локални избори 2021 Archives - Република https://republika.mk/tema/lokalni-izbori-2021/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Jun 2023 11:36:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png локални избори 2021 Archives - Република https://republika.mk/tema/lokalni-izbori-2021/ 32 32 ДЗР: За локалните избори потрошени 7,3 милиони евра, само три партии доставиле финансиски извештаи https://republika.mk/vesti/makedonija/dzr-za-lokalnite-izbori-potrosheni-7-3-milioni-evra-samo-tri-partii-dostavile-finansiski-izveshtai/ Mon, 19 Jun 2023 11:36:32 +0000 https://republika.mk/?p=653079

Политичките партии за локалните избори 2021 година потрпшиле 454 милиони денари или над 7,3 милиони евра, а имале приход од 449 милиони денари или 7,3 милиони евра , стои во најновиот извешатај на Државниот заво за ревизија.

„Со ревизијата опфатени се финансиските извештаи за изборната кампања на 27 политички партии, 22 коалиции и 92 независните кандидати поддржани од „група избирачи. Државниот завод за ревизија согласно Годишната програма за работа за 2022 година изврши ревизија на Вкупниот финансиски извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите во изборната кампања, заедно со ревизија на усогласеност на сметките на 141 учесници во Изборната кампања за Избори на членови на советите на општините и советот на градот Скопје и градоначалниците на општините и  градоначалник на градот Скопје 2021 година“, соопшти ДЗР.

Од доставените финансиски извештаи за изборната кампања Локални избори 2021 година ревизорите утврдиле дека  68 учесници од кои 14 политички партии, 20 коалиции и 34 независни кандидати поддржани од „група избирачи“ во законски утврдениот рок имаат поднесено финансиски извештај.

Финансиски извештаи за изборната кампања во законски утврдениот рок не поднеле 11 политички партии и 34 независните кандидати поддржани од „група избирачи“.

„Две политички партии, две коалиции и 24 независни кандидати поддржани од група избирачи“ доставиле финансиски извештаи во кои не се искажани приходи и расходи“, стои во извештајот на ДЗР

Ревизорите за констатираните состојби дадоа вкупно 32 препораки, за да се преземат мерки со кои ќе се надминат состојбите за кои има забелешки.

Според ревизорите неопходно е  да се преиспитаат и допрецизираат одредбите од член 83 став 2 во делот на финансирањето на изборната кампања со средства од редовната сметка на политичката партија и од донации од политичка партија, во делот на поединечните и вкупните лимити на средства финансирани/донирани од физички и правни лица.

Ревизорите бараат дасе доуреди член 76-д со пропишување на мерливи критериуми во делот на обезбедување и распределба на средствата од Буџетот на Република Македонија наменети за платено политичко рекламирање.

„Да се уреди начинот на кој донаторите ќе докажат, потврдат дека не се поврзани лица“ со радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми, интернет порталите, при финансирање или давање донации на политичките партии“, препорача ДЗР.

Според Државниот завод за ревизија  постои потреба од пропишување на одредби со кои ќе се уреди дали може коалиција или политичка партија да поддржи независен кандидат – група избирачи и да ги користи доделените средства за платено политичко рекламирање за независниот кандидат – група избирачи, доколку може во кои услови и на кој начин и дали при таквата поддршка истиот има право да ги користи и средствата што му следуваат како независен кандидат.

„Пропишување на обврска за доставување на извештај за искористените рекламни паноа и билборди од страна на општините во Република Македонија и градот Скопје.  Да се преземат активности за доуредување на Изборниот законик во делот на определување надлежен орган за следење и известување за изборното медиумско претставување на електронските медиуми-интернет портали“, препорачува Државниот заво за ревизија.

–Според ДЗР постои потреба од доуредување на условите и критериумите кои е потребно да ги исполнат електронските медиуми за да имаат можност да аплицираат за политичко рекламирање во ДИК.

„Пропишување на јасни и прецизни критериуми за распределба на буџетските средства наменети за платено политичко рекламирање на електронските медиуми интернет портали. Преиспитување на утврдениот краен рок за уплата на донации, односно потребно е да се утврди донациите да се уплатуваат најдоцна до денот на завршување на изборната кампања“, препораќува ДЗР.

Ревизорите бараат доуредување на Изборниот законик со што во делот на Казни и прекршочни одредби ќе бидат предвидени глоби и за електронските медиуми, електронските портали, во случај за недоставување на Извештајот за рекламниот простор искористен од секој учесник во изборната кампања и средствата кои се платени и се побаруваат по таа основа.

„Постои потреба од одредување на орган за спроведување на обуки поврзани со обврските за финансиско известување, со што ќе се придонесе за подобрување на транспарентноста за навремено информирање на јавноста за финансирањето на изборната кампања“, препорача ДЗР

The post ДЗР: За локалните избори потрошени 7,3 милиони евра, само три партии доставиле финансиски извештаи appeared first on Република.

]]>

Политичките партии за локалните избори 2021 година потрпшиле 454 милиони денари или над 7,3 милиони евра, а имале приход од 449 милиони денари или 7,3 милиони евра , стои во најновиот извешатај на Државниот заво за ревизија. „Со ревизијата опфатени се финансиските извештаи за изборната кампања на 27 политички партии, 22 коалиции и 92 независните кандидати поддржани од „група избирачи. Државниот завод за ревизија согласно Годишната програма за работа за 2022 година изврши ревизија на Вкупниот финансиски извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите во изборната кампања, заедно со ревизија на усогласеност на сметките на 141 учесници во Изборната кампања за Избори на членови на советите на општините и советот на градот Скопје и градоначалниците на општините и  градоначалник на градот Скопје 2021 година“, соопшти ДЗР.
Од доставените финансиски извештаи за изборната кампања Локални избори 2021 година ревизорите утврдиле дека  68 учесници од кои 14 политички партии, 20 коалиции и 34 независни кандидати поддржани од „група избирачи“ во законски утврдениот рок имаат поднесено финансиски извештај. Финансиски извештаи за изборната кампања во законски утврдениот рок не поднеле 11 политички партии и 34 независните кандидати поддржани од „група избирачи“. „Две политички партии, две коалиции и 24 независни кандидати поддржани од група избирачи“ доставиле финансиски извештаи во кои не се искажани приходи и расходи“, стои во извештајот на ДЗР Ревизорите за констатираните состојби дадоа вкупно 32 препораки, за да се преземат мерки со кои ќе се надминат состојбите за кои има забелешки. Според ревизорите неопходно е  да се преиспитаат и допрецизираат одредбите од член 83 став 2 во делот на финансирањето на изборната кампања со средства од редовната сметка на политичката партија и од донации од политичка партија, во делот на поединечните и вкупните лимити на средства финансирани/донирани од физички и правни лица. Ревизорите бараат дасе доуреди член 76-д со пропишување на мерливи критериуми во делот на обезбедување и распределба на средствата од Буџетот на Република Македонија наменети за платено политичко рекламирање. „Да се уреди начинот на кој донаторите ќе докажат, потврдат дека не се поврзани лица“ со радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми, интернет порталите, при финансирање или давање донации на политичките партии“, препорача ДЗР. Според Државниот завод за ревизија  постои потреба од пропишување на одредби со кои ќе се уреди дали може коалиција или политичка партија да поддржи независен кандидат – група избирачи и да ги користи доделените средства за платено политичко рекламирање за независниот кандидат – група избирачи, доколку може во кои услови и на кој начин и дали при таквата поддршка истиот има право да ги користи и средствата што му следуваат како независен кандидат. „Пропишување на обврска за доставување на извештај за искористените рекламни паноа и билборди од страна на општините во Република Македонија и градот Скопје.  Да се преземат активности за доуредување на Изборниот законик во делот на определување надлежен орган за следење и известување за изборното медиумско претставување на електронските медиуми-интернет портали“, препорачува Државниот заво за ревизија. –Според ДЗР постои потреба од доуредување на условите и критериумите кои е потребно да ги исполнат електронските медиуми за да имаат можност да аплицираат за политичко рекламирање во ДИК. „Пропишување на јасни и прецизни критериуми за распределба на буџетските средства наменети за платено политичко рекламирање на електронските медиуми интернет портали. Преиспитување на утврдениот краен рок за уплата на донации, односно потребно е да се утврди донациите да се уплатуваат најдоцна до денот на завршување на изборната кампања“, препораќува ДЗР. Ревизорите бараат доуредување на Изборниот законик со што во делот на Казни и прекршочни одредби ќе бидат предвидени глоби и за електронските медиуми, електронските портали, во случај за недоставување на Извештајот за рекламниот простор искористен од секој учесник во изборната кампања и средствата кои се платени и се побаруваат по таа основа. „Постои потреба од одредување на орган за спроведување на обуки поврзани со обврските за финансиско известување, со што ќе се придонесе за подобрување на транспарентноста за навремено информирање на јавноста за финансирањето на изборната кампања“, препорача ДЗР

The post ДЗР: За локалните избори потрошени 7,3 милиони евра, само три партии доставиле финансиски извештаи appeared first on Република.

]]>
Касами побара предвремени избори: Во рок од шест месеци двапати ја победивме ДУИ https://republika.mk/vesti/makedonija/kasami-pobara-predvremeni-izbori-vo-rok-od-shest-meseci-dvapati-ja-pobedivme-dui/ Sun, 21 Aug 2022 07:04:09 +0000 https://republika.mk/?p=542498

Лидерот на Движењето Беса, истовремено и градоначалник на општина Тетово, Билал Касами, на прес-конференцијата по објавувањето на победата во трката за советот на општина Тетово, побара предвремени парламентарни избори.

Касами рече дека легитимитетот на Албанците во Македонија е во Тетово и дека треба да се смени власта и на централно ниво.

За краток период двапати ја добивме ДУИ, секако дека легитимитетот на Албанците во Македонија, кој потекнува од тука, покажува дека веќе не е кај ДУИ. Ние од плоштадот во Тетово бараме предвремени избори за да се задоволи волјата на Албанците од Струга до Куманово во земјава и евентуално Албанците во Македонија да имаат достоен претставник во централната власт. Бараме што поскоро предвремени избори - рече Касами.

Со зурли, тапани и огномет синоќа во Тетово, Беса славеше победа на изборите за Советот. Голем број граѓани беа собрани на плоштадот каде дојде и лидерот на партијата и градоначалник на Тетово.

The post Касами побара предвремени избори: Во рок од шест месеци двапати ја победивме ДУИ appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Движењето Беса, истовремено и градоначалник на општина Тетово, Билал Касами, на прес-конференцијата по објавувањето на победата во трката за советот на општина Тетово, побара предвремени парламентарни избори. Касами рече дека легитимитетот на Албанците во Македонија е во Тетово и дека треба да се смени власта и на централно ниво.
За краток период двапати ја добивме ДУИ, секако дека легитимитетот на Албанците во Македонија, кој потекнува од тука, покажува дека веќе не е кај ДУИ. Ние од плоштадот во Тетово бараме предвремени избори за да се задоволи волјата на Албанците од Струга до Куманово во земјава и евентуално Албанците во Македонија да имаат достоен претставник во централната власт. Бараме што поскоро предвремени избори - рече Касами.
Со зурли, тапани и огномет синоќа во Тетово, Беса славеше победа на изборите за Советот. Голем број граѓани беа собрани на плоштадот каде дојде и лидерот на партијата и градоначалник на Тетово.

The post Касами побара предвремени избори: Во рок од шест месеци двапати ја победивме ДУИ appeared first on Република.

]]>
Влатко Ѓорчев објави победа во Тетово https://republika.mk/vesti/makedonija/vlatko-gjorchev-objavi-pobeda-vo-tetovo/ Sat, 20 Aug 2022 17:59:13 +0000 https://republika.mk/?p=542419

Влатко Ѓорчев на својот фејсбук профил објавува дека ВМРО-ДПМНЕ во досега преброени 5 избирачки места го победува СДСМ на сите 5.

-Тетово ИМ 1974 ОУ Лирија

ВМРО 116

СДСМ 62

-Фалише (Тетовско)

ВМРО 121
СДСМ 780

-Тетово, избирачко место 1971:

ВМРО 38

СДСМ 17

-Тетово ИМ 1951 ОУ Братство

ВМРО 50

СДСМ 33

-Тетово ИМ 1969 Биро за вработување

ВМРО 166

СДСМ 94

The post Влатко Ѓорчев објави победа во Тетово appeared first on Република.

]]>

Влатко Ѓорчев на својот фејсбук профил објавува дека ВМРО-ДПМНЕ во досега преброени 5 избирачки места го победува СДСМ на сите 5.

-Тетово ИМ 1974 ОУ Лирија ВМРО 116 СДСМ 62 -Фалише (Тетовско) ВМРО 121 СДСМ 780 -Тетово, избирачко место 1971: ВМРО 38 СДСМ 17 -Тетово ИМ 1951 ОУ Братство ВМРО 50 СДСМ 33 -Тетово ИМ 1969 Биро за вработување ВМРО 166 СДСМ 94

The post Влатко Ѓорчев објави победа во Тетово appeared first on Република.

]]>
Касами очекува дека Беса ќе има мнозинство во Советот https://republika.mk/vesti/makedonija/kasami-ochekuva-deka-besa-kje-ima-mnozinstvo-vo-sovetot/ Sat, 20 Aug 2022 17:13:39 +0000 https://republika.mk/?p=542295

Градоначалникот на Тетово и претседател на партијата Движење Беса, Биљал Касами гласаше на вонредните избори за членови на Советот на општината на гласачко место во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. Тој во изјава за медимите потоа истакна дека со ова гласање за Совет е можност граѓаните да изберат развој на градот.

Граѓаните да гласаат за претставници во градскиот совет кои ќе работат заедно со мене како градоначалник за развојни проекти за поразвиено Тетово, за Тетово со подобра патна инфраструктура за почист град, за посигурен град, за побезбеден град за градот кој ќе има развиено образование, развиени културни активности, развиен спорт, развиени проекти кои ќе овозможат нашите млади да останата тука и да не одат по белиот свет. Затоа ги повикувам сите граѓани да излезат да гласаат за тие опции за кои ќе мислат, но опции кои сигурно ќе им гарантираат посветла иднина, изјави Касами.

Според него Движење Беса може да има мнозинство во Советот.

Според целокупната кампања и текот на кампањата, ние очекуваме тоа што е наша цел да имаме повеќе од 16 советници, е можно да се постигне затоа што едино ние како политичка партија направивме класична кампања со локални собири каде одзивот беше голем и единстевена партија која направи завршен митинг во центарот на Тетово кој беше масовно посетен од граѓаните. Затоа очекуваме дека денеска на крајот на денот ние ќе славиме мнозинство во Советот на Општина Тетово, рече Касами.

The post Касами очекува дека Беса ќе има мнозинство во Советот appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Тетово и претседател на партијата Движење Беса, Биљал Касами гласаше на вонредните избори за членови на Советот на општината на гласачко место во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. Тој во изјава за медимите потоа истакна дека со ова гласање за Совет е можност граѓаните да изберат развој на градот. Граѓаните да гласаат за претставници во градскиот совет кои ќе работат заедно со мене како градоначалник за развојни проекти за поразвиено Тетово, за Тетово со подобра патна инфраструктура за почист град, за посигурен град, за побезбеден град за градот кој ќе има развиено образование, развиени културни активности, развиен спорт, развиени проекти кои ќе овозможат нашите млади да останата тука и да не одат по белиот свет. Затоа ги повикувам сите граѓани да излезат да гласаат за тие опции за кои ќе мислат, но опции кои сигурно ќе им гарантираат посветла иднина, изјави Касами. Според него Движење Беса може да има мнозинство во Советот.
Според целокупната кампања и текот на кампањата, ние очекуваме тоа што е наша цел да имаме повеќе од 16 советници, е можно да се постигне затоа што едино ние како политичка партија направивме класична кампања со локални собири каде одзивот беше голем и единстевена партија која направи завршен митинг во центарот на Тетово кој беше масовно посетен од граѓаните. Затоа очекуваме дека денеска на крајот на денот ние ќе славиме мнозинство во Советот на Општина Тетово, рече Касами.

The post Касами очекува дека Беса ќе има мнозинство во Советот appeared first on Република.

]]>
Во Маврово и Ростуше постигнат е цензус, до 15 часот излезноста надмина 34 проценти https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-mavrovo-i-rostushe-postignat-e-cenzus-do-15-chasot-izleznosta-nadmina-34-procenti/ Sat, 20 Aug 2022 14:35:15 +0000 https://republika.mk/?p=542350

На гласањето за градоначалник на општина Маврово и Ростуше до 15 часот, правото на глас го оствариле 3.423 лица, односно 34,41 роценти од вкупниот број на граѓани запишани во избирачкиот список, информираа од ОИК Маврово Ростуше.

Според претседателката на ОИК, Ивана Ѓорѓиевска изборниот процес се одвива во фер и демократска атмосфера и нема прекини во изборниот процес.

Во оваа општина, право на глас имаат 9.948 граѓани кои гласачкото право го остваруваат на 39 избирачки места. Се избор на градоначалник се гласа во еден круг, бидејќи има двајца кандидати.

The post Во Маврово и Ростуше постигнат е цензус, до 15 часот излезноста надмина 34 проценти appeared first on Република.

]]>

На гласањето за градоначалник на општина Маврово и Ростуше до 15 часот, правото на глас го оствариле 3.423 лица, односно 34,41 роценти од вкупниот број на граѓани запишани во избирачкиот список, информираа од ОИК Маврово Ростуше. Според претседателката на ОИК, Ивана Ѓорѓиевска изборниот процес се одвива во фер и демократска атмосфера и нема прекини во изборниот процес. Во оваа општина, право на глас имаат 9.948 граѓани кои гласачкото право го остваруваат на 39 избирачки места. Се избор на градоначалник се гласа во еден круг, бидејќи има двајца кандидати.

The post Во Маврово и Ростуше постигнат е цензус, до 15 часот излезноста надмина 34 проценти appeared first on Република.

]]>
ДИК: Излезноста до 13 часот во Центар Жупа 25,4 отсто, во Маврово-Ростуше 24,21 отсто https://republika.mk/vesti/makedonija/dik-izleznosta-do-13-chasot-vo-centar-zupa-25-4-otsto-vo-mavrovo-rostushe-24-21-otsto/ Sat, 20 Aug 2022 13:19:17 +0000 https://republika.mk/?p=542330

Државната изборна комисија информира дека излезноста до 13 часот во општина Маврово-Ростуше е 24,21 процент, а во општина Центар Жупа 25,4 проценти. Во овие две општини денеска се избира градоначалник. Во општина Тетово каде се гласа за членови во Советот, излезноста е 14,1 процент.

Право на глас имаат вкупно 101.174 гласачи, од кои 84.072 во Тетово,7.154 во Центар Жупа и 9.948 во Маврово и Ростуше.

Во Маврово и Ростуше се гласа на 39 избирачки места, во Центар Жупа на 16, а во Тетово на 117 избирачки места.

The post ДИК: Излезноста до 13 часот во Центар Жупа 25,4 отсто, во Маврово-Ростуше 24,21 отсто appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија информира дека излезноста до 13 часот во општина Маврово-Ростуше е 24,21 процент, а во општина Центар Жупа 25,4 проценти. Во овие две општини денеска се избира градоначалник. Во општина Тетово каде се гласа за членови во Советот, излезноста е 14,1 процент. Право на глас имаат вкупно 101.174 гласачи, од кои 84.072 во Тетово,7.154 во Центар Жупа и 9.948 во Маврово и Ростуше. Во Маврово и Ростуше се гласа на 39 избирачки места, во Центар Жупа на 16, а во Тетово на 117 избирачки места.

The post ДИК: Излезноста до 13 часот во Центар Жупа 25,4 отсто, во Маврово-Ростуше 24,21 отсто appeared first on Република.

]]>
До 13 часот во Центар Жупа излезноста 25 отсто https://republika.mk/vesti/makedonija/do-13-chasot-vo-centar-zupa-izleznosta-25-otsto/ Sat, 20 Aug 2022 11:48:25 +0000 https://republika.mk/?p=542304

Изборниот ден во општина Центар Жупа минува тековно, со зголемен процент на излезност. До 13 часот, правото на глас го искористиле 1817 граѓани или 25 отсто од вкупно запишаните 7.154 гласачи во Единствениот избрачки список.

– Во сите 16 избирачки места, изборниот ден минува без проблеми, а поголема излезност се очекува во попладневните часови, изјави Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија.

Споредено со повторените избори на 17 април, кога излезноста беше 18,17 сега таа е повисока за 6,83 отсто.

Во оваа општина, каде над 60 отсто од популацијата е во некоја од западноевропските земји, главно во Италија, се повторува гласањето за градоначалник, поради необезбеден цензус од 1/3 од вкупниот број гласачи. Нивното присуство сега се очекува да го обезбеди потребниот цензус од 2.385 гласачи.

The post До 13 часот во Центар Жупа излезноста 25 отсто appeared first on Република.

]]>

Изборниот ден во општина Центар Жупа минува тековно, со зголемен процент на излезност. До 13 часот, правото на глас го искористиле 1817 граѓани или 25 отсто од вкупно запишаните 7.154 гласачи во Единствениот избрачки список. – Во сите 16 избирачки места, изборниот ден минува без проблеми, а поголема излезност се очекува во попладневните часови, изјави Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија. Споредено со повторените избори на 17 април, кога излезноста беше 18,17 сега таа е повисока за 6,83 отсто. Во оваа општина, каде над 60 отсто од популацијата е во некоја од западноевропските земји, главно во Италија, се повторува гласањето за градоначалник, поради необезбеден цензус од 1/3 од вкупниот број гласачи. Нивното присуство сега се очекува да го обезбеди потребниот цензус од 2.385 гласачи.

The post До 13 часот во Центар Жупа излезноста 25 отсто appeared first on Република.

]]>
Гласањето во Маврово и Ростуше без пречки, излезноста 14,11 проценти https://republika.mk/vesti/makedonija/glasanjeto-vo-mavrovo-i-rostushe-bez-prechki-izleznosta-14-11-procenti/ Sat, 20 Aug 2022 11:27:42 +0000 https://republika.mk/?p=542289

На гласањето за градоначалник на општина Маврово и Ростуше до 11 часот на избирачките места излегле 1.404 лица со право на глас. Тоа е 14,11 проценти од вкупниот број на граѓани запишани во избирачкиот список, информираа од ОИК Маврово Ростуше.

Според претседателката на ОИК, Ивана Ѓорѓиевска до сега не се забележани неправилности или прекини во изборниот процес и се се одвива во нормални услови.

Претходно, на првиот пресек до девет часот, во општина Маврово-Ростуше на гласање излегле 549 гласачи, односно излезноста беше 5,52 отсто. Во оваа општина има 39 избирачки места за право на глас имаат 9.948 граѓани.

На овие избори се гласа во еден круг за градоначалник бидејќи има двајца кандидати.

The post Гласањето во Маврово и Ростуше без пречки, излезноста 14,11 проценти appeared first on Република.

]]>

На гласањето за градоначалник на општина Маврово и Ростуше до 11 часот на избирачките места излегле 1.404 лица со право на глас. Тоа е 14,11 проценти од вкупниот број на граѓани запишани во избирачкиот список, информираа од ОИК Маврово Ростуше. Според претседателката на ОИК, Ивана Ѓорѓиевска до сега не се забележани неправилности или прекини во изборниот процес и се се одвива во нормални услови. Претходно, на првиот пресек до девет часот, во општина Маврово-Ростуше на гласање излегле 549 гласачи, односно излезноста беше 5,52 отсто. Во оваа општина има 39 избирачки места за право на глас имаат 9.948 граѓани. На овие избори се гласа во еден круг за градоначалник бидејќи има двајца кандидати.

The post Гласањето во Маврово и Ростуше без пречки, излезноста 14,11 проценти appeared first on Република.

]]>
Даштевски: На некои места имаше објавени списоци само на албански, немаше на македонски https://republika.mk/vesti/makedonija/dashtevski-na-nekoi-mesta-imashe-objaveni-spisoci-samo-na-albanski-nemashe-na-makedonski/ Sat, 20 Aug 2022 11:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=542285

Претседателот на Државнат изборна комисија Александар Даштевски, неговата заменичка Дитмире Шеху дојдоа во Тетово на увид на гласањето за вонредните избори за членови на Советот на општината. Тие посетија повеќе избирачки места, а Даштевски истакна дека гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера.

Имаше мали технички пропусти на кои им укажавме на избирачките одбори. Некои се исправија веднаш. Се функционира во ред. На некои места имаше објавени списоци само на албански, немаше на македонски. Тоа е технички пропуст и им укажавме дека доколку има, да ги закачат да не биде пропуст да биде двојазично. Тоа се мали детали што ги утврдивме, изјави Даштевски.

Тој информираше дека до 11 часот и 30 минути во Општина Тетово гласале 6,71 проценти или 5642 гласачи. До истиот термин во Маврово и Ростуше гласале 14.11 отсто или 1404 гласачи, а во Центар Жупа 14, 47 проценти или 1305 гласачи излезени.

До сега на сите три места има 20 приговори за избирачко право од кои 50 посто се решени веднаш, а другите се во постапка. Според изборниот законик. Сметам дека гласањето ќе прдолжи во ваква мирна атмосфера ќе продолжи на демократски начин, сите работи функционират добро, на правилен начин. Сметам дека така ќе биде до крајот на денот. Овие резултати ни кажуваат на тоа дека овој пат ќе имаме избор во овие општини но да почекаме да заврши процесот и да ги објавиме конечните неофицијални резултати, истакна Александар Даштевски.

На новинарско прашање зошто необјавувањето на списоците со улиците на македноски јазик се смета за технички пропуст, а не човечки фактор и неодговорност, Даштевски рече дека тука нема одговорност.

Ги имаме, сме ги испечатиле и сме ги донеле. При примопредавање на материјалите, дали се примопредадени или не, не знам, или пак се примопредадени, а се ставени во кутија,заборавиле да ги истакнат. Нема одговорност, треба да ги закачат, им реков сега да ги закачат. Бидејќи нели тоа е пропишано да биде двојазично, изјави Даштевски.

Од техничките проблеми кои веднаш биле надминувани Даштевски спомена дека морало да се менуваат батерии или смарт картички на биометриските апарати.

The post Даштевски: На некои места имаше објавени списоци само на албански, немаше на македонски appeared first on Република.

Излезноста во Центар Жупа до 11 часот 14 отсто https://republika.mk/vesti/makedonija/izleznosta-vo-centar-zupa-do-11-chasot-14-otsto/ Sat, 20 Aug 2022 10:15:28 +0000 https://republika.mk/?p=542275

Во општина Центар Жупа, каде денеска се спроведуваат втори повторени избори за градоначалник, до 11 часот правото на глас го оствариле 1.035 лица или 14 отсто, од вкупно 7154 запишани избирачи. 

Излезноста постепено се зголемува, што е вообичаено за секои избори. До 9 часот имавме 5,69 отсто излезност додека два часа подоцна излезноста е 14  отсто. Во сите 16 гласачки места изборниот процес минува без проблеми, рече Неџип Илјаз, претседател на општинската изборна комисија.  

Споредено со повторените избори на 17 април, кога до 11 частот правото на глас го остварија 593 лица или 8,38 отсто денеска излезноста е поголема за 5,62 отсто. 

Вчера правото на глас во оваа општина го искористија 29 болни и немоќни лица. 

The post Излезноста во Центар Жупа до 11 часот 14 отсто appeared first on Република.

]]>

Во општина Центар Жупа, каде денеска се спроведуваат втори повторени избори за градоначалник, до 11 часот правото на глас го оствариле 1.035 лица или 14 отсто, од вкупно 7154 запишани избирачи. 
Излезноста постепено се зголемува, што е вообичаено за секои избори. До 9 часот имавме 5,69 отсто излезност додека два часа подоцна излезноста е 14  отсто. Во сите 16 гласачки места изборниот процес минува без проблеми, рече Неџип Илјаз, претседател на општинската изборна комисија.  
Споредено со повторените избори на 17 април, кога до 11 частот правото на глас го остварија 593 лица или 8,38 отсто денеска излезноста е поголема за 5,62 отсто.  Вчера правото на глас во оваа општина го искористија 29 болни и немоќни лица. 

The post Излезноста во Центар Жупа до 11 часот 14 отсто appeared first on Република.

]]>
ДИК: До 9 часот излезноста во Маврово-Ростуше 5,52 отсто, во Центар Жупа 5,69 https://republika.mk/vesti/makedonija/dik-do-9-chasot-izleznosta-vo-mavrovo-rostushe-5-52-otsto-vo-centar-zupa-5-69/ Sat, 20 Aug 2022 08:30:09 +0000 https://republika.mk/?p=542250

До девет часот во општина Маврово-Ростуше на гласање излегле 549 гласачи или излезноста е 5,52 отсто, а во Центар Жупа излегле 407 гласачи или 5,69 отсто. Во Тетово до девет часот од обработени 94 избирачки места гласале 1.755 гласачи додека останатите избирачки места се во обработка.

Портпаролката на ДИК Љупка Гугутчевска на првата прес-конференција во Скопје информираше дека сите гласачки места се отворени навреме и дека гласањето се одвива тековно, без проблеми.

До ДИК, како што посочи Гугутчевска, пристигати се пет приговори за заштита на избирачко право и сите пет се прифатени.

Четири се од општината Центар Жупа и еден од општина Тетово. Сите пет приговори се прифатени, рече портпаролката на ДИК.

Следната прес-конференција на ДИК е најавена во 11:30 часот, а ќе се одржи во Тетово каде на терен се членови од ДИК.

Во текот на вчерашниот ден гласале вкупно 93 болни и изнемоштени лица и 94 гласачи кои се на издржување казна затвор или во притвор во пет казнено-поправни установи.

Во Центар Жупа се гласа за еден кандидат за градоначалник, додека во Маврово-Ростуше за двајца кандидати за градоначалник. За изборите за градоначалник да бидат успешни потребно е на гласање да излезат најмалку една третина од запишаните избирачи и мнозинството да гласаат за еден од кандидатите, односно за едниот кандидат во Центар Жупа. Во општина Тетово на гласачкото ливче има 13 листи на кандидати за членови во Советот на општината. Мандатите ќе бидат распоредени според бројот на добиени гласови користејќи ја Донтовата формула.

The post ДИК: До 9 часот излезноста во Маврово-Ростуше 5,52 отсто, во Центар Жупа 5,69 appeared first on Република.

]]>

До девет часот во општина Маврово-Ростуше на гласање излегле 549 гласачи или излезноста е 5,52 отсто, а во Центар Жупа излегле 407 гласачи или 5,69 отсто. Во Тетово до девет часот од обработени 94 избирачки места гласале 1.755 гласачи додека останатите избирачки места се во обработка. Портпаролката на ДИК Љупка Гугутчевска на првата прес-конференција во Скопје информираше дека сите гласачки места се отворени навреме и дека гласањето се одвива тековно, без проблеми. До ДИК, како што посочи Гугутчевска, пристигати се пет приговори за заштита на избирачко право и сите пет се прифатени.
Четири се од општината Центар Жупа и еден од општина Тетово. Сите пет приговори се прифатени, рече портпаролката на ДИК.
Следната прес-конференција на ДИК е најавена во 11:30 часот, а ќе се одржи во Тетово каде на терен се членови од ДИК. Во текот на вчерашниот ден гласале вкупно 93 болни и изнемоштени лица и 94 гласачи кои се на издржување казна затвор или во притвор во пет казнено-поправни установи. Во Центар Жупа се гласа за еден кандидат за градоначалник, додека во Маврово-Ростуше за двајца кандидати за градоначалник. За изборите за градоначалник да бидат успешни потребно е на гласање да излезат најмалку една третина од запишаните избирачи и мнозинството да гласаат за еден од кандидатите, односно за едниот кандидат во Центар Жупа. Во општина Тетово на гласачкото ливче има 13 листи на кандидати за членови во Советот на општината. Мандатите ќе бидат распоредени според бројот на добиени гласови користејќи ја Донтовата формула.

The post ДИК: До 9 часот излезноста во Маврово-Ростуше 5,52 отсто, во Центар Жупа 5,69 appeared first on Република.

]]>
Излезноста до 9 часот во Центар Жупа 5,69 отсто https://republika.mk/vesti/makedonija/izleznosta-do-9-chasot-vo-centar-zupa-5-69-otsto/ Sat, 20 Aug 2022 08:11:30 +0000 https://republika.mk/?p=542240

Непречено се одвива изборниот процес во општина Центар Жупа, каде до 9 часот правото на глас го оствариле 407 лица. 

Во процент тоа изнесува 5,69 отсто од вкупно запишаните 7.154 гласачи. Гласањето се одвива без проблеми и се надеваме дека така ќе биде до затворањето на избрачките места. Вообичаено поголема излезност се очекува во попладневните часови, вели Неџип Илјаз, претседател на општинската изборна комисија. 

Споредено со редовните локални избори на 17 октомври минатата година, бројот на оние кои го остварите правото на глас е поголем за 4,09 отсто. 

Тогаш до 9 часот гласале 120 лица или 1,6 отсто од 7.317 колку што беа во единствениот избирачки список. Во април пак излезноста беше 2,17 отсто од запишаните 7077 лица, што значи дека денеска излезноста до 9 часот е поголема за 3,52 отсто.  

Според Излјаз, членовите на комисијата се во постојана обиколка на 16-те гласачки места. 

The post Излезноста до 9 часот во Центар Жупа 5,69 отсто appeared first on Република.

]]>

Непречено се одвива изборниот процес во општина Центар Жупа, каде до 9 часот правото на глас го оствариле 407 лица. 
Во процент тоа изнесува 5,69 отсто од вкупно запишаните 7.154 гласачи. Гласањето се одвива без проблеми и се надеваме дека така ќе биде до затворањето на избрачките места. Вообичаено поголема излезност се очекува во попладневните часови, вели Неџип Илјаз, претседател на општинската изборна комисија. 
Споредено со редовните локални избори на 17 октомври минатата година, бројот на оние кои го остварите правото на глас е поголем за 4,09 отсто.  Тогаш до 9 часот гласале 120 лица или 1,6 отсто од 7.317 колку што беа во единствениот избирачки список. Во април пак излезноста беше 2,17 отсто од запишаните 7077 лица, што значи дека денеска излезноста до 9 часот е поголема за 3,52 отсто.   Според Излјаз, членовите на комисијата се во постојана обиколка на 16-те гласачки места. 

The post Излезноста до 9 часот во Центар Жупа 5,69 отсто appeared first on Република.

]]>
Навреме отворени избирачките места во општините Центар Жупа, Маврово-Ростуше и Тетово https://republika.mk/vesti/makedonija/navreme-otvoreni-izbirachkite-mesta-vo-opshtinite-centar-zupa-mavrovo-rostushe-i-tetovo/ Sat, 20 Aug 2022 08:04:48 +0000 https://republika.mk/?p=542233

Навреме се отворени гласачките места во Центар Жупа и Маврово-Ростуше каде се избира градоначалник, како и гласачките места во општина Тетово каде се бираат членови за Советот на општината.

Во општина Центар Жупа се спроведуваат по вторпат повторени избори за градоначалник.

– Во 7 часот отворени се сите 16 гласачки места. Во единствениот избирачки список запишани се 7.154 лица, а за да биде избран градоначалник, гласачкото право треба да го остварат 2.385 лица. Вчера гласаа 29 болни и немоќни лица, изјави за МИА, претседателот на Општинската изборна комисија Неџип Илјаз.

На гласачкото ливче овој пат е само еден кандидат, предложен од политичка партија. Во оваа печалбарска општина, каде над 60 отсто од популацијата живее во некоја западноевропска земја, се повторува гласањето за градоначалник бидејќи ниту на редовните локални избори на 17 октомври минатата година, ниту на повторените на 17 април годинава, не беше обезбеден потребниот цензус од една третина или 33,33 отсто од вкупното гласачко тело. Во октомври излезноста беше 25,77, додека во април 29,97 отсто.

Навреме започна и гласањето за градоначалник на територијата на општина Маврово-Ростуше. Граѓаните ќе гласаат во еден круг, со оглед дека има двајца кандидати.

– Сите избирачки места се отворени навреме и гласањето од утрово се одвива без забелешки. Материјалите, потребни за спроведување на изборниот процес се распределени навреме и не очекуваме некаков застој или прекин текот на денот, изјави за МИА претседателката на ОИК, Ивана Ѓорѓевска.

Гласањето во Маврово и Ростуше го спроведуваат 33 избирачки одбори. Право на глас во оваа општина имаат 9.948 граѓани. Изборите за градоначалник беа распишани откако во два наврати не беа исполнети условите. Вчера гласот го дадоа 40 болни и немоќни лица.

Се гласа и во општина Тетово за избор на членови во Советот на општината.

-Избирачките одбори не информираа дека во сите избирачки места е започнато гласањето и се одвива во најдобар ред. Нема поголеми проблеми, информира Назми Даути, секретар на ОИК Тетово.

Во избирачкиот список за Општина Тетово се евидентирани 84.071 гласач кои во текот на денот ќе може да го остварат правото на глас на едно од 117 избирачки места во градот Тетово и неколкуте рурални населени места. За 31 едно место во Советот на Општина Тетово доверба од гласачите бараат 403 кандидати од 13 кандидатски листи.

Денеска во периодот од 7 до 19 часот отворена ќе биде и подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово, а граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се обратат лично во канцеларија или на телефонскиот број 044 344-082.

The post Навреме отворени избирачките места во општините Центар Жупа, Маврово-Ростуше и Тетово appeared first on Република.

]]>

Навреме се отворени гласачките места во Центар Жупа и Маврово-Ростуше каде се избира градоначалник, како и гласачките места во општина Тетово каде се бираат членови за Советот на општината. Во општина Центар Жупа се спроведуваат по вторпат повторени избори за градоначалник.
– Во 7 часот отворени се сите 16 гласачки места. Во единствениот избирачки список запишани се 7.154 лица, а за да биде избран градоначалник, гласачкото право треба да го остварат 2.385 лица. Вчера гласаа 29 болни и немоќни лица, изјави за МИА, претседателот на Општинската изборна комисија Неџип Илјаз.
На гласачкото ливче овој пат е само еден кандидат, предложен од политичка партија. Во оваа печалбарска општина, каде над 60 отсто од популацијата живее во некоја западноевропска земја, се повторува гласањето за градоначалник бидејќи ниту на редовните локални избори на 17 октомври минатата година, ниту на повторените на 17 април годинава, не беше обезбеден потребниот цензус од една третина или 33,33 отсто од вкупното гласачко тело. Во октомври излезноста беше 25,77, додека во април 29,97 отсто. Навреме започна и гласањето за градоначалник на територијата на општина Маврово-Ростуше. Граѓаните ќе гласаат во еден круг, со оглед дека има двајца кандидати.
– Сите избирачки места се отворени навреме и гласањето од утрово се одвива без забелешки. Материјалите, потребни за спроведување на изборниот процес се распределени навреме и не очекуваме некаков застој или прекин текот на денот, изјави за МИА претседателката на ОИК, Ивана Ѓорѓевска.
Гласањето во Маврово и Ростуше го спроведуваат 33 избирачки одбори. Право на глас во оваа општина имаат 9.948 граѓани. Изборите за градоначалник беа распишани откако во два наврати не беа исполнети условите. Вчера гласот го дадоа 40 болни и немоќни лица. Се гласа и во општина Тетово за избор на членови во Советот на општината.
-Избирачките одбори не информираа дека во сите избирачки места е започнато гласањето и се одвива во најдобар ред. Нема поголеми проблеми, информира Назми Даути, секретар на ОИК Тетово.
Во избирачкиот список за Општина Тетово се евидентирани 84.071 гласач кои во текот на денот ќе може да го остварат правото на глас на едно од 117 избирачки места во градот Тетово и неколкуте рурални населени места. За 31 едно место во Советот на Општина Тетово доверба од гласачите бараат 403 кандидати од 13 кандидатски листи. Денеска во периодот од 7 до 19 часот отворена ќе биде и подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово, а граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се обратат лично во канцеларија или на телефонскиот број 044 344-082.

The post Навреме отворени избирачките места во општините Центар Жупа, Маврово-Ростуше и Тетово appeared first on Република.

]]>
Почна гласањето во сите избирачки места во Тетово https://republika.mk/vesti/makedonija/pochna-glasanjeto-vo-site-izbirachki-mesta-vo-tetovo-2/ Sat, 20 Aug 2022 07:03:04 +0000 https://republika.mk/?p=542216

Во сите 117 избирачки места во Општина Тетово започна гласањето на вонредните избори за членови на Совет и се одвива без проблеми, информираат од Општинската изборна комисија (ОИК) Тетово.

Избирачките одбори не информираа дека во сите избирачки места е започнато гласањето и се одвива во најдобар ред. Нема поголеми проблеми, информира Назми Даути, секретар на ОИК Тетово.

Во избирачкиот список за Општина Тетово се евидентирани 84.071 гласач кои во текот на денот ќе може да го остварат правото на глас на едно од 117 избирачки места во градот Тетово и неколкуте рурални населени места. За 31 едно место во Советот на Општина Тетово доверба од гласачите бараат дури 403 кандидати од 13 кандидатски листи.

Денеска во периодот од 7 до 19 часот отворена ќе биде подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово, а граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се обратат лично во канцеларија или на телефонскиот број 044 344-082, информираа од оваа установа.

Од таму потенцираат дека Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

The post Почна гласањето во сите избирачки места во Тетово appeared first on Република.

]]>

Во сите 117 избирачки места во Општина Тетово започна гласањето на вонредните избори за членови на Совет и се одвива без проблеми, информираат од Општинската изборна комисија (ОИК) Тетово.
Избирачките одбори не информираа дека во сите избирачки места е започнато гласањето и се одвива во најдобар ред. Нема поголеми проблеми, информира Назми Даути, секретар на ОИК Тетово.
Во избирачкиот список за Општина Тетово се евидентирани 84.071 гласач кои во текот на денот ќе може да го остварат правото на глас на едно од 117 избирачки места во градот Тетово и неколкуте рурални населени места. За 31 едно место во Советот на Општина Тетово доверба од гласачите бараат дури 403 кандидати од 13 кандидатски листи. Денеска во периодот од 7 до 19 часот отворена ќе биде подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово, а граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се обратат лично во канцеларија или на телефонскиот број 044 344-082, информираа од оваа установа. Од таму потенцираат дека Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

The post Почна гласањето во сите избирачки места во Тетово appeared first on Република.

]]>
Во Центар Жупа навреме отворени сите гласачки места https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-centar-zupa-navreme-otvoreni-site-glasachki-mesta/ Sat, 20 Aug 2022 06:41:04 +0000 https://republika.mk/?p=542204

Во општина Центар Жупа денеска се спроведуваат по вторпат повторени избори за градоначалник. 

Во 7 часот отворени се сите 16 гласачки места. Во единствениот избирачки список запишани се 7.154 лица  а за да биде избран градоначалник гласачкото право треба да го остварат 2.385 лица. Вчера гласаа 29 болни и немоќни лица, изјави за МИА, Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија. 

Очекува изборниот ден да мине во најдобар ред, со поголема излезност во попладневните часови.

На гласачкото ливче овој пат е само еден кандидат, предложен  од политичка партија. 

Во оваа печалбарска општина, каде над 60 отсто од популацијата живее во некоја западно европска земја,  се повторува гласањето за градоначалник бидејќи ниту на редовните локални избори на 17 октомври минатата година, ниту на повторените на 17 април годинава, не беше обезбеден потребниот цензус од една третина или 33,33 отсто од вкупното гласачко тело. Во октомври излезноста беше 25,77 додека во април 29,97 отсто. 

Поради масовното присуство на печалбарите, кои по традиција во август доаѓаат во родниот крај, оправдано се очекува да се обезбеди потребниот процент на излезност.

The post Во Центар Жупа навреме отворени сите гласачки места appeared first on Република.

]]>

Во општина Центар Жупа денеска се спроведуваат по вторпат повторени избори за градоначалник. 
Во 7 часот отворени се сите 16 гласачки места. Во единствениот избирачки список запишани се 7.154 лица  а за да биде избран градоначалник гласачкото право треба да го остварат 2.385 лица. Вчера гласаа 29 болни и немоќни лица, изјави за МИА, Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија. 
Очекува изборниот ден да мине во најдобар ред, со поголема излезност во попладневните часови. На гласачкото ливче овој пат е само еден кандидат, предложен  од политичка партија.  Во оваа печалбарска општина, каде над 60 отсто од популацијата живее во некоја западно европска земја,  се повторува гласањето за градоначалник бидејќи ниту на редовните локални избори на 17 октомври минатата година, ниту на повторените на 17 април годинава, не беше обезбеден потребниот цензус од една третина или 33,33 отсто од вкупното гласачко тело. Во октомври излезноста беше 25,77 додека во април 29,97 отсто.  Поради масовното присуство на печалбарите, кои по традиција во август доаѓаат во родниот крај, оправдано се очекува да се обезбеди потребниот процент на излезност.

The post Во Центар Жупа навреме отворени сите гласачки места appeared first on Република.

]]>
За изборите отворена подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово https://republika.mk/vesti/makedonija/za-izborite-otvorena-podrachnata-kancelarija-na-narodniot-pravobranitel-vo-tetovo/ Sat, 20 Aug 2022 06:36:05 +0000 https://republika.mk/?p=542202

Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово ќе биде отворена денеска во периодот од 7 до 19 часот, кога се одржуваат изборите за градоначалник на општините Маврово и Ростуше и на Центар Жупа и за членови на Советот на општината Тетово. Граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се обратат во канцеларијата или на телефонскиот број 044 344-082.

Од Канцеларијата на Народниот правобранител соопштија дека правата на граѓаните тој ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

Народниот правобранител потенцира дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. Исто така, народниот правобранител апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање, се наведува во соопштението.

The post За изборите отворена подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово appeared first on Република.

]]>

Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово ќе биде отворена денеска во периодот од 7 до 19 часот, кога се одржуваат изборите за градоначалник на општините Маврово и Ростуше и на Центар Жупа и за членови на Советот на општината Тетово. Граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се обратат во канцеларијата или на телефонскиот број 044 344-082. Од Канцеларијата на Народниот правобранител соопштија дека правата на граѓаните тој ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да обезбедат заштита на нивните загарантирани права.
Народниот правобранител потенцира дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. Исто така, народниот правобранител апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање, се наведува во соопштението.

The post За изборите отворена подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово appeared first on Република.

]]>
Денеска избори: Граѓаните на Маврово и Ростуше и Центар Жупа бираат градоначалник, тетовци бираат советници https://republika.mk/vesti/makedonija/deneska-izbori-gragjanite-na-mavrovo-i-rostushe-i-centar-zupa-biraat-gradonachalnik-tetovci-biraat-sovetnici/ Sat, 20 Aug 2022 06:30:55 +0000 https://republika.mk/?p=542201

Во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник поради тоа што на претходните избори ја немаше потребната излезност на гласачите, додека во Тетово се одржуваат вонредни избори за советници, откако таму не беше постигнат договор за мнозинство во општинскиот Совет.

Право на глас на локалните избори за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа и за советници во Тетово имаат вкупно 101.174 гласачи, кои ќе гласаат на 172 избирачки места, информираа од Државната изборна комисија.

Во Тетово во Избирачкиот список се запишани 84.072 избирачи на 117 избирачки места. Во Маврово и Ростуше има 9.948 гласачи на 39 избирачки места, а во Центар Жупа 7.145 на 16 избирачки места.

Во Центар Жупа на овие избори има само еден кандидат за градоначалник, додека во Маврово и Ростуше двајца кандидати. За изборите за градоначалник да бидат успешни, потребно е на гласање да излезат најмалку една третина од запишаните избирачи. Во овие две општини гласањето се повторува поради недоволна излезност на гласачите на претходните избори. За да биде избран, кандидатот за градоначалник мора да добие мнозинство од гласовите.

Во Тетово на гласачкото ливче има 13 листи со 403 кандидати за членови на Советот на Општината поднесени од 11 партии и две групи на избирачи. Со овие избори Тетово треба да добие нов состав на Советот, откако досегашниот, избран на локалните избори во октомври 2021 година, прекина да функционира во април поради немање мнозинство. Во мај годинава Владата го разреши тетовскиот Совет, по што беше донесена одлука за нови вонредни избори. Мандатите за советници ќе бидат распределени според бројот на добиени гласови користејќи ја Д’Хонтовата формула.

Овие избори ќе ги следат 49 акредитирани набљудувачи од една домашна и една странска организација.

Вчера гласаа болните и изнемоштените и затворениците во трите општини. Според ДИК, 93 лица имаа право да гласаат во своите домови затоа што се пријавиле како болни или немоќни. Од нив, 29 во Центар Жупа, 40 во Маврово и Ростуше и 24 во Тетово. Право на глас имаа и 94 гласачи кои се на издржување казна затвор или се во притвор во некоја од казнено-поправните установи и тоа во КПД Идризово – 56 гласачи, во Затвор Тетово – 23, во КПД Штип – двајца, во Затвор Струга еден и во Затвор Скопје – Шуто Оризари 12 гласачи.

На овие избори ќе се користат уредите за биометриска идентификација на гласачите и нема да се применуваат мерки за заштита од Ковид-19, како во изминатиот период.

Евентуален втор круг на изборите за градоначалници во Центар Жупа и Маврово и Ростуше би требало да се одржи за две недели, односно на 3 септември. 

The post Денеска избори: Граѓаните на Маврово и Ростуше и Центар Жупа бираат градоначалник, тетовци бираат советници appeared first on Република.

]]>

Во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник поради тоа што на претходните избори ја немаше потребната излезност на гласачите, додека во Тетово се одржуваат вонредни избори за советници, откако таму не беше постигнат договор за мнозинство во општинскиот Совет. Право на глас на локалните избори за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа и за советници во Тетово имаат вкупно 101.174 гласачи, кои ќе гласаат на 172 избирачки места, информираа од Државната изборна комисија. Во Тетово во Избирачкиот список се запишани 84.072 избирачи на 117 избирачки места. Во Маврово и Ростуше има 9.948 гласачи на 39 избирачки места, а во Центар Жупа 7.145 на 16 избирачки места. Во Центар Жупа на овие избори има само еден кандидат за градоначалник, додека во Маврово и Ростуше двајца кандидати. За изборите за градоначалник да бидат успешни, потребно е на гласање да излезат најмалку една третина од запишаните избирачи. Во овие две општини гласањето се повторува поради недоволна излезност на гласачите на претходните избори. За да биде избран, кандидатот за градоначалник мора да добие мнозинство од гласовите. Во Тетово на гласачкото ливче има 13 листи со 403 кандидати за членови на Советот на Општината поднесени од 11 партии и две групи на избирачи. Со овие избори Тетово треба да добие нов состав на Советот, откако досегашниот, избран на локалните избори во октомври 2021 година, прекина да функционира во април поради немање мнозинство. Во мај годинава Владата го разреши тетовскиот Совет, по што беше донесена одлука за нови вонредни избори. Мандатите за советници ќе бидат распределени според бројот на добиени гласови користејќи ја Д’Хонтовата формула. Овие избори ќе ги следат 49 акредитирани набљудувачи од една домашна и една странска организација. Вчера гласаа болните и изнемоштените и затворениците во трите општини. Според ДИК, 93 лица имаа право да гласаат во своите домови затоа што се пријавиле како болни или немоќни. Од нив, 29 во Центар Жупа, 40 во Маврово и Ростуше и 24 во Тетово. Право на глас имаа и 94 гласачи кои се на издржување казна затвор или се во притвор во некоја од казнено-поправните установи и тоа во КПД Идризово – 56 гласачи, во Затвор Тетово – 23, во КПД Штип – двајца, во Затвор Струга еден и во Затвор Скопје – Шуто Оризари 12 гласачи.   На овие избори ќе се користат уредите за биометриска идентификација на гласачите и нема да се применуваат мерки за заштита од Ковид-19, како во изминатиот период. Евентуален втор круг на изборите за градоначалници во Центар Жупа и Маврово и Ростуше би требало да се одржи за две недели, односно на 3 септември. 

The post Денеска избори: Граѓаните на Маврово и Ростуше и Центар Жупа бираат градоначалник, тетовци бираат советници appeared first on Република.

]]>
Даштевски: Утрешните избори очекуваме да поминат во најдобар ред https://republika.mk/vesti/makedonija/dashtevski-utreshnite-izbori-ochekuvame-da-pominat-vo-najdobar-red/ Fri, 19 Aug 2022 18:41:27 +0000 https://republika.mk/?p=542138

Очекуваме утре изборите да поминат во најдобар ред, а за тоа да биде уште подобро, цела недела во Одделението на Државната изборна комисија се одржуваа обуки, а претходно беа извршени и измени на членовите кои дадоа оставка или веќе не се дел од општинските комисии. Апаратите за отисок од прст се ажурирани, што не е тежок процес бидејќи се работи за три општини, информираше претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.

Во централниот дневник на телевизија „Сител“, Даштевски соопшти дека за утрешните избори на избирачкиот список има пријавено 101.000 лице.

Во 09:30 часот, ДИК ќе одржи прес-конференција за излезноста, а околу 12:30 часот членови на ДИК ќе присуствуваат на самото место на гласање во Тетово, каде исто така ќе се одржи прес-конференција по што ќе бидат посетени и Маврово-Ростуше и Центар Жупа. Во 19:30 часот е предвидено ДИК да одржи прес-конференција за првичните резултати за излезноста.

Во врска со малата излезност во Маврово Ростуше и Центар Жупа, претседателот на ДИК посочи дека се работи за области каде што голем дел од граѓаните се заминати надвор од државата.

Има кандидати во сите општини, претходно немаше. Во Маврово Ростуше има двајца кандидати, а Центар Жупа има само еден кандидат. Минатиот пат имаше еден и се откажа и немаше избори. Бидејќи сега има еден кандидат ќе се гласа за тој и ќе му треба една третина излезност и да освои 50 проценти од гласовите плус еден. Во Маврово Ростуше каде што има двајца, се смета дека ќе се одлучи во првиот круг, рече Даштевски.

Денешното гласање, на кое гласаа болните и изнемоштени лица и лицата во казнено поправни установи, како што соопшти претседателот на ДИК, се одвивало мирно и нема ниту една забелешка и приговор. Во Маврово Ростуше гласале 35 болни и изнемоштени лица од пријавени 40, во Центар Жупа сите 29 пријавени лица, а во Тетово гласале 23 од пријавени 24 лица.

Право на глас денеска имаа и затворениците. Пријавени се вкупно 94 гласачи. Во Казнено поправната установа „Идризово“ од пријавени 56, гласале 37. Во Шуто Оризари се пријавиле 12 гласачи, а гласале седум. Во Струга, Тетово и Штип гласале сите, односно 21 гласач, соопшти Даштевски.

На прашањето дали Државната изборна комисија е подготвена за предвремени парламентарни избори, Даштевски потврди дека се подготвени, но, како што посочи, имаат недостаток на вработени кои заминале во пензија или во други институции и нагласи дека е потребно да се одобри пополнување на 15 до 20 работни места.

The post Даштевски: Утрешните избори очекуваме да поминат во најдобар ред appeared first on Република.

]]>

Очекуваме утре изборите да поминат во најдобар ред, а за тоа да биде уште подобро, цела недела во Одделението на Државната изборна комисија се одржуваа обуки, а претходно беа извршени и измени на членовите кои дадоа оставка или веќе не се дел од општинските комисии. Апаратите за отисок од прст се ажурирани, што не е тежок процес бидејќи се работи за три општини, информираше претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски. Во централниот дневник на телевизија „Сител“, Даштевски соопшти дека за утрешните избори на избирачкиот список има пријавено 101.000 лице. Во 09:30 часот, ДИК ќе одржи прес-конференција за излезноста, а околу 12:30 часот членови на ДИК ќе присуствуваат на самото место на гласање во Тетово, каде исто така ќе се одржи прес-конференција по што ќе бидат посетени и Маврово-Ростуше и Центар Жупа. Во 19:30 часот е предвидено ДИК да одржи прес-конференција за првичните резултати за излезноста. Во врска со малата излезност во Маврово Ростуше и Центар Жупа, претседателот на ДИК посочи дека се работи за области каде што голем дел од граѓаните се заминати надвор од државата.
Има кандидати во сите општини, претходно немаше. Во Маврово Ростуше има двајца кандидати, а Центар Жупа има само еден кандидат. Минатиот пат имаше еден и се откажа и немаше избори. Бидејќи сега има еден кандидат ќе се гласа за тој и ќе му треба една третина излезност и да освои 50 проценти од гласовите плус еден. Во Маврово Ростуше каде што има двајца, се смета дека ќе се одлучи во првиот круг, рече Даштевски.
Денешното гласање, на кое гласаа болните и изнемоштени лица и лицата во казнено поправни установи, како што соопшти претседателот на ДИК, се одвивало мирно и нема ниту една забелешка и приговор. Во Маврово Ростуше гласале 35 болни и изнемоштени лица од пријавени 40, во Центар Жупа сите 29 пријавени лица, а во Тетово гласале 23 од пријавени 24 лица.
Право на глас денеска имаа и затворениците. Пријавени се вкупно 94 гласачи. Во Казнено поправната установа „Идризово“ од пријавени 56, гласале 37. Во Шуто Оризари се пријавиле 12 гласачи, а гласале седум. Во Струга, Тетово и Штип гласале сите, односно 21 гласач, соопшти Даштевски.
На прашањето дали Државната изборна комисија е подготвена за предвремени парламентарни избори, Даштевски потврди дека се подготвени, но, како што посочи, имаат недостаток на вработени кои заминале во пензија или во други институции и нагласи дека е потребно да се одобри пополнување на 15 до 20 работни места.

The post Даштевски: Утрешните избори очекуваме да поминат во најдобар ред appeared first on Република.

]]>
Вкупно 101.174 лица со право на глас на изборите за градоначалник во Маврово Ростуше и Центар Жупа и за советници во Тетово https://republika.mk/vesti/makedonija/vkupno-101-174-lica-so-pravo-na-glas-na-izborite-za-gradonachalnik-vo-mavrovo-rostushe-i-centar-zupa-i-za-sovetnici-vo-tetovo/ Fri, 19 Aug 2022 10:39:53 +0000 https://republika.mk/?p=541976

На утрешните локални избори за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа и за советници во Тетово право на глас имаат вкупно 101.174 гласачи.

Во Тетово во Избирачкиот список се запишани 84.072 избирачи, во Маврово и Ростуше 7.154 и во Центар Жупа 9.948.

Во трите општини ќе се гласа на 172 избирачки места. Во Маврово и Ростуше се гласа на 39 избирачки места, во Центар Жупа на 16, а во Тетово на 117 избирачки места.

Во Центар Жупа на овие избори има само еден кандидат за градоначалник, додека во Маврово и Ростуше двајца кандидати за градоначалник.

За изборите за градоначалник да бидат успешни, потребно е на гласање да излезат најмалку една третина од запишаните избирачи, и мнозинството да гласа за еден од кандидатите. Во овие две општини гласањето се повторува поради недоволна излезност на гласачите.

Во Тетово на гласачкото ливче ќе има 13 листи на кандидати за членови на Советот на општината. Мандатите ќе бидат распределени според бројот на добиени гласови користејќи ја Д’Хонтовата формула.

Овие избори ќе ги следат 49 акредитирани набљудувачи од една домашна и една странска организација.

На овие избори ќе се користат уредите за биометриска идентификација на гласачите и нема да се применуваат мерки за заштита од Ковид-19, како во изминатиот период.

The post Вкупно 101.174 лица со право на глас на изборите за градоначалник во Маврово Ростуше и Центар Жупа и за советници во Тетово appeared first on Република.

]]>

На утрешните локални избори за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа и за советници во Тетово право на глас имаат вкупно 101.174 гласачи. Во Тетово во Избирачкиот список се запишани 84.072 избирачи, во Маврово и Ростуше 7.154 и во Центар Жупа 9.948. Во трите општини ќе се гласа на 172 избирачки места. Во Маврово и Ростуше се гласа на 39 избирачки места, во Центар Жупа на 16, а во Тетово на 117 избирачки места. Во Центар Жупа на овие избори има само еден кандидат за градоначалник, додека во Маврово и Ростуше двајца кандидати за градоначалник. За изборите за градоначалник да бидат успешни, потребно е на гласање да излезат најмалку една третина од запишаните избирачи, и мнозинството да гласа за еден од кандидатите. Во овие две општини гласањето се повторува поради недоволна излезност на гласачите. Во Тетово на гласачкото ливче ќе има 13 листи на кандидати за членови на Советот на општината. Мандатите ќе бидат распределени според бројот на добиени гласови користејќи ја Д’Хонтовата формула. Овие избори ќе ги следат 49 акредитирани набљудувачи од една домашна и една странска организација. На овие избори ќе се користат уредите за биометриска идентификација на гласачите и нема да се применуваат мерки за заштита од Ковид-19, како во изминатиот период.

The post Вкупно 101.174 лица со право на глас на изборите за градоначалник во Маврово Ростуше и Центар Жупа и за советници во Тетово appeared first on Република.

]]>
Гласаат болните и затворениците во Маврово Ростуше, Центар Жупа и Тетово https://republika.mk/vesti/makedonija/glasaat-bolnite-i-zatvorenicite-vo-mavrovo-rostushe-centar-zupa-i-tetovo/ Fri, 19 Aug 2022 09:13:24 +0000 https://republika.mk/?p=541915

Започна гласањето за изборите за градоначалници на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за членови на Советот на општина Тетово.

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека 93 лица денеска гласаат во своите домови кои се пријавиле како болни или немоќни. Од нив 29 во Центар Жупа, 40 во Маврово и Ростуше и 24 во Тетово.

Денеска гласаат и 94 гласачи кои се издржување казна затвор или се во притвор во некоја од казнено-поправните установи, и тоа во КПД Идризово 56 гласачи, во Затвор Тетово 23 гласачи, во КПД Штип двајца гласачи, во Затвор Струга еден гласач и во Затвор Скопје – Шуто Оризари 12 гласачи.

Гласачките места во казнено поправните установи се отворени на време и гласањето тече без проблеми.

Гласањето во овие три општини ќе се одива утре на 172 избирачки места, коишто треба да бидат отворени во 7 часот, а ќе се затворат во 19:00 часот.

The post Гласаат болните и затворениците во Маврово Ростуше, Центар Жупа и Тетово appeared first on Република.

]]>

Започна гласањето за изборите за градоначалници на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за членови на Советот на општина Тетово. Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека 93 лица денеска гласаат во своите домови кои се пријавиле како болни или немоќни. Од нив 29 во Центар Жупа, 40 во Маврово и Ростуше и 24 во Тетово. Денеска гласаат и 94 гласачи кои се издржување казна затвор или се во притвор во некоја од казнено-поправните установи, и тоа во КПД Идризово 56 гласачи, во Затвор Тетово 23 гласачи, во КПД Штип двајца гласачи, во Затвор Струга еден гласач и во Затвор Скопје – Шуто Оризари 12 гласачи. Гласачките места во казнено поправните установи се отворени на време и гласањето тече без проблеми. Гласањето во овие три општини ќе се одива утре на 172 избирачки места, коишто треба да бидат отворени во 7 часот, а ќе се затворат во 19:00 часот.

The post Гласаат болните и затворениците во Маврово Ростуше, Центар Жупа и Тетово appeared first on Република.

]]>