Крешник Бектеши Archives - Република https://republika.mk/tema/kreshnik-bekteshi/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Jul 2024 09:22:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Крешник Бектеши Archives - Република https://republika.mk/tema/kreshnik-bekteshi/ 32 32 ДУИ за кривичната на Бектеши: Ова е отворен обид за политичка одмазда кон партијата https://republika.mk/vesti/makedonija/dui-za-krivichnata-na-bekteshi-ova-e-otvoren-obid-za-politichka-odmazda-kon-partijata/ Mon, 29 Jul 2024 09:22:08 +0000 https://republika.mk/?p=801245

Демократската унија за интеграција денеска реагираше на поднесената кривична пријава против поранешниот министер за економија Крешник Бектеши за кривично дело „попречување на правдата“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mu-se-zakanuval-na-politsiski-nachalnik-krivichna-prijava-za-kreshnik-bekteshi/

Од ДУИ, ваквите обвинувања ги квалификуваат како неосновани кои имаат за цел дискредитација на партијата и нивните претставници.

- Демократската унија за интеграција ги осудува политички мотивираниот „лов на вештерки“ кој е насочен кон нашиот поранешен министер за економија, Крешник Бектеши, и ДУИ како политичка организација. Неоснованите обвинувања за „попречување на правдата“ против него се последните во серија неосновани обвинувања и закани кои имаат за цел дискредитација на нашата партија и нејзините претставници. Во текот на минатиот месец се соочивме со бројни закани за животите на нашите пратеници и партиски функционери, покрај дневните лажни клевети, стои во реакцијата од ДУИ.

Овие дејствија, според ДУИ, се јасен обид на Владата да го одвлече вниманието на јавноста од своите, како што велат, катастрофални неуспеси и да го заплаши албанскиот граѓанин, кој со право е огорчен од брзото влошување на неговата позиција од формирањето на оваа влада.

- Ова е отворен обид за политичка одмазда кон партијата која го институционализираше достоинството на албанскиот народ во оваа земја и да го замолкне гласот на албанскиот народ со враќање на заробената држава. Јасно е дека владата со моноетнички легитимитет се обидува да ја прикрие својата неспособност и лошото управување напаѓајќи ги политичките противници. Остануваме решителни и нема да бидеме исплашени од овие кукавички тактики, велат од ДУИ.

Оттаму ја повикуваат меѓународната заедница и медиумите да ги следат ваквите настани.

- Ја повикуваме меѓународната заедница, медиумите и граѓанското општество да ги следат одблизу овие настани и да ја држат владата одговорна за своите дејствија, велат од ДУИ.

Во МВР билтенот од 25 јули беше наведено дека СВР Охрид има поднесено кривична пријава против 39-годишен жител на Кичево за кривично дело „попречување на правдата“. Во Билтенот се наведени иницијалите, а дел од медиумите објавија дека се работи за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши.

-СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Б.(39) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. На 07.05.2024, пријавениот од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР Охрид со која коментирал преземање на законски полициски мерки и истражни дејствија поврзани со кривично дело по член 149 од Кривичниот законик и член 190 став 2 од Изборниот законик, се наведува во МВР Билтенот

The post ДУИ за кривичната на Бектеши: Ова е отворен обид за политичка одмазда кон партијата appeared first on Република.

]]>

Демократската унија за интеграција денеска реагираше на поднесената кривична пријава против поранешниот министер за економија Крешник Бектеши за кривично дело „попречување на правдата“. https://republika.mk/vesti/makedonija/mu-se-zakanuval-na-politsiski-nachalnik-krivichna-prijava-za-kreshnik-bekteshi/ Од ДУИ, ваквите обвинувања ги квалификуваат како неосновани кои имаат за цел дискредитација на партијата и нивните претставници.
- Демократската унија за интеграција ги осудува политички мотивираниот „лов на вештерки“ кој е насочен кон нашиот поранешен министер за економија, Крешник Бектеши, и ДУИ како политичка организација. Неоснованите обвинувања за „попречување на правдата“ против него се последните во серија неосновани обвинувања и закани кои имаат за цел дискредитација на нашата партија и нејзините претставници. Во текот на минатиот месец се соочивме со бројни закани за животите на нашите пратеници и партиски функционери, покрај дневните лажни клевети, стои во реакцијата од ДУИ.
Овие дејствија, според ДУИ, се јасен обид на Владата да го одвлече вниманието на јавноста од своите, како што велат, катастрофални неуспеси и да го заплаши албанскиот граѓанин, кој со право е огорчен од брзото влошување на неговата позиција од формирањето на оваа влада.
- Ова е отворен обид за политичка одмазда кон партијата која го институционализираше достоинството на албанскиот народ во оваа земја и да го замолкне гласот на албанскиот народ со враќање на заробената држава. Јасно е дека владата со моноетнички легитимитет се обидува да ја прикрие својата неспособност и лошото управување напаѓајќи ги политичките противници. Остануваме решителни и нема да бидеме исплашени од овие кукавички тактики, велат од ДУИ.
Оттаму ја повикуваат меѓународната заедница и медиумите да ги следат ваквите настани. - Ја повикуваме меѓународната заедница, медиумите и граѓанското општество да ги следат одблизу овие настани и да ја држат владата одговорна за своите дејствија, велат од ДУИ. Во МВР билтенот од 25 јули беше наведено дека СВР Охрид има поднесено кривична пријава против 39-годишен жител на Кичево за кривично дело „попречување на правдата“. Во Билтенот се наведени иницијалите, а дел од медиумите објавија дека се работи за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши.
-СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Б.(39) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. На 07.05.2024, пријавениот од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР Охрид со која коментирал преземање на законски полициски мерки и истражни дејствија поврзани со кривично дело по член 149 од Кривичниот законик и член 190 став 2 од Изборниот законик, се наведува во МВР Билтенот

The post ДУИ за кривичната на Бектеши: Ова е отворен обид за политичка одмазда кон партијата appeared first on Република.

]]>
Mу се заканувал на полициски началник: Кривична пријава за Крешник Бектеши https://republika.mk/vesti/makedonija/mu-se-zakanuval-na-politsiski-nachalnik-krivichna-prijava-za-kreshnik-bekteshi/ Mon, 29 Jul 2024 08:05:29 +0000 https://republika.mk/?p=801219

Во дневниот билтен на МВР, за 25 јули 2024 година пишува дека 39-годишен кичевчанец е осомничен за кривично дело „попречување на правдата“, извршено ден пред парламентарните избори.

Според информациите кои ги објави Телма, осомничениот е поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, кој е обвинет за сериозно дело со минимална казна од 1 година затвор и максимална која може да достигне до доживотен затвор во случај на сериозни последици.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Б.(39) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. На 07.05.2024, пријавениот од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР Охрид со која коментирал преземање на законски полициски мерки и истражни дејствија поврзани со кривично дело по член 149 од Кривичниот законик и член 190 став 2 од Изборниот законик“,-наведува МВР.

The post Mу се заканувал на полициски началник: Кривична пријава за Крешник Бектеши appeared first on Република.

Бектеши: До крајот на неделата лидерот на ДУИ ќе ги обелодени чекорите што ќе бидат преземени за спречување на мајоризацијата https://republika.mk/vesti/makedonija/bekteshi-do-krajot-na-nedelata-liderot-na-dui-ke-gi-obelodeni-chekorite-shto-ke-bidat-prezemeni-za-sprechuvane-na-majorizatsijata/ Thu, 30 May 2024 20:33:14 +0000 https://republika.mk/?p=783316

Крешник Бектеши, член на ДУИ и министер за економија, вечерва најави дека лидерот на партијата Али Ахмети до крајот на неделата ќе ги обелодени чекорите што ќе бидат преземени за спречување на мајоризацијата.

- Кај нас, како членови на Претседателството на ДУИ доаѓаат идеи од страна на интелектуалци и луѓе кои придонеле многу за државата, не само Албанци, туку и од другите етнички заедници. Веќе имаме разговарано за одредени опции. До крајот на неделата ќе има конкретни чекори што ќе бидат преземени и ќе ги обелодени претседателот на партијата Али Ахмети, рече Бектеши во централниот дневник на „Сител“.

Додаде дека ДУИ не бара по секоја цена да биде во владата, но бара почитување на легитимитетот на мнозинството на Албанците и другите етнички заедници.

Претседателот на ДУИ која ја предводи коалицијата „Европски фронт“, Али Ахмети вчера на прес-конференција во седиштето на партијата во Тетово, соопшти дека тие се легитимен претставник на Албанците во државата, бидејќи, како што посочи, на претседателските избори победиле со разлика од 40.000 гласови, додека на парламентарните со над 30 илјади гласови повеќе и, според нив, шест пратеници повеќе од Коалицијата Вреди.

Во однос на реорганизацијата на државните институции што ја најавува ВМРО-ДПМНЕ, Бектеши очекува предлозите за реорганизација пред да влезат во собраниска процедура да бидат првично објавени пред јавноста.

- Не е мала реформа да се направи реорганизација на државните институции, во однос на тоа што ќе се случи во вработените, која ќе биде ефикасноста на тие институции... Во моментот кога ќе го имаме конкретниот предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ или на другите политички партии кои се дел од коалицијата, тогаш ќе излеземе со конкретен став и со противпредлози како ние мислиме дека тоа би било поефикасно, рече Бектеши.

Претседателот на Собранието Африм Гаши во интервју за Радио слободна Европа најавува дека на првата седница на новиот парламентарен состав, уште пред формирањето на владата, ќе се најдат измени на системските закони за да се овозможи формирање нови и трансформација на постоечките министерства.

The post Бектеши: До крајот на неделата лидерот на ДУИ ќе ги обелодени чекорите што ќе бидат преземени за спречување на мајоризацијата appeared first on Република.

]]>

Крешник Бектеши, член на ДУИ и министер за економија, вечерва најави дека лидерот на партијата Али Ахмети до крајот на неделата ќе ги обелодени чекорите што ќе бидат преземени за спречување на мајоризацијата.
- Кај нас, како членови на Претседателството на ДУИ доаѓаат идеи од страна на интелектуалци и луѓе кои придонеле многу за државата, не само Албанци, туку и од другите етнички заедници. Веќе имаме разговарано за одредени опции. До крајот на неделата ќе има конкретни чекори што ќе бидат преземени и ќе ги обелодени претседателот на партијата Али Ахмети, рече Бектеши во централниот дневник на „Сител“.
Додаде дека ДУИ не бара по секоја цена да биде во владата, но бара почитување на легитимитетот на мнозинството на Албанците и другите етнички заедници. Претседателот на ДУИ која ја предводи коалицијата „Европски фронт“, Али Ахмети вчера на прес-конференција во седиштето на партијата во Тетово, соопшти дека тие се легитимен претставник на Албанците во државата, бидејќи, како што посочи, на претседателските избори победиле со разлика од 40.000 гласови, додека на парламентарните со над 30 илјади гласови повеќе и, според нив, шест пратеници повеќе од Коалицијата Вреди. Во однос на реорганизацијата на државните институции што ја најавува ВМРО-ДПМНЕ, Бектеши очекува предлозите за реорганизација пред да влезат во собраниска процедура да бидат првично објавени пред јавноста.
- Не е мала реформа да се направи реорганизација на државните институции, во однос на тоа што ќе се случи во вработените, која ќе биде ефикасноста на тие институции... Во моментот кога ќе го имаме конкретниот предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ или на другите политички партии кои се дел од коалицијата, тогаш ќе излеземе со конкретен став и со противпредлози како ние мислиме дека тоа би било поефикасно, рече Бектеши.
Претседателот на Собранието Африм Гаши во интервју за Радио слободна Европа најавува дека на првата седница на новиот парламентарен состав, уште пред формирањето на владата, ќе се најдат измени на системските закони за да се овозможи формирање нови и трансформација на постоечките министерства.

The post Бектеши: До крајот на неделата лидерот на ДУИ ќе ги обелодени чекорите што ќе бидат преземени за спречување на мајоризацијата appeared first on Република.

]]>
Митева до Бектеши: Не можете да земете никому глас, граѓаните можат да ви дадат глас https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-do-bekteshi-ne-mozhete-da-zemete-nikomu-glas-graganite-mozhat-da-vi-dadat-glas/ Thu, 25 Apr 2024 14:43:25 +0000 https://republika.mk/?p=771034

Не можете да земете никому глас, граѓаните можат да ви дадат глас, му објасни портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на министерот од ДУИ Крешник Бектеши кој пресметуваше колку другите партии ќе му одземат на ВМРО-ДПМНЕ гласови во вториот круг.

Треба да направите разлика да земете глас.Тоа мора да го заборавите веќе, а мора да се научите дека граѓаните го даваат гласот за тој што сакаат.Вашата реторика на земање завршува-му објасни Митева на Бектеши.

The post Митева до Бектеши: Не можете да земете никому глас, граѓаните можат да ви дадат глас appeared first on Република.

Таравари го прифаќа предлогот на Бектеши да се повлече од политиката оној кој ќе ги изгуби претстојните избори https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-go-prifaka-predlogot-na-bekteshi-da-se-povleche-od-politikata-onoj-koj-ke-gi-izgubi-pretstojnite-izbori/ Sat, 06 Apr 2024 15:21:27 +0000 https://republika.mk/?p=763140

Претседателскиот кандидат на Коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари денеска во одговор на новинарско прашање го потврди ставот дека го прифаќа предлогот на Крешник Бектеши од редовите на Демократската унија за интеграции (ДУИ), да се повлече од политиката оној кој ќе ги изгуби претстојните избори.

Таравари рече дека очекува убедлива победа на претстојните претседателски избори, во спротивно, нагласи дека се согласува со Бектеши да се повлече од политиката оној кој ќе ги изгуби изборите.

Очекувам победа, тоа е дефинитивно и нема дилеми. Тоа беше одговор на Бектеши од ДУИ, дека кој ќе изгуби треба да се повлече од политиката и јас се согласувам со него, како и се надевам дека истото важи и за другата страна. Ако прифатат тие, ние ќе го прифатиме истото, рече Таравари.

Според Таравари, ДУИ со години промовира спроведување на ветинг, но како што рече, досега немаме ниту драфт верзија за Закон на ветинг. Посочи дека кандидатските листи за пратеници од Коалицијата „Вреди“ се веќе предадени и таму нема ниту еден кандидат којшто е истражуван од поранешното Специјално јавно обвинителство.

Исто кажав и за ветингот кој Бујар Османи постојано го збори. Јас кажав дека сум подготвен, не утре, туку уште денеска да потпишеме дека сме подготвени да почне ветинг, бидејќи ДУИ тоа го промовира веќе седум или осум години, а никаде немаме барем драфт верзија за Закон за ветинг. Така што, за сѐ што тие бараат ние сме тука. Нашите листи се веќе предадени, немаме ниту еден човек на црна листа, ниту еден човек којшто од Специјалното јавно обвинителство е истражуван, така да за сѐ што бараат ние сме тука да им одговориме реципрочно, изјави Таравари.

Претседателскиот кандидат денеска заедно со подмладокот на Коалицијата „Вреди“ во Градскиот парк во Скопје го одбележа Меѓународниот ден на спортот, од каде порача дека како претседател ќе се заложи за негова промоција, како и за изградба на повеќе спортски терени за младите.

Доколку ја добие довербата од граѓаните, Таравари посочи дека ќе инсистира идната влада да ги спонзорира успешните спортисти, бидејќи како што рече, земјава има познати и кредибилни спортисти кои што земјава би требало да ги субвенционира, доколку пак, за повозрасните спортисти кои што ја завршуваат кариерата државата би требало да им обезбеди плата за достоинствен живот.

Научно е докажано дека што повеќе спортски активности правиме, толку подобро здравје имаме, во здраво тело здрав дух. Ќе се обидеме во следниов период со Коалицијата „Вреди“ и јас како претседател, да промовираме дека неопходно е за младите што повеќе спортски игралишта и терени да изградиме, за спортувањето да им стане навика. Што повеќе спортуваат толку помалку ќе имаат болести. Не дека во Македонија нема спортски терени, но мислам дека во последните години стагнираме. Има рурални средини каде што нема никакви спортски терени, рече Таравари.

The post Таравари го прифаќа предлогот на Бектеши да се повлече од политиката оној кој ќе ги изгуби претстојните избори appeared first on Република.

]]>

Претседателскиот кандидат на Коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари денеска во одговор на новинарско прашање го потврди ставот дека го прифаќа предлогот на Крешник Бектеши од редовите на Демократската унија за интеграции (ДУИ), да се повлече од политиката оној кој ќе ги изгуби претстојните избори. Таравари рече дека очекува убедлива победа на претстојните претседателски избори, во спротивно, нагласи дека се согласува со Бектеши да се повлече од политиката оној кој ќе ги изгуби изборите.
Очекувам победа, тоа е дефинитивно и нема дилеми. Тоа беше одговор на Бектеши од ДУИ, дека кој ќе изгуби треба да се повлече од политиката и јас се согласувам со него, како и се надевам дека истото важи и за другата страна. Ако прифатат тие, ние ќе го прифатиме истото, рече Таравари.
Според Таравари, ДУИ со години промовира спроведување на ветинг, но како што рече, досега немаме ниту драфт верзија за Закон на ветинг. Посочи дека кандидатските листи за пратеници од Коалицијата „Вреди“ се веќе предадени и таму нема ниту еден кандидат којшто е истражуван од поранешното Специјално јавно обвинителство.
Исто кажав и за ветингот кој Бујар Османи постојано го збори. Јас кажав дека сум подготвен, не утре, туку уште денеска да потпишеме дека сме подготвени да почне ветинг, бидејќи ДУИ тоа го промовира веќе седум или осум години, а никаде немаме барем драфт верзија за Закон за ветинг. Така што, за сѐ што тие бараат ние сме тука. Нашите листи се веќе предадени, немаме ниту еден човек на црна листа, ниту еден човек којшто од Специјалното јавно обвинителство е истражуван, така да за сѐ што бараат ние сме тука да им одговориме реципрочно, изјави Таравари.
Претседателскиот кандидат денеска заедно со подмладокот на Коалицијата „Вреди“ во Градскиот парк во Скопје го одбележа Меѓународниот ден на спортот, од каде порача дека како претседател ќе се заложи за негова промоција, како и за изградба на повеќе спортски терени за младите. Доколку ја добие довербата од граѓаните, Таравари посочи дека ќе инсистира идната влада да ги спонзорира успешните спортисти, бидејќи како што рече, земјава има познати и кредибилни спортисти кои што земјава би требало да ги субвенционира, доколку пак, за повозрасните спортисти кои што ја завршуваат кариерата државата би требало да им обезбеди плата за достоинствен живот.
Научно е докажано дека што повеќе спортски активности правиме, толку подобро здравје имаме, во здраво тело здрав дух. Ќе се обидеме во следниов период со Коалицијата „Вреди“ и јас како претседател, да промовираме дека неопходно е за младите што повеќе спортски игралишта и терени да изградиме, за спортувањето да им стане навика. Што повеќе спортуваат толку помалку ќе имаат болести. Не дека во Македонија нема спортски терени, но мислам дека во последните години стагнираме. Има рурални средини каде што нема никакви спортски терени, рече Таравари.

The post Таравари го прифаќа предлогот на Бектеши да се повлече од политиката оној кој ќе ги изгуби претстојните избори appeared first on Република.

]]>
Бектеши фрли ракавица: Да потпишеме, тој што ќе изгуби на изборите, веќе да не се занимава со политика https://republika.mk/vesti/makedonija/bekteshi-frli-rakavitsa-da-potpisheme-toj-shto-ke-izgubi-na-izborite-veke-da-ne-se-zanimava-so-politika/ Fri, 15 Mar 2024 16:25:51 +0000 https://republika.mk/?p=755208

Претседателот на ДУИ Али Ахмети е авторизиран да преговара со сите политички партии, невладини организации, интелектуалци, активисти и слично во делот на можно коалицирање за наредните парламентарни избори. И тоа веќе го прави. Во делот на коалицијата со СДСМ во моментов кога зборуваме не сме многу блиску за да има таква коалиција, посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Сите опции се отворени до крајниот рок кога се доставуваат листите. Веќе знаеме дека во делот на претседателските избори ние имаме наш кандидат кој прави одлична кампања до овој момент, е најподготвениот кандидат од сите можни кандидати, најискусниот кандидат во делот на меѓународната политика, во делот на безбедносната политика. Би ги охрабрил сите други кандидати на политичките партии да излезат на отворени дебати со Османи и граѓаните да оценат согласно тоа што се понудува и согласно тоа што е сработено во надлежностите што ги има претседателот на нашата држава согласно Уставот - рече Бектеши во одговор на прашање при денешното одбележување на Светскиот ден на потрошувачите.

Нагласи дека во делот на парламентарните избори ДУИ согласно сите анкети е победник во албанскиот блок.

Во делот на коалицијата со СДСМ секако дека во моментов кога зборуваме не сме многу блиску за да има таква коалиција, но најважно од се’ е дека кога победува ДУИ победуваат граѓаните, а веќе се знае дека ДУИ ги победува наредните парламентарни избори во однос на другите политички партии јас ги охрабрувам да бидат што повеќе на терен и да дадат конкретни понуди за граѓаните - истакна Бектеши.

Прашан дали ќе се повлече Ахмети од политиката доколку ДУИ изгуби на изборите, рече дека тоа е прашање за Ахмети.

Тоа е прашање за г. Ахмети. Но, ве повикувам да направиме договор меѓу сите политички партии тој што ќе изгуби веќе да не се занимава со политика. Ние ја фрламе ракавицата нека повелат сите политички партии вклучувајќи го и ВМРО-ДПМНЕ, па и другите политички партии - нагласи Бектеши.

На прашањето дали тоа би го направиле и доколку ДУИ не биде дел од идната Влада рече дека тоа е хипотетички.

Тоа е хипотетички, но ако сакаат тоа би го направиле и со договор, тоа важи и за ВМРО-ДПМНЕ која знае дека само со ДУИ не може да се мери ни во избори, ни во идеи, па и што да се случува во однос на политичките партии. Еве, уште еднаш јавно преку медиуми ги повикувам нека повелат и ако сакаат и јавно да потпишеме дека тој што ќе ги изгуби изборите нема веќе да се занимава со политика. Но, зошто ова не би се случило, заради тоа што овие т.н. лидери на политички партии, ова не важи само за македонската опозиција и за другите лидери сите изгубиле избори и не еднаш, повеќепати, само Ахмети никогаш не изгубил и никогаш нема да изгуби избори - порача Бектеши.

Прашан дали ќе останете министер за економија или ќе биде министер во друг ресор доколку ДУИ партиципира и во следната влада, Бектеши рече дека не е важно дали тој лично ќе биде министер за економија или, пак, министер во владата.

Најважно од се’ е да победи идејата, визијата која ја презентира ДУИ. Во тој момент кога победува ДУИ ќе биде добро за граѓаните на нашата држава, а не е важно дали тоа ќе биде Крешник или, пак, некој друг од моите колеги заради тоа што ние не гледаме каде ќе бидеме лично, но работиме, гледаме каде ќе бидат граѓаните и државата во иднина - посочи Бектеши.

Истакна дека има целосна мобилизација на членството на ДУИ и додаде дека победата на изборите не се дискутира во нивните редови, туку се очекува.

Веќе се знае, само се дискутира разликата која би била меѓу ДУИ и опозицијата. Во делот на претседателските избори веќе почнуваат да излегуваат првичните анкети каде што нашиот кандидат Бујар Османи има голема предност пред Таравари и сега би сакал и јавно да кажам дека е многу блиску за да влезе во вториот круг со еден од кандидатите на другите политички партии кои учествуваат во изборите - посочи Бектеши

The post Бектеши фрли ракавица: Да потпишеме, тој што ќе изгуби на изборите, веќе да не се занимава со политика appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ДУИ Али Ахмети е авторизиран да преговара со сите политички партии, невладини организации, интелектуалци, активисти и слично во делот на можно коалицирање за наредните парламентарни избори. И тоа веќе го прави. Во делот на коалицијата со СДСМ во моментов кога зборуваме не сме многу блиску за да има таква коалиција, посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Сите опции се отворени до крајниот рок кога се доставуваат листите. Веќе знаеме дека во делот на претседателските избори ние имаме наш кандидат кој прави одлична кампања до овој момент, е најподготвениот кандидат од сите можни кандидати, најискусниот кандидат во делот на меѓународната политика, во делот на безбедносната политика. Би ги охрабрил сите други кандидати на политичките партии да излезат на отворени дебати со Османи и граѓаните да оценат согласно тоа што се понудува и согласно тоа што е сработено во надлежностите што ги има претседателот на нашата држава согласно Уставот - рече Бектеши во одговор на прашање при денешното одбележување на Светскиот ден на потрошувачите.
Нагласи дека во делот на парламентарните избори ДУИ согласно сите анкети е победник во албанскиот блок.
Во делот на коалицијата со СДСМ секако дека во моментов кога зборуваме не сме многу блиску за да има таква коалиција, но најважно од се’ е дека кога победува ДУИ победуваат граѓаните, а веќе се знае дека ДУИ ги победува наредните парламентарни избори во однос на другите политички партии јас ги охрабрувам да бидат што повеќе на терен и да дадат конкретни понуди за граѓаните - истакна Бектеши.
Прашан дали ќе се повлече Ахмети од политиката доколку ДУИ изгуби на изборите, рече дека тоа е прашање за Ахмети.
Тоа е прашање за г. Ахмети. Но, ве повикувам да направиме договор меѓу сите политички партии тој што ќе изгуби веќе да не се занимава со политика. Ние ја фрламе ракавицата нека повелат сите политички партии вклучувајќи го и ВМРО-ДПМНЕ, па и другите политички партии - нагласи Бектеши.
На прашањето дали тоа би го направиле и доколку ДУИ не биде дел од идната Влада рече дека тоа е хипотетички.
Тоа е хипотетички, но ако сакаат тоа би го направиле и со договор, тоа важи и за ВМРО-ДПМНЕ која знае дека само со ДУИ не може да се мери ни во избори, ни во идеи, па и што да се случува во однос на политичките партии. Еве, уште еднаш јавно преку медиуми ги повикувам нека повелат и ако сакаат и јавно да потпишеме дека тој што ќе ги изгуби изборите нема веќе да се занимава со политика. Но, зошто ова не би се случило, заради тоа што овие т.н. лидери на политички партии, ова не важи само за македонската опозиција и за другите лидери сите изгубиле избори и не еднаш, повеќепати, само Ахмети никогаш не изгубил и никогаш нема да изгуби избори - порача Бектеши.
Прашан дали ќе останете министер за економија или ќе биде министер во друг ресор доколку ДУИ партиципира и во следната влада, Бектеши рече дека не е важно дали тој лично ќе биде министер за економија или, пак, министер во владата.
Најважно од се’ е да победи идејата, визијата која ја презентира ДУИ. Во тој момент кога победува ДУИ ќе биде добро за граѓаните на нашата држава, а не е важно дали тоа ќе биде Крешник или, пак, некој друг од моите колеги заради тоа што ние не гледаме каде ќе бидеме лично, но работиме, гледаме каде ќе бидат граѓаните и државата во иднина - посочи Бектеши. Истакна дека има целосна мобилизација на членството на ДУИ и додаде дека победата на изборите не се дискутира во нивните редови, туку се очекува. Веќе се знае, само се дискутира разликата која би била меѓу ДУИ и опозицијата. Во делот на претседателските избори веќе почнуваат да излегуваат првичните анкети каде што нашиот кандидат Бујар Османи има голема предност пред Таравари и сега би сакал и јавно да кажам дека е многу блиску за да влезе во вториот круг со еден од кандидатите на другите политички партии кои учествуваат во изборите - посочи Бектеши

The post Бектеши фрли ракавица: Да потпишеме, тој што ќе изгуби на изборите, веќе да не се занимава со политика appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Ќе нема големо зголемување на цените на производите кои до крајот на февруари беа со гарантирани цени https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-ke-nema-golemo-zgolemuvane-na-tsenite-na-proizvodite-koi-do-krajot-na-fevruari-bea-so-garantirani-tseni/ Tue, 05 Mar 2024 19:48:48 +0000 https://republika.mk/?p=751664

Министерството за економија ќе носи одлуки кои нема да бидат во прилог на одредени групи кои би направиле злоупотреби и енормно зголемување на цените во периодот додека да биде објавена конечната листа со производите што ќе бидат опфатени со законот за забрана на нефер трговски практики и додека не се променат договорите на снабдувачите со трговците.

Ова вечерва во гостување на тв Сител го изјави министерот за еконмија, Крешник Бектеши кој рече дека од над 2.500 производи, кои ќе бидат опфатени со законот, 70 до 80 oтсто се земјоделски и прехранбени производи што се на пазарот во државава.

– Над 2.500 производи се прилагодени на новото законско решение, кое денеска е усвоено на Комисија и најверојатно на наредната пленарна седница на Собранието согласно моите информации на 11. или 13. месецов ќе биде усвоено. Утредента откако ќе биде објавено во Службен весник веднаш ќе отвориме јавна расправа со стопанските комори и со Организацијата на потрошувачи, а преку медиумите ќе ја објавиме целосната листа на производи, кои предлагаме да бидат во склоп на ова законско решение каде е предвидено да нема повеќе од 10 проценти маржа во ланецот на снабдување на земјоделските и прехранбените производи – рече Бектеши.

Според Бектеши, и покрај шестмесечниот период за примена ќе нема големо зголемување на цените особено на производите за кои до крајот на минатиот месец имаше гарантирани цени.

– Сум разговарал со сите домашни производители и трговци и на големо и мало. Ако се злоупотребува овој период додека се утврди целосната листа и биде објавена, и додека се менуваат договорите што ги имаат снабдувачите со трговците заради тоа што треба да им се даде период да репреговараат одредени работи кои ги имаат предвидено нивните договори за снабдување, тие знаат дека во Министерството за економија подготвени сме во текот на денот да носиме одлуки кои нема да бидат во прилог на одредени групи кои би можеле да направат такви злоупотреби – порача Бектеши.

Злоупотребите, појасни министерот, ќе ги утврдува Државниот пазарен инспекторат кој професионално ја врши работата и на дневно ниво ги следи состојбите.

The post Бектеши: Ќе нема големо зголемување на цените на производите кои до крајот на февруари беа со гарантирани цени appeared first on Република.

]]>

Министерството за економија ќе носи одлуки кои нема да бидат во прилог на одредени групи кои би направиле злоупотреби и енормно зголемување на цените во периодот додека да биде објавена конечната листа со производите што ќе бидат опфатени со законот за забрана на нефер трговски практики и додека не се променат договорите на снабдувачите со трговците. Ова вечерва во гостување на тв Сител го изјави министерот за еконмија, Крешник Бектеши кој рече дека од над 2.500 производи, кои ќе бидат опфатени со законот, 70 до 80 oтсто се земјоделски и прехранбени производи што се на пазарот во државава.
– Над 2.500 производи се прилагодени на новото законско решение, кое денеска е усвоено на Комисија и најверојатно на наредната пленарна седница на Собранието согласно моите информации на 11. или 13. месецов ќе биде усвоено. Утредента откако ќе биде објавено во Службен весник веднаш ќе отвориме јавна расправа со стопанските комори и со Организацијата на потрошувачи, а преку медиумите ќе ја објавиме целосната листа на производи, кои предлагаме да бидат во склоп на ова законско решение каде е предвидено да нема повеќе од 10 проценти маржа во ланецот на снабдување на земјоделските и прехранбените производи – рече Бектеши.
Според Бектеши, и покрај шестмесечниот период за примена ќе нема големо зголемување на цените особено на производите за кои до крајот на минатиот месец имаше гарантирани цени.
– Сум разговарал со сите домашни производители и трговци и на големо и мало. Ако се злоупотребува овој период додека се утврди целосната листа и биде објавена, и додека се менуваат договорите што ги имаат снабдувачите со трговците заради тоа што треба да им се даде период да репреговараат одредени работи кои ги имаат предвидено нивните договори за снабдување, тие знаат дека во Министерството за економија подготвени сме во текот на денот да носиме одлуки кои нема да бидат во прилог на одредени групи кои би можеле да направат такви злоупотреби – порача Бектеши.
Злоупотребите, појасни министерот, ќе ги утврдува Државниот пазарен инспекторат кој професионално ја врши работата и на дневно ниво ги следи состојбите.

The post Бектеши: Ќе нема големо зголемување на цените на производите кои до крајот на февруари беа со гарантирани цени appeared first on Република.

]]>
Тешко на потрошувачите: Замрзнатите цени ќе се одмрзнат, мерката нема да биде продолжена https://republika.mk/vesti/ekonomija/teshko-na-potroshuvachite-zamrznatite-tseni-ke-se-odmrznat-merkata-nema-da-bide-prodolzhena/ Tue, 27 Feb 2024 09:28:24 +0000 https://republika.mk/?p=748824

Министерството за економија нема да ја продолжи мерката за гарантирани цени која завршува на крајот на месецов, туку, како што најави ресорниот министер Крешник Бектеши, ќе го чека носењето на законот за забрана на нефер трговски практики со кој, според него, ќе се стави ред во нелојалната конкуренција во трговијата и ќе доведе до намалување на цените на прехранбените производи.

Очекуваме ова законско решение, кое е целосно усогласено со европската регулатива и е со европско знаменце, да биде усвоено во најкраток можен рок.

Со законот очекуваме да се намалат цените на прехранбените и земјоделските производи, изјави Бектеши за МИА.

Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, како што кажа, уште во декември 2023 година, на предлог на Министерството за економија беше усвоен од Владата и доставен до Собранието.

Законското решение со кое се става ред во нелојалната конкуренција во трговијата и се воведуваат фер практики помеѓу трговците и добавувачите во синџирот со земјоделски и прехранбени производи се очекува оваа недела да влезе во второ читање во комисиите во Собранието - посочи Бектеши.

Министерството за економија лани на 20 септември донесе Одлука за изменување на одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, како и обврска трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количество на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед што беше објавена во Службен весник и важи до 29 февруари годинава.

Одлуката се однесува на: ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg; брашно пченично тип 400 и тип 500; бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите; други пекарски производи; бисквити „Petit Beurre“ и бисквити обични и посни од 300 до 500 g; наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 g; тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 g; јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел; свинско месо без коски, од бут или некој друг дел; мелено месо свинско и јунешко; пиле свежо или замрзнато (цело); пилешки стек свеж или замрзнат; чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување; пилешка посебна салама (без слајс пакување); паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 g; трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l; јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l и 1,5 l; кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500g; павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 g; традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци); традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци) и свежи јајца од кокошка.

Покрај тоа, донесе и одлука за изменување на одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало што, исто така, важи до 29 февруари годинава и се однесува на: светло пиво во пакување од 1,5 l во шише; газирани пијалаци (сокови) во пакување над 1 l во шише; негазирани пијалаци (сокови) во тетрапак пакување и минерална, газирана и негазирана природна изворска вода во пакување над 1 l во шише.

Министерството за економија донесе и одлука за намалување на увозните давачки за увоз на свеж зеленчук што важи до 28 февруари годинава според која применливата царина е 10 отсто за кромид, праз, карфиол и брокула, салата, моркови, модар патлиџан и тиквици, како и одлука за намалување на увозните давачки за увоз на свежи домати, краставици и пиперки што исто така важи до 28 февруари годинава и за кои применливата царина е 10 отсто.

Со земјите од ЦЕФТА, пак, царината е 0 отсто.

The post Тешко на потрошувачите: Замрзнатите цени ќе се одмрзнат, мерката нема да биде продолжена appeared first on Република.

]]>

Министерството за економија нема да ја продолжи мерката за гарантирани цени која завршува на крајот на месецов, туку, како што најави ресорниот министер Крешник Бектеши, ќе го чека носењето на законот за забрана на нефер трговски практики со кој, според него, ќе се стави ред во нелојалната конкуренција во трговијата и ќе доведе до намалување на цените на прехранбените производи. Очекуваме ова законско решение, кое е целосно усогласено со европската регулатива и е со европско знаменце, да биде усвоено во најкраток можен рок. Со законот очекуваме да се намалат цените на прехранбените и земјоделските производи, изјави Бектеши за МИА. Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, како што кажа, уште во декември 2023 година, на предлог на Министерството за економија беше усвоен од Владата и доставен до Собранието.
Законското решение со кое се става ред во нелојалната конкуренција во трговијата и се воведуваат фер практики помеѓу трговците и добавувачите во синџирот со земјоделски и прехранбени производи се очекува оваа недела да влезе во второ читање во комисиите во Собранието - посочи Бектеши.
Министерството за економија лани на 20 септември донесе Одлука за изменување на одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, како и обврска трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количество на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед што беше објавена во Службен весник и важи до 29 февруари годинава. Одлуката се однесува на: ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg; брашно пченично тип 400 и тип 500; бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите; други пекарски производи; бисквити „Petit Beurre“ и бисквити обични и посни од 300 до 500 g; наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 g; тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 g; јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел; свинско месо без коски, од бут или некој друг дел; мелено месо свинско и јунешко; пиле свежо или замрзнато (цело); пилешки стек свеж или замрзнат; чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување; пилешка посебна салама (без слајс пакување); паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 g; трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l; јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l и 1,5 l; кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500g; павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 g; традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци); традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци) и свежи јајца од кокошка. Покрај тоа, донесе и одлука за изменување на одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало што, исто така, важи до 29 февруари годинава и се однесува на: светло пиво во пакување од 1,5 l во шише; газирани пијалаци (сокови) во пакување над 1 l во шише; негазирани пијалаци (сокови) во тетрапак пакување и минерална, газирана и негазирана природна изворска вода во пакување над 1 l во шише. Министерството за економија донесе и одлука за намалување на увозните давачки за увоз на свеж зеленчук што важи до 28 февруари годинава според која применливата царина е 10 отсто за кромид, праз, карфиол и брокула, салата, моркови, модар патлиџан и тиквици, како и одлука за намалување на увозните давачки за увоз на свежи домати, краставици и пиперки што исто така важи до 28 февруари годинава и за кои применливата царина е 10 отсто. Со земјите од ЦЕФТА, пак, царината е 0 отсто.

The post Тешко на потрошувачите: Замрзнатите цени ќе се одмрзнат, мерката нема да биде продолжена appeared first on Република.

]]>
Предизборен поткуп по книга: Бектеши ќе дели ваучери од 300 евра за туризам https://republika.mk/vesti/ekonomija/predizboren-potkup-po-kniga-bekteshi-ke-deli-vaucheri-od-300-evra-za-turizam/ Fri, 09 Feb 2024 12:17:30 +0000 https://republika.mk/?p=742205

Министерството за економија годинава ќе додели 3.555 ваучери во вредност од по 18.000 денари за одмор во домашни туристички капацитети за работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 50.000 денари.

Јавниот повик, како што информира ресорниот министер Крешник Бектеши, ќе биде објавен в понеделник на 12 февруари, а право на учество имаат сите физички лица кои се вработени и нивните месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 50.000 денари. За оваа мерка, согласно Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи, се обезбедени средства во износ од 64 милиони денари, односно ќе се издадат вкупно 3.555 ваучери.

Потврдата за одмор на работници со ниски приходи ќе може да се искористи надвор од туристичката сезона во некој од угостителските објекти од Листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб страницата на Министерството за економија. Потврдата ќе може да се искористи од моментот на добивање до 30 јуни 2024 година и од 15 септември до 1 декември 2024 година, истакна Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

Главната цел на оваа мерка за која и изминатите години имаше голем интерес, додаде, е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор, и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичка сезона.

Оваа мерка во минатото даде видливи резултати. Бројот на домашни туристи во континуитет се зголемува во последните години, а бројот на ноќевања веќе и го надмина бројот на странски туристи. Денеска е краен рок за аплицирање за хотелите кои сакаат да примаат гости со ваучери за одмор. Тие што не аплицирале досега можат тоа да го направат преку пошта или во Архивата на Министерството за економија, прецизира потенцира Бектеши.

За учество на јавниот повик, како што кажа, барателите до Министерството за економија треба да достават барање кое ќе може да го најдат на веб страницата или во Архивата на Министерството; потврда од работодавецот за висината на исплатена плата и извод од банка за последните три месеци за подносителот и на членовите на потесното семејство; потврда од Агенцијата за вработување со која се докажува дека членовите на потесното семејство не се вработени; за членовите од семејството кои се над 18 години и се средношколци или студенти се доставува потврда од образовната установа. Покрај тоа барателот треба да достави и фотокопија од лична карта и извод од матична книга за него и семејството; доказ за членовите на потесното семејство (Извод од матичната книга на венчаните, потврда за развод или посмртница за член од семејството); изјава дека барателот морално, материјално и кривично одговара за внесените податоци заверена на нотар.

Барањата со комплетна документација се доставуваат до Архивата на Министерството за економија, на ул. „Јуриј Гагарин“15, Скопје најкасно до 29 февруари 2024 година.

The post Предизборен поткуп по книга: Бектеши ќе дели ваучери од 300 евра за туризам appeared first on Република.

]]>

Министерството за економија годинава ќе додели 3.555 ваучери во вредност од по 18.000 денари за одмор во домашни туристички капацитети за работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 50.000 денари. Јавниот повик, како што информира ресорниот министер Крешник Бектеши, ќе биде објавен в понеделник на 12 февруари, а право на учество имаат сите физички лица кои се вработени и нивните месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 50.000 денари. За оваа мерка, согласно Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи, се обезбедени средства во износ од 64 милиони денари, односно ќе се издадат вкупно 3.555 ваучери.
Потврдата за одмор на работници со ниски приходи ќе може да се искористи надвор од туристичката сезона во некој од угостителските објекти од Листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб страницата на Министерството за економија. Потврдата ќе може да се искористи од моментот на добивање до 30 јуни 2024 година и од 15 септември до 1 декември 2024 година, истакна Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.
Главната цел на оваа мерка за која и изминатите години имаше голем интерес, додаде, е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор, и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичка сезона.
Оваа мерка во минатото даде видливи резултати. Бројот на домашни туристи во континуитет се зголемува во последните години, а бројот на ноќевања веќе и го надмина бројот на странски туристи. Денеска е краен рок за аплицирање за хотелите кои сакаат да примаат гости со ваучери за одмор. Тие што не аплицирале досега можат тоа да го направат преку пошта или во Архивата на Министерството за економија, прецизира потенцира Бектеши.
За учество на јавниот повик, како што кажа, барателите до Министерството за економија треба да достават барање кое ќе може да го најдат на веб страницата или во Архивата на Министерството; потврда од работодавецот за висината на исплатена плата и извод од банка за последните три месеци за подносителот и на членовите на потесното семејство; потврда од Агенцијата за вработување со која се докажува дека членовите на потесното семејство не се вработени; за членовите од семејството кои се над 18 години и се средношколци или студенти се доставува потврда од образовната установа. Покрај тоа барателот треба да достави и фотокопија од лична карта и извод од матична книга за него и семејството; доказ за членовите на потесното семејство (Извод од матичната книга на венчаните, потврда за развод или посмртница за член од семејството); изјава дека барателот морално, материјално и кривично одговара за внесените податоци заверена на нотар. Барањата со комплетна документација се доставуваат до Архивата на Министерството за економија, на ул. „Јуриј Гагарин“15, Скопје најкасно до 29 февруари 2024 година.

The post Предизборен поткуп по книга: Бектеши ќе дели ваучери од 300 евра за туризам appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Ако сметките за струја се превисоки, секој има право на жалба https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-ako-smetkite-za-struja-se-previsoki-sekoj-ima-pravo-na-zhalba/ Wed, 31 Jan 2024 13:45:28 +0000 https://republika.mk/?p=739067

Министерот за економија, Крешник Бектеши, на денешната прес-конференција, како одговор на новинарско прашање дека голем број на граѓани се жалат на многу повисоки сметки за електрична енергија во јануари, рече дека домаќинствата и малите потрошувачи имаат право на жалба кај Регулаторната комисија за енергетика.

Јас не верувам дека има зголемување на цените повеќе од тоа што се утврдени со РКЕ, но граѓаните секогаш имаат право на жалба во регулаторната комисија и ги повикувам, ако мислат дека има некоја грешка или злоупотреба, да пријават и тоа ќе се среди веднаш - рече министерот.

Бектеши  додаде дека законски до 1 јули не може да се промени цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи и дека не очекува нејзино зголемување ниту по овој датум, согласно информациите кои што ги има за трошоците за клучните енергетски компании.

The post Бектеши: Ако сметките за струја се превисоки, секој има право на жалба appeared first on Република.

Бектеши: Прв пат по три децении ќе бидеме целосно независни од источниот дел во однос на снабдувањето со енергенси https://republika.mk/vesti/bekteshi-prv-pat-po-tri-detsenii-ke-bideme-tselosno-nezavisni-od-istochniot-del-vo-odnos-na-snabduvaneto-so-energensi/ Tue, 23 Jan 2024 13:00:51 +0000 https://republika.mk/?p=735941

Оваа година е многу важна за нас зашто, од осамостојувањето на државата до денес, прв пат ќе бидеме целосно независни од источниот дел во однос на снабдувањето со енергенси, посебно во делот на природен гас, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Во дискусијата на панелот „Инвестиции во енергетска транзиција и инфраструктура за здрава животна средина и европска иднина“ што се одржува во рамки на конференција „Година на европски можности“, Бектеши информира дека е во завршна фаза и ставањето во функција на продуктоводот кој е изграден повеќе од една деценија, но кој досега не проработи. Првичната цел на продуктоводот,потсети Бектеши, беше пренос на сурова нафта, а сега, со последните измени на Законот за енергетика, преку него ќе може да се пренесуваат и други деривати, вклучувајќи го и дизелот.

Пораката е дека по 1991 година до денес нашата држава била зависна од источниот дел за снабдување со енергенси. Од оваа година натаму нема да бидеме зависни од ниту една држава, сами ќе одлучиме согласно принципите на конурентност и дополнителни можности во делот на снабдување со енергенси што ќе ја зголеми безбедноста на нашата држава и ќе ја забрза интеграцијата во ЕУ - истакна Бектеши.

Тој најави дека Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција предвидува инвестиција во инфраструктурата и поврзување со соседите, како и трансформација на домашните капацитети од конвенционално производство на „зелена енергија“.

Во делот на фосилните горива, успеавме преку преговори со ЕУ и други засегнати страни да го преминеме рокот од 2030 до 2040 година за да ги пренасочиме нашите блокови, посебно во РЕК Битола и РЕК Осломеј, како и во ТЕЦ Неготино, од производство на електирична енергија со јаглен на природен гас, имајќи предвид дека после децении почнуваме со градење нов интерконетор кој ќе овозможи безбедност во снабдување со енергенси, но генерално и за државатан зашто до овој момент бевме целосно зависни од една влезна точка за снабдување со природен гас – со Република Бугарија, која, за жал, до 2030 година е закупена од „Газпром“ - истакна Бектеши.

Според него, МЕПСО работи исклучително добро во делот на поврзуивање на пазарите на електрична енергија и со Косово и со Грција.

На панелот, по Бектеши, зборува министерката за животна средина Каја Шукова.

The post Бектеши: Прв пат по три децении ќе бидеме целосно независни од источниот дел во однос на снабдувањето со енергенси appeared first on Република.

]]>

Оваа година е многу важна за нас зашто, од осамостојувањето на државата до денес, прв пат ќе бидеме целосно независни од источниот дел во однос на снабдувањето со енергенси, посебно во делот на природен гас, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Во дискусијата на панелот „Инвестиции во енергетска транзиција и инфраструктура за здрава животна средина и европска иднина“ што се одржува во рамки на конференција „Година на европски можности“, Бектеши информира дека е во завршна фаза и ставањето во функција на продуктоводот кој е изграден повеќе од една деценија, но кој досега не проработи. Првичната цел на продуктоводот,потсети Бектеши, беше пренос на сурова нафта, а сега, со последните измени на Законот за енергетика, преку него ќе може да се пренесуваат и други деривати, вклучувајќи го и дизелот.
Пораката е дека по 1991 година до денес нашата држава била зависна од источниот дел за снабдување со енергенси. Од оваа година натаму нема да бидеме зависни од ниту една држава, сами ќе одлучиме согласно принципите на конурентност и дополнителни можности во делот на снабдување со енергенси што ќе ја зголеми безбедноста на нашата држава и ќе ја забрза интеграцијата во ЕУ - истакна Бектеши.
Тој најави дека Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција предвидува инвестиција во инфраструктурата и поврзување со соседите, како и трансформација на домашните капацитети од конвенционално производство на „зелена енергија“.
Во делот на фосилните горива, успеавме преку преговори со ЕУ и други засегнати страни да го преминеме рокот од 2030 до 2040 година за да ги пренасочиме нашите блокови, посебно во РЕК Битола и РЕК Осломеј, како и во ТЕЦ Неготино, од производство на електирична енергија со јаглен на природен гас, имајќи предвид дека после децении почнуваме со градење нов интерконетор кој ќе овозможи безбедност во снабдување со енергенси, но генерално и за државатан зашто до овој момент бевме целосно зависни од една влезна точка за снабдување со природен гас – со Република Бугарија, која, за жал, до 2030 година е закупена од „Газпром“ - истакна Бектеши.
Според него, МЕПСО работи исклучително добро во делот на поврзуивање на пазарите на електрична енергија и со Косово и со Грција. На панелот, по Бектеши, зборува министерката за животна средина Каја Шукова.

The post Бектеши: Прв пат по три децении ќе бидеме целосно независни од источниот дел во однос на снабдувањето со енергенси appeared first on Република.

]]>
Бектеши во интервју за РСЕ: Има заинтересирани за изградба на гасоводот до Грција https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-vo-intervju-za-rse-ima-zainteresirani-za-izgradba-na-gasovodot-do-grtsija/ Sun, 14 Jan 2024 17:16:09 +0000 https://republika.mk/?p=733008

Има многу заинтересирани фирми за изградба на интерконекторот за гас кој ќе нè поврзе со Грција, вели министерот за економија Крешник Бектеши во неделното интервју за РСЕ.

Бектеши додава дека се предвидува дополнително да се користи модел на јавно приватно партнерство и во Осломеј каде што би можело да се развие и топловодна мрежа за Кичево, слично на Скопје.

Во делот за Неготино, таму се планира таа да се конвертира во гасна и водородна централа и ние како министерство веќе донесовме одлука за да доставиме писмо за интерес на нашите соседни држави бидејќи предвидуваме да имаме голем капацитет со над 600 МВ часа каде што би се вклучиле нашите соседи, особено од Западен Балкан. Имавме предвид дека на тој начин нашиот енергетски систем би го направиле регионален и на тој начин би се споиле и пазарите за да имаме пофункционална берза и да имаме сигурност во делот и на снабдувањето со струја“, вели Бектеши, меѓу другото.

Тој појаснува дека до 1 февруари е рокот за пријава на заинтересираните страни за изградба на интерконекторот со Грција.

The post Бектеши во интервју за РСЕ: Има заинтересирани за изградба на гасоводот до Грција appeared first on Република.

]]>

Има многу заинтересирани фирми за изградба на интерконекторот за гас кој ќе нè поврзе со Грција, вели министерот за економија Крешник Бектеши во неделното интервју за РСЕ. Бектеши додава дека се предвидува дополнително да се користи модел на јавно приватно партнерство и во Осломеј каде што би можело да се развие и топловодна мрежа за Кичево, слично на Скопје.
Во делот за Неготино, таму се планира таа да се конвертира во гасна и водородна централа и ние како министерство веќе донесовме одлука за да доставиме писмо за интерес на нашите соседни држави бидејќи предвидуваме да имаме голем капацитет со над 600 МВ часа каде што би се вклучиле нашите соседи, особено од Западен Балкан. Имавме предвид дека на тој начин нашиот енергетски систем би го направиле регионален и на тој начин би се споиле и пазарите за да имаме пофункционална берза и да имаме сигурност во делот и на снабдувањето со струја“, вели Бектеши, меѓу другото.
Тој појаснува дека до 1 февруари е рокот за пријава на заинтересираните страни за изградба на интерконекторот со Грција.  

The post Бектеши во интервју за РСЕ: Има заинтересирани за изградба на гасоводот до Грција appeared first on Република.

]]>
Отпуштен работник од ЕСМ ќе ја чини државата 20-30 илјади евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/otpushten-rabotnik-od-esm-ke-ja-chini-drzhavata-20-30-iljadi-evra/ Wed, 20 Dec 2023 17:16:46 +0000 https://republika.mk/?p=724999

Иако во тек е оглас со кој акционерското друштво во државна сопственост бара вработување на 500 лица, министерот за економија Крешник Бектеши вели дека со „зелената транзиција“ во иднина ќе следува намалување на бројот на работници во АД ЕСМ. За оние кои ќе останат без работа ќе бидат подготвени отпремнини и социјални пакети.

Во делот на ЕСМ да стане поефикасна, затоа што има потешкотии со ликвидноста, се предвидуваат социјални пакети. Тоа значи дека ние, како држава, ќе им понудиме пакети на постоечките вработени или да се вработат во приватен сектор со отпремнини или, пак, од делот на годините кои им остануваат до завршување на кариерата да им се даде можност во вид на грантови да можат сами да направат инвестиции во приватен сектор и според пресметките за секој вработен ќе биде одвоено околу 20 до 30 илјади евра, што како фискални импликации на работењето на ЕСМ се помали од сегашните постоечки расходи во „Осломеј“ каде загубите се до 16 милиони евра годишно. Ако ги скратиме овие загуби до 2030 година и државата ќе добие и ќе имаме помош за тие вработени, изјави неодамна Бектеши.

The post Отпуштен работник од ЕСМ ќе ја чини државата 20-30 илјади евра appeared first on Република.

Бектеши уверува: Цената на струјата нема да се зголеми од 1 јануари https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-uveruva-tsenata-na-strujata-nema-da-se-zgolemi-od-1-januari/ Thu, 14 Dec 2023 12:26:06 +0000 https://republika.mk/?p=722924

Министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека од 1 јануари ќе нема зголемување на износот на фактурата за струјата за граѓаните и покрај новата методологија и новата ставка за пристап до мрежа, од којашто според него, се засегнати граѓаните кои имаат викендици, по две-три куќи или два-три стана.

Тој негира дека се компензира воведената евтина тарифа со новата ставка во фактурите заради тоа што, како што појасни, граѓаните кои што имаат повеќе потреба од поддршка се повеќе во рамки на првиот и вториот блок во потрошувачката. Тие што се во четвртиот блок, според него, немаат никаква потреба да бидат поддржани од страна на државата.

Одговарајќи на новинарски прашања Бектеши рече дека енергетските компании можат да бараат и 400 и 500 отсто во делот на трошоците што ги пријавуваат и согласно тоа што планираат да инвестираат, но оти Регулаторната комисија за енергетика ќе одлучи колку тие трошоци ќе ги прифати.

ваесет и седум отсто не е некое големо побарување ако споредиме со претходните години од страна на МЕПСО и од страна на ЕВН дистрибуција и ЕВН Хоум, најверојатно нема да бидат прифатени. Цената за домаќинствата и малите потрошувачи нема да се зголеми од 1 јануари, во спротивно ќе имаат дополнителна можност со користење на евтината тарифа да им биде намалена - рече Бектеши.

Тој порача дека имаме правична методологија и согласно категории на граѓани.

Во склоп на Енергетскиот совет речиси веќе една година се работи на нова методологија се со цел да се врати евтината тарифа, воедно на новите давачки, а тоа ќе тангира одредени групи граѓани кои имаат викендици, по две-три куќи, два-три стана и слично, поради тоа што во делот на наплаќање за дистрибутивната мрежа повеќе плаќаат тие граѓани кои навистина користат електрична енергија, каде што пресметката се применува врз потрошувачката и колку е користено како мрежа. Тие кои имаат викендици и користат еднаш, два пати, три пати во годината, тие кои не ги користат становите, куќите, дополни Бектеши, ќе го платат тој надомест, а за граѓаните кои навистина користат електрична енергија и имаат еден стан или куќа ќе се намали ставката за дистрибутивна мрежа.

Тоа значи дека имаме правична методологија и согласно категории на граѓани во нашата држава - рече Бектеши.

Како што дополни, најранливите категории граѓани кои што имаат просечна потрошувачка во првиот и вториот блог, ќе плаќаат помалку во делот на електричната енергија и во вкупната сметка за струјата, имајќи ја во предвид и цената на дистрибутивната мрежа.

Граѓаните кои имаат два-три стана, викендици или слично, тие ќе имаат фиксен надомест во текот на целата година, имајќи во предвид дека ако еднаш го користат тој простор, тие кога одат во тој стан или викендица тие имаат електрична енергија затоа ја плаќаат другите граѓани во моментот согласно постоечката методологија. За да бидам јасен, зголемување на цената во фактурите на граѓаните нема да има од први јануари согласно новата методологија - рече Бектеши.

Граѓаните кои што имаат повеќе потреба од поддршка, потенцира, се во рамки на првиот и вториот блок.

Повеќе од 40-50 отсто од нашата потрошувачка е во тие два блока. Јас и во време на енергетска криза наведов дека не треба да субвенционираме граѓани кои имаат големи приходи и трошат колку што троши една фабрика во нивните домаќинства. Треба да го направиме спротивното, треба тие да плаќаат согласно пазарот и тоа што го трошат затоа што имаме домаќинства кои имаат станови и викендици низ цела Македонија и тие имаат електрична енергија кога одат таму, а во делот на цената на дистрибутивната мрежа плаќаме секојдневно ние кои живееме во нашите домови. Евтината тaрифа ќе продолжи да се имплементира како мерка од страна на Регулаторната комисија за енергетика, а ставката ќе биде платена фиксно во текот на цела година, а во делот на цената на дистрибутивната мрежа, тоа ќе биде намалено за првиот и вториот блок каде што влегуваат поголемиот дел - појасни Бектеши.

Тие што се во четвртиот блок, дополни, немаат никаква потреба да бидат поддржани од страна на државата.

Тоа е мојот личен став имајќи ја во предвид структурата на домаќинствата во нашата држава и кои категории граѓани имаат повеќе потреба. Која ќе биде одлуката на Регулаторната комисија за енергетика немам никакво влијание затоа што е независна. Но, ако јас се прашувам, четвртиот блок ќе биде дополнително зголемен заради тоа што тие имаат можност, а воедно и ќе може да се влијае во намалување на потрошувачката во целина што е и цел на секоја држава, особено во време на транзиција кога се преминува во инвестиции во обновливи извори на енергија - наведе Бектеши, кој учествуваше на настан по повод 10 години од основањето на Фондот за иновации и технолошки развој.

The post Бектеши уверува: Цената на струјата нема да се зголеми од 1 јануари appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека од 1 јануари ќе нема зголемување на износот на фактурата за струјата за граѓаните и покрај новата методологија и новата ставка за пристап до мрежа, од којашто според него, се засегнати граѓаните кои имаат викендици, по две-три куќи или два-три стана. Тој негира дека се компензира воведената евтина тарифа со новата ставка во фактурите заради тоа што, како што појасни, граѓаните кои што имаат повеќе потреба од поддршка се повеќе во рамки на првиот и вториот блок во потрошувачката. Тие што се во четвртиот блок, според него, немаат никаква потреба да бидат поддржани од страна на државата. Одговарајќи на новинарски прашања Бектеши рече дека енергетските компании можат да бараат и 400 и 500 отсто во делот на трошоците што ги пријавуваат и согласно тоа што планираат да инвестираат, но оти Регулаторната комисија за енергетика ќе одлучи колку тие трошоци ќе ги прифати.
ваесет и седум отсто не е некое големо побарување ако споредиме со претходните години од страна на МЕПСО и од страна на ЕВН дистрибуција и ЕВН Хоум, најверојатно нема да бидат прифатени. Цената за домаќинствата и малите потрошувачи нема да се зголеми од 1 јануари, во спротивно ќе имаат дополнителна можност со користење на евтината тарифа да им биде намалена - рече Бектеши.
Тој порача дека имаме правична методологија и согласно категории на граѓани. Во склоп на Енергетскиот совет речиси веќе една година се работи на нова методологија се со цел да се врати евтината тарифа, воедно на новите давачки, а тоа ќе тангира одредени групи граѓани кои имаат викендици, по две-три куќи, два-три стана и слично, поради тоа што во делот на наплаќање за дистрибутивната мрежа повеќе плаќаат тие граѓани кои навистина користат електрична енергија, каде што пресметката се применува врз потрошувачката и колку е користено како мрежа. Тие кои имаат викендици и користат еднаш, два пати, три пати во годината, тие кои не ги користат становите, куќите, дополни Бектеши, ќе го платат тој надомест, а за граѓаните кои навистина користат електрична енергија и имаат еден стан или куќа ќе се намали ставката за дистрибутивна мрежа.
Тоа значи дека имаме правична методологија и согласно категории на граѓани во нашата држава - рече Бектеши.
Како што дополни, најранливите категории граѓани кои што имаат просечна потрошувачка во првиот и вториот блог, ќе плаќаат помалку во делот на електричната енергија и во вкупната сметка за струјата, имајќи ја во предвид и цената на дистрибутивната мрежа.
Граѓаните кои имаат два-три стана, викендици или слично, тие ќе имаат фиксен надомест во текот на целата година, имајќи во предвид дека ако еднаш го користат тој простор, тие кога одат во тој стан или викендица тие имаат електрична енергија затоа ја плаќаат другите граѓани во моментот согласно постоечката методологија. За да бидам јасен, зголемување на цената во фактурите на граѓаните нема да има од први јануари согласно новата методологија - рече Бектеши.
Граѓаните кои што имаат повеќе потреба од поддршка, потенцира, се во рамки на првиот и вториот блок.
Повеќе од 40-50 отсто од нашата потрошувачка е во тие два блока. Јас и во време на енергетска криза наведов дека не треба да субвенционираме граѓани кои имаат големи приходи и трошат колку што троши една фабрика во нивните домаќинства. Треба да го направиме спротивното, треба тие да плаќаат согласно пазарот и тоа што го трошат затоа што имаме домаќинства кои имаат станови и викендици низ цела Македонија и тие имаат електрична енергија кога одат таму, а во делот на цената на дистрибутивната мрежа плаќаме секојдневно ние кои живееме во нашите домови. Евтината тaрифа ќе продолжи да се имплементира како мерка од страна на Регулаторната комисија за енергетика, а ставката ќе биде платена фиксно во текот на цела година, а во делот на цената на дистрибутивната мрежа, тоа ќе биде намалено за првиот и вториот блок каде што влегуваат поголемиот дел - појасни Бектеши.
Тие што се во четвртиот блок, дополни, немаат никаква потреба да бидат поддржани од страна на државата.
Тоа е мојот личен став имајќи ја во предвид структурата на домаќинствата во нашата држава и кои категории граѓани имаат повеќе потреба. Која ќе биде одлуката на Регулаторната комисија за енергетика немам никакво влијание затоа што е независна. Но, ако јас се прашувам, четвртиот блок ќе биде дополнително зголемен заради тоа што тие имаат можност, а воедно и ќе може да се влијае во намалување на потрошувачката во целина што е и цел на секоја држава, особено во време на транзиција кога се преминува во инвестиции во обновливи извори на енергија - наведе Бектеши, кој учествуваше на настан по повод 10 години од основањето на Фондот за иновации и технолошки развој.

The post Бектеши уверува: Цената на струјата нема да се зголеми од 1 јануари appeared first on Република.

]]>
Бектеши-Сијарто: Заедничка координација на Македонија и Унгарија за идни чекори за поставената такса на руски гас од Бугарија https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-sijarto-zaednichka-koordinatsija-na-makedonija-i-ungarija-za-idni-chekori-za-postavenata-taksa-na-ruski-gas-od-bugarija/ Thu, 30 Nov 2023 10:09:28 +0000 https://republika.mk/?p=717876

Министерот за економија Крешик Бектеши денеска оствари работен состанок со министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петер Сијарто.

Тема на состанокот на кој што присуствуваа и генералниот директор на АД НОМА Гас, Бајрам Реџепи и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски беше таксата за руски гас која што ја наметна Република Бугарија.

Двајцата министри разговараа за следните чекори кои што ќе се превземат со цел отстранување на таксата на руски гас што ја наметна Бугарија, која како што се согласија е нелегална и е непријателски чин.

На состанокот беше договорена заедничка кородинација на владите на Македонија и Унгарија во насока на превземање на конкретни активности за обезбедување на енергетска безбедност на двете земји и сигурност во снабдувањето со гас.

„Целосно сме посветени во решавање на проблемот кој го наметна Бугарија со воведување на такса на рускиот гас и изнаоѓање на заедничко решение преку координирани активности на сите засегнати страни. Македонија ги поддржува сите иницијативи за решавање на настанатиот проблем“, кажа министерот Бектеши на состанoкот.

Министерот Бектеши и министерот Сијарто се согласија дека дивиерзификација на изворите за снабдување со гас се крајна цел на која двете земји ќе работат заеднички во наредниот период.

Унгарија е помеѓу првите 10 трговски партнери на Македонија е значаен политички и економски партнер и странски инвеститор во земјата, со нагорен тренд на трговската размена и континуиран суфицит на извозот од наша страна.

The post Бектеши-Сијарто: Заедничка координација на Македонија и Унгарија за идни чекори за поставената такса на руски гас од Бугарија appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешик Бектеши денеска оствари работен состанок со министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петер Сијарто. Тема на состанокот на кој што присуствуваа и генералниот директор на АД НОМА Гас, Бајрам Реџепи и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски беше таксата за руски гас која што ја наметна Република Бугарија. Двајцата министри разговараа за следните чекори кои што ќе се превземат со цел отстранување на таксата на руски гас што ја наметна Бугарија, која како што се согласија е нелегална и е непријателски чин. На состанокот беше договорена заедничка кородинација на владите на Македонија и Унгарија во насока на превземање на конкретни активности за обезбедување на енергетска безбедност на двете земји и сигурност во снабдувањето со гас. „Целосно сме посветени во решавање на проблемот кој го наметна Бугарија со воведување на такса на рускиот гас и изнаоѓање на заедничко решение преку координирани активности на сите засегнати страни. Македонија ги поддржува сите иницијативи за решавање на настанатиот проблем“, кажа министерот Бектеши на состанoкот. Министерот Бектеши и министерот Сијарто се согласија дека дивиерзификација на изворите за снабдување со гас се крајна цел на која двете земји ќе работат заеднички во наредниот период. Унгарија е помеѓу првите 10 трговски партнери на Македонија е значаен политички и економски партнер и странски инвеститор во земјата, со нагорен тренд на трговската размена и континуиран суфицит на извозот од наша страна.

The post Бектеши-Сијарто: Заедничка координација на Македонија и Унгарија за идни чекори за поставената такса на руски гас од Бугарија appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Утре ќе биде објавен огласот за избор на изведувач за изградба на гасниот интерконектор со Грција https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-utre-ke-bide-objaven-oglasot-za-izbor-na-izveduvach-za-izgradba-na-gasniot-interkonektor-so-grtsija/ Thu, 23 Nov 2023 13:01:42 +0000 https://republika.mk/?p=715536

Во текот на утрешниот ден ќе биде објавен тендерот за избор на изведувач за изградба на интерконекторот за природен гас меѓу  Македонија и Грција, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Утре се објавува тендерот за почнување на изградба на новиот гасен интерконектор со Република Грција што ќе ни даде одлична можност како држава постепено да направиме енергетска транзиција, особено во делот на работата на РЕК Битола и РЕЦ Осломеј. Гасот ќе се користи како транзициски енергенс до 2040 година и ќе биде последниот проект од фосилни горива што го инвестираат ЕБОР и ЕИБ - рече Бектеши на денешниот брифинг за новинари во пресрет на СОР28.

Дополнително, додаде, во спецификацијата од страна на „Номагас“ е предвидено во иднина откако ќе се развие технологијата во нашата држава двете термоелектрани да се пренаменат на водород.

Предвидено е гасниот интерконектор да биде во должина од 123 километри и да се протега од Неа Месимвриа до Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас. Гасниот интерконектор треба да биде завршен до средината на 2025 година.

Грчкиот оператор за природен гас ДЕСФА го презеде и управувањето со проектот за делот од гасоводот што ќе минува низ Македонија, откако беше избран на тендерот објавен од државната компанија „Номагас“.

Како што истакна Бектеши, во моментов имаме фотонапонски централи од над 600 мегавати вклучени на мрежа, до март се очекува да се вклучат дополнителни 150 мегавати од ветерни електрани.

Со договорот со ЕБОР презедовме задача да не отвораме нови копови на јаглен што позитивно ќе придонесе за животната средина, а можно е во скопскиот регион да има нова топлинска или когенеративна централа на гас која ќе произведува и топлинска и електрична енергија - рече Бектеши.

Посочи дека транзицијата на енергетиката во наредните пет до десет години ќе чини неколку милијарди евра. Тоа, како што кажа, нема да бидат средства само од државата туку и од приватниот сектор. Затоа, додаде, целата легислатива ја правиме со цел да го отвориме пазарот особено во делот на склад на енергијата односно со батериите за електрична енергија и зајакнувањето на преносната мрежа. Додаде дека земјава во наредните пет години ќе мора да изгради дополнителен интерконектор во делот на преносната мрежа и да го заврши интерконекторот со Албанија кој е веќе почнат преку МЕПСО. Веќе, како што кажа, се прави план за дополнителен интерконектор во делот на преносната мрежа со Грција за да можат сите капацитети кои се во делот на обновливи извори да извезуваат и на надворешните пазари, а не само да продаваат на македонскиот пазар.

Македонскиот пазар согласно динамиката на зголемување на БДП и потрошувачката на електрична енергија за која имаме намера да ја намалиме што е можно повеќе, ќе има поголем капацитет од тоа што е потребно да се пласира на домашниот пазар - посочи Бектеши.

Од мај до октомври, како што рече, домашната потрошувачка на електрична енергија не надминува повеќе од 700 мегавати на час, а тоа може да се обезбеди само од фотонапонските централи доколку времето е поволно за нивна работа. На тој начин за баланс на енергија ќе ни биде потребен само еден блок од ЕСМ што би влијаело негативно во делот на ефикасноста и стабилноста на ЕСМ за да работи во наредните години.

Порача дека до 20230 година само во секторот енергетика ќе се направат инвестиции од над три милијарди евра во кои ќе биде вклучен и приватниот сектор.

Најавена е поддршка од четири милијарди евра од страна на Европската Унија за да се ослободиме од јагленот. Токму денеска министерот за финансии Фатмир Бесими со тим од различни институции е во Брисел и разговара за динамиката и за средствата кои ќе бидат употребени за нашата држава. Во склоп на СОР директно ќе бидеме поддржани од страна на ЕБОР и Светска банка. Ќе ја разгледаме и можноста да привлечеме средства и од други институции - рече Бектеши.

Нагласи дека стратешките документи кои веќе ги имаме во државата ќе одлучат кои се приоритетите проекти што ќе се реализираат за декарбонизација.

Во Стратегијата за развој на енергетика до 2040 година се предвидени лепеза од мерки кои треба да бидат реализирани пред да се усвои планот за СОР28. Сите институции доставија свои приоритети согласно рамката што ја имаме одобрено од ЕБОР и Светска банка во вредност од 85 милиони евра. Голем дел од тие средства ќе бидат во вид на грант, а еден дел ќе биде во вид на поволни кредити - прецизира Бектеши.

The post Бектеши: Утре ќе биде објавен огласот за избор на изведувач за изградба на гасниот интерконектор со Грција appeared first on Република.

]]>

Во текот на утрешниот ден ќе биде објавен тендерот за избор на изведувач за изградба на интерконекторот за природен гас меѓу  Македонија и Грција, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Утре се објавува тендерот за почнување на изградба на новиот гасен интерконектор со Република Грција што ќе ни даде одлична можност како држава постепено да направиме енергетска транзиција, особено во делот на работата на РЕК Битола и РЕЦ Осломеј. Гасот ќе се користи како транзициски енергенс до 2040 година и ќе биде последниот проект од фосилни горива што го инвестираат ЕБОР и ЕИБ - рече Бектеши на денешниот брифинг за новинари во пресрет на СОР28.
Дополнително, додаде, во спецификацијата од страна на „Номагас“ е предвидено во иднина откако ќе се развие технологијата во нашата држава двете термоелектрани да се пренаменат на водород. Предвидено е гасниот интерконектор да биде во должина од 123 километри и да се протега од Неа Месимвриа до Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас. Гасниот интерконектор треба да биде завршен до средината на 2025 година. Грчкиот оператор за природен гас ДЕСФА го презеде и управувањето со проектот за делот од гасоводот што ќе минува низ Македонија, откако беше избран на тендерот објавен од државната компанија „Номагас“. Како што истакна Бектеши, во моментов имаме фотонапонски централи од над 600 мегавати вклучени на мрежа, до март се очекува да се вклучат дополнителни 150 мегавати од ветерни електрани.
Со договорот со ЕБОР презедовме задача да не отвораме нови копови на јаглен што позитивно ќе придонесе за животната средина, а можно е во скопскиот регион да има нова топлинска или когенеративна централа на гас која ќе произведува и топлинска и електрична енергија - рече Бектеши.
Посочи дека транзицијата на енергетиката во наредните пет до десет години ќе чини неколку милијарди евра. Тоа, како што кажа, нема да бидат средства само од државата туку и од приватниот сектор. Затоа, додаде, целата легислатива ја правиме со цел да го отвориме пазарот особено во делот на склад на енергијата односно со батериите за електрична енергија и зајакнувањето на преносната мрежа. Додаде дека земјава во наредните пет години ќе мора да изгради дополнителен интерконектор во делот на преносната мрежа и да го заврши интерконекторот со Албанија кој е веќе почнат преку МЕПСО. Веќе, како што кажа, се прави план за дополнителен интерконектор во делот на преносната мрежа со Грција за да можат сите капацитети кои се во делот на обновливи извори да извезуваат и на надворешните пазари, а не само да продаваат на македонскиот пазар.
Македонскиот пазар согласно динамиката на зголемување на БДП и потрошувачката на електрична енергија за која имаме намера да ја намалиме што е можно повеќе, ќе има поголем капацитет од тоа што е потребно да се пласира на домашниот пазар - посочи Бектеши.
Од мај до октомври, како што рече, домашната потрошувачка на електрична енергија не надминува повеќе од 700 мегавати на час, а тоа може да се обезбеди само од фотонапонските централи доколку времето е поволно за нивна работа. На тој начин за баланс на енергија ќе ни биде потребен само еден блок од ЕСМ што би влијаело негативно во делот на ефикасноста и стабилноста на ЕСМ за да работи во наредните години. Порача дека до 20230 година само во секторот енергетика ќе се направат инвестиции од над три милијарди евра во кои ќе биде вклучен и приватниот сектор.
Најавена е поддршка од четири милијарди евра од страна на Европската Унија за да се ослободиме од јагленот. Токму денеска министерот за финансии Фатмир Бесими со тим од различни институции е во Брисел и разговара за динамиката и за средствата кои ќе бидат употребени за нашата држава. Во склоп на СОР директно ќе бидеме поддржани од страна на ЕБОР и Светска банка. Ќе ја разгледаме и можноста да привлечеме средства и од други институции - рече Бектеши.
Нагласи дека стратешките документи кои веќе ги имаме во државата ќе одлучат кои се приоритетите проекти што ќе се реализираат за декарбонизација.
Во Стратегијата за развој на енергетика до 2040 година се предвидени лепеза од мерки кои треба да бидат реализирани пред да се усвои планот за СОР28. Сите институции доставија свои приоритети согласно рамката што ја имаме одобрено од ЕБОР и Светска банка во вредност од 85 милиони евра. Голем дел од тие средства ќе бидат во вид на грант, а еден дел ќе биде во вид на поволни кредити - прецизира Бектеши.

The post Бектеши: Утре ќе биде објавен огласот за избор на изведувач за изградба на гасниот интерконектор со Грција appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Струјата нема да поскапи, цената останува иста и по 1 јануари https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-strujata-nema-da-poskapi-tsenata-ostanuva-ista-i-po-1-januari/ Thu, 23 Nov 2023 10:35:40 +0000 https://republika.mk/?p=715473

Струјата нема да поскапи, ниту по 1 јануари, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Според него, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе може да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени како што треба.

Бектеши информира дека постапката за избор е почната и кон почетокот на наредната година ќе има нов универзален снабдувач.

Никако нема да има повисока цена на струјата, имајќи предвид дека тоа е предвидено со Законот за енергетика. РКЕ согласно законското решение има обврска да направи надзор и да утврди дали се пресметките направени како што треба. Со последните измени на Законот за енергетика граѓаните знаат дека воведовме универзален снабдувач на кој рокот му истекува наредната година, а постапката за избор на нов е почната. Кон почетокот на наредната година ќе имаме нов универзален снабдувач, се надеваме ќе бидат со пониски маржи согласно конкуренцијата што ја имаме. Истиот тарифен систем ќе биде од 1 јануари, а надзор прави РКЕ. Согласно став 5 од членот 10 ќе има право РКЕ да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени како што треба. Кога зборувваме за монопол, ние сами сме одлучиле да имаме регулирана цена во делот на електричната енергија со цел да ги заштитиме домаќинствата и малите потрошувачи. Спротивното ќе беше да одиме на берза и да имаме пазарни цени кои моментно се двојно повисоки од цената што ја нуди ЕСМ - истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања.

Како што изјави Бектеши по Самитот за женско претприемништво, моментно се прават анализи од РКЕ и надлежните институции, во делот на блоковите.

Не, цената на електричната енергија нема да се зголеми, ниту во блоковите, ниту во целина. Моментно се прават анализи од РКЕ и надлежните институции, во делот на блоковите зашто сакаме што повеќе да ги заштитиме ранливите категории граѓани - нагласи Бектеши.

The post Бектеши: Струјата нема да поскапи, цената останува иста и по 1 јануари appeared first on Република.

]]>

Струјата нема да поскапи, ниту по 1 јануари, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Според него, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе може да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени како што треба. Бектеши информира дека постапката за избор е почната и кон почетокот на наредната година ќе има нов универзален снабдувач.
Никако нема да има повисока цена на струјата, имајќи предвид дека тоа е предвидено со Законот за енергетика. РКЕ согласно законското решение има обврска да направи надзор и да утврди дали се пресметките направени како што треба. Со последните измени на Законот за енергетика граѓаните знаат дека воведовме универзален снабдувач на кој рокот му истекува наредната година, а постапката за избор на нов е почната. Кон почетокот на наредната година ќе имаме нов универзален снабдувач, се надеваме ќе бидат со пониски маржи согласно конкуренцијата што ја имаме. Истиот тарифен систем ќе биде од 1 јануари, а надзор прави РКЕ. Согласно став 5 од членот 10 ќе има право РКЕ да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени како што треба. Кога зборувваме за монопол, ние сами сме одлучиле да имаме регулирана цена во делот на електричната енергија со цел да ги заштитиме домаќинствата и малите потрошувачи. Спротивното ќе беше да одиме на берза и да имаме пазарни цени кои моментно се двојно повисоки од цената што ја нуди ЕСМ - истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања.
Како што изјави Бектеши по Самитот за женско претприемништво, моментно се прават анализи од РКЕ и надлежните институции, во делот на блоковите.
Не, цената на електричната енергија нема да се зголеми, ниту во блоковите, ниту во целина. Моментно се прават анализи од РКЕ и надлежните институции, во делот на блоковите зашто сакаме што повеќе да ги заштитиме ранливите категории граѓани - нагласи Бектеши.

The post Бектеши: Струјата нема да поскапи, цената останува иста и по 1 јануари appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-minimalnata-plata-vo-mart-ke-iznesuva-22-500-denari/ Tue, 14 Nov 2023 09:33:10 +0000 https://republika.mk/?p=701343

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил објави дека минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари.

Најниската плата во земјава од март 2024 година ќе биде 22.500 денари. Повеќе од двојно зголемување од минималната плата во 2017 година, напиша Бектеши.

Минималната плата сега изнесува 20.175 денари. Во март 2022 година беа донесени измени на Законот за минимална плата согласно кои се воспостави нова методологија според која висината на минималната плата се усогласува со 50 проценти од порастот на трошоците на живот и 50 проценти од порастот на просечната плата во изминатата година.

Минималната плата беше воведена во 2012 година со донесувањето на Закон за минимална плата и тогаш изнесуваше 8.050 денари.

The post Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил објави дека минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари.
Најниската плата во земјава од март 2024 година ќе биде 22.500 денари. Повеќе од двојно зголемување од минималната плата во 2017 година, напиша Бектеши.
Минималната плата сега изнесува 20.175 денари. Во март 2022 година беа донесени измени на Законот за минимална плата согласно кои се воспостави нова методологија според која висината на минималната плата се усогласува со 50 проценти од порастот на трошоците на живот и 50 проценти од порастот на просечната плата во изминатата година. Минималната плата беше воведена во 2012 година со донесувањето на Закон за минимална плата и тогаш изнесуваше 8.050 денари.

The post Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари appeared first on Република.

]]>
Се очекува Владата идната недела да го усвои Законот за нефер трговски практики и да го достави до Собранието https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-ochekuva-vladata-idnata-nedela-da-go-usvoi-zakonot-za-nefer-trgovski-praktiki-i-da-go-dostavi-do-sobranieto/ Tue, 07 Nov 2023 10:41:12 +0000 https://republika.mk/?p=699129

Предложениот закон за нефер трговски практики се очекува идната недела да биде усвоен од Владата, а потоа и да биде доставен до Собранието.

Како што рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши, веќе се пристигнати сите забелешки и коментари од засегнатите страни, производителите, дистрибутерите и ланците супермаркети. Оваа недела, во координација со премиерот Димитар Ковачевски и со претставници од надлежните институции ќе бидат разгледани, за да се вградат во драфт верзијата на законот.

Неделава ќе имаме координација со премиерот за коментарите кои ги добивме од засегнатите страни. Ќе ги разгледаме со различни институции за да ги вклопиме во финалниот драфт на законот. Ќе одржиме и последен состанок со Стопанската комора за да видиме кои ќе бидат прифатливи и можно да се вградат. Очекуваме во почетокот на наредната недела предложениот закон да се усвои на Влада и да се прати до Собранието. Се работи за решение кое дологорочно ќе влије позитивно врз намалување на цените, но воедно ќе биде и недискриминаторно во трговијата, посебно за земјоделските и прехранебните производи - истакна Бектеши.

Со законот се опфатени и се регулираат 26 нефер трговски практики.

The post Се очекува Владата идната недела да го усвои Законот за нефер трговски практики и да го достави до Собранието appeared first on Република.

]]>

Предложениот закон за нефер трговски практики се очекува идната недела да биде усвоен од Владата, а потоа и да биде доставен до Собранието. Како што рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши, веќе се пристигнати сите забелешки и коментари од засегнатите страни, производителите, дистрибутерите и ланците супермаркети. Оваа недела, во координација со премиерот Димитар Ковачевски и со претставници од надлежните институции ќе бидат разгледани, за да се вградат во драфт верзијата на законот.
Неделава ќе имаме координација со премиерот за коментарите кои ги добивме од засегнатите страни. Ќе ги разгледаме со различни институции за да ги вклопиме во финалниот драфт на законот. Ќе одржиме и последен состанок со Стопанската комора за да видиме кои ќе бидат прифатливи и можно да се вградат. Очекуваме во почетокот на наредната недела предложениот закон да се усвои на Влада и да се прати до Собранието. Се работи за решение кое дологорочно ќе влије позитивно врз намалување на цените, но воедно ќе биде и недискриминаторно во трговијата, посебно за земјоделските и прехранебните производи - истакна Бектеши.
Со законот се опфатени и се регулираат 26 нефер трговски практики.

The post Се очекува Владата идната недела да го усвои Законот за нефер трговски практики и да го достави до Собранието appeared first on Република.

]]>
Бектеши: До крајот на ноември ќе чекаме одговор на нашето барање за таксата за транзит на руски гас https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-do-krajot-na-noemvri-ke-chekame-odgovor-na-nasheto-barane-za-taksata-za-tranzit-na-ruski-gas/ Wed, 01 Nov 2023 19:53:39 +0000 https://republika.mk/?p=697217

Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва изјави дека до крајот на ноември ќе се чека одговор на нашето барање до Европската комисија за таксата што ја воведе Бугарија за транзит на рускиот гас.

До крајот на месец ноември ќе чекаме одговор на нашата реакција и нашето барање до Европската комисја за воведената такса за транзит на руски гас од страна на Бугарија. Нашето барање е да се ослободат дополнителни капацитети на гасоводот којшто го имаме со Бугарија и којшто е целосно закупен од „Гаспром“. Доколку не се ослободат потребните количини за нашите потреби, ќе бараме конпензирање на штетата од страна на Европската комисија за непочитување на нивните директиви, а зошто да не и да ја бараме правдата во меѓународен спор со Европската комисија и со „Булгаргастранс“, истакна Бектеши вечерва во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24.

Бугарија на 13 октомври воведе такса за транзит на рускиот гас низ нејзина територија во висина од 10 евра за мегават час, од која очекува годишен приход од 1,2 до 1,5 милијарди евра.

The post Бектеши: До крајот на ноември ќе чекаме одговор на нашето барање за таксата за транзит на руски гас appeared first on Република.