Мала станица Archives - Република https://republika.mk/tema/mala-stanica/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Jun 2024 08:08:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мала станица Archives - Република https://republika.mk/tema/mala-stanica/ 32 32 Изложба на културата на облекување на етничките заедници во Македонија во „Мала станица“ https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-kulturata-na-oblekuvane-na-etnichkite-zaednitsi-vo-makedonija-vo-mala-stanitsa/ Mon, 17 Jun 2024 08:08:28 +0000 https://republika.mk/?p=788323

Во Националната галерија Мала станица вечер во 20 часот ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Aeterna Nova“ на Здружението за истражување, заштита и промоција на културното наследство ВУЛГУС Скопје. Изложбата е посветена на облековната култура на сите етнички заедници кои живеат во државава.

Од Здружението посочуваат дека изложбата презентира нов начин на промовирање и претставување на облековната култура од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век, конципирајќи ја како мода, наместо како традиција.

Куратор и режисер е Филип Петковски, фотографи се Марко Марјановиќ и Жарко Чулиќ, а за постпродукцијата на фотографиите се погрижи Ивана Мојсовска-Головска. Во изложбата се користени народни носии од колекциите на Костадин Балкански, Дамјан Ристовски, Ансамбл „Студио фолклор“ и Фолклорното студио „Етнос“.

Модели на фотографиите се: Еџе Али и Марко Марјановиќ, фотографи, танчерката Билјана Балканска, режисерката Дина Дума, музичарите Лука Ѓоргиевски (Фанк Шуи), Дина Јашари и Зарина Првасевда, актерките Емра Куртишова, Симона Спировска, Наталија Теодосиева и Камка Тоциновски, моделот Катарина Ивановска, Венера Крлиу, професорка и проректор за настава при Универзитет „Американ колеџ“ од Скопје, примабалерината Мими Поп Алексова и ракометарот Мартин Томовски.

Потенцирајќи ја сложената изработка на самоуките креатори на овие костими, изложбата им оддава почит и сугерира дека овие традиционални вештини треба да се ценат не само поради нивната историска вредност, туку како трајни изрази на културниот идентитет и креативноста на луѓето од едно минато време. Оваа способност на фотографијата да ја долови и реконтекстуализира историјата е особено релевантна, бидејќи ваквата реконтекстуализација ја предизвикува перцепцијата за овие облеки како застарени и ирелевантни. Наместо тоа, „Aeterna Nova“ ги позиционира како динамични елементи на современото културно изразување, истакнувајќи ја нивната естетска вредност и вештината вклучена во нивното создавање, се вели во соопштението на ВУЛГУС.

 

The post Изложба на културата на облекување на етничките заедници во Македонија во „Мала станица“ appeared first on Република.

]]>

Во Националната галерија Мала станица вечер во 20 часот ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Aeterna Nova“ на Здружението за истражување, заштита и промоција на културното наследство ВУЛГУС Скопје. Изложбата е посветена на облековната култура на сите етнички заедници кои живеат во државава. Од Здружението посочуваат дека изложбата презентира нов начин на промовирање и претставување на облековната култура од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век, конципирајќи ја како мода, наместо како традиција. Куратор и режисер е Филип Петковски, фотографи се Марко Марјановиќ и Жарко Чулиќ, а за постпродукцијата на фотографиите се погрижи Ивана Мојсовска-Головска. Во изложбата се користени народни носии од колекциите на Костадин Балкански, Дамјан Ристовски, Ансамбл „Студио фолклор“ и Фолклорното студио „Етнос“. Модели на фотографиите се: Еџе Али и Марко Марјановиќ, фотографи, танчерката Билјана Балканска, режисерката Дина Дума, музичарите Лука Ѓоргиевски (Фанк Шуи), Дина Јашари и Зарина Првасевда, актерките Емра Куртишова, Симона Спировска, Наталија Теодосиева и Камка Тоциновски, моделот Катарина Ивановска, Венера Крлиу, професорка и проректор за настава при Универзитет „Американ колеџ“ од Скопје, примабалерината Мими Поп Алексова и ракометарот Мартин Томовски.
Потенцирајќи ја сложената изработка на самоуките креатори на овие костими, изложбата им оддава почит и сугерира дека овие традиционални вештини треба да се ценат не само поради нивната историска вредност, туку како трајни изрази на културниот идентитет и креативноста на луѓето од едно минато време. Оваа способност на фотографијата да ја долови и реконтекстуализира историјата е особено релевантна, бидејќи ваквата реконтекстуализација ја предизвикува перцепцијата за овие облеки како застарени и ирелевантни. Наместо тоа, „Aeterna Nova“ ги позиционира како динамични елементи на современото културно изразување, истакнувајќи ја нивната естетска вредност и вештината вклучена во нивното создавање, се вели во соопштението на ВУЛГУС.
 

The post Изложба на културата на облекување на етничките заедници во Македонија во „Мала станица“ appeared first on Република.

]]>
Дресовите на Марадона, Пеле, Меси и Роналдо во Скопје се обезбедуваат на највисоко ниво https://republika.mk/vesti/dresovite-na-maradona-pele-mesi-i-ronaldo-vo-skopje-se-obezbeduvaat-na-najvisoko-nivo/ Wed, 17 Apr 2024 07:01:55 +0000 https://republika.mk/?p=766956

Скопјани имаат ретка можност во својот град да ги угостат фудбалските легенди.Добро не нив лично, но затоа тука е нивната опрема. Дресови, топки, пехари, копачки, штуцни, капитенски ленти и нивни лични предмети.

Во Мала станица гостува изложбата посветена на италијанскиот великан Паоло Роси. Покрај од него изложени се дресови од Пеле, Марадона, Меси, Роберто Баџо, Роналдо сегашниот и вистинскиот, Јохан Кројф, Мбапе, Халанд, Зидан, Платини, Стоичков, Бекембауер, Румениге, Ван Бастен.Вистински легенди.

Тука е Златната топка на Меси од 2011 година, и трофејот од Лигата на шампионите, како и копачките на Пирло.

Вистинско уживање за фудбалските фанови.

 

The post Дресовите на Марадона, Пеле, Меси и Роналдо во Скопје се обезбедуваат на највисоко ниво appeared first on Република.

]]>

Скопјани имаат ретка можност во својот град да ги угостат фудбалските легенди.Добро не нив лично, но затоа тука е нивната опрема. Дресови, топки, пехари, копачки, штуцни, капитенски ленти и нивни лични предмети. Во Мала станица гостува изложбата посветена на италијанскиот великан Паоло Роси. Покрај од него изложени се дресови од Пеле, Марадона, Меси, Роберто Баџо, Роналдо сегашниот и вистинскиот, Јохан Кројф, Мбапе, Халанд, Зидан, Платини, Стоичков, Бекембауер, Румениге, Ван Бастен.Вистински легенди. Тука е Златната топка на Меси од 2011 година, и трофејот од Лигата на шампионите, како и копачките на Пирло. Вистинско уживање за фудбалските фанови.  

The post Дресовите на Марадона, Пеле, Меси и Роналдо во Скопје се обезбедуваат на највисоко ниво appeared first on Република.

]]>
Денеска се отвора изложба посветена на животот и кариерата на италијанската фудблска легенда Паоло Роси https://republika.mk/sport/fudbal/deneska-se-otvora-izlozhba-posvetena-na-zhivotot-i-karierata-na-italijanskata-fudblska-legenda-paolo-rosi/ Mon, 08 Apr 2024 08:36:56 +0000 https://republika.mk/?p=763694

Денеска во 11 часот, во мултимедијалниот центар Мала станица во Скопје ќе биде отворена изложбата „Паоло Роси – златното момче и легендите на фудбалот“, посветена на животот и кариерата на Роси,  но и ќе има и предмети од други легенди на меѓународниот фудбал.

Изложбата доаѓа во Скопје по големиот успех на изложбите кои веќе беа поставени во Рим, Милано, Фиренца, Торино, Тренто, Римини, Болоња, Белград, Венеција, Цирих и Тирана, благодарение на соработката со главниот спонзор TRIM & LUM, Амбасадата на Италија во Скопје, Италијанскиот институт за култура во Белград и Фудбалската федерација на Македонија.

Овој изложбен настан кој е посветен на херојот од мундијалот во Шпанија од 1982, на кој победи Италија, како и на други познати шампиони од целиот свет, ќе биде отворен за јавноста од 8. до 21. април 2024 година во Мултимедијалниот центар Мала станица, во Скопје.

Влезот ќе биде бесплатен.

Изложбените простори, кои хронолошки го следат животот и кариерата на Паоло, се создадени благодарение на огромен вложен труд. Се работи за еден од најважните проекти во светот за иновативна поставка на изложба која се однесува на животот на еден спортист. Конкретно, изложбата има за цел да создаде патување од почетокот на кариерата на Паоло Роси па се’ до целото наследство што му го остава на светскиот фудбал, преку 500 уникатни предмети изложени на панели, штампи, банери, монитори, табли, вклучувајќи ги и најважните негови трофеи изложени во витрини:

• Златната топка од 1982 доделена од списанието Франс Фудбал
• Златната копачка за најдобар стрелец од мундијалот во Шпанија 1982
• Златната топка за најдобар играч на мундијалот во Шпанија 1982
• Неговиот дресот од финалето на мундијалот во Шпанија 1982
• Копачките со кои го постигна хет-трикот на натпреварот против Бразил

Понатаму, на изложбата ќе може да се види еден проект за виртуелна реалност кој на посетителите ќе им овозможи повторно да ги доживеат трите гола на Роси постигнати против Бразил седејќи на трибините на стариот стадион Сариа во Барселона.

Во изложбениот простор, ексклузивно во Скопје, ќе може да се види и дресот што го носеше Лионел Меси во финалето на ФИФА Светскиот куп во Катар 2022, Аргентина – Франција, и една од официјалните топки од овој натпревар, како и простор посветен на легендите од историјата на меѓународниот фудбал.

Благодарение на Музејот на ФИФА и некои од најважните колекционери во светот, ќе изложиме и низа уникатни предмети како што се: дресови, копачки, тренерки, топки, фотографии, документи, трофеи и медали кои им припаѓаат на најголемите легенди на светскиот фудбал, вклучувајќи ги и дресовите на сите 47 добитници на Златната топка од 1956 година до денес.

При посетата на изложбата ќе може да се видат предмети кои им припаѓале на: Марадона, Пеле, Алфредо ди Стефано, Герд Милер, Џузепе Меаца, Сандро Мацола, Боби Чарлтон, Џорџ Бест, Фалкао, Лев Јашин, Ференц Пушкаш, Франц Бекенбауер, Јохан Кројф, Еузебио, Дино Ѕоф, Христо Стоичков, Лотар Матеус, Мишел Платини, Роберто Баџо, Франко Барези, Марко Ван Бастен, Роналдо, Зинедин Зидан, Луис Фиго, Лионел Меси, Нејмар, Кристијано Роналдо, Златан Ибрахимовиќ, Џанлуиџи Буфон, Франческо Тоти, Андреа Пирло, Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд, Лука Модриќ и многу други.

The post Денеска се отвора изложба посветена на животот и кариерата на италијанската фудблска легенда Паоло Роси appeared first on Република.

]]>

Денеска во 11 часот, во мултимедијалниот центар Мала станица во Скопје ќе биде отворена изложбата „Паоло Роси – златното момче и легендите на фудбалот“, посветена на животот и кариерата на Роси,  но и ќе има и предмети од други легенди на меѓународниот фудбал. Изложбата доаѓа во Скопје по големиот успех на изложбите кои веќе беа поставени во Рим, Милано, Фиренца, Торино, Тренто, Римини, Болоња, Белград, Венеција, Цирих и Тирана, благодарение на соработката со главниот спонзор TRIM & LUM, Амбасадата на Италија во Скопје, Италијанскиот институт за култура во Белград и Фудбалската федерација на Македонија. Овој изложбен настан кој е посветен на херојот од мундијалот во Шпанија од 1982, на кој победи Италија, како и на други познати шампиони од целиот свет, ќе биде отворен за јавноста од 8. до 21. април 2024 година во Мултимедијалниот центар Мала станица, во Скопје. Влезот ќе биде бесплатен. Изложбените простори, кои хронолошки го следат животот и кариерата на Паоло, се создадени благодарение на огромен вложен труд. Се работи за еден од најважните проекти во светот за иновативна поставка на изложба која се однесува на животот на еден спортист. Конкретно, изложбата има за цел да создаде патување од почетокот на кариерата на Паоло Роси па се’ до целото наследство што му го остава на светскиот фудбал, преку 500 уникатни предмети изложени на панели, штампи, банери, монитори, табли, вклучувајќи ги и најважните негови трофеи изложени во витрини: • Златната топка од 1982 доделена од списанието Франс Фудбал • Златната копачка за најдобар стрелец од мундијалот во Шпанија 1982 • Златната топка за најдобар играч на мундијалот во Шпанија 1982 • Неговиот дресот од финалето на мундијалот во Шпанија 1982 • Копачките со кои го постигна хет-трикот на натпреварот против Бразил Понатаму, на изложбата ќе може да се види еден проект за виртуелна реалност кој на посетителите ќе им овозможи повторно да ги доживеат трите гола на Роси постигнати против Бразил седејќи на трибините на стариот стадион Сариа во Барселона. Во изложбениот простор, ексклузивно во Скопје, ќе може да се види и дресот што го носеше Лионел Меси во финалето на ФИФА Светскиот куп во Катар 2022, Аргентина – Франција, и една од официјалните топки од овој натпревар, како и простор посветен на легендите од историјата на меѓународниот фудбал. Благодарение на Музејот на ФИФА и некои од најважните колекционери во светот, ќе изложиме и низа уникатни предмети како што се: дресови, копачки, тренерки, топки, фотографии, документи, трофеи и медали кои им припаѓаат на најголемите легенди на светскиот фудбал, вклучувајќи ги и дресовите на сите 47 добитници на Златната топка од 1956 година до денес. При посетата на изложбата ќе може да се видат предмети кои им припаѓале на: Марадона, Пеле, Алфредо ди Стефано, Герд Милер, Џузепе Меаца, Сандро Мацола, Боби Чарлтон, Џорџ Бест, Фалкао, Лев Јашин, Ференц Пушкаш, Франц Бекенбауер, Јохан Кројф, Еузебио, Дино Ѕоф, Христо Стоичков, Лотар Матеус, Мишел Платини, Роберто Баџо, Франко Барези, Марко Ван Бастен, Роналдо, Зинедин Зидан, Луис Фиго, Лионел Меси, Нејмар, Кристијано Роналдо, Златан Ибрахимовиќ, Џанлуиџи Буфон, Франческо Тоти, Андреа Пирло, Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд, Лука Модриќ и многу други.

The post Денеска се отвора изложба посветена на животот и кариерата на италијанската фудблска легенда Паоло Роси appeared first on Република.

]]>
„Дома пред темница” е биографска епизода на уметницата Софија Чотирбок https://republika.mk/vesti/kultura/doma-pred-temnitsa-e-biografska-epizoda-na-umetnitsata-sofija-chotirbok/ Sat, 24 Feb 2024 14:30:37 +0000 https://republika.mk/?p=747848

На 24 февруари, се чувствував како да не можам да дишам. Како моето најдрагоцено нешто да беше оттргнато од мене... Ништо и никој не може да ми ја одземе величенственоста на слободата и вистината на мојата земја, рече меѓудругото синоќа италијанско-украинската визуелна уметница Софија Чотирбок (1991) чија изложба "Дома пред темница" беше отворена во Мала станица.

Поставката произлегува од биографска епизода на уметницата поврзана со барањето за италијанско државјанство што би значело откажување од нејзиното родно државјанство, украинското. Нејзиното истражување, генерално се фокусира на темата на идентитетот во постсоветското општество и архивата како интимна и домашна меморија, преобразена во универзална човечка материја преку фотографија, видео и ткаенина.

Изложбата е отворена по повод 2-годишнината од руската инвазија врз Украина и ќе остане поставена за јавноста до 1 март 2024 година.

The post „Дома пред темница” е биографска епизода на уметницата Софија Чотирбок appeared first on Република.

]]>

На 24 февруари, се чувствував како да не можам да дишам. Како моето најдрагоцено нешто да беше оттргнато од мене... Ништо и никој не може да ми ја одземе величенственоста на слободата и вистината на мојата земја, рече меѓудругото синоќа италијанско-украинската визуелна уметница Софија Чотирбок (1991) чија изложба "Дома пред темница" беше отворена во Мала станица.

Поставката произлегува од биографска епизода на уметницата поврзана со барањето за италијанско државјанство што би значело откажување од нејзиното родно државјанство, украинското. Нејзиното истражување, генерално се фокусира на темата на идентитетот во постсоветското општество и архивата како интимна и домашна меморија, преобразена во универзална човечка материја преку фотографија, видео и ткаенина.

Изложбата е отворена по повод 2-годишнината од руската инвазија врз Украина и ќе остане поставена за јавноста до 1 март 2024 година.

The post „Дома пред темница” е биографска епизода на уметницата Софија Чотирбок appeared first on Република.

]]>
Изложба на фотографии на украинска визуелна уметница Софија Чотирбок од вечерва во Мала станица https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-fotografii-na-ukrainska-vizuelna-umetnitsa-sofija-chotirbok-vo-mala-stanitsa/ Fri, 23 Feb 2024 11:28:46 +0000 https://republika.mk/?p=746867

Во Националната Галерија Мала Станица се отвара изложбата на фотографии насловена како „Дома пред да се стемни” на украинска визуелна уметница Софија Чотирбок. Чотирбок е дипломирана украинска визуелна уметница која живее во Милано, а фотографиите од изложбата произлегуваат од биографската епизода на уметницата поврзана со барањето за италијанско државјанство што би значело откажување од нејзиното родно државјанство, украинското.

Нејзиното истражување, генерално се фокусира на темата на идентитетот во постсоветското општество и архивата како интимна и домашна меморија, преобразена во универзална човечка материја преку фотографија, видео и ткаенина. Нејзините дела се изложувани во склоп на големи меѓународни фестивали и музеи вклучувајќи ги Триенале во Милано, Париз Фото ОФФ, Денови на фотографија во Одеса, Мана / музеј на Современа уметност и фотографија (Чикаго).

Во 2023 година Софија Чотирбок беше финалист за наградата Луиџи Гири, млад Италијанец во Фотографија, за време на фестивалот Fotografia Europea во Реџо Емилија (Италија).

The post Изложба на фотографии на украинска визуелна уметница Софија Чотирбок од вечерва во Мала станица appeared first on Република.

]]>

Во Националната Галерија Мала Станица се отвара изложбата на фотографии насловена како „Дома пред да се стемни” на украинска визуелна уметница Софија Чотирбок. Чотирбок е дипломирана украинска визуелна уметница која живее во Милано, а фотографиите од изложбата произлегуваат од биографската епизода на уметницата поврзана со барањето за италијанско државјанство што би значело откажување од нејзиното родно државјанство, украинското. Нејзиното истражување, генерално се фокусира на темата на идентитетот во постсоветското општество и архивата како интимна и домашна меморија, преобразена во универзална човечка материја преку фотографија, видео и ткаенина. Нејзините дела се изложувани во склоп на големи меѓународни фестивали и музеи вклучувајќи ги Триенале во Милано, Париз Фото ОФФ, Денови на фотографија во Одеса, Мана / музеј на Современа уметност и фотографија (Чикаго). Во 2023 година Софија Чотирбок беше финалист за наградата Луиџи Гири, млад Италијанец во Фотографија, за време на фестивалот Fotografia Europea во Реџо Емилија (Италија).

The post Изложба на фотографии на украинска визуелна уметница Софија Чотирбок од вечерва во Мала станица appeared first on Република.

]]>
Фестивал на јапонска култура во „Мала станица: Работилници, изложби, модна ревија, дегустација на храна… https://republika.mk/vesti/kultura/festival-na-japonska-kultura-vo-mala-stanitsa-rabotilnitsi-izlozhbi-modna-revija-degustatsija-na-hrana/ Tue, 16 May 2023 09:34:24 +0000 https://republika.mk/?p=641275

Фестивалот за јапонска култура, наречен „Нихон-џи“ ќе се одржи на 27 мај во Национална галерија Мала станица.

За „Нихон-џи 2.0 – Неонски бранови“, неформалната организација на јапан@мк  подготви уште побогата програма, овојпат, фокусирајќи се на мноштвото контрадикции кои ги содржи јапонската култура, а кои сепак симбиотично и беспрекорно функционираат заедно креирајќи одличен рецепт за успех.

Публиката ќе има можност да проследи презентации и работилници поврзани со традиционална и поп-култура и панели на сериозни општествени и филозофски теми, и технологија.

Присутните ќе уживаат во забавни дебати предводени од членови на дебатниот клуб МОФ и квизови организирани од волонтерите на фестивалот за аниме љубителите. Особено атрактивен е и гејминг делот во чии рамки ќе се одржат два турнира, катче за друштвени игри и бројни други изненадувања.

Програмата на Нихон-џи 2.0 ќе биде дополнително збогатена со читање на хаику поезија на македонски хаику поети и музички настапи во живо на Елена Христова, музичкиот состав Maribosi и DJ сет на Andrea Hz. Публиката ќе ужива во презентација на модни креации на познати современи македонски дизајнери и студенти на Факултутетот за мода и дизајн инспирирани од јапонска мода и традиционална облека.

Две простории во Мала Станица ќе бидат облагородени и со две уметнички изложби, од кои во едната ќе бидат претставени дела од реномирани македонски уметници, а другата ќе прикаже дела на младите креативци кои се пријавија на отворениот повик.

Посетителите ќе имаат прилика да си понесат и нешто со себе од продажниот дел на фестивалот каде ќе бидат изложени изработки, книги, манга, облека инспирирани од јапонска култура. Уште едно специфично искуство на фестивалот е приликата да се дегустираат различна јапонска храна и пијалоци.

Сите заинтересирани може да погледнат фотографии, видеа или други информации за сите настани на Јапан@мк на било кој од социјалните медиуми (Instagram, Facebook, Youtube) како и на страната japan.net.mk.

Фестивалот Нихон-Џи е формално поддржан од  Амбасадата на Јапонија во Република Македонија.

The post Фестивал на јапонска култура во „Мала станица: Работилници, изложби, модна ревија, дегустација на храна… appeared first on Република.

]]>

Фестивалот за јапонска култура, наречен „Нихон-џи“ ќе се одржи на 27 мај во Национална галерија Мала станица. За „Нихон-џи 2.0 – Неонски бранови“, неформалната организација на јапан@мк  подготви уште побогата програма, овојпат, фокусирајќи се на мноштвото контрадикции кои ги содржи јапонската култура, а кои сепак симбиотично и беспрекорно функционираат заедно креирајќи одличен рецепт за успех. Публиката ќе има можност да проследи презентации и работилници поврзани со традиционална и поп-култура и панели на сериозни општествени и филозофски теми, и технологија. Присутните ќе уживаат во забавни дебати предводени од членови на дебатниот клуб МОФ и квизови организирани од волонтерите на фестивалот за аниме љубителите. Особено атрактивен е и гејминг делот во чии рамки ќе се одржат два турнира, катче за друштвени игри и бројни други изненадувања. Програмата на Нихон-џи 2.0 ќе биде дополнително збогатена со читање на хаику поезија на македонски хаику поети и музички настапи во живо на Елена Христова, музичкиот состав Maribosi и DJ сет на Andrea Hz. Публиката ќе ужива во презентација на модни креации на познати современи македонски дизајнери и студенти на Факултутетот за мода и дизајн инспирирани од јапонска мода и традиционална облека. Две простории во Мала Станица ќе бидат облагородени и со две уметнички изложби, од кои во едната ќе бидат претставени дела од реномирани македонски уметници, а другата ќе прикаже дела на младите креативци кои се пријавија на отворениот повик. Посетителите ќе имаат прилика да си понесат и нешто со себе од продажниот дел на фестивалот каде ќе бидат изложени изработки, книги, манга, облека инспирирани од јапонска култура. Уште едно специфично искуство на фестивалот е приликата да се дегустираат различна јапонска храна и пијалоци. Сите заинтересирани може да погледнат фотографии, видеа или други информации за сите настани на Јапан@мк на било кој од социјалните медиуми (Instagram, Facebook, Youtube) како и на страната japan.net.mk. Фестивалот Нихон-Џи е формално поддржан од  Амбасадата на Јапонија во Република Македонија.

The post Фестивал на јапонска култура во „Мала станица: Работилници, изложби, модна ревија, дегустација на храна… appeared first on Република.

]]>
Изложбата „Отпорност – Приказни за жени кои инспирираат промени” во Мала Станица https://republika.mk/vesti/kultura/izlozbata-otpornost-prikazni-za-zeni-koi-inspiriraat-promeni-vo-mala-stanica/ Mon, 21 Nov 2022 08:32:17 +0000 https://republika.mk/?p=576351

По десет години World Press Photo повторно во Скопје. Овој пат со изложбата "ОТПОРНОСТ - Приказни за жени кои инспирираат промени".

Изложбата ќе биде поставена во Мала Станица од 25.11 до 11.12. 2022. Отворањето е на 25.11 (петок) во 20 часот.

The post Изложбата „Отпорност – Приказни за жени кои инспирираат промени” во Мала Станица appeared first on Република.

]]>

По десет години World Press Photo повторно во Скопје. Овој пат со изложбата "ОТПОРНОСТ - Приказни за жени кои инспирираат промени". Изложбата ќе биде поставена во Мала Станица од 25.11 до 11.12. 2022. Отворањето е на 25.11 (петок) во 20 часот.

The post Изложбата „Отпорност – Приказни за жени кои инспирираат промени” во Мала Станица appeared first on Република.

]]>
Ретроспективна изложба на Јана Манева- Чупоска во „Мала станица“ https://republika.mk/vesti/kultura/retrospektivna-izlozba-na-jana-maneva-chuposka-vo-mala-stanica/ Thu, 03 Nov 2022 12:03:33 +0000 https://republika.mk/?p=569181

Во галеријата „Мала станица“ во Скопје, на 3 ноември, во 19.30 часот, ќе биде отворена ретроспективната изложба на уметницата Јана Манева-Чупоска. Пред јавноста ќе бидат изложени повеќе од сто дела, изработени во повеќе медиуми: цртежи, колажи, масло на платно, акрил, видеоарт, фотографии. Изложбата третира триесет години творештво, вклучувајќи и дела од изложбата од студентските денови на едукација на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

„Речиси е невозможно со неколку реченици да се претстави комплексното и повеќеслојно творештво на Јана Манева-Чупоска, како мултимедијална уметница која подеднакво успешно се реализира во повеќе ликовни, односно визуелни дисциплини/форми: цртеж, сликарство, колаж, инсталација, моден дизајн, видео, перформанс… Инкорпорирајќи ги знаењата од сите наведени области, таа смело создава синергија на спротивставени елементи, истражувајќи ги границите на секој медиум одделно и на сите заедно. Можеби, синтагмата како „единство на контрасти“ би била суштински моментум за толкување на нејзините сè покомплексни дела, што се потврдува во речиси сите нејзини креации.

Делата на Јана Манева-Чупоска, и покрај сериозноста на темите и отсликувањето различни емотивни состојби, суштински отсликуваат позитивен и свеж однос кон уметноста и животот, кои во нејзиниот пример континуирано се преплетуваат“, посочува историчарката на уметност Маја Чанкуловска, која е куратор на изложбата.

The post Ретроспективна изложба на Јана Манева- Чупоска во „Мала станица“ appeared first on Република.

]]>

Во галеријата „Мала станица“ во Скопје, на 3 ноември, во 19.30 часот, ќе биде отворена ретроспективната изложба на уметницата Јана Манева-Чупоска. Пред јавноста ќе бидат изложени повеќе од сто дела, изработени во повеќе медиуми: цртежи, колажи, масло на платно, акрил, видеоарт, фотографии. Изложбата третира триесет години творештво, вклучувајќи и дела од изложбата од студентските денови на едукација на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. „Речиси е невозможно со неколку реченици да се претстави комплексното и повеќеслојно творештво на Јана Манева-Чупоска, како мултимедијална уметница која подеднакво успешно се реализира во повеќе ликовни, односно визуелни дисциплини/форми: цртеж, сликарство, колаж, инсталација, моден дизајн, видео, перформанс… Инкорпорирајќи ги знаењата од сите наведени области, таа смело создава синергија на спротивставени елементи, истражувајќи ги границите на секој медиум одделно и на сите заедно. Можеби, синтагмата како „единство на контрасти“ би била суштински моментум за толкување на нејзините сè покомплексни дела, што се потврдува во речиси сите нејзини креации. Делата на Јана Манева-Чупоска, и покрај сериозноста на темите и отсликувањето различни емотивни состојби, суштински отсликуваат позитивен и свеж однос кон уметноста и животот, кои во нејзиниот пример континуирано се преплетуваат“, посочува историчарката на уметност Маја Чанкуловска, која е куратор на изложбата.

The post Ретроспективна изложба на Јана Манева- Чупоска во „Мала станица“ appeared first on Република.

]]>
Изложбата „Еволуција: маските од теснецот Торес“ во Мала станица https://republika.mk/vesti/kultura/izlozbata-evolucija-maskite-od-tesnecot-tores-vo-mala-stanica/ Wed, 08 Jun 2022 08:08:55 +0000 https://republika.mk/?p=512494

Во организација на Културниот центар Габ Титуи и Националниот музеј на Австралија и Националната галерија на Македонија денеска со почеток во 18 часот ќе ја отворат изложбата „ Еволуција: маските од теснецот Торес“.

Теснецот Торес (Zenadh Kes) е група острови кои се лоцирани помеѓу северна Австралија и Папуа Нова Гвинеја. Жителите на таа област одржуваат жива, уметничка, духовна и културна традиција. Една од спецификите на традицијата на околината е носење убави украсни маски. Иако доаѓаат од старите традиции и духовности, правењето маски денес претставува начин на заживување на таа уметност и култура. Маските од теснецот Торес се исклучителни предмети од ритуално и историско значење. Носењето маска и ритуалите поврзани со неа го менуваат идентитетот на личноста што ја носи маската и отвораат канали за комуникација со нивните претци. Во 19 век, европските мисионери и истражувачи собирале маски од овие области. Денес тие се дел од историски збирки. Многу од овие маски се исклучителни по нивната сложеност и деталите што ги поседуваат. Изработката на овие маски вклучува низа вештини од технички, преку познавање на материјали до алатки. Оваа изложба ја истражува богатата и непречена практика на правење маски во Зенад Кес.

Самиот теснец Торес и договорот околу него се сметаат за едно од најкреативните решенија за прашањата на границите во меѓународното право. Договорот ја регулира границата меѓу Австралија и Папуа Нова Гвинеја и дава рамка за регулирање на граничната област. Обезбедува и заштита на начинот на живот на жителите на Папуа Нова Гвинеја и теснецот Торес.

Изложбата ќе биде поставена до 22 јуни 2022 година.

The post Изложбата „Еволуција: маските од теснецот Торес“ во Мала станица appeared first on Република.

]]>

Во организација на Културниот центар Габ Титуи и Националниот музеј на Австралија и Националната галерија на Македонија денеска со почеток во 18 часот ќе ја отворат изложбата „ Еволуција: маските од теснецот Торес“.

Теснецот Торес (Zenadh Kes) е група острови кои се лоцирани помеѓу северна Австралија и Папуа Нова Гвинеја. Жителите на таа област одржуваат жива, уметничка, духовна и културна традиција. Една од спецификите на традицијата на околината е носење убави украсни маски. Иако доаѓаат од старите традиции и духовности, правењето маски денес претставува начин на заживување на таа уметност и култура. Маските од теснецот Торес се исклучителни предмети од ритуално и историско значење. Носењето маска и ритуалите поврзани со неа го менуваат идентитетот на личноста што ја носи маската и отвораат канали за комуникација со нивните претци. Во 19 век, европските мисионери и истражувачи собирале маски од овие области. Денес тие се дел од историски збирки. Многу од овие маски се исклучителни по нивната сложеност и деталите што ги поседуваат. Изработката на овие маски вклучува низа вештини од технички, преку познавање на материјали до алатки. Оваа изложба ја истражува богатата и непречена практика на правење маски во Зенад Кес.

Самиот теснец Торес и договорот околу него се сметаат за едно од најкреативните решенија за прашањата на границите во меѓународното право. Договорот ја регулира границата меѓу Австралија и Папуа Нова Гвинеја и дава рамка за регулирање на граничната област. Обезбедува и заштита на начинот на живот на жителите на Папуа Нова Гвинеја и теснецот Торес.

Изложбата ќе биде поставена до 22 јуни 2022 година.

The post Изложбата „Еволуција: маските од теснецот Торес“ во Мала станица appeared first on Република.

]]>
Пресек на македонската Наива по Куманово, претставена во „Мала станица“ во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/presek-na-makedonskata-naiva-po-kumanovo-pretstavena-vo-mala-stanica-vo-skopje/ Thu, 03 Mar 2022 08:10:14 +0000 https://republika.mk/?p=466785

Пресек на македонската Наива, искрена и длабока уметност, која преку посветеноста на Гоце Божурски, за прв пат концепирана во изложба и книга, по Куманово е претставена во Скопје, во Мала станица, а ќе продолжи да патува низ земјата.

Изложбата ја става оваа област во историографскиот контекст на современата македонска уметност.

The post Пресек на македонската Наива по Куманово, претставена во „Мала станица“ во Скопје appeared first on Република.

]]>

Пресек на македонската Наива, искрена и длабока уметност, која преку посветеноста на Гоце Божурски, за прв пат концепирана во изложба и книга, по Куманово е претставена во Скопје, во Мала станица, а ќе продолжи да патува низ земјата. Изложбата ја става оваа област во историографскиот контекст на современата македонска уметност.

The post Пресек на македонската Наива по Куманово, претставена во „Мала станица“ во Скопје appeared first on Република.

]]>