КСС Archives - Република https://republika.mk/tema/kss/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Feb 2024 13:54:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png КСС Archives - Република https://republika.mk/tema/kss/ 32 32 КСС против новиот Закон за административни службеници https://republika.mk/vesti/makedonija/kss-protiv-noviot-zakon-za-administrativni-sluzhbenitsi/ Thu, 22 Feb 2024 13:54:35 +0000 https://republika.mk/?p=747044

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија бара од претседателот на Собранието Јован Митрески да ја повлече точката за Законот за административни службеници, по скратена постапка од дневниот ред на 138-та седница закажана за денеска.

„Во изминатиот период се обративме до сите пратенички групи со јасни забелешки околу предлог законот, кој што нема ништо европски, туку има само за цел работниците во јавниот сектор да останат покуси за усогласувањето на минималната палата во март, согласно Законот за минимална плата.

Одредбите од овој закон, кои што би требало да важат од 01. јануари 2025 година, а само една одредба која што ја отстранува минималната плата од платата на вработените во јавниот сектор важи од сега, јасно покажува дека во вакви тешки моменти со енормната инфлација и поскапувањата кои ги имаме е само антиработнички, но никако не и европски.

Предлагач на овој закон е Владата и претходниот министер за информатичко општество и администрација, а согласно Законот за работни односи, како закон од трудовата легислатива кој има круцијално значење за работниците, има обврска да помине на седница на Економско – социјалниот совет со заклучок, а воедно и да се отвори јавна дебата.

КСС го извести претседателот на Собранието и сите пратенички групи дека доколку се инсистира и се донесе овој закон ќе бидат известени не само сите амбасади, туку и Европската комисија преку нашите конфедерации во кои членуваме, Европската конфедерација на синдикати и Светската конфедерација на синдикати дека во Македонија драстично се кршат работничките права со злоупотреба на европското знаменце“ – се вели во соопштението на КСС.

The post КСС против новиот Закон за административни службеници appeared first on Република.

]]>

Има „камен на сопнување“: КСС нема да го потпише предложениот општ колективен договор https://republika.mk/vesti/ekonomija/ima-kamen-na-sopnuvane-kss-nema-da-go-potpishe-predlozheniot-opsht-kolektiven-dogovor/ Tue, 18 Jul 2023 13:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=662800

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) нема да го потпише Општиот колективен договор за јавен сектор предложен од Владата, за кој попладнево повторно седница ќе има владиниот Економско-социјален совет.

Претседателот на КСС Благоја Ралповски на прес-конференција рече дека во текот на разговорите со министрите не се согласиле со став 2 од член 14 од предлог општиот колективен договор за кој рече дека е „камен на сопнување“. Несогласувањето досега не го соопштиле јавно зашто очекувале Владата да го промени ставот со негово изоставање од текстот кој, како што рече, се крие од јавноста, но досега не добиле нова понуда.

Во членот 14 од предлогот, што КСС им го претстави на медиумите, во првиот став пишува дека „Основната бруто плата на вработените во јавниот сектор се зголемува за 10 отсто, почнувајќи со исплата на септемвриската плата во 2023 година“.

Спорно за КСС е вториот став во кој е наведено: „Доколку индексот на трошоците на живот во првите шест месеци во 2024 година надминуваат 3 проценти, основната бруто плата на вработените во јавниот сектор се зголемува во процентуален износ како разлика помеѓу реализираниот пораст на индексот на трошоците на живот со утврдениот од 3 проценти““. Во третиот став на член 14 пишува дека „процентот на пораст на платата од став 2 на овој член се применува со исплата на септемвриската плата во 2024 година“.

Ралповски рече предложениот општ колективен договор е штетен за работниците затоа што им одзема многу права и дека со него од наредната година ќе биде тргната минималната плата од законите.

„Каменот на сопнување“ кој се сокрива од јавноста е предложениот член 14 став 2 од Општиот колективен договор. Тоа е последната точка за која не најдовме договор и за која бевме замолени од министрите да не ја кажуваме во јавноста, дека ќе имаме посебен договор. Тоа ќе значи дека во 2024 година сите што имаат минимална плата, согласно законите, во јавниот сектор, државната администрација, даватели на услуги, војската итн. ќе биде променето во законот, минималната плата ќе биде исфрлена, рече претседателот на КСС.

Како што рече, на овој начин следното покачување ќе биде во 2025 година.

Уште пострашно е што нивните проекции дека инфлацијата или трошоците на живот во 2024 ќе бидат само 2,5 проценти. Дрско се манипулира со јавноста дека нашето зголемување или усогласување на платите ќе биде над 3 проценти. Значи, ако имаме инфлација од 4 проценти, усогласувањето ќе биде од 1 процент. Ние како конфедерација, како грански синдикати, остро се спротивставивме на ова и децидно го отфрливме. И денес не прифаќаме ваков општ колективен договор затоа што вработените во јавниот сектор нема да добијат никакво покачување во цела 2024 година, а со тоа, според нивните проекции, зголемувањето на просечната плата што треба да биде во март, од 6,4 отсто ќе падне под 4 проценти, така што следното покачување на платите на вработените во јавниот сектор во 2025 година ќе биде 3 до 4 проценти, рече Ралповски.

Додаде дека наместо да биде чекор напред, предлогот е враќање два чекора назад.

Не бараме многу, бараме како што го почитуваат нивниот закон за именувани лица и секоја година со овие 10 проценти, следната година ќе си ги усогласат платите од 15-16 проценти. Бараме и ние, согласно со Законот за минимална плата и порастот на минимална плата да ја имаме таа законска можност и да ни ги усогласат платите во 2024 година, а не со општ колективен договор да ги поништуваат сите колективни, поединечни колективни договори и Законот за минимална плата. За КСС е тоа сосема неприфатливо и едногласно отфрлено од сите органи и на вакво нешто не ставаме потпис. Денеска ќе присуствуваме на ЕСС, но категорично ќе бидеме против овој член кој одзема едно круцијално право на работниците и дрско се манипулира со нив со тоа што не се зголемуваат платите во 2024 година, рече Ралповски.

КСС ја поздравува новата методологија за пресметка на плата од 2025 и договорот за К-15, но, рече, делумно го поздравуваат усогласувањето т.е. зголемувањето на платите од 10 отсто.

The post Има „камен на сопнување“: КСС нема да го потпише предложениот општ колективен договор appeared first on Република.

]]>

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) нема да го потпише Општиот колективен договор за јавен сектор предложен од Владата, за кој попладнево повторно седница ќе има владиниот Економско-социјален совет. Претседателот на КСС Благоја Ралповски на прес-конференција рече дека во текот на разговорите со министрите не се согласиле со став 2 од член 14 од предлог општиот колективен договор за кој рече дека е „камен на сопнување“. Несогласувањето досега не го соопштиле јавно зашто очекувале Владата да го промени ставот со негово изоставање од текстот кој, како што рече, се крие од јавноста, но досега не добиле нова понуда. Во членот 14 од предлогот, што КСС им го претстави на медиумите, во првиот став пишува дека „Основната бруто плата на вработените во јавниот сектор се зголемува за 10 отсто, почнувајќи со исплата на септемвриската плата во 2023 година“. Спорно за КСС е вториот став во кој е наведено: „Доколку индексот на трошоците на живот во првите шест месеци во 2024 година надминуваат 3 проценти, основната бруто плата на вработените во јавниот сектор се зголемува во процентуален износ како разлика помеѓу реализираниот пораст на индексот на трошоците на живот со утврдениот од 3 проценти““. Во третиот став на член 14 пишува дека „процентот на пораст на платата од став 2 на овој член се применува со исплата на септемвриската плата во 2024 година“. Ралповски рече предложениот општ колективен договор е штетен за работниците затоа што им одзема многу права и дека со него од наредната година ќе биде тргната минималната плата од законите.
„Каменот на сопнување“ кој се сокрива од јавноста е предложениот член 14 став 2 од Општиот колективен договор. Тоа е последната точка за која не најдовме договор и за која бевме замолени од министрите да не ја кажуваме во јавноста, дека ќе имаме посебен договор. Тоа ќе значи дека во 2024 година сите што имаат минимална плата, согласно законите, во јавниот сектор, државната администрација, даватели на услуги, војската итн. ќе биде променето во законот, минималната плата ќе биде исфрлена, рече претседателот на КСС.
Како што рече, на овој начин следното покачување ќе биде во 2025 година.
Уште пострашно е што нивните проекции дека инфлацијата или трошоците на живот во 2024 ќе бидат само 2,5 проценти. Дрско се манипулира со јавноста дека нашето зголемување или усогласување на платите ќе биде над 3 проценти. Значи, ако имаме инфлација од 4 проценти, усогласувањето ќе биде од 1 процент. Ние како конфедерација, како грански синдикати, остро се спротивставивме на ова и децидно го отфрливме. И денес не прифаќаме ваков општ колективен договор затоа што вработените во јавниот сектор нема да добијат никакво покачување во цела 2024 година, а со тоа, според нивните проекции, зголемувањето на просечната плата што треба да биде во март, од 6,4 отсто ќе падне под 4 проценти, така што следното покачување на платите на вработените во јавниот сектор во 2025 година ќе биде 3 до 4 проценти, рече Ралповски.
Додаде дека наместо да биде чекор напред, предлогот е враќање два чекора назад.
Не бараме многу, бараме како што го почитуваат нивниот закон за именувани лица и секоја година со овие 10 проценти, следната година ќе си ги усогласат платите од 15-16 проценти. Бараме и ние, согласно со Законот за минимална плата и порастот на минимална плата да ја имаме таа законска можност и да ни ги усогласат платите во 2024 година, а не со општ колективен договор да ги поништуваат сите колективни, поединечни колективни договори и Законот за минимална плата. За КСС е тоа сосема неприфатливо и едногласно отфрлено од сите органи и на вакво нешто не ставаме потпис. Денеска ќе присуствуваме на ЕСС, но категорично ќе бидеме против овој член кој одзема едно круцијално право на работниците и дрско се манипулира со нив со тоа што не се зголемуваат платите во 2024 година, рече Ралповски.
КСС ја поздравува новата методологија за пресметка на плата од 2025 и договорот за К-15, но, рече, делумно го поздравуваат усогласувањето т.е. зголемувањето на платите од 10 отсто.

The post Има „камен на сопнување“: КСС нема да го потпише предложениот општ колективен договор appeared first on Република.

]]>
Ќебап за работникот, бифтек за власта – синдикалците од КСС запалија скара пред Влада https://republika.mk/vesti/makedonija/kebap-za-rabotnikot-biftek-za-vlasta-sindikaltsite-od-kss-zapalija-skara-pred-vlada/ Mon, 01 May 2023 10:23:50 +0000 https://republika.mk/?p=635715

Под мотото „Ќебап за работникот, бифтек за власта“ синдикалците од Конфедерацијата слободни синдикати одржаа протестен марш во Скопје.

Маршот го почнаа пред канцеларијата на КСС, а завршија пред Владата каде симболично запалија скара. Претставниците на КСС негодуваат на енормното покачување на платите на избраните и именуваните функционери од 80% што го овозможи Уставниот суд.

-Имаме барања од Владата. Пет години ги имаме истите барања. Бараме почитување на законите, барање подобар животен стандард, бараме почитување на работникот и неговиот труд, бараме зголемување на платите согласно законот за минимална плата, бараме К-15 согласно стандардите, бараме спроведување на колективните договори, рече Зоран Антовски од КСС.

Синдикалците ниту оваа година не беа обедините. Протестот на Сојузот на синдикати на Македонија е закажан точно напладне.

The post Ќебап за работникот, бифтек за власта – синдикалците од КСС запалија скара пред Влада appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Ќебап за работникот, бифтек за власта“ синдикалците од Конфедерацијата слободни синдикати одржаа протестен марш во Скопје. Маршот го почнаа пред канцеларијата на КСС, а завршија пред Владата каде симболично запалија скара. Претставниците на КСС негодуваат на енормното покачување на платите на избраните и именуваните функционери од 80% што го овозможи Уставниот суд. -Имаме барања од Владата. Пет години ги имаме истите барања. Бараме почитување на законите, барање подобар животен стандард, бараме почитување на работникот и неговиот труд, бараме зголемување на платите согласно законот за минимална плата, бараме К-15 согласно стандардите, бараме спроведување на колективните договори, рече Зоран Антовски од КСС. Синдикалците ниту оваа година не беа обедините. Протестот на Сојузот на синдикати на Македонија е закажан точно напладне.

The post Ќебап за работникот, бифтек за власта – синдикалците од КСС запалија скара пред Влада appeared first on Република.

]]>
ССМ и КСС денеска на улица, се бара правда за работникот https://republika.mk/vesti/makedonija/ssm-i-kss-deneska-na-ulitsa-se-bara-pravda-za-rabotnikot/ Mon, 01 May 2023 07:30:39 +0000 https://republika.mk/?p=635676

Со барања за зголемени и достоинствени плати за работниците, пристојно работно време и почитување на колективните договори, денеска синдикатите ќе го одбележат Меѓународниот ден на трудот. Најавени се одделни протести на двата најголеми синдикати во земјава.

Под мотото „Работниците се државата“, Сојузот на синдикати на Македонија ќе го почне протестот точно напладне пред зградата на ССМ, а ќе го заврши пред Владата, а Конфедерацијата на слободни синдикати под мотото „За правда, за еднаквост“ ќе протестира два часа порано со крајна дестинација пред Владата.

За синдикатите е неприфатливо платите на работниците да не бидат зголемени кога се овозможува зголемување на платите на функционерите по одлуката на Уставниот суд. Нелогично е, велат тие, во време на инфлација да се укинуваат одредби од Законот за плати на функционерите со кои се овозможува зголемување на нивните плати, а од друга страна да нема зголемување на платите на работниците.

Сметаме дека покачувањето на функционерските плати за 78 проценти или по 2.000 денари дневно, воведувањето на 12 часовен работен ден за голем број работници, тоа што ги излажаа вработените во здравството и што не им ги зголемија платите, тоа што не го склучија Општиот колективен договор за јавен сектор со кој секој вработен ќе има право на К-15, се доволен мотив и повеќе од причина да се излезе на протест на улица и да се изрази незадоволството, велат од ССМ.

Првомајскиот протест, според ССМ, е единствен начин власта да го слушне гласот на работникот затоа што, како што велат, носителите на законодавната и извршната власт и работодавачите немаат слух за проблемите на работниците. Протестите, најавуваат, дека ќе продолжат со засилено темпо и по 1 Мај.

Првомајските протести годинава ќе поминат и во знакот на барањето за почитување на правото за пристојно работно време кое произлезе по најавите за 60-часовна работна недела како дел од пакетот закони кои се во собраниска процедура, а се однесуваат на изградбата на коридорите 8 и 10д. Синдикатите реагираат на ваквите законски одредби и бараат нивно повлекување бидејќи, според нив, со тоа се прави обид да се погази фундаменталното право за пристојно работно време за кое се изборија работниците со штрајкот организиран во Чикаго во 1886 година.

Ставот на Владата е дека законските измени се однесуваат само за инфраструктурни проекти и дека ќе се бара согласност од работникот за продолжено работно време.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во петокот изјави дека законските измени не предвидуваат 60-часовна работна недела, туку прекувремена работа која ќе биде платена за секој одминат час.

Прекувремена работа која што ќе биде платена за секој час одминат на работа на работникот и обезбедување на сите меѓународни стандарди што се однесуваат на безбедноста и здравјето при работа на работниците. Во овој случај, градежните работници ќе добијат најголема заштита во делот на безбедноста и заштита при работа. Ако работат прекувремено, траењето на прекувремената работа ќе зависи најмногу од временските услови. Во пролет и лето можат да работат подолго од она што е во моментот превидено, но, ќе видиме колку ќе биде горната граница за прекувремено, рече Тренчевска.

Пред синдикатите останува и битката за потпишување на Општиот колективен договор за јавниот сектор со кој меѓу другото се бара враќање на правото за исплата на регрес за годишен одмор во јавниот сектор, популарниот К-15, исто како и во приватниот сектор.

Поддршка на синдикалните протести најавија и од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) од каде велат дека е крајно време да се обединат сите синдикати.

Први мај како Меѓународен ден на трудот е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Се одбележува секоја година во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден.

Во знак на почит кон жртвите, Втората интернационала на основачкиот конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба.

Во земјава, 1 Мај е државен празник. Порано се одбележуваше два дена (1 и 2 мај), а од 2007 година се одбележува само на 1 мај.

The post ССМ и КСС денеска на улица, се бара правда за работникот appeared first on Република.

]]>

Со барања за зголемени и достоинствени плати за работниците, пристојно работно време и почитување на колективните договори, денеска синдикатите ќе го одбележат Меѓународниот ден на трудот. Најавени се одделни протести на двата најголеми синдикати во земјава. Под мотото „Работниците се државата“, Сојузот на синдикати на Македонија ќе го почне протестот точно напладне пред зградата на ССМ, а ќе го заврши пред Владата, а Конфедерацијата на слободни синдикати под мотото „За правда, за еднаквост“ ќе протестира два часа порано со крајна дестинација пред Владата. За синдикатите е неприфатливо платите на работниците да не бидат зголемени кога се овозможува зголемување на платите на функционерите по одлуката на Уставниот суд. Нелогично е, велат тие, во време на инфлација да се укинуваат одредби од Законот за плати на функционерите со кои се овозможува зголемување на нивните плати, а од друга страна да нема зголемување на платите на работниците.
Сметаме дека покачувањето на функционерските плати за 78 проценти или по 2.000 денари дневно, воведувањето на 12 часовен работен ден за голем број работници, тоа што ги излажаа вработените во здравството и што не им ги зголемија платите, тоа што не го склучија Општиот колективен договор за јавен сектор со кој секој вработен ќе има право на К-15, се доволен мотив и повеќе од причина да се излезе на протест на улица и да се изрази незадоволството, велат од ССМ.
Првомајскиот протест, според ССМ, е единствен начин власта да го слушне гласот на работникот затоа што, како што велат, носителите на законодавната и извршната власт и работодавачите немаат слух за проблемите на работниците. Протестите, најавуваат, дека ќе продолжат со засилено темпо и по 1 Мај. Првомајските протести годинава ќе поминат и во знакот на барањето за почитување на правото за пристојно работно време кое произлезе по најавите за 60-часовна работна недела како дел од пакетот закони кои се во собраниска процедура, а се однесуваат на изградбата на коридорите 8 и 10д. Синдикатите реагираат на ваквите законски одредби и бараат нивно повлекување бидејќи, според нив, со тоа се прави обид да се погази фундаменталното право за пристојно работно време за кое се изборија работниците со штрајкот организиран во Чикаго во 1886 година. Ставот на Владата е дека законските измени се однесуваат само за инфраструктурни проекти и дека ќе се бара согласност од работникот за продолжено работно време. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во петокот изјави дека законските измени не предвидуваат 60-часовна работна недела, туку прекувремена работа која ќе биде платена за секој одминат час.
Прекувремена работа која што ќе биде платена за секој час одминат на работа на работникот и обезбедување на сите меѓународни стандарди што се однесуваат на безбедноста и здравјето при работа на работниците. Во овој случај, градежните работници ќе добијат најголема заштита во делот на безбедноста и заштита при работа. Ако работат прекувремено, траењето на прекувремената работа ќе зависи најмногу од временските услови. Во пролет и лето можат да работат подолго од она што е во моментот превидено, но, ќе видиме колку ќе биде горната граница за прекувремено, рече Тренчевска.
Пред синдикатите останува и битката за потпишување на Општиот колективен договор за јавниот сектор со кој меѓу другото се бара враќање на правото за исплата на регрес за годишен одмор во јавниот сектор, популарниот К-15, исто како и во приватниот сектор. Поддршка на синдикалните протести најавија и од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) од каде велат дека е крајно време да се обединат сите синдикати. Први мај како Меѓународен ден на трудот е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Се одбележува секоја година во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден. Во знак на почит кон жртвите, Втората интернационала на основачкиот конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Во земјава, 1 Мај е државен празник. Порано се одбележуваше два дена (1 и 2 мај), а од 2007 година се одбележува само на 1 мај.

The post ССМ и КСС денеска на улица, се бара правда за работникот appeared first on Република.

]]>
Администрацијата да работи од 9 до 15 часот за да се заштеди, бара КСС https://republika.mk/vesti/makedonija/administracijata-da-raboti-od-9-do-15-chasot-za-da-se-zashtedi-bara-kss/ Mon, 05 Sep 2022 11:51:35 +0000 https://republika.mk/?p=547623

Јавниот сектор да работи два часа помалку, од 9 до 15 часот, кога има најмногу дневна светлина и кога е најтопло во текот на денот, е мерката за заштеда на електична енергија што ја предлага Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).

Како што соопшти денеска претседателот на КСС, Благоја Ралповски енергијата што ќе се заштеди од јавните институции потоа да им се даде како помош на бизнис секторот и јавно – комунлните претпријатија за да се спречат поголеми ценовни шокови.

Може да се направи рационализација, јавниот сектор може да работи со скратено работно време од два часа со што ќе се заштедат големи количини електрична енергија. Може да се направат дежурни тимови кои ќе ги сервисираат неопхоедните дејности во текот на еден ден, истакна Ралповски.

The post Администрацијата да работи од 9 до 15 часот за да се заштеди, бара КСС appeared first on Република.

]]>

Јавниот сектор да работи два часа помалку, од 9 до 15 часот, кога има најмногу дневна светлина и кога е најтопло во текот на денот, е мерката за заштеда на електична енергија што ја предлага Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). Како што соопшти денеска претседателот на КСС, Благоја Ралповски енергијата што ќе се заштеди од јавните институции потоа да им се даде како помош на бизнис секторот и јавно – комунлните претпријатија за да се спречат поголеми ценовни шокови.

КСС: Администрацијата да работи од 9 до 15 часот за да се заштеди струја https://republika.mk/vesti/ekonomija/kss-administracijata-da-raboti-od-9-do-15-chasot-za-da-se-zashtedi-struja/ Mon, 05 Sep 2022 11:48:14 +0000 https://republika.mk/?p=547619

Јавниот сектор да работи два часа помалку, од 9 до 15 часот, кога има најмногу дневна светлина и кога е најтопло во текот на денот, е мерката за заштеда на електична енергија што ја предлага Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).

Како што соопшти денеска претседателот на КСС, Благоја Ралповски енергијата што ќе се заштеди од јавните институции потоа да им се даде како помош на бизнис секторот и јавно – комунлните претпријатија за да се спречат поголеми ценовни шокови.

Може да се направи рационализација, јавниот сектор може да работи со скратено работно време од два часа со што ќе се заштедат големи количини електрична енергија. Може да се направат дежурни тимови кои ќе ги сервисираат неопхоедните дејности во текот на еден ден, истакна Ралповски.

The post КСС: Администрацијата да работи од 9 до 15 часот за да се заштеди струја appeared first on Република.

]]>

Јавниот сектор да работи два часа помалку, од 9 до 15 часот, кога има најмногу дневна светлина и кога е најтопло во текот на денот, е мерката за заштеда на електична енергија што ја предлага Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). Како што соопшти денеска претседателот на КСС, Благоја Ралповски енергијата што ќе се заштеди од јавните институции потоа да им се даде како помош на бизнис секторот и јавно – комунлните претпријатија за да се спречат поголеми ценовни шокови.
Може да се направи рационализација, јавниот сектор може да работи со скратено работно време од два часа со што ќе се заштедат големи количини електрична енергија. Може да се направат дежурни тимови кои ќе ги сервисираат неопхоедните дејности во текот на еден ден, истакна Ралповски.

The post КСС: Администрацијата да работи од 9 до 15 часот за да се заштеди струја appeared first on Република.

]]>
КСС бара усвojување амандманот за покачување на платите: Оној кој ќе гласа против ќе биде запаметен како кршач на работничките права https://republika.mk/vesti/ekonomija/kss-bara-da-se-usvoi-amandmanot-za-pokachuvanje-na-platite-onoj-koj-kje-glasa-protiv-kje-bide-zapameten-kako-krshach-na-rabotnichkite-prava/ Fri, 01 Jul 2022 12:38:28 +0000 https://republika.mk/?p=522151

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија уште еднаш јавно се обраќа до сите пратеници и членови на Комисијата за финансирање и буџет на денешната седница да се охрабрат и да ги усвојат амандманите на синдикатите и оној за линеарно покачување на платите на вработените во јавниот сектор како и амандманот на КСС за парична помош на сите вработени во приватниот сектор, велат од КСС во свое соопштение.

Ги повикуваме да ја согледаат состојбата во која што се наоѓа работникот во моментот неможејќи да ги сервисира своите основни животни трошоци кои поради двоцифрената инфлација, драстично поскапените нафтени деривати и од денес големото поскапување на електричната енергија нивните плати се обезвреднија.

Иако премиерот Димитар Ковачевски на седницата за пратенички прашања експлицитно одби да се прифтат амандманите на синдикатите, а од друга страна при носењето на минимална плата и нашето барање низ годините за усогласување на платите ветуваше дека пари ќе има за работниците, па затоа тргајќи од суштинската потреба на работникот што поспремно да ја пречека тешката зима што следи ги повикуваме сите пратеници во комисијата денес да размислат и одлучат со чиста совест и рационално да му помогнат на осиромашениот работник, се вели во соопштението и се додава: Во спротивно оној пратеник кој ќе гласа за отфрлање на овие амандмани КСС ќе го прогласи за непријател на работниците и ќе бидат запаметен во историјата како човек кој не се грижи и ги урнисува работничките права.

The post КСС бара усвojување амандманот за покачување на платите: Оној кој ќе гласа против ќе биде запаметен како кршач на работничките права appeared first on Република.

]]>

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија уште еднаш јавно се обраќа до сите пратеници и членови на Комисијата за финансирање и буџет на денешната седница да се охрабрат и да ги усвојат амандманите на синдикатите и оној за линеарно покачување на платите на вработените во јавниот сектор како и амандманот на КСС за парична помош на сите вработени во приватниот сектор, велат од КСС во свое соопштение. Ги повикуваме да ја согледаат состојбата во која што се наоѓа работникот во моментот неможејќи да ги сервисира своите основни животни трошоци кои поради двоцифрената инфлација, драстично поскапените нафтени деривати и од денес големото поскапување на електричната енергија нивните плати се обезвреднија. Иако премиерот Димитар Ковачевски на седницата за пратенички прашања експлицитно одби да се прифтат амандманите на синдикатите, а од друга страна при носењето на минимална плата и нашето барање низ годините за усогласување на платите ветуваше дека пари ќе има за работниците, па затоа тргајќи од суштинската потреба на работникот што поспремно да ја пречека тешката зима што следи ги повикуваме сите пратеници во комисијата денес да размислат и одлучат со чиста совест и рационално да му помогнат на осиромашениот работник, се вели во соопштението и се додава: Во спротивно оној пратеник кој ќе гласа за отфрлање на овие амандмани КСС ќе го прогласи за непријател на работниците и ќе бидат запаметен во историјата како човек кој не се грижи и ги урнисува работничките права.

The post КСС бара усвojување амандманот за покачување на платите: Оној кој ќе гласа против ќе биде запаметен како кршач на работничките права appeared first on Република.

]]>
КСС: Пратениците да ги усвојат амандманите за линеарно покачување на платите https://republika.mk/vesti/ekonomija/kss-pratenicite-da-gi-usvojat-amandmanite-za-linearno-pokachuvanje-na-platite/ Fri, 01 Jul 2022 12:32:50 +0000 https://republika.mk/?p=522149

КСС бара пратениците да ги усвојат амандманите за линеарно покачување на платите на вработените во јавниот сектор.
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија уште еднаш јавно се обраќа до сите пратеници и членови на Комисијата за финансирање и буџет на денешната седница да се охрабрат и да ги усвојат амандманите на синдикатите и оној за линеарно покачување на платите на вработените во јавниот сектор како и амандманот на КСС за парична помош на сите вработени во приватниот сектор. Ги повикуваме да ја согледаат состојбата во која што се наоѓа работникот во моментот неможејќи да ги сервисира своите основни животни трошоци кои поради двоцифрената инфлација, драстично поскапените нафтени деривати и од денес големото поскапување на електричната енергија нивните плати се обезвреднија.

Иако премиерот Димитар Ковачевски на седницата за пратенички прашања експлицитно одби да се прифтат амандманите на синдикатите, а од друга страна при носењето на минимална плата и нашето барање низ годините за усогласување на платите ветуваше дека пари ќе има за работниците, па затоа тргајќи од суштинската потреба на работникот што поспремно да ја пречека тешката зима што следи ги повикуваме сите пратеници во комисијата денес да размислат и одлучат со чиста совест и рационално да му помогнат на осиромашениот работник.

Во спротивно оној пратеник кој ќе гласа за отфрлање на овие амандмани КСС ќе го прогласи за непријател на работниците и ќе бидат запаметен во историјата како човек кој не се грижи и ги урнисува работничките права.

Конфедерација на слободни синдикати на Македонија

The post КСС: Пратениците да ги усвојат амандманите за линеарно покачување на платите appeared first on Република.

]]>

КСС бара пратениците да ги усвојат амандманите за линеарно покачување на платите на вработените во јавниот сектор. Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија уште еднаш јавно се обраќа до сите пратеници и членови на Комисијата за финансирање и буџет на денешната седница да се охрабрат и да ги усвојат амандманите на синдикатите и оној за линеарно покачување на платите на вработените во јавниот сектор како и амандманот на КСС за парична помош на сите вработени во приватниот сектор. Ги повикуваме да ја согледаат состојбата во која што се наоѓа работникот во моментот неможејќи да ги сервисира своите основни животни трошоци кои поради двоцифрената инфлација, драстично поскапените нафтени деривати и од денес големото поскапување на електричната енергија нивните плати се обезвреднија. Иако премиерот Димитар Ковачевски на седницата за пратенички прашања експлицитно одби да се прифтат амандманите на синдикатите, а од друга страна при носењето на минимална плата и нашето барање низ годините за усогласување на платите ветуваше дека пари ќе има за работниците, па затоа тргајќи од суштинската потреба на работникот што поспремно да ја пречека тешката зима што следи ги повикуваме сите пратеници во комисијата денес да размислат и одлучат со чиста совест и рационално да му помогнат на осиромашениот работник. Во спротивно оној пратеник кој ќе гласа за отфрлање на овие амандмани КСС ќе го прогласи за непријател на работниците и ќе бидат запаметен во историјата како човек кој не се грижи и ги урнисува работничките права. Конфедерација на слободни синдикати на Македонија

The post КСС: Пратениците да ги усвојат амандманите за линеарно покачување на платите appeared first on Република.

]]>
КСС со амандман бара покачување на платите во јавниот сектор и финансиска помош за приватниот https://republika.mk/vesti/ekonomija/kss-so-amandman-bara-pokachuvanje-na-platite-vo-javniot-sektor-i-finansiska-pomosh-za-privatniot/ Mon, 27 Jun 2022 12:19:06 +0000 https://republika.mk/?p=520288

Конфедерацијата на слободни синдакти на Македонија (КСС) преку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман до пратениците во Собранието, со кој бара покачување на платите во јавниот сектор и финансиска помош за приватниот.

На денешната прес-конференција претседателот на КСС Благоја Ралповски, потенцира дека поради непочитување на законите голем број од работниците во период на голема инфлација, зголемени основни животни трошоци, проследени преку економска и енергетска криза останале со плати на исто рамниште, и не се во можност да ги сервисираат своите основни животни трошоци.

– Нашето барање е на сите работници во приватниот сектор со плати од 18.000 до 21.000 да им се исплати парична помош од три пати по 3.000 денари, на оние со плати од 21.000 до 24.000 да им се исплати парична помош три пати по 2.000 денари, за што е потребно да се издвојат една милијарда денари со ребаланс на буџетот, а целта е и овие работници да можат поспремни да ја дочекаат тешката зима што ја најавува власта. Кога се носеше минималната плата слушавме дека ќе се покачат платите на сите работници во државата скалесто, но очигледното скалестото како што кажавме многу пати во предлогот на Законот за минимална плата од Влада со Сорание се изгуби и работниците останаа со кратки ракави, изјави Ралповски.

Додаде дека барањето иако било испратено до сите пратеници, наишло на поддршка само од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Добивме уверување дека амандманот ќе биде поднесен комисиски и ќе биде разгледуван. Ги потсетивме повторно сите пратеници, но еве и јавно апелираме до сите нив да соберат сила и да покажат разбирање за состојбата во која се наоѓа македонскиот работник и овој амандман да биде усвоен во Собранието. Напоменуваме дека доколку кој било од пратениците е против овој амандман и гласа за негово отфрлување, КСС тие пратеници ќе ги смета како „непријатели“ на работниците, подвлече Ралповски.

The post КСС со амандман бара покачување на платите во јавниот сектор и финансиска помош за приватниот appeared first on Република.

]]>

Конфедерацијата на слободни синдакти на Македонија (КСС) преку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман до пратениците во Собранието, со кој бара покачување на платите во јавниот сектор и финансиска помош за приватниот. На денешната прес-конференција претседателот на КСС Благоја Ралповски, потенцира дека поради непочитување на законите голем број од работниците во период на голема инфлација, зголемени основни животни трошоци, проследени преку економска и енергетска криза останале со плати на исто рамниште, и не се во можност да ги сервисираат своите основни животни трошоци.
– Нашето барање е на сите работници во приватниот сектор со плати од 18.000 до 21.000 да им се исплати парична помош од три пати по 3.000 денари, на оние со плати од 21.000 до 24.000 да им се исплати парична помош три пати по 2.000 денари, за што е потребно да се издвојат една милијарда денари со ребаланс на буџетот, а целта е и овие работници да можат поспремни да ја дочекаат тешката зима што ја најавува власта. Кога се носеше минималната плата слушавме дека ќе се покачат платите на сите работници во државата скалесто, но очигледното скалестото како што кажавме многу пати во предлогот на Законот за минимална плата од Влада со Сорание се изгуби и работниците останаа со кратки ракави, изјави Ралповски.
Додаде дека барањето иако било испратено до сите пратеници, наишло на поддршка само од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Добивме уверување дека амандманот ќе биде поднесен комисиски и ќе биде разгледуван. Ги потсетивме повторно сите пратеници, но еве и јавно апелираме до сите нив да соберат сила и да покажат разбирање за состојбата во која се наоѓа македонскиот работник и овој амандман да биде усвоен во Собранието. Напоменуваме дека доколку кој било од пратениците е против овој амандман и гласа за негово отфрлување, КСС тие пратеници ќе ги смета како „непријатели“ на работниците, подвлече Ралповски.

The post КСС со амандман бара покачување на платите во јавниот сектор и финансиска помош за приватниот appeared first on Република.

]]>
КСС: Пратениците да го усвојат амандманот за помош на најсиромашните работници во приватниот сектор https://republika.mk/vesti/ekonomija/kss-pratenicite-da-go-usvojat-amandmanot-za-pomosh-na-najsiromashnite-rabotnici-vo-privatniot-sektor/ Fri, 24 Jun 2022 15:12:47 +0000 https://republika.mk/?p=519387

Од Конфедерацијита на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска повторно се обратиле до сите пратеници во Собранието со цел, како што соопштија, прифаќање на амандманот кој што го поднеле преку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а со којшто би се помогнало и на најсиромашните работници во приватниот сектор. Конфедерацијата бара на сите работници во приватниот сектор кои се со плати од 18.000 до 21.000 да им се исплати парична помош од три пати по 3.000 денари, а тие со плати од 21.000 до 24.000 да добијат исто така парична помош три пати по 2.000 денари. За да се реализира тоа, како што информираат, се потребни милијарда денари од ребалансот на Буџетот.

Апелираат до пратениците, како што велат, да соберат сила и да покажат кон разбирање за состојбата во која што се наоѓа македонскиот работник и овој амандман да биде усвоен во Собранието. Најавуваат дека тој што ќе гласа против овој амандман ќе го сметаат за непријател на работниците.

Од КСС во соопштение велат дека во изминатиот период имале голем број активности во делот на исполнување на законските обврски и усогласувањето на платите на сите работници согласно покачувањето на минималната плата и Законот за минимална плата. Сведоци сме, наведуваат од Конфедерацијата, дека имаме многу малку почитување на законите така што работниците во овој период на голема инфлација, зголемени основни животни трошоци, проследени преку економска и енергетска криза која што ја тресе нашата држава, голем број од нив останаа со плати на исто рамниште, а не се во можност да ги сервисираат своите основни животни трошоци.

КСС го подржува амандманот за линерано покачување на платите во јавниот сектор за да се ублажат ценовните шокови кои што се на грбот на работникот но исто така мислејќи на сите работници во државата предложивме, а пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ прифати да предложи амандман со што би се помогнало и на најсиромашните работници во приватниот сектор. Нашето барање е на сите работници во приватниот сектор кои што се плати од 18.000 до 21.000 да им се исплати парична помош од три пати по 3.000 денари и на оние со плати од 21.000 до 24.000 да се исплати парична помош од три пати по 2.000 денари за кои се потребни да се издвојат една милијарда денари од ребаланс на Буџетот, а целта е и овие работници да можат поспремни да ја дочекаат тешката зима која што ја најавува власта, наведува КСС во соопштение.

Денеска, дополнуваат, ги потсетивме повторно сите пратеници но еве и јавно апелираме до сите нив да соберат сила и да покажат кон разбирање за состојбата во која што се наоѓа македонскиот работник и овој амандман да биде усвоен во Собранието.

Напоменуваме дека доколку кој било од пратениците е против овој амандман и гласа за негово отфрлување, КСС истите тие пратеници ќе ги смета како „непријатели“ на работниците, порачуваат од КСС

The post КСС: Пратениците да го усвојат амандманот за помош на најсиромашните работници во приватниот сектор appeared first on Република.

]]>

Од Конфедерацијита на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска повторно се обратиле до сите пратеници во Собранието со цел, како што соопштија, прифаќање на амандманот кој што го поднеле преку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а со којшто би се помогнало и на најсиромашните работници во приватниот сектор. Конфедерацијата бара на сите работници во приватниот сектор кои се со плати од 18.000 до 21.000 да им се исплати парична помош од три пати по 3.000 денари, а тие со плати од 21.000 до 24.000 да добијат исто така парична помош три пати по 2.000 денари. За да се реализира тоа, како што информираат, се потребни милијарда денари од ребалансот на Буџетот. Апелираат до пратениците, како што велат, да соберат сила и да покажат кон разбирање за состојбата во која што се наоѓа македонскиот работник и овој амандман да биде усвоен во Собранието. Најавуваат дека тој што ќе гласа против овој амандман ќе го сметаат за непријател на работниците. Од КСС во соопштение велат дека во изминатиот период имале голем број активности во делот на исполнување на законските обврски и усогласувањето на платите на сите работници согласно покачувањето на минималната плата и Законот за минимална плата. Сведоци сме, наведуваат од Конфедерацијата, дека имаме многу малку почитување на законите така што работниците во овој период на голема инфлација, зголемени основни животни трошоци, проследени преку економска и енергетска криза која што ја тресе нашата држава, голем број од нив останаа со плати на исто рамниште, а не се во можност да ги сервисираат своите основни животни трошоци. КСС го подржува амандманот за линерано покачување на платите во јавниот сектор за да се ублажат ценовните шокови кои што се на грбот на работникот но исто така мислејќи на сите работници во државата предложивме, а пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ прифати да предложи амандман со што би се помогнало и на најсиромашните работници во приватниот сектор. Нашето барање е на сите работници во приватниот сектор кои што се плати од 18.000 до 21.000 да им се исплати парична помош од три пати по 3.000 денари и на оние со плати од 21.000 до 24.000 да се исплати парична помош од три пати по 2.000 денари за кои се потребни да се издвојат една милијарда денари од ребаланс на Буџетот, а целта е и овие работници да можат поспремни да ја дочекаат тешката зима која што ја најавува власта, наведува КСС во соопштение. Денеска, дополнуваат, ги потсетивме повторно сите пратеници но еве и јавно апелираме до сите нив да соберат сила и да покажат кон разбирање за состојбата во која што се наоѓа македонскиот работник и овој амандман да биде усвоен во Собранието. Напоменуваме дека доколку кој било од пратениците е против овој амандман и гласа за негово отфрлување, КСС истите тие пратеници ќе ги смета како „непријатели“ на работниците, порачуваат од КСС

The post КСС: Пратениците да го усвојат амандманот за помош на најсиромашните работници во приватниот сектор appeared first on Република.

]]>
Mилијарда денари поддршка за приватниот сектор: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на средба со КСС https://republika.mk/vesti/ekonomija/milijarda-denari-poddrshka-za-privatniot-sektor-pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-na-sredba-so-kss/ Thu, 09 Jun 2022 15:37:34 +0000 https://republika.mk/?p=513240

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, заедно со пратениците Бојан Стојаноски и Дафина Стојаноска, остварија средба со претставниците од Конфедерација на слободни синдикати на Македонија.

На средбата КСС предложија амандман со кој треба да се интервенира во Предлогот за изменување и дополнување на буџетот на Република Македонија за 2022 година, а кој се однесува на обезбедување на 1 милијарда денари за финансиска поддршка за вработените во приватниот сектор и тоа за вработени кои имаат нето-плата од 18 000 до 21 000 денари, три месеци по 3000 денари и за вработените кои имаат плата од 21 000 до 24 000 денари,три месеци по 2000 денари.

Овој амандман е резултат на огромната инфлација и неможноста на работниците да ги обезбедат своите животни трошоци.

Како Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе го предложиме овој амандман се со цел да обезбедиме повисоки плати и на вработените во проватниот сектор.

Апелираме до парламентарното мнозинство да се приклучи кон овој предлог амандман со што ќе покажеме дека сите работници во Република Македонија заслужуваат еднакви права.

The post Mилијарда денари поддршка за приватниот сектор: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на средба со КСС appeared first on Република.

]]>

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, заедно со пратениците Бојан Стојаноски и Дафина Стојаноска, остварија средба со претставниците од Конфедерација на слободни синдикати на Македонија. На средбата КСС предложија амандман со кој треба да се интервенира во Предлогот за изменување и дополнување на буџетот на Република Македонија за 2022 година, а кој се однесува на обезбедување на 1 милијарда денари за финансиска поддршка за вработените во приватниот сектор и тоа за вработени кои имаат нето-плата од 18 000 до 21 000 денари, три месеци по 3000 денари и за вработените кои имаат плата од 21 000 до 24 000 денари,три месеци по 2000 денари. Овој амандман е резултат на огромната инфлација и неможноста на работниците да ги обезбедат своите животни трошоци. Како Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе го предложиме овој амандман се со цел да обезбедиме повисоки плати и на вработените во проватниот сектор. Апелираме до парламентарното мнозинство да се приклучи кон овој предлог амандман со што ќе покажеме дека сите работници во Република Македонија заслужуваат еднакви права.

The post Mилијарда денари поддршка за приватниот сектор: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на средба со КСС appeared first on Република.

]]>
КСС избира ново раководство, Ралповски единствен кандидат за уште еден мандат https://republika.mk/vesti/makedonija/kss-izbira-novo-rakovodstvo-ralpovski-edinstven-kandidat-za-ushte-eden-mandat/ Thu, 05 May 2022 10:00:30 +0000 https://republika.mk/?p=497932

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска на конгрес го избира новото раководство, а единствен кандидат за претседател е досегашниот претседател Благоја Ралповски.

Очигледно се задоволни од она што се случуваше во изминатите години. Мислам дека синдикатот го издигнавме на едно повисоко ниво и докажавме дека синдикалното организирање не е мртво, туку напротив го оживеавме и работниците се повеќе веруваат во синдикатот - изјави Ралповски пред почетокот на 5. Конгрес.

Она што останува предизвик за новото раководство на синдикатот ќе биде обештетувањето на синдикалниот имот, борбата за почитување на законите и колективните договори и решавање на судските спорови за работни односи во разумен рок.

Споровите траат предолго. Работниците се заморуваат и финансиски се исцрпуваат. Затоа, бараме од Владата, пред се судските спорови од работен однос да бидат судени во разумен рок, односно согласно Законот – шест месеци на првостепен суд и три месеци на второстепен суд - истакна Ралповски.

Претседателот на КСС се избира на конгрес и има мандат од пет години со можност за повторен избор.

The post КСС избира ново раководство, Ралповски единствен кандидат за уште еден мандат appeared first on Република.

Синдикатите порачаа: Работникот ќе го почитува работодавецот онолку колку што тие ги почитуваат работниците https://republika.mk/vesti/ekonomija/sindikatite-porachaa-rabotnikot-kje-go-pochituva-rabotodavecot-onolku-kolku-shto-tie-gi-pochituvaat-rabotnicite/ Sun, 01 May 2022 10:09:52 +0000 https://republika.mk/?p=495957

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) на сите работници им го честита 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

Оваа синдикална пролет, според КСС, ќе ја одбележи тринеделниот штрајк што го почнаа просветните работници.

-На работодавачите и високите политички елити им порачуваме дека работникот во Македонија ќе ги почитува онолку колку што тие го почитуваат работникот, наведува Конфедерацијата.

КСС напоменува дека борбата за работничките права се води секој ден.

– Оваа година немаме потреба симболично да го одбележиме овој ден, зашто сме во синдикална пролет и борбата е секојдневна. Од многуте светски и домашни кризи кои се појавија, економска, здравствена, социјална, енергетска… најмногу е погоден обичниот работник кој сите вртоглави покачувања на цените на основните производи, горивата, струјата го погодуваат најмногу и го осиромашуваат. А, она што го добива во замена за неговиот труд е многу малку за да може еден обичен работник да издржи еден цел месец и да обезбеди достоинствен живот за себе и за своето семејство, наведува КСС.

Според Конфедерацијата, работникот се повеќе и повеќе е обесправен, потценет, понижен.

-Оваа синдикална пролет ќе ја одбележи тринеделниот штрајк кој го почнаа просветните работници кои се во полн ек во својата борба да го вратат изгубеното достоинство кое го изгубија попат низ годините. Работницте нема веќе да бидат со наведнати глави и на сите прекршувања на законите да молчат. Но, синдикалното организирање уште еднаш покажа дека води кон резултати. И се уште најдобриот начин за унапредување на своите права е преку синдикално здружување и синдикално делување. Затоа, на овој меѓународен ден на трудот им порачуваме на сите работници да се обединат, зашто кога се заедно и обединети можат да си ги унапредат своите права без разлика дали се во приватен или јавен сектор, порачува КСС во честитката.

The post Синдикатите порачаа: Работникот ќе го почитува работодавецот онолку колку што тие ги почитуваат работниците appeared first on Република.

]]>

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) на сите работници им го честита 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. Оваа синдикална пролет, според КСС, ќе ја одбележи тринеделниот штрајк што го почнаа просветните работници.
-На работодавачите и високите политички елити им порачуваме дека работникот во Македонија ќе ги почитува онолку колку што тие го почитуваат работникот, наведува Конфедерацијата.
КСС напоменува дека борбата за работничките права се води секој ден. – Оваа година немаме потреба симболично да го одбележиме овој ден, зашто сме во синдикална пролет и борбата е секојдневна. Од многуте светски и домашни кризи кои се појавија, економска, здравствена, социјална, енергетска… најмногу е погоден обичниот работник кој сите вртоглави покачувања на цените на основните производи, горивата, струјата го погодуваат најмногу и го осиромашуваат. А, она што го добива во замена за неговиот труд е многу малку за да може еден обичен работник да издржи еден цел месец и да обезбеди достоинствен живот за себе и за своето семејство, наведува КСС. Според Конфедерацијата, работникот се повеќе и повеќе е обесправен, потценет, понижен.
-Оваа синдикална пролет ќе ја одбележи тринеделниот штрајк кој го почнаа просветните работници кои се во полн ек во својата борба да го вратат изгубеното достоинство кое го изгубија попат низ годините. Работницте нема веќе да бидат со наведнати глави и на сите прекршувања на законите да молчат. Но, синдикалното организирање уште еднаш покажа дека води кон резултати. И се уште најдобриот начин за унапредување на своите права е преку синдикално здружување и синдикално делување. Затоа, на овој меѓународен ден на трудот им порачуваме на сите работници да се обединат, зашто кога се заедно и обединети можат да си ги унапредат своите права без разлика дали се во приватен или јавен сектор, порачува КСС во честитката.

The post Синдикатите порачаа: Работникот ќе го почитува работодавецот онолку колку што тие ги почитуваат работниците appeared first on Република.

]]>
Работникот се повеќе е обесправен, потценет, понижен: КСС ќе ги почитува работодавачите колку што тие го почитуваат работникот https://republika.mk/vesti/makedonija/rabotnikot-se-povekje-e-obespraven-potcenet-ponizen-kss-kje-gi-pochituva-rabotodavachite-kolku-shto-tie-go-pochituvaat-rabotnikot/ Sun, 01 May 2022 09:34:40 +0000 https://republika.mk/?p=495949

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) на сите работници им го честита 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

Оваа синдикална пролет, според КСС, ќе ја одбележи тринеделниот штрајк што го почнаа просветните работници.

На работодавачите и високите политички елити им порачуваме дека работникот во Македонија ќе ги почитува онолку колку што тие го почитуваат работникот, наведува Конфедерацијата.

КСС напоменува дека борбата за работничките права се води секој ден.

Оваа година немаме потреба симболично да го одбележиме овој ден, зашто сме во синдикална пролет и борбата е секојдневна. Од многуте светски и домашни кризи кои се појавија, економска, здравствена, социјална, енергетска… најмногу е погоден обичниот работник кој сите вртоглави покачувања на цените на основните производи, горивата, струјата го погодуваат најмногу и го осиромашуваат. А, она што го добива во замена за неговиот труд е многу малку за да може еден обичен работник да издржи еден цел месец и да обезбеди достоинствен живот за себе и за своето семејство, наведува КСС.

Според Конфедерацијата, работникот се повеќе и повеќе е обесправен, потценет, понижен.

Оваа синдикална пролет ќе ја одбележи тринеделниот штрајк кој го почнаа просветните работници кои се во полн ек во својата борба да го вратат изгубеното достоинство кое го изгубија попат низ годините. Работницте нема веќе да бидат со наведнати глави и на сите прекршувања на законите да молчат. Но, синдикалното организирање уште еднаш покажа дека води кон резултати. И се уште најдобриот начин за унапредување на своите права е преку синдикално здружување и синдикално делување. Затоа, на овој меѓународен ден на трудот им порачуваме на сите работници да се обединат, зашто кога се заедно и обединети можат да си ги унапредат своите права без разлика дали се во приватен или јавен сектор, порачува КСС во честитката.

The post Работникот се повеќе е обесправен, потценет, понижен: КСС ќе ги почитува работодавачите колку што тие го почитуваат работникот appeared first on Република.

]]>

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) на сите работници им го честита 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. Оваа синдикална пролет, според КСС, ќе ја одбележи тринеделниот штрајк што го почнаа просветните работници. На работодавачите и високите политички елити им порачуваме дека работникот во Македонија ќе ги почитува онолку колку што тие го почитуваат работникот, наведува Конфедерацијата. КСС напоменува дека борбата за работничките права се води секој ден. Оваа година немаме потреба симболично да го одбележиме овој ден, зашто сме во синдикална пролет и борбата е секојдневна. Од многуте светски и домашни кризи кои се појавија, економска, здравствена, социјална, енергетска… најмногу е погоден обичниот работник кој сите вртоглави покачувања на цените на основните производи, горивата, струјата го погодуваат најмногу и го осиромашуваат. А, она што го добива во замена за неговиот труд е многу малку за да може еден обичен работник да издржи еден цел месец и да обезбеди достоинствен живот за себе и за своето семејство, наведува КСС. Според Конфедерацијата, работникот се повеќе и повеќе е обесправен, потценет, понижен. Оваа синдикална пролет ќе ја одбележи тринеделниот штрајк кој го почнаа просветните работници кои се во полн ек во својата борба да го вратат изгубеното достоинство кое го изгубија попат низ годините. Работницте нема веќе да бидат со наведнати глави и на сите прекршувања на законите да молчат. Но, синдикалното организирање уште еднаш покажа дека води кон резултати. И се уште најдобриот начин за унапредување на своите права е преку синдикално здружување и синдикално делување. Затоа, на овој меѓународен ден на трудот им порачуваме на сите работници да се обединат, зашто кога се заедно и обединети можат да си ги унапредат своите права без разлика дали се во приватен или јавен сектор, порачува КСС во честитката.

The post Работникот се повеќе е обесправен, потценет, понижен: КСС ќе ги почитува работодавачите колку што тие го почитуваат работникот appeared first on Република.

]]>
КСС ги прекинува протестите, најавува кривични пријави поради притисоци врз вработените во јавниот сектор https://republika.mk/vesti/makedonija/kss-gi-prekinuva-protestite-najavuva-krivichni-prijavi-poradi-pritisoci-vrz-vrabotenite-vo-javniot-sektor/ Wed, 27 Apr 2022 12:31:55 +0000 https://republika.mk/?p=494283

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) ги прекинува протестите што најави дека секојдневно ќе ги одржува пред Собранието и Владата барајќи усогласување на платите со минималната плата.

Одлуката е донесена по состаноците на Извршниот одбор на синдикатот одржани во текот на вчерашниот и денешниот ден.

Причината за слабиот одзив на вчерашниот протест, според КСС, се притисоците што се вршени врз вработените во јавниот сектор поради што најавуваат кривични пријави.

Согледувајќи и анализирајќи ги сите информации коишто пристигнаа од наши членови и синдикални претставници, добивме слика на еден жесток политички притисок кој во текот на вчерашниот ден се случувал во јавниот сектор. Имајќи ги во предвид реперкусиите кои можат да се случат врз нив, всушност КСС има долгогодишно искуство со деградирање и давање откази на наши членови заради синдикални активности, донесовме одлука во дел од институциите да поднесеме кривични пријави против непознати лица, се со цел да го заштитиме идентитетот на членовите кои поради нивниот исказ би можеле да доживеат голем број непријатности на своите работни места, наведува КСС во денешното соопштение.

Најавуваат дека будно ќе го следат развојот на исполнување или неисполнување на законските обврски за работниците во јавниот сектор.

КСС најави секојдневни протести кои требаше да почнат од вчера барајќи зголемување на бодот на 103 денари во бруто износ со што најниската плата во јавниот сектор би била околу 18.200 денари и би се задржал распонот меѓу останатите плати. Не се согласуваат со Предлог-измените на Законот за административни службеници со кој, според нив, зголемувањето на платите би било од 100 до 200 денари.

The post КСС ги прекинува протестите, најавува кривични пријави поради притисоци врз вработените во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) ги прекинува протестите што најави дека секојдневно ќе ги одржува пред Собранието и Владата барајќи усогласување на платите со минималната плата. Одлуката е донесена по состаноците на Извршниот одбор на синдикатот одржани во текот на вчерашниот и денешниот ден. Причината за слабиот одзив на вчерашниот протест, според КСС, се притисоците што се вршени врз вработените во јавниот сектор поради што најавуваат кривични пријави. Согледувајќи и анализирајќи ги сите информации коишто пристигнаа од наши членови и синдикални претставници, добивме слика на еден жесток политички притисок кој во текот на вчерашниот ден се случувал во јавниот сектор. Имајќи ги во предвид реперкусиите кои можат да се случат врз нив, всушност КСС има долгогодишно искуство со деградирање и давање откази на наши членови заради синдикални активности, донесовме одлука во дел од институциите да поднесеме кривични пријави против непознати лица, се со цел да го заштитиме идентитетот на членовите кои поради нивниот исказ би можеле да доживеат голем број непријатности на своите работни места, наведува КСС во денешното соопштение. Најавуваат дека будно ќе го следат развојот на исполнување или неисполнување на законските обврски за работниците во јавниот сектор. КСС најави секојдневни протести кои требаше да почнат од вчера барајќи зголемување на бодот на 103 денари во бруто износ со што најниската плата во јавниот сектор би била околу 18.200 денари и би се задржал распонот меѓу останатите плати. Не се согласуваат со Предлог-измените на Законот за административни службеници со кој, според нив, зголемувањето на платите би било од 100 до 200 денари.

The post КСС ги прекинува протестите, најавува кривични пријави поради притисоци врз вработените во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>
Администрацијата од денес на улица, почнуваат секојдневни протести https://republika.mk/vesti/makedonija/administracijata-od-denes-na-ulica-pochnuvaat-sekojdnevni-protesti/ Tue, 26 Apr 2022 06:34:38 +0000 https://republika.mk/?p=493565

Од Конфедерацијата на слободни синдикати- КСС најавија дека од денеска започнуваат со секојдневни протести. Маршот ќе започне во 16 часот од Собранието до Владата. Претседателот на КСС, Благоја Ралповски вели дека ќе протестираат се додека не бидат исполнети нивните барања за усогласување на платите со минималната плата.

Бараме да се усогласат платите со протести со најразлични притисоци, но очигледно дека нема разбирање. Затоа излегуваме на улица секој ден доколку до 12 часот не се случи нешто, секој ден од 16 до 17 часот се до остварување на нашите барања. Овие денови помина онака незабележително, се донесе нов Закон за административни службеници во кој што има срамно покачување од 100 до 200 денари. Јавната администрација е донесена до социјална категорија и во овој момент кога имаме огромна инфлација и зголемени животни трошоци, вработените во јавниот сектор не можат да го издржат, изјави Ралповски за Канал 5 телевизија.

The post Администрацијата од денес на улица, почнуваат секојдневни протести appeared first on Република.

Администрацијата од утре на протест за повисоки плати https://republika.mk/vesti/makedonija/kss-od-utre-na-protest-za-povisoki-plati/ Mon, 25 Apr 2022 15:59:17 +0000 https://republika.mk/?p=493426

Од Конфедерацијата на слободни синдикати- КСС најавија дека од утре започнуваат со секојдневни протести. Маршот утре ќе започне во 16 часот од Собранието до Владата. Претседателот на КСС, Благоја Ралповски вели дека ќе протестираат се додека не бидат исполнети нивните барања за усогласување на платите со минималната плата.

Бараме да се усогласат платите со протести со најразлични притисоци, но очигледно дека нема разбирање. Затоа од утре излегуваме на улица секој ден доколку утре до 12 часот не се случи нешто, секој ден од 16 до 17 часот се до остварување на нашите барања. Овие денови помина онака незабележително, се донесе нов Закон за административни службеници во кој што има срамно покачување од 100 до 200 денари. Јавната администрација е донесена до социјална категорија и во овој момент кога имаме огромна инфлација и зголемени животни трошоци, вработените во јавниот сектор не можат да го издржат“ изјави Ралповски за Канал 5 телевизија.

The post Администрацијата од утре на протест за повисоки плати appeared first on Република.

]]>

Од Конфедерацијата на слободни синдикати- КСС најавија дека од утре започнуваат со секојдневни протести. Маршот утре ќе започне во 16 часот од Собранието до Владата. Претседателот на КСС, Благоја Ралповски вели дека ќе протестираат се додека не бидат исполнети нивните барања за усогласување на платите со минималната плата. Бараме да се усогласат платите со протести со најразлични притисоци, но очигледно дека нема разбирање. Затоа од утре излегуваме на улица секој ден доколку утре до 12 часот не се случи нешто, секој ден од 16 до 17 часот се до остварување на нашите барања. Овие денови помина онака незабележително, се донесе нов Закон за административни службеници во кој што има срамно покачување од 100 до 200 денари. Јавната администрација е донесена до социјална категорија и во овој момент кога имаме огромна инфлација и зголемени животни трошоци, вработените во јавниот сектор не можат да го издржат“ изјави Ралповски за Канал 5 телевизија.

The post Администрацијата од утре на протест за повисоки плати appeared first on Република.

]]>
Ако не се исполнат нивните барања: КСС секојдневно ќе протестира од 26 април https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-ne-se-ispolnat-nivnite-baranja-kss-sekojdnevno-kje-protestira-od-26-april/ Tue, 19 Apr 2022 10:59:14 +0000 https://republika.mk/?p=490476

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) од 26 април секојдневно ќе излегува на протести доколку дотогаш Владата не ги исполни нивните барања за зголемување на бодот на 103 денари во бруто износ со што најниската плата во јавниот сектор би била околу 18.200 денари и би се задржал распонот меѓу останатите плати.

Најавите од синдикатот се дека ќе се протестира секој ден од 16 до 17 часот пред Собранието и пред Владата.

Членството е крајно разочарано и се чувствуваат изманипулирани. Решението е многу едноставно, а тоа е членот 88 од Законот за административни службеници кој вели дека Владата го покачува бодот - рече претседателот на КСС Благоја Ралповски на денешната прес-конференција.

Според КСС, со овој проблем се засегнати околу 100 илјади работници во државата.

Ги повикаа пратениците да не го гласаат Законот за административни службеници, кој денеска е на дневен ред на 68. пленарна седница, затоа што сметаат дека се работи за манипулативен закон со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор за околу 100 до 200 денари. Секој пратеник што ќе го гласа законот, како што рекоа, ќе сметаат дека е против работниците.

За КСС, е неприфатлив предлогот на Сојузот на синдикати на Македонија за линеарно зголемување на сите плати за 2.806 денари во нето износ.

The post Ако не се исполнат нивните барања: КСС секојдневно ќе протестира од 26 април appeared first on Република.

]]>

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) од 26 април секојдневно ќе излегува на протести доколку дотогаш Владата не ги исполни нивните барања за зголемување на бодот на 103 денари во бруто износ со што најниската плата во јавниот сектор би била околу 18.200 денари и би се задржал распонот меѓу останатите плати. Најавите од синдикатот се дека ќе се протестира секој ден од 16 до 17 часот пред Собранието и пред Владата.
Членството е крајно разочарано и се чувствуваат изманипулирани. Решението е многу едноставно, а тоа е членот 88 од Законот за административни службеници кој вели дека Владата го покачува бодот - рече претседателот на КСС Благоја Ралповски на денешната прес-конференција.
Според КСС, со овој проблем се засегнати околу 100 илјади работници во државата. Ги повикаа пратениците да не го гласаат Законот за административни службеници, кој денеска е на дневен ред на 68. пленарна седница, затоа што сметаат дека се работи за манипулативен закон со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор за околу 100 до 200 денари. Секој пратеник што ќе го гласа законот, како што рекоа, ќе сметаат дека е против работниците. За КСС, е неприфатлив предлогот на Сојузот на синдикати на Македонија за линеарно зголемување на сите плати за 2.806 денари во нето износ.

The post Ако не се исполнат нивните барања: КСС секојдневно ќе протестира од 26 април appeared first on Република.

]]>
Голем штрајк во понеделник: КСС со поддршка на СОНК, ги повикаа и родителите https://republika.mk/vesti/makedonija/golem-shtrajk-vo-ponedelnik-kss-so-poddrshka-na-sonk-gi-povikaa-i-roditelite/ Sat, 09 Apr 2022 09:25:44 +0000 https://republika.mk/?p=485715

КСС веќе подолго време укажува на лошата состојба на вработените во јавниот сектор и незадоволството од платите. Своето незадоволство гранските синдикати при КСС го искажаа низ низа различни синдикални активности. Низ годиниве гранските синдикати одржаа низа протести, а последниот протест беше одржан на 30.03.2022 година од повеќе грански синдикати при КСС, велат од Конфедерација на слободни синдикати на Македонија.

-КСС одлучно стои позади барањата на СОНК и со сите свои ресурси и логистика го поддржува генералниот штрајк на СОНК.

КСС цврсто застанува и ги поддржува вработените во дејноста образование и дејноста предучилишно згрижување и воспитание на деца и нивните барања за достоинство, праведност и почит кон трудот и да се започне со исплата на плати во согласност со законот и колективните договори.

Без заслужената плата, без почитување на веќе стекнатите права кои ги имаат работниците во овие дејности, но и со осиромашени, а и недоволно ценети работници нема да имаме никаков прогрес во образованието на нашите деца, бидејќи ќе се соочиме со сериозен дефицит од овие професии, односно ќе нема која да ги згрижува и образува нашите деца.

Затоа ги повикуваме и родителите да искажат силна солидарност спрема вторите родители на нивните деца и одлучно да ги поддржат образовните работници да се изборат за статусот кој го заслужуваат, велат од КСС и додаваат:

„Браќа и сестри, членови на СОНК. КСС со сите грански синдикати е со Вас и Ве поддржуваме да издржите во овие тешки моменти за Вашата професија.

Сите заедно, се разбира на чело со Вас, покажавме дека синдикалното движење сеуште постои и затоа со цела енергија и ресурси, со стремеж за подобар живот и почитуван просветен работник, Ве повикуваме на 11-ти април сите заедно, ние, вие и родителите да го поддржиме генералниот штрајк и да покажеме единство и истрајност за почитување на вашата професија“.

The post Голем штрајк во понеделник: КСС со поддршка на СОНК, ги повикаа и родителите appeared first on Република.

]]>

КСС веќе подолго време укажува на лошата состојба на вработените во јавниот сектор и незадоволството од платите. Своето незадоволство гранските синдикати при КСС го искажаа низ низа различни синдикални активности. Низ годиниве гранските синдикати одржаа низа протести, а последниот протест беше одржан на 30.03.2022 година од повеќе грански синдикати при КСС, велат од Конфедерација на слободни синдикати на Македонија.
-КСС одлучно стои позади барањата на СОНК и со сите свои ресурси и логистика го поддржува генералниот штрајк на СОНК. КСС цврсто застанува и ги поддржува вработените во дејноста образование и дејноста предучилишно згрижување и воспитание на деца и нивните барања за достоинство, праведност и почит кон трудот и да се започне со исплата на плати во согласност со законот и колективните договори. Без заслужената плата, без почитување на веќе стекнатите права кои ги имаат работниците во овие дејности, но и со осиромашени, а и недоволно ценети работници нема да имаме никаков прогрес во образованието на нашите деца, бидејќи ќе се соочиме со сериозен дефицит од овие професии, односно ќе нема која да ги згрижува и образува нашите деца. Затоа ги повикуваме и родителите да искажат силна солидарност спрема вторите родители на нивните деца и одлучно да ги поддржат образовните работници да се изборат за статусот кој го заслужуваат, велат од КСС и додаваат:
„Браќа и сестри, членови на СОНК. КСС со сите грански синдикати е со Вас и Ве поддржуваме да издржите во овие тешки моменти за Вашата професија. Сите заедно, се разбира на чело со Вас, покажавме дека синдикалното движење сеуште постои и затоа со цела енергија и ресурси, со стремеж за подобар живот и почитуван просветен работник, Ве повикуваме на 11-ти април сите заедно, ние, вие и родителите да го поддржиме генералниот штрајк и да покажеме единство и истрајност за почитување на вашата професија“.

The post Голем штрајк во понеделник: КСС со поддршка на СОНК, ги повикаа и родителите appeared first on Република.

]]>
КСС бара од пратениците да не го гласаат Законот за административни службеници https://republika.mk/vesti/makedonija/kss-bara-od-pratenicite-da-ne-go-glasaat-zakonot-za-administrativni-sluzbenici/ Wed, 06 Apr 2022 11:52:12 +0000 https://republika.mk/?p=484059

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) која минатата среда излезе на предупредувачки протест пред Владата, е разочарана од односот на Владата бидејќи, според нивни информации, во Собрание веќе е поднесен Предлог-законот за административни службеници по скратена постапка.

Ова законско решение, сметаат од КСС, е манипулативно бидејќи со него ќе се зголемат платите на вработените во јавниот сектор само по 100 до 200 денари. Ги повикуваат пратениците да не гласаат за овој закон и како што велат, да застанат на страната на работниците.

Вчера дознавме дека Законот за административни службеници онака како што сакаат да го донесат, на еден понижувачки начин, е поднесен по скратена постапка во Собранието. Тој закон не носи ништо добро, само по 100 до 200 денари покачување на платите на вработените во јавниот сектор и со тоа продолжува манипулацијата, а кажавме дека решението е едноставно – тоа е членот 88 од сегашниот Закон - истакна претседателот на КСС Благоја Ралповски на денешната прес-конференција.

Незадоволството кај членството, рече Ралповски, е се поголемо и се бара радикализација на идните чекори што би се реализирала во скоро време.

КСС дава поддршка на Синдикатот на УПОЗ, кој утре и задутре организира двочасовен прекин на работата во управата и правосудството, но, како што вели Ралповски, не знаат дали членството да го повикаат на протест или штрајк.

Го поддржуваме штрајкот на УПОЗ, но мораме да кажеме дека уште кога беше најавен, испративме допис до нив во кој ги поддржуваме заради обединување на работниците и заради истата цел – платите на вработените во јавниот сектор. Тоа беше на 1 април, но не добивме одговор. Вчера повторно испративме допис до Синдикатот на УПОЗ и побаравме да седнеме заеднички и да ни кажат дали е тоа протест или штрајк затоа што се одвива во работно време. Добивме одговор од една реченица – со оглед дека имале големи обврски дека не можат да се состанат со нас и дека не повикуваат на 7 и 8 април. За што да го повикаме, за кое барање? Дали на протест или на штрајк? Нека се изјаснат - рече Ралповски.

The post КСС бара од пратениците да не го гласаат Законот за административни службеници appeared first on Република.

]]>

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) која минатата среда излезе на предупредувачки протест пред Владата, е разочарана од односот на Владата бидејќи, според нивни информации, во Собрание веќе е поднесен Предлог-законот за административни службеници по скратена постапка. Ова законско решение, сметаат од КСС, е манипулативно бидејќи со него ќе се зголемат платите на вработените во јавниот сектор само по 100 до 200 денари. Ги повикуваат пратениците да не гласаат за овој закон и како што велат, да застанат на страната на работниците.
Вчера дознавме дека Законот за административни службеници онака како што сакаат да го донесат, на еден понижувачки начин, е поднесен по скратена постапка во Собранието. Тој закон не носи ништо добро, само по 100 до 200 денари покачување на платите на вработените во јавниот сектор и со тоа продолжува манипулацијата, а кажавме дека решението е едноставно – тоа е членот 88 од сегашниот Закон - истакна претседателот на КСС Благоја Ралповски на денешната прес-конференција.
Незадоволството кај членството, рече Ралповски, е се поголемо и се бара радикализација на идните чекори што би се реализирала во скоро време. КСС дава поддршка на Синдикатот на УПОЗ, кој утре и задутре организира двочасовен прекин на работата во управата и правосудството, но, како што вели Ралповски, не знаат дали членството да го повикаат на протест или штрајк.