Комисијата за спречување и заштита од дискриминација Archives - Република https://republika.mk/tema/komisijata-za-sprechuvanje-i-zashtita-od-diskriminacija/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Oct 2023 10:07:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Комисијата за спречување и заштита од дискриминација Archives - Република https://republika.mk/tema/komisijata-za-sprechuvanje-i-zashtita-od-diskriminacija/ 32 32 Игор Јадровски е нов претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација https://republika.mk/vesti/igor-jadrovski-e-nov-pretsedatel-na-komisijata-za-sprechuvane-i-zashtita-od-diskriminatsija/ Fri, 27 Oct 2023 09:57:37 +0000 https://republika.mk/?p=695498

Членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска на 26-тата седница, по принципот на ротирачко претседателство, едногласно, за нов претседател го избраа Игор Јадровски, а за негов заменик Лимко Бејзароски.

Мандатот на новиот претседател е во траење од една година, соопшти Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

The post Игор Јадровски е нов претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација appeared first on Република.

]]>

Членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска на 26-тата седница, по принципот на ротирачко претседателство, едногласно, за нов претседател го избраа Игор Јадровски, а за негов заменик Лимко Бејзароски. Мандатот на новиот претседател е во траење од една година, соопшти Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

The post Игор Јадровски е нов претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација appeared first on Република.

]]>
На татко не му било дозволено да го придружува своето дете на Детска клиника https://republika.mk/vesti/makedonija/na-tatko-ne-mu-bilo-dozvoleno-da-go-pridruzuva-svoeto-dete-na-detska-klinika/ Mon, 19 Dec 2022 18:46:28 +0000 https://republika.mk/?p=587782

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила директна продолжена дискриминација врз основа на пол извршена од Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести (ЈЗУ УК). Дискриминацијата се однесува на татко кој бил спречен да го придружува своето малолетно дете поради праксата на Клиниката дека придружувањето е дозволено само за мајката.

Имено, како што се наведува во соопштението од КСЗД, при хоспитализација на детето во ЈЗУ УК за детски болести Скопје, таткото е спречен во можноста да го придружува своето дете поради праксата на клиниката дека придружувањето на детето во текот на вечерта е дозволено само за мајката, а во случај на спреченост на мајката, истото е овозможено само за роднини на хоспитализираното дете од женски пол (баба, тетка, вујна, стрина, итн.)

КСЗД информира дека за оваа одлука е постапено по претставка поднесена од страна на Македонското здружение на млади правници поради сторување на директна продолжена дискриминација по основ на пол во областа на здравствената заштита.

Со дискриминација по основ на пол, освен таткото на малолетното дете, се соочуваат и други родители на малолетни деца кои имаат потреба од хоспитализација во ЈЗУ УК за детски болести Скопје, посочуваат оттаму.

Од КСЗД велат дека побарале изјаснување од страна на ЈЗУ УК за детски болести, по што од таму известиле дека како јавна здравствена установа располагаат со ограничен буџет, имаат ограничени ресурси и простории за работа, но постојано прават напори за да обезбедат колку што е можно подобри и посоодветни услови за заштита и грижа на здравјетo на децата.

Од страна на ЈЗУ УК за детски болести исто така наведуваат дека и во ваква ситуација кога болничките соби се сместени повеќе лица во придружба со нивните мајки, за мајките би било несоодветно во истата соба да биде сместено и возрасно лице од машки пол имајќи предвид дека во истите простории придружниците поминуваат повеќе денови па истите користат тоалет, се пресоблекуваат итн. Единствена причина поради која евентуално би можело да се случи на родител-татко да не му биде дозволено да биде придружник на своето дете во нивната клиника е поради тоа што не е соодветно родители од различни полови заедно со своите деца да престојуваат во заеднички простории, соопштуваат од КСЗД.

Во својата одлука, КСЗД посочува дека според Законот за спречување и заштита од дискриминација се забранува секоја дискриминација врз која било дискриминаторска основа, вклучително и полот.

Законот за здравствено осигурување ја предвидува можноста детето да биде придружувано за време на долготрајна и краткотрајна болничка здравствена заштита. Имајќи ја предвид оваа одредба, законот не предвидува дека придружник може да биде само лице од женски пол, туку терминот придружник се однесува и на машки и на женски пол, се наведува во образложението за одлуката.

Од КСЗД порачуваат дека дискриминаторската практика треба да се отстрани во рок од 90 дена.

КСЗД препорачува на ЈЗУ УК за детски болести во рок од 90 дена да ја отстрани дискриминаторската практика и да пронајде начин да овозможи услови татковците да ги придружуват своите хоспитализирани деца под еднакви услови и да имаат ист третман како и мајките на хоспитализираните деца како и да се воздржи во иднина од преземање на дискриминаторски дејствија врз основа на пол или било која дискриминаторска основа согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација. Доколку лицето кон кое е упатена препораката не постапи по истата, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе поднесе барање за покренување на прекршочна постапка пред надлежен суд за прекршоци, стои во одлуката.

The post На татко не му било дозволено да го придружува своето дете на Детска клиника appeared first on Република.

]]>

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила директна продолжена дискриминација врз основа на пол извршена од Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести (ЈЗУ УК). Дискриминацијата се однесува на татко кој бил спречен да го придружува своето малолетно дете поради праксата на Клиниката дека придружувањето е дозволено само за мајката. Имено, како што се наведува во соопштението од КСЗД, при хоспитализација на детето во ЈЗУ УК за детски болести Скопје, таткото е спречен во можноста да го придружува своето дете поради праксата на клиниката дека придружувањето на детето во текот на вечерта е дозволено само за мајката, а во случај на спреченост на мајката, истото е овозможено само за роднини на хоспитализираното дете од женски пол (баба, тетка, вујна, стрина, итн.) КСЗД информира дека за оваа одлука е постапено по претставка поднесена од страна на Македонското здружение на млади правници поради сторување на директна продолжена дискриминација по основ на пол во областа на здравствената заштита.
Со дискриминација по основ на пол, освен таткото на малолетното дете, се соочуваат и други родители на малолетни деца кои имаат потреба од хоспитализација во ЈЗУ УК за детски болести Скопје, посочуваат оттаму.
Од КСЗД велат дека побарале изјаснување од страна на ЈЗУ УК за детски болести, по што од таму известиле дека како јавна здравствена установа располагаат со ограничен буџет, имаат ограничени ресурси и простории за работа, но постојано прават напори за да обезбедат колку што е можно подобри и посоодветни услови за заштита и грижа на здравјетo на децата.
Од страна на ЈЗУ УК за детски болести исто така наведуваат дека и во ваква ситуација кога болничките соби се сместени повеќе лица во придружба со нивните мајки, за мајките би било несоодветно во истата соба да биде сместено и возрасно лице од машки пол имајќи предвид дека во истите простории придружниците поминуваат повеќе денови па истите користат тоалет, се пресоблекуваат итн. Единствена причина поради која евентуално би можело да се случи на родител-татко да не му биде дозволено да биде придружник на своето дете во нивната клиника е поради тоа што не е соодветно родители од различни полови заедно со своите деца да престојуваат во заеднички простории, соопштуваат од КСЗД.
Во својата одлука, КСЗД посочува дека според Законот за спречување и заштита од дискриминација се забранува секоја дискриминација врз која било дискриминаторска основа, вклучително и полот.
Законот за здравствено осигурување ја предвидува можноста детето да биде придружувано за време на долготрајна и краткотрајна болничка здравствена заштита. Имајќи ја предвид оваа одредба, законот не предвидува дека придружник може да биде само лице од женски пол, туку терминот придружник се однесува и на машки и на женски пол, се наведува во образложението за одлуката.
Од КСЗД порачуваат дека дискриминаторската практика треба да се отстрани во рок од 90 дена.
КСЗД препорачува на ЈЗУ УК за детски болести во рок од 90 дена да ја отстрани дискриминаторската практика и да пронајде начин да овозможи услови татковците да ги придружуват своите хоспитализирани деца под еднакви услови и да имаат ист третман како и мајките на хоспитализираните деца како и да се воздржи во иднина од преземање на дискриминаторски дејствија врз основа на пол или било која дискриминаторска основа согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација. Доколку лицето кон кое е упатена препораката не постапи по истата, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе поднесе барање за покренување на прекршочна постапка пред надлежен суд за прекршоци, стои во одлуката.

The post На татко не му било дозволено да го придружува своето дете на Детска клиника appeared first on Република.

]]>
КСЗД: Клубот „Ванчо Михајлов“ не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи во предвидениот рок https://republika.mk/vesti/makedonija/kszd-klubot-vancho-mihajlov-ne-gi-otstrani-spornite-sodrzini-od-socijalnite-mrezi-vo-predvideniot-rok/ Tue, 29 Nov 2022 11:15:58 +0000 https://republika.mk/?p=579544

Клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи иако рокот за тоа истече, а денеска истекува и рокот за останатите препораките во однос на името и содржината, па доколку не постапи по нив, следува прекршочна постапка, порачаа од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) на денешната прес-конференција.

Како што информираа оттаму бидејќи истече рокот за отстранување на содржините на социјалните мрежи за кои е утврдено дека освен што шират вознемирувачки говор во кој се величаат ликот, делото и идеологијата на Михајлов, постојат и сериозни индиции дека имаат расна и ксенофобична содржина, предизвикуваат нетрпеливост, омраза и дискриминација и го повредуваат правото и слободата на поголем број на луѓе, сега понатамошната постапка ја води Основното јавно обвинителство.

Членот на Комисијата, Весна Бендевска потенцира дека иако имаат право да поведат прекршочна постапка, сепак решиле тоа да го препуштат на Основното јавно обвинителство, кое побарало од нив до достават информации и копии од спорните содржини објавени од страна на клубот на социјалните мрежи.

Спорните содржини упатуваат не само на вознемирувачки говор, туку постојат сериозни индиции дека се повредуваат правата на поголем број на луѓе, а тоа упатува на одредби од членот од Кривичниот закон, со што топката ја префрламе на Основното јавно обвинителство, изјави Бендевска.

Таа додаде дека денеска истекува и рокот за препораките и во однос на спорното име и содржината на клубот, со што следен чекор е заседавање на Комисијата и утврдување на можна прекршочна постапка.

Бендевска појасни дека во однос на овие две препораки, Министерството за правда треба да достави писмо, бидејќи тие се задолжени да извршат вонреден надзор на примената на одредбите на Законот за здруженија и фондации, а културниот центар треба да докаже пред Централниот регистер дека одлучиле да го сменат името.

На конференцијата беше информирано дека до Комисијата пристигнале голем број на претставки од граѓански здруженија кои се однесуваат на бугарската заедница во државава.

Впрочем ние сме затрупани со такви претставки, кои во најголем дел доаѓаат од здруженија на граѓани со оправдан интерес. Тие постапки се во тек и ги работиме, рече Бендевска.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) минатиот месец утврди дискриминација по основа на национална и етничка припадност во врска со формирањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов” – Битола. Седиштето на Клубот беше отворено годинава во строгиот центар на Битола, чин што ја разбранува јавноста, но и институциите, поради спорното име и содржините објавени на социјалните мрежи.

The post КСЗД: Клубот „Ванчо Михајлов“ не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи во предвидениот рок appeared first on Република.

]]>

Клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи иако рокот за тоа истече, а денеска истекува и рокот за останатите препораките во однос на името и содржината, па доколку не постапи по нив, следува прекршочна постапка, порачаа од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) на денешната прес-конференција. Како што информираа оттаму бидејќи истече рокот за отстранување на содржините на социјалните мрежи за кои е утврдено дека освен што шират вознемирувачки говор во кој се величаат ликот, делото и идеологијата на Михајлов, постојат и сериозни индиции дека имаат расна и ксенофобична содржина, предизвикуваат нетрпеливост, омраза и дискриминација и го повредуваат правото и слободата на поголем број на луѓе, сега понатамошната постапка ја води Основното јавно обвинителство. Членот на Комисијата, Весна Бендевска потенцира дека иако имаат право да поведат прекршочна постапка, сепак решиле тоа да го препуштат на Основното јавно обвинителство, кое побарало од нив до достават информации и копии од спорните содржини објавени од страна на клубот на социјалните мрежи. Спорните содржини упатуваат не само на вознемирувачки говор, туку постојат сериозни индиции дека се повредуваат правата на поголем број на луѓе, а тоа упатува на одредби од членот од Кривичниот закон, со што топката ја префрламе на Основното јавно обвинителство, изјави Бендевска. Таа додаде дека денеска истекува и рокот за препораките и во однос на спорното име и содржината на клубот, со што следен чекор е заседавање на Комисијата и утврдување на можна прекршочна постапка. Бендевска појасни дека во однос на овие две препораки, Министерството за правда треба да достави писмо, бидејќи тие се задолжени да извршат вонреден надзор на примената на одредбите на Законот за здруженија и фондации, а културниот центар треба да докаже пред Централниот регистер дека одлучиле да го сменат името. На конференцијата беше информирано дека до Комисијата пристигнале голем број на претставки од граѓански здруженија кои се однесуваат на бугарската заедница во државава. Впрочем ние сме затрупани со такви претставки, кои во најголем дел доаѓаат од здруженија на граѓани со оправдан интерес. Тие постапки се во тек и ги работиме, рече Бендевска. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) минатиот месец утврди дискриминација по основа на национална и етничка припадност во врска со формирањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов” – Битола. Седиштето на Клубот беше отворено годинава во строгиот центар на Битола, чин што ја разбранува јавноста, но и институциите, поради спорното име и содржините објавени на социјалните мрежи.

The post КСЗД: Клубот „Ванчо Михајлов“ не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи во предвидениот рок appeared first on Република.

]]>
„Ванчо Михајлов“ не го смени името и статутот, јавното обвинителство е на потег https://republika.mk/vesti/makedonija/vancho-mihajlov-ne-go-smeni-imeto-i-statutot-javnoto-obvinitelstvo-e-na-poteg/ Tue, 29 Nov 2022 11:13:49 +0000 https://republika.mk/?p=579543

 Клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи иако рокот за тоа истече, а денеска истекува и рокот за останатите препораките во однос на името и содржината, па доколку не постапи по нив, следува прекршочна постапка, порачаа од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) на денешната прес-конференција.

Како што информираа оттаму бидејќи истече рокот за отстранување на содржините на социјалните мрежи за кои е утврдено дека освен што шират вознемирувачки говор во кој се величаат ликот, делото и идеологијата на Михајлов, постојат и сериозни индиции дека имаат расна и ксенофобична содржина, предизвикуваат нетрпеливост, омраза и дискриминација и го повредуваат правото и слободата на поголем број на луѓе, сега понатамошната постапка ја води Основното јавно обвинителство.

Членот на Комисијата, Весна Бендевска потенцира дека иако имаат право да поведат прекршочна постапка, сепак решиле тоа да го препуштат на Основното јавно обвинителство, кое побарало од нив до достават информации и копии од спорните содржини објавени од страна на клубот на социјалните мрежи.

– Спорните содржини упатуваат не само на вознемирувачки говор, туку постојат сериозни индиции дека се повредуваат правата на поголем број на луѓе, а тоа упатува на одредби од членот од Кривичниот закон, со што топката ја префрламе на Основното јавно обвинителство, изјави Бендевска.

Таа додаде дека денеска истекува и рокот за препораките и во однос на спорното име и содржината на клубот, со што следен чекор е заседавање на Комисијата и утврдување на можна прекршочна постапка.

Бендевска појасни дека во однос на овие две препораки, Министерството за правда треба да достави писмо, бидејќи тие се задолжени да извршат вонреден надзор на примената на одредбите на Законот за здруженија и фондации, а културниот центар треба да докаже пред Централниот регистер дека одлучиле да го сменат името.

На конференцијата беше информирано дека до Комисијата пристигнале голем број на претставки од граѓански здруженија кои се однесуваат на бугарската заедница во државава.

– Впрочем ние сме затрупани со такви претставки, кои во најголем дел доаѓаат од здруженија на граѓани со оправдан интерес. Тие постапки се во тек и ги работиме, рече Бендевска.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) минатиот месец утврди дискриминација по основа на национална и етничка припадност во врска со формирањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов” – Битола. Седиштето на Клубот беше отворено годинава во строгиот центар на Битола, чин што ја разбранува јавноста, но и институциите, поради спорното име и содржините објавени на социјалните мрежи.

The post „Ванчо Михајлов“ не го смени името и статутот, јавното обвинителство е на потег appeared first on Република.

]]>

 Клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи иако рокот за тоа истече, а денеска истекува и рокот за останатите препораките во однос на името и содржината, па доколку не постапи по нив, следува прекршочна постапка, порачаа од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) на денешната прес-конференција. Како што информираа оттаму бидејќи истече рокот за отстранување на содржините на социјалните мрежи за кои е утврдено дека освен што шират вознемирувачки говор во кој се величаат ликот, делото и идеологијата на Михајлов, постојат и сериозни индиции дека имаат расна и ксенофобична содржина, предизвикуваат нетрпеливост, омраза и дискриминација и го повредуваат правото и слободата на поголем број на луѓе, сега понатамошната постапка ја води Основното јавно обвинителство. Членот на Комисијата, Весна Бендевска потенцира дека иако имаат право да поведат прекршочна постапка, сепак решиле тоа да го препуштат на Основното јавно обвинителство, кое побарало од нив до достават информации и копии од спорните содржини објавени од страна на клубот на социјалните мрежи.
– Спорните содржини упатуваат не само на вознемирувачки говор, туку постојат сериозни индиции дека се повредуваат правата на поголем број на луѓе, а тоа упатува на одредби од членот од Кривичниот закон, со што топката ја префрламе на Основното јавно обвинителство, изјави Бендевска.
Таа додаде дека денеска истекува и рокот за препораките и во однос на спорното име и содржината на клубот, со што следен чекор е заседавање на Комисијата и утврдување на можна прекршочна постапка. Бендевска појасни дека во однос на овие две препораки, Министерството за правда треба да достави писмо, бидејќи тие се задолжени да извршат вонреден надзор на примената на одредбите на Законот за здруженија и фондации, а културниот центар треба да докаже пред Централниот регистер дека одлучиле да го сменат името. На конференцијата беше информирано дека до Комисијата пристигнале голем број на претставки од граѓански здруженија кои се однесуваат на бугарската заедница во државава.
– Впрочем ние сме затрупани со такви претставки, кои во најголем дел доаѓаат од здруженија на граѓани со оправдан интерес. Тие постапки се во тек и ги работиме, рече Бендевска.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) минатиот месец утврди дискриминација по основа на национална и етничка припадност во врска со формирањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов” – Битола. Седиштето на Клубот беше отворено годинава во строгиот центар на Битола, чин што ја разбранува јавноста, но и институциите, поради спорното име и содржините објавени на социјалните мрежи.

The post „Ванчо Михајлов“ не го смени името и статутот, јавното обвинителство е на потег appeared first on Република.

]]>
Во Македонија жените се мажи: Весна Бендевска со три рала поголеми м….. од Таче, Стево и Бујар на купче https://republika.mk/kolumni/vo-makedonija-zenite-se-mazi-vesna-bendevska-so-tri-rala-pogolemi-m-od-tache-stevo-i-bujar-na-kupche/ Sat, 15 Oct 2022 17:32:43 +0000 https://republika.mk/?p=561539

Предраг Димитровски

Комисијата за спречувње и заштита од дискриминација е првата и засега единствена институција во Република Македонија која директно одговори на антимакедонските провокации од страна на т.н. македонски Бугари со отворањето клубови и здруженија, чии имиња предизвикуваат револт и незадоволство меѓу македонските граѓани. Со одлуката и насоките, што ги одреди за културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, Комисијата покажа дека постои начин соодветно да се одговори на политичката распродажба на се што е македонско од страна на власта на СДСМ, да се спречи дискриминацијата на Македонците и Евреите и да се одбрани нивното основно човечко достоинство.

Дефинитивно, во Македонија жените се мажи, а мажите се во здолништа. Поранешната шефица, а сега само член на Комисијата, Весна Бендевска, која го работеше предметот, покажа и докажа дека има три рала поголеми м….. од премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на државата Стево Пендаровски и шефот на дипломатијата Бујар Османи на купче заедно!

Зашто, нивната сервилност, послушност, молчење и затворање очи пред тоа што, очигледно, било политички договорено пред неколку години со бугарската страна, ја замени со професионалност, дигнитет, храброст и достоинствено извршување на работните задачи и обврски. Но, пред се, со почитување на законските и уставните регулативи и првенствено на праксата на Европскиот суд за човекови права, што, пак, од друга страна целосно ги фрла во вода досегашните тврдења на власта дека се неопходни законски измени за да се спречи употребата на историски спорни, најблаго речено контроверзни имиња, имиња зад кои стои повампирувањето на бугарскиот наци-фашизам како политичка идеологија.

И првите медиумски реакции од страна на т.н. македонски Бугари само потврдуваат дека целта на културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола ни најмалку не било добрососедството или заштитата на човековите права и слободи. Напротив, нападите врз Бендевска и одлуката на Комисијата директно говорат дека целта е елиминирање на антибугарскиот македонизам и отворање широки врати за бугаризација на општеството.

Ова од една страна, а од друга, прикажувањето на антикомунизмот во Македонија единствено како бугарско дело! Зашто, ако комунизмот бил во основа антибугарски, тогаш декомунизацијата на општеството мора да биде пробугарски! Според бугарската политичка мисла, ни комунизмот, ни антикомунизмот не биле и не можат да бидат чисто македонски! Зашто, нели, во царска Бугарија немало фашизам, како антипод на комунистичкиот тоталитарен систем, па судирот меѓу фашистите и комунистите за време на Втората светска војна, практично бил чисто идеолошки, а не меѓунационален судир.

Во вакви околности, одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација отвора и друга дилема, што се сведува на натамошниот меѓуинституционален однос во државата. Владата формира ад хок тело кое во иднина ќе треба да дава согласност за имињата, што т.н. македонски Бугари или било кој друг ќе сака да ги одбере за своите здрушенија или фондации. Член на тоа тело е и неизбжниот, „органски“ историчар, академикот и директор на Институтот за национална историја и копретседател на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и прашања за учебниците, Драги Ѓоргиев.

Истиот тој Драги Ѓоргиев, како добар „партиски измеќар“ во два наврати досега, бранејќи ги глупостите и ветувањата на неговиот патрон, екс-премиерот Зоран Заев, изјави, парафразирано, дека Бугарите за време на Втората светска војна биле окупатори, но не и фашисти. И сега, како тој Ѓоргиев ќе носи одлуки, на пример, и за Иван Ванчо Михајлов, и за Царот Борис Трети, и за Царот Фердинанд?! Или, како ќе ја применува одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација!? Како ќе одлучува за заедничко чествување на некоја од овие личности или за менување на учебниците!? Па, чудо од историчар да е, а не е, нему не му е местото таму.

The post Во Македонија жените се мажи: Весна Бендевска со три рала поголеми м….. од Таче, Стево и Бујар на купче appeared first on Република.

]]>

Предраг Димитровски

Комисијата за спречувње и заштита од дискриминација е првата и засега единствена институција во Република Македонија која директно одговори на антимакедонските провокации од страна на т.н. македонски Бугари со отворањето клубови и здруженија, чии имиња предизвикуваат револт и незадоволство меѓу македонските граѓани. Со одлуката и насоките, што ги одреди за културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, Комисијата покажа дека постои начин соодветно да се одговори на политичката распродажба на се што е македонско од страна на власта на СДСМ, да се спречи дискриминацијата на Македонците и Евреите и да се одбрани нивното основно човечко достоинство. Дефинитивно, во Македонија жените се мажи, а мажите се во здолништа. Поранешната шефица, а сега само член на Комисијата, Весна Бендевска, која го работеше предметот, покажа и докажа дека има три рала поголеми м….. од премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на државата Стево Пендаровски и шефот на дипломатијата Бујар Османи на купче заедно! Зашто, нивната сервилност, послушност, молчење и затворање очи пред тоа што, очигледно, било политички договорено пред неколку години со бугарската страна, ја замени со професионалност, дигнитет, храброст и достоинствено извршување на работните задачи и обврски. Но, пред се, со почитување на законските и уставните регулативи и првенствено на праксата на Европскиот суд за човекови права, што, пак, од друга страна целосно ги фрла во вода досегашните тврдења на власта дека се неопходни законски измени за да се спречи употребата на историски спорни, најблаго речено контроверзни имиња, имиња зад кои стои повампирувањето на бугарскиот наци-фашизам како политичка идеологија. И првите медиумски реакции од страна на т.н. македонски Бугари само потврдуваат дека целта на културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола ни најмалку не било добрососедството или заштитата на човековите права и слободи. Напротив, нападите врз Бендевска и одлуката на Комисијата директно говорат дека целта е елиминирање на антибугарскиот македонизам и отворање широки врати за бугаризација на општеството. Ова од една страна, а од друга, прикажувањето на антикомунизмот во Македонија единствено како бугарско дело! Зашто, ако комунизмот бил во основа антибугарски, тогаш декомунизацијата на општеството мора да биде пробугарски! Според бугарската политичка мисла, ни комунизмот, ни антикомунизмот не биле и не можат да бидат чисто македонски! Зашто, нели, во царска Бугарија немало фашизам, како антипод на комунистичкиот тоталитарен систем, па судирот меѓу фашистите и комунистите за време на Втората светска војна, практично бил чисто идеолошки, а не меѓунационален судир. Во вакви околности, одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација отвора и друга дилема, што се сведува на натамошниот меѓуинституционален однос во државата. Владата формира ад хок тело кое во иднина ќе треба да дава согласност за имињата, што т.н. македонски Бугари или било кој друг ќе сака да ги одбере за своите здрушенија или фондации. Член на тоа тело е и неизбжниот, „органски“ историчар, академикот и директор на Институтот за национална историја и копретседател на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и прашања за учебниците, Драги Ѓоргиев. Истиот тој Драги Ѓоргиев, како добар „партиски измеќар“ во два наврати досега, бранејќи ги глупостите и ветувањата на неговиот патрон, екс-премиерот Зоран Заев, изјави, парафразирано, дека Бугарите за време на Втората светска војна биле окупатори, но не и фашисти. И сега, како тој Ѓоргиев ќе носи одлуки, на пример, и за Иван Ванчо Михајлов, и за Царот Борис Трети, и за Царот Фердинанд?! Или, како ќе ја применува одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација!? Како ќе одлучува за заедничко чествување на некоја од овие личности или за менување на учебниците!? Па, чудо од историчар да е, а не е, нему не му е местото таму.

The post Во Македонија жените се мажи: Весна Бендевска со три рала поголеми м….. од Таче, Стево и Бујар на купче appeared first on Република.

]]>
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе ја следи доставата на решенија за изолација https://republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-sprechuvanje-i-zashtita-od-diskriminacija-kje-ja-sledi-dostavata-na-reshenija-za-izolacija/ Fri, 04 Feb 2022 13:51:26 +0000 https://republika.mk/?p=454242

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) соопшти дека по покренатата постапка од нивна страна, а во врска со објава во медиумите дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) на неговата веб страница јавно ќе ги објавува имињата, презимињата и адресите на новозаразените со КОВИД-19, денеска се одржала средба меѓу претставници на двете институции.

На средбата претставниците на ДСЗИ посочија дека системот за процесирање и достава на решенијата за изолација е обемен и застарен, а тоа создава многу проблеми во пракса. Ситуацијата станала дополнително комплицирана со новиот зголемен бран на новозаразени и скратувањето на роковите за изолација, соопштија од Комисијата.

Претставниците на ДСЗИ посочија дека веќе се разгледани најголемиот број на опции за поефикасно доставување на решенијата и дека во соработка со ИТ компанија дискутиран е нов електронски систем на доставување на решенијата за изолација.

При креирањето на овој систем претставниците на ДСЗИ истакнаа дека ги консултирале професори од Правниот факултет и стручни лица од Агенцијата за заштита на лични податоци, што значи дека системот ќе ги земе предвид позитивните законски прописи за заштита на личните податоци.

На крајот на средбата двете институции заклучија дека ќе бидат во постојана комуникација со цел спречување на евентуална дискриминација со примена на овој начин на објава и достава на решенијата за изолација. КСЗД ќе биде во тек и ќе ги следи наредните чекори во насока на решавање на овој проблем и доколку предложениот концепт нема да содржи елементи на дискриминација, ќе го поддржи, стои во соопштението.

The post Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе ја следи доставата на решенија за изолација appeared first on Република.

]]>

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) соопшти дека по покренатата постапка од нивна страна, а во врска со објава во медиумите дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) на неговата веб страница јавно ќе ги објавува имињата, презимињата и адресите на новозаразените со КОВИД-19, денеска се одржала средба меѓу претставници на двете институции. На средбата претставниците на ДСЗИ посочија дека системот за процесирање и достава на решенијата за изолација е обемен и застарен, а тоа создава многу проблеми во пракса. Ситуацијата станала дополнително комплицирана со новиот зголемен бран на новозаразени и скратувањето на роковите за изолација, соопштија од Комисијата. Претставниците на ДСЗИ посочија дека веќе се разгледани најголемиот број на опции за поефикасно доставување на решенијата и дека во соработка со ИТ компанија дискутиран е нов електронски систем на доставување на решенијата за изолација. При креирањето на овој систем претставниците на ДСЗИ истакнаа дека ги консултирале професори од Правниот факултет и стручни лица од Агенцијата за заштита на лични податоци, што значи дека системот ќе ги земе предвид позитивните законски прописи за заштита на личните податоци. На крајот на средбата двете институции заклучија дека ќе бидат во постојана комуникација со цел спречување на евентуална дискриминација со примена на овој начин на објава и достава на решенијата за изолација. КСЗД ќе биде во тек и ќе ги следи наредните чекори во насока на решавање на овој проблем и доколку предложениот концепт нема да содржи елементи на дискриминација, ќе го поддржи, стои во соопштението.

The post Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе ја следи доставата на решенија за изолација appeared first on Република.

]]>
Комисијата за заштита од дискриминација отвори постапка за случајот со Ембла https://republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-zashtita-od-diskriminacija-otvori-postapka-za-sluchajot-so-embla/ Fri, 04 Feb 2022 10:49:43 +0000 https://republika.mk/?p=454042

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација соопшти дека отвори постапка по службена должност за сегрегација на четвртоодделенката Ембла од Гостивар.

Таа не го почна второто полугодие во нејзиното одделение во ОУ „Единство-Башкими“ поради бојкот на родителите на учениците од паралелката, бидејќи има Даунов синдром. Постапката е започната по службена должност, откако на социјалните мрежи се раширија информациите дека единаесетгодишната Ембла останала сама во училишните клупи, бидејќи останатите ученици ја бојкотирале наставата, откако нивните родители испратија петиција во која наведуваат дека одлуката да не ги пуштаат своите деца на настава, информира КСЗД.

Комисијата најави дека во понеделник ќе изврши увид во училиштето, и дека веќе биле остварени контакти со градоначалникот Таравари и директорот на училиштето.

За исходот од постапката, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана, стои во соопштението.

The post Комисијата за заштита од дискриминација отвори постапка за случајот со Ембла appeared first on Република.

]]>

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација соопшти дека отвори постапка по службена должност за сегрегација на четвртоодделенката Ембла од Гостивар. Таа не го почна второто полугодие во нејзиното одделение во ОУ „Единство-Башкими“ поради бојкот на родителите на учениците од паралелката, бидејќи има Даунов синдром. Постапката е започната по службена должност, откако на социјалните мрежи се раширија информациите дека единаесетгодишната Ембла останала сама во училишните клупи, бидејќи останатите ученици ја бојкотирале наставата, откако нивните родители испратија петиција во која наведуваат дека одлуката да не ги пуштаат своите деца на настава, информира КСЗД. Комисијата најави дека во понеделник ќе изврши увид во училиштето, и дека веќе биле остварени контакти со градоначалникот Таравари и директорот на училиштето. За исходот од постапката, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана, стои во соопштението.

The post Комисијата за заштита од дискриминација отвори постапка за случајот со Ембла appeared first on Република.

]]>