македонија - украина Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonija-ukraina/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jul 2024 11:27:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонија - украина Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonija-ukraina/ 32 32 Украинската амбасадорка се заблагодари за украинските граѓани кои се под привремена заштита во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/ukrainskata-ambasadorka-se-zablagodari-za-ukrainskite-gragani-koi-se-pod-privremena-zashtita-vo-makedonija/ Tue, 30 Jul 2024 11:27:55 +0000 https://republika.mk/?p=801666

Денеска во Министерството за внатрешни работи се одржа работна средба помеѓу министерот Панче Тошковски и амбасадорката на Украина Лариса Дир.

Како што соопштуваат од МВР, од страна на амбасадорката Дир беа упатени честитки до министерот Тошковски за изборот да раководи со Министерството за внатрешни работи, изразувајќи надеж дека соработката помеѓу двете полиции ќе се интензивира во наредниот период.

Меѓу другото беше побарано да се зајакне билатералната соработка во делот на кризниот менаџмент. Амбасадорката, притоа изрази голема благодарност за украинските граѓани кои се под привремена заштита во нашата земја, со надеж дека нивната заштита ќе продолжи онолку колку што е потребно.
Министерот Тошковски изрази уверување дека привремената заштита ќе продолжи, најавувајќи интензивирање на соработката помеѓу двете министерства преку сите меѓународни и регионални канали на полициска соработка, велат од МВР.

На средбата двете страни изразија задоволство од долгогодишната одлична соработка, со акцент на партнерството помеѓу двете министерства, особено во делот на осовременување на капацитетите, како и размената на информации, сознанија преку Интерпол.

The post Украинската амбасадорка се заблагодари за украинските граѓани кои се под привремена заштита во Македонија appeared first on Република.

]]>

Денеска во Министерството за внатрешни работи се одржа работна средба помеѓу министерот Панче Тошковски и амбасадорката на Украина Лариса Дир. Како што соопштуваат од МВР, од страна на амбасадорката Дир беа упатени честитки до министерот Тошковски за изборот да раководи со Министерството за внатрешни работи, изразувајќи надеж дека соработката помеѓу двете полиции ќе се интензивира во наредниот период.
Меѓу другото беше побарано да се зајакне билатералната соработка во делот на кризниот менаџмент. Амбасадорката, притоа изрази голема благодарност за украинските граѓани кои се под привремена заштита во нашата земја, со надеж дека нивната заштита ќе продолжи онолку колку што е потребно. Министерот Тошковски изрази уверување дека привремената заштита ќе продолжи, најавувајќи интензивирање на соработката помеѓу двете министерства преку сите меѓународни и регионални канали на полициска соработка, велат од МВР.
На средбата двете страни изразија задоволство од долгогодишната одлична соработка, со акцент на партнерството помеѓу двете министерства, особено во делот на осовременување на капацитетите, како и размената на информации, сознанија преку Интерпол.

The post Украинската амбасадорка се заблагодари за украинските граѓани кои се под привремена заштита во Македонија appeared first on Република.

]]>
Кулеба: Македонија е добар пријател на Украина, направи многу да ни помогне https://republika.mk/vesti/svet/kuleba-makedonija-e-dobar-prijatel-na-ukraina-napravi-mnogu-da-ni-pomogne/ Wed, 27 Mar 2024 18:55:57 +0000 https://republika.mk/?p=759518

Македонија е добар пријател на Украина и направи многу за да ни помогне, рече украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, одговарајќи на новинарско прашање на онлајн брифинг со странски медиуми, пренесува Гласот на Америка.

- Направивте многу во последните три години. Во споредба со вашите можности, вие навистина направивте многу за да ни помогнете, исто како што направивме и ние за да ви помогнеме во деведесетите, рече Кулеба.

Шефот на дипломатјата на Украина вели дека анкетите низ различни западни земји покажуваат дека луѓето ја поддржуваат украинската влада, но оти дефинитивно ќе се види скок во напорите на руската пропаганда во наредните недели и месеци. особено во светло на претстојните европски избори и претседателските во САД.

Според него, Русија нема да штеди напори да ја обвини Украина за криминал, со цел да ја дискредитира и да ја намали поддршката што ја ужива.

- Затоа, мора да останеме внимателни, мора да се спротивставиме. Најсвеж пример, секако, е обидот на Русија да ја поврзе Украина или да ја обвини Украина дека е вмешана во пукањето во концертна сала во Русија. Овие изјави се лажни и апсурдни. Вака не се бориме за себе. Злосторствата врз цивилите е руска практика, како што видовме во последните неколку години од руската агресија врз Украина, но, да, тие ќе се обидат да се обидат да направат сè да ја дискредитираат Украина, рече Кулеба.

Русија, според него, нема црвени линии кога се во прашање нивните обиди да ја дискредитираат Украина во очите на целиот свет, но оти проблемот се црвените линии на западните држави.

- Проблемот е помалку во руската пропаганда која не познава црвени линии, туку е повеќе во западните влади кои си поставуваат премногу црвени линии кога станува збор за борбата против поддршката на Украина во нејзината борба против руската агресија, вели украинскиот министер за надворешни работи

The post Кулеба: Македонија е добар пријател на Украина, направи многу да ни помогне appeared first on Република.

]]>

Македонија е добар пријател на Украина и направи многу за да ни помогне, рече украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, одговарајќи на новинарско прашање на онлајн брифинг со странски медиуми, пренесува Гласот на Америка.
- Направивте многу во последните три години. Во споредба со вашите можности, вие навистина направивте многу за да ни помогнете, исто како што направивме и ние за да ви помогнеме во деведесетите, рече Кулеба.
Шефот на дипломатјата на Украина вели дека анкетите низ различни западни земји покажуваат дека луѓето ја поддржуваат украинската влада, но оти дефинитивно ќе се види скок во напорите на руската пропаганда во наредните недели и месеци. особено во светло на претстојните европски избори и претседателските во САД. Според него, Русија нема да штеди напори да ја обвини Украина за криминал, со цел да ја дискредитира и да ја намали поддршката што ја ужива.
- Затоа, мора да останеме внимателни, мора да се спротивставиме. Најсвеж пример, секако, е обидот на Русија да ја поврзе Украина или да ја обвини Украина дека е вмешана во пукањето во концертна сала во Русија. Овие изјави се лажни и апсурдни. Вака не се бориме за себе. Злосторствата врз цивилите е руска практика, како што видовме во последните неколку години од руската агресија врз Украина, но, да, тие ќе се обидат да се обидат да направат сè да ја дискредитираат Украина, рече Кулеба.
Русија, според него, нема црвени линии кога се во прашање нивните обиди да ја дискредитираат Украина во очите на целиот свет, но оти проблемот се црвените линии на западните држави. - Проблемот е помалку во руската пропаганда која не познава црвени линии, туку е повеќе во западните влади кои си поставуваат премногу црвени линии кога станува збор за борбата против поддршката на Украина во нејзината борба против руската агресија, вели украинскиот министер за надворешни работи

The post Кулеба: Македонија е добар пријател на Украина, направи многу да ни помогне appeared first on Република.

]]>
Џафери и Зеленски во Тирана потпишале заедничка изјава за евроатлантските интеграции на Украина https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-i-zelenski-vo-tirana-potpishale-zaednichka-izjava-za-evroatlantskite-integratsii-na-ukraina/ Wed, 28 Feb 2024 20:51:12 +0000 https://republika.mk/?p=749441

Претседателот на техничката Влада Талат Џафери денеска во рамки на работната посета на Албанија, се сретнал со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. На средбата, соопштија од владината прес - служба, присуствувале и министерот за надворешни работи, Бујар Османи и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски.

Џафери ја истакнал поддршката на Владата и определеноста и посветеноста кон територијалниот интегритет и суверенитет на Украина во нејзините меѓународни признаени граници. Притоа, како што стои во соопштението, потенцирал дека на билатерална основа, но и во рамки на НАТО, целосното усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и со приклучувањето кон Декларацијата на земјите од Г7 за безбедносни гаранции за Украина, Македонија од почетокот на руската воена агресија, манифестира континуитет во својата позиција и ќе продолжи сè додека е тоа потребно.

Техничкиот премиер Џафери нагласил дека чувствува посебна, лична одговорност и обврска, по добиениот Орден на Принцот „Јарослав Мудриот“ од претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук во 2022 година, да продолжи активно да дава личен придонес во зајакнувањето на меѓудржавната соработка и во поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина.

Зеленски, како што се наведува во соопштението, изразил благодарност до Владата и граѓаните на Македонија за силната и сеопфатна поддршка, пред сѐ политичка и воена на земјата, како и за приемот на украински бегалци. Потенцирал дека Украина посебно цени што Македонија се приклучила кон Бучанската Декларација за повикување на одговорност за најтешките воени злосторства извршени на територијата на Украина.

Џафери и Зеленски, по средбата потпишале заедничка изјава за евроатлантските интеграции на Украина.

Во изјавата заеднички се осудени злосторствата од вооружените сили на Руската Федерација врз цивилно население и цивилна инфраструктура на Украина, вклучително и енергетски објекти, училишта, болници и станбени згради, коишто се заштитени со меѓународното хуманитарно право. Нагласена е потребата за итно и целосно повлекување на сите трупи и вооружени формации на Руската Федерација од суверената територија на Украина, во рамките на нејзините меѓународно признаени граници од 1991 година. Посочено е и на важноста од истрага за воените злосторства на територијата на Украина, во согласност со меѓународното право, се појаснува во соопштението од Владата.

Во однос на евроатлантските перспективи, во изјавата, се вели во соопштението, е истакнат значителниот придонес на Украина за безбедноста на евроатлантската област, особено украинските напори да одвратат на неиспровоцираната и неоправдана воена агресија на Руската Федерација. Во таа насока, посебно е нагласен заедничкиот став за потребата од дополнително зајакнување на консолидираниот капацитет на евроатлантската заедница, со цел ефикасно спротивставување на постојните и на потенцијалните глобални предизвици и безбедносни закани.

- Потенцирани се и заедничките напори да се обезбеди натамошен напредок кон имплементацијата на стандардите на ЕУ и НАТО, со цел членство на Украина во Европската Унија и во Северноатлантската алијанса. Потенцирана е и меѓусебната поддршка за време на процесот на пристапните преговори на Украина и Македонија за членство во Европската Унија, соопшти владината прес-служба.

The post Џафери и Зеленски во Тирана потпишале заедничка изјава за евроатлантските интеграции на Украина appeared first on Република.

]]>

Претседателот на техничката Влада Талат Џафери денеска во рамки на работната посета на Албанија, се сретнал со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. На средбата, соопштија од владината прес - служба, присуствувале и министерот за надворешни работи, Бујар Османи и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски. Џафери ја истакнал поддршката на Владата и определеноста и посветеноста кон територијалниот интегритет и суверенитет на Украина во нејзините меѓународни признаени граници. Притоа, како што стои во соопштението, потенцирал дека на билатерална основа, но и во рамки на НАТО, целосното усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и со приклучувањето кон Декларацијата на земјите од Г7 за безбедносни гаранции за Украина, Македонија од почетокот на руската воена агресија, манифестира континуитет во својата позиција и ќе продолжи сè додека е тоа потребно. Техничкиот премиер Џафери нагласил дека чувствува посебна, лична одговорност и обврска, по добиениот Орден на Принцот „Јарослав Мудриот“ од претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук во 2022 година, да продолжи активно да дава личен придонес во зајакнувањето на меѓудржавната соработка и во поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина. Зеленски, како што се наведува во соопштението, изразил благодарност до Владата и граѓаните на Македонија за силната и сеопфатна поддршка, пред сѐ политичка и воена на земјата, како и за приемот на украински бегалци. Потенцирал дека Украина посебно цени што Македонија се приклучила кон Бучанската Декларација за повикување на одговорност за најтешките воени злосторства извршени на територијата на Украина. Џафери и Зеленски, по средбата потпишале заедничка изјава за евроатлантските интеграции на Украина.
Во изјавата заеднички се осудени злосторствата од вооружените сили на Руската Федерација врз цивилно население и цивилна инфраструктура на Украина, вклучително и енергетски објекти, училишта, болници и станбени згради, коишто се заштитени со меѓународното хуманитарно право. Нагласена е потребата за итно и целосно повлекување на сите трупи и вооружени формации на Руската Федерација од суверената територија на Украина, во рамките на нејзините меѓународно признаени граници од 1991 година. Посочено е и на важноста од истрага за воените злосторства на територијата на Украина, во согласност со меѓународното право, се појаснува во соопштението од Владата.
Во однос на евроатлантските перспективи, во изјавата, се вели во соопштението, е истакнат значителниот придонес на Украина за безбедноста на евроатлантската област, особено украинските напори да одвратат на неиспровоцираната и неоправдана воена агресија на Руската Федерација. Во таа насока, посебно е нагласен заедничкиот став за потребата од дополнително зајакнување на консолидираниот капацитет на евроатлантската заедница, со цел ефикасно спротивставување на постојните и на потенцијалните глобални предизвици и безбедносни закани. - Потенцирани се и заедничките напори да се обезбеди натамошен напредок кон имплементацијата на стандардите на ЕУ и НАТО, со цел членство на Украина во Европската Унија и во Северноатлантската алијанса. Потенцирана е и меѓусебната поддршка за време на процесот на пристапните преговори на Украина и Македонија за членство во Европската Унија, соопшти владината прес-служба.

The post Џафери и Зеленски во Тирана потпишале заедничка изјава за евроатлантските интеграции на Украина appeared first on Република.

]]>
Пендаровски му кажал на Зеленски дека Македонија ја поддржува апликацијата за членство на Украина во НАТО https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-mu-kazhal-na-zelenski-deka-makedonija-ja-poddrzhuva-aplikatsijata-za-chlenstvo-na-ukraina-vo-nato/ Wed, 28 Feb 2024 17:33:55 +0000 https://republika.mk/?p=749379

Последниот развој на случувањата во Украина и можностите за продлабочување на соработката во насока на поддршка на украинскиот народ и враќање на територијалниот интегритет на Украина во рамки на нејзините меѓународно признаени граници биле тема на разговор на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со неговиот украински колега, Володимир Зеленски во рамки на самиот Украина - Југоисточна Европа, во Тирана.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, Пендаровски на средбата го реафирмирал ставот дека Македонија од самиот почеток силно ја осудува агресијата на Руската Федерација врз Украина која претставува повреда на Повелбата на ОН и принципите на ОБСЕ.

Истовремено, се додава во соопштението, претседателот Пендаровски навел дека државата се приклучила на Кримската платформа, ја усвоила Декларацијата за осуда на воените напади против територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и се приклучила на Заедничката декларација на Г-7 за поддршка на Украина, на Меѓународната коалиција за враќање на украинските деца и го поддржала формирањето на Специјалниот трибунал, кој ќе ги истражува и гони злосторствата на агресија извршени од страна на Руската Федерација.

Воедно, претседателот ја поздрави одлуката на Европскиот совет за отворање на преговори за членство на Украина во ЕУ и истакна дека Македонија, како земја-членка на НАТО, останува посветена на политиката на отворени врати и ја поддржува апликацијата на Украина за членство во Алијансата, стои во соопштението.

Украинскиот претседател, како што се посочува во соопштението, изразил благодарност за цврстата позиција и севкупната поддршка што Украина ја добива од  Македонија. 

The post Пендаровски му кажал на Зеленски дека Македонија ја поддржува апликацијата за членство на Украина во НАТО appeared first on Република.

]]>

Последниот развој на случувањата во Украина и можностите за продлабочување на соработката во насока на поддршка на украинскиот народ и враќање на територијалниот интегритет на Украина во рамки на нејзините меѓународно признаени граници биле тема на разговор на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со неговиот украински колега, Володимир Зеленски во рамки на самиот Украина - Југоисточна Европа, во Тирана. Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, Пендаровски на средбата го реафирмирал ставот дека Македонија од самиот почеток силно ја осудува агресијата на Руската Федерација врз Украина која претставува повреда на Повелбата на ОН и принципите на ОБСЕ. Истовремено, се додава во соопштението, претседателот Пендаровски навел дека државата се приклучила на Кримската платформа, ја усвоила Декларацијата за осуда на воените напади против територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и се приклучила на Заедничката декларација на Г-7 за поддршка на Украина, на Меѓународната коалиција за враќање на украинските деца и го поддржала формирањето на Специјалниот трибунал, кој ќе ги истражува и гони злосторствата на агресија извршени од страна на Руската Федерација.
Воедно, претседателот ја поздрави одлуката на Европскиот совет за отворање на преговори за членство на Украина во ЕУ и истакна дека Македонија, како земја-членка на НАТО, останува посветена на политиката на отворени врати и ја поддржува апликацијата на Украина за членство во Алијансата, стои во соопштението.
Украинскиот претседател, како што се посочува во соопштението, изразил благодарност за цврстата позиција и севкупната поддршка што Украина ја добива од  Македонија. 

The post Пендаровски му кажал на Зеленски дека Македонија ја поддржува апликацијата за членство на Украина во НАТО appeared first on Република.

]]>
Ќе имаме голема поддршка: Распродадени сите билети предвидени за македонски навивачи за натпреварот против Украина во Прага https://republika.mk/sport/fudbal/ke-imame-golema-poddrshka-rasprodadeni-site-bileti-predvideni-za-makedonski-navivachi-za-natprevarot-protiv-ukraina-vo-praga/ Thu, 05 Oct 2023 15:16:20 +0000 https://republika.mk/?p=688284

Секторот предвиден за навивачи на македонската фудбалска репрезентација за претстојниот евроквалификациски натпревар против Украина во Прага е експресно распродаден и „црвено – жолтите“ ќе имаат бројна поддршка од трибините на „Епет Арена“ на 14. овој месец.

За македонските навивачи беа резервирани 997 билети кои беа продадени за помалку од 48 часа, а според најавите навивачки групи организирано ќе допатуваат во Прага од повеќе европски држави.

Дуелот меѓу македонската и украинската репрезентација во рамки на групата Ц во квалификациите за ЕУРО 2024 е закажан за 14 овој месец со почеток во 15 часот на стадионот на Спарта Прага со капацитет од 18.000 седишта.

Пред завршните три евроквалификациски дуели, македонската репрезентација е на четвртото место во групата со седум бодови, колку што имаат и Италија на второто и Украина на третото место. Лидер е Англија со 13 бодови, додека Малта е на последното место без освоен бод.

The post Ќе имаме голема поддршка: Распродадени сите билети предвидени за македонски навивачи за натпреварот против Украина во Прага appeared first on Република.

]]>

Секторот предвиден за навивачи на македонската фудбалска репрезентација за претстојниот евроквалификациски натпревар против Украина во Прага е експресно распродаден и „црвено – жолтите“ ќе имаат бројна поддршка од трибините на „Епет Арена“ на 14. овој месец. За македонските навивачи беа резервирани 997 билети кои беа продадени за помалку од 48 часа, а според најавите навивачки групи организирано ќе допатуваат во Прага од повеќе европски држави. Дуелот меѓу македонската и украинската репрезентација во рамки на групата Ц во квалификациите за ЕУРО 2024 е закажан за 14 овој месец со почеток во 15 часот на стадионот на Спарта Прага со капацитет од 18.000 седишта. Пред завршните три евроквалификациски дуели, македонската репрезентација е на четвртото место во групата со седум бодови, колку што имаат и Италија на второто и Украина на третото место. Лидер е Англија со 13 бодови, додека Малта е на последното место без освоен бод.

The post Ќе имаме голема поддршка: Распродадени сите билети предвидени за македонски навивачи за натпреварот против Украина во Прага appeared first on Република.

]]>
Пуштени во продажба влезниците за натпреварот Украина – Македонија во Прага https://republika.mk/sport/fudbal/pushteni-vo-prodazhba-vleznitsite-za-natprevarot-ukraina-makedonija-vo-praga/ Tue, 03 Oct 2023 19:19:15 +0000 https://republika.mk/?p=687526

Билетите за навивачите на македонската репрезентација за натпреварот Украина - Македонија кој ќе се одигра на 14. октомври, 2023 г. на стадионот на Спарта во Прага се пуштени во продажба.

Како што информираат од ФФМ, билетите се по цена од 300 чешки Круни (приближно 755 денари), а може да се купуваат електронски на следниот линк:

https://uaf.enigoo.cz/app/guests/events

За македонските навивачи, во секторот од трибината на стадионот наменета за навивачи на македонската репрезентација (блоковите F1, F2, F20, F21 од мапата на стадионот) се предвидени 988 влезници.

Фановите кои ќе патуваат во Чешка, билетот за натпреварот Украина - Македонија може да го добијат во ПДФ форма откако ќе го завршат процесот на електронско купување на влезница. Едно лице со пополнети лични податоци може да купи најмногу четири билети.

The post Пуштени во продажба влезниците за натпреварот Украина – Македонија во Прага appeared first on Република.

]]>

Билетите за навивачите на македонската репрезентација за натпреварот Украина - Македонија кој ќе се одигра на 14. октомври, 2023 г. на стадионот на Спарта во Прага се пуштени во продажба. Како што информираат од ФФМ, билетите се по цена од 300 чешки Круни (приближно 755 денари), а може да се купуваат електронски на следниот линк: https://uaf.enigoo.cz/app/guests/events За македонските навивачи, во секторот од трибината на стадионот наменета за навивачи на македонската репрезентација (блоковите F1, F2, F20, F21 од мапата на стадионот) се предвидени 988 влезници. Фановите кои ќе патуваат во Чешка, билетот за натпреварот Украина - Македонија може да го добијат во ПДФ форма откако ќе го завршат процесот на електронско купување на влезница. Едно лице со пополнети лични податоци може да купи најмногу четири билети.

The post Пуштени во продажба влезниците за натпреварот Украина – Македонија во Прага appeared first on Република.

]]>
Зеленски се заблагодари за поддршката од Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/zelenski-se-zablagodari-za-poddrshkata-od-makedonija/ Wed, 16 Aug 2023 07:26:31 +0000 https://republika.mk/?p=672553

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ се заблагодари на Македонија за приклучувањето кон декларацијата на Г-7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина.

Благодарен сум ѝ на Македонија што се приклучи кон декларацијата на Г-7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина и стана 15-та земја што го стори тоа. Ги ценам личните напори на премиерот Димитар Ковачевски за зајакнување на партнерството на нашите земји, објави Зеленски на Твитер.

The post Зеленски се заблагодари за поддршката од Македонија appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ се заблагодари на Македонија за приклучувањето кон декларацијата на Г-7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина.
Благодарен сум ѝ на Македонија што се приклучи кон декларацијата на Г-7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина и стана 15-та земја што го стори тоа. Ги ценам личните напори на премиерот Димитар Ковачевски за зајакнување на партнерството на нашите земји, објави Зеленски на Твитер.

The post Зеленски се заблагодари за поддршката од Македонија appeared first on Република.

]]>
Барди и Елмас ѝ донесоа водство на Македонија од 2-0 https://republika.mk/sport/fudbal/bardi-i-elmas-donesoa-vodstvo-na-makedonija-od-2-0/ Fri, 16 Jun 2023 19:35:34 +0000 https://republika.mk/?p=652285

Македонија поведе по пола час игра против Украина со гол на Енис Барди од пенал, откако судијата Лукас Фендрих не виде чиста игра со рака, па ВАР го поправи и по прегледувањето на снимката покажа на белата точка.

Со рака играше Матвиенко, ситуација која судијата ја прегледуваше преку монитор и досуди пенал.

Барди шутира на едната страна, голманот се фрли на другата. Топката заврши во мрежата.

Десетина минути подоцна публиката на арената „Тодор Проески“ ја фрли еден од наубавите голови на Елиф Елмас.

 

The post Барди и Елмас ѝ донесоа водство на Македонија од 2-0 appeared first on Република.

]]>

Македонија поведе по пола час игра против Украина со гол на Енис Барди од пенал, откако судијата Лукас Фендрих не виде чиста игра со рака, па ВАР го поправи и по прегледувањето на снимката покажа на белата точка. Со рака играше Матвиенко, ситуација која судијата ја прегледуваше преку монитор и досуди пенал. Барди шутира на едната страна, голманот се фрли на другата. Топката заврши во мрежата. Десетина минути подоцна публиката на арената „Тодор Проески“ ја фрли еден од наубавите голови на Елиф Елмас.  

The post Барди и Елмас ѝ донесоа водство на Македонија од 2-0 appeared first on Република.

]]>
Милевски ќе ја нападне Украина со Несторовски, Трајковски и Елмас https://republika.mk/sport/fudbal/milevski-ke-ja-napadne-ukraina-so-nestorovski-trajkovski-i-elmas/ Fri, 16 Jun 2023 18:36:18 +0000 https://republika.mk/?p=652268

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го играа вториот меч од квалификациите за Европското првенство, а противник ни е селекцијата на Украина која ќе ја пречекаме на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Селекторот Благоја Милевски се реши за офанзивна формација во која како најистурени, најопасни кон голот на гостите треба да бидат Трајковски, Несторовски и Елмас.

На голот стандардно е Димитриевски, одбраната ќе ја сочинуваат Алиоски, Ристовски заедно со стоперскиот тандем Зајков и Муслиу, додека на средината ги имаме Адеми, Барди и Ашковски.

На спротивната страна во почетникот состав ги имаме најголемите ѕвезди како Јармоленко и Мудрик.

The post Милевски ќе ја нападне Украина со Несторовски, Трајковски и Елмас appeared first on Република.

]]>

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го играа вториот меч од квалификациите за Европското првенство, а противник ни е селекцијата на Украина која ќе ја пречекаме на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Селекторот Благоја Милевски се реши за офанзивна формација во која како најистурени, најопасни кон голот на гостите треба да бидат Трајковски, Несторовски и Елмас. На голот стандардно е Димитриевски, одбраната ќе ја сочинуваат Алиоски, Ристовски заедно со стоперскиот тандем Зајков и Муслиу, додека на средината ги имаме Адеми, Барди и Ашковски. На спротивната страна во почетникот состав ги имаме најголемите ѕвезди како Јармоленко и Мудрик.

The post Милевски ќе ја нападне Украина со Несторовски, Трајковски и Елмас appeared first on Република.

]]>
ФФМ: Билетите за дуелот со Украина од денеска во продажба https://republika.mk/sport/fudbal/ffm-biletite-za-duelot-so-ukraina-od-deneska-vo-prodazhba/ Mon, 05 Jun 2023 19:36:53 +0000 https://republika.mk/?p=648211

Билетите за претстојниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за ЕУРО2024 против Украина од денеска се пуштени во продажба, објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Влезниците за гостувањето на Украина на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, на 16 јуни, се продаваат по цена од 300 и 400 денари.

Навивачите ќе можат да купат влезници на билетарницата на Арената како и преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство.

Едно лице може да купи најмногу четири влезници, а билети ќе бидат задолжителни и за деца независно од нивната возраст.

The post ФФМ: Билетите за дуелот со Украина од денеска во продажба appeared first on Република.

]]>

Билетите за претстојниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за ЕУРО2024 против Украина од денеска се пуштени во продажба, објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Влезниците за гостувањето на Украина на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, на 16 јуни, се продаваат по цена од 300 и 400 денари. Навивачите ќе можат да купат влезници на билетарницата на Арената како и преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство. Едно лице може да купи најмногу четири влезници, а билети ќе бидат задолжителни и за деца независно од нивната возраст.

The post ФФМ: Билетите за дуелот со Украина од денеска во продажба appeared first on Република.

]]>
Од понеделник во продажба билетите за Македонија – Украина https://republika.mk/sport/fudbal/od-ponedelnik-vo-prodazhba-biletite-za-makedonija-ukraina/ Sat, 03 Jun 2023 11:31:03 +0000 https://republika.mk/?p=647375

Во понеделник, 5 јуни, ќе започне продажбата на билетите за фудбалскиот натпревар Македонија - Украина (16 јуни, 20:45 ч.) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од квалификациите за ЕУРО 2024.

Цената на влезница за натпреварот изнесува од 300 и 400 денари, во зависнот од локацијата на трибините.

Продажбата на билети за натпреварот Македонија - Украина ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.

Едно лице може да купи најмногу четири (4) билети. Задолжителна е влезница за натпреварот и за деца, без оглед на нивната возраст.

Цени на билети:

Северна Трибина
300 денари - Блок 13, 14, 18, 19, 20, 21, 23 и 24

Јужна Трибина
300 денари - Блок 1, 2, 5 и 6
400 денари - Блок 3 и 4

Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 14-ти, 15-ти, како и на денот на натпреварот од 10:00 часот.

Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на 'Рисовите' да дојдат до многу важна победа од квалификациите за Европското првенство 2024“, порачува ФФМ.

 

The post Од понеделник во продажба билетите за Македонија – Украина appeared first on Република.

]]>

Во понеделник, 5 јуни, ќе започне продажбата на билетите за фудбалскиот натпревар Македонија - Украина (16 јуни, 20:45 ч.) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од квалификациите за ЕУРО 2024. Цената на влезница за натпреварот изнесува од 300 и 400 денари, во зависнот од локацијата на трибините. Продажбата на билети за натпреварот Македонија - Украина ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите. Едно лице може да купи најмногу четири (4) билети. Задолжителна е влезница за натпреварот и за деца, без оглед на нивната возраст. Цени на билети: Северна Трибина 300 денари - Блок 13, 14, 18, 19, 20, 21, 23 и 24 Јужна Трибина 300 денари - Блок 1, 2, 5 и 6 400 денари - Блок 3 и 4 Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 14-ти, 15-ти, како и на денот на натпреварот од 10:00 часот.
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на 'Рисовите' да дојдат до многу важна победа од квалификациите за Европското првенство 2024“, порачува ФФМ.
 

The post Од понеделник во продажба билетите за Македонија – Украина appeared first on Република.

]]>
Владата донесе дефинитивна одлука да ѝ донира хеликоптери на Украина https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-donese-definitivna-odluka-da-donira-helikopteri-na-ukraina/ Wed, 29 Mar 2023 20:42:00 +0000 https://republika.mk/?p=625247

Владата на седница донела одлука да донираме хеликоптери  на Министерството за одбрана на Украина и утврдила текст на Протокол за таа намена.

Владината прес-служба соопшти дека Владата ја разгледала и усвоила Информацијата за потреба од склучување Протокол за донација на воздухоплови (хеликоптери) помеѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за одбрана на Украина и донела Одлука за донација на воздухоплови (хеликоптери) на МО на Украина.

Владата на Република Македонија го разгледа и прифати усогласениот текст на Протоколот за донација на воздухоплови помеѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за одбрана на Украина, стои во соопштението.

Како што најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните медиуми, Владата, на седницата, ја разгледала и усвоила и Информацијата за потребата од линеарно зголемување на платите на работниците во Министерството за внатрешни работи, на предлог на ова Министерство.

Согласно заклучокот, Министерството за внатрешни работи ќе изврши линеарно зголемување на платите на вработените во Министерството во износ од 3086,00 денари по работник, во бруто износ, што ќе отпочне да се исплаќа со платата за март 2023 година, информираат од Владата во дополнение за одлуките од седницата.

The post Владата донесе дефинитивна одлука да ѝ донира хеликоптери на Украина appeared first on Република.

]]>

Владата на седница донела одлука да донираме хеликоптери  на Министерството за одбрана на Украина и утврдила текст на Протокол за таа намена. Владината прес-служба соопшти дека Владата ја разгледала и усвоила Информацијата за потреба од склучување Протокол за донација на воздухоплови (хеликоптери) помеѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за одбрана на Украина и донела Одлука за донација на воздухоплови (хеликоптери) на МО на Украина.
Владата на Република Македонија го разгледа и прифати усогласениот текст на Протоколот за донација на воздухоплови помеѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за одбрана на Украина, стои во соопштението.
Како што најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните медиуми, Владата, на седницата, ја разгледала и усвоила и Информацијата за потребата од линеарно зголемување на платите на работниците во Министерството за внатрешни работи, на предлог на ова Министерство. Согласно заклучокот, Министерството за внатрешни работи ќе изврши линеарно зголемување на платите на вработените во Министерството во износ од 3086,00 денари по работник, во бруто износ, што ќе отпочне да се исплаќа со платата за март 2023 година, информираат од Владата во дополнение за одлуките од седницата.

The post Владата донесе дефинитивна одлука да ѝ донира хеликоптери на Украина appeared first on Република.

]]>
Македонската влада прави голема грешка, порача Захарова https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonskata-vlada-pravi-golema-greshka-poracha-zaharova/ Mon, 27 Mar 2023 20:20:28 +0000 https://republika.mk/?p=624405

Македонија има намера да ѝ испрати на Украина 12 воени хеликоптери Ми-24 од руско производство, кои Скопје ги набави од Украина во 2001 година. Четири хеликоптери беа подложени на модернизација на НАТО.

Како што пишува московскиот Комерсант, Македонија веќе испратила четири авиони Су-24 и неколку тенкови Т-72 во Украина, кои своевремено ги набавила и од Украина. Македонската влада наскоро треба да расправа за донацијата на хеликоптери.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно разговарал со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и му се заблагодарил за помошта.

Од друга страна, пак, одговор пристигна од портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која смета дека овој потег е голема грешка.

Таквата одлука ќе ја сметаме за голема грешка на македонската влада, изјави Захарова.

Но, од Скопје порачале дека „Македонија е суверена земја која може самостојно да носи одлуки“.

Хрватски Јутарњи лист, еден од медиумите од регионот кој ја пренесува изјавата на Захарова, оценува дека „Захарова е бесна на Македонците“.

The post Македонската влада прави голема грешка, порача Захарова appeared first on Република.

]]>

Македонија има намера да ѝ испрати на Украина 12 воени хеликоптери Ми-24 од руско производство, кои Скопје ги набави од Украина во 2001 година. Четири хеликоптери беа подложени на модернизација на НАТО. Како што пишува московскиот Комерсант, Македонија веќе испратила четири авиони Су-24 и неколку тенкови Т-72 во Украина, кои своевремено ги набавила и од Украина. Македонската влада наскоро треба да расправа за донацијата на хеликоптери. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно разговарал со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и му се заблагодарил за помошта. Од друга страна, пак, одговор пристигна од портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која смета дека овој потег е голема грешка.
Таквата одлука ќе ја сметаме за голема грешка на македонската влада, изјави Захарова.
Но, од Скопје порачале дека „Македонија е суверена земја која може самостојно да носи одлуки“. Хрватски Јутарњи лист, еден од медиумите од регионот кој ја пренесува изјавата на Захарова, оценува дека „Захарова е бесна на Македонците“.

The post Македонската влада прави голема грешка, порача Захарова appeared first on Република.

]]>
Олеснета слободна трговија и обезбедување храна со потпишаните договори меѓу Македонија и Украина https://republika.mk/vesti/ekonomija/olesneta-slobodna-trgovija-i-obezbeduvanje-hrana-so-potpishanite-dogovori-megju-severna-makedonija-i-ukraina-2/ Thu, 06 Oct 2022 09:16:21 +0000 https://republika.mk/?p=557916

Денеска во Прага, во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и премиерот на Украина, Денис Шмихал свечено беа потпишани одлуките со кои се дополнува и ревидира постојниот Договорот за слободна трговија помеѓу Македонија и Украина, а со цел да се олесни слободната трговија и обезбедувањето храна меѓу двете земји.

Одлуките ги потпишуваат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и заменик министерот за економски развој и трговија на Украина, Тарас Качка.

За време на средбата на која присуствуваше и министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот Ковачевски, уште еднаш ги потврди позициите на Македонија за силната и недвосмислена поддршка за Украинската земја и народ, за нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет.

Премиерот Денис Шмахил се заблагодари на нашата делегација предводена од премиерот Ковачевски за неизмерната поддршка што Република Македонија ја дава за Украина.

Во разговорите премиерот Ковачевски посочи дека придржувањето кон активностите и политиките на ЕУ и на демократскиот свет, за нас како земја, значи застанување на вистинската страна, во вистински момент.

Со денешното потпишување на договорите поврзани со слободната трговија и обезбедувањето храна, дополнително се зацврстува соработката меѓу двете земји.

Потпишаните документи овозможуваат понатамошна либерализација на трговијата со земјоделско-прехранбени производи и на двете страни. Воедно, се овозможува бесцарински извоз, особено на свежото овошје и зеленчук и намалена царина при извоз и увоз на голем број прехранбени производи.

Со овие дополнувања на Договорот за слободна трговија се постигнува многу поголема либерализација во врска со правилата за потекло, односно ако досега за извоз во Украина се користеа само суровини од Македонија и Украина и обратно, а за извозот од нашата земја се користеа само суровини со потекло од Македонија и Украина, со овие нови правила ќе биде возможно да се користат и ЕУ суровини. Новиот Договор ќе овозможи користење на суровини од Украина при извоз во ЕУ и обратно.

The post Олеснета слободна трговија и обезбедување храна со потпишаните договори меѓу Македонија и Украина appeared first on Република.

]]>

Денеска во Прага, во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и премиерот на Украина, Денис Шмихал свечено беа потпишани одлуките со кои се дополнува и ревидира постојниот Договорот за слободна трговија помеѓу Македонија и Украина, а со цел да се олесни слободната трговија и обезбедувањето храна меѓу двете земји. Одлуките ги потпишуваат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и заменик министерот за економски развој и трговија на Украина, Тарас Качка. За време на средбата на која присуствуваше и министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот Ковачевски, уште еднаш ги потврди позициите на Македонија за силната и недвосмислена поддршка за Украинската земја и народ, за нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет. Премиерот Денис Шмахил се заблагодари на нашата делегација предводена од премиерот Ковачевски за неизмерната поддршка што Република Македонија ја дава за Украина. Во разговорите премиерот Ковачевски посочи дека придржувањето кон активностите и политиките на ЕУ и на демократскиот свет, за нас како земја, значи застанување на вистинската страна, во вистински момент. Со денешното потпишување на договорите поврзани со слободната трговија и обезбедувањето храна, дополнително се зацврстува соработката меѓу двете земји. Потпишаните документи овозможуваат понатамошна либерализација на трговијата со земјоделско-прехранбени производи и на двете страни. Воедно, се овозможува бесцарински извоз, особено на свежото овошје и зеленчук и намалена царина при извоз и увоз на голем број прехранбени производи. Со овие дополнувања на Договорот за слободна трговија се постигнува многу поголема либерализација во врска со правилата за потекло, односно ако досега за извоз во Украина се користеа само суровини од Македонија и Украина и обратно, а за извозот од нашата земја се користеа само суровини со потекло од Македонија и Украина, со овие нови правила ќе биде возможно да се користат и ЕУ суровини. Новиот Договор ќе овозможи користење на суровини од Украина при извоз во ЕУ и обратно.

The post Олеснета слободна трговија и обезбедување храна со потпишаните договори меѓу Македонија и Украина appeared first on Република.

]]>
ЕВН Електродистрибуција донираше трансформатори за Украина https://republika.mk/vesti/makedonija/evn-elektrodistribucija-donirashe-transformatori-za-ukraina/ Wed, 31 Aug 2022 14:40:25 +0000 https://republika.mk/?p=546137

ЕВН Електродистрибуција испрати трансформатори за електрична енергија како донација за семејства од Украина кои се соочуваат со недостиг на струја за време на воената интервенција од страна на Русија.

Веста ја објави Енергетската заедница, а ја пренесе и министерот за економија Крешник Бектеши како помош од Македонија за Украина.

The post ЕВН Електродистрибуција донираше трансформатори за Украина appeared first on Република.

]]>

ЕВН Електродистрибуција испрати трансформатори за електрична енергија како донација за семејства од Украина кои се соочуваат со недостиг на струја за време на воената интервенција од страна на Русија. Веста ја објави Енергетската заедница, а ја пренесе и министерот за економија Крешник Бектеши како помош од Македонија за Украина.

The post ЕВН Електродистрибуција донираше трансформатори за Украина appeared first on Република.

]]>
Уште четири тенкови од Македонија тргнале како донација во Украина https://republika.mk/vesti/makedonija/ushte-chetiri-tenkovi-od-makedonija-trgnale-kako-donacija-vo-ukraina/ Sun, 07 Aug 2022 20:31:59 +0000 https://republika.mk/?p=537777

Уште еден конвој со тенкови од Македонија тргнал кон Украина.

Според информациите на Курир, на 3 август 2022 во 19:10 часот се забележани четири тенкови кои се пренесуваат во нов конвој од Македонија кон Украина.


Повеќе ТУКА

The post Уште четири тенкови од Македонија тргнале како донација во Украина appeared first on Република.

]]>

Уште еден конвој со тенкови од Македонија тргнал кон Украина. Според информациите на Курир, на 3 август 2022 во 19:10 часот се забележани четири тенкови кои се пренесуваат во нов конвој од Македонија кон Украина.
Повеќе ТУКА

The post Уште четири тенкови од Македонија тргнале како донација во Украина appeared first on Република.

]]>
Украина им ги врати запленетите камиони на македонските превозници https://republika.mk/vesti/makedonija/ukraina-im-gi-vrati-zaplenetite-kamioni-na-makedonskite-prevoznici/ Sat, 12 Mar 2022 08:37:20 +0000 https://republika.mk/?p=471609

Вратени им се камионите и превезуваната роба на македонските транспортери кои беа запленети од украинските власти на граничниот премин „Јагодине” меѓу Украина и Полска, соопшти МНР.

По многубројните активности преземени од страна на Министерството за надворешни работи и нашите амбасади во Полска и Украина, како и благодарение на соработката од страна на украинските надлежни институции, на транспортерите на камиони на граничниот премин меѓу Украина и Полска – „Јагодине” им беа вратени камионите и превезуваната роба, што претходно беа запленети од страна на украинските локални власти. Со ваквиот чекор, а благодарение на преземените дипломатски активности беше решен проблемот на нашите превозници и беа избегнати големи материјални штети за нивните компании, стои во соопштението од МНР.

The post Украина им ги врати запленетите камиони на македонските превозници appeared first on Република.

]]>

Вратени им се камионите и превезуваната роба на македонските транспортери кои беа запленети од украинските власти на граничниот премин „Јагодине” меѓу Украина и Полска, соопшти МНР.
По многубројните активности преземени од страна на Министерството за надворешни работи и нашите амбасади во Полска и Украина, како и благодарение на соработката од страна на украинските надлежни институции, на транспортерите на камиони на граничниот премин меѓу Украина и Полска – „Јагодине” им беа вратени камионите и превезуваната роба, што претходно беа запленети од страна на украинските локални власти. Со ваквиот чекор, а благодарение на преземените дипломатски активности беше решен проблемот на нашите превозници и беа избегнати големи материјални штети за нивните компании, стои во соопштението од МНР.

The post Украина им ги врати запленетите камиони на македонските превозници appeared first on Република.

]]>
Ковачевски ќе се понуди да прими бегалци од Украина https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-kje-se-ponudi-da-primi-begalci-od-ukraina/ Wed, 23 Feb 2022 14:41:57 +0000 https://republika.mk/?p=462568

Портпаролите на Владата, Муамет Хоџа и Душко Арсовски на денешната редовна прес-конференција информираа за одлуките и заклучоците донесени на 16-тата седница, одговарајќи и на прашања од интерес на медиумите и јавноста.

На вчерашната седница е разгледана и усвоена Информацијата за безбедносната ситуација во и околу Украина, при што е задолжено Министерството за надворешни работи, во координација со надлежните институции, да ги преземе сите потребни мерки за осигурување на безбедноста на членовите од Република Македонија при Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина.

Во моментот, информираа портпаролите, нашите триесетина набљудувачи се на безбедно и ги извршуваат своите редовни обврски и во случај на дополнително влошување на ситуацијата, се наметнува потребата од брз и ефикасен ангажман во насока на осигурување на нивната безбедност.

Во однос на нашите државјани, Амбасадата на Македонија во Киев има евидентирано стотина кои ги доставиле своите податоци дека престојуваат во Украина и од нив заклучно со вчера, се вратиле 13.

На новинарското прашање дали и колку нашата земја може да прими бегалци од Украина доколку дојде до нов миграциски бран од оваа земја, беше речено дека како и во повеќе наврати досега, Владата ќе понуди помош и во случај на ескалација во Украина, иако сите напори се во насока тоа да не се случи.

Во оваа насока е и денешниот телефонски разговор, кој премиерот Димитар Ковачевски ќе го има со својот колега, Денис Шмигаљ, претседател на украинската Влада, со кого меѓу другото ќе разговара и на оваа тема и по овој контакт, Владата ќе направи проценка во врска со видот на помошта што ќе ја понудиме како држава.

На прашањето за тоа дали нашата држава ќе се приклучи на санкциите кон Русија, кои ги подготвија ЕУ и САД, портпаролите го изнесоа ставот дека Македонија е на линија за постигнување на 100% усогласеност со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

Во однос на пакетот санкции на Унијата, Владата дополнително ќе расправа и ќе одлучи, за што јавноста ќе биде информирана, рекоа портпаролите.

На седницата, исто така, беше разгледан и усвоен усогласениот текст на Спогодбата меѓу Владата на Македонија и Владата на Република Србија за основање на Културно-информативни центри во Скопје и во Белград, која треба да ја потпише министерот за надворешни работи.

Ова ќе биде петти ваков простор за презентација на македонската традиција, култура и уметност во странство.

Веќе функционираат центрите во Истанбул, Софија, Тирана и во Загреб.

Дел од медиумите побараа и одговор за тоа што содржи документот што го најави министерот за надворешни работи Бујар Османи, а којшто Влада ќе го испрати во Брисел на што беше одговорено:

Владата со целиот свој капацитет е насочена кон решение на отворените прашања со Република Бугарија. Работните групи од двете држави работат според утврдениот план и тоа е начин преку целосна посветеност да се одржува динамиката во процесот. Ставот на Владата е јасен и повеќе пати кажан, дека тогаш кога ќе се постигнат решенија прифатливи за двете страни, ќе бидат презентирани пред надлежните институции. Нашите позиции се кристално чисти и јасни и од тоа не отстапуваме. Нема преговори за јазикот и идентитетот. Впрочем тие позиции заеднички ги потврдија сите политички партии во Собранието. Граѓаните треба да се убедени дека Владата работи на решение коешто ќе биде во интерес на сите. Силно веруваме дека искрениот дијалог е најдобриот и најсигурен начин за успех и  демонстрација на европски манири во регионот.

Во однос на новинарското прашање за тоа дали на седница на Главниот координативен кризен штаб или на Владата е дискутирано за предлогот на Комисијата за заштита од заразни болести наместо 45, сертификатот за прележан ковид да трае 180 денови и за новиот предлог, бремените жени да се вратат на работа и да се укине мерката за поседување на КОВИД сертификат за државјаните на Македонија при излез од земјата, портпаролите информираа дека предлозите ќе се разгледаат на првиот нареден состанок на Главниот координативен кризен штаб. Записникот треба да биде разгледан и усвоен на владина седница и за заклучокот јавноста ќе биде информирана.

The post Ковачевски ќе се понуди да прими бегалци од Украина appeared first on Република.

]]>

Портпаролите на Владата, Муамет Хоџа и Душко Арсовски на денешната редовна прес-конференција информираа за одлуките и заклучоците донесени на 16-тата седница, одговарајќи и на прашања од интерес на медиумите и јавноста. На вчерашната седница е разгледана и усвоена Информацијата за безбедносната ситуација во и околу Украина, при што е задолжено Министерството за надворешни работи, во координација со надлежните институции, да ги преземе сите потребни мерки за осигурување на безбедноста на членовите од Република Македонија при Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина. Во моментот, информираа портпаролите, нашите триесетина набљудувачи се на безбедно и ги извршуваат своите редовни обврски и во случај на дополнително влошување на ситуацијата, се наметнува потребата од брз и ефикасен ангажман во насока на осигурување на нивната безбедност. Во однос на нашите државјани, Амбасадата на Македонија во Киев има евидентирано стотина кои ги доставиле своите податоци дека престојуваат во Украина и од нив заклучно со вчера, се вратиле 13. На новинарското прашање дали и колку нашата земја може да прими бегалци од Украина доколку дојде до нов миграциски бран од оваа земја, беше речено дека како и во повеќе наврати досега, Владата ќе понуди помош и во случај на ескалација во Украина, иако сите напори се во насока тоа да не се случи. Во оваа насока е и денешниот телефонски разговор, кој премиерот Димитар Ковачевски ќе го има со својот колега, Денис Шмигаљ, претседател на украинската Влада, со кого меѓу другото ќе разговара и на оваа тема и по овој контакт, Владата ќе направи проценка во врска со видот на помошта што ќе ја понудиме како држава. На прашањето за тоа дали нашата држава ќе се приклучи на санкциите кон Русија, кои ги подготвија ЕУ и САД, портпаролите го изнесоа ставот дека Македонија е на линија за постигнување на 100% усогласеност со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.
Во однос на пакетот санкции на Унијата, Владата дополнително ќе расправа и ќе одлучи, за што јавноста ќе биде информирана, рекоа портпаролите.
На седницата, исто така, беше разгледан и усвоен усогласениот текст на Спогодбата меѓу Владата на Македонија и Владата на Република Србија за основање на Културно-информативни центри во Скопје и во Белград, која треба да ја потпише министерот за надворешни работи. Ова ќе биде петти ваков простор за презентација на македонската традиција, култура и уметност во странство. Веќе функционираат центрите во Истанбул, Софија, Тирана и во Загреб. Дел од медиумите побараа и одговор за тоа што содржи документот што го најави министерот за надворешни работи Бујар Османи, а којшто Влада ќе го испрати во Брисел на што беше одговорено:
Владата со целиот свој капацитет е насочена кон решение на отворените прашања со Република Бугарија. Работните групи од двете држави работат според утврдениот план и тоа е начин преку целосна посветеност да се одржува динамиката во процесот. Ставот на Владата е јасен и повеќе пати кажан, дека тогаш кога ќе се постигнат решенија прифатливи за двете страни, ќе бидат презентирани пред надлежните институции. Нашите позиции се кристално чисти и јасни и од тоа не отстапуваме. Нема преговори за јазикот и идентитетот. Впрочем тие позиции заеднички ги потврдија сите политички партии во Собранието. Граѓаните треба да се убедени дека Владата работи на решение коешто ќе биде во интерес на сите. Силно веруваме дека искрениот дијалог е најдобриот и најсигурен начин за успех и  демонстрација на европски манири во регионот.
Во однос на новинарското прашање за тоа дали на седница на Главниот координативен кризен штаб или на Владата е дискутирано за предлогот на Комисијата за заштита од заразни болести наместо 45, сертификатот за прележан ковид да трае 180 денови и за новиот предлог, бремените жени да се вратат на работа и да се укине мерката за поседување на КОВИД сертификат за државјаните на Македонија при излез од земјата, портпаролите информираа дека предлозите ќе се разгледаат на првиот нареден состанок на Главниот координативен кризен штаб. Записникот треба да биде разгледан и усвоен на владина седница и за заклучокот јавноста ќе биде информирана.

The post Ковачевски ќе се понуди да прими бегалци од Украина appeared first on Република.

]]>
Направени се сите неопходни подготовки за можните сценарија во Украина, порача Пендаровски по седницата на Советот за безбедност https://republika.mk/vesti/makedonija/napraveni-se-site-neophodni-podgotovki-za-moznite-scenarija-vo-ukraina-poracha-pendarovski-po-sednicata-na-sovetot-za-bezbednost/ Tue, 01 Feb 2022 13:14:30 +0000 https://republika.mk/?p=452483

Безбедносната состојба во земјата е стабилна и засега нема индиции кои би укажувале дека би можело да дојде до загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, информираше по денешната 14-та Седница на советот за безбедност, претседателот Стево Пендаровски.

Во однос на тензиите на украинско-руската граница, Пендаровски изјави дека  Македонија како земја членка на НАТО ги направила сите неопходни подготовки за можните сценарија во зависност од тоа како ќе се одвиваат настаните во овој регион, за кој рече дека останува потенцијално високо ризична зона.

Ги поздравуваме дипломатските напори на различни нивоа, кои ги преземаат главните фактори во меѓународната заедница, со кои им се дава шанса да дијалогот и преговорите, а не на оружјето и воинствената реторика, изјави Пендаровски.

Во тој дел од светот, нагласи Пендаровски, има мали симболични знаци за деескалација на реториката во изминатите неколку денови, но се уште е рано да се прогнозира како ќе се одвиваат настаните понатаму.

Во однос на состојбите на регионот, Советот заклучи дека со засилената дипломатска активност на меѓународната заедница во последниот период, тензиите се делумно намалени, со што се отвора простор за повторно воспоставување на дијалогот како единствен начин за надминување на проблемите.

На седницата на Советот, во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, освен редовните членови на претседател на Собранието, Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски, министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министер за одбрана Славјанка Петровска, министерот за надворешни работи Бујар Османи, професорор на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Ненад Марковиќ, професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа Ветон Љатифи и поранешниот министер за одбрана и универзитетски професор Трајан Гоцевски, на покана на шефот на државата присуствуваа и директорор на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорор на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

The post Направени се сите неопходни подготовки за можните сценарија во Украина, порача Пендаровски по седницата на Советот за безбедност appeared first on Република.

]]>

Безбедносната состојба во земјата е стабилна и засега нема индиции кои би укажувале дека би можело да дојде до загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, информираше по денешната 14-та Седница на советот за безбедност, претседателот Стево Пендаровски. Во однос на тензиите на украинско-руската граница, Пендаровски изјави дека  Македонија како земја членка на НАТО ги направила сите неопходни подготовки за можните сценарија во зависност од тоа како ќе се одвиваат настаните во овој регион, за кој рече дека останува потенцијално високо ризична зона.
Ги поздравуваме дипломатските напори на различни нивоа, кои ги преземаат главните фактори во меѓународната заедница, со кои им се дава шанса да дијалогот и преговорите, а не на оружјето и воинствената реторика, изјави Пендаровски.
Во тој дел од светот, нагласи Пендаровски, има мали симболични знаци за деескалација на реториката во изминатите неколку денови, но се уште е рано да се прогнозира како ќе се одвиваат настаните понатаму. Во однос на состојбите на регионот, Советот заклучи дека со засилената дипломатска активност на меѓународната заедница во последниот период, тензиите се делумно намалени, со што се отвора простор за повторно воспоставување на дијалогот како единствен начин за надминување на проблемите. На седницата на Советот, во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, освен редовните членови на претседател на Собранието, Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски, министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министер за одбрана Славјанка Петровска, министерот за надворешни работи Бујар Османи, професорор на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Ненад Марковиќ, професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа Ветон Љатифи и поранешниот министер за одбрана и универзитетски професор Трајан Гоцевски, на покана на шефот на државата присуствуваа и директорор на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорор на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

The post Направени се сите неопходни подготовки за можните сценарија во Украина, порача Пендаровски по седницата на Советот за безбедност appeared first on Република.

]]>