куче Archives - Република https://republika.mk/tema/kuche/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Nov 2024 15:41:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png куче Archives - Република https://republika.mk/tema/kuche/ 32 32 Остана жив, ама го изгуби кучето: Штекли ја бара Скај, нуди награда од 200 евра https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ostana-zhiv-ama-go-izgubi-kucheto-shtekli-ja-bara-skaj-nudi-nagrada-od-200-evra/ Fri, 15 Nov 2024 09:58:41 +0000 https://republika.mk/?p=838014

Раде Трајковски Штекли доцна синоќа се огласи на својот Инстаграм профил, со јавна молба и парична награда за пронаоѓање на неговото изгубено куче.

Според објавата на Инстаграм, изгубено е мало куче кај ТЦ Ист Гејт, со црвено ремче и се одзива на името Скај.

Имено, оној што ќе го пронајди ќе добие награда од 200 евра.

-Наградата најдено куче е 200 евра, пишува Штекли меѓудругото на својот Инстаграм профил.

The post Остана жив, ама го изгуби кучето: Штекли ја бара Скај, нуди награда од 200 евра appeared first on Република.

]]>

Раде Трајковски Штекли доцна синоќа се огласи на својот Инстаграм профил, со јавна молба и парична награда за пронаоѓање на неговото изгубено куче. Според објавата на Инстаграм, изгубено е мало куче кај ТЦ Ист Гејт, со црвено ремче и се одзива на името Скај. Имено, оној што ќе го пронајди ќе добие награда од 200 евра. -Наградата најдено куче е 200 евра, пишува Штекли меѓудругото на својот Инстаграм профил.

The post Остана жив, ама го изгуби кучето: Штекли ја бара Скај, нуди награда од 200 евра appeared first on Република.

]]>
Се сакаат како куче и маче https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/se-sakaat-kako-kuche-i-mache/ Thu, 14 Nov 2024 20:16:44 +0000 https://republika.mk/?p=837638

Сопственичката на далматинецот Ривера и мачорот Самит објави видео од необичното пријателство на нејзините миленици на „Тик-ток“. Како што е вели, мачорот чие прво име било Питер, требало само привремено да биде со жената, но поради „платонската љубов“ меѓу мачето и кучето, таа решила да го посвои и Самит.

@mywildmeadowsIt's been so sweet to watch them become best friends over the past year and a half...#fosterfail#adoptacat#fosteringsaveslives#petsiblings#dogsandcats#heartwarming#bestfriends#catlove#catlover#adoptacat#unlikelyanimalfriends#unlikelyfriends#adventurecat#adventuredog♬ original sound - Emyrson

Видеото има 1,8 милиони прегледи и речиси 400.000 лајкови. Ова не е единствен случај на пријателство меѓу куче и маче, но овие „слатки сцени“ секогаш на посебен начин ги освојуваат симпатиите на љубителите на животни

The post Се сакаат како куче и маче appeared first on Република.

Индиски милионер со тестамент му оставил на своето куче повеќе од 100 милиони евра https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/indiski-milioner-so-testament-mu-ostavil-na-svoeto-kuche-poveke-od-100-milioni-evra/ Wed, 06 Nov 2024 08:13:10 +0000 https://republika.mk/?p=834475

Индискиот бизнисмен и поранешен прв човек на конзорциумот „Тата груп“, Ратан Навал Тата, со својот тестамент му оставил вистинско богатство на своето куче.

Бизнисменот почина во првата половина на октомври на 86-годишна возраст, а на својот германски овчар по име Тито, му оставил на своето куче му оставил дури 91 милион фунти (околу 108,5 милиони евра).

Како што пишуваат индиски медиуми, дел од наследството добил и чуварот и готвач на среќниот Тито.

The post Индиски милионер со тестамент му оставил на своето куче повеќе од 100 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Индискиот бизнисмен и поранешен прв човек на конзорциумот „Тата груп“, Ратан Навал Тата, со својот тестамент му оставил вистинско богатство на своето куче. Бизнисменот почина во првата половина на октомври на 86-годишна возраст, а на својот германски овчар по име Тито, му оставил на своето куче му оставил дури 91 милион фунти (околу 108,5 милиони евра). Како што пишуваат индиски медиуми, дел од наследството добил и чуварот и готвач на среќниот Тито.

The post Индиски милионер со тестамент му оставил на своето куче повеќе од 100 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Шестгодишно дете со серизони повреди откако го искасало куче https://republika.mk/vesti/crna-hronika/shestgodishno-dete-so-serizoni-povredi-otkako-go-iskasalo-kuche/ Tue, 05 Nov 2024 14:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=834408

Дете се здобило со сериозни повреди по каснување од куче во Кавадарци. Оваа информација ја потврдиле за МИА од кавадаречката болница, од Обвинителството и од СВР Велес.

Според докторот Благој Митев, началник на хирургија во болницата, детето има сериозни повреди што не се за потценување.

Станува збор за дете на околу шест години. Каснувањето беше завчера попладне, јас бев на работа кога го донесоа детето. Имаше две рани на лицето, плус огреботини. Три рани на предниот дел од абдоменалниот ѕид, една од околу четири и две од по три сантиметри длабочина. На бутната регија, две поголеми рани. На потколеница, 3-4 рани и други повреди. Изготвивме медицински извештај. Детето требаше да биде хоспитализирано, но родителите одбија од лични причини. Рекоа дека редовно ќе го носат на преврски, појасни докторот за МИА.

Самиот лекар по службена должност пријавил во полиција.

На 4.11.2024 во 09.25 часот во ОВР Кавадарци, Џ.М.(23) од село Ваташа, кавадаречко, пријавила дека на 3.11.2024 на улицата Крсте Мисирков во Кавадарци, додека се шетала со нејзиниот шестгодишен син, детето било каснато од куче, кое е сопственост на 51-годишната М.И. од Кавадарци. Кучето било оттргнато од случајни минувачи. Малолетникот бил пренесен во Општа болница Кавадарци, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, велат од СВР Велес.

Известен бил јавен обвинител од ОЈО Кавадарци.

Дадени се наредби и насоки до МВР за целосно документирање на настанот и за прибирање на соодветни докази во врска со чувањето на кучето, како и обезбедување на медицинска документација, велат од Обвинителството.

The post Шестгодишно дете со серизони повреди откако го искасало куче appeared first on Република.

]]>

Дете се здобило со сериозни повреди по каснување од куче во Кавадарци. Оваа информација ја потврдиле за МИА од кавадаречката болница, од Обвинителството и од СВР Велес. Според докторот Благој Митев, началник на хирургија во болницата, детето има сериозни повреди што не се за потценување.
Станува збор за дете на околу шест години. Каснувањето беше завчера попладне, јас бев на работа кога го донесоа детето. Имаше две рани на лицето, плус огреботини. Три рани на предниот дел од абдоменалниот ѕид, една од околу четири и две од по три сантиметри длабочина. На бутната регија, две поголеми рани. На потколеница, 3-4 рани и други повреди. Изготвивме медицински извештај. Детето требаше да биде хоспитализирано, но родителите одбија од лични причини. Рекоа дека редовно ќе го носат на преврски, појасни докторот за МИА.
Самиот лекар по службена должност пријавил во полиција.
На 4.11.2024 во 09.25 часот во ОВР Кавадарци, Џ.М.(23) од село Ваташа, кавадаречко, пријавила дека на 3.11.2024 на улицата Крсте Мисирков во Кавадарци, додека се шетала со нејзиниот шестгодишен син, детето било каснато од куче, кое е сопственост на 51-годишната М.И. од Кавадарци. Кучето било оттргнато од случајни минувачи. Малолетникот бил пренесен во Општа болница Кавадарци, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, велат од СВР Велес.
Известен бил јавен обвинител од ОЈО Кавадарци.
Дадени се наредби и насоки до МВР за целосно документирање на настанот и за прибирање на соодветни докази во врска со чувањето на кучето, како и обезбедување на медицинска документација, велат од Обвинителството.

The post Шестгодишно дете со серизони повреди откако го искасало куче appeared first on Република.

]]>
Старец со пушка му го уби кучето на соседот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/starets-so-pushka-mu-go-ubi-kucheto-na-sosedot/ Mon, 04 Nov 2024 11:26:35 +0000 https://republika.mk/?p=833971

Охридската полиција информираше дека пред два дена полицајци од ОВР Струга уапсиле 83-годишен жител на струшкото село Мислешево. Осомничен е дека со пушка го усмртил ловечкото куче на неговиот сосед.

Кај него била пронајдена пушка со калибар 16 милиметри за која има сомнеж дека ја употребил и усмртил ловечко куче сопственост на 43-годишен соселанец, информираат од полицијата.

СВР Охрид работи на расветлување на случајот.

The post Старец со пушка му го уби кучето на соседот appeared first on Република.

Дедо каснат од кучето на својот сосед https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dedo-kasnat-od-kucheto-na-svojot-sosed/ Tue, 15 Oct 2024 19:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=827301

На 14.10.2024 во 09:20 часот, У.А.(83) од Струга во полициска станица пријавил дека бил каснат од куче, сопственост на неговиот сосед М.П. од Струга.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Дедо каснат од кучето на својот сосед appeared first on Република.

]]>

На 14.10.2024 во 09:20 часот, У.А.(83) од Струга во полициска станица пријавил дека бил каснат од куче, сопственост на неговиот сосед М.П. од Струга. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Дедо каснат од кучето на својот сосед appeared first on Република.

]]>
Гостиварец пукаше во домашно милениче https://republika.mk/vesti/crna-hronika/gostivarets-pukashe-vo-domashno-mileniche/ Mon, 07 Oct 2024 11:54:49 +0000 https://republika.mk/?p=823795

Ноќва во 00.50 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Н.(41) од гостиварска Долна Бањица.

Околу 23.30 часот, тој бил пријавен од Љ.Л.(61) од истото село дека со воздушна пушка му го ранил неговото
куче.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

The post Гостиварец пукаше во домашно милениче appeared first on Република.

]]>

Ноќва во 00.50 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Н.(41) од гостиварска Долна Бањица. Околу 23.30 часот, тој бил пријавен од Љ.Л.(61) од истото село дека со воздушна пушка му го ранил неговото куче. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

The post Гостиварец пукаше во домашно милениче appeared first on Република.

]]>
Лице од Србија каснато од куче скитник во Охрид https://republika.mk/vesti/crna-hronika/litse-od-srbija-kasnato-od-kuche-skitnik-vo-ohrid/ Wed, 24 Jul 2024 15:31:53 +0000 https://republika.mk/?p=799907

На 23.07.2024 во 12.15 часот во СВР Охрид, 68 годишно лице од Република Србија пријавило дека на улицата „Крум Точко“ во Охрид било каснато од куче скитник.

The post Лице од Србија каснато од куче скитник во Охрид appeared first on Република.

Во Нови Сад питбул го нападнал сопственикoт и го убил https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-novi-sad-pitbul-go-napadnal-sopstvenikot-i-go-ubil/ Mon, 15 Jul 2024 09:28:13 +0000 https://republika.mk/?p=796933

Куче питбул териер денес во Нови Сад го нападна својот сопственик нанесувајќи му смртоносни повреди, јави дописникот на МИА од Белград.

Брзата помош излегла на местото на настанот, но можела само да констатира смрт.

Нашата екипа интервенираше по дојава дека куче питбул териер го нападнало сопственикот и му нанело смртоносни повреди. Медицинскиот тим интервенираше по прв приоритет, но можеле само да констатираат смрт на лице место на 56-годишен маж, изјави портпаролот на итната помош д-р Зоран Круљ.

Според медиумите телото било пронајдено откако пожарникарите на повик од полиција ја скршиле вратата и влегле во станот.

Претходно синот на починатиот повикал полиција и итната помош бидејќи не можел да влезе во станот.

Кучето било преземено од ЈП „Зоохигиена и ветерина“ и веќе е успиено, додека полицијата направи увид во станот.

Другите околности на нападот засега се непознати.

The post Во Нови Сад питбул го нападнал сопственикoт и го убил appeared first on Република.

]]>

Куче питбул териер денес во Нови Сад го нападна својот сопственик нанесувајќи му смртоносни повреди, јави дописникот на МИА од Белград. Брзата помош излегла на местото на настанот, но можела само да констатира смрт.
Нашата екипа интервенираше по дојава дека куче питбул териер го нападнало сопственикот и му нанело смртоносни повреди. Медицинскиот тим интервенираше по прв приоритет, но можеле само да констатираат смрт на лице место на 56-годишен маж, изјави портпаролот на итната помош д-р Зоран Круљ.
Според медиумите телото било пронајдено откако пожарникарите на повик од полиција ја скршиле вратата и влегле во станот. Претходно синот на починатиот повикал полиција и итната помош бидејќи не можел да влезе во станот. Кучето било преземено од ЈП „Зоохигиена и ветерина“ и веќе е успиено, додека полицијата направи увид во станот. Другите околности на нападот засега се непознати.  

The post Во Нови Сад питбул го нападнал сопственикoт и го убил appeared first on Република.

]]>
Скопјанка касната од улично куче на кеј на Вардар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanka-kasnata-od-ulichno-kuche-na-kej-na-vardar/ Sat, 13 Jul 2024 13:26:08 +0000 https://republika.mk/?p=796414

Млада скопјанка вчера попладне била касната од куче скитник на кеј на Вардар.

- На 12.07.2024 во 14.30 часот во Полициска станица Аеродром Ј.К.(20) од Скопје пријавила дека на кеј на река Вардар во Скопје била касната од куче скитник, стои во денешниот полициски билтен.

The post Скопјанка касната од улично куче на кеј на Вардар appeared first on Република.

]]>

Млада скопјанка вчера попладне била касната од куче скитник на кеј на Вардар. - На 12.07.2024 во 14.30 часот во Полициска станица Аеродром Ј.К.(20) од Скопје пријавила дека на кеј на река Вардар во Скопје била касната од куче скитник, стои во денешниот полициски билтен.  

The post Скопјанка касната од улично куче на кеј на Вардар appeared first on Република.

]]>
Малолетник настрада од улично куче во Кисела Вода https://republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnik-nastrada-od-ulichno-kuche-vo-kisela-voda/ Sat, 01 Jun 2024 15:46:52 +0000 https://republika.mk/?p=783910

Малолетник од Скопје вчеравечер бил каснат од улично куче. Случајот во полицијата го пријавила мајката.

- На 31.05.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Кисела Вода П.Р.(48) од Скопје пријавила дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник, соопштија од полицијата.

The post Малолетник настрада од улично куче во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>

Малолетник од Скопје вчеравечер бил каснат од улично куче. Случајот во полицијата го пријавила мајката. - На 31.05.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Кисела Вода П.Р.(48) од Скопје пријавила дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник, соопштија од полицијата.  

The post Малолетник настрада од улично куче во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>
Куче во шахта ги изгризало оптичките кабли и без интернет ги оставило дел „Филип Втори“ и цел „Букурешт“ – мајсторите не можеле безбедно да интервенираат https://republika.mk/vesti/skopje/kuche-vo-shahta-gi-izgrizalo-optichkite-kabli-i-bez-internet-gi-ostavilo-del-filip-vtori-i-tsel-bukuresht-majstorite-ne-mozhele-bezbedno-da-interveniraat/ Fri, 03 May 2024 18:36:18 +0000 https://republika.mk/?p=773920

Куче паднато во шахта ги изгризало оптичките кабли на „Македонски Телеком“ поради што без интернет останале дел од ПЗУ „Филип Втори“ и цела Поликлиника „Букурешт“ во Скопје. Но, по јавувањето на 112 во ЦУК, околу осум часот, специфичната невообичаена ситуација дополнително се усложнила поради тоа што вработените од „Телеком“ не можеле безбедно да пристапат за решавање на дефектот во шахтата.

Вработените од „Телеком“, по пријава дека нема интернет во тој реон, откако го лоцирале и пронашле проблемот за прекин на оптичкиот интернет, не се осмелувале да слезат во шахтата каде што било и кучето и околу 15 часот се јавиле на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Дежурните од Секторот Е-112 и секторот СОК во ЦУК, бидејќи бил неработен ден не можеле да стапат во контакт со ЈП „Лајка“ од Скопје, по што, и покрај предвидените оперативни процедури, го премостиле проблемот. Тие ги поврзале активистите на Граѓанска иницијатива „Кане Корсо“ со вработените од „Телеком“ за понатамошна заедничка постапка.

Кога успешно и безбедно завршило вадењето на кучето од шахтата, вработените од „Телеком“ се симнале и безбедно почнале да работат на отстранување на дефектот.

Не се знаело колку време кучето било паднато во шахтата, тоа било безбедно извадено и згрижено од активистите.

The post Куче во шахта ги изгризало оптичките кабли и без интернет ги оставило дел „Филип Втори“ и цел „Букурешт“ – мајсторите не можеле безбедно да интервенираат appeared first on Република.

]]>

Куче паднато во шахта ги изгризало оптичките кабли на „Македонски Телеком“ поради што без интернет останале дел од ПЗУ „Филип Втори“ и цела Поликлиника „Букурешт“ во Скопје. Но, по јавувањето на 112 во ЦУК, околу осум часот, специфичната невообичаена ситуација дополнително се усложнила поради тоа што вработените од „Телеком“ не можеле безбедно да пристапат за решавање на дефектот во шахтата. Вработените од „Телеком“, по пријава дека нема интернет во тој реон, откако го лоцирале и пронашле проблемот за прекин на оптичкиот интернет, не се осмелувале да слезат во шахтата каде што било и кучето и околу 15 часот се јавиле на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Дежурните од Секторот Е-112 и секторот СОК во ЦУК, бидејќи бил неработен ден не можеле да стапат во контакт со ЈП „Лајка“ од Скопје, по што, и покрај предвидените оперативни процедури, го премостиле проблемот. Тие ги поврзале активистите на Граѓанска иницијатива „Кане Корсо“ со вработените од „Телеком“ за понатамошна заедничка постапка. Кога успешно и безбедно завршило вадењето на кучето од шахтата, вработените од „Телеком“ се симнале и безбедно почнале да работат на отстранување на дефектот. Не се знаело колку време кучето било паднато во шахтата, тоа било безбедно извадено и згрижено од активистите.

The post Куче во шахта ги изгризало оптичките кабли и без интернет ги оставило дел „Филип Втори“ и цел „Букурешт“ – мајсторите не можеле безбедно да интервенираат appeared first on Република.

]]>
Жена што в полиција пријавила напад врз неа и нејзиното куче, починала од шок кратко по повикот https://republika.mk/vesti/balkan/zhena-shto-v-politsija-prijavila-napad-vrz-nea-i-nejzinoto-kuche-pochinala-od-shok-kratko-po-povikot/ Sun, 28 Apr 2024 15:18:08 +0000 https://republika.mk/?p=771905

Утрово околу 10.20 часот во полициската станица во Макарска, Хрватска, се јавила 73-годишна жена која пријавила дека помлад маж ја оттурнал на улица, а потоа ѝ го клоцнал кучето.

Набрзо по повикот и трауматичното искуство, на несреќната жена ѝ се слошило, пренесува „Слободна Далмација“, според чии информации иако лекарите од Брзата помош пристигнале многу брзо и се обиделе да ја реанимираат, жената починала.

Полицијата брзо пронашла 40-годишен маж кој е уапсен.

Недолго по настанот, на жената ѝ се слоши и почина по пружената реанимација. Едно машко лице е приведено и се наоѓа во просториите на полицијата. За настанот е известено надлежното државно правобранителство. На местото на инцидентот се врши увид како и други мерки и дејствија за утврдување на сите факти и околности, рекол за весникот Јерко Куревија од Службата за односи со јавноста на Сплитската полиција.

Полицијата апелира доколку има очевидци на настанот, да контактираат со нив.

The post Жена што в полиција пријавила напад врз неа и нејзиното куче, починала од шок кратко по повикот appeared first on Република.

]]>

Утрово околу 10.20 часот во полициската станица во Макарска, Хрватска, се јавила 73-годишна жена која пријавила дека помлад маж ја оттурнал на улица, а потоа ѝ го клоцнал кучето. Набрзо по повикот и трауматичното искуство, на несреќната жена ѝ се слошило, пренесува „Слободна Далмација“, според чии информации иако лекарите од Брзата помош пристигнале многу брзо и се обиделе да ја реанимираат, жената починала. Полицијата брзо пронашла 40-годишен маж кој е уапсен.
Недолго по настанот, на жената ѝ се слоши и почина по пружената реанимација. Едно машко лице е приведено и се наоѓа во просториите на полицијата. За настанот е известено надлежното државно правобранителство. На местото на инцидентот се врши увид како и други мерки и дејствија за утврдување на сите факти и околности, рекол за весникот Јерко Куревија од Службата за односи со јавноста на Сплитската полиција.
Полицијата апелира доколку има очевидци на настанот, да контактираат со нив.  

The post Жена што в полиција пријавила напад врз неа и нејзиното куче, починала од шок кратко по повикот appeared first on Република.

]]>
Тетовските пожарникари велат дека се обидувале да го фатат кучето кое падна од седми кат на недоизградена зграда https://republika.mk/vesti/makedonija/tetovskite-pozharnikari-velat-deka-se-obiduvale-da-go-fatat-kucheto-koe-padna-od-sedmi-kat-na-nedoizgradena-zgrada/ Sun, 24 Mar 2024 07:41:54 +0000 https://republika.mk/?p=757974

Од тетовската пожарникарска едниница информираат дека вчера, по повик на инвеститор на повеќекатница во градот, интервенирале со цел да извадат бездомно куче, но тоа се уплашило и почнало да бега од двајцата пожарникари. Кучето паднало од седмиот кат на зградата, за што на социјалните мрежи вчера се споделуваше видео, а според пријавеното во полицијата, животното угинало по падот.

Голем дел до граѓаните кои го споделија видеото на социјалните мрежи напишаа дека кучето било фрлено од човек.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/voznemiruvachko-video-javnosta-zgrozena-od-snimka-na-kuche-koe-padna-od-sedmi-kat-vo-tetovo/

Во изјава за МИА, командирот на тетовската противпожарна единица (ТППЕ) Тетово, Авни Амети објаснува дека никој не го фрлил кучето туку, дека тоа било исплашено и бегало од пожарникарите кои добиле повик да го изнесат од објектот кој е во градба.

Според Амети, пожарникарите постапиле како што и правеле и во минатото кога отстранувале змии или спуштале мачки од високо.

Кучето се качило до горе до седми кат, пожарникарите се труделе да го фатат и да го симнат долу. Нормално кучето се исплашило или нешто се случило и газдата бил тука. Воедно и на снимката не се гледа човек, туку се гледа кучето со глава, што според мене кажува дека сака да скока, во смисла да се спаси. Бев во зградата, балконите не се доградени. Јас не верувам дека пожарникар може да направи такво нешто и да фрли куче од седмиот кат од зградата. Ако има такво нешто, ако се докаже дека навистина пожарникар го фрлил, секако ќе се преземеме одговорност за таквиот случај не можеме да дозволиме ваков немил настан, да се случува во градот Тетово. Ги замолувам и газдите што градат објекти во Тетово, тие да бидат затворени за да немаме вакви случаи, да не се качуваат кучиња во нивните згради, па да одиме да интервенираме па после да излеземе криви, дека намерно сме ги фрлале кучињата од таму“, вели Амети.

Здружението за заштита на животно Анима Мунди во реакција за случајот побара под итно да се воведе полиција за животни и затворски казни за мачење и убивање на животните.

Жител на Тетово кој живее во зградата од спротива го пријавил случајот во СВР Тетово. Од таму најавија дека ќе се почне истрага за расчистување на случајот.

Педесет и осумгодишниот тетовец Ѓ.З. вчера (22 март) во 18 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот од балкон на зграда во изградба на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, спроти зградата во која тој живеел, од шесттиот кат паднало куче и набргу потоа yгинало.Кучето, според пријавеното, во објектот се обидувале да го заловат двајца тетовски пожарникари“, се вели во соопштението на СВР Тетово.

Полицијата ќе продолжи со документирање и расчитување на случајот.

The post Тетовските пожарникари велат дека се обидувале да го фатат кучето кое падна од седми кат на недоизградена зграда appeared first on Република.

]]>

Од тетовската пожарникарска едниница информираат дека вчера, по повик на инвеститор на повеќекатница во градот, интервенирале со цел да извадат бездомно куче, но тоа се уплашило и почнало да бега од двајцата пожарникари. Кучето паднало од седмиот кат на зградата, за што на социјалните мрежи вчера се споделуваше видео, а според пријавеното во полицијата, животното угинало по падот. Голем дел до граѓаните кои го споделија видеото на социјалните мрежи напишаа дека кучето било фрлено од човек. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/voznemiruvachko-video-javnosta-zgrozena-od-snimka-na-kuche-koe-padna-od-sedmi-kat-vo-tetovo/ Во изјава за МИА, командирот на тетовската противпожарна единица (ТППЕ) Тетово, Авни Амети објаснува дека никој не го фрлил кучето туку, дека тоа било исплашено и бегало од пожарникарите кои добиле повик да го изнесат од објектот кој е во градба. Според Амети, пожарникарите постапиле како што и правеле и во минатото кога отстранувале змии или спуштале мачки од високо.
Кучето се качило до горе до седми кат, пожарникарите се труделе да го фатат и да го симнат долу. Нормално кучето се исплашило или нешто се случило и газдата бил тука. Воедно и на снимката не се гледа човек, туку се гледа кучето со глава, што според мене кажува дека сака да скока, во смисла да се спаси. Бев во зградата, балконите не се доградени. Јас не верувам дека пожарникар може да направи такво нешто и да фрли куче од седмиот кат од зградата. Ако има такво нешто, ако се докаже дека навистина пожарникар го фрлил, секако ќе се преземеме одговорност за таквиот случај не можеме да дозволиме ваков немил настан, да се случува во градот Тетово. Ги замолувам и газдите што градат објекти во Тетово, тие да бидат затворени за да немаме вакви случаи, да не се качуваат кучиња во нивните згради, па да одиме да интервенираме па после да излеземе криви, дека намерно сме ги фрлале кучињата од таму“, вели Амети.
Здружението за заштита на животно Анима Мунди во реакција за случајот побара под итно да се воведе полиција за животни и затворски казни за мачење и убивање на животните. Жител на Тетово кој живее во зградата од спротива го пријавил случајот во СВР Тетово. Од таму најавија дека ќе се почне истрага за расчистување на случајот.
Педесет и осумгодишниот тетовец Ѓ.З. вчера (22 март) во 18 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот од балкон на зграда во изградба на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, спроти зградата во која тој живеел, од шесттиот кат паднало куче и набргу потоа yгинало.Кучето, според пријавеното, во објектот се обидувале да го заловат двајца тетовски пожарникари“, се вели во соопштението на СВР Тетово.
Полицијата ќе продолжи со документирање и расчитување на случајот.

The post Тетовските пожарникари велат дека се обидувале да го фатат кучето кое падна од седми кат на недоизградена зграда appeared first on Република.

]]>
Вознемирувачко видео: Јавноста згрозена од снимка на куче кое падна од седми кат во Тетово https://republika.mk/vesti/crna-hronika/voznemiruvachko-video-javnosta-zgrozena-od-snimka-na-kuche-koe-padna-od-sedmi-kat-vo-tetovo/ Sat, 23 Mar 2024 17:30:31 +0000 https://republika.mk/?p=757875

Вознемиручако видео од куче кое квичејќи паѓа од 7. кат од зграда во Тетово споделија од Анима Мунди, со обвинение дека кучето присилно било фрлено со стап од страна на инвеститорот и двајца пожарникари, откако залутало во станбен објект во изградба. Од здружението велат и дека граѓаните кои пријавувале во полиција и на бројот 112 биле изложени на потсмев и им била спуштена слушалка. Активистите апелираат да се пронајдат службениците кои го примиле повикот и да не се дозволи овој случај да помине неказнето.

Дали во Македонија владее колективно лудило и безредие, и ова ќе биде само еден во низата фрапантни случаи на насилство кои ќе помине неказнето, или конечно некој ќе се одважи и постапи, изврши истрага и додели казна затвор за екстремна свирепост и мачење и убиство на животно?!, прашуваат од Анима Мунди.

Од друга страна, командирот на противпожарната единица Тетово, Авни Ахмети, негира дека пожарникарите присилно го фрлиле кучето и уверува дека целата ситуација е само несреќен случај. Сепак, тој вели дека ако се добијат соодветни докази, ќе биде законски постапено по пожарникарите кои биле на местото.

И на сликата се гледа многу добро дека кучето паднало само. Се знае дека пожарникарите во Тетово одат на вакви интервенции и сигурно се случило нешто незгодно. Да се кажува дека пожарникарите намерно го фрлиле кучето од зграда нема логика. Ако се случило такво нешто, ако има доказ - нормално ќе се преземат законски мерки против пожарникарите кои учествувале во таа акција“, вели командирот.

Целосно расчистување на случајот најавија од СВР Тетово, од каде посочуваат дека вчера попладнето добиле пријава од тетовец, кој навел дека настанот се случил откако кучето во објектот се обидувале да го заловат двајца тетовски пожарникари.

Засега информациите од ЦУК се дека на бројот 112 имало една пријава за овој случај. Оттаму за Канал 5 информираат дека разговорот бил преслушан од страна на раководителот и дека операторот професионално постапил по пријавата. Првиот човек на ЦУК Стојанче Агелов апелира до Анима Мунди доколку имаат точни сознанија за времето на повикот и лицето кое го извршило, да го информираат Центарот за подетално да се проверат разговорите.

The post Вознемирувачко видео: Јавноста згрозена од снимка на куче кое падна од седми кат во Тетово appeared first on Република.

]]>

Вознемиручако видео од куче кое квичејќи паѓа од 7. кат од зграда во Тетово споделија од Анима Мунди, со обвинение дека кучето присилно било фрлено со стап од страна на инвеститорот и двајца пожарникари, откако залутало во станбен објект во изградба. Од здружението велат и дека граѓаните кои пријавувале во полиција и на бројот 112 биле изложени на потсмев и им била спуштена слушалка. Активистите апелираат да се пронајдат службениците кои го примиле повикот и да не се дозволи овој случај да помине неказнето.
Дали во Македонија владее колективно лудило и безредие, и ова ќе биде само еден во низата фрапантни случаи на насилство кои ќе помине неказнето, или конечно некој ќе се одважи и постапи, изврши истрага и додели казна затвор за екстремна свирепост и мачење и убиство на животно?!, прашуваат од Анима Мунди.
Од друга страна, командирот на противпожарната единица Тетово, Авни Ахмети, негира дека пожарникарите присилно го фрлиле кучето и уверува дека целата ситуација е само несреќен случај. Сепак, тој вели дека ако се добијат соодветни докази, ќе биде законски постапено по пожарникарите кои биле на местото.
И на сликата се гледа многу добро дека кучето паднало само. Се знае дека пожарникарите во Тетово одат на вакви интервенции и сигурно се случило нешто незгодно. Да се кажува дека пожарникарите намерно го фрлиле кучето од зграда нема логика. Ако се случило такво нешто, ако има доказ - нормално ќе се преземат законски мерки против пожарникарите кои учествувале во таа акција“, вели командирот.
Целосно расчистување на случајот најавија од СВР Тетово, од каде посочуваат дека вчера попладнето добиле пријава од тетовец, кој навел дека настанот се случил откако кучето во објектот се обидувале да го заловат двајца тетовски пожарникари. Засега информациите од ЦУК се дека на бројот 112 имало една пријава за овој случај. Оттаму за Канал 5 информираат дека разговорот бил преслушан од страна на раководителот и дека операторот професионално постапил по пријавата. Првиот човек на ЦУК Стојанче Агелов апелира до Анима Мунди доколку имаат точни сознанија за времето на повикот и лицето кое го извршило, да го информираат Центарот за подетално да се проверат разговорите.

The post Вознемирувачко видео: Јавноста згрозена од снимка на куче кое падна од седми кат во Тетово appeared first on Република.

]]>
Светиниколчанка касната од куче паднала и тешко се повредила https://republika.mk/vesti/crna-hronika/svetinikolchanka-kasnata-od-kuche-padnala-i-teshko-se-povredila/ Sat, 09 Mar 2024 18:46:16 +0000 https://republika.mk/?p=753101

Вчера во 16:30 часот во ОВР Свети Николе, Г.В.(28) од село Црнилиште, светиниколско, пријавила дека била нападната од куче по што завршила со тешки телесни повреди, соопшти МВР.

„На 8 март 2024 година во 16:30 часот во ОВР Свети Николе, Г.В.(28) од Црнилиште, светиниколско, пријавила дека во истото село, била нападната од куче, при што паднала и се здобила со тешки телесни повреди“, информираа од МВР.

The post Светиниколчанка касната од куче паднала и тешко се повредила appeared first on Република.

Кавадарчанец со пушка пукал од прозор, погоди куче https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kavadarchanets-so-pushka-pukal-od-prozor-pogodi-kuche/ Fri, 17 Nov 2023 11:41:33 +0000 https://republika.mk/?p=702502

Вчера во 12.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ќ.С.(48) од Кавадарци. Тој се сомничи дека околу 05.30 часот пред неговата куќа во Кавадарци пукал со воздушна пушка и погодил куче сопственост на С.Н.(44) од Кавадарци.

На К.С. му била одземена пушката, а тој бил приведен во полициска станица.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Кавадарчанец со пушка пукал од прозор, погоди куче appeared first on Република.

]]>

Вчера во 12.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ќ.С.(48) од Кавадарци. Тој се сомничи дека околу 05.30 часот пред неговата куќа во Кавадарци пукал со воздушна пушка и погодил куче сопственост на С.Н.(44) од Кавадарци. На К.С. му била одземена пушката, а тој бил приведен во полициска станица. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

The post Кавадарчанец со пушка пукал од прозор, погоди куче appeared first on Република.

]]>
ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Израелците пуштија кучиња во тунелите на Хамас https://republika.mk/vesti/svet/voznemiruvachko-izraeltsite-pushtija-kuchina-vo-tunelite-na-hamas/ Mon, 06 Nov 2023 08:22:28 +0000 https://republika.mk/?p=698636

На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео од Газа.Во него се гледа како куче, поточно германски овчар е пуштено во тунелите под контрола на Хамас и како брка еден од милитантите.

Камерата на грбот на кучето го снима моментот кога  го напаѓа милитантот кој се криеше во темнината како лелека.

Тунелите се распространети низ целиот Појас Газа, некои од нив се длабоки и до 10 метри, а внатре во нив е целата логистика на Хамас со струја, храна, продавници, магацини за оружје.

The post ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Израелците пуштија кучиња во тунелите на Хамас appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео од Газа.Во него се гледа како куче, поточно германски овчар е пуштено во тунелите под контрола на Хамас и како брка еден од милитантите. Камерата на грбот на кучето го снима моментот кога  го напаѓа милитантот кој се криеше во темнината како лелека. Тунелите се распространети низ целиот Појас Газа, некои од нив се длабоки и до 10 метри, а внатре во нив е целата логистика на Хамас со струја, храна, продавници, магацини за оружје.  

The post ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Израелците пуштија кучиња во тунелите на Хамас appeared first on Република.

]]>
Сопственик го врзал кучето во напуштена фабрика во Скопје и го оставил без вода и храна https://republika.mk/vesti/skopje/sopstvenik-go-vrzal-kucheto-vo-napushtena-fabrika-vo-skopje-i-go-ostavil-bez-voda-i-hrana/ Tue, 31 Oct 2023 13:49:57 +0000 https://republika.mk/?p=696714

Јавното претпријатие „Лајка“ објави свирепа и страшна приказна за животот на едно куче од раста германски овчар за кое сопственикот повеќе не сакал да се грижи, па во дванаврати го оставил на различни локации.

„Лајка“ по пријава на граѓани првично налетала на кучето на 18 октомври во општината Аеродром затекнувајќи го напуштено и без сопственик. По стандарната проверка се воспоставило дека кучето има микрочип, а неговиот сопственик веднаш беше контактиран. Наредниот ден на 19 октомври кучето било превземено од неговиот сопственик, кој си платил за заловувањето, во согласност со правилникот за работа на ЈП Лајка.

Сепак сагата на ова куче не завршува тука. Минатата недела, по пријава од граѓани дека има заробено куче во напуштена фабрика во населба Автокоманда, екипите веднаш постапиле по пријавата. Кога пристигнале на посочената локација, го нашле истиот германски овчар, напуштен и врзан во фабриката.

Кучето беше изгладнето, изнемоштено и болно, свесно оставено без пристап до вода и храна, видно вознемирено, но среќно кога виде дека доаѓаат луѓе да му помогнат. Кучето веднаш доби вода и храна, а и самото влезе во нашето комбе“, велат од „Лајка“.

Овојпат кучето останува со нив до негово вдомување, а случајот ќе биде пријавен до Агенција за храна и ветеринарство, а и ќе биде покренета кривична постапка согласно член 233 од кривичен законик за мачење на животни до сопственикот на ова куче.

Од „Лајка“ велат дека состојбата на кучето не е најдобра, но се надеваат дека за брзо време ќе биде добро и ќе биде објавено за вдомување.

The post Сопственик го врзал кучето во напуштена фабрика во Скопје и го оставил без вода и храна appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие „Лајка“ објави свирепа и страшна приказна за животот на едно куче од раста германски овчар за кое сопственикот повеќе не сакал да се грижи, па во дванаврати го оставил на различни локации. „Лајка“ по пријава на граѓани првично налетала на кучето на 18 октомври во општината Аеродром затекнувајќи го напуштено и без сопственик. По стандарната проверка се воспоставило дека кучето има микрочип, а неговиот сопственик веднаш беше контактиран. Наредниот ден на 19 октомври кучето било превземено од неговиот сопственик, кој си платил за заловувањето, во согласност со правилникот за работа на ЈП Лајка. Сепак сагата на ова куче не завршува тука. Минатата недела, по пријава од граѓани дека има заробено куче во напуштена фабрика во населба Автокоманда, екипите веднаш постапиле по пријавата. Кога пристигнале на посочената локација, го нашле истиот германски овчар, напуштен и врзан во фабриката.
Кучето беше изгладнето, изнемоштено и болно, свесно оставено без пристап до вода и храна, видно вознемирено, но среќно кога виде дека доаѓаат луѓе да му помогнат. Кучето веднаш доби вода и храна, а и самото влезе во нашето комбе“, велат од „Лајка“.
Овојпат кучето останува со нив до негово вдомување, а случајот ќе биде пријавен до Агенција за храна и ветеринарство, а и ќе биде покренета кривична постапка согласно член 233 од кривичен законик за мачење на животни до сопственикот на ова куче. Од „Лајка“ велат дека состојбата на кучето не е најдобра, но се надеваат дека за брзо време ќе биде добро и ќе биде објавено за вдомување.

The post Сопственик го врзал кучето во напуштена фабрика во Скопје и го оставил без вода и храна appeared first on Република.

]]>
Кучето на Џо Бајден избркано од Белата куќа, ги напаѓало и касало вработените https://republika.mk/vesti/svet/kucheto-na-dho-bajden-izbrkano-od-belata-kuka-gi-napagalo-i-kasalo-vrabotenite/ Thu, 05 Oct 2023 15:31:51 +0000 https://republika.mk/?p=688286

Кучето на американскиот претседател Џозеф Бајден, по име Командер, кое постојано напаѓало и каснувало членови на Тајната служба, е преместено од Белата куќа на друго место.

Вкупно 10 напади биле регистрирани од октомври 2022 година до јануари 2023 година. На една вработена неодамна ѝ била потребна и лекарска помош откако била нападната и касната од оовој двегодишен германски овчар.

Елизабет Алегзандер, претставничка на првата дама Џил Бајден, потврди дека Командер во мигов не е во комплексот на Белата куќа и oти „се проценуваат следните чекори“ околу домашниот миленик.

Таа истакна дека семејството Бајден доста посветено се грижи за безбедноста на своите вработени и сите други кои ги штитат секој ден.

The post Кучето на Џо Бајден избркано од Белата куќа, ги напаѓало и касало вработените appeared first on Република.

]]>

Кучето на американскиот претседател Џозеф Бајден, по име Командер, кое постојано напаѓало и каснувало членови на Тајната служба, е преместено од Белата куќа на друго место. Вкупно 10 напади биле регистрирани од октомври 2022 година до јануари 2023 година. На една вработена неодамна ѝ била потребна и лекарска помош откако била нападната и касната од оовој двегодишен германски овчар. Елизабет Алегзандер, претставничка на првата дама Џил Бајден, потврди дека Командер во мигов не е во комплексот на Белата куќа и oти „се проценуваат следните чекори“ околу домашниот миленик. Таа истакна дека семејството Бајден доста посветено се грижи за безбедноста на своите вработени и сите други кои ги штитат секој ден.

The post Кучето на Џо Бајден избркано од Белата куќа, ги напаѓало и касало вработените appeared first on Република.

]]>