колективен договор Archives - Република https://republika.mk/tema/kolektiven-dogovor/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Mar 2024 18:32:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png колективен договор Archives - Република https://republika.mk/tema/kolektiven-dogovor/ 32 32 Бумбароски: Сите просветни работници ќе земаат плата според колективен договор https://republika.mk/vesti/makedonija/bumbaroski-site-prosvetni-rabotnitsi-ke-zemaat-plata-spored-kolektiven-dogovor/ Sun, 10 Mar 2024 15:09:22 +0000 https://republika.mk/?p=753356

„Несомнено еден наставник мора и треба да одржи час без да има учебник пред него, но недостатокот на учебници е проблем за учениците и е проблем за родителите. Ние на часот можеме и без учебник да предаваме но што ќе се случи со учениците кога ќе дојдат дома и треба да го повторат и продлабочат она кое го научиле за време на часот. Ние честопати им даваме и дополнителни материјали и тоа го правиме постојано. Но во недостаток на учебници ние бевме приморани и да диктираме“, рече членот на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ Гоце Бумбароски на денешната трибина образовна платформа за иднина на тема „Нов концепт за развој на образованието“ во Куманово.

Тој продолжи и додаде дека несомнено е потребна дигитализацијата, но пред се потребно е да има печатени учебници.

Македонија е различна во сите сфери и имаме региони каде можат да бидат дигитализирани, но имаме и реони каде навистина имавме проблем со онлајн наставата и тоа индиректно ни кажува дека дигитализацијата во целост нема да биде успешна онака како што е замислена“, кажа Бумбароски.

Тој истакна дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се насочи кон подобрување на квалитетот на образованието.

Морам да кажам дека ако сакаме сите промени, активноста која идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја насочи кон подобрување на квалитетот на образованието да биде успешна, а успешноста и воведувањето на сите промени се директно преку наставниците тогаш ние мора да имаме мотивирани наставници. Само мотивирани наставници можат успешно да ги воведат сите новитети сите програми и се она кое сметаме ние дека е наменето за подобрување на образованието во Македонија“, вели Бубароски.

Тој рече дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го потпише колективниот договор за образование.

Оваа Влада предводена од СДСМ и ДУИ не го потпиша колективниот договор за образование. идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе соработува со сите социјални фактори кои ги претставуваат во сите образовните институции во основното и средно образование и Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го потпише колективниот договор за образование. До крајот на мандатот сите просветни работници ќе земаат плата според колективен договор“, истакна Бумбароски.

Тој посочи дека сите наставници во основно и средно образование ќе имаат правичен развој во својот кариерен развој.

Исто така важно е сите наставници кои се во основно и средно образование да имаат правичен избор во својот кариерен развој односно да добијат еднакви можности кариерно да напредуваат. Што значи кариерното напредување во звање ментор и советник ќе биде еднакво за сите наставници. Нормално тука ќе има услови, оној што ги исполнува условите кариерно ќе напредува“, заклучи Бумбароски.

The post Бумбароски: Сите просветни работници ќе земаат плата според колективен договор appeared first on Република.

]]>

„Несомнено еден наставник мора и треба да одржи час без да има учебник пред него, но недостатокот на учебници е проблем за учениците и е проблем за родителите. Ние на часот можеме и без учебник да предаваме но што ќе се случи со учениците кога ќе дојдат дома и треба да го повторат и продлабочат она кое го научиле за време на часот. Ние честопати им даваме и дополнителни материјали и тоа го правиме постојано. Но во недостаток на учебници ние бевме приморани и да диктираме“, рече членот на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ Гоце Бумбароски на денешната трибина образовна платформа за иднина на тема „Нов концепт за развој на образованието“ во Куманово. Тој продолжи и додаде дека несомнено е потребна дигитализацијата, но пред се потребно е да има печатени учебници.
Македонија е различна во сите сфери и имаме региони каде можат да бидат дигитализирани, но имаме и реони каде навистина имавме проблем со онлајн наставата и тоа индиректно ни кажува дека дигитализацијата во целост нема да биде успешна онака како што е замислена“, кажа Бумбароски.
Тој истакна дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се насочи кон подобрување на квалитетот на образованието.
Морам да кажам дека ако сакаме сите промени, активноста која идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја насочи кон подобрување на квалитетот на образованието да биде успешна, а успешноста и воведувањето на сите промени се директно преку наставниците тогаш ние мора да имаме мотивирани наставници. Само мотивирани наставници можат успешно да ги воведат сите новитети сите програми и се она кое сметаме ние дека е наменето за подобрување на образованието во Македонија“, вели Бубароски.
Тој рече дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го потпише колективниот договор за образование.
Оваа Влада предводена од СДСМ и ДУИ не го потпиша колективниот договор за образование. идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе соработува со сите социјални фактори кои ги претставуваат во сите образовните институции во основното и средно образование и Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го потпише колективниот договор за образование. До крајот на мандатот сите просветни работници ќе земаат плата според колективен договор“, истакна Бумбароски.
Тој посочи дека сите наставници во основно и средно образование ќе имаат правичен развој во својот кариерен развој.
Исто така важно е сите наставници кои се во основно и средно образование да имаат правичен избор во својот кариерен развој односно да добијат еднакви можности кариерно да напредуваат. Што значи кариерното напредување во звање ментор и советник ќе биде еднакво за сите наставници. Нормално тука ќе има услови, оној што ги исполнува условите кариерно ќе напредува“, заклучи Бумбароски.
 
The post Бумбароски: Сите просветни работници ќе земаат плата според колективен договор appeared first on Република.

]]>
Потпишан нов Колективен договор на вработените во одбраната и припадниците на Армијата https://republika.mk/vesti/makedonija/potpishan-nov-kolektiven-dogovor-na-vrabotenite-vo-odbranata-i-pripadnitsite-na-armijata/ Tue, 13 Feb 2024 21:23:43 +0000 https://republika.mk/?p=743798

Министерката за одбрана во техничката Влада, Славјанка Петровска и претседателот на Независниот синдикат на одбраната, Ванчо Исајов, денеска го потпишаа новиот Колективен договор за вработените во одбраната и припадниците на Армијата, соопштија вечерва од Министерството.

Со овој Колективен договор, како што додаваат, значително се унапредува стандардот на вработените во одбраната и целосно се вреднува трудот на вработените, кои се исклучително значајна алка во одбранбениот систем.

Според Петровска, вработените во одбраната се навистина клучни во целиот одбранбен систем.

Драго ми е што покрај вложувањето во опрема, паралелно ги подобруваме условите на вработените и нивниот стандард, како и нивниот углед во општеството. Ќе продолжам да се залагам сите ваши права да бидат почитувани, а Колективниот договор доследно да се применува. Бевме отворени за сите синдикати кои ги почитуваме во целост, а ја почитуваме и позицијата на репрезентативниот синдикат. Дијалогот продолжува, изјавила министерката.

Петровска се заблагодарила на репрезентативниот Синдикат во одбраната, како и на останатите синдикати за посветеноста и отвореноста во разговорите, што доведоа до потпишување на овој документ.

Ова е свечен чин на потпишување на Колективниот договор. Ја цениме конструктивноста што ја покажавте, имајќи предвид дека најголемиот дел од нашите предлози се прифатени и преку дијалог, дојдовме до овој резултат. Како синдикат, предвид ги земавме сите вработени и особено драго ми е, што со овој договор ги опфативме и службениците во Министерството. Соработката со вас продолжува и во иднина, изјавил претседателот на Независниот синдикат на одбраната.

Колективниот договор, како што се додава во соопштението, меѓу другите содржини, опфаќа соодветно вреднување на степенот на образование, исплата на испратнина при пензионирање во висина од 15 плати и друго.

The post Потпишан нов Колективен договор на вработените во одбраната и припадниците на Армијата appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана во техничката Влада, Славјанка Петровска и претседателот на Независниот синдикат на одбраната, Ванчо Исајов, денеска го потпишаа новиот Колективен договор за вработените во одбраната и припадниците на Армијата, соопштија вечерва од Министерството. Со овој Колективен договор, како што додаваат, значително се унапредува стандардот на вработените во одбраната и целосно се вреднува трудот на вработените, кои се исклучително значајна алка во одбранбениот систем. Според Петровска, вработените во одбраната се навистина клучни во целиот одбранбен систем.
Драго ми е што покрај вложувањето во опрема, паралелно ги подобруваме условите на вработените и нивниот стандард, како и нивниот углед во општеството. Ќе продолжам да се залагам сите ваши права да бидат почитувани, а Колективниот договор доследно да се применува. Бевме отворени за сите синдикати кои ги почитуваме во целост, а ја почитуваме и позицијата на репрезентативниот синдикат. Дијалогот продолжува, изјавила министерката.
Петровска се заблагодарила на репрезентативниот Синдикат во одбраната, како и на останатите синдикати за посветеноста и отвореноста во разговорите, што доведоа до потпишување на овој документ.
Ова е свечен чин на потпишување на Колективниот договор. Ја цениме конструктивноста што ја покажавте, имајќи предвид дека најголемиот дел од нашите предлози се прифатени и преку дијалог, дојдовме до овој резултат. Како синдикат, предвид ги земавме сите вработени и особено драго ми е, што со овој договор ги опфативме и службениците во Министерството. Соработката со вас продолжува и во иднина, изјавил претседателот на Независниот синдикат на одбраната.
Колективниот договор, како што се додава во соопштението, меѓу другите содржини, опфаќа соодветно вреднување на степенот на образование, исплата на испратнина при пензионирање во висина од 15 плати и друго.

The post Потпишан нов Колективен договор на вработените во одбраната и припадниците на Армијата appeared first on Република.

]]>
Сојузот на Синдикати на УКИМ најавува штрајк: Не се почитува колективниот договор за зголемување на платите https://republika.mk/vesti/makedonija/sojuzot-na-sindikati-na-ukim-najavuva-shtrajk-ne-se-pochituva-kolektivniot-dogovor-za-zgolemuvane-na-platite/ Fri, 09 Feb 2024 12:58:07 +0000 https://republika.mk/?p=742227

Претседател на Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) Ангел Ристов на денешната прес-конференција обвини дека државата не обезбедила средства во буџетот за примена на обврските од колективниот договор склучен меѓу Синдикатот на УКИМ и Собранието, иако истиот е полноважен и стапил на сила на 1 јануари оваа година. Тој упати апел за средба со премиерот во рок од три дена, а доколку средбата не се реализира, ќе следува протест.

Доколку во рок од три дена не добиеме средба со премиерот, согласно соопштението испратено од ректорската управа потпишано од сите декани, ректорката, проректорите, ќе се радикализираме. Ќе следува протест, па доколку тој предупредувачки протест не вроди со плод, следува штрајк, порача Ристов.

Ректорката на Универзитот Биљана Ангелова на денешната прес-конференција обвини за игнорантскиот однос на институциите кон УКИМ.

Игнорантски однос на институциите трае долго, можеби повеќе од 15 години. Поводот е колективниот договор но причини има многу - нарушената финансиска автономија, нарушена кадровска автономија и нарушена функционална автономија, што ни создава секојдневни проблеми во функционирањето, рече Ангелова.

Таа потенцираше дека колективниот договор кој што беше склучен во текот на 2022 година од страна на Синдикатот и Собранието е полноважен и објавен во Службен весник. Тој, како што рече, произведува правно дејство и за Универзитетот и за надлежните институции

Јас како ректор и ректорската управа која ја сочинуваат деканите и директорите на факултетите и понатаму ќе се залагаме да одржиме што подостоинствен стандард на сите наши вработени. Ќе настојуваме да се спроведува колективниот договор, а тоа значи правниот систем во оваа држава и спроведување на правото, додаде Ангелова.

The post Сојузот на Синдикати на УКИМ најавува штрајк: Не се почитува колективниот договор за зголемување на платите appeared first on Република.

Бојчевски: Еден судија зема почетна плата 130.000 денари, а доктор 45.000 денари https://republika.mk/vesti/makedonija/bojchevski-eden-sudija-zema-pochetna-plata-130-000-denari-a-doktor-45-000-denari/ Thu, 08 Feb 2024 11:37:37 +0000 https://republika.mk/?p=741806

Да не сум вработен во здравството последниве 30 години би помилил дека здравствените работници земаат 1000 евра плата. Но, не е така, ние сме на работ на преживување. Нашиот синдикат постои само шест месеци и догодина ние ќе бидеме репрезентативен синдикат. Медицинска сестра зема 25, 26 или 27 илјади денари додека потрошувачката кошничка е 56.000 денари. Па како да преживеат тие луѓе?, праша Боби Бојчевски од Независниот синдикат на здравство во утринската „Студио 10“ на ТВ 24.

Ние бараме универзален колективен договор. Не може специјалист во Струмица со ноќни дежурства да зема 75.000 денари плата а во Скопје да зема дупло. Истиот проблем е со медицинските сестри и техничкиот персонал. Во здравството ќе дојде до колапс. Еден судија зема почена плата 130.000 денари, а доктор 45.000 денари, вели Бојчевски.

Бојчевски вели дека репрезентативниот синдикат 30 години не направил ништо за здравствените работници.

Ние сакаме нов колективен договор кој е подготвен и ќе го доставиме. Со него бараме унифицирана плата во цела Македонија. Бараме линеарно покачување на платите во здравството за 30 отсто на коефициентот на медицинските сестри и техничката служба, како и на докторите, вели Бојчевски.

The post Бојчевски: Еден судија зема почетна плата 130.000 денари, а доктор 45.000 денари appeared first on Република.

Потпишан Општиот колективен договор, 130 илјади вработени во јавниот сектор од септември со 10 отсто повисоки плати https://republika.mk/vesti/makedonija/potpishan-opshtiot-kolektiven-dogovor-130-iljadi-vraboteni-vo-javniot-sektor-od-septemvri-so-10-otsto-povisoki-plati/ Tue, 18 Jul 2023 17:00:13 +0000 https://republika.mk/?p=662842

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска после 15 години потпишаа нов Општ колективен договор за одржлив раст на платите во јавниот сектор.

Согласно Општиот колективен договор, од септември 130 илјади вработени во јавниот сектор од септември ќе добијат зголемување на платите од 10 проценти, исплата на К-15 до крајот на годината во висина од 10 илјади денари. Во општиот колективен договор стои одредба за исплатата на К - 15 од 2024 година да биде најмалку 30 проценти од висината на просечната плата. Договорено е новата методологија за пресметка на платите за вработените во јавниот сектор ќе започне од март 2025 година.

Тренчевска изрази задоволство што сите заедно, синдикатите, работодавачите и Владата односно членовите на Економско-социјален совет, донеле системско и одржливо решение за пораст на платите за вработените во јавниот сектор. Според неа, ова е значаен чекор во насока на унапредување на работничките права и потврда дека за оваа Влада социјалниот дијалог е особено значаен.

Како Влада и надлежно Министерство за прашањето во областа на трудот, дијалогот во општеството го подигнавме на повисоко ниво затоа што за значајните прашања треба да се разговара заедно и отворено. Низ дискусија со социјалните партнери ја донесовме методологијата за усогласување на пензии, одлуката за минималната плата и нејзин постојан раст, а денес ја официјализиравме одлуката за пораст на платите за вработените во јавниот сектор, и не само тоа, туку и методологија што обезбедува постојан раст на платите. Општиот колективен договор уредува и други прашања кои се во насока на унапредување и заштита на работничките права, вреднување на трудот на работникот -  изјави Тренчевска.

Нагласи дека како Влада продолжуваат заедно низ дијалог да носат системски решенија што се правични и даваат резултати на долг рок.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов рече дека со Општиот колективен договор завршува процес кој траел три години, а 15 години по потпишувањето на последниот колективен договор за јавниот сектор.

Се исправи една неправда кон вработените во јавниот сектор. Договорот значи дека на 1 септември вработените добиваат 10 проценти повисока плата, и регрес за годишен одмор од 10.000 денари до крајот на годинава, а следната ќе биде 30 проценти од просечната плата - истакна Трендафилов.

Посочи дека вработените во здравството, образованието, армијата, полицијата и други сектори, прв пат ќе добијат регрес за годишен одмор. Општиот колективен договор предвидува и други поволности - елиминира политички влијанија при одредување на платите, право на јубилејна награда за 10, 20, 30, 40 години стаж, дополнителни денови платен одмор...

На прес-конференцијата во Владата вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, истакна дека со обезбедување конкурентна плата се гради силен и професионален јавен сектор кој ефикасно и ефективно ќе им служи на граѓаните и активно ќе учествува во создавањето на поволна деловна средина за одржлив економски раст и развој.

-спеавме да го затвориме системскиот пропуст за политички мотивирани и инструментализирање на платите во јавниот сектор. Поставувме системска бариера, која ќе го штити достоинството на вработените од разни политички калкулации и злоупотреби на нивната положба. Обезбедуваме цврста институционална основа на предвидливост на очекувањата на вработените, јасна рамка за тоа што точно може да очекуваат во однос наплатите, кој максимум може да го постигнат доколку напредуваат во кариерата - истакна Битиќи.

Се исцртува јасна линија на разграничување помеѓу политиката и платите на оние кои професионално треба да им служат на граѓаните, рече вицепремиерот, јавниот сектор се исполнува со атмосфера на сигурност, стабилност и предвидливост, во која вработените ќе се чувствуваат ценети, мотивирани и фер компензирани за извршувањето на работните обврски и штитењето на јавниот интерес.

Овој договор претставува одраз на напорите на Владата, синдикатите и работодавачите преку социјален дијалог да се создаваат услови за економски и социјална стабилност на Република Македонија и остварувањето на нејзината темелна вредност, а тоа е да е социјална држава, дециден е вицепремиерот Битиќи.

За првпат од независноста на државата, посочи, се прави системски исчекор во воведување на методологија за раст на платите која во себе ќе вклучува индексирање на платите по формулата просечна бруто плата помножена по коефициентот на сложеност која ќе стапи во сила од март 2025 година.

Второто системско решение е воведувањето и во делот на исплатата на регресот за годишен одмор, односно К-15 кое во наредната година ќе изнесува најмалку 30 проценти од просечната нето плата.

Со цел наредната година животниот стандард на вработените во јавниот сектор да биде заштитен од евентуален инфлаторен бран согласно Колективниот договор се предвидува доколку инфлацијата надмине 3 отсто, тогаш ќе добие зголемување на платата кое ќе биде еквивалентно во процентни поени на нагорното нејзино отстапување од овие основни 3 отсто. Или, илустративно – ако инфлацијата изнесува 7 отсто, тогаш зголемувањето на платите ќе изнесува 4 отсто - појасни Битиќи.

Повисоките плати во јавната администрација, според него, се клучни за подобрување на квалитетот на услугите кои се испорачуваат кон граѓаните и бизнис секторот, поттикнување на продуктивноста и иновативноста, намалување на корупцијата, промовирање на економскиот раст, привлекување професионалци и демонстрација на вредности и посветеност во заштитата и унапредувањето на јавниот интерес.

Министерот за финансии Фатмир Бесими го оцени договорот како историски успех, со кој се воспоставува здрава и солидна основа за економско-социјален дијалог меѓу Владата и вработените во јавниот сектор.

- На 130 илјади вработени им се подобруваат статусот и условите за работа, а со тоа ќе се подбрат и услугите што им се нудат на приватниот сектор и на граѓаните. Целта е да подобрат условите за вработените во јавниот сектор и услугите што ги нудат. Со постигнатиот договор се зајакнува неависноста на јавниот сектор од политички влијанија, а платите ќе се уредуваат системски, рече Бесими, додавајќи оти се постигнува во време на сериозни кризи - економска, ковид, финасика, безбедносна.

Дел од синдикатите кои учествуваа во преговорите за општиот колективен договор, сепак, денеска не ставија потпис на договорот.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) објавија дека нема да го потпишат Општиот колективен договор за јавен сектор предложен од Владата. Претседателот на КСС Благоја Ралповски на прес-конференција информира дека во текот на разговорите со министрите не се согласиле со став 2 од член 14 од предлог општиот колективен договор за кој рече дека е „камен на сопнување“.

Според Ралповски, предложениот општ колективен договор е штетен за работниците затоа што им одзема многу права и дека со него од наредната година ќе биде тргната минималната плата од законите.

Од Самостоен синдикат за образование, наука и култура - СОНК, пак, реагираа дека потпишан Општ колективен договор е без конкретни одговори на поставените и отворени прашања. Финалниот текст на договорот е привилегија само за ССМ и владините претставници, велат од СОНК.

The post Потпишан Општиот колективен договор, 130 илјади вработени во јавниот сектор од септември со 10 отсто повисоки плати appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска после 15 години потпишаа нов Општ колективен договор за одржлив раст на платите во јавниот сектор. Согласно Општиот колективен договор, од септември 130 илјади вработени во јавниот сектор од септември ќе добијат зголемување на платите од 10 проценти, исплата на К-15 до крајот на годината во висина од 10 илјади денари. Во општиот колективен договор стои одредба за исплатата на К - 15 од 2024 година да биде најмалку 30 проценти од висината на просечната плата. Договорено е новата методологија за пресметка на платите за вработените во јавниот сектор ќе започне од март 2025 година. Тренчевска изрази задоволство што сите заедно, синдикатите, работодавачите и Владата односно членовите на Економско-социјален совет, донеле системско и одржливо решение за пораст на платите за вработените во јавниот сектор. Според неа, ова е значаен чекор во насока на унапредување на работничките права и потврда дека за оваа Влада социјалниот дијалог е особено значаен.
Како Влада и надлежно Министерство за прашањето во областа на трудот, дијалогот во општеството го подигнавме на повисоко ниво затоа што за значајните прашања треба да се разговара заедно и отворено. Низ дискусија со социјалните партнери ја донесовме методологијата за усогласување на пензии, одлуката за минималната плата и нејзин постојан раст, а денес ја официјализиравме одлуката за пораст на платите за вработените во јавниот сектор, и не само тоа, туку и методологија што обезбедува постојан раст на платите. Општиот колективен договор уредува и други прашања кои се во насока на унапредување и заштита на работничките права, вреднување на трудот на работникот -  изјави Тренчевска.
Нагласи дека како Влада продолжуваат заедно низ дијалог да носат системски решенија што се правични и даваат резултати на долг рок. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов рече дека со Општиот колективен договор завршува процес кој траел три години, а 15 години по потпишувањето на последниот колективен договор за јавниот сектор.
Се исправи една неправда кон вработените во јавниот сектор. Договорот значи дека на 1 септември вработените добиваат 10 проценти повисока плата, и регрес за годишен одмор од 10.000 денари до крајот на годинава, а следната ќе биде 30 проценти од просечната плата - истакна Трендафилов.
Посочи дека вработените во здравството, образованието, армијата, полицијата и други сектори, прв пат ќе добијат регрес за годишен одмор. Општиот колективен договор предвидува и други поволности - елиминира политички влијанија при одредување на платите, право на јубилејна награда за 10, 20, 30, 40 години стаж, дополнителни денови платен одмор... На прес-конференцијата во Владата вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, истакна дека со обезбедување конкурентна плата се гради силен и професионален јавен сектор кој ефикасно и ефективно ќе им служи на граѓаните и активно ќе учествува во создавањето на поволна деловна средина за одржлив економски раст и развој.
-спеавме да го затвориме системскиот пропуст за политички мотивирани и инструментализирање на платите во јавниот сектор. Поставувме системска бариера, која ќе го штити достоинството на вработените од разни политички калкулации и злоупотреби на нивната положба. Обезбедуваме цврста институционална основа на предвидливост на очекувањата на вработените, јасна рамка за тоа што точно може да очекуваат во однос наплатите, кој максимум може да го постигнат доколку напредуваат во кариерата - истакна Битиќи.
Се исцртува јасна линија на разграничување помеѓу политиката и платите на оние кои професионално треба да им служат на граѓаните, рече вицепремиерот, јавниот сектор се исполнува со атмосфера на сигурност, стабилност и предвидливост, во која вработените ќе се чувствуваат ценети, мотивирани и фер компензирани за извршувањето на работните обврски и штитењето на јавниот интерес. Овој договор претставува одраз на напорите на Владата, синдикатите и работодавачите преку социјален дијалог да се создаваат услови за економски и социјална стабилност на Република Македонија и остварувањето на нејзината темелна вредност, а тоа е да е социјална држава, дециден е вицепремиерот Битиќи. За првпат од независноста на државата, посочи, се прави системски исчекор во воведување на методологија за раст на платите која во себе ќе вклучува индексирање на платите по формулата просечна бруто плата помножена по коефициентот на сложеност која ќе стапи во сила од март 2025 година. Второто системско решение е воведувањето и во делот на исплатата на регресот за годишен одмор, односно К-15 кое во наредната година ќе изнесува најмалку 30 проценти од просечната нето плата.
Со цел наредната година животниот стандард на вработените во јавниот сектор да биде заштитен од евентуален инфлаторен бран согласно Колективниот договор се предвидува доколку инфлацијата надмине 3 отсто, тогаш ќе добие зголемување на платата кое ќе биде еквивалентно во процентни поени на нагорното нејзино отстапување од овие основни 3 отсто. Или, илустративно – ако инфлацијата изнесува 7 отсто, тогаш зголемувањето на платите ќе изнесува 4 отсто - појасни Битиќи.
Повисоките плати во јавната администрација, според него, се клучни за подобрување на квалитетот на услугите кои се испорачуваат кон граѓаните и бизнис секторот, поттикнување на продуктивноста и иновативноста, намалување на корупцијата, промовирање на економскиот раст, привлекување професионалци и демонстрација на вредности и посветеност во заштитата и унапредувањето на јавниот интерес. Министерот за финансии Фатмир Бесими го оцени договорот како историски успех, со кој се воспоставува здрава и солидна основа за економско-социјален дијалог меѓу Владата и вработените во јавниот сектор. - На 130 илјади вработени им се подобруваат статусот и условите за работа, а со тоа ќе се подбрат и услугите што им се нудат на приватниот сектор и на граѓаните. Целта е да подобрат условите за вработените во јавниот сектор и услугите што ги нудат. Со постигнатиот договор се зајакнува неависноста на јавниот сектор од политички влијанија, а платите ќе се уредуваат системски, рече Бесими, додавајќи оти се постигнува во време на сериозни кризи - економска, ковид, финасика, безбедносна. Дел од синдикатите кои учествуваа во преговорите за општиот колективен договор, сепак, денеска не ставија потпис на договорот. Од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) објавија дека нема да го потпишат Општиот колективен договор за јавен сектор предложен од Владата. Претседателот на КСС Благоја Ралповски на прес-конференција информира дека во текот на разговорите со министрите не се согласиле со став 2 од член 14 од предлог општиот колективен договор за кој рече дека е „камен на сопнување“. Според Ралповски, предложениот општ колективен договор е штетен за работниците затоа што им одзема многу права и дека со него од наредната година ќе биде тргната минималната плата од законите. Од Самостоен синдикат за образование, наука и култура - СОНК, пак, реагираа дека потпишан Општ колективен договор е без конкретни одговори на поставените и отворени прашања. Финалниот текст на договорот е привилегија само за ССМ и владините претставници, велат од СОНК.

The post Потпишан Општиот колективен договор, 130 илјади вработени во јавниот сектор од септември со 10 отсто повисоки плати appeared first on Република.

]]>
Има „камен на сопнување“: КСС нема да го потпише предложениот општ колективен договор https://republika.mk/vesti/ekonomija/ima-kamen-na-sopnuvane-kss-nema-da-go-potpishe-predlozheniot-opsht-kolektiven-dogovor/ Tue, 18 Jul 2023 13:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=662800

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) нема да го потпише Општиот колективен договор за јавен сектор предложен од Владата, за кој попладнево повторно седница ќе има владиниот Економско-социјален совет.

Претседателот на КСС Благоја Ралповски на прес-конференција рече дека во текот на разговорите со министрите не се согласиле со став 2 од член 14 од предлог општиот колективен договор за кој рече дека е „камен на сопнување“. Несогласувањето досега не го соопштиле јавно зашто очекувале Владата да го промени ставот со негово изоставање од текстот кој, како што рече, се крие од јавноста, но досега не добиле нова понуда.

Во членот 14 од предлогот, што КСС им го претстави на медиумите, во првиот став пишува дека „Основната бруто плата на вработените во јавниот сектор се зголемува за 10 отсто, почнувајќи со исплата на септемвриската плата во 2023 година“.

Спорно за КСС е вториот став во кој е наведено: „Доколку индексот на трошоците на живот во првите шест месеци во 2024 година надминуваат 3 проценти, основната бруто плата на вработените во јавниот сектор се зголемува во процентуален износ како разлика помеѓу реализираниот пораст на индексот на трошоците на живот со утврдениот од 3 проценти““. Во третиот став на член 14 пишува дека „процентот на пораст на платата од став 2 на овој член се применува со исплата на септемвриската плата во 2024 година“.

Ралповски рече предложениот општ колективен договор е штетен за работниците затоа што им одзема многу права и дека со него од наредната година ќе биде тргната минималната плата од законите.

„Каменот на сопнување“ кој се сокрива од јавноста е предложениот член 14 став 2 од Општиот колективен договор. Тоа е последната точка за која не најдовме договор и за која бевме замолени од министрите да не ја кажуваме во јавноста, дека ќе имаме посебен договор. Тоа ќе значи дека во 2024 година сите што имаат минимална плата, согласно законите, во јавниот сектор, државната администрација, даватели на услуги, војската итн. ќе биде променето во законот, минималната плата ќе биде исфрлена, рече претседателот на КСС.

Како што рече, на овој начин следното покачување ќе биде во 2025 година.

Уште пострашно е што нивните проекции дека инфлацијата или трошоците на живот во 2024 ќе бидат само 2,5 проценти. Дрско се манипулира со јавноста дека нашето зголемување или усогласување на платите ќе биде над 3 проценти. Значи, ако имаме инфлација од 4 проценти, усогласувањето ќе биде од 1 процент. Ние како конфедерација, како грански синдикати, остро се спротивставивме на ова и децидно го отфрливме. И денес не прифаќаме ваков општ колективен договор затоа што вработените во јавниот сектор нема да добијат никакво покачување во цела 2024 година, а со тоа, според нивните проекции, зголемувањето на просечната плата што треба да биде во март, од 6,4 отсто ќе падне под 4 проценти, така што следното покачување на платите на вработените во јавниот сектор во 2025 година ќе биде 3 до 4 проценти, рече Ралповски.

Додаде дека наместо да биде чекор напред, предлогот е враќање два чекора назад.

Не бараме многу, бараме како што го почитуваат нивниот закон за именувани лица и секоја година со овие 10 проценти, следната година ќе си ги усогласат платите од 15-16 проценти. Бараме и ние, согласно со Законот за минимална плата и порастот на минимална плата да ја имаме таа законска можност и да ни ги усогласат платите во 2024 година, а не со општ колективен договор да ги поништуваат сите колективни, поединечни колективни договори и Законот за минимална плата. За КСС е тоа сосема неприфатливо и едногласно отфрлено од сите органи и на вакво нешто не ставаме потпис. Денеска ќе присуствуваме на ЕСС, но категорично ќе бидеме против овој член кој одзема едно круцијално право на работниците и дрско се манипулира со нив со тоа што не се зголемуваат платите во 2024 година, рече Ралповски.

КСС ја поздравува новата методологија за пресметка на плата од 2025 и договорот за К-15, но, рече, делумно го поздравуваат усогласувањето т.е. зголемувањето на платите од 10 отсто.

The post Има „камен на сопнување“: КСС нема да го потпише предложениот општ колективен договор appeared first on Република.

]]>

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) нема да го потпише Општиот колективен договор за јавен сектор предложен од Владата, за кој попладнево повторно седница ќе има владиниот Економско-социјален совет. Претседателот на КСС Благоја Ралповски на прес-конференција рече дека во текот на разговорите со министрите не се согласиле со став 2 од член 14 од предлог општиот колективен договор за кој рече дека е „камен на сопнување“. Несогласувањето досега не го соопштиле јавно зашто очекувале Владата да го промени ставот со негово изоставање од текстот кој, како што рече, се крие од јавноста, но досега не добиле нова понуда. Во членот 14 од предлогот, што КСС им го претстави на медиумите, во првиот став пишува дека „Основната бруто плата на вработените во јавниот сектор се зголемува за 10 отсто, почнувајќи со исплата на септемвриската плата во 2023 година“. Спорно за КСС е вториот став во кој е наведено: „Доколку индексот на трошоците на живот во првите шест месеци во 2024 година надминуваат 3 проценти, основната бруто плата на вработените во јавниот сектор се зголемува во процентуален износ како разлика помеѓу реализираниот пораст на индексот на трошоците на живот со утврдениот од 3 проценти““. Во третиот став на член 14 пишува дека „процентот на пораст на платата од став 2 на овој член се применува со исплата на септемвриската плата во 2024 година“. Ралповски рече предложениот општ колективен договор е штетен за работниците затоа што им одзема многу права и дека со него од наредната година ќе биде тргната минималната плата од законите.
„Каменот на сопнување“ кој се сокрива од јавноста е предложениот член 14 став 2 од Општиот колективен договор. Тоа е последната точка за која не најдовме договор и за која бевме замолени од министрите да не ја кажуваме во јавноста, дека ќе имаме посебен договор. Тоа ќе значи дека во 2024 година сите што имаат минимална плата, согласно законите, во јавниот сектор, државната администрација, даватели на услуги, војската итн. ќе биде променето во законот, минималната плата ќе биде исфрлена, рече претседателот на КСС.
Како што рече, на овој начин следното покачување ќе биде во 2025 година.
Уште пострашно е што нивните проекции дека инфлацијата или трошоците на живот во 2024 ќе бидат само 2,5 проценти. Дрско се манипулира со јавноста дека нашето зголемување или усогласување на платите ќе биде над 3 проценти. Значи, ако имаме инфлација од 4 проценти, усогласувањето ќе биде од 1 процент. Ние како конфедерација, како грански синдикати, остро се спротивставивме на ова и децидно го отфрливме. И денес не прифаќаме ваков општ колективен договор затоа што вработените во јавниот сектор нема да добијат никакво покачување во цела 2024 година, а со тоа, според нивните проекции, зголемувањето на просечната плата што треба да биде во март, од 6,4 отсто ќе падне под 4 проценти, така што следното покачување на платите на вработените во јавниот сектор во 2025 година ќе биде 3 до 4 проценти, рече Ралповски.
Додаде дека наместо да биде чекор напред, предлогот е враќање два чекора назад.
Не бараме многу, бараме како што го почитуваат нивниот закон за именувани лица и секоја година со овие 10 проценти, следната година ќе си ги усогласат платите од 15-16 проценти. Бараме и ние, согласно со Законот за минимална плата и порастот на минимална плата да ја имаме таа законска можност и да ни ги усогласат платите во 2024 година, а не со општ колективен договор да ги поништуваат сите колективни, поединечни колективни договори и Законот за минимална плата. За КСС е тоа сосема неприфатливо и едногласно отфрлено од сите органи и на вакво нешто не ставаме потпис. Денеска ќе присуствуваме на ЕСС, но категорично ќе бидеме против овој член кој одзема едно круцијално право на работниците и дрско се манипулира со нив со тоа што не се зголемуваат платите во 2024 година, рече Ралповски.
КСС ја поздравува новата методологија за пресметка на плата од 2025 и договорот за К-15, но, рече, делумно го поздравуваат усогласувањето т.е. зголемувањето на платите од 10 отсто.

The post Има „камен на сопнување“: КСС нема да го потпише предложениот општ колективен договор appeared first on Република.

]]>
НБА и играчите потпишаа колективен договор https://republika.mk/sport/kosarka/nba-i-igrachite-potpishaa-kolektiven-dogovor/ Thu, 29 Jun 2023 20:33:01 +0000 https://republika.mk/?p=656638

Кошаркарската НБА лига и нејзините играчи потпишаа нов колективен договор кој ќе важи до сезоната 2029/30.

Седумгодишниот договор стапува на сила в сабота, ден пред почетокот на летниот преоден рок.

Секоја од страните, меѓутоа, може да го раскине договорот една година пред неговиот рок, но за тоа мора да се изјасни најдоцна до 15 октомври 2028 година.

Новиот договор предвидува казни без преседан за франшизите кои нема да го почитуваат ограничувањето на платите и воспоставувањето турнири во текот на сезоната, слично на фудбалските купови.

Ограничувањето на користењето марихуана, легална во неколку американски сојузни држави, нема да биде ригорозно како досега. Во текстот на колективниот договор се наведени и правила кои играчите мораат да ги почитуваат доколку сакаат да инвестираат во компании кои продаваат канабис или организираат спортско обложување.

The post НБА и играчите потпишаа колективен договор appeared first on Република.

]]>

Кошаркарската НБА лига и нејзините играчи потпишаа нов колективен договор кој ќе важи до сезоната 2029/30. Седумгодишниот договор стапува на сила в сабота, ден пред почетокот на летниот преоден рок. Секоја од страните, меѓутоа, може да го раскине договорот една година пред неговиот рок, но за тоа мора да се изјасни најдоцна до 15 октомври 2028 година. Новиот договор предвидува казни без преседан за франшизите кои нема да го почитуваат ограничувањето на платите и воспоставувањето турнири во текот на сезоната, слично на фудбалските купови. Ограничувањето на користењето марихуана, легална во неколку американски сојузни држави, нема да биде ригорозно како досега. Во текстот на колективниот договор се наведени и правила кои играчите мораат да ги почитуваат доколку сакаат да инвестираат во компании кои продаваат канабис или организираат спортско обложување.

The post НБА и играчите потпишаа колективен договор appeared first on Република.

]]>
Нема потпис на анексот на Колективниот договор за корекција на коефициентите на вработените во здравството https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-potpis-na-aneksot-na-kolektivniot-dogovor-za-korektsija-na-koefitsientite-na-vrabotenite-vo-zdravstvoto/ Tue, 28 Mar 2023 16:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=624770

Нема потпис на анексот на Колективниот договор со кој се бара корекција на коефициентите на вработените во здравството, објави на својата Фејсбук страница, Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
❗️Ставот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ е дека "договорената" корекција во однос на покачувањето на платите на медицинските сестри, ртг техничари, лаборанти и сите други здравствени работници е потценувачка и понижувачка во споредба со комплексната дејност, одговорноста и нивниот труд
❌️Понижувачки "договори" кои не кореспондираат со барањата, непочитување на Kолективниот договор доведува до демотивација и заминување на квалитетниот кадар
❌ 11 илјади вработени трпат бидејќи не се почитува договорот, се запоставува јавното здравство, не се работи на подобра инфраструктура
❗️ Незадоволството на вработените во јавното здравство кулминираше со предупредувачки протест во сите ЈЗУ во исто време
❗️ Потребно е итно преземање одговорност за овие штетни политики од кои штетата е на целиот здравствен систем на долг рок

The post Нема потпис на анексот на Колективниот договор за корекција на коефициентите на вработените во здравството appeared first on Република.

]]>

Нема потпис на анексот на Колективниот договор со кој се бара корекција на коефициентите на вработените во здравството, објави на својата Фејсбук страница, Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ. ❗️Ставот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ е дека "договорената" корекција во однос на покачувањето на платите на медицинските сестри, ртг техничари, лаборанти и сите други здравствени работници е потценувачка и понижувачка во споредба со комплексната дејност, одговорноста и нивниот труд ❌️Понижувачки "договори" кои не кореспондираат со барањата, непочитување на Kолективниот договор доведува до демотивација и заминување на квалитетниот кадар ❌ 11 илјади вработени трпат бидејќи не се почитува договорот, се запоставува јавното здравство, не се работи на подобра инфраструктура ❗️ Незадоволството на вработените во јавното здравство кулминираше со предупредувачки протест во сите ЈЗУ во исто време ❗️ Потребно е итно преземање одговорност за овие штетни политики од кои штетата е на целиот здравствен систем на долг рок

The post Нема потпис на анексот на Колективниот договор за корекција на коефициентите на вработените во здравството appeared first on Република.

]]>
Деаноски: Предлог-закон за општиот колективен договор и Предлог-законот за плати се неприфатливи за синдикатите https://republika.mk/vesti/makedonija/deanoski-predlog-zakon-za-opshtiot-kolektiven-dogovor-i-predlog-zakonot-za-plati-se-neprifatlivi-za-sindikatite/ Mon, 20 Mar 2023 20:12:14 +0000 https://republika.mk/?p=621794

Трпе Деаноски од УПОЗ во емисијата 24 анализа во рече дека имале тракалезна маса пред неколку недели инициран од Синдикатот на самостојните клинички центри во врска со законското решение за општиот колективен договор и законот за плати.

Сите синдикати од јавниот сектор заклучивме дека остро се спротивставуваме на овој закон, не се согласуваме со тоа и бараме повлекување на овој предлог текст и итен почеток на нов предлог текст. За нас ваквиот предлог текст е неприфатлив, рече Деаноски.

Тој рече дека на Социјално економскиот совет имало две точки, општиот колективниот договор и законот за плати во јавен сектор.

Се договоривме во петок да се формираат работни групи и тоа ќе биде утре на седница на Влада. Тие ќе формираат работна група, ни ќе номинираме наши членови и во петок ќе почнеме на работа на општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор. Ќе видиме која е намерата на Владата и ќе работиме на прелог за колективен договор предложен од ССМ во 2021 година. Сега ситуацијата е драсточно променета и ако ги видиме законските решенија оттогаш до сега, ништо не е исто. Очекувавме Владата да даде некои предлози во која насока ќе оди тоа, особено за платите, рече Деаноски.

The post Деаноски: Предлог-закон за општиот колективен договор и Предлог-законот за плати се неприфатливи за синдикатите appeared first on Република.

Тренчевска: Неопходен е нов општ колективен договор, ќе даде решение за состојбата на вработените во јавниот сектор https://republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-neophoden-e-nov-opsht-kolektiven-dogovor-ke-dade-reshenie-za-sostojbata-na-vrabotenite-vo-javniot-sektor/ Mon, 20 Mar 2023 17:40:04 +0000 https://republika.mk/?p=621717

Да се формира работна група која ќе работи на подобрување и уредување на предлог текстот на Општиот колективен договор, а така добиениот текст, уште еднаш да се разгледа на следна седница на Економско - социјалниот совет (ЕСС), е договорено на денешната седма седница на ЕСС.

Во работната група, како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, ќе учествуваат претставници од кабинетот на вицепремиерот Битиќи, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за економија, Министерството за финансии, Министерство за информатичко општество и администрација, Организација на работодавачи, Бизнис конфедерацијата  и синдикатите.

- Експертот ангажиран за подготовка на предлог законот за систем на плати на седницата го презентира предлогот, по што се отвори дискусија за него. Притоа, беше истакнато дека, се работи за сложен и комплексен закон, кој бара посебно внимание, затоа сугестиите и мислењата на сите страни се од големо значење. Како Влада продолжуваме заедно низ дијалог, да носиме системски решенија кои се правични и даваат резултати на долг рок, соопшти МТСП.

На денешната седница на ЕСС се отвори дискусија за неопходноста од склучување на нов Општ колективен договор и за Предлог законот за систем на плати во јавниот сектор.

-Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска како претседавач на Економско социјалниот совет ја отвори дискусијата и притоа ја нагласи потребата од нов Општ колективен договор, земајќи предвид дека последниот Општ колективен договор е потпишан 2008 година, а во меѓувреме се настанати голем број на измени во законодавството. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи посочи дека, Општиот колективен договор ќе даде  решение за состојбата на работниците во јавен сектор, условите, правата и обврските на двете страни како производ на социјалниот дијалог, се истакнува во соопштението.

За синдикатите, пак, прдлог законот за плати во јавниот сектор е неприфатлив. Бараат да се изработи нов закон, а во работните групи што ќе го подготват да бидат вклучени и синдикатите.

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев, по завршувањето на седницата изјави дека е јасно оти ќе има голем проблем особоено во делот на новиот Закон на плати.

-Новиот Закон за работни односи е работа за која можам да кажам дека нема да води никаде. Ќе имаме голем проблем. Видовме еден предлог од страна на одреден експерт кој ќе не оддалечи многу во однос на можноста да добиеме еден посебен закон за плати. Воопшто не видов во ниеден момент место на работникот во полицијата на МВР.  Од ова место на Владата и на другиот синдикат, односно до синдикатот кој се претставува за репрезентативен ќе им порачам дека ќе мора сериозно да се влезе  во делот на изнаоѓање решение за платите за вработените во полицијата, бидејќи ние се доведуваме во една ситуација од која можеби во наредниот период ќе имаме многу поголем проблем, рече Делчев Тодев.

Претходно, пред почетокот на седницата на ЕСС  Трпе Деановски од Сојузот на синдикатите на Македонија повтори дека за сите синдикатите од јавниот сектор законот е неприфатлив, истакнувајќи дека се здружени во однос на ова прашање.

- Потпишана е Декларација од сите синдикати во јавниот сектор - ССМ, КСС, СОНК, КСОМ дека нема да го профаткиме овој предлог текст и бараме нов каде ќе бидат вметнати синдикатите во рабнотни групи за подготовка на законот и дека не се согласуваме со методологијата за утврдување на платитe, рече Деановски.

Усогласувањето на платите, оцени, не е доволно за да се смета како нивно покачување.

Марјан Ристески од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија потенцираше дека ќе побараат да се повлече нацрт законот за плати во јавниот сектор и оти ќе ги соопштат забалешките за  колективниот договор.

Претседателот на Собранието на Организација на работодавачи Ангел Димитров, пак, порача дека главната улога денеска ќе ја имаат синдикатите и Владата бидејќи се работи за плати во јавниот сектор.

The post Тренчевска: Неопходен е нов општ колективен договор, ќе даде решение за состојбата на вработените во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>

Да се формира работна група која ќе работи на подобрување и уредување на предлог текстот на Општиот колективен договор, а така добиениот текст, уште еднаш да се разгледа на следна седница на Економско - социјалниот совет (ЕСС), е договорено на денешната седма седница на ЕСС. Во работната група, како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, ќе учествуваат претставници од кабинетот на вицепремиерот Битиќи, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за економија, Министерството за финансии, Министерство за информатичко општество и администрација, Организација на работодавачи, Бизнис конфедерацијата  и синдикатите.
- Експертот ангажиран за подготовка на предлог законот за систем на плати на седницата го презентира предлогот, по што се отвори дискусија за него. Притоа, беше истакнато дека, се работи за сложен и комплексен закон, кој бара посебно внимание, затоа сугестиите и мислењата на сите страни се од големо значење. Како Влада продолжуваме заедно низ дијалог, да носиме системски решенија кои се правични и даваат резултати на долг рок, соопшти МТСП.
На денешната седница на ЕСС се отвори дискусија за неопходноста од склучување на нов Општ колективен договор и за Предлог законот за систем на плати во јавниот сектор.
-Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска како претседавач на Економско социјалниот совет ја отвори дискусијата и притоа ја нагласи потребата од нов Општ колективен договор, земајќи предвид дека последниот Општ колективен договор е потпишан 2008 година, а во меѓувреме се настанати голем број на измени во законодавството. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи посочи дека, Општиот колективен договор ќе даде  решение за состојбата на работниците во јавен сектор, условите, правата и обврските на двете страни како производ на социјалниот дијалог, се истакнува во соопштението.
За синдикатите, пак, прдлог законот за плати во јавниот сектор е неприфатлив. Бараат да се изработи нов закон, а во работните групи што ќе го подготват да бидат вклучени и синдикатите. Претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев, по завршувањето на седницата изјави дека е јасно оти ќе има голем проблем особоено во делот на новиот Закон на плати.
-Новиот Закон за работни односи е работа за која можам да кажам дека нема да води никаде. Ќе имаме голем проблем. Видовме еден предлог од страна на одреден експерт кој ќе не оддалечи многу во однос на можноста да добиеме еден посебен закон за плати. Воопшто не видов во ниеден момент место на работникот во полицијата на МВР.  Од ова место на Владата и на другиот синдикат, односно до синдикатот кој се претставува за репрезентативен ќе им порачам дека ќе мора сериозно да се влезе  во делот на изнаоѓање решение за платите за вработените во полицијата, бидејќи ние се доведуваме во една ситуација од која можеби во наредниот период ќе имаме многу поголем проблем, рече Делчев Тодев.
Претходно, пред почетокот на седницата на ЕСС  Трпе Деановски од Сојузот на синдикатите на Македонија повтори дека за сите синдикатите од јавниот сектор законот е неприфатлив, истакнувајќи дека се здружени во однос на ова прашање.
- Потпишана е Декларација од сите синдикати во јавниот сектор - ССМ, КСС, СОНК, КСОМ дека нема да го профаткиме овој предлог текст и бараме нов каде ќе бидат вметнати синдикатите во рабнотни групи за подготовка на законот и дека не се согласуваме со методологијата за утврдување на платитe, рече Деановски.
Усогласувањето на платите, оцени, не е доволно за да се смета како нивно покачување. Марјан Ристески од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија потенцираше дека ќе побараат да се повлече нацрт законот за плати во јавниот сектор и оти ќе ги соопштат забалешките за  колективниот договор. Претседателот на Собранието на Организација на работодавачи Ангел Димитров, пак, порача дека главната улога денеска ќе ја имаат синдикатите и Владата бидејќи се работи за плати во јавниот сектор.

The post Тренчевска: Неопходен е нов општ колективен договор, ќе даде решение за состојбата на вработените во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: Синдикатот да биде гласен за своите права, институциите да работат по закон https://republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-sindikatot-da-bide-glasen-za-svoite-prava-institutsiite-da-rabotat-po-zakon/ Wed, 11 Jan 2023 08:58:53 +0000 https://republika.mk/?p=595696

Институциите за култура треба да работат според Законот за култура затоа континуирано ќе се вршат инспекциски надзори, ќе се укажува до нив и ако треба ќе се казнува, беше децидна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во вчерашното гостување во Топ тема на Телма телевизија.

- Правилник за реаудиција треба да има и не е притисок, туку е потреба што треба секоја културна институција да ја спроведува согласно Законот за култура. Затоа, испративме писмо до пет културни институции како постапка по анонимна дојава и очекуваме да се спроведе реаудицијата. Ние, како министерство обезбедуваме секоја година буџети за плати, комунални трошоци и одржување, а по потреба и капитални инвестиции за културните институции, така што очекуваме и тие да постапуваат по закон, да го спроведуваат колективниот договор и реаудицијата, рече Костадиновска-Стојчевска. 

Колективниот договор и Синдикатот ќе бидат испочитувани од Министерството за култура и поддржани и внимателно чуени за нивните барања и предлози.

- Колективниот договор нема да го раскинеме, затоа што сте го добиле тоа право после 15 години. За 2023 година, лично како министерка со тимот направивме план да ги избуџетираме платите. Навистина, одбивам перцепцијата во јавноста дека се прави одреден притисок за да се укине колективниот договор ниту пак Синдикатот, истакна министерката.  

Таа додаде дека моменталниот закон за култура треба да се промени и да се изгласа соодветен. 

- Постоечкиот закон за култура не ја отсликува моменталната состојба во културата. Целта на работната верзија на законот е сите да го видат. Затоа сите кои имаат конкретни забелешки да ги достават но треба да дадат и соодветни решенија за забелешките, додаде министерката. 

Костадиновска-Стојчевска во дебата со претставниците на Синдикатот на културните работници ги охрабри и понатаму да останат гласни за нивните права и за културата.

The post Костадиновска-Стојчевска: Синдикатот да биде гласен за своите права, институциите да работат по закон appeared first on Република.

Костадиновска Стојчевска: Нема да се укине колективниот договор, не одам против вработените во сопствениот сектор https://republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-nema-da-se-ukine-kolektivniot-dogovor-ne-odam-protiv-vrabotenite-vo-sopstveniot-sektor/ Tue, 10 Jan 2023 20:51:59 +0000 https://republika.mk/?p=595588

Уште на првиот состанок со синдикатите јасно им кажав дека јас колективниот договор нема да го раскинам. Не одам против вработените во сопствениот сектор и колективниот договор нема да го раскинам бидејќи тоа е право што го добиле после 15 или 20 години, тврди министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Таа во нејзиното гостување вечерва на телевизија Телма целосно ја отфрли можноста за укинување на колективен договор.

-Долго време се зборува, постојат стравувања, постојат индиции, дали фамозниот член 65 по кој само вработените во културата добија зголемување на платите е всушност трн во буџетските планови на владата? Сите синдикати се повикуваат на него и сега на различни начини, вклучително со, според едни, измените на Законот за култура, според други Законот за систем на плати во јавниот сектор, всушност владата се обидува да го поништи колективниот договор, рече Костадиновска Стојчевска.

Инаку, од Синдикатот на културните работници на Македонија (СКРМ) деновиве излегоа со реакција по повод предлог-законот за плати во јавниот сектор, при што сметаат деÐ �а со новиот предлог закон се става крај на синдикатите, колективното договарање и социјалниот дијалог.

The post Костадиновска Стојчевска: Нема да се укине колективниот договор, не одам против вработените во сопствениот сектор appeared first on Република.

]]>

Уште на првиот состанок со синдикатите јасно им кажав дека јас колективниот договор нема да го раскинам. Не одам против вработените во сопствениот сектор и колективниот договор нема да го раскинам бидејќи тоа е право што го добиле после 15 или 20 години, тврди министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Таа во нејзиното гостување вечерва на телевизија Телма целосно ја отфрли можноста за укинување на колективен договор.
-Долго време се зборува, постојат стравувања, постојат индиции, дали фамозниот член 65 по кој само вработените во културата добија зголемување на платите е всушност трн во буџетските планови на владата? Сите синдикати се повикуваат на него и сега на различни начини, вклучително со, според едни, измените на Законот за култура, според други Законот за систем на плати во јавниот сектор, всушност владата се обидува да го поништи колективниот договор, рече Костадиновска Стојчевска.
Инаку, од Синдикатот на културните работници на Македонија (СКРМ) деновиве излегоа со реакција по повод предлог-законот за плати во јавниот сектор, при што сметаат деÐ �а со новиот предлог закон се става крај на синдикатите, колективното договарање и социјалниот дијалог.

The post Костадиновска Стојчевска: Нема да се укине колективниот договор, не одам против вработените во сопствениот сектор appeared first on Република.

]]>
ССМ: Укинувањето на колективниот договор во земјоделство е директно кршење на работничките права https://republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-ukinuvanjeto-na-kolektivniot-dogovor-vo-zemjodelstvo-e-direktno-krshenje-na-rabotnichkite-prava/ Fri, 18 Nov 2022 18:26:33 +0000 https://republika.mk/?p=575585

Откако Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) реагираше за укинувањето на Колективниот договор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, реакција упати и Сојузот на синдикатите.

Според нив, ваквиот однос на Владата претставува директно кршење на работничките права и е спротивен на социјалдемократските начела.

Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со синдикатите здружени во ССМ Ви ја испраќаат оваа реакција поради тоа што синдикатите и членовите здружени во Сојузот на синдикатите на Македонија сериозно се загрижени поради информацијата дека една социјалдемократска Влада, за прв пат во историјата, презема чекор за укинување на Колективниот договор за вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со што Владата директно посегнува и ги укинува основните човекови права како што се правото на достоинствена работа и достоинствена плата, се вели во соопштението на ССМ.

Од ССМ велат дека ова е преседан во социјалниот дијалог и колективното преговарање и е прв колективен договор кој го откажува работодавачот, односно Владата преку МЗШВ.

Владата, МЗШВ и МТСП грубо ги кршат одредбите од Конвенцијата бр 154 за колективно договарање,151 Конвенција за работни односи ( јавна служба ) и Конвенцијата 150 за администрацијата на трудот кои се ратификувани во нашата држава и на тој начин се дел од националното трудово законодавство, посочуваат од ССМ.

The post ССМ: Укинувањето на колективниот договор во земјоделство е директно кршење на работничките права appeared first on Република.

]]>

Откако Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) реагираше за укинувањето на Колективниот договор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, реакција упати и Сојузот на синдикатите. Според нив, ваквиот однос на Владата претставува директно кршење на работничките права и е спротивен на социјалдемократските начела.
Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со синдикатите здружени во ССМ Ви ја испраќаат оваа реакција поради тоа што синдикатите и членовите здружени во Сојузот на синдикатите на Македонија сериозно се загрижени поради информацијата дека една социјалдемократска Влада, за прв пат во историјата, презема чекор за укинување на Колективниот договор за вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со што Владата директно посегнува и ги укинува основните човекови права како што се правото на достоинствена работа и достоинствена плата, се вели во соопштението на ССМ.
Од ССМ велат дека ова е преседан во социјалниот дијалог и колективното преговарање и е прв колективен договор кој го откажува работодавачот, односно Владата преку МЗШВ.
Владата, МЗШВ и МТСП грубо ги кршат одредбите од Конвенцијата бр 154 за колективно договарање,151 Конвенција за работни односи ( јавна служба ) и Конвенцијата 150 за администрацијата на трудот кои се ратификувани во нашата држава и на тој начин се дел од националното трудово законодавство, посочуваат од ССМ.

The post ССМ: Укинувањето на колективниот договор во земјоделство е директно кршење на работничките права appeared first on Република.

]]>
Министерството на Љупчо Николовски им го укина колективниот договор на вработените https://republika.mk/vesti/ekonomija/ministerstvoto-na-ljupcho-nikolovski-im-go-ukina-kolektivniot-dogovor-na-vrabotenite/ Fri, 18 Nov 2022 18:00:55 +0000 https://republika.mk/?p=575655

Посветеноста на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за унапредување и почитување на правата од работен однос на вработените во Министерството, во изминатите пет години е потврдена и со конкретни резултати, велат од МЗШВ.

Оттаму потсетуваат дека уште во првите денови од промената на власта во 2017 година, почнале преговори со синдикатите за склучување на колективен договор, со единствена цел – да се решат долгогодишните барања на синдикатите за зголемување на платите на припадниците на шумската полиција за 30 отсто.

– Сериозниот пристап во овој процес резултираше со обезбедување на финансиски средства во буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за овозможување на овие права на припадниците на шумската полиција. Меѓутоа, спротивно на начелата на градење на доверба и конструктивна соработка со синдикалните партнери, заради унапредување на правата на вработените во МЗШВ, синдикатите потписници на Колективниот договор за вработените во МЗШВ, без спроведување на законска постапка склучиле незаконит колективен договор со тогашниот министер. Доколку истиот продолжеше да се применува ќе предизвикаше долгорочни негативни последици врз остварување на основните права од работен однос на вработените во МЗШВ, велат од Министерството.

Според МЗШВ, страните при склучување на Колективниот договор за вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство постапиле спротивно од одредбите на Законот за работните односи кои ја уредуваат постапката за склучување на колективни договори, членовите 225 и 231 став 1, 2 и 3, односно, без претходна потребната согласност од Министерството за финансии и Владата на Република Македонија за обезбедување на буџетските средства кои произлегуваат од обврските кои ги презел работодавецот при договарање на правата од работен однос уредени со колективниот договор.

– Страните при утврдување на правата од работен однос наведени во Колективниот договор коишто имаат фискални импликации ги утврдиле спротивно на член 7 став (2) од Законот за буџети и член 4 од Законот за извршување на буџетот на Република Македонија за 2020 година со тоа што буџетските корисници не смеат да преземаат обврски кои пристигнуваат во тековната година или да направат расходи над одобрените средства со Буџетот на Република Македонија, истакнуваат од Министерството.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-ukinuvanjeto-na-kolektivniot-dogovor-vo-zemjodelstvo-e-direktno-krshenje-na-rabotnichkite-prava/

Според МЗШВ, за нереалните права овозможени со колективниот договор, пример се правата за вработените во МЗШВ по основ на јубилејна награда во висина од 200 отсто, 250 отсто, 300 отсто од просечната плата, кои во време на економска и енергетска криза кога сите граѓани, стопански субјекти, владини и невладини организации се трудат да придонесат со своите постапки за полесно справување со кризата, синдикатите потписници на договорот незаконски ги бараат исплатите со буџетските средства за надоместоци и до 300 отсто од просечната плата, на штета на целиот буџет на државата и граѓаните.

– Во таа смисла, Државниот инспекторат за труд како институција која има надлежност за надзор над примена на овластувањата за потпишување на колективни договори, спроведе вонреден инспекциски надзор и донесе мерка со која Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство треба да ги отстрани недостатоците и неправилностите утврдени при вршење на инспекцискиот надзор и да спроведе законита постапка за склучување на колективен договор, велат од Министерството.

Од МЗШВ информираат дека во изминатиот период во просториите на Министерството во повеќе наврати се одржале состаноци со претставници на Синдикатот на УПОЗ, со цел изнаоѓање на заедничко решение за надминување на настанатата ситуација.

-Меѓутоа, синдикатот не отстапи од своите позиции за постигнување на усогласување во делот на одредбите од колективниот договор, со кои се овозможени права со значителни фискални импликации за кои не биле обезбедени средства во буџетот на министерството ниту во време на склучување на колективниот договор, ниту се обезбедени во буџетот на министерството за 2022 година, велат од МЗШВ.

Од Министерството истакнуваат дека во периодот што следи ќе ги информираат сите надлежни институции и ќе ги продолжат преговорите со репрезентативните синдикати за склучување на нов колективен договор, во законска постапка со почитување на сите прописи и начела на колективното договарање.

– Со тоа Министерството ќе им ги овозможи сите права на вработените во МЗШВ кои се реални и потребни, со цел да биде правилно и соодветно вреднуван придонесот на вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, потенцираат од МЗШВ.

The post Министерството на Љупчо Николовски им го укина колективниот договор на вработените appeared first on Република.

]]>

Посветеноста на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за унапредување и почитување на правата од работен однос на вработените во Министерството, во изминатите пет години е потврдена и со конкретни резултати, велат од МЗШВ. Оттаму потсетуваат дека уште во првите денови од промената на власта во 2017 година, почнале преговори со синдикатите за склучување на колективен договор, со единствена цел – да се решат долгогодишните барања на синдикатите за зголемување на платите на припадниците на шумската полиција за 30 отсто.
– Сериозниот пристап во овој процес резултираше со обезбедување на финансиски средства во буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за овозможување на овие права на припадниците на шумската полиција. Меѓутоа, спротивно на начелата на градење на доверба и конструктивна соработка со синдикалните партнери, заради унапредување на правата на вработените во МЗШВ, синдикатите потписници на Колективниот договор за вработените во МЗШВ, без спроведување на законска постапка склучиле незаконит колективен договор со тогашниот министер. Доколку истиот продолжеше да се применува ќе предизвикаше долгорочни негативни последици врз остварување на основните права од работен однос на вработените во МЗШВ, велат од Министерството.
Според МЗШВ, страните при склучување на Колективниот договор за вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство постапиле спротивно од одредбите на Законот за работните односи кои ја уредуваат постапката за склучување на колективни договори, членовите 225 и 231 став 1, 2 и 3, односно, без претходна потребната согласност од Министерството за финансии и Владата на Република Македонија за обезбедување на буџетските средства кои произлегуваат од обврските кои ги презел работодавецот при договарање на правата од работен однос уредени со колективниот договор.
– Страните при утврдување на правата од работен однос наведени во Колективниот договор коишто имаат фискални импликации ги утврдиле спротивно на член 7 став (2) од Законот за буџети и член 4 од Законот за извршување на буџетот на Република Македонија за 2020 година со тоа што буџетските корисници не смеат да преземаат обврски кои пристигнуваат во тековната година или да направат расходи над одобрените средства со Буџетот на Република Македонија, истакнуваат од Министерството.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-ukinuvanjeto-na-kolektivniot-dogovor-vo-zemjodelstvo-e-direktno-krshenje-na-rabotnichkite-prava/ Според МЗШВ, за нереалните права овозможени со колективниот договор, пример се правата за вработените во МЗШВ по основ на јубилејна награда во висина од 200 отсто, 250 отсто, 300 отсто од просечната плата, кои во време на економска и енергетска криза кога сите граѓани, стопански субјекти, владини и невладини организации се трудат да придонесат со своите постапки за полесно справување со кризата, синдикатите потписници на договорот незаконски ги бараат исплатите со буџетските средства за надоместоци и до 300 отсто од просечната плата, на штета на целиот буџет на државата и граѓаните.
– Во таа смисла, Државниот инспекторат за труд како институција која има надлежност за надзор над примена на овластувањата за потпишување на колективни договори, спроведе вонреден инспекциски надзор и донесе мерка со која Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство треба да ги отстрани недостатоците и неправилностите утврдени при вршење на инспекцискиот надзор и да спроведе законита постапка за склучување на колективен договор, велат од Министерството.
Од МЗШВ информираат дека во изминатиот период во просториите на Министерството во повеќе наврати се одржале состаноци со претставници на Синдикатот на УПОЗ, со цел изнаоѓање на заедничко решение за надминување на настанатата ситуација.
-Меѓутоа, синдикатот не отстапи од своите позиции за постигнување на усогласување во делот на одредбите од колективниот договор, со кои се овозможени права со значителни фискални импликации за кои не биле обезбедени средства во буџетот на министерството ниту во време на склучување на колективниот договор, ниту се обезбедени во буџетот на министерството за 2022 година, велат од МЗШВ.
Од Министерството истакнуваат дека во периодот што следи ќе ги информираат сите надлежни институции и ќе ги продолжат преговорите со репрезентативните синдикати за склучување на нов колективен договор, во законска постапка со почитување на сите прописи и начела на колективното договарање.
– Со тоа Министерството ќе им ги овозможи сите права на вработените во МЗШВ кои се реални и потребни, со цел да биде правилно и соодветно вреднуван придонесот на вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, потенцираат од МЗШВ.

The post Министерството на Љупчо Николовски им го укина колективниот договор на вработените appeared first on Република.

]]>
СОНК и МТСП уште ги усогласуваат ставовите за нов Колективен договор во градинките https://republika.mk/vesti/makedonija/sonk-i-mtsp-ushte-gi-usoglasuvaat-stavovite-za-nov-kolektiven-dogovor-vo-gradinkite/ Thu, 01 Sep 2022 15:11:33 +0000 https://republika.mk/?p=546505

Работните групи на СОНК и Министерството за труд и социјална политика ги усогласуваат различните ставови во текстот на новиот Колективен договор за вработените во градинките, објавија попладнево на фејсбук-профилот на СОНК.

Зголемување на платите за 15 проценти од септември не е спорно како и другите придобивки кои се вградени во нацрт текстот кој што по усогласувањето ќе биде предмет на јавната расправа пред членовите на СОНК, стои во објавата.

The post СОНК и МТСП уште ги усогласуваат ставовите за нов Колективен договор во градинките appeared first on Република.

Љутков: Владата призна дека е несериозна и дека ниту ја почитува културата ниту ги почитува културните работници https://republika.mk/vesti/kultura/ljutkov-vladata-prizna-deka-e-neseriozna-i-deka-nitu-ja-pochituva-kulturata-nitu-gi-pochituva-kulturnite-rabotnici/ Thu, 31 Mar 2022 12:31:41 +0000 https://republika.mk/?p=481422

Културата е столбот на државата и на идентитетот, а вработените во културата не смеат да трпат заради неспособноста на власта којашто не размислува за последиците од своите популистички мерки, истакна Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата призна дека е несериозна и дека ниту ја почитува културата ниту ги почитува културните работници. Дописот од Министерството за култура е јавно признание дека владата нема пари, дека не води грижа и дека не испланирала во буџетот исполнување на законската обврската за зголемување на платите согласно Колективниот договор.

Ќе нагласам – владата во допис до синдикатот признава дека нема пари во буџетот за плати во културата според Колективен договор.

Уште повеќе, министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, признава дека доколку ја исполни обврската од Колективниот договор, тоа ќе биде на штета на проектите и ја префрла вината врз вработените.

Ова е срамен допис, срамно признание. Без никаква почит кон вработените во културата, Министерката бара измени во Колективниот договор за културата на штета на вработените и фактички откажување од законскиот раст на плата во услови на енормно поскапување на трошоците за живот.

Притоа, дописот содржи скриена закана дека доколку вработените и синдикатите не го прифатат овој предлог, владата ќе ги скрати, укине парите за програмските активности и капиталните инвестиции во културата.

Повикуваме на разум и повлекување на ваквиот срамен предлог. Дописот со ваква содржина создава атмосфера на притисок и нездрави односи меѓу раководствата и вработените во институциите, односно се создава атмосфера на притисок од страна на директорите врз дел од вработените да бидат прифатени неприфатливи решенија на своја штета.

Наместо притисок и закани кон вработените и синдикатите во културата министерката, доколку навистина себе се гледа како министер за култура, да насочи притисок кон министерството за финансии и да обезбеди финансии за исплата на платите согласно Колективниот договор и Членот 65, без притоа да биде прекинат ниеден проект или капитална инвестиција во културата. (се разбира доколку имале намера да ги реализираат веќе 5 години по ред најавуваните инвестиции).

Доколку министерката не успева да ги заштити интересите на вработените во културата и културата воопшто, нека си поднесе оставка. И онака власта во последните 5 години смени 5 министри за култура, со што се покажува целосна негрижа, безидејност и немање национална стратегија за културата.

Министерството за култура и министерката имаат должност и законска обврска да го почитуваат Колективниот договор, се останато не неприфатливо.

Вработените во културата, културните институции, столбот на државата повеќе не смее да ги трпи ваквите самоволијата на политичките епизодисти од СДСМ и ДУИ, подвлекува Љутков.

The post Љутков: Владата призна дека е несериозна и дека ниту ја почитува културата ниту ги почитува културните работници appeared first on Република.

]]>

Културата е столбот на државата и на идентитетот, а вработените во културата не смеат да трпат заради неспособноста на власта којашто не размислува за последиците од своите популистички мерки, истакна Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Владата призна дека е несериозна и дека ниту ја почитува културата ниту ги почитува културните работници. Дописот од Министерството за култура е јавно признание дека владата нема пари, дека не води грижа и дека не испланирала во буџетот исполнување на законската обврската за зголемување на платите согласно Колективниот договор. Ќе нагласам – владата во допис до синдикатот признава дека нема пари во буџетот за плати во културата според Колективен договор. Уште повеќе, министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, признава дека доколку ја исполни обврската од Колективниот договор, тоа ќе биде на штета на проектите и ја префрла вината врз вработените. Ова е срамен допис, срамно признание. Без никаква почит кон вработените во културата, Министерката бара измени во Колективниот договор за културата на штета на вработените и фактички откажување од законскиот раст на плата во услови на енормно поскапување на трошоците за живот. Притоа, дописот содржи скриена закана дека доколку вработените и синдикатите не го прифатат овој предлог, владата ќе ги скрати, укине парите за програмските активности и капиталните инвестиции во културата. Повикуваме на разум и повлекување на ваквиот срамен предлог. Дописот со ваква содржина создава атмосфера на притисок и нездрави односи меѓу раководствата и вработените во институциите, односно се создава атмосфера на притисок од страна на директорите врз дел од вработените да бидат прифатени неприфатливи решенија на своја штета. Наместо притисок и закани кон вработените и синдикатите во културата министерката, доколку навистина себе се гледа како министер за култура, да насочи притисок кон министерството за финансии и да обезбеди финансии за исплата на платите согласно Колективниот договор и Членот 65, без притоа да биде прекинат ниеден проект или капитална инвестиција во културата. (се разбира доколку имале намера да ги реализираат веќе 5 години по ред најавуваните инвестиции). Доколку министерката не успева да ги заштити интересите на вработените во културата и културата воопшто, нека си поднесе оставка. И онака власта во последните 5 години смени 5 министри за култура, со што се покажува целосна негрижа, безидејност и немање национална стратегија за културата. Министерството за култура и министерката имаат должност и законска обврска да го почитуваат Колективниот договор, се останато не неприфатливо. Вработените во културата, културните институции, столбот на државата повеќе не смее да ги трпи ваквите самоволијата на политичките епизодисти од СДСМ и ДУИ, подвлекува Љутков.

The post Љутков: Владата призна дека е несериозна и дека ниту ја почитува културата ниту ги почитува културните работници appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: Со растот на минималната плата, платите мора да растат за сите и да се применуваат колективните договори https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-so-rastot-na-minimalnata-plata-platite-mora-da-rastat-za-site-i-da-se-primenuvaat-kolektivnite-dogovori/ Wed, 23 Feb 2022 07:13:58 +0000 http://republika.mk/?p=462223

Власта им го поскапи на граѓаните животот од секој аспект, зголемена е цената на електрична енергија, поскапо парно, трошоците секојдневно растат, а да не зборуваме за храната, лебот и житата кои во континуитет растат. Нема некој што е против покачување на минимална плата, но треба да има покачување на сите останати плати затоа што трошоците на граѓаните растат, изјави за „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ.

Сега власта на сите останати на кои не им ги покачи платите бара да се солидализираат. Премиерот има приватна компанија, претходниот премиер исто имаше и тоа повеќе. Зошто тие не се солидализираат добивките и парите да им ги дадат на народот?  Ние побаравме прилагодување согласно минималната плата и на останатите плати согласно коефициентите на сложеност на работата и тоа не само за приватен сектор туку и јавен сектор каде е сериозен проблемот, изјави Димитриеска Кочоска.

Таа додаде дека власта се фали како да направиле нешто големо, ама нека погледнат што може граѓаните да купат со тие 18.000 денари, додавајќи дека додека СДСМ се фали во Македонија опаѓа продуктивноста.

Продуктивноста е падната за време на СДСМ и тоа го кажуваат и меѓународни институции и постојано не предупредуваат и власта ништо не презема. Продуктивноста како БДП по вработен во денари, во 2016 година била 601.000 денари, за во 2021 да е 575.000 денари. Значи паднала продуктивноста за време на СДСМ и власта не направи анализа која е причината за падот, а фактите се дека нема инвестиции, се вработува само во јавен сектор, има сива економија, нагласи Димитриеска Кочоска.

Таа додаде дека и јавниот долг вртоглаво расте во Македонија и тој веќе е стигнат на 7 милијарди и 135 милиони евра, што е огромна бројка и се зголемување за 2,4 милијарди во однос на 2016 година и никој не знае каде се потрошија тие 2,4 милијарди евра изминативе 4-5 години имајќи предвид дека ситуацијата  во економијата е катастрофална.

Димитриеска Кочоска истакна ниту продуктивност има ниту инвестиции има, власта како да не живее во Македонија, бидејќи капиталните инвестиции не се реализираат, а по странски инвестиции сме најслаби во регионот.

Откако е СДСМ на власт состојбата со капиталните инвестиции е алармантна, воопшто ништо не се реализира или е со послаб интензитет. Капиталните инвестиции се нешто што може да се видат со голо око, ама сега не гледаме ништо. Сега сме и на дното по странски инвестиции. Странски директни инвестиции како процент од БДП во 2019 година се 3,2%, 2020 година 1,9%. Од друга страна Косово во 2019 година имале 3,6%, а 4% во 2020 година. Србија има 7,8%,а во 2020 4,8%, сите се пред нас, рече Димитриеска Кочоска.

The post Димитриеска Кочоска: Со растот на минималната плата, платите мора да растат за сите и да се применуваат колективните договори appeared first on Република.

ССМ ја поздравува поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за почитување на колективните договори https://republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-ja-pozdravuva-poddrshkata-od-vmro-dpmne-za-pochituvanje-na-kolektivnite-dogovori/ Wed, 09 Feb 2022 10:50:01 +0000 https://republika.mk/?p=456115

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ја поздравува поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за минималната плата, но и дека ќе бара почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места како и примена на членот 8 од Законот за минималната плата.

Потсетуваме дека ССМ уште во декември 2021 година испрати допис до политичката партија со цел да ги слушнат барањата и потребите на работниците за зголемувањето на минималната плата, а работниците очекуваа дека и предлогот на ССМ за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на останатите плати доставен до пратениците во Собранието досега ќе беше поддржан се во интерес на работниците, наведуваат од ССМ.

Воедно, потсетуваат дека согласно членот 8 од Законот за минималната плата, онаму каде што има градоначалници од нивната партија веднаш можат да пристапат кон зголемување на платите на работниците кои работат во комуналните претпријатија, јавните претпријатија кои се под локалнатите самоуправи и Градот Скопје, вработените во Општините, против пожарната служба, основните училишта и др.

Работниците очекуваат како од централната така и од локалната власт не само да се залага декларативно, туку и преку конкретни чекори да ја зголеми платата на работниците согласно Законите и колективните договори. Очекуваме претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски да ги охрабри градоначалниците од неговата партија веднаш да постапат по закон и колективен договор и да ги зголемат платите на вработените и да бидат пример за како треба и останатите, скалесто да ги зголемат платите согласно порастот на минималната плата, велат од ССМ.

Додаваат дека работниците од претставниците на народот и политичарите очекуваат нивните ветувања да ги исполнат веднаш, а во спротивно бараат од ССМ да ги интензивира своите активности и на локално ниво.

The post ССМ ја поздравува поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за почитување на колективните договори appeared first on Република.

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе интервенира амандмански за доследно почитување на колективните договори и коефициентот на сложеност на работните места https://republika.mk/vesti/makedonija/micevski-vmro-dpmne-kje-intervenira-amandmanski-za-dosledno-pochituvanje-na-kolektivnite-dogovori-i-koeficientot-na-slozenost-na-rabotnite-mesta/ Tue, 08 Feb 2022 21:23:35 +0000 https://republika.mk/?p=455903

ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи зголемувањето на минималната плата и ќе интервенираме амандмански за доследно почитување на колективните договори и коефициентот на сложеност на работните места, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во „Објектив“ на МТВ.

Тој истакна дека потребен е и ребаланс на буџетот за да се разгледаат и зголемат дотациите на општините.

Власта сега не ги зголемува дотациите, а тие им се потребни на општините за платите. Државата ќе биде добитна во својата каса, а општините изложени на трошок. Ние сме за зголемување, но минималната плата да ја следи и продуктивноста. Работодавачите се загрижени за своите бизниси, вели Мицевски.

Тој прашува дали власта воопшто разговара со бизнис секторот, затоа што викаа дека ваков усогласен став имаа за недела работен ден па испадна дека не е.

Според него минималната плата треба да се покачи, но граѓаните од оваа власт се осиромашени.

Минималната плата нема да ги покрие тендерите на СДСМ и ДУИ и покачувањата кои се случуваат, сега имаме кризи кои придонесуваат за зголемување за сиромаштијата, изјави Мицевски.

Мицевски се осврна и на Пржинската влада и предвремени парламентарни избори при што истакна дека Пржинската влада се покажа нефункционална и треба да се укине како што беше договорено на лидерска средба со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и поранешниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, но СДСМ бега од тоа бидејќи се исплашени од поразот свесни за последните резултати.

Пржинската влада се покажа дека не е функционална, таа можеше да се види на последното составување кога СДСМ од позиција на сила ја смени министерката Рашела Мизрахи. По договорот од лидерската средба и нешто што беше договорено од двете партии СДСМ сега ретерира и е против измените. Измените во законот за Влада се одредени ставови кои треба да се избришат и да се вратиме на старото законско решение н избори од 45 до 60 дена. За жал СДСМ исплашени од последните резултати на локалните избори, на анкети кои граѓаните им ги испорачуваат токму поради лагите и манипулациите, рече Мицевски.

Мицевски истакна дека не само укинување на Пржинска влада потребни се итни предвремени парламентарни избори, затоа што ден повеќе со владата на ДУИ и СДСМ граѓаните стануваат се посиромашни.

The post Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе интервенира амандмански за доследно почитување на колективните договори и коефициентот на сложеност на работните места appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи зголемувањето на минималната плата и ќе интервенираме амандмански за доследно почитување на колективните договори и коефициентот на сложеност на работните места, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во „Објектив“ на МТВ. Тој истакна дека потребен е и ребаланс на буџетот за да се разгледаат и зголемат дотациите на општините.
Власта сега не ги зголемува дотациите, а тие им се потребни на општините за платите. Државата ќе биде добитна во својата каса, а општините изложени на трошок. Ние сме за зголемување, но минималната плата да ја следи и продуктивноста. Работодавачите се загрижени за своите бизниси, вели Мицевски.
Тој прашува дали власта воопшто разговара со бизнис секторот, затоа што викаа дека ваков усогласен став имаа за недела работен ден па испадна дека не е. Според него минималната плата треба да се покачи, но граѓаните од оваа власт се осиромашени.