И шефот на кабинет на Ковачевски пројавил симптоми на труење

Македонија 13.04.2022 / 18:13

Премиерот Димитар Ковачевски ниту јадел ниту се движел надвор од протоколот тврдат од Владата откако завчера вечерта, по враќањето од економскиот форум во Дефли, Грција беше примен на Инфективната клиника во Скопје со болки во стомакот. Портпаролот Душко Арсовски на прес конференција откри дека не само премиерот туку и неговиот шеф на кабинет, Мартин Попов пројавил полесни симптоми. Од Владата велат дека сите детали околу протоколот за здравствена заштита на премиерот се службена тајна па оттука не можат да споделат информација дали Ковачевски на патувањето во Грција бил придружуван и од официјален дегустатор на храна и пијалоци.

Арсовски не прецизираше дали е веќе утврдено дека премиерот се затрул од храна. На новинарско прашање тој рече дека веројатно храната е причина за стомачните болки на Ковачевски.

Биле преземени сите мерки за претпазливост кога е во прашање протоколот на меѓународниот самит „Делфи“ во Грција.  Во однос на безбедноста на пијалоците и на храната, согласно законот тие постојано се испитуваат, додаде Арсовски.

Од Владата информираат дека Ковачевски е во добра здравствена состојба и утре ќе им се врати на секојдневните обврски.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.