кражба Archives - Република https://republika.mk/tema/krazba/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 17:38:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кражба Archives - Република https://republika.mk/tema/krazba/ 32 32 Провалиле во штипската болница – украле лекови, ја зеле и камерата за видео надзор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/provalile-vo-shtipskata-bolnitsa-ukrale-lekovi-ja-zele-i-kamerata-za-video-nadzor/ Tue, 12 Nov 2024 17:38:36 +0000 https://republika.mk/?p=836916

На 11.11.2024 во 07.41 часот во СВР Штип било пријавено дека во периодот од 08.11 до 11.11.2024 во објект во кругот на Клиничката болница Штип било влезено со употреба на сила и погоден алат и биле одземени повеќе шишиња и пакувања со лекови и камерата од ѕидот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

 

The post Провалиле во штипската болница – украле лекови, ја зеле и камерата за видео надзор appeared first on Република.

]]>

На 11.11.2024 во 07.41 часот во СВР Штип било пријавено дека во периодот од 08.11 до 11.11.2024 во објект во кругот на Клиничката болница Штип било влезено со употреба на сила и погоден алат и биле одземени повеќе шишиња и пакувања со лекови и камерата од ѕидот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

 

The post Провалиле во штипската болница – украле лекови, ја зеле и камерата за видео надзор appeared first on Република.

]]>
Нова сага со украден сеф во Скопје – кога полицијата ги стигнала го фрлиле по нив https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nova-saga-so-ukraden-sef-vo-skopje-koga-politsijata-gi-stignala-go-frlile-po-niv/ Thu, 31 Oct 2024 12:18:41 +0000 https://republika.mk/?p=832784

Ноќва околу 03 часот во Скопје, на подрачјето на Бутел, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(18) од Скопје, поради тоа што претходно со уште едно лице со тврд предмет искршиле излог од објект- експозитура на правно лице, по што влегле и одзеле сеф, по што со мотоцикл го напуштиле местото на настанот.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје презеле соодветни мерки и активности и ги лоцирале двете лица додека се движеле со мотоциклот, а кога им се приближиле, едно од лицата го фрлило сефот кон полициското возило, соопшти МВР.

Додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на другото лице и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Пред неколку месеци вирално беше видео со комична кражба на сеф:

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/filmskiot-grabezh-vo-tsrniche-bil-monti-pajton-sefot-im-ispadnal-dodeka-begale/

The post Нова сага со украден сеф во Скопје – кога полицијата ги стигнала го фрлиле по нив appeared first on Република.

]]>

Ноќва околу 03 часот во Скопје, на подрачјето на Бутел, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(18) од Скопје, поради тоа што претходно со уште едно лице со тврд предмет искршиле излог од објект- експозитура на правно лице, по што влегле и одзеле сеф, по што со мотоцикл го напуштиле местото на настанот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје презеле соодветни мерки и активности и ги лоцирале двете лица додека се движеле со мотоциклот, а кога им се приближиле, едно од лицата го фрлило сефот кон полициското возило, соопшти МВР.
Додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на другото лице и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Пред неколку месеци вирално беше видео со комична кражба на сеф: https://republika.mk/vesti/crna-hronika/filmskiot-grabezh-vo-tsrniche-bil-monti-pajton-sefot-im-ispadnal-dodeka-begale/

The post Нова сага со украден сеф во Скопје – кога полицијата ги стигнала го фрлиле по нив appeared first on Република.

]]>
Кражба на автомобил во Струга: 29-годишник од Скопје кривично ќе одговара https://republika.mk/vesti/crna-hronika/krazhba-na-avtomobil-vo-struga-29-godishnik-od-skopje-krivichno-ke-odgovara/ Sun, 20 Oct 2024 14:02:02 +0000 https://republika.mk/?p=829141

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Одземање моторно возило“.

Тој, на 21.08. годинава, искористил згодна прилика и од паркинг простор во Струга, неовластено одзел моторно возило марка „Лада Самара“ сопственост на Е.К.(25) од Прилеп.

По преземени мерки, возилото било пронајдено во Скопје.

The post Кражба на автомобил во Струга: 29-годишник од Скопје кривично ќе одговара appeared first on Република.

]]>

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Одземање моторно возило“. Тој, на 21.08. годинава, искористил згодна прилика и од паркинг простор во Струга, неовластено одзел моторно возило марка „Лада Самара“ сопственост на Е.К.(25) од Прилеп. По преземени мерки, возилото било пронајдено во Скопје.

The post Кражба на автомобил во Струга: 29-годишник од Скопје кривично ќе одговара appeared first on Република.

]]>
Крадци влегле во зградата која гореше вчера во Чаир https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kradtsi-vlegle-vo-zgradata-koja-goreshe-vchera-vo-chair/ Thu, 03 Oct 2024 12:32:30 +0000 https://republika.mk/?p=822217

Министерството за внатрешни работа информира дека две лица денеска се лишени од слобода поради обид за кражба од зградата на улица „Серава“ во Скопје во која вчера настана пожар. По документирање на случајот, дополнуваат, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Пожарот што избувна вчера во подрумски простории во зграда во скопската населба Чаир беше целосно изгаснат денеска. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, состојбата со опожарениот дел на зградата и состојбата на становите во зградата допрва ќе се утврдува.

Дел од медиумите објавија дека се опожарени простории кои се користеле како магацински простор од страна на фирма во кој имало големо количество пластични производи.

Во меѓувреме, се очекува да започне увидот на Министерството за внатрешни работи.

The post Крадци влегле во зградата која гореше вчера во Чаир appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работа информира дека две лица денеска се лишени од слобода поради обид за кражба од зградата на улица „Серава“ во Скопје во која вчера настана пожар. По документирање на случајот, дополнуваат, ќе биде поднесен соодветен поднесок. Пожарот што избувна вчера во подрумски простории во зграда во скопската населба Чаир беше целосно изгаснат денеска. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, состојбата со опожарениот дел на зградата и состојбата на становите во зградата допрва ќе се утврдува. Дел од медиумите објавија дека се опожарени простории кои се користеле како магацински простор од страна на фирма во кој имало големо количество пластични производи. Во меѓувреме, се очекува да започне увидот на Министерството за внатрешни работи.

The post Крадци влегле во зградата која гореше вчера во Чаир appeared first on Република.

]]>
Уапсени четворица кумановци кои украле домашни животни и предмети од неколку приватни имоти во градот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapseni-chetvoritsa-kumanovtsi-koi-ukrale-domashni-zhivotni-i-predmeti-od-nekolku-privatni-imoti-vo-gradot/ Fri, 20 Sep 2024 15:19:20 +0000 https://republika.mk/?p=818231

На 19.09.2024, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Ѓ.С.(32) и С.Б.(27), двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека на 21.07.2024 одзеле предмети од приватен имот во Куманово.

МВР соопшти дека тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Исто така, на 19.09.2024 во 18.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.Р.(31) и Е.И.(34), двајцата од Куманово, затоа што од приватен имот во кумановско одзеле домашни животни.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

The post Уапсени четворица кумановци кои украле домашни животни и предмети од неколку приватни имоти во градот appeared first on Република.

]]>

На 19.09.2024, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Ѓ.С.(32) и С.Б.(27), двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека на 21.07.2024 одзеле предмети од приватен имот во Куманово. МВР соопшти дека тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави. Исто така, на 19.09.2024 во 18.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.Р.(31) и Е.И.(34), двајцата од Куманово, затоа што од приватен имот во кумановско одзеле домашни животни. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

The post Уапсени четворица кумановци кои украле домашни животни и предмети од неколку приватни имоти во градот appeared first on Република.

]]>
На британската министерка за внатрешни работи и била украдена чантата на состанок со полицијата https://republika.mk/vesti/svet/na-britanskata-ministerka-za-vnatreshni-raboti-i-bila-ukradena-chantata-na-sostanok-so-politsijata/ Thu, 12 Sep 2024 16:10:23 +0000 https://republika.mk/?p=815811

На британската министерка за внатрешни работи Диана Џонсон и е украдена чантата на состанок со припадници на полицијата на кој се разговарало за растечкиот проблем со кражбите.

Џонсон на средба таа истакна дека Велика Британија „е зафатена од епидемија на асоцијално однесување, кражби и ограбување на продавници“.

Кражбата се случи пред два дена во Ворвикшир, централна Англија. Локалната полиција соопшти дека се истражува кражбата на чанта во хотелот каде се одржуваше конференцијата.

Неименуван владин претставник изјави дека украдената чанта не претставува безбедносен ризик.

Британското Министерство за внатрешни работи одби да го коментира случајот.

The post На британската министерка за внатрешни работи и била украдена чантата на состанок со полицијата appeared first on Република.

]]>

На британската министерка за внатрешни работи Диана Џонсон и е украдена чантата на состанок со припадници на полицијата на кој се разговарало за растечкиот проблем со кражбите. Џонсон на средба таа истакна дека Велика Британија „е зафатена од епидемија на асоцијално однесување, кражби и ограбување на продавници“. Кражбата се случи пред два дена во Ворвикшир, централна Англија. Локалната полиција соопшти дека се истражува кражбата на чанта во хотелот каде се одржуваше конференцијата. Неименуван владин претставник изјави дека украдената чанта не претставува безбедносен ризик. Британското Министерство за внатрешни работи одби да го коментира случајот.

The post На британската министерка за внатрешни работи и била украдена чантата на состанок со полицијата appeared first on Република.

]]>
Направиле тунел од соседната зграда и краделе докази од судот во Подгорица https://republika.mk/vesti/balkan/napravile-tunel-od-sosednata-zgrada-i-kradele-dokazi-od-sudot-vo-podgoritsa/ Tue, 10 Sep 2024 07:25:28 +0000 https://republika.mk/?p=814775

Обвинение е подигнато против осум лица поврзани со минатогодишната кражба во депото на Вишиот суд во Подгорица, до кое крадците дошле преку тунел ископан од соседната зграда. Против едно лице истрагата е прекината.

Основното државно обвинителство во Подгорица подигна обвинение пред Основниот суд во Подгорица против шест лица, поради кривично дело организирање криминална група во врска со тешка кражба.

Против едно лице е поднесено обвинение за организирање криминална група во врска со тешка кражба и фалсификување документи, а против едно лице за помагање на сторителот по извршувањето на кривично дело.

Според обвинението, од депото на Вишиот суд во Подгорица биле противправно одземени 11 мобилни телефони, како и 19 парчиња огнено оружје, од кои 11 биле од предмети кои завршиле со правосилна пресуда, а останатите осум од предмети кои сè уште се во процес.

Исто така, биле одземени и помали количини дрога – марихуана, хероин и кокаин од три правосилно завршени предмети и два предмети кои сè уште се во постапка, се наведува во соопштението.

The post Направиле тунел од соседната зграда и краделе докази од судот во Подгорица appeared first on Република.

]]>

Обвинение е подигнато против осум лица поврзани со минатогодишната кражба во депото на Вишиот суд во Подгорица, до кое крадците дошле преку тунел ископан од соседната зграда. Против едно лице истрагата е прекината. Основното државно обвинителство во Подгорица подигна обвинение пред Основниот суд во Подгорица против шест лица, поради кривично дело организирање криминална група во врска со тешка кражба. Против едно лице е поднесено обвинение за организирање криминална група во врска со тешка кражба и фалсификување документи, а против едно лице за помагање на сторителот по извршувањето на кривично дело. Според обвинението, од депото на Вишиот суд во Подгорица биле противправно одземени 11 мобилни телефони, како и 19 парчиња огнено оружје, од кои 11 биле од предмети кои завршиле со правосилна пресуда, а останатите осум од предмети кои сè уште се во процес.
Исто така, биле одземени и помали количини дрога – марихуана, хероин и кокаин од три правосилно завршени предмети и два предмети кои сè уште се во постапка, се наведува во соопштението.

The post Направиле тунел од соседната зграда и краделе докази од судот во Подгорица appeared first on Република.

]]>
Девојка и повозрасна жена нападнати во Аеродром https://republika.mk/vesti/crna-hronika/devojka-napadnata-vo-aerodrom-kradetsot-ja-zel-chantata/ Mon, 02 Sep 2024 13:59:02 +0000 https://republika.mk/?p=812065

На 31.08.2024 во 20.10 часот во СВР Скопје, А.Ј. (20) од Скопје пријавила дека околу 19.30 часот во близина на трговски центар на подрачјето на општина Аеродром, едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело чанта со пари, лични документи и лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.08.2024 во 17.20 часот во СВР Скопје, Е.П.(61) од Скопје пријавила дека околу 16.10 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Девојка и повозрасна жена нападнати во Аеродром appeared first on Република.

]]>

На 31.08.2024 во 20.10 часот во СВР Скопје, А.Ј. (20) од Скопје пријавила дека околу 19.30 часот во близина на трговски центар на подрачјето на општина Аеродром, едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело чанта со пари, лични документи и лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 31.08.2024 во 17.20 часот во СВР Скопје, Е.П.(61) од Скопје пријавила дека околу 16.10 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Девојка и повозрасна жена нападнати во Аеродром appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава за „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас” https://republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-za-krazhba-na-elektrichna-energija-toplinska-energija-ili-priroden-gas/ Mon, 19 Aug 2024 08:54:48 +0000 https://republika.mk/?p=807873

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против В.Р. – инспектор за прекуграничен криминал и миграции Струга во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија во Регионалниот центар за гранични работи Запад, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас” по член 235-а од Кривичниот законик.

На 11.06.2024, вработени во ЕВН Струга констатирале дека пријавениот В.Р. врши неовластено преземање на електрична енергија на трифази во неговата куќа во с.Делгошти, струшко. Пријавениот, кражбата на електрична енергија ја вршел од бандера на ЕВН преку електрично броило поставено во куќата на неговиот починат татко, од каде бил пуштен кабел за електрична енергија до неговата куќа.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против В.Р. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.

The post Кривична пријава за „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас” appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против В.Р. – инспектор за прекуграничен криминал и миграции Струга во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија во Регионалниот центар за гранични работи Запад, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас” по член 235-а од Кривичниот законик. На 11.06.2024, вработени во ЕВН Струга констатирале дека пријавениот В.Р. врши неовластено преземање на електрична енергија на трифази во неговата куќа во с.Делгошти, струшко. Пријавениот, кражбата на електрична енергија ја вршел од бандера на ЕВН преку електрично броило поставено во куќата на неговиот починат татко, од каде бил пуштен кабел за електрична енергија до неговата куќа. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против В.Р. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.

The post Кривична пријава за „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас” appeared first on Република.

]]>
Ги чувал да купи хотел: Се вратил од одмор и видел дека му фалат 850.000 евра https://republika.mk/vesti/balkan/gi-chuval-da-kupi-hotel-se-vratil-od-odmor-i-videl-deka-mu-falat-850-000-evra/ Thu, 25 Jul 2024 08:53:29 +0000 https://republika.mk/?p=800096

Во населбата Здена кај Сански Мост ноќта меѓу петокот и саботата се случил филмски грабеж.

Како што дознава „Дневни аваз“, во тој грабеж биле украдени 1,7 милиони КМ, што е околу 850.000 евра. Граѓанин на Сански Мост, кој долги години живее во Соединетите Американски Држави, бил ограбен, а тој дошол во својот град на одмор.

Според неофицијални информации, ограбениот сакал да купи хотел, па за таа цел чувал пари. Но, тој ги оставил парите во куќата и отишол на море, а кога се вратил останал шокиран, бидејќи немало пари. На станот се видливи траги од кражба, а сега се проверува и видео надзорот.

The post Ги чувал да купи хотел: Се вратил од одмор и видел дека му фалат 850.000 евра appeared first on Република.

]]>

Во населбата Здена кај Сански Мост ноќта меѓу петокот и саботата се случил филмски грабеж. Како што дознава „Дневни аваз“, во тој грабеж биле украдени 1,7 милиони КМ, што е околу 850.000 евра. Граѓанин на Сански Мост, кој долги години живее во Соединетите Американски Држави, бил ограбен, а тој дошол во својот град на одмор. Според неофицијални информации, ограбениот сакал да купи хотел, па за таа цел чувал пари. Но, тој ги оставил парите во куќата и отишол на море, а кога се вратил останал шокиран, бидејќи немало пари. На станот се видливи траги од кражба, а сега се проверува и видео надзорот.

The post Ги чувал да купи хотел: Се вратил од одмор и видел дека му фалат 850.000 евра appeared first on Република.

]]>
Со алат демонтирале два големи мотори во напуштена свињаска фарма https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-alat-demontirale-dva-golemi-motori-vo-napushtena-svinaska-farma/ Wed, 17 Jul 2024 16:57:32 +0000 https://republika.mk/?p=797755

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север, синоќа околу 22.00 часот, ги лишиле од слобода Е.Б.(29) и Е.И.(25), двајцата од Куманово.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, тие биле затекнати со уште едно лице при извршување „тешка кражба“ во објект на поранешна, сега напуштена свињарска фарма во село Речица, кумановско, каде што со алат демонтирале два големи мотори.

-Од лицата бил одземен алатот со кој го извршиле делото, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. По целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

The post Со алат демонтирале два големи мотори во напуштена свињаска фарма appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север, синоќа околу 22.00 часот, ги лишиле од слобода Е.Б.(29) и Е.И.(25), двајцата од Куманово. Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, тие биле затекнати со уште едно лице при извршување „тешка кражба“ во објект на поранешна, сега напуштена свињарска фарма во село Речица, кумановско, каде што со алат демонтирале два големи мотори. -Од лицата бил одземен алатот со кој го извршиле делото, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. По целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

The post Со алат демонтирале два големи мотори во напуштена свињаска фарма appeared first on Република.

]]>
Нападнал полицаец кој сакал да го приведе: Крадец фатен на дело https://republika.mk/vesti/crna-hronika/napadnal-politsaets-koj-sakal-da-go-privede-kradets-faten-na-delo/ Mon, 01 Jul 2024 17:34:01 +0000 https://republika.mk/?p=792504

На 30.06.2024 во 21:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, при преземање на службени дејства во врска со пријава за сторено кривично дело тешка кражба во обид во деловен субјект на подрачјето на Гази Баба, полициски службеник бил физички нападнат од Г.Е.(25) од Скопје.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

The post Нападнал полицаец кој сакал да го приведе: Крадец фатен на дело appeared first on Република.

]]>

На 30.06.2024 во 21:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, при преземање на службени дејства во врска со пријава за сторено кривично дело тешка кражба во обид во деловен субјект на подрачјето на Гази Баба, полициски службеник бил физички нападнат од Г.Е.(25) од Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

The post Нападнал полицаец кој сакал да го приведе: Крадец фатен на дело appeared first on Република.

]]>
И пришол од зад грб, ја фатил за рамо и ѝ го скинал златното синџирче од вратот: Скопјанец обвинет за дрска кражба https://republika.mk/vesti/crna-hronika/i-prishol-od-zad-grb-ja-fatil-za-ramo-i-go-skinal-zlatnoto-sindhirche-od-vratot-skopjanets-obvinet-za-drska-krazhba/ Tue, 25 Jun 2024 18:32:36 +0000 https://republika.mk/?p=790754

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 31-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“ согласно 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, кој може да се даде во бегство или да го повтори делото.

Како што информира ОЈО, на 24 јуни на улицата „Разловечко востание“ во Скопје, во близина на супермаркет, осомничениот се доближил зад грбот на една оштетена, ја фатил за левото рамо, а со другата рака и го скинал златното синџирче со приврзок од вратот и го украл, стекнувајќи се со противправна корист од околу 30.000 денари. Со трчање избегал кон автобуска постојка на булеварот „Партизански одреди“ и се качил во автобус.

Полициски службеници го лишиле од слобода 15 минути подоцна, на автобуската станица кај „Симпо“, при што кај него го пронашле украденото синџирче, соопшти ОЈО.

The post И пришол од зад грб, ја фатил за рамо и ѝ го скинал златното синџирче од вратот: Скопјанец обвинет за дрска кражба appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 31-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“ согласно 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, кој може да се даде во бегство или да го повтори делото. Како што информира ОЈО, на 24 јуни на улицата „Разловечко востание“ во Скопје, во близина на супермаркет, осомничениот се доближил зад грбот на една оштетена, ја фатил за левото рамо, а со другата рака и го скинал златното синџирче со приврзок од вратот и го украл, стекнувајќи се со противправна корист од околу 30.000 денари. Со трчање избегал кон автобуска постојка на булеварот „Партизански одреди“ и се качил во автобус.
Полициски службеници го лишиле од слобода 15 минути подоцна, на автобуската станица кај „Симпо“, при што кај него го пронашле украденото синџирче, соопшти ОЈО.

The post И пришол од зад грб, ја фатил за рамо и ѝ го скинал златното синџирче од вратот: Скопјанец обвинет за дрска кражба appeared first on Република.

]]>
Украдени и оштетени документи од Матичното во Прилеп, се бара кој влегол и зошто https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ukradeni-i-oshteteni-dokumenti-od-matichnoto-vo-prilep-se-bara-koj-vlegol-i-zoshto/ Sun, 12 May 2024 14:44:06 +0000 https://republika.mk/?p=777348

Од подрачната канцеларија на Управата за водење на матични книги во Прилеп од страна на непознат сторител биле одземени документација, монитори и куќишта од компјутери, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

На 11.05.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во период од 10.05.2024 до 11.05.2024 од страна на непознат сторител било влезено во канцелариски простории сопственост на Министерство за правда - Управа за водење на матични книги, подрачна канцеларија Прилеп лоцирана на ул.„Димо Наредникот" во Прилеп при што одзел документација, оштетил дел од документацијата и одзел монитори и куќишта од компјутери. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, наведува МВР во дневниот Билтен.

The post Украдени и оштетени документи од Матичното во Прилеп, се бара кој влегол и зошто appeared first on Република.

]]>

Од подрачната канцеларија на Управата за водење на матични книги во Прилеп од страна на непознат сторител биле одземени документација, монитори и куќишта од компјутери, информира денеска Министерството за внатрешни работи.
На 11.05.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во период од 10.05.2024 до 11.05.2024 од страна на непознат сторител било влезено во канцелариски простории сопственост на Министерство за правда - Управа за водење на матични книги, подрачна канцеларија Прилеп лоцирана на ул.„Димо Наредникот" во Прилеп при што одзел документација, оштетил дел од документацијата и одзел монитори и куќишта од компјутери. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, наведува МВР во дневниот Билтен.

The post Украдени и оштетени документи од Матичното во Прилеп, се бара кој влегол и зошто appeared first on Република.

]]>
Тројца мажи се обиделе да влезат во објект во Чаир каде се чувал изборен материјал https://republika.mk/vesti/crna-hronika/trojtsa-mazhi-se-obidele-da-vlezat-vo-objekt-vo-chair-kade-se-chuval-izboren-materijal/ Tue, 07 May 2024 16:42:21 +0000 https://republika.mk/?p=775078

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото.

Како што информираат денеска од МВР, не е причинета штета на капијата ни на изборниот материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Тројца мажи се обиделе да влезат во објект во Чаир каде се чувал изборен материјал appeared first on Република.

]]>

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото. Како што информираат денеска од МВР, не е причинета штета на капијата ни на изборниот материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Тројца мажи се обиделе да влезат во објект во Чаир каде се чувал изборен материјал appeared first on Република.

]]>
Приведени крадци во Скопје, одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците https://republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeni-kradtsi-vo-skopje-odzemenoto-e-pronajdeno-i-ke-bide-vrateno-na-sopstvenitsite/ Tue, 07 May 2024 09:45:10 +0000 https://republika.mk/?p=774957

На 06.05.2024 во периодот од 22.45 до 23.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода четири малолетници од Скопје.

Тие се сомничат дека околу 22.00 часот на подрачјето на Центар со закана со остар предмет од двајца други малолетници одзеле пари.

Со малолетниците бил извршен службен разговор, а парите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

The post Приведени крадци во Скопје, одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците appeared first on Република.

]]>

На 06.05.2024 во периодот од 22.45 до 23.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода четири малолетници од Скопје. Тие се сомничат дека околу 22.00 часот на подрачјето на Центар со закана со остар предмет од двајца други малолетници одзеле пари. Со малолетниците бил извршен службен разговор, а парите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

The post Приведени крадци во Скопје, одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците appeared first on Република.

]]>
Со закана кон вработената ограбил продавница во Струмица: Уапсен разбојник од Пехчево https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-zakana-kon-vrabotenata-ograbil-prodavnitsa-vo-strumitsa-uapsen-razbojnik-od-pehchevo/ Sun, 21 Apr 2024 10:04:05 +0000 https://republika.mk/?p=768777

Полициски службеници од СВР Струмица во 01.10 часот во Струмица, го лишиле од слобода Ѓ.М.(36) од Пехчево, соопштија од МВР.

Тој се сомничи дека на 20.04.2024 во 22.45 часот во продажен објект во Струмица со закана кон вработената одзел повеќе производи.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.

The post Со закана кон вработената ограбил продавница во Струмица: Уапсен разбојник од Пехчево appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Струмица во 01.10 часот во Струмица, го лишиле од слобода Ѓ.М.(36) од Пехчево, соопштија од МВР. Тој се сомничи дека на 20.04.2024 во 22.45 часот во продажен објект во Струмица со закана кон вработената одзел повеќе производи.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.

The post Со закана кон вработената ограбил продавница во Струмица: Уапсен разбојник од Пехчево appeared first on Република.

]]>
Фатени „Монти Пајтон“ крадците од грабежот во Црниче https://republika.mk/vesti/makedonija/fateni-monti-pajton-kradtsite-od-grabezhot-vo-tsrniche/ Fri, 19 Apr 2024 10:33:07 +0000 https://republika.mk/?p=767972

Расчистена е кражбата во која крадците среде ноќ украдоа сеф од маркет во Црниче, по што тој им испадна од возилото за бегство.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/filmskiot-grabezh-vo-tsrniche-bil-monti-pajton-sefot-im-ispadnal-dodeka-begale/

Во врска со тешка кражба во маркет „Рептил“ извршена на 1 април 2024 година во населба Црниче, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, Секторот за внатрешни работи Скопје презема оперативно-тактички мерки и истражни дејствија и ги лиши од слобода лицата В.З и В.Т од Скопје.

На ден 18.04.2024 од страна на инспектори од ОКР Кисела Вода заедно со полициски службеници од ЕИП и ПС Ѓорче Петров врз основа на издадена судска наредба од Основен Кривичен Суд Скопје изврши претреси на дом и други простории кај двете лица.
Истиот ден од страна на ЕВР Кисела Вода поднесена е кривична пријава за кривично дело „Тешка кражба” предвидено и казниво по член 236 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка за едното лице определена е мерка притвор, соопшти Тошковски.

Претходно денеска од Основното јавно обвинителство Скопје соопштија дека повеле постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба на сеф во Скопје.

Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот заедно со уште три лица, провалиле во затворен маркет на улицата „Востаничка“ во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или се во вкупна вредност од 285.000 денари, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Како што е наведено во соопштението, со возило пристигнале пред маркетот, со употреба на погоден алат – хебла, клешти и друго делувале врз влезната врата од маркетот, но не успеале да ја отворат. Еден од сторителите го стартувал возилото и удрил со задниот дел, кршејќи ги двете лизгачки врати. Потоа заедно со останатите осомничени ги демонтирале и ги поставиле покрај влезот од маркетот. Преку така направениот отвор сега осомничениот заедно со другите лица влегол во просторијата наменета за вработени, од каде го одзеле металниот сеф со дневен промет и цигарите, па заминале во непознат правец.

Бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Полицијата работи на откривање на неговите соучесници, велат од Обвинителството.

The post Фатени „Монти Пајтон“ крадците од грабежот во Црниче appeared first on Република.

]]>

Расчистена е кражбата во која крадците среде ноќ украдоа сеф од маркет во Црниче, по што тој им испадна од возилото за бегство. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/filmskiot-grabezh-vo-tsrniche-bil-monti-pajton-sefot-im-ispadnal-dodeka-begale/ Во врска со тешка кражба во маркет „Рептил“ извршена на 1 април 2024 година во населба Црниче, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, Секторот за внатрешни работи Скопје презема оперативно-тактички мерки и истражни дејствија и ги лиши од слобода лицата В.З и В.Т од Скопје.
На ден 18.04.2024 од страна на инспектори од ОКР Кисела Вода заедно со полициски службеници од ЕИП и ПС Ѓорче Петров врз основа на издадена судска наредба од Основен Кривичен Суд Скопје изврши претреси на дом и други простории кај двете лица. Истиот ден од страна на ЕВР Кисела Вода поднесена е кривична пријава за кривично дело „Тешка кражба” предвидено и казниво по член 236 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка за едното лице определена е мерка притвор, соопшти Тошковски.
Претходно денеска од Основното јавно обвинителство Скопје соопштија дека повеле постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба на сеф во Скопје.
Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот заедно со уште три лица, провалиле во затворен маркет на улицата „Востаничка“ во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или се во вкупна вредност од 285.000 денари, соопшти денеска Јавното обвинителство.
Како што е наведено во соопштението, со возило пристигнале пред маркетот, со употреба на погоден алат – хебла, клешти и друго делувале врз влезната врата од маркетот, но не успеале да ја отворат. Еден од сторителите го стартувал возилото и удрил со задниот дел, кршејќи ги двете лизгачки врати. Потоа заедно со останатите осомничени ги демонтирале и ги поставиле покрај влезот од маркетот. Преку така направениот отвор сега осомничениот заедно со другите лица влегол во просторијата наменета за вработени, од каде го одзеле металниот сеф со дневен промет и цигарите, па заминале во непознат правец. Бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Полицијата работи на откривање на неговите соучесници, велат од Обвинителството.

The post Фатени „Монти Пајтон“ крадците од грабежот во Црниче appeared first on Република.

]]>
Фатени крадци на дело во рудникот Суводол https://republika.mk/vesti/crna-hronika/fateni-kradtsi-na-delo-vo-rudnikot-suvodol/ Fri, 12 Apr 2024 08:34:25 +0000 https://republika.mk/?p=765288

Вчера во 16.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Новаци ги лишиле од слобода С.Р.(31), Ј.В.(28), Ѓ.В.(30) и Д.М.(22), сите од Битола. Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во кругот на рудник Суводол, систем Брод - Гнеотино, при што одзеле повеќе предмети.

Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Фатени крадци на дело во рудникот Суводол appeared first on Република.

]]>

Вчера во 16.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Новаци ги лишиле од слобода С.Р.(31), Ј.В.(28), Ѓ.В.(30) и Д.М.(22), сите од Битола. Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во кругот на рудник Суводол, систем Брод - Гнеотино, при што одзеле повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Фатени крадци на дело во рудникот Суводол appeared first on Република.

]]>
Откриена шемата: Две лица кренале 11 кредити со украдени податоци од фирми https://republika.mk/vesti/crna-hronika/otkriena-shemata-dve-litsa-krenale-11-krediti-so-ukradeni-podatotsi-od-firmi/ Tue, 26 Mar 2024 15:30:11 +0000 https://republika.mk/?p=759024

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.С.(22) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и против Б.К.(54) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Пријавените, во периодот од април 2022 година до март 2023 ги искористиле личните и банкарски податоци на лице од Штип во седум финансиски друштва при аплицирање за 17 онлајн кредити, од кои биле одобрени 11 кредити во вкупен износ од 339.700 денари. Одобрените парични средства од финансиските друштва биле уплатени на банкарската сметка на оштетениот, по што првопријавената неовластено во повеќе наврати повлекувала парични средства од повеќе банкомати во Штип, со што се стекнала со материјална корист во вкупен износ од 339.700 денари.

The post Откриена шемата: Две лица кренале 11 кредити со украдени податоци од фирми appeared first on Република.

]]>

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.С.(22) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и против Б.К.(54) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Пријавените, во периодот од април 2022 година до март 2023 ги искористиле личните и банкарски податоци на лице од Штип во седум финансиски друштва при аплицирање за 17 онлајн кредити, од кои биле одобрени 11 кредити во вкупен износ од 339.700 денари. Одобрените парични средства од финансиските друштва биле уплатени на банкарската сметка на оштетениот, по што првопријавената неовластено во повеќе наврати повлекувала парични средства од повеќе банкомати во Штип, со што се стекнала со материјална корист во вкупен износ од 339.700 денари.

The post Откриена шемата: Две лица кренале 11 кредити со украдени податоци од фирми appeared first on Република.

]]>