крузер Archives - Република https://republika.mk/tema/kruzer/ За подобро да се разбереме Sun, 21 Apr 2024 11:41:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png крузер Archives - Република https://republika.mk/tema/kruzer/ 32 32 Патник на крузер спушти камера во океанот: Погледнете што се појави од морничавата темнина https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/patnik-na-kruzer-spushti-kamera-vo-okeanot-poglednete-shto-se-pojavi-od-mornichavata-temnina/ Sun, 21 Apr 2024 11:41:24 +0000 https://republika.mk/?p=768826

На социјалните мрежи се појави видео кое покира многумина. Патник на брод за крстарење спуштил камера во морето и снимил се што се случува околу бродот, а луѓето не можат да го видат.

Грчки фотограф, кој редовно поставува содржини на „Јутјуб“, објави видео снимено од неговата ГоПро камера што ја фрлил во морето, а на ноќната снимка се гледа како неколку ајкули излегуваат од морничавата темнина.

Корисниците на социјалните мрежи во коментарите пишуваат дека сцената е страшна, но и интересна, се додека ја гледаат од удобноста на својот дом.

https://www.youtube.com/watch?v=YWuPp1v-sI8

The post Патник на крузер спушти камера во океанот: Погледнете што се појави од морничавата темнина appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се појави видео кое покира многумина. Патник на брод за крстарење спуштил камера во морето и снимил се што се случува околу бродот, а луѓето не можат да го видат. Грчки фотограф, кој редовно поставува содржини на „Јутјуб“, објави видео снимено од неговата ГоПро камера што ја фрлил во морето, а на ноќната снимка се гледа како неколку ајкули излегуваат од морничавата темнина. Корисниците на социјалните мрежи во коментарите пишуваат дека сцената е страшна, но и интересна, се додека ја гледаат од удобноста на својот дом. https://www.youtube.com/watch?v=YWuPp1v-sI8

The post Патник на крузер спушти камера во океанот: Погледнете што се појави од морничавата темнина appeared first on Република.

]]>
Бугарски крузер удри во бетонски ѕид на Дунав, 17 повредени https://republika.mk/vesti/balkan/bugarski-kruzer-udri-vo-betonski-zid-na-dunav-17-povredeni/ Sat, 30 Mar 2024 09:47:59 +0000 https://republika.mk/?p=760330

Вкупно 17 лица се повредени кога бугарски брод за крстарење во текот на ноќта удрил во бетонски ѕид на реката Дунав во градот Ашах, на северот на Австрија, соопшти денеска локалната полиција.

Околу 160 патници се наоѓале на бродот кој патувал од Баварија, Германија кон австрискиот град Линц, кога удрил во бетонски ѕид во зона на преводница, изјави портпаролот на полицијата во блискиот град Ефердинг.

За несреќата со брод за крстарење на Дунав синоќа во 22 часот била алармирана и итната помош, а на терен биле голем број спасувачи и полицајци, јави австриската агенција АПА

The post Бугарски крузер удри во бетонски ѕид на Дунав, 17 повредени appeared first on Република.

]]>

Вкупно 17 лица се повредени кога бугарски брод за крстарење во текот на ноќта удрил во бетонски ѕид на реката Дунав во градот Ашах, на северот на Австрија, соопшти денеска локалната полиција. Околу 160 патници се наоѓале на бродот кој патувал од Баварија, Германија кон австрискиот град Линц, кога удрил во бетонски ѕид во зона на преводница, изјави портпаролот на полицијата во блискиот град Ефердинг. За несреќата со брод за крстарење на Дунав синоќа во 22 часот била алармирана и итната помош, а на терен биле голем број спасувачи и полицајци, јави австриската агенција АПА

The post Бугарски крузер удри во бетонски ѕид на Дунав, 17 повредени appeared first on Република.

]]>
Во норвешки крузер избила колера? https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-norveshki-kruzer-izbila-kolera/ Mon, 26 Feb 2024 14:22:06 +0000 https://republika.mk/?p=748588

Островската земја во Индискиот Океан Маврициус не дозволи норвешки крузер да застане во главниот град Порт Луис поради стравување од можна епидемија на колера на бродот.

Најмалку 15 луѓе на бродот се во изолација поради сомнеж дека страдаат од инфективна болест на градите која во тешка форма може да предизвика дехидратација и смрт за неколку часа. Се нарекува и „сина смрт“ бидејќи кожата на пациентот може да стане синкаво сива поради екстремната загуба на течности.

Властите на Маврициус рекоа дека донеле одлука да го блокираат бродот „Зора“ за да се избегнат можни здравствени ризици. Вчера биле земени примероци за тестирање, а резултатите треба да бидат познати утре.

Според претставник на „Норвежн крус лајн холдингс“, за време на патувањето во Јужна Африка патниците развиле симптоми на лесен стомачен вирус. Еден патник од Холандија изјавил дека капетанот им рекол дека можеби на бродот избила колера.

Последните неколку месеци во Јужна Африка владее колера, а Замбија е најтешко погодена во тој регион. Од јануари 2023 година, најмалку 188.000 луѓе се заразени со колера во 7 јужноафрикански земји, според податоците на Обединетите нации. Повеќе од 3.000 луѓе починале.

На бродот има 2.184 патници и 1.026 членови на екипажот.

The post Во норвешки крузер избила колера? appeared first on Република.

]]>

Островската земја во Индискиот Океан Маврициус не дозволи норвешки крузер да застане во главниот град Порт Луис поради стравување од можна епидемија на колера на бродот. Најмалку 15 луѓе на бродот се во изолација поради сомнеж дека страдаат од инфективна болест на градите која во тешка форма може да предизвика дехидратација и смрт за неколку часа. Се нарекува и „сина смрт“ бидејќи кожата на пациентот може да стане синкаво сива поради екстремната загуба на течности. Властите на Маврициус рекоа дека донеле одлука да го блокираат бродот „Зора“ за да се избегнат можни здравствени ризици. Вчера биле земени примероци за тестирање, а резултатите треба да бидат познати утре. Според претставник на „Норвежн крус лајн холдингс“, за време на патувањето во Јужна Африка патниците развиле симптоми на лесен стомачен вирус. Еден патник од Холандија изјавил дека капетанот им рекол дека можеби на бродот избила колера. Последните неколку месеци во Јужна Африка владее колера, а Замбија е најтешко погодена во тој регион. Од јануари 2023 година, најмалку 188.000 луѓе се заразени со колера во 7 јужноафрикански земји, според податоците на Обединетите нации. Повеќе од 3.000 луѓе починале. На бродот има 2.184 патници и 1.026 членови на екипажот.

The post Во норвешки крузер избила колера? appeared first on Република.

]]>
На крстарење по Јадранот љубов ќе бараат самци хомосексуалци од Балканот и Европа https://republika.mk/zivot/patuvanja/na-krstarene-po-jadranot-lubov-ke-baraat-samtsi-homoseksualtsi-od-balkanot-i-evropa/ Sun, 28 May 2023 12:41:34 +0000 https://republika.mk/?p=644849

Словенската агенција „Аглаја“, прва сертифицирана агенција за спојување на самци на Балканот, следниот месец организира крстарење за хомосексуалци во Далмација.

Како што пренесува „Слободна Далмација“, сопственичката Милена Плешко веќе подолго време помага во запознавање и поврзување на самци во хетеросексуални врски, а сега решила својата понуда да ја прошири и на ЛГБТ заедницата.

https://republika.mk/vesti/balkan/dozvoleni-se-samo-parovi-ima-erotski-rabotilnitsi-i-sobi-za-poslobodna-zabava/

Плешко вели дека услугите што ги нуди се етаблирани низ Европа и дека доста луѓе ги користат за си го најдат својот животен партнер.

Јас лично го познавам секој мој клиент, како и нивниот начин на живот, желбите, очекувањата... Во процесот на создавање на партнерство со друго лице, како експерт ги охрабрувам и ги советувам, помагам и им давам поддршка за спојувањето да успее. Овој модел на спојување се заснова на уникатен спој на психолошки принципи и професионални совети, што ми овозможува прецизно да ги идентификувам вредностите и целите. Со избраниот пристап ги одредувам најсоодветните кандидати кои ги исполнуваат најстрогите барања на клиентот, рече таа.

Крстарењето по Далмација започнува на 10 јуни, а завршува на 17 јуни.

Плешко ветува „фантастичен натпревар по влажни маички“, вечери за брзи состаноци, како и вечер на отворена сцена, каде патниците ќе ги покажат своите таленти преку „танц, песна или некои други сценски вештини“.

Планираме и многу лимбо танцување, како и многу тимски игри во вода како натпревар во најубав скок во вода, но и специјално планирани, таканаречени, капитенски вечери, каде што ќе можете да се танцува и да се вкусат специјалитети и да се ужива во нежната далматинска музика, храна и пијалок, рече таа.

 

The post На крстарење по Јадранот љубов ќе бараат самци хомосексуалци од Балканот и Европа appeared first on Република.

]]>

Словенската агенција „Аглаја“, прва сертифицирана агенција за спојување на самци на Балканот, следниот месец организира крстарење за хомосексуалци во Далмација. Како што пренесува „Слободна Далмација“, сопственичката Милена Плешко веќе подолго време помага во запознавање и поврзување на самци во хетеросексуални врски, а сега решила својата понуда да ја прошири и на ЛГБТ заедницата. https://republika.mk/vesti/balkan/dozvoleni-se-samo-parovi-ima-erotski-rabotilnitsi-i-sobi-za-poslobodna-zabava/ Плешко вели дека услугите што ги нуди се етаблирани низ Европа и дека доста луѓе ги користат за си го најдат својот животен партнер.
Јас лично го познавам секој мој клиент, како и нивниот начин на живот, желбите, очекувањата... Во процесот на создавање на партнерство со друго лице, како експерт ги охрабрувам и ги советувам, помагам и им давам поддршка за спојувањето да успее. Овој модел на спојување се заснова на уникатен спој на психолошки принципи и професионални совети, што ми овозможува прецизно да ги идентификувам вредностите и целите. Со избраниот пристап ги одредувам најсоодветните кандидати кои ги исполнуваат најстрогите барања на клиентот, рече таа.
Крстарењето по Далмација започнува на 10 јуни, а завршува на 17 јуни. Плешко ветува „фантастичен натпревар по влажни маички“, вечери за брзи состаноци, како и вечер на отворена сцена, каде патниците ќе ги покажат своите таленти преку „танц, песна или некои други сценски вештини“.
Планираме и многу лимбо танцување, како и многу тимски игри во вода како натпревар во најубав скок во вода, но и специјално планирани, таканаречени, капитенски вечери, каде што ќе можете да се танцува и да се вкусат специјалитети и да се ужива во нежната далматинска музика, храна и пијалок, рече таа.
 

The post На крстарење по Јадранот љубов ќе бараат самци хомосексуалци од Балканот и Европа appeared first on Република.

]]>
Дозволени се само парови, има еротски работилници и соби за „послободна“ забава https://republika.mk/vesti/balkan/dozvoleni-se-samo-parovi-ima-erotski-rabotilnitsi-i-sobi-za-poslobodna-zabava/ Mon, 22 May 2023 18:09:44 +0000 https://republika.mk/?p=643721

Необичен брод за крстарење завчера се закотви во пристаништето во Дубровник и донесе неколку стотици свингери во градот, пренесува хрватски „Индекс“. По крстарењето по италијанскиот и хрватскиот брег, планирано е бродот да се закотви и во Котор, Црна Гора.

На веб-страницата на организаторот на патувањето, компанијата Original Group, може да се забележи дека цените за луксузните двојни кабини на крстаречкиот брод Azamara Journey, кој плови под брендот Desire, се движат и до 30.000 американски долари.

На бродот се одржуваат тематски вечери, еротски работилници и разни сензуални забави, но мора да се почитуваат куќните правила. Тоа значи дека во патувањето можат да учествуваат само парови, а без облека може да се движат само во одредени соби. Има соби наменети за „послободна“ забава. Строго е забрането фотографирање и снимање видео во областите каде што е дозволено соблекување на патниците.

Дубровчани гостите ги опишаа како богати и пристојни.

The post Дозволени се само парови, има еротски работилници и соби за „послободна“ забава appeared first on Република.

]]>

Необичен брод за крстарење завчера се закотви во пристаништето во Дубровник и донесе неколку стотици свингери во градот, пренесува хрватски „Индекс“. По крстарењето по италијанскиот и хрватскиот брег, планирано е бродот да се закотви и во Котор, Црна Гора. На веб-страницата на организаторот на патувањето, компанијата Original Group, може да се забележи дека цените за луксузните двојни кабини на крстаречкиот брод Azamara Journey, кој плови под брендот Desire, се движат и до 30.000 американски долари. На бродот се одржуваат тематски вечери, еротски работилници и разни сензуални забави, но мора да се почитуваат куќните правила. Тоа значи дека во патувањето можат да учествуваат само парови, а без облека може да се движат само во одредени соби. Има соби наменети за „послободна“ забава. Строго е забрането фотографирање и снимање видео во областите каде што е дозволено соблекување на патниците. Дубровчани гостите ги опишаа како богати и пристојни.

The post Дозволени се само парови, има еротски работилници и соби за „послободна“ забава appeared first on Република.

]]>
Крузер со стотина патници не може да се закотви поради штетни микроорганизми https://republika.mk/vesti/svet/kruzer-so-stotina-patnitsi-ne-mozhe-da-se-zakotvi-poradi-shtetni-mikroorganizmi/ Mon, 02 Jan 2023 07:37:43 +0000 https://republika.mk/?p=592690

Стотици патници останаа заробени на крстаречкиот брод „Викинг Орион“ во близина на австралискиот брег, откако на неговиот труп беа пронајдени потенцијално штетни микроорганизми, поради што му беше забрането да се приклучува, јавува Би-Би-Си.

На бродот за крстарење, наводно, му била одбиена дозвола да се закотви во Аделаида, откако властите откриле „биофул“ – акумулација на микроорганизми, растенија, алги или мали животни.

Австралиските соопштија рекоа дека трупот на бродот мора да се исчисти пред да влезе во земјата, бидејќи може да внесе инвазивни видови во живеалиште што не е нивна природна средина.

Бродот, наводно, не добил дозвола да се закотви ниту во Крајстчерч, Данедин и Хобарт во Нов Зеланд.

Еден патник на Твитер објави дека на крузерот имало повеќе од 800 луѓе и дека многу од нив се вознемирени и лути поради негрижата на компанијата.

Бродот, кој има 14 ката и може да превезува 930 луѓе, изграден во 2018 година, се вели дека се закотвил на околу 27 километри од брегот, додека чистењето е во тек.

 

The post Крузер со стотина патници не може да се закотви поради штетни микроорганизми appeared first on Република.

]]>

Стотици патници останаа заробени на крстаречкиот брод „Викинг Орион“ во близина на австралискиот брег, откако на неговиот труп беа пронајдени потенцијално штетни микроорганизми, поради што му беше забрането да се приклучува, јавува Би-Би-Си. На бродот за крстарење, наводно, му била одбиена дозвола да се закотви во Аделаида, откако властите откриле „биофул“ – акумулација на микроорганизми, растенија, алги или мали животни. Австралиските соопштија рекоа дека трупот на бродот мора да се исчисти пред да влезе во земјата, бидејќи може да внесе инвазивни видови во живеалиште што не е нивна природна средина. Бродот, наводно, не добил дозвола да се закотви ниту во Крајстчерч, Данедин и Хобарт во Нов Зеланд. Еден патник на Твитер објави дека на крузерот имало повеќе од 800 луѓе и дека многу од нив се вознемирени и лути поради негрижата на компанијата. Бродот, кој има 14 ката и може да превезува 930 луѓе, изграден во 2018 година, се вели дека се закотвил на околу 27 километри од брегот, додека чистењето е во тек.  

The post Крузер со стотина патници не може да се закотви поради штетни микроорганизми appeared first on Република.

]]>
Големите крузери го користат брегот на Алјасака како голема тоалетна школка https://republika.mk/vesti/svet/golemite-kruzeri-go-koristat-bregot-na-aljasaka-kako-golema-toaletna-shkolka/ Wed, 20 Jul 2022 12:08:26 +0000 https://republika.mk/?p=531373

Канадскиот брег стана депонија за фекалии и други штетни отпадни води што ги исфрлаат туристичките бродови што носат патници до Алјаска.

Крузерите се еден од најудобните начини за гледање и посета на националните паркови и глечерите на Алјаска, што го прави исклучително популарен тип на одмор за туристите од САД, но и од другите делови на светот. Сепак, патувањето до овие недопрени места вклучува и два или три дена пловење по западниот брег на Канада, каде што бродовите оставаат отпадни води и отпад, често во заштитени подрачја.

Во новиот извештај на еколошките организации „Stand.earth“ и „West Coast Environmental Law“ (WCEL) се наведува дека бродовите за крстарење на западниот брег на Канада испуштаат повеќе од 31 милијарда литри отпадни води годишно, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Тие имаат перверзна тенденција да ја третираат Канада како тоалетна школка - вели Ана Барфорд од „Stand.earth“, опишувајќи го морето кај западниот брег на Канада како „автопат за ѓубре“.

По должината на канадското крајбрежје, кое е најдолго во светот со 243.042 километри, бродовите исфрлаат 147 милијарди литри штетен отпад годишно, што е количина што би наполнила 59.000 олимписки базени. Крузерите се покажуваат како најголеми загадувачи, иако претставуваат само два отсто од поморскиот сообраќај.

Овие бродови за крстарење испуштаат големи количини отпадна вода од тоалетите, тушевите, машините за перење и машините за миење садови во морето, а најголемиот извор на загадување, според Светскиот фонд за природата (WWF), е опремата што ги отстранува гасовите како сулфурот и азотните оксиди од издувните гасови. Тие произведуваат кисела отпадна вода која содржи вистински коктел од хемикалии. Само еден патнички брод на еднонеделно патување до Алјаска и назад испушта речиси 200 милиони литри од оваа загадена вода во морето.

Но, не се виновни (само) бродовите, туку и канадското законодавство за заштита на животната средина, кое е полабаво од американското, наведува „Гардијан“. Како резултат на тоа, бродовите ја задржуваат отпадната вода додека се во територијалните води на САД, а потоа ја испуштаат во канадските води.

Кога туризмот и крстарењата привремено запреа поради пандемијата на Ковид-19, морето можеше да „дише“, но сега кога бродовите за крстарење се враќаат, локалните жители стравуваат од враќање на отровната канализација.

Луѓето одат на Алјаска за да се восхитуваат на недопрената природа, но без да сфатат дека ја уништуваат нашата недопрена природа - предупредуваат тие.

The post Големите крузери го користат брегот на Алјасака како голема тоалетна школка appeared first on Република.

]]>

Канадскиот брег стана депонија за фекалии и други штетни отпадни води што ги исфрлаат туристичките бродови што носат патници до Алјаска. Крузерите се еден од најудобните начини за гледање и посета на националните паркови и глечерите на Алјаска, што го прави исклучително популарен тип на одмор за туристите од САД, но и од другите делови на светот. Сепак, патувањето до овие недопрени места вклучува и два или три дена пловење по западниот брег на Канада, каде што бродовите оставаат отпадни води и отпад, често во заштитени подрачја. Во новиот извештај на еколошките организации „Stand.earth“ и „West Coast Environmental Law“ (WCEL) се наведува дека бродовите за крстарење на западниот брег на Канада испуштаат повеќе од 31 милијарда литри отпадни води годишно, пишува британскиот весник „Гардијан“.
Тие имаат перверзна тенденција да ја третираат Канада како тоалетна школка - вели Ана Барфорд од „Stand.earth“, опишувајќи го морето кај западниот брег на Канада како „автопат за ѓубре“.
По должината на канадското крајбрежје, кое е најдолго во светот со 243.042 километри, бродовите исфрлаат 147 милијарди литри штетен отпад годишно, што е количина што би наполнила 59.000 олимписки базени. Крузерите се покажуваат како најголеми загадувачи, иако претставуваат само два отсто од поморскиот сообраќај. Овие бродови за крстарење испуштаат големи количини отпадна вода од тоалетите, тушевите, машините за перење и машините за миење садови во морето, а најголемиот извор на загадување, според Светскиот фонд за природата (WWF), е опремата што ги отстранува гасовите како сулфурот и азотните оксиди од издувните гасови. Тие произведуваат кисела отпадна вода која содржи вистински коктел од хемикалии. Само еден патнички брод на еднонеделно патување до Алјаска и назад испушта речиси 200 милиони литри од оваа загадена вода во морето. Но, не се виновни (само) бродовите, туку и канадското законодавство за заштита на животната средина, кое е полабаво од американското, наведува „Гардијан“. Како резултат на тоа, бродовите ја задржуваат отпадната вода додека се во територијалните води на САД, а потоа ја испуштаат во канадските води. Кога туризмот и крстарењата привремено запреа поради пандемијата на Ковид-19, морето можеше да „дише“, но сега кога бродовите за крстарење се враќаат, локалните жители стравуваат од враќање на отровната канализација.
Луѓето одат на Алјаска за да се восхитуваат на недопрената природа, но без да сфатат дека ја уништуваат нашата недопрена природа - предупредуваат тие.

The post Големите крузери го користат брегот на Алјасака како голема тоалетна школка appeared first on Република.

]]>