липково Archives - Република https://republika.mk/tema/lipkovo/ За подобро да се разбереме Sun, 15 Sep 2024 11:40:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png липково Archives - Република https://republika.mk/tema/lipkovo/ 32 32 Вреди и ДУИ се фатија за тендерите во Липково https://republika.mk/vesti/makedonija/vredi-i-dui-se-fatija-za-tenderite-vo-lipkovo/ Sun, 15 Sep 2024 11:50:33 +0000 https://republika.mk/?p=816513

Коалицијата Вреди и денеска на прес-конференција продолжи да објавува информации за тендери поврзани со фирми на семејството на пратеникот Елми Азири од Европскиот фронт.

-Вчера објавивме информации за тендерите кои фамилијарно поврзаната фирма на пратеникот Елми Азири ги добила од Министерството за политички систем и односи со заедниците, во времето на главниот логистичар на ДУИ, Артан Груби. Денес продолжуваме со објавување нови сознанија за тоа како истата фирма, чиј сопственик е внук на сопругата на пратеникот Елми Азири земала тендери од Општина Липково, од средното училиште „Исмет Јашари“ во Липково, од гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово и ЈЗУ Здравствен Дом – Куманово, истакна Бујаре Абази од Коалицијата ВРЕДИ на денешната прес-конференција.

На овие четири тендери, нагласи, фирмата РИТРОН КОПИ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, дала понуди за набавка на компјутерска опрема за што и биле исплатени без малку 1 милион денари.

-Овие информации јасно покажуваат дека без разлика дали се работи за набавки од помала или поголема вредност, без амин на ДУИ ниту една фирма не може да добие ниту денар. Очигледно е дека ДУИ владеел како мафијашка структура која не се воздржувала да ги злоупотребува народните пари за остварување политичко влијание, посочи Абази.

Во мрежата на ДУИ, како што кажа, се фаќале сите политичари „кои ја сфаќаат политиката и како можност за лично и фамилијарно богатење“.

-Затоа, го охрабруваме раководството на опозицискиот Европски Фронт, добро да му објасни на своето членство зошто клучните поранешни функционери на Али Ахмети и Зијадин Села се под сомневање за политичка корупција, порача Абази...

OДГОВОР ОД ДУИ

Не престануваат скандалите со албанскиот јазик. 

Јавното претпријатие за државни патишта ги стопираше постапките за проектот на претходното раководство кој имаше за цел промена на сите сообраќајни знаци на автопатиштата, согласно законот за употреба на албанскиот јазик.

Ова е чекор без преседан и штетен за спроведувањето на законот кој гарантира јазична еднаквост.

И покрај тоа што заврши процесот на избор на фирма за реализација на проектот, сегашното раководство одлучи да ја прекине постапката.

Ова може лесно да се провери во електронскиот систем за јавни набавки, што отвора сериозни прашања за односот на оваа влада кон спроведувањето на овој закон.

Демократската унија за интеграција предупредува дека овие неуспеси се резултат на недостатокот на изборен легитимитет на оваа власт, нејзината јасна неспособност да управува со клучните процеси и нејзината зависност од политичките влијанија на ВМРО.

Овие постапки се неприфатливи и сериозно му штетат на процесот на институционална еднаквост во државата.

Наместо да се соочат со своите одговорности, губитниците на изборите се обидуваат да ги прикријат овие масовни неуспеси со неосновани политички напади и непотребни прогони.

Насилното, самоволно и вонинституционално отстранување на таблите на границата со Косово и враќањето на старите табли е уште еден показател за неспособноста на оваа власт да ги спроведе институционалните и правни стандарди.

Жално е што по повеќе од 100 дена владеење, ова моноетничко раководство сè уште се обидува да ги обвинува другите за своите постојани неуспеси.

Овие акции не само што ги поткопуваат државните институции, туку претставуваат и јасен чин на дискриминација на Албанците.

The post Вреди и ДУИ се фатија за тендерите во Липково appeared first on Република.

]]>

Коалицијата Вреди и денеска на прес-конференција продолжи да објавува информации за тендери поврзани со фирми на семејството на пратеникот Елми Азири од Европскиот фронт.
-Вчера објавивме информации за тендерите кои фамилијарно поврзаната фирма на пратеникот Елми Азири ги добила од Министерството за политички систем и односи со заедниците, во времето на главниот логистичар на ДУИ, Артан Груби. Денес продолжуваме со објавување нови сознанија за тоа како истата фирма, чиј сопственик е внук на сопругата на пратеникот Елми Азири земала тендери од Општина Липково, од средното училиште „Исмет Јашари“ во Липково, од гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово и ЈЗУ Здравствен Дом – Куманово, истакна Бујаре Абази од Коалицијата ВРЕДИ на денешната прес-конференција. На овие четири тендери, нагласи, фирмата РИТРОН КОПИ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, дала понуди за набавка на компјутерска опрема за што и биле исплатени без малку 1 милион денари. -Овие информации јасно покажуваат дека без разлика дали се работи за набавки од помала или поголема вредност, без амин на ДУИ ниту една фирма не може да добие ниту денар. Очигледно е дека ДУИ владеел како мафијашка структура која не се воздржувала да ги злоупотребува народните пари за остварување политичко влијание, посочи Абази. Во мрежата на ДУИ, како што кажа, се фаќале сите политичари „кои ја сфаќаат политиката и како можност за лично и фамилијарно богатење“.
-Затоа, го охрабруваме раководството на опозицискиот Европски Фронт, добро да му објасни на своето членство зошто клучните поранешни функционери на Али Ахмети и Зијадин Села се под сомневање за политичка корупција, порача Абази...   OДГОВОР ОД ДУИ Не престануваат скандалите со албанскиот јазик. 
Јавното претпријатие за државни патишта ги стопираше постапките за проектот на претходното раководство кој имаше за цел промена на сите сообраќајни знаци на автопатиштата, согласно законот за употреба на албанскиот јазик.
Ова е чекор без преседан и штетен за спроведувањето на законот кој гарантира јазична еднаквост. И покрај тоа што заврши процесот на избор на фирма за реализација на проектот, сегашното раководство одлучи да ја прекине постапката. Ова може лесно да се провери во електронскиот систем за јавни набавки, што отвора сериозни прашања за односот на оваа влада кон спроведувањето на овој закон. Демократската унија за интеграција предупредува дека овие неуспеси се резултат на недостатокот на изборен легитимитет на оваа власт, нејзината јасна неспособност да управува со клучните процеси и нејзината зависност од политичките влијанија на ВМРО. Овие постапки се неприфатливи и сериозно му штетат на процесот на институционална еднаквост во државата. Наместо да се соочат со своите одговорности, губитниците на изборите се обидуваат да ги прикријат овие масовни неуспеси со неосновани политички напади и непотребни прогони. Насилното, самоволно и вонинституционално отстранување на таблите на границата со Косово и враќањето на старите табли е уште еден показател за неспособноста на оваа власт да ги спроведе институционалните и правни стандарди. Жално е што по повеќе од 100 дена владеење, ова моноетничко раководство сè уште се обидува да ги обвинува другите за своите постојани неуспеси. Овие акции не само што ги поткопуваат државните институции, туку претставуваат и јасен чин на дискриминација на Албанците.

The post Вреди и ДУИ се фатија за тендерите во Липково appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: ДУИ купува гласови и полни кутии како што беше во Липково за што има пресуда од Управен суд, има најмалку 50 вакви случаи, но не им бега опозицијата https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-dui-kupuva-glasovi-i-polni-kutii-kako-shto-beshe-vo-lipkovo-za-shto-ima-presuda-od-upraven-sud-ima-najmalku-50-vakvi-sluchai-no-ne-im-bega-opozitsijata/ Thu, 02 May 2024 17:37:45 +0000 https://republika.mk/?p=773586

Ниту размислувам, ниту на памет ми паѓа било каква коалиција со ДУИ по изборите наш иден партнер е условно кажано албанската опозиција во Македонија, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во телевизија АлсатМ.

Според него народот е јасно против политиките на оваа влада во која се СДСМ и ДУИ.

„На овие избори се покажа дека имаме антивладино расположение и тоа треба да се почитува и мора да се почитува гласот на народот“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ДУИ не може ДУИ да се однесува дека ова е бинационална држава, и додаде дека ова е држава на сите.

Претседателот Мицкоски информира и за какви информации има за однесувањето на ДУИ на терен.

„Дополнително тоа што го прави на терен ДУИ не е волја на народот, има притисоци, поткупи. Тоа народот не го сака. За ова има сведоштва. Мора да го споменам случајот и со општина Липково во едно избирачко место за каде има и пресуда од Управен суд за неправилности. За што има сомневање за други места, дека тоа се случува и во Гостивар, Тетово. Бројни нерегуларности се поврзани со ДУИ“, заклучи Мицкоски.

The post Мицкоски: ДУИ купува гласови и полни кутии како што беше во Липково за што има пресуда од Управен суд, има најмалку 50 вакви случаи, но не им бега опозицијата appeared first on Република.

]]>

Ниту размислувам, ниту на памет ми паѓа било каква коалиција со ДУИ по изборите наш иден партнер е условно кажано албанската опозиција во Македонија, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во телевизија АлсатМ. Според него народот е јасно против политиките на оваа влада во која се СДСМ и ДУИ. „На овие избори се покажа дека имаме антивладино расположение и тоа треба да се почитува и мора да се почитува гласот на народот“, кажа Мицкоски. Мицкоски укажа дека ДУИ не може ДУИ да се однесува дека ова е бинационална држава, и додаде дека ова е држава на сите. Претседателот Мицкоски информира и за какви информации има за однесувањето на ДУИ на терен. „Дополнително тоа што го прави на терен ДУИ не е волја на народот, има притисоци, поткупи. Тоа народот не го сака. За ова има сведоштва. Мора да го споменам случајот и со општина Липково во едно избирачко место за каде има и пресуда од Управен суд за неправилности. За што има сомневање за други места, дека тоа се случува и во Гостивар, Тетово. Бројни нерегуларности се поврзани со ДУИ“, заклучи Мицкоски.

The post Мицкоски: ДУИ купува гласови и полни кутии како што беше во Липково за што има пресуда од Управен суд, има најмалку 50 вакви случаи, но не им бега опозицијата appeared first on Република.

]]>
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково https://republika.mk/vesti/makedonija/dik-ne-go-prifati-prigovorot-za-glasaneto-vo-lipkovo/ Mon, 29 Apr 2024 14:07:52 +0000 https://republika.mk/?p=772251

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница одлучи да не го прифати приговорот за гласањето на првиот круг од претседателските избори на 24 април на коалицијата Вреди за гласачкото место 1112/1 во Општина Липково.

На предлог на членот на ДИК, Абдуш Демири беше отворен доверливиот избирачкиот материјал од ова избирачко место и притоа, како што кажа, недостасуваат две гласачки ливчиња и затоа побара гласањето на ова избирачко место да се поништи и да се разреши Избирачкиот одбор.

Потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху рече дека гласањето се поништува само ако има поголем број ливчиња во гласачката кутија, што не беше така.

Членовите на ДИК гласаа и предлогот на Демири не беше прифатен, а тој најави дека за ова гласачко место ќе има одвоено мислење.

На седницата на ДИК беа прифатени и барања за дополнителни акредитации за вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај.

Членот на ДИК Борис Кондарко потсети дека утре, 30 април, на полноќ завршува рокот за пријавување на болни и немоќни лица за парламентарните избори на 8 мај, со доставување на соодветна медицинска документација до Општинските изборни комисии. Исто така тој нагласи дека прифатените барања на болните и немоќни лица за гласање на претседателските избори на 24 април се важечки за вториот круг од претседателските избори.

The post ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница одлучи да не го прифати приговорот за гласањето на првиот круг од претседателските избори на 24 април на коалицијата Вреди за гласачкото место 1112/1 во Општина Липково. На предлог на членот на ДИК, Абдуш Демири беше отворен доверливиот избирачкиот материјал од ова избирачко место и притоа, како што кажа, недостасуваат две гласачки ливчиња и затоа побара гласањето на ова избирачко место да се поништи и да се разреши Избирачкиот одбор. Потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху рече дека гласањето се поништува само ако има поголем број ливчиња во гласачката кутија, што не беше така. Членовите на ДИК гласаа и предлогот на Демири не беше прифатен, а тој најави дека за ова гласачко место ќе има одвоено мислење. На седницата на ДИК беа прифатени и барања за дополнителни акредитации за вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај. Членот на ДИК Борис Кондарко потсети дека утре, 30 април, на полноќ завршува рокот за пријавување на болни и немоќни лица за парламентарните избори на 8 мај, со доставување на соодветна медицинска документација до Општинските изборни комисии. Исто така тој нагласи дека прифатените барања на болните и немоќни лица за гласање на претседателските избори на 24 април се важечки за вториот круг од претседателските избори.

The post ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково appeared first on Република.

]]>
До 9 часот излезноста во Куманово е 3,02 проценти, во Липково 1,93 во Старо Нагоричане 3,98 проценти https://republika.mk/vesti/makedonija/do-9-chasot-izleznosta-vo-kumanovo-e-3-02-protsenti-vo-lipkovo-1-93-vo-staro-nagorichane-3-98-protsenti/ Wed, 24 Apr 2024 08:47:26 +0000 https://republika.mk/?p=769924

Според податоците на Државната изборна комисија во Куманово до 9 часот гласале 3, 02 проценти од обработените 99,85 отсто. Во Куманово право на глас имаат 93.364 гласачи, кои гласаат на 167 избирачки места.

Во Липково, како што е наведено од ДИК, гласале 1, 93 проценти од 99,90 отсто од обработените податоци. Во оваа општина право на глас имаат 25.998 избирачи кои гласаат на 36 места.

Според податоците на ДИК, во Старо Нагоричане до 9 часот гласале 3,98 проценти од обработените 99,87 проценти. Таму право на глас имаат 3.043 гласачи кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ги опслужуваат 36 избирачки одбори.

Претходно, претседателите на општинските изборни комисии информираа дека навреме се отворени гласачките места.

The post До 9 часот излезноста во Куманово е 3,02 проценти, во Липково 1,93 во Старо Нагоричане 3,98 проценти appeared first on Република.

]]>

Според податоците на Државната изборна комисија во Куманово до 9 часот гласале 3, 02 проценти од обработените 99,85 отсто. Во Куманово право на глас имаат 93.364 гласачи, кои гласаат на 167 избирачки места. Во Липково, како што е наведено од ДИК, гласале 1, 93 проценти од 99,90 отсто од обработените податоци. Во оваа општина право на глас имаат 25.998 избирачи кои гласаат на 36 места. Според податоците на ДИК, во Старо Нагоричане до 9 часот гласале 3,98 проценти од обработените 99,87 проценти. Таму право на глас имаат 3.043 гласачи кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ги опслужуваат 36 избирачки одбори. Претходно, претседателите на општинските изборни комисии информираа дека навреме се отворени гласачките места.

The post До 9 часот излезноста во Куманово е 3,02 проценти, во Липково 1,93 во Старо Нагоричане 3,98 проценти appeared first on Република.

]]>
Фатен липковец кој возел 146 на место каде е дозволено до 50км/час https://republika.mk/vesti/crna-hronika/faten-lipkovets-koj-vozel-146-na-mesto-kade-e-dozvoleno-do-50km-chas/ Thu, 14 Mar 2024 15:21:00 +0000 https://republika.mk/?p=754818

Денеска околу 10.15 часот на регионалниот пат Куманово - Скопје, во близина на с.Умин Дол, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.Р. од општина Липково.

Имено, во наведеното време со специјално возило т.н.„пресретнувач“ на Министерството за внатрешни работи било констатирано дека лицето го управува возилото со 146 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час. Против лицето е поднесен прекршочен платен налог и ќе се соочи со предвидената законска санкција, соопштија од МВР.

The post Фатен липковец кој возел 146 на место каде е дозволено до 50км/час appeared first on Република.

Џафери од Брисел во Липково https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-od-brisel-vo-lipkovo/ Thu, 15 Feb 2024 07:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=744239

Претседателот на техничката Влада Талат Џафери денеска ќе ја посети Општина Липково. Тој во 10:00 часот ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод новата градинка во Матејче, а ќе го посети и Домот на културата, информираат од владината прес-служба.

Во 10:30 часот, Џафери ќе присуствува на настан за реконструираниот локален пат во селото Липково.

За во 11:00 часот, предвидено е премиерот да го посети Основното училиште „Рилиндја“ во село Лојане, Општина Липково, каде што наскоро ќе започне изградбата на спортска сала

The post Џафери од Брисел во Липково appeared first on Република.

]]>

Претседателот на техничката Влада Талат Џафери денеска ќе ја посети Општина Липково. Тој во 10:00 часот ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод новата градинка во Матејче, а ќе го посети и Домот на културата, информираат од владината прес-служба. Во 10:30 часот, Џафери ќе присуствува на настан за реконструираниот локален пат во селото Липково. За во 11:00 часот, предвидено е премиерот да го посети Основното училиште „Рилиндја“ во село Лојане, Општина Липково, каде што наскоро ќе започне изградбата на спортска сала

The post Џафери од Брисел во Липково appeared first on Република.

]]>
Липково може не плаќа струја, ама има смарт броила https://republika.mk/vesti/ekonomija/lipkovo-mozhe-ne-plaka-struja-ama-ima-smart-broila/ Wed, 06 Sep 2023 11:20:40 +0000 https://republika.mk/?p=679293

Не е точно дека загубите на електрична енергија во мрежата се поврзани со етничката припадност на населението. Липково ќе биде прва општина во земјава целосно покриена со смарт броила за електрична енергија и со загуби од 10 проценти, а Скопје е регион со највисоки загуби од 20 проценти, оцени денеска менаџерот на Електродистрибуција Сашо Салтировски.

-Во Арачиново броилата се надвор на улица и таму има 10 проценти загуби во јуни и во јули, така што тој проблем е веќе среден. Арачиново има загуби од 10 проценти, тоа е на ниво на технички загуби и се едни од најниските на ниво на цела Македонија. Во Слупчане проектот оди глатко и веќе се привршува така што општина Липково ќе биде првата општина во Македонија целосно покриена со смарт броила и цела општина со загуби под 10 проценти, рече Салтировски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на министерот за економија Крешник Бектеши на подружницата на ЕВН Македонија во Бутел заедно со директорот на Бирото за метрологија, Абдуљ Сељам Селами.

Како што нагласи ЕВН во Липково работи на загубите на енергија повеќе од 10-ина години, а работи и на многу други места, како што се  Грчец, Батинци, но почнува проекти и во Драчево и во Лисиче, итн.

-Загубите се проблем на ниво скоро на цела територија на Македонија, а за Скопје особено. Скопје е регион со највисок процент на загуба. Тетово има помали загуби од Битола. Така што, не е секогаш поврзано тоа етнички и зависи од многу други фактори, дали се политички, економски итн., но не е поврзано етнички како што беше прикажано. На пример, Кичево, Струга имаат мали загуби, а 20 проценти се во цело Скопје. И кај и да одите во Скопје, дали сте во Лисиче, дали сте во Драчево, особено во руралниот дел кај што нема колективни згради секаде има загуби. И тоа е вистината, потенцира Салтировски

The post Липково може не плаќа струја, ама има смарт броила appeared first on Република.

]]>

Не е точно дека загубите на електрична енергија во мрежата се поврзани со етничката припадност на населението. Липково ќе биде прва општина во земјава целосно покриена со смарт броила за електрична енергија и со загуби од 10 проценти, а Скопје е регион со највисоки загуби од 20 проценти, оцени денеска менаџерот на Електродистрибуција Сашо Салтировски.
-Во Арачиново броилата се надвор на улица и таму има 10 проценти загуби во јуни и во јули, така што тој проблем е веќе среден. Арачиново има загуби од 10 проценти, тоа е на ниво на технички загуби и се едни од најниските на ниво на цела Македонија. Во Слупчане проектот оди глатко и веќе се привршува така што општина Липково ќе биде првата општина во Македонија целосно покриена со смарт броила и цела општина со загуби под 10 проценти, рече Салтировски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на министерот за економија Крешник Бектеши на подружницата на ЕВН Македонија во Бутел заедно со директорот на Бирото за метрологија, Абдуљ Сељам Селами.
Како што нагласи ЕВН во Липково работи на загубите на енергија повеќе од 10-ина години, а работи и на многу други места, како што се  Грчец, Батинци, но почнува проекти и во Драчево и во Лисиче, итн. -Загубите се проблем на ниво скоро на цела територија на Македонија, а за Скопје особено. Скопје е регион со највисок процент на загуба. Тетово има помали загуби од Битола. Така што, не е секогаш поврзано тоа етнички и зависи од многу други фактори, дали се политички, економски итн., но не е поврзано етнички како што беше прикажано. На пример, Кичево, Струга имаат мали загуби, а 20 проценти се во цело Скопје. И кај и да одите во Скопје, дали сте во Лисиче, дали сте во Драчево, особено во руралниот дел кај што нема колективни згради секаде има загуби. И тоа е вистината, потенцира Салтировски

The post Липково може не плаќа струја, ама има смарт броила appeared first on Република.

]]>
Локализиран пожарот во липковско https://republika.mk/vesti/crna-hronika/lokaliziran-pozharot-vo-lipkovsko/ Sat, 05 Aug 2023 08:51:29 +0000 https://republika.mk/?p=668889

Изгаснат е пожарот во липковско, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи. Пожарот е локализиран околу полноќ. Во гаснењето покрај кумановски пожарникари учествувале и месно население и претставници од шумско стопанство. Во моментов нема горење, но поради опасност од повторна појава има екипа која е постојано на терен.

Во пожарот беше зафатена поголема површина над селото Слупчане, кон Ваксинце, горела сува трева, грмушки. На терен беа ангажирани две противпожарни возила и седум пожарникари како и претставници од ЈП „Национални Шуми“.

Кумановските пожарникари интервенирале и во населбата Карпош на запалена сува трева околу 21 часот. Пожарникарите од Старо Нагоричане гаселе пожар во село Ругинце.

The post Локализиран пожарот во липковско appeared first on Република.

]]>

Изгаснат е пожарот во липковско, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи. Пожарот е локализиран околу полноќ. Во гаснењето покрај кумановски пожарникари учествувале и месно население и претставници од шумско стопанство. Во моментов нема горење, но поради опасност од повторна појава има екипа која е постојано на терен. Во пожарот беше зафатена поголема површина над селото Слупчане, кон Ваксинце, горела сува трева, грмушки. На терен беа ангажирани две противпожарни возила и седум пожарникари како и претставници од ЈП „Национални Шуми“. Кумановските пожарникари интервенирале и во населбата Карпош на запалена сува трева околу 21 часот. Пожарникарите од Старо Нагоричане гаселе пожар во село Ругинце.

The post Локализиран пожарот во липковско appeared first on Република.

]]>
„Секој куршум има мета“: МВР ќе ги учи жителите на Липково да не пукаат https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sekoj-kurshum-ima-meta-mvr-kje-gi-uchi-zitelite-na-lipkovo-da-ne-pukaat/ Fri, 28 Oct 2022 14:29:43 +0000 https://republika.mk/?p=566904

 Жителите на село Слупчане и селата од општина Липково денеска имаа можност да ги слушнат пораките кои ги упатија надлежните во рамки на кампањата на МВР и УНДП, „Секој куршум има мета. Слави со срце, не со оружје“ во училишната спортска сала на „Фаик Коница“.
Претставници на локалната власт од Липково, на СВР Куманово, УНДП и на месното население ги посочија последиците кои можат да бидат и трагични при неовластено користење и употреба на оружје.

– Сигурна сум, ниту една мајка нема да го одобри пукањето на прослава, ако знае дека мета може да биде детската соба на нејзиното бебе. Ниту еден татко нема да чува пиштол дома, ако знае дека неговиот син во детска игра може да го загуби животот. Затоа, пораката која сакам да ја пренесам денеска е дека секој од нас може да придонесе и да спречи трагедија доколку одбие да биде сведок и дел од прослави каде што се слави со огнено оружје и се пука. Славете со срце, не со оружје!“, порача заменичката на постојаниот претставник на УНДП Сања Бојаниќ.

Присутните имаа можност да ја разгледаат и изложбата со „Што ако …?“ со наслови од медиумски објави за инциденти предизвикани од залутани куршуми. Преку насловите, граѓаните треба да се запрашаат колку често слушаат вакви вести во кои можело да настрадаат и луѓе. Целта е да се промени оваа перцепција и да се поттикне пријавување и осуда на секое неовластено користење огнено оружје.

Пораката „Секој куршум има мета! Слави со срце, не со оружје“ е лекција за последиците од носењето и злоупотребата на мало и лесно оружје. Колку далеку може да „патува“ куршум испукан во воздух, што доколку некој присуствува на веселба на која се пука, дали и каде смее да пука лице што поседува дозвола за носење оружје, се само дел од прашањата што беа дискутирани на настанот.

– Секој куршум испукан дури и во воздух мора да заврши некаде и може да доведе во опасност нечиј живот. Употребата на оружје е дозволена само на лиценцирани места – полигони, а физичките лица кои имаат лично оружје и кои поседуваат дозволи, треба да го чуваат на безбедни места. Секторот за внатрешни работи Куманово континуирано презема мерки и превентивни активности за откривање и санкционирање на ваквите нарушувања на јавниот ред и мир. Сепак, безбедноста на граѓаните не зависи само од една институција, туку и од свеста и однесувањето на секој од нас поединечно, рече помошникот-началник на СВР Куманово, Севдаиљ Џафери.

Градоначалникот на Липково Еркан Арифи рече дека заедно со надлежните постојано укажуваат на можните последици по животот и здравјето на граѓаните.

– Целта на овој настан е да ја подигнеме свеста на граѓаните за последиците и опасностите кои демнат при употреба на оружје на семејни прослави. Последиците се сериозни – на овој начин прославата многу лесно може да се претвори во трагедија. Семејствата треба да влијаат врз своите блиски и да не оправдуваат користење оружје како средство за славење. Освен што е опасна, употребата на огнено оружје е нелегална и затоа ние како општина апелираме до граѓаните да прославуваат со срце. Сите знаете, но да ве потсетам, животот е најскап дар за сите, рече градоначалникот на Општина Липково Арифи.

На денешниот настан уште еднаш беа прикажани видеоматеријалите што ги подготвија МВР и УНДП со цел едуцирање и информирање на населението.

Кампањата се спроведува во исто време во Македонија и во Косово како дел од проектот „Прекуграничен интегриран институционален пристап во борбата со нелегална трговија со оружје и мало и лесно оружје“. Во рамки на проектот, дополнително се работи и на зајакнување на капацитетите и меѓуинституционалната соработка, како и на подобрување на полициските практики во борбата против недозволената трговија со оружје. Целта е намалување на количеството оружје што циркулира во општеството, градење искрен однос меѓу полицијата и граѓаните и создавање побезбедни заедници, а со тоа посигурен и поквалитетен живот за сите граѓани.

The post „Секој куршум има мета“: МВР ќе ги учи жителите на Липково да не пукаат appeared first on Република.

]]>

 Жителите на село Слупчане и селата од општина Липково денеска имаа можност да ги слушнат пораките кои ги упатија надлежните во рамки на кампањата на МВР и УНДП, „Секој куршум има мета. Слави со срце, не со оружје“ во училишната спортска сала на „Фаик Коница“.
Претставници на локалната власт од Липково, на СВР Куманово, УНДП и на месното население ги посочија последиците кои можат да бидат и трагични при неовластено користење и употреба на оружје.
 
– Сигурна сум, ниту една мајка нема да го одобри пукањето на прослава, ако знае дека мета може да биде детската соба на нејзиното бебе. Ниту еден татко нема да чува пиштол дома, ако знае дека неговиот син во детска игра може да го загуби животот. Затоа, пораката која сакам да ја пренесам денеска е дека секој од нас може да придонесе и да спречи трагедија доколку одбие да биде сведок и дел од прослави каде што се слави со огнено оружје и се пука. Славете со срце, не со оружје!“, порача заменичката на постојаниот претставник на УНДП Сања Бојаниќ.
Присутните имаа можност да ја разгледаат и изложбата со „Што ако …?“ со наслови од медиумски објави за инциденти предизвикани од залутани куршуми. Преку насловите, граѓаните треба да се запрашаат колку често слушаат вакви вести во кои можело да настрадаат и луѓе. Целта е да се промени оваа перцепција и да се поттикне пријавување и осуда на секое неовластено користење огнено оружје. Пораката „Секој куршум има мета! Слави со срце, не со оружје“ е лекција за последиците од носењето и злоупотребата на мало и лесно оружје. Колку далеку може да „патува“ куршум испукан во воздух, што доколку некој присуствува на веселба на која се пука, дали и каде смее да пука лице што поседува дозвола за носење оружје, се само дел од прашањата што беа дискутирани на настанот. – Секој куршум испукан дури и во воздух мора да заврши некаде и може да доведе во опасност нечиј живот. Употребата на оружје е дозволена само на лиценцирани места – полигони, а физичките лица кои имаат лично оружје и кои поседуваат дозволи, треба да го чуваат на безбедни места. Секторот за внатрешни работи Куманово континуирано презема мерки и превентивни активности за откривање и санкционирање на ваквите нарушувања на јавниот ред и мир. Сепак, безбедноста на граѓаните не зависи само од една институција, туку и од свеста и однесувањето на секој од нас поединечно, рече помошникот-началник на СВР Куманово, Севдаиљ Џафери. Градоначалникот на Липково Еркан Арифи рече дека заедно со надлежните постојано укажуваат на можните последици по животот и здравјето на граѓаните. – Целта на овој настан е да ја подигнеме свеста на граѓаните за последиците и опасностите кои демнат при употреба на оружје на семејни прослави. Последиците се сериозни – на овој начин прославата многу лесно може да се претвори во трагедија. Семејствата треба да влијаат врз своите блиски и да не оправдуваат користење оружје како средство за славење. Освен што е опасна, употребата на огнено оружје е нелегална и затоа ние како општина апелираме до граѓаните да прославуваат со срце. Сите знаете, но да ве потсетам, животот е најскап дар за сите, рече градоначалникот на Општина Липково Арифи. На денешниот настан уште еднаш беа прикажани видеоматеријалите што ги подготвија МВР и УНДП со цел едуцирање и информирање на населението. Кампањата се спроведува во исто време во Македонија и во Косово како дел од проектот „Прекуграничен интегриран институционален пристап во борбата со нелегална трговија со оружје и мало и лесно оружје“. Во рамки на проектот, дополнително се работи и на зајакнување на капацитетите и меѓуинституционалната соработка, како и на подобрување на полициските практики во борбата против недозволената трговија со оружје. Целта е намалување на количеството оружје што циркулира во општеството, градење искрен однос меѓу полицијата и граѓаните и создавање побезбедни заедници, а со тоа посигурен и поквалитетен живот за сите граѓани.

The post „Секој куршум има мета“: МВР ќе ги учи жителите на Липково да не пукаат appeared first on Република.

]]>
Исчистен запуштениот и заборавен споменик од НОБ во Општина Липково https://republika.mk/vesti/makedonija/ischisten-zapushteniot-i-zaboraven-spomenik-od-nob-vo-opshtina-lipkovo/ Mon, 17 Oct 2022 08:10:42 +0000 https://republika.mk/?p=561933

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, упатува голема благодарност до членовите на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав - ЗАПВАРС Куманово кои на сопствена иницијатива и со помош на месното население го посетија и исчистија локалитетот „Воденица“ во село Белановце во Општина Липково на планината Карадак кадешто се наоѓа споменикот подигнат во чест на борците од НОБ кои на 14 oктомври 1941 година во борба со бугарскиот фашистички окупатор ги положија своите животи.

„Упатувам благодарност до членовите на здружението ЗАПВАРС Куманово за посетата на овој локалитет заборавен со децении од сите, локалитет кој се наоѓа на многу непристапен терен. Армиските и полициски ветерани од активен и резервен состав го исчистија локалитетот и положија свежо цвеќе во чест на паднатите херои. Боро Менков - Командант на одредот, Перо Георгиевски Чичо, Бајрам Шабани, Магдалена Антова, Киро Бурназовски Мумурузница, Аритон Димковски Тонко и Наце Ивановски Буѓони, Вечна им слава на паднатите борци!“, потенцира Димитриевски.

The post Исчистен запуштениот и заборавен споменик од НОБ во Општина Липково appeared first on Република.

Oбезбедени средства за доизградба на системите за водоснабдување во Никуштак и Виштица во Липково https://republika.mk/vesti/makedonija/obezbedeni-sredstva-za-doizgradba-na-sistemite-za-vodosnabduvanje-vo-nikushtak-i-vishtica-vo-lipkovo/ Wed, 05 Oct 2022 19:07:42 +0000 https://republika.mk/?p=557699

Владата на 86-та седница ја усвои информацијата за повеќегодишна јавна набавка за финансирање на активности за водоснабдување на н.м. Никуштак – дистрибутивна мрежа со приклучување кон водоснабдителниот систем Липково и информацијата за повеќегодишна јавна набавка за финансирање на активности за водоснабдување на н.м.Виштица – главна водоводна мрежа со приклучна шахта од водоснабдителниот систем Липково.

Со тоа, како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), се обезбедија средства од Буџетот на МЖСПП за 2023 година потребни за доизградба на двете водоводни мрежи со што и двете села од општина Липково ќе се приклучат кон регионалниот водоводен систем.

The post Oбезбедени средства за доизградба на системите за водоснабдување во Никуштак и Виштица во Липково appeared first on Република.

]]>

Владата на 86-та седница ја усвои информацијата за повеќегодишна јавна набавка за финансирање на активности за водоснабдување на н.м. Никуштак – дистрибутивна мрежа со приклучување кон водоснабдителниот систем Липково и информацијата за повеќегодишна јавна набавка за финансирање на активности за водоснабдување на н.м.Виштица – главна водоводна мрежа со приклучна шахта од водоснабдителниот систем Липково. Со тоа, како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), се обезбедија средства од Буџетот на МЖСПП за 2023 година потребни за доизградба на двете водоводни мрежи со што и двете села од општина Липково ќе се приклучат кон регионалниот водоводен систем.

The post Oбезбедени средства за доизградба на системите за водоснабдување во Никуштак и Виштица во Липково appeared first on Република.

]]>
Османи: Ние вчера во Липково бевме гости и ништо не е спорно https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-nie-vchera-vo-lipkovo-bevme-gosti-i-nishto-ne-e-sporno/ Tue, 03 May 2022 10:17:48 +0000 https://republika.mk/?p=496718

Запрашан за вчерашното свечено отворање на споменикот на УЧК во Липково, министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес-конференција даде само краток коментар.

Вчерашното случување во Липково не беше партиска активност. Јас сум информиран дека општинските власти ги имаат запазено сите процедури за тоа спомен обележје. Ние бевме гости кај градоначалникот и не гледам ништо спорно таму, рече Османи.

The post Османи: Ние вчера во Липково бевме гости и ништо не е спорно appeared first on Република.

Груби: Обелискот на слободата им е посветен на сите паднати борци и жртви на конфликтот од 2001 https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-obeliskot-na-slobodata-im-e-posveten-na-site-padnati-borci-i-zrtvi-na-konfliktot-od-2001/ Mon, 02 May 2022 21:05:56 +0000 https://republika.mk/?p=496546

Првиот вицепремиер Артан Груби учествуваше на традиционалната манифестација организирана од Исламската верска заедница, заедно со многу други личности.

Денеска учествувавме со колеги министри и претседателот Ахмети на традиционалната манифестација организирана од страна на ИВЗ, и во ова прилика би сакал на сите верници да им го честитам големиот празник кој што доаѓа после Рамазанските пости, изјави Груби за indeks.mk

Запрашан за денешното учество во Слупчане на инаугурацијата на споменикот во чест на ОНА, Груби изјави дека тој е посветен на паднатите борци во војната во 2001 година и дека новата историја по неа треба да биде напишана како модерна историја на државата.

Денеска беше денот на општината Липково, и по тој повод градоначалникот не покани сите нас, учествувавме на настанот на инаугурација на споменикот кој што беше посветен на сите паднати борци, на сите жртви, од војната во 2001 година и тоа што го кажа господинот Ахмети, мислам дека беше главната порака од денешниот настан, а тоа е дека Новата историја на Република Cеверна Македонија не може да се пишува без ОНА, односно дека новата историја по 2001-та година мора да ја вклучува таа епизода од модерната историја на Република Cеверна Македонија”, рече Груби.

Во однос на изјавите како треба да се доживее овој споменик, тој појасни дека нема намера да биде против никого, туку дека тој настан треба да биде означен како историски момент.

Затоа овој споменик не е за поделба туку е за обединување, и мора така да се доживува од сите граѓани, бидејќи немаше никаква провокација, немаше ниту било каква намера да биде против било кого друг, туку да се одбележи еден историски момент како што е војната од 2001 година. Инаку подготовката за тој споменик е започната години наназад, уште кога градоначалник беше Садула Дураку и ги има поминато сите филтри низ општинските процедури за да биде целосно легитимно, истакна Груби.

The post Груби: Обелискот на слободата им е посветен на сите паднати борци и жртви на конфликтот од 2001 appeared first on Република.