македонски Евреи Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonski-evrei/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Mar 2024 07:45:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонски Евреи Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonski-evrei/ 32 32 81 година од холокаустот на македонските Евреи https://republika.mk/zivot/servisi/81-godina-od-holokaustot-na-makedonskite-evrei/ Mon, 11 Mar 2024 07:45:23 +0000 https://republika.mk/?p=753477

Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска одбележуваат 81 година од холокаустот на 7144 македонски Евреи, кои на 11 март 1943 година од Скопје, Битола и Штип се депортирани во логорот Треблинка.

Централната комеморативна активност ќе се одржи со оддавање почит пред Споменикот на 7144 депортирани Евреи од земјава во скопскиот Монопол. Како што е најавено, цвеќе ќе положат и ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, техничкиот премиер Талат Џафери, претседателот на ЕЗРМ Пепо Леви и амбасадорката на Израел во нашата држава Симона Франкел.

Бројни делегации потоа ќе оддадат почит на Могилата на депортираните Евреи од Македонија и на Споменикот на паднатите борци од НОБ на Градските гробишта „Бутел“.

Претседателот Пендаровски ќе се обрати и на комеморативната вечер, која во спомен на депортираните македонски Евреи ќе се одржи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Најавени се обраќања и на претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и специјалниот преставник на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија Сарацин.

Годинава комеморативната програма почна од 9 март 2024 година и опфати повеќе активности во Битола и Штип. Во Битола комеморативните активности почнаа на 9 март со театарската претстава „Детето во пругасти пижами“ во Народен театар Битола. Вчера беше оддадена почит пред споменикот на депортираните Евреи од Битола - „Камена менора“ и споменикот на Естреа Овадија Мара, потоа имаше „Поворка на живите“ од Здравствен дом „д-р Хаим Абраванел“ до железничката станица, каде се обрати градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

Во Штип комеморативните активности почнаа вчера со комеморативна програма во Советот на градот Штип, каде се обрати градоначалникот на Штип Иван Јорданов. Се одржа „Поворка на живите“ од општина Штип до споменикот на депортираните Евреи од Штип, каде се положи цвеќе. Театарската претстава „Детето во пругасти пижами“ беше изведена во Народен театар Штип.

The post 81 година од холокаустот на македонските Евреи appeared first on Република.

]]>

Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска одбележуваат 81 година од холокаустот на 7144 македонски Евреи, кои на 11 март 1943 година од Скопје, Битола и Штип се депортирани во логорот Треблинка. Централната комеморативна активност ќе се одржи со оддавање почит пред Споменикот на 7144 депортирани Евреи од земјава во скопскиот Монопол. Како што е најавено, цвеќе ќе положат и ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, техничкиот премиер Талат Џафери, претседателот на ЕЗРМ Пепо Леви и амбасадорката на Израел во нашата држава Симона Франкел. Бројни делегации потоа ќе оддадат почит на Могилата на депортираните Евреи од Македонија и на Споменикот на паднатите борци од НОБ на Градските гробишта „Бутел“. Претседателот Пендаровски ќе се обрати и на комеморативната вечер, која во спомен на депортираните македонски Евреи ќе се одржи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Најавени се обраќања и на претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и специјалниот преставник на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија Сарацин. Годинава комеморативната програма почна од 9 март 2024 година и опфати повеќе активности во Битола и Штип. Во Битола комеморативните активности почнаа на 9 март со театарската претстава „Детето во пругасти пижами“ во Народен театар Битола. Вчера беше оддадена почит пред споменикот на депортираните Евреи од Битола - „Камена менора“ и споменикот на Естреа Овадија Мара, потоа имаше „Поворка на живите“ од Здравствен дом „д-р Хаим Абраванел“ до железничката станица, каде се обрати градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Во Штип комеморативните активности почнаа вчера со комеморативна програма во Советот на градот Штип, каде се обрати градоначалникот на Штип Иван Јорданов. Се одржа „Поворка на живите“ од општина Штип до споменикот на депортираните Евреи од Штип, каде се положи цвеќе. Театарската претстава „Детето во пругасти пижами“ беше изведена во Народен театар Штип.

The post 81 година од холокаустот на македонските Евреи appeared first on Република.

]]>
Зуроф: Срање е тврдењето на Бугарите дека биле само администратори во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/zurof-srane-e-tvrdeneto-na-bugarite-deka-bile-samo-administratori-vo-makedonija/ Mon, 13 Mar 2023 08:11:30 +0000 https://republika.mk/?p=618975

Несомнено е дека за депортацијата на македонските Евреи е одговорна Бугарија, но одвратно е што сега се прави притисок за да не се открива вистината, вели во разговорот за „Канал 5“ израелскиот историчар на холокаустот и директор на Центарот „Симон Визентал“ во Ерусалим д-р Ефраим Зуроф.

https://youtube.com/watch?v=4h99LrrPiac&feature=shares

The post Зуроф: Срање е тврдењето на Бугарите дека биле само администратори во Македонија appeared first on Република.

]]>

Несомнено е дека за депортацијата на македонските Евреи е одговорна Бугарија, но одвратно е што сега се прави притисок за да не се открива вистината, вели во разговорот за „Канал 5“ израелскиот историчар на холокаустот и директор на Центарот „Симон Визентал“ во Ерусалим д-р Ефраим Зуроф. https://youtube.com/watch?v=4h99LrrPiac&feature=shares

The post Зуроф: Срање е тврдењето на Бугарите дека биле само администратори во Македонија appeared first on Република.

]]>
Димитров до Пендаровски: Нацистичка Германија е виновна за депортацијата на македонските Евреи, а не Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-do-pendarovski-natsistichka-germanija-e-vinovna-za-deportatsijata-na-makedonskite-evrei-a-ne-bugarija/ Sun, 12 Mar 2023 17:51:22 +0000 https://republika.mk/?p=618852

Да се ​​префрла несразмерна вина на Бугарија за депортацијата на Евреите од територијата на денешна Македонија е несериозно, изјави денеска Ангел Димитров, копретседател на Заедничката мултидисциплинарна и експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Македонија, како реакција на денешниот говор на претседателот Стево Пендаровски на одбележувањето – 80 години од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка.

Македонскиот претседател побара извинување од Бугарија за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи.

Така да се зборува за Бугарија е крајно неприфатливо, дури и неточно од страна на политичар со огромна одговорност, чија цел треба да биде воспоставување добри дипломатски односи меѓу нашите две земји, вели професорот за „БТА“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-za-da-ima-pomiruvane-bugarija-treba-da-se-izvini-za-deportatsijata-na-makedonskite-evrei/

-Бугарија е единствената земја во Европа која, од една страна, беше сојузник со нацистичка Германија, но не го исполни нејзиниот притисок и ги спаси сите свои Евреи. Велат 48.000, но нивниот број во тоа време бил многу над 50.000. Освен тоа, над 10.000 Евреи со помош на бугарските дипломатски претставништва во Европа успеале да добијат документи и преку Бугарија да се спасат, додал тој.

Димитров изјавил дека „депортацијата на Евреите од географската област Македонија започна уште во јануари 1943 година, со најконцентрирана група на еврејско население во Солун“.

Значи, да се препишува вина на Бугарија е несериозно, бидејќи депортацијата се случи на експресно инсистирање и под контрола на претставници на нацистичка Германија, рекол Димитров.

Тој додал дека „Бугарија во тоа време не ги поседувала тие територии, туку само управувала со нив“.

Тогаш нема македонска држава, тие се државјани на Југославија, а Југославија не само што ги депортираше своите Евреи, туку се фалеше дека е првата земја што го решила еврејското прашање. На територијата на Србија има концентрациони логори во кои масовно биле истребувани локални Евреи, смета копретседателот на Мешовитата историска комисија.

 

The post Димитров до Пендаровски: Нацистичка Германија е виновна за депортацијата на македонските Евреи, а не Бугарија appeared first on Република.

]]>

Да се ​​префрла несразмерна вина на Бугарија за депортацијата на Евреите од територијата на денешна Македонија е несериозно, изјави денеска Ангел Димитров, копретседател на Заедничката мултидисциплинарна и експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Македонија, како реакција на денешниот говор на претседателот Стево Пендаровски на одбележувањето – 80 години од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка. Македонскиот претседател побара извинување од Бугарија за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи.
Така да се зборува за Бугарија е крајно неприфатливо, дури и неточно од страна на политичар со огромна одговорност, чија цел треба да биде воспоставување добри дипломатски односи меѓу нашите две земји, вели професорот за „БТА“.
https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-za-da-ima-pomiruvane-bugarija-treba-da-se-izvini-za-deportatsijata-na-makedonskite-evrei/
-Бугарија е единствената земја во Европа која, од една страна, беше сојузник со нацистичка Германија, но не го исполни нејзиниот притисок и ги спаси сите свои Евреи. Велат 48.000, но нивниот број во тоа време бил многу над 50.000. Освен тоа, над 10.000 Евреи со помош на бугарските дипломатски претставништва во Европа успеале да добијат документи и преку Бугарија да се спасат, додал тој.
Димитров изјавил дека „депортацијата на Евреите од географската област Македонија започна уште во јануари 1943 година, со најконцентрирана група на еврејско население во Солун“.
Значи, да се препишува вина на Бугарија е несериозно, бидејќи депортацијата се случи на експресно инсистирање и под контрола на претставници на нацистичка Германија, рекол Димитров.
Тој додал дека „Бугарија во тоа време не ги поседувала тие територии, туку само управувала со нив“.
Тогаш нема македонска држава, тие се државјани на Југославија, а Југославија не само што ги депортираше своите Евреи, туку се фалеше дека е првата земја што го решила еврејското прашање. На територијата на Србија има концентрациони логори во кои масовно биле истребувани локални Евреи, смета копретседателот на Мешовитата историска комисија.
 

The post Димитров до Пендаровски: Нацистичка Германија е виновна за депортацијата на македонските Евреи, а не Бугарија appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: За да има помирување, Бугарија треба да се извини за депортацијата на македонските Евреи https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-za-da-ima-pomiruvane-bugarija-treba-da-se-izvini-za-deportatsijata-na-makedonskite-evrei/ Sun, 12 Mar 2023 14:53:27 +0000 https://republika.mk/?p=618795

Никаде во Европа, морбидниот концепт наречен „конечно решение на Еврејското прашање“ не бил поефикасно спроведен отколку во тогашната окупирана Македонија. И во хебрејскиот и во македонскиот јазик изворното значење на зборот правда, упатува на она што одговара на вистината. Правда значи да се препознае и именува вистината и таа да биде почитувана од сите. За да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи.

Ова го порача претседателот Стево Пендаровски во обраќањето пред споменикот на 7.144 депортирани македонски Евреи - поранешен скопски Монопол кои токму од ова место пред 80 години во три конвои биле спроведени до железничката станица и депортирани во логорот Треблинка.

Меѓу шесте милиони Евреи кои настрадаа беа и нашите сонародници. Во нивната судбина можеме да ги препознаеме сите етапи на Холокаустот. Првиот чекор бил дискриминацијата. Фашистичкиот режим во тоа време во Софија го донел Законот за заштита на нацијата со кој македонските Евреи биле систематски дискриминирани. Лишени од државјанство и правна заштита, Евреите биле отпуштани од јавните служби, децата исфрлани од училиштата, семејствата протерувани од нивните домови. Вториот чекор бил изолација. По наредба на Комесаријатот за еврејски прашања, Евреите морале во јавност да ја носат жолтата давидова ѕвезда. На тој начин, вековниот симбол на еврејскиот идентитет беше злоупотребен за да ги стигматизира Евреите како различни, туѓи и опасни. Третиот чекор бил дехуманизацијата, истакна Пендаровски.

Речиси сите Евреи од Скопје, Битола и Штип, посочи Пендаровски, од скопскиот Монопол биле депортирани во Треблинка каде што во гасни комори згаснаа животите на близу еден милион лица, меѓу нив и на македонските Евреи кои претставуваа 98 проценти од севкупната македонска еврејска популација и третина од вкупните македонски жртви во Втората светска војна.

Соочени со овие факти, обврзани сме да ги поставиме следниве прашања: дали ние, денешните генерации имаме право да смируваме нечија нечиста совест околу Холокаустот на македонските Евреи? Дали смееме да молчиме пред историскиот ревизионизам што ги рехабилитира злосторниците и ги слави виновниците? Дали треба да заборавиме со чии потписи македонските Евреи беа систематски лишувани од нивните граѓански, економски и човечки права и испратени во смрт, праша Пендаровски.

Тој побара извинување од Бугарија за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи.

И во хебрејскиот и во македонскиот јазик изворното значење на зборот правда, упатува на она што одговара на вистината. Правда значи да се препознае и именува вистината и таа да биде почитувана од сите. За да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи, потенцира Пендаровски.

Ова, додаде Пендаровски, е критично време кога бројот на преживеани сведоци на Холокаусот се намалува, а антисемитизмот се зголемува.

Нашите институции се должни да ги спроведат обврските што како држава ги имаме преземено на меѓународниот форум за Холокаустот во Малме.А тоа е преку наставната програма и задолжителната посета на Меморијалниот центар на Холокаустот да ги едуцираме учениците за вистината за овој геноцид и да ги заштитиме од опасниот вирус на антисемитизмот. Добитникот на Нобеловата награда за мир, Ели Визел, наречен совеста на светот, во една прилика рече: „Ако нешто може да го спаси човештвото, само меморијата може. За мене, надеж без меморија е налик на меморија без надеж“. Затоа, наша морална обврска е да се сеќаваме и да не забораваме, за да не дозволиме, никогаш повеќе силите на злото да добијат шанса да го повторат злосторството, порача претседателот Пендаровски.

The post Пендаровски: За да има помирување, Бугарија треба да се извини за депортацијата на македонските Евреи appeared first on Република.

]]>

Никаде во Европа, морбидниот концепт наречен „конечно решение на Еврејското прашање“ не бил поефикасно спроведен отколку во тогашната окупирана Македонија. И во хебрејскиот и во македонскиот јазик изворното значење на зборот правда, упатува на она што одговара на вистината. Правда значи да се препознае и именува вистината и таа да биде почитувана од сите. За да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи. Ова го порача претседателот Стево Пендаровски во обраќањето пред споменикот на 7.144 депортирани македонски Евреи - поранешен скопски Монопол кои токму од ова место пред 80 години во три конвои биле спроведени до железничката станица и депортирани во логорот Треблинка.
Меѓу шесте милиони Евреи кои настрадаа беа и нашите сонародници. Во нивната судбина можеме да ги препознаеме сите етапи на Холокаустот. Првиот чекор бил дискриминацијата. Фашистичкиот режим во тоа време во Софија го донел Законот за заштита на нацијата со кој македонските Евреи биле систематски дискриминирани. Лишени од државјанство и правна заштита, Евреите биле отпуштани од јавните служби, децата исфрлани од училиштата, семејствата протерувани од нивните домови. Вториот чекор бил изолација. По наредба на Комесаријатот за еврејски прашања, Евреите морале во јавност да ја носат жолтата давидова ѕвезда. На тој начин, вековниот симбол на еврејскиот идентитет беше злоупотребен за да ги стигматизира Евреите како различни, туѓи и опасни. Третиот чекор бил дехуманизацијата, истакна Пендаровски.
Речиси сите Евреи од Скопје, Битола и Штип, посочи Пендаровски, од скопскиот Монопол биле депортирани во Треблинка каде што во гасни комори згаснаа животите на близу еден милион лица, меѓу нив и на македонските Евреи кои претставуваа 98 проценти од севкупната македонска еврејска популација и третина од вкупните македонски жртви во Втората светска војна.
Соочени со овие факти, обврзани сме да ги поставиме следниве прашања: дали ние, денешните генерации имаме право да смируваме нечија нечиста совест околу Холокаустот на македонските Евреи? Дали смееме да молчиме пред историскиот ревизионизам што ги рехабилитира злосторниците и ги слави виновниците? Дали треба да заборавиме со чии потписи македонските Евреи беа систематски лишувани од нивните граѓански, економски и човечки права и испратени во смрт, праша Пендаровски.
Тој побара извинување од Бугарија за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи.
И во хебрејскиот и во македонскиот јазик изворното значење на зборот правда, упатува на она што одговара на вистината. Правда значи да се препознае и именува вистината и таа да биде почитувана од сите. За да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи, потенцира Пендаровски.
Ова, додаде Пендаровски, е критично време кога бројот на преживеани сведоци на Холокаусот се намалува, а антисемитизмот се зголемува.
Нашите институции се должни да ги спроведат обврските што како држава ги имаме преземено на меѓународниот форум за Холокаустот во Малме.А тоа е преку наставната програма и задолжителната посета на Меморијалниот центар на Холокаустот да ги едуцираме учениците за вистината за овој геноцид и да ги заштитиме од опасниот вирус на антисемитизмот. Добитникот на Нобеловата награда за мир, Ели Визел, наречен совеста на светот, во една прилика рече: „Ако нешто може да го спаси човештвото, само меморијата може. За мене, надеж без меморија е налик на меморија без надеж“. Затоа, наша морална обврска е да се сеќаваме и да не забораваме, за да не дозволиме, никогаш повеќе силите на злото да добијат шанса да го повторат злосторството, порача претседателот Пендаровски.

The post Пендаровски: За да има помирување, Бугарија треба да се извини за депортацијата на македонските Евреи appeared first on Република.

]]>
Концерт во НОБ во чест на одбележувањето на 80 години од депортацијата на македонските Евреи https://republika.mk/vesti/kultura/kontsert-vo-nob-vo-chest-na-odbelezhuvaneto-na-80-godini-od-deportatsijata-na-makedonskite-evrei/ Fri, 10 Mar 2023 13:13:42 +0000 https://republika.mk/?p=618177

Националната опера и балет се приклучува кон одбележувањето на 11 март - денот кога пред 80 години, 7.144 македонски Евреи беа депортирани во нацистичките логори на смртта.

По тој повод, в недела, на 12 март, со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се одржи концертот „Сеќавање - 11 март“ со Хорот на Националната опера и балет во придружба на Оркестарот на Македонската Филхармонија под диригентската палка на Бисера Чадловска.

The post Концерт во НОБ во чест на одбележувањето на 80 години од депортацијата на македонските Евреи appeared first on Република.

]]>

Националната опера и балет се приклучува кон одбележувањето на 11 март - денот кога пред 80 години, 7.144 македонски Евреи беа депортирани во нацистичките логори на смртта. По тој повод, в недела, на 12 март, со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се одржи концертот „Сеќавање - 11 март“ со Хорот на Националната опера и балет во придружба на Оркестарот на Македонската Филхармонија под диригентската палка на Бисера Чадловска.

The post Концерт во НОБ во чест на одбележувањето на 80 години од депортацијата на македонските Евреи appeared first on Република.

]]>
Браќата Манаки одиграле клучна улога во регистрација на битолските Евреи кои требало да бидат депортирани https://republika.mk/vesti/makedonija/brakjata-manaki-odigrale-kluchna-uloga-vo-registracija-na-bitolskite-evrei-koi-trebalo-da-bidat-deportirani/ Fri, 02 Sep 2022 09:22:01 +0000 https://republika.mk/?p=546680

Како е можно браќата Манаки да се слават како херои во сегашната Cеверна Македонија додека тие одиграа клучна улога во регистрацијата на битолските Евреи кои требаше да бидат депортирани?, вели бугарскиот амбасадор во Вашингтон Георги Панајотов во интервју за Гласот на Америка.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-ambasador-vo-vashington-istorijata-kje-bide-uslov-za-vlez-na-makedonija-vo-eu/

Од 2018 година, Бугарија е членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (ИХРА). Како земја членка на ИХРА, Бугарија става акцент на важноста на сеопфатно и научно истражување на Холокаустот, како и на борбата против искривувањето и негирањето на Холокаустот. Ова е единствениот начин да се обезбеди ефикасна, историски информирана противреакција на современиот антисемитизам. За да се разберат трагичните настани од пред 80 години, треба да се знаат фактите. Бугарија, во тоа време сојузник на Германија, привремено управуваше со делови од германската окупирана северна Грција и тогашна Југославија. Бугарија немала никаков суверенитет над овие земји, бугарските трупи и администрација, составена претежно од локално население, биле подредени на локалната германска команда и германските власти не им дозволувале на локалните Евреи да добијат бугарско државјанство. Во овие околности, 11.343 локални Евреи биле депортирани во нацистичкиот логор Треблинка. По војната, Бугарија исплати репарации на Грција и тогашна Југославија и одговорните за воените злосторства беа изведени пред лицето на правдата, а многу од нив беа префрлени на грчките и тогашните југословенски власти за оваа цел. Ова е историскиот контекст на оваа трагедија. Бугарската историска наука и бугарската држава никогаш не се оддалечија од трагедијата на 11.343 Евреи од делови на тогашна Југославија и делови од северна Грција. Бугарските политичари, државни функционери и други јавни личности постојано го почитуваат споменот на овие жртви. Во својата декларација од март 2013 година, Националното собрание го осуди криминалниот чин на нацистичката команда и изрази жалење што не е во моќ на локалната бугарска администрација да го спречи. Денешниот наратив во Македонија, сепак, е сосема поинаков. Тој е селективен, ненаучен и служи за политички цели, во целосна спротивност со принципите на истражувањето на Холокаустот. Нашата надеж е дека неодамнешното пристапување на Македонија во ИХРА ќе ѝ помогне на земјата да ја напушти политичката реторика „сите Бугари се фашисти“ и да се фокусира на научните истражувања на Холокаустот и на сеќавањето на жртвите. Ова во голема мера ќе ја олесни објективната јавна дебата и позитивното политичко дејствување од двете страни на границата. Покрај тоа, ова е неопходно, бидејќи многу епизоди од Холокаустот остануваат да се разјаснат и многу прашања бараат одговори. Еден пример - како е можно браќата Манаки да се слават како херои во сегашната Македонија додека тие одиграа клучна улога во регистрацијата на битолските Евреи кои требаше да бидат депортирани? Следната година ќе ја одбележиме 80-годишнината од спасот на бугарските Евреи за време на Холокаустот. Овој чин на храброст и толеранција среде ужасите на Втората светска војна е позитивен пример како да се спротивставиме на антисемитизмот, кој треба да го паметиме и да го учиме на училиште. Всушност, и покрај сите тешкотии на војната и антисемитското законодавство, бугарската еврејска заедница беше единствената во континентална Европа која природно се зголеми во број за време на Втората светска војна. Ова е без пресметка за бројните Евреи од другите европски земји кои побараа засолниште од нацистичкиот прогон во Бугарија или безбедно преминување на Блискиот Исток, вели Панајотов во интервјуто.

The post Браќата Манаки одиграле клучна улога во регистрација на битолските Евреи кои требало да бидат депортирани appeared first on Република.

]]>

Како е можно браќата Манаки да се слават како херои во сегашната Cеверна Македонија додека тие одиграа клучна улога во регистрацијата на битолските Евреи кои требаше да бидат депортирани?, вели бугарскиот амбасадор во Вашингтон Георги Панајотов во интервју за Гласот на Америка. https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-ambasador-vo-vashington-istorijata-kje-bide-uslov-za-vlez-na-makedonija-vo-eu/ Од 2018 година, Бугарија е членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (ИХРА). Како земја членка на ИХРА, Бугарија става акцент на важноста на сеопфатно и научно истражување на Холокаустот, како и на борбата против искривувањето и негирањето на Холокаустот. Ова е единствениот начин да се обезбеди ефикасна, историски информирана противреакција на современиот антисемитизам. За да се разберат трагичните настани од пред 80 години, треба да се знаат фактите. Бугарија, во тоа време сојузник на Германија, привремено управуваше со делови од германската окупирана северна Грција и тогашна Југославија. Бугарија немала никаков суверенитет над овие земји, бугарските трупи и администрација, составена претежно од локално население, биле подредени на локалната германска команда и германските власти не им дозволувале на локалните Евреи да добијат бугарско државјанство. Во овие околности, 11.343 локални Евреи биле депортирани во нацистичкиот логор Треблинка. По војната, Бугарија исплати репарации на Грција и тогашна Југославија и одговорните за воените злосторства беа изведени пред лицето на правдата, а многу од нив беа префрлени на грчките и тогашните југословенски власти за оваа цел. Ова е историскиот контекст на оваа трагедија. Бугарската историска наука и бугарската држава никогаш не се оддалечија од трагедијата на 11.343 Евреи од делови на тогашна Југославија и делови од северна Грција. Бугарските политичари, државни функционери и други јавни личности постојано го почитуваат споменот на овие жртви. Во својата декларација од март 2013 година, Националното собрание го осуди криминалниот чин на нацистичката команда и изрази жалење што не е во моќ на локалната бугарска администрација да го спречи. Денешниот наратив во Македонија, сепак, е сосема поинаков. Тој е селективен, ненаучен и служи за политички цели, во целосна спротивност со принципите на истражувањето на Холокаустот. Нашата надеж е дека неодамнешното пристапување на Македонија во ИХРА ќе ѝ помогне на земјата да ја напушти политичката реторика „сите Бугари се фашисти“ и да се фокусира на научните истражувања на Холокаустот и на сеќавањето на жртвите. Ова во голема мера ќе ја олесни објективната јавна дебата и позитивното политичко дејствување од двете страни на границата. Покрај тоа, ова е неопходно, бидејќи многу епизоди од Холокаустот остануваат да се разјаснат и многу прашања бараат одговори. Еден пример - како е можно браќата Манаки да се слават како херои во сегашната Македонија додека тие одиграа клучна улога во регистрацијата на битолските Евреи кои требаше да бидат депортирани? Следната година ќе ја одбележиме 80-годишнината од спасот на бугарските Евреи за време на Холокаустот. Овој чин на храброст и толеранција среде ужасите на Втората светска војна е позитивен пример како да се спротивставиме на антисемитизмот, кој треба да го паметиме и да го учиме на училиште. Всушност, и покрај сите тешкотии на војната и антисемитското законодавство, бугарската еврејска заедница беше единствената во континентална Европа која природно се зголеми во број за време на Втората светска војна. Ова е без пресметка за бројните Евреи од другите европски земји кои побараа засолниште од нацистичкиот прогон во Бугарија или безбедно преминување на Блискиот Исток, вели Панајотов во интервјуто.

The post Браќата Манаки одиграле клучна улога во регистрација на битолските Евреи кои требало да бидат депортирани appeared first on Република.

]]>
„Не праќајте ги Евреите во гасните комори по втор пат“: Отвореното писмо на Виктор Мизрахи објавено на Илинден https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-prakjajte-gi-evreite-vo-gasnite-komori-po-vtor-pat-otvorenoto-pismo-na-viktor-mizrahi-objaveno-na-ilinden/ Thu, 01 Sep 2022 14:37:33 +0000 https://republika.mk/?p=546489

Денеска по кусо боледување почина Виктор Мизрахи, долгогодишен претседател на Еврејската заедница во Република Македонија и поранешен почесен конзул на државата Израел.

Голем Македонски патриот и Еврејски лидер во чии мандат на претседателствување со Еврејската заедница се отвори синагога Беит Јаков во Скопје, финансиски се осамостои Еврејската заедница и се реализираше Фондот на холокаустот на евреите од Македонија.

Неодамна на големиот македонски празник Илинден, Мизрахи ги прозва Колозова, Малески, Османи, Ковачевски и Маричиќ за нивното распродавање на историјата:

Отворено писмо до Македонците и граѓаните на Македонија

Со векови сме крвареле, со векови трае борбата за национална, слободна и независна Македонија.

Само по последната илинденска епопеја, во НОБ дадовме преку 25.000 жртви, од кои 7.144 евреи.

Заедно крвариме од секогаш, од Илинден и Рафаел Камхи до депортацијата на 7144 евреи.

А таа депортација ја изврши царска Бугарија, Филов, Габровски и Белев... не бугарскиот народ. Тие беа окупатори и фашисти, а не администратори. Ниту еден од депортираните не преживеа.

Колозова и Малевски, Османи, Ковачевски, Маричиќ, пратеници, бугарските војски не беа ослободители , а Евреите не ги депортираа Македонци.

Ги депортираа бугарските фашисти. Ќе ги депортираа и бугарските Евреи, но нив за среќа успеаа да ги одбранат Бугарските интелектуалци, Бугарската православна црква, Пешев и Бугарскиот народ.

Тоа можете да го видите и од расправите во нивниот парламент.

Ако немате доволно знаење, постојат оригинални документи за тоа кој наредил окупација на Македонија и депортација, а за истите ви стојам на располагање во секој момент.

Погледнете ги поставките во Вашингтонскиот Меморијален Центар, Јад Вашем, Меморијалниот центар на хлокаустот на Евреите од Македонија, па размислете за вашите изјави.
Не разбирам како вашите студенти ги слушаат ваквите ваши изјави.

Одете со вашите студенти во Треблинка и видете го камен обележјето на трагедијата на Евреите од Македонија.
Не праќајте ги Евреите во гасните комори по втор пат. Не горете ја пепелта по втор пат. Не менувајте ја историјата за да постигнете ваши политички или материјални цели.

Кој ќе ја заборави историјата, нема да постои.

А вашите политички цели нема да се исполнат.

Македонскиот народ нема да заборави ниту да го прости ова.

Виктор Мизрахи

The post „Не праќајте ги Евреите во гасните комори по втор пат“: Отвореното писмо на Виктор Мизрахи објавено на Илинден appeared first on Република.

]]>

Денеска по кусо боледување почина Виктор Мизрахи, долгогодишен претседател на Еврејската заедница во Република Македонија и поранешен почесен конзул на државата Израел. Голем Македонски патриот и Еврејски лидер во чии мандат на претседателствување со Еврејската заедница се отвори синагога Беит Јаков во Скопје, финансиски се осамостои Еврејската заедница и се реализираше Фондот на холокаустот на евреите од Македонија. Неодамна на големиот македонски празник Илинден, Мизрахи ги прозва Колозова, Малески, Османи, Ковачевски и Маричиќ за нивното распродавање на историјата: Отворено писмо до Македонците и граѓаните на Македонија Со векови сме крвареле, со векови трае борбата за национална, слободна и независна Македонија. Само по последната илинденска епопеја, во НОБ дадовме преку 25.000 жртви, од кои 7.144 евреи. Заедно крвариме од секогаш, од Илинден и Рафаел Камхи до депортацијата на 7144 евреи. А таа депортација ја изврши царска Бугарија, Филов, Габровски и Белев... не бугарскиот народ. Тие беа окупатори и фашисти, а не администратори. Ниту еден од депортираните не преживеа. Колозова и Малевски, Османи, Ковачевски, Маричиќ, пратеници, бугарските војски не беа ослободители , а Евреите не ги депортираа Македонци. Ги депортираа бугарските фашисти. Ќе ги депортираа и бугарските Евреи, но нив за среќа успеаа да ги одбранат Бугарските интелектуалци, Бугарската православна црква, Пешев и Бугарскиот народ. Тоа можете да го видите и од расправите во нивниот парламент. Ако немате доволно знаење, постојат оригинални документи за тоа кој наредил окупација на Македонија и депортација, а за истите ви стојам на располагање во секој момент. Погледнете ги поставките во Вашингтонскиот Меморијален Центар, Јад Вашем, Меморијалниот центар на хлокаустот на Евреите од Македонија, па размислете за вашите изјави. Не разбирам како вашите студенти ги слушаат ваквите ваши изјави. Одете со вашите студенти во Треблинка и видете го камен обележјето на трагедијата на Евреите од Македонија. Не праќајте ги Евреите во гасните комори по втор пат. Не горете ја пепелта по втор пат. Не менувајте ја историјата за да постигнете ваши политички или материјални цели. Кој ќе ја заборави историјата, нема да постои. А вашите политички цели нема да се исполнат. Македонскиот народ нема да заборави ниту да го прости ова. Виктор Мизрахи

The post „Не праќајте ги Евреите во гасните комори по втор пат“: Отвореното писмо на Виктор Мизрахи објавено на Илинден appeared first on Република.

]]>
Холокаустот беше забранета тема во Бугарија до 1989 година https://republika.mk/vesti/balkan/holokaustot-beshe-zabraneta-tema-vo-bugarija-do-1989-godina/ Fri, 11 Mar 2022 07:56:36 +0000 https://republika.mk/?p=471082

Со низа манифестации денеска се одбележува 79-годишнината од депортацијата на македонските Евреи. Со оглед на чувствителноста на прашањето во однос на недоразбирањата со соседна Бугарија и нејзината улога во Вардарска Македонија во текот на Втората светска војна, пренесуваме дел од новата книга, што ја подготвува Леа Коен, истакната општествена личност и претставник на Бугарската еврејска заедница, насловена како „Прогонство, спасение и холокауст во Царството Бугарија 1940-1944 година“. Текстот во две продолженија беше објавен на порталот е-вестник.бг на 27 и 28 јануари годинава по повод Светскиот ден на холокаустот, а ние ги пренесуваме најважните делови.

Секој ден низ светот излегуваат стотици публикации посветени на холокаустот. Тој интерес се должи на околноста дека темата е болна рана од која продолжуваат да страдаат Евреи и неевреи.

Јехуда Бауер, професор по историја во Јад вашам, вели:„Холокаустот не е минато, тој е сегашност. Се уште се живи многу од преживеаните, а исто така и нивните деца и внуци за кои Холокаустот продолжува да биде лична и семејна историја“.

На прашање на новинарот на „Ле монд“ дали холокаустот се инструментализира, Бауер одговара:

-Се разбира, од политичари, од новинари, од историчари. Сите се обидуваат да го искористат и да го употребат холокаустот по некој повод, често со обратен ефект, и без добро да ја разбираат суштината на настаните.

Манипулациите со темата за холокаустот се честа практика, вклучувајќи ја и Бугарија, која претставува посложен случај, зашто во границите на бугарското царство од 40-тите години на минатиот век во исто време Евреите биле спасувани, прогонувани и уништувани. Еден од најпарадоксалните настани е што на 4 март 1943 година во сигурна смрт се испратени 4.000 Евреи, на 9 март се преземени дејства за спасување на 8.000, а наредниот ден се „собрани“ уште 7.000, кои „за возврат„ биле сите до еден убиени! Таа фрапантна противречност создава вистински хаос од мислења, што обично се движат меѓу две крајности-идеализација на вториот факт до степен на национално херојско движење, наречено „спасението“, и соодветна демонизација на првиот, испраќањето на 11.343 лица во гасните комори на Треблинка.

Првата теза, за безусловно спасение, се обидува да ја заборави депортацијата и, соодветно, смртта на близу 20% од еврејското население во царството Бугарија, додека втората понекогаш го омаловажува фактот на спасување како резултат на што се сочувани 48.000 невини човечки животи! На секоја од двете верзии е посветен по еден камион книги и истражувања во кои едни и исти факти (или подобро дел од нив) се претставени според преференциите на авторот со патос, скептицизам или со јазик на рекламирање.

Во бугарското општество, во последните речиси 20 години, перцепцијата на настаните од тоа време е можеби еден од најсложените заплети во националниот јавен дискурс (и дури надвор од него). Бараниот консензус во однос на оценката и прифаќањето, како и во изнесувањето и толкувањето на историските факти т.е. на расказите за тоа што се случило и тоа што не се случило, но е присутно во нив, пречи да се состави една структурирана историја на настаните од 1940 до 1944 година во царска Бугарија.

Во различни верзии, неретко дијаметрално спротивставени, во прогонот на Евреите хибридно се цитираат настани од бугарската историја од истиот период (политичките, воените, економските односи со Германија и Италија, партизанското движење и односите со советска Русија, специфичноста на политичките партии и воопшто на политичкиот живот во Бугарија, активностите на Дворецот и на парламентот), кои или немаат суштински однос кон т.н. „еврејско прашање“, или странично се зависни кон него. Од така добиениот амалгам продолжуваат да се фабрикуваат како невистинити теории, па дури и митови за „спасението“, а паралелно со тоа да се пренебрегнуваат факти и лица со навистина позитивна, дури и уникатна улога во контекст на настаните од 1940-1944 година, па дури и пред тоа.

Тука ќе се обидам да разгледам некои од најновите „гледни точки“ и произлезените од нив недоразбирања, како и да ги наречам причините за нивното ширење и можните мотиви за желбата во одредени кругови да бидат наметнати општествено спорни, а понекогаш и невистинити толкувања за спасувањето на Евреите.

Имало ли холокауст во Бугарија?

Уште самиот термин холокауст кај многумина предизвикува отпор и несогласување кога станува збор за судбината на Евреите во царска Бугарија во периодот 1940-1944 година. Во бугарската историографија овој термин е внимателно избегнуван уште непосредно по 1944. Причината за тоа е што веднаш по настаните од 1944 е изработена верзија, политички прагматична и донекаде разбирлива, која ги има во предвид напорите на Бугарија да го исчисти петното од четиригодичното сојузништво со нацистичка Германија. Спасувањето на 48.000 Евреи во старите предели на царството Бугарија е аргумент со кој бугарската делегација се обидува да ја придобие наклонетоста на Париската конференција од 1947 година на која треба да се одреди статусот на одделни држави, кои соработувале со нацистичка Германија.

Терминот „холокауст“ во општествено-историска употреба во Бугарија почнува едвај по 1989 година, кога заедно со обидите на ново читање на современата бугарска историја се преразгледуваат фактите и условите околу судбината и прогонот на Евреите.

Треба да се признае дека терминот холокауст внесува извесна збунетост кога станува збор за третманот на Евреите во царството Бугарија, зашто, како што веќе посочивме, „во едно исто време на територијата на царството Бугарија едни Евреи биле спасувани, други прогонувани, а трети депортирани и убиени“. Ако буквално се применува значењето на зборот „холокауст“ (уништување преку целосно горење), овој трагичен настан се однесува само и единствено на Евреите од територите заземени од Бугарија-Македонија и дел од Северна Грција. Меѓутоа, широкот сфаќање на холокаустот се прифаќа како процес во кој етапно се уништуваат прво еврејските граѓански права, потоа се одзема еврејската сопственост, се ликвидира еврејското културно и архитектурно наследство и на крајот и самите Евреи.

Ако по 1941-ва ликвидацијата физички уништила 12.000 од вкупно 60.000 Евреи во пределите на царството Бугарија, што значи 20% од вкупниот број, тогаш претходните фази на холокаустот биле почувствувани од целото еврјеско население. Наспроти тоа, општествен и политички став во бугарското општество и до ден денес молчаливо не се согласува со употребата на терминот и го прима како напад против бугарската држава. Создавањето на Музејот на холокаустот во Скопје во 2012 година во спомен на 7.000 македонски Евреи, убиени во Треблинка, се претвори во повод за остри дебати за улогата на бугарската држава во таа трагична епизода и дури за заострување на државно-политичките односи меѓу Бугарија и РСМ.

Терминолошка стратегија за спасување

За да се заштити невиноста на бугарската држава во тие дејства, извршени во 1943 година од бугарската администрација, војска и полиција, во текот на последните 20 години беа измислени терминолошки заштитни мерки. Беше создаден терминот „администрирани земји“, што ќе го замени терминот „окупација“, применуван во политиката на царството Бугарија од 1941 година натаму кон делови од бивша Југославија (денешна Македонија и мал дел од Србија) и делови од Северна Грција. Таа замена предизвикува чудење ако се има предвид дека, имено, терминот „окупација“ бил употребуван на највисоко политичко ниво во периодот 1941-1944 година. Така, во говорот од октомври 1942 година, цар Борис III праќа пофалби и благодарност кон „нашите окупациони војски“, во писмото Бр.1203 на Министерството за одбрана од 22 април 1941 (строго доверливо, Воено-историски архив) началникот на Генералштабот на војската на командантот на 5-тата армија му издава наредба „Шестата пешадиска дивизија да го започне своето фокусирање на окупирање на Македонија“, а и во сите други државни документи од тој период е сочуван терминот „окупација“. По завршувањето на тој процес вече се употребува терминот „новоослободени земји“.

Во тој контекст друг спорен термин е „депортацијата“. Според меѓународните правни норми, таа означува насилно преселување на одредени групи население од нивното место на живеење во друга држава, обично во места за принудна изолација. Без сомнение, токму тоа се случило во пределите на царството Бугарија кога 7.000 Евреи од Македонија и 4.000 од Северна Грција биле депортирани во Треблинка и Аушвиц.

Во истражувањето на д-р Здравка Крстева „Правни аспекти на државната антиеврејска политика во царството Бугарија (1940-1944г.)“, се докажува не само дека бугарската држава во посочениот период со сила и со воени средства ги заземала соодветните територии во Македонија и Северна Грција, туку и дека единствено бугарски претставници технички ја извршиле депортацијата на околу 12.000 Евреи, што довело до нивно уништување. И ако во случајот со македонските Евреи тие, според едни толкувања (цар Борис III), биле депортирани од „окупирана“ територија, според други (Богдан Филов) од „ослободена“ или според трети (современата политичка лексика) од „адиминистрирана“, 4.000 Евреи од Северна Грција од таму прво биле депортирани во старите предели на царството Бугарија (логори во Горна Џумаја или во Лом), откаде потоа, преку Австрија, биле препратени во логорите во окупирана Полска.

Тезата за отсуство на вина на бугарската држава во депортацијата на Евреите е научно-историски побиена во многу специјализирани публикации.

Меѓутоа, политиката на одрекување продолжува да постои, па дури во последните 20 години се претвори во грди форми од кои некои станаа и официјално познати, па затоа и ќе ги споменам.

Една од нив е тезата на Денко Марков, бивш претставник на фашистичка организација од пред војната-Сојуз на бугарските национални легии-а по 1989 г. еден од знаменосците на антикомунизмот (Марков бил осуден по 1944 г. заради профашистичка дејност и извесно време минал во логор). Во 2000 г. како претставник на СДС тој одржа говор во Народното собрание во кој изјави дека „депортацијата на непријателското население (еврејското) од Македонија и Северна Грција од страна на бугарските власти била законска и не претставува престап од аспект на меѓународното право“.

Неговата изјава предизвика бурни протести на сите еврејски организации во Бугарија и надвор од неа. Партијата СДС се огради од неговите тези и декларации, но тие продолжија да бидат штитени од делови на бугарската десница. Така, европратеникот Андреј Ковачев од партијата ГЕРБ во 2014 г. организираше специјална сесија во Европскиот парламент во чест на Марков на која тој беше претставен како „борец против комунизмот“.

За време на комунизмот, самиот Марков нема каква било општествена или политичка дејност. Во политичкиот живот тој се вклучува по 1989 г. кога учествува во обновувањето на Сојузот на бугарските национални легии. Меѓутоа, доктрината на Денко Марков најде поддршка меѓу некои јавни личности, како на пример кај главниот уредник на најголемата бугарска издавачка куќа, кој од екранот на државната телевизија на бугарскиот претседател му препорача да го кани Марков на сите национални празници и чествувања како национален херој, како што тоа го прават во Франција со заслужните борци за Франција. Нескриени симпатии кон Марков пројавија и политички партии, вклучувајќи ги и тие од власта, па во 2018 година бившиот легионер и создавач на доктрината за „легална депортација на непријателското еврејско население“ беше удостоен со официјален медал на Министерот за одбрана Красимир Каракачанов, претставник на крајно десната партија ВМРО, коалиционен партнер на ГЕРБ во владата на бившиот премиер Бојко Борисов цели 4 години.

По 2008 година, владата на ГЕРБ ги продолжи напорите на партијата на бившиот бугарски цар Симеон Саксобурготски за омаловажување на историската одговорност и негирање на секоја вина на царска Бугарија во депортацијата на 12.000 Евреи. Тоа се манифестираше не само во лични изјави на бившиот премиер Борисов и на неговите министри како Екатерина Захариева од МНР, Красимир Каракачанов од МО и други, но и во сериозни материјални ресурси за пропагирање на таа теза (нарачка на книги, написи, изложби, телевизиски емисии, преводи на пропагандни текстови на англиски и шпански и организирање турнеи во странство и др.). Постепено, со напори не само на политичките органи, туку исто така и на академски институции како БАН, на професори од Софискиот и други универзитети, беше наложена тезата за целосно и безусловно спасување на 48.000 Евреи во Бугарија со учество на сите слоеви на социјалната пирамида, почнувајќи од бугарскиот цар Борис III, преку министрите на неговата последна влада, пратениците и едвај на крајот да се стигне и до бугарскиот народ.

Освен што таа пирамида беше и досега останува целосно обратна и погрешна од основата, па до врвот, таа вклучува и целосно историски неодржливи елементи. Таа е соборена не само од еврејските организации и центрите за истражување на холокаустот Јад вашам и Музејот на холокаустот во Вашингтон, туку и од низа научни истражувачи во Бугарија, израел, Франција и други нивни публикации и книги…

Извор: Пресинг ТВ

The post Холокаустот беше забранета тема во Бугарија до 1989 година appeared first on Република.

]]>

Со низа манифестации денеска се одбележува 79-годишнината од депортацијата на македонските Евреи. Со оглед на чувствителноста на прашањето во однос на недоразбирањата со соседна Бугарија и нејзината улога во Вардарска Македонија во текот на Втората светска војна, пренесуваме дел од новата книга, што ја подготвува Леа Коен, истакната општествена личност и претставник на Бугарската еврејска заедница, насловена како „Прогонство, спасение и холокауст во Царството Бугарија 1940-1944 година“. Текстот во две продолженија беше објавен на порталот е-вестник.бг на 27 и 28 јануари годинава по повод Светскиот ден на холокаустот, а ние ги пренесуваме најважните делови. Секој ден низ светот излегуваат стотици публикации посветени на холокаустот. Тој интерес се должи на околноста дека темата е болна рана од која продолжуваат да страдаат Евреи и неевреи. Јехуда Бауер, професор по историја во Јад вашам, вели:„Холокаустот не е минато, тој е сегашност. Се уште се живи многу од преживеаните, а исто така и нивните деца и внуци за кои Холокаустот продолжува да биде лична и семејна историја“. На прашање на новинарот на „Ле монд“ дали холокаустот се инструментализира, Бауер одговара:
-Се разбира, од политичари, од новинари, од историчари. Сите се обидуваат да го искористат и да го употребат холокаустот по некој повод, често со обратен ефект, и без добро да ја разбираат суштината на настаните.
Манипулациите со темата за холокаустот се честа практика, вклучувајќи ја и Бугарија, која претставува посложен случај, зашто во границите на бугарското царство од 40-тите години на минатиот век во исто време Евреите биле спасувани, прогонувани и уништувани. Еден од најпарадоксалните настани е што на 4 март 1943 година во сигурна смрт се испратени 4.000 Евреи, на 9 март се преземени дејства за спасување на 8.000, а наредниот ден се „собрани“ уште 7.000, кои „за возврат„ биле сите до еден убиени! Таа фрапантна противречност создава вистински хаос од мислења, што обично се движат меѓу две крајности-идеализација на вториот факт до степен на национално херојско движење, наречено „спасението“, и соодветна демонизација на првиот, испраќањето на 11.343 лица во гасните комори на Треблинка. Првата теза, за безусловно спасение, се обидува да ја заборави депортацијата и, соодветно, смртта на близу 20% од еврејското население во царството Бугарија, додека втората понекогаш го омаловажува фактот на спасување како резултат на што се сочувани 48.000 невини човечки животи! На секоја од двете верзии е посветен по еден камион книги и истражувања во кои едни и исти факти (или подобро дел од нив) се претставени според преференциите на авторот со патос, скептицизам или со јазик на рекламирање. Во бугарското општество, во последните речиси 20 години, перцепцијата на настаните од тоа време е можеби еден од најсложените заплети во националниот јавен дискурс (и дури надвор од него). Бараниот консензус во однос на оценката и прифаќањето, како и во изнесувањето и толкувањето на историските факти т.е. на расказите за тоа што се случило и тоа што не се случило, но е присутно во нив, пречи да се состави една структурирана историја на настаните од 1940 до 1944 година во царска Бугарија. Во различни верзии, неретко дијаметрално спротивставени, во прогонот на Евреите хибридно се цитираат настани од бугарската историја од истиот период (политичките, воените, економските односи со Германија и Италија, партизанското движење и односите со советска Русија, специфичноста на политичките партии и воопшто на политичкиот живот во Бугарија, активностите на Дворецот и на парламентот), кои или немаат суштински однос кон т.н. „еврејско прашање“, или странично се зависни кон него. Од така добиениот амалгам продолжуваат да се фабрикуваат како невистинити теории, па дури и митови за „спасението“, а паралелно со тоа да се пренебрегнуваат факти и лица со навистина позитивна, дури и уникатна улога во контекст на настаните од 1940-1944 година, па дури и пред тоа. Тука ќе се обидам да разгледам некои од најновите „гледни точки“ и произлезените од нив недоразбирања, како и да ги наречам причините за нивното ширење и можните мотиви за желбата во одредени кругови да бидат наметнати општествено спорни, а понекогаш и невистинити толкувања за спасувањето на Евреите.

Имало ли холокауст во Бугарија?

Уште самиот термин холокауст кај многумина предизвикува отпор и несогласување кога станува збор за судбината на Евреите во царска Бугарија во периодот 1940-1944 година. Во бугарската историографија овој термин е внимателно избегнуван уште непосредно по 1944. Причината за тоа е што веднаш по настаните од 1944 е изработена верзија, политички прагматична и донекаде разбирлива, која ги има во предвид напорите на Бугарија да го исчисти петното од четиригодичното сојузништво со нацистичка Германија. Спасувањето на 48.000 Евреи во старите предели на царството Бугарија е аргумент со кој бугарската делегација се обидува да ја придобие наклонетоста на Париската конференција од 1947 година на која треба да се одреди статусот на одделни држави, кои соработувале со нацистичка Германија. Терминот „холокауст“ во општествено-историска употреба во Бугарија почнува едвај по 1989 година, кога заедно со обидите на ново читање на современата бугарска историја се преразгледуваат фактите и условите околу судбината и прогонот на Евреите. Треба да се признае дека терминот холокауст внесува извесна збунетост кога станува збор за третманот на Евреите во царството Бугарија, зашто, како што веќе посочивме, „во едно исто време на територијата на царството Бугарија едни Евреи биле спасувани, други прогонувани, а трети депортирани и убиени“. Ако буквално се применува значењето на зборот „холокауст“ (уништување преку целосно горење), овој трагичен настан се однесува само и единствено на Евреите од територите заземени од Бугарија-Македонија и дел од Северна Грција. Меѓутоа, широкот сфаќање на холокаустот се прифаќа како процес во кој етапно се уништуваат прво еврејските граѓански права, потоа се одзема еврејската сопственост, се ликвидира еврејското културно и архитектурно наследство и на крајот и самите Евреи. Ако по 1941-ва ликвидацијата физички уништила 12.000 од вкупно 60.000 Евреи во пределите на царството Бугарија, што значи 20% од вкупниот број, тогаш претходните фази на холокаустот биле почувствувани од целото еврјеско население. Наспроти тоа, општествен и политички став во бугарското општество и до ден денес молчаливо не се согласува со употребата на терминот и го прима како напад против бугарската држава. Создавањето на Музејот на холокаустот во Скопје во 2012 година во спомен на 7.000 македонски Евреи, убиени во Треблинка, се претвори во повод за остри дебати за улогата на бугарската држава во таа трагична епизода и дури за заострување на државно-политичките односи меѓу Бугарија и РСМ.

Терминолошка стратегија за спасување

За да се заштити невиноста на бугарската држава во тие дејства, извршени во 1943 година од бугарската администрација, војска и полиција, во текот на последните 20 години беа измислени терминолошки заштитни мерки. Беше создаден терминот „администрирани земји“, што ќе го замени терминот „окупација“, применуван во политиката на царството Бугарија од 1941 година натаму кон делови од бивша Југославија (денешна Македонија и мал дел од Србија) и делови од Северна Грција. Таа замена предизвикува чудење ако се има предвид дека, имено, терминот „окупација“ бил употребуван на највисоко политичко ниво во периодот 1941-1944 година. Така, во говорот од октомври 1942 година, цар Борис III праќа пофалби и благодарност кон „нашите окупациони војски“, во писмото Бр.1203 на Министерството за одбрана од 22 април 1941 (строго доверливо, Воено-историски архив) началникот на Генералштабот на војската на командантот на 5-тата армија му издава наредба „Шестата пешадиска дивизија да го започне своето фокусирање на окупирање на Македонија“, а и во сите други државни документи од тој период е сочуван терминот „окупација“. По завршувањето на тој процес вече се употребува терминот „новоослободени земји“. Во тој контекст друг спорен термин е „депортацијата“. Според меѓународните правни норми, таа означува насилно преселување на одредени групи население од нивното место на живеење во друга држава, обично во места за принудна изолација. Без сомнение, токму тоа се случило во пределите на царството Бугарија кога 7.000 Евреи од Македонија и 4.000 од Северна Грција биле депортирани во Треблинка и Аушвиц. Во истражувањето на д-р Здравка Крстева „Правни аспекти на државната антиеврејска политика во царството Бугарија (1940-1944г.)“, се докажува не само дека бугарската држава во посочениот период со сила и со воени средства ги заземала соодветните територии во Македонија и Северна Грција, туку и дека единствено бугарски претставници технички ја извршиле депортацијата на околу 12.000 Евреи, што довело до нивно уништување. И ако во случајот со македонските Евреи тие, според едни толкувања (цар Борис III), биле депортирани од „окупирана“ територија, според други (Богдан Филов) од „ослободена“ или според трети (современата политичка лексика) од „адиминистрирана“, 4.000 Евреи од Северна Грција од таму прво биле депортирани во старите предели на царството Бугарија (логори во Горна Џумаја или во Лом), откаде потоа, преку Австрија, биле препратени во логорите во окупирана Полска. Тезата за отсуство на вина на бугарската држава во депортацијата на Евреите е научно-историски побиена во многу специјализирани публикации. Меѓутоа, политиката на одрекување продолжува да постои, па дури во последните 20 години се претвори во грди форми од кои некои станаа и официјално познати, па затоа и ќе ги споменам. Една од нив е тезата на Денко Марков, бивш претставник на фашистичка организација од пред војната-Сојуз на бугарските национални легии-а по 1989 г. еден од знаменосците на антикомунизмот (Марков бил осуден по 1944 г. заради профашистичка дејност и извесно време минал во логор). Во 2000 г. како претставник на СДС тој одржа говор во Народното собрание во кој изјави дека „депортацијата на непријателското население (еврејското) од Македонија и Северна Грција од страна на бугарските власти била законска и не претставува престап од аспект на меѓународното право“. Неговата изјава предизвика бурни протести на сите еврејски организации во Бугарија и надвор од неа. Партијата СДС се огради од неговите тези и декларации, но тие продолжија да бидат штитени од делови на бугарската десница. Така, европратеникот Андреј Ковачев од партијата ГЕРБ во 2014 г. организираше специјална сесија во Европскиот парламент во чест на Марков на која тој беше претставен како „борец против комунизмот“. За време на комунизмот, самиот Марков нема каква било општествена или политичка дејност. Во политичкиот живот тој се вклучува по 1989 г. кога учествува во обновувањето на Сојузот на бугарските национални легии. Меѓутоа, доктрината на Денко Марков најде поддршка меѓу некои јавни личности, како на пример кај главниот уредник на најголемата бугарска издавачка куќа, кој од екранот на државната телевизија на бугарскиот претседател му препорача да го кани Марков на сите национални празници и чествувања како национален херој, како што тоа го прават во Франција со заслужните борци за Франција. Нескриени симпатии кон Марков пројавија и политички партии, вклучувајќи ги и тие од власта, па во 2018 година бившиот легионер и создавач на доктрината за „легална депортација на непријателското еврејско население“ беше удостоен со официјален медал на Министерот за одбрана Красимир Каракачанов, претставник на крајно десната партија ВМРО, коалиционен партнер на ГЕРБ во владата на бившиот премиер Бојко Борисов цели 4 години. По 2008 година, владата на ГЕРБ ги продолжи напорите на партијата на бившиот бугарски цар Симеон Саксобурготски за омаловажување на историската одговорност и негирање на секоја вина на царска Бугарија во депортацијата на 12.000 Евреи. Тоа се манифестираше не само во лични изјави на бившиот премиер Борисов и на неговите министри како Екатерина Захариева од МНР, Красимир Каракачанов од МО и други, но и во сериозни материјални ресурси за пропагирање на таа теза (нарачка на книги, написи, изложби, телевизиски емисии, преводи на пропагандни текстови на англиски и шпански и организирање турнеи во странство и др.). Постепено, со напори не само на политичките органи, туку исто така и на академски институции како БАН, на професори од Софискиот и други универзитети, беше наложена тезата за целосно и безусловно спасување на 48.000 Евреи во Бугарија со учество на сите слоеви на социјалната пирамида, почнувајќи од бугарскиот цар Борис III, преку министрите на неговата последна влада, пратениците и едвај на крајот да се стигне и до бугарскиот народ. Освен што таа пирамида беше и досега останува целосно обратна и погрешна од основата, па до врвот, таа вклучува и целосно историски неодржливи елементи. Таа е соборена не само од еврејските организации и центрите за истражување на холокаустот Јад вашам и Музејот на холокаустот во Вашингтон, туку и од низа научни истражувачи во Бугарија, израел, Франција и други нивни публикации и книги… Извор: Пресинг ТВ

The post Холокаустот беше забранета тема во Бугарија до 1989 година appeared first on Република.

]]>