Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл мора пред погребот на кралицата Елизабета Втора да ги решат несогласувањата со Вилијам и Кејт кои настанаа по интервјуто со Опра Винфри, пишува Мирор.

Извори блиски до палатата тврдат дека интервјуто „ја преминало границата и принцот и принцезата од Велс се вознемирени и лути“. На Меган и Хари, наводно, им било кажано да се извинат и да ги признаат мотивите зад нивното интервју.

Имено, во минатогодишното интервју со познатата водителка, војводата и војвотката од Сасекс зборувале за напуштањето на кралското семејство. Тие ги искажале своите ставови за семејните проблеми, ја обвиниле палатата за расизам, а Меган во еден момент не можела да ги задржи солзите.

Вилијам и Хари со своите сопруги Кејт Мидлтон и Меган Маркл неодамна дојдоа пред замокот Виндзор и изразија сочувство по смртта на кралицата Елизабета. По излегувањето од замокот, насобраните граѓани со едноминутно молчење ја изразија својата почит кон кралицата, а потоа ги поздравија Вилијам и Хари и нивните сопруги со аплауз.

Ова беше прво заедничко појавување на принцовите со нивните сопруги по долго време. Иако Хари и Меган ова лето присуствуваа на платинестиот јубилеј на кралицата, тие останаа настрана и не беа фотографирани со Вилијам и Кејт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.