ковид пропусници Archives - Република https://republika.mk/tema/kovid-propusnici/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Mar 2022 19:17:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ковид пропусници Archives - Република https://republika.mk/tema/kovid-propusnici/ 32 32 Се укинуваат ковид пропусниците и ограничениот број присутни во затворено, маските само препорака: Србија ги олеснува мерките https://republika.mk/vesti/balkan/se-ukinuvaat-kovid-propusnicite-i-ogranicheniot-broj-prisutni-vo-zatvoreno-maskite-samo-preporaka-srbija-gi-olesnuva-merkite/ Thu, 10 Mar 2022 19:17:19 +0000 https://republika.mk/?p=470884

Српскиот Кризени штаб за борба против корона вирусот донесе одлука за укинување на Ковид пропусниците. Министерката за труд и социјални прашања Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, соопшти дека одлуката стапува на сила од сабота.

Ковид пропусниците беа воведени на 23 октомври минатата година и прво важеа по 22 часот, но со зголемувањето на бројот на новозаразени, нивната важност беше продолжена, па се применуваа од 20 часот.

Кисиќ Тепавчевиќ изјави дека делта сојот на корона вирусот „повеќе не е регистриран во Србија“, а во моментот кога била донесена одлуката за воведување на ковид пропусниците тој бил доминантен и пропусниците биле ефективни за негово сузбивање.

Како што кажа Кисиќ Тепавчевиќ, се задржува препораката за носење маски во затворени простории, а се укинува ограничувањето на бројот на луѓе во затворени простории.

Кога станува збор за изолација на пациентите, таа се уште е во сила бидејќи тоа е основната антиепидемиска мерка, која опфаќа изолација од седум дена, доколку е потребно и подолго - соопшти таа по седницата на Кризниот штаб.

Се препорачуваат дополнителна, четврта бустер доза на вакцините за оние над 18 години, пет месеци по првата бустер доза, а прифатена е препораката за воведување на бустер доза за вакцинација на деца од 12-18 години, најмалку пет месеци по примањето на втората доза.

Кисиќ Тепавчевиќ, додаде дека е укинат и карантинот за лицата кои биле во контакт со заразени лица.

The post Се укинуваат ковид пропусниците и ограничениот број присутни во затворено, маските само препорака: Србија ги олеснува мерките appeared first on Република.

]]>

Српскиот Кризени штаб за борба против корона вирусот донесе одлука за укинување на Ковид пропусниците. Министерката за труд и социјални прашања Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, соопшти дека одлуката стапува на сила од сабота. Ковид пропусниците беа воведени на 23 октомври минатата година и прво важеа по 22 часот, но со зголемувањето на бројот на новозаразени, нивната важност беше продолжена, па се применуваа од 20 часот. Кисиќ Тепавчевиќ изјави дека делта сојот на корона вирусот „повеќе не е регистриран во Србија“, а во моментот кога била донесена одлуката за воведување на ковид пропусниците тој бил доминантен и пропусниците биле ефективни за негово сузбивање. Како што кажа Кисиќ Тепавчевиќ, се задржува препораката за носење маски во затворени простории, а се укинува ограничувањето на бројот на луѓе во затворени простории.
Кога станува збор за изолација на пациентите, таа се уште е во сила бидејќи тоа е основната антиепидемиска мерка, која опфаќа изолација од седум дена, доколку е потребно и подолго - соопшти таа по седницата на Кризниот штаб.
Се препорачуваат дополнителна, четврта бустер доза на вакцините за оние над 18 години, пет месеци по првата бустер доза, а прифатена е препораката за воведување на бустер доза за вакцинација на деца од 12-18 години, најмалку пет месеци по примањето на втората доза. Кисиќ Тепавчевиќ, додаде дека е укинат и карантинот за лицата кои биле во контакт со заразени лица.

The post Се укинуваат ковид пропусниците и ограничениот број присутни во затворено, маските само препорака: Србија ги олеснува мерките appeared first on Република.

]]>
Во Англија веќе не се потребни ковид-пропусници https://republika.mk/vesti/svet/vo-anglija-vekje-ne-se-potrebni-kovid-propusnici/ Sat, 15 Jan 2022 20:25:31 +0000 https://republika.mk/?p=445094

Во Англија до крајот на месецот може да се укинат пропусниците за ковид, објавија британските медиуми, наведувајќи дека министерот за здравство, Саџид Џавид, оценил дека тие повеќе не се потребни, со образложение дека сојот омикрон на корона вирусот полека опаѓа.

Во моментов во Англија, луѓето треба да покажат доказ за вакцинација или негативен резултат од тестот за да присуствуваат на поголеми настани или да влезат во ноќни клубови.

Џавид им рече на пратениците дека ја споделува нивната нелагодност во врска со прашањето за пропусниците, против кои гласаа 100 ториевци.

Претходно Џавид најави намалување на периодот на изолација по позитивен тест за коронавирус. Имено, од следниот понеделник изолацијата ќе трае само пет дена за позитивните, а причината за намалувањето е, како што појасни, тоа што вработените би можеле побрзо да се вратат на работа.

Во Обединетото Кралство, 150.000 луѓе починале од коронавирусот од почетокот на пандемијата на коронавирус.

The post Во Англија веќе не се потребни ковид-пропусници appeared first on Република.

]]>

Во Англија до крајот на месецот може да се укинат пропусниците за ковид, објавија британските медиуми, наведувајќи дека министерот за здравство, Саџид Џавид, оценил дека тие повеќе не се потребни, со образложение дека сојот омикрон на корона вирусот полека опаѓа. Во моментов во Англија, луѓето треба да покажат доказ за вакцинација или негативен резултат од тестот за да присуствуваат на поголеми настани или да влезат во ноќни клубови. Џавид им рече на пратениците дека ја споделува нивната нелагодност во врска со прашањето за пропусниците, против кои гласаа 100 ториевци. Претходно Џавид најави намалување на периодот на изолација по позитивен тест за коронавирус. Имено, од следниот понеделник изолацијата ќе трае само пет дена за позитивните, а причината за намалувањето е, како што појасни, тоа што вработените би можеле побрзо да се вратат на работа. Во Обединетото Кралство, 150.000 луѓе починале од коронавирусот од почетокот на пандемијата на коронавирус.

The post Во Англија веќе не се потребни ковид-пропусници appeared first on Република.

]]>
Макрон може да здивне: Усвоен Законот за ковид-пропусници во Франција https://republika.mk/vesti/svet/makron-moze-da-zdivne-usvoen-zakonot-za-kovid-propusnici-vo-francija/ Thu, 06 Jan 2022 09:11:59 +0000 https://republika.mk/?p=441249

Францускиот парламент денеска ги одобри најновите владини мерки за борба против Ковид-19, вклучително и законот за пропусници против Ковид-19.

Законот за ковид-пропусници беше поддржан од 214 пратеници, 93 пратеници беа против, додека 27 беа воздржани, пренесе Ројтерс.

Овие мерки сега се пред Сенатот, кој ќе ги разгледа пред какво било дополнително одобрување.

Претходно оваа недела, владејачката партија „Република во движење“ ја бранеше поострата реторика на претседателот Емануел Макрон, која беше упатена до невакцинираните, откако неговите зборови предизвикаа осуда меѓу опозицијата и различни реакции кај гласачите.

Макрон рече дека сака да ги „разгневи“ невакцинираните луѓе со тоа што ќе им го комплицира животот толку многу што на крајот ќе мора да се вакцинираат против коронавирус.

Тоа го кажа во интервју за весникот „Паризиен“, во кое и невакцинираните ги нарече неодговорни и недостојни да се сметаат за граѓани.

Франција вчера регистрираше рекорд од повеќе од 332.000 нови случаи и уште 246 смртни случаи во болниците, додека земјата се соочува со петтиот бран на вирусот.

The post Макрон може да здивне: Усвоен Законот за ковид-пропусници во Франција appeared first on Република.

]]>

Францускиот парламент денеска ги одобри најновите владини мерки за борба против Ковид-19, вклучително и законот за пропусници против Ковид-19. Законот за ковид-пропусници беше поддржан од 214 пратеници, 93 пратеници беа против, додека 27 беа воздржани, пренесе Ројтерс. Овие мерки сега се пред Сенатот, кој ќе ги разгледа пред какво било дополнително одобрување. Претходно оваа недела, владејачката партија „Република во движење“ ја бранеше поострата реторика на претседателот Емануел Макрон, која беше упатена до невакцинираните, откако неговите зборови предизвикаа осуда меѓу опозицијата и различни реакции кај гласачите. Макрон рече дека сака да ги „разгневи“ невакцинираните луѓе со тоа што ќе им го комплицира животот толку многу што на крајот ќе мора да се вакцинираат против коронавирус. Тоа го кажа во интервју за весникот „Паризиен“, во кое и невакцинираните ги нарече неодговорни и недостојни да се сметаат за граѓани. Франција вчера регистрираше рекорд од повеќе од 332.000 нови случаи и уште 246 смртни случаи во болниците, додека земјата се соочува со петтиот бран на вирусот.

The post Макрон може да здивне: Усвоен Законот за ковид-пропусници во Франција appeared first on Република.

]]>