ладно Archives - Република https://republika.mk/tema/ladno/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Nov 2024 11:08:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ладно Archives - Република https://republika.mk/tema/ladno/ 32 32 Од утре температурите пониски за пет до седум степени https://republika.mk/zivot/servisi/od-utre-temperaturite-poniski-za-pet-do-sedum-stepeni/ Sat, 09 Nov 2024 11:15:46 +0000 https://republika.mk/?p=835835

Под влијание на постудена воздушна маса од север утре дневната температура ќе опадне за 5 до 7 степени.

Како што најавуваат од УХМР, потоа следува период на променливо облачно и постудено време
со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини ќе има услови за провејување на слаб снег

The post Од утре температурите пониски за пет до седум степени appeared first on Република.

]]>

Под влијание на постудена воздушна маса од север утре дневната температура ќе опадне за 5 до 7 степени. Како што најавуваат од УХМР, потоа следува период на променливо облачно и постудено време со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини ќе има услови за провејување на слаб снег

The post Од утре температурите пониски за пет до седум степени appeared first on Република.

]]>
Студено утро во цела Македонија: На едно место измерени три степени, а еве каде наврна најмногу дожд https://republika.mk/zivot/servisi/studeno-utro-vo-tsela-makedonija-na-edno-mesto-izmereni-tri-stepeni-a-eve-kade-navrna-najmnogu-dozhd/ Sun, 15 Sep 2024 08:35:19 +0000 https://republika.mk/?p=816464

Утрово најниска температура е измерена на Попова Шапка три степени, во Берово и во Лазарополе четири, во Крива Паланка пет, во Маврови Анови и Крушево шест, во Скопје-Петровец, Прилеп и Куманово осум степени, во Скопје-Зајчев Рид, Претор, Штип, Демир Капија, Виница, Струмица, Кавадарци и Велес девет степени, во Тетово, Охрид, и Битола 10 и во Гевгелија 11 степени.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Куманово 7 л/м2, во Крива Паланка 6 л/м2, Лазарополе 3, Маврови Анови 2, Скопје – Зајчев Рид и Претор 1 л/м2.

Времето во текот на ноќта беше ведро, утрово е сончево со мала, во западните делови со умерена локална облачност. Дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови во западните и северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во југозападните делови повремено засилен ветер од западен до југозападен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен променлив ветер. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

The post Студено утро во цела Македонија: На едно место измерени три степени, а еве каде наврна најмногу дожд appeared first on Република.

]]>

Утрово најниска температура е измерена на Попова Шапка три степени, во Берово и во Лазарополе четири, во Крива Паланка пет, во Маврови Анови и Крушево шест, во Скопје-Петровец, Прилеп и Куманово осум степени, во Скопје-Зајчев Рид, Претор, Штип, Демир Капија, Виница, Струмица, Кавадарци и Велес девет степени, во Тетово, Охрид, и Битола 10 и во Гевгелија 11 степени. Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Куманово 7 л/м2, во Крива Паланка 6 л/м2, Лазарополе 3, Маврови Анови 2, Скопје – Зајчев Рид и Претор 1 л/м2. Времето во текот на ноќта беше ведро, утрово е сончево со мала, во западните делови со умерена локална облачност. Дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови во западните и северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во југозападните делови повремено засилен ветер од западен до југозападен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе достигне од 16 до 24 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен променлив ветер. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

The post Студено утро во цела Македонија: На едно место измерени три степени, а еве каде наврна најмногу дожд appeared first on Република.

]]>
Во Финска и Шведска екстремно студено, температури од – 40 степени https://republika.mk/vesti/svet/vo-finska-i-shvedska-ekstremno-studeno-temperaturi-od-40-stepeni/ Tue, 02 Jan 2024 15:20:23 +0000 https://republika.mk/?p=729045

Во Финска и Шведска денеска се забележани најниски температури во текот на оваа зима околу минус 40 Целзиусови степени.

Во селото Никалуокти, населено со Лапонци, во северна Шведска, температурата утрово се спушти на минус 41,6 степени, јави шведската јавна телевизија СВТ.

„Тоа е најниската температура забележана досега оваа зима, а на север и понатаму ќе биде прилично студено“, изјави метеорологот Нилс Холмквист.

Екстремно студеното време предизвика големи проблеми во железничкиот сообраќај во северна Шведска, соопштија железничките оператори.

Шведскиот метеоролошки и хидролошки институт соопшти дека на неколку локации во северна Шведска се забележани температури од минус 30 степени. Исто така, издаде предупредување за снег и ветер за централна и јужна Шведска, наведувајќи дека снежните врнежи и силниот ветер во среда може да предизвикаат проблеми.

Неговото второ предупредување по ред е на сила од полноќ до среда.

Во соседна Финска утрово е забележана рекордно ниска температура оваа зима во северозападниот град Јливијеска од минус 37,8 степени.

На неколку локации во регионот на Арктичка Лапонија забележани се температури пониски од минус 30 степени.

Главниот град на Финска, Хелсинки, исто така е погоден од силен студ, а се очекува оваа недела температурите да се движат меѓу минус 15 и минус 20 степени.

Финскиот метеоролошки институт издаде предупредување за екстремно студено време оваа недела со прогноза за пад на температурите под минус 40 степени.

The post Во Финска и Шведска екстремно студено, температури од – 40 степени appeared first on Република.

]]>

Во Финска и Шведска денеска се забележани најниски температури во текот на оваа зима околу минус 40 Целзиусови степени. Во селото Никалуокти, населено со Лапонци, во северна Шведска, температурата утрово се спушти на минус 41,6 степени, јави шведската јавна телевизија СВТ. „Тоа е најниската температура забележана досега оваа зима, а на север и понатаму ќе биде прилично студено“, изјави метеорологот Нилс Холмквист. Екстремно студеното време предизвика големи проблеми во железничкиот сообраќај во северна Шведска, соопштија железничките оператори. Шведскиот метеоролошки и хидролошки институт соопшти дека на неколку локации во северна Шведска се забележани температури од минус 30 степени. Исто така, издаде предупредување за снег и ветер за централна и јужна Шведска, наведувајќи дека снежните врнежи и силниот ветер во среда може да предизвикаат проблеми. Неговото второ предупредување по ред е на сила од полноќ до среда. Во соседна Финска утрово е забележана рекордно ниска температура оваа зима во северозападниот град Јливијеска од минус 37,8 степени. На неколку локации во регионот на Арктичка Лапонија забележани се температури пониски од минус 30 степени. Главниот град на Финска, Хелсинки, исто така е погоден од силен студ, а се очекува оваа недела температурите да се движат меѓу минус 15 и минус 20 степени. Финскиот метеоролошки институт издаде предупредување за екстремно студено време оваа недела со прогноза за пад на температурите под минус 40 степени.

The post Во Финска и Шведска екстремно студено, температури од – 40 степени appeared first on Република.

]]>
Променлив и студен април, од мај се очекува затоплување https://republika.mk/zivot/servisi/promenliv-i-studen-april-od-maj-se-ochekuva-zatopluvane/ Thu, 13 Apr 2023 08:09:28 +0000 https://republika.mk/?p=630446

За претстојниот празничен викенд за Велигден се најавува променливо време со дожд, грмежи и ветер. Невообичаеното поладно време за овој период од годината на почетокот на овој месец беше проследено и со врнежи од снег во некои соседни држави.

Со цел да добиеме одговори зошто годинава имаме невообичаено променлива и постудена пролет, МИА разговараше со професорот Владо Спиридонов, доктор по метеоролошки науки, кој работи како редовен професор на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет.

Спиридонов вели дека одговорот не е така едноставен бидејќи повеќе фактори влијаат на формирањето на сезонската слика за времето.

Општата атмосферска и океанска циркулација, температурата на површината на океаните и морињата, отстапувањето на температурите и притисокот и други чинители се основните двигатели на сезонските промени на времето во рамки на климатските варијации, појаснува професорот Спиридонов.

Променливата, влажна и ветровита прва половина од пролетта 2023 се должи на наглото „стратосферно загревање“ кое настана како резултат на дисрупција на поларниот вртлог, и услови појава на блокирање на пролетта во северниот дел на Атлантскиот Океан и Скандинавија и нестабилен поларен вртлог. Овој климатски мод придонесе за формирање на нестабилна млазна струја, со почести продори на ладен воздух од северните делови на европскиот континент и формирање на атмосферски системи со променливи, влажни, ветровити и поладни временски услови  - вели Спиридонов.

Посочува дека според сегашните временски показатели, по Велигден, односно од 17 април се очекува релативно стабилен период со температури во рамки на просечните, но пред 1 мај се очекува променлив нестабилен период. Потопло време кое ќе наликува на пролет се очекува веќе од мај.

Долгорочната сезонска прогноза на Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето (ECMWF), иако ориентациона, покажува потопол тримесечен период (мај- јуни-јули) од просечниот за периодот 1993-2016 година во интервалот од 0.5 до 1.00 степен, додека врнежите би биле во рамки на просечните, истакнува професорот Спиридонов, кој има направено и детална анализа за тоа зошто оваа пролет е променлива и постудена од останатите.

The post Променлив и студен април, од мај се очекува затоплување appeared first on Република.

]]>

За претстојниот празничен викенд за Велигден се најавува променливо време со дожд, грмежи и ветер. Невообичаеното поладно време за овој период од годината на почетокот на овој месец беше проследено и со врнежи од снег во некои соседни држави. Со цел да добиеме одговори зошто годинава имаме невообичаено променлива и постудена пролет, МИА разговараше со професорот Владо Спиридонов, доктор по метеоролошки науки, кој работи како редовен професор на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет. Спиридонов вели дека одговорот не е така едноставен бидејќи повеќе фактори влијаат на формирањето на сезонската слика за времето. Општата атмосферска и океанска циркулација, температурата на површината на океаните и морињата, отстапувањето на температурите и притисокот и други чинители се основните двигатели на сезонските промени на времето во рамки на климатските варијации, појаснува професорот Спиридонов.
Променливата, влажна и ветровита прва половина од пролетта 2023 се должи на наглото „стратосферно загревање“ кое настана како резултат на дисрупција на поларниот вртлог, и услови појава на блокирање на пролетта во северниот дел на Атлантскиот Океан и Скандинавија и нестабилен поларен вртлог. Овој климатски мод придонесе за формирање на нестабилна млазна струја, со почести продори на ладен воздух од северните делови на европскиот континент и формирање на атмосферски системи со променливи, влажни, ветровити и поладни временски услови  - вели Спиридонов.
Посочува дека според сегашните временски показатели, по Велигден, односно од 17 април се очекува релативно стабилен период со температури во рамки на просечните, но пред 1 мај се очекува променлив нестабилен период. Потопло време кое ќе наликува на пролет се очекува веќе од мај. Долгорочната сезонска прогноза на Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето (ECMWF), иако ориентациона, покажува потопол тримесечен период (мај- јуни-јули) од просечниот за периодот 1993-2016 година во интервалот од 0.5 до 1.00 степен, додека врнежите би биле во рамки на просечните, истакнува професорот Спиридонов, кој има направено и детална анализа за тоа зошто оваа пролет е променлива и постудена од останатите.

The post Променлив и студен април, од мај се очекува затоплување appeared first on Република.

]]>
Утре 20 степени, а потоа следи температурен шок https://republika.mk/zivot/servisi/utre-20-stepeni-a-potoa-sledi-temperaturen-shok/ Fri, 31 Mar 2023 12:31:37 +0000 https://republika.mk/?p=625827

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен, а во западните делови повремено засилен (над 70 км/час) ветер од југозападен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.

Во недела времето ќе биде променливо облачно, попладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во понеделник времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, попладне на повеќе места пообилни (над 30 л/м2), локално проследени со ретки грмежи. На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Во вторник времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

 

The post Утре 20 степени, а потоа следи температурен шок appeared first on Република.

]]>

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен, а во западните делови повремено засилен (над 70 км/час) ветер од југозападен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Во недела времето ќе биде променливо облачно, попладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во понеделник времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, попладне на повеќе места пообилни (над 30 л/м2), локално проследени со ретки грмежи. На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во вторник времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.  

The post Утре 20 степени, а потоа следи температурен шок appeared first on Република.

]]>
Кочан ладно: На Попова Шапка измерени минус 15 степени https://republika.mk/zivot/servisi/kochan-ladno-na-popova-shapka-izmereni-minus-15-stepeni/ Sun, 05 Feb 2023 08:52:03 +0000 https://republika.mk/?p=604946

Во планинските места и голем дел од градови и населени места утрово се измерени минусни температури. Најладно беше на Попова Шапка -15 степени, каде исто така има наврнато и најмногу снег 61 сантиметар.

Времето денеска е променливо облачно и многу студено. На повеќе места ќе дува засилен до силен ветер (над 70 км/час) од северен правец. Наместа во северните подрачја и на планините, ќе провејува слаб снег. Максималната температура ќе достигне од -3 до 3 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и многу студено. Претпладне во делови од котлината ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 0 степени.

Утрово најладно беше на Попова Шапка – 15 степени, во Маврови Анови и Крушево се измерени -10 степени, во Берово – 7, Претор – 6, во Крива Паланка, Охрид, Прилеп и Дебар – 5, Битола – 4, во Штип и Виница – 3, во Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Струмица – 2, во Скопје-Петровец и Демир Капија – 1, во Дојран 0 и во Гевгелија 1 степен.

Најмногу снег има наврнато на Попова Шапка 61 сантиметар, во Маврови Анови 16, во Ѓуриште шест, во Крушево пет, во Берово четири, и во Крива Паланка и во Дебар два сантиметри.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа има наврнато во Дебар седум литри на метар квадратен и во Крива Паланка пет.

The post Кочан ладно: На Попова Шапка измерени минус 15 степени appeared first on Република.

]]>

Во планинските места и голем дел од градови и населени места утрово се измерени минусни температури. Најладно беше на Попова Шапка -15 степени, каде исто така има наврнато и најмногу снег 61 сантиметар. Времето денеска е променливо облачно и многу студено. На повеќе места ќе дува засилен до силен ветер (над 70 км/час) од северен правец. Наместа во северните подрачја и на планините, ќе провејува слаб снег. Максималната температура ќе достигне од -3 до 3 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и многу студено. Претпладне во делови од котлината ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 0 степени. Утрово најладно беше на Попова Шапка – 15 степени, во Маврови Анови и Крушево се измерени -10 степени, во Берово – 7, Претор – 6, во Крива Паланка, Охрид, Прилеп и Дебар – 5, Битола – 4, во Штип и Виница – 3, во Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Струмица – 2, во Скопје-Петровец и Демир Капија – 1, во Дојран 0 и во Гевгелија 1 степен. Најмногу снег има наврнато на Попова Шапка 61 сантиметар, во Маврови Анови 16, во Ѓуриште шест, во Крушево пет, во Берово четири, и во Крива Паланка и во Дебар два сантиметри. Најмногу дожд во изминатите 24 часа има наврнато во Дебар седум литри на метар квадратен и во Крива Паланка пет.

The post Кочан ладно: На Попова Шапка измерени минус 15 степени appeared first on Република.

]]>
САД: Бројот загинати во невремето зголемен на 63 https://republika.mk/vesti/svet/sad-brojot-zaginati-vo-nevremeto-zgolemen-na-63/ Wed, 28 Dec 2022 08:19:55 +0000 https://republika.mk/?p=590774

Арктичката зимска бура што го зафати поголемиот дел од Средниот запад и северот на Соединетите Американски Држави (САД) однесе 63 животи, објавија во вторник американските медиуми, повикувајќи се на официјални изјави.

Бајрон Браун, градоначалникот на Бафало каде властите соопштија за 27 загинати, изјави дека бурата веројатно е полоша од сè видено во градот за повеќе од 50 години.

Националната метеоролошка служба соопшти дека подобрување на временските услови може да се очекуваат од вторник.

Божикните празници годинава на северноамериканскиот континент минаа во снежна бура, со околу 60 отсто од населението на САД соочено со некакви зимски проблеми, како и со екстремно ниски температури.

Веб-страницата за следење летови „Флајтавер“ соопшти дека вчера во САД биле одложени повеќе од 2.800 летови.

Аеродромите се затворени, а Бафало, Денвер, Колорадо, Детроит и Мичиген се само некои од главните аеродроми на кои се откажани летовите.

Американскиот претседател, Џо Бајден, одобри прогласување вонредна состојба за државата Њујорк по смртоносната снежна бура.

The post САД: Бројот загинати во невремето зголемен на 63 appeared first on Република.

]]>

Арктичката зимска бура што го зафати поголемиот дел од Средниот запад и северот на Соединетите Американски Држави (САД) однесе 63 животи, објавија во вторник американските медиуми, повикувајќи се на официјални изјави. Бајрон Браун, градоначалникот на Бафало каде властите соопштија за 27 загинати, изјави дека бурата веројатно е полоша од сè видено во градот за повеќе од 50 години. Националната метеоролошка служба соопшти дека подобрување на временските услови може да се очекуваат од вторник. Божикните празници годинава на северноамериканскиот континент минаа во снежна бура, со околу 60 отсто од населението на САД соочено со некакви зимски проблеми, како и со екстремно ниски температури. Веб-страницата за следење летови „Флајтавер“ соопшти дека вчера во САД биле одложени повеќе од 2.800 летови. Аеродромите се затворени, а Бафало, Денвер, Колорадо, Детроит и Мичиген се само некои од главните аеродроми на кои се откажани летовите. Американскиот претседател, Џо Бајден, одобри прогласување вонредна состојба за државата Њујорк по смртоносната снежна бура.

The post САД: Бројот загинати во невремето зголемен на 63 appeared first on Република.

]]>
На овие две места утрово е најстудено: Минусните температури се далеку пониски од главниот град https://republika.mk/zivot/servisi/na-ovie-dve-mesta-utrovo-e-najstudeno-minusnite-temperaturi-se-daleku-poniski-od-glavniot-grad/ Mon, 19 Dec 2022 09:37:46 +0000 https://republika.mk/?p=587502

Најстудено е утрово во Берово со -5 степени, на Попова Шапка се измерени -4, во Крива Паланка, Куманово и Штип -2, а во Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, Струмица, Виница -1 степен. Нула степени се измерени во Лазарополе, Демир Капија, Крушево, еден степен во Прилеп, два во Тетово, Охрид, Дебар, три степени во Дојран, а четири во Битола и во Гевгелија. Максимални пет степени се измерени во Претор.

Во текот на ноќта беше променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Утрово во источните делови е сончево, а зголемена облачност има во западните и северозападните делови. Во Преспанската котлина има појава на магла. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Претпладне ќе има ниска облачност, а од пладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и посвежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје претпладне значително облачно, преку денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

The post На овие две места утрово е најстудено: Минусните температури се далеку пониски од главниот град appeared first on Република.

]]>

Најстудено е утрово во Берово со -5 степени, на Попова Шапка се измерени -4, во Крива Паланка, Куманово и Штип -2, а во Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, Струмица, Виница -1 степен. Нула степени се измерени во Лазарополе, Демир Капија, Крушево, еден степен во Прилеп, два во Тетово, Охрид, Дебар, три степени во Дојран, а четири во Битола и во Гевгелија. Максимални пет степени се измерени во Претор. Во текот на ноќта беше променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Утрово во источните делови е сончево, а зголемена облачност има во западните и северозападните делови. Во Преспанската котлина има појава на магла. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Претпладне ќе има ниска облачност, а од пладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и посвежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени. Во Скопје претпладне значително облачно, преку денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

The post На овие две места утрово е најстудено: Минусните температури се далеку пониски од главниот град appeared first on Република.

]]>
Зимата ги покажува забите: Во Маврово и Берово утрово -20 степени https://republika.mk/zivot/servisi/zimata-gi-pokazuva-zabite-vo-mavrovo-i-berovo-utrovo-20-stepeni/ Tue, 25 Jan 2022 07:42:33 +0000 https://republika.mk/?p=448998

Во Маврови Анови и Берово утрово се измерени -20 степени, на Попова Шапка -18, во Битола и Крива Паланка -16, Крушево -15, Тетово и Прилеп -13. Во Охрид, Штип и Виница се регистрирани 12 степени под нулата, во Дебар и Демир Капија -11, Струмица и Куманово -19, во Скопје -9, Дојран -6 и во Гевгелија -4 степени.

Највисока снежна покривка има во Маврово 39 сантиметри, на Попова Шапка 31 и во Круево 15.

Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне од -3 до 6 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.

The post Зимата ги покажува забите: Во Маврово и Берово утрово -20 степени appeared first on Република.

]]>

Во Маврови Анови и Берово утрово се измерени -20 степени, на Попова Шапка -18, во Битола и Крива Паланка -16, Крушево -15, Тетово и Прилеп -13. Во Охрид, Штип и Виница се регистрирани 12 степени под нулата, во Дебар и Демир Капија -11, Струмица и Куманово -19, во Скопје -9, Дојран -6 и во Гевгелија -4 степени. Највисока снежна покривка има во Маврово 39 сантиметри, на Попова Шапка 31 и во Круево 15. Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од -3 до 6 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.

The post Зимата ги покажува забите: Во Маврово и Берово утрово -20 степени appeared first on Република.

]]>
Трик од Финска: Како да ги облекувате децата за никогаш да не им е ладно https://republika.mk/zivot/semejstvo/trik-od-finska-kako-da-gi-oblekuvate-decata-za-nikogash-da-ne-im-e-ladno/ Fri, 14 Jan 2022 09:19:58 +0000 https://republika.mk/?p=444457

Мајка која од Нов Зеланд  се преселила во Финска и доживеала вистински температурен шок, па споделува како го облекува своето дете за никогаш да не му е ладно.

Која е тајната? Одговорот е толку очигледен - во слоевите. Дополнително, важно е да има што повеќе универзални парчиња. До ова утро го облекував Мика во: долна облека, боди, чорапи, па термо чорапи, термо маица, хеланки, волнена маица, па преку сè тоа комбинезон и над него јакна, капа и ракавици и чизми. А ако врне, тука се гумените чизми и водоотпорната јакна. Но, затоа денеска тој носи само долна облека, чорапи, термо хеланки и маица, волнен комбинезон, одело за снег, маска за скијање и ракавици. Можеби маската изгледа претерано, но кога дува леден ветер многу помага. Наставничката ми сугерираше дека неговите чизми се несоодветни. Му ставав гумени чизми со волнена постава, мислејќи дека се идеални за влажно време. Меѓутоа, како што ми објасни наставничката, кога температурата е во минус, сè е замрзнато така што нема опасност од влага и се одлучив за полесни чизми. Најважниот совет од мене кога ги облекувате децата во зима - секогаш пред облекување прашајте дали треба да одат во тоалет и не судете дали се доволно облечени додека не поминат барем 15 минути надвор. Само кога навистина ќе им достуди додадете уште еден слој на облека, препорачува таа.

 

The post Трик од Финска: Како да ги облекувате децата за никогаш да не им е ладно appeared first on Република.

]]>

Мајка која од Нов Зеланд  се преселила во Финска и доживеала вистински температурен шок, па споделува како го облекува своето дете за никогаш да не му е ладно.
Која е тајната? Одговорот е толку очигледен - во слоевите. Дополнително, важно е да има што повеќе универзални парчиња. До ова утро го облекував Мика во: долна облека, боди, чорапи, па термо чорапи, термо маица, хеланки, волнена маица, па преку сè тоа комбинезон и над него јакна, капа и ракавици и чизми. А ако врне, тука се гумените чизми и водоотпорната јакна. Но, затоа денеска тој носи само долна облека, чорапи, термо хеланки и маица, волнен комбинезон, одело за снег, маска за скијање и ракавици. Можеби маската изгледа претерано, но кога дува леден ветер многу помага. Наставничката ми сугерираше дека неговите чизми се несоодветни. Му ставав гумени чизми со волнена постава, мислејќи дека се идеални за влажно време. Меѓутоа, како што ми објасни наставничката, кога температурата е во минус, сè е замрзнато така што нема опасност од влага и се одлучив за полесни чизми. Најважниот совет од мене кога ги облекувате децата во зима - секогаш пред облекување прашајте дали треба да одат во тоалет и не судете дали се доволно облечени додека не поминат барем 15 минути надвор. Само кога навистина ќе им достуди додадете уште еден слој на облека, препорачува таа.
 

The post Трик од Финска: Како да ги облекувате децата за никогаш да не им е ладно appeared first on Република.

]]>