуре тоа би било нелегитимно“. Зборувајќи за условите за почеток на мировните преговори кои Путин ги претстави во петокот - повлекување на украинските војници од новите региони на Русија и трајно откажување од членството во НАТО, Песков рече дека тоа не е ултиматум, туку мировен предлог.
Тоа не беше ултиматум, тоа беше мировен предлог, кој беше претставен земајќи ја предвид реалноста на теренот, рече Песков.
Тој додаде дека договорите на хартија се резултат на многу сложени експертски преговори, рамнотежа на интереси и земајќи ја предвид реалноста на теренот, додавајќи дека така ќе биде и овојпат.

The post Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина appeared first on Република.

]]>
Турскиот шеф на дипломатијата: Мировниот предлог на Путин е трошка надеж https://republika.mk/vesti/svet/turskiot-shef-na-diplomatijata-mirovniot-predlog-na-putin-e-troshka-nadezh/ Sun, 16 Jun 2024 14:33:54 +0000 https://republika.mk/?p=788134

Tурскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека новите мировни предлози за Украина, што ги претстави рускиот претседател Владимир Путин, се трошка надеж дека конференцијата во Швајцарија би можела да биде поефикасна доколку на неа учествуваа руски претставници.

Русија неодамна претстави нови услови. Без оглед на нивната содржина, тие се важен чекор и трошка надеж за почеток, изјави Фидан на отворањето на конференцијата за Украина во Швајцарија.

Фидан додаде дека конференцијата „би била повеќе ориентирана кон резултати доколку претставниците на Русија биле присутни таму во салата“.

Турскиот минстер додаде дека официјална Анкара верува во потребата од целосно дипломатско решение на конфликтот и дека неговата земја е секогаш подготвена да прифати нови преговори меѓу Москва и Киев.

Според него, последниот обид на турските власти да предложат алтернатива на прекинатиот договор за жито, бил блиску до договорот на двете страни.

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот ги претстави новите мировни предлози за решавање на конфликтот во Украина, кои вклучуваат признавање на статусот на Крим, Народните републики Доњецк и Луганск и регионите Херсон и Запорожје како региони на Русија, Украина да прифати воена неутралност, нејзина демилитаризација и укинување на антируските санкции.

Украинската страна ја отфрли иницијативата.

The post Турскиот шеф на дипломатијата: Мировниот предлог на Путин е трошка надеж appeared first on Република.

]]>

Tурскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека новите мировни предлози за Украина, што ги претстави рускиот претседател Владимир Путин, се трошка надеж дека конференцијата во Швајцарија би можела да биде поефикасна доколку на неа учествуваа руски претставници.
Русија неодамна претстави нови услови. Без оглед на нивната содржина, тие се важен чекор и трошка надеж за почеток, изјави Фидан на отворањето на конференцијата за Украина во Швајцарија.
Фидан додаде дека конференцијата „би била повеќе ориентирана кон резултати доколку претставниците на Русија биле присутни таму во салата“. Турскиот минстер додаде дека официјална Анкара верува во потребата од целосно дипломатско решение на конфликтот и дека неговата земја е секогаш подготвена да прифати нови преговори меѓу Москва и Киев. Според него, последниот обид на турските власти да предложат алтернатива на прекинатиот договор за жито, бил блиску до договорот на двете страни. Рускиот претседател Владимир Путин во петокот ги претстави новите мировни предлози за решавање на конфликтот во Украина, кои вклучуваат признавање на статусот на Крим, Народните републики Доњецк и Луганск и регионите Херсон и Запорожје како региони на Русија, Украина да прифати воена неутралност, нејзина демилитаризација и укинување на антируските санкции. Украинската страна ја отфрли иницијативата.

The post Турскиот шеф на дипломатијата: Мировниот предлог на Путин е трошка надеж appeared first on Република.

]]>
Во тек се мировни преговори за Украина, ама без Русија https://republika.mk/vesti/svet/vo-tek-se-mirovni-pregovori-za-ukraina-ama-bez-rusija/ Sat, 05 Aug 2023 07:41:10 +0000 https://republika.mk/?p=668871

Саудиска Арабија денеска ќе биде денеска домаќин на разговори за војната во Украина каде се очекуваат претставници од околу 40 земји. Претставник на Русија нема да присуствува на состанокот.

Саудиска Арабија е подготвена да придонесе за постигнување решение кое ќе резултира со траен мир во Украина, објави владата на земјата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека средбата во Џеда е уште еден чекор кон глобален мировен самит.

Состанокот на советниците за национална безбедност и други официјални лица во крајбрежниот град Џеда на Црвеното Море ја нагласува „подготвеноста на Ријад да ги вложи своите добри функции за да придонесе за постигнување решение што ќе резултира со траен мир“, соопштија вчера властите на таа држава.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави широкиот спектар на земји претставени во разговорите во Џеда, вклучително и земјите во развој кои се тешко погодени од порастот на цените на храната предизвикани од војната.

Домаќин на Самитот ќе биде принцот Мохамед бин Салман бин Абдулазиз Ал Сауд, престолонаследник и премиер на Саудиска Арабија.

Владата на Кралството очекува дека оваа средба ќе придонесе за зајакнување на дијалогот и соработката преку размена на мислења, координација и размислување на меѓународно ниво за начините како да се обезбеди решение за кризата преку политички и дипломатски средства, се наведува во соопштението.

The post Во тек се мировни преговори за Украина, ама без Русија appeared first on Република.

]]>

Саудиска Арабија денеска ќе биде денеска домаќин на разговори за војната во Украина каде се очекуваат претставници од околу 40 земји. Претставник на Русија нема да присуствува на состанокот. Саудиска Арабија е подготвена да придонесе за постигнување решение кое ќе резултира со траен мир во Украина, објави владата на земјата. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека средбата во Џеда е уште еден чекор кон глобален мировен самит. Состанокот на советниците за национална безбедност и други официјални лица во крајбрежниот град Џеда на Црвеното Море ја нагласува „подготвеноста на Ријад да ги вложи своите добри функции за да придонесе за постигнување решение што ќе резултира со траен мир“, соопштија вчера властите на таа држава. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави широкиот спектар на земји претставени во разговорите во Џеда, вклучително и земјите во развој кои се тешко погодени од порастот на цените на храната предизвикани од војната. Домаќин на Самитот ќе биде принцот Мохамед бин Салман бин Абдулазиз Ал Сауд, престолонаследник и премиер на Саудиска Арабија.
Владата на Кралството очекува дека оваа средба ќе придонесе за зајакнување на дијалогот и соработката преку размена на мислења, координација и размислување на меѓународно ниво за начините како да се обезбеди решение за кризата преку политички и дипломатски средства, се наведува во соопштението.

The post Во тек се мировни преговори за Украина, ама без Русија appeared first on Република.

]]>
Орбан: Унгарија е на страната на мирот, даваме поддршка за секоја мировна иницијатива за Украина https://republika.mk/vesti/svet/orban-ungarija-e-na-stranata-na-mirot-davame-poddrshka-za-sekoja-mirovna-initsijativa-za-ukraina/ Thu, 18 May 2023 20:46:31 +0000 https://republika.mk/?p=642457

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, порача дека Унгарија е на страната на мирот и ќе го поддржи секој мировен план за Украина.

Не се знае кој мировен план има шанси за успех, па Унгарија ги поддржува сите иницијативи и е подготвена да помогне во тој процес, било како посредник или да биде место за преговори за прекин на огнот, изјави Орбан по средбата на лидерите на Центристичката демократска интернационала во Словенија, на Блед.

Според Орбан, ако не се направи првиот чекор, никогаш нема да се постигне мир.

Орбан истакна дека некои гледаат можност за решавање на руско-украинскиот конфликт со воени средства, но дека други не ја гледаат оваа можност и повикуваат на прекин на огнот и мировни преговори.

Вистинската природа на конфликтот сè уште не е откриена, некои го сметаат за прокси војна, додека други зборуваат за вистинска војна меѓу двете страни“, изјави унгарскиот премиер.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто Унгарија го блокираше испраќањето на пакетот помош за Украина од Европскиот фонд за мир, Орбан изјави дека овие средства се наменети за европската безбедност, а не за војната во Украина.

Поголемиот дел од средствата се користат за поддршка на Украина. Унгарија сака да разјасни дали фондот служи на својата првична цел или е насочен кон поддршка на Украина“, изјави Орбан.

Тој посочи дека позицијата на официјална Будимпешта е поинаква во однос на другите земји во регионот, имајќи предвид дека во Украина живее унгарско малцинство чии животи се жртвувани, што е „лична национална загуба“ и за Украина и за Унгарија.

Состанокот на Центристичката демократска интернационала се одржува под мотото „Безбедност, правда, мир“, а Орбан учествува како еден од нејзините потпретседатели.

The post Орбан: Унгарија е на страната на мирот, даваме поддршка за секоја мировна иницијатива за Украина appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, порача дека Унгарија е на страната на мирот и ќе го поддржи секој мировен план за Украина.
Не се знае кој мировен план има шанси за успех, па Унгарија ги поддржува сите иницијативи и е подготвена да помогне во тој процес, било како посредник или да биде место за преговори за прекин на огнот, изјави Орбан по средбата на лидерите на Центристичката демократска интернационала во Словенија, на Блед.
Според Орбан, ако не се направи првиот чекор, никогаш нема да се постигне мир. Орбан истакна дека некои гледаат можност за решавање на руско-украинскиот конфликт со воени средства, но дека други не ја гледаат оваа можност и повикуваат на прекин на огнот и мировни преговори.
Вистинската природа на конфликтот сè уште не е откриена, некои го сметаат за прокси војна, додека други зборуваат за вистинска војна меѓу двете страни“, изјави унгарскиот премиер.
Одговарајќи на новинарско прашање зошто Унгарија го блокираше испраќањето на пакетот помош за Украина од Европскиот фонд за мир, Орбан изјави дека овие средства се наменети за европската безбедност, а не за војната во Украина.
Поголемиот дел од средствата се користат за поддршка на Украина. Унгарија сака да разјасни дали фондот служи на својата првична цел или е насочен кон поддршка на Украина“, изјави Орбан.
Тој посочи дека позицијата на официјална Будимпешта е поинаква во однос на другите земји во регионот, имајќи предвид дека во Украина живее унгарско малцинство чии животи се жртвувани, што е „лична национална загуба“ и за Украина и за Унгарија. Состанокот на Центристичката демократска интернационала се одржува под мотото „Безбедност, правда, мир“, а Орбан учествува како еден од нејзините потпретседатели.

The post Орбан: Унгарија е на страната на мирот, даваме поддршка за секоја мировна иницијатива за Украина appeared first on Република.

]]>
Кремљ: Сè уште сме отворени за преговори за крај на војната, но со главен услов https://republika.mk/vesti/svet/kreml-se-ushte-sme-otvoreni-za-pregovori-za-kraj-na-vojnata-no-so-glaven-uslov/ Tue, 28 Feb 2023 11:07:34 +0000 https://republika.mk/?p=614192

Откако Кина го објави својот „мировен план“ од 12 точки во кој се повикува на примирје, Русија го повтори својот став за тоа како може да се стави крај на војната. Кремљ повтори дека останува отворен за преговори за ставање крај на конфликтот.

Тоа е тврдење што рускиот претседател Владимир Путин го кажа во минатото – уште во април минатата година, рускиот претседател рече дека се надева оти преговорите може да доведат до прекин на огнот во Украина.

„Русија нема да се откаже од своите барања за четири украински региони – Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон“, изјави Песков.

Кремљ вчера оцени дека планот што минатата недела го предложи Кина за решавање на конфликтот во Украина „заслужува внимание“, но и дека „засега“ не постојат условите неопходни за „мирно“ решение.

„Секој обид што придонесува за насочување на овој конфликт кон мирен пат заслужува внимание. Ние го разгледуваме планот на нашите кинески пријатели со големо внимание“, рече портпаролот на Кремљ. „Тоа е долг процес“, рече тој.

„Засега не ги гледаме премисите дека оваа ситуација може да тргне по мирен пат“, додаде тој. „Специјалната воена операција (во Украина) продолжува“, нагласи тој.

Во петокот, токму на првата годишнина од војната, Пекинг објави документ од 12 точки, со кој ги повикува Москва и Киев на мировни преговори. Засега Москва и Киев не изразија сериозна волја за преговори и внимателно реагираа на кинескиот предлог.

The post Кремљ: Сè уште сме отворени за преговори за крај на војната, но со главен услов appeared first on Република.

]]>

Откако Кина го објави својот „мировен план“ од 12 точки во кој се повикува на примирје, Русија го повтори својот став за тоа како може да се стави крај на војната. Кремљ повтори дека останува отворен за преговори за ставање крај на конфликтот.
Тоа е тврдење што рускиот претседател Владимир Путин го кажа во минатото – уште во април минатата година, рускиот претседател рече дека се надева оти преговорите може да доведат до прекин на огнот во Украина. „Русија нема да се откаже од своите барања за четири украински региони – Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон“, изјави Песков. Кремљ вчера оцени дека планот што минатата недела го предложи Кина за решавање на конфликтот во Украина „заслужува внимание“, но и дека „засега“ не постојат условите неопходни за „мирно“ решение. „Секој обид што придонесува за насочување на овој конфликт кон мирен пат заслужува внимание. Ние го разгледуваме планот на нашите кинески пријатели со големо внимание“, рече портпаролот на Кремљ. „Тоа е долг процес“, рече тој. „Засега не ги гледаме премисите дека оваа ситуација може да тргне по мирен пат“, додаде тој. „Специјалната воена операција (во Украина) продолжува“, нагласи тој. Во петокот, токму на првата годишнина од војната, Пекинг објави документ од 12 точки, со кој ги повикува Москва и Киев на мировни преговори. Засега Москва и Киев не изразија сериозна волја за преговори и внимателно реагираа на кинескиот предлог.          

The post Кремљ: Сè уште сме отворени за преговори за крај на војната, но со главен услов appeared first on Република.

]]>
„Волстрит џурнал“: Најголемите европски земји од НАТО ја охрабруваат Украина за мировни преговори со Русија https://republika.mk/vesti/svet/volstrit-dhurnal-najgolemite-evropski-zemji-od-nato-ja-ohrabruvaat-ukraina-za-mirovni-pregovori-so-rusija/ Sat, 25 Feb 2023 09:50:35 +0000 https://republika.mk/?p=613029

Најголемите европски земји на НАТО ја охрабруваат Украина да размисли за мировни преговори со Русија, пишува „Волстрит џурнал“.

Германија, Франција и Велика Британија гледаат на зајакнувањето на врските на Алијансата со Киев како поттик да убедат да почне разговори со Москва подоцна оваа година, објави американскиот весник цитирајќи владини извори од трите држави. Тоа се случува во време кога некои западни партнери се повеќе се сомневаат дека Украина ќе успее да ги врати назад сите нејзини територии окупирани од Русија, забележува весникот.

Минатата недела британскиот премиер, Риши Сунак, претстави план со кој на Украина, по завршувањето на војната, и се дава поголем пристап до модерно оружје и муниција за да се заштитува. Сунак соопшти дека за проектот ќе се разговара на самитот на НАТО во јули.

„Волстрит џурнал“ цитира извори кои наведуваат дека германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон му кажале на украинскиот претседател Володимир Зеленски на нивната трилатерална средба во Париз претходно овој месец дека треба да размисли за мировни преговори со Москва.

Украинските власти во моментов одбиваат да преговараат со Русија доколку таа не се повлече од сите заземени територии, услов што Москва категорично го отфрла

The post „Волстрит џурнал“: Најголемите европски земји од НАТО ја охрабруваат Украина за мировни преговори со Русија appeared first on Република.

]]>

Најголемите европски земји на НАТО ја охрабруваат Украина да размисли за мировни преговори со Русија, пишува „Волстрит џурнал“. Германија, Франција и Велика Британија гледаат на зајакнувањето на врските на Алијансата со Киев како поттик да убедат да почне разговори со Москва подоцна оваа година, објави американскиот весник цитирајќи владини извори од трите држави. Тоа се случува во време кога некои западни партнери се повеќе се сомневаат дека Украина ќе успее да ги врати назад сите нејзини територии окупирани од Русија, забележува весникот. Минатата недела британскиот премиер, Риши Сунак, претстави план со кој на Украина, по завршувањето на војната, и се дава поголем пристап до модерно оружје и муниција за да се заштитува. Сунак соопшти дека за проектот ќе се разговара на самитот на НАТО во јули. „Волстрит џурнал“ цитира извори кои наведуваат дека германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон му кажале на украинскиот претседател Володимир Зеленски на нивната трилатерална средба во Париз претходно овој месец дека треба да размисли за мировни преговори со Москва. Украинските власти во моментов одбиваат да преговараат со Русија доколку таа не се повлече од сите заземени територии, услов што Москва категорично го отфрла

The post „Волстрит џурнал“: Најголемите европски земји од НАТО ја охрабруваат Украина за мировни преговори со Русија appeared first on Република.

]]>
Британскиот шеф на дипломатијата: Путин може да ги искористи мировните преговори за да обучи повеќе војници и да произведе повеќе муниција https://republika.mk/vesti/svet/britanskiot-shef-na-diplomatijata-putin-moze-da-gi-iskoristi-mirovnite-pregovori-za-da-obuchi-povekje-vojnici-i-da-proizvede-povekje-municija/ Sat, 03 Dec 2022 11:21:11 +0000 https://republika.mk/?p=581300

Шефот на британската дипломатија, Џејмс Клеверли, во интервју за Телеграф предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да ги искористи мировните преговори за обнова на армијата и покренување нови напади.

Путин всушност само го користи прекинот на огнот за да обучи повеќе војници и да произведе повеќе муниција и да ги обнови и да ги вооружи своите оштетени вооружени сили, посочи Клеверли.

Тој додаде дека треба да се биде внимателен ако мировните преговори бидат иницирани од Путин.

Според Клеверли, ако Русите користат каква било пауза во борбите како покритие за повторно вооружување, може да се појават дополнителни проблеми.

Тогаш ќе се случи повторно да ги видиме сцените на нови напади, но можеби за околу 12 до 18 месеци. Решението за ова мора да биде одржливо, мора да биде значајно, мора да биде реално. Она на што треба да внимаваме е паузата што Русија ја користи како начин да се осигура дека нејзината следна фаза на агресија е поефикасна од сегашната, истакна Клеверли.

The post Британскиот шеф на дипломатијата: Путин може да ги искористи мировните преговори за да обучи повеќе војници и да произведе повеќе муниција appeared first on Република.

]]>

Шефот на британската дипломатија, Џејмс Клеверли, во интервју за Телеграф предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да ги искористи мировните преговори за обнова на армијата и покренување нови напади.
Путин всушност само го користи прекинот на огнот за да обучи повеќе војници и да произведе повеќе муниција и да ги обнови и да ги вооружи своите оштетени вооружени сили, посочи Клеверли.
Тој додаде дека треба да се биде внимателен ако мировните преговори бидат иницирани од Путин. Според Клеверли, ако Русите користат каква било пауза во борбите како покритие за повторно вооружување, може да се појават дополнителни проблеми.
Тогаш ќе се случи повторно да ги видиме сцените на нови напади, но можеби за околу 12 до 18 месеци. Решението за ова мора да биде одржливо, мора да биде значајно, мора да биде реално. Она на што треба да внимаваме е паузата што Русија ја користи како начин да се осигура дека нејзината следна фаза на агресија е поефикасна од сегашната, истакна Клеверли.

The post Британскиот шеф на дипломатијата: Путин може да ги искористи мировните преговори за да обучи повеќе војници и да произведе повеќе муниција appeared first on Република.

]]>
Враќање на ситуацијата од 23 февруари е условот на Украина за мировен договор со Русија: https://republika.mk/vesti/svet/vrakjanje-na-situacijata-od-23-fevruari-e-uslovot-na-ukraina-za-miroven-dogovor-so-rusija/ Sat, 07 May 2022 09:53:03 +0000 https://republika.mk/?p=498946

Секој мировен договор со Русија ќе зависи од повлекувањето на руските сили на нивните позиции пред инвазијата, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето пред лондонскиот тинк-тенк „Чатам хаус“ нагласувајќи дека тоа е минимумот што неговата земја може да го прифати, пишува Би-би-си.

Зеленски рече дека тој е лидер на „Украина, а не на мини-Украина“. Дециден е дека не може да стане збор за тоа Русија да ги задржи териториите што ги освоила по инвазијата на Украина.

„За да се запре војната меѓу Русија и Украина, чекорот треба да биде враќање на ситуацијата од 23 февруари“, рече тој како одговор на прашање на Би-Би-Си.

Изјава што, во реалноста, не се совпаѓа со она што го искажа членот на московскиот парламент за време на посетата на Керсон: „Путин сè уште сака војна. Русија ќе остане „засекогаш“ на југот на Украина“, пренесува раињуз.ит.

Повикувањето на ситуацијата од 23 февруари сугерира дека Украина можеби нема да инсистира на повторно преземање на Крим пред да склучи мир со Русија. Полуостровот беше припоен од Русија пред осум години.

Зеленски повика на продолжување на дипломатскиот дијалог меѓу Русија и Украина.

Во меѓувреме, договорот за санкции сè уште е во тек, а „отпорот“ за гасот останува. Соединетите Американски Држави потврдуваат дека ќе ги бранат Шведска и Финска во очекување на потврдниот одговор на целата Алијанса за нивниот прием во НАТО. Претседателот Џо Бајден ќе присуствува на видеоконференцијата со лидерите на Г7 и Зеленски за војната во недела. А на 9 мај ќе го потпише законот за забрзување на испораката на оружје во Киев, пренесува раињуз.ит

The post Враќање на ситуацијата од 23 февруари е условот на Украина за мировен договор со Русија: appeared first on Република.

]]>

Секој мировен договор со Русија ќе зависи од повлекувањето на руските сили на нивните позиции пред инвазијата, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето пред лондонскиот тинк-тенк „Чатам хаус“ нагласувајќи дека тоа е минимумот што неговата земја може да го прифати, пишува Би-би-си. Зеленски рече дека тој е лидер на „Украина, а не на мини-Украина“. Дециден е дека не може да стане збор за тоа Русија да ги задржи териториите што ги освоила по инвазијата на Украина. „За да се запре војната меѓу Русија и Украина, чекорот треба да биде враќање на ситуацијата од 23 февруари“, рече тој како одговор на прашање на Би-Би-Си. Изјава што, во реалноста, не се совпаѓа со она што го искажа членот на московскиот парламент за време на посетата на Керсон: „Путин сè уште сака војна. Русија ќе остане „засекогаш“ на југот на Украина“, пренесува раињуз.ит. Повикувањето на ситуацијата од 23 февруари сугерира дека Украина можеби нема да инсистира на повторно преземање на Крим пред да склучи мир со Русија. Полуостровот беше припоен од Русија пред осум години. Зеленски повика на продолжување на дипломатскиот дијалог меѓу Русија и Украина. Во меѓувреме, договорот за санкции сè уште е во тек, а „отпорот“ за гасот останува. Соединетите Американски Држави потврдуваат дека ќе ги бранат Шведска и Финска во очекување на потврдниот одговор на целата Алијанса за нивниот прием во НАТО. Претседателот Џо Бајден ќе присуствува на видеоконференцијата со лидерите на Г7 и Зеленски за војната во недела. А на 9 мај ќе го потпише законот за забрзување на испораката на оружје во Киев, пренесува раињуз.ит

The post Враќање на ситуацијата од 23 февруари е условот на Украина за мировен договор со Русија: appeared first on Република.

]]>
Чавушоглу: Очекуваме нови мировни преговори меѓу Русија и Украина https://republika.mk/vesti/svet/chavushoglu-ochekuvame-novi-mirovni-pregovori-megju-rusija-i-ukraina/ Wed, 06 Apr 2022 15:24:03 +0000 https://republika.mk/?p=484239

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека и покрај тешката ситуација очекува нови преговори меѓу Русија и Украина во наредниот период, јави дописничката на МИА од Брисел.

Тој потсети дека пред неколку денови рускиот и украинскиот министер за надворешни работи се сретнаа во Анталија и дека постигнаа значаен напредок во преговорите, меѓутоа по снимките кои излегоа од Буча оваа недела ситуацијата е потешка.

Имаме уште надеж и сме внимателни оптимисти, но истовремено сме реалисти, ова е тешко прашање, но мораме да продолжиме со напорите и Турција прави сѐ што може, рече шефот на турската дипломатијата.

Турција е единствена земја на НАТО која не воведе санкции против Русија и која има доволно кредибилитет да делува како медијатор меѓу двете страни.

Очекуваме нови средби меѓу двата преговарачки тима и потоа можеби и помеѓу министрите за надворешни работи за да се иницира можен договор, двете страни исто ставија на знаење дека можеби и двајцата претседатели би можеле да се сретнат, изјави Чавушоглу попладнево пред почетокот на вонредниот министерски состанок за надворешни работи на НАТО посветен на Украина. 

The post Чавушоглу: Очекуваме нови мировни преговори меѓу Русија и Украина appeared first on Република.

]]>

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека и покрај тешката ситуација очекува нови преговори меѓу Русија и Украина во наредниот период, јави дописничката на МИА од Брисел. Тој потсети дека пред неколку денови рускиот и украинскиот министер за надворешни работи се сретнаа во Анталија и дека постигнаа значаен напредок во преговорите, меѓутоа по снимките кои излегоа од Буча оваа недела ситуацијата е потешка.
Имаме уште надеж и сме внимателни оптимисти, но истовремено сме реалисти, ова е тешко прашање, но мораме да продолжиме со напорите и Турција прави сѐ што може, рече шефот на турската дипломатијата.
Турција е единствена земја на НАТО која не воведе санкции против Русија и која има доволно кредибилитет да делува како медијатор меѓу двете страни.
Очекуваме нови средби меѓу двата преговарачки тима и потоа можеби и помеѓу министрите за надворешни работи за да се иницира можен договор, двете страни исто ставија на знаење дека можеби и двајцата претседатели би можеле да се сретнат, изјави Чавушоглу попладнево пред почетокот на вонредниот министерски состанок за надворешни работи на НАТО посветен на Украина. 

The post Чавушоглу: Очекуваме нови мировни преговори меѓу Русија и Украина appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Украина се согласи на мировни разговори со Русија во Белорусија https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-ukraina-se-soglasi-na-mirovni-razgovori-so-rusija-vo-belorusija/ Sun, 27 Feb 2022 15:29:25 +0000 https://republika.mk/?p=464735

Украина се согласи да ги почне мировните преговори со Русија, при што делегациите од двете земја ќе се сретнат на украинско-белоруската граница, соопшти денеска канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави ДПА.

Нема услови за планираните разговори на границата“, соопшти кабинетот на Зеленски.

Тој претходно денеска ја одби понудата на Кремљ да се состане во Белорусија, укажувајќи на фактот дека Русија делумно ја организирала својата инвазија на Украина од оваа земја.

Најновото соопштение доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин нареди да се стават во специјална готовност „оружјата за одвраќање“ на земјата, без конкретно да се спомене нуклеарното оружје.

Врвните лидери на водечките земји на НАТО дозволуваат агресивни изјави против нашата земја, затоа му наредувам на министерот за одбрана и на началникот на Генералштабот да ги стават силите за одвраќање на руската армија на посебен режим на готовност, рече Путин.

The post Зеленски: Украина се согласи на мировни разговори со Русија во Белорусија appeared first on Република.

]]>

Украина се согласи да ги почне мировните преговори со Русија, при што делегациите од двете земја ќе се сретнат на украинско-белоруската граница, соопшти денеска канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави ДПА.
Нема услови за планираните разговори на границата“, соопшти кабинетот на Зеленски.
Тој претходно денеска ја одби понудата на Кремљ да се состане во Белорусија, укажувајќи на фактот дека Русија делумно ја организирала својата инвазија на Украина од оваа земја. Најновото соопштение доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин нареди да се стават во специјална готовност „оружјата за одвраќање“ на земјата, без конкретно да се спомене нуклеарното оружје.