Новата Влада денеска ја одржа својата прва седница. На оваа конститутивна седница за шеф на канцеларијата на претседателот на Владата е именуван Мартин Попов.

Владата денеска донесе и Решение за именување членови на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и за членови ги определи Славјанка Петровска, министер за одбрана, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, д-р Бујар Османи, министер за надворешни работи, м-р Беким Сали, министер за здравство, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски и Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи и раководител на Групата за процена.

За раководител на Управувачкиот комитет е определен Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.