Современата македонска книжевност се претставува на Саемот на книгата во Франкфурт 2024
Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) оваа година по четврти пат ќе ја претставува современата македонска книжевност на 75. издание на Саемот на книгата во Франкфурт, што ќе се одржи од 16 до 20 октомври.
Претставувањето на современата македонска книжевност на најголемиот светски саем во областа на издаваштвото оваа година ќе биде под мотото „Одеци на минатото, гласови на иднината“. Нашата земја оваа година има промотивен штанд со големина од 32 квадратни метри, кој е сместен во четвртата хала за меѓународни учесници. Современата македонска книжевност ќе ја промовира делегација на МАИ, составена од седуммина членови.
За саемското претставување, Македонската асоцијација на издавачи изминатиот период од неколку месеци работеше на обемен проект – превод од македонски на англиски (целосно или делумно) на 11 репрезентативни дела од современата македонска книжевност. Некои од преводите ги изработија самите автори кои се англисти, а останатите врвни преведувачи од македонски на англиски.
Целта на овој значаен проект, на кој со месеци работеше работната група во рамки на МАИ, е современите дела од нашите автори да можеме да ги понудиме на широкораспространетиот англиски јазик, со цел што повеќе издавачи од светот да можат да ја прочитаат нивната содржина. На тој начин, овие преводи и асоцијацијата, и издавачите и авторите ќе ги имаат како трајна придобивка – ќе можат да се користат и за посредни преводи од јазици низ светот за кои нема преведувачи од македонски, вели Бојан Саздов, претседател на МАИ.
За целите на саемот, МАИ подготви и саемски каталог во кој на привлечен начин се претставени 50 автори, претставници на современата македонски книжевност. На штандот ќе бидат претставени и бројните преводи на овие наши автори на големите светски јазици, како англиски, француски, германски, шпански, италијански...
И оваа година, издавачите овој најголем и најпрестижен книжевен саем ќе го искористат за промоција на нашата современа книжевност и преку деловни средби „лице в лице“, каде што ќе воспостават соработки со странски партнери и ќе ја промовираат нашата земја.
На 16 октомври, на првиот, најпосетен и највозбудлив ден од саемот МАИ ќе организира и коктел-забава за вмрежување со досегашните и идните соработници.
Саемот на книгата во Франкфурт, кој се смета за најголема и најпосетена манифестација од овој тип, оваа година се одржува по 75-ти пат. Земја која оваа година е почесен гостин е Италија. На саемот ќе учествуваат над 4.000 изложувачи од 95 земји во светот. На саемот ќе има над 2.600 настани, 7.000 новинари од 64 земји и претставници на 324 агенции за авторски права. Досега, пред почетокот на саемот, влезници имаат купено 105.000 посетители.
The post Современата македонска книжевност се претставува на Саемот на книгата во Франкфурт 2024 appeared first on Република.
]]>Целта на овој значаен проект, на кој со месеци работеше работната група во рамки на МАИ, е современите дела од нашите автори да можеме да ги понудиме на широкораспространетиот англиски јазик, со цел што повеќе издавачи од светот да можат да ја прочитаат нивната содржина. На тој начин, овие преводи и асоцијацијата, и издавачите и авторите ќе ги имаат како трајна придобивка – ќе можат да се користат и за посредни преводи од јазици низ светот за кои нема преведувачи од македонски, вели Бојан Саздов, претседател на МАИ.За целите на саемот, МАИ подготви и саемски каталог во кој на привлечен начин се претставени 50 автори, претставници на современата македонски книжевност. На штандот ќе бидат претставени и бројните преводи на овие наши автори на големите светски јазици, како англиски, француски, германски, шпански, италијански... И оваа година, издавачите овој најголем и најпрестижен книжевен саем ќе го искористат за промоција на нашата современа книжевност и преку деловни средби „лице в лице“, каде што ќе воспостават соработки со странски партнери и ќе ја промовираат нашата земја. На 16 октомври, на првиот, најпосетен и највозбудлив ден од саемот МАИ ќе организира и коктел-забава за вмрежување со досегашните и идните соработници. Саемот на книгата во Франкфурт, кој се смета за најголема и најпосетена манифестација од овој тип, оваа година се одржува по 75-ти пат. Земја која оваа година е почесен гостин е Италија. На саемот ќе учествуваат над 4.000 изложувачи од 95 земји во светот. На саемот ќе има над 2.600 настани, 7.000 новинари од 64 земји и претставници на 324 агенции за авторски права. Досега, пред почетокот на саемот, влезници имаат купено 105.000 посетители.
The post Современата македонска книжевност се претставува на Саемот на книгата во Франкфурт 2024 appeared first on Република.
]]>Во рамки на Солунскиот саем на книгата, кој почнува денеска и ќе се трае до недела, ќе се одржи панел-дискусија на тема „Меѓународниот пазар на книги: балканските земји“.
На покана на Грчката фондација за култура, учество на панелот ќе земе и претседателот на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), Бојан Саздов.
Координатор на дискусијата ќе биде Јанис Краниас, потпретседател на Грчката федерација на издавачи и книжари, а во неа ќе учествуваат и претставници на издавачките сектори од Албанија, Романија и Бугарија.
Поканата за учество на оваа панел-дискусија е значаен настан, кој и нашите колеги-издавачи од Грција и ние го гледаме како здрав чекор кон идна плодна соработка. Културата и книжевноста не знаат за граници и верувам дека со нашето претставување ќе придонесеме за афирмација на нашето издаваштво и книжевност во балкански рамки, вели Бојан Саздов претседателот на МАИ.
Панел-дискусијата ќе се одржи денеска, како дел од Меѓународната професионална програма на Саемот на книгата во Солун.
The post Претседателот на МАИ ќе учествува во професионалната програма на Саемот на книгата во Солун appeared first on Република.
]]>Поканата за учество на оваа панел-дискусија е значаен настан, кој и нашите колеги-издавачи од Грција и ние го гледаме како здрав чекор кон идна плодна соработка. Културата и книжевноста не знаат за граници и верувам дека со нашето претставување ќе придонесеме за афирмација на нашето издаваштво и книжевност во балкански рамки, вели Бојан Саздов претседателот на МАИ.Панел-дискусијата ќе се одржи денеска, како дел од Меѓународната професионална програма на Саемот на книгата во Солун.
The post Претседателот на МАИ ќе учествува во професионалната програма на Саемот на книгата во Солун appeared first on Република.
]]>Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) вечер во 19 часот во Промо-центарот на Саемот на книгата ќе ги додели наградите за 2024 година, за најголеми достигнувања во издаваштвото во периодот меѓу двата саема.
Еден час претходно (18:00), МАИ на Саемот на книгата ќе организира панел-дискусија со учесниците на првата Фелоушип-програма на МАИ, на тема: „Современите издавачки текови и македонската издавачка продукција“.
Учесниците (петмина издавачи и книжевни агенти) ќе ги споделат со јавноста своите впечатоци за нашиот саем и нашето издаваштво, соопшти Македонската асоцијација на издавачи.
The post МАИ организира панел-дискусија и ќе ги додели наградите за издаваштво за 2024 appeared first on Република.
]]>Учесниците (петмина издавачи и книжевни агенти) ќе ги споделат со јавноста своите впечатоци за нашиот саем и нашето издаваштво, соопшти Македонската асоцијација на издавачи.
The post МАИ организира панел-дискусија и ќе ги додели наградите за издаваштво за 2024 appeared first on Република.
]]>Македонската асоцијација на новинари (МАН) денеска 05.09.2023 година, го одржа
изборното Собрание, на кое Ивона Талевска беше реизбрана за Претседател, за
потпретседатели избрани се Цветин Чилиманов и Матеја Петровски, а за генерален
секретар Драган Павловиќ Латас.
На покана на Талевска, специјален гостин на изборното Собрание беше и заменик
генералниот секретар на Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) Тим Даусон, кој дојде од Лондон, како и доскорешниот претседател на УНС и главен уредник на
свиркачтата платформа Пиштаљка, Владимир Радомировиќ.
Генералниот секретар на ИФЈ Тим Даусон во својот говор истакна дека се радува во тек е процесот на прием на МАН како полноправна членка на ИФЈ. Тој посочи дека преку членството во ИФЈ може да се слушне гласот на новинарите во Македонија, кои очигледно се наоѓаат во тешка состојба.
-Верувајте дека вашето членство во ИФЈ нема да биде тешко како што беше влегувањето во НАТО и процесот за започнување преговори со ЕУ, добредојдени сте. Известен сум за состојбата во Македонија, и за проблемите и за притисоците, состојбата очигледно е тешка. Еден од начините да се справите со оваа ситуација е вашиот глас да биде слушнат и надвор, посочи Даусон.
На истата тема, Владимир Радомировиќ посочи дека состојбата во Србија со факт- чекерите е иста како и во Македонија и дека речиси на сите балкански земји им е потребно гласот да биде слушнат и надвор.
Тој посочи дека со МАН има одлична соработка во изминатиот период на повеќе проекти, меѓу кои беше и обезбедувањето вакцини за новинарите од Македонија. Радомировиќ најави дека македонските новинари секогаш ќе ја имаат неговата поддршка во сите натамошни активности преку МАН.
Свои телеграми со поддршка за работата на МАН испратија и пријателските здруженија од Бугарија, Грција, Република Српска, а претседателката на МАН најави и нова соработка со здруженијата од Албанија и Црна Гора.
The post Ивона Талевска е реизбрана за претседател на Македонската асоцијација на новинари appeared first on Република.
]]>The post Ивона Талевска е реизбрана за претседател на Македонската асоцијација на новинари appeared first on Република.
]]>Досега непознат антички град на Маите е откриен во џунглите на јужно Мексико, соопшти во вторникот Институтот за антропологија на земјата (INAH), додавајќи дека најверојатно бил важен центар пред повеќе од илјада години. Градот вклучува големи згради во форма на пирамида, камени столбови, три плоштади со згради и други структури распоредени во речиси концентрични кругови, соопшти INAH.
Тој додаде дека градот, кој го нарекол Окомтун - што значи „камен столб“ на јазикот на Маите во Јукатан - веројатно бил важен центар во централниот низински регион на полуостровот помеѓу 250 и 1000 година од нашата ера. Се наоѓа во еколошкиот резерват Баламку на полуостровот Јукатан и е откриен за време на претресот на главно неистражен дел од џунглата, поголем од Луксембург.
Пребарувањето се одвиваше помеѓу март и јуни оваа година, со помош на технологија за воздушно ласерско мапирање. Цивилизацијата на Маите, позната по своите напредни математички календари, се рашири низ југоисточно Мексико и делови од Централна Америка.
Конфликтите, различните сојузи, борбата за превласт и војните доведоа до нејзино опаѓање уште пред доаѓањето на шпанските конквистадори, во чии воени походи последното упориште падна кон крајот на 17 век.
Локалитетот Окомтун има централна област лоцирана на високо место и опкружена со големи мочуришта, која вклучува неколку пирамидални структури високи до 15 метри, рече главниот археолог Иван Спрајц во изјавата.
Градот имал и игралиште. Игри со топка од редхиспанско доба, широко распространети низ регионот на Маите, се состојат од носење гумена топка што го претставува сонцето низ теренот без употреба на раце и поминување низ мал камен обрач. Се верува дека играта имала важна религиозна цел.
Спрејц рече дека неговиот тим, исто така, пронашол централни олтари во областа поблиску до реката Ла Ригуена, кои можеби служеле за ритуали во заедницата, иако се потребни повеќе истражувања за да се разберат културите што некогаш живееле таму. Градот веројатно исчезнал помеѓу 800 и 1000 година, судејќи според пронајдените материјали.
The post Антички град на Маите откриен во мексиканската џунгла appeared first on Република.
]]>The post Антички град на Маите откриен во мексиканската џунгла appeared first on Република.
]]>Академик Влада Урошевиќ е автор на годината, според Македонската асоцијација на издавачи (МАИ). Критериуми кои се земаат предвид при доделувањето на наградата и за кои е потребно образложение од страна на издавачите во апликациите се популарноста и влијателноста на авторот во културно-општествената средина и неговиот придонес во афирмација на книжевноста во и надвор од државата, потоа бројот на странски преводи на дело/дела од авторот во периодот меѓу двата саема и број на продадени примероци.
Комисијата за доделување на наградарите на МАИ во состав: Владимир Јанковски, писател, преведувач и уредник, Дарко Спасов, драматург и преведувач и Ивица Спасовски, креативен директор за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите ги донесе следните:
Одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2022 и мај 2023 година
ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈДОБРА ЕДИЦИЈА
Основен критериум е уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн. Можеа да учествуваат и новоформирани едиции и едиции кои биле надградени во текот на изминатата година.
1.место: едицијата „Пегаз“ („Арс ламина “)
2.место: едицијата „Старо купувам“ („Темплум“)
3.место: едицијата „Безвременски“ („Три“)
ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈДОБАР ДИЗАЈН НА КОРИЦА
Награда за оригинален дизајн на корица.
1.место: „Баскервилскиот пес“ од серијалот за Шерлок Холмс од Артур Конан Дојл, илустрација и дизајн на корица на Александра Софрониеска („Арс ламина“)
2. место: „Мала книга на стапици“ од Горан Стефановски, дизајнирана од Ана Ќортошева („Три“)
3. место: „Телото во кое треба да се живее“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“)
ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈДОБРО ЛИКОВНО-ГРАФИЧКИ УРЕДЕНО ИЗДАНИЕ
Награда за највпечатлив целосен дизајн (корица + внатрешност) на издание за возрасни.
1. место: „Огледало во Македонија“ од Нил Фолберг, графичко уредување на Емилија Харалампиева („Арс ламина“)
2.место: „Основните проблеми на режија“ од Хуго Клајн, графичко уредување на Ника Гавровска („Гаврош“)
ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈДОБРА КНИГА ЗА ДЕЦА
Оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници).
1.место: „Седумте Некоиси и седумте македонски композитори“ од авторите Бистра Георгиева и Александар Трајковски, илустраторка Наталија Лукомска („ИД-концепт“)
2.место: „Биби и Боби во Снешковград“ од Билјана Црвенковска, со илустрации на Михајло Димитриевски–Тхе Мичо, Магдалена Тофиловска и Иванчо Николов („Светот на Биби“)
3.место: „Коњчето од рингишпилот“ од Јован Стрезовски, со илустрации на Орце Нинески („Арс ламина“)
ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈКРЕАТИВНО ИЗДАНИЕ
Во оваа категорија влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност. Притоа, се оценува иновативниот пристап и уникатноста на изданието во рамки на нашето издаваштво.
1.место: „Ветерната приказна“ од Ника Гавровска со илустрации на Наташа Андонова („Гаврош“)
2. место: Едицијата „Прегрнати книги“ од Велко Неделковски („Арс ламина“)
3. место: „Седумте Некоиси и седумте македонски композитори“ од авторите Бистра Георгиева и Александар Трајковски, илустраторка Наталија Лукомска („ИД-концепт“)
ПРИЗНАНИЕ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ
Комписијата избрира проект или листа на проекти за корпоративна општествена одговорност приложени од страна на издавачите, заедно со постигнатите резултати.
место: „Водич низ природата“ од Кирил Арсовски Пржо, илустриран од Хари Дудески („Чудна шума“)
место: „Забранети луѓе“ од Џон Илија Апелгрен („Арс ламина“)
место: Агенда за одговорно однесување „Се грижиме за планетата“ („Антолог“)
СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ПРОМОТОР НА ЧИТАЧКАТА КУЛТУРА
Комисијата избира поединец (новинар, критичар, блогер, инфлуенсер на социјални мрежи) или организација (издавач, библиотека или друга организација), кои во периодот помеѓу двата саеми се истакнале со својот труд во промоцијата на читачката култура. Поединци и организации можеа да предложат и издавачите и членовите на комисијата. Во категоријата не можеа да се натпреваруваат проекти на издавачките куќи.
Наградена: Библиотека „Искра“ од Кочани
The post Академик Влада Урошевиќ е автор на годината, според Македонската асоцијација на издавачи appeared first on Република.
]]>The post Академик Влада Урошевиќ е автор на годината, според Македонската асоцијација на издавачи appeared first on Република.
]]>Никогаш не сме доживеале поголемо деградирање на книгите. Со годинешнава програма Министерството за култура достигна ново дно во вреднување на работата на издавачите, авторите, преведувачите и сите останати што и понатаму се обидуваат да ја одржат во живот книжевноста, јазикот и културата, реагираат од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) која, како што велат со големо разочарување ги проследиле резултатите од Годишниот конкурс на Министерството за култура за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на литературата и издавачката дејност за 2023 година.
Сите работи за кои реагиравме минатите години, како: нерамномерна распределба на средства и одобрен број на проекти по издавачи, очигледно фаворизирање на одредени издавачки куќи на сметка на други, игнорирањето и дискриминацијата на големи издавачи кои добиваат одвај еден или ниту еден проект под изговорот дека аплицираат со комерцијални изданија, несоодветниот сооднос на добиени проекти од страна на физичките и правните лица.... – сето тоа годинава, по излегувањето во јавноста на новите резултати, се чини како расправа на повисоко ниво, бидејќи оваа програма остава впечаток дека годинава не постоеле апсолутно никакви критериуми, велат од МАИ.
Од овогодишните резултати гледаме:
Ние, издавачите кои со години бараме јасни мерила за оценување на проектите, сметаме дека тие не се одредуваат токму поради ова, односно за да може крајната вредност на проектите да ја одредуваат не самите апликанти кои аплицираат со тие проекти, туку Министерството. На тој начин Министерството го погазува и тој минимум достоинство што сакаме за го задржиме и оди чекор потаму во желбата да нè претвори во потчинети поданици кои треба да бидат задоволни со добиената милостина, додаваат од МАИ.
Од Асоцијацијата сериозно се сомневаат во компетентноста на комисиите што одлучуваат за вакви значајни прашања во однос на културата. Затоа, Македонската асоцијација на издавачи, чие членство е јадрото на македонското издаваштво, бара целосна ревизија на програмата за 2023 г. и коригирање на сите укажани недостатоци од страна на издавачите.
Доколку Министерството и оваа година остане глуво на нашите барања, неговата работа од заштита на националните интереси преку поддршка на проекти од областа на издавачката дејност и културата ќе остане игра со националните интереси на оваа држава и на народот што живее во неа, велат од МАИ.
The post Никогаш не сме доживеале поголемо деградирање на книгите, со годинешнава програма Министерството за култура достигна ново дно, реагира МАИ на конкурсот appeared first on Република.
]]>Ние, издавачите кои со години бараме јасни мерила за оценување на проектите, сметаме дека тие не се одредуваат токму поради ова, односно за да може крајната вредност на проектите да ја одредуваат не самите апликанти кои аплицираат со тие проекти, туку Министерството. На тој начин Министерството го погазува и тој минимум достоинство што сакаме за го задржиме и оди чекор потаму во желбата да нè претвори во потчинети поданици кои треба да бидат задоволни со добиената милостина, додаваат од МАИ.Од Асоцијацијата сериозно се сомневаат во компетентноста на комисиите што одлучуваат за вакви значајни прашања во однос на културата. Затоа, Македонската асоцијација на издавачи, чие членство е јадрото на македонското издаваштво, бара целосна ревизија на програмата за 2023 г. и коригирање на сите укажани недостатоци од страна на издавачите.
Доколку Министерството и оваа година остане глуво на нашите барања, неговата работа од заштита на националните интереси преку поддршка на проекти од областа на издавачката дејност и културата ќе остане игра со националните интереси на оваа држава и на народот што живее во неа, велат од МАИ.
The post Никогаш не сме доживеале поголемо деградирање на книгите, со годинешнава програма Министерството за култура достигна ново дно, реагира МАИ на конкурсот appeared first on Република.
]]>Археолози во Гватемала го откриле најраниот примерок од „светиот“ календар на Маите меѓу фрагменти од древен мурал.
На еден мал фрагмент од муралот кој некогаш го украсувал ѕидот на храмот, под црната точка и полната линија, може да се видат траги од глава на животно, симболи кои претставуваат „7 елен“ (еден од 260-те дена во календарот).
Историски записи за овој „свет“ календар биле пронајдени и порано во Централна Америка, но било многу тешко да се датираат со сигурност. Ова ново откритие е многу редок пример за јасен хиероглифски ден во годината, кој настанал некаде помеѓу 200 и 300 п.н.е., повеќе од илјада години порано од другите календарски хиероглифи пронајдени во Гватемала.
Археолозите веруваат дека календарот бил во употреба многу пред да биде запишан овој датум, пишува „Science Alert“.
Овие докази покажуваат дека повеќе не можеме да издвоиме еден регион на Мезоамерика, како што е Оаксака, како почетна точка за пишување или бележење календари - велат авторите на студијата.
Археолозите го пронашле овој фрагмент со датум „7 елен“ во темелите на пирамидата Лас Пинтурас, која се наоѓа во Сан Бартол во Гватемала. Пирамидата има неколку историски слоеви на цивилизацијата на Маите, наредени еден врз друг, а најстариот датира од 800 година п.н.е.
Пирамидата е последната градба изградена на тоа место и е позната по насликаните мурали кои ја прикажуваат митологијата на Маите. Под пирамидата се наоѓаат уште неколку постари градби. Во 2005 година, за време на ископувањата на петтиот слој на структурата, археолозите открија остатоци од ѕидови со најраните докази за хиероглифско писмо во регионот на Маите.
При последователните ископувања на истиот слој, веројатно е откриена најраната копија од хиероглифскиот календар на таа древна цивилизација. Фрагменти од обоен малтер веројатно некогаш биле дел од ѕиден мурал, кој во некои делови бил обоен со боја, а на други имало црни линии. Денот „7 елен“, на пример, е напишан со црно.
Познато е дека Маите имале 260-дневен „свет“ календар кој сè уште го користат некои домородни заедници. Календарот има 20 дена кои се повторуваат 13 пати годишно. По денот „7 елен“ следуваат „8 зајак“, „9 вода“ и „10 куче“.
Горенаведениот фрагмент е хиероглиф на кој јасно се гледа глава на елен. Над оваа глава, која е врамена со едноставна позадина, е бројот 7 со цртичка и точка. Долниот фрагмент, кој се наоѓа веднаш под календарот, вклучува уште еден хиероглиф со непознато значење. Позицијата на датумот сугерира дека тој служи како еден вид натпис за она што е прикажано подолу.
Можно е еленот исто така да претставува име, бидејќи Маите понекогаш биле именувани по календарски настани. Археолозите, сепак, веруваат дека е поверојатно дека тоа е датум.
The post Откриен најраниот примерок од „светиот“ календар на Маите appeared first on Република.
]]>Овие докази покажуваат дека повеќе не можеме да издвоиме еден регион на Мезоамерика, како што е Оаксака, како почетна точка за пишување или бележење календари - велат авторите на студијата.
The post Откриен најраниот примерок од „светиот“ календар на Маите appeared first on Република.
]]>Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) за време на Саемот на книгата, кој ќе се одржи од 3 до 9 мај, ќе додели признанија за најдобрите изданија, автори и издавачки проекти кои го одбележаа периодот од саемот минатата година до овогодишниот саем (септември 2021 – мај 2022 година).
МАИ ги поканува сите издавачи од Македонија да ги испратат своите најдобри проекти и да учествуваат во трката за најдобри постигнувања во следниве категории:
1. признание за најдобра едиција,
2. признание за најдобро ликовно-графички уредено издание,
3. признание за најдобра книга за деца,
4. признание за автор на годината,
5. признание за најкреативно издание,
6. признание за поттикнување на општествена одговорност,
7. специјално признание за промотор на читачката култура и
8. признание за иновативност.
Наградите на МАИ, кои оваа година се доделуваат по шести пат, секоја година стануваат сè позначајни за издавачите. Нивната важност и тежина се огледува во фактот што за нив одлучува независна жири комисија составена од тројца членови, истакнати професионалци во доменот на книжевноста и графичкиот дизајн.
Оваа година комисијата е во состав: новинарката за култура Весна Дамчевска; книжевникот и театролог Сашо Димоски и графичкиот дизајнер и арт-директор Никола Војнов.
Наградите што ги доделува Македонската асоцијација на издавачи се признание за најкреативните и највредни автори, илустратори, издавачи и промотори на читањето, а нивната улога е да постават пример и да бидат инспирација за сите останати со крајна цел издаваштвото во нашата држава постојано да се развива и да поставува сè повисоки стандард, вели Бојан Саздов, претседател на МАИ.
Документот за аплицирање издавачите можат да го добијат пишувајќи на е-поштата [email protected].
Крајниот рок за испраќање на апликациите е 25 април 2022 година, а свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 4 мај, за време на Саемот на книгата.
The post МАИ го распиша конкурсот за издавачи меѓу двата саема на книга appeared first on Република.
]]>Наградите што ги доделува Македонската асоцијација на издавачи се признание за најкреативните и највредни автори, илустратори, издавачи и промотори на читањето, а нивната улога е да постават пример и да бидат инспирација за сите останати со крајна цел издаваштвото во нашата држава постојано да се развива и да поставува сè повисоки стандард, вели Бојан Саздов, претседател на МАИ.Документот за аплицирање издавачите можат да го добијат пишувајќи на е-поштата [email protected]. Крајниот рок за испраќање на апликациите е 25 април 2022 година, а свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 4 мај, за време на Саемот на книгата.
The post МАИ го распиша конкурсот за издавачи меѓу двата саема на книга appeared first on Република.
]]>Научниците пронашле град на древните Маи на дното на езеро во Гватемала, кое веројатно датира околу петтиот век од нашата ера.
Градот, како и остатоци од церемонијални центри, куќи и други градби, го пронашле група научници од различни земји на длабочина од 12 до 20 метри под вода во Атитлан, најголемото езеро во Гватемала, пренесоа мексиканските медиуми.
Со текот на времето, градот се нашол под вода, веројатно поради тектонска активност, бидејќи зафаќа површина од вулканско потекло на надморска височина од над 1.500 метри.
Археолозите од Аргентина, Белгија, Гватемала, Шпанија, Мексико и Франција спровеле подводни истражувања и дошле до заклучок дека вкупната површина на населбата може да достигне 60.000 квадратни метри.
https://twitter.com/KellySh21744787/status/1511069125275123714?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1511069125275123714%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3907567%2Fgvatemala-potopljeni-grad-maja
Се очекува во иднина да се отвори музеј во регионот Атитлан, каде ќе биде претставен дигитален модел на античкиот град, пренесува „Срна“.
Цивилизацијата на Маите го достигнала својот врв во периодот од 300 до 900 година од нашата ера, а пропаднала кога Европејците ја откриле Америка.
Градовите на оваа древна цивилизација се наоѓале на територијата на денешните Белизе, Хондурас, Гватемала, Мексико и Ел Салвадор.
На почетокот на февруари 2018 година, стана познато дека употребата на ласерски радари им помогна на научниците да пронајдат околу 60.000 згради на Маите скриени во џунглите во северна Гватемала. Според прелиминарните проценки, во тие градови би можеле да живеат околу 10 милиони луѓе.
The post Спектакуларно археолошко откритие во Гватемала: На дното од езеро пронајден древен град на Маите appeared first on Република.
]]>The post Спектакуларно археолошко откритие во Гватемала: На дното од езеро пронајден древен град на Маите appeared first on Република.
]]>Видлива е нерамномерна распределба на средства и одобрен број на проекти по издавачи, со очигледно фаворизирање на одредени издавачки куќи, што е хроничен проблем со годишната програма, реагираат од Македонска асоцијација на издавачи (МАИ) откако беа објавени резултатите од Годинашниот конкурс за финансирање проекти од областа на литературата и издавачката дејност на Министерството за култура.
Како здружение кое ги претставува интересите на речиси половина од македонските издавачи, сметаме дека ни е должност јавно да ги истакнеме воочените недостатоци во рамки на резултатите од конкурсот оваа година, велат од МАИ.
Ова се нивните главни забелешки:
1. Минатата година Министерството за култура од МАИ побара да доставиме наши насоки во однос на критериумите за бодување на проектите во областа на издаваштвото. За жал, дел од насоките на МАИ во однос на критериумите, како големина на правниот субјект, присуството и поставеност на пазарот, годините на постоење и бројот на претходно објавени дела не се земени предвид во бодувањето.
2. Видлива е нерамномерна распределба на средства и одобрен број на проекти по издавачи, со очигледно фаворизирање на одредени издавачки куќи, што е хроничен проблем со годишната програма.
3. Постои нееднаква распределба на средствата – одобрените суми многу варираат, а особено зачудува што преводната литература добива поголеми износи во однос на оригиналните дела. Со тоа се поставува прашањето дали повеќе се вреднува трудот на преведувачите отколку на авторите. Ние сметаме дека ако остане системот со бодување, авторските дела треба да носат повеќе бодови и да имаат апсолутна предност пред преводната литература. Просекот на одобрени средства оваа година е на страната на преводите – а тоа не смее да биде случај.
4. Ова погоре ја наметнува потребата да се изготви референтен документ со суми по авторски табак (или страница, сеедно), кој би им овозможил на издавачите да направат точна пресметка и конечно да знаат колку Министерството плаќа за одреден проект.
5. Бодувањето остава многу простор за субјективно доделување, што е најголема забелешка. Во многу случаи се одбивани авторски дела на млади автори и преводи на капитални дела од врвни преведувачи, а поддржани се многу преводи од помлади и неафирмирани преведувачи, зад кои често стојат издавачи кои немаат речиси никаков пласман на своите изданија на пазарот.
6. МАИ бара да се прават исклучоци во однос на бројот на проекти со кои може да учествува еден автор или преведувач. Конкретно, ова се однесува на преводите од македонски на албански јазик за кои има поголем интерес, а има само неколку квалитетни преведувачи.
7. Последната забелешка се однесува на доцнењето на резултатите. Поради промените на раководството во Министерството и оваа година резултатите беа објавени во средината на февруари, најмалку еден месец по законскиот рок за објавување, што издавачите ги става во незавидна положба во однос на времето потребно за реализација на проектите и месечните планови за издавачката продукција.
Помеѓу членките на МАИ видлива е сè подолготрајната и подлабока разочараност од немањето слух на Министерството за култура за најважните прашања, како што е јасниот систем на бодување со земени предвид сите важни критериуми. МАИ активно ги изложува своите ставови со цел да ја избегнеме замката за влегување во апатија и нереагирање на пропустите, нешто што ние како издавачи и претставници на културната јавност не смееме да си го дозволиме, велат од МАИ.
The post Се фаворизираат одредени издавачки куќи, видлива е нерамномерна распределба на средства, реагираат од МАИ на Годишниот конкурс appeared first on Република.
]]>Како здружение кое ги претставува интересите на речиси половина од македонските издавачи, сметаме дека ни е должност јавно да ги истакнеме воочените недостатоци во рамки на резултатите од конкурсот оваа година, велат од МАИ.Ова се нивните главни забелешки: 1. Минатата година Министерството за култура од МАИ побара да доставиме наши насоки во однос на критериумите за бодување на проектите во областа на издаваштвото. За жал, дел од насоките на МАИ во однос на критериумите, како големина на правниот субјект, присуството и поставеност на пазарот, годините на постоење и бројот на претходно објавени дела не се земени предвид во бодувањето. 2. Видлива е нерамномерна распределба на средства и одобрен број на проекти по издавачи, со очигледно фаворизирање на одредени издавачки куќи, што е хроничен проблем со годишната програма. 3. Постои нееднаква распределба на средствата – одобрените суми многу варираат, а особено зачудува што преводната литература добива поголеми износи во однос на оригиналните дела. Со тоа се поставува прашањето дали повеќе се вреднува трудот на преведувачите отколку на авторите. Ние сметаме дека ако остане системот со бодување, авторските дела треба да носат повеќе бодови и да имаат апсолутна предност пред преводната литература. Просекот на одобрени средства оваа година е на страната на преводите – а тоа не смее да биде случај. 4. Ова погоре ја наметнува потребата да се изготви референтен документ со суми по авторски табак (или страница, сеедно), кој би им овозможил на издавачите да направат точна пресметка и конечно да знаат колку Министерството плаќа за одреден проект. 5. Бодувањето остава многу простор за субјективно доделување, што е најголема забелешка. Во многу случаи се одбивани авторски дела на млади автори и преводи на капитални дела од врвни преведувачи, а поддржани се многу преводи од помлади и неафирмирани преведувачи, зад кои често стојат издавачи кои немаат речиси никаков пласман на своите изданија на пазарот. 6. МАИ бара да се прават исклучоци во однос на бројот на проекти со кои може да учествува еден автор или преведувач. Конкретно, ова се однесува на преводите од македонски на албански јазик за кои има поголем интерес, а има само неколку квалитетни преведувачи. 7. Последната забелешка се однесува на доцнењето на резултатите. Поради промените на раководството во Министерството и оваа година резултатите беа објавени во средината на февруари, најмалку еден месец по законскиот рок за објавување, што издавачите ги става во незавидна положба во однос на времето потребно за реализација на проектите и месечните планови за издавачката продукција.
Помеѓу членките на МАИ видлива е сè подолготрајната и подлабока разочараност од немањето слух на Министерството за култура за најважните прашања, како што е јасниот систем на бодување со земени предвид сите важни критериуми. МАИ активно ги изложува своите ставови со цел да ја избегнеме замката за влегување во апатија и нереагирање на пропустите, нешто што ние како издавачи и претставници на културната јавност не смееме да си го дозволиме, велат од МАИ.
The post Се фаворизираат одредени издавачки куќи, видлива е нерамномерна распределба на средства, реагираат од МАИ на Годишниот конкурс appeared first on Република.
]]>