Лајчак Archives - Република https://republika.mk/tema/lajchak/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Feb 2024 14:21:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лајчак Archives - Република https://republika.mk/tema/lajchak/ 32 32 Бислими ја одби поканата за средба со српската страна во Брисел за забраната на динарот во Косово: Прашањето на динарот не е дел од дијалогот https://republika.mk/vesti/balkan/bislimi-ja-odbi-pokanata-za-sredba-so-srpskata-strana-vo-brisel-za-zabranata-na-dinarot-vo-kosovo-prashaneto-na-dinarot-ne-e-del-od-dijalogot/ Thu, 22 Feb 2024 14:21:00 +0000 https://republika.mk/?p=747061

Косовскиот вицепремиер и главен преговарач во диајлогот со Србија, Бесник Бислими изјави дека добил покана од Брисел за разговори во врска со новата регулатива на Централната банка на Косово, со која се предвидува единствена валута во Косово да биде еврото, но дека одбил да учествува, јави дописникот на МИА од Приштина.

 

 

На вчерашната тркалезна маса „Економски развој за Србите во Косово“, организирана од Центарот за хуманитарен дијалог, одржана во Чаглавица кај Приштина, Бислими рече дека нема да учествува на средбата што ја свикал посредникот на ЕУ во дијалогот, Мирослав Лајчак, бидејќи „прашањето на динарот не е дел од дијалогот“.

Тој додаде дека во текот на идната недела ќе се одлучи кој од Косово би отишол на една таква средба.

– Нема никаков развој, има барање од Брисел следната недела да се одржи состанок за прашањето за регулирање на трансферот на монетите од Србија во Косово, но тоа не е средба каде што треба да оди главниот преговарач, бидејќи прашањето за динарот не е дел од дијалогот. Јас одам кога се разговара за дијалог. Идната недела ќе видиме кој ќе оди, рече Бислими.

Тој нагласи дека немало претходна согласност за таква средба и го обвини европскиот емисар дека ги прекршил принципите што самиот ги поставил.

– Лајчак ми го испрати писмото бидејќи постојано комуницира со мене. Но овој пат мислам дека ги прекрши принципите што самиот тој ги постави, затоа што првпат закажува средба без претходен договор со страните и се обиде да ја постави агендата наспроти принципите што ги постави во 2021 година. Ниту една тема не се става на дневен ред без претходна согласност од страните, рече Бислими.

На 1 февруари стапи во сила регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК), која предвидува дека за плаќање во земјата ќе се користи единсгвено евро валута, со што се става крај на употребата на српскиот динар, со кој властите од Белград им исплаќаат пензии, социална помош и други придонеси на косовските Срби. ЦБК објави транзициски план, кој би траел три месеци, за прилагодување на српското население кон новите правила, меѓутоа ЕУ и САД бараат подолг период пред конечното спроведување на забраната на употрабата на динарот.

The post Бислими ја одби поканата за средба со српската страна во Брисел за забраната на динарот во Косово: Прашањето на динарот не е дел од дијалогот appeared first on Република.

]]>

Косовскиот вицепремиер и главен преговарач во диајлогот со Србија, Бесник Бислими изјави дека добил покана од Брисел за разговори во врска со новата регулатива на Централната банка на Косово, со која се предвидува единствена валута во Косово да биде еврото, но дека одбил да учествува, јави дописникот на МИА од Приштина.
 
 
На вчерашната тркалезна маса „Економски развој за Србите во Косово“, организирана од Центарот за хуманитарен дијалог, одржана во Чаглавица кај Приштина, Бислими рече дека нема да учествува на средбата што ја свикал посредникот на ЕУ во дијалогот, Мирослав Лајчак, бидејќи „прашањето на динарот не е дел од дијалогот“. Тој додаде дека во текот на идната недела ќе се одлучи кој од Косово би отишол на една таква средба. – Нема никаков развој, има барање од Брисел следната недела да се одржи состанок за прашањето за регулирање на трансферот на монетите од Србија во Косово, но тоа не е средба каде што треба да оди главниот преговарач, бидејќи прашањето за динарот не е дел од дијалогот. Јас одам кога се разговара за дијалог. Идната недела ќе видиме кој ќе оди, рече Бислими. Тој нагласи дека немало претходна согласност за таква средба и го обвини европскиот емисар дека ги прекршил принципите што самиот ги поставил. – Лајчак ми го испрати писмото бидејќи постојано комуницира со мене. Но овој пат мислам дека ги прекрши принципите што самиот тој ги постави, затоа што првпат закажува средба без претходен договор со страните и се обиде да ја постави агендата наспроти принципите што ги постави во 2021 година. Ниту една тема не се става на дневен ред без претходна согласност од страните, рече Бислими. На 1 февруари стапи во сила регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК), која предвидува дека за плаќање во земјата ќе се користи единсгвено евро валута, со што се става крај на употребата на српскиот динар, со кој властите од Белград им исплаќаат пензии, социална помош и други придонеси на косовските Срби. ЦБК објави транзициски план, кој би траел три месеци, за прилагодување на српското население кон новите правила, меѓутоа ЕУ и САД бараат подолг период пред конечното спроведување на забраната на употрабата на динарот.

The post Бислими ја одби поканата за средба со српската страна во Брисел за забраната на динарот во Косово: Прашањето на динарот не е дел од дијалогот appeared first on Република.

]]>
Лајчак: Продолжуваат напорите за деескалација на ситуацијата во северно Косово https://republika.mk/vesti/balkan/lajchak-prodolzhuvaat-naporite-za-deeskalatsija-na-situatsijata-vo-severno-kosovo/ Sat, 08 Jul 2023 14:50:48 +0000 https://republika.mk/?p=659222

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска, сумирајќи ги настаните од изминатата недела, изјави дека продолжуваат напорите за деескалација на ситуацијата на северот на Косово.

Лајчак на Фејсбук потсети дека на почетокот на оваа недела ги посетил Белград и Приштина поради следење на напорите на ЕУ за изнаоѓање решение за тензичната ситуација на северот на Косово, нагласувајќи дека тие посети му помогнале да ја разјасни ситуацијата на терен и потребните идни чекори.

„Главниот фокус беа моите сoстаноци со претседателот на Србија Александар Вучиќ во Белград и со претседателот и премиерот на привремените приштински институции Вјоса Османи и Албин Курти во Приштина, каде што беа истражени опциите на патот напред во согласност со барањата на ЕУ за деескалација на северот на Косово и организирање нови локални избори со учество на косовските Срби, како и враќање на дијалогот“, истакна Лајчак.

The post Лајчак: Продолжуваат напорите за деескалација на ситуацијата во северно Косово appeared first on Република.

]]>

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска, сумирајќи ги настаните од изминатата недела, изјави дека продолжуваат напорите за деескалација на ситуацијата на северот на Косово. Лајчак на Фејсбук потсети дека на почетокот на оваа недела ги посетил Белград и Приштина поради следење на напорите на ЕУ за изнаоѓање решение за тензичната ситуација на северот на Косово, нагласувајќи дека тие посети му помогнале да ја разјасни ситуацијата на терен и потребните идни чекори.
„Главниот фокус беа моите сoстаноци со претседателот на Србија Александар Вучиќ во Белград и со претседателот и премиерот на привремените приштински институции Вјоса Османи и Албин Курти во Приштина, каде што беа истражени опциите на патот напред во согласност со барањата на ЕУ за деескалација на северот на Косово и организирање нови локални избори со учество на косовските Срби, како и враќање на дијалогот“, истакна Лајчак.

The post Лајчак: Продолжуваат напорите за деескалација на ситуацијата во северно Косово appeared first on Република.

]]>
Лајчак патува во САД поради ситуацијата на северот на Косово https://republika.mk/vesti/balkan/lajchak-patuva-vo-sad-poradi-situatsijata-na-severot-na-kosovo/ Mon, 19 Jun 2023 09:00:13 +0000 https://republika.mk/?p=653002

Сега, по покана од моите американски партнери, ќе одам во Вашингтон, САД. Ќе имаме интензивни дискусии за тоа како да се движиме напред и за непосредните следни чекори“, напиша Лајчак во својот неделен преглед на Фејсбук.

Лајчак напиша дека на форумот во Преспа, кој се одржа во четвртокот и петокот во Струга, во фокусот на вниманието на сите беа „настаните во регионот и особено високите тензии меѓу Косово и Србија и ситуацијата на северот на Косово“.

Тој во својот осврт истакна и дека ги информирал амбасадорите на НАТО и на ЕУ за ситуацијата на северот на Косово, нагласувајќи дека е неопходно да се преземат чекори за смирување на тензиите.

„За време на посетата во седиштето на НАТО, се сретнав и со заменик-генералниот секретар Мирча Џоане, со кого разговарав за ситуацијата на северот на Косово. Се договоривме дека треба да се преземат итни чекори за деескалација“, напиша Лајчак.

Претставникот на ЕУ изјави дека претходно минатата недела ги информирал своите колеги во Брисел за неодамнешната посета на регионот заедно со специјалниот претставник на САД за актуелната ситуација и за тоа како понатаму.

The post Лајчак патува во САД поради ситуацијата на северот на Косово appeared first on Република.

]]>

Сега, по покана од моите американски партнери, ќе одам во Вашингтон, САД. Ќе имаме интензивни дискусии за тоа како да се движиме напред и за непосредните следни чекори“, напиша Лајчак во својот неделен преглед на Фејсбук. Лајчак напиша дека на форумот во Преспа, кој се одржа во четвртокот и петокот во Струга, во фокусот на вниманието на сите беа „настаните во регионот и особено високите тензии меѓу Косово и Србија и ситуацијата на северот на Косово“. Тој во својот осврт истакна и дека ги информирал амбасадорите на НАТО и на ЕУ за ситуацијата на северот на Косово, нагласувајќи дека е неопходно да се преземат чекори за смирување на тензиите. „За време на посетата во седиштето на НАТО, се сретнав и со заменик-генералниот секретар Мирча Џоане, со кого разговарав за ситуацијата на северот на Косово. Се договоривме дека треба да се преземат итни чекори за деескалација“, напиша Лајчак. Претставникот на ЕУ изјави дека претходно минатата недела ги информирал своите колеги во Брисел за неодамнешната посета на регионот заедно со специјалниот претставник на САД за актуелната ситуација и за тоа како понатаму.

The post Лајчак патува во САД поради ситуацијата на северот на Косово appeared first on Република.

]]>
Лајчак: Јас и Ескобар се надевавме на подобар резултат од нашата мисија на Косово https://republika.mk/vesti/balkan/lajchak-jas-i-eskobar-se-nadevavme-na-podobar-rezultat-od-nashata-misija-na-kosovo/ Mon, 12 Jun 2023 06:55:03 +0000 https://republika.mk/?p=650282

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска на својот Фејсбук профил објави дека се надевал на подобар резултат од минатонеделната мисија на Косово со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

„Отпатувавме во регионот со цел да се справиме со тензичната ситуација во северно Косово на која сите бевме сведоци во текот на изминатата недела и да го истражиме потенцијалот за политичко решение. Во Косово се сретнавме со највисокото раководство, вклучително и претседателката Османи. Премиерот Курти и првиот вицепремиер Бислими. Дискусијата беше долга. Ја пренесовме нашата загриженост за ситуацијата на северот и ја истакнавме потребата од итна деескалација“, посочи Лајчак.

Тој потврди дека и ЕУ и САД побараа итна деескалација, предвремени избори со учество на косовските Срби и враќање на дијалогот за нормализација.

Според него, заедно со Ескобар бил воспоставен контакт со опозициските лидери на косовските Албанци, на кои им биле претставени последиците од актуелната криза и штетата што таа ја нанесува на меѓународниот углед на на Косово и апелираше до нив да ја поддржат потрагата по политичко решение.

„Јас и Ескобар се сретнавме и со претставници на Српската листа и граѓанското општество, со цел да го слушнеме нивното мислење и да им објасниме зошто е важно косовските Срби да учествуваат на новите избори. Од Приштина ја продолживме нашата мисија во Белград, каде имавме подеднакво долги, воопшто не лесни разговори со претседателот Вучиќ“, рече Лајчак.

Според неговите зборови, на претседателот на Србија, Александар Вучиќ му било кажано дека треба да придонесе за излез од актуелната криза.

„Се занимававме со сложената ситуација на Србите во Косово. Посебно нагласивме дека, иако сите граѓани имаат право на мирни протести, насилството никогаш не е прифатливо и не може да помине неказнето“, наведе Лајчак и додаде дека и покрај некои позитивни сигнали, тензиите продолжуваат да растат.

„Сега сум назад во Брисел за да ги информирам ЕУ и земјите-членки за моите наоди и следни чекори. Продолжуваме со нашите напори да овозможиме и поддржиме одржливо политичко решение“.

The post Лајчак: Јас и Ескобар се надевавме на подобар резултат од нашата мисија на Косово appeared first on Република.

]]>

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска на својот Фејсбук профил објави дека се надевал на подобар резултат од минатонеделната мисија на Косово со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
„Отпатувавме во регионот со цел да се справиме со тензичната ситуација во северно Косово на која сите бевме сведоци во текот на изминатата недела и да го истражиме потенцијалот за политичко решение. Во Косово се сретнавме со највисокото раководство, вклучително и претседателката Османи. Премиерот Курти и првиот вицепремиер Бислими. Дискусијата беше долга. Ја пренесовме нашата загриженост за ситуацијата на северот и ја истакнавме потребата од итна деескалација“, посочи Лајчак.
Тој потврди дека и ЕУ и САД побараа итна деескалација, предвремени избори со учество на косовските Срби и враќање на дијалогот за нормализација. Според него, заедно со Ескобар бил воспоставен контакт со опозициските лидери на косовските Албанци, на кои им биле претставени последиците од актуелната криза и штетата што таа ја нанесува на меѓународниот углед на на Косово и апелираше до нив да ја поддржат потрагата по политичко решение.
„Јас и Ескобар се сретнавме и со претставници на Српската листа и граѓанското општество, со цел да го слушнеме нивното мислење и да им објасниме зошто е важно косовските Срби да учествуваат на новите избори. Од Приштина ја продолживме нашата мисија во Белград, каде имавме подеднакво долги, воопшто не лесни разговори со претседателот Вучиќ“, рече Лајчак.
Според неговите зборови, на претседателот на Србија, Александар Вучиќ му било кажано дека треба да придонесе за излез од актуелната криза.
„Се занимававме со сложената ситуација на Србите во Косово. Посебно нагласивме дека, иако сите граѓани имаат право на мирни протести, насилството никогаш не е прифатливо и не може да помине неказнето“, наведе Лајчак и додаде дека и покрај некои позитивни сигнали, тензиите продолжуваат да растат. „Сега сум назад во Брисел за да ги информирам ЕУ и земјите-членки за моите наоди и следни чекори. Продолжуваме со нашите напори да овозможиме и поддржиме одржливо политичко решение“.

The post Лајчак: Јас и Ескобар се надевавме на подобар резултат од нашата мисија на Косово appeared first on Република.

]]>
Ковачевски – Лајчак: Македонија е докажан фактор на стабилност во регионот https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-lajchak-severna-makedonija-e-dokazhan-faktor-na-stabilnost-vo-regionot-2/ Tue, 30 May 2023 09:29:46 +0000 https://republika.mk/?p=646079

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Братислава, оствари средба со специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан, Мирослав Лајчак. Ковачевски во Братислава учествува на Глобалниот безбедносен форум на ГЛОБСЕК 2023.

На средбата, премиерот Ковачевски ја потенцираше заложбата на Владата, Македонија како и досега да придонесува за унапредување на регионот како и за неговата мир и стабилност. Премиерот потенцираше дека нашата држава има цврста определба за зајакнување и унапредување на добрососедските односи и преку дијалог и соработка меѓу државите се етаблираше како држава фактор на стабилност во регионот.

Ковачевски ја истакна максималната посветеност на Владата на реформскиот процес во земјава како и на процесот на пристапни преговори за членство на Македонија во ЕУ. Двајцата соговорници истакнаа дека во државата е потребен политички дијалог и сите општествени, политички, невладини, граѓански чинители во државата потребно е да постигнат консензус како не би се кочел процесот за членство на Македонија во ЕУ.

На средбата од страна на премиерот Ковачевски беше нагласено дека брзото членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ би спречило чувствителните точки во регионот да ја нарушат безбедноста и стабилноста, а со тоа и да го закочат економскиот развој на регионот.

Ковачевски и Лајчак повикаа на итна деескалација на состојбата во Косово и враќање на мирот и стабилноста. Премиерот Ковачевски повтори дека Македонија го поддржува продолжувањето на соработката и координацијата со НАТО и ЕУ во регионот во насока на консолидирање на стабилноста и забрзување на евроатлантската интеграција на Западен Балкан.

The post Ковачевски – Лајчак: Македонија е докажан фактор на стабилност во регионот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Братислава, оствари средба со специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан, Мирослав Лајчак. Ковачевски во Братислава учествува на Глобалниот безбедносен форум на ГЛОБСЕК 2023. На средбата, премиерот Ковачевски ја потенцираше заложбата на Владата, Македонија како и досега да придонесува за унапредување на регионот како и за неговата мир и стабилност. Премиерот потенцираше дека нашата држава има цврста определба за зајакнување и унапредување на добрососедските односи и преку дијалог и соработка меѓу државите се етаблираше како држава фактор на стабилност во регионот. Ковачевски ја истакна максималната посветеност на Владата на реформскиот процес во земјава како и на процесот на пристапни преговори за членство на Македонија во ЕУ. Двајцата соговорници истакнаа дека во државата е потребен политички дијалог и сите општествени, политички, невладини, граѓански чинители во државата потребно е да постигнат консензус како не би се кочел процесот за членство на Македонија во ЕУ. На средбата од страна на премиерот Ковачевски беше нагласено дека брзото членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ би спречило чувствителните точки во регионот да ја нарушат безбедноста и стабилноста, а со тоа и да го закочат економскиот развој на регионот. Ковачевски и Лајчак повикаа на итна деескалација на состојбата во Косово и враќање на мирот и стабилноста. Премиерот Ковачевски повтори дека Македонија го поддржува продолжувањето на соработката и координацијата со НАТО и ЕУ во регионот во насока на консолидирање на стабилноста и забрзување на евроатлантската интеграција на Западен Балкан.

The post Ковачевски – Лајчак: Македонија е докажан фактор на стабилност во регионот appeared first on Република.

]]>
Лајчак: Во понеделник во Брисел нова рунда технички дијалог меѓу Белград и Приштина https://republika.mk/vesti/balkan/lajchak-vo-ponedelnik-vo-brisel-nova-runda-tehnichki-dijalog-megu-belgrad-i-prishtina-2/ Thu, 11 May 2023 12:18:54 +0000 https://republika.mk/?p=639737

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, денеска во Приштина соопшти дека во понеделник во Брисел ќе се одржи средба меѓу вицепремиерот на Владата на Косово, Бесник Бислими, и директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово, Петар Петковиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

По средбата со премиерот Албин Курти, Лајчак за новинарите изјави дека разговарал за следните чекори во дијалогот со Србија, вклучувајќи го и формирањето на Заедницата на српските општини.

Тој најави дека во текот на денот ќе го посети и северот на Косово, а за следните чекори во дијалогот во петок ќе разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ,.

-Имаме договор, анекс и мораме да разбереме дека ќе следат и наредни чекори, имавме интензивни, но многу важни разговори, изјави Лајчак за средбата со Курти.

Може да имаме нормализација или конфронтација и затоа се фокусираме на нормализација, бидејќи конфронтацијата не е во ничиј интерес, нагласи Лајчак.

-Детално разговарав со премиерот Курти за тоа како Европската унија гледа на процесот на изработка на Статутот и верувам дека имаме договор за овој процес. Имаме договор, имаме жалба и ни требаат јасни идеи за следните чекори, рече Лајчак.

Според него, ЕУ јасно ставила до знаење дека секој модел на Заедницата на српски општини заснован на европски вредности и принципи и европски модели е прифатлив за нив.

Рековме дека од почеток сме јасни по тоа прашање, рече Лајчак, кој најави посета на северно Косово и разговори со градоначалникот на Јужна Митровица, за да се најде решение.

-Не сакам да навлегувам во детали од разговорите, ова е прв дел од моите разговори, а ќе ги продолжам утре во Белград, рече Лајчак.

The post Лајчак: Во понеделник во Брисел нова рунда технички дијалог меѓу Белград и Приштина appeared first on Република.

]]>

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, денеска во Приштина соопшти дека во понеделник во Брисел ќе се одржи средба меѓу вицепремиерот на Владата на Косово, Бесник Бислими, и директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово, Петар Петковиќ, јави дописникот на МИА од Белград. По средбата со премиерот Албин Курти, Лајчак за новинарите изјави дека разговарал за следните чекори во дијалогот со Србија, вклучувајќи го и формирањето на Заедницата на српските општини. Тој најави дека во текот на денот ќе го посети и северот на Косово, а за следните чекори во дијалогот во петок ќе разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ,. -Имаме договор, анекс и мораме да разбереме дека ќе следат и наредни чекори, имавме интензивни, но многу важни разговори, изјави Лајчак за средбата со Курти. Може да имаме нормализација или конфронтација и затоа се фокусираме на нормализација, бидејќи конфронтацијата не е во ничиј интерес, нагласи Лајчак. -Детално разговарав со премиерот Курти за тоа како Европската унија гледа на процесот на изработка на Статутот и верувам дека имаме договор за овој процес. Имаме договор, имаме жалба и ни требаат јасни идеи за следните чекори, рече Лајчак. Според него, ЕУ јасно ставила до знаење дека секој модел на Заедницата на српски општини заснован на европски вредности и принципи и европски модели е прифатлив за нив. Рековме дека од почеток сме јасни по тоа прашање, рече Лајчак, кој најави посета на северно Косово и разговори со градоначалникот на Јужна Митровица, за да се најде решение. -Не сакам да навлегувам во детали од разговорите, ова е прв дел од моите разговори, а ќе ги продолжам утре во Белград, рече Лајчак.

The post Лајчак: Во понеделник во Брисел нова рунда технички дијалог меѓу Белград и Приштина appeared first on Република.

]]>
Лајчак: Западен Балкан ќе биде безбеден само кога сите ќе влезат во ЕУ https://republika.mk/vesti/balkan/lajchak-zapaden-balkan-kje-bide-bezbeden-samo-koga-site-kje-vlezat-vo-eu/ Wed, 12 Oct 2022 13:17:25 +0000 https://republika.mk/?p=560208

Специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, денеска изјави дека регионот ќе биде безбеден само кога сите земји ќе влезат во Европската унија и нагласи дека Унијата е посветена на европската интеграција на Балканот.

Лајчак истакна дека е неопходно добрата волја да се претвори во конкретни резултати.

Регионот ќе биде безбеден само кога сите земји ќе влезат во ЕУ. Ние сме посветени на европскиот Западен Балкан. Искреноста се врати. Проширувањето е повторно политичко. Но, за тоа да стане реалност, треба да ја претвориме добрата волја во конкретни резултати“, објави Лајчак на Твитер.

The post Лајчак: Западен Балкан ќе биде безбеден само кога сите ќе влезат во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, денеска изјави дека регионот ќе биде безбеден само кога сите земји ќе влезат во Европската унија и нагласи дека Унијата е посветена на европската интеграција на Балканот. Лајчак истакна дека е неопходно добрата волја да се претвори во конкретни резултати. Регионот ќе биде безбеден само кога сите земји ќе влезат во ЕУ. Ние сме посветени на европскиот Западен Балкан. Искреноста се врати. Проширувањето е повторно политичко. Но, за тоа да стане реалност, треба да ја претвориме добрата волја во конкретни резултати“, објави Лајчак на Твитер.

The post Лајчак: Западен Балкан ќе биде безбеден само кога сите ќе влезат во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Вучиќ по средбата со Лајчак: Нема да има признавање на Косово https://republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-po-sredbata-so-lajchak-nema-da-ima-priznavanje-na-kosovo/ Fri, 09 Sep 2022 19:59:24 +0000 https://republika.mk/?p=549268

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се огласи на Инстаграм по средбата со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина – Мирослав Лајчак, на која тема беше Косово.

 

Зборувајте за иднината на Србија, а за Косово нема да има признавање! Во моментов разговарам со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан @miroslav.lajcak и со советниците за надворешна и безбедносна политика на Република Франција и Сојузна Република Германија, Емануел Бон и Јенс Плетнер, секогаш подготвени за компромисни решенија, во согласност со Уставот на Република Србија и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Нема откажување! Да живее Србија!“ – напиша Вучиќ на Инстаграм.

 

The post Вучиќ по средбата со Лајчак: Нема да има признавање на Косово appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се огласи на Инстаграм по средбата со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина – Мирослав Лајчак, на која тема беше Косово.
 
Зборувајте за иднината на Србија, а за Косово нема да има признавање! Во моментов разговарам со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан @miroslav.lajcak и со советниците за надворешна и безбедносна политика на Република Франција и Сојузна Република Германија, Емануел Бон и Јенс Плетнер, секогаш подготвени за компромисни решенија, во согласност со Уставот на Република Србија и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Нема откажување! Да живее Србија!“ – напиша Вучиќ на Инстаграм.
 

The post Вучиќ по средбата со Лајчак: Нема да има признавање на Косово appeared first on Република.

]]>