кралицата елизабета Archives - Република https://republika.mk/tema/kralicata-elizabeta/ За подобро да се разбереме Sun, 25 Sep 2022 08:04:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кралицата елизабета Archives - Република https://republika.mk/tema/kralicata-elizabeta/ 32 32 Официјално откриен надгробниот споменик на кралицата Елизабета Втора https://republika.mk/vesti/svet/oficijalno-otkrien-nadgrobniot-spomenik-na-kralicata-elizabeta-vtora/ Sun, 25 Sep 2022 08:26:37 +0000 https://republika.mk/?p=553928

Надгробниот споменик на британската кралица Елизабета Втора вчера е официјално откриен во дворецот Виндзор, пет дена по нејзиниот погреб, соопшти Бакингемската палата.

Елизабета Втора е погребана во гробницата на Џорџ Шести, именувана по таткото на кралицата, кој почина во 1952 година.

Во таа гробница се посмртните останки на нејзините родители и принцот Филип, сопругот на Елизабета, кој почина во 2021 година. Исто така во таа гробница се наоѓа и урната на нејзината сестра Маргарета.

Споменикот на кралицата е рачно направен од белгиски црн мермер со букви од месинг букви, „за да се усогласи со другите споменици во гробницата“, соопшти Бакингемската палата.

Елизабета Втора (96) почина на 8 септември во Шкотска по повеќе од 70 години владеење. Таа беше погребана на 19 септември. Новиот крал е Чарлс Трети, нејзиниот најстар син.

The post Официјално откриен надгробниот споменик на кралицата Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>

Надгробниот споменик на британската кралица Елизабета Втора вчера е официјално откриен во дворецот Виндзор, пет дена по нејзиниот погреб, соопшти Бакингемската палата. Елизабета Втора е погребана во гробницата на Џорџ Шести, именувана по таткото на кралицата, кој почина во 1952 година. Во таа гробница се посмртните останки на нејзините родители и принцот Филип, сопругот на Елизабета, кој почина во 2021 година. Исто така во таа гробница се наоѓа и урната на нејзината сестра Маргарета. Споменикот на кралицата е рачно направен од белгиски црн мермер со букви од месинг букви, „за да се усогласи со другите споменици во гробницата“, соопшти Бакингемската палата. Елизабета Втора (96) почина на 8 септември во Шкотска по повеќе од 70 години владеење. Таа беше погребана на 19 септември. Новиот крал е Чарлс Трети, нејзиниот најстар син.

The post Официјално откриен надгробниот споменик на кралицата Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>
Пендаровски и сопругата до Мило Ѓукановиќ на погребната служба за кралицата Елизабета https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-i-soprugata-do-milo-gjukanovikj-na-pogrebnata-sluzba-za-kralicata-elizabeta/ Mon, 19 Sep 2022 12:53:12 +0000 https://republika.mk/?p=552263

Претседателот Стево Пендаровски, придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, денеска во Вестминстерската опатија во Лондон присуствуваше на државната погребна служба на кралицата Елизабета Втора.

По службата, претседателот Пендаровски присуствуваше на приемот што го приреди Секретарот за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство, Џејмс Клеверли.

Вчера, претседателот Пендаровски во Вестминстерската сала оддаде почит на посмртните останки на кралицата Елизабета Втора, а во Ланкастер хаус се потпиша во книгата на жалост.

Вчеравечер, претседателот Пендаровски во Бакингамската палата присуствуваше на приемот што за шефовите на делегациите го приреди кралот Чарлс Трети.

На погребната служба во Вестминстерската опатија, присуствуваа над 2.000 високи гости од целиот свет. Ѕвоната на Вестминстерската опатија биеја 96 пати на секоја минута, означувајќи ја должината на животот накралицата.

The post Пендаровски и сопругата до Мило Ѓукановиќ на погребната служба за кралицата Елизабета appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски, придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, денеска во Вестминстерската опатија во Лондон присуствуваше на државната погребна служба на кралицата Елизабета Втора. По службата, претседателот Пендаровски присуствуваше на приемот што го приреди Секретарот за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство, Џејмс Клеверли. Вчера, претседателот Пендаровски во Вестминстерската сала оддаде почит на посмртните останки на кралицата Елизабета Втора, а во Ланкастер хаус се потпиша во книгата на жалост. Вчеравечер, претседателот Пендаровски во Бакингамската палата присуствуваше на приемот што за шефовите на делегациите го приреди кралот Чарлс Трети. На погребната служба во Вестминстерската опатија, присуствуваа над 2.000 високи гости од целиот свет. Ѕвоната на Вестминстерската опатија биеја 96 пати на секоја минута, означувајќи ја должината на животот накралицата.

The post Пендаровски и сопругата до Мило Ѓукановиќ на погребната служба за кралицата Елизабета appeared first on Република.

]]>
Кралското семејство нема да плати ни за погребот: Кралицата ќе биде погребана на државна сметка https://republika.mk/vesti/svet/kralskoto-semejstvo-nema-da-plati-ni-za-pogrebot-kralicata-kje-bide-pogrebana-na-drzavna-smetka/ Fri, 16 Sep 2022 21:39:43 +0000 https://republika.mk/?p=551604

Бакингемската палата потврди дека погребот на кралицата Елизабета Втора ќе биде во понеделник на 19 септември во Вестминстерската опатија во Лондон. Погребот ќе биде најголемата безбедносна операција досега за лондонската полиција.

Полицијата ќе распореди најголем број полицајци до сега на улиците на градот, изјави Стјуарт Канди, заменик помошник началник на лондонската полиција, истакнувајќи дека тоа ќе биде нивната најголема безбедносна операција досега. Ќе се соберат бројни светски лидери и монарси, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон.

Полициското обезбедување ќе биде поголемо отколку на Олимписките игри во 2012 година и на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата.Планиран е со години и нема да се штеди трошок за спектакуларно испраќање кое досега не е видено. Тој ден ќе биде прогласен за национален празник, а ќе присуствуваат стотици странски државници и светски лидери.

Ова можеби најскапиот британски државен настан во модерното време, чиј трошок се очекува да надмине осум милиони фунти. „Тајмс“ пишува дека трошоците ќе бидат околу шест милиони, но тоа е нереална бројка бидејќи речиси сите големи кралски настани како овој досега чинеле околу осум милиони фунти.

Најголем дел ќе оди на осигурување. Деталите за трошоците британскиот парламент ќе ги соопшти подоцна, а се ќе се плаќа од државниот буџет, односно од џебот на даночните обврзници.

Инаку, последниот државен погреб во Велика Британија го одржа Винстон Черчил во 1965 година.

The post Кралското семејство нема да плати ни за погребот: Кралицата ќе биде погребана на државна сметка appeared first on Република.

]]>

Бакингемската палата потврди дека погребот на кралицата Елизабета Втора ќе биде во понеделник на 19 септември во Вестминстерската опатија во Лондон. Погребот ќе биде најголемата безбедносна операција досега за лондонската полиција. Полицијата ќе распореди најголем број полицајци до сега на улиците на градот, изјави Стјуарт Канди, заменик помошник началник на лондонската полиција, истакнувајќи дека тоа ќе биде нивната најголема безбедносна операција досега. Ќе се соберат бројни светски лидери и монарси, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон. Полициското обезбедување ќе биде поголемо отколку на Олимписките игри во 2012 година и на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата.Планиран е со години и нема да се штеди трошок за спектакуларно испраќање кое досега не е видено. Тој ден ќе биде прогласен за национален празник, а ќе присуствуваат стотици странски државници и светски лидери. Ова можеби најскапиот британски државен настан во модерното време, чиј трошок се очекува да надмине осум милиони фунти. „Тајмс“ пишува дека трошоците ќе бидат околу шест милиони, но тоа е нереална бројка бидејќи речиси сите големи кралски настани како овој досега чинеле околу осум милиони фунти. Најголем дел ќе оди на осигурување. Деталите за трошоците британскиот парламент ќе ги соопшти подоцна, а се ќе се плаќа од државниот буџет, односно од џебот на даночните обврзници. Инаку, последниот државен погреб во Велика Британија го одржа Винстон Черчил во 1965 година.

The post Кралското семејство нема да плати ни за погребот: Кралицата ќе биде погребана на државна сметка appeared first on Република.

]]>
Погребот на кралицата ги скара светските лидери: Само Бајден со автомобил, другите навредени со автобус https://republika.mk/vesti/svet/pogrebot-na-kralicata-gi-skara-svetskite-lideri-samo-bajden-so-avtomobil-drugite-navredeni-so-avtobus/ Fri, 16 Sep 2022 06:24:48 +0000 https://republika.mk/?p=551235

Светските лидери се жалат откако дознале дека американскиот претседател Џо Бајден на погребот на кралицата Елизабета Втора може да дојде во приватна лимузина, а другите ќе мора да се возат во автобуси.

Навредени и револтирани, бројни странски државници сега бараат ист повластен третман каков што го има претседателот Бајден. Како што дознава Политико, дипломати од пет земји, вклучително и некои од групата Г7, побарале исклучоци за нивните лидери, наведувајќи ја возраста или безбедноста.

„Нашиот претседател е среќен да патува со автобус ако тоа му се каже, но има над 80 години. Ако постои начин да се избегне, ќе се обидеме да го обезбедиме“, рекол еден дипломат.

Прекуокеанските амбасади добиле упатство од Одделот за надворешни работи, Комонвелт и развој (ФЦДО) во саботата навечер, информирајќи ги дека странските државјани ќе бидат превезувани со автобуси од западен Лондон до Вестминстерската опатија поради „безбедносни и патни ограничувања“.

Два дена подоцна, британската влада тврди дека владата, а не Бакингемската палата, била задолжена за логистичките аранжмани за државниот погреб на кралицата Елизабета Втора. Меѓутоа, на прашањето дали се очекува и претседателот Бајден да дојде на погребот со автобус, одговорноста била префрлена на друго место.

„Тоа е прашање што треба да го упатите до американската влада. Аранжманите на претседателот, вклучително и начините на кои патува, ќе зависат од индивидуалните околности. Обезбедените упатства се само совети“, велат од Министерството, пренесува Политико.

Амбасадорите го критикуваат британското Министерство и тврдат дека не ги разјасниле критериумите според кои на одредени лидери ќе им биде дозволено да го прескокнат заедничкото патување. Други, пак, сметаат дека шефовите на држави ќе бидат „понижени“ доколку треба да се возат во автобус со лидерите на „помалите“ народи, а некои наведуваат толку апсурдни причини што тврдат дека таквиот третман ќе им се закани на нивната „машкост“.

Речиси 500 странски државници и членови на кралски семејство се очекува да ја испратат кралицата. Државниот погреб на кралицата Елизабета Втора. ќе биде една од најголемите логистички и безбедносни операции во историјата на земјата. Околу 10.000 полицајци се очекува да бидат распоредени околу Вестминстер секој ден. Боб Бродхерст, кој бил задолжен за безбедноста и логистиката за време на венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, изјавил за Гардијан дека уште 1.500 воени лица се на готовност за да се вклучат доколку ситуацијата го бара тоа.

Се очекува зголемено присуство на полицајци во парковите, јавниот превоз и во близина на официјалните кралски резиденции, а снајперисти ќе бидат распоредени на покривите.

Во средата вечерта, ковчегот на кралицата Елизабета Втора е транспортиран во Вестминстерската палата каде ќе биде до понеделник. Во 17 часот, кога салата конечно беше отворена за јавноста, редицата луѓе веќе се протегала четири километри по брегот на Темза. Околу 6.500 луѓе трпеливо чекале со часови, некои од нив од понеделникот напладне. За еден час покрај ковчегот на кралицата можат да поминат околу 3.000 луѓе, што значи дека до понеделник покрај ковчегот ќе поминат над 300.000 луѓе.

Сепак, првите проценки покажуваат дека досега за еден час покрај ковчегот на кралицата поминале само околу 1.200 луѓе. Една од причините за бавниот проток е тоа што на секои 20 минути се менуваат чуварите кои стојат до столбната плоча, со што се запира колоната на пет минути. Друга причина се британските министри кои имаат привилегиран пристап до ковчегот. За разлика од другите граѓани, 650 британски пратеници и 756 членови на Домот на лордовите, како и членовите на нивните семејства, можат да го „прескокнат“ редот и да го посетат ковчегот кога им одговара.

The post Погребот на кралицата ги скара светските лидери: Само Бајден со автомобил, другите навредени со автобус appeared first on Република.

]]>

Светските лидери се жалат откако дознале дека американскиот претседател Џо Бајден на погребот на кралицата Елизабета Втора може да дојде во приватна лимузина, а другите ќе мора да се возат во автобуси. Навредени и револтирани, бројни странски државници сега бараат ист повластен третман каков што го има претседателот Бајден. Како што дознава Политико, дипломати од пет земји, вклучително и некои од групата Г7, побарале исклучоци за нивните лидери, наведувајќи ја возраста или безбедноста. „Нашиот претседател е среќен да патува со автобус ако тоа му се каже, но има над 80 години. Ако постои начин да се избегне, ќе се обидеме да го обезбедиме“, рекол еден дипломат. Прекуокеанските амбасади добиле упатство од Одделот за надворешни работи, Комонвелт и развој (ФЦДО) во саботата навечер, информирајќи ги дека странските државјани ќе бидат превезувани со автобуси од западен Лондон до Вестминстерската опатија поради „безбедносни и патни ограничувања“. Два дена подоцна, британската влада тврди дека владата, а не Бакингемската палата, била задолжена за логистичките аранжмани за државниот погреб на кралицата Елизабета Втора. Меѓутоа, на прашањето дали се очекува и претседателот Бајден да дојде на погребот со автобус, одговорноста била префрлена на друго место.
„Тоа е прашање што треба да го упатите до американската влада. Аранжманите на претседателот, вклучително и начините на кои патува, ќе зависат од индивидуалните околности. Обезбедените упатства се само совети“, велат од Министерството, пренесува Политико.
Амбасадорите го критикуваат британското Министерство и тврдат дека не ги разјасниле критериумите според кои на одредени лидери ќе им биде дозволено да го прескокнат заедничкото патување. Други, пак, сметаат дека шефовите на држави ќе бидат „понижени“ доколку треба да се возат во автобус со лидерите на „помалите“ народи, а некои наведуваат толку апсурдни причини што тврдат дека таквиот третман ќе им се закани на нивната „машкост“. Речиси 500 странски државници и членови на кралски семејство се очекува да ја испратат кралицата. Државниот погреб на кралицата Елизабета Втора. ќе биде една од најголемите логистички и безбедносни операции во историјата на земјата. Околу 10.000 полицајци се очекува да бидат распоредени околу Вестминстер секој ден. Боб Бродхерст, кој бил задолжен за безбедноста и логистиката за време на венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, изјавил за Гардијан дека уште 1.500 воени лица се на готовност за да се вклучат доколку ситуацијата го бара тоа. Се очекува зголемено присуство на полицајци во парковите, јавниот превоз и во близина на официјалните кралски резиденции, а снајперисти ќе бидат распоредени на покривите. Во средата вечерта, ковчегот на кралицата Елизабета Втора е транспортиран во Вестминстерската палата каде ќе биде до понеделник. Во 17 часот, кога салата конечно беше отворена за јавноста, редицата луѓе веќе се протегала четири километри по брегот на Темза. Околу 6.500 луѓе трпеливо чекале со часови, некои од нив од понеделникот напладне. За еден час покрај ковчегот на кралицата можат да поминат околу 3.000 луѓе, што значи дека до понеделник покрај ковчегот ќе поминат над 300.000 луѓе. Сепак, првите проценки покажуваат дека досега за еден час покрај ковчегот на кралицата поминале само околу 1.200 луѓе. Една од причините за бавниот проток е тоа што на секои 20 минути се менуваат чуварите кои стојат до столбната плоча, со што се запира колоната на пет минути. Друга причина се британските министри кои имаат привилегиран пристап до ковчегот. За разлика од другите граѓани, 650 британски пратеници и 756 членови на Домот на лордовите, како и членовите на нивните семејства, можат да го „прескокнат“ редот и да го посетат ковчегот кога им одговара.

The post Погребот на кралицата ги скара светските лидери: Само Бајден со автомобил, другите навредени со автобус appeared first on Република.

]]>
Ковчегот на кралицата ќе биде изложен 5 дена во Вестминстерската палата https://republika.mk/vesti/svet/kovchegot-na-kralicata-kje-bide-izlozen-5-dena-vo-vestminsterskata-palata/ Mon, 12 Sep 2022 08:34:22 +0000 https://republika.mk/?p=549924

Ковчегот на кралицата Елизабета Втора ќе биде изложен во Вестминстерската палата во текот на следните неколку дена, а бидејќи се очекуваат огромни гужви, сегашните проценки покажуваат дека граѓаните ќе мора да чекаат во редови неколку часа, а можеби и денови, за да стигнат до ковчегот.

Бидејќи телото ќе биде изложено во текот на целиот ден, од среда до понеделник, 19 септември, односно до денот на погребот, се очекуваат долги редици и во текот на ноќта.

Патем, последниот член на кралското семејство чиј ковчег беше изложен на јавноста беше Елизабет Боус Лион, мајката на кралицата, во 2002 година, кога повеќе од 200.000 чекаа да го видат нејзиниот ковчег.

Англиската влада поради очекуваниот рекорден број граѓани ги советува граѓаните да носат храна, пијалоци и соодветна облека.

Голем број граѓани и оддадоа почит на кралицата пред замокот Балморал каде што почина минатиот четврток, како и пред местата што ги сакаше како Бакингемската палата и другите кралски резиденции.

Толпата луѓе, исто така, се наредени на кортеж-маршрутата што патуваше од Балморал до Единбург во неделата додека нејзиниот ковчег тргна кон Лондон пред погребот,пренесуваат медиумите.

 

The post Ковчегот на кралицата ќе биде изложен 5 дена во Вестминстерската палата appeared first on Република.

]]>

Ковчегот на кралицата Елизабета Втора ќе биде изложен во Вестминстерската палата во текот на следните неколку дена, а бидејќи се очекуваат огромни гужви, сегашните проценки покажуваат дека граѓаните ќе мора да чекаат во редови неколку часа, а можеби и денови, за да стигнат до ковчегот. Бидејќи телото ќе биде изложено во текот на целиот ден, од среда до понеделник, 19 септември, односно до денот на погребот, се очекуваат долги редици и во текот на ноќта. Патем, последниот член на кралското семејство чиј ковчег беше изложен на јавноста беше Елизабет Боус Лион, мајката на кралицата, во 2002 година, кога повеќе од 200.000 чекаа да го видат нејзиниот ковчег. Англиската влада поради очекуваниот рекорден број граѓани ги советува граѓаните да носат храна, пијалоци и соодветна облека. Голем број граѓани и оддадоа почит на кралицата пред замокот Балморал каде што почина минатиот четврток, како и пред местата што ги сакаше како Бакингемската палата и другите кралски резиденции. Толпата луѓе, исто така, се наредени на кортеж-маршрутата што патуваше од Балморал до Единбург во неделата додека нејзиниот ковчег тргна кон Лондон пред погребот,пренесуваат медиумите.  

The post Ковчегот на кралицата ќе биде изложен 5 дена во Вестминстерската палата appeared first on Република.

]]>
Ковчегот со телото на кралицата Елизабета пристигна во Единбург https://republika.mk/vesti/svet/kovchegot-so-teloto-na-kralicata-elizabeta-pristigna-vo-edinburg/ Sun, 11 Sep 2022 19:01:02 +0000 https://republika.mk/?p=549840

По шест часа патување од нејзината летна резиденција во Балморал, ковчегот со телото на кралицата Елизабета II пристигна во главниот град на Шкотска, Единбург. На патот кон градот, десетици илјади граѓани ги преплавија улиците за да ја испратат за последен пат кралицата која 70 години владееше со кралството Британија.

Ковчегот беше покриен со шкотското кралско знаме и венци со цвеќиња набрани од имотот во Балморал. Голем дел од граѓаните на Единбург се собраа во центарот за да ја пречекаат поворката, во која беше и ќерката на кралицата, принцезата Ана, до патот до палатата Холирудхаус каде беа пречекани од почесната воена гарда. Поворката претходно помина низ шкотските градови Абердин, Данди и Перт.

Кралските војници на Шкотска, по пристугнувањето го однесоа ковчегот во палатата каде истото ќе остане во текот на ноќта. Веќе утре, ковчегот ќе биде положен во Холирудхаус, кралската резиденција во Единбург.

Инаку патувањето од Балморал беше само првото од низата која следи до државниот погреб која кралицата ќе го има во Вестминстер, Лондон на 19 септември.

The post Ковчегот со телото на кралицата Елизабета пристигна во Единбург appeared first on Република.

]]>

По шест часа патување од нејзината летна резиденција во Балморал, ковчегот со телото на кралицата Елизабета II пристигна во главниот град на Шкотска, Единбург. На патот кон градот, десетици илјади граѓани ги преплавија улиците за да ја испратат за последен пат кралицата која 70 години владееше со кралството Британија. Ковчегот беше покриен со шкотското кралско знаме и венци со цвеќиња набрани од имотот во Балморал. Голем дел од граѓаните на Единбург се собраа во центарот за да ја пречекаат поворката, во која беше и ќерката на кралицата, принцезата Ана, до патот до палатата Холирудхаус каде беа пречекани од почесната воена гарда. Поворката претходно помина низ шкотските градови Абердин, Данди и Перт. Кралските војници на Шкотска, по пристугнувањето го однесоа ковчегот во палатата каде истото ќе остане во текот на ноќта. Веќе утре, ковчегот ќе биде положен во Холирудхаус, кралската резиденција во Единбург. Инаку патувањето од Балморал беше само првото од низата која следи до државниот погреб која кралицата ќе го има во Вестминстер, Лондон на 19 септември.

The post Ковчегот со телото на кралицата Елизабета пристигна во Единбург appeared first on Република.

]]>
Трогателни зборови на Португалецот, Роналдо се збогува со кралицата https://republika.mk/vesti/svet/trogatelni-zborovi-na-portugalecot-ronaldo-se-zboguva-so-kralicata/ Sat, 10 Sep 2022 19:07:35 +0000 https://republika.mk/?p=549567

Британската кралица Елизабета Втора почина на 96-годишна возраст.

На островот владее општа жалост, а од неа се простуваат многу познати личности ширум светот.

Меѓу нив е и познатиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо.

Легендарниот Португалец се огласи преку Инстаграм, а не можеше да сокрие колку оваа вест го погоди.

„Седум години од мојата кариера играв во Премиер лигата, така што ова е мојата осма сезона што живеам во Англија. Во текот на сите овие години, ја чувствував вечната љубов на Обединетото Кралство за нејзината кралица и колку е важно нејзиното височество и засекогаш ќе биде за британскиот народ. Му оддавам почит на нејзиниот спомен и жалам за оваа непоправлива загуба на земјата што научив да ја нарекувам дома. Моите мисли и молитви се со кралското семејство “, напиша Роналдо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

The post Трогателни зборови на Португалецот, Роналдо се збогува со кралицата appeared first on Република.

]]>

Британската кралица Елизабета Втора почина на 96-годишна возраст. На островот владее општа жалост, а од неа се простуваат многу познати личности ширум светот. Меѓу нив е и познатиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо. Легендарниот Португалец се огласи преку Инстаграм, а не можеше да сокрие колку оваа вест го погоди.
„Седум години од мојата кариера играв во Премиер лигата, така што ова е мојата осма сезона што живеам во Англија. Во текот на сите овие години, ја чувствував вечната љубов на Обединетото Кралство за нејзината кралица и колку е важно нејзиното височество и засекогаш ќе биде за британскиот народ. Му оддавам почит на нејзиниот спомен и жалам за оваа непоправлива загуба на земјата што научив да ја нарекувам дома. Моите мисли и молитви се со кралското семејство “, напиша Роналдо.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

The post Трогателни зборови на Португалецот, Роналдо се збогува со кралицата appeared first on Република.

]]>
Хари и Меган Маркл им се придружија на Вилијам и Кејт https://republika.mk/vesti/svet/hari-i-megan-markl-im-se-pridruzija-na-vilijam-i-kejt/ Sat, 10 Sep 2022 18:50:27 +0000 https://republika.mk/?p=549553

Принцот Хари и принцот Вилијам ги оставија настрана своите разлики денес додека заедно ја оплакуваа кралицата, пишува „Сан“.

Браќата пристигнаа во истиот автомобил, а се придружувани од нивните сопруги Меган Маркл и Кејт Мидлтон во Виндзорскиот замок, јавува „АП“.

The post Хари и Меган Маркл им се придружија на Вилијам и Кејт appeared first on Република.

]]>

Принцот Хари и принцот Вилијам ги оставија настрана своите разлики денес додека заедно ја оплакуваа кралицата, пишува „Сан“. Браќата пристигнаа во истиот автомобил, а се придружувани од нивните сопруги Меган Маркл и Кејт Мидлтон во Виндзорскиот замок, јавува „АП“.

The post Хари и Меган Маркл им се придружија на Вилијам и Кејт appeared first on Република.

]]>
Погребот на кралицата Елизабета ќе биде на 19 септември https://republika.mk/vesti/svet/pogrebot-na-kralicata-elizabeta-kje-bide-na-19-septemvri/ Sat, 10 Sep 2022 17:07:14 +0000 https://republika.mk/?p=549533

Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе се одржи во понеделник на 19 септември во Вестминстерската опатија во Лондон, потврди Бакингемската палата.

Пред државниот погреб, телото на кралицата ќе биде положено во Вестминстерската сала четири дена, за јавноста да може да и оддаде почит.

Последниот член на кралското семејство чие тело беше изложено во јавност беше мајката на Елизабета, позната како „Кралица мајка“ во 2002 година. Во тоа време, повеќе од 200.000 луѓе стоеја во ред за да го видат нејзиниот ковчег.

The post Погребот на кралицата Елизабета ќе биде на 19 септември appeared first on Република.

]]>

Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе се одржи во понеделник на 19 септември во Вестминстерската опатија во Лондон, потврди Бакингемската палата. Пред државниот погреб, телото на кралицата ќе биде положено во Вестминстерската сала четири дена, за јавноста да може да и оддаде почит. Последниот член на кралското семејство чие тело беше изложено во јавност беше мајката на Елизабета, позната како „Кралица мајка“ во 2002 година. Во тоа време, повеќе од 200.000 луѓе стоеја во ред за да го видат нејзиниот ковчег.

The post Погребот на кралицата Елизабета ќе биде на 19 септември appeared first on Република.

]]>
Сите фустани на кралицата Елизабета https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/site-fustani-na-kralicata-elizabeta/ Fri, 09 Sep 2022 09:41:20 +0000 https://republika.mk/?p=549004

Замислите никогаш да не згрешите. Никоогаш. Стилски, секој ден од својот живот, совршенство. Никогаш не се чувствувате дека сте преоблечени, недоволно облечени или пак погрешно облечени.

Стилот на кралицата Елизабета Втора која почина вчера на 96 години, по 70 години владеење, секогаш бил беспрекорен. Секогаш прецизна, средена и самоуверена. Нејзината облека никогаш не ја пропушти шансата да пренесе порака на оптимизам, дипломатија, надеж и стабилност.

Се разбира, во текот на 70 години влаеење имало и некои необичности во нејзиниот стил, но во последната деценија таа се докажа како жена со вроден стил. Не отстапуваше од беспрекорно скроените фустани и капути до под колена, секогаш комбинирани со впачатлив шешир, бисерни ѓердани и брош.

Нема нијанса која таа не ја носела, бидејќи обврските и налагаа понекогаш да се пресоблече и по неколку пати во денот.

The post Сите фустани на кралицата Елизабета appeared first on Република.

]]>

Замислите никогаш да не згрешите. Никоогаш. Стилски, секој ден од својот живот, совршенство. Никогаш не се чувствувате дека сте преоблечени, недоволно облечени или пак погрешно облечени. Стилот на кралицата Елизабета Втора која почина вчера на 96 години, по 70 години владеење, секогаш бил беспрекорен. Секогаш прецизна, средена и самоуверена. Нејзината облека никогаш не ја пропушти шансата да пренесе порака на оптимизам, дипломатија, надеж и стабилност. Се разбира, во текот на 70 години влаеење имало и некои необичности во нејзиниот стил, но во последната деценија таа се докажа како жена со вроден стил. Не отстапуваше од беспрекорно скроените фустани и капути до под колена, секогаш комбинирани со впачатлив шешир, бисерни ѓердани и брош. Нема нијанса која таа не ја носела, бидејќи обврските и налагаа понекогаш да се пресоблече и по неколку пати во денот.

The post Сите фустани на кралицата Елизабета appeared first on Република.

]]>
Што мислела кралицата Елизабета за своето семејство? https://republika.mk/vesti/svet/shto-mislela-kralicata-elizabeta-za-svoeto-semejstvo/ Fri, 09 Sep 2022 09:01:37 +0000 https://republika.mk/?p=548978

Правила, протоколи, официјални настани, се што се подразбирало за титулата кралица, Елизабета Втора знаела најдобро да го почитува, дури и за време на големите животни кризи, се трудела професионално да се однесува со кралските должности.

Но, нејзините потомци имаа многу животни предизвици кои кралицата стоички ги поднесуваше. Од Дајана, па до Камила, Меган и Хари, семејни несогласувања и мистеријата што се случува зад затворените врати на Бакингемската палата, сето тоа ја ја интересираше јавноста. Но, што мислела Елизабета Втора за членовите на своето семејство?

За принцезата Дајана

Односот меѓу кралицата Елизабета и Дајана бил пристоен, но формален, воден од фактот дека таа била сопруга на нејзиниот најстар син и иден монарх. Кралицата го одобри изборот на Чарлс, односно ја одобри жената за која верувала дека е Дајана. Ако не дала одобрување, врската немала да напредува.

За Чарлс и Камила

Принцот од Велес во 2005 година се ожени со својата долгогодишна љубов, Камила Паркер. Тој брак беше кулминација на врската која траеше четири децении, скандализирајќи ја Англиија, светот и кралицата Елизабета. И покрај разводот, трагичната смрт на принцезата Дајана, принцот од Велс и војвотката се појавија силен тим, а нивната бурна врска докажува дека понекогаш членовите на кралските семејства доживуваат среќен крај. Во пораката испратена до нацијата по повод 70 години од владеењето на кралицата, нејзиното височество неочекувано изрази искрена желба Камила да биде позната како сопруга на крал кога принцот од Велс ќе стане владетел.

За Кејт и Вилијам

Кралицата била импресионирана од Кејт Мидлтон, која го обожавала и го сакала Вилијам поради него, а не поради неговата титула. Биографот на Дијана, Ендрју Мортон велел дека кралицата поминува многу повеќе време со Кејт и Вилијам, отколку што поминувала со Чарлс и Дијана. Едноставно, не сакала да се повтори грешката. Според Мортон, се што се случило во врска со Кејт и Вилијм било прилично стратешко, промислено.

За Меган и Хари

Ако трагичната смрт на Дајана ја потресе Бакингемската палата, доаѓањето на новата војвотка и сопруга Меган Маркл ја раниша темелите на семејството. Меган, која изјавуваше дека не била свесна во што се вплеткала, се трудеше да ги заврши сите обврски кои ги доби со титулата војвотка. Но, за жал, не одеше се планот, на Хари и Меган решија да се откажат од титулата.

Кралицата имаше изјава која се разликуваше од дотогаш дадените изјави на интервјуто на Меган и Хари кое тие и го дадоа на Опра Винфри.

Во кратката изјава од 61 збор, кралицата вели дека е тажна откако чула за предизвиците на Меган и Хари. Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат многу сакани членови на семејството, додавајќи дека некои сеќавања може да варираат, што се однесува на загриженоста која тие ја искажаа во интервјуто. Коментарот укажува на несогалсување меѓу семејството во врска со некои тврдења дадени во интервјуто, изјави тогаш анонимен извор од кралското семејство.

 

The post Што мислела кралицата Елизабета за своето семејство? appeared first on Република.

]]>

Правила, протоколи, официјални настани, се што се подразбирало за титулата кралица, Елизабета Втора знаела најдобро да го почитува, дури и за време на големите животни кризи, се трудела професионално да се однесува со кралските должности. Но, нејзините потомци имаа многу животни предизвици кои кралицата стоички ги поднесуваше. Од Дајана, па до Камила, Меган и Хари, семејни несогласувања и мистеријата што се случува зад затворените врати на Бакингемската палата, сето тоа ја ја интересираше јавноста. Но, што мислела Елизабета Втора за членовите на своето семејство? За принцезата Дајана Односот меѓу кралицата Елизабета и Дајана бил пристоен, но формален, воден од фактот дека таа била сопруга на нејзиниот најстар син и иден монарх. Кралицата го одобри изборот на Чарлс, односно ја одобри жената за која верувала дека е Дајана. Ако не дала одобрување, врската немала да напредува. За Чарлс и Камила Принцот од Велес во 2005 година се ожени со својата долгогодишна љубов, Камила Паркер. Тој брак беше кулминација на врската која траеше четири децении, скандализирајќи ја Англиија, светот и кралицата Елизабета. И покрај разводот, трагичната смрт на принцезата Дајана, принцот од Велс и војвотката се појавија силен тим, а нивната бурна врска докажува дека понекогаш членовите на кралските семејства доживуваат среќен крај. Во пораката испратена до нацијата по повод 70 години од владеењето на кралицата, нејзиното височество неочекувано изрази искрена желба Камила да биде позната како сопруга на крал кога принцот од Велс ќе стане владетел. За Кејт и Вилијам Кралицата била импресионирана од Кејт Мидлтон, која го обожавала и го сакала Вилијам поради него, а не поради неговата титула. Биографот на Дијана, Ендрју Мортон велел дека кралицата поминува многу повеќе време со Кејт и Вилијам, отколку што поминувала со Чарлс и Дијана. Едноставно, не сакала да се повтори грешката. Според Мортон, се што се случило во врска со Кејт и Вилијм било прилично стратешко, промислено. За Меган и Хари Ако трагичната смрт на Дајана ја потресе Бакингемската палата, доаѓањето на новата војвотка и сопруга Меган Маркл ја раниша темелите на семејството. Меган, која изјавуваше дека не била свесна во што се вплеткала, се трудеше да ги заврши сите обврски кои ги доби со титулата војвотка. Но, за жал, не одеше се планот, на Хари и Меган решија да се откажат од титулата. Кралицата имаше изјава која се разликуваше од дотогаш дадените изјави на интервјуто на Меган и Хари кое тие и го дадоа на Опра Винфри. Во кратката изјава од 61 збор, кралицата вели дека е тажна откако чула за предизвиците на Меган и Хари. Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат многу сакани членови на семејството, додавајќи дека некои сеќавања може да варираат, што се однесува на загриженоста која тие ја искажаа во интервјуто. Коментарот укажува на несогалсување меѓу семејството во врска со некои тврдења дадени во интервјуто, изјави тогаш анонимен извор од кралското семејство.  

The post Што мислела кралицата Елизабета за своето семејство? appeared first on Република.

]]>
Кралицата Елизабета беше икона на британската поп-култура https://republika.mk/vesti/svet/kralicata-elizabeta-beshe-ikona-na-britanskata-pop-kultura/ Fri, 09 Sep 2022 08:10:35 +0000 https://republika.mk/?p=548963

Кралицата Елизабета Втора беше икона на британската популарна култура што беше искористено на најдобар можен начин кога Лондон беше домаќин на Летните олимписки игри (ЛОИ) во 2012 година.

Организаторите на ЛОИ одлучија за потребите на свечената церемонија на отворањето на Игрите да ги спојат двете икони на британската поп култура: кралицата и Даниел Крејг, кој тогаш го глумеше Џејмс Бонд.

За потребите на свечената церемонија е снимен перфорамнс во духот на споменатиот филмски блокбастер, а кој се емитуваше на Олимпискиот стадион во Лондон.

Перформансот беше снимен во Бакингемската палата, како и во хеликоптер кој доаѓа над Лондон на патот кон стадионот.

https://youtu.be/1AS-dCdYZbo

 

Овој перформанс предизвика одушевување кај посетителите кои присустуваа на отворањето на ЛОИ и до денес е еден од најпрепознатливите моменти на таа спектакуларна ноќ, за што е заслужна кралицата Елизабета.

Бибиси во април објави дека кралицата овој скеч го криела од семејството и тоа било еден од условите за да учествува во него. Продуцентскиот тим кој бил ангажиран за снимањето исто така бил обврзен да го држи во тајност.

Кралицата Елизабета почина вчера на 96 години. Кралскиот трон го презема нејзниот син Чарлс. Елизабета беше 70 години кралица и таа е монарх кој најмногу и служел на кралството во историјата на Велика Британија

Kraljica Elizabeta II preminula je danas u 96. godini. Kraljevsko prijestolje Velike Britanije preuzet će njen sin Charles. Elizabeta II je 70 godina bila kraljica, bila je najduže služeća kraljica u historiji Velike Britanije.

 

The post Кралицата Елизабета беше икона на британската поп-култура appeared first on Република.

]]>

Кралицата Елизабета Втора беше икона на британската популарна култура што беше искористено на најдобар можен начин кога Лондон беше домаќин на Летните олимписки игри (ЛОИ) во 2012 година. Организаторите на ЛОИ одлучија за потребите на свечената церемонија на отворањето на Игрите да ги спојат двете икони на британската поп култура: кралицата и Даниел Крејг, кој тогаш го глумеше Џејмс Бонд. За потребите на свечената церемонија е снимен перфорамнс во духот на споменатиот филмски блокбастер, а кој се емитуваше на Олимпискиот стадион во Лондон. Перформансот беше снимен во Бакингемската палата, како и во хеликоптер кој доаѓа над Лондон на патот кон стадионот. https://youtu.be/1AS-dCdYZbo   Овој перформанс предизвика одушевување кај посетителите кои присустуваа на отворањето на ЛОИ и до денес е еден од најпрепознатливите моменти на таа спектакуларна ноќ, за што е заслужна кралицата Елизабета. Бибиси во април објави дека кралицата овој скеч го криела од семејството и тоа било еден од условите за да учествува во него. Продуцентскиот тим кој бил ангажиран за снимањето исто така бил обврзен да го држи во тајност. Кралицата Елизабета почина вчера на 96 години. Кралскиот трон го презема нејзниот син Чарлс. Елизабета беше 70 години кралица и таа е монарх кој најмногу и служел на кралството во историјата на Велика Британија Kraljica Elizabeta II preminula je danas u 96. godini. Kraljevsko prijestolje Velike Britanije preuzet će njen sin Charles. Elizabeta II je 70 godina bila kraljica, bila je najduže služeća kraljica u historiji Velike Britanije.  

The post Кралицата Елизабета беше икона на британската поп-култура appeared first on Република.

]]>
Азно неброено: Eве колку пари ќе наследи Чарлс од мајка си https://republika.mk/vesti/svet/azno-nebroeno-eve-kolku-pari-kje-nasledi-charls-od-majka-si/ Fri, 09 Sep 2022 07:54:51 +0000 https://republika.mk/?p=548957

По смртта на неговата мајка, британската кралица Елизабета Втора, нејзиниот најстар син Чарлс (73) го наследил тронот како и нејзиното приватно богатство, огромно наследство што во 2022 година, според Sunday Times, пет милиони повеќе од претходната година.

Бакингемската палата, кралската резиденција во Лондон и замокот Виндзор, триесет километри западно од Лондон, се државна сопственост. Сепак, замокот Балморал, одморалиштето на кралското семејство и Сандрингам, каде кралското семејство традиционално го слави крајот на годината, беа во сопственост на кралицата и ги наследува Чарлс.

Кралицата поседувала и колекција на кралски поштенски марки вредна околу 100 милиони фунти, според Тајмс во 2021 година.

Богатството на кралицата се додава на личното богатство на Чарлс, проценето на 100 милиони долари (87 милиони фунти).

Познатиот накит на круната, чија вредност се проценува на околу три милијарди фунти, симболично ѝ припадна на кралицата и автоматски им се пренесуваат на нејзините наследници.

The post Азно неброено: Eве колку пари ќе наследи Чарлс од мајка си appeared first on Република.

]]>

По смртта на неговата мајка, британската кралица Елизабета Втора, нејзиниот најстар син Чарлс (73) го наследил тронот како и нејзиното приватно богатство, огромно наследство што во 2022 година, според Sunday Times, пет милиони повеќе од претходната година. Бакингемската палата, кралската резиденција во Лондон и замокот Виндзор, триесет километри западно од Лондон, се државна сопственост. Сепак, замокот Балморал, одморалиштето на кралското семејство и Сандрингам, каде кралското семејство традиционално го слави крајот на годината, беа во сопственост на кралицата и ги наследува Чарлс. Кралицата поседувала и колекција на кралски поштенски марки вредна околу 100 милиони фунти, според Тајмс во 2021 година. Богатството на кралицата се додава на личното богатство на Чарлс, проценето на 100 милиони долари (87 милиони фунти). Познатиот накит на круната, чија вредност се проценува на околу три милијарди фунти, симболично ѝ припадна на кралицата и автоматски им се пренесуваат на нејзините наследници.

The post Азно неброено: Eве колку пари ќе наследи Чарлс од мајка си appeared first on Република.

]]>
Заев: Ви благодариме за сѐ што направивте за Cеверна Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/zaev-vi-blagodarime-za-s-shto-napravivte-za-ceverna-makedonija/ Fri, 09 Sep 2022 06:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=548881

За смртта на кралицата Елизабета Втора сочувство изрази и Зоран Заев, поранешен премеир на Македонија, а денес општественик.

Нејзиното височество Елизабета II ни беше домаќин на приемот за време на НАТО самитот во Лондон во 2019 година.
Нејзините мудрост и капацитет изминативе 70 години беа водилка за многу светски лидери, а сигурен сум дека ќе инспирираат уште многу државни и политички водства во времињата кои доаѓаат.
Почивајте во мир Ваше височество. Ви благодариме за сѐ што Вие и Обединетото Кралство направивте како поддршка на интегративниот пат на Македонија, напиша Заев на Фејсбук

The post Заев: Ви благодариме за сѐ што направивте за Cеверна Македонија appeared first on Република.

]]>

За смртта на кралицата Елизабета Втора сочувство изрази и Зоран Заев, поранешен премеир на Македонија, а денес општественик. Нејзиното височество Елизабета II ни беше домаќин на приемот за време на НАТО самитот во Лондон во 2019 година. Нејзините мудрост и капацитет изминативе 70 години беа водилка за многу светски лидери, а сигурен сум дека ќе инспирираат уште многу државни и политички водства во времињата кои доаѓаат. Почивајте во мир Ваше височество. Ви благодариме за сѐ што Вие и Обединетото Кралство направивте како поддршка на интегративниот пат на Македонија, напиша Заев на Фејсбук

The post Заев: Ви благодариме за сѐ што направивте за Cеверна Македонија appeared first on Република.

]]>
Реакции од светски лидери по смртта на кралицата Елизабета Втора https://republika.mk/vesti/svet/reakcii-od-svetski-lideri-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-vtora/ Thu, 08 Sep 2022 20:32:43 +0000 https://republika.mk/?p=548845

Кралицата Елизабета Втора почина попладнево на 96-годишна возраст, по што реагираа голем број светски лидери, изразувајќи жалење поради нејзината смрт но и восхит за нејзиниот живот и долговечно владеење.

Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден издадоа изјава за смртта на кралицата, опишувајќи ја како „повеќе од монарх“. Во соопштението на Белата куќа се вели: „Во свет на постојани промени, таа беше постојано присуство и извор на утеха и гордост за генерации Британци, вклучително и многумина кои никогаш не ја познавале својата земја без неа. „Постојаното восхитување за кралицата Елизабета Втора ги обедини луѓето ширум Комонвелтот. Седумте децении од нејзиното владеење на создавање историја сведочеа за доба на невиден човечки напредок и напреден марш на човечкото достоинство.

„Таа беше првиот британски монарх со кој луѓето ширум светот можеа да почувствуваат лична и непосредна врска – без разлика дали ја слушаа на радио како млада принцеза како зборува со децата на Обединетото Кралство или се собираа околу нивните телевизори за нејзиното крунисување, или го гледаа нејзиниот последен божиќен говор или нејзиниот платинест јубилеј на нивните телефони. Таа, пак, целиот свој живот го посвети во нивна служба“, посочија Џо и Џил Бајден.

„Нејзиното височество кралицата Елизабета Втора го отелотворуваше континуитетот и единството на британската нација повеќе од 70 години. Ја паметам како пријателка на Франција, љубезна кралица која остави трајна трага на својата земја и својот век“, напиша францускиот претседател Емануел Макрон.

„Со најтешка болка ја примивме вестта за смртта на најдолготрајниот канадски суверен, нејзиното височество кралицата Елизабета Втора. Таа беше постојано присуство во нашите животи – и нејзината услуга за Канаѓаните засекогаш ќе остане важен дел од историјата на нашата земја“, вели канадскиот премиер Џастин Трудо.

„Жалиме за смртта на кралицата Елизабета Втора. Таа беше пример и инспирација за милиони луѓе, исто така овде во Германија. Нејзината посветеност на германско-британското помирување по ужасите на Втората светска војна ќе остане незаборавна. Ќе нѝ недостига, а посебно нејзиниот прекрасен хумор“, вели германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Белгија упатува сочувство до британското кралско семејство и до британскиот народ. Нека нејзиното височество, кралицата Елизабета Втора почива во мир. Повеќе од 70 години таа беше светилник на стабилност и достоинство за британскиот народ“, истакна белгискиот премиер Александер де Кро.

„Со тага ја примивме веста за смртта на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора. Нејзиното 70-годишно владеење ја одбележа британската историја од Втората светска војна. Моето искрено сочувство до кралското семејство и до народот на Обединетото Кралство“, напиша португалскиот премиер Антонио Коста

The post Реакции од светски лидери по смртта на кралицата Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>

Кралицата Елизабета Втора почина попладнево на 96-годишна возраст, по што реагираа голем број светски лидери, изразувајќи жалење поради нејзината смрт но и восхит за нејзиниот живот и долговечно владеење. Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден издадоа изјава за смртта на кралицата, опишувајќи ја како „повеќе од монарх“. Во соопштението на Белата куќа се вели: „Во свет на постојани промени, таа беше постојано присуство и извор на утеха и гордост за генерации Британци, вклучително и многумина кои никогаш не ја познавале својата земја без неа. „Постојаното восхитување за кралицата Елизабета Втора ги обедини луѓето ширум Комонвелтот. Седумте децении од нејзиното владеење на создавање историја сведочеа за доба на невиден човечки напредок и напреден марш на човечкото достоинство. „Таа беше првиот британски монарх со кој луѓето ширум светот можеа да почувствуваат лична и непосредна врска – без разлика дали ја слушаа на радио како млада принцеза како зборува со децата на Обединетото Кралство или се собираа околу нивните телевизори за нејзиното крунисување, или го гледаа нејзиниот последен божиќен говор или нејзиниот платинест јубилеј на нивните телефони. Таа, пак, целиот свој живот го посвети во нивна служба“, посочија Џо и Џил Бајден. „Нејзиното височество кралицата Елизабета Втора го отелотворуваше континуитетот и единството на британската нација повеќе од 70 години. Ја паметам како пријателка на Франција, љубезна кралица која остави трајна трага на својата земја и својот век“, напиша францускиот претседател Емануел Макрон. „Со најтешка болка ја примивме вестта за смртта на најдолготрајниот канадски суверен, нејзиното височество кралицата Елизабета Втора. Таа беше постојано присуство во нашите животи – и нејзината услуга за Канаѓаните засекогаш ќе остане важен дел од историјата на нашата земја“, вели канадскиот премиер Џастин Трудо. „Жалиме за смртта на кралицата Елизабета Втора. Таа беше пример и инспирација за милиони луѓе, исто така овде во Германија. Нејзината посветеност на германско-британското помирување по ужасите на Втората светска војна ќе остане незаборавна. Ќе нѝ недостига, а посебно нејзиниот прекрасен хумор“, вели германскиот канцелар Олаф Шолц. „Белгија упатува сочувство до британското кралско семејство и до британскиот народ. Нека нејзиното височество, кралицата Елизабета Втора почива во мир. Повеќе од 70 години таа беше светилник на стабилност и достоинство за британскиот народ“, истакна белгискиот премиер Александер де Кро. „Со тага ја примивме веста за смртта на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора. Нејзиното 70-годишно владеење ја одбележа британската историја од Втората светска војна. Моето искрено сочувство до кралското семејство и до народот на Обединетото Кралство“, напиша португалскиот премиер Антонио Коста

The post Реакции од светски лидери по смртта на кралицата Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>
Пендаровски изрази жалење за смртта на Кралицата https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-izrazi-zalenje-za-smrtta-na-kralicata/ Thu, 08 Sep 2022 18:53:30 +0000 https://republika.mk/?p=548808

Претседателот Стево Пендаровски вечерва изрази сочувство за смртта на Кралицата Елизабета Втора.

– Изразувам најдлабоко сочувство за смртта на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета II.
Нејзината доживотна определба да му служи на народот, посветеност и лидерство дури и во најтешките мигови, ќе бидат трајна инспирација за новите генерации, напиша Пендаровски на својата официјална Фејсбук страница

The post Пендаровски изрази жалење за смртта на Кралицата appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски вечерва изрази сочувство за смртта на Кралицата Елизабета Втора.
– Изразувам најдлабоко сочувство за смртта на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета II.
Нејзината доживотна определба да му служи на народот, посветеност и лидерство дури и во најтешките мигови, ќе бидат трајна инспирација за новите генерации, напиша Пендаровски на својата официјална Фејсбук страница

The post Пендаровски изрази жалење за смртта на Кралицата appeared first on Република.

]]>
Сега е официјално: Почина британската кралица Елизабета https://republika.mk/vesti/svet/sega-e-oficijalno-pochina-britanskata-kralica-elizabeta/ Thu, 08 Sep 2022 17:38:53 +0000 https://republika.mk/?p=548788

Почина Елизабета Втора, најдолговечната британска кралица, објавија британските медиуми. Таа имаше 96 години.

Претходно денеска лекарите објавија дека се загрижени за здравјето на кралицата и препорачаа таа да остане под медицински надзор во замокот Балморал. Веднаш биле известени сите членови на кралското семејство, вклучувајќи ги и Хари и Меган, кои побрзале во палатата да бидат со кралицата.

Британската премиерка Лиз Трус рече дека целата земја е„длабоко загрижена“ за здравјето на кралицата Елизабета, откако лекарите рекоа дека кралицата треба да остане под медицински надзор. „Целата земја ќе биде длабоко загрижена од оваа вест од Бакингемската палата“, рече таа.

„Моите мисли - и оние на луѓето низ нашето Обединето Кралство - се со нејзиното височество Кралицата и нејзиното семејство во овој момент“, рече таа.

Таа долго време беше во лоша здравствена состојба
Објавата за смртта на кралицата доаѓа по неколкумесечни вести за нејзиното опаѓање на здравјето.

Елизабета II. имаше операција на коленото во 2003 година, по што користеше бастун во јавност околу две недели. Таа беше во болница уште еднаш во 2013 година по непријатен напад на гастроентеритис. Пет години подоцна, во 2018 година, таа успешно оперирала катаракта на едното око.

Во 2016 година, таа го искористи лифтот, наместо кралските скали од 26 скалила, за да влезе во парламентот на свеченото отворање.

Минатата година, на 95-годишна возраст, таа повторно беше фотографирана со помош на стап во Вестминстерската опатија. Лекарите потоа и наредиле да се одмори, по што таа го откажала учеството на низа настани тој месец.

Британската кралица со најдолг стаж

Елизабет е родена на 21 април 1926 година во Мејфер, Лондон, како прво дете на војводата и војвотката од Јорк. Нејзиниот татко се искачи на тронот во 1936 година, по абдицирањето на неговиот брат, кралот Едвард Осми, со што Елизабета стана наследник на тронот.

 

Кога нејзиниот татко починал во февруари 1952 година, Елизабета, тогаш 25, станала кралица на седум независни земји на Комонвелтот: Обединетото Кралство, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Африка, Пакистан и Цејлон, како и шеф на Комонвелтот.

The post Сега е официјално: Почина британската кралица Елизабета appeared first on Република.

]]>

Почина Елизабета Втора, најдолговечната британска кралица, објавија британските медиуми. Таа имаше 96 години. Претходно денеска лекарите објавија дека се загрижени за здравјето на кралицата и препорачаа таа да остане под медицински надзор во замокот Балморал. Веднаш биле известени сите членови на кралското семејство, вклучувајќи ги и Хари и Меган, кои побрзале во палатата да бидат со кралицата. Британската премиерка Лиз Трус рече дека целата земја е„длабоко загрижена“ за здравјето на кралицата Елизабета, откако лекарите рекоа дека кралицата треба да остане под медицински надзор. „Целата земја ќе биде длабоко загрижена од оваа вест од Бакингемската палата“, рече таа. „Моите мисли - и оние на луѓето низ нашето Обединето Кралство - се со нејзиното височество Кралицата и нејзиното семејство во овој момент“, рече таа. Таа долго време беше во лоша здравствена состојба Објавата за смртта на кралицата доаѓа по неколкумесечни вести за нејзиното опаѓање на здравјето. Елизабета II. имаше операција на коленото во 2003 година, по што користеше бастун во јавност околу две недели. Таа беше во болница уште еднаш во 2013 година по непријатен напад на гастроентеритис. Пет години подоцна, во 2018 година, таа успешно оперирала катаракта на едното око. Во 2016 година, таа го искористи лифтот, наместо кралските скали од 26 скалила, за да влезе во парламентот на свеченото отворање. Минатата година, на 95-годишна возраст, таа повторно беше фотографирана со помош на стап во Вестминстерската опатија. Лекарите потоа и наредиле да се одмори, по што таа го откажала учеството на низа настани тој месец.

Британската кралица со најдолг стаж

Елизабет е родена на 21 април 1926 година во Мејфер, Лондон, како прво дете на војводата и војвотката од Јорк. Нејзиниот татко се искачи на тронот во 1936 година, по абдицирањето на неговиот брат, кралот Едвард Осми, со што Елизабета стана наследник на тронот.   Кога нејзиниот татко починал во февруари 1952 година, Елизабета, тогаш 25, станала кралица на седум независни земји на Комонвелтот: Обединетото Кралство, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Африка, Пакистан и Цејлон, како и шеф на Комонвелтот.

The post Сега е официјално: Почина британската кралица Елизабета appeared first on Република.

]]>
Британците се собираат пред Бакингемската палата https://republika.mk/vesti/svet/britancite-se-sobiraat-pred-bakingemskata-palata/ Thu, 08 Sep 2022 17:29:17 +0000 https://republika.mk/?p=548786

Граѓани денеска почнаа да се собираат пред Бакингемската палата во Лондон, откако лекарите на британската кралица Елизабета Втора изразија загриженост за нејзиното здравје.

Неколку десетици Британци и туристи се собраа на дождот, загрижени за здравјето на кралицата (96), која престојува во замокот во Балморал во Шкотска.

Британската телевизиска мрежа Би-Би-Си објави дека нејзиниот внук, принцот Вилијам пристигнал во Шкотска заедно со неколку членови на кралското семејство.

Во соопштението на кралската палата, кое предизвика длабока загриженост во јавноста, се наведува дека по прегледите утринава лекарите одлучиле кралицата да остане под медицински надзор.

Американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил „во мислите се со (британската) кралица (Елизабета Втора) и нејзиното семејство“, изјави денеска портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.

Во телефонски разговор со неколку светски лидери, вклучително и британската премиерка Лиз Трас, американскиот претседател дал до знаење дека „многу мисли на кралицата и народот на Обединетото Кралство“, рече Кирби. Тој истакна дека Бајден е редовно информиран за ова прашање.

Канадскиот премиер Џастин Трудо и посака брзо закрепнување на британската кралица. „Моите мисли и мислите на Канаѓаните во целата земја сега се со нејзиното височество кралицата Елизабета Втора. И посакуваме брзо закрепнување и ги испраќаме нашите најдобри желби до кралското семејство“, напиша Трудо на Твитер.

The post Британците се собираат пред Бакингемската палата appeared first on Република.

]]>

Граѓани денеска почнаа да се собираат пред Бакингемската палата во Лондон, откако лекарите на британската кралица Елизабета Втора изразија загриженост за нејзиното здравје. Неколку десетици Британци и туристи се собраа на дождот, загрижени за здравјето на кралицата (96), која престојува во замокот во Балморал во Шкотска. Британската телевизиска мрежа Би-Би-Си објави дека нејзиниот внук, принцот Вилијам пристигнал во Шкотска заедно со неколку членови на кралското семејство. Во соопштението на кралската палата, кое предизвика длабока загриженост во јавноста, се наведува дека по прегледите утринава лекарите одлучиле кралицата да остане под медицински надзор. Американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил „во мислите се со (британската) кралица (Елизабета Втора) и нејзиното семејство“, изјави денеска портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби. Во телефонски разговор со неколку светски лидери, вклучително и британската премиерка Лиз Трас, американскиот претседател дал до знаење дека „многу мисли на кралицата и народот на Обединетото Кралство“, рече Кирби. Тој истакна дека Бајден е редовно информиран за ова прашање. Канадскиот премиер Џастин Трудо и посака брзо закрепнување на британската кралица. „Моите мисли и мислите на Канаѓаните во целата земја сега се со нејзиното височество кралицата Елизабета Втора. И посакуваме брзо закрепнување и ги испраќаме нашите најдобри желби до кралското семејство“, напиша Трудо на Твитер.

The post Британците се собираат пред Бакингемската палата appeared first on Република.

]]>
Кралицата суптилно ги предупреди Хари и Меган: Да нема драма на прославата на јубилејот https://republika.mk/vesti/svet/kralicata-suptilno-gi-predupredi-hari-i-megan-da-nema-drama-na-proslavata-na-jubilejot/ Thu, 02 Jun 2022 15:25:59 +0000 https://republika.mk/?p=509097

Кралицата Елизабета Втора му порача на семејството да се соберат за да го прослават нејзиниот платинест јубилеј следната недела, но без драма. Еве како на тоа реагираа Меган Маркл и принцот Хари.

Војвотката и војводата од Сасекс ѝ порачаа на британската кралица дека ќе се држат настрана за време на прославата, односно дека ќе присуствуваат само на официјалните настани, пишува „Дејли мејл“. Така, наредбата „без драма“ ќе биде испочитувана.

Познатиот пар, кој ќе дојде во Британија со своите деца Лилибет и Арчи Харисон (што ќе биде нивно прво патување со најмалите во татковината на принцот Хари) има проблем како да го прослави првиот роденден на девојчето, во сабота на 4 јуни.

Според извор за „Сан“, Меган и Хари сакаат Лилибет да го прослави роденденот со поширокото семејство, но членовите на семејството се презафатени на денот на нејзиниот роденден, токму поради прославата на важниот јубилеј на кралицата.

Познато е дека кралицата во сабота ќе биде на коњичкото дерби во Сари, а ќе видиме како на крајот ќе се прослави првиот роденден на Лилибет Дијана, која за неколку дена ќе ја запознае својата прабаба Елизабета Втора.

Организаторите на прославата на 70-годишнината од владеењето на кралицата Елизабета Втора се многу фрустрирани поради нејаснотијата за тоа на кои настани ќе присуствуваат Меган Маркл и принцот Хари, пишува „Телаграф“ и додава дека стравуваат дека двојката ќе го засени самиот настан.

Организаторите се плашат и поради навиката на Меган Маркл и Хари ненадејно да се појават на некој собир, а тоа, според нивното верување, би можело да доведе до „циркус“.

The post Кралицата суптилно ги предупреди Хари и Меган: Да нема драма на прославата на јубилејот appeared first on Република.

]]>

Кралицата Елизабета Втора му порача на семејството да се соберат за да го прослават нејзиниот платинест јубилеј следната недела, но без драма. Еве како на тоа реагираа Меган Маркл и принцот Хари. Војвотката и војводата од Сасекс ѝ порачаа на британската кралица дека ќе се држат настрана за време на прославата, односно дека ќе присуствуваат само на официјалните настани, пишува „Дејли мејл“. Така, наредбата „без драма“ ќе биде испочитувана. Познатиот пар, кој ќе дојде во Британија со своите деца Лилибет и Арчи Харисон (што ќе биде нивно прво патување со најмалите во татковината на принцот Хари) има проблем како да го прослави првиот роденден на девојчето, во сабота на 4 јуни. Според извор за „Сан“, Меган и Хари сакаат Лилибет да го прослави роденденот со поширокото семејство, но членовите на семејството се презафатени на денот на нејзиниот роденден, токму поради прославата на важниот јубилеј на кралицата. Познато е дека кралицата во сабота ќе биде на коњичкото дерби во Сари, а ќе видиме како на крајот ќе се прослави првиот роденден на Лилибет Дијана, која за неколку дена ќе ја запознае својата прабаба Елизабета Втора. Организаторите на прославата на 70-годишнината од владеењето на кралицата Елизабета Втора се многу фрустрирани поради нејаснотијата за тоа на кои настани ќе присуствуваат Меган Маркл и принцот Хари, пишува „Телаграф“ и додава дека стравуваат дека двојката ќе го засени самиот настан. Организаторите се плашат и поради навиката на Меган Маркл и Хари ненадејно да се појават на некој собир, а тоа, според нивното верување, би можело да доведе до „циркус“.

The post Кралицата суптилно ги предупреди Хари и Меган: Да нема драма на прославата на јубилејот appeared first on Република.

]]>
Кралицата Елизабета доби барбика со нејзиниот лик https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/kralicata-elizabeta-dobi-barbika-so-nejziniot-lik/ Thu, 21 Apr 2022 07:32:27 +0000 https://republika.mk/?p=491555

Историскитe 70 години владеење на британската кралица Елизабета Втора, брендот „Барби“ ќе ги одбележи со почесна кукла со нејзиниот лик.

Барбиката во облик на кралицата, е објавена денес, на 96-от роденден на најдолговечниот британски монарх и ќе биде „веднаш препознатлива“, опремена со елегантен фустан (изработен од слонова коска) и сина лента украсена со украси. Ќе има и дијадема по примерот на круната на кралицата Мери, којашто нејзината потомка ја носеше на денот на својата свадба.

Розовата лента на куклата ја претставуваа онаа што на кралицата Елизабета Втора ѝ ја дал нејзиниот татко – кралот Џорџ Шести, а бледо сината – онаа од нејзиниот дедо – Џорџ Петти.

Куклата ќе биде дел од специјалната колекција на „Барби“, којашто почна да се издава лани во чест на „визионерите со извонредно влијание и наследство во општеството“. Новата кукла ќе биде поставена во кутија во стил на Бакингемската палата, изработена од 3-Д украсна рамка околу фигурата и внатрешен панел што го прикажува престолот.

The post Кралицата Елизабета доби барбика со нејзиниот лик appeared first on Република.

]]>

Историскитe 70 години владеење на британската кралица Елизабета Втора, брендот „Барби“ ќе ги одбележи со почесна кукла со нејзиниот лик. Барбиката во облик на кралицата, е објавена денес, на 96-от роденден на најдолговечниот британски монарх и ќе биде „веднаш препознатлива“, опремена со елегантен фустан (изработен од слонова коска) и сина лента украсена со украси. Ќе има и дијадема по примерот на круната на кралицата Мери, којашто нејзината потомка ја носеше на денот на својата свадба. Розовата лента на куклата ја претставуваа онаа што на кралицата Елизабета Втора ѝ ја дал нејзиниот татко – кралот Џорџ Шести, а бледо сината – онаа од нејзиниот дедо – Џорџ Петти. Куклата ќе биде дел од специјалната колекција на „Барби“, којашто почна да се издава лани во чест на „визионерите со извонредно влијание и наследство во општеството“. Новата кукла ќе биде поставена во кутија во стил на Бакингемската палата, изработена од 3-Д украсна рамка околу фигурата и внатрешен панел што го прикажува престолот.

The post Кралицата Елизабета доби барбика со нејзиниот лик appeared first on Република.

]]>