Лабораториум Archives - Република https://republika.mk/tema/laboratorium/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 10:53:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лабораториум Archives - Република https://republika.mk/tema/laboratorium/ 32 32 Перформанс „Како да убиеш пет ликови во претстава?“ во Лабораториум https://republika.mk/vesti/kultura/performans-kako-da-ubiesh-pet-likovi-vo-pretstava-vo-laboratorium/ Thu, 03 Oct 2024 10:53:28 +0000 https://republika.mk/?p=822164

В петок, на 4 октомври во 20 часот во големата хала на Културно-едукативниот центар „Лабораториум“ ќе биде изведен завршниот перформанс од Резиденцијата за пост-драмски театар, предводена од режисерот Филип Петковски, „Како да убиеш пет ликови во претстава“.

Перформансот вклучува одбрани сцени од претставите „Ифигенија во Авлида“, „Електра“ и „Тројанки“ на Еврипид и, како што велат, нуди дефрагментација на наративот, нагласена телесност и деконструкција на традиционалните драмски форми.

Перформансот е во формат на отворена проба на која публиката има прилика да го следи начинот на подготовка за сценска изведба и активно да учествува во истата“, стои во највата.

Концептот и режијата се на Филип Петковски, проектен координатор е Стефан Момиќ. Во перформансот играат Фатлуме Буњаку (Косово), Виктор Лукиќ (Србија), Емилија Тончева (Бугарија), Пиа Мачерол (Словенија) и Мира Јањетовиќ (Србија). Дизајнот на постерот го направи Ивана Мојсовска Головска.

Резиденцијата финансирана од страна на програмата „Culture Moves Europe“ вклучуваше отворен повик преку кој беа одбрани пет актери и танчери од Словенија, Бугарија, Србија и Косово кои посетуваа проби во времетраење од 22 дена, заедно со неколку македонски актери.

Пробите вклучуваа физички и танцов тренинг, како и вежби и комбинации од доменот на физичкиот театар и техниката Вјупоинтс, поттикнувајќи чувство за ритам, синхронизација и развивање на свест за сопственото и колективното тело. Тренингот е силно заснован на актерска импровизација која им дава можност на актерите да да бидат активни учесници во уметничкиот и креативниот процес. Резиденцијата има за цел да понуди практична и теоретска едукација, регионално вмрежување и можност за идна соработка.

The post Перформанс „Како да убиеш пет ликови во претстава?“ во Лабораториум appeared first on Република.

]]>

В петок, на 4 октомври во 20 часот во големата хала на Културно-едукативниот центар „Лабораториум“ ќе биде изведен завршниот перформанс од Резиденцијата за пост-драмски театар, предводена од режисерот Филип Петковски, „Како да убиеш пет ликови во претстава“. Перформансот вклучува одбрани сцени од претставите „Ифигенија во Авлида“, „Електра“ и „Тројанки“ на Еврипид и, како што велат, нуди дефрагментација на наративот, нагласена телесност и деконструкција на традиционалните драмски форми.
Перформансот е во формат на отворена проба на која публиката има прилика да го следи начинот на подготовка за сценска изведба и активно да учествува во истата“, стои во највата.
Концептот и режијата се на Филип Петковски, проектен координатор е Стефан Момиќ. Во перформансот играат Фатлуме Буњаку (Косово), Виктор Лукиќ (Србија), Емилија Тончева (Бугарија), Пиа Мачерол (Словенија) и Мира Јањетовиќ (Србија). Дизајнот на постерот го направи Ивана Мојсовска Головска. Резиденцијата финансирана од страна на програмата „Culture Moves Europe“ вклучуваше отворен повик преку кој беа одбрани пет актери и танчери од Словенија, Бугарија, Србија и Косово кои посетуваа проби во времетраење од 22 дена, заедно со неколку македонски актери. Пробите вклучуваа физички и танцов тренинг, како и вежби и комбинации од доменот на физичкиот театар и техниката Вјупоинтс, поттикнувајќи чувство за ритам, синхронизација и развивање на свест за сопственото и колективното тело. Тренингот е силно заснован на актерска импровизација која им дава можност на актерите да да бидат активни учесници во уметничкиот и креативниот процес. Резиденцијата има за цел да понуди практична и теоретска едукација, регионално вмрежување и можност за идна соработка.

The post Перформанс „Како да убиеш пет ликови во претстава?“ во Лабораториум appeared first on Република.

]]>
Ѕвонарки, јакни со реси и ленонки: 55. години од “Woodstock” ќе се одбележи вечерва во „Лабораториум“ https://republika.mk/scena/zvonarki-jakni-so-resi-i-lenonki-55-godini-od-woodstock-ke-se-odbelezhi-vecherva-vo-laboratorium/ Thu, 15 Aug 2024 08:14:27 +0000 https://republika.mk/?p=806384

На 15 ти август во 21:00 часот во Лабораториум со голема журка, ќе се прослави 55. јубилеј на “Woodstock”.

Ќе ја оживееме магијата од ’69та со легендарната музика од фестивалот и заедно да ги вратиме тие “good vibes”. Ѕвонарки, јакни со реси и ленонки се очекувани! Дојдете со многу мир и љубов!”, порачуваат организаторите.

The post Ѕвонарки, јакни со реси и ленонки: 55. години од “Woodstock” ќе се одбележи вечерва во „Лабораториум“ appeared first on Република.

]]>

На 15 ти август во 21:00 часот во Лабораториум со голема журка, ќе се прослави 55. јубилеј на “Woodstock”.
Ќе ја оживееме магијата од ’69та со легендарната музика од фестивалот и заедно да ги вратиме тие “good vibes”. Ѕвонарки, јакни со реси и ленонки се очекувани! Дојдете со многу мир и љубов!”, порачуваат организаторите.

The post Ѕвонарки, јакни со реси и ленонки: 55. години од “Woodstock” ќе се одбележи вечерва во „Лабораториум“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на новиот спот на скопскиот бенд Занаду вечерва во Лабораториум https://republika.mk/scena/promotsija-na-noviot-spot-na-skopskiot-bend-zanadu-vecherva-vo-laboratorium/ Thu, 08 Aug 2024 18:41:16 +0000 https://republika.mk/?p=804710

Вечерва во Културниот центар „Лабораториум“ во Скопје, со почеток во 21:00 часот, ќе се одржи промоцијата на новиот спот на скопскиот бенд „Занаду“.

Песната “Не сакам” е сингл направен во длабочините на морето, од забите на сонцето, предвесник на вториот студиски албум на бендот.

The post Промоција на новиот спот на скопскиот бенд Занаду вечерва во Лабораториум appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Културниот центар „Лабораториум“ во Скопје, со почеток во 21:00 часот, ќе се одржи промоцијата на новиот спот на скопскиот бенд „Занаду“. Песната “Не сакам” е сингл направен во длабочините на морето, од забите на сонцето, предвесник на вториот студиски албум на бендот.

The post Промоција на новиот спот на скопскиот бенд Занаду вечерва во Лабораториум appeared first on Република.

]]>
Со проекција на филмот „Време на бетон“, во режија на Игор Иванов Изи вечерва во „Лабораториум“ почнува „Скопје вибрира“ https://republika.mk/scena/film/so-proektsija-na-filmot-vreme-na-beton-vo-rezhija-na-igor-ivanov-izi-vecherva-vo-laboratorium-pochnuva-skopje-vibrira/ Mon, 22 Jul 2024 13:13:39 +0000 https://republika.mk/?p=799229

Од 22 јули до 1 август во едукативниот културен центар „Лабораториум“, ќе се одржува настанот „Скопје вибрира”. Програмата ќе започне во 20 часот, со проекција на филмот насловен „Време на бетон, во режија на Игор Иванов Изи. На 23 јули, во 20 часот ќе биде отворена групна излжба и „pop up” базар.

Како што информираат организаторите „Лабораториум” и „Лаб дизајн маркет”, на изложбата ќе учествуваат млади и досега релативно непознати имиња во сферата на дизајнот, рачните изработки и визуелните ументости, за кои градот Скопје има битно значење и е тема и инспирација во нивната работа.

Настанот ќе им даде можност за презентација на новите таленти и ќе даде увид во тоа што значи градот Скопје за една генерација креативци која го почнуваат нивниот професионален пат во полето на креативните индустрии, современата уметност и перформативните уметности.

- „Скопје вибрира” е повеќедневен настан во организација на културниот центар „Лабораториум” лоциран во индустриската хала на поранешната печатница на НИП „Нова Македонија” и покрај поп ап изложбата ќе понуди музичка, филмска, забавна програма и пријатна освежувачка атмосфера со мени од коктели и други пијалоци инспирирани од култни локации во Скопје, се наведува во соопштението.

Во топлите летни денови кога градот обично замира и се празни, се додава во соопштението, „организаторите решија да понудат содржина што ќе го збогати културниот и социјалниот живот и ќе покаже дека Скопје живее и во лето, вибрира и неизбежно нѐ потсетува на земјотресот од 1963 година и на тоа дека новите почетоци се секогаш можни”

The post Со проекција на филмот „Време на бетон“, во режија на Игор Иванов Изи вечерва во „Лабораториум“ почнува „Скопје вибрира“ appeared first on Република.

]]>

Од 22 јули до 1 август во едукативниот културен центар „Лабораториум“, ќе се одржува настанот „Скопје вибрира”. Програмата ќе започне во 20 часот, со проекција на филмот насловен „Време на бетон, во режија на Игор Иванов Изи. На 23 јули, во 20 часот ќе биде отворена групна излжба и „pop up” базар. Како што информираат организаторите „Лабораториум” и „Лаб дизајн маркет”, на изложбата ќе учествуваат млади и досега релативно непознати имиња во сферата на дизајнот, рачните изработки и визуелните ументости, за кои градот Скопје има битно значење и е тема и инспирација во нивната работа. Настанот ќе им даде можност за презентација на новите таленти и ќе даде увид во тоа што значи градот Скопје за една генерација креативци која го почнуваат нивниот професионален пат во полето на креативните индустрии, современата уметност и перформативните уметности. - „Скопје вибрира” е повеќедневен настан во организација на културниот центар „Лабораториум” лоциран во индустриската хала на поранешната печатница на НИП „Нова Македонија” и покрај поп ап изложбата ќе понуди музичка, филмска, забавна програма и пријатна освежувачка атмосфера со мени од коктели и други пијалоци инспирирани од култни локации во Скопје, се наведува во соопштението. Во топлите летни денови кога градот обично замира и се празни, се додава во соопштението, „организаторите решија да понудат содржина што ќе го збогати културниот и социјалниот живот и ќе покаже дека Скопје живее и во лето, вибрира и неизбежно нѐ потсетува на земјотресот од 1963 година и на тоа дека новите почетоци се секогаш можни”

The post Со проекција на филмот „Време на бетон“, во режија на Игор Иванов Изи вечерва во „Лабораториум“ почнува „Скопје вибрира“ appeared first on Република.

]]>
Лабораториум финалист на наградите од Европската Комисија https://republika.mk/vesti/kultura/laboratorium-finalist-na-nagradite-od-evropskata-komisija/ Tue, 16 Apr 2024 07:46:53 +0000 https://republika.mk/?p=766544

Културно Едукативниот Центар „Лабораториум“ во Скопје е финалист на Новиот Европски Баухаус Проект (New European Bauhaus Project) на кој се доделуваат престижни награди за иновативни, одржливи или инклузивни проекти од цела Европа. Фестивалот се оджува по четврти пат во организација на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Во конкуреницја на преку 520 пријавени проекти, Лабораториум од Скопје беше избран за еден од 50 финалисти во една од 10 категории, односно финалист во категоријата “Prioritising the places and people that need it the most”. Избраните финалисти ги сочинуваат само оние проекти во кои Европската Комисија согледала голем потенцијал, а воедно ги прествавуваат вредностите и целите на Комисијата.

Лабораториум беше номиниран поради својата иновативност при пренаменување на стар индустриски објект (поранешната печатница на Нова Македонија), во нов простор за културно-едукативни збиднувања кои ги поддржуваат креативните индустрии и ја помагаат независната уметничка сцена во Скопје. Воедно центарот работи и на воспоставување на едукативна програма која ќе ги возобнови рачната изработка и занаетчиството.

Настанот се одржа во музејот на Историја и уметност во Брисел, Белгија.

 

The post Лабораториум финалист на наградите од Европската Комисија appeared first on Република.

]]>

Културно Едукативниот Центар „Лабораториум“ во Скопје е финалист на Новиот Европски Баухаус Проект (New European Bauhaus Project) на кој се доделуваат престижни награди за иновативни, одржливи или инклузивни проекти од цела Европа. Фестивалот се оджува по четврти пат во организација на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. Во конкуреницја на преку 520 пријавени проекти, Лабораториум од Скопје беше избран за еден од 50 финалисти во една од 10 категории, односно финалист во категоријата “Prioritising the places and people that need it the most”. Избраните финалисти ги сочинуваат само оние проекти во кои Европската Комисија согледала голем потенцијал, а воедно ги прествавуваат вредностите и целите на Комисијата. Лабораториум беше номиниран поради својата иновативност при пренаменување на стар индустриски објект (поранешната печатница на Нова Македонија), во нов простор за културно-едукативни збиднувања кои ги поддржуваат креативните индустрии и ја помагаат независната уметничка сцена во Скопје. Воедно центарот работи и на воспоставување на едукативна програма која ќе ги возобнови рачната изработка и занаетчиството. Настанот се одржа во музејот на Историја и уметност во Брисел, Белгија.  

The post Лабораториум финалист на наградите од Европската Комисија appeared first on Република.

]]>
FEMMES Unplugged Session во Лабораториум https://republika.mk/scena/femmes-unplugged-session-vo-laboratorium/ Sun, 07 Apr 2024 13:14:03 +0000 https://republika.mk/?p=763413

Во рамки на семинарите на FAME’S Институтот, како дел од третиот курс за 2024 година – ‘Recording & Film Music’ Orchestral Course, ја продолжуваме офф-концертната програма ‘FAME’S Unplugged’. Овој проект се фокусира на женски композитори од различни култури, промовирајќи родова еднаквост во музичката индустрија.

Денес, во 20:00 часот во Лабораториум, млади талентирани музичари од Европа ќе го покажат својот талент и за првпат како дел од нашата програма ќе можете да уживате во современа класика од женски композитори. Овие млади музичари ја подготвуваат програмата работејќи во FAME’S Studio во Скопје.

The post FEMMES Unplugged Session во Лабораториум appeared first on Република.

]]>

Во рамки на семинарите на FAME’S Институтот, како дел од третиот курс за 2024 година – ‘Recording & Film Music’ Orchestral Course, ја продолжуваме офф-концертната програма ‘FAME’S Unplugged’. Овој проект се фокусира на женски композитори од различни култури, промовирајќи родова еднаквост во музичката индустрија. Денес, во 20:00 часот во Лабораториум, млади талентирани музичари од Европа ќе го покажат својот талент и за првпат како дел од нашата програма ќе можете да уживате во современа класика од женски композитори. Овие млади музичари ја подготвуваат програмата работејќи во FAME’S Studio во Скопје.

The post FEMMES Unplugged Session во Лабораториум appeared first on Република.

]]>
Концерт на „Летечки пекинезери” вечерва во „Лабораториум” https://republika.mk/scena/kontsert-na-letechki-pekinezeri-vo-laboratorium/ Fri, 23 Feb 2024 11:19:28 +0000 https://republika.mk/?p=746870

PMG Jazz Klub продолжува со својата серија концерти во „Лабораториум ”. Овој петок, 23 февруари, од 21 часот, ќе може да се ужива во музиката и да се биде дел од амбиентот кои ги создаваат „Летечки пекинезери, еден од водечките современи македонски џез бендови.

Свинг-џез квинтет формиран во Скопје, во 2004 година, „Летечки пекинезери” е бенд со огромен репертоар оригинални теми, a за создавање на репертоарот, најмногу се ангажирале основачите на бендот, Бојан Петков-Шамба (гитара) и Иво Солдатовиќ-Сол (кларинет). Останати членови на бендот се: Петар Христов, тенор-саксофон, Кирил Туфекчиевски, двоен бас и Славчо Коцев, тапани.

Пекинезери деновиве пробиваат нови правци на нивните музички интереси, па се чини ова е извонредна можност да се запознаеме со актуелните интереси на бендот.

The post Концерт на „Летечки пекинезери” вечерва во „Лабораториум” appeared first on Република.

]]>

PMG Jazz Klub продолжува со својата серија концерти во „Лабораториум ”. Овој петок, 23 февруари, од 21 часот, ќе може да се ужива во музиката и да се биде дел од амбиентот кои ги создаваат „Летечки пекинезери, еден од водечките современи македонски џез бендови. Свинг-џез квинтет формиран во Скопје, во 2004 година, „Летечки пекинезери” е бенд со огромен репертоар оригинални теми, a за создавање на репертоарот, најмногу се ангажирале основачите на бендот, Бојан Петков-Шамба (гитара) и Иво Солдатовиќ-Сол (кларинет). Останати членови на бендот се: Петар Христов, тенор-саксофон, Кирил Туфекчиевски, двоен бас и Славчо Коцев, тапани. Пекинезери деновиве пробиваат нови правци на нивните музички интереси, па се чини ова е извонредна можност да се запознаеме со актуелните интереси на бендот.

The post Концерт на „Летечки пекинезери” вечерва во „Лабораториум” appeared first on Република.

]]>
Претставата „Се случи еднаш во Женева“ вечерва во Лабораториум https://republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-se-sluchi-ednash-vo-zheneva-vecherva-vo-laboratorium/ Fri, 23 Feb 2024 11:04:48 +0000 https://republika.mk/?p=747353

Вечерва во Едукативниот Културен Центар Лабораториум, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја погледнете претставата „Се случи еднаш во Женева“, според драмата „Прошетка низ шумата“ од Ли Блесинг,  во режија на Кристијан Атанасов.

Да мразеше човештвото војна ќе имаше милиони како нас, а само двајца војници.

Играат:
Јана Вељановска
Лазар Христов

The post Претставата „Се случи еднаш во Женева“ вечерва во Лабораториум appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Едукативниот Културен Центар Лабораториум, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја погледнете претставата „Се случи еднаш во Женева“, според драмата „Прошетка низ шумата“ од Ли Блесинг,  во режија на Кристијан Атанасов.
Да мразеше човештвото војна ќе имаше милиони како нас, а само двајца војници.
Играат: Јана Вељановска Лазар Христов

The post Претставата „Се случи еднаш во Женева“ вечерва во Лабораториум appeared first on Република.

]]>
Фестивал на современата македонска поп-музика „Поп-култура“ https://republika.mk/scena/muzika/festival-na-sovremenata-makedonska-pop-muzika-pop-kultura/ Mon, 19 Feb 2024 11:53:36 +0000 https://republika.mk/?p=745691

Во едукативниот културен центар „Лабораториум“ се одржа фестивал на современата македонска поп-музика „Поп култура“.

Концерти имаа „Јанг Дади“, „Зии“, „Матеј Фолц“ и „Вански“, а вечерта почна со диџеј-сет на „Димчуга“. Како специјална гостинка од Суботица, Србија, настапи и младата раперка Млада Беба.

На сцената публиката имаше можност во живо да ги чуе песните и хитовите на најзначајните млади претставници на современата македонска поп-музика.

Фестивалот „Поп-култура“ прави пресек на хипхоп-движењето како најраспространета и најпопуларна форма за израз на денешната младина, кое се развива во една свежа, модерна и динамична сцена, како носечка сила на новата генерација млади творци, чија музика веќе има свој одек и признание во регионот. Талентот и посветената работа ги прават овие музичари кремот на современата поп-хоп и, воопшто, млада македонска урбана култура.

„Поп-култура“ наскоро ќе добие и винилно издание, албум компилација што дава пресек на современата поп-продукција на млади македонски музичари. Компилацијата претставува значаен историски документ, запис за времето и квалитетот на оваа сцена, на сѐ уште најценетиот носач на звук во светот – винилот. Плочата ќе биде во издание на „ПМГ рекордингс“ од Скопје.

 

The post Фестивал на современата македонска поп-музика „Поп-култура“ appeared first on Република.

]]>

Во едукативниот културен центар „Лабораториум“ се одржа фестивал на современата македонска поп-музика „Поп култура“. Концерти имаа „Јанг Дади“, „Зии“, „Матеј Фолц“ и „Вански“, а вечерта почна со диџеј-сет на „Димчуга“. Како специјална гостинка од Суботица, Србија, настапи и младата раперка Млада Беба. На сцената публиката имаше можност во живо да ги чуе песните и хитовите на најзначајните млади претставници на современата македонска поп-музика. Фестивалот „Поп-култура“ прави пресек на хипхоп-движењето како најраспространета и најпопуларна форма за израз на денешната младина, кое се развива во една свежа, модерна и динамична сцена, како носечка сила на новата генерација млади творци, чија музика веќе има свој одек и признание во регионот. Талентот и посветената работа ги прават овие музичари кремот на современата поп-хоп и, воопшто, млада македонска урбана култура. „Поп-култура“ наскоро ќе добие и винилно издание, албум компилација што дава пресек на современата поп-продукција на млади македонски музичари. Компилацијата претставува значаен историски документ, запис за времето и квалитетот на оваа сцена, на сѐ уште најценетиот носач на звук во светот – винилот. Плочата ќе биде во издание на „ПМГ рекордингс“ од Скопје.  

The post Фестивал на современата македонска поп-музика „Поп-култура“ appeared first on Република.

]]>
Фестивал на современа македонска поп музика во „Лабораториум“ https://republika.mk/scena/festival-na-sovremena-makedonska-pop-muzika-vo-laboratorium/ Thu, 15 Feb 2024 07:40:39 +0000 https://republika.mk/?p=744245

Оваа сабота, на 17 февруари, во 20:30 часот во едукативниот културен центар „Лабораториум“ ќе се одржи фестивал на современа македонска поп музика „ПОП КУЛТУРА“.

 

На ПОП КУЛТУРА со концерти во живо ќе се престават „Young Dadi“, „Zee“, „Matej Foltz“ и „Vanski“, а атмосферата ќе ја загрее со диџеј сет „Dimchuga“. Како специјална гостинка од Суботица, Србија ќе настапи и младата раперка „Mlada Beba.

 

ПОП КУЛТУРА е дел од платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ и е резултат на партнерска соработката со „ZIMA“, „WHY2K?“ и Лабораториум. 

 

На сцената публиката ќе има извонредна можност на едно место да ги чуе во живо песните и хитовите на најзначајните млади претставници на современата македонска поп музика.

 

ПОП КУЛТУРА прави пресек на хип-хоп движењето, како најраспространета и најпопуларна форма за израз на денешната младина, кое се развива во една свежа, модерна и динамична сцена, како носечка сила на новата генерација млади творци, чија музика веќе има свој одек и признание во регионот. Талентот и посветена работа ги прават овие музичари кремот на современата поп-хоп и воопшто млада македонска урбана култура.

 

„Поп Култура“ наскоро ќе добие и винил издание, албум-компилација кој дава пресек на современата поп продукција на млади македонски музичари. Компилацијата претставува значаен историски документ, запис за времето и квалитетот на оваа сцена, на се уште најценетиот носач на звук во светот – Винилот. Плочата ќе биде во издание на ПМГ Рекордингс од Скопје.

 

Билетите за фестивалот (200 денари претпродажба, 300 денари на врата) може да се обезбедат во Лабораториум и онлајн на bileti.mk.

Информации за фестивалот ПОП КУЛТУРА и останатите настани и активности на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ редовно се објавувани на креираните страници на Инстаграм и Фејсбук:

https://www.instagram.com/silata.eu.mladite/

https://www.facebook.com/profile.php?id=61555651569339

The post Фестивал на современа македонска поп музика во „Лабораториум“ appeared first on Република.

]]>

Оваа сабота, на 17 февруари, во 20:30 часот во едукативниот културен центар „Лабораториум“ ќе се одржи фестивал на современа македонска поп музика „ПОП КУЛТУРА“.

 

На ПОП КУЛТУРА со концерти во живо ќе се престават „Young Dadi“, „Zee“, „Matej Foltz“ и „Vanski“, а атмосферата ќе ја загрее со диџеј сет „Dimchuga“. Како специјална гостинка од Суботица, Србија ќе настапи и младата раперка „Mlada Beba.

 

ПОП КУЛТУРА е дел од платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ и е резултат на партнерска соработката со „ZIMA“, „WHY2K?“ и Лабораториум. 

 

На сцената публиката ќе има извонредна можност на едно место да ги чуе во живо песните и хитовите на најзначајните млади претставници на современата македонска поп музика.

 

ПОП КУЛТУРА прави пресек на хип-хоп движењето, како најраспространета и најпопуларна форма за израз на денешната младина, кое се развива во една свежа, модерна и динамична сцена, како носечка сила на новата генерација млади творци, чија музика веќе има свој одек и признание во регионот. Талентот и посветена работа ги прават овие музичари кремот на современата поп-хоп и воопшто млада македонска урбана култура.

 

„Поп Култура“ наскоро ќе добие и винил издание, албум-компилација кој дава пресек на современата поп продукција на млади македонски музичари. Компилацијата претставува значаен историски документ, запис за времето и квалитетот на оваа сцена, на се уште најценетиот носач на звук во светот – Винилот. Плочата ќе биде во издание на ПМГ Рекордингс од Скопје.

 

Билетите за фестивалот (200 денари претпродажба, 300 денари на врата) може да се обезбедат во Лабораториум и онлајн на bileti.mk.

Информации за фестивалот ПОП КУЛТУРА и останатите настани и активности на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ редовно се објавувани на креираните страници на Инстаграм и Фејсбук:

https://www.instagram.com/silata.eu.mladite/

https://www.facebook.com/profile.php?id=61555651569339

The post Фестивал на современа македонска поп музика во „Лабораториум“ appeared first on Република.

]]>
Oтворен повик за дизајнери и занаетчии во културно-едукативниот центар „Лабораториум“ https://republika.mk/vesti/kultura/otvoren-povik-za-dizajneri-i-zanaetchii-vo-kulturno-edukativniot-tsentar-laboratorium/ Mon, 05 Feb 2024 14:29:31 +0000 https://republika.mk/?p=740591

„Лабораториум“ новиот културно-едукативен центар во Скопје објавува отворен повик до сите дизајнери и занаетчии кои изработуваат производи и нудат услуги во полето на текстилот, накитот, модните додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, за домот, осветлување итн. со фокус на рачната изработка, одржливоста, еколошкото и етичко производство.

Повикот е отворен од 01.02 до 20.02.2024 година.

„Лаб дизајн маркет“ е изложбен салон и заедница на дизајнери и занаетчии од Македонија, што ќе се отвори во среда, 28 февруари во просториите (индустриската хала) на центарот „Лабораториум“, на булевар Климент Охридски 68, Скопје и ќе работи од вторник до сабота од 12 до 18 часот.

Идејата на маркетот е да им се понуди на македонските дизајнери најдобриот начин на поддршка, а тоа е продажба на нивните производи, директно во маркетот и на интернет продавницата. Со основањето се очекува да се створи заедница меѓу дизајнерите од која ќе зајакне локалната дизајнерска сцена, ќе произлезат соработки и заеднички ќе се делува на подобрување на довербата на клиентите во македонскиот дизајн.

Проектот е поддржан од „Fashion Revolution Macedonia“.

Стручна комисија ќе ги разгледа апликациите и ќе одлучува за учесниците во „Лаб дизајн маркет“. Заинтересираните учесници може да најдат повеќе информации за критериумите и условите за учество на интернет страницата: https://sites.google.com/view/lab-design-market-open-call.

The post Oтворен повик за дизајнери и занаетчии во културно-едукативниот центар „Лабораториум“ appeared first on Република.

]]>

„Лабораториум“ новиот културно-едукативен центар во Скопје објавува отворен повик до сите дизајнери и занаетчии кои изработуваат производи и нудат услуги во полето на текстилот, накитот, модните додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, за домот, осветлување итн. со фокус на рачната изработка, одржливоста, еколошкото и етичко производство. Повикот е отворен од 01.02 до 20.02.2024 година. „Лаб дизајн маркет“ е изложбен салон и заедница на дизајнери и занаетчии од Македонија, што ќе се отвори во среда, 28 февруари во просториите (индустриската хала) на центарот „Лабораториум“, на булевар Климент Охридски 68, Скопје и ќе работи од вторник до сабота од 12 до 18 часот. Идејата на маркетот е да им се понуди на македонските дизајнери најдобриот начин на поддршка, а тоа е продажба на нивните производи, директно во маркетот и на интернет продавницата. Со основањето се очекува да се створи заедница меѓу дизајнерите од која ќе зајакне локалната дизајнерска сцена, ќе произлезат соработки и заеднички ќе се делува на подобрување на довербата на клиентите во македонскиот дизајн. Проектот е поддржан од „Fashion Revolution Macedonia“. Стручна комисија ќе ги разгледа апликациите и ќе одлучува за учесниците во „Лаб дизајн маркет“. Заинтересираните учесници може да најдат повеќе информации за критериумите и условите за учество на интернет страницата: https://sites.google.com/view/lab-design-market-open-call.

The post Oтворен повик за дизајнери и занаетчии во културно-едукативниот центар „Лабораториум“ appeared first on Република.

]]>