Во Англија до крајот на месецот може да се укинат пропусниците за ковид, објавија британските медиуми, наведувајќи дека министерот за здравство, Саџид Џавид, оценил дека тие повеќе не се потребни, со образложение дека сојот омикрон на корона вирусот полека опаѓа.

Во моментов во Англија, луѓето треба да покажат доказ за вакцинација или негативен резултат од тестот за да присуствуваат на поголеми настани или да влезат во ноќни клубови.

Џавид им рече на пратениците дека ја споделува нивната нелагодност во врска со прашањето за пропусниците, против кои гласаа 100 ториевци.

Претходно Џавид најави намалување на периодот на изолација по позитивен тест за коронавирус. Имено, од следниот понеделник изолацијата ќе трае само пет дена за позитивните, а причината за намалувањето е, како што појасни, тоа што вработените би можеле побрзо да се вратат на работа.

Во Обединетото Кралство, 150.000 луѓе починале од коронавирусот од почетокот на пандемијата на коронавирус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.