Според информацијата добиена од од противпожарната служба во Неготино, пријавен е пожар од поголем обем на полигонот Криволак.

Пожарот избувнал на стариот АБХ полигон на непристапен терен, најверојатно во ноќните часови. За пожарот којшто е од поголем обем се известени и надредените во АРМ по што е побарано интервенција со хеликоптер заради непристапниот терен.

Засега нема интервенција на истиот затоа што противпожарните служби не можат да пристапат до теренот, известуваат од ЦУК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.