масовно пукање Archives - Република https://republika.mk/tema/masovno-pukanje/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 11:26:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png масовно пукање Archives - Република https://republika.mk/tema/masovno-pukanje/ 32 32 Масовно пукање во Франција во кое учествувале стотици луѓе, пет лица се тешко повредени https://republika.mk/vesti/svet/masovno-pukane-vo-frantsija-vo-koe-uchestvuvale-stotitsi-luge-pet-litsa-se-teshko-povredeni/ Fri, 01 Nov 2024 11:26:42 +0000 https://republika.mk/?p=833070

Масовно пукање поврзано со шверц на дрога во западна Франција остави пет лица тешко повредени, меѓу кои и еден тинејџер, изјави министерот за внатрешни работи Бруно Ретало, пренесува Гардијан.

Престрелката избувна во текот на ноќта пред ресторан во Поатје, изјави Ретаљо за радиото BFMTV/RMC во петокот.

– Она што започна како пукање во ресторан заврши со тепачка меѓу ривалски банди во која учествуваа неколку стотици луѓе. 15-годишното момче е во многу тешка состојба, рече министерот.

Тој предупреди дека Франција е на „пресвртна точка“ кога станува збор за насилството во трговијата со дрога, велејќи дека подоцна во текот на денот планира да замине во Рен, каде што е хоспитализирано уште едно петгодишно дете, застрелано во саботата во уште уште еден судир на банди поврзани со дрога.

 

The post Масовно пукање во Франција во кое учествувале стотици луѓе, пет лица се тешко повредени appeared first on Република.

]]>

Масовно пукање поврзано со шверц на дрога во западна Франција остави пет лица тешко повредени, меѓу кои и еден тинејџер, изјави министерот за внатрешни работи Бруно Ретало, пренесува Гардијан.

Престрелката избувна во текот на ноќта пред ресторан во Поатје, изјави Ретаљо за радиото BFMTV/RMC во петокот.

– Она што започна како пукање во ресторан заврши со тепачка меѓу ривалски банди во која учествуваа неколку стотици луѓе. 15-годишното момче е во многу тешка состојба, рече министерот.

Тој предупреди дека Франција е на „пресвртна точка“ кога станува збор за насилството во трговијата со дрога, велејќи дека подоцна во текот на денот планира да замине во Рен, каде што е хоспитализирано уште едно петгодишно дете, застрелано во саботата во уште уште еден судир на банди поврзани со дрога.

 

The post Масовно пукање во Франција во кое учествувале стотици луѓе, пет лица се тешко повредени appeared first on Република.

]]>
Имало неколкумина напаѓачи: Четворица загинати и десетина ранети во пукање во Алабама https://republika.mk/vesti/svet/imalo-nekolkumina-napagachi-chetvoritsa-zaginati-i-desetina-raneti-vo-pukane-vo-alabama/ Sun, 22 Sep 2024 10:17:21 +0000 https://republika.mk/?p=818674

Најмалку четири лица загинале, а десетици се ранети во масовно пукање во кое учествувале неколку напаѓачи во американската сојузна држава Алабама.

Повеќе лица испукале истрели врз група луѓе“ во областа Фајв Поинт Југ во Бирмингем нешто по 23:00 часот. Десетина луѓе се ранети во престрелката, а најмалку четворица се здобиле со повреди опасни по живот, изјави полицискиот службеник Труман Фицџералд за локалните медиуми.

Полицијата досега не привела никого во врска со пукањето.

Во истрагата се вклучени неколку агенции, вклучувајќи го Федералното биро за истраги.

Оваа година имало најмалку 403 масовни престрелки - дефинирани како пукање во кое имало најмалку четири жртви, мртви или ранети - низ САД, според Архивата за огнено насилство.

Најмалку 12.416 луѓе се убиени во насилство со огнено оружје оваа година во САД.

The post Имало неколкумина напаѓачи: Четворица загинати и десетина ранети во пукање во Алабама appeared first on Република.

]]>

Најмалку четири лица загинале, а десетици се ранети во масовно пукање во кое учествувале неколку напаѓачи во американската сојузна држава Алабама.
Повеќе лица испукале истрели врз група луѓе“ во областа Фајв Поинт Југ во Бирмингем нешто по 23:00 часот. Десетина луѓе се ранети во престрелката, а најмалку четворица се здобиле со повреди опасни по живот, изјави полицискиот службеник Труман Фицџералд за локалните медиуми.
Полицијата досега не привела никого во врска со пукањето. Во истрагата се вклучени неколку агенции, вклучувајќи го Федералното биро за истраги. Оваа година имало најмалку 403 масовни престрелки - дефинирани како пукање во кое имало најмалку четири жртви, мртви или ранети - низ САД, според Архивата за огнено насилство. Најмалку 12.416 луѓе се убиени во насилство со огнено оружје оваа година во САД.

The post Имало неколкумина напаѓачи: Четворица загинати и десетина ранети во пукање во Алабама appeared first on Република.

]]>
Таткото на тинејџерот кој изврши масовно убиство обвинет за убиство од небрежност https://republika.mk/vesti/svet/tatkoto-na-tinejdherot-koj-izvrshi-masovno-ubistvo-obvinet-za-ubistvo-od-nebrezhnost/ Fri, 15 Mar 2024 09:39:30 +0000 https://republika.mk/?p=755063

Џејмс Крамбли, таткото на тинејџерот Итан Крамбли, кој отслужува доживотна затворска казна за масовното убиство што го изврши во училиште во близина на Детроит, Мичиген во 2021 година, е прогласен за виновен за убиство од небрежност. Тој e осуден по обвинението во кое стои дека не го чувал оружјето на обезбедено место и не реагирал на знаците на психички потешкотии кои ги покажувал неговиот син, објави Гласот на Америка.

Во февруари, за убиство од небрежност беше осудена и мајката на Итан, Џенифер Крамбли.

Итан Крамбли, кој имал 15 години кога на 30 ноември 2021 година отвори оган од полуавтоматски пиштол и уби четворица ученици, а рани уште двајца и наставник.

Обвинителите во обвинението посочија дека тинејџерот имал пристап до пиштол со калибар од девет милиметри, што татко му му го купил четири дена пред да ги изврши убиствата.

Неколку дена пред масакрот Итан Крамбли на работниот лист по математика, покрај цртежот со пиштол и ранет човек, напишал:

„Мислите нема да запрат. Помогнете ми. Мојот живот е бескорисен“.

Неговите родители, кои биле повикани на разговор со училишниот советник за цртежите и белешките, не го однеле дома од училиште.

Училишниот советник Шон Хопкинс ги советувал родителите да побараат помош за момчето во следните два дена бидејќи тој верувал дека има самоубиствени мисли.

Итан му кажал на советникот дека е тажен поради смртта на баба му, смртта на неговото милениче и преселувањето на неговиот пријател. Тој рекол дека цртежот е скица од видео игра и дека не планира да изврши насилство.

Според судските записи, ниту еден родител не го спомнал неодамна купеното оружје на службениците во училиштето.

Џејмс и Џенифер Крамбли се првите родители во САД кои се осудени за вооружено насилство од нивното дете на училиште.

Итан, кој сега има седумнаесет години, отслужува доживотна затворска казна за убиство, без право за условно ослободување.

The post Таткото на тинејџерот кој изврши масовно убиство обвинет за убиство од небрежност appeared first on Република.

]]>

Џејмс Крамбли, таткото на тинејџерот Итан Крамбли, кој отслужува доживотна затворска казна за масовното убиство што го изврши во училиште во близина на Детроит, Мичиген во 2021 година, е прогласен за виновен за убиство од небрежност. Тој e осуден по обвинението во кое стои дека не го чувал оружјето на обезбедено место и не реагирал на знаците на психички потешкотии кои ги покажувал неговиот син, објави Гласот на Америка. Во февруари, за убиство од небрежност беше осудена и мајката на Итан, Џенифер Крамбли. Итан Крамбли, кој имал 15 години кога на 30 ноември 2021 година отвори оган од полуавтоматски пиштол и уби четворица ученици, а рани уште двајца и наставник. Обвинителите во обвинението посочија дека тинејџерот имал пристап до пиштол со калибар од девет милиметри, што татко му му го купил четири дена пред да ги изврши убиствата. Неколку дена пред масакрот Итан Крамбли на работниот лист по математика, покрај цртежот со пиштол и ранет човек, напишал:
„Мислите нема да запрат. Помогнете ми. Мојот живот е бескорисен“.
Неговите родители, кои биле повикани на разговор со училишниот советник за цртежите и белешките, не го однеле дома од училиште. Училишниот советник Шон Хопкинс ги советувал родителите да побараат помош за момчето во следните два дена бидејќи тој верувал дека има самоубиствени мисли. Итан му кажал на советникот дека е тажен поради смртта на баба му, смртта на неговото милениче и преселувањето на неговиот пријател. Тој рекол дека цртежот е скица од видео игра и дека не планира да изврши насилство. Според судските записи, ниту еден родител не го спомнал неодамна купеното оружје на службениците во училиштето. Џејмс и Џенифер Крамбли се првите родители во САД кои се осудени за вооружено насилство од нивното дете на училиште. Итан, кој сега има седумнаесет години, отслужува доживотна затворска казна за убиство, без право за условно ослободување.

The post Таткото на тинејџерот кој изврши масовно убиство обвинет за убиство од небрежност appeared first on Република.

]]>
Eден загинат, 30-тина повредени во пукање при прославата на Супербол https://republika.mk/vesti/svet/eden-zaginat-30-tina-povredeni-vo-pukane-pri-proslavata-na-superbol/ Thu, 15 Feb 2024 08:06:34 +0000 https://republika.mk/?p=744264

Едно лице е убиено, а триесетина се повредени во пукотниците за време на парада на Канзас Сити Чифс, освојувачите на Супербол (финале во американски фудбал), изјавија од полицијата во Канзас Сити.

Меѓу ранетите се и единаесет деца кои се во болница, но не е познато на која возраст се децата.

Полицијата задржала тројца осомничени, а градоначалникот ја повика јавноста да сподели фотографии, видео и други информации од местото на пукање.

Видео снимки од настанот покажуваат како полицајците трчаат кон местото на пукање во голема толпа луѓе покрај транспортен центар додека жртвите се изнесувани со возила за итна помош.

Од извор во органите за безбедност „Си-би-ес“ дознава дека пукотницата не е поврзана со тероризам.

Патрик Махомес, бек во Старс, на социјалната мрежа Х напиша: „Се молам за Канзас Сити“.

Од клубот на Чифс, победник во финалето Супербол што се одржа во неделата, изјавија дека никој од играчите не е повреден.

Ова е 48 масовно пукање во САД од почетокот на 2024 година.

The post Eден загинат, 30-тина повредени во пукање при прославата на Супербол appeared first on Република.

]]>

Едно лице е убиено, а триесетина се повредени во пукотниците за време на парада на Канзас Сити Чифс, освојувачите на Супербол (финале во американски фудбал), изјавија од полицијата во Канзас Сити. Меѓу ранетите се и единаесет деца кои се во болница, но не е познато на која возраст се децата. Полицијата задржала тројца осомничени, а градоначалникот ја повика јавноста да сподели фотографии, видео и други информации од местото на пукање. Видео снимки од настанот покажуваат како полицајците трчаат кон местото на пукање во голема толпа луѓе покрај транспортен центар додека жртвите се изнесувани со возила за итна помош. Од извор во органите за безбедност „Си-би-ес“ дознава дека пукотницата не е поврзана со тероризам. Патрик Махомес, бек во Старс, на социјалната мрежа Х напиша: „Се молам за Канзас Сити“. Од клубот на Чифс, победник во финалето Супербол што се одржа во неделата, изјавија дека никој од играчите не е повреден. Ова е 48 масовно пукање во САД од почетокот на 2024 година.

The post Eден загинат, 30-тина повредени во пукање при прославата на Супербол appeared first on Република.

]]>
Давид Козак е масовниот убиец од Прага https://republika.mk/vesti/svet/david-kozak-e-masovniot-ubiets-od-praga/ Thu, 21 Dec 2023 18:58:30 +0000 https://republika.mk/?p=725392

Масовниот убиец од Прага, како што објави чешкиот портал Новинки, е 24-годишниот Давид Козак, студент на Филозовскиот факултет. Како што пренесува порталот, полицијата во четвртокот попладне започнала потрага по него бидејќи го поврзувала со случај на насилна смрт на Кладно. Тој наводно го убил својот татко во семејната куќа.

Двата случаи се подоцна поврзани.

Мотивот за пукањето се уште не е познат.

Полицајците во централна Чешка објавија дека трагаат по млад човек наводно поврзан со насилната смрт на маж во регионот. Не исклучуваат поврзаност со пукањето во Прага, пренесува порталот Блеск.

Во областа Кладенско/Кладно интервенираа неколку полициски единици, од кои некои се опремени со долги цевки или митралези. Според информациите на порталот Новинки, сè укажува дека настанот е поврзан со масакрот на Филозофскиот факултет во Прага.

Според порталот, полицајци можат да се видат во една од семејните куќи во селото Хостоун во Кладно. Меѓу интервентните полициски службеници има и пиротехничари и други вештаци. Полицијата се уште официјално не соопштува детали за инцидентот.

The post Давид Козак е масовниот убиец од Прага appeared first on Република.

]]>

Масовниот убиец од Прага, како што објави чешкиот портал Новинки, е 24-годишниот Давид Козак, студент на Филозовскиот факултет. Како што пренесува порталот, полицијата во четвртокот попладне започнала потрага по него бидејќи го поврзувала со случај на насилна смрт на Кладно. Тој наводно го убил својот татко во семејната куќа. Двата случаи се подоцна поврзани. Мотивот за пукањето се уште не е познат. Полицајците во централна Чешка објавија дека трагаат по млад човек наводно поврзан со насилната смрт на маж во регионот. Не исклучуваат поврзаност со пукањето во Прага, пренесува порталот Блеск. Во областа Кладенско/Кладно интервенираа неколку полициски единици, од кои некои се опремени со долги цевки или митралези. Според информациите на порталот Новинки, сè укажува дека настанот е поврзан со масакрот на Филозофскиот факултет во Прага. Според порталот, полицајци можат да се видат во една од семејните куќи во селото Хостоун во Кладно. Меѓу интервентните полициски службеници има и пиротехничари и други вештаци. Полицијата се уште официјално не соопштува детали за инцидентот.

The post Давид Козак е масовниот убиец од Прага appeared first on Република.

]]>
Oсмоодделенка во масовно пукање во Русија рани пет ученици, па се самоуби https://republika.mk/vesti/svet/osmooddelenka-vo-masovno-pukane-vo-rusija-rani-pet-uchenitsi-pa-se-samoubi/ Thu, 07 Dec 2023 08:32:23 +0000 https://republika.mk/?p=720562

Утрово имало пукање во училиште во областа Брјанск во Русија. Ученичка од осмо одделение донела огнено оружје (во училиштето) од кое пукала неколку пати, потврдија оперативните служби.

Според првичните информации, една ученичка внела огнено оружје во училиштето и испукала неколку истрели, при што се повредени пет лица. Потоа девојката се самоубила, соопштија од регионалното МВР. Се претпоставува дека ученичката го зела оружјето на нејзиниот татко.

Лекарите потврдија дека две жртви се во средно тешка состојба.

Едно дете е примено, има повреди на рамото и коленото, состојбата е со средна сериозност. Даваме прва помош и најверојатно ќе биде пренесено во детска болница, соопштија од градската болница во Брјанск.


Од Регионалната детска болница известија дека е примено уште едно повредено дете со рана на левото рамо. „Има 14 години, има прострелна рана. Состојбата е средно тешка, хоспитализиран е“, рекол изворот.

На местото на настанот работат полицијата и итната помош. Се истражуваат околностите на инцидентот. Градската управа извести дека две лица загинале, а четворица се повредени, но објавата потоа е избришана.

The post Oсмоодделенка во масовно пукање во Русија рани пет ученици, па се самоуби appeared first on Република.

]]>

Утрово имало пукање во училиште во областа Брјанск во Русија. Ученичка од осмо одделение донела огнено оружје (во училиштето) од кое пукала неколку пати, потврдија оперативните служби.
Според првичните информации, една ученичка внела огнено оружје во училиштето и испукала неколку истрели, при што се повредени пет лица. Потоа девојката се самоубила, соопштија од регионалното МВР. Се претпоставува дека ученичката го зела оружјето на нејзиниот татко.
Лекарите потврдија дека две жртви се во средно тешка состојба.
Едно дете е примено, има повреди на рамото и коленото, состојбата е со средна сериозност. Даваме прва помош и најверојатно ќе биде пренесено во детска болница, соопштија од градската болница во Брјанск.
Од Регионалната детска болница известија дека е примено уште едно повредено дете со рана на левото рамо. „Има 14 години, има прострелна рана. Состојбата е средно тешка, хоспитализиран е“, рекол изворот. На местото на настанот работат полицијата и итната помош. Се истражуваат околностите на инцидентот. Градската управа извести дека две лица загинале, а четворица се повредени, но објавата потоа е избришана.

The post Oсмоодделенка во масовно пукање во Русија рани пет ученици, па се самоуби appeared first on Република.

]]>
Најмалку 15 застрелани на Халовин забава во Чикаго https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-15-zastrelani-na-halovin-zabava-vo-chikago/ Sun, 29 Oct 2023 16:48:11 +0000 https://republika.mk/?p=696024

Најмалку 15 луѓе биле застрелани во неделата наутро по локално време во Чикаго на забава по повод Ноќта на вештерките, јавува Си-Ен-Ен.

Меѓу жртвите има шест жени и девет мажи на возраст од 26 до 53 години, соопшти полицијата во Чикаго. Двајца (26-годишна жена и 48-годишен маж) се во критична состојба.

Насилникот побегнал пеш и бил приведен од полицајците кои реагирале на пријава за пукање, соопшти полицијата.

Напаѓачот имал пиштол кога бил приведен од полицијата и бил однесен на сослушување.

Полицијата продолжува да го истражува пукањето, се наведува во соопштението.

The post Најмалку 15 застрелани на Халовин забава во Чикаго appeared first on Република.

]]>

Најмалку 15 луѓе биле застрелани во неделата наутро по локално време во Чикаго на забава по повод Ноќта на вештерките, јавува Си-Ен-Ен. Меѓу жртвите има шест жени и девет мажи на возраст од 26 до 53 години, соопшти полицијата во Чикаго. Двајца (26-годишна жена и 48-годишен маж) се во критична состојба.
Насилникот побегнал пеш и бил приведен од полицајците кои реагирале на пријава за пукање, соопшти полицијата.
Напаѓачот имал пиштол кога бил приведен од полицијата и бил однесен на сослушување.
Полицијата продолжува да го истражува пукањето, се наведува во соопштението.

The post Најмалку 15 застрелани на Халовин забава во Чикаго appeared first on Република.

]]>
Осомничениот за масовното пукање во Мејн пронајден мртов https://republika.mk/vesti/svet/osomnicheniot-za-masovnoto-pukane-vo-mejn-pronajden-mrtov/ Sat, 28 Oct 2023 06:48:16 +0000 https://republika.mk/?p=695718

Осомничениот за масовното пукање во американската сојузна држава Мејн, во кое беа убиени 18 лица, е пронајден мртов, потврди гувернерката на државата Мејн, Џенет Милс.

Потрагата по мажот траеше повеќе од два дена. Осомничениот е идентификуван како Роберт Кард, 40-годишен резервист.

Тој со полуавтоматско оружје нападнал луѓе во ресторан и куглана вечерта на 25 октомври во градот Левистон. Во престрелката имало 13 повредени. Според локалните медиуми, Кард најверојатно имал психички проблеми.

Неговото тело е пронајдено во градот Лизбон во реон на објект за рециклирање отпад каде што работел. Кард ја носел истата облека што ја носел за време на нападот. Тој изврши самоубиство, изјави Мајкл Сашак, началник на Одделот за јавна безбедност во Мејн.

The post Осомничениот за масовното пукање во Мејн пронајден мртов appeared first on Република.

]]>

Осомничениот за масовното пукање во американската сојузна држава Мејн, во кое беа убиени 18 лица, е пронајден мртов, потврди гувернерката на државата Мејн, Џенет Милс. Потрагата по мажот траеше повеќе од два дена. Осомничениот е идентификуван како Роберт Кард, 40-годишен резервист. Тој со полуавтоматско оружје нападнал луѓе во ресторан и куглана вечерта на 25 октомври во градот Левистон. Во престрелката имало 13 повредени. Според локалните медиуми, Кард најверојатно имал психички проблеми. Неговото тело е пронајдено во градот Лизбон во реон на објект за рециклирање отпад каде што работел. Кард ја носел истата облека што ја носел за време на нападот. Тој изврши самоубиство, изјави Мајкл Сашак, началник на Одделот за јавна безбедност во Мејн.

The post Осомничениот за масовното пукање во Мејн пронајден мртов appeared first on Република.

]]>
Полицијата уште трага по пукачот кој уби најмалку 18 лица во Мејн https://republika.mk/vesti/svet/politsijata-ushte-traga-po-pukachot-koj-ubi-najmalku-18-litsa-vo-mejn/ Fri, 27 Oct 2023 07:07:12 +0000 https://republika.mk/?p=695398

Втор ден трае потрагата по резервистот на американската армија Роберт Кард, осомничен за убиство на 18 и ранување на 13 лица во масовно пукање во Мејн.

Локалната полиција соопшти дека Кард е вооружен и опасен и побара од граѓаните да не излегуваат од домовите поради безбедносни причини.

Полициските екипи синоќа ја пребараа последната позната адреса во Будин поврзана со Кард, соопшти полицијата за Си-Ен-Ен. По неколку часа полициските службеници го напуштиле местото, и не е познато што ја поттикнало полицијата да го изврши овој претрес.

Портпаролот на Одделот за јавна безбедност на Мејн рече дека полицајците „едноставно ја извршуваат својата должност следејќи ја секоја трага во обидот да го лоцираат и уапсат Кард“. Тој додаде дека полицијата извршила повеќе претреси.

Најмалку 18 лица загинаа, а 13 се ранети во пукањето во Луистон во американската сојузна држава Мејн, соопшти вчера гувернерката Џенет Милс. Училиштата во Луистон и во другите окрузи вчера беа затворени, а многу училишта остануваат затворени и денеска.

The post Полицијата уште трага по пукачот кој уби најмалку 18 лица во Мејн appeared first on Република.

]]>

Втор ден трае потрагата по резервистот на американската армија Роберт Кард, осомничен за убиство на 18 и ранување на 13 лица во масовно пукање во Мејн. Локалната полиција соопшти дека Кард е вооружен и опасен и побара од граѓаните да не излегуваат од домовите поради безбедносни причини. Полициските екипи синоќа ја пребараа последната позната адреса во Будин поврзана со Кард, соопшти полицијата за Си-Ен-Ен. По неколку часа полициските службеници го напуштиле местото, и не е познато што ја поттикнало полицијата да го изврши овој претрес. Портпаролот на Одделот за јавна безбедност на Мејн рече дека полицајците „едноставно ја извршуваат својата должност следејќи ја секоја трага во обидот да го лоцираат и уапсат Кард“. Тој додаде дека полицијата извршила повеќе претреси. Најмалку 18 лица загинаа, а 13 се ранети во пукањето во Луистон во американската сојузна држава Мејн, соопшти вчера гувернерката Џенет Милс. Училиштата во Луистон и во другите окрузи вчера беа затворени, а многу училишта остануваат затворени и денеска.

The post Полицијата уште трага по пукачот кој уби најмалку 18 лица во Мејн appeared first on Република.

]]>
Листа на злосторства: Само годинава убиени 188 лица во масовни пукања низ САД https://republika.mk/vesti/svet/lista-na-zlostorstva-samo-godinava-ubieni-188-litsa-vo-masovni-pukana-niz-sad/ Thu, 26 Oct 2023 07:04:30 +0000 https://republika.mk/?p=695061

Ново масовно пукање ги потресе САД во кое загинаа од 15 до 20 лица загинаа, а 50 до 60 се ранети.

Престрелката што се случи во градот Левистон во американската сојузна држава Мејн.

https://republika.mk/vesti/svet/strashni-svedoshtva-od-masakrot-vo-mejn-lezhev-nad-mojata-11-godishna-kerka-a-majka-mi-beshe-nad-mene/

Канцеларијата на шерифот на округот Андроскогин објави две фотографии од осомничениот на Фејсбук, и соопшти дека тој е во бегство.

[caption id="attachment_695055" align="aligncenter" width="1243"] Фото: Полиција Мејн[/caption]

Централниот медицински центар Левистон соопшти дека се координира со регионалните болници за преземање пациенти.

Весникот „Сан џурнал“, повикувајќи се на портпарол на полицијата во Левистон, јави дека имало пукотници во три различни објекти, вклучително и ресторан.

За настанот се информирани и американскиот претседател Џо Бајден и гувернерката на Мејн Џенет Милс.

Само годинава во САД имаше 35 масовни пукања, при што загинаа најмалку 188 луѓе.

Сите масовни престрелки во САД оваа година

Ромеовил, Илиноис – 17 септември

Брачен пар, нивните две деца на возраст од 7 и 9 години, и три кучиња беа пронајдени мртви во предградие на Чикаго.

Езеро Тауншип, Охајо – 24 август

Пет членови на семејството, меѓу кои и три деца, се пронајдени мртви во дом во Лејк Тауншип, Охајо. Властите соопштија дека мажот и жената и нивните две ќерки и син починале од прострелни рани. Пукањето се случило по семејна расправија, се уште не е јасно кој пукал.

Оклахома Сити – 16 август

Полицијата на Оклахома Сити соопшти дека 28-годишен маж ги убил своите три деца на возраст од 9, 5 и 2 години и својата поранешна сопруга пред да се самоубие. Мотивот се уште не е познат.

Хемптон, Џорџија – 15 јули

Маж (40) уби четири лица, сите на возраст од 60 години, во предградие јужно од Атланта. Загина во размена на оган со полицијата.

Шривепорт, Луизијана – 4 јули

На забава на Денот на независноста непосредно пред полноќ, дојде до пукање меѓу повеќе мажи во кое загинаа најмалку четири лица, а најмалку седум беа повредени.

Филаделфија – 3 јули

Маж (40) со пушка слична на АР-15 уби четири лица и рани уште четири, меѓу кои и двегодишно дете, во предградието на Филаделфија.

Грин Понд, Јужна Каролина – 2 јули

Маж (33) е обвинет за убиство на шест лица, меѓу кои и неговата снаа и нејзината 11-годишна ќерка. Мотивот е непознат.

Келог, Ајдахо – 18 јуни

Маж (31) уби четворица членови на соседно семејство во нивниот стан на Денот на татковците. Тој се налутил затоа што 18-годишниот син на соседот наводно им ги покажал гениталиите на неговите деца.

Секвачи, Тенеси – 15 јуни

Маж (48) уби четири лица, меѓу кои трите деца и поранешната сопруга, по што ја запали куќата. Потоа се самоуби.

Меса, Аризона – 26 мај

Маж (20) застрела четворица мажи и рани една жена за време на 12-часовна заложничка криза во метрото на Феникс, соопштија официјални лица. Тој изјавил на полицијата дека тој ден случајно ги сретнал жртвите на различни места, вклучително и во парк и самопослуга, и се налутил кога се споменала тема за дрога.

Неш, Тексас – 23 мај

Тинејџер (18) ги уби родителите, сестрата и братот.

Ален, Тексас – 6 мај

Маж (33) со арсенал легално купени пиштоли уби осум лица и рани седум други во трговски центар во областа на Далас. Тој на интернет објавувал за неговите ставови на белата надмоќ и мизогинизмот. Го уби полицаец.

Езеро Велс, Флорида – 2 мај

Маж (38) е осомничен за смртта на жена и нејзините три деца, откако полицијата била повикана во станбениот комплекс каде што биле пронајдени телата. По неколкучасовна опсада во мотелот, полицијата смртно го застрела мажот.

Хенриета, Оклахома – 1 мај

Маж (39) ја убил сопругата, нејзините три деца и нивните двајца пријатели пред да се самоубие, соопштија властите. Сите беа пронајдени мртви на неговиот селски имот. Тој бил осуден силувач кој бил ослободен предвреме од затвор, и покрај новите обвиненија за сексуален напад.

Мохаве, Калифорнија – 30 април

Четири лица се пронајдени мртви во пустинската заедница во Мохаве Дезерт, соопштија официјални лица. Веднаш немало апсења, но се трага по две лица како „лица од интерес“.

Кливленд, Тексас – 28 април

Маж (38) е уапсен по четиридневна потера. Властите тврдат дека тој влегол во домот на соседот и убил пет лица, вклучително и деветгодишно дете, откако соседите побарале од него да престане да пука со пушка слична на АР бидејќи бебето се обидувало да спие.

Мејн – 18 април

Маж (32) призна дека во куќа пукал во четири лица, меѓу кои и неговите родители. Оттаму избегал и пукал во возила кои се движеле по автопат.

Дејдвил, Алабама – 15 април

Шестмина осомничени на возраст меѓу 15 и 20 години се обвинети за убиство од небрежност. Тие на роденденска забава убиле четири лица, а раниле уште најмалку 32.

Луисвил, Кентаки – 10 април

Банкарски работник (25) вооружен со пушка отвори оган на своето работно место, убивајќи пет лица, вклучително и близок пријател на гувернерот на Кентаки, и го пренесувала нападот во живо на Инстаграм, соопштија официјални лица. Полицијата пристигнала додека се уште се слушале истрели во Олд Нешнел Банк и го убила напаѓачот во размена на оган.

Монро, Луизијана – 31 март

Маж (37) е уапсен под обвинение за подметнување пожар и убиство, откако четири лица загинаа во пожар во куќа.

Нешвил, Тенеси – 27 март

Маж (28) уби три деца и тројца возрасни во пукање во мало христијанско основно училиште пред да биде застрелан од полицијата. Напаѓачот бил поранешен ученик на тоа училиште. Полицијата соопшти дека напаѓачот е „роден како женско“, но користел машки заменки на социјалните мрежи.

Самтер, Јужна Каролина – 21 март

Поранешен војник (42) застрела три деца додека спиеле во куќата додека мајката очајно барала помош, соопштија властите. Напаѓачот и мајката на децата биле разведени.

Бирмингем, Алабама – 13-14 март

Маж (28) уби четири лица за време на престрелки во текот на ноќта. Властите соопштија дека мажот му пришол на полицаец и рекол дека застрелал две лица во Бирмингем и две лица во Округот Сент Клер.

Далас, Тексас – 12 март

Маж (18) и 20-годишна жена убиле четири лица откако упаднале во куќа за да земат пари. Мажот признал дека пукал во сите жртви. Жената била во врска со една од жртвите, а тие биле вмешани во спор за старателството над синот. На местото на настанот било пронајдено неповредено дете.

Мајами Лејкс, Флорида – 10 март

Полицијата пронајде три жени и двајца мажи мртви во куќа. Се чинело дека раните на еден човек биле самонанесени, што ги навело инспекторите да заклучат дека се работи за убиство-самоубиство.

Коко, Флорида – 1 март

Маж (36) е уапсен откако пукал во својата ќерка тинејџерка, нејзината мајка и уште две лица, соопштија официјални лица.

Дафне, Алабама – 22 февруари

Маж (21) е обвинет дека со пиштол ги убил своите дедовци, брат и семеен пријател. Нивните тела биле пронајдени во дворот на домот на неговите баба и дедо и во спалната соба во домот, соопшти полицијата.

Аркабутла, Мисисипи – 17 февруари

Маж (52) уби шест лица, вклучително и неговата поранешна сопруга и очувот, на повеќе локации во малата рурална заедница, соопштија официјални лица.

Лутрел, Тенеси – 29 јануари

Според обвинител, 52-годишен маж, кој се пожалил дека има „ѓавол во главата“, убил четири деца во својот дом пред да го запали и да се застрела. Децата биле на возраст од 5 до 15 години.

Халф Мун Залив, Калифорнија – 23 јануари

Маж (66) е обвинет за убиство на седум лица во последователни престрелки на две фарми за печурки. Обвинителите соопштија дека тој отворил оган на фарма со печурки каде што работел, при што убил четворица колеги и ранил уште еден. Тие рекоа дека потоа отишол на фармата за печурки од која бил отпуштен во 2015 година и убил тројца поранешни колеги.

Монтереј Парк, Калифорнија – 21 јануари

Маж (72) отвори оган на танц за постари на Лунарна Нова Година при што уби 11 лица, а рани девет. Мажот подоцна се самоубил. Масакрот е наречен најсмртоносниот пукање во историјата на округот Лос Анџелес.

Гошен, Калифорнија – 16 јануари

Во судири на банди загинаа шест лица.

Кливленд, Охајо – 13 јануари

Маж (42) е обвинет за убиство на својот татко, сестра и внук, како и за уште едно лице и тешко ранил осумгодишно девојче. Полицијата соопшти дека тој ги застрелал жртвите во главата во различни простории од куќата, а потоа запрел полициски автомобил и ги упатил полицајците на местото на настанот.

Хај Поинт, Северна Каролина – 7 јануари

Маж (45) ги убил сопругата и трите деца, а потоа и себеси. Властите рекоа дека сите живееле заедно. Уште двајца успеале да побегнат од куќата. Еден од преживеаните бил роднина на семејството, а другиот познаник.

Енох, Јута – 4 јануари

Маж (42) ги убил петте деца, свекрвата и сопругата, а потоа и себеси. Тоа се случи две недели откако сопругата поднесе барање за развод. Службите за заштита на децата отвориле истрага против мажот за злоупотреба на деца и закани кон семејството само неколку недели пред убиството.

The post Листа на злосторства: Само годинава убиени 188 лица во масовни пукања низ САД appeared first on Република.

]]>

Ново масовно пукање ги потресе САД во кое загинаа од 15 до 20 лица загинаа, а 50 до 60 се ранети. Престрелката што се случи во градот Левистон во американската сојузна држава Мејн. https://republika.mk/vesti/svet/strashni-svedoshtva-od-masakrot-vo-mejn-lezhev-nad-mojata-11-godishna-kerka-a-majka-mi-beshe-nad-mene/ Канцеларијата на шерифот на округот Андроскогин објави две фотографии од осомничениот на Фејсбук, и соопшти дека тој е во бегство. [caption id="attachment_695055" align="aligncenter" width="1243"] Фото: Полиција Мејн[/caption] Централниот медицински центар Левистон соопшти дека се координира со регионалните болници за преземање пациенти. Весникот „Сан џурнал“, повикувајќи се на портпарол на полицијата во Левистон, јави дека имало пукотници во три различни објекти, вклучително и ресторан. За настанот се информирани и американскиот претседател Џо Бајден и гувернерката на Мејн Џенет Милс. Само годинава во САД имаше 35 масовни пукања, при што загинаа најмалку 188 луѓе.

Сите масовни престрелки во САД оваа година

Ромеовил, Илиноис – 17 септември Брачен пар, нивните две деца на возраст од 7 и 9 години, и три кучиња беа пронајдени мртви во предградие на Чикаго. Езеро Тауншип, Охајо – 24 август Пет членови на семејството, меѓу кои и три деца, се пронајдени мртви во дом во Лејк Тауншип, Охајо. Властите соопштија дека мажот и жената и нивните две ќерки и син починале од прострелни рани. Пукањето се случило по семејна расправија, се уште не е јасно кој пукал. Оклахома Сити – 16 август Полицијата на Оклахома Сити соопшти дека 28-годишен маж ги убил своите три деца на возраст од 9, 5 и 2 години и својата поранешна сопруга пред да се самоубие. Мотивот се уште не е познат. Хемптон, Џорџија – 15 јули Маж (40) уби четири лица, сите на возраст од 60 години, во предградие јужно од Атланта. Загина во размена на оган со полицијата. Шривепорт, Луизијана – 4 јули На забава на Денот на независноста непосредно пред полноќ, дојде до пукање меѓу повеќе мажи во кое загинаа најмалку четири лица, а најмалку седум беа повредени. Филаделфија – 3 јули Маж (40) со пушка слична на АР-15 уби четири лица и рани уште четири, меѓу кои и двегодишно дете, во предградието на Филаделфија. Грин Понд, Јужна Каролина – 2 јули Маж (33) е обвинет за убиство на шест лица, меѓу кои и неговата снаа и нејзината 11-годишна ќерка. Мотивот е непознат. Келог, Ајдахо – 18 јуни Маж (31) уби четворица членови на соседно семејство во нивниот стан на Денот на татковците. Тој се налутил затоа што 18-годишниот син на соседот наводно им ги покажал гениталиите на неговите деца. Секвачи, Тенеси – 15 јуни Маж (48) уби четири лица, меѓу кои трите деца и поранешната сопруга, по што ја запали куќата. Потоа се самоуби. Меса, Аризона – 26 мај Маж (20) застрела четворица мажи и рани една жена за време на 12-часовна заложничка криза во метрото на Феникс, соопштија официјални лица. Тој изјавил на полицијата дека тој ден случајно ги сретнал жртвите на различни места, вклучително и во парк и самопослуга, и се налутил кога се споменала тема за дрога. Неш, Тексас – 23 мај Тинејџер (18) ги уби родителите, сестрата и братот. Ален, Тексас – 6 мај Маж (33) со арсенал легално купени пиштоли уби осум лица и рани седум други во трговски центар во областа на Далас. Тој на интернет објавувал за неговите ставови на белата надмоќ и мизогинизмот. Го уби полицаец. Езеро Велс, Флорида – 2 мај Маж (38) е осомничен за смртта на жена и нејзините три деца, откако полицијата била повикана во станбениот комплекс каде што биле пронајдени телата. По неколкучасовна опсада во мотелот, полицијата смртно го застрела мажот. Хенриета, Оклахома – 1 мај Маж (39) ја убил сопругата, нејзините три деца и нивните двајца пријатели пред да се самоубие, соопштија властите. Сите беа пронајдени мртви на неговиот селски имот. Тој бил осуден силувач кој бил ослободен предвреме од затвор, и покрај новите обвиненија за сексуален напад. Мохаве, Калифорнија – 30 април Четири лица се пронајдени мртви во пустинската заедница во Мохаве Дезерт, соопштија официјални лица. Веднаш немало апсења, но се трага по две лица како „лица од интерес“. Кливленд, Тексас – 28 април Маж (38) е уапсен по четиридневна потера. Властите тврдат дека тој влегол во домот на соседот и убил пет лица, вклучително и деветгодишно дете, откако соседите побарале од него да престане да пука со пушка слична на АР бидејќи бебето се обидувало да спие. Мејн – 18 април Маж (32) призна дека во куќа пукал во четири лица, меѓу кои и неговите родители. Оттаму избегал и пукал во возила кои се движеле по автопат. Дејдвил, Алабама – 15 април Шестмина осомничени на возраст меѓу 15 и 20 години се обвинети за убиство од небрежност. Тие на роденденска забава убиле четири лица, а раниле уште најмалку 32. Луисвил, Кентаки – 10 април Банкарски работник (25) вооружен со пушка отвори оган на своето работно место, убивајќи пет лица, вклучително и близок пријател на гувернерот на Кентаки, и го пренесувала нападот во живо на Инстаграм, соопштија официјални лица. Полицијата пристигнала додека се уште се слушале истрели во Олд Нешнел Банк и го убила напаѓачот во размена на оган. Монро, Луизијана – 31 март Маж (37) е уапсен под обвинение за подметнување пожар и убиство, откако четири лица загинаа во пожар во куќа. Нешвил, Тенеси – 27 март Маж (28) уби три деца и тројца возрасни во пукање во мало христијанско основно училиште пред да биде застрелан од полицијата. Напаѓачот бил поранешен ученик на тоа училиште. Полицијата соопшти дека напаѓачот е „роден како женско“, но користел машки заменки на социјалните мрежи. Самтер, Јужна Каролина – 21 март Поранешен војник (42) застрела три деца додека спиеле во куќата додека мајката очајно барала помош, соопштија властите. Напаѓачот и мајката на децата биле разведени. Бирмингем, Алабама – 13-14 март Маж (28) уби четири лица за време на престрелки во текот на ноќта. Властите соопштија дека мажот му пришол на полицаец и рекол дека застрелал две лица во Бирмингем и две лица во Округот Сент Клер. Далас, Тексас – 12 март Маж (18) и 20-годишна жена убиле четири лица откако упаднале во куќа за да земат пари. Мажот признал дека пукал во сите жртви. Жената била во врска со една од жртвите, а тие биле вмешани во спор за старателството над синот. На местото на настанот било пронајдено неповредено дете. Мајами Лејкс, Флорида – 10 март Полицијата пронајде три жени и двајца мажи мртви во куќа. Се чинело дека раните на еден човек биле самонанесени, што ги навело инспекторите да заклучат дека се работи за убиство-самоубиство. Коко, Флорида – 1 март Маж (36) е уапсен откако пукал во својата ќерка тинејџерка, нејзината мајка и уште две лица, соопштија официјални лица. Дафне, Алабама – 22 февруари Маж (21) е обвинет дека со пиштол ги убил своите дедовци, брат и семеен пријател. Нивните тела биле пронајдени во дворот на домот на неговите баба и дедо и во спалната соба во домот, соопшти полицијата. Аркабутла, Мисисипи – 17 февруари Маж (52) уби шест лица, вклучително и неговата поранешна сопруга и очувот, на повеќе локации во малата рурална заедница, соопштија официјални лица. Лутрел, Тенеси – 29 јануари Според обвинител, 52-годишен маж, кој се пожалил дека има „ѓавол во главата“, убил четири деца во својот дом пред да го запали и да се застрела. Децата биле на возраст од 5 до 15 години. Халф Мун Залив, Калифорнија – 23 јануари Маж (66) е обвинет за убиство на седум лица во последователни престрелки на две фарми за печурки. Обвинителите соопштија дека тој отворил оган на фарма со печурки каде што работел, при што убил четворица колеги и ранил уште еден. Тие рекоа дека потоа отишол на фармата за печурки од која бил отпуштен во 2015 година и убил тројца поранешни колеги. Монтереј Парк, Калифорнија – 21 јануари Маж (72) отвори оган на танц за постари на Лунарна Нова Година при што уби 11 лица, а рани девет. Мажот подоцна се самоубил. Масакрот е наречен најсмртоносниот пукање во историјата на округот Лос Анџелес. Гошен, Калифорнија – 16 јануари Во судири на банди загинаа шест лица. Кливленд, Охајо – 13 јануари Маж (42) е обвинет за убиство на својот татко, сестра и внук, како и за уште едно лице и тешко ранил осумгодишно девојче. Полицијата соопшти дека тој ги застрелал жртвите во главата во различни простории од куќата, а потоа запрел полициски автомобил и ги упатил полицајците на местото на настанот. Хај Поинт, Северна Каролина – 7 јануари Маж (45) ги убил сопругата и трите деца, а потоа и себеси. Властите рекоа дека сите живееле заедно. Уште двајца успеале да побегнат од куќата. Еден од преживеаните бил роднина на семејството, а другиот познаник. Енох, Јута – 4 јануари Маж (42) ги убил петте деца, свекрвата и сопругата, а потоа и себеси. Тоа се случи две недели откако сопругата поднесе барање за развод. Службите за заштита на децата отвориле истрага против мажот за злоупотреба на деца и закани кон семејството само неколку недели пред убиството.

The post Листа на злосторства: Само годинава убиени 188 лица во масовни пукања низ САД appeared first on Република.

]]>
Четворица убиени во пукотница во Филаделфија, напаѓачот уапсен https://republika.mk/vesti/svet/chetvoritsa-ubieni-vo-pukotnitsa-vo-filadelfija-napagachot-uapsen/ Tue, 04 Jul 2023 07:26:12 +0000 https://republika.mk/?p=657892

Четири лица се убиени, а други четири се повредени во престрелка во Филаделфија. Напаѓачот е уапсен, објавија синоќа локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата.

Портпаролот на полицискиот оддел во Филаделфија изјави дека има „повеќе жртви од огнено оружје“, но рече дека во овој момент нема дополнителни детали.

Синоќа пред 21 часот, 10 минути откако одекнаа истрели во градот, полицијата извести за апсење на осомничен маж кој носел балистички елек, додавајќи дека пронашла пушка и пиштол во блиската улица, пишува весникот „Филаделфија Инквајер“ („The Philadelphia Inquirer“).

Според извештаите на весникот и филијалата на филаделфиската телевизија WPVI, филијала на Еј-Би-Си Њуз (ABC News), двајца од застреланите биле малолетници, но не е јасно дали тие се меѓу загинатите.

Засега нема јасни детали за вооружениот напад. Медиумите јавија дека пукањето се случило во југозападниот дел на Филаделфија, во Кингсешинг.

Престрелката се случи еден ден откако две лица беа убиени, а 28 повредени за време на забава во соседството во Балтимор, Мериленд. Полицијата соопшти дека се уште трага по повеќе осомничени за пукањето.

The post Четворица убиени во пукотница во Филаделфија, напаѓачот уапсен appeared first on Република.

]]>

Четири лица се убиени, а други четири се повредени во престрелка во Филаделфија. Напаѓачот е уапсен, објавија синоќа локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата. Портпаролот на полицискиот оддел во Филаделфија изјави дека има „повеќе жртви од огнено оружје“, но рече дека во овој момент нема дополнителни детали. Синоќа пред 21 часот, 10 минути откако одекнаа истрели во градот, полицијата извести за апсење на осомничен маж кој носел балистички елек, додавајќи дека пронашла пушка и пиштол во блиската улица, пишува весникот „Филаделфија Инквајер“ („The Philadelphia Inquirer“). Според извештаите на весникот и филијалата на филаделфиската телевизија WPVI, филијала на Еј-Би-Си Њуз (ABC News), двајца од застреланите биле малолетници, но не е јасно дали тие се меѓу загинатите. Засега нема јасни детали за вооружениот напад. Медиумите јавија дека пукањето се случило во југозападниот дел на Филаделфија, во Кингсешинг. Престрелката се случи еден ден откако две лица беа убиени, а 28 повредени за време на забава во соседството во Балтимор, Мериленд. Полицијата соопшти дека се уште трага по повеќе осомничени за пукањето.

The post Четворица убиени во пукотница во Филаделфија, напаѓачот уапсен appeared first on Република.

]]>
Најмалку четири загинати и 25 ранети во престрелка во Балтимор https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-chetiri-zaginati-i-25-raneti-vo-prestrelka-vo-baltimor/ Sun, 02 Jul 2023 08:29:27 +0000 https://republika.mk/?p=657336

Најмалку четири луѓе загинале, а 25 се ранети во престрелка во Балтимор, град во сојузната држава Мериленд, пренесоа американските медиуми повикувајќи се на локални службеници и сведоци.

Порталот „БНО њуз“ објави дека масовното пукање се случило нешто по полноќ по локално време, на забава на која присуствувале повеќе од 100 луѓе по повод „Денот на Бруклин“.

Очевидци велат дека биле испукани околу 30 истрели.

Други детали засега не се познати.

The post Најмалку четири загинати и 25 ранети во престрелка во Балтимор appeared first on Република.

]]>

Најмалку четири луѓе загинале, а 25 се ранети во престрелка во Балтимор, град во сојузната држава Мериленд, пренесоа американските медиуми повикувајќи се на локални службеници и сведоци. Порталот „БНО њуз“ објави дека масовното пукање се случило нешто по полноќ по локално време, на забава на која присуствувале повеќе од 100 луѓе по повод „Денот на Бруклин“. Очевидци велат дека биле испукани околу 30 истрели. Други детали засега не се познати.

The post Најмалку четири загинати и 25 ранети во престрелка во Балтимор appeared first on Република.

]]>
Поранешен полицаец уби најмалку 23 деца во градинка во Тајланд https://republika.mk/vesti/svet/poraneshen-policaec-ubi-najmalku-23-deca-vo-gradinka-vo-tajland/ Thu, 06 Oct 2022 09:15:15 +0000 https://republika.mk/?p=557911

Најмалку 31 лице загинаа, меѓу кои 23 деца, во градинка во североисточниот дел на Тајланд откако поранешен полицаец почнал да пука и да боде секој што ќе излезел пред него. Според дел од тамошните медиуми напаѓачот е во бегство, а според некои тој извршил самоубиство по крвавиот поход.

На социјалните мрежи е објавена фотографија од бараниот напаѓач. Тој е идентификуван како 34-годишниот Пања Хамрап, кој лани добил отказ од полиција и претходно ги убил сопругата и синот.

 

The post Поранешен полицаец уби најмалку 23 деца во градинка во Тајланд appeared first on Република.

]]>

Најмалку 31 лице загинаа, меѓу кои 23 деца, во градинка во североисточниот дел на Тајланд откако поранешен полицаец почнал да пука и да боде секој што ќе излезел пред него. Според дел од тамошните медиуми напаѓачот е во бегство, а според некои тој извршил самоубиство по крвавиот поход. На социјалните мрежи е објавена фотографија од бараниот напаѓач. Тој е идентификуван како 34-годишниот Пања Хамрап, кој лани добил отказ од полиција и претходно ги убил сопругата и синот.  

The post Поранешен полицаец уби најмалку 23 деца во градинка во Тајланд appeared first on Република.

]]>