лена бориславова Archives - Република https://republika.mk/tema/lena-borislavova/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Jul 2022 07:29:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лена бориславова Archives - Република https://republika.mk/tema/lena-borislavova/ 32 32 Лена Бориславова под истрага на софиското обвинителство https://republika.mk/vesti/balkan/lena-borislavova-pod-istraga-na-sofiskoto-obvinitelstvo/ Tue, 05 Jul 2022 07:29:50 +0000 https://republika.mk/?p=523981

Лена Бориславова, шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков е под истрага, јавуваат бугарските медиуми.

Имено, Софиското градско обвинителство пред еден месец поведе предистражна постапка против Бориславова за склучување непрофитабилна зделка. Повод за истрагата бил договор на Бугарската банка за развој за правни услуги со канцеларијата во која работела Бориславова пред да влезе во политиката.

Договорот го склучил менаџментот на ББР на 1 јули 2021 година, а потписници биле Владимир Георгиев и Цанко Арабаџиев. Договорот со адвокатската канцеларија „Јингов, Гугински, Ќучуков и Величков“ е за месечен надомест од 13.690 лева без вклучен ДДВ.

Според овој договор како лице за контакт е именувана Лена Бориславова, но договорот е склучен со канцеларијата, а не со неа. Во тоа време Бориславова немаше функција во извршната власт.

Договорот на ББР со адвокатската канцеларија беше раскинат три месеци подоцна, кога Лена Борисовлавова реши да влезе во политиката со „Продолжуваме со промените“.

„Обвинителството се „самопријави“, но не за заостанатите заеми или за штетата на државниот ресурс, туку поради склучен договор со канцеларијата, кој му помогна на новото раководство во првите денови од битката. Жолтиот печат ГЕРБ и ДПС ревносно учествува во битката од првиот ден. Во мај 2021 година, помислив дека најголемата лага за мене може да биде тоа што јас лично земам плата од ББР од 14.000 лева месечно. 12 месеци подоцна, сфаќам дека едноставно ми недостигаше имагинација“, коментираше Бориславова на својот Фејсбук профил на крајот на јуни.

Бориславова денеска го коментираше случајот како потег за заплашување од страна на главниот јавен обвинител Иван Гешев за кого рече дека бил директно вклучен во оваа истрага, кој пак беше на мета на владата на Петков која се обиде да го смени поради низа злоупотреби на службена должност.

-Апсолутно сум мирна, обвинителството може да истражува колку сака. Меѓутоа, за мене, од податоците со кои располагам, бидејќи дознавам само од медиумите, ова се граничи повеќе со некакво политичко дејствување. Јас лично сум подготвена да соработувам доколку навистина има предистражна постапка против мене како конкретен сторител“, коментираше таа.

Бориславова изјави дека не потпишала никаков договор во име на банка или во име на адвокатската канцеларија во врска со овој договор.

-Минатата година имаше крајно жесток отпор од старото раководство на банката кое ги склучи сите тие неповолни кредитни договори, одбиваа да ја напуштат банката, неосновано ги оспоруваа влезовите. На крајот, случаите ги доби новото раководство, истакна шефот на кабинетот на премиерот.

Банката (ББР) во моментов одлично и оди, профитира и има 81 договор за мали и средни претпријатија, но очигледно тоа некому не му се допаѓа, додаде таа.

Обвинителството се уште официјално не се изјаснило за покренувањето на оваа пред кривичната постапка.

The post Лена Бориславова под истрага на софиското обвинителство appeared first on Република.

]]>

Лена Бориславова, шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков е под истрага, јавуваат бугарските медиуми. Имено, Софиското градско обвинителство пред еден месец поведе предистражна постапка против Бориславова за склучување непрофитабилна зделка. Повод за истрагата бил договор на Бугарската банка за развој за правни услуги со канцеларијата во која работела Бориславова пред да влезе во политиката. Договорот го склучил менаџментот на ББР на 1 јули 2021 година, а потписници биле Владимир Георгиев и Цанко Арабаџиев. Договорот со адвокатската канцеларија „Јингов, Гугински, Ќучуков и Величков“ е за месечен надомест од 13.690 лева без вклучен ДДВ. Според овој договор како лице за контакт е именувана Лена Бориславова, но договорот е склучен со канцеларијата, а не со неа. Во тоа време Бориславова немаше функција во извршната власт. Договорот на ББР со адвокатската канцеларија беше раскинат три месеци подоцна, кога Лена Борисовлавова реши да влезе во политиката со „Продолжуваме со промените“. „Обвинителството се „самопријави“, но не за заостанатите заеми или за штетата на државниот ресурс, туку поради склучен договор со канцеларијата, кој му помогна на новото раководство во првите денови од битката. Жолтиот печат ГЕРБ и ДПС ревносно учествува во битката од првиот ден. Во мај 2021 година, помислив дека најголемата лага за мене може да биде тоа што јас лично земам плата од ББР од 14.000 лева месечно. 12 месеци подоцна, сфаќам дека едноставно ми недостигаше имагинација“, коментираше Бориславова на својот Фејсбук профил на крајот на јуни. Бориславова денеска го коментираше случајот како потег за заплашување од страна на главниот јавен обвинител Иван Гешев за кого рече дека бил директно вклучен во оваа истрага, кој пак беше на мета на владата на Петков која се обиде да го смени поради низа злоупотреби на службена должност.
-Апсолутно сум мирна, обвинителството може да истражува колку сака. Меѓутоа, за мене, од податоците со кои располагам, бидејќи дознавам само од медиумите, ова се граничи повеќе со некакво политичко дејствување. Јас лично сум подготвена да соработувам доколку навистина има предистражна постапка против мене како конкретен сторител“, коментираше таа.
Бориславова изјави дека не потпишала никаков договор во име на банка или во име на адвокатската канцеларија во врска со овој договор.
-Минатата година имаше крајно жесток отпор од старото раководство на банката кое ги склучи сите тие неповолни кредитни договори, одбиваа да ја напуштат банката, неосновано ги оспоруваа влезовите. На крајот, случаите ги доби новото раководство, истакна шефот на кабинетот на премиерот.
Банката (ББР) во моментов одлично и оди, профитира и има 81 договор за мали и средни претпријатија, но очигледно тоа некому не му се допаѓа, додаде таа. Обвинителството се уште официјално не се изјаснило за покренувањето на оваа пред кривичната постапка.

The post Лена Бориславова под истрага на софиското обвинителство appeared first on Република.

]]>
Шефицата на кабинетот на Петков: Бугарија ја поддржува европската иднина на Македонија и Албанија https://republika.mk/vesti/balkan/sheficata-na-kabinetot-na-petkov-bugarija-ja-poddrzuva-evropskata-idnina-na-makedonija-i-albanija/ Wed, 22 Jun 2022 12:34:20 +0000 https://republika.mk/?p=518465

Комисијата за надворешни работи на Народното собрание на Бугарија, согласно процедурата, денеска треба да го разгледа предлогот на француското претседателство со ЕУ за деблокирање на европскиот пат на Македонија, по што бугарската Влада ќе се запознае со деталите за да се види дали со предложениот документ се заштитени бугарските интереси, изјави за МИА шефицата на Кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков, Лена Бориславова.

Бориславова во кусата изјава нагласи и дека Бугарија ја поддржува европската перспектива на Република Македонија и Албанија.

Коментирајќи ја најавата на поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов дека 59-те пратеници на неговата партија ќе го поддржат „францускиот предлог“ на пленарна собраниска седница, Бориславова изјави дека ГЕРБ може да го поддржи предлогот во „пленарната сала на Народното собрание на Бугарија“.

The post Шефицата на кабинетот на Петков: Бугарија ја поддржува европската иднина на Македонија и Албанија appeared first on Република.

]]>

Комисијата за надворешни работи на Народното собрание на Бугарија, согласно процедурата, денеска треба да го разгледа предлогот на француското претседателство со ЕУ за деблокирање на европскиот пат на Македонија, по што бугарската Влада ќе се запознае со деталите за да се види дали со предложениот документ се заштитени бугарските интереси, изјави за МИА шефицата на Кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков, Лена Бориславова. Бориславова во кусата изјава нагласи и дека Бугарија ја поддржува европската перспектива на Република Македонија и Албанија. Коментирајќи ја најавата на поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов дека 59-те пратеници на неговата партија ќе го поддржат „францускиот предлог“ на пленарна собраниска седница, Бориславова изјави дека ГЕРБ може да го поддржи предлогот во „пленарната сала на Народното собрание на Бугарија“.  

The post Шефицата на кабинетот на Петков: Бугарија ја поддржува европската иднина на Македонија и Албанија appeared first on Република.

]]>
Политичарката што Петков ја фаќаше за задникот вели дека се спремни за избори https://republika.mk/vesti/balkan/politicharkata-shto-petkov-ja-fakjashe-za-zadnikot-veli-deka-se-spremni-za-izbori/ Sun, 12 Jun 2022 13:44:38 +0000 https://republika.mk/?p=514114

Подготвени сме за нови избори, но пред тоа ќе направиме се за да спречиме таков развој на настаните, изјави во Јамбол Лена Бориславова, шеф на политичкиот кабинет на премиерот Кирил Петков.

Таа заедно со потпретседателот на Собранието и пратеник од Јамбол Мирослав Иванов присуствуваше на отворањето на нова партиска канцеларија на „Продолжуваме со промените“.

„Мора да има функционално Национално собрание за да ги донесе тие 22 закони кои ќе гарантираат 13 милијарди лева да одат за бугарските домаќинства и бизниси“, нагласи Бориславова.

Бориславова има 33 години и стана позната пред неколку дена откако беше обавено како Петков ја фаќа за задникот пред влезната врата од нејзиниот дом.

The post Политичарката што Петков ја фаќаше за задникот вели дека се спремни за избори appeared first on Република.

Скандал во Бугарија: Кирил Петков снимен како ја фаќа за задникот шефицата на Кабинетот, сопруга на негов пријател и сопартиец https://republika.mk/vesti/balkan/skandal-vo-bugarija-kiril-petkov-snimen-kako-ja-fakja-za-zadnikot-sheficata-na-kabinetot-sopruga-na-negov-prijatel-i-sopartiec/ Fri, 10 Jun 2022 19:30:19 +0000 https://republika.mk/?p=513674

Додека се тресе премиерското столче на бугарскиот премиер Кирил Петков, се тресе и бугарската јавност од аферата пласирана денеска, а во која главни ликови се токму петков и неговата шефица на кабинетот Лена Бориславова. До бугарската редакција на ПИК.бг пристигнала скандалозна видеоснимка, на која две лица, кои многу личат на Петков и Бриславова се качуваат по скали на станбена зграда. Жената оди прва и додека ја отклучува вратата од стан, мажот зад неа ја допира по задникот.

Ако снимката е автентична, тоа ќе биде најголемиот скандал околу личноста на Кирил Петков. Премиерот на Бугарија е оженет со Канаѓанка и има три деца, а шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова е свршена за пријателот и сопартиец на Петков, Мирослав Иванов, додаваат од ПИК.

Бугарскиот информативен портал ПИК пишува дека врската меѓу Петков и Бориславова е многу подолга од нивните политички кариери. Тие започнале како бизнис-партнери уште додека таа била адвокат, а тој министер за економија.

Повеќе ТУКА

The post Скандал во Бугарија: Кирил Петков снимен како ја фаќа за задникот шефицата на Кабинетот, сопруга на негов пријател и сопартиец appeared first on Република.

]]>

Додека се тресе премиерското столче на бугарскиот премиер Кирил Петков, се тресе и бугарската јавност од аферата пласирана денеска, а во која главни ликови се токму петков и неговата шефица на кабинетот Лена Бориславова. До бугарската редакција на ПИК.бг пристигнала скандалозна видеоснимка, на која две лица, кои многу личат на Петков и Бриславова се качуваат по скали на станбена зграда. Жената оди прва и додека ја отклучува вратата од стан, мажот зад неа ја допира по задникот.
Ако снимката е автентична, тоа ќе биде најголемиот скандал околу личноста на Кирил Петков. Премиерот на Бугарија е оженет со Канаѓанка и има три деца, а шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова е свршена за пријателот и сопартиец на Петков, Мирослав Иванов, додаваат од ПИК.
Бугарскиот информативен портал ПИК пишува дека врската меѓу Петков и Бориславова е многу подолга од нивните политички кариери. Тие започнале како бизнис-партнери уште додека таа била адвокат, а тој министер за економија. Повеќе ТУКА

The post Скандал во Бугарија: Кирил Петков снимен како ја фаќа за задникот шефицата на Кабинетот, сопруга на негов пријател и сопартиец appeared first on Република.

]]>
Бориславова: Меѓувладината конференцијата во Скопје е одложена затоа што „нема договорен документ“ https://republika.mk/vesti/makedonija/borislavova-megjuvladinata-konferencijata-vo-skopje-e-odlozena-zatoa-shto-nema-dogovoren-dokument/ Sun, 15 May 2022 11:20:44 +0000 https://republika.mk/?p=502495

Заедничката седница на владите на Македонија и Бугарија во Скопје, на која требаше да учествува бугарска владина делегација предводена од премиерот Кирил Петков, е одложена затоа што „нема договорен документ“ што би покажал напредок во преговорите меѓу двете земји, изјави шефицата на Кабинетот на претседателот на Владата на Бугарија, Лена Бориславова.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Бориславова во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ) нагласи дека она што бугарската Влада и лично премиерот Петков би сакале да видат е „некаков доказ дека Македонија има сериозен однос кон говорот на омраза и дискриминацијата на бугарското етничко население“.

Затоа, следните чекори кои се очекуваат е да продолжи работата во оваа насока, изјави Бориславова, додавајќи дека министерствата за надворешни работи на двете земји активно ги продолжуваат разговорите.

Според Бориславова, „Бугарија не бара малцинство“ во земјава, туку вклучување на Бугарите како државотворен народ во Уставот на Република Македонија, со цел „да ги имаат сите права што ги уживаат и другите народи“.

Таа негира дека Софија е изложена на „силен надворешен притисок“ во врска со деблокадата на стартот на преговорите на Македонија со ЕУ, но нагласи дека во Бугарија во моментов има обид за внатрешно-политичка дестабилизација во однос на темата поврзана со земјава.

Според неа, Владата на Бугарија води единствена политика кон Македонија, а како „јазична грешка“ ги коментираше изјавите на шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска за разликите меѓу неа и МНР од една и надворешнополитичкиот тим на премиерот Петков од друга стана.

Надворешната политика на Бугарија ја води Министерството за надворешни работи, односно Теодора Генчовска. Таа или нејзините заменици секогаш го придружуваат премиерот и таа лично потврди дека водат иста надворешна политика со премиерот. Останатото го препишувам на грешка во јазикот, Бугарија има единствена надворешна политика кон Република Македонија, додаде Бориславова.

Како што претходно јави БГНЕС, на новинарско прашање околу „очекувањата на бугарското општество, Петков да потпише некаков документ со Скопје“, Бориславова изјави дека засега не се очекува нешто такво.

Прашана дали евентуална промена на ставот на бугарската Владата во однос на ветото за старт на преговорите на земјава со ЕУ, би можело да резултира со пад на Кабинетот на Петков, Бориславова изјави дека никој на кој било начин нема да преземе чекори во тој правец.

Таа потенцира дека како што неколкупати најави и самиот Петков, промена на бугарскиот став кон ветото ќе биде можна само со постигнување на широк консензус меѓу владејачката коалиција и опозицијата.

The post Бориславова: Меѓувладината конференцијата во Скопје е одложена затоа што „нема договорен документ“ appeared first on Република.

]]>

Заедничката седница на владите на Македонија и Бугарија во Скопје, на која требаше да учествува бугарска владина делегација предводена од премиерот Кирил Петков, е одложена затоа што „нема договорен документ“ што би покажал напредок во преговорите меѓу двете земји, изјави шефицата на Кабинетот на претседателот на Владата на Бугарија, Лена Бориславова. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Бориславова во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ) нагласи дека она што бугарската Влада и лично премиерот Петков би сакале да видат е „некаков доказ дека Македонија има сериозен однос кон говорот на омраза и дискриминацијата на бугарското етничко население“.
Затоа, следните чекори кои се очекуваат е да продолжи работата во оваа насока, изјави Бориславова, додавајќи дека министерствата за надворешни работи на двете земји активно ги продолжуваат разговорите.
Според Бориславова, „Бугарија не бара малцинство“ во земјава, туку вклучување на Бугарите како државотворен народ во Уставот на Република Македонија, со цел „да ги имаат сите права што ги уживаат и другите народи“. Таа негира дека Софија е изложена на „силен надворешен притисок“ во врска со деблокадата на стартот на преговорите на Македонија со ЕУ, но нагласи дека во Бугарија во моментов има обид за внатрешно-политичка дестабилизација во однос на темата поврзана со земјава. Според неа, Владата на Бугарија води единствена политика кон Македонија, а како „јазична грешка“ ги коментираше изјавите на шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска за разликите меѓу неа и МНР од една и надворешнополитичкиот тим на премиерот Петков од друга стана.
Надворешната политика на Бугарија ја води Министерството за надворешни работи, односно Теодора Генчовска. Таа или нејзините заменици секогаш го придружуваат премиерот и таа лично потврди дека водат иста надворешна политика со премиерот. Останатото го препишувам на грешка во јазикот, Бугарија има единствена надворешна политика кон Република Македонија, додаде Бориславова.
Како што претходно јави БГНЕС, на новинарско прашање околу „очекувањата на бугарското општество, Петков да потпише некаков документ со Скопје“, Бориславова изјави дека засега не се очекува нешто такво. Прашана дали евентуална промена на ставот на бугарската Владата во однос на ветото за старт на преговорите на земјава со ЕУ, би можело да резултира со пад на Кабинетот на Петков, Бориславова изјави дека никој на кој било начин нема да преземе чекори во тој правец. Таа потенцира дека како што неколкупати најави и самиот Петков, промена на бугарскиот став кон ветото ќе биде можна само со постигнување на широк консензус меѓу владејачката коалиција и опозицијата.

The post Бориславова: Меѓувладината конференцијата во Скопје е одложена затоа што „нема договорен документ“ appeared first on Република.

]]>
Нема меѓувладина, нема ни датум во јуни: Без „документ за бугарското малцинство“, Петков не доаѓа во Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/nema-megjuvladina-nema-ni-datum-vo-juni-bez-dokument-za-bugarskoto-malcinstvo-petkov-ne-doagja-vo-makedonija/ Sun, 15 May 2022 08:39:00 +0000 https://republika.mk/?p=502440

Бугарскиот премиерот Кирил Петков наскоро нема да го посети Скопје, изјави шефицата на Кабинетот на претседателот на Владата на Бугарија, Лена Бориславова.

Наскоро нема да има посета, бидејќи немаме документ на кој можеме да работиме врз основа на Договорот за добрососедство. Така што, како што вчера потврди и македонската страна, меѓувладината конференција се одлага се додека не видиме чекори поврзани со исполнување на критериумите и разбирање, што покажуваат заштита од дискриминација на бугарското етничко малцинство - изјави Бориславова за Бугарската национална телевизија (БНТ).

Таа нагласи дека „Бугарија не бара малцинство“ во земјава, туку вклучување на Бугарите како државотворен народ во Уставот на Република Македонија, со цел „да ги имаат сите права што ги уживаат и другите народи“.

На новинарско прашање околу „очекувањата на бугарското општество Петков да потпише некаков документ со Скопје“, Бориславова изјави дека засега не се очекува нешто такво.

Прашана дали евентуална промена на ставот на бугарската Владата во однос на ветото за старт на преговорите на земјава со ЕУ, би можело да резултира со пад на Кабинетот на Петков, Бориславова изјави дека никој на кој било начин нема да преземе чекори во тој правец.

Таа потенцира дека како што неколкупати најави и самиот Петков, промена на бугарскиот став кон ветото ќе биде можна само со постигнување на широк консензус меѓу владејачката коалиција и опозицијата.

The post Нема меѓувладина, нема ни датум во јуни: Без „документ за бугарското малцинство“, Петков не доаѓа во Македонија appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиерот Кирил Петков наскоро нема да го посети Скопје, изјави шефицата на Кабинетот на претседателот на Владата на Бугарија, Лена Бориславова.
Наскоро нема да има посета, бидејќи немаме документ на кој можеме да работиме врз основа на Договорот за добрососедство. Така што, како што вчера потврди и македонската страна, меѓувладината конференција се одлага се додека не видиме чекори поврзани со исполнување на критериумите и разбирање, што покажуваат заштита од дискриминација на бугарското етничко малцинство - изјави Бориславова за Бугарската национална телевизија (БНТ).
Таа нагласи дека „Бугарија не бара малцинство“ во земјава, туку вклучување на Бугарите како државотворен народ во Уставот на Република Македонија, со цел „да ги имаат сите права што ги уживаат и другите народи“. На новинарско прашање околу „очекувањата на бугарското општество Петков да потпише некаков документ со Скопје“, Бориславова изјави дека засега не се очекува нешто такво. Прашана дали евентуална промена на ставот на бугарската Владата во однос на ветото за старт на преговорите на земјава со ЕУ, би можело да резултира со пад на Кабинетот на Петков, Бориславова изјави дека никој на кој било начин нема да преземе чекори во тој правец. Таа потенцира дека како што неколкупати најави и самиот Петков, промена на бугарскиот став кон ветото ќе биде можна само со постигнување на широк консензус меѓу владејачката коалиција и опозицијата.

The post Нема меѓувладина, нема ни датум во јуни: Без „документ за бугарското малцинство“, Петков не доаѓа во Македонија appeared first on Република.

]]>
Oд денеска Русија нема да праќа гас за Бугарија, оттаму доаѓаше и за Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/od-deneska-rusija-nema-da-prakja-gas-za-bugarija-ottamu-doagjashe-i-za-makedonija/ Wed, 27 Apr 2022 06:31:51 +0000 https://republika.mk/?p=494047

Русија од денеска ја запира испораката на гас за Бугарија. Ова може да биде проблем и за Македонија бидејќи гасот за нас доаѓа преку кракот од источниот сосед.

Шеф на кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков Лена Бориславова синоќа ги смируваше граѓаните со убедување дека не постои закана за енергетската безбедност на Бугарија,

Обезбедени се алтернативни начини за испорака, нема причина за паника и за никакво стравување. Премиерот Кирил Петков и вицепремиерот Асен Василев се известени за ситуацијата, нема ризик за енергетската безбедност на Бугарија, истакна таа.

The post Oд денеска Русија нема да праќа гас за Бугарија, оттаму доаѓаше и за Македонија appeared first on Република.

]]>

Русија од денеска ја запира испораката на гас за Бугарија. Ова може да биде проблем и за Македонија бидејќи гасот за нас доаѓа преку кракот од источниот сосед. Шеф на кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков Лена Бориславова синоќа ги смируваше граѓаните со убедување дека не постои закана за енергетската безбедност на Бугарија,
Обезбедени се алтернативни начини за испорака, нема причина за паника и за никакво стравување. Премиерот Кирил Петков и вицепремиерот Асен Василев се известени за ситуацијата, нема ризик за енергетската безбедност на Бугарија, истакна таа.
 
The post Oд денеска Русија нема да праќа гас за Бугарија, оттаму доаѓаше и за Македонија appeared first on Република.

]]>
Бориславова: Владата ќе даде зелено светло за Македонија кога ќе има резултати https://republika.mk/vesti/balkan/borislavova-vladata-kje-dade-zeleno-svetlo-za-makedonija-koga-kje-ima-rezultati/ Sun, 17 Apr 2022 07:52:47 +0000 https://republika.mk/?p=489480

Советниците советуваат, а не водат надворешна политика. Владата на Кирил Петков е подготвена да даде зелено светло за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ кога ќе има резултати, изјави Лена Бориславова, шеф на кабинетот на премиерот на Бугарија.

Бориславова ги коментираше разликите меѓу премиерот и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, која во петокот во Народното собрание го обвини премиерот дека води втора надворешна политика, во која огромна улога има неговиот советник за надворешна политика.

Разговорот со г-ѓа Генчовска е многу ефикасен, како и со сите министри. Состаноците на Советот на министри се одвиваат во многу конструктивен дух - изјави Бориславова за бТВ, додавајќи дека вчера во Битола шефот на дипломатијата изјавил дека „зборува во единство со премиерот“.

The post Бориславова: Владата ќе даде зелено светло за Македонија кога ќе има резултати appeared first on Република.

]]>

Советниците советуваат, а не водат надворешна политика. Владата на Кирил Петков е подготвена да даде зелено светло за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ кога ќе има резултати, изјави Лена Бориславова, шеф на кабинетот на премиерот на Бугарија. Бориславова ги коментираше разликите меѓу премиерот и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, која во петокот во Народното собрание го обвини премиерот дека води втора надворешна политика, во која огромна улога има неговиот советник за надворешна политика. Разговорот со г-ѓа Генчовска е многу ефикасен, како и со сите министри. Состаноците на Советот на министри се одвиваат во многу конструктивен дух - изјави Бориславова за бТВ, додавајќи дека вчера во Битола шефот на дипломатијата изјавил дека „зборува во единство со премиерот“.

The post Бориславова: Владата ќе даде зелено светло за Македонија кога ќе има резултати appeared first on Република.

]]>
Шефицата на кабинетот на Петков: Софија е подготвена да пружи рака за конструктивен дијалог со Скопје https://republika.mk/vesti/balkan/sheficata-na-kabinetot-na-petkov-sofija-e-podgotvena-da-pruzi-raka-za-konstruktiven-dijalog-so-skopje/ Wed, 05 Jan 2022 15:02:17 +0000 https://republika.mk/?p=440931

Шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков, Лена Бориславова по владината седница информираше дека Бугарија е подготвена да пружи рака за почнување на конструктивен дијалог со Република Македонија.

Бориславова уверува дека бугарската позиција ќе продолжи добро да се брани и аргументира, а постојната рамка ќе се надградува со формирање на пет работни групи кои ќе разговараат на конкретни теми.

Таа посочи и дека подготовката и организацијата на овој процес е причина за посетата на Скопје на советничката за надворешна политика на премиерот Петков, Весела Чернева на 2 јануари.

Бугарската Влада на редовната седница разреши девет регионални управители.

The post Шефицата на кабинетот на Петков: Софија е подготвена да пружи рака за конструктивен дијалог со Скопје appeared first on Република.

]]>

Шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков, Лена Бориславова по владината седница информираше дека Бугарија е подготвена да пружи рака за почнување на конструктивен дијалог со Република Македонија. Бориславова уверува дека бугарската позиција ќе продолжи добро да се брани и аргументира, а постојната рамка ќе се надградува со формирање на пет работни групи кои ќе разговараат на конкретни теми. Таа посочи и дека подготовката и организацијата на овој процес е причина за посетата на Скопје на советничката за надворешна политика на премиерот Петков, Весела Чернева на 2 јануари. Бугарската Влада на редовната седница разреши девет регионални управители.

The post Шефицата на кабинетот на Петков: Софија е подготвена да пружи рака за конструктивен дијалог со Скопје appeared first on Република.

]]>