Министерство за правда Archives - Република https://republika.mk/tema/ministerstvo-za-pravda/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 08:16:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Министерство за правда Archives - Република https://republika.mk/tema/ministerstvo-za-pravda/ 32 32 Странски експерти ќе работат со Министерството за правда на проблемите во правосудството https://republika.mk/vesti/makedonija/stranski-eksperti-ke-rabotat-so-ministerstvoto-za-pravda-na-problemite-vo-pravosudstvoto/ Tue, 24 Sep 2024 08:16:41 +0000 https://republika.mk/?p=819180

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со Марциа Палота, проектен офицер од  Делегацијата на Европската унија во Македонија и тимот од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото”.

Со ова, како што соопшти Министерството за правда, ќе се поттикне  довербата на граѓаните преку воспоставување на правосуден систем кој ќе биде темел на праведно општество.

Проектот ја обезбедува потребната експертска поддршка на Министерството за спроведување и следење на Секторската развојна стратегија за правосудството 2024-2028 година, како и други активности, а се во насока на подобрување на законските решенија.

Предвидено е во текот на наредниот месец да се отпочне со јавни дебати за Законот за Судскиот совет и Законот за јавно обвинителство. Ќе се реактивира и работата на Советот за следење на Стратегијата .За подобрување на  ефикасаноста на судскиот систем и антикорупциската политика ќе биде неопходно да се унапреди дигитализацијата и да се зајакне соработката помеѓу органите за спроведување на законот и правосудните органи, се наведува во соопштението.

Сето ова, како што велат од Министерството за правда, ќе и помогне на нашата држава да изгради подобар правен систем, да напредува кон интеграцијата во ЕУ и да се осигура дека реформите се одржливи на долг рок.

The post Странски експерти ќе работат со Министерството за правда на проблемите во правосудството appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со Марциа Палота, проектен офицер од  Делегацијата на Европската унија во Македонија и тимот од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото”. Со ова, како што соопшти Министерството за правда, ќе се поттикне  довербата на граѓаните преку воспоставување на правосуден систем кој ќе биде темел на праведно општество. Проектот ја обезбедува потребната експертска поддршка на Министерството за спроведување и следење на Секторската развојна стратегија за правосудството 2024-2028 година, како и други активности, а се во насока на подобрување на законските решенија.
Предвидено е во текот на наредниот месец да се отпочне со јавни дебати за Законот за Судскиот совет и Законот за јавно обвинителство. Ќе се реактивира и работата на Советот за следење на Стратегијата .За подобрување на  ефикасаноста на судскиот систем и антикорупциската политика ќе биде неопходно да се унапреди дигитализацијата и да се зајакне соработката помеѓу органите за спроведување на законот и правосудните органи, се наведува во соопштението.
Сето ова, како што велат од Министерството за правда, ќе и помогне на нашата држава да изгради подобар правен систем, да напредува кон интеграцијата во ЕУ и да се осигура дека реформите се одржливи на долг рок.

The post Странски експерти ќе работат со Министерството за правда на проблемите во правосудството appeared first on Република.

]]>
Министерството за правда изрази голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ministerstvoto-za-pravda-izrazi-golema-blagodarnost-do-turtsija-za-ekstraditsijata-na-palevski/ Wed, 15 May 2024 19:27:12 +0000 https://republika.mk/?p=778500

Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч за нивната брза реакција и преземањето на сите мерки за екстрадиција на Љупчо Палевски.

Целата постапка се спроведе во релативно краток период за неполни пет месеци.

„Ова е добар знак за општеството и порака дека правдата ќе ве стигне, каде и да сте!“, велат од Министерството за правда.

Палевски е осомничен за убиството на Панче Жежовски од Велес и Вања Ѓорчевска од Скопје. Тој избега во Турција од каде е екстрадиран.

The post Министерството за правда изрази голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски appeared first on Република.

]]>

Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч за нивната брза реакција и преземањето на сите мерки за екстрадиција на Љупчо Палевски. Целата постапка се спроведе во релативно краток период за неполни пет месеци. „Ова е добар знак за општеството и порака дека правдата ќе ве стигне, каде и да сте!“, велат од Министерството за правда. Палевски е осомничен за убиството на Панче Жежовски од Велес и Вања Ѓорчевска од Скопје. Тој избега во Турција од каде е екстрадиран.  

The post Министерството за правда изрази голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски appeared first on Република.

]]>
Министерството за правда бара од Комората на извршители да го испита случајот со извшителката која нападна новинар https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-pravda-bara-od-komorata-na-izvrshiteli-da-go-ispita-sluchajot-so-izvshitelkata-koja-napadna-novinar/ Fri, 22 Mar 2024 16:03:49 +0000 https://republika.mk/?p=757503

Министерството за правда побара од Комората на извршители да го испита случајот поврзан со новинар, а во кој е инволвиран извршител од Гостивар и доколку постои евентуално пречекорување на Законот за извршување и Кодексот на професионалната етика на извршителите, да се преземат соодветни мерки.

Како Министерство за правда посочуваме дека извршителот е должен во однесувањето кон јавноста да постапува покажувајќи афирмација и уважување на дејноста извршител, да не се однесува навредливо, да биде трпелив, достоинствен и учтив како и да ги почитува странките и нивното достоинство.

Извршителите се должни да го применуваат Кодексот на професионална етика кој претставува збир на пишани стандарди за однесување и постапување на извршителите во рамките на својата дејност, односно примена на Законот за извршување“, се вели во соопштението од Министерството.

The post Министерството за правда бара од Комората на извршители да го испита случајот со извшителката која нападна новинар appeared first on Република.

]]>

Министерството за правда побара од Комората на извршители да го испита случајот поврзан со новинар, а во кој е инволвиран извршител од Гостивар и доколку постои евентуално пречекорување на Законот за извршување и Кодексот на професионалната етика на извршителите, да се преземат соодветни мерки.
Како Министерство за правда посочуваме дека извршителот е должен во однесувањето кон јавноста да постапува покажувајќи афирмација и уважување на дејноста извршител, да не се однесува навредливо, да биде трпелив, достоинствен и учтив како и да ги почитува странките и нивното достоинство.   Извршителите се должни да го применуваат Кодексот на професионална етика кој претставува збир на пишани стандарди за однесување и постапување на извршителите во рамките на својата дејност, односно примена на Законот за извршување“, се вели во соопштението од Министерството.

The post Министерството за правда бара од Комората на извршители да го испита случајот со извшителката која нападна новинар appeared first on Република.

]]>
Граѓаните на мирен протест бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат https://republika.mk/vesti/makedonija/graganite-na-miren-protest-baraat-izvrshitelite-da-gi-pochituvaat-zakonskite-izmeni-so-koi-dolgovite-zastaruvaat/ Mon, 11 Mar 2024 12:21:07 +0000 https://republika.mk/?p=753628

Повеќе граѓани денеска поднесоа писмени барања до Министерот за правда, Кренар Лога, за примена на измените од Законот за облигациони односи кои се однесуваат на застарувањето на долгови.

Според нив, не се применуваат измените во Законот за облигациони односи од страната на извршителите, кои се однесуваат на застарувањето на долгови и покрај тоа што беа изгласани од Собранието и објавени во службен весник пред повеќе од седум месеци, како и покрај потврдата за уставноста на законот од Уставниот суд во јануари 2024 и одлуката на Законодавно правната комисија во Собранието дека не е потребно автентично толкување на законот.

„Стоп за извршителите“, „Зошто го донесовте законот, зошто го лажете народот“, „Не играјте пинг-понг со народот“, „Нема да гласаме ако не се спроведува законот“ беа дел од паролите со кои граѓаните поддржани од здруженијата „Човекот над профитот”, „Но Пасаран“, КСОМ и ПЦЕР денеска пред Министерството за правда одржаа мирен протест за Законот за облигациони односи пред да отпочнат со поднесувањето на барањата.

– Уставниот суд застана на наша страна, Народниот правобранител застана на наша страна. Само вие, извршната власт, не сте на наша страна, изјави Ана Глигорова од здружението „Човекот над профитот“.

Тие бараат во рок од осум дена овие барања да се процесираат и да им се нареди на извршителите предметите да почнат да застаруваат.

– Законот е дециден, 10 години од извршна исправа секаде во светот сѐ застарува, па камо ли овде, рече таа.

Самка Ибраимовски, македонски политичар од ромско потекло и претседател на политичката партија ПЦЕР, побара министерот за правда да го исполни ветувањето кое што им го дал, дека ќе постапува по одлуката на Уставен суд.

– Ни ветивте дека ако Уставноиот суд ја отфрли иницијативата, ќе ни излезете во пресрет и ќе дејствувате, рече тој, и воедно информираше дека има 220 илјади блокирани сметки.

Марјан Ристески, активист и синдикалец, рече дека има сомнеж дека во прашање е криминал.

– Зошто не функционира откако го донесоа законот, се јавија олгаарсите и кога видоа дека се работи за огромна сум за пари останува кај нас сомнеж дека криминалот е во прашање, бидејќи се работи за голема сум за пари, рече тој.

Ненов Марјан од „Но Пасаран“ побара да се блокира Министерството за правда бидејќи, според нив, како што рече, „Не ни треба“.

The post Граѓаните на мирен протест бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат appeared first on Република.

]]>

Повеќе граѓани денеска поднесоа писмени барања до Министерот за правда, Кренар Лога, за примена на измените од Законот за облигациони односи кои се однесуваат на застарувањето на долгови. Според нив, не се применуваат измените во Законот за облигациони односи од страната на извршителите, кои се однесуваат на застарувањето на долгови и покрај тоа што беа изгласани од Собранието и објавени во службен весник пред повеќе од седум месеци, како и покрај потврдата за уставноста на законот од Уставниот суд во јануари 2024 и одлуката на Законодавно правната комисија во Собранието дека не е потребно автентично толкување на законот. „Стоп за извршителите“, „Зошто го донесовте законот, зошто го лажете народот“, „Не играјте пинг-понг со народот“, „Нема да гласаме ако не се спроведува законот“ беа дел од паролите со кои граѓаните поддржани од здруженијата „Човекот над профитот”, „Но Пасаран“, КСОМ и ПЦЕР денеска пред Министерството за правда одржаа мирен протест за Законот за облигациони односи пред да отпочнат со поднесувањето на барањата. – Уставниот суд застана на наша страна, Народниот правобранител застана на наша страна. Само вие, извршната власт, не сте на наша страна, изјави Ана Глигорова од здружението „Човекот над профитот“. Тие бараат во рок од осум дена овие барања да се процесираат и да им се нареди на извршителите предметите да почнат да застаруваат. – Законот е дециден, 10 години од извршна исправа секаде во светот сѐ застарува, па камо ли овде, рече таа. Самка Ибраимовски, македонски политичар од ромско потекло и претседател на политичката партија ПЦЕР, побара министерот за правда да го исполни ветувањето кое што им го дал, дека ќе постапува по одлуката на Уставен суд. – Ни ветивте дека ако Уставноиот суд ја отфрли иницијативата, ќе ни излезете во пресрет и ќе дејствувате, рече тој, и воедно информираше дека има 220 илјади блокирани сметки. Марјан Ристески, активист и синдикалец, рече дека има сомнеж дека во прашање е криминал. – Зошто не функционира откако го донесоа законот, се јавија олгаарсите и кога видоа дека се работи за огромна сум за пари останува кај нас сомнеж дека криминалот е во прашање, бидејќи се работи за голема сум за пари, рече тој. Ненов Марјан од „Но Пасаран“ побара да се блокира Министерството за правда бидејќи, според нив, како што рече, „Не ни треба“.

The post Граѓаните на мирен протест бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат appeared first on Република.

]]>
Постапката за екстрадиција на Палевски може да трае неколку месеци https://republika.mk/vesti/makedonija/postapkata-za-ekstraditsija-na-palevski-mozhe-da-trae-nekolku-mesetsi/ Wed, 13 Dec 2023 15:53:34 +0000 https://republika.mk/?p=722634

Постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, може да трае неколку месеци, информираат од Министерството за правда.

Барањето за екстрадиција било изготвено истиот ден откако е добиено официјалното известување од МВР за апсењето на Палевски, велат од Секторот за меѓународна правна помош во Министерството за правда.

Оттаму појаснуваат дека постапката за барање на екстрадиција од наша страна е иста за сите земји, Министерството за правда постапува по добиено известување од СМПС-Интерпол, дека лице барано по меѓународна потерница е лоцирано или лишено од слобода во странска држава.

Од дента кога се апсеше бевме во координација со СМПС-Интерпол, како и со ОЈО Скопје. Во 9:20 го добивме официјалното известување од МВР и отворивме предмет. Барањето за екстрадиција беше спремно, министерот го потпиша и истиот ден беше преведено. Пред тоа да го направиме побаравме веднаш да биде задржан во притвор за екстрадиција, велат во брифинг за новинарите од Секторот за меѓународна правна помош.

Појаснуваат дека постапката за екстрадиција во ваквите предмети трае неколку месеци, а исклучок се само случаите на скратена постапка кога лицето прифаќа да биде екстрадирано. Се што сме работеле со Турција, велат од Секторот, вклучено е и Министерството за надворешни работи, бидејќи како што појаснија, Турција има ставено резерва на вториот протокол на Конвенцијата за екстрадиција.

Барањето за екстрадиција на Палевски до Турција беше испратено преку три канали, соопштуваат од Секторот.

Директно преку ДХЛ, вчера стигна известување дека го примија оригиналот, втор оригинал испративме другиот ден преку Министерството за надворешни работи, како и скенирана копија преку Интерпол, соопштија од Секторот за меѓународна правна помош и додаваат дека Република Турција има повеќе од 100 барања за екстрадиција дневно.

Брифираат дека мала е можноста за Палевски да побара азил, бидејќи како што велат од Секторот, барање за азил се поднесува веднаш откако ќе влезете во државата.

Во врска со поранешното барање од страна на Република Турција за екстрадиција на т.н. „Ѓуленисти“ и за евентуалната можност за покренување на тоа прашање во овој случај, од Секторот за меѓународна правна помош појаснуваат дека тоа прашање не е на маса помеѓу двете земји.

The post Постапката за екстрадиција на Палевски може да трае неколку месеци appeared first on Република.

]]>

Постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, може да трае неколку месеци, информираат од Министерството за правда. Барањето за екстрадиција било изготвено истиот ден откако е добиено официјалното известување од МВР за апсењето на Палевски, велат од Секторот за меѓународна правна помош во Министерството за правда. Оттаму појаснуваат дека постапката за барање на екстрадиција од наша страна е иста за сите земји, Министерството за правда постапува по добиено известување од СМПС-Интерпол, дека лице барано по меѓународна потерница е лоцирано или лишено од слобода во странска држава.
Од дента кога се апсеше бевме во координација со СМПС-Интерпол, како и со ОЈО Скопје. Во 9:20 го добивме официјалното известување од МВР и отворивме предмет. Барањето за екстрадиција беше спремно, министерот го потпиша и истиот ден беше преведено. Пред тоа да го направиме побаравме веднаш да биде задржан во притвор за екстрадиција, велат во брифинг за новинарите од Секторот за меѓународна правна помош.
Појаснуваат дека постапката за екстрадиција во ваквите предмети трае неколку месеци, а исклучок се само случаите на скратена постапка кога лицето прифаќа да биде екстрадирано. Се што сме работеле со Турција, велат од Секторот, вклучено е и Министерството за надворешни работи, бидејќи како што појаснија, Турција има ставено резерва на вториот протокол на Конвенцијата за екстрадиција. Барањето за екстрадиција на Палевски до Турција беше испратено преку три канали, соопштуваат од Секторот.
Директно преку ДХЛ, вчера стигна известување дека го примија оригиналот, втор оригинал испративме другиот ден преку Министерството за надворешни работи, како и скенирана копија преку Интерпол, соопштија од Секторот за меѓународна правна помош и додаваат дека Република Турција има повеќе од 100 барања за екстрадиција дневно.
Брифираат дека мала е можноста за Палевски да побара азил, бидејќи како што велат од Секторот, барање за азил се поднесува веднаш откако ќе влезете во државата. Во врска со поранешното барање од страна на Република Турција за екстрадиција на т.н. „Ѓуленисти“ и за евентуалната можност за покренување на тоа прашање во овој случај, од Секторот за меѓународна правна помош појаснуваат дека тоа прашање не е на маса помеѓу двете земји.  

The post Постапката за екстрадиција на Палевски може да трае неколку месеци appeared first on Република.

]]>
Министерството за правда ги подготви измените на Изборниот законик https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-pravda-gi-podgotvi-izmenite-na-izborniot-zakonik/ Mon, 11 Dec 2023 15:37:24 +0000 https://republika.mk/?p=721853

Работната група што ја формираше Министерството за правда ги подготвила измените на Изборниот законик во кој се внесени препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Како што информираат од Министерството за правда, министерот Кренар Лога го поддржува предлогот на работната група, платеното политичко рекламирање да не биде повеќе на товар на државата.

Со оглед на тоа што на лидерска средба е договорено овој законик да оди во Собранието преку пратеници, Министерството за правда ќе ја достави работната верзија до сите парламентарни политички партии. Одговорноста за донесувањето и содржината на Изборниот законик ќе биде на пратениците во Собранието, стои во соопштението од МП.

Оттаму дополнуваат дека Предлогот на Изборниот законик содржи 58 члена кои ќе придонесат кон зајакнување на улогата на институциите одговорни за спроведување на одредбите од овој Законик.

The post Министерството за правда ги подготви измените на Изборниот законик appeared first on Република.

]]>

Работната група што ја формираше Министерството за правда ги подготвила измените на Изборниот законик во кој се внесени препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Како што информираат од Министерството за правда, министерот Кренар Лога го поддржува предлогот на работната група, платеното политичко рекламирање да не биде повеќе на товар на државата.
Со оглед на тоа што на лидерска средба е договорено овој законик да оди во Собранието преку пратеници, Министерството за правда ќе ја достави работната верзија до сите парламентарни политички партии. Одговорноста за донесувањето и содржината на Изборниот законик ќе биде на пратениците во Собранието, стои во соопштението од МП.
Оттаму дополнуваат дека Предлогот на Изборниот законик содржи 58 члена кои ќе придонесат кон зајакнување на улогата на институциите одговорни за спроведување на одредбите од овој Законик.

The post Министерството за правда ги подготви измените на Изборниот законик appeared first on Република.

]]>
Министерството за правда побара Палевски да биде задржан во притвор во Турција до екстрадицијата https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-pravda-pobara-palevski-da-bide-zadrzhan-vo-pritvor-vo-turtsija-do-ekstraditsijata/ Wed, 06 Dec 2023 11:10:24 +0000 https://republika.mk/?p=720287

Министерството за правда информира дека од надлежните турски власти побарале Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, да биде задржан во притвор поради екстрадиција сѐ до завршувањето на постапката. Оттаму велат дека очекуваат Турција веднаш да постапи по нивното барање.

Министерството за правда денеска во 09:20 часот доби официјално известување од Интерпол, дека лицето Љупчо Палевски, баран со меѓународна потерница е лишен од слобода во Турција. Министерството за правда ја отпочна постапката за екстрадиција и ги прибира сите документи од институциите кои се потребни за нејзина реалзиација. Направени се контакти со ЈОРСМ и ОЈО Скопје за да се комплетираат уредно списите како би можело Министерството за правда да постапува. Во координација сме со сите засегнати институции за да постапиме веднаш и нема да чекаме да измине рокот од 40 дена за да го доставиме барањето за екстрадиција, стои во соопштението од Министерството за правда.

Како што образложуваат, во постапката треба да ги примат списите, да се изготви барање за екстрадиција, сите документи треба да се преведат на турски јазик, (ОЈО ги преведува своите, а Министерството за правда барањето за екстрадиција) и се праќа по ДХЛ (претходно по електронски пат преку ИНТЕРПОЛ).

Во однос на законската постапка за екстрадација информираат дека дека Министерството за правда постапува по добиено известување дека лице барано по меѓународна потерница е лоцирано или лишено од слобода во странска држава.

Откако ќе се добие тоа известување (најчесто од МВР – СМПС – ИНТЕРПОЛ) се прибавуваат списи од органот кој ја издал наредбата да се распише меѓународната потерница. Кога ќе се добијат списите од органот кој ја издал меѓународната потерница се пристапува кон изготвување барање за екстрадиција. Министерот за правда, или лице овластено од него, го потпишува барањето за екстрадиција. Потоа комплет списите се праќаат до централниот орган (најчесто Министерство за правда) на државата каде што е бараното лице. По завршување на постапката пред странската држава се договара преземање на лицето преку Министерствата за внатрешни работи (канцелариите на ИНТЕРПОЛ), појаснуваат оттаму.

Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, вчера беше уапсен во Турција, а за останатите четворица осомничени судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје определи мерка притвор од 30 дена по барање на Јавното обвинителство кое отвори истражна постапка за две убиства на свиреп начин по кривичната пријава добиена од Министерството за внатрешни работи. Ова се последните информации кои вчера ги соопштија надлежните во врска со убиствата на малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Како што соопштија вчера од Основното јавно обвинителство Скопје, истражната постапка се води против пет лица, од кои четворица како соизвршители сториле две кривични дела „грабнување“ и две убиства на свиреп начин, од кои едно на малолетно лице и едно од користољубие, додека, петтиот осомничен им помогнал при извршување на кривичното дело грабнување на малолетно лице.

The post Министерството за правда побара Палевски да биде задржан во притвор во Турција до екстрадицијата appeared first on Република.

]]>

Министерството за правда информира дека од надлежните турски власти побарале Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, да биде задржан во притвор поради екстрадиција сѐ до завршувањето на постапката. Оттаму велат дека очекуваат Турција веднаш да постапи по нивното барање.
Министерството за правда денеска во 09:20 часот доби официјално известување од Интерпол, дека лицето Љупчо Палевски, баран со меѓународна потерница е лишен од слобода во Турција. Министерството за правда ја отпочна постапката за екстрадиција и ги прибира сите документи од институциите кои се потребни за нејзина реалзиација. Направени се контакти со ЈОРСМ и ОЈО Скопје за да се комплетираат уредно списите како би можело Министерството за правда да постапува. Во координација сме со сите засегнати институции за да постапиме веднаш и нема да чекаме да измине рокот од 40 дена за да го доставиме барањето за екстрадиција, стои во соопштението од Министерството за правда.
Како што образложуваат, во постапката треба да ги примат списите, да се изготви барање за екстрадиција, сите документи треба да се преведат на турски јазик, (ОЈО ги преведува своите, а Министерството за правда барањето за екстрадиција) и се праќа по ДХЛ (претходно по електронски пат преку ИНТЕРПОЛ). Во однос на законската постапка за екстрадација информираат дека дека Министерството за правда постапува по добиено известување дека лице барано по меѓународна потерница е лоцирано или лишено од слобода во странска држава.
Откако ќе се добие тоа известување (најчесто од МВР – СМПС – ИНТЕРПОЛ) се прибавуваат списи од органот кој ја издал наредбата да се распише меѓународната потерница. Кога ќе се добијат списите од органот кој ја издал меѓународната потерница се пристапува кон изготвување барање за екстрадиција. Министерот за правда, или лице овластено од него, го потпишува барањето за екстрадиција. Потоа комплет списите се праќаат до централниот орган (најчесто Министерство за правда) на државата каде што е бараното лице. По завршување на постапката пред странската држава се договара преземање на лицето преку Министерствата за внатрешни работи (канцелариите на ИНТЕРПОЛ), појаснуваат оттаму.
Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, вчера беше уапсен во Турција, а за останатите четворица осомничени судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје определи мерка притвор од 30 дена по барање на Јавното обвинителство кое отвори истражна постапка за две убиства на свиреп начин по кривичната пријава добиена од Министерството за внатрешни работи. Ова се последните информации кои вчера ги соопштија надлежните во врска со убиствата на малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември. Како што соопштија вчера од Основното јавно обвинителство Скопје, истражната постапка се води против пет лица, од кои четворица како соизвршители сториле две кривични дела „грабнување“ и две убиства на свиреп начин, од кои едно на малолетно лице и едно од користољубие, додека, петтиот осомничен им помогнал при извршување на кривичното дело грабнување на малолетно лице.

The post Министерството за правда побара Палевски да биде задржан во притвор во Турција до екстрадицијата appeared first on Република.

]]>
Колку брзо ќе биде екстрадиран Палевски од Турција зависи од Министерствто за правда https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kolku-brzo-ke-bide-ekstradiran-palevski-od-turtsija-zavisi-od-ministerstvto-za-pravda/ Wed, 06 Dec 2023 07:39:06 +0000 https://republika.mk/?p=720135

Екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо од Турција зависи од Министерството за правда. Палчо, кој е провосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски беше уапсен во Труција, соопшти синоќа на прес-конфренција Оливер Спасовски, министерот за внатрешниработи.

Постапката за екстрадиција треба да ја спорведе Министерството за правда кое треба да го испрати барањето и потребната документација до турските власти за тие да ја спроведат екстрадицијата на Палевски кој беше уапсен по меѓународната потреница која ја распиша македонсото МВР.

Палчо бил приведен во турскиот град Баликесир. Бил уапсен на автопат.

https://republika.mk/vesti/makedonija/palcho-bil-faten-kako-odi-pesh-po-turski-avtopat-ova-e-negovata-traektorija-na-begstvo/

За Палевски веќе има одредено мрека притвор од 30 дена. Истата мерка им е одредена и на другите четоврица осмничени. Поднесени се кривични пријави за две свирепи убиства. 30-дневен притвор му е одреден и на тактото на Вања, Александар Ѓуречевски кој е осмничен дека ги дал клучните информации за движењето на девојчето.

The post Колку брзо ќе биде екстрадиран Палевски од Турција зависи од Министерствто за правда appeared first on Република.

]]>

Екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо од Турција зависи од Министерството за правда. Палчо, кој е провосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски беше уапсен во Труција, соопшти синоќа на прес-конфренција Оливер Спасовски, министерот за внатрешниработи. Постапката за екстрадиција треба да ја спорведе Министерството за правда кое треба да го испрати барањето и потребната документација до турските власти за тие да ја спроведат екстрадицијата на Палевски кој беше уапсен по меѓународната потреница која ја распиша македонсото МВР. Палчо бил приведен во турскиот град Баликесир. Бил уапсен на автопат. https://republika.mk/vesti/makedonija/palcho-bil-faten-kako-odi-pesh-po-turski-avtopat-ova-e-negovata-traektorija-na-begstvo/ За Палевски веќе има одредено мрека притвор од 30 дена. Истата мерка им е одредена и на другите четоврица осмничени. Поднесени се кривични пријави за две свирепи убиства. 30-дневен притвор му е одреден и на тактото на Вања, Александар Ѓуречевски кој е осмничен дека ги дал клучните информации за движењето на девојчето.

The post Колку брзо ќе биде екстрадиран Палевски од Турција зависи од Министерствто за правда appeared first on Република.

]]>
АКМИС ќе се контролира преку Министерството за правда https://republika.mk/vesti/makedonija/akmis-ke-se-kontrolira-preku-ministerstvoto-za-pravda/ Sat, 16 Sep 2023 08:14:55 +0000 https://republika.mk/?p=682361

Предлог закон за дополнување на Законот за јавното обвинителство ќе се објави на Електронски национален регистар на прописи на ЕНЕР, најави денеска Министерството за правда. Носењето на законското дополнување, според Министерството, произлегува од потребата за зајакнувањето на механизмите за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства и со него се прецизира надлежноста на органите и телата утврдени со законот за вршење на надзорот.

Исто така, стои во соопштението, измената која се предлага е согласно основната намера на Владата за членство во Европската Унија и е во духот на реформите во областа правосудство и негово натамошно унапредување.

Министерството за правда потсетува дека согласно со Законот за судовите, врши редовен надзор врз функционалноста на Авторизираниот информациски систем за управување со предмети во судовите - АКМИС. По спроведените надзори во судовите, изготвува записници и ги објавува на својата веб страница и ги проследува до непосредно повисокиот суд и Судскиот совет.

Комисијата изготвува полугодишни извештаи кои се објавуваат на веб страницата на Министерството за правда во кои се содржани констатираните состојби во судовите во врска со примена на одредбите од Судскиот деловник и автоматската распределба и прераспределба на предметите во судовите што се врши преку АКМИС, наведува Министерството за правда.

The post АКМИС ќе се контролира преку Министерството за правда appeared first on Република.

]]>

Предлог закон за дополнување на Законот за јавното обвинителство ќе се објави на Електронски национален регистар на прописи на ЕНЕР, најави денеска Министерството за правда. Носењето на законското дополнување, според Министерството, произлегува од потребата за зајакнувањето на механизмите за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства и со него се прецизира надлежноста на органите и телата утврдени со законот за вршење на надзорот. Исто така, стои во соопштението, измената која се предлага е согласно основната намера на Владата за членство во Европската Унија и е во духот на реформите во областа правосудство и негово натамошно унапредување. Министерството за правда потсетува дека согласно со Законот за судовите, врши редовен надзор врз функционалноста на Авторизираниот информациски систем за управување со предмети во судовите - АКМИС. По спроведените надзори во судовите, изготвува записници и ги објавува на својата веб страница и ги проследува до непосредно повисокиот суд и Судскиот совет.
Комисијата изготвува полугодишни извештаи кои се објавуваат на веб страницата на Министерството за правда во кои се содржани констатираните состојби во судовите во врска со примена на одредбите од Судскиот деловник и автоматската распределба и прераспределба на предметите во судовите што се врши преку АКМИС, наведува Министерството за правда.

The post АКМИС ќе се контролира преку Министерството за правда appeared first on Република.

]]>
Да се растовареле затворите: Министерство за правда потврди дека ќе има Закон за амнестија, ама не за тешки кривични дела https://republika.mk/vesti/da-se-rastovarele-zatvorite-ministerstvo-za-pravda-potvrdi-deka-ke-ima-zakon-za-amnestija-ama-ne-za-teshki-krivichni-dela/ Wed, 13 Sep 2023 12:46:55 +0000 https://republika.mk/?p=681609

Министерството за правда го подготви предлог Законот за амнестија, со кој се овозможува ослободување и намалување на затворски казни за лесни кривични дела. Се очекува тој да биде усвоен на наредната седница на Влада, соопштија денеска од Министерството за правда.

Предлог законот бил доставен и до координаторите на пратеничките групи во Собранието, кои треба да дадат свои забелешки и сугестии.

- Целта е да се овозможи рестеретување во казнено поправните установи со оглед на фактот што  состојбата таму во изминатиот период е алармантна, а тоа беше потенцирано во бројни меѓународни извештаи како и од Комитетот против тортура во рамките на Советот на Европа, се појаснува во соопштението.

Со законот се предлага лицата на кои им е изречена казна затвор до шест месеци потполно да се ослободат од издржување на казната. Осудените лица на кои им е изречена казна затвор над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30 проценти од целокупната казна изречена со правосилна пресуда.

- Амнестијата не се однесува на лицата кои се осудени на доживотен затвор, за кривично дело убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и половиот морал, против државата, против човечноста и меѓународното право, за кривичните дела „Злоупотреба на службената положба и овластување”од член 353 ,  „Несовесно работење во службата” од член 353-в, сите од Кривичниот закон, за кривични дела против јавниот ред од членовите 394 до 394-г од Кривичниот законик, како и за кривични дела сторени при вршење на семејно насилство и родово базирано насилство, потенцираат од Министерството за правда.

Амнестијата не се однесува за кривични дела „Разбојништво” од член 237 став 5 и „Разбојничка кражба” од член 238 став 5 од Кривичниот законик, за кривичните дела „Измама на штета на средства на Европската Унија” од член 249-а, „Перење пари и други приноси од казниво дело” од член 273, „Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353, „Несовесно работење во службата” од член 353-в, „Примање поткуп” од член 357, „Давање поткуп” од член 358, „Давање награда за противзаконито влијание” од член 358-а и за „Примање награда за противзаконито влијание” од член 359, сите од Кривичен законик.

- Амнестијата не се однесува на лицата кои делата кои се предмет на амнестија ги сториле по 1 септември 2023 година. Амнестијата не се однесува на лицата кои во време на сторување на делата биле избрани и именувани лица во Република Македонија. Амнестијата не се однесува на правосилно осудени лица за кои до денот на влегувањето во сила на овој закон е наредено издавање на потерница поради недостапност на органите за кривичен прогон, наведуваат од Министерството за правда.

The post Да се растовареле затворите: Министерство за правда потврди дека ќе има Закон за амнестија, ама не за тешки кривични дела appeared first on Република.

]]>

Министерството за правда го подготви предлог Законот за амнестија, со кој се овозможува ослободување и намалување на затворски казни за лесни кривични дела. Се очекува тој да биде усвоен на наредната седница на Влада, соопштија денеска од Министерството за правда. Предлог законот бил доставен и до координаторите на пратеничките групи во Собранието, кои треба да дадат свои забелешки и сугестии.
- Целта е да се овозможи рестеретување во казнено поправните установи со оглед на фактот што  состојбата таму во изминатиот период е алармантна, а тоа беше потенцирано во бројни меѓународни извештаи како и од Комитетот против тортура во рамките на Советот на Европа, се појаснува во соопштението.
Со законот се предлага лицата на кои им е изречена казна затвор до шест месеци потполно да се ослободат од издржување на казната. Осудените лица на кои им е изречена казна затвор над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30 проценти од целокупната казна изречена со правосилна пресуда.
- Амнестијата не се однесува на лицата кои се осудени на доживотен затвор, за кривично дело убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и половиот морал, против државата, против човечноста и меѓународното право, за кривичните дела „Злоупотреба на службената положба и овластување”од член 353 ,  „Несовесно работење во службата” од член 353-в, сите од Кривичниот закон, за кривични дела против јавниот ред од членовите 394 до 394-г од Кривичниот законик, како и за кривични дела сторени при вршење на семејно насилство и родово базирано насилство, потенцираат од Министерството за правда.
Амнестијата не се однесува за кривични дела „Разбојништво” од член 237 став 5 и „Разбојничка кражба” од член 238 став 5 од Кривичниот законик, за кривичните дела „Измама на штета на средства на Европската Унија” од член 249-а, „Перење пари и други приноси од казниво дело” од член 273, „Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353, „Несовесно работење во службата” од член 353-в, „Примање поткуп” од член 357, „Давање поткуп” од член 358, „Давање награда за противзаконито влијание” од член 358-а и за „Примање награда за противзаконито влијание” од член 359, сите од Кривичен законик.
- Амнестијата не се однесува на лицата кои делата кои се предмет на амнестија ги сториле по 1 септември 2023 година. Амнестијата не се однесува на лицата кои во време на сторување на делата биле избрани и именувани лица во Република Македонија. Амнестијата не се однесува на правосилно осудени лица за кои до денот на влегувањето во сила на овој закон е наредено издавање на потерница поради недостапност на органите за кривичен прогон, наведуваат од Министерството за правда.

The post Да се растовареле затворите: Министерство за правда потврди дека ќе има Закон за амнестија, ама не за тешки кривични дела appeared first on Република.

]]>
Предлог-законот за амнестија за полесни кривични дела е готов, деновиве ќе биде разгледан https://republika.mk/vesti/makedonija/predlog-zakonot-za-amnestija-za-polesni-krivichni-dela-e-gotov-denovive-ke-bide-razgledan/ Sun, 16 Jul 2023 17:45:43 +0000 https://republika.mk/?p=662026

Предлог-законот за амнестија за полесни кривични дела е готов и деновиве се очекува да го разгледаат четирите пратенички групи, по што ќе биде процесуиран во Собрание. Предлогот на министерот за правда Кренар Лога начелно е прифатен од сите фактори и пратенички групи во земјава, беше објавено попладнево на официјалната Фејсбук страница на министерството за правда.

Од овој закон, како што се наведува, корист ќе имаат многу граѓани на кои ќе им се даде дополнителна можност за ресоцијализација.

„Предлогот доаѓа по успешната амнестија на лицата кои сториле прекршоци за време на Ковид пандемијата. Целта на законот е да нема пренатрупаност во затворите и драстично да се ослободат затворските капацитети, со што ќе се создадат оптимални услови за другите затвореници“, стои во објавата на министерството за правда.

The post Предлог-законот за амнестија за полесни кривични дела е готов, деновиве ќе биде разгледан appeared first on Република.

]]>

Предлог-законот за амнестија за полесни кривични дела е готов и деновиве се очекува да го разгледаат четирите пратенички групи, по што ќе биде процесуиран во Собрание. Предлогот на министерот за правда Кренар Лога начелно е прифатен од сите фактори и пратенички групи во земјава, беше објавено попладнево на официјалната Фејсбук страница на министерството за правда. Од овој закон, како што се наведува, корист ќе имаат многу граѓани на кои ќе им се даде дополнителна можност за ресоцијализација.
„Предлогот доаѓа по успешната амнестија на лицата кои сториле прекршоци за време на Ковид пандемијата. Целта на законот е да нема пренатрупаност во затворите и драстично да се ослободат затворските капацитети, со што ќе се создадат оптимални услови за другите затвореници“, стои во објавата на министерството за правда.

The post Предлог-законот за амнестија за полесни кривични дела е готов, деновиве ќе биде разгледан appeared first on Република.

]]>
Министерство на правда ги разгледа уставните промени и ги врати во Влада https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvo-na-pravda-gi-razgleda-ustavnite-promeni-i-gi-vrati-vo-vlada/ Mon, 05 Jun 2023 09:15:14 +0000 https://republika.mk/?p=647910

Предлог-иницијативата за уставни измени изготвена од Работната група од Министерството за правда е испратена во Владата, која треба да ја разгледа на седница, а потоа и да ја достави до Собранието.

Министерството за правда минатата недела работеше на номотехничко прочистување на предлогот, а тој беше преведен и на албански јазик.

Владата по правило секој вторник одржува редовна седница, но засега нема информација дали предлог-иницијативата ќе се најде на дневен ред на утрешното заседание или ќе биде разгледана дополнително.

Работната група на седница одржана пред десетина дена ја усвои Предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување.

Промените се во делот на Преамбулата со тоа што се додаваат неколку народи. Во Преамбулата после „... бошњачкиот народ“ се додаваат зборовите „бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ“, изјави по состанокот претседателката на работната група, Маргарита Цаца Николовска. Втората измена, како што дополни таа, е во делот за дијаспората и во Амандманот 34, кој е заменет со член 49 и Амандманот 2. Во овој Амандман на Уставот на Република Македонија со кој се заменува членот 49 и Амандманот 2, после „... бошњачкиот народ“ исто така се додаваат зборовите „бугарски народ, хрватски, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ“.

Засега е неизвесно дали во Собранието ќе бидат прифатени уставите измени имајќи предвид дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавува дека нема да ги поддржи. За носење на уставните измени е потребно двотретинско мнозинство или најмалку 80 пратеници.

Премиерот Димитар Ковачевски во однос на ставовите изнесени од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по нивната средба изјави дека сите тие прашања не задираат во прашањето за

За в среда е најавена средба на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Како што соопштија од Владата, на средбата ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на земјата, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.

Собранискиот спикер Талат Џафери вечерва во „КликПлус“ на ТВ21 говореше за процедурата за одново свикување на Собранието, откако СДСМ поднесоа иницијатива за тоа, но според него нема можност

Претседателот на Собранието Талат Џафери минатата недела изјави дека постапката за уставните измени може да почне и паралелно да траат политичките разговори, имајќи предвид дека од доставувањето на Предлог-иницијативата до седницата мора да поминат 30 дена за да можат пратениците да ја разгледаат. Очекувањата се дека уставните измени би биле испратени во Собранието кон средината на овој месец.

The post Министерство на правда ги разгледа уставните промени и ги врати во Влада appeared first on Република.

]]>

Предлог-иницијативата за уставни измени изготвена од Работната група од Министерството за правда е испратена во Владата, која треба да ја разгледа на седница, а потоа и да ја достави до Собранието. Министерството за правда минатата недела работеше на номотехничко прочистување на предлогот, а тој беше преведен и на албански јазик. Владата по правило секој вторник одржува редовна седница, но засега нема информација дали предлог-иницијативата ќе се најде на дневен ред на утрешното заседание или ќе биде разгледана дополнително. Работната група на седница одржана пред десетина дена ја усвои Предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување.
Промените се во делот на Преамбулата со тоа што се додаваат неколку народи. Во Преамбулата после „... бошњачкиот народ“ се додаваат зборовите „бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ“, изјави по состанокот претседателката на работната група, Маргарита Цаца Николовска. Втората измена, како што дополни таа, е во делот за дијаспората и во Амандманот 34, кој е заменет со член 49 и Амандманот 2. Во овој Амандман на Уставот на Република Македонија со кој се заменува членот 49 и Амандманот 2, после „... бошњачкиот народ“ исто така се додаваат зборовите „бугарски народ, хрватски, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ“.
Засега е неизвесно дали во Собранието ќе бидат прифатени уставите измени имајќи предвид дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавува дека нема да ги поддржи. За носење на уставните измени е потребно двотретинско мнозинство или најмалку 80 пратеници. Премиерот Димитар Ковачевски во однос на ставовите изнесени од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по нивната средба изјави дека сите тие прашања не задираат во прашањето за За в среда е најавена средба на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Како што соопштија од Владата, на средбата ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на земјата, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи. Собранискиот спикер Талат Џафери вечерва во „КликПлус“ на ТВ21 говореше за процедурата за одново свикување на Собранието, откако СДСМ поднесоа иницијатива за тоа, но според него нема можност Претседателот на Собранието Талат Џафери минатата недела изјави дека постапката за уставните измени може да почне и паралелно да траат политичките разговори, имајќи предвид дека од доставувањето на Предлог-иницијативата до седницата мора да поминат 30 дена за да можат пратениците да ја разгледаат. Очекувањата се дека уставните измени би биле испратени во Собранието кон средината на овој месец.

The post Министерство на правда ги разгледа уставните промени и ги врати во Влада appeared first on Република.

]]>
Лога стави потпис – Жените во затворите ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите https://republika.mk/vesti/makedonija/loga-stavi-potpis-zhenite-vo-zatvorite-ke-gi-imaat-istite-prava-i-povolnosti-kako-i-mazhite/ Thu, 25 May 2023 15:01:32 +0000 https://republika.mk/?p=644642

Министерот за правда, Кренар Лога, ги потпиша измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во Казнено-поправните установи, информираат од Министерството за правда во писмен допис до медиумите.

Ова практично значи дека со измените, жените кои издржуваат казна затвор ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите.

„Предвидено е доколку осудено лице од женски пол, кое е осудено на казна затвор до три години или издржало казна затвор од три години да може да ги користи поволностите во согласност со правилникот и куќниот ред од КПУ „Идризово“. Со измените на Правилникот повеќе нема да има дискриминација на осудените лица од женски пол во женското одделение, наспроти осудените од машки пол“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

The post Лога стави потпис – Жените во затворите ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда, Кренар Лога, ги потпиша измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во Казнено-поправните установи, информираат од Министерството за правда во писмен допис до медиумите. Ова практично значи дека со измените, жените кои издржуваат казна затвор ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите.
„Предвидено е доколку осудено лице од женски пол, кое е осудено на казна затвор до три години или издржало казна затвор од три години да може да ги користи поволностите во согласност со правилникот и куќниот ред од КПУ „Идризово“. Со измените на Правилникот повеќе нема да има дискриминација на осудените лица од женски пол во женското одделение, наспроти осудените од машки пол“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

The post Лога стави потпис – Жените во затворите ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите appeared first on Република.

]]>
Во среда или во четврток ќе започне со работа работната група за уставни измени https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-sreda-ili-vo-chetvrtok-ke-zapochne-so-rabota-rabotnata-grupa-za-ustavni-izmeni/ Sun, 23 Apr 2023 19:12:19 +0000 https://republika.mk/?p=633357

Работната група за уставни измени се очекува в среда или во четврток да ја одржи првата седница. Ова за МИА го потврдиле од Министерството за правда.

Експертската работна група ќе ја сочинуваат Сали Мурати – поранешен претседател на Уставен суд, Маргарита Цаца Николовска – поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Бајрам Положани – поранешен уставен судија и професор по уставно право, Бранко Наумовски – поранешен претседател на Уставен суд, Јетон Шасивари – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Ана Чупеска – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Елена Михајлова Стратилати – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Беса Арифи – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Јагода Митревска – професор на Меѓународен Славјански Универзитет и Марија Пандевска – професор на Институт за национална историја.

Партиите за членови во Работната група за уставни измени ги предложија Цветанка Иванова од СДСМ, Арбр Адеми од ДУИ, Ремзи Мехмеди од Алијанса на Албанците, Соња Мираковска од НСДП, Нано Ружин од ЛДП, Христа Најданов од ДОМ, Темелко Ристески од Партијата на пензионери, Раметула Куќи од ДПА, Еран Куртиш од Партијата за движење на Турците и Бејџан Илјас од Демократската партија на Турците.

Од институциите предложени се Александар Спасов од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Драган Тилев од Секретаријатот за европски прашања и Шпенд Садики од Министерството за надворешни работи.

Списокот на Работната група ќе се дополнува во наредниот период и со други членови кои ќе дадат свој придонес во подготовката на уставните измени.

Работното тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени.

Владата е предлагач на уставните измени. Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.

The post Во среда или во четврток ќе започне со работа работната група за уставни измени appeared first on Република.

]]>

Работната група за уставни измени се очекува в среда или во четврток да ја одржи првата седница. Ова за МИА го потврдиле од Министерството за правда. Експертската работна група ќе ја сочинуваат Сали Мурати – поранешен претседател на Уставен суд, Маргарита Цаца Николовска – поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Бајрам Положани – поранешен уставен судија и професор по уставно право, Бранко Наумовски – поранешен претседател на Уставен суд, Јетон Шасивари – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Ана Чупеска – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Елена Михајлова Стратилати – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Беса Арифи – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Јагода Митревска – професор на Меѓународен Славјански Универзитет и Марија Пандевска – професор на Институт за национална историја. Партиите за членови во Работната група за уставни измени ги предложија Цветанка Иванова од СДСМ, Арбр Адеми од ДУИ, Ремзи Мехмеди од Алијанса на Албанците, Соња Мираковска од НСДП, Нано Ружин од ЛДП, Христа Најданов од ДОМ, Темелко Ристески од Партијата на пензионери, Раметула Куќи од ДПА, Еран Куртиш од Партијата за движење на Турците и Бејџан Илјас од Демократската партија на Турците. Од институциите предложени се Александар Спасов од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Драган Тилев од Секретаријатот за европски прашања и Шпенд Садики од Министерството за надворешни работи. Списокот на Работната група ќе се дополнува во наредниот период и со други членови кои ќе дадат свој придонес во подготовката на уставните измени. Работното тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени. Владата е предлагач на уставните измени. Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.

The post Во среда или во четврток ќе започне со работа работната група за уставни измени appeared first on Република.

]]>
МП бара Судскиот совет да ги утврди на околностите во кои е укинатата пресуда за организаторите на 27 април https://republika.mk/vesti/makedonija/mp-bara-sudskiot-sovet-da-gi-utvrdi-na-okolnostite-vo-koi-e-ukinatata-presuda-za-organizatorite-na-27-april/ Mon, 03 Apr 2023 16:16:45 +0000 https://republika.mk/?p=626811

Очигледно е дека намерните или ненамерните пропусти за суштествени повреди и натаму остануваат дозволива пракса за некои судиим оцени денеска Министерството за правда во својата реакција за укинатата пресуда за  организаторите на случувањата на 27 април.

Затоа, неопходно е веднаш да се добие соодветен одговор, зошто ова се дозволува во континуитет, односно зошто во првостепената пресуда не биле утврдени сите спорни околности, ниту битни факти поврзани со кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, се наведува во соопштението.

Министерството, како што истакнува, со најдобра намера го повикува Судскиот совет веднаш да реагира и да преземе мерки за утврдување на околностите врз основа на кои е донесена пресудата, да се поведе постапка вклучувајќи ја и дисциплинска ако се утврди дека некои свесно или несвесно со своите постапки дозволиле довербата во правосудниот систем да падне на најниско ниво.

Реакцијата на Министерството следи откако Апелациониот суд Скопје денеска ги уважи жалбите на обвинетите и ја укина првостепената пресуда, а предметот „Организатори на 27 април“ го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sluchajot-vraten-na-povtorno-sudene-apelatsija-gi-ukina-presuditite-za-t-n-organizatori-na-27-april/

Судот ја укина првостепената пресуда со која на вкупно 25 години затвор беа осудени организаторите на „крвавиот четврток“, спикерот Трајко Вељаноски, поранешните министри, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Предметот е вратен на повторно судење.

Во образложението на одлуката скопска Апелација наведува дека Основниот кривичен суд требало во поголема мера да го разгледа прашањето за одредбите кои се однесуваат за амнестија на кривичното гонење.

Поради големиот интерес и транспарентност во работењето, Судискиот совет на Апелациониот суд Скопје информира дека при разгледување на првостепената пресуда оцени дека при постапувањето по овој кривичен предмет сторени се суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 1 точка 11 и став 3 од Законот за кривичната постапка, кои придонеле првостепениот суд да не биде во можност правилно да го примени материјалното право – Кривичниот законик, се наведува во соопштението од Апелациониот суд.

The post МП бара Судскиот совет да ги утврди на околностите во кои е укинатата пресуда за организаторите на 27 април appeared first on Република.

Во Министерството за правда не најдов никаква документација поврзана со ветинг, вели новиот министер https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-ministerstvoto-za-pravda-ne-najdov-nikakva-dokumentatsija-povrzana-so-veting-veli-noviot-minister/ Fri, 10 Mar 2023 13:52:03 +0000 https://republika.mk/?p=618200

Министерот за правда, Кренар Лога, во емисијата Клик плус на ТВ 21 рече дека се остварени првите контакти со локални и со меѓународни фактори за да можеме да влеземе во дискусија дали Македонија има капацитет, заедно со нејзините стратешки сојузници, да го спроведе овој процес на ветинг. Лога смета дека во наредните недели ова прашање ќе добие свој одговор и изрази оптимизам процесот може да се заврши.

Имав средби со двајца амбасадори, неговата екселенција, евроамбасадорот и денес нејзината екселенција амбасадорката на Хрватска. Од двајцата добивме поддршка и тие покажаа интерес дека процесот на прочистување на институционалните јавни личности го добива вниманието што го заслужува. Во наредните недели имам најава за средба со многу амбасадори. Понеделник е холандската амбасада, потоа француската амбасада и неколку други амбасади. Ова се првите контакти за да видиме што можеме да направиме за да се координираме за подобро, кој ќе биде најдобриот модел за вршење на ветингот, каква ќе беше состојбата на која ќе се повикаме на овој ветинг, но јас ви кажувам дека сме во почетна фаза, и претходно кажав во министерството не најдов никаква документација поврзана со ветинг, рече Лога.

The post Во Министерството за правда не најдов никаква документација поврзана со ветинг, вели новиот министер appeared first on Република.

Тупанчески му ја предаде министерската функција на Кренар Лога https://republika.mk/vesti/makedonija/tupancheski-mu-ja-predade-ministerskata-funktsija-na-krenar-loga/ Tue, 28 Feb 2023 11:26:26 +0000 https://republika.mk/?p=614202

Во Министерството за правда денеска беше извршено примопредавање на функцијата министер за правда помеѓу досегашниот и новоименуваниот вршител на оваа должност, Никола Тупанчески и Кренар Лога.

Како што информираат од Министерството за правда, Тупанчески му посака на Лога успешна работа, реализација на голем број проекти и успех во функционирањето на Министерството.

Министерот Лога, му се заблагодари на Тупанчески за неговиот досегашен придонес и најави реформи во сферата на правосудството и засилување на борбата против криминалот и корупцијата, се наведува во соопштението од Министерството за правда

The post Тупанчески му ја предаде министерската функција на Кренар Лога appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за правда денеска беше извршено примопредавање на функцијата министер за правда помеѓу досегашниот и новоименуваниот вршител на оваа должност, Никола Тупанчески и Кренар Лога. Како што информираат од Министерството за правда, Тупанчески му посака на Лога успешна работа, реализација на голем број проекти и успех во функционирањето на Министерството.
Министерот Лога, му се заблагодари на Тупанчески за неговиот досегашен придонес и најави реформи во сферата на правосудството и засилување на борбата против криминалот и корупцијата, се наведува во соопштението од Министерството за правда

The post Тупанчески му ја предаде министерската функција на Кренар Лога appeared first on Република.

]]>
Соопштение на Министерството за правда за одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур https://republika.mk/vesti/makedonija/soopshtenie-na-ministerstvoto-za-pravda-za-odlukata-na-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-vo-strazbur/ Thu, 16 Feb 2023 17:40:29 +0000 https://republika.mk/?p=609894

Во својата одлука во предметот Талески и други против Македонија [Taleski and Others v. North Macedonia] (апликации бр. 77796/17, 80003/17, 81848/17, 81862/17, 11583/18 и 30884/18) Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) едногласно ги прогласи апликациите за недозволени. Одлуката на ЕСЧП е конечна.

Одлуката на ЕСЧП беше донесена од совет во состав од следниве седум судии: Arnfinn Bårdsen / Арнфин Бардсен (Норвешка), Претседател, Pauliine Koskelo / Паулин Коскело (Финска), Tim Eicke / Тим Ајке (Обединетото Кралство), Saadet Yüksel / Садет Јуксел (Турција), Lorraine Schembri Orland / Лорен Шембри Орланд (Малта), Frédéric Krenc / Фредерик Кренк (Белгија), Diana Sârcu / Диана Сарку (Република Молдавија), и исто така Hasan Bakırcı / Хасан Бакирчи, секретар.

Апликантите се седум државјани на Република Македонија (Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, Сашо Мијалков, Владимир Талески и Тони Трајковски) и еден државјанин на Република Македонија кој, исто така, е државјанин на Република Албанија (Едмонд Темелко).

Повикувајќи се на член 6 став 1 од ЕКЧП (право на правично судење), апликантите (освен г. Темелко) се жалеа дека тоа што се кривично гонети откако биле помилувани го повредило владеењето на правото и дека одлуките за поништување на поранешниот Претседател на државата биле спротивни на принципот на правна сигурност поради нивното ретроактивно дејство.

Понатаму, г. Талески и г. Темелко се жалеа врз основа на член 5 став 1(в) од ЕКЧП (право на слобода и безбедност) дека нивниот притвор бил арбитрарен.

ЕСЧП констатираше дека во 2015 година откако станува извесно дека се одвивало тајно снимање на телефонски разговори во Македонија, и по предавање на датотеки кои произлегуваат од овие снимки на обвинителите, апликантите биле осомничени за разни кривични дела; дека на 12 април 2016 година г. Иванов, во својство на тогашен Претседател на државата ги носи одлуките кои се однесуваат на 56 лица, вклучувајќи ги и апликантите, што предизвика масовни улични протести познати како Шарена револуција; дека по измените на Законот за помилување, во мај и јуни 2016 година Претседателот ги поништи сопствените одлуки, по што започнуваат или продолжуваат судењата против апликантите за наводните кривични дела во рамките на домашните кривични постапки против апликантите (во однос на: г. Талески, предметот познат како „Транспортер“; г-а Јанкулоска и г. Јанакиески, предметот познат како „Титаник 1“; г. Груевски, г. Јанакиески и г. Трајковски, предметот познат како „ТНТ“; г. Мијалков предметот познат како „Тортура“; г. Јакимовски и г-а Јанкулоска, предметот познат како „Тврдина“; г. Темелко, предметот познат како „Титаник 1“).

Во однос на жалбените наводи по основ на член 6, Владата меѓу другото тврдеше дека тие се преуранети бидејќи жалбените постапки во предметите пред судовите на Македонија се сè уште во тек. Владата, повикувајќи се на релевантните одредби од Законот за кривичната постапка, тврдеше дека жалбената постапка во Македонија ќе им обезбеди можност на апликантите да ги изнесат своите аргументи во однос на одлуките на г. Иванов. Покрај тоа, Законот за кривична постапка овозможува вонредно преиспитување од страна на Врховниот суд, а ЕСЧП го имаше во предвид и ставот изграден во својата претходна судска практика во однос на Македонија, дека таквото барање за вонредно преиспитување под одредени
околности би бил ефикасен правен лек, на кој апликантите би можеле да се потпрат во однос на своите жалбени наводи истакнати и пред ЕСЧП и доколку се успешни во постапката, во посебна постапка да бараат паричен надомест.

Оттука, ЕСЧП утврди дека апликантите пропуштиле да ги исцрпат домашните правни лекови и дека затоа жалбените наводи по основ на член 6 од ЕКЧП (право на правично судење) се преуранети бидејќи домашните органи имаат можност да се произнесат за тие наводи во тековните кривични постапки, односно дека домашниот судски систем, кој може директно да ја примени Конвенцијата, треба да добие шанса да се произнесе во врска со жалбените наводи и да ги исправи сите повреди на Конвенцијата кои евентуално би ги утврдил.

Во однос на жалбените наводи на г. Талески по основ на член 5, ЕСЧП утврди отсуство на потреба да ја испитува постапката во врска со неговиот домашен притвор по одлуката на поранешниот Претседател на државата од 12 април 2016, бидејќи тој бил пуштен на слобода повеќе од шест месеци пред тој да ја поднесе апликацијата до ЕСЧП. Од друга страна, во однос на неговите наводи дека истрагата требало да биде запрена, ЕСЧП истакна особено дека правниот лек кој г. Талески го искористил и за кој тој тврдеше дека бил ефективен, бил отфрлен како ненавремен, со одлуки на домашните судови кои не се чинат неразумни и арбитрарни.

Во врска со жалбените наводи на г. Темелко според член 5, ЕСЧП утврди дека тој бил или во притвор или во домашен притвор помеѓу 26 септември 2017 година и 16 мај 2018 година. Решенијата со кои му биле определени мерките за обезбедување на присуство биле предмет на судско преиспитување од страна на домашните судови. Сепак, тој тврдеше дека домашните судови требало по сопствена иницијатива да испитаат дали постоеле некакви основи (помилување од претседателот) што го исклучуваат кривичното гонење, кои притворот би го направиле незаконски. ЕСЧП зазеде став дека дури и да било така, сè уште постоела обврска за апликантот, пред домашните судови да ги изнесе своите жалбени наводи според Конвенцијата. ЕСЧП заклучи дека тој не го сторил тоа и не изложил никаков аргумент зошто тој правен лек би бил неефикасен, односно дека г. Темелко, не ги изнел неговите жалбени наводи
според Конвенцијата пред домашните судови.

Со оглед на горенаведеното, ЕСЧП одлучи дека жалбените наводи по основ на член 5 и член 6 од ЕКЧП се недозволени односно недопуштени поради неисцрпување на домашните правни лекови.

The post Соопштение на Министерството за правда за одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур appeared first on Република.

]]>

Во својата одлука во предметот Талески и други против Македонија [Taleski and Others v. North Macedonia] (апликации бр. 77796/17, 80003/17, 81848/17, 81862/17, 11583/18 и 30884/18) Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) едногласно ги прогласи апликациите за недозволени. Одлуката на ЕСЧП е конечна. Одлуката на ЕСЧП беше донесена од совет во состав од следниве седум судии: Arnfinn Bårdsen / Арнфин Бардсен (Норвешка), Претседател, Pauliine Koskelo / Паулин Коскело (Финска), Tim Eicke / Тим Ајке (Обединетото Кралство), Saadet Yüksel / Садет Јуксел (Турција), Lorraine Schembri Orland / Лорен Шембри Орланд (Малта), Frédéric Krenc / Фредерик Кренк (Белгија), Diana Sârcu / Диана Сарку (Република Молдавија), и исто така Hasan Bakırcı / Хасан Бакирчи, секретар. Апликантите се седум државјани на Република Македонија (Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, Сашо Мијалков, Владимир Талески и Тони Трајковски) и еден државјанин на Република Македонија кој, исто така, е државјанин на Република Албанија (Едмонд Темелко). Повикувајќи се на член 6 став 1 од ЕКЧП (право на правично судење), апликантите (освен г. Темелко) се жалеа дека тоа што се кривично гонети откако биле помилувани го повредило владеењето на правото и дека одлуките за поништување на поранешниот Претседател на државата биле спротивни на принципот на правна сигурност поради нивното ретроактивно дејство. Понатаму, г. Талески и г. Темелко се жалеа врз основа на член 5 став 1(в) од ЕКЧП (право на слобода и безбедност) дека нивниот притвор бил арбитрарен. ЕСЧП констатираше дека во 2015 година откако станува извесно дека се одвивало тајно снимање на телефонски разговори во Македонија, и по предавање на датотеки кои произлегуваат од овие снимки на обвинителите, апликантите биле осомничени за разни кривични дела; дека на 12 април 2016 година г. Иванов, во својство на тогашен Претседател на државата ги носи одлуките кои се однесуваат на 56 лица, вклучувајќи ги и апликантите, што предизвика масовни улични протести познати како Шарена револуција; дека по измените на Законот за помилување, во мај и јуни 2016 година Претседателот ги поништи сопствените одлуки, по што започнуваат или продолжуваат судењата против апликантите за наводните кривични дела во рамките на домашните кривични постапки против апликантите (во однос на: г. Талески, предметот познат како „Транспортер“; г-а Јанкулоска и г. Јанакиески, предметот познат како „Титаник 1“; г. Груевски, г. Јанакиески и г. Трајковски, предметот познат како „ТНТ“; г. Мијалков предметот познат како „Тортура“; г. Јакимовски и г-а Јанкулоска, предметот познат како „Тврдина“; г. Темелко, предметот познат како „Титаник 1“). Во однос на жалбените наводи по основ на член 6, Владата меѓу другото тврдеше дека тие се преуранети бидејќи жалбените постапки во предметите пред судовите на Македонија се сè уште во тек. Владата, повикувајќи се на релевантните одредби од Законот за кривичната постапка, тврдеше дека жалбената постапка во Македонија ќе им обезбеди можност на апликантите да ги изнесат своите аргументи во однос на одлуките на г. Иванов. Покрај тоа, Законот за кривична постапка овозможува вонредно преиспитување од страна на Врховниот суд, а ЕСЧП го имаше во предвид и ставот изграден во својата претходна судска практика во однос на Македонија, дека таквото барање за вонредно преиспитување под одредени околности би бил ефикасен правен лек, на кој апликантите би можеле да се потпрат во однос на своите жалбени наводи истакнати и пред ЕСЧП и доколку се успешни во постапката, во посебна постапка да бараат паричен надомест. Оттука, ЕСЧП утврди дека апликантите пропуштиле да ги исцрпат домашните правни лекови и дека затоа жалбените наводи по основ на член 6 од ЕКЧП (право на правично судење) се преуранети бидејќи домашните органи имаат можност да се произнесат за тие наводи во тековните кривични постапки, односно дека домашниот судски систем, кој може директно да ја примени Конвенцијата, треба да добие шанса да се произнесе во врска со жалбените наводи и да ги исправи сите повреди на Конвенцијата кои евентуално би ги утврдил. Во однос на жалбените наводи на г. Талески по основ на член 5, ЕСЧП утврди отсуство на потреба да ја испитува постапката во врска со неговиот домашен притвор по одлуката на поранешниот Претседател на државата од 12 април 2016, бидејќи тој бил пуштен на слобода повеќе од шест месеци пред тој да ја поднесе апликацијата до ЕСЧП. Од друга страна, во однос на неговите наводи дека истрагата требало да биде запрена, ЕСЧП истакна особено дека правниот лек кој г. Талески го искористил и за кој тој тврдеше дека бил ефективен, бил отфрлен како ненавремен, со одлуки на домашните судови кои не се чинат неразумни и арбитрарни. Во врска со жалбените наводи на г. Темелко според член 5, ЕСЧП утврди дека тој бил или во притвор или во домашен притвор помеѓу 26 септември 2017 година и 16 мај 2018 година. Решенијата со кои му биле определени мерките за обезбедување на присуство биле предмет на судско преиспитување од страна на домашните судови. Сепак, тој тврдеше дека домашните судови требало по сопствена иницијатива да испитаат дали постоеле некакви основи (помилување од претседателот) што го исклучуваат кривичното гонење, кои притворот би го направиле незаконски. ЕСЧП зазеде став дека дури и да било така, сè уште постоела обврска за апликантот, пред домашните судови да ги изнесе своите жалбени наводи според Конвенцијата. ЕСЧП заклучи дека тој не го сторил тоа и не изложил никаков аргумент зошто тој правен лек би бил неефикасен, односно дека г. Темелко, не ги изнел неговите жалбени наводи според Конвенцијата пред домашните судови. Со оглед на горенаведеното, ЕСЧП одлучи дека жалбените наводи по основ на член 5 и член 6 од ЕКЧП се недозволени односно недопуштени поради неисцрпување на домашните правни лекови.

The post Соопштение на Министерството за правда за одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур appeared first on Република.

]]>
Министерство за правда: Тупанчески не е министер од 13 февруари, барањето за еврообврзницата е стигнато на 15 февруари https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvo-za-pravda-tupancheski-ne-e-minister-od-13-fevruari-baraneto-za-evroobvrznitsata-e-stignato-na-15-fevruari/ Thu, 16 Feb 2023 12:55:49 +0000 https://republika.mk/?p=609779

Во врска со непотпишувањето на правно мислење за еврообрзницата од страна на поранешниот министер за правда Никола Тупанчески, ресорното Министерството денеска појасни дека неговата оставка од страна на Собранието е констатирана на 13 февруари и согласно тоа тој нема право да стави потпис. Барањето за мислење од Министерството за финансии, како што информираа од Министерството за правда, е пристигнато на 15 февруари.

Министерот за правда Никола Тупанчески до Владата поднесе оставка од функцијата на 10.02.2023 година. Собранието ја констатираше оставката и престанокот на функцијата министер за правда на седница на 13.02.2023 година. Од 14.02.2023 година, Никола Тупанчески е во работен однос на Правниот факултет „Јустинијан Први”. Барањето од Министерството за финансии за потпишување на правно мислење за еврообврзницата е примено во Министерството за правда на 15.02.2023 година. Со оглед на тоа што Тупанчески не е министер за правда од 13 февруари, тој нема право да стави потпис како министер, се вели во соопштението од Министерството за правда.

Министерството за финансии вчера информираше дека постапката за издавањето на еврообврзницата ќе биде завршена по назначувањето на новиот министер за правда.

Целосната постапка за издавање на еврообврзницата ќе биде извршена по спроведување на административните процедури, кои подразбираат и мислење од новиот министер за правда. Веднаш по изборот на новиот министер за правда ќе се одржи нова аукција. За ова банките-агенти што посредуваа при издавањето на еврообврзницата ќе ги информираат инвеститорите, кои при минатата аукција имаа 2,5 пати поголем интерес во однос на понудената сума, како резултат на довербата во добрите економски политики, наведе Министерството за финансии во вчерашното соопштение.

The post Министерство за правда: Тупанчески не е министер од 13 февруари, барањето за еврообврзницата е стигнато на 15 февруари appeared first on Република.

Тупанчески за гласините дека ќе го променат: Не сум сигурен колку е најдобро решение https://republika.mk/vesti/makedonija/tupancheski-za-glasinite-deka-ke-go-promenat-ne-sum-siguren-kolku-e-najdobro-reshenie/ Wed, 01 Feb 2023 15:28:30 +0000 https://republika.mk/?p=603473

Не сум сигурен дека брзата промена на министри претставува најдоброто решение, меѓутоа дефинитивно се не зависи од Министерството за правда. Многу работи зависат од фактори коишто не се директно поврзани, за жал или за среќа, можеби со Министерството за правда, вели министерот за правда Никола Тупанчески.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-alijansa-vleze-alternativa-izleguva-od-vladata-partijata-na-gashi-vecherva-ke-odluchi/

Прашан за можната владина реконструкција со влез на Алијанса за Албанците во Владата, Тупанчески рече дека апсолутно не постои никаква оптовареност каков ќе биде развојот на настаните и дека дефинитивно се подготвени да одговорат на сите предизвици.

Јас реков дека до последниот ден додека сме во Министерството за правда ќе го дадеме својот максимум. Не би сакал да го коментирам политичкиот или партискиот контекст, меѓутоа дефинитивно сме Министерство коешто и досега можеме да се пофалиме со остварените резултати. Меѓутоа, имаме и одредена замисла како да ги заокружиме претходните наши замисли во однос на реализација, подобрување на состојбите во нашата држава, изјави Тупанчески, одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на Апелациониот суд во Штип.

The post Тупанчески за гласините дека ќе го променат: Не сум сигурен колку е најдобро решение appeared first on Република.

]]>

Не сум сигурен дека брзата промена на министри претставува најдоброто решение, меѓутоа дефинитивно се не зависи од Министерството за правда. Многу работи зависат од фактори коишто не се директно поврзани, за жал или за среќа, можеби со Министерството за правда, вели министерот за правда Никола Тупанчески. https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-alijansa-vleze-alternativa-izleguva-od-vladata-partijata-na-gashi-vecherva-ke-odluchi/ Прашан за можната владина реконструкција со влез на Алијанса за Албанците во Владата, Тупанчески рече дека апсолутно не постои никаква оптовареност каков ќе биде развојот на настаните и дека дефинитивно се подготвени да одговорат на сите предизвици.