летови Archives - Република https://republika.mk/tema/letovi/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 08:32:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png летови Archives - Република https://republika.mk/tema/letovi/ 32 32 Велика Британија и Австралија евакуираат свои граѓани со организирани летови од Либан https://republika.mk/vesti/svet/velika-britanija-i-avstralija-evakuiraat-svoi-gragani-so-organizirani-letovi-od-liban/ Thu, 03 Oct 2024 08:32:02 +0000 https://republika.mk/?p=822087

Британскиот министер за одбрана, Џон Хили, се сретна со воените сили кои се подготвуваат за евентуална евакуација на Британци од Либан, додека Блискиот Исток е на раб на целосна војна, јави ДПА.

Тој им се заблагодари на војниците кои учествувале во операцијата за заштита на Израел за време на иранскиот ракетен напад пред два дена.

Два авиони „Тајфун“, поддржани од авион-цистерна, учествувале во операцијата, иако Министерството за одбрана соопшти дека поради природата на нападот со балистички ракети, „тие не погодиле никакви цели“. Според Министерството, авионите „имале значајна улога во поширокото одвраќање и напорите за спречување на дополнителна ескалација“.

Во меѓувреме, чартер-лет со Британци полета од Бејрут и слета во Бирмингем синоќа.

Авионот на „Дан Ер“ слета на Меѓународниот аеродром во Бирмингем нешто пред 20:40 часот по локално време (19:40 часот по Гринич), откако претходно накратко слета во Букурешт. Уште летови се планирани за денес и наредните денови.

Друг посебно организиран лет на либанската авиокомпанија „Мидл Ист Ерлајнс“ исто така ќе врати Британци во својата земја.

- Првиот чартер-лет, со кој се враќаат Британци од Либан, веќе полета. Организиравме уште еден лет за утре и уште летови за колку што ќе биде потребно и безбедно, изјави синоќа министерот за надворешни работи, Дејвид Лами.

Британските власти се загрижени дека континуираните воени дејствија на Израел би можеле да го затворат аеродромот, со што би се отсекол најдиректниот пат за евакуација на околу 4 до 6 илјади Британци, кои се наоѓаат во Либан.

Австралија, исто така, објави дека организира летови за да врати стотици Австралијци од Либан.

Министерката за надворешни работи Пени Вонг денеска соопшти дека повикала илјадници свои сонародници, кои се уште се во земјата, да ја напуштат додека е можно.

Летови со капацитет од 580 лица ќе полетаат од Бејрут денеска и во сабота. Со нив ќе патуваат австралиски државјани, лица со постојано жителство и нивните семејства, прецизира Вонг.

Двата лета в сабота, кои треба да полетаат за Кипар, а од таму за Австралија, ќе зависат од условите на аеродромот во Бејрут, додаде министерката. Летови кон Австралија имаше и претходно оваа недела.

До сега 1.700 Австралијци и нивните семејства изразиле желба да го напуштат Либан. Австралија е дом на најголемата либанска дијаспора во странство, а околу 15.000 Австралијци живеат во Либан, потсети австралиското министерство за надворешни работи.

The post Велика Британија и Австралија евакуираат свои граѓани со организирани летови од Либан appeared first on Република.

]]>

Британскиот министер за одбрана, Џон Хили, се сретна со воените сили кои се подготвуваат за евентуална евакуација на Британци од Либан, додека Блискиот Исток е на раб на целосна војна, јави ДПА. Тој им се заблагодари на војниците кои учествувале во операцијата за заштита на Израел за време на иранскиот ракетен напад пред два дена. Два авиони „Тајфун“, поддржани од авион-цистерна, учествувале во операцијата, иако Министерството за одбрана соопшти дека поради природата на нападот со балистички ракети, „тие не погодиле никакви цели“. Според Министерството, авионите „имале значајна улога во поширокото одвраќање и напорите за спречување на дополнителна ескалација“. Во меѓувреме, чартер-лет со Британци полета од Бејрут и слета во Бирмингем синоќа. Авионот на „Дан Ер“ слета на Меѓународниот аеродром во Бирмингем нешто пред 20:40 часот по локално време (19:40 часот по Гринич), откако претходно накратко слета во Букурешт. Уште летови се планирани за денес и наредните денови. Друг посебно организиран лет на либанската авиокомпанија „Мидл Ист Ерлајнс“ исто така ќе врати Британци во својата земја. - Првиот чартер-лет, со кој се враќаат Британци од Либан, веќе полета. Организиравме уште еден лет за утре и уште летови за колку што ќе биде потребно и безбедно, изјави синоќа министерот за надворешни работи, Дејвид Лами. Британските власти се загрижени дека континуираните воени дејствија на Израел би можеле да го затворат аеродромот, со што би се отсекол најдиректниот пат за евакуација на околу 4 до 6 илјади Британци, кои се наоѓаат во Либан. Австралија, исто така, објави дека организира летови за да врати стотици Австралијци од Либан. Министерката за надворешни работи Пени Вонг денеска соопшти дека повикала илјадници свои сонародници, кои се уште се во земјата, да ја напуштат додека е можно. Летови со капацитет од 580 лица ќе полетаат од Бејрут денеска и во сабота. Со нив ќе патуваат австралиски државјани, лица со постојано жителство и нивните семејства, прецизира Вонг. Двата лета в сабота, кои треба да полетаат за Кипар, а од таму за Австралија, ќе зависат од условите на аеродромот во Бејрут, додаде министерката. Летови кон Австралија имаше и претходно оваа недела. До сега 1.700 Австралијци и нивните семејства изразиле желба да го напуштат Либан. Австралија е дом на најголемата либанска дијаспора во странство, а околу 15.000 Австралијци живеат во Либан, потсети австралиското министерство за надворешни работи.

The post Велика Британија и Австралија евакуираат свои граѓани со организирани летови од Либан appeared first on Република.

]]>
Кина очекува рекордни 700 милиони патнички летови годинава https://republika.mk/vesti/svet/kina-ochekuva-rekordni-700-milioni-patnichki-letovi-godinava/ Wed, 14 Aug 2024 13:45:03 +0000 https://republika.mk/?p=806538

Кина очекува дека годинава ќе оствари рекордни 700 милиони патнички летови, надминувајќи ги бројките постигнати пред пандемијата со коронавирусот, изјави шефот на кинеската Управа за цивилно воздухопловство, Сонг Жијонг, на Самитот за безбедност на воздухопловството во Азија и Пацификот.

Прогнозата на Пекинг е значително повисока од 619,9 милиони патнички летови реализирани во 2023 година, пренесуваат светските агенции.

Вкупниот број на авионски патувања во Кина се зголеми за девет отсто во првата половина на 2024 година во споредба со истиот период во 2019 година.

Приходите од туризмот во Кина се зголемија за 47,4 отсто на годишно ниво во текот на осумдневниот празник Лунарната нова година, поттикнати од силниот раст на бројот на патувањата во земјата.

Во Кина имаше и зголемување на бројот на меѓународни патнички летови по повод Олимписките игри во Париз.

Побарувачката за летови до Јапонија, Јужна Кореја, Сингапур и Европа е особено висока, се додава во соопштението на Управата за цивилно воздухопловство на Кина.

 

The post Кина очекува рекордни 700 милиони патнички летови годинава appeared first on Република.

]]>

Кина очекува дека годинава ќе оствари рекордни 700 милиони патнички летови, надминувајќи ги бројките постигнати пред пандемијата со коронавирусот, изјави шефот на кинеската Управа за цивилно воздухопловство, Сонг Жијонг, на Самитот за безбедност на воздухопловството во Азија и Пацификот. Прогнозата на Пекинг е значително повисока од 619,9 милиони патнички летови реализирани во 2023 година, пренесуваат светските агенции. Вкупниот број на авионски патувања во Кина се зголеми за девет отсто во првата половина на 2024 година во споредба со истиот период во 2019 година. Приходите од туризмот во Кина се зголемија за 47,4 отсто на годишно ниво во текот на осумдневниот празник Лунарната нова година, поттикнати од силниот раст на бројот на патувањата во земјата. Во Кина имаше и зголемување на бројот на меѓународни патнички летови по повод Олимписките игри во Париз. Побарувачката за летови до Јапонија, Јужна Кореја, Сингапур и Европа е особено висока, се додава во соопштението на Управата за цивилно воздухопловство на Кина.  

The post Кина очекува рекордни 700 милиони патнички летови годинава appeared first on Република.

]]>
Авиокомпании ги прекинаа летовите за Израел поради тензиите на Блискиот Исток https://republika.mk/zivot/patuvanja/aviokompanii-gi-prekinaa-letovite-za-izrael-poradi-tenziite-na-bliskiot-istok/ Mon, 15 Apr 2024 18:35:05 +0000 https://republika.mk/?p=766428

Германската авиокомпанија Луфтханза ги прекина своите редовни летови до и од Тел Авив, Ербил и Аман, до и вклучително денеска. Летовите кон Бејрут и Техеран ќе останат суспендирани најмалку до четврток.

КЛМ ги откажа сите летови до и од Тел Авив до вторник, соопшти портпаролот на холандскиот огранок на Ер Франс.

Британскиот ИзиЏет вчера ги паузираше летовите до и од Тел Авив. Превозникот соопшти дека привремено ќе ги паузира операциите до и од Тел Авив до 21 април.

ВизЕр соопшти дека ги откажал повеќето од своите летови до и од Тел Авив, од сабота до понеделник.

Финаир ги прекина операциите во иранскиот воздушен простор до понатамошно известување, што може да предизвика подолго време на летање на летовите од Доха. Портпаролот рече дека финскиот авиопревозник ќе се пренасочи преку Египет, што ќе резултира со доцнење од „неколку минути“.

Портпаролот на САС рече дека летовите меѓу Копенхаген и Бангкок делумно летаат над регионот и оти еден лет морал да се пренасочи ноќта помеѓу саботата и неделата.

Ибериа Експрес на Х објави дека ќе ги откаже летовите за Тел Авив во недела и понеделник.

„Јунајтед ерлајнс“ ги откажа планираните летови од Њуарк до Тел Авив вчера и денеска.

Ер Канада предупреди на долги одложувања и откажувања на летовите во Израел и ги откажа летовите до Тел Авив во понеделник и вторник.

 

The post Авиокомпании ги прекинаа летовите за Израел поради тензиите на Блискиот Исток appeared first on Република.

]]>

Германската авиокомпанија Луфтханза ги прекина своите редовни летови до и од Тел Авив, Ербил и Аман, до и вклучително денеска. Летовите кон Бејрут и Техеран ќе останат суспендирани најмалку до четврток. КЛМ ги откажа сите летови до и од Тел Авив до вторник, соопшти портпаролот на холандскиот огранок на Ер Франс. Британскиот ИзиЏет вчера ги паузираше летовите до и од Тел Авив. Превозникот соопшти дека привремено ќе ги паузира операциите до и од Тел Авив до 21 април. ВизЕр соопшти дека ги откажал повеќето од своите летови до и од Тел Авив, од сабота до понеделник. Финаир ги прекина операциите во иранскиот воздушен простор до понатамошно известување, што може да предизвика подолго време на летање на летовите од Доха. Портпаролот рече дека финскиот авиопревозник ќе се пренасочи преку Египет, што ќе резултира со доцнење од „неколку минути“. Портпаролот на САС рече дека летовите меѓу Копенхаген и Бангкок делумно летаат над регионот и оти еден лет морал да се пренасочи ноќта помеѓу саботата и неделата. Ибериа Експрес на Х објави дека ќе ги откаже летовите за Тел Авив во недела и понеделник. „Јунајтед ерлајнс“ ги откажа планираните летови од Њуарк до Тел Авив вчера и денеска. Ер Канада предупреди на долги одложувања и откажувања на летовите во Израел и ги откажа летовите до Тел Авив во понеделник и вторник.  

The post Авиокомпании ги прекинаа летовите за Израел поради тензиите на Блискиот Исток appeared first on Република.

]]>
Зголемен бројот на патници и летови од аеродромите во Скопје и Охрид во првите два месеци од 2024 година https://republika.mk/vesti/ekonomija/zgolemen-brojot-na-patnitsi-i-letovi-od-aerodromite-vo-skopje-i-ohrid-vo-prvite-dva-mesetsi-od-2024-godina/ Tue, 19 Mar 2024 19:52:04 +0000 https://republika.mk/?p=756420

Бројот на патници услужени на двата меѓународни аеродроми во земјава достигна 432.678 во првите два месеци од годината, што е за 39,5 насто повеќе во споредба со истиот период од минатата година, соопшти „Aeroports de Paris“ (АДП).

Според последното соопштение од „АДП“, само во февруари, бројот на патници достигнал 189.434, што е за 30,8 отсто повеќе од февруари 2023 година.

Остварениот сообраќај на аеродромите во Охрид и Скопје за првите два месеци годинава достигна 3.521 летови, што е за 34,5 проценти повеќе споредбено со истиот период лани. Само во февруари на двата аеродрома се реализирани 1.590 летови или 30,1 проценти повеќе отколку во февруари минатата година.

Инаку, компанијата „АДП“ поседува 46 проценти од акциите на компанијата „ТАВ аеродроми“, турскиот концерн што стопанисува со аеродромите во Скопје и Охрид.

The post Зголемен бројот на патници и летови од аеродромите во Скопје и Охрид во првите два месеци од 2024 година appeared first on Република.

]]>

Бројот на патници услужени на двата меѓународни аеродроми во земјава достигна 432.678 во првите два месеци од годината, што е за 39,5 насто повеќе во споредба со истиот период од минатата година, соопшти „Aeroports de Paris“ (АДП). Според последното соопштение од „АДП“, само во февруари, бројот на патници достигнал 189.434, што е за 30,8 отсто повеќе од февруари 2023 година. Остварениот сообраќај на аеродромите во Охрид и Скопје за првите два месеци годинава достигна 3.521 летови, што е за 34,5 проценти повеќе споредбено со истиот период лани. Само во февруари на двата аеродрома се реализирани 1.590 летови или 30,1 проценти повеќе отколку во февруари минатата година. Инаку, компанијата „АДП“ поседува 46 проценти од акциите на компанијата „ТАВ аеродроми“, турскиот концерн што стопанисува со аеродромите во Скопје и Охрид.

The post Зголемен бројот на патници и летови од аеродромите во Скопје и Охрид во првите два месеци од 2024 година appeared first on Република.

]]>
Штрајкот на вработените во обезбедувањето откажа и одложи околу 1.100 летови во Германија https://republika.mk/vesti/svet/shtrajkot-na-vrabotenite-vo-obezbeduvaneto-otkazha-i-odlozhi-okolu-1-100-letovi-vo-germanija/ Thu, 01 Feb 2024 13:59:12 +0000 https://republika.mk/?p=739433

Работниците од обезбедувањето на повеќето поголеми аеродроми во Германија денеска штрајкуваат поради спорот околу платите, што доведе до масовно откажување на летовите. Синдикатот вер.ди, кој најави штрајк во вторник, ги повика работниците на штрајк на 11 аеродроми, во Франкфурт, Берлин, Келн, Дизелдорф, Хамбург, Штутгарт, Лајпциг, Хановер, Дрезден, Бремен и Ерфурт.

Аеродромите во Баварија, вклучувајќи го и Минхен, вториот најфреквентен во земјата, не беа погодени. Сите поаѓања за тој ден од Берлин, Хамбург и Штутгарт беа откажани пред почетокот на штрајкот. Откажани се и околу четири петтини од летовите во Келн и една третина во Дизелдорф.

Во Франкфурт, операторот на најпрометниот аеродром во Германија рече дека безбедносните контролни пунктови надвор од транзитната зона ќе останат затворени. На патниците кои планираат да одат таму им се препорачува да не доаѓаат на аеродромот. Сепак, некои летови сè уште беа овозможени, па Луфтханза планираше да оперира поголем дел од планираниот распоред, вклучувајќи ги и интерконтиненталните летови.

Аеродромската групација АДВ проценува дека вкупно околу 1.100 летови ќе бидат откажани или одложени, што ќе влијае на околу 200.000 патници, објави германската новинска агенција ДПА.

Три рунди работни преговори не доведоа до договор за платите на околу 25.000 работници од обезбедувањето. Вер.ди бара зголемување од 2,80 евра на час за сите вработени и повикува да се воведат бонуси за прекувремена работа од првиот дополнителен час. Здружението на работодавачи соопшти дека понудило покачување од 4% оваа година и 3% следната година, како и отстапки за тоа кога ќе почнат бонусите за прекувремена работа. Разговорите треба да продолжат на 6 февруари.

 

The post Штрајкот на вработените во обезбедувањето откажа и одложи околу 1.100 летови во Германија appeared first on Република.

]]>

Работниците од обезбедувањето на повеќето поголеми аеродроми во Германија денеска штрајкуваат поради спорот околу платите, што доведе до масовно откажување на летовите. Синдикатот вер.ди, кој најави штрајк во вторник, ги повика работниците на штрајк на 11 аеродроми, во Франкфурт, Берлин, Келн, Дизелдорф, Хамбург, Штутгарт, Лајпциг, Хановер, Дрезден, Бремен и Ерфурт. Аеродромите во Баварија, вклучувајќи го и Минхен, вториот најфреквентен во земјата, не беа погодени. Сите поаѓања за тој ден од Берлин, Хамбург и Штутгарт беа откажани пред почетокот на штрајкот. Откажани се и околу четири петтини од летовите во Келн и една третина во Дизелдорф. Во Франкфурт, операторот на најпрометниот аеродром во Германија рече дека безбедносните контролни пунктови надвор од транзитната зона ќе останат затворени. На патниците кои планираат да одат таму им се препорачува да не доаѓаат на аеродромот. Сепак, некои летови сè уште беа овозможени, па Луфтханза планираше да оперира поголем дел од планираниот распоред, вклучувајќи ги и интерконтиненталните летови. Аеродромската групација АДВ проценува дека вкупно околу 1.100 летови ќе бидат откажани или одложени, што ќе влијае на околу 200.000 патници, објави германската новинска агенција ДПА. Три рунди работни преговори не доведоа до договор за платите на околу 25.000 работници од обезбедувањето. Вер.ди бара зголемување од 2,80 евра на час за сите вработени и повикува да се воведат бонуси за прекувремена работа од првиот дополнителен час. Здружението на работодавачи соопшти дека понудило покачување од 4% оваа година и 3% следната година, како и отстапки за тоа кога ќе почнат бонусите за прекувремена работа. Разговорите треба да продолжат на 6 февруари.  

The post Штрајкот на вработените во обезбедувањето откажа и одложи околу 1.100 летови во Германија appeared first on Република.

]]>
„Луфтханза“ ги намалува летовите до Скопје и други дестинации во регионот https://republika.mk/vesti/svet/lufthanza-gi-namaluva-letovite-do-skopje-i-drugi-destinatsii-vo-regionot/ Thu, 25 Jan 2024 08:15:51 +0000 https://republika.mk/?p=736565

Германскиот авиопревозник „Луфтханза“ од мај годинава ќе го намали бројот на летови меѓу Скопје и Франкуфурт, како и до други дестинации во регионот, поради проблеми со моторите на дел од флотата авиони Ербас, што влијае на нејзиниот распоред на летови на средни дестинации, објави специјализираниот сајт за авијација „Exyuaviation“.

Компанијата соопшти дека ги откажува или намалува своите првични планови за проширување на операциите на пазарите низ поранешна Југославија.

Освен за Скопје, направени се намалувања на одредени услуги и за Белград, Љубљана, Загреб и Сараево.

Авиолинијата меѓу Скопје и Франкфурт, која беше воведена минатата година, од мај ќе биде намалена на осум лета неделно наместо сегашните десет неделни ротации.

Покрај услугите на поранешните југословенски пазари, „Луфтханза“ целосно ќе ги прекине и операциите од Франкфурт до Клуж-Напока, Темишвар, Фридрихшафен, Линц и Инсбрук, како и од Минхен до Лајпциг.

Вкупно, околу 100 неделни летови ќе бидат прекинати во летната сезона бидејќи 64 авиони во групацијата „Луфтханза“ се погодени од проблеми со моторите од производителот „Прат и Витни“.

Од „Луфтханза“ најавија дека во зависност од ситуацијата можни се и дополнителни промени на редот на летање

The post „Луфтханза“ ги намалува летовите до Скопје и други дестинации во регионот appeared first on Република.

]]>

Германскиот авиопревозник „Луфтханза“ од мај годинава ќе го намали бројот на летови меѓу Скопје и Франкуфурт, како и до други дестинации во регионот, поради проблеми со моторите на дел од флотата авиони Ербас, што влијае на нејзиниот распоред на летови на средни дестинации, објави специјализираниот сајт за авијација „Exyuaviation“. Компанијата соопшти дека ги откажува или намалува своите првични планови за проширување на операциите на пазарите низ поранешна Југославија. Освен за Скопје, направени се намалувања на одредени услуги и за Белград, Љубљана, Загреб и Сараево. Авиолинијата меѓу Скопје и Франкфурт, која беше воведена минатата година, од мај ќе биде намалена на осум лета неделно наместо сегашните десет неделни ротации. Покрај услугите на поранешните југословенски пазари, „Луфтханза“ целосно ќе ги прекине и операциите од Франкфурт до Клуж-Напока, Темишвар, Фридрихшафен, Линц и Инсбрук, како и од Минхен до Лајпциг. Вкупно, околу 100 неделни летови ќе бидат прекинати во летната сезона бидејќи 64 авиони во групацијата „Луфтханза“ се погодени од проблеми со моторите од производителот „Прат и Витни“. Од „Луфтханза“ најавија дека во зависност од ситуацијата можни се и дополнителни промени на редот на летање

The post „Луфтханза“ ги намалува летовите до Скопје и други дестинации во регионот appeared first on Република.

]]>
Снежно невреме во Германија, стотици летови откажани, патници заглавени во возила https://republika.mk/vesti/svet/snezhno-nevreme-vo-germanija-stotitsi-letovi-otkazhani-patnitsi-zaglaveni-vo-vozila/ Thu, 18 Jan 2024 09:00:19 +0000 https://republika.mk/?p=734263

Стотици патници останаа заглавени во своите возила на патиштата во централната германска покраина Хесен, откако снежните врнежи го покриа автопатот, предизвикувајќи сообраќаен метеж и линии возила кои се протегаа со километри.

Полицијата не можела да процени колкав е хаосот предизвикан од снегот и до кога ќе бидат блокирани автопатиштата, пренесува неделникот „Билд“.

Во сојузната држава Тирингија, покрај снег, на коловозот имаше и мраз, поради што голем број автопревозници ги одложија патувањата, а се известува дека состојбата може да се подобри во утринските часови.

Германската метеоролошка служба (ДВД) очекува повеќе снег и предупредува дека возачите од регионите Ајфел и Келн преку планините Ротар до Тирингија мора да се подготват за „постојани, а понекогаш и обилни снежни врнежи“. Во соседна Франција, особено во северните предели, останува на сила портокаловата метеоролошка тревога, а властите апелираат до возачите да не излегуваат на пат.

 

The post Снежно невреме во Германија, стотици летови откажани, патници заглавени во возила appeared first on Република.

]]>

Стотици патници останаа заглавени во своите возила на патиштата во централната германска покраина Хесен, откако снежните врнежи го покриа автопатот, предизвикувајќи сообраќаен метеж и линии возила кои се протегаа со километри. Полицијата не можела да процени колкав е хаосот предизвикан од снегот и до кога ќе бидат блокирани автопатиштата, пренесува неделникот „Билд“. Во сојузната држава Тирингија, покрај снег, на коловозот имаше и мраз, поради што голем број автопревозници ги одложија патувањата, а се известува дека состојбата може да се подобри во утринските часови. Германската метеоролошка служба (ДВД) очекува повеќе снег и предупредува дека возачите од регионите Ајфел и Келн преку планините Ротар до Тирингија мора да се подготват за „постојани, а понекогаш и обилни снежни врнежи“. Во соседна Франција, особено во северните предели, останува на сила портокаловата метеоролошка тревога, а властите апелираат до возачите да не излегуваат на пат.  

The post Снежно невреме во Германија, стотици летови откажани, патници заглавени во возила appeared first on Република.

]]>
Откажани се над 400 летови на „Рајанер“ во Европа https://republika.mk/vesti/svet/otkazhani-se-nad-400-letovi-na-rajaner-vo-evropa/ Tue, 06 Jun 2023 12:08:23 +0000 https://republika.mk/?p=648452

Рајанер денеска откажа 400 летови низ Европа поради штрајк на вработените во контролата на летање.

Заминувањето на персоналот во Франција доведе до приземјување на стотици летови, соопшти авиокомпанијата.

Во твит, шефот на авиокомпанијата Мајкл О’Лири рече:

„Моравме повторно да откажеме 400 летови денеска поради штрајковите на францускиот АТЦ“.

„Повеќето од овие летови се прелети и не одат за Франција“.

Превозникот рече дека летовите наместо тоа требало да одат кон Обединетото Кралство, Германија, Италија и Шпанија, наместо кон Франција - каде што се одржуваат штрајкови.

Потребни се контролори на летање за да воспостават контакт со авионите кои летаат низ францускиот воздушен простор, пишува The Sun.

Компанијата исто така објави дека, иако ги почитува правата на француските контролори на летање на штрајк, домашните летови во Франција треба да бидат откажани, „не летовите за ЕУ“.

The post Откажани се над 400 летови на „Рајанер“ во Европа appeared first on Република.

]]>

Рајанер денеска откажа 400 летови низ Европа поради штрајк на вработените во контролата на летање. Заминувањето на персоналот во Франција доведе до приземјување на стотици летови, соопшти авиокомпанијата. Во твит, шефот на авиокомпанијата Мајкл О’Лири рече:
„Моравме повторно да откажеме 400 летови денеска поради штрајковите на францускиот АТЦ“. „Повеќето од овие летови се прелети и не одат за Франција“.
Превозникот рече дека летовите наместо тоа требало да одат кон Обединетото Кралство, Германија, Италија и Шпанија, наместо кон Франција - каде што се одржуваат штрајкови. Потребни се контролори на летање за да воспостават контакт со авионите кои летаат низ францускиот воздушен простор, пишува The Sun. Компанијата исто така објави дека, иако ги почитува правата на француските контролори на летање на штрајк, домашните летови во Франција треба да бидат откажани, „не летовите за ЕУ“.

The post Откажани се над 400 летови на „Рајанер“ во Европа appeared first on Република.

]]>
Бочварски: Од денеска нови летови од Охрид кон Лондон и Манчестер. Мерките на Владата даваат конкретни резултати во авиосообраќајот https://republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-od-deneska-novi-letovi-od-ohrid-kon-london-i-manchester-merkite-na-vladata-davaat-konkretni-rezultati-vo-aviosoobrakajot/ Wed, 31 May 2023 15:23:37 +0000 https://republika.mk/?p=646528

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска на Меѓународниот аеродрoм Св. Апостол Павле во Охрид присуствуваше на воспоставување на две нови авиолинии од охридскиот аеродром и тоа кон Лондон и Манчестер.

 

Во своето обраќање, министерот ги потенцираше успешните политики на Владата на Република Македонија во насока на развој на авиосообраќајот во земјата, со посебен акцент на растот на бројот на патници и достапни дестинации во Европа.

 

“Задоволство ми е што сум присутен на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид каде од денеска воспоставуваме две нови авиолинии, односно го поврзуваме Охрид со две нови дестинации во Англија и тоа до аеродромите во Лондон и Манчестер. За нас Охрид како најголем туристички центар на Македонија ни е многу важен и затоа нашите политики се токму во насока на обезбедување негов забрзан развој. Убеден сум дека овие нови дестинации значително ќе придонесат за развој на целиот регион, развој на авиосообраќајот, бидејќи нови авиолинии значат зголемен број на туристи, а тоа е значаен чекор кон обезбедување економски и туристички развој. Ова е само уште една потврда на заедничките заложби на Владата и на ТАВ да ги развиваме капацитетите на двата наши аеродроми, притоа да создаваме услови за нови авиолинии и генерално да го развиеме авиосообраќајот во земјата.“ – изјави министерот Бочварски.

 

Тој исто така истакна дека и оваа година, како и минатата 2022, забележан е позитивен тренд на раст на авиосообраќајот во земјава.

 

„Во првите четири месеци од годинава имаме раст на бројот на патници за 44% повеќе во споредба со минатата година или раст од 11%  во споредба со 2019 година кога беше најдобра година со најголем број на превезени патници. Конкретно за охридскиот аеродром Св. Апостол Павле имаме раст на бројот на патници од преку 30% во споредба со минатата година. Продолжуваме да ги реализираме нашите успешни политики за обезбедување на квалитетни услови во авиосообраќајот, за нови дестинации за граѓаните и зголемен број туристи во нашата земја. “ – потенцираше министерот Бочварски.

 

Владата на Република Македонија останува фокусирана на унапредување на цивилното воздухопловство и авиосообраќајот, со цел максимално искористување на капацитетите на двата меѓународни аеродроми и овозможување на граѓаните нови можности преку нови и атрактивни дестинации.

The post Бочварски: Од денеска нови летови од Охрид кон Лондон и Манчестер. Мерките на Владата даваат конкретни резултати во авиосообраќајот appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска на Меѓународниот аеродрoм Св. Апостол Павле во Охрид присуствуваше на воспоставување на две нови авиолинии од охридскиот аеродром и тоа кон Лондон и Манчестер.   Во своето обраќање, министерот ги потенцираше успешните политики на Владата на Република Македонија во насока на развој на авиосообраќајот во земјата, со посебен акцент на растот на бројот на патници и достапни дестинации во Европа.   “Задоволство ми е што сум присутен на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид каде од денеска воспоставуваме две нови авиолинии, односно го поврзуваме Охрид со две нови дестинации во Англија и тоа до аеродромите во Лондон и Манчестер. За нас Охрид како најголем туристички центар на Македонија ни е многу важен и затоа нашите политики се токму во насока на обезбедување негов забрзан развој. Убеден сум дека овие нови дестинации значително ќе придонесат за развој на целиот регион, развој на авиосообраќајот, бидејќи нови авиолинии значат зголемен број на туристи, а тоа е значаен чекор кон обезбедување економски и туристички развој. Ова е само уште една потврда на заедничките заложби на Владата и на ТАВ да ги развиваме капацитетите на двата наши аеродроми, притоа да создаваме услови за нови авиолинии и генерално да го развиеме авиосообраќајот во земјата.“ – изјави министерот Бочварски.   Тој исто така истакна дека и оваа година, како и минатата 2022, забележан е позитивен тренд на раст на авиосообраќајот во земјава.   „Во првите четири месеци од годинава имаме раст на бројот на патници за 44% повеќе во споредба со минатата година или раст од 11%  во споредба со 2019 година кога беше најдобра година со најголем број на превезени патници. Конкретно за охридскиот аеродром Св. Апостол Павле имаме раст на бројот на патници од преку 30% во споредба со минатата година. Продолжуваме да ги реализираме нашите успешни политики за обезбедување на квалитетни услови во авиосообраќајот, за нови дестинации за граѓаните и зголемен број туристи во нашата земја. “ – потенцираше министерот Бочварски.   Владата на Република Македонија останува фокусирана на унапредување на цивилното воздухопловство и авиосообраќајот, со цел максимално искористување на капацитетите на двата меѓународни аеродроми и овозможување на граѓаните нови можности преку нови и атрактивни дестинации.

The post Бочварски: Од денеска нови летови од Охрид кон Лондон и Манчестер. Мерките на Владата даваат конкретни резултати во авиосообраќајот appeared first on Република.

]]>
Сплит, Франкфурт, Белград … Нови и голем број летни сезонски летови на скопскиот и охридскиот аеродром https://republika.mk/vesti/ekonomija/split-frankfurt-belgrad-novi-i-golem-broj-letni-sezonski-letovi-na-skopskiot-i-ohridskiot-aerodrom/ Sat, 25 Mar 2023 08:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=623043

Во очекување на доаѓањето на летнбата сезона од домашните аеродроми највуваат воведување нови летови и нови авиолинии.

Летниот ред на летови почнува да се применува од ноќеска на полноќ, а од „ТАВ Македонија“ за МИА велат дека очекуваат успешна летна сезона и оваа да биде година на целосно постпандемиско закрепнување.

„Луфтханза“ од 23 април ќе почне да лета на релација Франкфурт-Скопје-Франкфурт, со десет летови неделно. Нова дестинација, Сплит, ќе биде воведена од страна на „Кроација ерлајнс“ од скопскиот аеродром. Авиокомпанијата ќе лета меѓу главниот град на Македонија и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12 мај до 14 октомври 2023 година, двапати неделно. Уште еден новитет доаѓа од охридскиот аеродром и од авиокомпанијата „Ер Србија“, која ќе ја обнови линијата Белград-Охрид од јуни 2023 година. Македонскиот туристички и културен центар Охрид ќе се поврзува авионски со Белград четири пати неделно, велат за МИА од „ТАВ Македонија“.

Како и во изминатите летни сезони, и оваа, ќе има сезонски летови од скопскиот аеродром до летните дестинации како Анталија, Измир, Бодрум, Хургада и Тунис (Монастир/Енфида). Овие сезонски летови најчесто почнуваат кон крајот на мај се до октомври.

Секако, очекуваме и повеќе патници од сезонските линии на Охридскиот аеродром од традиционалните дестинации/земји од/до кои се лета во текот на летната сезона, како што се Холандија (Амстердам и Мастрихт) и Полска (Варшава и Катовице). Со ова, „ТАВ Македонија“ очекува успешна летна сезона и очекува оваа година да биде година на целосно постпандемиско закрепнување, велат од „ТАВ Македонија“.

Според актуелниот ред на летање за скопскиот аеродром, 20 авиокомпании сообраќаат до вкупно 44 дестинации, додека од охридскиот аеродром сообраќаат шест авиокомпании до девет дестинации.

Сепак, како што потенцира аеродромскиот оператор, редот на летови секогаш може да претрпи промени, односно како што ги добиваат информациите од авиокомпаниите. Ова е причината поради која ТАВ Македонија секогаш ги советува патниците да ги следат веб-страниците на скопскиот и охридскиот аеродром за ажурирање во реално време и секако, да проверат кај авиокомпанијата со која патуваат.

null

Според ТАВ Македонија, севкупно, зимската сезона може да се оцени како успешна, особено, како што потенцираат, ако се има предвид фактот дека сѐ уште на некој начин транзитираме од кризниот период и се стремиме да ги надминеме бројките од 2019 година.

Аеродромскиот оператор посочува дека двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид имаа успешна 2022 година со значително закрепнување на патничкиот авиосообраќај, со што достигнале приближно 2,4 милиони патници или вкупно 2.371.423 патници и 19.448 реализирани летови.

Ако се земат предвид бројките само за зимската сезона, 2022/2023 година, или периодот од 30 октомври 2022 година до 26 март, резултатите ги следат позитивните стапки на закрепнување на воздушниот сообраќај по кризата. Приближно 340 000 патници во ноември и во декември патувале од двата аеродрома, скопскиот и охридскиот. Сепак, она што особено нé радува е што 2023 година ја започнавме со нагорен тренд или првите два месеца покажуваат позитивни резултати и во однос на 2022 и 2019 година како референтна година, посочуваат од „ТАВ Македонија“.

На скопскиот и охридскиот аеродром во јануари и февруари имало вкупно 310.127 патници, што е зголемување за околу 35, односно 56 отсто, соодветно. Во споредба со 2022 година, јануари годинава има зголемување на бројот на патници за три проценти, додека февруари е на речиси исто ниво со февруари 2019 година.

Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид“ поради ковид пандемијата минатата година ја завршија со 782 876 патници, за 71 отсто помалку во однос на 2019 година. Е

Добар позитивен тренд бележат и бројките за остварениот број на летови, а вкупните летови во периодот од ноември до февруари изнесуваат 5480, што повторно на месечно ниво, поединечно бележи зголемување на бројот на движење на авионите. Карго-сообраќајот за истиот период од четири месеци е 1133 тони. Бидејќи зимската сезона сè уште трае, сè уште немаме бројки за статистиките и бројките за сообраќај за март, но, сепак, со оглед на тоа како почна годината, уверени сме дека бројките ќе покажат зголемување на сообраќајот на патници и летови, велат за МИА од „ТАВ Македонија“.

Нови авиолинии во државава се очекуваат со повикот за доделување субвенции. На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Виз ер“. Тековниот повик за субвенции следуваше по поништувањето на претходниот што го објави Министерството за транспорт и врски, на кој аплицираа авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“, но Комисијата за евалуација  констатираше дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација.

Од „ТАВ Македонија“, на прашањето на МИА како се одразува ваквиот тек на работите околу субвенционирањето на авиолините, порачуваат дека како аеродромски оператор со задоволство би ги поздравиле и пречекале новите авиокомпании и дека ќе продолжат да вложуваат напори и да инвестираат во одлични аеродромски услуги.

Субвенциите што им се доделуваат на авиокомпаниите се одличен инструмент за државата да привлече нови авиокомпании да почнат со работа од скопскиот или охридскиот аеродром. Новите авиокомпании секогаш носат нови дестинации, зголемени фреквенции и конкуренција, и конечно, луѓето можат да избираат од поширокиот избор на мапата со мрежа на дестинации и ќе го планираат своето патување со најповолната понуда и лет. Додавањето нови авиокомпании и воспоставувањето нови авиолинии се исто така корисни за зголемување на можностите за домашните и меѓународните патници кои патуваат од нашите аеродроми, за бизнис-заедницата, но и за регионот, бидејќи патниците од гравитациската зона дополнително би биле привлечени да патуваат од нашите аеродроми. Друга придобивка, исто така, е тоа што може да го направи нашиот воздухопловен пазар препознатлив во регионот со широка мрежа на дестинации, укажува аеродромскиот оператор.

Министерството за транспорт и врски апелира до граѓаните да се воздржат од резервации за авиобилети бидејќи се уште е во сила е одлуката за затворање на двата меѓународни аеродроми во земјава

Со тековниот повик за субвенции се доделува финансиска поддршка за нови авиолинии за периодот 2023 - 2025 година. Износот за субвенциите за годинава изнесува 1,1 милион евра.

Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира и број на седишта понудени на продажба.

Поддршката ќе изнесува седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје и 4,5 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од аеродромот Св. Апостол Павле - Охрид.

На јавниот повик можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат  критериумите: да поседуваат уверение за работа издадено од земја членка на Европската Унија согласно прописите за издавање на уверение за работа на авиопревозници, да имаат превезено најмалку 10 милиони патници во 2019 година, да имаат остварено профит од минимум 25 милиони евра во 2019 година и да достават изјава заверена на нотар, дестинацијата за која добива финансиска поддршка од државата и по завршувањето на финансиската поддршка да продолжи да ја оперира за период за кој ги добивал субвенциите. Во спротивно ќе биде должен да го врати целиот износ на средства што ги добил како финансиска поддршка.

Понуди на повикот може да се доставуваат до 31 месецов, а отворањето е предвидено за 3 април годинава во 12 часот.

The post Сплит, Франкфурт, Белград … Нови и голем број летни сезонски летови на скопскиот и охридскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

Во очекување на доаѓањето на летнбата сезона од домашните аеродроми највуваат воведување нови летови и нови авиолинии. Летниот ред на летови почнува да се применува од ноќеска на полноќ, а од „ТАВ Македонија“ за МИА велат дека очекуваат успешна летна сезона и оваа да биде година на целосно постпандемиско закрепнување.
„Луфтханза“ од 23 април ќе почне да лета на релација Франкфурт-Скопје-Франкфурт, со десет летови неделно. Нова дестинација, Сплит, ќе биде воведена од страна на „Кроација ерлајнс“ од скопскиот аеродром. Авиокомпанијата ќе лета меѓу главниот град на Македонија и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12 мај до 14 октомври 2023 година, двапати неделно. Уште еден новитет доаѓа од охридскиот аеродром и од авиокомпанијата „Ер Србија“, која ќе ја обнови линијата Белград-Охрид од јуни 2023 година. Македонскиот туристички и културен центар Охрид ќе се поврзува авионски со Белград четири пати неделно, велат за МИА од „ТАВ Македонија“.
Како и во изминатите летни сезони, и оваа, ќе има сезонски летови од скопскиот аеродром до летните дестинации како Анталија, Измир, Бодрум, Хургада и Тунис (Монастир/Енфида). Овие сезонски летови најчесто почнуваат кон крајот на мај се до октомври.
Секако, очекуваме и повеќе патници од сезонските линии на Охридскиот аеродром од традиционалните дестинации/земји од/до кои се лета во текот на летната сезона, како што се Холандија (Амстердам и Мастрихт) и Полска (Варшава и Катовице). Со ова, „ТАВ Македонија“ очекува успешна летна сезона и очекува оваа година да биде година на целосно постпандемиско закрепнување, велат од „ТАВ Македонија“.
Според актуелниот ред на летање за скопскиот аеродром, 20 авиокомпании сообраќаат до вкупно 44 дестинации, додека од охридскиот аеродром сообраќаат шест авиокомпании до девет дестинации. Сепак, како што потенцира аеродромскиот оператор, редот на летови секогаш може да претрпи промени, односно како што ги добиваат информациите од авиокомпаниите. Ова е причината поради која ТАВ Македонија секогаш ги советува патниците да ги следат веб-страниците на скопскиот и охридскиот аеродром за ажурирање во реално време и секако, да проверат кај авиокомпанијата со која патуваат. null Според ТАВ Македонија, севкупно, зимската сезона може да се оцени како успешна, особено, како што потенцираат, ако се има предвид фактот дека сѐ уште на некој начин транзитираме од кризниот период и се стремиме да ги надминеме бројките од 2019 година. Аеродромскиот оператор посочува дека двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид имаа успешна 2022 година со значително закрепнување на патничкиот авиосообраќај, со што достигнале приближно 2,4 милиони патници или вкупно 2.371.423 патници и 19.448 реализирани летови.
Ако се земат предвид бројките само за зимската сезона, 2022/2023 година, или периодот од 30 октомври 2022 година до 26 март, резултатите ги следат позитивните стапки на закрепнување на воздушниот сообраќај по кризата. Приближно 340 000 патници во ноември и во декември патувале од двата аеродрома, скопскиот и охридскиот. Сепак, она што особено нé радува е што 2023 година ја започнавме со нагорен тренд или првите два месеца покажуваат позитивни резултати и во однос на 2022 и 2019 година како референтна година, посочуваат од „ТАВ Македонија“.
На скопскиот и охридскиот аеродром во јануари и февруари имало вкупно 310.127 патници, што е зголемување за околу 35, односно 56 отсто, соодветно. Во споредба со 2022 година, јануари годинава има зголемување на бројот на патници за три проценти, додека февруари е на речиси исто ниво со февруари 2019 година. Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид“ поради ковид пандемијата минатата година ја завршија со 782 876 патници, за 71 отсто помалку во однос на 2019 година. Е
Добар позитивен тренд бележат и бројките за остварениот број на летови, а вкупните летови во периодот од ноември до февруари изнесуваат 5480, што повторно на месечно ниво, поединечно бележи зголемување на бројот на движење на авионите. Карго-сообраќајот за истиот период од четири месеци е 1133 тони. Бидејќи зимската сезона сè уште трае, сè уште немаме бројки за статистиките и бројките за сообраќај за март, но, сепак, со оглед на тоа како почна годината, уверени сме дека бројките ќе покажат зголемување на сообраќајот на патници и летови, велат за МИА од „ТАВ Македонија“.
Нови авиолинии во државава се очекуваат со повикот за доделување субвенции. На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Виз ер“. Тековниот повик за субвенции следуваше по поништувањето на претходниот што го објави Министерството за транспорт и врски, на кој аплицираа авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“, но Комисијата за евалуација  констатираше дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација. Од „ТАВ Македонија“, на прашањето на МИА како се одразува ваквиот тек на работите околу субвенционирањето на авиолините, порачуваат дека како аеродромски оператор со задоволство би ги поздравиле и пречекале новите авиокомпании и дека ќе продолжат да вложуваат напори и да инвестираат во одлични аеродромски услуги.
Субвенциите што им се доделуваат на авиокомпаниите се одличен инструмент за државата да привлече нови авиокомпании да почнат со работа од скопскиот или охридскиот аеродром. Новите авиокомпании секогаш носат нови дестинации, зголемени фреквенции и конкуренција, и конечно, луѓето можат да избираат од поширокиот избор на мапата со мрежа на дестинации и ќе го планираат своето патување со најповолната понуда и лет. Додавањето нови авиокомпании и воспоставувањето нови авиолинии се исто така корисни за зголемување на можностите за домашните и меѓународните патници кои патуваат од нашите аеродроми, за бизнис-заедницата, но и за регионот, бидејќи патниците од гравитациската зона дополнително би биле привлечени да патуваат од нашите аеродроми. Друга придобивка, исто така, е тоа што може да го направи нашиот воздухопловен пазар препознатлив во регионот со широка мрежа на дестинации, укажува аеродромскиот оператор.
Министерството за транспорт и врски апелира до граѓаните да се воздржат од резервации за авиобилети бидејќи се уште е во сила е одлуката за затворање на двата меѓународни аеродроми во земјава Со тековниот повик за субвенции се доделува финансиска поддршка за нови авиолинии за периодот 2023 - 2025 година. Износот за субвенциите за годинава изнесува 1,1 милион евра. Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира и број на седишта понудени на продажба. Поддршката ќе изнесува седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје и 4,5 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од аеродромот Св. Апостол Павле - Охрид. На јавниот повик можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат  критериумите: да поседуваат уверение за работа издадено од земја членка на Европската Унија согласно прописите за издавање на уверение за работа на авиопревозници, да имаат превезено најмалку 10 милиони патници во 2019 година, да имаат остварено профит од минимум 25 милиони евра во 2019 година и да достават изјава заверена на нотар, дестинацијата за која добива финансиска поддршка од државата и по завршувањето на финансиската поддршка да продолжи да ја оперира за период за кој ги добивал субвенциите. Во спротивно ќе биде должен да го врати целиот износ на средства што ги добил како финансиска поддршка. Понуди на повикот може да се доставуваат до 31 месецов, а отворањето е предвидено за 3 април годинава во 12 часот.

The post Сплит, Франкфурт, Белград … Нови и голем број летни сезонски летови на скопскиот и охридскиот аеродром appeared first on Република.

]]>
Не се оди за Германија со авион: Откажани се многу летови https://republika.mk/vesti/svet/ne-se-odi-za-germanija-so-avion-otkazhani-se-mnogu-letovi/ Fri, 17 Mar 2023 07:03:08 +0000 https://republika.mk/?p=620515

Поради штрајк на четири аеродроми во Германија денеска ќе бидат откажани над 680 летови.

Штрајковите што ќе се одржат на аеродромите во Дизелдорф, Келн/Бон, Штутгарт и Карлсруе/Баден-Баден ќе резултираат со откажување на 681 лет, објави Здружението на германски аеродроми (ADV). Од нив ќе бидат погодени околу 89.000 патници.

Синдикатот Верди повика на штрајкови откако преговорите за платите во индустријата за воздухопловна безбедност остануваат неуспешни и продолжуваат споровите за платите во јавниот сектор.

Според синдикатот, штрајковите во некои области нема да завршат до раните утрински часови во сабота.

Аеродромските оператори ги советуваа патниците да го проверат статусот на летот кај нивниот превозник или тур-оператор пред да одат на аеродромот.

The post Не се оди за Германија со авион: Откажани се многу летови appeared first on Република.

]]>

Поради штрајк на четири аеродроми во Германија денеска ќе бидат откажани над 680 летови. Штрајковите што ќе се одржат на аеродромите во Дизелдорф, Келн/Бон, Штутгарт и Карлсруе/Баден-Баден ќе резултираат со откажување на 681 лет, објави Здружението на германски аеродроми (ADV). Од нив ќе бидат погодени околу 89.000 патници. Синдикатот Верди повика на штрајкови откако преговорите за платите во индустријата за воздухопловна безбедност остануваат неуспешни и продолжуваат споровите за платите во јавниот сектор. Според синдикатот, штрајковите во некои области нема да завршат до раните утрински часови во сабота. Аеродромските оператори ги советуваа патниците да го проверат статусот на летот кај нивниот превозник или тур-оператор пред да одат на аеродромот.

The post Не се оди за Германија со авион: Откажани се многу летови appeared first on Република.

]]>
Хаос и на скопскиот аеродром: Се откажуваат летовите кон Истанбул https://republika.mk/zivot/servisi/haos-i-na-skopskiot-aerodrom-se-otkazhuvaat-letovite-kon-istanbul/ Mon, 06 Feb 2023 08:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=605243

Утрово и на Меѓународниот аеродром во Скопје се откажуваат летовите кон Турција, поточно кон Истанбул.

Причината е маглата и снегот кој ја зафатија речиси целата држава.

На сајтот на аеродромот во Скопје може да се забележи дека утрово е откажан летот на авиокомпанијата „Пегасус“ кој треба да полета за помалку од 20 минути.

Тамошните медиумите јавуваат дека аеродромот Сабиха Ѓокчен на азиската страна на Истанбул денеска практично е затворен. Сите летови на авиокомпанијата „Пегасус“ до и од аеродромот на меѓународни и домашни линии се откажани.

„Анадолу Џет“, подружница на „Туркиш ерлајнс“, исто така ги откажа своите домашни летови.

Вчера националниот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ соопшти дека од меѓународниот аеродром во Истанбул на европскиот брег се откажани 238 меѓународни и домашни летови. Откажувањето на летовите продолжува и денеска, информираат од авиокомпанијата.

The post Хаос и на скопскиот аеродром: Се откажуваат летовите кон Истанбул appeared first on Република.

]]>

Утрово и на Меѓународниот аеродром во Скопје се откажуваат летовите кон Турција, поточно кон Истанбул. Причината е маглата и снегот кој ја зафатија речиси целата држава. На сајтот на аеродромот во Скопје може да се забележи дека утрово е откажан летот на авиокомпанијата „Пегасус“ кој треба да полета за помалку од 20 минути. Тамошните медиумите јавуваат дека аеродромот Сабиха Ѓокчен на азиската страна на Истанбул денеска практично е затворен. Сите летови на авиокомпанијата „Пегасус“ до и од аеродромот на меѓународни и домашни линии се откажани. „Анадолу Џет“, подружница на „Туркиш ерлајнс“, исто така ги откажа своите домашни летови. Вчера националниот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ соопшти дека од меѓународниот аеродром во Истанбул на европскиот брег се откажани 238 меѓународни и домашни летови. Откажувањето на летовите продолжува и денеска, информираат од авиокомпанијата.

The post Хаос и на скопскиот аеродром: Се откажуваат летовите кон Истанбул appeared first on Република.

]]>
Турција во колапс: Откажани стотици авионски летови кон Истанбул! https://republika.mk/vesti/svet/turtsija-vo-kolaps-otkazhani-stotitsi-avionski-letovi-kon-istanbul/ Mon, 06 Feb 2023 08:38:57 +0000 https://republika.mk/?p=605232

Поради лошите временски услови, авиокомпаниите денеска ги откажаа летовите за и од Истанбул, а локалните власти ги отпуштија студентите на одмор. Метеоролошката состојба во метрополата, како и речиси во цела Турција, е значително влошена.

Аеродромот Сабиха Ѓокчен на азиската страна на Истанбул денеска практично е затворен. Сите летови на авиокомпанијата Пегасус до и од аеродромот на меѓународни и домашни линии се откажани.

Анадолу Џет, подружница на Туркиш ерлајнс, исто така ги откажа своите домашни летови.

Вчера националниот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ соопшти дека од меѓународниот аеродром во Истанбул на европскиот брег се откажани 238 меѓународни и домашни летови. Откажувањето на летовите продолжува и денеска, информираат од авиокомпанијата.

Силни ветрови и врнежи го зафатија Истанбул, придружени со силен дожд или снег.

Силниот ветер синоќа ги скрши железните огради на осмиот кат на кулата Галата, еден од симболите на Истанбул, објави интернет страницата Интернет Хабер. Екипите на противпожарната служба ги обезбедија железните елементи со јажиња, а кулата беше опкружена со заштитна сигнална лента за да ги оддалечат минувачите.

Мештаните од Истанбул го прогласија денешниот ден за неприсуство на сите училишта во метрополата. Гувернерот Али Јерликаја и градоначалникот на Митрополитот на Истанбул, Екрем Имамоглу, ги повикаа граѓаните да бидат внимателни со оглед на лошото време.

Училиштата во вкупно 40 области во земјата се затворени.

Во билтен на Генералната дирекција за метеорологија, се наведува дека денеска врнежи од снег, како и силно невреме и дожд се очекуваат во речиси целата земја – во регионот на Мраморното Море, во регионот на Егејот, Медитеранот и Црното Море. Во Источна Анадолија ќе има и обилни врнежи од снег и температури под нулата.

The post Турција во колапс: Откажани стотици авионски летови кон Истанбул! appeared first on Република.

]]>

Поради лошите временски услови, авиокомпаниите денеска ги откажаа летовите за и од Истанбул, а локалните власти ги отпуштија студентите на одмор. Метеоролошката состојба во метрополата, како и речиси во цела Турција, е значително влошена. Аеродромот Сабиха Ѓокчен на азиската страна на Истанбул денеска практично е затворен. Сите летови на авиокомпанијата Пегасус до и од аеродромот на меѓународни и домашни линии се откажани. Анадолу Џет, подружница на Туркиш ерлајнс, исто така ги откажа своите домашни летови. Вчера националниот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ соопшти дека од меѓународниот аеродром во Истанбул на европскиот брег се откажани 238 меѓународни и домашни летови. Откажувањето на летовите продолжува и денеска, информираат од авиокомпанијата. Силни ветрови и врнежи го зафатија Истанбул, придружени со силен дожд или снег. Силниот ветер синоќа ги скрши железните огради на осмиот кат на кулата Галата, еден од симболите на Истанбул, објави интернет страницата Интернет Хабер. Екипите на противпожарната служба ги обезбедија железните елементи со јажиња, а кулата беше опкружена со заштитна сигнална лента за да ги оддалечат минувачите. Мештаните од Истанбул го прогласија денешниот ден за неприсуство на сите училишта во метрополата. Гувернерот Али Јерликаја и градоначалникот на Митрополитот на Истанбул, Екрем Имамоглу, ги повикаа граѓаните да бидат внимателни со оглед на лошото време. Училиштата во вкупно 40 области во земјата се затворени. Во билтен на Генералната дирекција за метеорологија, се наведува дека денеска врнежи од снег, како и силно невреме и дожд се очекуваат во речиси целата земја – во регионот на Мраморното Море, во регионот на Егејот, Медитеранот и Црното Море. Во Источна Анадолија ќе има и обилни врнежи од снег и температури под нулата.

The post Турција во колапс: Откажани стотици авионски летови кон Истанбул! appeared first on Република.

]]>
На Скопскиот аеродром откажани два лета поради маглата https://republika.mk/zivot/servisi/na-skopskiot-aerodrom-otkazhani-dva-leta-poradi-maglata/ Wed, 04 Jan 2023 12:03:48 +0000 https://republika.mk/?p=593535

Од 8 часот наутро до 11:30 часот два лета беа откажани на Меѓународниот Аеродром Скопје, како резултат на ниската видливост поради густата магла, соопшти аеродромскиот оператор ТАВ Македонија.

Очекуваат, како што велат, подобрување на временските услови после 12 часот напладне.

За евентуални промени во редовниот распоред на летови ги упатуваат патниците да ја следат веб-страницата www.skp.airports.com.mk каде што сите промени со летовите се ажурираат во реално време,

За итни информации, патниците можат да се јават на Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333”.

Авиосообраќајот од Меѓународниот аеродром во Скопје веќе неколку дена се одвива отежнато поради маглата во скопската котлина, а дел од летовите беа откажани, пренасочени или одложени.

Според пладневниот извештај на АМСМ, намалена видливост од 100 – 150 метри на патните правци Битола – Прилеп, Неготино – Демир Капија – Удово, Скопје – Велес и Велес – Скопје, од 50 до 60 метри на делниците Штип – Радовиш – Струмица, Охрид – Струга, Охрид – Ресен, Кочани – Виница и Велес – Штип и до 100 метри на патниот правец Свети Николе – Куманово и на планинскиот превој Плетвар.

The post На Скопскиот аеродром откажани два лета поради маглата appeared first on Република.

]]>

Од 8 часот наутро до 11:30 часот два лета беа откажани на Меѓународниот Аеродром Скопје, како резултат на ниската видливост поради густата магла, соопшти аеродромскиот оператор ТАВ Македонија. Очекуваат, како што велат, подобрување на временските услови после 12 часот напладне. За евентуални промени во редовниот распоред на летови ги упатуваат патниците да ја следат веб-страницата www.skp.airports.com.mk каде што сите промени со летовите се ажурираат во реално време, За итни информации, патниците можат да се јават на Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333”. Авиосообраќајот од Меѓународниот аеродром во Скопје веќе неколку дена се одвива отежнато поради маглата во скопската котлина, а дел од летовите беа откажани, пренасочени или одложени. Според пладневниот извештај на АМСМ, намалена видливост од 100 – 150 метри на патните правци Битола – Прилеп, Неготино – Демир Капија – Удово, Скопје – Велес и Велес – Скопје, од 50 до 60 метри на делниците Штип – Радовиш – Струмица, Охрид – Струга, Охрид – Ресен, Кочани – Виница и Велес – Штип и до 100 метри на патниот правец Свети Николе – Куманово и на планинскиот превој Плетвар.

The post На Скопскиот аеродром откажани два лета поради маглата appeared first on Република.

]]>
Одложени повеќе летови на скопскиот аеродром поради густата магла https://republika.mk/zivot/servisi/odlozheni-poveke-letovi-na-skopskiot-aerodrom-poradi-gustata-magla/ Mon, 02 Jan 2023 10:04:53 +0000 https://republika.mk/?p=592732

Густата магла и намалената видливост и вчера и денеска одложи повеќе летови од скопскиот аеродром, а пристигнувањата беа пренасочувани кон аердромот во Приштина. Дел од летовите од Истанбул и Базел за Скопје беа одложени.

На Меѓународниот аеродром Скопје дел од авионите слетуваат со поголемо доцнење. Најголем дел од летовите беа пренасочени во Приштина, по што, со неколкучасовно задоцнување слетуваа во Скопје.

И утрово редовните летови од Истанбул за Скопје доцнеа по најмалку два часа.

 

The post Одложени повеќе летови на скопскиот аеродром поради густата магла appeared first on Република.

]]>

Густата магла и намалената видливост и вчера и денеска одложи повеќе летови од скопскиот аеродром, а пристигнувањата беа пренасочувани кон аердромот во Приштина. Дел од летовите од Истанбул и Базел за Скопје беа одложени. На Меѓународниот аеродром Скопје дел од авионите слетуваат со поголемо доцнење. Најголем дел од летовите беа пренасочени во Приштина, по што, со неколкучасовно задоцнување слетуваа во Скопје. И утрово редовните летови од Истанбул за Скопје доцнеа по најмалку два часа.  

The post Одложени повеќе летови на скопскиот аеродром поради густата магла appeared first on Република.

]]>
„Луфтанза“ ќе лета и од Скопје https://republika.mk/vesti/ekonomija/luftanza-kje-leta-i-od-skopje/ Mon, 19 Dec 2022 19:00:01 +0000 https://republika.mk/?p=587785

Германскиот авиопревозник Луфтханза влегува на македонскиот авијациски пазар со летови на линијата Франкфурт-Скопје, од 23 април 2023 година, соопшти ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите помеѓу двата града.

Lufthansa ќе ги поврзе македонскиот главен град со главниот аеродром во Франкфурт нудејќи летови од Меѓународниот аеродром Скопје секој ден во неделата, а во некои денови ќе има по два лета, со авиони од типот Airbus A319, Airbus A320 и Airbus A321.

Среќни сме што Lufthansa одлучи да влезе на македонскиот пазар со отпочнување летови на релација Франкфурт-Скопје. Ова значи дека Меѓународниот аеродром Скопје од април следната година ќе биде поврзан со аеродромот во Франкфурт, кој е главното германско авијациско седиште и еден од најважните трансфер-аеродроми во Европа. Дополнително, високата честота на летовите – авиокомпанијата ќе лета секој ден во неделата, а во некои денови и по два пати дневно, дава одлична флексибилност за нашите патници кои патуваат за Германија и оние што се поврзуваат со Европа и Северна Америка. Оваа нова конекција е особено важна за патниците кои патуваат за бизнис-цели и ќе понуди нови опции за авионскиот карго-превоз кон Германија, која е главен трговски партнер на Македонија. Влезот на групацијата Луфтханза е резултат на континуираните маркетиншки активности на ТАВ, сѐ со цел да привлече нови авиокомпании и да ги убеди да отворат нови дестинации од македонските аеродроми. Одлично е што нашата мрежа на авиолинии ќе се прошири и веруваме дека Луфтханза ќе додаде на вредноста на услугите што им ги нудиме на нашите патници од Меѓународниот аеродром Скопје, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.

Како што велат од Луфтханза, летовите на релација Франкфурт-Скопје се планирани да бидат привлечни и за деловните патници и за туристите.

Германскиот авиопревозник го додава Скопје во својата мрежа на линии од летната сезона во 2023 година со цел да ја зајакне својата позиција во Источна Европа.

Продажбата на авиобилетите е веќе почната. Сите информации за цени и резервации на авионските карти се достапни на веб-страницата на Луфтханза https://www.lufthansa.com/, како и кај лиценцираните туристички агенции кои вршат продажба на авиобилети.

ТАВ Македонија ги заврши 11 месеци од 2022 година со 2,2 милиона (2.190.352) патници на двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, што е зголемување за 74 отсто во споредба со истиот период лани, но сепак за 12 отсто помалку споредбено со 2019 година, која се смета за референтна година во авијацијата пред појавувањето на кризата со ковид-19.

The post „Луфтанза“ ќе лета и од Скопје appeared first on Република.

]]>

Германскиот авиопревозник Луфтханза влегува на македонскиот авијациски пазар со летови на линијата Франкфурт-Скопје, од 23 април 2023 година, соопшти ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите помеѓу двата града. Lufthansa ќе ги поврзе македонскиот главен град со главниот аеродром во Франкфурт нудејќи летови од Меѓународниот аеродром Скопје секој ден во неделата, а во некои денови ќе има по два лета, со авиони од типот Airbus A319, Airbus A320 и Airbus A321.
Среќни сме што Lufthansa одлучи да влезе на македонскиот пазар со отпочнување летови на релација Франкфурт-Скопје. Ова значи дека Меѓународниот аеродром Скопје од април следната година ќе биде поврзан со аеродромот во Франкфурт, кој е главното германско авијациско седиште и еден од најважните трансфер-аеродроми во Европа. Дополнително, високата честота на летовите – авиокомпанијата ќе лета секој ден во неделата, а во некои денови и по два пати дневно, дава одлична флексибилност за нашите патници кои патуваат за Германија и оние што се поврзуваат со Европа и Северна Америка. Оваа нова конекција е особено важна за патниците кои патуваат за бизнис-цели и ќе понуди нови опции за авионскиот карго-превоз кон Германија, која е главен трговски партнер на Македонија. Влезот на групацијата Луфтханза е резултат на континуираните маркетиншки активности на ТАВ, сѐ со цел да привлече нови авиокомпании и да ги убеди да отворат нови дестинации од македонските аеродроми. Одлично е што нашата мрежа на авиолинии ќе се прошири и веруваме дека Луфтханза ќе додаде на вредноста на услугите што им ги нудиме на нашите патници од Меѓународниот аеродром Скопје, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.
Како што велат од Луфтханза, летовите на релација Франкфурт-Скопје се планирани да бидат привлечни и за деловните патници и за туристите. Германскиот авиопревозник го додава Скопје во својата мрежа на линии од летната сезона во 2023 година со цел да ја зајакне својата позиција во Источна Европа. Продажбата на авиобилетите е веќе почната. Сите информации за цени и резервации на авионските карти се достапни на веб-страницата на Луфтханза https://www.lufthansa.com/, како и кај лиценцираните туристички агенции кои вршат продажба на авиобилети. ТАВ Македонија ги заврши 11 месеци од 2022 година со 2,2 милиона (2.190.352) патници на двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, што е зголемување за 74 отсто во споредба со истиот период лани, но сепак за 12 отсто помалку споредбено со 2019 година, која се смета за референтна година во авијацијата пред појавувањето на кризата со ковид-19.

The post „Луфтанза“ ќе лета и од Скопје appeared first on Република.

]]>
Голем број аеродроми во Кина откажуваат летови поради зголемениот број заразени со Ковид-19 https://republika.mk/vesti/svet/golem-broj-aerodromi-vo-kina-otkazuvaat-letovi-poradi-zgolemeniot-broj-zarazeni-so-kovid-19/ Thu, 10 Nov 2022 10:57:22 +0000 https://republika.mk/?p=572251

Голем број аеродроми во Кина ги откажуваат летовите поради зголемениот број на заразени лица со Ковид-19, објави денеска кинескиот државен весник „Глобал тајмс“.

Во јужната кинеска метропола Гуангжу, во која има најголем број на заразени лица откажани се над 1.000 летови, а од двата аеродрома во Пекинг откажани се повеќе од 700 летови.

И покрај кинеската политиката нулта толеранција на коронавирусот, што негативно влијаеше врз нејзината економија, бројот на инфекции низ Кина повторно се зголемува со недели.

Кинеските здравствени власти денеска соопштија дека за еден ден се регистрирани околу 8.800 заразени луѓе на национално ниво. Изминатите денови се зголемува бројот на инфицирани со Ковид-19 во поголемите градови Гуангжу, Пекинг, Шангај и Чонгкинг.

The post Голем број аеродроми во Кина откажуваат летови поради зголемениот број заразени со Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Голем број аеродроми во Кина ги откажуваат летовите поради зголемениот број на заразени лица со Ковид-19, објави денеска кинескиот државен весник „Глобал тајмс“. Во јужната кинеска метропола Гуангжу, во која има најголем број на заразени лица откажани се над 1.000 летови, а од двата аеродрома во Пекинг откажани се повеќе од 700 летови. И покрај кинеската политиката нулта толеранција на коронавирусот, што негативно влијаеше врз нејзината економија, бројот на инфекции низ Кина повторно се зголемува со недели. Кинеските здравствени власти денеска соопштија дека за еден ден се регистрирани околу 8.800 заразени луѓе на национално ниво. Изминатите денови се зголемува бројот на инфицирани со Ковид-19 во поголемите градови Гуангжу, Пекинг, Шангај и Чонгкинг.

The post Голем број аеродроми во Кина откажуваат летови поради зголемениот број заразени со Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Стотици летови откажани поради штрајк на пилотите во Германија https://republika.mk/vesti/svet/stotici-letovi-otkazani-poradi-shtrajk-na-pilotite-vo-germanija/ Thu, 06 Oct 2022 09:46:42 +0000 https://republika.mk/?p=557931

Штрајкот на пилотите на нискобуџетната авиокомпанија Еуровингс денеска ја принуди германската компанија да откаже околу 250 летови.

Подружницата на Луфтханза соопшти дека околу половина од нејзините 500 дневни летови ќе бидат откажани, што ќе влијае на десетици илјади патници.

Германските аеродроми ќе бидат најтешко погодени, но и многу други, пред се во Стокхолм, Прага и Мајорка.

Синдикатот на пилотите најави штрајк откако пропаднаа разговорите со раководството за подобрување на работните услови.

Пилотите бараат да се намали максималниот број часови на летање.

The post Стотици летови откажани поради штрајк на пилотите во Германија appeared first on Република.

]]>

Штрајкот на пилотите на нискобуџетната авиокомпанија Еуровингс денеска ја принуди германската компанија да откаже околу 250 летови. Подружницата на Луфтханза соопшти дека околу половина од нејзините 500 дневни летови ќе бидат откажани, што ќе влијае на десетици илјади патници. Германските аеродроми ќе бидат најтешко погодени, но и многу други, пред се во Стокхолм, Прага и Мајорка. Синдикатот на пилотите најави штрајк откако пропаднаа разговорите со раководството за подобрување на работните услови. Пилотите бараат да се намали максималниот број часови на летање.

The post Стотици летови откажани поради штрајк на пилотите во Германија appeared first on Република.

]]>
Се очекуваат откажувања на летови поради штрајкот на француските контролори на летање https://republika.mk/vesti/svet/se-ochekuvaat-otkazuvanja-na-letovi-poradi-shtrajkot-na-francuskite-kontrolori-na-letanje/ Fri, 16 Sep 2022 07:08:21 +0000 https://republika.mk/?p=551243

Бидејќи контролорите на летање почнуваат со 24-часовен штрајк, се очекува патниците кои летаат за и од Франција да се соочат со задоцнети и откажани летови, јави ДПА.

Француската управа за цивилно воздухопловство повика авиокомпаниите за половина да ги намалат своите услуги во континентална Франција и странските територии.

„Ер Франс“ соопшти дека денеска ќе откаже околу 55 отсто од нејзините летови на кратки и средни релации и близу 10 проценти на подолгите.

Мнозинскиот синдикат на контролори на летање повика на штрајк, појаснувајќи дека и покрај шест месеци преговори, недостасуваат конкретни одговори од страна на работодавачите.

Клучните спорни точки се заштита на пониските работни места и плаќањата за да се компензира поради инфлацијата.

Како што информираше синдикатот, една третина од контролорите на летање ќе се пензионираат меѓу 2029 и 2035 година. Тоа се должи на долгата обука, план за вработените на пониски работни места треба да биде во сила до наредната година.

Синдикатот веќе најави втор штрајк од 28 до 30 септември.

The post Се очекуваат откажувања на летови поради штрајкот на француските контролори на летање appeared first on Република.

]]>

Бидејќи контролорите на летање почнуваат со 24-часовен штрајк, се очекува патниците кои летаат за и од Франција да се соочат со задоцнети и откажани летови, јави ДПА. Француската управа за цивилно воздухопловство повика авиокомпаниите за половина да ги намалат своите услуги во континентална Франција и странските територии. „Ер Франс“ соопшти дека денеска ќе откаже околу 55 отсто од нејзините летови на кратки и средни релации и близу 10 проценти на подолгите. Мнозинскиот синдикат на контролори на летање повика на штрајк, појаснувајќи дека и покрај шест месеци преговори, недостасуваат конкретни одговори од страна на работодавачите. Клучните спорни точки се заштита на пониските работни места и плаќањата за да се компензира поради инфлацијата. Како што информираше синдикатот, една третина од контролорите на летање ќе се пензионираат меѓу 2029 и 2035 година. Тоа се должи на долгата обука, план за вработените на пониски работни места треба да биде во сила до наредната година. Синдикатот веќе најави втор штрајк од 28 до 30 септември.

The post Се очекуваат откажувања на летови поради штрајкот на француските контролори на летање appeared first on Република.

]]>
Нема веќе евтини летови од по 10 евра https://republika.mk/vesti/svet/nema-vekje-evtini-letovi-od-po-10-evra/ Thu, 11 Aug 2022 08:19:10 +0000 https://republika.mk/?p=538946

Тешката ситуација во светот ја погоди и нискобуџетната авиокомпанија Рајанер. Нејзиното раководство информираше дека повеќе нема да нуди летови по најниски цени.

Извршниот директор на Ryanair, Мајкл О’Лири изјави дека ерата на билетот од 10 евра е завршена.

Просечната цена на авионскиот билет скокна од околу 40 евра во изминатата година на приближно 50 евра во следните пет години, изјави тој за Би-Би-Си.

Нема сомнеж дека на долниот крај на пазарот, нашите навистина евтини промотивни цени – цените од едно евро, билетите од 0,99 евра, дури и цените од 9,99 евра – мислам дека нема да ги видите тие цени во следните неколку години - изјави О’Лири за Би-Би-Си Радио 4.

Зголемените трошоци за гориво, кои ги зголемуваат авионските билети, ги зголемуваат и сметките за енергија на домаќинствата, внесувајќи ги расположливите приходи на луѓето. Но, шефот на авиокомпанијата рече дека сепак очекува клиентите да бараат поевтини опции наместо да ги намалат летовите.

Сметаме дека луѓето ќе продолжат да летаат често. Но, тие ќе станат многу почувствителни на цените.

Бидејќи авионските билети стануваат поевтини во последниве децении, бројот на летови се зголемува, при што се повеќе луѓе прават кратки паузи во странство покрај годишниот одмор. Авиокомпаниите како што се Ryanair, Easyjet, Vueling и Wizz Air се натпреваруваат за да понудат евтини и бескорисни услуги.

Комерцијалните летови сега сочинуваат околу 2,4% од глобалните емисии на CO2 и секторот се соочува со притисок да го намали влијанието врз климата, вклучително и кампањи за убедување на луѓето да се префрлат на железничкиот и патниот транспорт.

Сепак, О’Лири тврди дека патниот транспорт и превозот се поголеми придонесувачи за CO2 во целина и рече дека фокусот на намалување на емисиите од воздушниот транспорт е „погрешен“.

Тој рече дека Рајанер инвестира во поефикасни авиони, но дека најголемото намалување на употребата на фосилни горива ќе дојде од префрлањето од бензин и дизел на електрични патни возила.

Во пресрет на пандемијата СОВИД, која сериозно го наруши меѓународното патување, луѓето се најдоа желни да се вратат во авиони.

Но, бидејќи побарувачката за авионски патувања се зголеми, недостигот на персонал во авиокомпаниите и аеродромите доведе до одложувања и откажани летови ширум светот. Некои патници беа принудени да чекаат со часови или да го презакажат патувањето во последен момент.

О’Лири вели дека има „многу малку симпатии“ за аеродромите , бидејќи тие ги знаат распоредите со месеци и дека безбедносните службеници, кои се одговорност на аеродромите, бараат помала обука од пилотите.

Тој го обвини Хитроу, кој го ограничи бројот на патници кои доаѓаат на аеродромот во текот на летото, за „погрешно управување“.

The post Нема веќе евтини летови од по 10 евра appeared first on Република.

]]>

Тешката ситуација во светот ја погоди и нискобуџетната авиокомпанија Рајанер. Нејзиното раководство информираше дека повеќе нема да нуди летови по најниски цени. Извршниот директор на Ryanair, Мајкл О’Лири изјави дека ерата на билетот од 10 евра е завршена. Просечната цена на авионскиот билет скокна од околу 40 евра во изминатата година на приближно 50 евра во следните пет години, изјави тој за Би-Би-Си.
Нема сомнеж дека на долниот крај на пазарот, нашите навистина евтини промотивни цени – цените од едно евро, билетите од 0,99 евра, дури и цените од 9,99 евра – мислам дека нема да ги видите тие цени во следните неколку години - изјави О’Лири за Би-Би-Си Радио 4.
Зголемените трошоци за гориво, кои ги зголемуваат авионските билети, ги зголемуваат и сметките за енергија на домаќинствата, внесувајќи ги расположливите приходи на луѓето. Но, шефот на авиокомпанијата рече дека сепак очекува клиентите да бараат поевтини опции наместо да ги намалат летовите. Сметаме дека луѓето ќе продолжат да летаат често. Но, тие ќе станат многу почувствителни на цените. Бидејќи авионските билети стануваат поевтини во последниве децении, бројот на летови се зголемува, при што се повеќе луѓе прават кратки паузи во странство покрај годишниот одмор. Авиокомпаниите како што се Ryanair, Easyjet, Vueling и Wizz Air се натпреваруваат за да понудат евтини и бескорисни услуги. Комерцијалните летови сега сочинуваат околу 2,4% од глобалните емисии на CO2 и секторот се соочува со притисок да го намали влијанието врз климата, вклучително и кампањи за убедување на луѓето да се префрлат на железничкиот и патниот транспорт. Сепак, О’Лири тврди дека патниот транспорт и превозот се поголеми придонесувачи за CO2 во целина и рече дека фокусот на намалување на емисиите од воздушниот транспорт е „погрешен“. Тој рече дека Рајанер инвестира во поефикасни авиони, но дека најголемото намалување на употребата на фосилни горива ќе дојде од префрлањето од бензин и дизел на електрични патни возила. Во пресрет на пандемијата СОВИД, која сериозно го наруши меѓународното патување, луѓето се најдоа желни да се вратат во авиони. Но, бидејќи побарувачката за авионски патувања се зголеми, недостигот на персонал во авиокомпаниите и аеродромите доведе до одложувања и откажани летови ширум светот. Некои патници беа принудени да чекаат со часови или да го презакажат патувањето во последен момент. О’Лири вели дека има „многу малку симпатии“ за аеродромите , бидејќи тие ги знаат распоредите со месеци и дека безбедносните службеници, кои се одговорност на аеродромите, бараат помала обука од пилотите. Тој го обвини Хитроу, кој го ограничи бројот на патници кои доаѓаат на аеродромот во текот на летото, за „погрешно управување“.

The post Нема веќе евтини летови од по 10 евра appeared first on Република.

]]>