љуботен Archives - Република https://republika.mk/tema/ljuboten/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 08:40:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png љуботен Archives - Република https://republika.mk/tema/ljuboten/ 32 32 Исчезнатата планинарка утрово пронајдена почината на Шар Планина https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ischeznatata-planinarka-utrovo-pronajdena-pochinata-na-shar-planina/ Mon, 30 Sep 2024 07:55:03 +0000 https://republika.mk/?p=820877

Планинарка која вчера беше пријавена за исчезната на Шар Планина, утрово била пронајдена почината.

Како што известува регионалниот ЦУК Тетово преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера беше примен повик за исчезната повозрасна планинарка (72-годишна) на Шар Планина во реон на Љуботен, по што беше организирана потрага што продолжи и денеска од утрово, кога се раздени.

Во потрагата биле вклучени ренџери од НП „Шар Планина“ заедно со нивниот директор, 12 специјалци од МВР, 5 полициски службеници од ПС Теарце.

Утрово, од НП „Шар Планина“ известија дека денеска во 07.30 часот е пронајдена жената во месноста „Ружен Камен“, но без знаци на живот.

За извлекување на настраданата жена од тежок и не пристапен терен се интервенира и од страна на алпинистот Надир Мурсели, којшто помага при вакви случаи на Шар Планина.

Увид на местото ќе изврши екипа од СВР Тетово, а е известен и Јавен обвинител.

The post Исчезнатата планинарка утрово пронајдена почината на Шар Планина appeared first on Република.

]]>

Планинарка која вчера беше пријавена за исчезната на Шар Планина, утрово била пронајдена почината. Како што известува регионалниот ЦУК Тетово преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера беше примен повик за исчезната повозрасна планинарка (72-годишна) на Шар Планина во реон на Љуботен, по што беше организирана потрага што продолжи и денеска од утрово, кога се раздени. Во потрагата биле вклучени ренџери од НП „Шар Планина“ заедно со нивниот директор, 12 специјалци од МВР, 5 полициски службеници од ПС Теарце. Утрово, од НП „Шар Планина“ известија дека денеска во 07.30 часот е пронајдена жената во месноста „Ружен Камен“, но без знаци на живот. За извлекување на настраданата жена од тежок и не пристапен терен се интервенира и од страна на алпинистот Надир Мурсели, којшто помага при вакви случаи на Шар Планина. Увид на местото ќе изврши екипа од СВР Тетово, а е известен и Јавен обвинител.

The post Исчезнатата планинарка утрово пронајдена почината на Шар Планина appeared first on Република.

]]>
Се организира ноќно искачување на врвот Љуботен и дочекување на изгрејсонце https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/se-organizira-nokno-iskachuvane-na-vrvot-luboten-i-dochekuvane-na-izgrejsontse/ Fri, 13 Sep 2024 17:24:09 +0000 https://republika.mk/?p=816177

Планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово го најавува годинашното традиционално искачување на врвот Љуботен на 2499 метри надморска височина во ноќни услови со цел да се дочека изгрејсонцето. Потфатот почнува на 21 септември, сабота, а освојувањето на врвот е планирано во недела, 22 септември околу 5 часот.

Планот е да се тргне од Тетово во 20:30 часот и да се упатиме кон Старо Село, каде што ќе ги зачекаме учесниците од другите места, и по прибирањето во 21:30 часот ќе тргнеме нагоре накај планинарскиот дом Љуботен (1.650 мнв), која ќе ни биде база за понатамошно качување. Планираното стигнување во планинарски дом Љуботен каде ќе биде поставен базниот камп е околу 23:30 – 24:00 часот. Таму е предвиден поголем одмор, имаме доволно време за вечера и разноразни активности пред понатамошното искачување. Во поход на самиот врв тргнуваме некаде околу 02:30 часот, тоа е веќе недела, 22 септември, па на самиот врв да стигнеме околу 4:30 – 05:00 часот за да бидеме таму и да го дочекаме самото изгрејсонце, информира Владимир Трпковски од ПК „Јелак“.

Од клубот велат дека за искачувањето е потреба стандардната планинарска опрема засилена со челна или рачна ламба, а пожелно е на облеката или опремата да има ознаки од рефлектирачки материјал заради подобро следење на колоната.

Потребни се удобни планинарски чевли или чизми и потопол слој на облека, бидејќи горе на самиот врв ќе се задржиме повеќе од два часа, а утрата на таа висина се секогаш ладни. Пожелно е, кој има да си понесе подлога за седнување, бидејќи седењето на камења не е баш премногу удобно. Не е лошо и да си имате вреќа за спиење, за да ги заштити луѓето додека да го чекаме изгрејсонцето, вели Трпковски.

Од клубот велат дека вода има во доволни количини до планинарски дом Љуботен, но потоа нема до врвот. По искачувањето планот е до 8 часот да се врати групата во базниот камп во планинарскиот дом Љуботен.

The post Се организира ноќно искачување на врвот Љуботен и дочекување на изгрејсонце appeared first on Република.

Уапсен жител на село Љуботен, агресивно се однесувал кон полициските службеници https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-zhitel-na-selo-luboten-agresivno-se-odnesuval-kon-politsiskite-sluzhbenitsi/ Sat, 27 Jul 2024 18:00:26 +0000 https://republika.mk/?p=800858

На 26.07.2024 во 18.00 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници при СВР Скопје го привеле М.М.(21) од село Љуботен, скопско, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Уапсен жител на село Љуботен, агресивно се однесувал кон полициските службеници appeared first on Република.

]]>

На 26.07.2024 во 18.00 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници при СВР Скопје го привеле М.М.(21) од село Љуботен, скопско, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Уапсен жител на село Љуботен, агресивно се однесувал кон полициските службеници appeared first on Република.

]]>
В недела е традиционалното искачување на Титов врв https://republika.mk/zivot/patuvanja/v-nedela-e-traditsionalnoto-iskachuvane-na-titov-vrv/ Thu, 23 May 2024 10:05:36 +0000 https://republika.mk/?p=781096

Викендов ќе се одржи дводневната манифестација по повод традиционалното мајско искачување на Титов врв што секоја година го организира планинарскиот клуб Љуботен од Тетово. Во недела 26 мај е искачувањето до највисоката точка на Шар Планина на 2747 метри надморска височина додека ден претходно ќе се одржат пригодни активности.

Во недела од 06:30 часот е предвидено тргнување на колоната од платото пред хотел „Попова Шапка“ кон Титов Врв по „Вакуфска Патека“. Предвидено е околу 11 часот пристигнување на колоната на Титов Врв, а на пладне враќање назад кон Попова Шапка. Во 16:00 часот е очекуваното пристигнување на Попова Шапка, информираше на денешната прес-конференција, Христина Коруновска, член на извршниот одбор на ПК Љуботен.

Од клубот напомнуваат дека поради големата количина на снег, која не е забележана во изминативе 38 години, потребно е сите коишто ќе се пријават и учествуваат на овогодишното искачување, да ја почитуваат програмата на организаторот и да ги почитуваат обврските кои ги имаат како учесници на овој настан.

– До искачувањето има уште три дена, во овој период се прогнозираат променливи метеоролошки услови. Но во текот на утрешниот ден и петок, членови на клубот ќе бидат на терен и ќе имаме најточни информации за состојбата со снегот. Во зависност од метеоролошките услови, а пред сè поради безбедност на учесниците, клубот има право да ја промени патеката на искачување до врвот, за што сите благовремено ќе бидат известени. Организаторот има право да донесе одлука и за прекинување на искачувањето, која одлука треба да се почитува од сите учесници на настанот, истакна претседателот на ПК Љуботен, Јован Божиноски.

Во сабота, вообичаено се предвидени и пригодни активности за афирмација на планинарството и заштитата на животната средина. Покрај пречекот на планинарите на Попова Шапка, во хотелот Славија ќе бидат организирани неколку активности, како што базар, проекции на филмови, детска забава и свеченото отворање како и координација на планинарските групи.

Во координација со ЈУ Национален Парк Шар Планина, ќе се изврши чистење на патеката од Титов Врв до Попова Шапка. Вработените од паркот, пред самото тргнување ќе поделат ракавици и вреќи на дел од учесниците кои на симнување од врвот ќе го соберат сиот отпад кој е на патеката. Благодариме на НП Шар Планина во поддршката на овој настан, посочи Божиноски.

Организацијата на оваа планинарска манифестација почнува во 1980 година кога се организира првото тогаш меморијално искачување. По ова прво меморијално искачување одлучено е настанот да влезе во календарот на сите планинарски друштва во тогашна Југославија. Организацијата и масовноста на овој настан е знак на препознавање на П.К. Љуботен. Во текот на изминатите 41 искачувања на Титов Врв евидентирале бројка од 26705 искачени планинари.

The post В недела е традиционалното искачување на Титов врв appeared first on Република.

12 повредени меѓу кои и деца во судир на три возила во Љуботен https://republika.mk/vesti/crna-hronika/12-povredeni-megu-koi-i-detsa-vo-sudir-na-tri-vozila-vo-luboten/ Mon, 25 Mar 2024 12:40:10 +0000 https://republika.mk/?p=758524

Дванаесет лица се повредени, од кои една сопатничка тешко во судирот на три возила кој се случи вчера попладне на локалниот пат за с.Љуботен, скопско

Како што соопшти МВР, во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат за с.Љуботен, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(61) од с.Љуботен, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано Е.М.(54) од с.Ласкарци, скопско и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(19) од с.Љуботен, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „фолксваген голф“ Џ.М.(55) од с.Љуботен,скопско, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи и осум сопатници од возилата „форд“ и „фолксваген голф“, од кои тројца се малолетни, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post 12 повредени меѓу кои и деца во судир на три возила во Љуботен appeared first on Република.

]]>

Дванаесет лица се повредени, од кои една сопатничка тешко во судирот на три возила кој се случи вчера попладне на локалниот пат за с.Љуботен, скопско Како што соопшти МВР, во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат за с.Љуботен, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(61) од с.Љуботен, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано Е.М.(54) од с.Ласкарци, скопско и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(19) од с.Љуботен, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „фолксваген голф“ Џ.М.(55) од с.Љуботен,скопско, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи и осум сопатници од возилата „форд“ и „фолксваген голф“, од кои тројца се малолетни, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post 12 повредени меѓу кои и деца во судир на три возила во Љуботен appeared first on Република.

]]>
Дали поради тоа што сме Македонци немаме право на стадионите, туку има само Шкендија?“ – Тетекс се жали на дискриминација https://republika.mk/sport/fudbal/dali-poradi-toa-shto-sme-makedontsi-nemame-pravo-na-stadionite-tuku-ima-samo-shkendija-teteks-se-zhali-na-diskriminatsija/ Fri, 18 Aug 2023 12:33:04 +0000 https://republika.mk/?p=673416

Фудбалскиот клуб Тетекс почнува институционална битка за докажување на дискриминација затоа што не им се дозволува користење на новиот и стариот градски стадион. Тие велат дека од март попусто ги чекаат општинските власти за спроведување на договорот дека ќе добијат терен со природна терен во селото Сараќино.

Од денес почнуваме со борба преку нашите институции, ќе се запознаат сите фактори, народен правобранител, меѓународна заедница, амбасада, Комисија за антидискриминација. Од март бараме средба за да се реши овој проблем, немаме добиено одговор, што уште да се чекаме. Второ коло веќе играме, дали треба уште да се чека. Има комуникација со општина Тетово, ама тоа останува на тоа дека ќе биде теренот во Сараќино, ама што до тогаш. Бараме писмени гаранции дека клубот ќе може да се натпреварува на Градскиот стадион, зошто да не го користиме стариот градски стадион, да видиме дали има договор кој било клуб, зошто не и Тетекс. И ако нема зошто само еден клуб може да го користи тој терен. Во Сараќино ништо не е почнато. Секоја општина помага во спортот ние немаме денар видено, изјави на денешната прес-конференција Бобан Мишевски, спортски директор.

Тој ја оспорува реакцијата на Општина Тетово дека новиот стадион е само за клубови од Прва лига

Општина вели дека градски стадион е само за прволигашки екипи, па ЖФК Љуботен е Прва лига. Како е осмислено дека само прволигашка екипа може да го користи. Таму е јасно наведено дека 24 часа пред одигрување на прволигашки натпревар не може да се користи теренот. Може да играме во гости кога другите ќе бидат домашни. Има примери каде се користи ист терен пример Воска и Охрид, пример Караорман и Струга, не гледам зошто е проблем, рече Мишевски.

Воедно клубот бара додека не се изгради нов терен за тренирање во Сараќино да им се овозможи подготвување на стариот градски стадион.

Бараме средба со сите клубови, градоначалникот и млади и женски клубови и да се најде решение да се најдат термини да се тренираат на овој терен тука. На тој терен не може да се излезе од нашите простории. Ограден е и само го користи екипата на првиот тим на Шкендија. Единствено нешто што бараме во моментов е само разумен договор каде што ќе може да се излезе и да се тренира на овој терен, поточно стариот градски стадион. На овој терен секогаш без никаков проблем тренирале првите тимови на Тетекс, Шкендија, прв тим на Љуботен, младите категории на овие три споменати клубови дури и една школа без никаков проблем со добра ординација. Немало апсолутно никаков проблем, истакна Мишевски.

Шефот на стручниот штаб Филип Деспотовски рече дека имаат многу тешки услови за работа на теренот со вештачка трева. Имаат термин во 10.30 часот кога е многу топло, што негативно влијание на здравствената состојба на фудбалерите.

Би било многу добро кога би имале избор за повеќе терени да користиме, затоа што развојот на децата кои сакаат да бидат фудбалери од Тетовско, тоа ќе им дозволи да им бидат достапни учењата кои ќе ги дадат тренерите. Но немаме такви услови за младите, а да не зборам за првиот тим, се натпреваруваме во Втора лига, искрено сакаме да идеме и понапред, имаме добри деца во клубот затоа што знаеме дека Тетово бил секогаш расадник на дорби фудбалери. Да се најде решение за да може да имаме мирна работа, да се сконцентрираме на фудбал, ние сме фудбалски работници, не сме политичари. Сакаме да си ја работиме нашата работа, затоа сме тука. И сакаме да си имаме мир во нашата работа. За прв тим може да кажам дека тренирам во термин во 10.30. кога е многу топло а тоа е вештачка трева, која се вжарува од топлината и многу играчи се повредуваат, што за сметка на теренот кој е со лоши услови, што за сметка на време топло е, се разболуваат, имаат добивано температура од сончаница и такви работи, потенцираше Деспотовски.

Капитенот Трајче Стојковски вели дека од просториите на ФК Тетекс фудбалерите самите возат комбе за до теренот со вештачка трева.

Се враќаме назад испотени, едно ниво коешто не доликува на фудбалско име како што е ФК Тетекс. Ни една школа не толерира такви работи, а ова е клуб со реноме, еден од најголемите македонски клубови и не заслужува ваков третман од кој било и да е. Ова тргаме политика на страна. Овде се замешани и многу други работи и затоа спортот оди назад. Не бараме многу, бараме да имаме многу, бараме да имаме терен, рече Стојковски.

Од раководството на Тетекс потенцираат иако Министерството за транспорт и врски дава позитивно мислење за легализација на нивните простории тоа не е одобрено од досегашните градоначалници Теута Арифи и Биљал Касами.

The post Дали поради тоа што сме Македонци немаме право на стадионите, туку има само Шкендија?“ – Тетекс се жали на дискриминација appeared first on Република.

На клубовите Тетекс и Љуботен не им се дозволува да ги користат тетовските стадиони: Дали сме дискриминирани затоа што сме Македонци? https://republika.mk/vesti/makedonija/na-klubovite-teteks-i-luboten-ne-im-se-dozvoluva-da-gi-koristat-tetovskite-stadioni-dali-sme-diskriminirani-zatoa-shto-sme-makedontsi/ Wed, 16 Aug 2023 15:06:34 +0000 https://republika.mk/?p=672802

Фудбалскиот клуб Тетекс јавно на Фејсбук обвини дека на неговите фудбалери, како и на фудбалерите и фудбалерките на Љуботен Општина Тетово не им дозволува да ги користат ниту стариот ниту новиот градски стадион во Тетово за тренинзи или за натпревари.

„Ја користиме оваа прилика за да ја запознаеме пошироката јавност дека во моментов на стариот градски стадион, но и на новиот градски стадион, ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен немаат право на нивно користење, тренинзи, одигрување на натпревари во лигата од засега непознати причини!

Екслузивно право на користење на двата стадиони има само ФК Шкендија!

Се прашуваме дали во 21. век е нормално само поради тоа што сме Македонци, кои живеат во Општина Тетово да немаме право на тренинзи на природна трева?

Со месеци, односно поточно од февруари досега, одржани се неколку состаноци со градоначалникот и со челниците на општинската власт, но, од нив нема никаков договор и реализација на нашите барања.

Низ историјата, без никакви проблеми, со меѓусебна координација, сите клубови тренирале и ги играле своите натпревари на овие два стадиони. Денеска, наместо да се работи на што поголема кохезија, кога е спортот во прашање, очигледно некој работи на тоа македонските клубови да се дестабилизираат и дефоксуираат од целта.

Во истиот контекст, сакаме да потенцираме дека на стариот градски стадион се наоѓаат и нашите простории, соблекувална, простор за перална и слично, а тренинзите и натпреварите се играат на стадиончето на АМС, на вештачка трева. Чиста небулоза!

Па оттука сакаме да прашаме: Дали Шкендија е единствен клуб од Тетово кој има право на ова или се игра некоја друга игра во заднина? Апелираме до општинските власти за итно свикување на заедничка средба на сите тетовски фудбалски клубови и под нивно покровителство итно да се изнајде решение за овој проблем, без никој да е оштетен.

Во спротивно, ќе бидеме принудени да повикаме на протести се додека не обезбедиме фундаментални право за спортот и развој на спотрскиот дух кај младите“ – се вели во објавата на ФК Тетекс.

The post На клубовите Тетекс и Љуботен не им се дозволува да ги користат тетовските стадиони: Дали сме дискриминирани затоа што сме Македонци? appeared first on Република.

]]>

Фудбалскиот клуб Тетекс јавно на Фејсбук обвини дека на неговите фудбалери, како и на фудбалерите и фудбалерките на Љуботен Општина Тетово не им дозволува да ги користат ниту стариот ниту новиот градски стадион во Тетово за тренинзи или за натпревари.
„Ја користиме оваа прилика за да ја запознаеме пошироката јавност дека во моментов на стариот градски стадион, но и на новиот градски стадион, ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен немаат право на нивно користење, тренинзи, одигрување на натпревари во лигата од засега непознати причини! Екслузивно право на користење на двата стадиони има само ФК Шкендија! Се прашуваме дали во 21. век е нормално само поради тоа што сме Македонци, кои живеат во Општина Тетово да немаме право на тренинзи на природна трева? Со месеци, односно поточно од февруари досега, одржани се неколку состаноци со градоначалникот и со челниците на општинската власт, но, од нив нема никаков договор и реализација на нашите барања. Низ историјата, без никакви проблеми, со меѓусебна координација, сите клубови тренирале и ги играле своите натпревари на овие два стадиони. Денеска, наместо да се работи на што поголема кохезија, кога е спортот во прашање, очигледно некој работи на тоа македонските клубови да се дестабилизираат и дефоксуираат од целта. Во истиот контекст, сакаме да потенцираме дека на стариот градски стадион се наоѓаат и нашите простории, соблекувална, простор за перална и слично, а тренинзите и натпреварите се играат на стадиончето на АМС, на вештачка трева. Чиста небулоза! Па оттука сакаме да прашаме: Дали Шкендија е единствен клуб од Тетово кој има право на ова или се игра некоја друга игра во заднина? Апелираме до општинските власти за итно свикување на заедничка средба на сите тетовски фудбалски клубови и под нивно покровителство итно да се изнајде решение за овој проблем, без никој да е оштетен. Во спротивно, ќе бидеме принудени да повикаме на протести се додека не обезбедиме фундаментални право за спортот и развој на спотрскиот дух кај младите“ – се вели во објавата на ФК Тетекс.

The post На клубовите Тетекс и Љуботен не им се дозволува да ги користат тетовските стадиони: Дали сме дискриминирани затоа што сме Македонци? appeared first on Република.

]]>
На македонските клубови Љуботен и Тетекс не им се дозволува пристап на стадионот во Тетово https://republika.mk/sport/fudbal/na-makedonskite-klubovi-luboten-i-teteks-ne-im-se-dozvoluva-pristap-na-stadionot-vo-tetovo/ Wed, 16 Aug 2023 14:10:52 +0000 https://republika.mk/?p=672654

ФК Тетекс денес испрати соопштение до јавноста потенцирајќи дека како на фудбалска екипа не им е дозволено користење на двата фудбалски стадиони.

Велат дека имале повеќемесечни безуспешни обиди со општината за да им се овозможи да го користат стадионот.

- Ја користиме оваа прилика за да ја запознаеме пошироката јавност дека во моментов на стариот градски стадион, но и на новиот градски стадион, ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен немаат право на нивно користење, тренинзи, одигрување на натпревари во лигата од засега непознати причини! Ексклузивно право на користење на двата стадиони има само ФК Шкендија! Се запрашуваме, дали во 21-от век е нормално само поради тоа што сме МАКЕДОНЦИ кои живеат во Општина Тетово да немаме право на тренинзи на природна трева?Со месеци, односно поточно од февруари навака одржани се неколку состаноци со градоначалникот и со челниците на општинската власт, но, од нив нема никаков договор и реализација на нашите барања, се вели во соопштението на ФК Тетекс.

Од таму посочуваат дека во минатото без никакви проблеми, со меѓусебна координација, сите клубови тренирале и ги играле своите натпревари на овие два стадиони.

- Денеска, наместо да се работи на што поголема кохезија кога е спортот во прашање, очигледно некои работаат на тоа македонските клубови да се дестабилизираат и дефоксуираат од целта. Во истиот контекст, сакаме да потенцираме дека на стариот градски стадион се наоѓаат и нашите простории, соблекувална, простор за перална и слично, а тренинзите и натпреварите се играат на стадиончето на АМС, на вештачка трева. Чиста небулоза! Па оттука сакаме да прашаме: Дали Шкендија е единствен клуб од Тетово кој има право на ова или се игра некоја друга игра во позадина? Апелираме до општинските власти за итно свикување на заедничка средба на сите тетовски фудбалски клубови и под нивно покровителство итно да се изнајде решение за овој проблем, без никој да е оштетен. Во спротивно, ќе бидеме принудени да повикаме на протести се додека не обезбедиме фундаментални право за спортот и развој на спортскиот дух кај младите, стои во соопштението на ФК Тетекс

The post На македонските клубови Љуботен и Тетекс не им се дозволува пристап на стадионот во Тетово appeared first on Република.

]]>

ФК Тетекс денес испрати соопштение до јавноста потенцирајќи дека како на фудбалска екипа не им е дозволено користење на двата фудбалски стадиони. Велат дека имале повеќемесечни безуспешни обиди со општината за да им се овозможи да го користат стадионот.  
- Ја користиме оваа прилика за да ја запознаеме пошироката јавност дека во моментов на стариот градски стадион, но и на новиот градски стадион, ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен немаат право на нивно користење, тренинзи, одигрување на натпревари во лигата од засега непознати причини! Ексклузивно право на користење на двата стадиони има само ФК Шкендија! Се запрашуваме, дали во 21-от век е нормално само поради тоа што сме МАКЕДОНЦИ кои живеат во Општина Тетово да немаме право на тренинзи на природна трева?Со месеци, односно поточно од февруари навака одржани се неколку состаноци со градоначалникот и со челниците на општинската власт, но, од нив нема никаков договор и реализација на нашите барања, се вели во соопштението на ФК Тетекс.
  Од таму посочуваат дека во минатото без никакви проблеми, со меѓусебна координација, сите клубови тренирале и ги играле своите натпревари на овие два стадиони.  
- Денеска, наместо да се работи на што поголема кохезија кога е спортот во прашање, очигледно некои работаат на тоа македонските клубови да се дестабилизираат и дефоксуираат од целта. Во истиот контекст, сакаме да потенцираме дека на стариот градски стадион се наоѓаат и нашите простории, соблекувална, простор за перална и слично, а тренинзите и натпреварите се играат на стадиончето на АМС, на вештачка трева. Чиста небулоза! Па оттука сакаме да прашаме: Дали Шкендија е единствен клуб од Тетово кој има право на ова или се игра некоја друга игра во позадина? Апелираме до општинските власти за итно свикување на заедничка средба на сите тетовски фудбалски клубови и под нивно покровителство итно да се изнајде решение за овој проблем, без никој да е оштетен. Во спротивно, ќе бидеме принудени да повикаме на протести се додека не обезбедиме фундаментални право за спортот и развој на спортскиот дух кај младите, стои во соопштението на ФК Тетекс

The post На македонските клубови Љуботен и Тетекс не им се дозволува пристап на стадионот во Тетово appeared first on Република.

]]>
Традиционално искачување на Љуботен на стартот од новата година https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/traditsionalno-iskachuvane-na-luboten-na-startot-od-novata-godina/ Mon, 02 Jan 2023 15:53:03 +0000 https://republika.mk/?p=592850

Планинарите од планинарскиот клуб „Љуботен“ согласно нивната традиција на вториот ден од секоја нова година, го искачија врвот Љуботен на 2499 метри надморска височина.

Станува збор за интерна тура, а врвот го искачија само група на најподготвени и најискусни планинари.

Аманетот оставен од старите љуботенци и оваа година достојно испочитуван. Шарпланинската порта е отворена за сите планинари и добронамерници. Љуботенки и љуботенци Ви посакуваат добро здравје, многу радост и секогаш да сте на врвот! Среќна Нова 2023 година, порачаа од планинарскиот клуб Љуботен.

Отворените планинарски тури на кои можат да учествуваат и рекреативците започнуваат од февруари.

The post Традиционално искачување на Љуботен на стартот од новата година appeared first on Република.

]]>

Планинарите од планинарскиот клуб „Љуботен“ согласно нивната традиција на вториот ден од секоја нова година, го искачија врвот Љуботен на 2499 метри надморска височина. Станува збор за интерна тура, а врвот го искачија само група на најподготвени и најискусни планинари. Аманетот оставен од старите љуботенци и оваа година достојно испочитуван. Шарпланинската порта е отворена за сите планинари и добронамерници. Љуботенки и љуботенци Ви посакуваат добро здравје, многу радост и секогаш да сте на врвот! Среќна Нова 2023 година, порачаа од планинарскиот клуб Љуботен. Отворените планинарски тури на кои можат да учествуваат и рекреативците започнуваат од февруари.

The post Традиционално искачување на Љуботен на стартот од новата година appeared first on Република.

]]>
Фудбалерките на Љуботен дебитираат во Лигата на шампионките на УЕФА https://republika.mk/sport/fudbal/fudbalerkite-na-ljuboten-debitiraat-vo-ligata-na-shampionkite-na-uefa/ Thu, 18 Aug 2022 11:45:54 +0000 https://republika.mk/?p=541663

Македонскиот женски фудбалски шампион, Љуботен, попладнево го има својот прв настап во Лигата на шампионките на УЕФА. Љуботенки, во квалификациите од најелитното женско натпреварување во Европа, ќе играат против Сент Полтен од Австрија.

Натпреварот ќе се игра на тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“, со почеток од 17 часот.

Победникот од овој натпревар ќе игра против шампионот на Белорусија, Динамо Минск, кој ја совлада бугарска Локомотива од Стара Загора.

Тој дуел, повторно ќе се игра во Скопје, на терените на ФФМ, и тоа во недела со почеток од 19 часот.

The post Фудбалерките на Љуботен дебитираат во Лигата на шампионките на УЕФА appeared first on Република.

]]>

Македонскиот женски фудбалски шампион, Љуботен, попладнево го има својот прв настап во Лигата на шампионките на УЕФА. Љуботенки, во квалификациите од најелитното женско натпреварување во Европа, ќе играат против Сент Полтен од Австрија. Натпреварот ќе се игра на тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“, со почеток од 17 часот. Победникот од овој натпревар ќе игра против шампионот на Белорусија, Динамо Минск, кој ја совлада бугарска Локомотива од Стара Загора. Тој дуел, повторно ќе се игра во Скопје, на терените на ФФМ, и тоа во недела со почеток од 19 часот.

The post Фудбалерките на Љуботен дебитираат во Лигата на шампионките на УЕФА appeared first on Република.

]]>
Семејна драма во Љуботен https://republika.mk/vesti/crna-hronika/semejna-drama-vo-ljuboten/ Fri, 25 Feb 2022 21:36:41 +0000 https://republika.mk/?p=464043

На 24.02.2022 во 17.00 часот во СВР Скопје, Е.Р.(21) од с.Љуботен, скопско, пријавил дека околу 12.30 часот во с.Љуботен, тој и А.Ј.(21) од истото село, поради нерасчистени семејни односи, биле физички нападнати од Б.А. и уште неколку други лица.

Според пријавеното, лицата употребиле тврди и остри предмети, а Б.А. им се заканил со пиштол.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

The post Семејна драма во Љуботен appeared first on Република.

]]>

На 24.02.2022 во 17.00 часот во СВР Скопје, Е.Р.(21) од с.Љуботен, скопско, пријавил дека околу 12.30 часот во с.Љуботен, тој и А.Ј.(21) од истото село, поради нерасчистени семејни односи, биле физички нападнати од Б.А. и уште неколку други лица. Според пријавеното, лицата употребиле тврди и остри предмети, а Б.А. им се заканил со пиштол. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

The post Семејна драма во Љуботен appeared first on Република.

]]>
Костовски: Службите се на терен, се чисти снегот во Љубанци, Љуботен и Радишани https://republika.mk/vesti/skopje/kostovski-sluzbite-se-na-teren-se-chisti-snegot-vo-ljubanci-ljuboten-i-radishani/ Mon, 10 Jan 2022 14:58:51 +0000 https://republika.mk/?p=442674

Дарко Костовски, градоначалникот на Општина Бутел објави службите се на терен и се чисти снегот во Љубанци, Љуботен и Радишани

Заедно со Град Скопје навремено со брза реакција го дочекавме првиот овогодишен снег.

Службите се на терен и почнаа со расчистување на првите наноси на снег. Во моментот се чистат критичните точки во Општина Бутел, село Љубанци и село Љуботен како и населба Радишани првиот, вториот и третиот влез.

Се чистат и главните улици и булевари кои се под ингеренција на Град Скопје.

Кризниот штаб навремено ја следи целата ситуација, објави Костовски.

The post Костовски: Службите се на терен, се чисти снегот во Љубанци, Љуботен и Радишани appeared first on Република.

]]>

Дарко Костовски, градоначалникот на Општина Бутел објави службите се на терен и се чисти снегот во Љубанци, Љуботен и Радишани
Заедно со Град Скопје навремено со брза реакција го дочекавме првиот овогодишен снег. Службите се на терен и почнаа со расчистување на првите наноси на снег. Во моментот се чистат критичните точки во Општина Бутел, село Љубанци и село Љуботен како и населба Радишани првиот, вториот и третиот влез. Се чистат и главните улици и булевари кои се под ингеренција на Град Скопје. Кризниот штаб навремено ја следи целата ситуација, објави Костовски.