македонски филмови Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonski-filmovi/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Sep 2023 09:02:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонски филмови Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonski-filmovi/ 32 32 Светска премиера на „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски и „21 ден до крајот на светот“ на Теона Стругар Митевска денеска во Венеција https://republika.mk/vesti/kultura/svetska-premiera-na-domakinstvo-za-pochetnitsi-na-goran-stolevski-i-21-den-do-krajot-na-svetot-na-teona-strugar-mitevska-deneska-vo-venetsija/ Wed, 06 Sep 2023 09:02:20 +0000 https://republika.mk/?p=679240

Новиот филм на Горан Столевски, „Домаќинство за почетници“ својата светска премиера денес ќе ја има на Филмскиот фестивал во Венеција, како дел од програмата „Хоризонти“ во конкуренција за наградите за најдобар филм, најдобра режија, најдобро сценарио, специјална награда од жирито и најдобра машка и женска улога.

Филмот, како што се вели во описот, ги истражува универзалните вредности во семејството во кое сме родени и во кое се наоѓаме.

Во филмот играат Анамариа Марника, Алина Сербан, Самсон Селим, Сара Климоска, Владимир Тинтор Миа Мустава, Ајше Усеини, Џада Селим, Розафа Целај и многу други. Кинематорграфер е Наум Доксевски, а филмот е во македонска продукција на „Лист продукција“ и копродукција со неколку други европски продукциски куќи, а ќе биде дистрибуиран од „Фокус Фичрс“ и „Универзал пикчрс“.

„Домаќинство за почетници“ ќе се прикаже денес во 17 часот, а својата прва реприза ќе ја има утре во 15:30 часот. Премиерната проекција на филмот во Македонија ќе биде на 23 септември со што ќе го отвори годинешното издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

На денешниот репертоар во Венеција својата светската премиера ќе ја има и краткиот експериментален  филм „21 ден до крајот на светот“ на режисерката Теона Стругар Митевска како дел од програмата „Денови на авторите“.

 

The post Светска премиера на „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски и „21 ден до крајот на светот“ на Теона Стругар Митевска денеска во Венеција appeared first on Република.

]]>

Новиот филм на Горан Столевски, „Домаќинство за почетници“ својата светска премиера денес ќе ја има на Филмскиот фестивал во Венеција, како дел од програмата „Хоризонти“ во конкуренција за наградите за најдобар филм, најдобра режија, најдобро сценарио, специјална награда од жирито и најдобра машка и женска улога. Филмот, како што се вели во описот, ги истражува универзалните вредности во семејството во кое сме родени и во кое се наоѓаме. Во филмот играат Анамариа Марника, Алина Сербан, Самсон Селим, Сара Климоска, Владимир Тинтор Миа Мустава, Ајше Усеини, Џада Селим, Розафа Целај и многу други. Кинематорграфер е Наум Доксевски, а филмот е во македонска продукција на „Лист продукција“ и копродукција со неколку други европски продукциски куќи, а ќе биде дистрибуиран од „Фокус Фичрс“ и „Универзал пикчрс“. „Домаќинство за почетници“ ќе се прикаже денес во 17 часот, а својата прва реприза ќе ја има утре во 15:30 часот. Премиерната проекција на филмот во Македонија ќе биде на 23 септември со што ќе го отвори годинешното издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. На денешниот репертоар во Венеција својата светската премиера ќе ја има и краткиот експериментален  филм „21 ден до крајот на светот“ на режисерката Теона Стругар Митевска како дел од програмата „Денови на авторите“.  

The post Светска премиера на „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски и „21 ден до крајот на светот“ на Теона Стругар Митевска денеска во Венеција appeared first on Република.

]]>
Македонската кинематографија на „Берлинале“ претставена од „М“ на Вардан Тозија и „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски https://republika.mk/vesti/kultura/makedonskata-kinematografija-na-berlinale-pretstavena-od-m-na-vardan-tozija-i-biznisot-na-zadovolstvoto-na-gotse-tsvetanovski/ Wed, 22 Feb 2023 08:04:14 +0000 https://republika.mk/?p=611735

По две години ограничувања поради пандемијата, оваа година се одржува 73. издание на Берлинскиот филмски фестивал, и ќе трае до 26 февруари. На програмата на Берлинале се повеќе од 300 филмови, а првата проекција беше комедијата „She Came to Me“ во која главните улоги ги толкуваат Ен Хатавеј, Мариса Томеи и Питер Динклиџ, со политички фокус на Иран и Украина. Берлиналето, кое од трите големи европски филмски фестивали го има најсилниот политички фокус, ќе ја одбележи првата годишнина од војната во Украина и протестите против режимот во Иран со нови играни и документарни филмови.

Македонската кинематографија на годинешниот филмски фестивал „Берлинале“ беше претставена од 2 филмови. Филмот „М“ во режија на македонскиот режисер Вардан Тозија и „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски кој беше прикажан на Европскиот Филмски маркет. Филмот на Тозија  е фантастична бајка која ја раскажува приказната за осумгодишниот Марко, кој во дистопискиот и опасен свет на нашата блиска иднина е во потрага по својата мајка.

Сценариото е потпишано од Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески Кикич, костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек, а маскер е Горан Игњатовски. Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Камка Тоциновска и Бојана Грегориќ Вејзовиќ. Продуцент на „М“ е Фокус покус филмс од Скопје, а филмот е официјална копродукција помеѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција.

Музиката во „Бизнисот на задоволството“ е на Димитар Андоновски. Се работи за трилер во кој новинар истражува случај поврзан со трговија со луѓе, каде посебен акцент е ставен на насилството врз жените. Пораката на филмот е оптимистична – дека, сепак, правдата е посилна од неправдата.

Ова е прв игран филм на Цветановски. Филмот е по негово сценарио, а главната улога ја толкува актерката Слаѓана Вујошевиќ. Општествено-ангажираниот филм, кој има модерен и урбан пристап, се снимаше главно во Скопје и на една локација во Куманово. Директор на фотографијата е Фејми Даут.

Жирито на Берлинале оваа година е предводено од холивудската ѕвезда Кристен Стјуарт, која на 32-годишна возраст е најмладиот претседател во историјата на фестивалот.

Деветнаесет филмови се натпреваруваат за главните награди Златна мечка и Сребрена мечка.

The post Македонската кинематографија на „Берлинале“ претставена од „М“ на Вардан Тозија и „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски appeared first on Република.

]]>

По две години ограничувања поради пандемијата, оваа година се одржува 73. издание на Берлинскиот филмски фестивал, и ќе трае до 26 февруари. На програмата на Берлинале се повеќе од 300 филмови, а првата проекција беше комедијата „She Came to Me“ во која главните улоги ги толкуваат Ен Хатавеј, Мариса Томеи и Питер Динклиџ, со политички фокус на Иран и Украина. Берлиналето, кое од трите големи европски филмски фестивали го има најсилниот политички фокус, ќе ја одбележи првата годишнина од војната во Украина и протестите против режимот во Иран со нови играни и документарни филмови. Македонската кинематографија на годинешниот филмски фестивал „Берлинале“ беше претставена од 2 филмови. Филмот „М“ во режија на македонскиот режисер Вардан Тозија и „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски кој беше прикажан на Европскиот Филмски маркет. Филмот на Тозија  е фантастична бајка која ја раскажува приказната за осумгодишниот Марко, кој во дистопискиот и опасен свет на нашата блиска иднина е во потрага по својата мајка. Сценариото е потпишано од Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески Кикич, костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек, а маскер е Горан Игњатовски. Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Камка Тоциновска и Бојана Грегориќ Вејзовиќ. Продуцент на „М“ е Фокус покус филмс од Скопје, а филмот е официјална копродукција помеѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција. Музиката во „Бизнисот на задоволството“ е на Димитар Андоновски. Се работи за трилер во кој новинар истражува случај поврзан со трговија со луѓе, каде посебен акцент е ставен на насилството врз жените. Пораката на филмот е оптимистична – дека, сепак, правдата е посилна од неправдата. Ова е прв игран филм на Цветановски. Филмот е по негово сценарио, а главната улога ја толкува актерката Слаѓана Вујошевиќ. Општествено-ангажираниот филм, кој има модерен и урбан пристап, се снимаше главно во Скопје и на една локација во Куманово. Директор на фотографијата е Фејми Даут. Жирито на Берлинале оваа година е предводено од холивудската ѕвезда Кристен Стјуарт, која на 32-годишна возраст е најмладиот претседател во историјата на фестивалот. Деветнаесет филмови се натпреваруваат за главните награди Златна мечка и Сребрена мечка.

The post Македонската кинематографија на „Берлинале“ претставена од „М“ на Вардан Тозија и „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски appeared first on Република.

]]>
Проекции на три македонски филмови денеска на Канскиот филмски фестивал https://republika.mk/vesti/kultura/proekcii-na-tri-makedonski-filmovi-deneska-na-kanskiot-filmski-festival/ Mon, 23 May 2022 13:35:54 +0000 https://republika.mk/?p=506022

Денес во рамките на Marché du Film - Festival de Cannes се одржуваат проекции на три македонски филмови:

„Мими“ | Даријан Пејовски | 23. мај (понеделник) | PALAIS G | 9:30
„Кома“ | Агим Абдула | 23. мај (понеделник) | PALAIS G | 12:00

„Преекспонирано“ | Елеонора Венинова | 23. мај (понеделник) | PALAIS I | 16:30

The post Проекции на три македонски филмови денеска на Канскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

Денес во рамките на Marché du Film - Festival de Cannes се одржуваат проекции на три македонски филмови:

„Мими“ | Даријан Пејовски | 23. мај (понеделник) | PALAIS G | 9:30
„Кома“ | Агим Абдула | 23. мај (понеделник) | PALAIS G | 12:00

„Преекспонирано“ | Елеонора Венинова | 23. мај (понеделник) | PALAIS I | 16:30

The post Проекции на три македонски филмови денеска на Канскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>