Мајка која од Нов Зеланд  се преселила во Финска и доживеала вистински температурен шок, па споделува како го облекува своето дете за никогаш да не му е ладно.

Која е тајната? Одговорот е толку очигледен – во слоевите. Дополнително, важно е да има што повеќе универзални парчиња. До ова утро го облекував Мика во: долна облека, боди, чорапи, па термо чорапи, термо маица, хеланки, волнена маица, па преку сè тоа комбинезон и над него јакна, капа и ракавици и чизми. А ако врне, тука се гумените чизми и водоотпорната јакна. Но, затоа денеска тој носи само долна облека, чорапи, термо хеланки и маица, волнен комбинезон, одело за снег, маска за скијање и ракавици. Можеби маската изгледа претерано, но кога дува леден ветер многу помага. Наставничката ми сугерираше дека неговите чизми се несоодветни. Му ставав гумени чизми со волнена постава, мислејќи дека се идеални за влажно време. Меѓутоа, како што ми објасни наставничката, кога температурата е во минус, сè е замрзнато така што нема опасност од влага и се одлучив за полесни чизми. Најважниот совет од мене кога ги облекувате децата во зима – секогаш пред облекување прашајте дали треба да одат во тоалет и не судете дали се доволно облечени додека не поминат барем 15 минути надвор. Само кога навистина ќе им достуди додадете уште еден слој на облека, препорачува таа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.