Киријакос Мицотакис Archives - Република https://republika.mk/tema/kirijakos-micotakis/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Sep 2024 13:37:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Киријакос Мицотакис Archives - Република https://republika.mk/tema/kirijakos-micotakis/ 32 32 Имаше македонско знаме за Мицкоски, но не и грчко на средбата на Милановиќ со Мицотакис https://republika.mk/vesti/makedonija/imashe-makedonsko-zname-za-mitskoski-no-ne-i-grchko-na-sredbata-na-milanovik-so-mitsotakis/ Mon, 16 Sep 2024 13:37:42 +0000 https://republika.mk/?p=816818

Неистакнувањето на македонското знаме на средбата меѓу Радев и Силјановска беше повод за медиумите под контрола на опозицијата да лажат, односно спинуваат дека и на средбата меѓу премиерот Мицкоски со хрватскиот претседател Милановиќ го немало нашето знаме. Тоа не е точно а сликите јасно тоа го покажуваат.

Но, она што е забележитено на неодамнешната средба меѓу грчкиот премиер Мицотакис и Милановиќ, двајцата се ракуваат без присуство на грчкото знаме, како и на фотографија од средбата меѓу Милановиќ и словенечкиот премиер Роберт Голоб, на која не може да се забележи словенечко знаме.

The post Имаше македонско знаме за Мицкоски, но не и грчко на средбата на Милановиќ со Мицотакис appeared first on Република.

]]>

Неистакнувањето на македонското знаме на средбата меѓу Радев и Силјановска беше повод за медиумите под контрола на опозицијата да лажат, односно спинуваат дека и на средбата меѓу премиерот Мицкоски со хрватскиот претседател Милановиќ го немало нашето знаме. Тоа не е точно а сликите јасно тоа го покажуваат. Но, она што е забележитено на неодамнешната средба меѓу грчкиот премиер Мицотакис и Милановиќ, двајцата се ракуваат без присуство на грчкото знаме, како и на фотографија од средбата меѓу Милановиќ и словенечкиот премиер Роберт Голоб, на која не може да се забележи словенечко знаме.

The post Имаше македонско знаме за Мицкоски, но не и грчко на средбата на Милановиќ со Мицотакис appeared first on Република.

]]>
Мицотакис: Сакаме најдобри можни односи со сите наши соседи https://republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-sakame-najdobri-mozhni-odnosi-so-site-nashi-sosedi/ Sun, 08 Sep 2024 13:58:09 +0000 https://republika.mk/?p=814417

Сакаме најдобри можни односи со сите наши соседи, а меѓу овие соседи вклучена е и Албанија, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прес-конференција во рамките на Меѓународниот саем во Солун, додека пак за односите со Турција посочи дека има позитивни придобивки од подобрената клима, јави дописничката на МИА од Атина.

На традиционалната прес-конференција што се одржува веднаш по свеченото отворање на саемот, грчкиот премиер говореше за актуелните теми од внатрешната и надворешната политика во земјата.

Во делот поврзан со дипломатијата, одговорајќи на новинарско прашање за Албанија, особено по случајот со Фреди Белери, посочи дека поминаа тежок период на билатерално ниво, истакна дека сакаат добри односи, но тие „поминуваат низ почитување на правата на грчкото малцинство во Албанија“, додавајќи дека прашањето со правата на сопственост е сè уште актуелно и „тоа е неопходен предуслов за да може земјата да оди напред на европскиот пат“.

За грчко-турските односи, нагласи дека никогаш немал илузии во пристапот со Турција и секогаш пристапувал со реализам, се осврна на позитивните придобивки од подобрените односи, како пример споменувајќи дека нема нарушувања на воздушниот простор во Егејското море, постои подобро управување во миграцијата и соработката со Турција, но посочи дека „јадрото на турскиот ревизионизам не е променето

The post Мицотакис: Сакаме најдобри можни односи со сите наши соседи appeared first on Република.

]]>

Сакаме најдобри можни односи со сите наши соседи, а меѓу овие соседи вклучена е и Албанија, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прес-конференција во рамките на Меѓународниот саем во Солун, додека пак за односите со Турција посочи дека има позитивни придобивки од подобрената клима, јави дописничката на МИА од Атина. На традиционалната прес-конференција што се одржува веднаш по свеченото отворање на саемот, грчкиот премиер говореше за актуелните теми од внатрешната и надворешната политика во земјата. Во делот поврзан со дипломатијата, одговорајќи на новинарско прашање за Албанија, особено по случајот со Фреди Белери, посочи дека поминаа тежок период на билатерално ниво, истакна дека сакаат добри односи, но тие „поминуваат низ почитување на правата на грчкото малцинство во Албанија“, додавајќи дека прашањето со правата на сопственост е сè уште актуелно и „тоа е неопходен предуслов за да може земјата да оди напред на европскиот пат“. За грчко-турските односи, нагласи дека никогаш немал илузии во пристапот со Турција и секогаш пристапувал со реализам, се осврна на позитивните придобивки од подобрените односи, како пример споменувајќи дека нема нарушувања на воздушниот простор во Егејското море, постои подобро управување во миграцијата и соработката со Турција, но посочи дека „јадрото на турскиот ревизионизам не е променето

The post Мицотакис: Сакаме најдобри можни односи со сите наши соседи appeared first on Република.

]]>
Мицотакис го прекина одморот поради пожарот во Атика https://republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-go-prekina-odmorot-poradi-pozharot-vo-atika/ Mon, 12 Aug 2024 08:46:42 +0000 https://republika.mk/?p=805729

Премиерот на Грција Киријакос Мицотакис денеска го прекина одморот и го посети Оперативниот координативен центар за операции и управување со кризи (ЕСКЕДИК) на Министерството за климатски кризи и цивилна заштита, каде ги доби најновите информации за пожарот што од вчера беснее во Атика.

Во центарот бил информиран за противпожарната операција, распоредување на воздухопловни сили, капацитети, а придружуван од министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилија, пренесува порталот Прототема.

Голем пожар избувна вчера попладне во Атика и брзо се прошири во многу други области, поради што се вели дека владата е во состојба на готовност.

The post Мицотакис го прекина одморот поради пожарот во Атика appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Грција Киријакос Мицотакис денеска го прекина одморот и го посети Оперативниот координативен центар за операции и управување со кризи (ЕСКЕДИК) на Министерството за климатски кризи и цивилна заштита, каде ги доби најновите информации за пожарот што од вчера беснее во Атика. Во центарот бил информиран за противпожарната операција, распоредување на воздухопловни сили, капацитети, а придружуван од министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилија, пренесува порталот Прототема. Голем пожар избувна вчера попладне во Атика и брзо се прошири во многу други области, поради што се вели дека владата е во состојба на готовност.

The post Мицотакис го прекина одморот поради пожарот во Атика appeared first on Република.

]]>
Не е планирана средба Мицкоски-Мицотакис во Вашингтон https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-e-planirana-sredba-mitskoski-mitsotakis-vo-vashington/ Mon, 08 Jul 2024 11:47:23 +0000 https://republika.mk/?p=794578

Не е планирана средба, но не е исклучено премиерот на маргините на НАТО самитот, да има билатерални средби, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина за евентуална средба на премиерите Христијан Мицкоски и Кирјакос Мицотакис на маргините на НАТО Самитот во Вашингтон.

- Не, не е планирана средба, но не е исклучено во рамките на активностите и на маргините на Самитот на НАТО, премиерот да има и некои билатерални средби. Но, нешто планирано, не постои, одговори Маринакис на прашањето на МИА за евентуалната средба Мицотакис – Мицкоски, а речиси идентичен беше одговорот и за можна средба на грчкиот премиер со турскиот претседател.

Според официјалните програми на двајцата премиери и Мицкоски и Мицотакис, освен на Самитот на НАТО и предвидените активности на маргините, ќе присуствуваат и на вечерата во Белата куќа во организација на американски претседател Бајден.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, во однос на нашата земја, одговарајќи на новинарско прашање, Маринакис рече дека грчкиот премиер на НАТО Самитот „ќе го покрене на највисоко ниво“ почитувањето на Договорот од Преспа, нешто што и самиот Мицотакис го најавуваше во неговите интервјуа и изјави во изминатиот период.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на нова влада, Христијан Мицкоски денеска истакна дека како човек, кој ќе ја предводи владата е обврзан да ги почитува Уставот и законите, оти

Маринакис посочи дека „договорите што се изгласани и ратификувани треба да се спроведуваат, но не гледаме ова да го прави другата страна“, додаде дека од македонска страна постоеле „низа сериозни изјави што се спротивни на меѓународно договореното и изгласаното од двете држави“ и токму ова е она што, како што рече,  грчкиот премиер ќе го покрене „за време на неговото присуство на НАТО Самитот“.

- Ќе го покрене прашањето на највисоко ниво. Ќе го спомене Договорот што не се почитува, особено прашањето со сложеното име ерга омнес. Ќе спомене низа изјави што се спротивни на Договорот од Преспа, односно спротивно на она што е изгласано од двете држави, бидејќи како што сфаќате присуството на Македонија на НАТО е резултат на овој Договор, но нашата соседна земја, не ја почитува ниту првата страница на овој Договор и е нешто за што се подразбира дека Кирјакос Мицотакис ќе го покрене, рече Маринакис.

Мицкоски, пак пред заминувањето за Вашингтон изјави дека доколку има средба со грчкиот премиер на претстојниот Самит на НАТО во Вашингтон, се надева дека ќе го задржат достоинството и дека ќе разговараат како партнери и како добри соседи.

-Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и како добри соседи, доколку дојде до таков разговор. Ако не дојде се надевам дека набргу ќе дојде, истакна Мицкоски.

Овој ден, истакнува Мицкоски, е симболот на македонската борба за слобода и државност, ден кој врзува две епопеи и еден идеал, а тоа е идеалот за слободна и независна Македонија. Генерации на

Тој нагласи дека ставот на Владата е градење добри односи со сите соседи, но оти дека односи се двонасочна улица.

-Нашиот став како Влада е дека сакаме да имаме добри односи со соседите, дека сакаме да градиме мостови за соработка, дека тоа за нас е двонасочна улица. Досега претпоставувам биле навикнати на еднонасочна улица, но сега сме ние политичари и Влада која што сака да водиме добрососедска двонасочна улица и така ќе продолжиме да се однесуваме, изјави премиерот минатата недела.

САД, пак, нагласија дека не сакаат внесување билатерални спорови во НАТО. Директор за Европа и НАТО во Пентагон Олтон Бјуланд неодамна во интервју за Гласот на Америка на македонски истакна дека САД силно го поддржуваат Договорот од Преспа и се надеваат дека билатералните спорови ќе останат надвор од НАТО Алијансата.

- Секогаш ги охрабруваме нашите сојузници и партнери да се придржуваат до договорите и да ги остават билатералните спорови и несогласувања надвор од НАТО Алијансата, за да се осигура дека има

-Секогаш ги охрабруваме нашите сојузници и партнери да се придржуваат до договорите и да ги остават билатералните спорови  несогласувања надвор од НАТО Алијансата, за да се осигура дека има соработка и регионална стабилност во вашиот регион, рече Бјуланд.

Мицкоски, кој ја предводи македонската делегација е веќе во Вашингтон и оствари средба со Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора, а според агендата планирано е да одржи говор на реномираниот Johns Hopkins University- School of Advanced International Studies, да оствари средби со претставници од бизнис заедницата во САД, со високи претставници на IRI, конгресмени и сенатори, односно Брендон Бојл и сенаторката Џин Шахин - копретседавачи на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД, а ќе учествува на свечениот настан по повод 75-годишнината на НАТО, што ќе се одржи во Andrew W. Mellon Auditorium. Македонската делегација ќе учествува и на отворањето на НАТО форумот и ќе присуствува на состаноците на Северно - атлантскиот совет, каде што премиерот Мицкоски ќе има прилика за средби со други лидери и изјави за медиуми, информираат од владината прес-служба.

The post Не е планирана средба Мицкоски-Мицотакис во Вашингтон appeared first on Република.

]]>

Не е планирана средба, но не е исклучено премиерот на маргините на НАТО самитот, да има билатерални средби, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина за евентуална средба на премиерите Христијан Мицкоски и Кирјакос Мицотакис на маргините на НАТО Самитот во Вашингтон.
- Не, не е планирана средба, но не е исклучено во рамките на активностите и на маргините на Самитот на НАТО, премиерот да има и некои билатерални средби. Но, нешто планирано, не постои, одговори Маринакис на прашањето на МИА за евентуалната средба Мицотакис – Мицкоски, а речиси идентичен беше одговорот и за можна средба на грчкиот премиер со турскиот претседател.
Според официјалните програми на двајцата премиери и Мицкоски и Мицотакис, освен на Самитот на НАТО и предвидените активности на маргините, ќе присуствуваат и на вечерата во Белата куќа во организација на американски претседател Бајден. На денешниот редовен брифинг со новинарите, во однос на нашата земја, одговарајќи на новинарско прашање, Маринакис рече дека грчкиот премиер на НАТО Самитот „ќе го покрене на највисоко ниво“ почитувањето на Договорот од Преспа, нешто што и самиот Мицотакис го најавуваше во неговите интервјуа и изјави во изминатиот период. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на нова влада, Христијан Мицкоски денеска истакна дека како човек, кој ќе ја предводи владата е обврзан да ги почитува Уставот и законите, оти Маринакис посочи дека „договорите што се изгласани и ратификувани треба да се спроведуваат, но не гледаме ова да го прави другата страна“, додаде дека од македонска страна постоеле „низа сериозни изјави што се спротивни на меѓународно договореното и изгласаното од двете држави“ и токму ова е она што, како што рече,  грчкиот премиер ќе го покрене „за време на неговото присуство на НАТО Самитот“.
- Ќе го покрене прашањето на највисоко ниво. Ќе го спомене Договорот што не се почитува, особено прашањето со сложеното име ерга омнес. Ќе спомене низа изјави што се спротивни на Договорот од Преспа, односно спротивно на она што е изгласано од двете држави, бидејќи како што сфаќате присуството на Македонија на НАТО е резултат на овој Договор, но нашата соседна земја, не ја почитува ниту првата страница на овој Договор и е нешто за што се подразбира дека Кирјакос Мицотакис ќе го покрене, рече Маринакис.
Мицкоски, пак пред заминувањето за Вашингтон изјави дека доколку има средба со грчкиот премиер на претстојниот Самит на НАТО во Вашингтон, се надева дека ќе го задржат достоинството и дека ќе разговараат како партнери и како добри соседи.
-Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и како добри соседи, доколку дојде до таков разговор. Ако не дојде се надевам дека набргу ќе дојде, истакна Мицкоски.
Овој ден, истакнува Мицкоски, е симболот на македонската борба за слобода и државност, ден кој врзува две епопеи и еден идеал, а тоа е идеалот за слободна и независна Македонија. Генерации на Тој нагласи дека ставот на Владата е градење добри односи со сите соседи, но оти дека односи се двонасочна улица. -Нашиот став како Влада е дека сакаме да имаме добри односи со соседите, дека сакаме да градиме мостови за соработка, дека тоа за нас е двонасочна улица. Досега претпоставувам биле навикнати на еднонасочна улица, но сега сме ние политичари и Влада која што сака да водиме добрососедска двонасочна улица и така ќе продолжиме да се однесуваме, изјави премиерот минатата недела. САД, пак, нагласија дека не сакаат внесување билатерални спорови во НАТО. Директор за Европа и НАТО во Пентагон Олтон Бјуланд неодамна во интервју за Гласот на Америка на македонски истакна дека САД силно го поддржуваат Договорот од Преспа и се надеваат дека билатералните спорови ќе останат надвор од НАТО Алијансата. - Секогаш ги охрабруваме нашите сојузници и партнери да се придржуваат до договорите и да ги остават билатералните спорови и несогласувања надвор од НАТО Алијансата, за да се осигура дека има -Секогаш ги охрабруваме нашите сојузници и партнери да се придржуваат до договорите и да ги остават билатералните спорови  несогласувања надвор од НАТО Алијансата, за да се осигура дека има соработка и регионална стабилност во вашиот регион, рече Бјуланд. Мицкоски, кој ја предводи македонската делегација е веќе во Вашингтон и оствари средба со Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора, а според агендата планирано е да одржи говор на реномираниот Johns Hopkins University- School of Advanced International Studies, да оствари средби со претставници од бизнис заедницата во САД, со високи претставници на IRI, конгресмени и сенатори, односно Брендон Бојл и сенаторката Џин Шахин - копретседавачи на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД, а ќе учествува на свечениот настан по повод 75-годишнината на НАТО, што ќе се одржи во Andrew W. Mellon Auditorium. Македонската делегација ќе учествува и на отворањето на НАТО форумот и ќе присуствува на состаноците на Северно - атлантскиот совет, каде што премиерот Мицкоски ќе има прилика за средби со други лидери и изјави за медиуми, информираат од владината прес-служба.

The post Не е планирана средба Мицкоски-Мицотакис во Вашингтон appeared first on Република.

]]>
Мицкоски им порача на Радев и Мицотакис: Oвде помина времето на политичари со свиткан р’бет https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-im-poracha-na-radev-i-mitsotakis-ovde-pomina-vremeto-na-politichari-so-svitkan-r-bet/ Thu, 04 Jul 2024 15:33:48 +0000 https://republika.mk/?p=793501

Ние сме малоброен и мирољубив народ подготвен да гради добрососедски односи со секого“, но  дека „соработката ја гледаме како двонасочна, а не како еднонасочна улица“ им поача македонскиот премиер Христијан Мицкоски на  бугарскиот претседател Румен Радев и на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, и им препорача да се навикнат на новата политика овде, која ги штити интересите на македонските граѓани.

Изјавата е реакција на зборовите на Радев за медиуми по средбата со Мицотакис во Атина дека „раководството на Република Cеверна Македонија не е подготвено“ и „на властите во Скопје им недостига познавање по уставно право“.

„Поминаа времињата кога ќе има кај нас, во македонската Влада, политичари со свиткана кичма, политичари кои се себепонижуваат, политичари кои се подготвени се да потпишат само не да го заштитат интересот на македонските граѓани, а од друга страна, додека тоа го прават, мавтаат со македонското знаме и паралелно со тоа ја ограбуваат државата и граѓаните.

Мора да се навикнат на политичари коишто се тука да ги штитат интересите на граѓаните, да работат за доброто на татковината, за иднината и подготвени сме со секого да градиме добрососедски односи.

Мојата порака и до едниот и до другиот, сепак тие се поискусни од мене, подолго време се на своите позиции, едниот е претседател на држава, другиот е премиер, ние сме мирољубив, малоброен народ, еден од најмалобројните на Балканот, подготвени сме со секого да соработуваме и соработката ја гледаме како двонасочна улица.

Не може да биде еднонасочна, и со 8 мај завршија времињата кога ја гледаа соработката со македонските политичари како еднонасочна улица, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

Како штo пренесува МИА, Мицкоски ги повика Радев и Мицотакис да соработуваат за економски развој на државите и зближување на народите, а во однос на коментарот за неразбирање политика, смета дека добрососедска политика не се гради „со омаловажување и со навреди“.

„Јас сум навикнат на омаловажување и навреди, целиот мој живот е така проследен, но некако па секогаш на крајот победувам. Ќе видиме како ќе биде во овој случај.

Јас сакам ние како балкански држави да ги следиме примерите на друг тип држави, како што се балтичките, скандинавските, па сите заедно со изградени мостови, сложно, здружно, да настапуваме на трети пазари, пред официјалните лица во Европската Унија, насекаде во светот.

Да градиме една добрососедска политика. Со омаловажување и со навреди, таа работа не бива.

Ако тие одлучиле така да тераат, јас мислев дека таквото однесување сме го оставиле во средниот век, мислев дека сега, во 21 век, треба да зборуваме како заеднички да ја развиваме нашата заедничка економија, образование, туризам, луѓето да ги вмрежуваме, да ги зближуваме.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-jas-sum-naviknat-na-omalovazhuvane-i-navredi-no-na-kraj-pobeduvam/

Јас сум подготвен за тоа да зборувам и мислам дека моите соговорници од таа страна треба да ги преиспитаат тие свои изјави и начин на однесување, но јас не сум тој – кој сум јас да им солам ним памет што да прават тие#, рече Мицкоски при денешната посетаа на Гевгелија.

The post Мицкоски им порача на Радев и Мицотакис: Oвде помина времето на политичари со свиткан р’бет appeared first on Република.

]]>

Ние сме малоброен и мирољубив народ подготвен да гради добрососедски односи со секого“, но  дека „соработката ја гледаме како двонасочна, а не како еднонасочна улица“ им поача македонскиот премиер Христијан Мицкоски на  бугарскиот претседател Румен Радев и на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, и им препорача да се навикнат на новата политика овде, која ги штити интересите на македонските граѓани.     Изјавата е реакција на зборовите на Радев за медиуми по средбата со Мицотакис во Атина дека „раководството на Република Cеверна Македонија не е подготвено“ и „на властите во Скопје им недостига познавање по уставно право“.
„Поминаа времињата кога ќе има кај нас, во македонската Влада, политичари со свиткана кичма, политичари кои се себепонижуваат, политичари кои се подготвени се да потпишат само не да го заштитат интересот на македонските граѓани, а од друга страна, додека тоа го прават, мавтаат со македонското знаме и паралелно со тоа ја ограбуваат државата и граѓаните.
Мора да се навикнат на политичари коишто се тука да ги штитат интересите на граѓаните, да работат за доброто на татковината, за иднината и подготвени сме со секого да градиме добрососедски односи.
Мојата порака и до едниот и до другиот, сепак тие се поискусни од мене, подолго време се на своите позиции, едниот е претседател на држава, другиот е премиер, ние сме мирољубив, малоброен народ, еден од најмалобројните на Балканот, подготвени сме со секого да соработуваме и соработката ја гледаме како двонасочна улица.
Не може да биде еднонасочна, и со 8 мај завршија времињата кога ја гледаа соработката со македонските политичари како еднонасочна улица, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања. Како штo пренесува МИА, Мицкоски ги повика Радев и Мицотакис да соработуваат за економски развој на државите и зближување на народите, а во однос на коментарот за неразбирање политика, смета дека добрососедска политика не се гради „со омаловажување и со навреди“.
„Јас сум навикнат на омаловажување и навреди, целиот мој живот е така проследен, но некако па секогаш на крајот победувам. Ќе видиме како ќе биде во овој случај.
Јас сакам ние како балкански држави да ги следиме примерите на друг тип држави, како што се балтичките, скандинавските, па сите заедно со изградени мостови, сложно, здружно, да настапуваме на трети пазари, пред официјалните лица во Европската Унија, насекаде во светот. Да градиме една добрососедска политика. Со омаловажување и со навреди, таа работа не бива. Ако тие одлучиле така да тераат, јас мислев дека таквото однесување сме го оставиле во средниот век, мислев дека сега, во 21 век, треба да зборуваме како заеднички да ја развиваме нашата заедничка економија, образование, туризам, луѓето да ги вмрежуваме, да ги зближуваме. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-jas-sum-naviknat-na-omalovazhuvane-i-navredi-no-na-kraj-pobeduvam/
Јас сум подготвен за тоа да зборувам и мислам дека моите соговорници од таа страна треба да ги преиспитаат тие свои изјави и начин на однесување, но јас не сум тој – кој сум јас да им солам ним памет што да прават тие#, рече Мицкоски при денешната посетаа на Гевгелија.

The post Мицкоски им порача на Радев и Мицотакис: Oвде помина времето на политичари со свиткан р’бет appeared first on Република.

]]>
Мицкоски има што да му каже на Мицотакис на НАТО самитот https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ima-shto-da-mu-kazhe-na-mitsotakis-na-nato-samitot/ Thu, 20 Jun 2024 11:40:07 +0000 https://republika.mk/?p=789329

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски во врска со употребата на уставното име денеска повтори дека неговата позиција е јасна и за неа никој не треба да има дилема и оти е подготвен да аргументира и да дебатира во врска со тоа. Прашан за коментар за изјавата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дека „премиерот на Македонија, ако од моментот кога ќе ја презеде должноста, инсистира на оваа реторика, ќе се најде во многу непријатна позиција, кога ќе се сретнеме на НАТО Самитот“, Мицкоски рече дека се подготвува и оти би сакал да го види тој предизвик потсетувајќи на изјавите дека досега требаше да почне ратификацијата на протоколот за влез на Македонија во рамките на ЕУ.

-Се подготвувaм јас. Јас сум човек кој се подготвува и сака предизвици. Би сакал да го видам и тој предизвик. Мојата позиција е јасна и тука не треба никој да има дилема. Доколку постојат во Европа, а не верувам дека постојат европски политичари кои се претставуваат како европски политичари на 21 век, а сепак имаат во себе талибански мотиви па сакаат да го загрозат човековото право кое што е заштитено со многу меѓународни конвенции тогаш јас сум подготвен со тие луѓе да аргументирам и да дебатирам и тука не треба да имаме никаква дилема. Мојот интерес е да градиме мостови, а не да ги уриваме и да разговараме врз основа на аргументи, врз основа на факти. Јас сум подготвен и со аргументи и со факти да разговарам и тоа го правам целиот мој живот, не само на НАТО самитот. Каде и да е, и во Атина, и во Скопје и во Брисел… секаде сум подготвен да разговарам со факти и со аргументи.

Мицкоски вели дека се додека има манипулации и двојни стандарди и додека не се држиме до Копенхагеншките критериуми ќе ни се случуваат вакви анахрони изјави, талибански методи и враќање во средниот век, наместо да се гледа во иднината.

– Ние денеска ако ги слушавме тие пораки веќе требаше да отпочне ратификацијата на протоколот за влез на Македонија во рамките на ЕУ, бидејќи се сеќавам дел од политичарите кои што се сега гласни за Преспанскиот договор седеа пред мене пред шест години ме гледаа во очи и ми велеа само уште ова Христијан нека помине и за пет-шест години вие сте дел од Европската унија. Би сакал истите тие да ги погледам во очи и да им кажам сега јас што имам да им кажам, бидејќи и тогаш им кажував и сега истото ќе им го кажам дека се нечесни, дека даваат лажни изјави и дека го манипулираат овој мал, но драг, скапоцен народ во срцето на Балканот. И се додека има манипулации и двојни стандарди и се додека не се држиме до Копенхагеншките критериуми и вредностите дефинирани од тројцата многу важни луѓе за Европската унија Де, Шуман и Аденауер нас ќе ни се случува вакви анахрони изјави, талибански методи, и враќање во средниот век, наместо да гледаме во иднината.

Мицотакис во интервју за радиото „Реал фм“ за ставот на мандатарот за формирање влада Мицкоски околу употребата на името Македонија, вели дека „премиерот на Македонија, ако од моментот кога ќе ја презеде должноста, инсистира на оваа реторика, ќе се најде во многу непријатна позиција, кога ќе се сретнеме на НАТО Самитот“.

Грчкиот премиер рече дека Договорот од Преспа обезбеди едно име за севкупна употреба, а не двојна формула и уште еднаш го повтори ставот дека оспорувањето може да создаде проблеми во односите со Грција, со НАТО и ЕУ, но и дека прашањето ќе го покрене на НАТО Самтитот во првата половина на јули.

-Секако ќе го покренам и мислам дека ќе имам многу сојузници во овој обид. Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина за такво прашање, бидејќи ако земјата се стремеше кон двојно име, прашањето ќе беше затворено пред многу години. Скопје влезе во НАТО токму преку Договорот, кој има свои проблеми, меѓутоа обезбеди едно име за сите и ако ова се оспори, тогаш да знае Македонија дека ќе има големи проблеми, не само во нејзините билатерални односи со Грција, туку и во нејзините односи и во НАТО и со Европската Унија кон која има амбиција во некој момент да стане членка, рече Мицотакис.

The post Мицкоски има што да му каже на Мицотакис на НАТО самитот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски во врска со употребата на уставното име денеска повтори дека неговата позиција е јасна и за неа никој не треба да има дилема и оти е подготвен да аргументира и да дебатира во врска со тоа. Прашан за коментар за изјавата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дека „премиерот на Македонија, ако од моментот кога ќе ја презеде должноста, инсистира на оваа реторика, ќе се најде во многу непријатна позиција, кога ќе се сретнеме на НАТО Самитот“, Мицкоски рече дека се подготвува и оти би сакал да го види тој предизвик потсетувајќи на изјавите дека досега требаше да почне ратификацијата на протоколот за влез на Македонија во рамките на ЕУ.
-Се подготвувaм јас. Јас сум човек кој се подготвува и сака предизвици. Би сакал да го видам и тој предизвик. Мојата позиција е јасна и тука не треба никој да има дилема. Доколку постојат во Европа, а не верувам дека постојат европски политичари кои се претставуваат како европски политичари на 21 век, а сепак имаат во себе талибански мотиви па сакаат да го загрозат човековото право кое што е заштитено со многу меѓународни конвенции тогаш јас сум подготвен со тие луѓе да аргументирам и да дебатирам и тука не треба да имаме никаква дилема. Мојот интерес е да градиме мостови, а не да ги уриваме и да разговараме врз основа на аргументи, врз основа на факти. Јас сум подготвен и со аргументи и со факти да разговарам и тоа го правам целиот мој живот, не само на НАТО самитот. Каде и да е, и во Атина, и во Скопје и во Брисел… секаде сум подготвен да разговарам со факти и со аргументи.
Мицкоски вели дека се додека има манипулации и двојни стандарди и додека не се држиме до Копенхагеншките критериуми ќе ни се случуваат вакви анахрони изјави, талибански методи и враќање во средниот век, наместо да се гледа во иднината.
– Ние денеска ако ги слушавме тие пораки веќе требаше да отпочне ратификацијата на протоколот за влез на Македонија во рамките на ЕУ, бидејќи се сеќавам дел од политичарите кои што се сега гласни за Преспанскиот договор седеа пред мене пред шест години ме гледаа во очи и ми велеа само уште ова Христијан нека помине и за пет-шест години вие сте дел од Европската унија. Би сакал истите тие да ги погледам во очи и да им кажам сега јас што имам да им кажам, бидејќи и тогаш им кажував и сега истото ќе им го кажам дека се нечесни, дека даваат лажни изјави и дека го манипулираат овој мал, но драг, скапоцен народ во срцето на Балканот. И се додека има манипулации и двојни стандарди и се додека не се држиме до Копенхагеншките критериуми и вредностите дефинирани од тројцата многу важни луѓе за Европската унија Де, Шуман и Аденауер нас ќе ни се случува вакви анахрони изјави, талибански методи, и враќање во средниот век, наместо да гледаме во иднината.
Мицотакис во интервју за радиото „Реал фм“ за ставот на мандатарот за формирање влада Мицкоски околу употребата на името Македонија, вели дека „премиерот на Македонија, ако од моментот кога ќе ја презеде должноста, инсистира на оваа реторика, ќе се најде во многу непријатна позиција, кога ќе се сретнеме на НАТО Самитот“. Грчкиот премиер рече дека Договорот од Преспа обезбеди едно име за севкупна употреба, а не двојна формула и уште еднаш го повтори ставот дека оспорувањето може да создаде проблеми во односите со Грција, со НАТО и ЕУ, но и дека прашањето ќе го покрене на НАТО Самтитот во првата половина на јули.
-Секако ќе го покренам и мислам дека ќе имам многу сојузници во овој обид. Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина за такво прашање, бидејќи ако земјата се стремеше кон двојно име, прашањето ќе беше затворено пред многу години. Скопје влезе во НАТО токму преку Договорот, кој има свои проблеми, меѓутоа обезбеди едно име за сите и ако ова се оспори, тогаш да знае Македонија дека ќе има големи проблеми, не само во нејзините билатерални односи со Грција, туку и во нејзините односи и во НАТО и со Европската Унија кон која има амбиција во некој момент да стане членка, рече Мицотакис.

The post Мицкоски има што да му каже на Мицотакис на НАТО самитот appeared first on Република.

]]>
Нема реакции во Грција по првата, неформална средба меѓу Силјановска и Мицотакис https://republika.mk/vesti/balkan/nema-reaktsii-vo-grtsija-po-prvata-neformalna-sredba-megu-siljanovska-i-mitsotakis/ Mon, 17 Jun 2024 08:07:20 +0000 https://republika.mk/?p=788324

Претседатеката Гордана Сиљановска Давкова објави дека на маргините на Самитот за мир во Украина остварила средби за запознавање со премиерите на Грција, Киријакос Мицотакис и на Бугарија, Димитар Главчев.  Засеа нема никакви реакции во Грција,

Во објава на Фејсбук Сиљановска Давкова истакнува дека со нетрпение очекува со Мицотакис и Главчев да се вклучат во продуктивни дискусии и оти мора да ги подобрат меѓусоседските односи.

-На маргините на Самитот за мир во Швајцарија остварив средби за запознавање со премиерите на Грција, Киријакос Мицотакис и на Бугарија, Димитар Главчев. Со нетрпение очекувам да се вклучиме во продуктивни дискусии со нив во корист на нашите држави и регионот. Мора да соработуваме и да ги подобриме меѓусоседските односи, пишува претседателката Сиљановска Давкова.

Таа денеска имаше обраќање на пленарната сесија на Самитот за мир во Украина, што викендов се одржа во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија. 

The post Нема реакции во Грција по првата, неформална средба меѓу Силјановска и Мицотакис appeared first on Република.

]]>

Претседатеката Гордана Сиљановска Давкова објави дека на маргините на Самитот за мир во Украина остварила средби за запознавање со премиерите на Грција, Киријакос Мицотакис и на Бугарија, Димитар Главчев.  Засеа нема никакви реакции во Грција, Во објава на Фејсбук Сиљановска Давкова истакнува дека со нетрпение очекува со Мицотакис и Главчев да се вклучат во продуктивни дискусии и оти мора да ги подобрат меѓусоседските односи.
-На маргините на Самитот за мир во Швајцарија остварив средби за запознавање со премиерите на Грција, Киријакос Мицотакис и на Бугарија, Димитар Главчев. Со нетрпение очекувам да се вклучиме во продуктивни дискусии со нив во корист на нашите држави и регионот. Мора да соработуваме и да ги подобриме меѓусоседските односи, пишува претседателката Сиљановска Давкова.
Таа денеска имаше обраќање на пленарната сесија на Самитот за мир во Украина, што викендов се одржа во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија. 

The post Нема реакции во Грција по првата, неформална средба меѓу Силјановска и Мицотакис appeared first on Република.

]]>
Што ќе донесе реконструираната грчка влада https://republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-ke-pravi-rekonstruktsija-na-vladata/ Fri, 14 Jun 2024 14:09:00 +0000 https://republika.mk/?p=787464

Претпладнево портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис ќе го соопшти новиот владин состав, како што информираа од Премиерската палата, а владината седница закажана за денеска во 11 часот е одложена, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изминатите денови сè погласни беа сценаријата дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис планира да направи реконструкција на Владата по европските избори во неделата, а Маринакис и на вчерашниот брифинг со новинарите уште еднаш повтори дека „реконструкцијата е ексклузивна привилегија на премиерот“.

Грчкиот премиер во интервјуто за телевизијата „Алфа“ во вторникот, категорично го отфрли прашањето за предвремени парламентарни избори во земјата, објаснувајќи дека актуелната Влада има „силно мнозинство и силен четиригодишен мандат“, а во однос на сценаријата за реконструкција на Владата во следните денови, Мицотакис посочи дека планираната и закажана владина седница в петок „ќе биде со актуелниот состав“.

Денешната владина седница од вчера беше официјално соопштена од кабинетот на Мицотакис, а утрово информираа дека во тек е реконструкција и се одложува

The post Што ќе донесе реконструираната грчка влада appeared first on Република.

]]>

Претпладнево портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис ќе го соопшти новиот владин состав, како што информираа од Премиерската палата, а владината седница закажана за денеска во 11 часот е одложена, јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатите денови сè погласни беа сценаријата дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис планира да направи реконструкција на Владата по европските избори во неделата, а Маринакис и на вчерашниот брифинг со новинарите уште еднаш повтори дека „реконструкцијата е ексклузивна привилегија на премиерот“. Грчкиот премиер во интервјуто за телевизијата „Алфа“ во вторникот, категорично го отфрли прашањето за предвремени парламентарни избори во земјата, објаснувајќи дека актуелната Влада има „силно мнозинство и силен четиригодишен мандат“, а во однос на сценаријата за реконструкција на Владата во следните денови, Мицотакис посочи дека планираната и закажана владина седница в петок „ќе биде со актуелниот состав“. Денешната владина седница од вчера беше официјално соопштена од кабинетот на Мицотакис, а утрово информираа дека во тек е реконструкција и се одложува

The post Што ќе донесе реконструираната грчка влада appeared first on Република.

]]>
Мицотакис очекува уставното име да го користиме секаде https://republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-ochekuva-ustavnoto-ime-da-go-koristime-sekade/ Wed, 29 May 2024 07:37:27 +0000 https://republika.mk/?p=782618

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вчера порача дека очекува новиот премиер на Македонија јасно да каже дека го почитува Договорот од Преспа, дека името на неговата земја е Cеверна Македонија и дека ќе го користи внатре и надвор од неговата земја.

Мицотакис во интервју за телевизијата „Стар“ посочил дека Атина се залага за добри односи, но дека е неопходно да се почитува Договорот од Преспа.

– Видов некои изјави на претседателката на Македонија и мислам дека отстапи од нејзините првични изјави. Се стремиме кон добри односи со Македонија, но многупати сме кажале дека добрите односи минуваат преку почитување на суштината на договорот што го потпишаа двете земји, рекол Мицотакис, пренесува грчкиот јавен сервис „ЕРТ“.

Тој повторил дека Договорот има многу проблеми поврзани со, како што наведе, признавањето на македонскиот јазик и етничка припадност.

– Но, Договорот определи едно име за сите и тоа соседите мора да го почитуваат. Оттаму очекувам новиот премиер кога и веднаш штом положи заклетва, да даде експлицитна изјава дека го почитува Договорот од Преспа и дека неговата земја се вика Македонија, но и дека ќе го користи името внатре и надвор од својата земја, истакнал грчкиот премиер.

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вчера повтори дека ќе го почитува Преспанскиот договор, но ќе го задржи правото некогаш да ја употребува придавката или името.

-Повикувам да се препрочита Преспанскиот договор, особено во делот на промената на документите за внатрешна употреба што е непознат феномен во историјата на човештвото, во врска со фактот дека таму се врзува овој чин или крајниот рок за истекот на пет години, меѓутоа и за отворањето на првото поглавје и на поглавјата. Кој одлучува за отворање на прво поглавје? – Европската унија. Значи и тие требале да сторат нешто за реализација на Преспанскиот договор, кажа Сиљановска-Давкова за домашните медиуми.

The post Мицотакис очекува уставното име да го користиме секаде appeared first on Република.

]]>

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вчера порача дека очекува новиот премиер на Македонија јасно да каже дека го почитува Договорот од Преспа, дека името на неговата земја е Cеверна Македонија и дека ќе го користи внатре и надвор од неговата земја. Мицотакис во интервју за телевизијата „Стар“ посочил дека Атина се залага за добри односи, но дека е неопходно да се почитува Договорот од Преспа.
 
– Видов некои изјави на претседателката на Македонија и мислам дека отстапи од нејзините првични изјави. Се стремиме кон добри односи со Македонија, но многупати сме кажале дека добрите односи минуваат преку почитување на суштината на договорот што го потпишаа двете земји, рекол Мицотакис, пренесува грчкиот јавен сервис „ЕРТ“.
Тој повторил дека Договорот има многу проблеми поврзани со, како што наведе, признавањето на македонскиот јазик и етничка припадност.
– Но, Договорот определи едно име за сите и тоа соседите мора да го почитуваат. Оттаму очекувам новиот премиер кога и веднаш штом положи заклетва, да даде експлицитна изјава дека го почитува Договорот од Преспа и дека неговата земја се вика Македонија, но и дека ќе го користи името внатре и надвор од својата земја, истакнал грчкиот премиер.
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вчера повтори дека ќе го почитува Преспанскиот договор, но ќе го задржи правото некогаш да ја употребува придавката или името. -Повикувам да се препрочита Преспанскиот договор, особено во делот на промената на документите за внатрешна употреба што е непознат феномен во историјата на човештвото, во врска со фактот дека таму се врзува овој чин или крајниот рок за истекот на пет години, меѓутоа и за отворањето на првото поглавје и на поглавјата. Кој одлучува за отворање на прво поглавје? – Европската унија. Значи и тие требале да сторат нешто за реализација на Преспанскиот договор, кажа Сиљановска-Давкова за домашните медиуми.

The post Мицотакис очекува уставното име да го користиме секаде appeared first on Република.

]]>
Мицотакис се пофали дека нема да ги ратификува Меморандумите за Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-se-pofali-deka-nema-da-gi-ratifikuva-memorandumite-za-makedonija/ Fri, 24 May 2024 20:31:08 +0000 https://republika.mk/?p=781539

Во овие околности кога цела Европа е наспроти Македонија, но не случајно, туку затоа што се мобилизираше и грчката дипломатија и јас лично, а постојат строги повици до Скопје да сменат став, доаѓате и барате со закон сега да се ратификуваат меморандумите. Навистина кревам раце, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Парламентот, обраќајќи му се на претседателот на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос, јави дописничката на МИА од Атина.

Одговарајќи му на претседателот на пратеничката група на СИРИЗА, Мицотакис потсети на неговиот став, тогаш како лидер на опозицијата, на расправата за ратификација Договорот од Преспа на почетокот на 2019 година, повтори дека тогаш Нова демократија рече дека не се согласува и ќе гласа против Договорот, но дека ќе мораат да го почитуваат „бидејќи претставува меѓународен меѓудржавен договор што ги надвладува грчките закони и со тоа немаме начин да го смениме“.

-Изразивме и силна резервираност за националниот пароксизам на ВМРО, како што се манифестираше во последните две години и одбравме да не ги донесеме за ратификација протоколите што, внимавајте, не произлегуваат од самиот Договор од Преспа, туку го придружуваат, бидејќи сакавме да бидеме апсолутно сигурни дека од Владата на Македонија ќе има усогласување со клучните точки од Договорот, а најклучно е прашањето со името. И целосно е оправдан овој наш став. Бидејќи доаѓа сега нова Влада, со нова претседателка и мандатар за премиер кои отворено го презираат Договорот од Преспа, нарекувајќи ја Македонија, Македонија, рече грчкиот премиер и додаде дека со ова се игнорира ерга омнес употребата на името.

Паралелно истакна дека во моменти кога грчката надворешна политика зазема потврда позиција во однос на Скопје, СИРИЗА доаѓа и бара ратификација на меморандумите.

Претходно, како што објави МИА, претседателот на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос, во неговиот говор истакна дека ратификацијата на меморандумите ќе ја унапредеше соработката, а земјата треба да го продлабочи Договорот од Преспа, бидејќи тоа им служи на националните интереси и на мирот.

Паралелно побара одговор од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дали ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес.

-Во воведниот извештај на трите меморандуми што ги доставивме, министрите на Нова Демократија во 2020 година со нивните имиња потпишуваат фраза што вели „ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес“ Прашувам, лажни се потписите или се од национален интерес, но ги замрзнувате сега? Бидејќи постојат потписи, на десетина ваши министри, истакна претседателот на пратеничката група на СИРИЗА

The post Мицотакис се пофали дека нема да ги ратификува Меморандумите за Македонија appeared first on Република.

]]>

Во овие околности кога цела Европа е наспроти Македонија, но не случајно, туку затоа што се мобилизираше и грчката дипломатија и јас лично, а постојат строги повици до Скопје да сменат став, доаѓате и барате со закон сега да се ратификуваат меморандумите. Навистина кревам раце, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Парламентот, обраќајќи му се на претседателот на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос, јави дописничката на МИА од Атина.   Одговарајќи му на претседателот на пратеничката група на СИРИЗА, Мицотакис потсети на неговиот став, тогаш како лидер на опозицијата, на расправата за ратификација Договорот од Преспа на почетокот на 2019 година, повтори дека тогаш Нова демократија рече дека не се согласува и ќе гласа против Договорот, но дека ќе мораат да го почитуваат „бидејќи претставува меѓународен меѓудржавен договор што ги надвладува грчките закони и со тоа немаме начин да го смениме“.
-Изразивме и силна резервираност за националниот пароксизам на ВМРО, како што се манифестираше во последните две години и одбравме да не ги донесеме за ратификација протоколите што, внимавајте, не произлегуваат од самиот Договор од Преспа, туку го придружуваат, бидејќи сакавме да бидеме апсолутно сигурни дека од Владата на Македонија ќе има усогласување со клучните точки од Договорот, а најклучно е прашањето со името. И целосно е оправдан овој наш став. Бидејќи доаѓа сега нова Влада, со нова претседателка и мандатар за премиер кои отворено го презираат Договорот од Преспа, нарекувајќи ја Македонија, Македонија, рече грчкиот премиер и додаде дека со ова се игнорира ерга омнес употребата на името.
Паралелно истакна дека во моменти кога грчката надворешна политика зазема потврда позиција во однос на Скопје, СИРИЗА доаѓа и бара ратификација на меморандумите. Претходно, како што објави МИА, претседателот на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос, во неговиот говор истакна дека ратификацијата на меморандумите ќе ја унапредеше соработката, а земјата треба да го продлабочи Договорот од Преспа, бидејќи тоа им служи на националните интереси и на мирот. Паралелно побара одговор од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дали ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес.
-Во воведниот извештај на трите меморандуми што ги доставивме, министрите на Нова Демократија во 2020 година со нивните имиња потпишуваат фраза што вели „ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес“ Прашувам, лажни се потписите или се од национален интерес, но ги замрзнувате сега? Бидејќи постојат потписи, на десетина ваши министри, истакна претседателот на пратеничката група на СИРИЗА

The post Мицотакис се пофали дека нема да ги ратификува Меморандумите за Македонија appeared first on Република.

]]>
Мицотакис доби брендирани патики со логото на партијата https://republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-dobi-brendirani-patiki-so-logoto-na-partijata/ Thu, 23 May 2024 09:00:07 +0000 https://republika.mk/?p=781049

– Сино – бели, во боите на Нова демократија, заедно со логото на партијата, се новите (партиски) патики што ги доби грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.Тој ги отпакува, презентира,  и ги проба патиките Нова демократија.

-Многу се добри, коментира Мицотакис додека ги пробува новите патики во неговиот кабинет во премиерската палата.

Со оглед на тоа дека во Грција пред неколку години се појавија ПАСОК патики, со сонцето што е заштитен знак на партијата, сега Мицотакис во видеото вели дека им биле „љубоморни на ПАСОК‘, но веќе и Нова демократија доби свои патики.

The post Мицотакис доби брендирани патики со логото на партијата appeared first on Република.

Додека власта на заминување спие, Грција ќе ни ги земе и македонските вина https://republika.mk/vesti/makedonija/dodeka-vlasta-na-zaminuvane-spie-grtsija-ke-ni-gi-zeme-i-makedonskite-vina/ Tue, 21 May 2024 08:41:00 +0000 https://republika.mk/?p=780345

Додека официјална Атина ја обвинува Македонија дека го крши Договорот од Преспа и обврските што произлегуваат од него грчката власт презема дејствија кои допрва треба да се договараат. Конкретно, се работи за трговските марки кои го носат предзнакот „македонски“.

Премиерот Мицотакис вчера се пофали дека се при крај со процедурата за регистрација на трговската марка „Macedonia the Great“ за грчките производи од нивниот регион Македонија. Тој дури и арогантно рече дека „не може македонско вино да е од Cеверна Македонија“.

Навистина ми е жал кога слушам врвни грчки производители на вино во нашата земја да ни кажуваат дека постојат вина што се појавуваат како македонски и некои клиенти од странство кога говорат за македонски вина да ја имаат на ум Cеверна Македонија-рече Мицотакис.

Со ова Мицотакис директно го крши Договорот од Преспа бидејќи во него стои дека двете земји треба да формираат Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, како и за комисија за троговски марки.

Овие комисии требаше во рок од три години да се договорат за употребата на трговските марки, географските ознаки, брендовите и комерцијалните имиња кои во себе го содржат терминот Македонија или придавката македонски. Досега нема информација дали овие комисии се формирале и дали донеле некаква одлука.

Што значи ако Грција ја присвои трговската марка „Македонија“

Доколку ова се случи ниту еден наш проиводител нема да може на својот производ да го стави како потекло „Македонија“ за македонско вино македонско сирење, македонско млеко, македонски ајвар. Сите тие ќе мора да бидат означени како производи од „Cеверна Македонија“.

Османи, се слушаме? Доколку не сте зафатени со лобирање за Косово, да ве потсетиме дека се уште сте министер.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-mozhe-makedonskoto-vino-da-e-od-ceverna-makedonija-tvrdi-mitsotakis-koj-ja-aktuelizirashe-trgovskata-oznaka-macedonia-the-great/

The post Додека власта на заминување спие, Грција ќе ни ги земе и македонските вина appeared first on Република.

]]>

Додека официјална Атина ја обвинува Македонија дека го крши Договорот од Преспа и обврските што произлегуваат од него грчката власт презема дејствија кои допрва треба да се договараат. Конкретно, се работи за трговските марки кои го носат предзнакот „македонски“. Премиерот Мицотакис вчера се пофали дека се при крај со процедурата за регистрација на трговската марка „Macedonia the Great“ за грчките производи од нивниот регион Македонија. Тој дури и арогантно рече дека „не може македонско вино да е од Cеверна Македонија“.
Навистина ми е жал кога слушам врвни грчки производители на вино во нашата земја да ни кажуваат дека постојат вина што се појавуваат како македонски и некои клиенти од странство кога говорат за македонски вина да ја имаат на ум Cеверна Македонија-рече Мицотакис.
Со ова Мицотакис директно го крши Договорот од Преспа бидејќи во него стои дека двете земји треба да формираат Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, како и за комисија за троговски марки. Овие комисии требаше во рок од три години да се договорат за употребата на трговските марки, географските ознаки, брендовите и комерцијалните имиња кои во себе го содржат терминот Македонија или придавката македонски. Досега нема информација дали овие комисии се формирале и дали донеле некаква одлука.

Што значи ако Грција ја присвои трговската марка „Македонија“

Доколку ова се случи ниту еден наш проиводител нема да може на својот производ да го стави како потекло „Македонија“ за македонско вино македонско сирење, македонско млеко, македонски ајвар. Сите тие ќе мора да бидат означени како производи од „Cеверна Македонија“. Османи, се слушаме? Доколку не сте зафатени со лобирање за Косово, да ве потсетиме дека се уште сте министер.   https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-mozhe-makedonskoto-vino-da-e-od-ceverna-makedonija-tvrdi-mitsotakis-koj-ja-aktuelizirashe-trgovskata-oznaka-macedonia-the-great/      

The post Додека власта на заминување спие, Грција ќе ни ги земе и македонските вина appeared first on Република.

]]>
Нова закана од Мицкотакис: Грција нема да ги ратификува меморандумите, а Македонија мора да го почитува Договорот од Преспа https://republika.mk/vesti/balkan/nova-zakana-od-mitskotakis-grtsija-nema-da-gi-ratifikuva-memorandumite-a-makedonija-mora-da-go-pochituva-dogovorot-od-prespa/ Fri, 17 May 2024 11:51:32 +0000 https://republika.mk/?p=779179

Патот до Европа ќе остане затворен, а меморандумите нема да се ратификуваат во Парламентот, доколку од другата страна нема целосно почитување на Договорот од Преспа, порача денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Говорејќи пред граѓаните во грчкиот град Верија во северниот дел на Грција, Мицотакис се осврна и на односите со нашата земја, повторувајќи го ставот на Нова демократија за Договорот од Преспа и уште еднаш посочувајќи дека усогласувањето е неопходен услов како за европската перспектива, така и за ратификација на меморандумите за соработка.

- Би сакал од овде, од срцето на Македонија да сум целосно јасен. Нова демократија не го гласаше Договорот од Преспа и изразивме сериозни приговори кога се ратификуваше во грчкиот Парламент. Но, рековме со апсолутна искреност, никогаш не ве измамив, дека штом се изгласа овој Договор, практично не може да се смени и ќе бидеме принудени, и покрај проблемите што ги има, да го почитуваме. И ова го сторивме. Ако некои веруваат дека може од нивна страна да не го почитуваат Договорот, да знаат две работи: прво нивниот пат кон Европа ќе остане затворен и второ, меморандумите што треба да ги ратификуваме, нема да се ратификуваат, сè додека нема апсолутното усогласување. Апсолутно усогласување од новата Влада согласно она што го предвидува Договорот, рече Мицотакис

The post Нова закана од Мицкотакис: Грција нема да ги ратификува меморандумите, а Македонија мора да го почитува Договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>

Патот до Европа ќе остане затворен, а меморандумите нема да се ратификуваат во Парламентот, доколку од другата страна нема целосно почитување на Договорот од Преспа, порача денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Говорејќи пред граѓаните во грчкиот град Верија во северниот дел на Грција, Мицотакис се осврна и на односите со нашата земја, повторувајќи го ставот на Нова демократија за Договорот од Преспа и уште еднаш посочувајќи дека усогласувањето е неопходен услов како за европската перспектива, така и за ратификација на меморандумите за соработка.
- Би сакал од овде, од срцето на Македонија да сум целосно јасен. Нова демократија не го гласаше Договорот од Преспа и изразивме сериозни приговори кога се ратификуваше во грчкиот Парламент. Но, рековме со апсолутна искреност, никогаш не ве измамив, дека штом се изгласа овој Договор, практично не може да се смени и ќе бидеме принудени, и покрај проблемите што ги има, да го почитуваме. И ова го сторивме. Ако некои веруваат дека може од нивна страна да не го почитуваат Договорот, да знаат две работи: прво нивниот пат кон Европа ќе остане затворен и второ, меморандумите што треба да ги ратификуваме, нема да се ратификуваат, сè додека нема апсолутното усогласување. Апсолутно усогласување од новата Влада согласно она што го предвидува Договорот, рече Мицотакис

The post Нова закана од Мицкотакис: Грција нема да ги ратификува меморандумите, а Македонија мора да го почитува Договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>
За Мицотакис свечената изјава на новата претседателка на Македонија била провокација https://republika.mk/vesti/balkan/za-mitsotakis-svechenata-izjava-na-novata-pretsedatelka-na-makedonija-bila-provokatsija/ Mon, 13 May 2024 06:51:27 +0000 https://republika.mk/?p=777430

Нелегална, недозволива и провокативна, ја карактеризира грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одлуката на Гордана Сиљановска Давкова да го користи името Македонија за време на нејзината инаугурација и паралелно ја повика новата претседателка „да се врати на законските должности и на однесувањата кои произлегуваат од нејзината улога“, но и порача дека „секој чекор на Скопје кон Европа“, меѓу другото, зависи и од употребата на уставното име, јави дописничката на МИА од Атина.

Во опширниот пост на Фејсбук објавен рано утрово, Мицотакис потсетува на позициите на Нова демократија додека беше опозиција, истакнува дека Грција не прифаќа вакви пропусти и посочи дека името, избегнувањето провокации и почитувањето на Договорот од Преспа се клучни и за напредокот на билатералните односи и за ЕУ перспективата на земјата.

-Провокативниот избор на новата претседателка на Македонија да го прекрши официјалниот текст на заклетвата и да ја нарече земјата со различно име претставува нелегална и недозволива иницијатива. Чин кој го прекршува Договорот од Преспа и самиот устав на нејзината држава. Но и поткопување на иднината на државата, како што веќе изјавија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, напиша грчкиот премиер.

Додаде дека Нова демократија како опозиција и гласаше против Договорот од Преспа и предупреди за проблемите што се создаваат, но посочи дека сега, како Влада, го почитуваат „грчкиот потпис на меѓународен договор, обврзувачки за земјата“.

-Грција ги отфрла начините на управување како овие со кои госпоѓа Силјановска го започнува својот мандат. Ја повикува да се врати на нејзините законски должности и на однесувањата кои произлегуваат од нејзината улога. Категорично изјавуваме дека нема да прифатиме вакви неприфатливи грешки. И повторуваме дека секој напредок во билатералните односи, како и секој чекор на Скопје кон Европа, зависат од искреното почитување на договореното. Од правилната употреба на уставното име на соседната држава. И, секако, од избегнувањето провокации, напиша Мицотакис на Фејсбук

The post За Мицотакис свечената изјава на новата претседателка на Македонија била провокација appeared first on Република.

]]>

Нелегална, недозволива и провокативна, ја карактеризира грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одлуката на Гордана Сиљановска Давкова да го користи името Македонија за време на нејзината инаугурација и паралелно ја повика новата претседателка „да се врати на законските должности и на однесувањата кои произлегуваат од нејзината улога“, но и порача дека „секој чекор на Скопје кон Европа“, меѓу другото, зависи и од употребата на уставното име, јави дописничката на МИА од Атина. Во опширниот пост на Фејсбук објавен рано утрово, Мицотакис потсетува на позициите на Нова демократија додека беше опозиција, истакнува дека Грција не прифаќа вакви пропусти и посочи дека името, избегнувањето провокации и почитувањето на Договорот од Преспа се клучни и за напредокот на билатералните односи и за ЕУ перспективата на земјата.
-Провокативниот избор на новата претседателка на Македонија да го прекрши официјалниот текст на заклетвата и да ја нарече земјата со различно име претставува нелегална и недозволива иницијатива. Чин кој го прекршува Договорот од Преспа и самиот устав на нејзината држава. Но и поткопување на иднината на државата, како што веќе изјавија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, напиша грчкиот премиер.
Додаде дека Нова демократија како опозиција и гласаше против Договорот од Преспа и предупреди за проблемите што се создаваат, но посочи дека сега, како Влада, го почитуваат „грчкиот потпис на меѓународен договор, обврзувачки за земјата“. -Грција ги отфрла начините на управување како овие со кои госпоѓа Силјановска го започнува својот мандат. Ја повикува да се врати на нејзините законски должности и на однесувањата кои произлегуваат од нејзината улога. Категорично изјавуваме дека нема да прифатиме вакви неприфатливи грешки. И повторуваме дека секој напредок во билатералните односи, како и секој чекор на Скопје кон Европа, зависат од искреното почитување на договореното. Од правилната употреба на уставното име на соседната држава. И, секако, од избегнувањето провокации, напиша Мицотакис на Фејсбук

The post За Мицотакис свечената изјава на новата претседателка на Македонија била провокација appeared first on Република.

]]>
Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток https://republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-da-napravime-se-shto-e-vo-nashi-ratse-za-smiruvane-na-krizata-na-bliskiot-istok/ Thu, 18 Apr 2024 08:16:55 +0000 https://republika.mk/?p=767423

За случувањата на Блискиот Исток, недвосмислената осуда на нападот врз Израел од Иран ќе биде придружена со повик од сите членки на Европскиот совет да направиме сè што е во наши раце за да се смири оваа криза, да не се прошири и да не добие карактеристики на регионален конфликт, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис при пристигнувањето на вонредниот Самит на ЕУ во Брисел, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис изрази задоволство што на Самитот ќе се разговара и за ситуацијата во Либан, „која директно влијае и на Кипар, бидејќи има значителни бегалски бранови од Либан кон Кипар“.

Ги поддржуваме напорите на Република Кипар за да се запрат овие бранови, но во исто време да можеме и на Либан да му ја обезбедиме поддршката што му е толку потребна, за оваа земја, која многу има поминато, да може конечно да се стабилизира, порача Мицотакис.

Дополнително, рече дека ќе стане збор и за односите меѓу Европската унија и Турција и изрази задоволство за донесените заклучоци, „кои го препознаваат фактот дека односите меѓу ЕУ и Турција можат да напредуваат, но секогаш во рамките на одлуките на Европскиот совет кои се донесени во последните години“, но и задоволство што „напредокот на евро-турските односи се поврзува со напредокот што може да се постигне за кипарското прашање“.

The post Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток appeared first on Република.

]]>

За случувањата на Блискиот Исток, недвосмислената осуда на нападот врз Израел од Иран ќе биде придружена со повик од сите членки на Европскиот совет да направиме сè што е во наши раце за да се смири оваа криза, да не се прошири и да не добие карактеристики на регионален конфликт, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис при пристигнувањето на вонредниот Самит на ЕУ во Брисел, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис изрази задоволство што на Самитот ќе се разговара и за ситуацијата во Либан, „која директно влијае и на Кипар, бидејќи има значителни бегалски бранови од Либан кон Кипар“. Ги поддржуваме напорите на Република Кипар за да се запрат овие бранови, но во исто време да можеме и на Либан да му ја обезбедиме поддршката што му е толку потребна, за оваа земја, која многу има поминато, да може конечно да се стабилизира, порача Мицотакис. Дополнително, рече дека ќе стане збор и за односите меѓу Европската унија и Турција и изрази задоволство за донесените заклучоци, „кои го препознаваат фактот дека односите меѓу ЕУ и Турција можат да напредуваат, но секогаш во рамките на одлуките на Европскиот совет кои се донесени во последните години“, но и задоволство што „напредокот на евро-турските односи се поврзува со напредокот што може да се постигне за кипарското прашање“.

The post Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток appeared first on Република.

]]>
Мицотакис до земјоделците: Отворени сме за дијалог, но да останат отворени патиштата https://republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-do-zemjodeltsite-otvoreni-sme-za-dijalog-no-da-ostanat-otvoreni-patishta/ Wed, 07 Feb 2024 12:40:36 +0000 https://republika.mk/?p=741457

Секогаш сме отворени за дијалог, но, да повторам: отворен дијалог со отворени патишта. Никој не може да го уценува општеството, колку и да е фер неговото барање и да го наруши општествениот и економскиот живот на земјата, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во однос на протестите на земјоделците и нивните барања до Владата, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи пред жителите на атинска населба за време на неговата денешна посета, Мицотакис им се обрати на земјоделците, ги повика на дијалог и ги потсети на досега воведените владини мерки.

-На моите пријатели земјоделци, кои се денес на улица, им велам дека ние сме тие што ги намаливме даноците за земјоделците, ние сме тие кои преговаравме за заедничка земјоделска политика која, да, има тешкотии и еве повторно разговараме како можеме да ја подобриме, ние сме тие кои се боревме против нелегалната грцизација на производите, кои дадовме повеќе од една милијарда евра – обрнете внимание, една милијарда евра, во четиригодишниот мандат за обесштетување од елементарни непогоди, порача Мицотакис.

Грчките земјоделци, на вчерашниот состанок одлучија засилување на активностите со симболични блокади на патиштата, автопатите и граничните премини и бараат средба со премиерот Кирјакос Мицотакис.

The post Мицотакис до земјоделците: Отворени сме за дијалог, но да останат отворени патиштата appeared first on Република.

]]>

Секогаш сме отворени за дијалог, но, да повторам: отворен дијалог со отворени патишта. Никој не може да го уценува општеството, колку и да е фер неговото барање и да го наруши општествениот и економскиот живот на земјата, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во однос на протестите на земјоделците и нивните барања до Владата, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи пред жителите на атинска населба за време на неговата денешна посета, Мицотакис им се обрати на земјоделците, ги повика на дијалог и ги потсети на досега воведените владини мерки. -На моите пријатели земјоделци, кои се денес на улица, им велам дека ние сме тие што ги намаливме даноците за земјоделците, ние сме тие кои преговаравме за заедничка земјоделска политика која, да, има тешкотии и еве повторно разговараме како можеме да ја подобриме, ние сме тие кои се боревме против нелегалната грцизација на производите, кои дадовме повеќе од една милијарда евра – обрнете внимание, една милијарда евра, во четиригодишниот мандат за обесштетување од елементарни непогоди, порача Мицотакис. Грчките земјоделци, на вчерашниот состанок одлучија засилување на активностите со симболични блокади на патиштата, автопатите и граничните премини и бараат средба со премиерот Кирјакос Мицотакис.

The post Мицотакис до земјоделците: Отворени сме за дијалог, но да останат отворени патиштата appeared first on Република.

]]>
Мицотакис: Предлог-законот за истополови бракови нема да вклучува сурогат мајчинство https://republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-predlog-zakonot-za-istopolovi-brakovi-nema-da-vkluchuva-surogat-majchinstvo/ Thu, 11 Jan 2024 06:36:49 +0000 https://republika.mk/?p=731755

Законот што ќе го донесеме е еднаквост во бракот, односно, елиминирање на секаква дискриминација врз основа на сексуална ориентација во однос на стапувањето во брачна заедница, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за државната телевизија ЕРТ, со што, како што и беше најавено, јавно ја отвори дискусијата за истополовите бракови, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис објасни дека законот ќе се однесува на граѓански брак, а не на верски, но и посочи дека нема да биде дозволено сурогат мајчинството.

-Она што воопшто нема да го допреме е статусот на асистирана репродукција. Овој концепт, односно жените по потреба да се претвораат во машини за правење бебиња, како што рече лидерот на опозицијата, „Сакам момче и не ми е гајле кој ќе го роди“, тоа нема да се случи, рече Мицотакис.

Сепак истакна дека децата кои живеат и растат во истополова заедница, потребно е да имаат еднакви права, во случај еден од родителите да почине, за детето да не мора да биде згрижено во дом или институција.

Посочи дека тој лично сака дискусијата за конкретното прашање да созрее во општеството, па потоа законот да го донесе на седница на Влада.

Со оглед на тоа дека постојат пратеници од Нова демократија кои се против законот, Мицотакис објасни дека нема да им наметне „партиска дисциплина“ и секој ќе гласа слободно

The post Мицотакис: Предлог-законот за истополови бракови нема да вклучува сурогат мајчинство appeared first on Република.

]]>

Законот што ќе го донесеме е еднаквост во бракот, односно, елиминирање на секаква дискриминација врз основа на сексуална ориентација во однос на стапувањето во брачна заедница, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за државната телевизија ЕРТ, со што, како што и беше најавено, јавно ја отвори дискусијата за истополовите бракови, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис објасни дека законот ќе се однесува на граѓански брак, а не на верски, но и посочи дека нема да биде дозволено сурогат мајчинството.
-Она што воопшто нема да го допреме е статусот на асистирана репродукција. Овој концепт, односно жените по потреба да се претвораат во машини за правење бебиња, како што рече лидерот на опозицијата, „Сакам момче и не ми е гајле кој ќе го роди“, тоа нема да се случи, рече Мицотакис.
Сепак истакна дека децата кои живеат и растат во истополова заедница, потребно е да имаат еднакви права, во случај еден од родителите да почине, за детето да не мора да биде згрижено во дом или институција. Посочи дека тој лично сака дискусијата за конкретното прашање да созрее во општеството, па потоа законот да го донесе на седница на Влада. Со оглед на тоа дека постојат пратеници од Нова демократија кои се против законот, Мицотакис објасни дека нема да им наметне „партиска дисциплина“ и секој ќе гласа слободно

The post Мицотакис: Предлог-законот за истополови бракови нема да вклучува сурогат мајчинство appeared first on Република.

]]>
Мицотакис: Ердоган е на погрешна страна од историјата бидејќи одбива да ја осуди Хамас како терористичка организација https://republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-erdogan-e-na-pogreshna-strana-od-istorijata-bidejki-odbiva-da-ja-osudi-hamas-kako-teroristichka-organizatsija/ Tue, 31 Oct 2023 08:26:58 +0000 https://republika.mk/?p=696546

Мислам дека претседателот Ердоган, некако како да е на погрешната страна на историјата кога одбива да ја осуди Хамас и вели дека е движење за либерализација, рече премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на конференцијата на „Економист“, но сепак истакна дека ќе направи сѐ што може за да се задржи позитивниот моментум во грчко- турските односи, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис, говорејќи за ситуацијата на Блискиот Исток уште еднаш повтори дека Израел има право на самоодбрана согласно меѓународното и хуманитарното право, истакна дека Хамас е терористичка организација, не го претставува палестинскиот народ, но и дека „не постои решение за кризата без стратешки пораз на Хамас“.

-Според мене единствено решение може да биде заживување на дијалогот за две држави. Со други зборови, правото на Палестинците да имаат своја држава, без да се загрозува правото на Израел да има своја држава“, појасни грчкиот премиер.

Во однос на ставот на Грција за резолуцијата на ОН, објасни дека се усогласиле со мнозинството европски земји, посочувајќи дека се обиделе да ја изменат, но не успеале да ги изгласаат нивните позиции и затоа гласале воздржано.

Ја потенцираше и важноста на хуманитарната помош и се осврна на разговорите за отворање на морски хуманитарен коридор, а истакна и дека е потребно да се гарантира дека арапските земји кои можат да играат улога во регионот нема да се дестабилизираат.

The post Мицотакис: Ердоган е на погрешна страна од историјата бидејќи одбива да ја осуди Хамас како терористичка организација appeared first on Република.

]]>

Мислам дека претседателот Ердоган, некако како да е на погрешната страна на историјата кога одбива да ја осуди Хамас и вели дека е движење за либерализација, рече премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на конференцијата на „Економист“, но сепак истакна дека ќе направи сѐ што може за да се задржи позитивниот моментум во грчко- турските односи, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис, говорејќи за ситуацијата на Блискиот Исток уште еднаш повтори дека Израел има право на самоодбрана согласно меѓународното и хуманитарното право, истакна дека Хамас е терористичка организација, не го претставува палестинскиот народ, но и дека „не постои решение за кризата без стратешки пораз на Хамас“. -Според мене единствено решение може да биде заживување на дијалогот за две држави. Со други зборови, правото на Палестинците да имаат своја држава, без да се загрозува правото на Израел да има своја држава“, појасни грчкиот премиер. Во однос на ставот на Грција за резолуцијата на ОН, објасни дека се усогласиле со мнозинството европски земји, посочувајќи дека се обиделе да ја изменат, но не успеале да ги изгласаат нивните позиции и затоа гласале воздржано. Ја потенцираше и важноста на хуманитарната помош и се осврна на разговорите за отворање на морски хуманитарен коридор, а истакна и дека е потребно да се гарантира дека арапските земји кои можат да играат улога во регионот нема да се дестабилизираат.

The post Мицотакис: Ердоган е на погрешна страна од историјата бидејќи одбива да ја осуди Хамас како терористичка организација appeared first on Република.

]]>
Мицотакис: Императив е да не се прошири конфликтот, но и да се зајакне внатрешната безбедност на ЕУ https://republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-imperativ-e-da-ne-se-proshiri-konfliktot-no-i-da-se-zajakne-vnatreshnata-bezbednost-na-eu/ Wed, 18 Oct 2023 12:01:47 +0000 https://republika.mk/?p=692505

На ситуацијата во Израел и Појасот Газа се осврна грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница истакнувајќи ја важноста да се избегне ескалација и проширување на конфилктот, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис изрази „болка и згрозеност за нападот на болницата во Газа“ , но и „потреба да се истражи што точно се случило“, а паралелно ја повтори грчката позиција што ја истакнал и на вчерашниот вонреден Европски совет дека Грција го признава правото на Израел на самоодбрана, „но секогаш со почитување на меѓународното право и со главна грижа заштитата на цивилното население во Газа и обезбедувањето хуманитарна помош“.

Императив е, а Грција како земја од источниот Медитеран тоа го знае подобро од кој било друг, да не се прошири конфликтот и да се избегне било каква понатамошна ескалација што ја загрозува регионалната безбедност и стабилност. Исто така, императив е, во овие околности, да ја зајакнеме внатрешната безбедност на Европската Унија. Очигледно Грција, како надворешна граница на нашето европско семејство, има дополнителна обврска да инсистира на строгата, но правична политика на чување на нашите надворешни граници, нешто што ќе го правиме без компромиси и без отстапки - истакна Мицотакис.

Дополнително, се осврна и на неговото планирано патување во Израел кое беше откажано, велејќи дека ќе отпатува во регионот „што е можно поскоро, кога тоа ќе дозволат безбедносните услови“, но и дека Грција „има глас“ на Блискиот Исток

The post Мицотакис: Императив е да не се прошири конфликтот, но и да се зајакне внатрешната безбедност на ЕУ appeared first on Република.

]]>

На ситуацијата во Израел и Појасот Газа се осврна грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница истакнувајќи ја важноста да се избегне ескалација и проширување на конфилктот, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис изрази „болка и згрозеност за нападот на болницата во Газа“ , но и „потреба да се истражи што точно се случило“, а паралелно ја повтори грчката позиција што ја истакнал и на вчерашниот вонреден Европски совет дека Грција го признава правото на Израел на самоодбрана, „но секогаш со почитување на меѓународното право и со главна грижа заштитата на цивилното население во Газа и обезбедувањето хуманитарна помош“.
Императив е, а Грција како земја од источниот Медитеран тоа го знае подобро од кој било друг, да не се прошири конфликтот и да се избегне било каква понатамошна ескалација што ја загрозува регионалната безбедност и стабилност. Исто така, императив е, во овие околности, да ја зајакнеме внатрешната безбедност на Европската Унија. Очигледно Грција, како надворешна граница на нашето европско семејство, има дополнителна обврска да инсистира на строгата, но правична политика на чување на нашите надворешни граници, нешто што ќе го правиме без компромиси и без отстапки - истакна Мицотакис.
Дополнително, се осврна и на неговото планирано патување во Израел кое беше откажано, велејќи дека ќе отпатува во регионот „што е можно поскоро, кога тоа ќе дозволат безбедносните услови“, но и дека Грција „има глас“ на Блискиот Исток

The post Мицотакис: Императив е да не се прошири конфликтот, но и да се зајакне внатрешната безбедност на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Мицотакис: Нема да дозволам Грција да отиде во банкрот https://republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-nema-da-dozvolam-grtsija-da-otide-vo-bankrot/ Sat, 16 Sep 2023 20:21:31 +0000 https://republika.mk/?p=682511

Сѐ што беше загубено во поплавите, одново ќе го изградиме заедно, државата и граѓаните, ќе направиме сѐ за оваа нерамноправна битка со климатската криза да не биде загубена битка, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис говорејќи на Меѓународниот саем во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Почетокот на говорот, Мицотакис го посвети на „најголемиот шумски пожар и најголемите поплави во историјата на земјата“ и истакна дека сѐ што одново ќе се изгради, ќе се изгради „подобро без грешките од минатото“ со европски и национални средства.

Порача дека главен приоритет е помошта за граѓаните погодени од поплавените, што побргу да си ги вратат домови, како и помошта за бизнисите, но и дека е потребно преструктуирање на патишта, железница и сл, а паралелно најави формирање Организација за управување со водите во Тесалија.

Истакна дека е време да започне во Грција јавен дијалог за задолжително осигурување на сите домови и недвижнини од природни катастрофи.

Мицотакис посочи дека во изминатите години требаше да се справи со повеќе кризи, но, како што рече, никогаш не се скри и никогаш не отстапи пред пречките, додавајќи дека истото ќе го стори и сега.

Во едночасовниот говор под слоганот „Големи промени. Сега“, што воедно беше и прв говор како премиер во вториот мандат, се задржа и на модернизацијата на државата, на реформите во повеќе области, во судството, здравството, безбедноста на граѓаните, како и на подобрување на секојдневието на Грците.

Најави одмрзнување, од јануари 2024, на додатоците за стаж суспендирани во 2012 година, ново зголемување на минималната плата од април следната година, соопшти намалување на личното обезбедување на министрите, но и на неговото, со што ќе бидат ослободени 2.500 полицајци, најави промени во судството, реформи во здравството итн.

Порача дека никогаш нема да ја стави во опасност фискалната стабилност на земјата и нема да дозволи државата да дојде до степен на банкрот

The post Мицотакис: Нема да дозволам Грција да отиде во банкрот appeared first on Република.

]]>

Сѐ што беше загубено во поплавите, одново ќе го изградиме заедно, државата и граѓаните, ќе направиме сѐ за оваа нерамноправна битка со климатската криза да не биде загубена битка, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис говорејќи на Меѓународниот саем во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Почетокот на говорот, Мицотакис го посвети на „најголемиот шумски пожар и најголемите поплави во историјата на земјата“ и истакна дека сѐ што одново ќе се изгради, ќе се изгради „подобро без грешките од минатото“ со европски и национални средства. Порача дека главен приоритет е помошта за граѓаните погодени од поплавените, што побргу да си ги вратат домови, како и помошта за бизнисите, но и дека е потребно преструктуирање на патишта, железница и сл, а паралелно најави формирање Организација за управување со водите во Тесалија. Истакна дека е време да започне во Грција јавен дијалог за задолжително осигурување на сите домови и недвижнини од природни катастрофи. Мицотакис посочи дека во изминатите години требаше да се справи со повеќе кризи, но, како што рече, никогаш не се скри и никогаш не отстапи пред пречките, додавајќи дека истото ќе го стори и сега. Во едночасовниот говор под слоганот „Големи промени. Сега“, што воедно беше и прв говор како премиер во вториот мандат, се задржа и на модернизацијата на државата, на реформите во повеќе области, во судството, здравството, безбедноста на граѓаните, како и на подобрување на секојдневието на Грците. Најави одмрзнување, од јануари 2024, на додатоците за стаж суспендирани во 2012 година, ново зголемување на минималната плата од април следната година, соопшти намалување на личното обезбедување на министрите, но и на неговото, со што ќе бидат ослободени 2.500 полицајци, најави промени во судството, реформи во здравството итн. Порача дека никогаш нема да ја стави во опасност фискалната стабилност на земјата и нема да дозволи државата да дојде до степен на банкрот

The post Мицотакис: Нема да дозволам Грција да отиде во банкрот appeared first on Република.

]]>