Михаел Рот Archives - Република https://republika.mk/tema/mihael-rot/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Mar 2024 10:36:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Михаел Рот Archives - Република https://republika.mk/tema/mihael-rot/ 32 32 Ќе му се посвети на партнерот: Михаел Рот се повлекува од политиката https://republika.mk/vesti/svet/ke-mu-se-posveti-na-partnerot-mihael-rot-se-povlekuva-od-politikata/ Tue, 26 Mar 2024 10:22:29 +0000 https://republika.mk/?p=758837

Претседателот на Комисијата за надворешна политика во Бундестагот, Мајкл Рот денеска соопшти дека по 27 години се повлекува од политиката.

Рот на социјалната мрежа „Х“ објави дека е решен да го стори тоа и е благодарен на своите гласачи.

„По 27 години и многу огромни задачи во Бундестагот, федералната влада и СПД, за мене политиката ќе биде завршена по следните сојузни избори. Луѓето во мојата изборна единица директно ме избраа во парламентот седум пати. Решен сум и бескрајно сум благодарен“, изјави Рот.

Рот е хомосексуалец и е во среќен брак со неговиот партнер Михаел Клопнер.

https://republika.mk/vesti/svet/mihael-rot-koj-n-ubeduva-kolku-e-dobro-da-go-smenime-ustavot-e-vo-sreken-brak-so-negoviot-partner/

The post Ќе му се посвети на партнерот: Михаел Рот се повлекува од политиката appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Комисијата за надворешна политика во Бундестагот, Мајкл Рот денеска соопшти дека по 27 години се повлекува од политиката. Рот на социјалната мрежа „Х“ објави дека е решен да го стори тоа и е благодарен на своите гласачи.
„По 27 години и многу огромни задачи во Бундестагот, федералната влада и СПД, за мене политиката ќе биде завршена по следните сојузни избори. Луѓето во мојата изборна единица директно ме избраа во парламентот седум пати. Решен сум и бескрајно сум благодарен“, изјави Рот.
Рот е хомосексуалец и е во среќен брак со неговиот партнер Михаел Клопнер. https://republika.mk/vesti/svet/mihael-rot-koj-n-ubeduva-kolku-e-dobro-da-go-smenime-ustavot-e-vo-sreken-brak-so-negoviot-partner/

The post Ќе му се посвети на партнерот: Михаел Рот се повлекува од политиката appeared first on Република.

]]>
Маричиќ и Рот ќе ја зајакнуваат регионалната соработка https://republika.mk/vesti/balkan/marichik-i-rot-ke-ja-zajaknuvaat-regionalnata-sorabotka/ Mon, 16 Oct 2023 05:57:04 +0000 https://republika.mk/?p=691497

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ оствари средба со Михаел Рот, пратеник и претседател на Комисијата за надворешна политика во германскиот Бундестаг на маргините на Форумот на граѓанско општество – Тирана 2023.

https://republika.mk/vesti/svet/mihael-rot-koj-n-ubeduva-kolku-e-dobro-da-go-smenime-ustavot-e-vo-sreken-brak-so-negoviot-partner/

Маричиќ и Рот, како што информира Секретаријат за европски прашања, разговараа за европската перспектива на регионот, за новиот план за забрзување на пристапните преговори со ЕУ и важноста од унапредување на регионалната соработка, особено во период кој следува.

- Пораката од средбата е дека планот на ЕУ значи брзи реформи кои ќе значат брзо членство и дека со тоа ЕУ нуди можност некои придобивки од членството да ги имаме и пред тоа, со одредени обврски, што е ретка шанса која треба да се искористи, се вели во соопштението.

Според вицептемиерот Маричиќ, само заедно, со поголем ангажман и соработка, Западен Балкан и ЕУ, можеме да изградиме Европа која е безбедна, која напредува и се развива.

На средбата Маричиќ посочи дека Владата прави напори да ја задржи динамиката на процесот и Македонија да ги продолжи преговорите со државите од соседството, за што, како што рече, од исклучителна важност е поддршката која ја имаме од Сојузна Република Германија.

Во таа насока претседателот на Комисијата за надворешни работи во германскиот Бундестаг и поранешен министер за Европа во германското МНР,  Рот посочи дека е важно за стабилноста на целиот регион Македонија да ги заврши обврските и да остане активна во процесот на преговори, укажувајќи дека поставувањето на датум е јасен сигнал дека ЕУ има цел 2030 да биде година за ново проширување.

Во пресрет на Самитот на лидери на Берлинскиот процес Маричиќ и Рот разговараа и за потребата од поголем фокус на регионалната соработка која треба да го забрза регионалниот развој и процесот на интеграција во единствениот пазар.

Берлинскиот процес влегува во нова фаза и се очекува да напредува и многу повеќе да придонесе за забрзување на ЕУ интеграцијата на регионот, беше заклучено на средбата.

Во Тирана денеска почнува Самитот на Берлинскиот процес, на кој албанскиот премиер Еди Рама ќе биде домаќин на лидерите на Балканот и на ЕУ, на кој ќе учествува и вицепремиерот Маричиќ, како дел од македонската владина делегација предводена од премиерот Ковачевск

The post Маричиќ и Рот ќе ја зајакнуваат регионалната соработка appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ оствари средба со Михаел Рот, пратеник и претседател на Комисијата за надворешна политика во германскиот Бундестаг на маргините на Форумот на граѓанско општество – Тирана 2023. https://republika.mk/vesti/svet/mihael-rot-koj-n-ubeduva-kolku-e-dobro-da-go-smenime-ustavot-e-vo-sreken-brak-so-negoviot-partner/ Маричиќ и Рот, како што информира Секретаријат за европски прашања, разговараа за европската перспектива на регионот, за новиот план за забрзување на пристапните преговори со ЕУ и важноста од унапредување на регионалната соработка, особено во период кој следува.
- Пораката од средбата е дека планот на ЕУ значи брзи реформи кои ќе значат брзо членство и дека со тоа ЕУ нуди можност некои придобивки од членството да ги имаме и пред тоа, со одредени обврски, што е ретка шанса која треба да се искористи, се вели во соопштението.
Според вицептемиерот Маричиќ, само заедно, со поголем ангажман и соработка, Западен Балкан и ЕУ, можеме да изградиме Европа која е безбедна, која напредува и се развива. На средбата Маричиќ посочи дека Владата прави напори да ја задржи динамиката на процесот и Македонија да ги продолжи преговорите со државите од соседството, за што, како што рече, од исклучителна важност е поддршката која ја имаме од Сојузна Република Германија. Во таа насока претседателот на Комисијата за надворешни работи во германскиот Бундестаг и поранешен министер за Европа во германското МНР,  Рот посочи дека е важно за стабилноста на целиот регион Македонија да ги заврши обврските и да остане активна во процесот на преговори, укажувајќи дека поставувањето на датум е јасен сигнал дека ЕУ има цел 2030 да биде година за ново проширување. Во пресрет на Самитот на лидери на Берлинскиот процес Маричиќ и Рот разговараа и за потребата од поголем фокус на регионалната соработка која треба да го забрза регионалниот развој и процесот на интеграција во единствениот пазар. Берлинскиот процес влегува во нова фаза и се очекува да напредува и многу повеќе да придонесе за забрзување на ЕУ интеграцијата на регионот, беше заклучено на средбата. Во Тирана денеска почнува Самитот на Берлинскиот процес, на кој албанскиот премиер Еди Рама ќе биде домаќин на лидерите на Балканот и на ЕУ, на кој ќе учествува и вицепремиерот Маричиќ, како дел од македонската владина делегација предводена од премиерот Ковачевск

The post Маричиќ и Рот ќе ја зајакнуваат регионалната соработка appeared first on Република.

]]>
Мицкоски одговори зошто немал средба со Рот: Каде пишува дека мора да има средба? https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-odgovori-zoshto-nemal-sredba-so-rot-kade-pishuva-deka-mora-da-ima-sredba/ Wed, 13 Sep 2023 14:22:49 +0000 https://republika.mk/?p=681590

На новинарско прашање зошто вчера немал средба со германскиот пратеник Михаел Рот, кој беше во посета на земјава, Мицкоски вели дека тој бил тука на покана на невладина организација.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-nitu-sega-nitu-vo-idnina-nema-ustavni-izmeni-pod-bugarski-diktat/

-Каде пишува дека мора да има средба. Мојата информација е дека Михаел Рот беше дојден тука на покана на невладина организација која што одржуваше некаква конференција, и претпоставувам дека провладините медиуми ја искористија неговата посета да добијат изјава на една тема а тоа е уставните измени, бидејќи за било што друго да прашате е црно поцрно. И сега тие го кажуваат за поддршка на политиките на Владата, а се друго е катастрофа. Секој гостин којшто е добронамерен и кој побарал средба кај мене во зависност од мојот распоред ја добил или сме ја презакажале таа средба. Овој господин не побарал средба очигледно не чувствува потреба да се види, а и впрочем никаде не пишува дека треба да се гледаме со сите коишто доаѓаат во Македонија,

The post Мицкоски одговори зошто немал средба со Рот: Каде пишува дека мора да има средба? appeared first on Република.

]]>

На новинарско прашање зошто вчера немал средба со германскиот пратеник Михаел Рот, кој беше во посета на земјава, Мицкоски вели дека тој бил тука на покана на невладина организација. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-nitu-sega-nitu-vo-idnina-nema-ustavni-izmeni-pod-bugarski-diktat/
-Каде пишува дека мора да има средба. Мојата информација е дека Михаел Рот беше дојден тука на покана на невладина организација која што одржуваше некаква конференција, и претпоставувам дека провладините медиуми ја искористија неговата посета да добијат изјава на една тема а тоа е уставните измени, бидејќи за било што друго да прашате е црно поцрно. И сега тие го кажуваат за поддршка на политиките на Владата, а се друго е катастрофа. Секој гостин којшто е добронамерен и кој побарал средба кај мене во зависност од мојот распоред ја добил или сме ја презакажале таа средба. Овој господин не побарал средба очигледно не чувствува потреба да се види, а и впрочем никаде не пишува дека треба да се гледаме со сите коишто доаѓаат во Македонија,

The post Мицкоски одговори зошто немал средба со Рот: Каде пишува дека мора да има средба? appeared first on Република.

]]>
Михаел Рот кој нѐ убедува колку е добро да го смениме Уставот е во среќен брак со неговиот партнер https://republika.mk/vesti/svet/mihael-rot-koj-n-ubeduva-kolku-e-dobro-da-go-smenime-ustavot-e-vo-sreken-brak-so-negoviot-partner/ Wed, 13 Sep 2023 06:40:26 +0000 https://republika.mk/?p=681331

Михаел Рот  претседавач на Комитетот за надворешна политика на Бундестагот и поранешен државен министер на Германија за Европа Михаел Рот е во среќен брак со неговиот партнер. Парот е во брак десет години, објавија германските медиуми.

Неговиот партнер се вика Михаел Клопнер и работи како извршен директор на туристичка агенција Бад Херсфелд.

Двојката се  венчаше во  Евангелистичката црква пред најблиските роднини и пријатели.

Нормално е да се биде геј

Тој пред две години ја шокираше јавноста со изјавата дека е „нормално да се биде геј“

Отсекогаш ми било многу тешко да бидам модел или пионер. Но, за време на моите многубројни турнеи низ Германија и Европа, разбрав дека на многу луѓе можам да им дадам храброст и сила со тоа што не ја тајм мојата сексуална ориентација. Нормално е да си геј. Дали во театар, на училиште, на работа или во политика, да и во професионалниот спорт. За жал, насекаде има дискриминација и нетрпеливост, што нема врска со поштенскиот број-смета Рот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/rot-ustavnite-izmeni-mozhebi-se-bolni-no-se-neophodni/?fbclid=IwAR3DXECWjEM3v0vEP4-bOl1uitHPpAQ-hNt9Zo8g5ts3H6MJQwG0S3mwfZg

The post Михаел Рот кој нѐ убедува колку е добро да го смениме Уставот е во среќен брак со неговиот партнер appeared first on Република.

]]>

Михаел Рот  претседавач на Комитетот за надворешна политика на Бундестагот и поранешен државен министер на Германија за Европа Михаел Рот е во среќен брак со неговиот партнер. Парот е во брак десет години, објавија германските медиуми. Неговиот партнер се вика Михаел Клопнер и работи како извршен директор на туристичка агенција Бад Херсфелд. Двојката се  венчаше во  Евангелистичката црква пред најблиските роднини и пријатели.

Нормално е да се биде геј

Тој пред две години ја шокираше јавноста со изјавата дека е „нормално да се биде геј“
Отсекогаш ми било многу тешко да бидам модел или пионер. Но, за време на моите многубројни турнеи низ Германија и Европа, разбрав дека на многу луѓе можам да им дадам храброст и сила со тоа што не ја тајм мојата сексуална ориентација. Нормално е да си геј. Дали во театар, на училиште, на работа или во политика, да и во професионалниот спорт. За жал, насекаде има дискриминација и нетрпеливост, што нема врска со поштенскиот број-смета Рот.
    https://republika.mk/vesti/makedonija/rot-ustavnite-izmeni-mozhebi-se-bolni-no-se-neophodni/?fbclid=IwAR3DXECWjEM3v0vEP4-bOl1uitHPpAQ-hNt9Zo8g5ts3H6MJQwG0S3mwfZg

The post Михаел Рот кој нѐ убедува колку е добро да го смениме Уставот е во среќен брак со неговиот партнер appeared first on Република.

]]>
Рот тврди дека луѓето се нетрпеливи да се изгласаат уставните измени https://republika.mk/vesti/makedonija/rot-tvrdi-deka-lugeto-se-netrpelivi-da-se-izglasaat-ustavnite-izmeni/ Tue, 12 Sep 2023 16:39:57 +0000 https://republika.mk/?p=681360

Германскиот пратеник Михаел Рот на заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ги повика пратениците во македонското Собрание да гласаат за уставните измени набрзо за земјата да го продолжи својот пат кон Европската унија. Рот кажа дека тоа не е само наш интерес, туку интерес и на ЕУ.

-Сега имаме предлог што е на маса и што мора да се примени, не за овде да се подобри ситуацијата на малцинствата, туку да се постигне пробив за Македонија на патот во правец на Европската унија. И мораме темпото да го забрзаме. Луѓето во оваа земја се нетрпеливи, но тоа не е само во ваш интерес, тоа е и во наш интерес. Не можеме да си дозволиме и во друг регион да има нестабилност. Сега е потребна јасна определба за држење заедно и за европеизација во Западен Балкан. Затоа мојата порака е многу јасна, рече германскиот пратеник.

Според Рот, едно прашање е важно, а тоа е како можеме да придонесеме за блокадите да се надминат и конечно да зборуваме за она што им е најважно на луѓето во земјата: демократијата, борбата против корупцијата, владеење на правото, благосостојба, слобода, помирување...

-И затоа ве молам мои колеги и колешки тука во Собранието дадете го својот придонес за неопходната уставна примена не кога било, туку во брзо и по можност да добие двотретинско мнозинство и потоа повторно може да се карате за ова или за она и да разговарате, истакна Рот.

Се надевам, кажа тој, дека нашите сигнали за солидарност и за држење заедно навистина ќе бидат разбрани од сите за да може навистина во центарот на нашата работа да дојдат работите кои се важни, а тоа се уставните промени.

-Никој во Брисел, никој во Софија, никој во Берлин, никој во Париз нема право да одлучува за вашиот идентитет, култура и традиција. Тоа го одлучуваат луѓето во вашата земја сосема сами. Македонија е пример за мултиетницизам, каде вашиот министер прво зборува на македонски, па на албански јазик. Тоа за вас е нешто што се подразбира, рече Рот.

За планот со шест точки што го презентираше во Собранието, рече дека не знае дали тој ќе биде прифатлив за другите земји, но рече дека неговата Влада е за повеќе можности и да се тргнеме од политиката на едногласност.

Рот зборуваше и за Украина посочувајќи дека во време на војна држењето заедно е најважното.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на прес-конференција потенцира дека не треба да заборавиме дека уставните измени ќе доведат до отворање на третото и четвртото поглавје.

Германскиот пратеник денеска учествуваше на конференција во Собранието и имаше средби со пратеници

The post Рот тврди дека луѓето се нетрпеливи да се изгласаат уставните измени appeared first on Република.

]]>

Германскиот пратеник Михаел Рот на заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ги повика пратениците во македонското Собрание да гласаат за уставните измени набрзо за земјата да го продолжи својот пат кон Европската унија. Рот кажа дека тоа не е само наш интерес, туку интерес и на ЕУ.
-Сега имаме предлог што е на маса и што мора да се примени, не за овде да се подобри ситуацијата на малцинствата, туку да се постигне пробив за Македонија на патот во правец на Европската унија. И мораме темпото да го забрзаме. Луѓето во оваа земја се нетрпеливи, но тоа не е само во ваш интерес, тоа е и во наш интерес. Не можеме да си дозволиме и во друг регион да има нестабилност. Сега е потребна јасна определба за држење заедно и за европеизација во Западен Балкан. Затоа мојата порака е многу јасна, рече германскиот пратеник.
Според Рот, едно прашање е важно, а тоа е како можеме да придонесеме за блокадите да се надминат и конечно да зборуваме за она што им е најважно на луѓето во земјата: демократијата, борбата против корупцијата, владеење на правото, благосостојба, слобода, помирување... -И затоа ве молам мои колеги и колешки тука во Собранието дадете го својот придонес за неопходната уставна примена не кога било, туку во брзо и по можност да добие двотретинско мнозинство и потоа повторно може да се карате за ова или за она и да разговарате, истакна Рот. Се надевам, кажа тој, дека нашите сигнали за солидарност и за држење заедно навистина ќе бидат разбрани од сите за да може навистина во центарот на нашата работа да дојдат работите кои се важни, а тоа се уставните промени.
-Никој во Брисел, никој во Софија, никој во Берлин, никој во Париз нема право да одлучува за вашиот идентитет, култура и традиција. Тоа го одлучуваат луѓето во вашата земја сосема сами. Македонија е пример за мултиетницизам, каде вашиот министер прво зборува на македонски, па на албански јазик. Тоа за вас е нешто што се подразбира, рече Рот.
За планот со шест точки што го презентираше во Собранието, рече дека не знае дали тој ќе биде прифатлив за другите земји, но рече дека неговата Влада е за повеќе можности и да се тргнеме од политиката на едногласност. Рот зборуваше и за Украина посочувајќи дека во време на војна држењето заедно е најважното. Министерот за надворешни работи Бујар Османи на прес-конференција потенцира дека не треба да заборавиме дека уставните измени ќе доведат до отворање на третото и четвртото поглавје. Германскиот пратеник денеска учествуваше на конференција во Собранието и имаше средби со пратеници

The post Рот тврди дека луѓето се нетрпеливи да се изгласаат уставните измени appeared first on Република.

]]>
Мицкоски се сретна со Рот, се заблагодари на целата помош од Германија https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-se-sretna-so-rot-se-zablagodari-na-celata-pomosh-od-germanija/ Wed, 31 Aug 2022 16:53:29 +0000 https://republika.mk/?p=546175

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателите на партијата Александар Николоски и Тимчо Муцунски, како и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски, оствари средба со претседателот на Комисијата за надворешни работи на Германскиот Бундестаг Михаил Рот.

Мицкоски се заблагодарил за помошта која до сега сме ја имале од Германија, како на патот кон евроатлантските организации, така и економски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека моментално владата која ја води Македонија нема кредибилитет да управува со државата, и дека дополнително сите чекори кои што ги влече, ја водат државата во економска неизвесност и катастрофа, се вели во соопштението од партијата.

Додал дека владата воопшто нема капацитет да се справи со кризата која ја имаме, а во голема мерка е резултат на домашно генерирана неработа и криминал, но и дека очекувањата на граѓаните и стопанството од власта се песимистички.

Мицкоски истакнал и дека народот бара надеж, и дека се потребни избори, и промена на власта. Дополнително беше истакната и заложбата на партијата за членство во ЕУ.

The post Мицкоски се сретна со Рот, се заблагодари на целата помош од Германија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателите на партијата Александар Николоски и Тимчо Муцунски, како и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски, оствари средба со претседателот на Комисијата за надворешни работи на Германскиот Бундестаг Михаил Рот. Мицкоски се заблагодарил за помошта која до сега сме ја имале од Германија, како на патот кон евроатлантските организации, така и економски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека моментално владата која ја води Македонија нема кредибилитет да управува со државата, и дека дополнително сите чекори кои што ги влече, ја водат државата во економска неизвесност и катастрофа, се вели во соопштението од партијата.
Додал дека владата воопшто нема капацитет да се справи со кризата која ја имаме, а во голема мерка е резултат на домашно генерирана неработа и криминал, но и дека очекувањата на граѓаните и стопанството од власта се песимистички. Мицкоски истакнал и дека народот бара надеж, и дека се потребни избори, и промена на власта. Дополнително беше истакната и заложбата на партијата за членство во ЕУ.

The post Мицкоски се сретна со Рот, се заблагодари на целата помош од Германија appeared first on Република.

]]>
ЕУ станува свесна дека уставни измени нема да има https://republika.mk/vesti/makedonija/eu-stanuva-svesna-deka-ustavani-izmeni-nema-da-ima/ Wed, 31 Aug 2022 10:34:13 +0000 https://republika.mk/?p=546013

Михаел Рот, пратеник од германскиот Бундестаг и претседател на Комисијата за надворешна политика, денеска од Скопје порача дека ЕУ треба да го засили присуството во Македонија, но и дека уставните измени треба да се случат за да продолжат пристапните преговори со Унијата.

Рот изрази задоволство што е тука повторно, особено како што кажа, во овие тешки времиња кога може да почуствува фрустрација и разочараност од ЕУ.

-Тоа е наша обврска на политичарите од ЕУ и од Германија да ги охрабриме Македонците и Македонките да го направат следниот чекор во правецот на ЕУ и да знаат дека тоа навистина вреди, рече Рот во изјавата за медиумите по средбата кај претседателот на државата Стево Пендаровски.

Германскиот пратеник рече дека земјава вложи многу на патот кон ЕУ и токму сега Унијата има обврскада биде поприсутна во Македонија, да биде повидлива, повеќе да се ангажира, да обезбеди перспектива и повеќе работа за младите за да знаат дека вреди.

-Затоа е сега многу важно уште еднаш да се предочи и да биде јасно дека ЕУ не претставува само внатрешен пазар и заедница која што има една валута туку дека таа е заедница која има културна и јазична разновидност и дека никој нема право да се меша во културниот идентитет. Ниту еден договор нема да може никогаш да промени нешто од ова основно начело на коешто се базира ЕУ, рече германскиот пратеник Рот.

Изрази надеж дека во македонскиот Парламент ќе можат да се создадат предуслови да се продолжи, како што кажа „ангажирано со пристапните преговори“.

– Знам дека на многумина воопшто не им паѓа лесно кога станува збор за тие уставни промени, но секој треба да си го постави прашањето – не како може јас да и помогнам на мојата партија, туку како може јас да и помогнам и да придонесам за мојата земја, потенцира Рот. 

The post ЕУ станува свесна дека уставни измени нема да има appeared first on Република.

]]>

Михаел Рот, пратеник од германскиот Бундестаг и претседател на Комисијата за надворешна политика, денеска од Скопје порача дека ЕУ треба да го засили присуството во Македонија, но и дека уставните измени треба да се случат за да продолжат пристапните преговори со Унијата. Рот изрази задоволство што е тука повторно, особено како што кажа, во овие тешки времиња кога може да почуствува фрустрација и разочараност од ЕУ.
-Тоа е наша обврска на политичарите од ЕУ и од Германија да ги охрабриме Македонците и Македонките да го направат следниот чекор во правецот на ЕУ и да знаат дека тоа навистина вреди, рече Рот во изјавата за медиумите по средбата кај претседателот на државата Стево Пендаровски.
Германскиот пратеник рече дека земјава вложи многу на патот кон ЕУ и токму сега Унијата има обврскада биде поприсутна во Македонија, да биде повидлива, повеќе да се ангажира, да обезбеди перспектива и повеќе работа за младите за да знаат дека вреди.
-Затоа е сега многу важно уште еднаш да се предочи и да биде јасно дека ЕУ не претставува само внатрешен пазар и заедница која што има една валута туку дека таа е заедница која има културна и јазична разновидност и дека никој нема право да се меша во културниот идентитет. Ниту еден договор нема да може никогаш да промени нешто од ова основно начело на коешто се базира ЕУ, рече германскиот пратеник Рот.
Изрази надеж дека во македонскиот Парламент ќе можат да се создадат предуслови да се продолжи, како што кажа „ангажирано со пристапните преговори“.
– Знам дека на многумина воопшто не им паѓа лесно кога станува збор за тие уставни промени, но секој треба да си го постави прашањето – не како може јас да и помогнам на мојата партија, туку како може јас да и помогнам и да придонесам за мојата земја, потенцира Рот. 

The post ЕУ станува свесна дека уставни измени нема да има appeared first on Република.

]]>
Што говореше Михаел Рот кој денеска ни е на гости: Нормално е да се биде геј https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-govoreshe-mihael-rot-koj-deneska-ni-e-na-gosti-normalno-e-da-se-bide-gej/ Wed, 31 Aug 2022 09:35:58 +0000 https://republika.mk/?p=545997

Германскиот пратеник Михаел Рот кој денеска е во посета на Скопје е голем поборник за правата на хомосексуалците. Тој пред две години ја шокираше јавноста со изјавата дека е „нормално да се биде геј“

Отсекогаш ми било многу тешко да бидам модел или пионер. Но, за време на моите многубројни турнеи низ Германија и Европа, разбрав дека на многу луѓе можам да им дадам храброст и сила со тоа што не ја тајм мојата сексуална ориентација. Нормално е да си геј. Дали во театар, на училиште, на работа или во политика, да и во професионалниот спорт. За жал, насекаде има дискриминација и нетрпеливост, што нема врска со поштенскиот број-смета Рот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/rot-makedonskiot-e-jazik-vo-evropa-na-kulturni-razlichnosti/

The post Што говореше Михаел Рот кој денеска ни е на гости: Нормално е да се биде геј appeared first on Република.

Рот: Македонскиот е јазик во Европа на културни различности https://republika.mk/vesti/makedonija/rot-makedonskiot-e-jazik-vo-evropa-na-kulturni-razlichnosti/ Wed, 31 Aug 2022 09:14:21 +0000 https://republika.mk/?p=545989

Пратеникот од германскиот Бундестаг воедно и претседател на тамошната Комисија за надворешна политика Михаел Рот, пред денешните средби со државниот врв и во Парламентот во Скопје на Твитер напиша дека доаѓа во предизвикувачко и фрустрирачко време за Македонците, но оти нема да чекориме сами. Патем, напиша тој, Македонскиот е јазик во Европа на културни различности!

-Добро утро Скопје! Добро е да се вратиш во предизвикувачки, фрустрирачки времиња за Македонците! Но вие никогаш нема да чекорите сами… Надежта е клучот! И патем: Македонскиот е јазик во Европа на културни различности!, напиша на Твитер Рот.

Германскиот пратеник Рот е на средба со претседателот Стево Пендаровски, по што треба да се сретне и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Претходно Рот беше примен и од претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а имаше средба и со претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антониjо Милошоски.

Михаел Рот пред да биде избран за пратеник во Бундестагот ја извршуваше функцијата државен министер за Европа во германското МНР.

The post Рот: Македонскиот е јазик во Европа на културни различности appeared first on Република.

]]>

Пратеникот од германскиот Бундестаг воедно и претседател на тамошната Комисија за надворешна политика Михаел Рот, пред денешните средби со државниот врв и во Парламентот во Скопје на Твитер напиша дека доаѓа во предизвикувачко и фрустрирачко време за Македонците, но оти нема да чекориме сами. Патем, напиша тој, Македонскиот е јазик во Европа на културни различности! -Добро утро Скопје! Добро е да се вратиш во предизвикувачки, фрустрирачки времиња за Македонците! Но вие никогаш нема да чекорите сами… Надежта е клучот! И патем: Македонскиот е јазик во Европа на културни различности!, напиша на Твитер Рот. Германскиот пратеник Рот е на средба со претседателот Стево Пендаровски, по што треба да се сретне и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Претходно Рот беше примен и од претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а имаше средба и со претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антониjо Милошоски. Михаел Рот пред да биде избран за пратеник во Бундестагот ја извршуваше функцијата државен министер за Европа во германското МНР.

The post Рот: Македонскиот е јазик во Европа на културни различности appeared first on Република.

]]>
Михаел Рот во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/mihael-rot-vo-skopje/ Wed, 31 Aug 2022 06:26:12 +0000 https://republika.mk/?p=545903

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, Михаел Рот, денеска ќе престојува во посета на Република Македонија.

Рот ќе биде примен од претседателот Стево Пендаровски, а треба да има средби и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Како што најавија од собраниската прес-служба, Рот ќе има средба и со претседателот на Законодавниот дом, Талат Џафери, а ќе се сретне и со претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антониjо Милошоски.

Михаел Рот пред да биде избран за пратеник во Бундестагот ја извршуваше функцијата државен министер за Европа во германското МНР.

The post Михаел Рот во Скопје appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, Михаел Рот, денеска ќе престојува во посета на Република Македонија. Рот ќе биде примен од претседателот Стево Пендаровски, а треба да има средби и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Како што најавија од собраниската прес-служба, Рот ќе има средба и со претседателот на Законодавниот дом, Талат Џафери, а ќе се сретне и со претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антониjо Милошоски. Михаел Рот пред да биде избран за пратеник во Бундестагот ја извршуваше функцијата државен министер за Европа во германското МНР.

The post Михаел Рот во Скопје appeared first on Република.

]]>
Михаел Рот утре доаѓа во посета на Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/mihael-rot-utre-doagja-vo-poseta-na-skopje/ Tue, 30 Aug 2022 12:14:49 +0000 https://republika.mk/?p=545641

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, Михаел Рот утре ќе престојува во посета на Македонија.

Како што стои на веб страницата на Собранието, Рот утре ќе има средба со претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а ќе се сретне и со претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антониjо Милошоски.

Засега има потврда и за средба на германскиот пратеник со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Рот, пред да биде избран за пратеник во Бундестагот ја извршуваше функцијата државен министер за Европа во германското МНР.

The post Михаел Рот утре доаѓа во посета на Скопје appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, Михаел Рот утре ќе престојува во посета на Македонија. Како што стои на веб страницата на Собранието, Рот утре ќе има средба со претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а ќе се сретне и со претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антониjо Милошоски. Засега има потврда и за средба на германскиот пратеник со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ. Рот, пред да биде избран за пратеник во Бундестагот ја извршуваше функцијата државен министер за Европа во германското МНР.

The post Михаел Рот утре доаѓа во посета на Скопје appeared first on Република.

]]>
Рот: Што е можно поскоро да почнат преговори на ЕУ со Македонија и Албанија https://republika.mk/vesti/makedonija/rot-shto-e-mozno-poskoro-da-pochnat-pregovori-na-eu-so-makedonija-i-albanija/ Tue, 15 Mar 2022 12:22:13 +0000 https://republika.mk/?p=473162

Германскиот министер за европски прашања Михаел Рот изјави дека ЕУ мора да ги забрза пристапните преговори со земјите од Западен Балкан, бидејќи во спротивно други земји, како Русија и Кина, ќе го искористат овој момент и ќе го пополнат вакуумот, пренесува „Албаниан дејли њуз“.

Тој денеска потенцираше дека е дојдено време Македонија и Албанија да ги почнат преговорите со ЕУ.

– Нашите пријатели од Западен Балкан предолго чекаа. Мора да ги забрзаме преговорите, бидејќи ако ЕУ не е видлива, активна и доволно гласна, авторитарните режими, како Русија, Кина или Турција, ќе го пополнат вакуумот, а тоа апсолутно не е во германски или европски интерес, изјави Рот.

Осврнувајќи се на ситуацијата во Украина, Рот рече дека војната во Украина е голема трагедија и дека ЕУ мора да преземе поголема одговорност за да се постигне мир и стабилност во целиот регион.

Ова не значи само во Источна Европа туку и во Западен Балкан. Ова е обврска за нас. И ако ја повикаме Украина, тоа не значи дека веќе не сме заинтересирани за продолжување на односите со Албанија и другите земји од Западен Балкан - рече Рот по средбата со албанската делегација.

Време е да започнеме преговори со Албанија и Македонија што е можно поскоро, потенцираше германскиот министер

Многу сум благодарен што им посакувам добредојде на пријателите од Албанија и што тие ми дадоа можност да ја потенцирам јасната и кредибилна европска перспектива за Албанија и другите земји од Западен Балкан“, се наведува во неговата денешна изјава, пренесува „Албаниан дејли њуз“.

Не сум многу среќен со последниот развој на настаните, бидејќи ЕУ го изгуби кредибилитетот во регионот. Време е да почнеме преговори со Албанија и Македонија што е можно поскоро. Ова е мојата порака, не само за нашите пријатели и партнери во Албанија, туку и до нашите пријатели и колеги во Брисел и се надевам дека француското претседателство со Советот ќе има вистинска можност да го одржиме нашето ветување.

The post Рот: Што е можно поскоро да почнат преговори на ЕУ со Македонија и Албанија appeared first on Република.

]]>

Германскиот министер за европски прашања Михаел Рот изјави дека ЕУ мора да ги забрза пристапните преговори со земјите од Западен Балкан, бидејќи во спротивно други земји, како Русија и Кина, ќе го искористат овој момент и ќе го пополнат вакуумот, пренесува „Албаниан дејли њуз“. Тој денеска потенцираше дека е дојдено време Македонија и Албанија да ги почнат преговорите со ЕУ. – Нашите пријатели од Западен Балкан предолго чекаа. Мора да ги забрзаме преговорите, бидејќи ако ЕУ не е видлива, активна и доволно гласна, авторитарните режими, како Русија, Кина или Турција, ќе го пополнат вакуумот, а тоа апсолутно не е во германски или европски интерес, изјави Рот. Осврнувајќи се на ситуацијата во Украина, Рот рече дека војната во Украина е голема трагедија и дека ЕУ мора да преземе поголема одговорност за да се постигне мир и стабилност во целиот регион.
Ова не значи само во Источна Европа туку и во Западен Балкан. Ова е обврска за нас. И ако ја повикаме Украина, тоа не значи дека веќе не сме заинтересирани за продолжување на односите со Албанија и другите земји од Западен Балкан - рече Рот по средбата со албанската делегација.
Време е да започнеме преговори со Албанија и Македонија што е можно поскоро, потенцираше германскиот министер Многу сум благодарен што им посакувам добредојде на пријателите од Албанија и што тие ми дадоа можност да ја потенцирам јасната и кредибилна европска перспектива за Албанија и другите земји од Западен Балкан“, се наведува во неговата денешна изјава, пренесува „Албаниан дејли њуз“. Не сум многу среќен со последниот развој на настаните, бидејќи ЕУ го изгуби кредибилитетот во регионот. Време е да почнеме преговори со Албанија и Македонија што е можно поскоро. Ова е мојата порака, не само за нашите пријатели и партнери во Албанија, туку и до нашите пријатели и колеги во Брисел и се надевам дека француското претседателство со Советот ќе има вистинска можност да го одржиме нашето ветување.

The post Рот: Што е можно поскоро да почнат преговори на ЕУ со Македонија и Албанија appeared first on Република.

]]>
Рот: Путин ја загрозува стабилноста и на Западен Балкан https://republika.mk/vesti/svet/rot-putin-ja-zagrozuva-stabilnosta-i-na-zapaden-balkan/ Thu, 24 Feb 2022 10:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=463034

Рускиот напад на Украина, не го доведува во прашање само опстанокот на земјата, туку ја загрозува и цела Источна Европа, но и стабилноста на Западен Балкан, изјави денеска претседателот на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот, Михаел Рот. Тој додаде дека Западот треба да ги „запре сепаратистите“ во Босна и Херцеговина, што поскоро.

Во објавата на Твитер, Рот предупреди дека нападот може да има сериозни последици, не само на Источна Европа, туку и на Балканот, каде држави се соочени со нестабилности и различни закани.

Путин, не само што војува против Украина, туку и го доведува во прашање правото на постоење на источноевропските држави. Тоа, исто така, ја торпедира и европската перспектива на Западен Балкан, предупреди Рот, истакнувајќи дека Европската унија сега е на тест на докажување на својата веродостојност и одржување на одамна дадените ветувања.

Тој појасни дека затоа треба да бидат решени сомнежите за пристапувањето на Албанија и на Македонија во Унијата, па ја повика Бугарија да запре со блокирање на процесот.

За Косово, Рот предложи што побрза визна либерализација, а во однос на Босна и Херцеговина, предупреди на сепаратистичките тенденции што му се закануваат на опстанокот на земјата, со што алудираше на политиката на српскиот член на Претседателството БиХ, Милорад Додик.

Тој, со отворена руска поддршка, веќе со месеци најавува и презема конкретни чекори, што водат кон издвојување на Република Српска од уставно-правниот поредок на БиХ. Русија исто така му дава поддршка на Додик во оспорување на мандатот на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит.

Треба да се запрат сепаратистите во Босна и Херцеговина, изјави Рот.

The post Рот: Путин ја загрозува стабилноста и на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Рускиот напад на Украина, не го доведува во прашање само опстанокот на земјата, туку ја загрозува и цела Источна Европа, но и стабилноста на Западен Балкан, изјави денеска претседателот на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот, Михаел Рот. Тој додаде дека Западот треба да ги „запре сепаратистите“ во Босна и Херцеговина, што поскоро. Во објавата на Твитер, Рот предупреди дека нападот може да има сериозни последици, не само на Источна Европа, туку и на Балканот, каде држави се соочени со нестабилности и различни закани.
Путин, не само што војува против Украина, туку и го доведува во прашање правото на постоење на источноевропските држави. Тоа, исто така, ја торпедира и европската перспектива на Западен Балкан, предупреди Рот, истакнувајќи дека Европската унија сега е на тест на докажување на својата веродостојност и одржување на одамна дадените ветувања.
Тој појасни дека затоа треба да бидат решени сомнежите за пристапувањето на Албанија и на Македонија во Унијата, па ја повика Бугарија да запре со блокирање на процесот. За Косово, Рот предложи што побрза визна либерализација, а во однос на Босна и Херцеговина, предупреди на сепаратистичките тенденции што му се закануваат на опстанокот на земјата, со што алудираше на политиката на српскиот член на Претседателството БиХ, Милорад Додик. Тој, со отворена руска поддршка, веќе со месеци најавува и презема конкретни чекори, што водат кон издвојување на Република Српска од уставно-правниот поредок на БиХ. Русија исто така му дава поддршка на Додик во оспорување на мандатот на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит.
Треба да се запрат сепаратистите во Босна и Херцеговина, изјави Рот.

The post Рот: Путин ја загрозува стабилноста и на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Рот: Бугарија конечно да го признае македонското малцинство https://republika.mk/vesti/makedonija/rot-bugarija-konechno-da-go-priznae-makedonskoto-malcinstvo/ Tue, 18 Jan 2022 15:24:20 +0000 https://republika.mk/?p=446439

Денешната средба на премиерите на Бугарија и Македонија, Кирил Петков и Димитар Ковачевски во Скопје ја поздрави и поранешниот германски министер за Европа и актуелен пратеник во Бундестагот, Михаел Рот, која на својот Твитер профил објави дека Бугарија конечно треба да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и „да признае македонското малцинство во Бугарија“.

Многу е добро што се среќаваат новите премиери на Бугарија и на Македонија. Како што Македонија признава бугарско малцинство, конечно Бугарија мора да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и да признае македонско малцинство во Бугарија. Во ЕУ ниту една земја не смее да одлучува за јазикот и културата на друга земја, објави Рот на Твитер.

Михаел Рот беше државен министер за Европа од 2013 до 2021 година во владите на германската канцеларка Ангела Меркел.

The post Рот: Бугарија конечно да го признае македонското малцинство appeared first on Република.

Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство https://republika.mk/vesti/makedonija/rot-bugarija-da-go-priznae-makedonskoto-malcinstvo/ Tue, 18 Jan 2022 13:51:49 +0000 https://republika.mk/?p=446396

Пораешниот германски државен секретар за Европа, а сега само пратеник, Михаел Рот побара да има реципроцитет во однос на малцинствата во двете змеји, односно како што Македонија признава бугарско малцинство, така и Бугарија треба да го признае македонското малцинство.

Многу добро што се среќаваат новите шефови на влади на Бугарија и Македонија! Како што Македонија го признава бугарското малцинство во Македонија, така и официјална Софија мора конечно да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и да го признае македонското малцинство во Бугарија. Во ЕУ ниту една земја не смее да одлучува за јазикот и културата на друга земја, објави Рот на Твитер.

Пред два дена бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека никогаш тој или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н. македонско малцинство во земјата.

Нема такво малцинство и за такво малцинство не може да се зборува, рече Петков.

The post Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство appeared first on Република.