криволак Archives - Република https://republika.mk/tema/krivolak/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 19:13:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png криволак Archives - Република https://republika.mk/tema/krivolak/ 32 32 Мисајловски на Криволак: „Волците“ ги демонстрираа вештините, министерот им честита https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-na-krivolak-voltsite-gi-demonstriraa-veshtinite-ministerot-im-chestita/ Thu, 14 Nov 2024 19:13:02 +0000 https://republika.mk/?p=837838

Денеска на армискиот полигон „Криволак“ беа демонстрирани вештините на припадниците на Баталјонот за специјални сили „Волци” кои заедно со своите колеги од шест сојузнички земји и една земја-партнер од Балканот ја реализираат вежбата „Wise wolf 2024“, информира министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Министерот упати честитки за над 120-те учесници на вежбата кои покажаа високо ниво на вештини и способности.

-Тие ја постигнаа својата цел во развојот на интероперабилноста и дадоа свој придонес кон јакнењето на регионалната соработка која е клучна во зацврстувањето на безбедноста и стабилноста на Балканот, посочи Мисајловски.

The post Мисајловски на Криволак: „Волците“ ги демонстрираа вештините, министерот им честита appeared first on Република.

]]>

Денеска на армискиот полигон „Криволак“ беа демонстрирани вештините на припадниците на Баталјонот за специјални сили „Волци” кои заедно со своите колеги од шест сојузнички земји и една земја-партнер од Балканот ја реализираат вежбата „Wise wolf 2024“, информира министерот за одбрана, Владо Мисајловски. Министерот упати честитки за над 120-те учесници на вежбата кои покажаа високо ниво на вештини и способности.
-Тие ја постигнаа својата цел во развојот на интероперабилноста и дадоа свој придонес кон јакнењето на регионалната соработка која е клучна во зацврстувањето на безбедноста и стабилноста на Балканот, посочи Мисајловски.

The post Мисајловски на Криволак: „Волците“ ги демонстрираа вештините, министерот им честита appeared first on Република.

]]>
Сомнителни лица фатени како го меркаат Криволак https://republika.mk/vesti/crna-hronika/somnitelni-litsa-fateni-kako-go-merkaat-krivolak/ Tue, 22 Oct 2024 19:00:47 +0000 https://republika.mk/?p=829991

Полицијата поднесе кривична пријава против Б.А.(50) од с.Никуштак, општина Липково, Р.М.(50) од с.Вакуф, кратовско и Б.А.(37) од с.Орланци, скопско, поради постоење основи на сомнение дека вршеле кривично дело Неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства.

На 14 април 2024 пријавените биле затекнати како со патничко возило „Фолксваген Шаран“ со скопски регистарски ознаки се движат низ воениот објект Криволак и при преглед било утврдено дека во возилото има метал – детектори и скенер за вршење археолошки истражувања, како и алат за вршење ископ за кои не поседуваат соодветна документација, објави МВР во дневниот билтен.

За кривичното дело за кое се осомничени тројцата пријавени, предвидена е парична казна или затвор во траење до три години.

The post Сомнителни лица фатени како го меркаат Криволак appeared first on Република.

Се разгоре пожарот на Серта, зад Криволак https://republika.mk/vesti/makedonija/se-razgore-pozharot-na-serta-zad-krivolak/ Sun, 28 Jul 2024 15:49:15 +0000 https://republika.mk/?p=801104

На територија на државата има четири активни пожари, на планината Серта и во општините Македонски Брод, Кратово и Старо Нагоричане, информира попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изјави дека повторно се разгоре дел од пожарот на планината Серта, на кракот зад воениот полигон Криволак во правец на реката Брегалница, во атарот на напуштено село Црешка. Со пожарот е зафатена поголема површина, а горат трева и грмушки и постои опасност пожарот да премине од другата страна на реката.

- Од тие причини на локалните пожарникари, кои го гаснат овој пожар и на десетина ловци од Ловечкото друштво од Штип, денеска како засилување испраќаме 25 припадници на Единицата за брзо распоредување на МВР, а околу 15 часот со дејство ќе почнат и два „ер трактора“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Наша цел е денеска повторно да го ставиме под контрола овој пожар, кој зафаќа сува вегетација, потенцира Ангелов, додавајќи ветерот прави дополнителни проблеми.

Директорот на ЦУК информира дека веќе неколку дена има пожар во општина Македонски Брод, кај ловиштето Јасен, кој е делумно под контрола и во неговото гаснење се вклучени вработени во ЈП „Јасен“.

- Во текот на денешниот ден изби уште еден пожар на територија на Кратово, во атарот на село Татомир. Во гаснењето се вклучени локални пожарникари со тим од „Национали шуми“. Четвртиот пожар е на територија на општина Старо Нагоричане, во атарот на село Степанце. На локалните пожарникари им помага и месното население, изјави Ангелов.

The post Се разгоре пожарот на Серта, зад Криволак appeared first on Република.

]]>

На територија на државата има четири активни пожари, на планината Серта и во општините Македонски Брод, Кратово и Старо Нагоричане, информира попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК). Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изјави дека повторно се разгоре дел од пожарот на планината Серта, на кракот зад воениот полигон Криволак во правец на реката Брегалница, во атарот на напуштено село Црешка. Со пожарот е зафатена поголема површина, а горат трева и грмушки и постои опасност пожарот да премине од другата страна на реката.
- Од тие причини на локалните пожарникари, кои го гаснат овој пожар и на десетина ловци од Ловечкото друштво од Штип, денеска како засилување испраќаме 25 припадници на Единицата за брзо распоредување на МВР, а околу 15 часот со дејство ќе почнат и два „ер трактора“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Наша цел е денеска повторно да го ставиме под контрола овој пожар, кој зафаќа сува вегетација, потенцира Ангелов, додавајќи ветерот прави дополнителни проблеми.
Директорот на ЦУК информира дека веќе неколку дена има пожар во општина Македонски Брод, кај ловиштето Јасен, кој е делумно под контрола и во неговото гаснење се вклучени вработени во ЈП „Јасен“.
- Во текот на денешниот ден изби уште еден пожар на територија на Кратово, во атарот на село Татомир. Во гаснењето се вклучени локални пожарникари со тим од „Национали шуми“. Четвртиот пожар е на територија на општина Старо Нагоричане, во атарот на село Степанце. На локалните пожарникари им помага и месното население, изјави Ангелов.

The post Се разгоре пожарот на Серта, зад Криволак appeared first on Република.

]]>
Министерство за одбрана: Нема опасност од пожарите за армиските инфраструктурни објекти на Криволак https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ministerstvo-za-odbrana-nema-opasnost-od-pozharite-za-armiskite-infrastrukturni-objekti-na-krivolak/ Thu, 18 Jul 2024 19:45:13 +0000 https://republika.mk/?p=798214

Во врска со појавените информации во одредени медиуми и социјални мрежи, во врска со пожарите кои се појавија на реонот на Армискиот Полигон Криволак, со цел транспарентно и вистинито информирање, Генералштабот на Армијата информира дека во текот на попладневните часови на Армискиот Полигон Криволак имаше опожарени стари дотраени објекти кои не се од критично значење и се користени како помошни простории за време на логорувања.

Сите армиски инфраструктурни објекти од посебно значење се безбедни и обезбедени согласно проценките и истите согласно армиските процедури имаат дополнително инженериско уредени безбедносни противпожарни појаси во потребна широчина од повеќе десетина метри.

Од страна на армиските припадници кои се на терен се локализирани краци на пожарите кои може да бидат потенцијално загрозувачки за инфраструктурни објекти од посебно значење.

Исто така во рамки на командата на полигонот има доволнен број на противпожарни средства и опрема, како и персонал во постојана готовност за навремено ангажирање за спречување на опожарување на секој објект од посебно значење.

При ангажирањето во гасење на пожарите се почитуваат сите безбедносни процедури за припадниците на армијата и се преземаат сите пропишани мерки за безбедност и лична заштита, велат од Канцеларијата за воени односи со јавноста.

The post Министерство за одбрана: Нема опасност од пожарите за армиските инфраструктурни објекти на Криволак appeared first on Република.

]]>

Во врска со појавените информации во одредени медиуми и социјални мрежи, во врска со пожарите кои се појавија на реонот на Армискиот Полигон Криволак, со цел транспарентно и вистинито информирање, Генералштабот на Армијата информира дека во текот на попладневните часови на Армискиот Полигон Криволак имаше опожарени стари дотраени објекти кои не се од критично значење и се користени како помошни простории за време на логорувања. Сите армиски инфраструктурни објекти од посебно значење се безбедни и обезбедени согласно проценките и истите согласно армиските процедури имаат дополнително инженериско уредени безбедносни противпожарни појаси во потребна широчина од повеќе десетина метри. Од страна на армиските припадници кои се на терен се локализирани краци на пожарите кои може да бидат потенцијално загрозувачки за инфраструктурни објекти од посебно значење. Исто така во рамки на командата на полигонот има доволнен број на противпожарни средства и опрема, како и персонал во постојана готовност за навремено ангажирање за спречување на опожарување на секој објект од посебно значење. При ангажирањето во гасење на пожарите се почитуваат сите безбедносни процедури за припадниците на армијата и се преземаат сите пропишани мерки за безбедност и лична заштита, велат од Канцеларијата за воени односи со јавноста.

The post Министерство за одбрана: Нема опасност од пожарите за армиските инфраструктурни објекти на Криволак appeared first on Република.

]]>
Пожар кај Пепелиште без контрола се шири во близина на патот Неготино – Штип https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pozhar-kaj-pepelishte-bez-kontrola-se-shiri-vo-blizina-na-patot-negotino-shtip/ Wed, 10 Jul 2024 15:55:50 +0000 https://republika.mk/?p=795484

Во текот на денот, околу 10.30 часот избувнал пожар на отворено во атарот на с. Пепелиште, во близина на армискиот камп за обука Пепелиште кој е составен дел на армискиот полигон Криволак. Како што информираат од ЦУК, по неуспешниот обид од страна на питомците пожарот да биде ставен под контрола, тој се проширил и се движи во насока кон сртот на Конечка планина (планина Серта) од десната страна на регионалниот пат Неготино - Штип.

Линијата на фронтот на пожарот е подолга од еден километар. Во овој момент не е загрозено населено место ниту има таква тенденција, но пожарот се движи кон два далеководи од кои едниот од 410 киловолти се исклучил самиот а другиот од 110 киловолти е се уште во функција.

Ветрот кој постојано дува менувајќи го правецот дополнително го отежнува гаснењето на пожарот.

Горат носкостеблести растенија, но и мешана шума вклучително и мешана зимзелена шума. Поради сериозноста на пожарот полицискиот хеликоптер кој учествуваше во гаснењето на пожарот кај Велес е пренасочен и веќе почна со дејство врз пожарот кај Пепелиште.

Останатите два полициски хеликоптери се на редовен сервис, едниот ќе биде функционален после понеделник додека вториот кон крајот на август.

Армискиот хеликоптер е ангажиран на редовни армиски задачи во Охрид и нема доволно време истиот да се пренасочи во Скопје, да наполни гориво, да закачи ведро и да се упати кон Пепелиште.

Трите „Ер трактори“ се нефункционални поради недостаток на пилоти, проблем кој се очекува да биде надминат на следната владина седница.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-koj-da-leta-so-er-traktorite-na-dzs-plata-od-300-000-denari-e-uslov-za-vrakane-na-dvajtsata-obucheni-piloti-od-penzija/

Во гаснењето на пожарот учествуваат пожарникари од ТППЕ Неготино, ТППЕ Кавадарци а во секој момент ќе им се придружат и нивните колеги од Штип како и вработени од Национални Шуми. Воедно во гаснењето се вклучени и вработени од ЈКП Неготино.

Чадот од пожарот се чувствува и во Неготино.

Доколку денеска пожарот не биде изгаснат или ставен под контрола, гаснењето ќе продолжи рано наутро со еден полициски и еден армиски хеликоптер и поголем број на пожарникари.

За секоја промена на терен ќе следи навремена информација.

The post Пожар кај Пепелиште без контрола се шири во близина на патот Неготино – Штип appeared first on Република.

]]>

Во текот на денот, околу 10.30 часот избувнал пожар на отворено во атарот на с. Пепелиште, во близина на армискиот камп за обука Пепелиште кој е составен дел на армискиот полигон Криволак. Како што информираат од ЦУК, по неуспешниот обид од страна на питомците пожарот да биде ставен под контрола, тој се проширил и се движи во насока кон сртот на Конечка планина (планина Серта) од десната страна на регионалниот пат Неготино - Штип. Линијата на фронтот на пожарот е подолга од еден километар. Во овој момент не е загрозено населено место ниту има таква тенденција, но пожарот се движи кон два далеководи од кои едниот од 410 киловолти се исклучил самиот а другиот од 110 киловолти е се уште во функција. Ветрот кој постојано дува менувајќи го правецот дополнително го отежнува гаснењето на пожарот. Горат носкостеблести растенија, но и мешана шума вклучително и мешана зимзелена шума. Поради сериозноста на пожарот полицискиот хеликоптер кој учествуваше во гаснењето на пожарот кај Велес е пренасочен и веќе почна со дејство врз пожарот кај Пепелиште. Останатите два полициски хеликоптери се на редовен сервис, едниот ќе биде функционален после понеделник додека вториот кон крајот на август. Армискиот хеликоптер е ангажиран на редовни армиски задачи во Охрид и нема доволно време истиот да се пренасочи во Скопје, да наполни гориво, да закачи ведро и да се упати кон Пепелиште. Трите „Ер трактори“ се нефункционални поради недостаток на пилоти, проблем кој се очекува да биде надминат на следната владина седница. https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-koj-da-leta-so-er-traktorite-na-dzs-plata-od-300-000-denari-e-uslov-za-vrakane-na-dvajtsata-obucheni-piloti-od-penzija/ Во гаснењето на пожарот учествуваат пожарникари од ТППЕ Неготино, ТППЕ Кавадарци а во секој момент ќе им се придружат и нивните колеги од Штип како и вработени од Национални Шуми. Воедно во гаснењето се вклучени и вработени од ЈКП Неготино. Чадот од пожарот се чувствува и во Неготино. Доколку денеска пожарот не биде изгаснат или ставен под контрола, гаснењето ќе продолжи рано наутро со еден полициски и еден армиски хеликоптер и поголем број на пожарникари. За секоја промена на терен ќе следи навремена информација.

The post Пожар кај Пепелиште без контрола се шири во близина на патот Неготино – Штип appeared first on Република.

]]>
Mу се слошило на Криволак: Почина припадник на АРМ https://republika.mk/vesti/makedonija/mu-se-sloshilo-na-krivolak-pochiina-pripadnik-na-arm/ Thu, 20 Jun 2024 06:31:50 +0000 https://republika.mk/?p=789190

Професионалниот војник А.Ј. (25) починал синоќа околу 23:15 часот во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ, соопшти утрово Генералштабот на Армијата на Република Македонија. Професионалниот војник бил еден од кандидатите кои го посетуваа селективниот курс за баталјонот за специјални сили кој се одвива изминатите дваесетина денови на Армискиот Полигон „Криволак“.

Како што наведуваат од ГШ, на самиот завршеток на изведувањето на последната дисциплина од селективниот курс, марш на долго растојание во касните попладневни часови, по 18,30 часот, без претходни видни знаци, на професионалниот војник моментално му се слошило по што паднал во безсознание.

Веднаш, со армиско болничко возило и придружба на воен лекар кои се постојано присутни на активностите на селективниот курс е однесен во најблиската здравствена установа, во случајот здравствениот дом во Неготино, по што веднаш по направените интервентни испитувања е упатен со болничко возило кон Клиниката-Карил во Скопје, каде по пристигнувањето од страна на персоналот е пристапило кон преземање на сите мерки за реанимација, но по кратко време е констатирана смрт.

Насоки за понатамошна постапка и утврдување на околностите под кои настанал несреќниот случај во текот на ноќните часови се дадени од страна на јавен обвинител кој ќе ја води понатамошната истражна постапка.

Официјалниот извештај за причините поради кои настанала смртта кај армискиот припадник ќе бидат соопштени по извршена обдукција од страна на Институтот за судска медицина во Скопје, по што јавноста ќе биде благовремено информирана.

Починатиот армиски припадник, го почнал 24 дневниот селективен курс во добра здравствена состојба и одлична физичка подготвеност. за цело време на предвидените активности на курсот, нагалсуваат од ГШ на Армијата

The post Mу се слошило на Криволак: Почина припадник на АРМ appeared first on Република.

]]>

Професионалниот војник А.Ј. (25) починал синоќа околу 23:15 часот во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ, соопшти утрово Генералштабот на Армијата на Република Македонија. Професионалниот војник бил еден од кандидатите кои го посетуваа селективниот курс за баталјонот за специјални сили кој се одвива изминатите дваесетина денови на Армискиот Полигон „Криволак“. Како што наведуваат од ГШ, на самиот завршеток на изведувањето на последната дисциплина од селективниот курс, марш на долго растојание во касните попладневни часови, по 18,30 часот, без претходни видни знаци, на професионалниот војник моментално му се слошило по што паднал во безсознание. Веднаш, со армиско болничко возило и придружба на воен лекар кои се постојано присутни на активностите на селективниот курс е однесен во најблиската здравствена установа, во случајот здравствениот дом во Неготино, по што веднаш по направените интервентни испитувања е упатен со болничко возило кон Клиниката-Карил во Скопје, каде по пристигнувањето од страна на персоналот е пристапило кон преземање на сите мерки за реанимација, но по кратко време е констатирана смрт. Насоки за понатамошна постапка и утврдување на околностите под кои настанал несреќниот случај во текот на ноќните часови се дадени од страна на јавен обвинител кој ќе ја води понатамошната истражна постапка. Официјалниот извештај за причините поради кои настанала смртта кај армискиот припадник ќе бидат соопштени по извршена обдукција од страна на Институтот за судска медицина во Скопје, по што јавноста ќе биде благовремено информирана. Починатиот армиски припадник, го почнал 24 дневниот селективен курс во добра здравствена состојба и одлична физичка подготвеност. за цело време на предвидените активности на курсот, нагалсуваат од ГШ на Армијата

The post Mу се слошило на Криволак: Почина припадник на АРМ appeared first on Република.

]]>
Поради настаните на северот: Косовските војници се исфрлени од воена вежба која се одржува и во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/poradi-nastanite-na-severot-kosovskite-vojnitsi-se-isfrleni-od-voena-vezhba-koja-se-odrzhuva-i-vo-makedonija/ Wed, 31 May 2023 05:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=646304

Косовоските војници се исфрлени од воената вежба која во моментов се се одржува во Македонија на полигонот Криволак и тоа е прва мерка за случувањата на северот , објавуваат српските медиуми.

Во периодот од 22 мај до 2 јуни на армискиот полигон „Криволак“ се реализира вежбата „Брз одговор 23“ којашто е дел од најголемата мултинационална вежба во Европа оваа година „Defender Europe 23”.

Околу 1 850 припадници на четири НАТО армии - САД, Македонија, Албанија и Црна Гора, како и една земја партнер, Косово.

Покрај исклучуваето од воената вежба, САД се заканија дека ќе престанат да лобираат за независно Косово а ги забрани и ппосетите на косовските власти во Вашингтон.

The post Поради настаните на северот: Косовските војници се исфрлени од воена вежба која се одржува и во Македонија appeared first on Република.

]]>

Косовоските војници се исфрлени од воената вежба која во моментов се се одржува во Македонија на полигонот Криволак и тоа е прва мерка за случувањата на северот , објавуваат српските медиуми. Во периодот од 22 мај до 2 јуни на армискиот полигон „Криволак“ се реализира вежбата „Брз одговор 23“ којашто е дел од најголемата мултинационална вежба во Европа оваа година „Defender Europe 23”. Околу 1 850 припадници на четири НАТО армии - САД, Македонија, Албанија и Црна Гора, како и една земја партнер, Косово. Покрај исклучуваето од воената вежба, САД се заканија дека ќе престанат да лобираат за независно Косово а ги забрани и ппосетите на косовските власти во Вашингтон.  

The post Поради настаните на северот: Косовските војници се исфрлени од воена вежба која се одржува и во Македонија appeared first on Република.

]]>
Петровска и Агелер на вежба со американкските хеликоптери „Блек хок“ на Криволак https://republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-i-ageler-na-vezhba-so-amerikankskite-helikopteri-blek-hok-na-krivolak/ Fri, 10 Mar 2023 16:04:16 +0000 https://republika.mk/?p=618234

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД, Анџела Агелер го посетија армискиот полигон „Криволак“, каде се изведе вежба со хеликоптери од типот „Блек Хоук“ на копнените сили на САД, поддржани од припадници на Армијата на Македонијa.

Министерката Петровска изрази задоволство што во изминатиот период полигонот Криволак се користи од страна на армиите на сојузничките земји и партнери, со што се покажува дека секоја инвестиција која што е направена во полигонот е оправдана.

Денеска заедно со амбасадорката Агелер сме дел од активностите кои се  составен дел на обуката за блиска воздушна поддршка со воздухопловите „Блек Хоук“. Минатата година за само шест месеци одржани се 10 повеќедневни вежбовни активности на сојузничките армии и на партнерите од НАТО, а нашата Армија се разбира секој месец по неколку пати во текот на месецот ги извршува своите редовни вежбовни активности, меѓутоа и обуките на нашите припадници. Ова покажува дека секоја инвестиција која што е направена во тренинг центарот Криволак е оправдана и затоа сакам особена благодарност да изразам и до нашите партнери. Сојузништвото всушност е токму и тоа, грижа и поддршка едни со други“, истакна Петровска.

Петровска се заблагодари за поддршката од САД подвлекувајќи дека само во последната година САД ја поддржаа македонската одбрана со 137 милиони долари, наменети за проектите за модернизација и опремување на Армијата.

Американската амбасадорка Агелер подвлече дека Криволак е полигон за обука од светска класа кој нуди одлични услови за извежбување. Таа додаде дека ваквиот тип на обуки ја покажуваат и потврдуваат силата на соработката и партнерството помеѓу САД и Република Македонија.

Денеска се хеликоптерите од типот „Блек Хоук“ минатата недела беа воздухопловите F-18. Секојдневно работиме заедно и развиваме нови начини за соработка, развој на интероперабилноста и зацврстување на безбедноста. Ние ќе продолжиме да помагаме во развојот на овој полигон со цел заеднички со сојузниците да реализираме уште повеќе вежби и обуки“, изјави Агелер.

Обуката за блиска воздушна поддршка со воздухоплов од Копнените сили на САД се реализира во периодот од 5 до 11 март и вклучува два американски хеликоптери „Блек Хоук“.

The post Петровска и Агелер на вежба со американкските хеликоптери „Блек хок“ на Криволак appeared first on Република.

Одобрен престој на странски војници во земјава за обука на „Криволак“ https://republika.mk/vesti/makedonija/odobren-prestoj-na-stranski-vojnici-vo-zemjava-za-obuka-na-krivolak/ Mon, 10 Oct 2022 15:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=559533

Владата денеска на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на државата заради реализирање на обука во блиска воздушна поддршка со воздухоплови на вооружените сили на САД на Армискиот полигон „Криволак“.

Обуката, којашто е предвидено да се реализира на 15, 19 и 21 октомври 2022 година на Армискиот полигон „Криволак“, е во организација на Вооружените сили на САД и има за цел зголемување на интероперабилноста помеѓу НАТО и Република  Македонија, се наведува во соопштението од денешната 89-та владина седница.

The post Одобрен престој на странски војници во земјава за обука на „Криволак“ appeared first on Република.

]]>

Владата денеска на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на државата заради реализирање на обука во блиска воздушна поддршка со воздухоплови на вооружените сили на САД на Армискиот полигон „Криволак“. Обуката, којашто е предвидено да се реализира на 15, 19 и 21 октомври 2022 година на Армискиот полигон „Криволак“, е во организација на Вооружените сили на САД и има за цел зголемување на интероперабилноста помеѓу НАТО и Република  Македонија, се наведува во соопштението од денешната 89-та владина седница.

The post Одобрен престој на странски војници во земјава за обука на „Криволак“ appeared first on Република.

]]>
Американски војници од КФОР вежбаат на „Криволак“ https://republika.mk/vesti/makedonija/amerikanski-vojnici-od-kfor-vezbaat-na-krivolak/ Mon, 22 Aug 2022 07:42:28 +0000 https://republika.mk/?p=542722

Припадници на Вооружените сили (ВС) на САД, кои се дел од мисијата КФОР во Косово, изведуваат обука и гаѓање со два воздухоплови од типот УХ-60 „Блек Хок“, кои се реализираат на армискиот полигон „Криволак“ во периодот од 20 до 26 август.

Овој вид вежбовни активности на АП „Криволак“, на припадниците на Вооружените сили на САД во рамки на мисијата КФОР кои се реализираа и претходно, ги потврдува и промовира можностите кои ги дава овој наш најголем капацитет за изведување вежбовни активности од страна на вооружени сили на странски држави - се вели во соопштението од Генералштабот на Армијата.

Во соопштеието се додава дека претходно, Армискиот полигон Криволак ги исполнил сите побарувања кои ги бараат овој вид на активности, а тоа, како што велат од ГШ, истото се потврдило и со изведување на најголемата воена вежба со воздухоплови „Брз одговор 22“.

Армијата на Република Македонија покрај овозможување на непречено користење на полигоните и стрелиштата на АП „Криволак“, за време на активностите ја овозможи и потребната воено полициска придружба за време на транспорт на припадниците на ВС на САД, и доколку е потребно обезбедува соодветна медицинска и логистичка поддршка на активностите - велат од ГШ на АРМ.

Оттаму додаваат дека активноста се изведува согласно одлуката на 68 седница на Владата, со која е одобрено влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Македонија заради учество на обука во блиска воздушна поддршка со воздухоплови на вооружените сили на Соединетите Американски Држави на Армискиот полигон Криволак.

The post Американски војници од КФОР вежбаат на „Криволак“ appeared first on Република.

Пожарот на Криволак целосно изгаснат, има уште неколку жаришта во општина Василево https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pozarot-na-krivolak-celosno-izgasnat-ima-ushte-nekolku-zarishta-vo-opshtina-vasilevo/ Thu, 28 Jul 2022 17:29:59 +0000 https://republika.mk/?p=534363

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, за МИА информира дека пожарот што го зафати армискиот полигон Криволак е целосно изгаснат. Во текот на ноќта врнел силен дожд кој целосно го изгаснал пожарот, додека пожарот меѓу селата Владиевци и Требичино во општина Василево во текот на ноќта го намалил својот интензитет.

Ангелов посочи дека од рано изутрината има уште седум-осум жаришта, каде што се гледа чад, но нема активно горење.

На терен се присутни 27 лица, од кои 15 лица од општина Василево, осум лица од тим на Дирекцијата за заштита и спасување и четири лица од Национални шуми Беласица. Тие се обидуваат да ги изгаснат овие осум точки кои иако не горат, со зголемувањето на температурата во текот на денот можат да почнат да горат и да го продолжат пожарот понатаму - додаде Ангелов.

The post Пожарот на Криволак целосно изгаснат, има уште неколку жаришта во општина Василево appeared first on Република.

]]>

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, за МИА информира дека пожарот што го зафати армискиот полигон Криволак е целосно изгаснат. Во текот на ноќта врнел силен дожд кој целосно го изгаснал пожарот, додека пожарот меѓу селата Владиевци и Требичино во општина Василево во текот на ноќта го намалил својот интензитет. Ангелов посочи дека од рано изутрината има уште седум-осум жаришта, каде што се гледа чад, но нема активно горење.
На терен се присутни 27 лица, од кои 15 лица од општина Василево, осум лица од тим на Дирекцијата за заштита и спасување и четири лица од Национални шуми Беласица. Тие се обидуваат да ги изгаснат овие осум точки кои иако не горат, со зголемувањето на температурата во текот на денот можат да почнат да горат и да го продолжат пожарот понатаму - додаде Ангелов.

The post Пожарот на Криволак целосно изгаснат, има уште неколку жаришта во општина Василево appeared first on Република.

]]>
Пожарот кај Криволак е најсериозен, го гаснат два хеликоптера https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pozarot-kaj-krivolak-e-najseriozen-go-gasnat-dva-helikoptera/ Wed, 27 Jul 2022 09:08:51 +0000 https://republika.mk/?p=533710

Три пожари се активни во моментов, но најсериозен е на Криволак, кој утрото повторно се разгоре, и го гаснат два хеликоптера, армиски и полициски, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов во видео обраќање.

Рано утрово пред пет часот извршивме хеликоптерско извидување на пожарите што останаа активни во текот на ноќта. Движејќи се кон активниот пожар во општина Василево, налетавме на нов пожар, за којшто подоцна се утврди дека е подметнат и зафати блиска шума во релативна близина на магистралниот пат Радовиш-Струмица, информираше Ангелов.

Веднаш пријавиле во Територијалната противпожарна единица Радовиш, и екипите со теренско возило итно излегле на терен.

-По неколкучасовна борба со пожарот успеаја да го стават под контрола а набргу потоа и целосно го изгасија, со што спречија овој шумски пожар да се прошири и да предизвика исклучително сериозни проблеми. Затоа што до него се наоѓа и обработливо земјоделско земјиште со различни земјоделски култури, соопшти Ангелов.

Пожарот во општината Василево, на неколку места чадел и се забележувал слаб оган, којшто во моментов полека се разгорува. На местото се екипи од Територијалната противпожарна единица Струмица. Доколку се јави потреба, ќе биде упатен еден хеликоптер, а по потреба и Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување.

-Третиот и би рекол најсериозен е пожарот на армискиот полигон Криволак којшто повторно почна да се разгорува, а утрово го гаснат два хеликоптера, армиски и полициски. Поради слабиот ветер што се појавува и зголемувањето на температурата, пожарот се разгорува. Во текот на денот со хеликоптерите а по потреба и со авионот ќе продолжиме со дејство. Значајно е да напоменам дека армиските магацини што се на неколку километри од линијата на пожарот, се дополнително обезбедени и се апсолутно сигурни, дециден е Ангелов.

The post Пожарот кај Криволак е најсериозен, го гаснат два хеликоптера appeared first on Република.

]]>

Три пожари се активни во моментов, но најсериозен е на Криволак, кој утрото повторно се разгоре, и го гаснат два хеликоптера, армиски и полициски, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов во видео обраќање. Рано утрово пред пет часот извршивме хеликоптерско извидување на пожарите што останаа активни во текот на ноќта. Движејќи се кон активниот пожар во општина Василево, налетавме на нов пожар, за којшто подоцна се утврди дека е подметнат и зафати блиска шума во релативна близина на магистралниот пат Радовиш-Струмица, информираше Ангелов. Веднаш пријавиле во Територијалната противпожарна единица Радовиш, и екипите со теренско возило итно излегле на терен. -По неколкучасовна борба со пожарот успеаја да го стават под контрола а набргу потоа и целосно го изгасија, со што спречија овој шумски пожар да се прошири и да предизвика исклучително сериозни проблеми. Затоа што до него се наоѓа и обработливо земјоделско земјиште со различни земјоделски култури, соопшти Ангелов. Пожарот во општината Василево, на неколку места чадел и се забележувал слаб оган, којшто во моментов полека се разгорува. На местото се екипи од Територијалната противпожарна единица Струмица. Доколку се јави потреба, ќе биде упатен еден хеликоптер, а по потреба и Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување. -Третиот и би рекол најсериозен е пожарот на армискиот полигон Криволак којшто повторно почна да се разгорува, а утрово го гаснат два хеликоптера, армиски и полициски. Поради слабиот ветер што се појавува и зголемувањето на температурата, пожарот се разгорува. Во текот на денот со хеликоптерите а по потреба и со авионот ќе продолжиме со дејство. Значајно е да напоменам дека армиските магацини што се на неколку километри од линијата на пожарот, се дополнително обезбедени и се апсолутно сигурни, дециден е Ангелов.

The post Пожарот кај Криволак е најсериозен, го гаснат два хеликоптера appeared first on Република.

]]>
Реактивиран пожарот на полигонот „Криволак“ и поделен на три краци https://republika.mk/vesti/crna-hronika/reaktiviran-pozarot-na-poligonot-krivolak-i-podelen-na-tri-kraci/ Tue, 26 Jul 2022 21:25:30 +0000 https://republika.mk/?p=533552

Пожарот на армискиот полигон „Криволак“ е реактивиран денеска попладне и поделен на три краци, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи.

Во текот на вчерашниот ден, во утринските часови поради високите температури се случи пожар на отворен простор од пошироки размери во Армискиот воен полигон „Криволак“, Општина Неготино. Од 16.30 часот иако било дејствувано во повеќе наврати од страна на Армијата со поддршка од летала (хеликоптер), пожарот бил локализиран, но не и целосно изгасен, потсетија од ЦУК.

Денеска во 14.45 часот пожарот повторно се реактивирал, разгорел и проширил и веќе се поделил на три краци. Едниот се движел кон селото Пепелиште, Неготинско, вториот во правец на Богослове, штипски регион и третиот во атарот на Армискиот полигон „Криволак“.

Од извршената процена на терен од страна на ТПП Неготино, градоначалникот на Општина Неготино, како и претставници на други релевантни институции кои учествуваат во гасењето на пожарните дејствија, утврдена е потреба од асистенција и воздушна поддршка од летала. Од страна на градоначалникот на Општина Неготино, упатено е барање за хеликоптерска подршка. Центарот за управување со кризи во координација со Министерството за внатрешни работи во 8.00 часот, упатија летало (хеликоптер) од составот на Министерството за внатрешни работи, како поддршка на единиците на ТПП Неготино, ЈКП Неготино, ТПП Штип и Армијата на Република Македонија во гаснењето на пожарот, се наведува во известувањето од ЦУК. свд/сп/

The post Реактивиран пожарот на полигонот „Криволак“ и поделен на три краци appeared first on Република.

Нема опасност од ширење на пожарот на Криволак, сите армиски инфраструктурни објекти се безбедни https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nema-opasnost-od-shirenje-na-pozarot-na-krivolak-site-armiski-infrastrukturni-objekti-se-bezbedni/ Mon, 25 Jul 2022 19:22:37 +0000 https://republika.mk/?p=533122

Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата информираa дека попладнево со еден армиски хеликоптер МИ-8/17 и исфрлени пет тони вода, се интервенираше во локализирање на пожарот кој е присутен во околината на Армискиот полигон „Криволак“, поточно на неговиот краен источен дел во близина на месноста „Орлово брдо“.

Како што наведуваат од Министерството за одбрана и од ГШ, во моментот пожарот е со мал интензитет со линија на протегање од 700-800 метри и поради слабиот интензитет на ветрот нема зафатено поголема површина на западната страна на „Орлово брдо“.

Армиските и инфраструктурни објекти од особено значење се на безбедно растојание од 5-7 километри воздушна линија од локацијата на пожарот и тие согласно армиските процедури дополнително се обезбедени и со инженериско уредени безбедносни противпожарни појаси во потребна широчина согласно проценките.

Армискиот хеликоптер кој дејствуваше во координација со припадниците на Армијата од АП Криволак доколку има потреба ќе интервенира утре во раните утрински часови.

Во текот на денешниот ден во утринските часови со пилотите од воздухопловниот ВИНГ интервенирајќи непрекинато 3 часа со исфрлени 42 тони вода во атарот на населеното место Богданци, со што беше спречено да се префрли пожарот кон населени места и помогна истиот да се стави под контрола, стои во соопштението.

The post Нема опасност од ширење на пожарот на Криволак, сите армиски инфраструктурни објекти се безбедни appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата информираa дека попладнево со еден армиски хеликоптер МИ-8/17 и исфрлени пет тони вода, се интервенираше во локализирање на пожарот кој е присутен во околината на Армискиот полигон „Криволак“, поточно на неговиот краен источен дел во близина на месноста „Орлово брдо“. Како што наведуваат од Министерството за одбрана и од ГШ, во моментот пожарот е со мал интензитет со линија на протегање од 700-800 метри и поради слабиот интензитет на ветрот нема зафатено поголема површина на западната страна на „Орлово брдо“. Армиските и инфраструктурни објекти од особено значење се на безбедно растојание од 5-7 километри воздушна линија од локацијата на пожарот и тие согласно армиските процедури дополнително се обезбедени и со инженериско уредени безбедносни противпожарни појаси во потребна широчина согласно проценките. Армискиот хеликоптер кој дејствуваше во координација со припадниците на Армијата од АП Криволак доколку има потреба ќе интервенира утре во раните утрински часови. Во текот на денешниот ден во утринските часови со пилотите од воздухопловниот ВИНГ интервенирајќи непрекинато 3 часа со исфрлени 42 тони вода во атарот на населеното место Богданци, со што беше спречено да се префрли пожарот кон населени места и помогна истиот да се стави под контрола, стои во соопштението.

The post Нема опасност од ширење на пожарот на Криволак, сите армиски инфраструктурни објекти се безбедни appeared first on Република.

]]>
Голем пожар на стариот АБХ полигон во Криволак- се бара хеликоптер поради непристапен терен https://republika.mk/vesti/crna-hronika/golem-pozar-na-stariot-abh-poligon-vo-krivolak-se-bara-helikopter-poradi-nepristapen-teren/ Mon, 25 Jul 2022 14:38:10 +0000 https://republika.mk/?p=533015

Според информацијата добиена од од противпожарната служба во Неготино, пријавен е пожар од поголем обем на полигонот Криволак.

Пожарот избувнал на стариот АБХ полигон на непристапен терен, најверојатно во ноќните часови. За пожарот којшто е од поголем обем се известени и надредените во АРМ по што е побарано интервенција со хеликоптер заради непристапниот терен.

Засега нема интервенција на истиот затоа што противпожарните служби не можат да пристапат до теренот, известуваат од ЦУК.

The post Голем пожар на стариот АБХ полигон во Криволак- се бара хеликоптер поради непристапен терен appeared first on Република.

]]>

Според информацијата добиена од од противпожарната служба во Неготино, пријавен е пожар од поголем обем на полигонот Криволак. Пожарот избувнал на стариот АБХ полигон на непристапен терен, најверојатно во ноќните часови. За пожарот којшто е од поголем обем се известени и надредените во АРМ по што е побарано интервенција со хеликоптер заради непристапниот терен. Засега нема интервенција на истиот затоа што противпожарните служби не можат да пристапат до теренот, известуваат од ЦУК.

The post Голем пожар на стариот АБХ полигон во Криволак- се бара хеликоптер поради непристапен терен appeared first on Република.

]]>
Српски медиуми за „Брз одговор 22“ на Криволак: НАТО тренира во Македонија во случај кризата од Украина да се прелее на Балканот https://republika.mk/vesti/makedonija/srpski-mediumi-za-brz-odgovor-22-na-krivolak-nato-trenira-vo-makedonija-vo-sluchaj-krizata-od-ukraina-da-se-prelee-na-balkanot/ Tue, 10 May 2022 17:44:39 +0000 https://republika.mk/?p=500666

Голема воена вежба во која учествуваат околу 4.600 американски и сојузнички сили започнува во четврток, 12 мај, на полигонот Криволак во Македонија, и има за цел да ги тестира силите на НАТО во случај украинската криза да се прелее на Балканот или во Источна Европа, пренесуваат медиумите во соседството.

Според порталот „Балканска безбедносна мрежа“, вежбата наречена „Брз одговор 22“ започнува со слетување на засилен баталјон од американската 173. падобранска бригада на Криволак.

На вежбата, како што анализираат, освен американски војници, ќе учествуваат и припадници на вооружените сили на Македонија, Велика Британија, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија и Грција.

„Сенката на војната во Украина е силна и повеќе нема политички еуфемизми во објаснувањата за сценаријата на вежбата. Јасно е дека ова е проверка на НАТО во случај да треба да се вклучи на Балканот или на истокот“, се вели во текстот објавен во српските медиуми.

Предвидено е ангажирање на 45 авиони и хеликоптери, околу 1.800 падобранци и заштита на борбени авиони.

Порталот додава дека централно место на вежбата е полигонот Криволак, бидејќи е уреден за обука во услови блиски до војна. На тој простор покрај слетувањето ќе биде прикажана и директна воздушна поддршка, пренесуваат српските медиуми.

Анализираат дека на вежбата ќе учествуваат американски авиони А-10 од Националната гарда на Мериленд, а на аеродромот Петровец пристигнаа хеликоптери „Chinook“ и „Black Hawk“ од Америка и „Apache“ од Велика Британија.

Во написот се додава дека вежбата ќе трае до 20 мај и е дел од меѓународната вежба организирана под истото име оваа пролет во арктичките, балтичките и балканските региони.

The post Српски медиуми за „Брз одговор 22“ на Криволак: НАТО тренира во Македонија во случај кризата од Украина да се прелее на Балканот appeared first on Република.

]]>

Голема воена вежба во која учествуваат околу 4.600 американски и сојузнички сили започнува во четврток, 12 мај, на полигонот Криволак во Македонија, и има за цел да ги тестира силите на НАТО во случај украинската криза да се прелее на Балканот или во Источна Европа, пренесуваат медиумите во соседството.
Според порталот „Балканска безбедносна мрежа“, вежбата наречена „Брз одговор 22“ започнува со слетување на засилен баталјон од американската 173. падобранска бригада на Криволак.
  На вежбата, како што анализираат, освен американски војници, ќе учествуваат и припадници на вооружените сили на Македонија, Велика Британија, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија и Грција. „Сенката на војната во Украина е силна и повеќе нема политички еуфемизми во објаснувањата за сценаријата на вежбата. Јасно е дека ова е проверка на НАТО во случај да треба да се вклучи на Балканот или на истокот“, се вели во текстот објавен во српските медиуми.
Предвидено е ангажирање на 45 авиони и хеликоптери, околу 1.800 падобранци и заштита на борбени авиони. Порталот додава дека централно место на вежбата е полигонот Криволак, бидејќи е уреден за обука во услови блиски до војна. На тој простор покрај слетувањето ќе биде прикажана и директна воздушна поддршка, пренесуваат српските медиуми. Анализираат дека на вежбата ќе учествуваат американски авиони А-10 од Националната гарда на Мериленд, а на аеродромот Петровец пристигнаа хеликоптери „Chinook“ и „Black Hawk“ од Америка и „Apache“ од Велика Британија.
Во написот се додава дека вежбата ќе трае до 20 мај и е дел од меѓународната вежба организирана под истото име оваа пролет во арктичките, балтичките и балканските региони.

The post Српски медиуми за „Брз одговор 22“ на Криволак: НАТО тренира во Македонија во случај кризата од Украина да се прелее на Балканот appeared first on Република.

]]>
Петровска на Криволак: Се подготвува најголемата воена вежба https://republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-na-krivolak-se-podgotvuva-najgolemata-voena-vezba/ Sun, 13 Mar 2022 08:35:00 +0000 https://republika.mk/?p=471958

Министерката за одбрана Славјанка Петровска беше во посета на воениот полигон Криволак.

Заедно со началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, денеска го посетивме полигонот за обука Криволак. Подготовките за најголемата вежба која оваа пролет ќе се одржи тука, “Swift response 22” се одвиваат во најдобар ред, исто како и проектите за развој на Криволак, порача таа на социјалните мрежи.

The post Петровска на Криволак: Се подготвува најголемата воена вежба appeared first on Република.

Криволак прераснува во еден од најдобрите полигони во Европа https://republika.mk/vesti/makedonija/krivolak-prerasnuva-vo-eden-od-najdobrite-poligoni-vo-evropa/ Wed, 05 Jan 2022 14:43:44 +0000 https://republika.mk/?p=441075

Изминатата година инвестиравме во подобрување на севкупните услови за сместување и вежбање на армискиот полигон и со тоа Криволак прераснува не само во домашен, туку пред се во НАТО-капацитет, што ја има амбицијата да биде најдобар во Европа и тоа го говориме и ние, но тоа го говорат и нашите сојузници.

Ова го истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која беше во посета на Криволак заедно генерали од Генералштабот, од Командата за операции и со аташето на САД, потполковник Пит Раул, и најави многу амбициозна година од аспект на изведување на домашни, но и на меѓународни вежби.

Таа информира дека во последниве 10 месеци армиските инженерци пробиле и изградиле 33 километри пат, со што е зголемен капацитетот и атрактивноста на воениот полигон.Појасни дека се инвестира во подобри услови за сместување, во пречистителна станица и целосно нови санитетски јазли, но и во инфраструктура што ќе ги поврзе различните делови на армискиот полигон.

Шекеринска информираше дека во 2022 година Македонија и полигонот Криволак ќе бидат местото каде што ќе се одржува досега најголема воена вожба „Свифт респонс”, во која првпат ќе има и сериозни воздухопловни елементи.

– На вежбата очекуваме учество помеѓу 3,5 до 4 илјади војници и офицери од Армијата на РСМ, но и вооружените сили на САД, на Обединетото Кралство, Франција, Италија, Црна Гора и Албанија, а од нив над илјада падобранци ќе учествуваат во т.н. воздушен десант. Тоа значи дека за првпат ќе имаме комбинација на воздухопловни елементи, голем број на авиони и хеликоптери коишто ќе учествуваат во вежбата,  но и дел на вежбите коишто ќе бидат на копно. Тоа ќе биде дополнителен тест и за нашите логистички капацитети, тоа ќе биде шанса и за домашните логистички компании што се надеваме ќе учествуваат во некои од повиците кои веќе ги стартувавме и ќе покажат дека Македонија од моментот на своето членство не чека, туку дава дополнителни капацитети и покажува конкретни резултати, информираше Шекеринска.

Министерката се заблагодари на Командата за операции, на инжењерискиот баталјон за огромната работа на Криволак, како и на претставниците на САД кои дале сериозна поддршка за визијата за Криволак.

Најави дека во текот на 2022 година токму во Криволак се очекува седум домашни и меѓународни вежби, што во државата, како што рече, ќе донесат некаде над пет илјади припадиници на сојузничките вооружени сили.

Прашана колку всушност е инвестирано во обнова на Криволак и дали оваа година ќе има доволно средства да се реализира се она што е замислено во насока на искористување на потенцијалот, таа одговори дека кога се правел планот за Криволак, точно биле определени  кои интервенции ќе се прават со сопствени сили, а кои интервенции ќе се  прават ангажирајќи дополнителни компании што ќе работат на Криволак.

– И еден голем дел, можеби и најголемиот товар падна на армиските инжењерци каде што практично единствениот трошок којшто го имавме, дополнителен трошок – материјалите што ги користеа и се разбира дневните трошоци коишто ги правеа, што е многу помалку доколку одевме по нормален пат и ангажиравме фирми и организиравме јавни набавки. Сакам да истакнам дека целокупната опрема или потрошен материјал којшто го користевме за изработка на патот за контрукција на целата оваа 33 километарска мрежа беше финансиран преку американската поддршка како дел од нашите заеднички напори да инвестираме во Криволак, така што и тука немавме трошок за домашниот буџет, изјави меѓу другото Шекеринска.

Еден дел од проектите биле работени со користење на средства од буџетот односно санитетските јазли, како и пречистителната станица со која дополнително се намалува ефектот врз животната средина.

– Видовте дека инвестираме во енергетски ефикасни објекти коишто ќе се греат највеќе врз база на соларната енергија, сончевата енергија и со тоа трошоците во иднина ги намалуваме. Сега ако ги соберете, голем дел од инвестицијата беше работен од страна на македонските и американските инженерци и се е тоа работа која што чини пари, но во суштина нема дополнителен трошок.
Веќе почнавме неколку набавки што значат подобрување на условите за сместување во Криволак и јас очекувам тие во текот на 2022 да бидат целосно заокружени и тие се веќе пресметани во буџетот за 2022, рече таа

The post Криволак прераснува во еден од најдобрите полигони во Европа appeared first on Република.

]]>

Изминатата година инвестиравме во подобрување на севкупните услови за сместување и вежбање на армискиот полигон и со тоа Криволак прераснува не само во домашен, туку пред се во НАТО-капацитет, што ја има амбицијата да биде најдобар во Европа и тоа го говориме и ние, но тоа го говорат и нашите сојузници. Ова го истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која беше во посета на Криволак заедно генерали од Генералштабот, од Командата за операции и со аташето на САД, потполковник Пит Раул, и најави многу амбициозна година од аспект на изведување на домашни, но и на меѓународни вежби. Таа информира дека во последниве 10 месеци армиските инженерци пробиле и изградиле 33 километри пат, со што е зголемен капацитетот и атрактивноста на воениот полигон.Појасни дека се инвестира во подобри услови за сместување, во пречистителна станица и целосно нови санитетски јазли, но и во инфраструктура што ќе ги поврзе различните делови на армискиот полигон. Шекеринска информираше дека во 2022 година Македонија и полигонот Криволак ќе бидат местото каде што ќе се одржува досега најголема воена вожба „Свифт респонс”, во која првпат ќе има и сериозни воздухопловни елементи. – На вежбата очекуваме учество помеѓу 3,5 до 4 илјади војници и офицери од Армијата на РСМ, но и вооружените сили на САД, на Обединетото Кралство, Франција, Италија, Црна Гора и Албанија, а од нив над илјада падобранци ќе учествуваат во т.н. воздушен десант. Тоа значи дека за првпат ќе имаме комбинација на воздухопловни елементи, голем број на авиони и хеликоптери коишто ќе учествуваат во вежбата,  но и дел на вежбите коишто ќе бидат на копно. Тоа ќе биде дополнителен тест и за нашите логистички капацитети, тоа ќе биде шанса и за домашните логистички компании што се надеваме ќе учествуваат во некои од повиците кои веќе ги стартувавме и ќе покажат дека Македонија од моментот на своето членство не чека, туку дава дополнителни капацитети и покажува конкретни резултати, информираше Шекеринска. Министерката се заблагодари на Командата за операции, на инжењерискиот баталјон за огромната работа на Криволак, како и на претставниците на САД кои дале сериозна поддршка за визијата за Криволак. Најави дека во текот на 2022 година токму во Криволак се очекува седум домашни и меѓународни вежби, што во државата, како што рече, ќе донесат некаде над пет илјади припадиници на сојузничките вооружени сили. Прашана колку всушност е инвестирано во обнова на Криволак и дали оваа година ќе има доволно средства да се реализира се она што е замислено во насока на искористување на потенцијалот, таа одговори дека кога се правел планот за Криволак, точно биле определени  кои интервенции ќе се прават со сопствени сили, а кои интервенции ќе се  прават ангажирајќи дополнителни компании што ќе работат на Криволак. – И еден голем дел, можеби и најголемиот товар падна на армиските инжењерци каде што практично единствениот трошок којшто го имавме, дополнителен трошок – материјалите што ги користеа и се разбира дневните трошоци коишто ги правеа, што е многу помалку доколку одевме по нормален пат и ангажиравме фирми и организиравме јавни набавки. Сакам да истакнам дека целокупната опрема или потрошен материјал којшто го користевме за изработка на патот за контрукција на целата оваа 33 километарска мрежа беше финансиран преку американската поддршка како дел од нашите заеднички напори да инвестираме во Криволак, така што и тука немавме трошок за домашниот буџет, изјави меѓу другото Шекеринска. Еден дел од проектите биле работени со користење на средства од буџетот односно санитетските јазли, како и пречистителната станица со која дополнително се намалува ефектот врз животната средина. – Видовте дека инвестираме во енергетски ефикасни објекти коишто ќе се греат највеќе врз база на соларната енергија, сончевата енергија и со тоа трошоците во иднина ги намалуваме. Сега ако ги соберете, голем дел од инвестицијата беше работен од страна на македонските и американските инженерци и се е тоа работа која што чини пари, но во суштина нема дополнителен трошок. Веќе почнавме неколку набавки што значат подобрување на условите за сместување во Криволак и јас очекувам тие во текот на 2022 да бидат целосно заокружени и тие се веќе пресметани во буџетот за 2022, рече таа

The post Криволак прераснува во еден од најдобрите полигони во Европа appeared first on Република.

]]>