македонска химна Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonska-himna/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Jul 2024 18:42:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонска химна Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonska-himna/ 32 32 Часовите во училиштата во Општина Велес ќе започнуваат со интонирање на македонската химна https://republika.mk/vesti/makedonija/chasovite-vo-uchilishtata-vo-opshtina-veles-ke-zapochnuvaat-so-intonirane-na-makedonskata-himna/ Thu, 04 Jul 2024 18:42:28 +0000 https://republika.mk/?p=793536

Советот на Општина Велес донесе одлука часовите во училиштата да започнат со интонирање на македонската химна.

Оттаму велат дека целта е да се поттикне чуство за националната припадност уште од најмала возраст.

The post Часовите во училиштата во Општина Велес ќе започнуваат со интонирање на македонската химна appeared first on Република.

]]>

Советот на Општина Велес донесе одлука часовите во училиштата да започнат со интонирање на македонската химна. Оттаму велат дека целта е да се поттикне чуство за националната припадност уште од најмала возраст.    

The post Часовите во училиштата во Општина Велес ќе започнуваат со интонирање на македонската химна appeared first on Република.

]]>
Од понеделник државната химна ќе се интонира и во училиштата во Македонска Каменица https://republika.mk/vesti/makedonija/od-ponedelnik-drzhavnata-himna-ke-se-intonira-i-vo-uchilishtata-vo-makedonska-kamenitsa/ Fri, 24 Nov 2023 20:02:54 +0000 https://republika.mk/?p=716041

Македонска Каменица се вбројува во општините, каде наставата во сите училишта секој понеделник ќе започнува со интонирање на државната химна. Одлуката едногласно ја усвои Советот на Општината на вечерашната одржана седница.

Едногласно изгласаната одлука од Советот на општина Македонска Каменица доаѓа по иницијатива од градоначалникот на Општината, Димчо Атанасовски. Се работи за иницијатива преку која во иднина и на територијата на Општина Македонска Каменица ќе се изразува почит кон татковината. Целта е подигање на националното чувство и љубовта на дечињата кон Македонија, македонската култура и традиција, се вели во текстот од иницијативата.

Одлуката ќе важи за основното и средното училиште во градот, како и подрачните училишта во руралните средини.

Според одлуката усвоена на 32-та Седница на Советот на општина Македонска Каменица, секој понеделник пред почетокот на наставата државната химна ќе биде интонирана во Средното општинско училиште „Миле Јаневски Цингар“, Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“, како и подрачните училишта на целата територија на Општина М.Каменица.

The post Од понеделник државната химна ќе се интонира и во училиштата во Македонска Каменица appeared first on Република.

]]>

Македонска Каменица се вбројува во општините, каде наставата во сите училишта секој понеделник ќе започнува со интонирање на државната химна. Одлуката едногласно ја усвои Советот на Општината на вечерашната одржана седница.
Едногласно изгласаната одлука од Советот на општина Македонска Каменица доаѓа по иницијатива од градоначалникот на Општината, Димчо Атанасовски. Се работи за иницијатива преку која во иднина и на територијата на Општина Македонска Каменица ќе се изразува почит кон татковината. Целта е подигање на националното чувство и љубовта на дечињата кон Македонија, македонската култура и традиција, се вели во текстот од иницијативата.
Одлуката ќе важи за основното и средното училиште во градот, како и подрачните училишта во руралните средини. Според одлуката усвоена на 32-та Седница на Советот на општина Македонска Каменица, секој понеделник пред почетокот на наставата државната химна ќе биде интонирана во Средното општинско училиште „Миле Јаневски Цингар“, Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“, како и подрачните училишта на целата територија на Општина М.Каменица.

The post Од понеделник државната химна ќе се интонира и во училиштата во Македонска Каменица appeared first on Република.

]]>
Мицкоски остро: Сè додека добиваат плата од буџетот, Албанците мора да ги почитуваат основните обележја на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ostro-se-dodeka-dobivaat-plata-od-budhetot-albantsite-mora-da-gi-pochituvaat-osnovnite-obelezhja-na-makedonija/ Thu, 23 Nov 2023 19:07:24 +0000 https://republika.mk/?p=715637

Нема во Македонија албански општини, има само македонски општини, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Коментирајќи ги последните настани кои добија етничка конотација, поставувањето на крстот на Попова Шапка, но и најавите од албанските политичари за промена на химната и воведување албанска химна по општините со доминантно албанско население, Мицкоски рече дека сите општини се македонски, бидејќи граѓаните на Македонија им даваат плата, а Македонија ја дефинираат три основните симболи: знамето, химната и грбот.

Не гледам ништо спорно ако се интонира македонската химна – вели Мицкоски, за кого е неприфатливо албанска химна да се пее во која било општина на територија на нашата држава.

Се додека живееме под еден чадор, на територијата на Република Македонија тогаш мора да ги почитуваме основните столбови на Македонија, а тоа се: знамето, химната и грбот. Дали тоа го сакаат или не, тоа е нивен проблем, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски им се обрати на албанските политичари од опозицијата.

Мојот совет до политичарите Албанци, посебно од оние во опозицијата, да не подлегнуваат на етно-национализмот и шовинизам. Нема подоминантен од Али Ахмети во тој блок. Треба да влезат во порака каде има миграција и корупција, зошто фирмите блиски до ДУИ имаат милионски имоти, рече Мицкоски.

Мицкоски потсети дека и Албанците се селат, а заедно ги делиме проблемите со корупцијата и криминалот.

Се додека добиваат плата од буџетот кој го полнат граѓаните на Македонија, Албанците мора да ги почитуваат основните обележја. Не само што не сум подготвен да разговараме за нова химна, туку тоа не треба да биде ниту тема за разговор, рече Мицкоски.

The post Мицкоски остро: Сè додека добиваат плата од буџетот, Албанците мора да ги почитуваат основните обележја на Македонија appeared first on Република.

]]>

Нема во Македонија албански општини, има само македонски општини, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Коментирајќи ги последните настани кои добија етничка конотација, поставувањето на крстот на Попова Шапка, но и најавите од албанските политичари за промена на химната и воведување албанска химна по општините со доминантно албанско население, Мицкоски рече дека сите општини се македонски, бидејќи граѓаните на Македонија им даваат плата, а Македонија ја дефинираат три основните симболи: знамето, химната и грбот.
Не гледам ништо спорно ако се интонира македонската химна – вели Мицкоски, за кого е неприфатливо албанска химна да се пее во која било општина на територија на нашата држава. Се додека живееме под еден чадор, на територијата на Република Македонија тогаш мора да ги почитуваме основните столбови на Македонија, а тоа се: знамето, химната и грбот. Дали тоа го сакаат или не, тоа е нивен проблем, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски им се обрати на албанските политичари од опозицијата.
Мојот совет до политичарите Албанци, посебно од оние во опозицијата, да не подлегнуваат на етно-национализмот и шовинизам. Нема подоминантен од Али Ахмети во тој блок. Треба да влезат во порака каде има миграција и корупција, зошто фирмите блиски до ДУИ имаат милионски имоти, рече Мицкоски.
Мицкоски потсети дека и Албанците се селат, а заедно ги делиме проблемите со корупцијата и криминалот.
Се додека добиваат плата од буџетот кој го полнат граѓаните на Македонија, Албанците мора да ги почитуваат основните обележја. Не само што не сум подготвен да разговараме за нова химна, туку тоа не треба да биде ниту тема за разговор, рече Мицкоски.

The post Мицкоски остро: Сè додека добиваат плата од буџетот, Албанците мора да ги почитуваат основните обележја на Македонија appeared first on Република.

]]>
Стадионот ечи „Македонците се борат за своите правдини“ https://republika.mk/sport/fudbal/stadionot-echi-makedontsite-se-borat-za-svoite-pravdini/ Mon, 20 Nov 2023 20:17:35 +0000 https://republika.mk/?p=714545

Полна е арената „Тоше Проевски“ вечерва кога фудбалската репрезентација на Македонија ја пречекува Англија. На Градскиот стадион во еден глас со изведувачката Лина Пејовска, од илјадници грла ечи гордо македонската химна, иако натпреварот нема резултатско значење за двете репрезентации со оглед на тоа што Англичаните го имаат обезбедено пласманот на евро-шампионатот, додека Македонците се без шанси за напредок на табелата и квалификациите ќе ги завршат на претпоследното, 4. место.

Сепак, дуелот на Националната арена „Тодор Проески“ кој пред два дена доби нов терен, ќе биде шанса избраниците на селекторот Благоја Милевски да го подобрат впечатокот од првиот меѓусебен натпревар кога загубија на гости со 7:0.

The post Стадионот ечи „Македонците се борат за своите правдини“ appeared first on Република.

]]>

Полна е арената „Тоше Проевски“ вечерва кога фудбалската репрезентација на Македонија ја пречекува Англија. На Градскиот стадион во еден глас со изведувачката Лина Пејовска, од илјадници грла ечи гордо македонската химна, иако натпреварот нема резултатско значење за двете репрезентации со оглед на тоа што Англичаните го имаат обезбедено пласманот на евро-шампионатот, додека Македонците се без шанси за напредок на табелата и квалификациите ќе ги завршат на претпоследното, 4. место. Сепак, дуелот на Националната арена „Тодор Проески“ кој пред два дена доби нов терен, ќе биде шанса избраниците на селекторот Благоја Милевски да го подобрат впечатокот од првиот меѓусебен натпревар кога загубија на гости со 7:0.

The post Стадионот ечи „Македонците се борат за своите правдини“ appeared first on Република.

]]>
Вака се сака Македонија: Погледнете како 28.000 Македонци ја пееја нашата химна https://republika.mk/sport/fudbal/vaka-se-saka-makedonija-poglednete-kako-28-000-makedontsi-ja-peeja-nashata-himna/ Sun, 10 Sep 2023 13:36:40 +0000 https://republika.mk/?p=680575

Одлична беше атмосферата на Градкиот стадион на мечот со Италија.Посебно бевме горди како гледачите во еден стих ја испеаја македонската химна

The post Вака се сака Македонија: Погледнете како 28.000 Македонци ја пееја нашата химна appeared first on Република.

Елена Ристеска: Јас знам за една Македонија без придавки https://republika.mk/scena/muzika/elena-risteska-jas-znam-za-edna-makedonija-bez-pridavki-osven-pridavkata-republika/ Sun, 10 Jul 2022 17:41:17 +0000 https://republika.mk/?p=526633

Македонската поп ѕвезда, Елена Ристевска ја пееше македонската химна на прославата на Американската амбасада по повод 4 јули, Денот на Америка.

Македонската химна е гордост и чест да ти доверат да ја отпееш. Секогаш со посебно чувство сум ја пеела, бидејќи не е било која песна, химната е песна на еден цел народ , МАКЕДОНСКИ НАРОД. Јас знам за една Македонија без придавки( освен придавката “Република” ) за која сум учела и во која живеам од кога знам за себе , за еден јазик- МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК кој впрочем го говорам, знам за една нација или народ за кого пеам 20 години. Исто толку години ја претставувам мојата нација и мојата земја насекаде низ светот, а таа земја се вика МАКЕДОНИЈА. И токму сега во овие тешки моменти треба да ечи насекаде МАКЕДОНСКАТА ХИМНА , бидејќи носи силна порака. Покрај споменување на револуционерите и народот кои се бореле и умреле за татковината, се споменува само едно име- МАКЕДОНИЈА и еден народ- МАКЕДОНСКИ. Ова не е време за било какви поделби и овој коментар нема никаква политичка конотација- има исклучиво патриотска - напиша Ристевска на својот профил.

The post Елена Ристеска: Јас знам за една Македонија без придавки appeared first on Република.

Ракометарите на сиот глас пееја за „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“ https://republika.mk/sport/rakomet/rakometarite-na-siot-glas-peeja-za-goce-delchev-pitu-guli-dame-gruev-sandanski/ Mon, 18 Apr 2022 07:24:31 +0000 https://republika.mk/?p=489800

Maкедонските ракометари со многу емоција ја испеаја химната. Гоце Делчев, Питу Гули, Сандански покрај од Кире и дружината ечеше и од 7000 публика во салата.

The post Ракометарите на сиот глас пееја за „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“ appeared first on Република.

Бугарската се свиреше 1.25 минути, македонската 52 секунди: Што велат од Академијата за протокол за интонирањето на македонската химна https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskata-se-svireshe-1-25-minuti-makedonskata-52-sekundi-shto-velat-od-akademijata-za-protokol-za-intoniranjeto-na-makedonskata-himna/ Tue, 18 Jan 2022 19:43:27 +0000 https://republika.mk/?p=446502

Јавноста денеска бурно реагираше што бугарскиот премиер Кирил Петков во Скопје беше пречекан со инструменталната верзија од македонската химна, од која пак беше отсвирена само една строфа.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ja-skratija-himnata-petkov-ne-slushna-za-goce-delchev-dame-gruev-sandanski-i-krushevskata-republika/

Од Влада побрзаа да го оправдаат овој потег, тврдејќи дека „секогаш и без исклучок се интонираат инструментални кратки верзии на државните химни, а никогаш не се изведуваат верзии на химните во целост и со стихови и вокали.“

Сепак, од Академија за протокол велат дека ова не е секогаш случај. Додаваат и дека македонската химна секогаш е далеку пократка од онаа на гостинот, иако светската протоколарна практика вели дека интонирањето на химните не треба да е временски драстично различно, односно една химна упадливо подолга од другата. Денеска, македонската химна ечеше 52 секунди, додека бугарската минута и 25 секунди.

Ги споделувам одредбите кои се однесуваат на интонирањето на химната од Правилото за Воен протокол како и Законот за употреба на државните симболи.
Правило за воен протокол (2012 год.)

Дел 3.1.1. Оддавање на воени почести на шефови на странски држави:

При доаѓање на странската делегација претседателот го пречекува гостинот кај возилото, воениот оркестар интонира марш. Командирот на почесната единица командува „почесен поздрав на де-СНО”. Гостинот и домаќинот се качуваат на бината и ги заземаат своите места. Воениот оркестар ја интонира химната на земјата гостин, а потоа на земјата домаќин.

Закон за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија (1997)

Член 27

Химната на Република Македонија се изведува со: свирење, пеење или и со свирење и со пеење.

Химната секогаш треба да се свири со достоинство.

Химната не се користи како дел од друг вид музика.

Химната на Република Македонија може да се свири на почетокот, средината или крајот од манифестацијата на која се изведува, во зависност од тоа на кој начин на химната ќе и се даде најголемо достоинство.

Член 28

Ако химната на Република Македонија треба да се изведе во Република Македонија заедно со химната на странска држава или свечена песна на меѓународна или друга странска организација, прво се изведува химната на странската држава или свечената песна на меѓународната или друга странска организација, а потоа химната на Република Македонија.

Член 29

При изведувањето на химната на Република Македонија сите присутни стојат во став мирно од свирењето, односно пеењето на првиот тон па сè до последниот тон на химната, свртени со лице кон изведувачите на химната.

Како што гледате, во овие два документи нема одредба околу должината на мелодијата на химната што се интонира. (што не значи дека можеби тоа не е определено во некои други интерни документи)

Исто така, при прегледување на јутјуб снимки, како што се сугерира во демантот од Владата, точно е дека во последните години започнала да се интонира скратена верзија, само „првата строфа“ од химната, наводно „според светски практики“. Но, светска протоколарна практика вели дека интонирањето на химните не треба да е временски драстично различно, односно една химна упадливо подолга од другата. Гледајќи ги снимките, интонирањето на нашата химна е секогаш далеку пократко од странската. На пример, при посетата на Столтенберг, химната на НАТО беше 79 секунди, а нашата химна 43 сек, итн...има повеќе вакви примери.

Понатаму, при прегледување на други снимки на јутјуб, (а прегледав навистина бааѓи) забележав дека има варијации, односно некогаш се интонира „долга варијанта“ а некогаш „кратка“. Не би можела да кажам зошто се тие разлики. 

За крај, многу добро е познато дека при инструментална верзија на химната, нема стихови, но нашиот народ многу добро знае која е содржината на химната и кои се строфите, па секое нејзино скратено интонирање со право предизвикува реакции. На крајот на краиштата ова е свечена песна која треба емотивно да го „подигне“ народот, и ако истиот народ вака интонираната химна ја доживува химната нецелосна и некомплетна, тогаш можеби треба да се размисли нешто да се промени, реагираат од Академија за протокол.

The post Бугарската се свиреше 1.25 минути, македонската 52 секунди: Што велат од Академијата за протокол за интонирањето на македонската химна appeared first on Република.

]]>

Јавноста денеска бурно реагираше што бугарскиот премиер Кирил Петков во Скопје беше пречекан со инструменталната верзија од македонската химна, од која пак беше отсвирена само една строфа. https://republika.mk/vesti/makedonija/ja-skratija-himnata-petkov-ne-slushna-za-goce-delchev-dame-gruev-sandanski-i-krushevskata-republika/ Од Влада побрзаа да го оправдаат овој потег, тврдејќи дека „секогаш и без исклучок се интонираат инструментални кратки верзии на државните химни, а никогаш не се изведуваат верзии на химните во целост и со стихови и вокали.“ Сепак, од Академија за протокол велат дека ова не е секогаш случај. Додаваат и дека македонската химна секогаш е далеку пократка од онаа на гостинот, иако светската протоколарна практика вели дека интонирањето на химните не треба да е временски драстично различно, односно една химна упадливо подолга од другата. Денеска, македонската химна ечеше 52 секунди, додека бугарската минута и 25 секунди.
Ги споделувам одредбите кои се однесуваат на интонирањето на химната од Правилото за Воен протокол како и Законот за употреба на државните симболи. Правило за воен протокол (2012 год.)   Дел 3.1.1. Оддавање на воени почести на шефови на странски држави:   При доаѓање на странската делегација претседателот го пречекува гостинот кај возилото, воениот оркестар интонира марш. Командирот на почесната единица командува „почесен поздрав на де-СНО”. Гостинот и домаќинот се качуваат на бината и ги заземаат своите места. Воениот оркестар ја интонира химната на земјата гостин, а потоа на земјата домаќин.   Закон за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија (1997)   Член 27   Химната на Република Македонија се изведува со: свирење, пеење или и со свирење и со пеење.   Химната секогаш треба да се свири со достоинство.   Химната не се користи како дел од друг вид музика.   Химната на Република Македонија може да се свири на почетокот, средината или крајот од манифестацијата на која се изведува, во зависност од тоа на кој начин на химната ќе и се даде најголемо достоинство.   Член 28   Ако химната на Република Македонија треба да се изведе во Република Македонија заедно со химната на странска држава или свечена песна на меѓународна или друга странска организација, прво се изведува химната на странската држава или свечената песна на меѓународната или друга странска организација, а потоа химната на Република Македонија.   Член 29   При изведувањето на химната на Република Македонија сите присутни стојат во став мирно од свирењето, односно пеењето на првиот тон па сè до последниот тон на химната, свртени со лице кон изведувачите на химната.   Како што гледате, во овие два документи нема одредба околу должината на мелодијата на химната што се интонира. (што не значи дека можеби тоа не е определено во некои други интерни документи)   Исто така, при прегледување на јутјуб снимки, како што се сугерира во демантот од Владата, точно е дека во последните години започнала да се интонира скратена верзија, само „првата строфа“ од химната, наводно „според светски практики“. Но, светска протоколарна практика вели дека интонирањето на химните не треба да е временски драстично различно, односно една химна упадливо подолга од другата. Гледајќи ги снимките, интонирањето на нашата химна е секогаш далеку пократко од странската. На пример, при посетата на Столтенберг, химната на НАТО беше 79 секунди, а нашата химна 43 сек, итн...има повеќе вакви примери.   Понатаму, при прегледување на други снимки на јутјуб, (а прегледав навистина бааѓи) забележав дека има варијации, односно некогаш се интонира „долга варијанта“ а некогаш „кратка“. Не би можела да кажам зошто се тие разлики.    За крај, многу добро е познато дека при инструментална верзија на химната, нема стихови, но нашиот народ многу добро знае која е содржината на химната и кои се строфите, па секое нејзино скратено интонирање со право предизвикува реакции. На крајот на краиштата ова е свечена песна која треба емотивно да го „подигне“ народот, и ако истиот народ вака интонираната химна ја доживува химната нецелосна и некомплетна, тогаш можеби треба да се размисли нешто да се промени, реагираат од Академија за протокол.

The post Бугарската се свиреше 1.25 минути, македонската 52 секунди: Што велат од Академијата за протокол за интонирањето на македонската химна appeared first on Република.

]]>
Владата со објаснување за химната: Се изведуваше кратката инструментална верзија https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-so-objasnuvanje-za-himnata-se-izveduvashe-kratkata-instrumentalna-verzija/ Tue, 18 Jan 2022 14:44:10 +0000 https://republika.mk/?p=446414

Владата испрати објаснување по повод церемонијата на изведување на химната на Република Македонија за време на посетата на премиерот на Бугарија Кирил Петков.

Од Владата велат дека не е точно дека намерно бил изоставен делот од химната каде се споменуваат Гоце Делчев, Питу Гули, Сандански и Крушевската Република, туку дека се изведувала кратка инстументална верзија.

Воениот оркестар на Армијата  согласно воениот и државен протокол се ангажира при пречек на странските државници на највисоко ниво при што секогаш и без исклучок се интонираат инструментални кратки верзии на државните химни, а никогаш не се изведуваат верзии на химните во целост и со стихови и вокали. Оттука, дезинформација е дека химната односно стихови од химната биле скратени од било кои причини специфично за оваа посета. Дезинформација е дека било кој стих од химната бил скратен бидејќи стихови воопшто не се изведуваат при вакви церемонии. Ова е востановена пракса во протоколите за пречек, како во Македонија така и во светски рамки. Дека химните во вакви прилики се изведуваат без вокали и само во инструментална кратка верзија - велат од Владата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ja-skratija-himnata-petkov-ne-slushna-za-goce-delchev-dame-gruev-sandanski-i-krushevskata-republika/

The post Владата со објаснување за химната: Се изведуваше кратката инструментална верзија appeared first on Република.

]]>

Владата испрати објаснување по повод церемонијата на изведување на химната на Република Македонија за време на посетата на премиерот на Бугарија Кирил Петков. Од Владата велат дека не е точно дека намерно бил изоставен делот од химната каде се споменуваат Гоце Делчев, Питу Гули, Сандански и Крушевската Република, туку дека се изведувала кратка инстументална верзија.
Воениот оркестар на Армијата  согласно воениот и државен протокол се ангажира при пречек на странските државници на највисоко ниво при што секогаш и без исклучок се интонираат инструментални кратки верзии на државните химни, а никогаш не се изведуваат верзии на химните во целост и со стихови и вокали. Оттука, дезинформација е дека химната односно стихови од химната биле скратени од било кои причини специфично за оваа посета. Дезинформација е дека било кој стих од химната бил скратен бидејќи стихови воопшто не се изведуваат при вакви церемонии. Ова е востановена пракса во протоколите за пречек, како во Македонија така и во светски рамки. Дека химните во вакви прилики се изведуваат без вокали и само во инструментална кратка верзија - велат од Владата.
  https://republika.mk/vesti/makedonija/ja-skratija-himnata-petkov-ne-slushna-za-goce-delchev-dame-gruev-sandanski-i-krushevskata-republika/      

The post Владата со објаснување за химната: Се изведуваше кратката инструментална верзија appeared first on Република.

]]>
Jа скратија химната: Петков не слушна за Гоце Делчев, Даме Груев, Сандански и Крушевската република https://republika.mk/vesti/makedonija/ja-skratija-himnata-petkov-ne-slushna-za-goce-delchev-dame-gruev-sandanski-i-krushevskata-republika/ Tue, 18 Jan 2022 08:47:49 +0000 https://republika.mk/?p=446164

На премиерот на Бугарија Кирил Петков му беше приреден свечен пречек пред владата на Република Македонија. Тој беше дочекан од неговиот домаќин Димитар Ковачевски.

Но, кога дојде редот за изведување на македонската химна, воениот оркестар го изведе само првиот дел но не и делот што е проблематичен за Бугарија каде се споменува Гоце Делчев, Даме Груев, Сандански и Крушевската република.

Слушнете, делот со химната е на петата минута од видето

The post Jа скратија химната: Петков не слушна за Гоце Делчев, Даме Груев, Сандански и Крушевската република appeared first on Република.

]]>

На премиерот на Бугарија Кирил Петков му беше приреден свечен пречек пред владата на Република Македонија. Тој беше дочекан од неговиот домаќин Димитар Ковачевски. Но, кога дојде редот за изведување на македонската химна, воениот оркестар го изведе само првиот дел но не и делот што е проблематичен за Бугарија каде се споменува Гоце Делчев, Даме Груев, Сандански и Крушевската република. Слушнете, делот со химната е на петата минута од видето

The post Jа скратија химната: Петков не слушна за Гоце Делчев, Даме Груев, Сандански и Крушевската република appeared first on Република.

]]>