мартин попов Archives - Република https://republika.mk/tema/martin-popov/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Apr 2022 16:13:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мартин попов Archives - Република https://republika.mk/tema/martin-popov/ 32 32 И шефот на кабинет на Ковачевски пројавил симптоми на труење https://republika.mk/vesti/makedonija/i-shefot-na-kabinet-na-kovachevski-projavil-simptomi-na-truenje/ Wed, 13 Apr 2022 16:13:23 +0000 https://republika.mk/?p=488051

Премиерот Димитар Ковачевски ниту јадел ниту се движел надвор од протоколот тврдат од Владата откако завчера вечерта, по враќањето од економскиот форум во Дефли, Грција беше примен на Инфективната клиника во Скопје со болки во стомакот. Портпаролот Душко Арсовски на прес конференција откри дека не само премиерот туку и неговиот шеф на кабинет, Мартин Попов пројавил полесни симптоми. Од Владата велат дека сите детали околу протоколот за здравствена заштита на премиерот се службена тајна па оттука не можат да споделат информација дали Ковачевски на патувањето во Грција бил придружуван и од официјален дегустатор на храна и пијалоци.

Арсовски не прецизираше дали е веќе утврдено дека премиерот се затрул од храна. На новинарско прашање тој рече дека веројатно храната е причина за стомачните болки на Ковачевски.

Биле преземени сите мерки за претпазливост кога е во прашање протоколот на меѓународниот самит „Делфи“ во Грција.  Во однос на безбедноста на пијалоците и на храната, согласно законот тие постојано се испитуваат, додаде Арсовски.

Од Владата информираат дека Ковачевски е во добра здравствена состојба и утре ќе им се врати на секојдневните обврски.

The post И шефот на кабинет на Ковачевски пројавил симптоми на труење appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски ниту јадел ниту се движел надвор од протоколот тврдат од Владата откако завчера вечерта, по враќањето од економскиот форум во Дефли, Грција беше примен на Инфективната клиника во Скопје со болки во стомакот. Портпаролот Душко Арсовски на прес конференција откри дека не само премиерот туку и неговиот шеф на кабинет, Мартин Попов пројавил полесни симптоми. Од Владата велат дека сите детали околу протоколот за здравствена заштита на премиерот се службена тајна па оттука не можат да споделат информација дали Ковачевски на патувањето во Грција бил придружуван и од официјален дегустатор на храна и пијалоци. Арсовски не прецизираше дали е веќе утврдено дека премиерот се затрул од храна. На новинарско прашање тој рече дека веројатно храната е причина за стомачните болки на Ковачевски.
Биле преземени сите мерки за претпазливост кога е во прашање протоколот на меѓународниот самит „Делфи“ во Грција.  Во однос на безбедноста на пијалоците и на храната, согласно законот тие постојано се испитуваат, додаде Арсовски.
Од Владата информираат дека Ковачевски е во добра здравствена состојба и утре ќе им се врати на секојдневните обврски.

The post И шефот на кабинет на Ковачевски пројавил симптоми на труење appeared first on Република.

]]>
Мартин Попов, шеф на Кабинетот на Ковачевски https://republika.mk/vesti/makedonija/martin-popov-shef-na-kabinetot-na-kovachevski/ Mon, 17 Jan 2022 20:20:12 +0000 https://republika.mk/?p=446040

Новата Влада денеска ја одржа својата прва седница. На оваа конститутивна седница за шеф на канцеларијата на претседателот на Владата е именуван Мартин Попов.

Владата денеска донесе и Решение за именување членови на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и за членови ги определи Славјанка Петровска, министер за одбрана, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, д-р Бујар Османи, министер за надворешни работи, м-р Беким Сали, министер за здравство, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски и Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи и раководител на Групата за процена.

За раководител на Управувачкиот комитет е определен Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

The post Мартин Попов, шеф на Кабинетот на Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Новата Влада денеска ја одржа својата прва седница. На оваа конститутивна седница за шеф на канцеларијата на претседателот на Владата е именуван Мартин Попов. Владата денеска донесе и Решение за именување членови на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и за членови ги определи Славјанка Петровска, министер за одбрана, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, д-р Бујар Османи, министер за надворешни работи, м-р Беким Сали, министер за здравство, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски и Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи и раководител на Групата за процена. За раководител на Управувачкиот комитет е определен Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

The post Мартин Попов, шеф на Кабинетот на Ковачевски appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Арсовска продолжува со скандалозни одлуки https://republika.mk/vesti/skopje/sdsm-arsovska-prodolzuva-so-skandalozni-odluki/ Fri, 14 Jan 2022 11:09:39 +0000 https://republika.mk/?p=444531

Скандалозните одлуки на градоначлничката од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска продолжуваат на директна штета на граѓаните на Град Скопје, рече на денешната прес-конференција советникот во Град Скопје, Мартин Попов од СДСМ, додавајќи дека за само десет дена, Арсовска го менува директорот на ЈП „Градски Паркинг“, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Новиот директор на Јавното претпријатие Бојан Христовски е контраразузнавач, поранешен припадник на Управата за безбедност и контраразузнавање кој нема добиено безбедносен сертификат за да може да се префрли во Агенцијата за национална безбедност. Неговиот татко пак, бил учесник на протестите и насилниот упад во Собранието на крвавиот четврток, на 27 април. По ниту еден професионален критериум Христовски не е соодветно решение за да води јавно претпријатие, освен што е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, вели Попов.

Дополнително, вели Попов, Арсовска со промената во период од 10 дена на директор, ги потврдува сомнежите дека поставува некомпетентни кадри на високи раководни позиции во градот.

За што Арсовска го има наградено Христовски со директорски ангажман? Арсовска треба да излезе пред граѓаните и да одговори на овие прашања. Се што Арсовска направи во овие скоро три месеци од мандатот е на штета на граѓаните и на Градот. Арсовска го прекина Бас рапид транзит системот, поништи оглас за вработување пожарникари, наместо бесплатен превоз, воведе нов поскап билет во ЈСП, во време на енергетска криза не предвиде ниту денар за антикризни мерки, ги остави скопјани сами да се снаоѓаат со поскапувањето на парното, а јавните претпријатија и установи и администрацијата на Град Скопје ги наполни со кадри од ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ниту можат ниту сакаат да работат за интересите на граѓаните. Скопје и скопјани не заслужуваат градоначалничка која наместо решенија нуди само оправдувања за проблемите на граѓаните, вели Попов.

https://youtu.be/85ttEmrmg8k

The post СДСМ: Арсовска продолжува со скандалозни одлуки appeared first on Република.