матуранти Archives - Република https://republika.mk/tema/maturanti/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Aug 2024 12:12:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png матуранти Archives - Република https://republika.mk/tema/maturanti/ 32 32 Августовска испитна сесија од државната матура во понеделник и среда https://republika.mk/vesti/makedonija/avgustovska-ispitna-sesija-od-drzhavnata-matura-vo-ponedelnik-i-sreda-2/ Fri, 09 Aug 2024 12:12:06 +0000 https://republika.mk/?p=804963

Наредната седмица ќе биде организирана августовската испитна сесија од учебната 2023-2024 за матурантите кои во јуни, од различни причини, не положиле државна матура или не во целост.

Во понеделник, 12 август, од 10 часот е закажано полагањето на првиот (задолжителен) екстерен испит – мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, а в среда (14 август) ќе се полага вториот (изборен) екстерен испит за кој кандидатите избираат еден од седум предмети.

Според податоците на Државниот испитен центар, за августовската сесија пријавени кандидати по предмети има 2624, од кои 1626 се ученици кои следат настава на македонски јазик, 932 – ученици од настава на албански јазик и 66 од турски наставен јазик.

Првиот екстерен испит (мајчин јазик и литература) ќе го полагаат 779 ученици: од нив 519 се пријавени за македонски јазик и литература, 231 за албански јазик и литература и 29 за турски јазик и литература.

За полагањето на вториот екстерен испит, најмногу се пријавени за тестот по Англиски јазик (1777), а нема пријавени за тестовите по Руски јазик и Филозофија. За математика има 59 пријави, четири за Француски јазик, три за Естетика и двајца кандидати за испитот по Германски јазик.

Јунската испитна сесија од државната матура, за која беа пријавени над 14 800 матуранти, заврши со просечна оценка 3,25. Постигнатиот успех е послаб споредено со минатите три години (3,65 во 2023, 3,78 во 2022 и 3,61 во 2021) но, според Државниот испитен центар, тоа е објективна оценка што веродостојно го одразува знаењето на учениците бидејќи првпат оваа година беа заострени мерките.

Испитите се полагаа во спортски сали и во училишните холови заради поголема прегледност за тестаторите и набљудувачите при контролата над учениците со цел да се спречи препишување или користење електронски уреди.

На објавувањето на резултатите, министерката Весна Јаневска соопшти две новини од следната учебна година. Како што рече, ќе инсистира државната матура да се реализира во амфитеатрите и во други простории на јавните факултети каде што има блокатори и друга технологија која ќе оневозможи користење комуникациски уреди за време на полагањето.

Втората новина односно мерка ќе се однесува на измена на правилниците за полагање државна матура, од аспект на подигнување на одговорностите на лицата кои се вклучени во процесот.

The post Августовска испитна сесија од државната матура во понеделник и среда appeared first on Република.

]]>

Наредната седмица ќе биде организирана августовската испитна сесија од учебната 2023-2024 за матурантите кои во јуни, од различни причини, не положиле државна матура или не во целост. Во понеделник, 12 август, од 10 часот е закажано полагањето на првиот (задолжителен) екстерен испит – мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, а в среда (14 август) ќе се полага вториот (изборен) екстерен испит за кој кандидатите избираат еден од седум предмети. Според податоците на Државниот испитен центар, за августовската сесија пријавени кандидати по предмети има 2624, од кои 1626 се ученици кои следат настава на македонски јазик, 932 – ученици од настава на албански јазик и 66 од турски наставен јазик. Првиот екстерен испит (мајчин јазик и литература) ќе го полагаат 779 ученици: од нив 519 се пријавени за македонски јазик и литература, 231 за албански јазик и литература и 29 за турски јазик и литература. За полагањето на вториот екстерен испит, најмногу се пријавени за тестот по Англиски јазик (1777), а нема пријавени за тестовите по Руски јазик и Филозофија. За математика има 59 пријави, четири за Француски јазик, три за Естетика и двајца кандидати за испитот по Германски јазик. Јунската испитна сесија од државната матура, за која беа пријавени над 14 800 матуранти, заврши со просечна оценка 3,25. Постигнатиот успех е послаб споредено со минатите три години (3,65 во 2023, 3,78 во 2022 и 3,61 во 2021) но, според Државниот испитен центар, тоа е објективна оценка што веродостојно го одразува знаењето на учениците бидејќи првпат оваа година беа заострени мерките. Испитите се полагаа во спортски сали и во училишните холови заради поголема прегледност за тестаторите и набљудувачите при контролата над учениците со цел да се спречи препишување или користење електронски уреди. На објавувањето на резултатите, министерката Весна Јаневска соопшти две новини од следната учебна година. Како што рече, ќе инсистира државната матура да се реализира во амфитеатрите и во други простории на јавните факултети каде што има блокатори и друга технологија која ќе оневозможи користење комуникациски уреди за време на полагањето. Втората новина односно мерка ќе се однесува на измена на правилниците за полагање државна матура, од аспект на подигнување на одговорностите на лицата кои се вклучени во процесот.

The post Августовска испитна сесија од државната матура во понеделник и среда appeared first on Република.

]]>
Матурата е голем чекор кон независноста на младите од СОС Детско село https://republika.mk/zivot/maturata-e-golem-chekor-kon-nezavisnosta-na-mladite-od-sos-detsko-selo/ Tue, 28 May 2024 17:11:57 +0000 https://republika.mk/?p=782496

Христина, Мартина и Ибраим се дел од матурантите од СОС Детско село оваа година. Овие тројца млади луѓе, кои годинава слават матура, слават многу повеќе од крајот на образованието.
Растејќи во СОС Детско село, како деца без родителска грижа, покажаа неверојатна сила, истрајност и храброст. Овие наши млади херои надминаа бројни предизвици, но благодарение на нашата поддршка и сопствениот мотив, денес стојат пред нас како симбол на надеж и успех.
Нивната приказна е инспирација за сите нас, потсетувајќи не дека без разлика на почетокот, со љубов, поддршка и одлучност можеме да постигнеме големи работи.

“Во моментов приоритет ми е државната матура за да можам да се запишам на факултет. Сакам да студирам Педагошки факултет и еден ден да работам со деца. Пред тоа ме чека долго топло и работно лето бидејќи сакам пред да започнам со студирање и финансиски да се остамостојам.

А потоа еден ден да основам свое семејство, да се остварам како мајка, да бидам она што јас никогаш го немав - постојана поддршка и ветер во грб на своите деца. “ – вели  Христина Коневска.

Животот во СОС Детско село им овозможи на овие матуранти единствена и посебна врска меѓу себе и посветените едукатори од кои имаа безусловна поддршка. СОС Детско село за нив е многу повеќе од само дом, тоа е семејство кое се грижеше, веруваше во нив и стоеше покрај нив во секој чекор од нивното патување.

“Сите овие години СОС Детско село за мене беше мое семејство и мој дом, но ќе бидам искрена ми недостигаше мојот биолошки татко. По завршувањето на училиштето во план ми е да живеам со него. Пресреќна сум што конечно после 19 години ќе се обедини семејството. Се радувам на секој миг што ќе го имаме заедно, бидејќи имаме толку многу да надоместиме. “- искрено раскажува Мартина Костадиновска.

СОС Детско село ќе продолжи да биде нивниот извор на сила, се додека ги следат своите соништа. „Одете самоуверено во насока на вашите соништа. Живејте го животот што сте го замислиле“, советуваше Хенри Дејвид Торо, чувство кое совршено го опфаќа духот на овие млади луѓе.

“Мојата желба ми е да работам како пекар и верувам дека ќе успеам да си ја остварам. Мојот план за летово е да почнам да работам и да се осамостојам финансиски, а тоа значи да си најдам работа и свој стан за почеток. Додека бев во СОС Детско село научив многу работи, така што мислам дека сум веќе подготвен и доволно зрел да ја преземам грижата за себе.“- Ибраим Зекировски

The post Матурата е голем чекор кон независноста на младите од СОС Детско село appeared first on Република.

]]>

Христина, Мартина и Ибраим се дел од матурантите од СОС Детско село оваа година. Овие тројца млади луѓе, кои годинава слават матура, слават многу повеќе од крајот на образованието. Растејќи во СОС Детско село, како деца без родителска грижа, покажаа неверојатна сила, истрајност и храброст. Овие наши млади херои надминаа бројни предизвици, но благодарение на нашата поддршка и сопствениот мотив, денес стојат пред нас како симбол на надеж и успех. Нивната приказна е инспирација за сите нас, потсетувајќи не дека без разлика на почетокот, со љубов, поддршка и одлучност можеме да постигнеме големи работи. “Во моментов приоритет ми е државната матура за да можам да се запишам на факултет. Сакам да студирам Педагошки факултет и еден ден да работам со деца. Пред тоа ме чека долго топло и работно лето бидејќи сакам пред да започнам со студирање и финансиски да се остамостојам. А потоа еден ден да основам свое семејство, да се остварам како мајка, да бидам она што јас никогаш го немав - постојана поддршка и ветер во грб на своите деца. “ – вели  Христина Коневска. Животот во СОС Детско село им овозможи на овие матуранти единствена и посебна врска меѓу себе и посветените едукатори од кои имаа безусловна поддршка. СОС Детско село за нив е многу повеќе од само дом, тоа е семејство кое се грижеше, веруваше во нив и стоеше покрај нив во секој чекор од нивното патување. “Сите овие години СОС Детско село за мене беше мое семејство и мој дом, но ќе бидам искрена ми недостигаше мојот биолошки татко. По завршувањето на училиштето во план ми е да живеам со него. Пресреќна сум што конечно после 19 години ќе се обедини семејството. Се радувам на секој миг што ќе го имаме заедно, бидејќи имаме толку многу да надоместиме. “- искрено раскажува Мартина Костадиновска. СОС Детско село ќе продолжи да биде нивниот извор на сила, се додека ги следат своите соништа. „Одете самоуверено во насока на вашите соништа. Живејте го животот што сте го замислиле“, советуваше Хенри Дејвид Торо, чувство кое совршено го опфаќа духот на овие млади луѓе. “Мојата желба ми е да работам како пекар и верувам дека ќе успеам да си ја остварам. Мојот план за летово е да почнам да работам и да се осамостојам финансиски, а тоа значи да си најдам работа и свој стан за почеток. Додека бев во СОС Детско село научив многу работи, така што мислам дека сум веќе подготвен и доволно зрел да ја преземам грижата за себе.“- Ибраим Зекировски    

The post Матурата е голем чекор кон независноста на младите од СОС Детско село appeared first on Република.

]]>
Матурантите од Прилеп слават со „Дирлада“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/maturantite-od-prilep-slavat-so-dirlada/ Sun, 19 May 2024 16:37:40 +0000 https://republika.mk/?p=779893

Во ек се прославите за завршување на средното образование. Матурантите од Прилеп продолжуваат по официјаната прослава во некој ресторан продолжуваат со славење по улиците на градот. Ечи и се пее „Дирлада“ од скопската група „Меморија“.

The post Матурантите од Прилеп слават со „Дирлада“ appeared first on Република.

Јаневска до Шаќири: На инфлација од 14 отсто, сте ја покачиле цената за приговори на матурантите од 1.500 на 2.500 денари https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-do-shakiri-na-inflatsija-od-14-otsto-ste-ja-pokachile-tsenata-za-prigovori-na-maturantite-od-1-500-na-2-500-denari/ Wed, 05 Jul 2023 10:43:06 +0000 https://republika.mk/?p=658316

Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на покачувањето на цената за приговори на матурантите која е зголемена за илјада денари и тоа во време на економска криза и инфлацијата која во државата изнесува 14 отсто.

Министре Шаќири, Државен испитен центар, на инфлација од 14 отсто во земјата вие сте ја покачиле цената за приговори на матурантите од 1,500 денари на 2.500 денари. Не мислите дека сте претерале?, прашува Јаневска во статус објавен на фејсбук.

Со оглед на тоа дека матуранти се жалат и за грешки во пресметување на перцентилите и имаат право на увид на резултатите, би било човечки да помислите на висината на надоместокот. Два предмети по 2.500 денари се 5.000 денари, повеќе од една четвртина од минималната плата. Разумно ли е ова?

Министре, наместо да се грижите за учебници, ученички стандард, подобри наставни програми и услови за стекнување компетенции вие дозволувате цели семејства да страдаат и буквално да гладуваат за нивните деца да остварат право на увид?

ДИЦ неспособноста да спроведете матура по правила и можните грешки во прегледувањето сега најсебично и неразумно ги наплаќате од децата. Морално ли е тоа? пишува Јаневска на Фејсбук.

The post Јаневска до Шаќири: На инфлација од 14 отсто, сте ја покачиле цената за приговори на матурантите од 1.500 на 2.500 денари appeared first on Република.

]]>

Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на покачувањето на цената за приговори на матурантите која е зголемена за илјада денари и тоа во време на економска криза и инфлацијата која во државата изнесува 14 отсто.
Министре Шаќири, Државен испитен центар, на инфлација од 14 отсто во земјата вие сте ја покачиле цената за приговори на матурантите од 1,500 денари на 2.500 денари. Не мислите дека сте претерале?, прашува Јаневска во статус објавен на фејсбук.
Со оглед на тоа дека матуранти се жалат и за грешки во пресметување на перцентилите и имаат право на увид на резултатите, би било човечки да помислите на висината на надоместокот. Два предмети по 2.500 денари се 5.000 денари, повеќе од една четвртина од минималната плата. Разумно ли е ова?
Министре, наместо да се грижите за учебници, ученички стандард, подобри наставни програми и услови за стекнување компетенции вие дозволувате цели семејства да страдаат и буквално да гладуваат за нивните деца да остварат право на увид? ДИЦ неспособноста да спроведете матура по правила и можните грешки во прегледувањето сега најсебично и неразумно ги наплаќате од децата. Морално ли е тоа? пишува Јаневска на Фејсбук.
 
The post Јаневска до Шаќири: На инфлација од 14 отсто, сте ја покачиле цената за приговори на матурантите од 1.500 на 2.500 денари appeared first on Република.

]]>
Ги пакуваат куферите за Словенија и Бугарија: 21 отсто од македонските матуранти ќе студираат во странство https://republika.mk/vesti/makedonija/gi-pakuvaat-kuferite-za-slovenija-i-bugarija-21-otsto-od-makedonskite-maturanti-ke-studiraat-vo-stranstvo/ Sun, 02 Jul 2023 08:47:58 +0000 https://republika.mk/?p=657341

Квалитетот на студиските програми, рејтингот на универзитетите и студирањето на некој близок надвор од државата се причина 21 процент од матурантите од четири региони годинава да заминат на некој од факултетите во странство. Атрактивни дестинации за студирање се Словенија и Бугарија, покажуваат најновите истражувања на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

Универзитетскиот професор Страшко Стојановски, во разговор за МИА, вели дека ова истражување е дел од поголем проект, којшто заеднички го работат неколку професори и студенти. Истражувањата се со наслов „Млади миграции, образование“. Вакво истражување и анкета се направени и пред пет години што дозволува компорација на резулатите.

Стојановски посочува дека со овие истражувања може да се забележи дека интересот за студирање на средношколците надвор од државата е речиси дуплирано односно од 13 проценти пред пет години, сега процентот е зголемен на 21 процент.

И можеме веќе да согледаме некои податоци и одредени тенденции иако премногу рано би рекол, бидејќи имаме само две вакви истражувања. Има уште едно истражување што се однесуваше на миграции што минатата година го презентиравме. Тоа се општи ставови на младите по однос на прашања на миграции, а ова истражување се однесуваше на образовна мотивација за миграција на младите во прв ред, и се однесуваше на матуранти односно на ученици во трета и четврта година во средните училишта. Од четири плански региони, најголем дел од училиштата беа опфатени. Значи тоа се дваесетина средни училишта од 13-14 градови во овие региони, почнувајќи од Североисточниот, Источниот, Југоисточниот и Повардарскиот плански регион, вели Стојановски.

Прашан кои се причините и зошто младите сакаат да студираат во толкав процент надвор од земјава, Стојановски посочува дека мотивацијата главно е поврзана со перспективи и со некакви економски критериуми, а тоа се повторува и од претходното истражување од минатата година.

Младите во анкетата велат дека економскиот фактор е клучен фактор за миграција и градење на професионалната кариера надвор од државата.

Околу 30 проценти не би студирале од средношколците. Кога се работи за образовна мотивација, тука не можеме да зборуваме веднаш „ад хок“ за трајно иселување на младите, односно тоа е само индикатор дека може да постои тенденција. Тоа иселување привремено, коешто би било поврзано со надополнување на образованието, односно премин од секундарно кон терцијално, понатаму во иднина се придвижува кон трајно иселување. Младите доколку по претпоставка се социјализираат во тие држави, доколку изградат доволно конекции, доколку имаат можности за вработување, тие се разбира дека би останале, вели Стојановски.

Во разговорот за МИА, Стојановски забележува дека сериозен индикатор е како ќе ги третираме образовните политики на некои од државите. Во прв ред тука е Словенија, а, како што вели, тие дошле до заклучок дека не се работи за класично образовна политика на Словенија, туку за класична демографска стратегија, а образовниот аспект е само елемент во таа демографска стратегија на Словенија да привлекува население од други држави. Забележува дека сите земји имаат проблеми со демографските потенцијали, а младото население е она коешто ја придвижува државата и коешто обезбедува државата да има некаква перспектива.

Словенија го има тоа решено. Еден од аспектите е само оваа образовна политика којашто ја прават на начин со којшто би привлекле евентуално население, бидејќи овие образовни програми се однесуваат на државите од Југоисточна Европа, коишто се дел од Западен Балкан, со исклучок на Хрватска, и привлекуваат население буквално од бившите југословенски простори. Претпоставка е дека културолошки се блиски, претпоставувам дека правеле анализи и сумирања пред да ги направат ваквите стратегии и тоа го реализираат во пракса привлекувајќи студенти. Понатаму кога ќе бидат тие студенти во трета или четврта година, на добар дел од нив им се нудат и работни места и едноставно општеството е поинклузивно кога се работи за инкорпорирање на потенцијалните млади луѓе кои доаѓаат од околните региони, појаснува Стојановски.

Според Стојановски, реформите не се задоцнети, но проблемот, како што вели, е во системскиот пристап.

Тоа го имам потенцирано неколкупати досега, можеби затоа што профилот ми е таков како социолог па малку гледам популистички на проблемите, не еднонасочно. Се разбира во одредени аспекти, јас би имал погрешни познавања отколку некои кои се директно инволвирани, на пример, во креирање на образовните политики. Меѓутоа, од аспект на методологија на спроведување на реформи потребни се прво клучни истражувања, нешто што не го гледам во јавната дебата. Понатаму потребна е фаза на пилот проекти. Имам одредени индикации дека паралелно се спроведуваат пилот проекти и се имплементираат реформи во образованието. Тоа не е во ред. Се прават пилот проекти, па се алудираат тие пилот проекти, па дури тогаш пристапуваме кон реформи на кој и да било систем, вели Стојановски.

Тој потенцира дека не може да се зборува за „ад хок“ реформи што би се спровеле во рок од еден мандат на политичките партии што доаѓаат на власт. Тој мандат, како што вели, би траел евентуално четири години во нормални околности, туку се потребни осеопфатни истражувања коишто не се врзани директно со носење на политички одлуки.

Бев критичен и кон процесот на реформирање пред повеќе од една декада кога се инкорпорираше Кембриџ системот. Не велам дека нема позитивни аспекти, можеби има и простор за критики. Меѓутоа и тогаш некако набрзина се имплементираше без да се направат длабински, соодветни истражувања за тоа и преку јавна дебата врз база на критики низ тие фази, да дојдеме до одредени решенија што не се непроменливи. Меѓутоа ако зборуваме за младите, треба да имаме некаква среднорочна или долгорочна стратегија што нема да се гради врз база на теоретски познавања и никако врз база на копирање на туѓи системи, вели Стојановски.

Тој смета дека нашиот образовниот систем и не е толку лош, што го покажуваат и резулатите на македонските студенти кои студираат во Словенија.

Сме разговарале со колеги од Љубљанскиот Универзитет. Од топ 10 студенти кои се на Љубљанскиот универзитет, пет се со потекло од Македонија. Значи имаме квалитетен систем. Треба да не креираме стереотипи, затоа што и тоа исто така влијае врз перспективите на младите и треба да се истакнуваат добрите примери. Имаме добри примери на млади успешни луѓе. Не е лошо понекогаш да имаме и такви приказни, а не само доминација на негативни вести, дневна политика на медиумите, порачува Стојановски.

The post Ги пакуваат куферите за Словенија и Бугарија: 21 отсто од македонските матуранти ќе студираат во странство appeared first on Република.

]]>

Квалитетот на студиските програми, рејтингот на универзитетите и студирањето на некој близок надвор од државата се причина 21 процент од матурантите од четири региони годинава да заминат на некој од факултетите во странство. Атрактивни дестинации за студирање се Словенија и Бугарија, покажуваат најновите истражувања на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Универзитетскиот професор Страшко Стојановски, во разговор за МИА, вели дека ова истражување е дел од поголем проект, којшто заеднички го работат неколку професори и студенти. Истражувањата се со наслов „Млади миграции, образование“. Вакво истражување и анкета се направени и пред пет години што дозволува компорација на резулатите. Стојановски посочува дека со овие истражувања може да се забележи дека интересот за студирање на средношколците надвор од државата е речиси дуплирано односно од 13 проценти пред пет години, сега процентот е зголемен на 21 процент.
И можеме веќе да согледаме некои податоци и одредени тенденции иако премногу рано би рекол, бидејќи имаме само две вакви истражувања. Има уште едно истражување што се однесуваше на миграции што минатата година го презентиравме. Тоа се општи ставови на младите по однос на прашања на миграции, а ова истражување се однесуваше на образовна мотивација за миграција на младите во прв ред, и се однесуваше на матуранти односно на ученици во трета и четврта година во средните училишта. Од четири плански региони, најголем дел од училиштата беа опфатени. Значи тоа се дваесетина средни училишта од 13-14 градови во овие региони, почнувајќи од Североисточниот, Источниот, Југоисточниот и Повардарскиот плански регион, вели Стојановски.
Прашан кои се причините и зошто младите сакаат да студираат во толкав процент надвор од земјава, Стојановски посочува дека мотивацијата главно е поврзана со перспективи и со некакви економски критериуми, а тоа се повторува и од претходното истражување од минатата година. Младите во анкетата велат дека економскиот фактор е клучен фактор за миграција и градење на професионалната кариера надвор од државата.
Околу 30 проценти не би студирале од средношколците. Кога се работи за образовна мотивација, тука не можеме да зборуваме веднаш „ад хок“ за трајно иселување на младите, односно тоа е само индикатор дека може да постои тенденција. Тоа иселување привремено, коешто би било поврзано со надополнување на образованието, односно премин од секундарно кон терцијално, понатаму во иднина се придвижува кон трајно иселување. Младите доколку по претпоставка се социјализираат во тие држави, доколку изградат доволно конекции, доколку имаат можности за вработување, тие се разбира дека би останале, вели Стојановски.
Во разговорот за МИА, Стојановски забележува дека сериозен индикатор е како ќе ги третираме образовните политики на некои од државите. Во прв ред тука е Словенија, а, како што вели, тие дошле до заклучок дека не се работи за класично образовна политика на Словенија, туку за класична демографска стратегија, а образовниот аспект е само елемент во таа демографска стратегија на Словенија да привлекува население од други држави. Забележува дека сите земји имаат проблеми со демографските потенцијали, а младото население е она коешто ја придвижува државата и коешто обезбедува државата да има некаква перспектива.
Словенија го има тоа решено. Еден од аспектите е само оваа образовна политика којашто ја прават на начин со којшто би привлекле евентуално население, бидејќи овие образовни програми се однесуваат на државите од Југоисточна Европа, коишто се дел од Западен Балкан, со исклучок на Хрватска, и привлекуваат население буквално од бившите југословенски простори. Претпоставка е дека културолошки се блиски, претпоставувам дека правеле анализи и сумирања пред да ги направат ваквите стратегии и тоа го реализираат во пракса привлекувајќи студенти. Понатаму кога ќе бидат тие студенти во трета или четврта година, на добар дел од нив им се нудат и работни места и едноставно општеството е поинклузивно кога се работи за инкорпорирање на потенцијалните млади луѓе кои доаѓаат од околните региони, појаснува Стојановски.
Според Стојановски, реформите не се задоцнети, но проблемот, како што вели, е во системскиот пристап.
Тоа го имам потенцирано неколкупати досега, можеби затоа што профилот ми е таков како социолог па малку гледам популистички на проблемите, не еднонасочно. Се разбира во одредени аспекти, јас би имал погрешни познавања отколку некои кои се директно инволвирани, на пример, во креирање на образовните политики. Меѓутоа, од аспект на методологија на спроведување на реформи потребни се прво клучни истражувања, нешто што не го гледам во јавната дебата. Понатаму потребна е фаза на пилот проекти. Имам одредени индикации дека паралелно се спроведуваат пилот проекти и се имплементираат реформи во образованието. Тоа не е во ред. Се прават пилот проекти, па се алудираат тие пилот проекти, па дури тогаш пристапуваме кон реформи на кој и да било систем, вели Стојановски.
Тој потенцира дека не може да се зборува за „ад хок“ реформи што би се спровеле во рок од еден мандат на политичките партии што доаѓаат на власт. Тој мандат, како што вели, би траел евентуално четири години во нормални околности, туку се потребни осеопфатни истражувања коишто не се врзани директно со носење на политички одлуки.
Бев критичен и кон процесот на реформирање пред повеќе од една декада кога се инкорпорираше Кембриџ системот. Не велам дека нема позитивни аспекти, можеби има и простор за критики. Меѓутоа и тогаш некако набрзина се имплементираше без да се направат длабински, соодветни истражувања за тоа и преку јавна дебата врз база на критики низ тие фази, да дојдеме до одредени решенија што не се непроменливи. Меѓутоа ако зборуваме за младите, треба да имаме некаква среднорочна или долгорочна стратегија што нема да се гради врз база на теоретски познавања и никако врз база на копирање на туѓи системи, вели Стојановски.
Тој смета дека нашиот образовниот систем и не е толку лош, што го покажуваат и резулатите на македонските студенти кои студираат во Словенија.
Сме разговарале со колеги од Љубљанскиот Универзитет. Од топ 10 студенти кои се на Љубљанскиот универзитет, пет се со потекло од Македонија. Значи имаме квалитетен систем. Треба да не креираме стереотипи, затоа што и тоа исто така влијае врз перспективите на младите и треба да се истакнуваат добрите примери. Имаме добри примери на млади успешни луѓе. Не е лошо понекогаш да имаме и такви приказни, а не само доминација на негативни вести, дневна политика на медиумите, порачува Стојановски.

The post Ги пакуваат куферите за Словенија и Бугарија: 21 отсто од македонските матуранти ќе студираат во странство appeared first on Република.

]]>
Пробиени тестовите: Во „вибер“ група со 7.000 матуранти се споделувааат прашањата по англиски јазик https://republika.mk/vesti/makedonija/probieni-testovite-vo-viber-grupa-so-7-000-maturanti-se-spodeluvaaat-prashanata-po-angliski-jazik/ Sat, 10 Jun 2023 09:34:00 +0000 https://republika.mk/?p=649844

Во група на „Вибер“,  7.000 матуранти ги разменуваат одговорите и заеднички го решаваат тестот по англиски јазик, кој денеска треба да го полагаат како дел од државната матура.

Денеска се полага вториот експтерен испит. Според податоците на Државниот испитен центар, како и во минатите години најмногу пријавени (13 922) има за испитот по Англиски јазик.

Повеќе фото на Прес 24

The post Пробиени тестовите: Во „вибер“ група со 7.000 матуранти се споделувааат прашањата по англиски јазик appeared first on Република.

]]>

Во група на „Вибер“,  7.000 матуранти ги разменуваат одговорите и заеднички го решаваат тестот по англиски јазик, кој денеска треба да го полагаат како дел од државната матура. Денеска се полага вториот експтерен испит. Според податоците на Државниот испитен центар, како и во минатите години најмногу пријавени (13 922) има за испитот по Англиски јазик. Повеќе фото на Прес 24

The post Пробиени тестовите: Во „вибер“ група со 7.000 матуранти се споделувааат прашањата по англиски јазик appeared first on Република.

]]>
Крај на учебната година за средношколците, матурантите утре ќе полагаат втор екстерен испит https://republika.mk/vesti/makedonija/kraj-na-uchebnata-godina-za-srednoshkoltsite-maturantite-utre-ke-polagaat-vtor-eksteren-ispit/ Fri, 09 Jun 2023 14:02:42 +0000 https://republika.mk/?p=649659

Учебната 2022/2023 година денеска завршува за средношколците, но не и за основците за кои крајот на наставата ќе биде в среда, 14 јуни.

Во основните училишта учебната година е продолжена три дена затоа што беше продолжен зимскиот распуст заради заштеда на електрична енергија за греење на училиштата. Второто полугодие од учебната година наместо на 18 јануари почна на 23 јануари.

Матурантите, пак, утре ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој е изборен. Пријавените кандидати имаа можност да избираат од седум предмети: Математика, Англиски јазик, Француски, Германски, Руски јазик, Естетика или Филозофија.

Првиот екстерен испит, задолжителниот Мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература 15 620 матуранти го полагаа на 27 мај.

The post Крај на учебната година за средношколците, матурантите утре ќе полагаат втор екстерен испит appeared first on Република.

]]>

Учебната 2022/2023 година денеска завршува за средношколците, но не и за основците за кои крајот на наставата ќе биде в среда, 14 јуни. Во основните училишта учебната година е продолжена три дена затоа што беше продолжен зимскиот распуст заради заштеда на електрична енергија за греење на училиштата. Второто полугодие од учебната година наместо на 18 јануари почна на 23 јануари. Матурантите, пак, утре ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој е изборен. Пријавените кандидати имаа можност да избираат од седум предмети: Математика, Англиски јазик, Француски, Германски, Руски јазик, Естетика или Филозофија. Првиот екстерен испит, задолжителниот Мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература 15 620 матуранти го полагаа на 27 мај.  

The post Крај на учебната година за средношколците, матурантите утре ќе полагаат втор екстерен испит appeared first on Република.

]]>
Награди за првенци на генерација од 23 средни училишта во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/nagradi-za-prventsi-na-generatsija-od-23-sredni-uchilishta-vo-skopje/ Wed, 07 Jun 2023 07:57:01 +0000 https://republika.mk/?p=648681

Во рамките на програмските активности на Градот Скопје во сферата на образованието, а во функција на пошироката јавна промоцијата и афирмација на врвните постигања на средношколците, на иницијатива на Секторот за образование на Град Скопје, под покровителство на Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, ќе се одржи традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“.

На оваа средба, Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на 29 матуранти - првенци на генерацијата 2020-2023, 2019-2023 и првенци на генерација за особени постигнувања и резултати во процесот на инклузија, од 23 скопски средни училишта ќе им врачи специјални признанија и парична награда.

Програмата ќе се одржи во четврток, на 8 јуни 2023 година, со почеток во 12:00 часот во Младинскиот културен центар – Кино „Фросина“.

Оваа година првенци на генерацијата се: Мила Јаневска (СУГС „Панче Арсовски“), Матеј Петревски (СУГС „Васил Антевски - Дрен“), Ана Јаневска (СУГС „Димитар Влахов“), Марија Мицевска (СУГС „Димитар Влахов“), Ангела Сибиновска (СУГС „Јосип Броз Тито“), Јована Трајановска (СУГС „Владо Тасевски“), Миа Шутева (СУГС „Раде Јовчевски - Корчагин“), Филип Бојаџиевски (СУГС „Орце Николов“), Ефра Емини (СУГС „Марија Кири - Склодовска“), Кристијан Зафировски (СУГС „Марија Кири - Склодовска“), Ана Даневска (СУГС „ Д-р Панче Караѓозов“),  Даниела Павловска (СУГС „Браќа Миладиновци“), Лука Чарапиќ (СУГС „Георги Димитров“), Фросина Тодорова (СУГС „Георги Димитров“), Ендрит Шаќири (СУГС „Зеф Љуш Марку“), Никола Рисафов (СУГС „Боро Петрушевски“), Јане Јанкулоски (СУГС „Боро Петрушевски“), Леон Али (СУГС „Шаип Јусуф“), Фатиме Красниќ (СУГС „Шаип Јусуф“), Исра Реџепи (СУГС „Арсени Јовков“), Андреј Петковски (СУГС „Никола Карев“), Беким Хашани (СУГС „8-ми Септември“), Никола Мирковски (СУГС „Лазар Танев“), Дамјан Цветановски (СУГС „Лазар Танев“).

The post Награди за првенци на генерација од 23 средни училишта во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во рамките на програмските активности на Градот Скопје во сферата на образованието, а во функција на пошироката јавна промоцијата и афирмација на врвните постигања на средношколците, на иницијатива на Секторот за образование на Град Скопје, под покровителство на Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, ќе се одржи традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“. На оваа средба, Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на 29 матуранти - првенци на генерацијата 2020-2023, 2019-2023 и првенци на генерација за особени постигнувања и резултати во процесот на инклузија, од 23 скопски средни училишта ќе им врачи специјални признанија и парична награда. Програмата ќе се одржи во четврток, на 8 јуни 2023 година, со почеток во 12:00 часот во Младинскиот културен центар – Кино „Фросина“. Оваа година првенци на генерацијата се: Мила Јаневска (СУГС „Панче Арсовски“), Матеј Петревски (СУГС „Васил Антевски - Дрен“), Ана Јаневска (СУГС „Димитар Влахов“), Марија Мицевска (СУГС „Димитар Влахов“), Ангела Сибиновска (СУГС „Јосип Броз Тито“), Јована Трајановска (СУГС „Владо Тасевски“), Миа Шутева (СУГС „Раде Јовчевски - Корчагин“), Филип Бојаџиевски (СУГС „Орце Николов“), Ефра Емини (СУГС „Марија Кири - Склодовска“), Кристијан Зафировски (СУГС „Марија Кири - Склодовска“), Ана Даневска (СУГС „ Д-р Панче Караѓозов“),  Даниела Павловска (СУГС „Браќа Миладиновци“), Лука Чарапиќ (СУГС „Георги Димитров“), Фросина Тодорова (СУГС „Георги Димитров“), Ендрит Шаќири (СУГС „Зеф Љуш Марку“), Никола Рисафов (СУГС „Боро Петрушевски“), Јане Јанкулоски (СУГС „Боро Петрушевски“), Леон Али (СУГС „Шаип Јусуф“), Фатиме Красниќ (СУГС „Шаип Јусуф“), Исра Реџепи (СУГС „Арсени Јовков“), Андреј Петковски (СУГС „Никола Карев“), Беким Хашани (СУГС „8-ми Септември“), Никола Мирковски (СУГС „Лазар Танев“), Дамјан Цветановски (СУГС „Лазар Танев“).  

The post Награди за првенци на генерација од 23 средни училишта во Скопје appeared first on Република.

]]>
Масовна тепачка на матуранти https://republika.mk/vesti/balkan/masovna-tepachka-na-maturanti/ Sat, 27 May 2023 08:10:15 +0000 https://republika.mk/?p=645120

На социјалните мрежи е објавено видео од тепачка на млади лица, за кое подоцна е објавено дека станува збор за матуранти во Шестата и Седмата белградска гимназија. Се гледа како машките се удираат со тупаници, клоци, а девојчињата викаат по нив да не користат факели.

Директорот на Шестата белградска гимназија, Радисав Милиќ и директорот на Седмата белградска гимназија Мирослав Маркиќевиќ за српските медиуми кажаа што се случувало дента.

Тој ден се беше убаво во училишниот двор, децата се однесуваа соодветно, се поздравија со учителите. После тоа сами се собраа во Звездарска шума, не знам која е причината за тепачката, рече Радисав Милиќ, директор на Шестата белградска гимназија.

За матурантите на Седмата белградска гимназија, директорот Мирослав Маркиќевиќ изјави дека нивните ученици биле љубезни додека биле во училишниот двор. Тој тврди дека не знае како се случил инцидентот во Звездарска Шума.

The post Масовна тепачка на матуранти appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи е објавено видео од тепачка на млади лица, за кое подоцна е објавено дека станува збор за матуранти во Шестата и Седмата белградска гимназија. Се гледа како машките се удираат со тупаници, клоци, а девојчињата викаат по нив да не користат факели. Директорот на Шестата белградска гимназија, Радисав Милиќ и директорот на Седмата белградска гимназија Мирослав Маркиќевиќ за српските медиуми кажаа што се случувало дента.
Тој ден се беше убаво во училишниот двор, децата се однесуваа соодветно, се поздравија со учителите. После тоа сами се собраа во Звездарска шума, не знам која е причината за тепачката, рече Радисав Милиќ, директор на Шестата белградска гимназија.
За матурантите на Седмата белградска гимназија, директорот Мирослав Маркиќевиќ изјави дека нивните ученици биле љубезни додека биле во училишниот двор. Тој тврди дека не знае како се случил инцидентот во Звездарска Шума.  

The post Масовна тепачка на матуранти appeared first on Република.

]]>
Огромен пораз: Во гимназијата во Ростуше само 12, во Центар Жупа 18 матуранти https://republika.mk/vesti/makedonija/ogromen-poraz-vo-gimnazijata-vo-rostushe-samo-12-vo-tsentar-zhupa-18-maturanti/ Tue, 16 May 2023 16:47:33 +0000 https://republika.mk/?p=641491

Поради масовната миграција присутна во општините Маврово и Ростуше и во Центар Жупа, години на ред опаѓа бројот на ученици во основните, што условува се помал број на ученици и во средните училишта.

Потврда за тоа е и бројот на учениците кои во оваа учебна година го завршуваат образованието во гимназиите во двете општини.

Во нашето училиште, каде наставата се изведува на македонски јазик, средното образование го завршуваат 12 ученици. Сите се пријавени за полагање државна матура, изјави за МИА, Исмет Абдули, директор на гимназијата „Маврово и Ростуше“ во Ростуше.

Тој исто така информираше дека според Конкурсот на МОН за упис во прва година за учебната 2023/2024 година квотата изнесува 68 ученици во две паралелки, што тешко се верува дека ќе биде пополнета.

Идентична квота за упис во права година има и во гимназијата „АТА“ во Цента Жупа, каде се предвидени две паралалки од по 34 ученици, една со настава на македонски и една на турски наставен јазик.

Што се однесува до учениците кои го завршуваат средното образование, нивниот број е 18, од нив еден ученик е од наствата на македонски и 17 на турски наставен јазик. Сите се пријаени за полагање државна матура, рече за МИА, Мунир Бастри, реководител на секторот за образование во општината.

Доколку се направи споредба, бројот на матуранти во последните две години во Ростуше е помал за 18 додека во Центар Жупа за пет.

The post Огромен пораз: Во гимназијата во Ростуше само 12, во Центар Жупа 18 матуранти appeared first on Република.

]]>

Поради масовната миграција присутна во општините Маврово и Ростуше и во Центар Жупа, години на ред опаѓа бројот на ученици во основните, што условува се помал број на ученици и во средните училишта. Потврда за тоа е и бројот на учениците кои во оваа учебна година го завршуваат образованието во гимназиите во двете општини.
Во нашето училиште, каде наставата се изведува на македонски јазик, средното образование го завршуваат 12 ученици. Сите се пријавени за полагање државна матура, изјави за МИА, Исмет Абдули, директор на гимназијата „Маврово и Ростуше“ во Ростуше.
Тој исто така информираше дека според Конкурсот на МОН за упис во прва година за учебната 2023/2024 година квотата изнесува 68 ученици во две паралелки, што тешко се верува дека ќе биде пополнета. Идентична квота за упис во права година има и во гимназијата „АТА“ во Цента Жупа, каде се предвидени две паралалки од по 34 ученици, една со настава на македонски и една на турски наставен јазик.
Што се однесува до учениците кои го завршуваат средното образование, нивниот број е 18, од нив еден ученик е од наствата на македонски и 17 на турски наставен јазик. Сите се пријаени за полагање државна матура, рече за МИА, Мунир Бастри, реководител на секторот за образование во општината.
Доколку се направи споредба, бројот на матуранти во последните две години во Ростуше е помал за 18 додека во Центар Жупа за пет.  

The post Огромен пораз: Во гимназијата во Ростуше само 12, во Центар Жупа 18 матуранти appeared first on Република.

]]>
Матуранти ја блокираа улицата пред „Рагуза“, центарот на Скопје парализиран https://republika.mk/vesti/skopje/maturanti-ja-blokiraa-ulitsata-pred-raguza-tsentarot-na-skopje-paraliziran/ Mon, 15 May 2023 18:54:16 +0000 https://republika.mk/?p=641157

Вечерва скопјани буквално не можеа да поминат покрај ресторанот „Рагуза“ сместен на покривот од катната гаража во близина на „Рамстор“ бидејќи матуранти кои вечерва таму имаат матурска вечер ја блокирале улицата со автомобили.

Ниту полицијата која ги вклучи сирените, не можеше да ја расчисти сообраќајната мешаница, се создаде колона од возила, нервозни возачи кои свират за побрзо да се придвижат.

На крајот оние кои со возила ја имаа блокирано улицата останаа без сообраќајните дозволи.

The post Матуранти ја блокираа улицата пред „Рагуза“, центарот на Скопје парализиран appeared first on Република.

Од штрајкот во ДИЦ засегнати 15 620 матуранти, апели да се најде решение за барањето на вработените https://republika.mk/vesti/makedonija/od-shtrajkot-vo-dits-zasegnati-15-620-maturanti-apeli-da-se-najde-reshenie-za-baraneto-na-vrabotenite/ Sun, 30 Apr 2023 07:20:45 +0000 https://republika.mk/?p=635456

За неполн месец, 27 мај, 15 620 средношколци кои се пријавиле да полагаат државна матура треба да бидат тестирани по првиот екстерен испит – Мајчин јазик (македонски, албански, турски) и литература. Завршниот испит ќе биде неизвесен доколку повеќе од една недела трае генералниот штрајк, кој вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) го почнаа во вторникот.

Дваесет и деветте вработени бараат повисоки плати кои не им се зголемени и по повторниот пораст на минималната плата, што довело до изедначување на платите за различни работни позиции. Речиси половина од нив, 11, примаат околу 20.100 денари, а советниците кои, како што велат, се стожерот на ДИЦ, добиваат плата од 26 илјади денари. Измените на колективниот договор со кои би добиле линеарно покачување ги доставиле до Министерството за финансии од кое бараат согласност.

Синдикалната организација на ДИЦ соопшти дека ги стопира сите процеси што се во надлежност на Центарот – покрај организацијата на претстојната државна матура, овие вработени ги подготвуваат и меѓународните тестирања, обуката и испитот за директори на училишта, приправничките испити за сите наставници.

Наставниците одамна добија покачувања, а платите наши беа заборавени. Со покачување на минималната плата веќе двапати, се зголемија само на тие со најниска позиција. А ние сме основата т.е. стожерот на еден куп процеси кои се случуваат во образованието. Дојдовме во ситуација во која вработените не можат да преживеат со оглед на поскапувањата. Ние имаме улога многу посериозна од тоа колку нѐ цени Владата. Се надеваме дека во најскоро време ќе добиеме позитивен одговор. Не е само државната матура, има процеси коишто се врзани со рокови. Овие вработени се во клучни процеси, секој од нив е битен и битно е да биде стимулиран, да добиеме плата за достоинствен живот - изјави Емилија Бошковска, претседателка на синдикалната организација на ДИЦ.

По усогласувањето со Сојузот на средношколци и прифаќањето на четирите нивни барања за олеснување на државната матура и уписот на факултетите, Министерството за образование и наука заедно со Министерството за финансии сега треба да најде решение и за барањата на вработените што се задолжени да го спроведат договореното со матурантите.

Министерот Јетон Шаќири ги повика вработените да не ја доведуваат во прашање државната матура. Апелираше тие, заедно со директорката, да комуницираат со другите институции и да го чекаат Општиот колективен договор.

Сите имаме и правна одговорност и оваа институција не треба да ја користи ситуацијата кога средношколците треба да полагаат државна матура - рече Шаќири.

Директорката на ДИЦ Благица Павловска смета дека и правото на штрајк, и правото на образование, се уставно загарантирани и повика да се најде решение.

Како раководител не го оспорувам процесот на штрајк како уставно загарантирано право, но секако дека и правото на образование е уставно загарантирано и сметам дека не треба образовниот процес да трпи последици. Апелираме на изнаоѓање на решение - изјави Павловска за МИА.

На брзо решение повикува и Сојузот на средношколци кој официјално немал состанок за да се дискутира по ова прашање, но неговиот претседател, Лука Павиќевиќ, како што вели, „лично има целосни симпатии за барањата на вработените во Државниот испитен центар“.

Износите на платите што ги споделија со јавноста се скандалозни и недозволиви. Станува збор за навистина мал број вработени, што значи дека зголемувањето на платите нема сериозно да ја обремени државата. Сметам дека не треба државната матура да биде доведена во прашање бидејќи таа ќе им наштети најмногу на матурантите, но и на целиот систем. Токму затоа апелирам надлежните институции - МОН и Министерството за финансии, да ги прифатат барањата на вработените и заеднички да изнајдат начин мирно и навремено да го решат штрајкот - вели Павиќевиќ за МИА.

Додава и дека во прегледот на ОЕЦД за образованието во земјава е наведено дека: „Државниот испитен центар е препознатлив во регионот поради иновативната поставеност и интегритет“.

ДИЦ во изминатиот период работеше на приспособување на тестовите за државната матура согласно договорот меѓу Министерството за образование и наука и Сојузот на средношколци за олеснување на полагањето на првиот екстерен испит – Мајчин јазик (македонски, албански, турски) и литература, закажан за 27 мај.

Директорката на ДИЦ Благица Павловска за МИА изјави дека ги скратиле по обем тестовите и е намален бројот на зборови за есејот. Исто така, рече таа, намален по обем е и тестот по Математика кој ќе има помал број задачи.

При изготвување на тестовите по Македонски јазик и литература, Албански јазик и литература и Турски јазик и литература е испочитуван договорот со средношколците. Односно скратени се по обем тестовите и бројот на зборови за есејот е намален. Како и секоја година, и оваа Државниот испитен центар изготви Упатство за пишување текст со зададени насоки и Насоки за реализација на испитот по мајчините јазици. Во насоките се дадени авторите и делата од светската книжевност кои би можеле да се дел од тестот. Исто така, и тестот по Математика е намален, односно бројот на задачи. На матурантите кои избрале да полагаат Математика ќе им бидат достапни и основните формули. Од оваа учебна година тие се содржат во рамките на тестот - појасни Павловска.

Според податоците на ДИЦ, за државна матура во јунскиот испитен рок годинава се пријавени 15 620 матуранти. Од нив, 6750 се од гимназиско образование, 8598 од средно стручно и 272 од средно уметничко образование.

На 27 мај треба да се полага првиот екстерен испит – Мајчин јазик и литература кој е задолжителен за сите матуранти. Македонски јазик и литература се пријавиле да полагаат 10 768, Албански јазик и литература 4380, Турски јазик и литература 357 матуранти.

На 10 јуни е закажан тестот од вториот екстерен испит. Тој е изборен и матурантите имаа можност да избираат меѓу седум предмети. Како и во минатите години, најмногу пријавени (13 922) има за испитот по Англиски јазик, за Математика се пријавени 1397, Француски јазик - 29, Германски јазик - 122, Руски јазик - 17, Естетика - 81 и Филозофија ќе полагаат седум матуранти.

Испитите ќе почнуваат во 10 часот, а за реализација на државната матура ќе бидат вклучени околу 1700 тестатори. Доколку (навреме) се реализира јунската сесија, матурантите што нема да ја положат матурата или не во целост, ќе може да полагаат во августовската испитна сесија – на 9 и 11 август.

Паралелно, се подготвуваат и различни модели на државна матура во иднина, соодветно на видот на образование. Новата Концепција за испити на крајот на четиригодишното средно образование е вклучена во новиот закон за средно образование кој треба да биде усвоен и се очекува новиот начин на полагање на матурата да се применува по три учебни години.

Кога ќе се донесе новиот закон, таа ќе почне да се применува. Со неа е предвидено поделба на испитите на крајот на четиригодишното образование според видот. Односно стручните училишта, уметничките и гимназиите ќе имаат различен вид на испити на крај на четиригодишното образование. Пред да се воведат новите испити ќе се пилотираат, со цел учениците да бидат запознаени со нив. Предвидено е со овие испити да се започне по три учебни години, рече директорката на Државниот испитен центар.

The post Од штрајкот во ДИЦ засегнати 15 620 матуранти, апели да се најде решение за барањето на вработените appeared first on Република.

]]>

За неполн месец, 27 мај, 15 620 средношколци кои се пријавиле да полагаат државна матура треба да бидат тестирани по првиот екстерен испит – Мајчин јазик (македонски, албански, турски) и литература. Завршниот испит ќе биде неизвесен доколку повеќе од една недела трае генералниот штрајк, кој вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) го почнаа во вторникот. Дваесет и деветте вработени бараат повисоки плати кои не им се зголемени и по повторниот пораст на минималната плата, што довело до изедначување на платите за различни работни позиции. Речиси половина од нив, 11, примаат околу 20.100 денари, а советниците кои, како што велат, се стожерот на ДИЦ, добиваат плата од 26 илјади денари. Измените на колективниот договор со кои би добиле линеарно покачување ги доставиле до Министерството за финансии од кое бараат согласност. Синдикалната организација на ДИЦ соопшти дека ги стопира сите процеси што се во надлежност на Центарот – покрај организацијата на претстојната државна матура, овие вработени ги подготвуваат и меѓународните тестирања, обуката и испитот за директори на училишта, приправничките испити за сите наставници.
Наставниците одамна добија покачувања, а платите наши беа заборавени. Со покачување на минималната плата веќе двапати, се зголемија само на тие со најниска позиција. А ние сме основата т.е. стожерот на еден куп процеси кои се случуваат во образованието. Дојдовме во ситуација во која вработените не можат да преживеат со оглед на поскапувањата. Ние имаме улога многу посериозна од тоа колку нѐ цени Владата. Се надеваме дека во најскоро време ќе добиеме позитивен одговор. Не е само државната матура, има процеси коишто се врзани со рокови. Овие вработени се во клучни процеси, секој од нив е битен и битно е да биде стимулиран, да добиеме плата за достоинствен живот - изјави Емилија Бошковска, претседателка на синдикалната организација на ДИЦ.
По усогласувањето со Сојузот на средношколци и прифаќањето на четирите нивни барања за олеснување на државната матура и уписот на факултетите, Министерството за образование и наука заедно со Министерството за финансии сега треба да најде решение и за барањата на вработените што се задолжени да го спроведат договореното со матурантите. Министерот Јетон Шаќири ги повика вработените да не ја доведуваат во прашање државната матура. Апелираше тие, заедно со директорката, да комуницираат со другите институции и да го чекаат Општиот колективен договор.
Сите имаме и правна одговорност и оваа институција не треба да ја користи ситуацијата кога средношколците треба да полагаат државна матура - рече Шаќири.
Директорката на ДИЦ Благица Павловска смета дека и правото на штрајк, и правото на образование, се уставно загарантирани и повика да се најде решение.
Како раководител не го оспорувам процесот на штрајк како уставно загарантирано право, но секако дека и правото на образование е уставно загарантирано и сметам дека не треба образовниот процес да трпи последици. Апелираме на изнаоѓање на решение - изјави Павловска за МИА.
На брзо решение повикува и Сојузот на средношколци кој официјално немал состанок за да се дискутира по ова прашање, но неговиот претседател, Лука Павиќевиќ, како што вели, „лично има целосни симпатии за барањата на вработените во Државниот испитен центар“.
Износите на платите што ги споделија со јавноста се скандалозни и недозволиви. Станува збор за навистина мал број вработени, што значи дека зголемувањето на платите нема сериозно да ја обремени државата. Сметам дека не треба државната матура да биде доведена во прашање бидејќи таа ќе им наштети најмногу на матурантите, но и на целиот систем. Токму затоа апелирам надлежните институции - МОН и Министерството за финансии, да ги прифатат барањата на вработените и заеднички да изнајдат начин мирно и навремено да го решат штрајкот - вели Павиќевиќ за МИА.
Додава и дека во прегледот на ОЕЦД за образованието во земјава е наведено дека: „Државниот испитен центар е препознатлив во регионот поради иновативната поставеност и интегритет“. ДИЦ во изминатиот период работеше на приспособување на тестовите за државната матура согласно договорот меѓу Министерството за образование и наука и Сојузот на средношколци за олеснување на полагањето на првиот екстерен испит – Мајчин јазик (македонски, албански, турски) и литература, закажан за 27 мај. Директорката на ДИЦ Благица Павловска за МИА изјави дека ги скратиле по обем тестовите и е намален бројот на зборови за есејот. Исто така, рече таа, намален по обем е и тестот по Математика кој ќе има помал број задачи.
При изготвување на тестовите по Македонски јазик и литература, Албански јазик и литература и Турски јазик и литература е испочитуван договорот со средношколците. Односно скратени се по обем тестовите и бројот на зборови за есејот е намален. Како и секоја година, и оваа Државниот испитен центар изготви Упатство за пишување текст со зададени насоки и Насоки за реализација на испитот по мајчините јазици. Во насоките се дадени авторите и делата од светската книжевност кои би можеле да се дел од тестот. Исто така, и тестот по Математика е намален, односно бројот на задачи. На матурантите кои избрале да полагаат Математика ќе им бидат достапни и основните формули. Од оваа учебна година тие се содржат во рамките на тестот - појасни Павловска.
Според податоците на ДИЦ, за државна матура во јунскиот испитен рок годинава се пријавени 15 620 матуранти. Од нив, 6750 се од гимназиско образование, 8598 од средно стручно и 272 од средно уметничко образование. На 27 мај треба да се полага првиот екстерен испит – Мајчин јазик и литература кој е задолжителен за сите матуранти. Македонски јазик и литература се пријавиле да полагаат 10 768, Албански јазик и литература 4380, Турски јазик и литература 357 матуранти. На 10 јуни е закажан тестот од вториот екстерен испит. Тој е изборен и матурантите имаа можност да избираат меѓу седум предмети. Како и во минатите години, најмногу пријавени (13 922) има за испитот по Англиски јазик, за Математика се пријавени 1397, Француски јазик - 29, Германски јазик - 122, Руски јазик - 17, Естетика - 81 и Филозофија ќе полагаат седум матуранти. Испитите ќе почнуваат во 10 часот, а за реализација на државната матура ќе бидат вклучени околу 1700 тестатори. Доколку (навреме) се реализира јунската сесија, матурантите што нема да ја положат матурата или не во целост, ќе може да полагаат во августовската испитна сесија – на 9 и 11 август. Паралелно, се подготвуваат и различни модели на државна матура во иднина, соодветно на видот на образование. Новата Концепција за испити на крајот на четиригодишното средно образование е вклучена во новиот закон за средно образование кој треба да биде усвоен и се очекува новиот начин на полагање на матурата да се применува по три учебни години. Кога ќе се донесе новиот закон, таа ќе почне да се применува. Со неа е предвидено поделба на испитите на крајот на четиригодишното образование според видот. Односно стручните училишта, уметничките и гимназиите ќе имаат различен вид на испити на крај на четиригодишното образование. Пред да се воведат новите испити ќе се пилотираат, со цел учениците да бидат запознаени со нив. Предвидено е со овие испити да се започне по три учебни години, рече директорката на Државниот испитен центар.

The post Од штрајкот во ДИЦ засегнати 15 620 матуранти, апели да се најде решение за барањето на вработените appeared first on Република.

]]>
Веројатно паднал од височина во Прага: Во училиштето на починатиот хрватски матурант велат дека било мирно момче https://republika.mk/vesti/balkan/verojatno-padnal-od-visochina-vo-praga-vo-uchilishteto-na-pochinatiot-hrvatski-maturant-velat-deka-bilo-mirno-momche/ Sat, 01 Apr 2023 17:31:33 +0000 https://republika.mk/?p=626141

Можам само да замислам како им е. Оваа информација ја добив утрово затоа што една ученичка која била на екскурзија и се јавила на мајка си. И оттогаш сите сме во шок. Никој не знае што точно се случило, повеќе ќе знаеме во понеделник. Прашање е дали воопшто ќе има настава во понеделник поради овој трагичен настан. Го познавав тоа момче. Тоа е страшна трагедија - велат од училиштето на починатото хрватско момче во Прага.

Во тек истрага, а повеќе информации ќе се знаат кога амбасадата во Чешка ќе испрати официјален извештај. Смртта на ученикот наводно е несреќен случај, односно пад од височина.

Инаку, на училишниот излет беа учениците од општите и јазичните средни училишта, трета и четврта година.

https://republika.mk/vesti/balkan/maturant-od-umag-ubien-na-ekskurzija-vo-praga/

The post Веројатно паднал од височина во Прага: Во училиштето на починатиот хрватски матурант велат дека било мирно момче appeared first on Република.

]]>

Можам само да замислам како им е. Оваа информација ја добив утрово затоа што една ученичка која била на екскурзија и се јавила на мајка си. И оттогаш сите сме во шок. Никој не знае што точно се случило, повеќе ќе знаеме во понеделник. Прашање е дали воопшто ќе има настава во понеделник поради овој трагичен настан. Го познавав тоа момче. Тоа е страшна трагедија - велат од училиштето на починатото хрватско момче во Прага.
Во тек истрага, а повеќе информации ќе се знаат кога амбасадата во Чешка ќе испрати официјален извештај. Смртта на ученикот наводно е несреќен случај, односно пад од височина. Инаку, на училишниот излет беа учениците од општите и јазичните средни училишта, трета и четврта година. https://republika.mk/vesti/balkan/maturant-od-umag-ubien-na-ekskurzija-vo-praga/

The post Веројатно паднал од височина во Прага: Во училиштето на починатиот хрватски матурант велат дека било мирно момче appeared first on Република.

]]>
Ние сме најоштетена генерација, не сме имале една целосна непрекината учебна година, бараме скратување на материјалот за полагање, бараат матурантите https://republika.mk/vesti/makedonija/nie-sme-najoshtetena-generatsija-ne-sme-imale-edna-tselosna-neprekinata-uchebna-godina-barame-skratuvane-na-materijalot-za-polagane-baraat-maturantite/ Mon, 13 Mar 2023 13:34:18 +0000 https://republika.mk/?p=619187

Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) до Собранието и Владата ќе испрати барање за олеснување на полагањето државна матура за годинашната генерација – или да се скрати обемот на материјалот или да се намали бројот на интерни испити.

Претседателката на ОДАС, Анисија Угриновска, за МИА изјави дека тоа се заклучоци од дискусијата што ја организирале во саботата и ќе бидат пратени до Собранието и до Владата, односно Министерството за образование и наука. Таа се огради од протестот што со вакво барање денеска го одржале матуранти пред МОН.

Угриновска рече дека тие не се организатори и, веројатно, протестот е самоиницијативен, но дека и ОДАС ќе организира предупредувачки протест, доколку надлежните не ги слушнат нивните барања.

Како организација целиме прво работите да бидат решени преку дискусија, а дури потоа би следувале порадикалните мерки. Бараме намалување на обемот на материјалот предвиден за полагање на матурата или скратување на еден екстерен предмет. Тоа се должи на два најголеми фактора во последните четири години – бевме зафатени со корона-кризата и имавме година и пол онлајн-настава и дојавите за бомби. Во меѓувреме имаше и други фактори, така што ние матурантите сме најоштетена генерација и не сме имале една целосна непрекината учебна година, изјави Угриновска за МИА.

Со оглед дека првиот екстерен испит е закажан за 27 мај и, како што рече, времето ги ограничува, повратен одговор на нивното барање ќе очекуваат оваа недела.

Матурата ни тропа на врата, учениците треба да се подготвуваат. Така што, оваа недела би очекувале одговор. Тоа е актуелен проблем и бара брзо решение. Доколку нашето барање не биде исполнето, во тој случај би најавиле протест, додаде Угриновска.

По однос на ова барање и во врска со денешниот протест, претседателот на Сојузот на средношколци на Македонија, Лука Павиќевиќ, во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата што ја организираа денеска рече дека во моментов Генералното собрание на ССРСМ нема донесено одлука и дека треба да се разгледаат сите аспекти.

За една до две недели, ќе имаме Генералното собрание кое ќе се произнесе по ова прашање и Сојузот ќе излезе со официјални барања на средношколците за државната матура. Нашите младински амбасадори контактираат секој ден со средношколците од нивните градови, собираме предлози и идеи и ги анализираме… Но, не е прашање само што би сакала една група на средношколци, туку треба да се размислува за сите, бидејќи има повеќе интереси на учениците што се во конфликт – тие што сакаат да се запишат во странство, тие што сакаат да се запишат на студии тука, тие што можеби не ни сакаат да се запишат на факултет. Така што, проблемот околу државната матура е повеќеназначен и повеќе аспекти што треба да се истражат, рече Павиќевиќ.

Според сегашното решение, матурантите полагаат два екстерни и два интерни предмета и проектна задача. Тестот по првиот екстерен испит – Мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик) и литература е закажан за 27 мај, а на 10 јуни, според календарот на Државниот испитен центар, треба да го полагаат вториот екстерен испит – избор меѓу предметите математика, англиски јазик, француски, германски, руски јазик, филозофија или естетика.

The post Ние сме најоштетена генерација, не сме имале една целосна непрекината учебна година, бараме скратување на материјалот за полагање, бараат матурантите appeared first on Република.

]]>

Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) до Собранието и Владата ќе испрати барање за олеснување на полагањето државна матура за годинашната генерација – или да се скрати обемот на материјалот или да се намали бројот на интерни испити. Претседателката на ОДАС, Анисија Угриновска, за МИА изјави дека тоа се заклучоци од дискусијата што ја организирале во саботата и ќе бидат пратени до Собранието и до Владата, односно Министерството за образование и наука. Таа се огради од протестот што со вакво барање денеска го одржале матуранти пред МОН. Угриновска рече дека тие не се организатори и, веројатно, протестот е самоиницијативен, но дека и ОДАС ќе организира предупредувачки протест, доколку надлежните не ги слушнат нивните барања.
Како организација целиме прво работите да бидат решени преку дискусија, а дури потоа би следувале порадикалните мерки. Бараме намалување на обемот на материјалот предвиден за полагање на матурата или скратување на еден екстерен предмет. Тоа се должи на два најголеми фактора во последните четири години – бевме зафатени со корона-кризата и имавме година и пол онлајн-настава и дојавите за бомби. Во меѓувреме имаше и други фактори, така што ние матурантите сме најоштетена генерација и не сме имале една целосна непрекината учебна година, изјави Угриновска за МИА.
Со оглед дека првиот екстерен испит е закажан за 27 мај и, како што рече, времето ги ограничува, повратен одговор на нивното барање ќе очекуваат оваа недела.
Матурата ни тропа на врата, учениците треба да се подготвуваат. Така што, оваа недела би очекувале одговор. Тоа е актуелен проблем и бара брзо решение. Доколку нашето барање не биде исполнето, во тој случај би најавиле протест, додаде Угриновска.
По однос на ова барање и во врска со денешниот протест, претседателот на Сојузот на средношколци на Македонија, Лука Павиќевиќ, во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата што ја организираа денеска рече дека во моментов Генералното собрание на ССРСМ нема донесено одлука и дека треба да се разгледаат сите аспекти.
За една до две недели, ќе имаме Генералното собрание кое ќе се произнесе по ова прашање и Сојузот ќе излезе со официјални барања на средношколците за државната матура. Нашите младински амбасадори контактираат секој ден со средношколците од нивните градови, собираме предлози и идеи и ги анализираме… Но, не е прашање само што би сакала една група на средношколци, туку треба да се размислува за сите, бидејќи има повеќе интереси на учениците што се во конфликт – тие што сакаат да се запишат во странство, тие што сакаат да се запишат на студии тука, тие што можеби не ни сакаат да се запишат на факултет. Така што, проблемот околу државната матура е повеќеназначен и повеќе аспекти што треба да се истражат, рече Павиќевиќ.
Според сегашното решение, матурантите полагаат два екстерни и два интерни предмета и проектна задача. Тестот по првиот екстерен испит – Мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик) и литература е закажан за 27 мај, а на 10 јуни, според календарот на Државниот испитен центар, треба да го полагаат вториот екстерен испит – избор меѓу предметите математика, англиски јазик, француски, германски, руски јазик, филозофија или естетика.

The post Ние сме најоштетена генерација, не сме имале една целосна непрекината учебна година, бараме скратување на материјалот за полагање, бараат матурантите appeared first on Република.

]]>
Матурантите бараат помал материјал за полагање матура и еден испит помалку https://republika.mk/vesti/makedonija/maturantite-baraat-pomal-materijal-za-polagane-matura-i-eden-ispit-pomalku/ Sat, 11 Mar 2023 16:50:39 +0000 https://republika.mk/?p=618546

Дебата на тема „Државна матура 2023: што велат матурантите?” се одржа денес во организација на Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС).

На дебатата на Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите се дискутираше за предизвиците со кои средношколците се соочуваа последниве четири години и за тоа како тие предизвици ќе влијаат на полагањето на државната матура.

Главниот заклучок на учесниците на дебатата беше дека тие како генерација немале ниедна целосна непрекината учебна година, и тоа се одразува на нивното образование. Во таа смисла дел од предлозите што произлегоа од дебатата беа намалување на обемот на материјалот предвиден за полагање на матура, изоставување на еден интерен предмет и слично.

Од ОДАС велат дека овие заклучоци ќе им бидат доставени на надлежните институции.

The post Матурантите бараат помал материјал за полагање матура и еден испит помалку appeared first on Република.

]]>

Дебата на тема „Државна матура 2023: што велат матурантите?” се одржа денес во организација на Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС). На дебатата на Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите се дискутираше за предизвиците со кои средношколците се соочуваа последниве четири години и за тоа како тие предизвици ќе влијаат на полагањето на државната матура. Главниот заклучок на учесниците на дебатата беше дека тие како генерација немале ниедна целосна непрекината учебна година, и тоа се одразува на нивното образование. Во таа смисла дел од предлозите што произлегоа од дебатата беа намалување на обемот на материјалот предвиден за полагање на матура, изоставување на еден интерен предмет и слично. Од ОДАС велат дека овие заклучоци ќе им бидат доставени на надлежните институции.  

The post Матурантите бараат помал материјал за полагање матура и еден испит помалку appeared first on Република.

]]>
Општина Крива Паланка ќе додели по 3000 денари за сите матуранти од градот https://republika.mk/vesti/makedonija/opshtina-kriva-palanka-ke-dodeli-po-3000-denari-za-site-maturanti-od-gradot/ Tue, 31 Jan 2023 09:36:06 +0000 https://republika.mk/?p=602890

Советот на Општина Крива Паланка ја усвои одлуката за доделување еднократна парична помош во висина од 3000 денари на матурантите од средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од градот.

Одлуката се однесува на сите матуранти, со три и четиригодишно образование, во сите наставни програми, запишани во СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка во учебната 2022/2023 година.

Од локалната самоуправа на општината информираат дека потребните документи за аплицирање се наведени во барањето објавено на општинската веб-страница, што заедно со пропишаните документи треба да се достави до архивата на Општина Крива Паланка или електронски преку апликацијата мЗаедница.

Ова е само една во низата мерки за поддршка на младите од градот што се воведуваат за првпат во буџетот на Општина Крива Паланка за 2023 година.

Од оваа календарска година е воведена субвенција, до 4000 денари, за набавка на велосипед за млади лица на возраст од 15 до 29 години, а воведени се и стимулативни мерки за сите родители кои имаат принова, еднократна парична помош за новороденче и за набавка на количка за новороденче, секоја во висина од 3000 денари.

The post Општина Крива Паланка ќе додели по 3000 денари за сите матуранти од градот appeared first on Република.

]]>

Советот на Општина Крива Паланка ја усвои одлуката за доделување еднократна парична помош во висина од 3000 денари на матурантите од средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од градот. Одлуката се однесува на сите матуранти, со три и четиригодишно образование, во сите наставни програми, запишани во СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка во учебната 2022/2023 година. Од локалната самоуправа на општината информираат дека потребните документи за аплицирање се наведени во барањето објавено на општинската веб-страница, што заедно со пропишаните документи треба да се достави до архивата на Општина Крива Паланка или електронски преку апликацијата мЗаедница. Ова е само една во низата мерки за поддршка на младите од градот што се воведуваат за првпат во буџетот на Општина Крива Паланка за 2023 година. Од оваа календарска година е воведена субвенција, до 4000 денари, за набавка на велосипед за млади лица на возраст од 15 до 29 години, а воведени се и стимулативни мерки за сите родители кои имаат принова, еднократна парична помош за новороденче и за набавка на количка за новороденче, секоја во висина од 3000 денари.

The post Општина Крива Паланка ќе додели по 3000 денари за сите матуранти од градот appeared first on Република.

]]>
Матураните од СУГС „Браќа Миладиновци“ од Скопје не се вакцинираа против тетанус, од МЗ велат има доволно вакцини во сите пунктови https://republika.mk/zivot/zdravje/maturanite-od-sugs-brakja-miladinovci-od-skopje-ne-se-vakciniraa-protiv-tetanus-od-mz-velat-ima-dovolno-vakcini-vo-site-punktovi/ Mon, 15 Aug 2022 09:04:45 +0000 https://republika.mk/?p=540434

Матураните од СУГС „Браќа Миладиновци“ во Скопје, во населбата Драчево оваа година не се вакцинирале против тетанус, па родителите морале приватно да организируаат имунизација на децата.

Според календарот за имунизација на населението, вакцинација против тетанус е задолжителна вакцина за деца кои ќе наполнат 18 години, односно во III-IV година средно, како што стои во Законот за заштита на населението од заразни болести.

Според програмата за задолжителна имунизација на населението во Македонија вакцинација против тетанус се врши:

⎯ На сите лица од навршена 14-годишна возраст до навршена 18-годишна возраст, ако дотогаш не биле вакцинирани против тетанус или ако нема докази за вакцинирање, со давање на три дози вакцина против тетанус – тетанусен токсоид (ТТ вакцина), на растојание утврдено со Правилникот.

Ревакцинација против тетанус се врши:
⎯ На сите лица на 18-годишна возраст, односно во завршната година на средното бразование, ако дотогаш биле уредно вакцинирани и ревакцинирани против тетанус, согласно Календарот за имунизација.
⎯ На сите лица од 14-годишна возраст до 18-годишна возраст, кои во 2018 година прв пат биле вакцинирани против тетанус, ако од вакцинирањето поминала една година.

Загрижен родител на матурант од СУГС „Браќа Миладиновци“ за „Република“ вели дека и покрај барањата на учениците, од училиштето добиле одговор дека не се информирни и не знаат кога ќе се имунизираат.

Голем дел од децата веќе имаа наполнето и 19 години и како што наближуваше крајот на учебната година, на неколку наврати го прашуваа класниот раководител и директорката, а подоцна праќаа и писмени молби и барања, но добиваа одговор дека од училиштето „не се инфомирани” и дека не знаат кога ќе се организира вакцинација на целата генерација која матурираше во учебната 2021/2022. На последната родителска средба прашувавме дали ќе се организира воопшто вакцинација, но од училиштето вината ја префрлаа кај локалната поликлиника во Драчево и дека нивна е одговорноста да снабдат вакцини и да закажат вакцинација, вели родителот за „Република“.

Од Министерството за здравство за „Република“ изјавија дека во моментов сите вакцинални пунктови располагаат со доволни количини вакцини против тетанус.

Динамиката на вакцинација се утврдува согласно план направен од страна на соодветниот вакцинален пункт и истата во моментов се спроведува тековно, велат од МЗ.

Родителот за „Република“ раскажува дека во разговор со деца и родители на деца од истата генерација кои учат во други училишта бил информиран дека сите тие во текот на учебната година беа пратени на вакцинација од нивните училишта во амбулантите во нивната општина.

Учебната година заврши и децата си ги земаа свидетелствата и останаа невакцинирани за тетанус. За моето дете, јас приватно си организирав вакцинација, а дополнително загрижувачки е тоа што дел од останатите родители и самите наставници настапуваа лежерно, со образложение дека вакцината за Ковид не спречувала разболување, па зошто толку да се дига галама за тетанус, додава револтираниот родител.

Родителот е загрижен за “функционирањето” на системот.

Доколку вака продолжиме, децата ќе ни бидат незаштитени и секој ќе треба зависно од својата свест и едукација да се снаоѓа сам. Одговорност мора да постои, посебно за дела кои се опишани во законот за Здравствена заштита, додава родителот.

The post Матураните од СУГС „Браќа Миладиновци“ од Скопје не се вакцинираа против тетанус, од МЗ велат има доволно вакцини во сите пунктови appeared first on Република.

]]>

Матураните од СУГС „Браќа Миладиновци“ во Скопје, во населбата Драчево оваа година не се вакцинирале против тетанус, па родителите морале приватно да организируаат имунизација на децата. Според календарот за имунизација на населението, вакцинација против тетанус е задолжителна вакцина за деца кои ќе наполнат 18 години, односно во III-IV година средно, како што стои во Законот за заштита на населението од заразни болести. Според програмата за задолжителна имунизација на населението во Македонија вакцинација против тетанус се врши: ⎯ На сите лица од навршена 14-годишна возраст до навршена 18-годишна возраст, ако дотогаш не биле вакцинирани против тетанус или ако нема докази за вакцинирање, со давање на три дози вакцина против тетанус – тетанусен токсоид (ТТ вакцина), на растојание утврдено со Правилникот. Ревакцинација против тетанус се врши: ⎯ На сите лица на 18-годишна возраст, односно во завршната година на средното бразование, ако дотогаш биле уредно вакцинирани и ревакцинирани против тетанус, согласно Календарот за имунизација. ⎯ На сите лица од 14-годишна возраст до 18-годишна возраст, кои во 2018 година прв пат биле вакцинирани против тетанус, ако од вакцинирањето поминала една година. Загрижен родител на матурант од СУГС „Браќа Миладиновци“ за „Република“ вели дека и покрај барањата на учениците, од училиштето добиле одговор дека не се информирни и не знаат кога ќе се имунизираат.
Голем дел од децата веќе имаа наполнето и 19 години и како што наближуваше крајот на учебната година, на неколку наврати го прашуваа класниот раководител и директорката, а подоцна праќаа и писмени молби и барања, но добиваа одговор дека од училиштето „не се инфомирани” и дека не знаат кога ќе се организира вакцинација на целата генерација која матурираше во учебната 2021/2022. На последната родителска средба прашувавме дали ќе се организира воопшто вакцинација, но од училиштето вината ја префрлаа кај локалната поликлиника во Драчево и дека нивна е одговорноста да снабдат вакцини и да закажат вакцинација, вели родителот за „Република“.
Од Министерството за здравство за „Република“ изјавија дека во моментов сите вакцинални пунктови располагаат со доволни количини вакцини против тетанус.
Динамиката на вакцинација се утврдува согласно план направен од страна на соодветниот вакцинален пункт и истата во моментов се спроведува тековно, велат од МЗ.
Родителот за „Република“ раскажува дека во разговор со деца и родители на деца од истата генерација кои учат во други училишта бил информиран дека сите тие во текот на учебната година беа пратени на вакцинација од нивните училишта во амбулантите во нивната општина.
Учебната година заврши и децата си ги земаа свидетелствата и останаа невакцинирани за тетанус. За моето дете, јас приватно си организирав вакцинација, а дополнително загрижувачки е тоа што дел од останатите родители и самите наставници настапуваа лежерно, со образложение дека вакцината за Ковид не спречувала разболување, па зошто толку да се дига галама за тетанус, додава револтираниот родител.
Родителот е загрижен за “функционирањето” на системот.
Доколку вака продолжиме, децата ќе ни бидат незаштитени и секој ќе треба зависно од својата свест и едукација да се снаоѓа сам. Одговорност мора да постои, посебно за дела кои се опишани во законот за Здравствена заштита, додава родителот.

The post Матураните од СУГС „Браќа Миладиновци“ од Скопје не се вакцинираа против тетанус, од МЗ велат има доволно вакцини во сите пунктови appeared first on Република.

]]>
Скопските матуранти играа квадрил и салса на плоштад „Македонија“ https://republika.mk/vesti/skopje/skopskite-maturanti-igraa-kvadril-i-salsa-na-ploshtad-makedonija/ Fri, 20 May 2022 15:25:11 +0000 https://republika.mk/?p=504909

По двегодишна пауза поради пандемијата на коронавирусот, матурантите од 14 училишта од Скопје денеска повторно земаа учество на „Матурската парада“, на плоштадот „Македонија“.

Учествуваа матурантите од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, СУГС „Панче Арсовски“, СУГС „Браќа Миладиновци“, СУГС „Георги Димитров“, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, СУГС „Владо Тасевски“, СУГС „Димитар Влахов“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Лазар Танев“, СУГС „Шаип Јусуф“, СУГС „Јосип Броз Тито“, СУГС „Кочо Рацин“, СУГС „Марија Кири Склодовска“.

Покрај скопските матуранти оваа година на „Матурската парада“ учествуваа и нивните врсници од триесетина градови во Словенија, Словачка, Србија, Црна Гора, Унгарија.

Ова е само крајот на вашето средно образование, почетокот на остатокот од вашиот живот и ви следат навистина најубавите години. Се надевам дека сите вие својата иднина ќе ја најдете во државата. Сигурна сум дека меѓу вас има многу млади кои ќе ги гледаме многу често во голем број на професии коишто ќе бидат гордост за сите нас, им порача градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

На настанот присуствуваше и заменик евроамбасадорот, Џулијан Васало кој на матурантите им порача дека пред нив ги имаат најубавите години и оти ќе имаат можност да си ги остварат соништата, да го сменат светот, но пред сè да се забавуваат.

Во изминатите години учесниците од стотина градови од Македонија, Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Италија, Романија, Словенија, Србија, Украина, Унгарија и Хрватска во седум наврати поставија гинисови рекорди во истовремено синхронизирано играње на ист танц – квадрил. Вкупниот број на учесници на „Матурската парада“ во изминатите години во сите градови учесници ја надминува бројката од 500.000 матуранти.

The post Скопските матуранти играа квадрил и салса на плоштад „Македонија“ appeared first on Република.

]]>

По двегодишна пауза поради пандемијата на коронавирусот, матурантите од 14 училишта од Скопје денеска повторно земаа учество на „Матурската парада“, на плоштадот „Македонија“. Учествуваа матурантите од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, СУГС „Панче Арсовски“, СУГС „Браќа Миладиновци“, СУГС „Георги Димитров“, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, СУГС „Владо Тасевски“, СУГС „Димитар Влахов“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Лазар Танев“, СУГС „Шаип Јусуф“, СУГС „Јосип Броз Тито“, СУГС „Кочо Рацин“, СУГС „Марија Кири Склодовска“. Покрај скопските матуранти оваа година на „Матурската парада“ учествуваа и нивните врсници од триесетина градови во Словенија, Словачка, Србија, Црна Гора, Унгарија.
Ова е само крајот на вашето средно образование, почетокот на остатокот од вашиот живот и ви следат навистина најубавите години. Се надевам дека сите вие својата иднина ќе ја најдете во државата. Сигурна сум дека меѓу вас има многу млади кои ќе ги гледаме многу често во голем број на професии коишто ќе бидат гордост за сите нас, им порача градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
На настанот присуствуваше и заменик евроамбасадорот, Џулијан Васало кој на матурантите им порача дека пред нив ги имаат најубавите години и оти ќе имаат можност да си ги остварат соништата, да го сменат светот, но пред сè да се забавуваат. Во изминатите години учесниците од стотина градови од Македонија, Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Италија, Романија, Словенија, Србија, Украина, Унгарија и Хрватска во седум наврати поставија гинисови рекорди во истовремено синхронизирано играње на ист танц – квадрил. Вкупниот број на учесници на „Матурската парада“ во изминатите години во сите градови учесници ја надминува бројката од 500.000 матуранти.  

The post Скопските матуранти играа квадрил и салса на плоштад „Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Матурска парада в петок на Плоштадот „Македонија“ https://republika.mk/vesti/skopje/maturska-parada-v-petok-na-ploshtadot-makedonija/ Wed, 18 May 2022 08:44:01 +0000 https://republika.mk/?p=503704

Освен скопските матуранти, годинава на „Матурската парада“ ќе учествуваат и нивните врсници од триесетина градови во Словенија, Словачка, Унгарија, Србија, Црна Гора.

По двегодишна пауза заради пандемијата со коронавирус ковид-19, овогодишната „Матурска парада“ во сите земји учеснички ќе се одржи на 20.05.2022 година, точно напладне, во 12:00 часот. Во Скопје „Матурската парада“ ќе се одржи на Плоштадот „Македонија“.

Во Скопје годинава ќе учествуваат средните училишта: СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, СУГС „Панче Арсовски“, СУГС „Браќа Миладиновци“, СУГС „Георги Димитров“, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, СУГС „Владо Тасевски“, СУГС „Димитар Влахов“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Лазар Танев“, СУГС „Шаип Јусуф“, СУГС „Јосип Броз Тито“, СУГС „Кочо Рацин“, СУГС „Марија Кири Склодовска“.

Организатор и носител на заштитена марка за Република Македонија: Дирекција за култура и уметност на Скопје, која манифестацијата во Скопје ја реализира во соработка со Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“.

Покровител на манифестацијата во Скопје е Градот Скопје, а поддржувачи се делегација на Европската Унија, Универзитетот за туризам и менаџмент, МДН Обезбедување.

Освен скопските матуранти, годинава на „Матурската парада“ ќе учествуваат и нивните врсници од триесетина градови во Словенија, Словачка, Унгарија, Србија, Црна Гора.

Во изминатите години учесниците од стотина градови од Македонија, Словенија, Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Романија, Бугарија, Албанија, Украина, Унгарија и Австрија во седум наврати поставуваа гинисови рекорди во истовремено синхронизирано играње на ист танц – кадрил. Вкупниот број на учесници на „Матурската парада” во изминатите години во сите градови учесници ја надминува бројката од 500.000 матуранти.

The post Матурска парада в петок на Плоштадот „Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Освен скопските матуранти, годинава на „Матурската парада“ ќе учествуваат и нивните врсници од триесетина градови во Словенија, Словачка, Унгарија, Србија, Црна Гора. По двегодишна пауза заради пандемијата со коронавирус ковид-19, овогодишната „Матурска парада“ во сите земји учеснички ќе се одржи на 20.05.2022 година, точно напладне, во 12:00 часот. Во Скопје „Матурската парада“ ќе се одржи на Плоштадот „Македонија“. Во Скопје годинава ќе учествуваат средните училишта: СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, СУГС „Панче Арсовски“, СУГС „Браќа Миладиновци“, СУГС „Георги Димитров“, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, СУГС „Владо Тасевски“, СУГС „Димитар Влахов“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Лазар Танев“, СУГС „Шаип Јусуф“, СУГС „Јосип Броз Тито“, СУГС „Кочо Рацин“, СУГС „Марија Кири Склодовска“. Организатор и носител на заштитена марка за Република Македонија: Дирекција за култура и уметност на Скопје, која манифестацијата во Скопје ја реализира во соработка со Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“. Покровител на манифестацијата во Скопје е Градот Скопје, а поддржувачи се делегација на Европската Унија, Универзитетот за туризам и менаџмент, МДН Обезбедување. Освен скопските матуранти, годинава на „Матурската парада“ ќе учествуваат и нивните врсници од триесетина градови во Словенија, Словачка, Унгарија, Србија, Црна Гора. Во изминатите години учесниците од стотина градови од Македонија, Словенија, Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Романија, Бугарија, Албанија, Украина, Унгарија и Австрија во седум наврати поставуваа гинисови рекорди во истовремено синхронизирано играње на ист танц – кадрил. Вкупниот број на учесници на „Матурската парада” во изминатите години во сите градови учесници ја надминува бројката од 500.000 матуранти.  

The post Матурска парада в петок на Плоштадот „Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Матурантите кои ќе сакаат да се запишат на факултет, ќе полагаат академски тест https://republika.mk/vesti/makedonija/maturantite-koi-kje-sakaat-da-se-zapishat-na-fakultet-kje-polagaat-akademski-test/ Fri, 13 May 2022 10:26:41 +0000 https://republika.mk/?p=501842

Учениците од средно стручно образование кои ќе сакаат да се запишат на факултет, ќе треба да полагаат академски тест, објави Факултети.мк

Директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска за „Факултети.мк“ вели дека без положен академски тест матурантот нема да има право да се запише на факултет. Новиот концепт за полагање државна матура, од кој е дел и овој академски тест, би почнал да се применува од 2025 година.

Според новиот концепт за полагање државна матура, различно ќе биде тестирањето во гимназиите и во средните стручни училишта. Во гимназиите ќе има задолжително полагање математика и странски јазик, а во стручното образование ќе се полагаат стручни предмети. Таму, исто така, ќе има и академски тест, информира Наумовска.

Таа појаснува дека академскиот тест ќе содржи прашања од јазична писменост, за, како што рече, да се види колку се писмени учениците.

Ќе се види и математичката писменост, исто така. Се смета дека овие вештини и знаења мора примарно да ги поседува секој иден студент. Во понатамошните академски звања што ќе ги добива, ќе треба да подготвува различни семинарски работи, ќе треба да истражува. И сега не може секој да студира, т.е. државната матура е услов за упис на факултет - додава директорката.

Целиот текст тука.

The post Матурантите кои ќе сакаат да се запишат на факултет, ќе полагаат академски тест appeared first on Република.

]]>

Учениците од средно стручно образование кои ќе сакаат да се запишат на факултет, ќе треба да полагаат академски тест, објави Факултети.мк Директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска за „Факултети.мк“ вели дека без положен академски тест матурантот нема да има право да се запише на факултет. Новиот концепт за полагање државна матура, од кој е дел и овој академски тест, би почнал да се применува од 2025 година.