кралицата елизабета втора Archives - Република https://republika.mk/tema/kralicata-elizabeta-vtora/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Sep 2022 12:20:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кралицата елизабета втора Archives - Република https://republika.mk/tema/kralicata-elizabeta-vtora/ 32 32 Круната не смее да падне! https://republika.mk/kolumni/krunata-ne-smee-da-padne/ Wed, 21 Sep 2022 12:20:39 +0000 https://republika.mk/?p=552912

Васко Шутаров

За неполни две седмици, последните две големи личности што го одбележаа 20 век си заминаа од овој свет, Михаил Горбачов - последниот претседател на големата советска империја и Елизабета Втора - последната британска кралица и најважен симбол на големата британска империја. Тоа беа политички икони, симболи на 20 век, претставници на две моќни држави – империи, чии влијанија се вградени во архитектурата на постоечкиот меѓународен поредок.

А првите претставници на актуелниот меѓународен поредок, испраќајќи ги последните два политички амблема, го поздравуваат како за последно 20 век, истовремено потсетувајќи нè дека сме на прагот, токму на најтешкото од истиот тој век.

Скоро цела година, како тивка и едвај чујна мантра, низ светот се шират предупредувања дека есенва, а посебно зимава, ќе бидат најтешки, слични на најтешките по Втората светска војна од минатиот век. Со ширум отворени очи, но бледо како низ перспектива обвиткана со магла, се гледа кон таквите предвидувања, но и предупредувања дека таквата зима ќе биде причина за големи социјални немири и масовни протести. Пречи ли тоа, со исто толку ширум отворени очи да се голтаат текстови и слики замаглени од тагата која деновиве го фрли во траор светот на богатите и славните, со заминувањето на најмоќниот симбол на светската моќ и слава, каков што повеќе од седум децении беше британската кралица?!

Но, нели отсекогаш било така?! Во последната и најтешка зима во Втората светска војна, полесно се поднесувал и студот и недостигот од храна, покрај сликата која му била понудена на светот како утеха и охрабрување-британската престолонаследничка станува механичар за поправки на борбени камиони и страда подеднакво како сиот останат свет! И сите подоцнежни гладни и студени зими, а ги имало многу по Втората светска војна, било полесно да се преживеат кога, покрај секојдневното парче леб премачкано со маст и нешто црвен пипер, или, малку шекерче и вода врз него, истовремено се голтале бајките од сликовниците за слатките маки на кралствата, на принцезите и на принцовите. Токму тој, толку далечен и недостижен, а така лесно достапен свет на моќ, богатство и сјај, знаел непогрешливо да маѓепса во магливото игнорирање на секојдневните јадови и беда - со ширум отворени очи! Нели, сѐ што требаше да научиме за животот, подготвувајќи се за него, требаше да научиме во забавиште? И зошто светот денес би раскажувал поинакви приказни од оние најпопуларните и најуспешните од минатиот век, кога толку лесно, природно и едноставно, светот може да стане едно големо глобално забавиште?! Трагикомично или не, важно треба да функционира!

Денешното глобално забавиште е идеална трагикомична сцена на која лесно се голтаат „приказните“ за најтешката зима во најава, покрај повторно раскажаната трагична политичка судбина на „добриот стар Горби“ или по којзнае кој пат прераскажуваните приказни за личните одрекувања, страдања и семејни драми на најдолголетната кралица во модерната светска историја. Денес, помалку се важни или потполно се заборавени клучните глобални процеси од 20 век, чии влијанија сѐ уште ги чувствуваме, а во кои директно беа вклучени и Михаил Горбачов и Елизабета Втора: разгорувањето и ставањето крај на Студената војна, падот на Берлинскиот ѕид, распадот на некогашната комунистичка империја, обединувањето на Германија, распадот и трансформацијата на некогашната британска колонијална империја во комонвелтската заедница на владеење и влијание, или Брегзитот, на пример!

Во актуелново глобално забавиште во 21 век, поважни се приказните за парите кои добриот стар Горби ги заработил од популарноста на Западот, приказните за потеклото на благородните камења од британската круна (ах, сега кога Јужна Африка, Индија и Зимбабве ќе си ги посакаат дијамантите назад!), состојките на омилениот коктел - џин на покојната кралица, повредениот глужд на новата кралица-сопруга, тоалетите и бисерите на принцезите и, секако, никогаш незаситената глад за пикантерии од дворските еротски интриги и игри. Каква совршена тема и содржина, да не се мисли, да не се возбудува или, не дај Боже, вознемирува за тешките зими што ќе ги носи и новиов век!

Има кој да се грижи за редот и поредокот во нововековново глобално забавиште, актуелнава занимална со тривијалности од светот на славните и богатите, додека времето на војни, сиромаштија, глад и студ сѐ погласно тропа на вратите на сите?! Секако дека има! Станува збор за една од најмоќните културни индустрии и културни дипломатии во светот која успеа од својата монархија, а посебно од кралицата Елизабета Втора, да создаде исклучително препознатлив и популарен симбол и бренд, кој така умешно го окупира севкупното внимание во светот, како во минатиот век, така и денес!

Брендот носи влијание, моќ и, пред сѐ, пари, а Елизабета Втора успеа и себе и британската монархија да ги устоличи на престолот на најмоќните и највлијателните светски брендови, покрај брендот „САД“, „Лондон“ и „Англискиот јазик“, исто така произлезени од истата или партнерска бренд-матрица!

Создавањето на брендот „Кралица Елизабета Втора“ започнува токму во најтешките години по Втората светска војна. Глорификацијата на Британија како држава победник во таа војна, својот симбол го пронаоѓа во својата тогашна престолонаследничка која била обучувана да биде механичар за поправка на камиони во услови на војна, а подоцна ангажирана и во санитетска служба. А кога по војната станува кралица, претставува симбол на британската победа и тој победнички дух од Втората светска војна внимателно се негува, а неа ја следи до последниот ден од нејзиниот живот.

Кога стапува на престолот Елизабета Втора веќе е реализирана и како мајка, па паралелно почнуваат да се создаваат два мита: првиот за нејзината комплетна посветеност на службата за народот и за државата, продолжувајќи ја легендата за саможртвата на нејзината славна претходничка Елизабета Прва („Јас се омажив за Британија!“) и вториот, не помалку важен мит, за пожртвуваноста во создавањето на многудетно семејство, преку кој станува симбол за препознавање на повоената „бејби-бум генерација“. За волја на вистината, во создавањето на брендот погодуваат и околностите: светот после долго време живее без големи војни, а мирот и благосостојбата за милиони млади семејства, посебно на Запад и во Европа, стануваат достижна реалност. Вградувањето и на двата мита во создавањето на брендот „Кралица Елизабета Втора“, беше исклучително успешно.

Затоа денес, кога љубопитно секој си дозволува да шпекулира за вредноста на кралското наследство што го остави брендот „Елизабета Втора“, треба да знаеме дека најмоќниот светски бренд токму во моментов нема цена! Бесценетоста на таквата моќ и влијание деновиве се огледаа и во отсуството на каква било критичност кон силните години на владеење на британската кралица, почнувајќи од инаку критичниот и влијателен британски сервис Би-Би-Си, па до скоро сите останати моќни британски и западни медиуми, кои во најголем дел го креираат светското мислење. Брендот носи многу моќ, влијание и пред сѐ пари, а најголемиот и најмоќен светски бренд, врзува за себе најмногу моќ, влијание и пари!

Брендот „Елизабета Втора“ за Британија е токму тоа, нејзиното највредно и најпостојано богатство! Да се поседува и негува тој бренд, еве конкретно во богатство и пари, може да се илустрира преку тековниот тренд да се поседуват недвижнини во центарот на Лондон, чии цени постојано вртоглаво растат и во моментот достигнуваат и над 100.000 долари од метар квадратен. Моќни арапски држави, како Катар, на пример, вложуваат милијарди и милијарди долари само во недвижнини во централното лондонско подрачје, најмногу поради престижот да се биде што поблизу до амблематичниот британски престол.

Брендот „Елизабета Втора“ е вграден и во високиот престиж кое го има британското високо образование, чии финансиски импликации се огромни, но политичките бенефити кои ù ги носи на државата, се бесценети! Некој пресметал дека дури 7 % од вкупниот број актуелни светски лидери се школувани на „Кембриџ“, а ако кон овој процент се додадат и студентите од „Оксфорд“ и лондонските универзитети, бројот на влијателни луѓе со британско образование што актуелно го креираат светот, станува и многу голем и многу сериозен, а влијанието на Британија - огромно.

И трет, но не и најмалку важен бенефит од брендот „Британска Круна“, е постојаниот растечки интерес на странските туристи за посета на Лондон и Англија. А, сето тоа во склоп со популарноста на британските: поп и рок музика, модата, филмот, театарот и дизајнот, претставува неодвоив дел од заедничката акција на британската културна дипломатија и нејзината моќна културна индустрија, во која неминовно е вграден и брендот за британската круна. Како во овој контекст, да не се потсетиме на свечената церемонија од отворањето на Летните олимписки игри во Лондон 2012 година, кога организаторите одлучија да ги спојат двете икони на британската поп култура: Кралицата и Даниел Крег, кој тогаш го глумеше Џејмс Бонд, а за затворањето на Игрите беа ангажираните најпознатите британски музички изведувачи.

Кралицата Елизабета Втора, во своето 70-годишно владеење со британскиот престол, беше современик на најголемите политички фигури: од Черчил и Сталин, до Нехру, Индира Ганди, Голда Меир и Нелсон Мандела, од Де Гол, Кенеди, Мао Це Тунг, Тито, Маргарет Тачер, Роналд Реган, Горбачов, па сѐ до Меркел и Путин и иако јавно не изразуваше политички ставови, беше една од највлијателните политички личности во двете столетија. Британската монархија, како и британската културна дипломатија и културна индустрија, успеаја сиве овие децении од нејзиното владеење, да создадат од ликот на кралицата не само моќен политички бренд, туку и поп-икона која со својата планетарна популарност се носеше рамо до рамо со најобожуваните холивудски актери, најпознатите музички ѕвезди или научниците и Нобеловците од највисок светски ранг, патем дозволувајќи им, на најголемите од нив, да бидат почестени со нејзиното присуство, во одредени пригоди организирани во нејзина чест.

Ретки се уметниците, кои одолеаја да не бидат дел од сеопштата фасцинација од британската круна, како Дејвид Боуви на пример, кој два пати ја одбиваше почестта да добие благородничка титула, притоа имајќи го предвид ризикот од традиционалната непопуларност кај британската јавност, Нејзиното Величество Кралицата, да биде игнорирана или одбивана.

И најтешко, барем во изминативе десетина денови и ноќи, им беше токму на оние кои никогаш не биле фасцинирани или уште повеќе, не врзале некаква емпатија кон едно од најмоќните светски семејства, како што е британското кралско семејство. „Круната“, Лондон и Британија, благодарејќи на беспрекорната културна дипломатија и непогрешливиот британски империјален протокол, изминативе десетина денови и ноќи беа неприкосновен центар на светот. И токму овие денови и ноќи, илјадниците загинати руски и украински војници престанаа воопшто да бидат важна вест, истиот момент како потполно да стивнаа сите пандемски вируси и нови светски болештии, кои до вчера беа главна светска вест (патем, Џо Бајден токму деновиве ја прогласи пандемијата од коронавирусот за завршена!), ни климатските лудила и упадите на зимски циклони во календарсково лето не се најважна вест, како што најавите за новиот моден тренд - носењето дебели зимски чорапи во претстојнава сезона есен-зима исто така не станаа важна вест, како што не стана вест ниту складирањето храна пред секој нов последователен бран поскапувања?! Знаат ли воопшто, оние индиферентните и оние кои ги презираат приказните од светот на најславните и најбогатите, дека тагата за смртта на Кралицата може да ја покрие сета останата светска трагичност и тага и некому да му биде - и најважна и најтажна вест?!

П.С. Веќе воопшто не е вест дека и по овој повод, не најдоа заеднички јазик: силно ужалениот „македонски џет сет“ и уште посилно ужалениот македонски политички крем, повеќе или помалку индиферентната академска заедница, мајтапски расположената чаршија, повлечената и преплашената за својата иднина маса свет, која тивко трепери и трепка пред своите монитори и тв-приемници, како некогаш пред своите сликовници од забавиште, и една маса свет која благовремено, уште во забавиште научила, дека животот се состои само од создавање сопствена успешна приказна - и секако во моментов, најбројната и најрезигнирана армија свет, на која ништо веќе не ù е забавно, а реализацијата на својата животна приказна ја гледа што подалеку од Македонија! И сите заедно, така идеално разединети, и во актуелната сеопшта, а уште повеќе во долготрајната сопствена тага!

А, круната мора да победи и никогаш не смее да падне...!

The post Круната не смее да падне! appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

За неполни две седмици, последните две големи личности што го одбележаа 20 век си заминаа од овој свет, Михаил Горбачов - последниот претседател на големата советска империја и Елизабета Втора - последната британска кралица и најважен симбол на големата британска империја. Тоа беа политички икони, симболи на 20 век, претставници на две моќни држави – империи, чии влијанија се вградени во архитектурата на постоечкиот меѓународен поредок. А првите претставници на актуелниот меѓународен поредок, испраќајќи ги последните два политички амблема, го поздравуваат како за последно 20 век, истовремено потсетувајќи нè дека сме на прагот, токму на најтешкото од истиот тој век. Скоро цела година, како тивка и едвај чујна мантра, низ светот се шират предупредувања дека есенва, а посебно зимава, ќе бидат најтешки, слични на најтешките по Втората светска војна од минатиот век. Со ширум отворени очи, но бледо како низ перспектива обвиткана со магла, се гледа кон таквите предвидувања, но и предупредувања дека таквата зима ќе биде причина за големи социјални немири и масовни протести. Пречи ли тоа, со исто толку ширум отворени очи да се голтаат текстови и слики замаглени од тагата која деновиве го фрли во траор светот на богатите и славните, со заминувањето на најмоќниот симбол на светската моќ и слава, каков што повеќе од седум децении беше британската кралица?! Но, нели отсекогаш било така?! Во последната и најтешка зима во Втората светска војна, полесно се поднесувал и студот и недостигот од храна, покрај сликата која му била понудена на светот како утеха и охрабрување-британската престолонаследничка станува механичар за поправки на борбени камиони и страда подеднакво како сиот останат свет! И сите подоцнежни гладни и студени зими, а ги имало многу по Втората светска војна, било полесно да се преживеат кога, покрај секојдневното парче леб премачкано со маст и нешто црвен пипер, или, малку шекерче и вода врз него, истовремено се голтале бајките од сликовниците за слатките маки на кралствата, на принцезите и на принцовите. Токму тој, толку далечен и недостижен, а така лесно достапен свет на моќ, богатство и сјај, знаел непогрешливо да маѓепса во магливото игнорирање на секојдневните јадови и беда - со ширум отворени очи! Нели, сѐ што требаше да научиме за животот, подготвувајќи се за него, требаше да научиме во забавиште? И зошто светот денес би раскажувал поинакви приказни од оние најпопуларните и најуспешните од минатиот век, кога толку лесно, природно и едноставно, светот може да стане едно големо глобално забавиште?! Трагикомично или не, важно треба да функционира! Денешното глобално забавиште е идеална трагикомична сцена на која лесно се голтаат „приказните“ за најтешката зима во најава, покрај повторно раскажаната трагична политичка судбина на „добриот стар Горби“ или по којзнае кој пат прераскажуваните приказни за личните одрекувања, страдања и семејни драми на најдолголетната кралица во модерната светска историја. Денес, помалку се важни или потполно се заборавени клучните глобални процеси од 20 век, чии влијанија сѐ уште ги чувствуваме, а во кои директно беа вклучени и Михаил Горбачов и Елизабета Втора: разгорувањето и ставањето крај на Студената војна, падот на Берлинскиот ѕид, распадот на некогашната комунистичка империја, обединувањето на Германија, распадот и трансформацијата на некогашната британска колонијална империја во комонвелтската заедница на владеење и влијание, или Брегзитот, на пример! Во актуелново глобално забавиште во 21 век, поважни се приказните за парите кои добриот стар Горби ги заработил од популарноста на Западот, приказните за потеклото на благородните камења од британската круна (ах, сега кога Јужна Африка, Индија и Зимбабве ќе си ги посакаат дијамантите назад!), состојките на омилениот коктел - џин на покојната кралица, повредениот глужд на новата кралица-сопруга, тоалетите и бисерите на принцезите и, секако, никогаш незаситената глад за пикантерии од дворските еротски интриги и игри. Каква совршена тема и содржина, да не се мисли, да не се возбудува или, не дај Боже, вознемирува за тешките зими што ќе ги носи и новиов век! Има кој да се грижи за редот и поредокот во нововековново глобално забавиште, актуелнава занимална со тривијалности од светот на славните и богатите, додека времето на војни, сиромаштија, глад и студ сѐ погласно тропа на вратите на сите?! Секако дека има! Станува збор за една од најмоќните културни индустрии и културни дипломатии во светот која успеа од својата монархија, а посебно од кралицата Елизабета Втора, да создаде исклучително препознатлив и популарен симбол и бренд, кој така умешно го окупира севкупното внимание во светот, како во минатиот век, така и денес! Брендот носи влијание, моќ и, пред сѐ, пари, а Елизабета Втора успеа и себе и британската монархија да ги устоличи на престолот на најмоќните и највлијателните светски брендови, покрај брендот „САД“, „Лондон“ и „Англискиот јазик“, исто така произлезени од истата или партнерска бренд-матрица! Создавањето на брендот „Кралица Елизабета Втора“ започнува токму во најтешките години по Втората светска војна. Глорификацијата на Британија како држава победник во таа војна, својот симбол го пронаоѓа во својата тогашна престолонаследничка која била обучувана да биде механичар за поправка на камиони во услови на војна, а подоцна ангажирана и во санитетска служба. А кога по војната станува кралица, претставува симбол на британската победа и тој победнички дух од Втората светска војна внимателно се негува, а неа ја следи до последниот ден од нејзиниот живот. Кога стапува на престолот Елизабета Втора веќе е реализирана и како мајка, па паралелно почнуваат да се создаваат два мита: првиот за нејзината комплетна посветеност на службата за народот и за државата, продолжувајќи ја легендата за саможртвата на нејзината славна претходничка Елизабета Прва („Јас се омажив за Британија!“) и вториот, не помалку важен мит, за пожртвуваноста во создавањето на многудетно семејство, преку кој станува симбол за препознавање на повоената „бејби-бум генерација“. За волја на вистината, во создавањето на брендот погодуваат и околностите: светот после долго време живее без големи војни, а мирот и благосостојбата за милиони млади семејства, посебно на Запад и во Европа, стануваат достижна реалност. Вградувањето и на двата мита во создавањето на брендот „Кралица Елизабета Втора“, беше исклучително успешно. Затоа денес, кога љубопитно секој си дозволува да шпекулира за вредноста на кралското наследство што го остави брендот „Елизабета Втора“, треба да знаеме дека најмоќниот светски бренд токму во моментов нема цена! Бесценетоста на таквата моќ и влијание деновиве се огледаа и во отсуството на каква било критичност кон силните години на владеење на британската кралица, почнувајќи од инаку критичниот и влијателен британски сервис Би-Би-Си, па до скоро сите останати моќни британски и западни медиуми, кои во најголем дел го креираат светското мислење. Брендот носи многу моќ, влијание и пред сѐ пари, а најголемиот и најмоќен светски бренд, врзува за себе најмногу моќ, влијание и пари! Брендот „Елизабета Втора“ за Британија е токму тоа, нејзиното највредно и најпостојано богатство! Да се поседува и негува тој бренд, еве конкретно во богатство и пари, може да се илустрира преку тековниот тренд да се поседуват недвижнини во центарот на Лондон, чии цени постојано вртоглаво растат и во моментот достигнуваат и над 100.000 долари од метар квадратен. Моќни арапски држави, како Катар, на пример, вложуваат милијарди и милијарди долари само во недвижнини во централното лондонско подрачје, најмногу поради престижот да се биде што поблизу до амблематичниот британски престол. Брендот „Елизабета Втора“ е вграден и во високиот престиж кое го има британското високо образование, чии финансиски импликации се огромни, но политичките бенефити кои ù ги носи на државата, се бесценети! Некој пресметал дека дури 7 % од вкупниот број актуелни светски лидери се школувани на „Кембриџ“, а ако кон овој процент се додадат и студентите од „Оксфорд“ и лондонските универзитети, бројот на влијателни луѓе со британско образование што актуелно го креираат светот, станува и многу голем и многу сериозен, а влијанието на Британија - огромно. И трет, но не и најмалку важен бенефит од брендот „Британска Круна“, е постојаниот растечки интерес на странските туристи за посета на Лондон и Англија. А, сето тоа во склоп со популарноста на британските: поп и рок музика, модата, филмот, театарот и дизајнот, претставува неодвоив дел од заедничката акција на британската културна дипломатија и нејзината моќна културна индустрија, во која неминовно е вграден и брендот за британската круна. Како во овој контекст, да не се потсетиме на свечената церемонија од отворањето на Летните олимписки игри во Лондон 2012 година, кога организаторите одлучија да ги спојат двете икони на британската поп култура: Кралицата и Даниел Крег, кој тогаш го глумеше Џејмс Бонд, а за затворањето на Игрите беа ангажираните најпознатите британски музички изведувачи. Кралицата Елизабета Втора, во своето 70-годишно владеење со британскиот престол, беше современик на најголемите политички фигури: од Черчил и Сталин, до Нехру, Индира Ганди, Голда Меир и Нелсон Мандела, од Де Гол, Кенеди, Мао Це Тунг, Тито, Маргарет Тачер, Роналд Реган, Горбачов, па сѐ до Меркел и Путин и иако јавно не изразуваше политички ставови, беше една од највлијателните политички личности во двете столетија. Британската монархија, како и британската културна дипломатија и културна индустрија, успеаја сиве овие децении од нејзиното владеење, да создадат од ликот на кралицата не само моќен политички бренд, туку и поп-икона која со својата планетарна популарност се носеше рамо до рамо со најобожуваните холивудски актери, најпознатите музички ѕвезди или научниците и Нобеловците од највисок светски ранг, патем дозволувајќи им, на најголемите од нив, да бидат почестени со нејзиното присуство, во одредени пригоди организирани во нејзина чест. Ретки се уметниците, кои одолеаја да не бидат дел од сеопштата фасцинација од британската круна, како Дејвид Боуви на пример, кој два пати ја одбиваше почестта да добие благородничка титула, притоа имајќи го предвид ризикот од традиционалната непопуларност кај британската јавност, Нејзиното Величество Кралицата, да биде игнорирана или одбивана. И најтешко, барем во изминативе десетина денови и ноќи, им беше токму на оние кои никогаш не биле фасцинирани или уште повеќе, не врзале некаква емпатија кон едно од најмоќните светски семејства, како што е британското кралско семејство. „Круната“, Лондон и Британија, благодарејќи на беспрекорната културна дипломатија и непогрешливиот британски империјален протокол, изминативе десетина денови и ноќи беа неприкосновен центар на светот. И токму овие денови и ноќи, илјадниците загинати руски и украински војници престанаа воопшто да бидат важна вест, истиот момент како потполно да стивнаа сите пандемски вируси и нови светски болештии, кои до вчера беа главна светска вест (патем, Џо Бајден токму деновиве ја прогласи пандемијата од коронавирусот за завршена!), ни климатските лудила и упадите на зимски циклони во календарсково лето не се најважна вест, како што најавите за новиот моден тренд - носењето дебели зимски чорапи во претстојнава сезона есен-зима исто така не станаа важна вест, како што не стана вест ниту складирањето храна пред секој нов последователен бран поскапувања?! Знаат ли воопшто, оние индиферентните и оние кои ги презираат приказните од светот на најславните и најбогатите, дека тагата за смртта на Кралицата може да ја покрие сета останата светска трагичност и тага и некому да му биде - и најважна и најтажна вест?! П.С. Веќе воопшто не е вест дека и по овој повод, не најдоа заеднички јазик: силно ужалениот „македонски џет сет“ и уште посилно ужалениот македонски политички крем, повеќе или помалку индиферентната академска заедница, мајтапски расположената чаршија, повлечената и преплашената за својата иднина маса свет, која тивко трепери и трепка пред своите монитори и тв-приемници, како некогаш пред своите сликовници од забавиште, и една маса свет која благовремено, уште во забавиште научила, дека животот се состои само од создавање сопствена успешна приказна - и секако во моментов, најбројната и најрезигнирана армија свет, на која ништо веќе не ù е забавно, а реализацијата на својата животна приказна ја гледа што подалеку од Македонија! И сите заедно, така идеално разединети, и во актуелната сеопшта, а уште повеќе во долготрајната сопствена тага! А, круната мора да победи и никогаш не смее да падне...!

The post Круната не смее да падне! appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе биде погребана кралицата Елизабета https://republika.mk/vesti/svet/deneska-kje-bide-pogrebana-kralicata-elizabeta/ Mon, 19 Sep 2022 06:09:14 +0000 https://republika.mk/?p=552068

Две илјади гости, меѓу кои и неколку стотици претседатели, поглавари и монарси, денеска ќе присуствуваат на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската опатија во Лондон.

Таа ќе биде погребана вечер во капелата Свети Џорџ до замокот Виндзор.

Државниот погреб на кралицата Елизабета, еден од најголемите логистички предизвици во британската историја, ќе се одржи во Вестминстерската опатија, а меѓу 2.000 гости ќе бидат и јапонскиот цар Нарухито, францускиот претседател Емануел Макрон, американскиот претседател Џо Бајден.

Погребот ќе го обезбедуваат повеќе од 10.000 полицајци од цела Велика Британија, бидејќи се очекува рекорден број луѓе да ја следат погребната поворка. Велика Британија денеска речиси ќе застане. Продавниците, канцелариите, рестораните ќе бидат затворени. Збогувањето ќе може да се гледа во стотина кина и во паркови на големи монитори.

Попладне, ковчегот на кралицата Елизабета Втора ќе биде однесена во замокот Виндзор каде ќе биде погребана вечер во кругот на најтесното семејство.

Ковчегот на кралицата, кој моментално е изложен во лондонската палата Вестминстер, утрово ќе биде пренесен во Вестминстерската опатија каде ќе се одржи државен погреб. Поворката започнува во 11:35 часот по средноевропско време. Ковчегот ќе биде поставен на лафет кој ќе го влечат офицери на морнарицата, што е традиција од погребот на кралицата Викторија во 1901 година.

Поворката зад ковчегот ќе ја предводи кралот Чарлс Трети. и членовите на британското кралско семејство, и ќе стигне до портите на Вестминстерската опатија за 17 минути. Пред лафетот ќе одат 200 гајдаџии и тапанари на Кралското воено воздухопловство.

Иако богослужбата на свештеникот Дејвид Хојл ќе започне на пладне по средноевропско време, опатијата ќе биде отворена три часа порано за да се сместат 2.000-те гости. Покрај државници, политичари и монарси, на погребот ќе присуствуваат и 200 луѓе на кои кралицата им оддаде почест во јуни годинава, пред сè здравствени работници ангажирани во пандемијата на Ковид-19.

Проповедта ќе ја одржи надбискупот од Кентербери, Џастин Велби, по што во црквата и целото Обединето Кралство ќе има двоминутно молчење. Државниот погреб ќе заврши околу 13:00 часот со интонирање на националната химна, последен поздрав со труба и проштална песна од кралскиот гајдаџија.

Странските државници потоа ќе присуствуваат на прием организиран од шефот на дипломатијата Џејмс Клеверли, во седиштето на Англиканската црква веднаш до опатијата. Поворката со ковчегот, пак, ќе тргне од Лондон до Хајд Парк, придружувана од ѕвоната на Биг Бен, а потоа ковчегот со погребна кола ќе биде однесен до Виндзор, на југоисток, триесетина километри од главниот град.

Од 16:00 часот по средноевропско време ќе почне нова поворка предводена од членовите на кралската коњаница, која ќе помине петкилометарска „Долга прошетка“ на пат кон замокот Виндзор. Кралското семејство ќе се приклучи на поворката кон капелата Свети Џорџ.

На верската служба ќе има 800 луѓе, меѓу кои и членови на персоналот на кралицата. Во 20 часот и 30 минути, кралицата ќе биде погребана, во кругот на најтесното семејство, во меморијалната капелата на нејзиниот татко Џорџ Пети

The post Денеска ќе биде погребана кралицата Елизабета appeared first on Република.

]]>

Две илјади гости, меѓу кои и неколку стотици претседатели, поглавари и монарси, денеска ќе присуствуваат на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската опатија во Лондон. Таа ќе биде погребана вечер во капелата Свети Џорџ до замокот Виндзор. Државниот погреб на кралицата Елизабета, еден од најголемите логистички предизвици во британската историја, ќе се одржи во Вестминстерската опатија, а меѓу 2.000 гости ќе бидат и јапонскиот цар Нарухито, францускиот претседател Емануел Макрон, американскиот претседател Џо Бајден. Погребот ќе го обезбедуваат повеќе од 10.000 полицајци од цела Велика Британија, бидејќи се очекува рекорден број луѓе да ја следат погребната поворка. Велика Британија денеска речиси ќе застане. Продавниците, канцелариите, рестораните ќе бидат затворени. Збогувањето ќе може да се гледа во стотина кина и во паркови на големи монитори. Попладне, ковчегот на кралицата Елизабета Втора ќе биде однесена во замокот Виндзор каде ќе биде погребана вечер во кругот на најтесното семејство. Ковчегот на кралицата, кој моментално е изложен во лондонската палата Вестминстер, утрово ќе биде пренесен во Вестминстерската опатија каде ќе се одржи државен погреб. Поворката започнува во 11:35 часот по средноевропско време. Ковчегот ќе биде поставен на лафет кој ќе го влечат офицери на морнарицата, што е традиција од погребот на кралицата Викторија во 1901 година. Поворката зад ковчегот ќе ја предводи кралот Чарлс Трети. и членовите на британското кралско семејство, и ќе стигне до портите на Вестминстерската опатија за 17 минути. Пред лафетот ќе одат 200 гајдаџии и тапанари на Кралското воено воздухопловство. Иако богослужбата на свештеникот Дејвид Хојл ќе започне на пладне по средноевропско време, опатијата ќе биде отворена три часа порано за да се сместат 2.000-те гости. Покрај државници, политичари и монарси, на погребот ќе присуствуваат и 200 луѓе на кои кралицата им оддаде почест во јуни годинава, пред сè здравствени работници ангажирани во пандемијата на Ковид-19. Проповедта ќе ја одржи надбискупот од Кентербери, Џастин Велби, по што во црквата и целото Обединето Кралство ќе има двоминутно молчење. Државниот погреб ќе заврши околу 13:00 часот со интонирање на националната химна, последен поздрав со труба и проштална песна од кралскиот гајдаџија. Странските државници потоа ќе присуствуваат на прием организиран од шефот на дипломатијата Џејмс Клеверли, во седиштето на Англиканската црква веднаш до опатијата. Поворката со ковчегот, пак, ќе тргне од Лондон до Хајд Парк, придружувана од ѕвоната на Биг Бен, а потоа ковчегот со погребна кола ќе биде однесен до Виндзор, на југоисток, триесетина километри од главниот град. Од 16:00 часот по средноевропско време ќе почне нова поворка предводена од членовите на кралската коњаница, која ќе помине петкилометарска „Долга прошетка“ на пат кон замокот Виндзор. Кралското семејство ќе се приклучи на поворката кон капелата Свети Џорџ. На верската служба ќе има 800 луѓе, меѓу кои и членови на персоналот на кралицата. Во 20 часот и 30 минути, кралицата ќе биде погребана, во кругот на најтесното семејство, во меморијалната капелата на нејзиниот татко Џорџ Пети

The post Денеска ќе биде погребана кралицата Елизабета appeared first on Република.

]]>
Бајден и оддаде почит на кралицата Елизабета пред погребот https://republika.mk/vesti/svet/bajden-i-oddade-pochit-na-kralicata-elizabeta-pred-pogrebot/ Sun, 18 Sep 2022 18:37:36 +0000 https://republika.mk/?p=552051

Американскиот претседател Џо Бајден денеска и оддаде почит на британската кралица Елизабета Втора, еден ден пред нејзиниот државен погреб, појавувајќи се на балконот на Вестминстерската сала додека редица луѓе поминуваа покрај нејзиниот ковчег.

Бајден е еден од многуте државници и членови на кралски семејства од цела Европа, Азија, Африка и Америка кои ќе присуствуваат на погребот во понеделник.

Стотици илјади луѓе се собраа во Лондон за да и оддадат почит на британската кралица Елизабета Втора, која почина на 8 септември на 96-годишна возраст.

Американскиот претседател подоцна ќе му се придружи на британскиот крал Чарлс Трети и други светски лидери на приемот пред погребот.

„Нејзиното наследство ќе биде напишано со големи букви на страниците на британската историја и во приказната за нашиот свет“, истакна Бајден во пораката со сочувство по повод смртта на кралицата Елизабета.

Бајден беше еден од 14-те американски претседатели за време на 70-годишното владеење на британската кралица Елизабета.

The post Бајден и оддаде почит на кралицата Елизабета пред погребот appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден денеска и оддаде почит на британската кралица Елизабета Втора, еден ден пред нејзиниот државен погреб, појавувајќи се на балконот на Вестминстерската сала додека редица луѓе поминуваа покрај нејзиниот ковчег. Бајден е еден од многуте државници и членови на кралски семејства од цела Европа, Азија, Африка и Америка кои ќе присуствуваат на погребот во понеделник. Стотици илјади луѓе се собраа во Лондон за да и оддадат почит на британската кралица Елизабета Втора, која почина на 8 септември на 96-годишна возраст. Американскиот претседател подоцна ќе му се придружи на британскиот крал Чарлс Трети и други светски лидери на приемот пред погребот.
„Нејзиното наследство ќе биде напишано со големи букви на страниците на британската историја и во приказната за нашиот свет“, истакна Бајден во пораката со сочувство по повод смртта на кралицата Елизабета.
Бајден беше еден од 14-те американски претседатели за време на 70-годишното владеење на британската кралица Елизабета.

The post Бајден и оддаде почит на кралицата Елизабета пред погребот appeared first on Република.

]]>
Хари и Меган мора да се извинат пред погребот на кралицата Елизабета Втора https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/hari-i-megan-mora-da-se-izvinat-pred-pogrebot-na-kralicata-elizabeta-vtora/ Sun, 18 Sep 2022 17:25:58 +0000 https://republika.mk/?p=552038

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл мора пред погребот на кралицата Елизабета Втора да ги решат несогласувањата со Вилијам и Кејт кои настанаа по интервјуто со Опра Винфри, пишува Мирор.

Извори блиски до палатата тврдат дека интервјуто „ја преминало границата и принцот и принцезата од Велс се вознемирени и лути“. На Меган и Хари, наводно, им било кажано да се извинат и да ги признаат мотивите зад нивното интервју.

Имено, во минатогодишното интервју со познатата водителка, војводата и војвотката од Сасекс зборувале за напуштањето на кралското семејство. Тие ги искажале своите ставови за семејните проблеми, ја обвиниле палатата за расизам, а Меган во еден момент не можела да ги задржи солзите.

Вилијам и Хари со своите сопруги Кејт Мидлтон и Меган Маркл неодамна дојдоа пред замокот Виндзор и изразија сочувство по смртта на кралицата Елизабета. По излегувањето од замокот, насобраните граѓани со едноминутно молчење ја изразија својата почит кон кралицата, а потоа ги поздравија Вилијам и Хари и нивните сопруги со аплауз.

Ова беше прво заедничко појавување на принцовите со нивните сопруги по долго време. Иако Хари и Меган ова лето присуствуваа на платинестиот јубилеј на кралицата, тие останаа настрана и не беа фотографирани со Вилијам и Кејт.

The post Хари и Меган мора да се извинат пред погребот на кралицата Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл мора пред погребот на кралицата Елизабета Втора да ги решат несогласувањата со Вилијам и Кејт кои настанаа по интервјуто со Опра Винфри, пишува Мирор. Извори блиски до палатата тврдат дека интервјуто „ја преминало границата и принцот и принцезата од Велс се вознемирени и лути“. На Меган и Хари, наводно, им било кажано да се извинат и да ги признаат мотивите зад нивното интервју. Имено, во минатогодишното интервју со познатата водителка, војводата и војвотката од Сасекс зборувале за напуштањето на кралското семејство. Тие ги искажале своите ставови за семејните проблеми, ја обвиниле палатата за расизам, а Меган во еден момент не можела да ги задржи солзите. Вилијам и Хари со своите сопруги Кејт Мидлтон и Меган Маркл неодамна дојдоа пред замокот Виндзор и изразија сочувство по смртта на кралицата Елизабета. По излегувањето од замокот, насобраните граѓани со едноминутно молчење ја изразија својата почит кон кралицата, а потоа ги поздравија Вилијам и Хари и нивните сопруги со аплауз. Ова беше прво заедничко појавување на принцовите со нивните сопруги по долго време. Иако Хари и Меган ова лето присуствуваа на платинестиот јубилеј на кралицата, тие останаа настрана и не беа фотографирани со Вилијам и Кејт.

The post Хари и Меган мора да се извинат пред погребот на кралицата Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>
Се откажуваат и летови за звукот на авионите не пречат на погребот на кралицата https://republika.mk/vesti/svet/se-otkazuvaat-i-letovi-za-zvukot-na-avionite-ne-prechat-na-pogrebot-na-kralicata/ Sun, 18 Sep 2022 13:59:00 +0000 https://republika.mk/?p=551979

Лондонските транспортни власти соопштија дека се подготвуваат за пристигнување на околу еден милион луѓе за државниот погреб на кралицата Елизабета Втора.

Началникот на транспортната служба, Енди Бајфорд, рече дека од смртта на кралицата на 8 септември, „јавниот превоз во британската престолнина почна да опслужува огромен број нови патници, но утре се очекува максимумот“.

Во целата земја ќе се обезбедат 250 дополнителни услуги за патување долж железничката мрежа.

Според Питер Хенди, раководител на британската железничка компанија „Network Rail“, утре ќе се одржи „најголемата операција во јавниот превоз од Олимписките игри во 2012 година“.

Аеродромот „Хитроу“ наутро ќе откаже повеќе од 100 летови за да го спречи звукот на авионите кои прелетуваат да ја нарушат погребната служба во Вестминстерската палата, како и полагањето на ковчегот во гробот во замокот Виндзор.

Аеродромот во западен Лондон соопшти дека мерките ќе влијаат на 15 отсто од планираните 1.200 летови

The post Се откажуваат и летови за звукот на авионите не пречат на погребот на кралицата appeared first on Република.

]]>

Лондонските транспортни власти соопштија дека се подготвуваат за пристигнување на околу еден милион луѓе за државниот погреб на кралицата Елизабета Втора. Началникот на транспортната служба, Енди Бајфорд, рече дека од смртта на кралицата на 8 септември, „јавниот превоз во британската престолнина почна да опслужува огромен број нови патници, но утре се очекува максимумот“. Во целата земја ќе се обезбедат 250 дополнителни услуги за патување долж железничката мрежа. Според Питер Хенди, раководител на британската железничка компанија „Network Rail“, утре ќе се одржи „најголемата операција во јавниот превоз од Олимписките игри во 2012 година“. Аеродромот „Хитроу“ наутро ќе откаже повеќе од 100 летови за да го спречи звукот на авионите кои прелетуваат да ја нарушат погребната служба во Вестминстерската палата, како и полагањето на ковчегот во гробот во замокот Виндзор. Аеродромот во западен Лондон соопшти дека мерките ќе влијаат на 15 отсто од планираните 1.200 летови

The post Се откажуваат и летови за звукот на авионите не пречат на погребот на кралицата appeared first on Република.

]]>
Погребот на кралицата ги скара светските лидери: Само Бајден со автомобил, другите навредени со автобус https://republika.mk/vesti/svet/pogrebot-na-kralicata-gi-skara-svetskite-lideri-samo-bajden-so-avtomobil-drugite-navredeni-so-avtobus/ Fri, 16 Sep 2022 06:24:48 +0000 https://republika.mk/?p=551235

Светските лидери се жалат откако дознале дека американскиот претседател Џо Бајден на погребот на кралицата Елизабета Втора може да дојде во приватна лимузина, а другите ќе мора да се возат во автобуси.

Навредени и револтирани, бројни странски државници сега бараат ист повластен третман каков што го има претседателот Бајден. Како што дознава Политико, дипломати од пет земји, вклучително и некои од групата Г7, побарале исклучоци за нивните лидери, наведувајќи ја возраста или безбедноста.

„Нашиот претседател е среќен да патува со автобус ако тоа му се каже, но има над 80 години. Ако постои начин да се избегне, ќе се обидеме да го обезбедиме“, рекол еден дипломат.

Прекуокеанските амбасади добиле упатство од Одделот за надворешни работи, Комонвелт и развој (ФЦДО) во саботата навечер, информирајќи ги дека странските државјани ќе бидат превезувани со автобуси од западен Лондон до Вестминстерската опатија поради „безбедносни и патни ограничувања“.

Два дена подоцна, британската влада тврди дека владата, а не Бакингемската палата, била задолжена за логистичките аранжмани за државниот погреб на кралицата Елизабета Втора. Меѓутоа, на прашањето дали се очекува и претседателот Бајден да дојде на погребот со автобус, одговорноста била префрлена на друго место.

„Тоа е прашање што треба да го упатите до американската влада. Аранжманите на претседателот, вклучително и начините на кои патува, ќе зависат од индивидуалните околности. Обезбедените упатства се само совети“, велат од Министерството, пренесува Политико.

Амбасадорите го критикуваат британското Министерство и тврдат дека не ги разјасниле критериумите според кои на одредени лидери ќе им биде дозволено да го прескокнат заедничкото патување. Други, пак, сметаат дека шефовите на држави ќе бидат „понижени“ доколку треба да се возат во автобус со лидерите на „помалите“ народи, а некои наведуваат толку апсурдни причини што тврдат дека таквиот третман ќе им се закани на нивната „машкост“.

Речиси 500 странски државници и членови на кралски семејство се очекува да ја испратат кралицата. Државниот погреб на кралицата Елизабета Втора. ќе биде една од најголемите логистички и безбедносни операции во историјата на земјата. Околу 10.000 полицајци се очекува да бидат распоредени околу Вестминстер секој ден. Боб Бродхерст, кој бил задолжен за безбедноста и логистиката за време на венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, изјавил за Гардијан дека уште 1.500 воени лица се на готовност за да се вклучат доколку ситуацијата го бара тоа.

Се очекува зголемено присуство на полицајци во парковите, јавниот превоз и во близина на официјалните кралски резиденции, а снајперисти ќе бидат распоредени на покривите.

Во средата вечерта, ковчегот на кралицата Елизабета Втора е транспортиран во Вестминстерската палата каде ќе биде до понеделник. Во 17 часот, кога салата конечно беше отворена за јавноста, редицата луѓе веќе се протегала четири километри по брегот на Темза. Околу 6.500 луѓе трпеливо чекале со часови, некои од нив од понеделникот напладне. За еден час покрај ковчегот на кралицата можат да поминат околу 3.000 луѓе, што значи дека до понеделник покрај ковчегот ќе поминат над 300.000 луѓе.

Сепак, првите проценки покажуваат дека досега за еден час покрај ковчегот на кралицата поминале само околу 1.200 луѓе. Една од причините за бавниот проток е тоа што на секои 20 минути се менуваат чуварите кои стојат до столбната плоча, со што се запира колоната на пет минути. Друга причина се британските министри кои имаат привилегиран пристап до ковчегот. За разлика од другите граѓани, 650 британски пратеници и 756 членови на Домот на лордовите, како и членовите на нивните семејства, можат да го „прескокнат“ редот и да го посетат ковчегот кога им одговара.

The post Погребот на кралицата ги скара светските лидери: Само Бајден со автомобил, другите навредени со автобус appeared first on Република.

]]>

Светските лидери се жалат откако дознале дека американскиот претседател Џо Бајден на погребот на кралицата Елизабета Втора може да дојде во приватна лимузина, а другите ќе мора да се возат во автобуси. Навредени и револтирани, бројни странски државници сега бараат ист повластен третман каков што го има претседателот Бајден. Како што дознава Политико, дипломати од пет земји, вклучително и некои од групата Г7, побарале исклучоци за нивните лидери, наведувајќи ја возраста или безбедноста. „Нашиот претседател е среќен да патува со автобус ако тоа му се каже, но има над 80 години. Ако постои начин да се избегне, ќе се обидеме да го обезбедиме“, рекол еден дипломат. Прекуокеанските амбасади добиле упатство од Одделот за надворешни работи, Комонвелт и развој (ФЦДО) во саботата навечер, информирајќи ги дека странските државјани ќе бидат превезувани со автобуси од западен Лондон до Вестминстерската опатија поради „безбедносни и патни ограничувања“. Два дена подоцна, британската влада тврди дека владата, а не Бакингемската палата, била задолжена за логистичките аранжмани за државниот погреб на кралицата Елизабета Втора. Меѓутоа, на прашањето дали се очекува и претседателот Бајден да дојде на погребот со автобус, одговорноста била префрлена на друго место.
„Тоа е прашање што треба да го упатите до американската влада. Аранжманите на претседателот, вклучително и начините на кои патува, ќе зависат од индивидуалните околности. Обезбедените упатства се само совети“, велат од Министерството, пренесува Политико.
Амбасадорите го критикуваат британското Министерство и тврдат дека не ги разјасниле критериумите според кои на одредени лидери ќе им биде дозволено да го прескокнат заедничкото патување. Други, пак, сметаат дека шефовите на држави ќе бидат „понижени“ доколку треба да се возат во автобус со лидерите на „помалите“ народи, а некои наведуваат толку апсурдни причини што тврдат дека таквиот третман ќе им се закани на нивната „машкост“. Речиси 500 странски државници и членови на кралски семејство се очекува да ја испратат кралицата. Државниот погреб на кралицата Елизабета Втора. ќе биде една од најголемите логистички и безбедносни операции во историјата на земјата. Околу 10.000 полицајци се очекува да бидат распоредени околу Вестминстер секој ден. Боб Бродхерст, кој бил задолжен за безбедноста и логистиката за време на венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, изјавил за Гардијан дека уште 1.500 воени лица се на готовност за да се вклучат доколку ситуацијата го бара тоа. Се очекува зголемено присуство на полицајци во парковите, јавниот превоз и во близина на официјалните кралски резиденции, а снајперисти ќе бидат распоредени на покривите. Во средата вечерта, ковчегот на кралицата Елизабета Втора е транспортиран во Вестминстерската палата каде ќе биде до понеделник. Во 17 часот, кога салата конечно беше отворена за јавноста, редицата луѓе веќе се протегала четири километри по брегот на Темза. Околу 6.500 луѓе трпеливо чекале со часови, некои од нив од понеделникот напладне. За еден час покрај ковчегот на кралицата можат да поминат околу 3.000 луѓе, што значи дека до понеделник покрај ковчегот ќе поминат над 300.000 луѓе. Сепак, првите проценки покажуваат дека досега за еден час покрај ковчегот на кралицата поминале само околу 1.200 луѓе. Една од причините за бавниот проток е тоа што на секои 20 минути се менуваат чуварите кои стојат до столбната плоча, со што се запира колоната на пет минути. Друга причина се британските министри кои имаат привилегиран пристап до ковчегот. За разлика од другите граѓани, 650 британски пратеници и 756 членови на Домот на лордовите, како и членовите на нивните семејства, можат да го „прескокнат“ редот и да го посетат ковчегот кога им одговара.

The post Погребот на кралицата ги скара светските лидери: Само Бајден со автомобил, другите навредени со автобус appeared first on Република.

]]>
Ковчегот на кралицата Елизабета Втора пристигна во Бакингемската палата https://republika.mk/vesti/svet/kovchegot-na-kralicata-elizabeta-vtora-pristigna-vo-bakingemskata-palata/ Wed, 14 Sep 2022 06:43:20 +0000 https://republika.mk/?p=550538

Кралот Чарлс и сите членови на потесното кралско семејство синоќа се собраа во Бакингемската палата за да го пречекаат ковчегот на покојната кралица Елизабета Втора, додека десетици илјади луѓе беа по улиците за време на неговото минување низ Лондон.

Некои од нив само стоеја, други фрлаа цвеќе.

Кралицата почина во четвртокот, на 96-годишна возраст.

Нејзината смрт предизвика луѓе да се собираат во кралските палати низ целата земја, со цел да изразат сочувство.

Чарлс, кој автоматски стана крал, исто така патува низ Велика Британија и ги преводи поворките за одавање почит кон досегашниот суверен.

Принцезата Ана, единствената ќерка на кралицата, заедно со ковчегот патуваше од Шкотска, каде се наоѓаше од нејзината смрт, минатата недела.

„Ми беше чест и привилегија да бидам со неа на нејзините последни патувања. Ме разнежни љубовта и почитувањето што толку луѓе ги изразија на тие патувања“, се наведува во соопштението на Ана.

Ковчегот со голема воена поворка денеска ќе биде пренесен до салата Вестминстер, каде ќе биде изложен до погребот во понеделник.

Јавноста ќе може да го погледне во кое било време во денот, до утрото кога ќе се одржи погребот, каде присутни ќе бидат светски лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден

The post Ковчегот на кралицата Елизабета Втора пристигна во Бакингемската палата appeared first on Република.

]]>

Кралот Чарлс и сите членови на потесното кралско семејство синоќа се собраа во Бакингемската палата за да го пречекаат ковчегот на покојната кралица Елизабета Втора, додека десетици илјади луѓе беа по улиците за време на неговото минување низ Лондон. Некои од нив само стоеја, други фрлаа цвеќе. Кралицата почина во четвртокот, на 96-годишна возраст. Нејзината смрт предизвика луѓе да се собираат во кралските палати низ целата земја, со цел да изразат сочувство. Чарлс, кој автоматски стана крал, исто така патува низ Велика Британија и ги преводи поворките за одавање почит кон досегашниот суверен. Принцезата Ана, единствената ќерка на кралицата, заедно со ковчегот патуваше од Шкотска, каде се наоѓаше од нејзината смрт, минатата недела. „Ми беше чест и привилегија да бидам со неа на нејзините последни патувања. Ме разнежни љубовта и почитувањето што толку луѓе ги изразија на тие патувања“, се наведува во соопштението на Ана. Ковчегот со голема воена поворка денеска ќе биде пренесен до салата Вестминстер, каде ќе биде изложен до погребот во понеделник. Јавноста ќе може да го погледне во кое било време во денот, до утрото кога ќе се одржи погребот, каде присутни ќе бидат светски лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден

The post Ковчегот на кралицата Елизабета Втора пристигна во Бакингемската палата appeared first on Република.

]]>
Кралицата Елизабета Втора ќе биде погребана на 19 септември https://republika.mk/vesti/svet/kralicata-elizabeta-vtora-kje-bide-pogrebana-na-19-septemvri/ Sun, 11 Sep 2022 11:24:07 +0000 https://republika.mk/?p=549686

Кралицата Елизабета Втора ќе биде погребана на 19 септември, во во лондонската Вестминстерска опатија. Денеска ковчегот со телото на кралицата го напушти замокот Балморал, и ќе патува над 200 км низ градовите Абердин и Данди и покрај Перт, пред да пристигне во палатата Холирудхаус во Единбург, а на патот почит ѝ оддаваат илјадници луѓе.

Чарлс Трети вчера беше прогласен за крал на детална церемонија во Лондон, а принцовите Вилијам и Хари и нивните сопруги Кејт и Меган се сретнаа со бројниот народ во Виндзор кога неочекувано излегоа заедно.

The post Кралицата Елизабета Втора ќе биде погребана на 19 септември appeared first on Република.

]]>

Кралицата Елизабета Втора ќе биде погребана на 19 септември, во во лондонската Вестминстерска опатија. Денеска ковчегот со телото на кралицата го напушти замокот Балморал, и ќе патува над 200 км низ градовите Абердин и Данди и покрај Перт, пред да пристигне во палатата Холирудхаус во Единбург, а на патот почит ѝ оддаваат илјадници луѓе. Чарлс Трети вчера беше прогласен за крал на детална церемонија во Лондон, а принцовите Вилијам и Хари и нивните сопруги Кејт и Меган се сретнаа со бројниот народ во Виндзор кога неочекувано излегоа заедно.

The post Кралицата Елизабета Втора ќе биде погребана на 19 септември appeared first on Република.

]]>