Украина се согласи да ги почне мировните преговори со Русија, при што делегациите од двете земја ќе се сретнат на украинско-белоруската граница, соопшти денеска канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави ДПА.

Нема услови за планираните разговори на границата“, соопшти кабинетот на Зеленски.

Тој претходно денеска ја одби понудата на Кремљ да се состане во Белорусија, укажувајќи на фактот дека Русија делумно ја организирала својата инвазија на Украина од оваа земја.

Најновото соопштение доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин нареди да се стават во специјална готовност „оружјата за одвраќање“ на земјата, без конкретно да се спомене нуклеарното оружје.

Врвните лидери на водечките земји на НАТО дозволуваат агресивни изјави против нашата земја, затоа му наредувам на министерот за одбрана и на началникот на Генералштабот да ги стават силите за одвраќање на руската армија на посебен режим на готовност, рече Путин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.