Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска на конгрес го избира новото раководство, а единствен кандидат за претседател е досегашниот претседател Благоја Ралповски.

Очигледно се задоволни од она што се случуваше во изминатите години. Мислам дека синдикатот го издигнавме на едно повисоко ниво и докажавме дека синдикалното организирање не е мртво, туку напротив го оживеавме и работниците се повеќе веруваат во синдикатот – изјави Ралповски пред почетокот на 5. Конгрес.

Она што останува предизвик за новото раководство на синдикатот ќе биде обештетувањето на синдикалниот имот, борбата за почитување на законите и колективните договори и решавање на судските спорови за работни односи во разумен рок.

Споровите траат предолго. Работниците се заморуваат и финансиски се исцрпуваат. Затоа, бараме од Владата, пред се судските спорови од работен однос да бидат судени во разумен рок, односно согласно Законот – шест месеци на првостепен суд и три месеци на второстепен суд – истакна Ралповски.

Претседателот на КСС се избира на конгрес и има мандат од пет години со можност за повторен избор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.