Кипар Archives - Република https://republika.mk/tema/kipar/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Nov 2024 08:39:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кипар Archives - Република https://republika.mk/tema/kipar/ 32 32 Кипар со 50 милиони евра ќе се справува со демографскиот проблем https://republika.mk/vesti/svet/kipar-so-50-milioni-evra-ke-se-spravuva-so-demografskiot-problem/ Tue, 05 Nov 2024 08:39:37 +0000 https://republika.mk/?p=834244

Зголемување на породилниот додаток; месечна финансиска поддршка од 200 евра во траење од две години за мајките кои своето прво дете ќе го добијат пред 30-годишна возраст; поповолни услови за корисниците на додатокот за родителско отсуство; пилотско воведување на проширено попладневно работно време на градинките до 19:30 часот, се дел од мерките за справување со демографското прашање што ги соопшти кипарскиот претседател Никос Христодулидис, јави дописничката на МИА од Атина.

Во неговата телевизиска порака до граѓаните Христодулидис нагласи дека станува збор за втор пакет-мерки што е во висина од 50 милиони евра.

Рече демографската состојба во земјата е алармантна, објаснувајќи дека „во изминатите 20 години, просечната стапка на раѓање по жена е намалена, просечната возраст на мајките кои раѓаат прво дете е зголемена, а зголемен е и просечниот животен век“.

Како Влада, демографското закрепнување на нашата земја го поставуваме како највисок национален приоритет и во оваа насока усвоивме севкупна политичка рамка со конкретни демографски цели. Во исто време, имплементацијата на севкупната демографска политика има за цел поддршка на родителите, зајакнување на младите за навремена интеграција на пазарот на трудот и зајакнување на постарите за да останат активни на пазарот на трудот. Политичката рамка за демографско закрепнување се состои од три пакет-мерки со финансиски трошоци што надминуваат 100 милиони евра, рече Христодулидис.

Посочи дека првиот пакет веќе се имплементира, односно зголемено е времетраењето на породилното отсуство за првото дете од 18 на 22 седмици, одобрен е планот за субвенционирање на станови за млади парови до 41 година, зголемен е детскиот додаток итн.

Дополнително, истакна дека третиот пакет-мерки за демографскиот проблем „ќе биде поврзан со големите реформи на даночниот и пензискиот систем, како и со проширувањето на иницијативата за целодневно настава во сите основни училишта“.

The post Кипар со 50 милиони евра ќе се справува со демографскиот проблем appeared first on Република.

]]>

Зголемување на породилниот додаток; месечна финансиска поддршка од 200 евра во траење од две години за мајките кои своето прво дете ќе го добијат пред 30-годишна возраст; поповолни услови за корисниците на додатокот за родителско отсуство; пилотско воведување на проширено попладневно работно време на градинките до 19:30 часот, се дел од мерките за справување со демографското прашање што ги соопшти кипарскиот претседател Никос Христодулидис, јави дописничката на МИА од Атина. Во неговата телевизиска порака до граѓаните Христодулидис нагласи дека станува збор за втор пакет-мерки што е во висина од 50 милиони евра. Рече демографската состојба во земјата е алармантна, објаснувајќи дека „во изминатите 20 години, просечната стапка на раѓање по жена е намалена, просечната возраст на мајките кои раѓаат прво дете е зголемена, а зголемен е и просечниот животен век“. Како Влада, демографското закрепнување на нашата земја го поставуваме како највисок национален приоритет и во оваа насока усвоивме севкупна политичка рамка со конкретни демографски цели. Во исто време, имплементацијата на севкупната демографска политика има за цел поддршка на родителите, зајакнување на младите за навремена интеграција на пазарот на трудот и зајакнување на постарите за да останат активни на пазарот на трудот. Политичката рамка за демографско закрепнување се состои од три пакет-мерки со финансиски трошоци што надминуваат 100 милиони евра, рече Христодулидис. Посочи дека првиот пакет веќе се имплементира, односно зголемено е времетраењето на породилното отсуство за првото дете од 18 на 22 седмици, одобрен е планот за субвенционирање на станови за млади парови до 41 година, зголемен е детскиот додаток итн. Дополнително, истакна дека третиот пакет-мерки за демографскиот проблем „ќе биде поврзан со големите реформи на даночниот и пензискиот систем, како и со проширувањето на иницијативата за целодневно настава во сите основни училишта“.

The post Кипар со 50 милиони евра ќе се справува со демографскиот проблем appeared first on Република.

]]>
Кипар за првпат стана член на Советот за човекови права на ОН https://republika.mk/vesti/svet/kipar-za-prvpat-stana-chlen-na-sovetot-za-chovekovi-prava-na-on/ Thu, 10 Oct 2024 07:54:33 +0000 https://republika.mk/?p=824995

Кипарскиот претседател Никос Христодулидис, како и шефот на кипарската дипломатија Константинос Комбос изразија задоволство од изборот на Република Кипар за членка на Советот за човекови права на ОН за периодот 2025-2027 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Кипар, исто како и Македонија за првпат станаа членки на конкретниот совет, заедно со уште 16 земји по гласањето во Обединетите нации.

Изборот на Кипар, за прв пат, во Советот за човекови права на ОН за 2025-2027 е одличен резултат за нашата земја! Тоа ја покажува почитта и довербата што постои за нашиот Кипар да учествува во важните организации на системот на ОН, напиша Христодулидис на платформата „Х“ и им се заблагодари на земјите членки кои ја поддржаа кипарската кандидатура.

Од Министерството за надворешни работи на Кипар соопштија дека добиле 167 гласа „за“ од 189 земји-членки кои учествувале во гласањето.

Шефот на дипломатијата Константинос Комбос за кипарската новинска агенција ЦНА рече дека е важен успех за земјата.

Уште поважен е фактот што успеавме да бидеме избрани втори во географската група во која учествуваме со голем број гласови, што е особено важно. Собравме 167 гласови од 189 земји-членки кои учествуваа во гласањето. Ова е уште еден доказ дека се проширува нашиот дипломатски хоризонт и нашата цел е државата да биде активна како членка на меѓународната заедница, рече Комбос.

За нови членки на Советот, освен Кипар и Македонија беа избрани и Бенин, Боливија, Колумбија, Чешка, Демократска Република Конго, Етиопија, Гамбија, Исланд, Кенија, Маршалските Острови, Мексико, Катар, Република Кореја, Шпанија, Швајцарија и Тајланд.

The post Кипар за првпат стана член на Советот за човекови права на ОН appeared first on Република.

]]>

Кипарскиот претседател Никос Христодулидис, како и шефот на кипарската дипломатија Константинос Комбос изразија задоволство од изборот на Република Кипар за членка на Советот за човекови права на ОН за периодот 2025-2027 година, јави дописничката на МИА од Атина. Кипар, исто како и Македонија за првпат станаа членки на конкретниот совет, заедно со уште 16 земји по гласањето во Обединетите нации. Изборот на Кипар, за прв пат, во Советот за човекови права на ОН за 2025-2027 е одличен резултат за нашата земја! Тоа ја покажува почитта и довербата што постои за нашиот Кипар да учествува во важните организации на системот на ОН, напиша Христодулидис на платформата „Х“ и им се заблагодари на земјите членки кои ја поддржаа кипарската кандидатура. Од Министерството за надворешни работи на Кипар соопштија дека добиле 167 гласа „за“ од 189 земји-членки кои учествувале во гласањето. Шефот на дипломатијата Константинос Комбос за кипарската новинска агенција ЦНА рече дека е важен успех за земјата. Уште поважен е фактот што успеавме да бидеме избрани втори во географската група во која учествуваме со голем број гласови, што е особено важно. Собравме 167 гласови од 189 земји-членки кои учествуваа во гласањето. Ова е уште еден доказ дека се проширува нашиот дипломатски хоризонт и нашата цел е државата да биде активна како членка на меѓународната заедница, рече Комбос. За нови членки на Советот, освен Кипар и Македонија беа избрани и Бенин, Боливија, Колумбија, Чешка, Демократска Република Конго, Етиопија, Гамбија, Исланд, Кенија, Маршалските Острови, Мексико, Катар, Република Кореја, Шпанија, Швајцарија и Тајланд.

The post Кипар за првпат стана член на Советот за човекови права на ОН appeared first on Република.

]]>
Кипар одлучи електрично да се поврзе со Грција преку морски конектор https://republika.mk/vesti/balkan/kipar-odluchi-elektrichno-da-se-povrze-so-grtsija-preku-morski-konektor/ Tue, 17 Sep 2024 16:26:18 +0000 https://republika.mk/?p=817183

Владата на Кипар на владина седница донела одлука за електричното поврзување со Грција преку проектот „Great Sea interconnector“, објави кипарската новинска агенција ЦНА, повикувајќи се на свои извори, јави дописничката на МИА од Атина.

Официјалните детали за одлуката попладнево ќе ги соопшти надлежниот министер за енергетика, трговија и индустрија Јоргос Папанастасиу.

Кипарското издание на весникот „Катимерини“ пишува дека најверојатно „Владата го одобрила договорот постигнат на министерско ниво за геополитичкиот ризик меѓу Кипар и Грција (50:50 отсто) како и наплата на трошоците на проектот во износ од 25 милиони евра за пет години од Фондот за загадување“, додека пак според истите информации „останува непознато дали одлуката вклучува учество на Кипар во акциите за кабелот“.

Во изминатиот период беа интензивирани дискусиите и консултациите меѓу Кипар и Грција за електричното поврзување, а кипарскиот претседател Никос Христодулидис минатата седмица рече дека „постои напредок во разговорите“.

За четврток е закажана посета на Христодулидис на Грција и средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а доколку се потврдат информациите во кипарските медиуми дека е постигнат договор, тоа ќе значи дека во Атина ќе допатува со позитивна одлука.

Проектот „Great Sea interconnector“ во висина од околу два милијарди евра предвидува поврзување на Кипар со Европа преку Грција, а електричниот кабел во иднина да се прошири до Израел со што ќе биде најдолгиот подморски кабел во светот во вкупна должина 1.208 километри.

The post Кипар одлучи електрично да се поврзе со Грција преку морски конектор appeared first on Република.

]]>

Владата на Кипар на владина седница донела одлука за електричното поврзување со Грција преку проектот „Great Sea interconnector“, објави кипарската новинска агенција ЦНА, повикувајќи се на свои извори, јави дописничката на МИА од Атина. Официјалните детали за одлуката попладнево ќе ги соопшти надлежниот министер за енергетика, трговија и индустрија Јоргос Папанастасиу. Кипарското издание на весникот „Катимерини“ пишува дека најверојатно „Владата го одобрила договорот постигнат на министерско ниво за геополитичкиот ризик меѓу Кипар и Грција (50:50 отсто) како и наплата на трошоците на проектот во износ од 25 милиони евра за пет години од Фондот за загадување“, додека пак според истите информации „останува непознато дали одлуката вклучува учество на Кипар во акциите за кабелот“. Во изминатиот период беа интензивирани дискусиите и консултациите меѓу Кипар и Грција за електричното поврзување, а кипарскиот претседател Никос Христодулидис минатата седмица рече дека „постои напредок во разговорите“. За четврток е закажана посета на Христодулидис на Грција и средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а доколку се потврдат информациите во кипарските медиуми дека е постигнат договор, тоа ќе значи дека во Атина ќе допатува со позитивна одлука. Проектот „Great Sea interconnector“ во висина од околу два милијарди евра предвидува поврзување на Кипар со Европа преку Грција, а електричниот кабел во иднина да се прошири до Израел со што ќе биде најдолгиот подморски кабел во светот во вкупна должина 1.208 километри.

The post Кипар одлучи електрично да се поврзе со Грција преку морски конектор appeared first on Република.

]]>
Таксист одбил да им земе пари кога му кажале дека се тука за пожарите: Кипарскиот тим си замина со позитивни чувства https://republika.mk/vesti/makedonija/taksist-odbil-da-im-zeme-pari-koga-mu-kazhale-deka-se-tuka-za-pozharite-kiparskiot-tim-si-zamina-so-pozitivni-chuvstva/ Wed, 21 Aug 2024 06:59:54 +0000 https://republika.mk/?p=808494

Од Македонија си заминавме со позитивни чувства, имавме одлична соработка, драго ни е што помогнавме и бевме корисни за луѓето, истакна Андреас Антониу, шеф и координатор на кипарската мисија која учествуваше во гаснењето на пожарите кај нас, а паралелно изрази надеж дека создадената позитивна атмосфера ќе придонесе за подобрување на односите меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Во периодот од 7 до 14 август два авиони од типот „Air Tractor“ со четворица членови на екипажот и пет лица за копнена поддршка од Кипар, во рамките на помошта од ЕУ механизмот за цивилна заштита, учествуваа во справувањето со огнената стихија во Македонија.

Говорејќи за кипарската новинска агенција КИПЕ и пренесувајќи ги впечатоците од искуството на пожарникарите од Кипар на различните локации во нашата земја, Антониу оцени дека „климатските промени ја најдоа Македонија неподготвена да се справи со избувнувањето на пожари“, но и дека помошта од Кипар била позитивно примена.

Почувствувавме дека го ценат нашиот труд. Драго ни е што помогнавме, драго ни е што бевме корисни за луѓето, потенцираше Антониу, изразувајќи надеж дека мисијата и создадената позитивна атмосфера ќе придонесат за подобрување на односите меѓу Кипар и Македонија.

Истакна дека фактот што „сретнавме луѓе кои незамисливо го ценат нашиот придонес“ предизвика задоволство и ја охрабри кипарската мисија, а како пример за добриот прием кај нас, ја спомена случката со таксист кој ги превезувал членови на кипарскиот тим и кога тие му кажале дека во Македонија се за да ги изгаснат пожарите, тој одбил да им земе пари.

На посочувањето од кипарската новинска агенција дека „придонесот на Република Кипар во гаснењето на пожарите беше опширно презентиран од медиумите“, Антониу спомена и дека на половина од операцијата на кипарската мисија, членовите ги посети министерот за внатрешни работи, додека по завршувањето и пред заминувањето, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, се сретна со делегацијата и им додели почесни дипломи на членовите за нивниот придонес во напорите за справување со пожарите.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, утрово ги испрати пилотите, заедно со останатиот воздухопловен персонал на двата ПП авиони „ер трактор“ од Кипар, информи

Шефот на делегацијата говорејќи за КИПЕ се осврнува и на долгиот пат од Кипар до Скопје, објасни дека откако ја добиле пораката од Механизмот за цивилна заштита на ЕУ на 6 август, веднаш започнале подготовките за мисијата, членовите уште следниот ден тргнале за Македонија, а во Скопје биле на 8 август во еден часот по полноќ, но „и покрај напорното патување биле подготвена да интервенираат со првите зраци на сонцето“.

Антониу појасни дека мисијата тргнала во две фази, бидејќи првично заминале двата авиони, едниот, поради недостиг на простор, ја носел опремата за поддршка, а другиот заминал со пилотот и еден кабински екипаж, додека во втората фаза заминале преостанатите шест членови, кои патувале со комерцијални летови преку Атина и Загреб и потоа пристигнале во Скопје.

Интервениравме во огромни недопрени површини

Осврнувајќи се на пожарите, рече дека биле од големи размери „видовме имотот како стануваат пепел“ и дека интервенирале во подрачја каде што огнената стихија била директна закана за имотите и човечките животи.

Првиот ден не информираа дека има 38 пожари, во земја која е два и пол пати поголема од Кипар, истакна Антониу и додаде дека пожарите предизвикаа огромна еколошка катастрофа, но и директно влијание врз животот на луѓето.

Рече дека првиот ден интервенирале во областа каде што има манастир и го заштитиле, претпоследниот ден во парк што горел 23 дена, а последниот ден интервенциите биле на две нови жаришта, источно од Скопје во близина на границата со Бугарија, а второто во близина на границата со Албанија, а и двата фронта, според Антониу биле во близина на населени места и постоела зголемена опасност пожарот да се прошири и да ги загрози луѓето.

Напомена дека кипарските пожарникари интервенираа во сосема поинаква средина од онаа на Кипар.

Тоа беа огромни површини, недопрени области во кои е многу тешко да оперираат копнените сили и затоа единственото решение што можеше да се понуди беше од воздух, додаде.

Паралелно истакна дека „жално е да ги гледаме шумите како се губат и природата да се уништува, поради нашата сопствена небрежност, невнимателност и/или намера“, додавајќи дека „мора сите да сфатиме дека со заштитата на животната средина во која живееме, ги штитиме и нашите животи“.

Во однос на оперативното искуство стекнато кај нас, Антониу посочи дека во Македонија противпожарните сили ја немаат стручноста што кипарскиот Сектор за шумарство ја има развиено во текот на децениите, како во однос на гаснењето шумски пожари од копно, така и од воздух, истакнувајќи дека тие функционираат со голема брзина и дека кипарската мисија помогнала да се подобри времето и на другите групи, вклучително и авионите од Германија, како во времетраењето на гаснењето, така и во времето на полнење гориво на воздушните противпожарни средства.

Паралелно потенцираше дека кипарските пожарникари се обиделе да пронајдат противпожарна пена и материјал за забавување или запирање на ширењето што ќе ја зголемеше оперативната ефикасност и ефективноста на гаснењето пожар, но напорите биле неуспешни.

За Секторот за шумарство при Министерство за земјоделство, рурален развој и животна средина на Република Кипар, Антониу објасни дека има повеќе од еден век искуство и знаење во гаснењето пожари, а во однос на воздушното гаснење пожари, воздухопловната единица на секторот може да е меѓу „најдобрите воздушни противпожарни единици во светот“, објаснувајќи дека ова се заснова на искуството на пилоти од целиот свет кои склучуваат договор со секторот и управуваат со авионите.

Двајцата пилоти што беа вклучени во мисијата во Македонија се од Австралија и инженерот од Нов Зеланд.

The post Таксист одбил да им земе пари кога му кажале дека се тука за пожарите: Кипарскиот тим си замина со позитивни чувства appeared first on Република.

]]>

Од Македонија си заминавме со позитивни чувства, имавме одлична соработка, драго ни е што помогнавме и бевме корисни за луѓето, истакна Андреас Антониу, шеф и координатор на кипарската мисија која учествуваше во гаснењето на пожарите кај нас, а паралелно изрази надеж дека создадената позитивна атмосфера ќе придонесе за подобрување на односите меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина. Во периодот од 7 до 14 август два авиони од типот „Air Tractor“ со четворица членови на екипажот и пет лица за копнена поддршка од Кипар, во рамките на помошта од ЕУ механизмот за цивилна заштита, учествуваа во справувањето со огнената стихија во Македонија. Говорејќи за кипарската новинска агенција КИПЕ и пренесувајќи ги впечатоците од искуството на пожарникарите од Кипар на различните локации во нашата земја, Антониу оцени дека „климатските промени ја најдоа Македонија неподготвена да се справи со избувнувањето на пожари“, но и дека помошта од Кипар била позитивно примена.
Почувствувавме дека го ценат нашиот труд. Драго ни е што помогнавме, драго ни е што бевме корисни за луѓето, потенцираше Антониу, изразувајќи надеж дека мисијата и создадената позитивна атмосфера ќе придонесат за подобрување на односите меѓу Кипар и Македонија.
Истакна дека фактот што „сретнавме луѓе кои незамисливо го ценат нашиот придонес“ предизвика задоволство и ја охрабри кипарската мисија, а како пример за добриот прием кај нас, ја спомена случката со таксист кој ги превезувал членови на кипарскиот тим и кога тие му кажале дека во Македонија се за да ги изгаснат пожарите, тој одбил да им земе пари. На посочувањето од кипарската новинска агенција дека „придонесот на Република Кипар во гаснењето на пожарите беше опширно презентиран од медиумите“, Антониу спомена и дека на половина од операцијата на кипарската мисија, членовите ги посети министерот за внатрешни работи, додека по завршувањето и пред заминувањето, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, се сретна со делегацијата и им додели почесни дипломи на членовите за нивниот придонес во напорите за справување со пожарите. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, утрово ги испрати пилотите, заедно со останатиот воздухопловен персонал на двата ПП авиони „ер трактор“ од Кипар, информи Шефот на делегацијата говорејќи за КИПЕ се осврнува и на долгиот пат од Кипар до Скопје, објасни дека откако ја добиле пораката од Механизмот за цивилна заштита на ЕУ на 6 август, веднаш започнале подготовките за мисијата, членовите уште следниот ден тргнале за Македонија, а во Скопје биле на 8 август во еден часот по полноќ, но „и покрај напорното патување биле подготвена да интервенираат со првите зраци на сонцето“. Антониу појасни дека мисијата тргнала во две фази, бидејќи првично заминале двата авиони, едниот, поради недостиг на простор, ја носел опремата за поддршка, а другиот заминал со пилотот и еден кабински екипаж, додека во втората фаза заминале преостанатите шест членови, кои патувале со комерцијални летови преку Атина и Загреб и потоа пристигнале во Скопје.

Интервениравме во огромни недопрени површини

Осврнувајќи се на пожарите, рече дека биле од големи размери „видовме имотот како стануваат пепел“ и дека интервенирале во подрачја каде што огнената стихија била директна закана за имотите и човечките животи.
Првиот ден не информираа дека има 38 пожари, во земја која е два и пол пати поголема од Кипар, истакна Антониу и додаде дека пожарите предизвикаа огромна еколошка катастрофа, но и директно влијание врз животот на луѓето.
Рече дека првиот ден интервенирале во областа каде што има манастир и го заштитиле, претпоследниот ден во парк што горел 23 дена, а последниот ден интервенциите биле на две нови жаришта, источно од Скопје во близина на границата со Бугарија, а второто во близина на границата со Албанија, а и двата фронта, според Антониу биле во близина на населени места и постоела зголемена опасност пожарот да се прошири и да ги загрози луѓето. Напомена дека кипарските пожарникари интервенираа во сосема поинаква средина од онаа на Кипар.
Тоа беа огромни површини, недопрени области во кои е многу тешко да оперираат копнените сили и затоа единственото решение што можеше да се понуди беше од воздух, додаде.
Паралелно истакна дека „жално е да ги гледаме шумите како се губат и природата да се уништува, поради нашата сопствена небрежност, невнимателност и/или намера“, додавајќи дека „мора сите да сфатиме дека со заштитата на животната средина во која живееме, ги штитиме и нашите животи“. Во однос на оперативното искуство стекнато кај нас, Антониу посочи дека во Македонија противпожарните сили ја немаат стручноста што кипарскиот Сектор за шумарство ја има развиено во текот на децениите, како во однос на гаснењето шумски пожари од копно, така и од воздух, истакнувајќи дека тие функционираат со голема брзина и дека кипарската мисија помогнала да се подобри времето и на другите групи, вклучително и авионите од Германија, како во времетраењето на гаснењето, така и во времето на полнење гориво на воздушните противпожарни средства. Паралелно потенцираше дека кипарските пожарникари се обиделе да пронајдат противпожарна пена и материјал за забавување или запирање на ширењето што ќе ја зголемеше оперативната ефикасност и ефективноста на гаснењето пожар, но напорите биле неуспешни. За Секторот за шумарство при Министерство за земјоделство, рурален развој и животна средина на Република Кипар, Антониу објасни дека има повеќе од еден век искуство и знаење во гаснењето пожари, а во однос на воздушното гаснење пожари, воздухопловната единица на секторот може да е меѓу „најдобрите воздушни противпожарни единици во светот“, објаснувајќи дека ова се заснова на искуството на пилоти од целиот свет кои склучуваат договор со секторот и управуваат со авионите. Двајцата пилоти што беа вклучени во мисијата во Македонија се од Австралија и инженерот од Нов Зеланд.

The post Таксист одбил да им земе пари кога му кажале дека се тука за пожарите: Кипарскиот тим си замина со позитивни чувства appeared first on Република.

]]>
Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка https://republika.mk/vesti/makedonija/kipar-ispraka-dva-aviona-za-spravuvane-so-pozharite-vo-sveti-nikole-i-chashka/ Wed, 07 Aug 2024 12:23:40 +0000 https://republika.mk/?p=804231

Два авиони од типот „Air Tractor“ и вкупно девет лица членови на екипаж од Република Кипар попладнево ќе пристигнат во Скопје, во рамките на помошта за Македонија од ЕУ механизмот за цивилна заштита, а од утре ќе учествуваат во гаснењето на пожарите во Свети Николе и Чашка, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Секторот за шумарство при Министерство за земјоделство, рурален развој и животна средина на Република Кипар соопштија дека „по наредба на директорот на конкретниот сектор Савва Иезекил и по консултација со надлежната министерка Мариа Панајоту, преку Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија се испраќа помош за справување со шумските пожари во областите Чашка и Свети Николе“, а соодветно бил информиран и министерот за надворешни работи на Кипар Константинос Комбос.

Двата авиона, со четворица членови на екипажот и пет лица за копнена поддршка, во 10:15 часот утрово полетале од аеродромот во Пафос кон меѓународниот аеродром во Скопје, планирана е попатна станица на аеродромот на грчкиот остров Родос за полнење гориво и според процените се очекува кај нас да слетаат околу 17 часот.

По пристигнувањето ќе биде информирани со детали за акцијата, а се очекува утро наутро да учествуваат во гаснењето на пожарите.

Планирано е кипарските авиони да останат пет дена.

Конкретните авиони од типот „Air Tractor“, како што соопштија од Секторот за шуми во надлежното кипарско Министерство, се опремени со соодветна опрема за гаснење и употреба на пена, опремени се и со соодветна телекомуникациска опрема, како за комуникација со Единицата за воздушни средства во Ларнака, така и за пренос на информации и фотографски материјал.

Од средината на јуни 2024 година двата авиони се дел од механизмот rescEU и оваа е нивната прва мисија.

The post Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка appeared first on Република.

]]>

Два авиони од типот „Air Tractor“ и вкупно девет лица членови на екипаж од Република Кипар попладнево ќе пристигнат во Скопје, во рамките на помошта за Македонија од ЕУ механизмот за цивилна заштита, а од утре ќе учествуваат во гаснењето на пожарите во Свети Николе и Чашка, јави дописничката на МИА од Атина. Од Секторот за шумарство при Министерство за земјоделство, рурален развој и животна средина на Република Кипар соопштија дека „по наредба на директорот на конкретниот сектор Савва Иезекил и по консултација со надлежната министерка Мариа Панајоту, преку Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија се испраќа помош за справување со шумските пожари во областите Чашка и Свети Николе“, а соодветно бил информиран и министерот за надворешни работи на Кипар Константинос Комбос. Двата авиона, со четворица членови на екипажот и пет лица за копнена поддршка, во 10:15 часот утрово полетале од аеродромот во Пафос кон меѓународниот аеродром во Скопје, планирана е попатна станица на аеродромот на грчкиот остров Родос за полнење гориво и според процените се очекува кај нас да слетаат околу 17 часот. По пристигнувањето ќе биде информирани со детали за акцијата, а се очекува утро наутро да учествуваат во гаснењето на пожарите. Планирано е кипарските авиони да останат пет дена. Конкретните авиони од типот „Air Tractor“, како што соопштија од Секторот за шуми во надлежното кипарско Министерство, се опремени со соодветна опрема за гаснење и употреба на пена, опремени се и со соодветна телекомуникациска опрема, како за комуникација со Единицата за воздушни средства во Ларнака, така и за пренос на информации и фотографски материјал. Од средината на јуни 2024 година двата авиони се дел од механизмот rescEU и оваа е нивната прва мисија.

The post Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка appeared first on Република.

]]>
Жена почина од топлотен удар на Кипар, во серизона состојба и 25-годишна девојка https://republika.mk/vesti/balkan/zhena-pochina-od-toploten-udar-na-kipar-vo-serizona-sostojba-i-25-godishna-devojka/ Mon, 22 Jul 2024 11:21:50 +0000 https://republika.mk/?p=799172

Поради високите температури на Кипар, 64-годишна жена починала од топлотен удар, а три други се хоспитализирани, изјави за кипарската новинска агенција портпаролот на Државната организација за здравствени услуги Хараламбос Харилау, јави дописничката на МИА од Атина.

Според портпаролот, трите жени на возраст од 25, 67 и 80 години се во сериозна состојба, а поради топлотниот бран во изминатите денови „има зголемен број случаи на топлотна исцрпеност“ на сите возрасти од деца до стари лица.

The post Жена почина од топлотен удар на Кипар, во серизона состојба и 25-годишна девојка appeared first on Република.

]]>

Поради високите температури на Кипар, 64-годишна жена починала од топлотен удар, а три други се хоспитализирани, изјави за кипарската новинска агенција портпаролот на Државната организација за здравствени услуги Хараламбос Харилау, јави дописничката на МИА од Атина. Според портпаролот, трите жени на возраст од 25, 67 и 80 години се во сериозна состојба, а поради топлотниот бран во изминатите денови „има зголемен број случаи на топлотна исцрпеност“ на сите возрасти од деца до стари лица.

The post Жена почина од топлотен удар на Кипар, во серизона состојба и 25-годишна девојка appeared first on Република.

]]>
Голем пожар на Кипар, евакуирани населени места https://republika.mk/vesti/balkan/golem-pozhar-na-kipar-evakuirani-naseleni-mesta/ Tue, 11 Jun 2024 16:50:22 +0000 https://republika.mk/?p=786654

Голем пожар избувна во близина на градот Пафос во западниот дел на Кипар, нанесувајќи штета на домови и превентивно беа евакуирани неколку населени места. И покрај интервенциите од копно и воздух, огнените јазици засега се вон контрола, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот е во непрооден дел, гори сува трева, ниска вегетација и дрвја, а според портпаролот на противпожарната служба на Кипар Андреас Кетис, земјата побарала помош со воздушни средства од Јордан, Израел, Грција и механизмот за цивилна заштита на Европската Унија.

Од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција соопштија дека на Кипар испраќаат два канадера.

The post Голем пожар на Кипар, евакуирани населени места appeared first on Република.

]]>

Голем пожар избувна во близина на градот Пафос во западниот дел на Кипар, нанесувајќи штета на домови и превентивно беа евакуирани неколку населени места. И покрај интервенциите од копно и воздух, огнените јазици засега се вон контрола, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот е во непрооден дел, гори сува трева, ниска вегетација и дрвја, а според портпаролот на противпожарната служба на Кипар Андреас Кетис, земјата побарала помош со воздушни средства од Јордан, Израел, Грција и механизмот за цивилна заштита на Европската Унија. Од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција соопштија дека на Кипар испраќаат два канадера.

The post Голем пожар на Кипар, евакуирани населени места appeared first on Република.

]]>
Познат јутјубер трет на европските избори на Кипар според излезните анкети https://republika.mk/vesti/svet/poznat-jutjuber-tret-na-evropskite-izbori-na-kipar-spored-izleznite-anketi/ Sun, 09 Jun 2024 19:57:37 +0000 https://republika.mk/?p=786010

Независниот кандидат Фидиа Панајоту, познат кипарски јутјубер и инфлуенсер, е на третата позиција на европските избори на Кипар, според излезните анкети (exit poll), односно процените на изборните резултати објавени од медиумите, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за 24-годишен јутјубер, инфлуенсер, тик-токер и слично, познат под името Фидиа особено популарен на Кипар и без никакво искуство во политиката, а излезните анкети прогнозираат дека е веднаш зад двете најголеми кипарски партии ДИСИ и АКЕЛ, а за третата позиција води битка со ултранационалистичката ЕЛАМ.

На европските избори, Република Кипар одбира вкупно шест претставници во Европскиот Парламент.

Доколку се потврдат прогнозите на излезните анкети, двете најголеми партии ќе добијат по двајца европратеници, а едно место ќе добие Фидиа, односно ќе стане европратеник.

The post Познат јутјубер трет на европските избори на Кипар според излезните анкети appeared first on Република.

]]>

Независниот кандидат Фидиа Панајоту, познат кипарски јутјубер и инфлуенсер, е на третата позиција на европските избори на Кипар, според излезните анкети (exit poll), односно процените на изборните резултати објавени од медиумите, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за 24-годишен јутјубер, инфлуенсер, тик-токер и слично, познат под името Фидиа особено популарен на Кипар и без никакво искуство во политиката, а излезните анкети прогнозираат дека е веднаш зад двете најголеми кипарски партии ДИСИ и АКЕЛ, а за третата позиција води битка со ултранационалистичката ЕЛАМ. На европските избори, Република Кипар одбира вкупно шест претставници во Европскиот Парламент. Доколку се потврдат прогнозите на излезните анкети, двете најголеми партии ќе добијат по двајца европратеници, а едно место ќе добие Фидиа, односно ќе стане европратеник.

The post Познат јутјубер трет на европските избори на Кипар според излезните анкети appeared first on Република.

]]>
Британија тајно испратила војници на Кипар за да помагаат при воената интервенција во Газа https://republika.mk/vesti/svet/britanija-tajno-ispratila-vojnitsi-na-kipar-za-da-pomagaat-pri-voenata-interventsija-vo-gaza/ Fri, 15 Dec 2023 19:44:52 +0000 https://republika.mk/?p=723271

Најмалку 500 британски војници се испратени на Кипар во тајност, вели извештај што го откриваат британски медиуми.

Владата на Обединетото Кралство претходно објави дека 1.000 војници се распоредени за поддршка на Израел по нападот на Хамас на 7 октомври, но нивната локација остана непозната.

Сепак, писмото на британскиот министер за надворешни работи Џејмс Хепи до член на парламентот открива дека 500 од тие војници биле испратени во британските бази во Кипар, на околу 370 kilometri од Појасот Газа. Во писмото, исто така, се наведува дека војници се испратени во Египет, Израел и Либан, но бројот на војниците не е наведен.

На ваквите извештаи, кипарскиот претседател, Никос Христодулидес, негираше дека неговата земја се користи за давање воена помош за Израел.

Немам такви информации. Нашата земја не може да се користи како база за воени операции“, изјави Христодулидес.

The post Британија тајно испратила војници на Кипар за да помагаат при воената интервенција во Газа appeared first on Република.

]]>

Најмалку 500 британски војници се испратени на Кипар во тајност, вели извештај што го откриваат британски медиуми. Владата на Обединетото Кралство претходно објави дека 1.000 војници се распоредени за поддршка на Израел по нападот на Хамас на 7 октомври, но нивната локација остана непозната. Сепак, писмото на британскиот министер за надворешни работи Џејмс Хепи до член на парламентот открива дека 500 од тие војници биле испратени во британските бази во Кипар, на околу 370 kilometri од Појасот Газа. Во писмото, исто така, се наведува дека војници се испратени во Египет, Израел и Либан, но бројот на војниците не е наведен. На ваквите извештаи, кипарскиот претседател, Никос Христодулидес, негираше дека неговата земја се користи за давање воена помош за Израел.
Немам такви информации. Нашата земја не може да се користи како база за воени операции“, изјави Христодулидес.

The post Британија тајно испратила војници на Кипар за да помагаат при воената интервенција во Газа appeared first on Република.

]]>
На Кипар откриени и запленети 500 килограми синтетичка дрога https://republika.mk/vesti/svet/na-kipar-otkrieni-i-zapleneti-500-kilogrami-sintetichka-droga/ Fri, 27 Oct 2023 09:12:31 +0000 https://republika.mk/?p=695468

Службата за борба против дрога на кипарската полиција во соработка со царинските служби запленила 500 килограми синтетичка дрога, што воедно е и најголемото количество наркотици откриено досега во Република Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од полицијата на Кипар, во рамките на акциите за откривање дрога пристигната преку аеродромите, при претрес извршен во магацин на фирма во Ларнака, биле пронајдени 50 хартиени буриња, во кои имало кристална материја, со тежина од 500 килограми.

Од извршените прелиминарни тестови, било утврдено дека се работи за синтетичка дрога.

Портпаролот на Службата за борба против дрога на кипарската полиција Стелиос Сергидис за „Cyprus Times“ потврдил дека ова е најголемото количество наркотици запленето досега на Кипар.

The post На Кипар откриени и запленети 500 килограми синтетичка дрога appeared first on Република.

]]>

Службата за борба против дрога на кипарската полиција во соработка со царинските служби запленила 500 килограми синтетичка дрога, што воедно е и најголемото количество наркотици откриено досега во Република Кипар, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од полицијата на Кипар, во рамките на акциите за откривање дрога пристигната преку аеродромите, при претрес извршен во магацин на фирма во Ларнака, биле пронајдени 50 хартиени буриња, во кои имало кристална материја, со тежина од 500 килограми. Од извршените прелиминарни тестови, било утврдено дека се работи за синтетичка дрога. Портпаролот на Службата за борба против дрога на кипарската полиција Стелиос Сергидис за „Cyprus Times“ потврдил дека ова е најголемото количество наркотици запленето досега на Кипар.

The post На Кипар откриени и запленети 500 килограми синтетичка дрога appeared first on Република.

]]>
Гран при на 12.издание на Битолино за претставата од Кипар https://republika.mk/vesti/kultura/gran-pri-na-12-izdanie-na-bitolino-za-pretstavata-od-kipar/ Thu, 10 Aug 2023 07:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=670579

Наградата Гран При за најдобра претстава во целина, жири комисијата на 12.издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ , ја додели на претставата „Мирно! Статуата што го обиколи светот“, во режија на Костас Силвестрос, Панајотис Тофи, а во продукција на театарската група STILL! од Кипар .

Оваа година публиката имаше можност да погледне 12 претстави од 10 театри од 9 земји од светот. Фестивалот имаше 100 учесници и над 2100 посетители.

 

Битолино кој оваа година се одржуваше под мотото „Следи ја светлината“, започна со театарската работилница „Митови и легенди за Битола“ под раководство на режисерот Благојче Божиновски, а покрај наградената претстава тука беа и : претставата „Лажеш Мелита“ во режија на Драгана Милошевска Попов, во изведба на македонскиот професионален детски театар НУ „Театар за деца и младинци“ ; претставата „Срце во темнината“ во режија на Тања Лужар, во изведба на „Куклениот театар Марибор“ од Словенија; „Мил Рострос“ театарот од Мексико ја изведе куклената претстава „Малиот џин“ во режија на Ним Гардуњо, претставата-мјузикл „Исландска авантура“ во продукција на групата за изведувачки уметности „Знаци на север“ од далечниот Исланд, а во режија на Џени Лара Арносдотир. На 12-то издание на ИДТФ Битолино настапи групата од Грција, „Хипо“, кои ја изведоа претставата „Скитници“ во режија на Александрос Раптис, Фотис Доусос; тука беше о претставата „Под половина капка вода“ од Србија во продукција на „Станица – сервис за современ танц“, во режија на Јована Ракиќ Марко Милиќ, Милица Писиќ и Милена Тодоровиќ . Претставата „Каде е Фофо?“ авторскиот проект на победничката на 5-то издание на ИДТФ Битолино Рути Тамир од Израел беше дел од Битолино, како и копродукцискиот проект на Куклената организација која навистина ни треба – LOFT и Уметничка организација CLOU од Хрватска, претставата “Лила” во режија на Морана Доленц .
Членовите на детската театарска школа Бабец, ја изведоа претставата „Сомнително лице“ во режија на Јулијана Мирчевска.

Претставите оваа година секоја на свој начин го доближија театарот до децата преку: иновативното користење на просторот и начинот да се раскаже приказна за моралните вредности, потоа прекрасно визуелно доживување со употреба на нови технологии зборувајќи на теми за кои не секогаш се зборува, како аутизмот на пример, емотивна приказна со употреба на кукли или традиционална приказна со прекрасна музика и песни, потоа интерактивна претстава за подигнување на свеста за околината, екологијата и бездомните кучиња, исто така скоро хипнотичка интерактивна претстава која на непретенциозен начин го доближува современиот танц до децата, перфектна актерска изведба која преку пантомима раскажува интересна приказна и претстава за секогаш интересниот свет на кловновите кој има моќ да не однесе од другата страна на виножитото.

 

Жири комисијата оваа година беше во состав на тројца врвни уметници, основачи на новото здружение на детски театри – Македонски национален центар АСИТЕЖ: Благој Мицевски, Игор Ивковиќ и Миодраг Неќак.

„ Многу тешко е од сите наведени претстави да се избере најдобра, затоа што на овај или онај начин сите го заслужуваат тој епитет.Сепак, една претстава која ги содржи сите елементи во себе, некако ја олесна нашата работа, почнувајки од извонредната идеја и приказна, перфектната режија и кореографија, извонредните актерски изведби, во живо изведената музика , сценографијата костимите и посебно видео дизајнот што постојано создаваа магија на сцена, успеа да создадат претстава спектакл, каков што до сега не сме виделе. Со интернационален измислен јазик ги освои срцата на публиката и гласовите на жириото. Сигурно погодувате дека станува збор за претставата Мирно,статуата што го обиколи светот на гостите од Кипар.
Со други зборови она што е добра претстава добра е за сите возрасти. Во мое име и името на уште двата членови на жирито ви благодарам за довербата и се гледаме идната година“, ни изјави претседателот на жирито, костимографот Благој Мицевски.
Тој се заблагодари до организаторите.

 

„ Би сакал веднаш да им се заблагодарам на Јулијана и Васко и организаторот Бабец Театар како и на сите што помогнаа фестивалот да се одржи и што го донесоа светот во Битола. На вас драга публико, за огромната поддршка и интерактивност, со што уште еднаш докажавте колку многу на Битола му недостасува простор за детски театар и претстави за деца, затоа што така се создава нашата идна публика“.

Наградата на гостите од Кипар ќе им биде врачена на состанокот на асоцијацијата на театри за деца Аситеж на состанокот во Белград во Ноември.
Фестивалот се одржа на сцените на НУ Центар за култура Битола, а дел од настаните надвор од натпреварувачката конкуренција се одржаа на сцената на НУ Народен театар Битола.

The post Гран при на 12.издание на Битолино за претставата од Кипар appeared first on Република.

]]>

Наградата Гран При за најдобра претстава во целина, жири комисијата на 12.издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ , ја додели на претставата „Мирно! Статуата што го обиколи светот“, во режија на Костас Силвестрос, Панајотис Тофи, а во продукција на театарската група STILL! од Кипар .
Оваа година публиката имаше можност да погледне 12 претстави од 10 театри од 9 земји од светот. Фестивалот имаше 100 учесници и над 2100 посетители.   Битолино кој оваа година се одржуваше под мотото „Следи ја светлината“, започна со театарската работилница „Митови и легенди за Битола“ под раководство на режисерот Благојче Божиновски, а покрај наградената претстава тука беа и : претставата „Лажеш Мелита“ во режија на Драгана Милошевска Попов, во изведба на македонскиот професионален детски театар НУ „Театар за деца и младинци“ ; претставата „Срце во темнината“ во режија на Тања Лужар, во изведба на „Куклениот театар Марибор“ од Словенија; „Мил Рострос“ театарот од Мексико ја изведе куклената претстава „Малиот џин“ во режија на Ним Гардуњо, претставата-мјузикл „Исландска авантура“ во продукција на групата за изведувачки уметности „Знаци на север“ од далечниот Исланд, а во режија на Џени Лара Арносдотир. На 12-то издание на ИДТФ Битолино настапи групата од Грција, „Хипо“, кои ја изведоа претставата „Скитници“ во режија на Александрос Раптис, Фотис Доусос; тука беше о претставата „Под половина капка вода“ од Србија во продукција на „Станица – сервис за современ танц“, во режија на Јована Ракиќ Марко Милиќ, Милица Писиќ и Милена Тодоровиќ . Претставата „Каде е Фофо?“ авторскиот проект на победничката на 5-то издание на ИДТФ Битолино Рути Тамир од Израел беше дел од Битолино, како и копродукцискиот проект на Куклената организација која навистина ни треба – LOFT и Уметничка организација CLOU од Хрватска, претставата “Лила” во режија на Морана Доленц . Членовите на детската театарска школа Бабец, ја изведоа претставата „Сомнително лице“ во режија на Јулијана Мирчевска. Претставите оваа година секоја на свој начин го доближија театарот до децата преку: иновативното користење на просторот и начинот да се раскаже приказна за моралните вредности, потоа прекрасно визуелно доживување со употреба на нови технологии зборувајќи на теми за кои не секогаш се зборува, како аутизмот на пример, емотивна приказна со употреба на кукли или традиционална приказна со прекрасна музика и песни, потоа интерактивна претстава за подигнување на свеста за околината, екологијата и бездомните кучиња, исто така скоро хипнотичка интерактивна претстава која на непретенциозен начин го доближува современиот танц до децата, перфектна актерска изведба која преку пантомима раскажува интересна приказна и претстава за секогаш интересниот свет на кловновите кој има моќ да не однесе од другата страна на виножитото.   Жири комисијата оваа година беше во состав на тројца врвни уметници, основачи на новото здружение на детски театри – Македонски национален центар АСИТЕЖ: Благој Мицевски, Игор Ивковиќ и Миодраг Неќак. „ Многу тешко е од сите наведени претстави да се избере најдобра, затоа што на овај или онај начин сите го заслужуваат тој епитет.Сепак, една претстава која ги содржи сите елементи во себе, некако ја олесна нашата работа, почнувајки од извонредната идеја и приказна, перфектната режија и кореографија, извонредните актерски изведби, во живо изведената музика , сценографијата костимите и посебно видео дизајнот што постојано создаваа магија на сцена, успеа да создадат претстава спектакл, каков што до сега не сме виделе. Со интернационален измислен јазик ги освои срцата на публиката и гласовите на жириото. Сигурно погодувате дека станува збор за претставата Мирно,статуата што го обиколи светот на гостите од Кипар. Со други зборови она што е добра претстава добра е за сите возрасти. Во мое име и името на уште двата членови на жирито ви благодарам за довербата и се гледаме идната година“, ни изјави претседателот на жирито, костимографот Благој Мицевски. Тој се заблагодари до организаторите.   „ Би сакал веднаш да им се заблагодарам на Јулијана и Васко и организаторот Бабец Театар како и на сите што помогнаа фестивалот да се одржи и што го донесоа светот во Битола. На вас драга публико, за огромната поддршка и интерактивност, со што уште еднаш докажавте колку многу на Битола му недостасува простор за детски театар и претстави за деца, затоа што така се создава нашата идна публика“. Наградата на гостите од Кипар ќе им биде врачена на состанокот на асоцијацијата на театри за деца Аситеж на состанокот во Белград во Ноември. Фестивалот се одржа на сцените на НУ Центар за култура Битола, а дел од настаните надвор од натпреварувачката конкуренција се одржаа на сцената на НУ Народен театар Битола.

The post Гран при на 12.издание на Битолино за претставата од Кипар appeared first on Република.

]]>
Засега ставен под контрола големиот пожар на Кипар https://republika.mk/vesti/svet/zasega-staven-pod-kontrola-golemiot-pozhar-na-kipar/ Mon, 07 Aug 2023 08:04:26 +0000 https://republika.mk/?p=669440

Големиот пожар што вчера избувна во близина на Лимасол во јужниот дел на Кипар и превентивно беа евакуирани неколку села, рано утрово е ставен под контрола, а земјата побара помош, како од соседните држави, така и преку ЕУ механизмот за цивилна заштита, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на Противпожарната служба на Кипар Андреас Кетис утрово соопшти дека пожарот е опколен од копнените сили, засега е под контрола, меѓутоа посочи дека се очекува ветер во попладневните часови со што постои опасност од разгорување на жариштата.

Доцна синоќа огнената стихија се приближи кон населени места, по што превентивно беа евакуирани неколку села.

Република Кипар побара помош, пред сè воздушни средства за гаснење на пожарот, преку ЕУ механизмот за цивилна заштита, а шефот на кипарската дипломатија стапил во контакт со неговите колеги од Грција, Египет, Израел и Либан, кои исто така ќе испратат помош во земјата, а на островот веќе се и хеликоптери од Јордан.

Од грчкото МНР синоќа соопштија дека Грција ќе испрати два Канадери на Кипар.

The post Засега ставен под контрола големиот пожар на Кипар appeared first on Република.

]]>

Големиот пожар што вчера избувна во близина на Лимасол во јужниот дел на Кипар и превентивно беа евакуирани неколку села, рано утрово е ставен под контрола, а земјата побара помош, како од соседните држави, така и преку ЕУ механизмот за цивилна заштита, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на Противпожарната служба на Кипар Андреас Кетис утрово соопшти дека пожарот е опколен од копнените сили, засега е под контрола, меѓутоа посочи дека се очекува ветер во попладневните часови со што постои опасност од разгорување на жариштата. Доцна синоќа огнената стихија се приближи кон населени места, по што превентивно беа евакуирани неколку села. Република Кипар побара помош, пред сè воздушни средства за гаснење на пожарот, преку ЕУ механизмот за цивилна заштита, а шефот на кипарската дипломатија стапил во контакт со неговите колеги од Грција, Египет, Израел и Либан, кои исто така ќе испратат помош во земјата, а на островот веќе се и хеликоптери од Јордан. Од грчкото МНР синоќа соопштија дека Грција ќе испрати два Канадери на Кипар.

The post Засега ставен под контрола големиот пожар на Кипар appeared first on Република.

]]>
Нема дозвола: Цеца не може да ја реновира вилата на Кипар https://republika.mk/scena/estrada/nema-dozvola-tsetsa-ne-mozhe-da-ja-renovira-vilata-na-kipar/ Tue, 27 Jun 2023 07:48:12 +0000 https://republika.mk/?p=655543

Цеца Ражнатовиќ е во проблеми.Иако долги години планира, никако да ја реновира вилата на Кипар која е нејзина летна оаза. Кипарските власти не и даваат дозвола за градежни ативности бидејќи куќата се наоѓа покрај самиот морски брег во Аја Апа.

На речиси петстотини квадратни метри луксузната куќа в преовладува белата боја, типична за  крајбрежјето. До централниот влез се стигнува преку балконот, додека поплочената патека која се протега низ дворот води до страничниот дел со пространа тераса. Цеца го сака тој балкон бидејќи нуди прекрасен поглед на морето, но и се спушта до базенот.

The post Нема дозвола: Цеца не може да ја реновира вилата на Кипар appeared first on Република.

]]>

Цеца Ражнатовиќ е во проблеми.Иако долги години планира, никако да ја реновира вилата на Кипар која е нејзина летна оаза. Кипарските власти не и даваат дозвола за градежни ативности бидејќи куќата се наоѓа покрај самиот морски брег во Аја Апа. На речиси петстотини квадратни метри луксузната куќа в преовладува белата боја, типична за  крајбрежјето. До централниот влез се стигнува преку балконот, додека поплочената патека која се протега низ дворот води до страничниот дел со пространа тераса. Цеца го сака тој балкон бидејќи нуди прекрасен поглед на морето, но и се спушта до базенот.

The post Нема дозвола: Цеца не може да ја реновира вилата на Кипар appeared first on Република.

]]>
Кипар и Малта ги укинаа „златните пасоши“ издадени на Руси https://republika.mk/vesti/svet/kipar-i-malta-gi-ukinaa-zlatnite-pasoshi-izdadeni-na-rusi/ Sat, 13 May 2023 11:25:53 +0000 https://republika.mk/?p=640431

Во екот на руската инвазија врз Украина, земјите-членки на ЕУ, Кипар и Малта, укинаа неколку десетици таканаречени „златни пасоши“ што им ги издале на руски државјани, соопшти Европската унија.

Фразата се однесува на контроверзната практика на доделување државјанства на граѓани кои не се членки на ЕУ, најмногу во замена за инвестиции.

Кипар им одзеде кипарско државјанство на 43 лица, соопшти Европската комисија во одговорот на барањето на германскиот пратеник Мориц Кернер, пренесе ДПА.

Кипар веќе ги повлече „златните пасоши“ пред почетокот на војната.

Поединечни земји-членки на ЕУ можат да одлучуваат за доделување државјанство и дозволи за престој. Сепак, комисијата ова го гледа како закана за безбедноста на Шенген зоната, на пример во однос на безбедноста, перењето пари, избегнувањето данок и корупцијата.

Кипар и Бугарија веќе воопшто не издаваат никакви „златни пасоши“, а Малта веќе не ги доделува на Руси или Белоруси.

The post Кипар и Малта ги укинаа „златните пасоши“ издадени на Руси appeared first on Република.

]]>

Во екот на руската инвазија врз Украина, земјите-членки на ЕУ, Кипар и Малта, укинаа неколку десетици таканаречени „златни пасоши“ што им ги издале на руски државјани, соопшти Европската унија. Фразата се однесува на контроверзната практика на доделување државјанства на граѓани кои не се членки на ЕУ, најмногу во замена за инвестиции. Кипар им одзеде кипарско државјанство на 43 лица, соопшти Европската комисија во одговорот на барањето на германскиот пратеник Мориц Кернер, пренесе ДПА. Кипар веќе ги повлече „златните пасоши“ пред почетокот на војната. Поединечни земји-членки на ЕУ можат да одлучуваат за доделување државјанство и дозволи за престој. Сепак, комисијата ова го гледа како закана за безбедноста на Шенген зоната, на пример во однос на безбедноста, перењето пари, избегнувањето данок и корупцијата. Кипар и Бугарија веќе воопшто не издаваат никакви „златни пасоши“, а Малта веќе не ги доделува на Руси или Белоруси.

The post Кипар и Малта ги укинаа „златните пасоши“ издадени на Руси appeared first on Република.

]]>
Од 20 јуни ќе има директен лет од Скопје до Кипар https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-20-juni-ke-ima-direkten-let-od-skopje-do-kipar/ Sun, 09 Apr 2023 20:08:15 +0000 https://republika.mk/?p=629160

Од 20 јуни до 22 август, за време на летната туристичка сезона, ќе биде воведен директен чартер лет од Скопје до Кипар. Чартер летот ќе биде на дневно ниво и ќе се лета од Скопје до Ларнака со „Балкан холидеј ер“ (Balkan Holiday Air).

Кипар отсекогаш бил топ туристичка дестинација, а овој нов лет несомнено ќе донесе повеќе посетители на нашиот прекрасен остров. Уверени сме дека оваа нова соработка ќе има значително влијание за нашата туристичка индустрија, изјави Џорџ Минас, директор за развој на пазарот од Одделот за меѓународни односи на Кипар од Министерството за туризам.

Чартер летот се реализира во соработка со неколку туристички агенции од земјава – ЈК Травел, Аталантис Груп, ЕТЦ травел, Магелан и Ваикики Травел.

Уверени сме дека овој нов чартер лет на патниците ќе им понуди неверојатна можност да ја истражат убавината на Кипар, вели Елизабета Кочева Јосифовска, како претставник на туристичките агенции.

The post Од 20 јуни ќе има директен лет од Скопје до Кипар appeared first on Република.

]]>

Од 20 јуни до 22 август, за време на летната туристичка сезона, ќе биде воведен директен чартер лет од Скопје до Кипар. Чартер летот ќе биде на дневно ниво и ќе се лета од Скопје до Ларнака со „Балкан холидеј ер“ (Balkan Holiday Air).
Кипар отсекогаш бил топ туристичка дестинација, а овој нов лет несомнено ќе донесе повеќе посетители на нашиот прекрасен остров. Уверени сме дека оваа нова соработка ќе има значително влијание за нашата туристичка индустрија, изјави Џорџ Минас, директор за развој на пазарот од Одделот за меѓународни односи на Кипар од Министерството за туризам.
Чартер летот се реализира во соработка со неколку туристички агенции од земјава – ЈК Травел, Аталантис Груп, ЕТЦ травел, Магелан и Ваикики Травел.
Уверени сме дека овој нов чартер лет на патниците ќе им понуди неверојатна можност да ја истражат убавината на Кипар, вели Елизабета Кочева Јосифовска, како претставник на туристичките агенции.

The post Од 20 јуни ќе има директен лет од Скопје до Кипар appeared first on Република.

]]>
Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар https://republika.mk/vesti/balkan/poraneshniot-shef-na-diplomatijata-hristodulidis-e-noviot-pretsedatel-na-kipar/ Sun, 12 Feb 2023 19:59:15 +0000 https://republika.mk/?p=608141

Со 51,91 отсто од гласовите, поранешниот шеф на кипарската дипломатија Никос Христодулидис е новиот, осми по ред, претседател на Република Кипар.
Христодулидис победи во вториот круг од претседателските избори во земјата со 15 илјади гласови повеќе од неговиот противкандидат, поранешниот дипломат, Андреас Мавројанис, кој освои 48,09 проценти.

На денешните избори гласале 406.626 граѓани, а излезноста е 72,45 проценти.

Планирано е вечерва околу 22 часот да биде инаугурацијата на новиот кипарски претседател.

The post Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар appeared first on Република.

]]>

Со 51,91 отсто од гласовите, поранешниот шеф на кипарската дипломатија Никос Христодулидис е новиот, осми по ред, претседател на Република Кипар. Христодулидис победи во вториот круг од претседателските избори во земјата со 15 илјади гласови повеќе од неговиот противкандидат, поранешниот дипломат, Андреас Мавројанис, кој освои 48,09 проценти. На денешните избори гласале 406.626 граѓани, а излезноста е 72,45 проценти. Планирано е вечерва околу 22 часот да биде инаугурацијата на новиот кипарски претседател.

The post Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар appeared first on Република.

]]>
Новата вила на Цеца на Кипар: Погледнете во каква спална ќе спие со новото момче https://republika.mk/scena/estrada/ova-e-novata-vila-na-ceca-na-kipar-poglednete-vo-kakva-spalna-kje-spie-so-novoto-momche/ Sat, 29 Oct 2022 18:24:59 +0000 https://republika.mk/?p=567252

Пејачката Цеца Ражнатовиќ често ги поминува летните денови во вила на Кипар, која реши да ја реновира.

Вилата ќе  биде во „Мајами стил“, модерен и удобен на 600 метри квадратни.

Целиот преден дел на вилата на Цеца ќе биде во стакло, со поглед на големиот базен. Покрај базенот, и дворот ќе има свое место за одмор покрај големото џакузи.

Погледнете

The post Новата вила на Цеца на Кипар: Погледнете во каква спална ќе спие со новото момче appeared first on Република.

]]>

Пејачката Цеца Ражнатовиќ често ги поминува летните денови во вила на Кипар, која реши да ја реновира. Вилата ќе  биде во „Мајами стил“, модерен и удобен на 600 метри квадратни. Целиот преден дел на вилата на Цеца ќе биде во стакло, со поглед на големиот базен. Покрај базенот, и дворот ќе има свое место за одмор покрај големото џакузи. Погледнете

The post Новата вила на Цеца на Кипар: Погледнете во каква спална ќе спие со новото момче appeared first on Република.

]]>
Директор на гимназија на првиот училишен ден избркал 35 средношколки поради „несоодветна фризура и други делови од облеката“ https://republika.mk/vesti/balkan/direktor-na-gimnazija-na-prviot-uchilishen-den-izbrkal-35-srednoshkolki-poradi-nesoodvetna-frizura-i-drugi-delovi-od-oblekata/ Fri, 09 Sep 2022 09:12:45 +0000 https://republika.mk/?p=548990

Десетици ученички во гимназијата „Петраки Кипријану“ во кипарскиот град Ларнака биле избркани од директорот на училиштето, кој сметал дека нивната фризура и делови од облеката се несоодветни.

Директорот со оваа постапка предизвикал вознемиреност затоа што родителите се упатиле кон училиштето за да ги земат своите деца - изјавил претседателот на Конфедерацијата на родители на Ларнака, Костас К.

Во своите изјави, тој вели дека по скандалозното исфрлање на петте ученици од ова училиште минатата година на матурската церемонија и откако „општеството останало запрепастено од овие исклучувања“, сега, како претседател на Здружението на родители добил десетици пораки од родители дека нивните деца се избркани „на ден или два“ поради „несоодветна фризура и други делови од облеката“.

Тој додава дека „неприфатливо е првиот ден, во образовна институција која треба и треба да функционира како втор дом на учениците“ тие да бидат исфрлени поради прекршување на прописите, постапки кои според него треба да поминат со препораки и опомени.

The post Директор на гимназија на првиот училишен ден избркал 35 средношколки поради „несоодветна фризура и други делови од облеката“ appeared first on Република.

]]>

Десетици ученички во гимназијата „Петраки Кипријану“ во кипарскиот град Ларнака биле избркани од директорот на училиштето, кој сметал дека нивната фризура и делови од облеката се несоодветни.
Директорот со оваа постапка предизвикал вознемиреност затоа што родителите се упатиле кон училиштето за да ги земат своите деца - изјавил претседателот на Конфедерацијата на родители на Ларнака, Костас К.
Во своите изјави, тој вели дека по скандалозното исфрлање на петте ученици од ова училиште минатата година на матурската церемонија и откако „општеството останало запрепастено од овие исклучувања“, сега, како претседател на Здружението на родители добил десетици пораки од родители дека нивните деца се избркани „на ден или два“ поради „несоодветна фризура и други делови од облеката“. Тој додава дека „неприфатливо е првиот ден, во образовна институција која треба и треба да функционира како втор дом на учениците“ тие да бидат исфрлени поради прекршување на прописите, постапки кои според него треба да поминат со препораки и опомени.

The post Директор на гимназија на првиот училишен ден избркал 35 средношколки поради „несоодветна фризура и други делови од облеката“ appeared first on Република.

]]>
Прв случај на мајмунски сипаници на Кипар кај лице кое не патувало во странство https://republika.mk/vesti/balkan/prv-sluchaj-na-majmunski-sipanici-na-kipar-kaj-lice-koe-ne-patuvalo-vo-stranstvo/ Thu, 18 Aug 2022 07:26:59 +0000 https://republika.mk/?p=541545

Министерството за здравство на Кипар го соопшти првиот случај на мајмунски сипаници кај лице кое не патувало во странство, а во земјата досега се потврдени вкупно четири случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Новиот случај е кај 46-годишен маж, кој е хоспитализиран и е во добра клиничка состојба.

Кипарските медиуми коментираат дека предизвикува загриженост фактот што заразениот не е близок контакт на веќе потврден случај, ниту пак патувал во странство, со што веројатно постои раширеност на болеста во општеството.

Првиот случај на мајмунски сипаници на Кипар беше регистриран на почетокот на август.

 

The post Прв случај на мајмунски сипаници на Кипар кај лице кое не патувало во странство appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство на Кипар го соопшти првиот случај на мајмунски сипаници кај лице кое не патувало во странство, а во земјата досега се потврдени вкупно четири случаи, јави дописничката на МИА од Атина. Новиот случај е кај 46-годишен маж, кој е хоспитализиран и е во добра клиничка состојба. Кипарските медиуми коментираат дека предизвикува загриженост фактот што заразениот не е близок контакт на веќе потврден случај, ниту пак патувал во странство, со што веројатно постои раширеност на болеста во општеството. Првиот случај на мајмунски сипаници на Кипар беше регистриран на почетокот на август.  

The post Прв случај на мајмунски сипаници на Кипар кај лице кое не патувало во странство appeared first on Република.

]]>
Во оваа земја лежалки и чадор чинат само 150 денари https://republika.mk/zivot/patuvanja/vo-ovaa-zemja-lezalki-i-chador-chinat-samo-150-denari/ Tue, 26 Jul 2022 13:10:46 +0000 https://republika.mk/?p=533397

Кипар е една од омилените дестинации на туристите од Србија, но бидејќи островите генерално се сметаат за поскапи дестинации, преовладува мислењето дека ги посетуваат „само побогатите слоеви на општеството“.

Плажата Ниси е една од најпознатите и најпопуларните на овој остров, па на околу три километри од центарот на Аја Напа треба да потрошите едно евро и 50 центи за автобус или шест евра за такси.

Повеќето плажи на Кипар се потполно бесплатни за посетителите, па капењето и сончањето нема да ве чинат ништо доколку не ви пречи да лежите на пешкир, меѓутоа, доколку се одлучите да изнајмите лежалки и чадор, ситуацијата е нешто поинаква.

Цената на лежалките низ островот е две ипол евра, колку ќе треба да потрошите доколку се решите да користите чадор за сонце, а за оние кои се прашуваат дали е скапо да се јаде во баровите и рестораните на Кипар, одговорот е дека цените на храната и пијалоците се поевтни  омилените грчки дестинации,

The post Во оваа земја лежалки и чадор чинат само 150 денари appeared first on Република.

]]>

Кипар е една од омилените дестинации на туристите од Србија, но бидејќи островите генерално се сметаат за поскапи дестинации, преовладува мислењето дека ги посетуваат „само побогатите слоеви на општеството“. Плажата Ниси е една од најпознатите и најпопуларните на овој остров, па на околу три километри од центарот на Аја Напа треба да потрошите едно евро и 50 центи за автобус или шест евра за такси. Повеќето плажи на Кипар се потполно бесплатни за посетителите, па капењето и сончањето нема да ве чинат ништо доколку не ви пречи да лежите на пешкир, меѓутоа, доколку се одлучите да изнајмите лежалки и чадор, ситуацијата е нешто поинаква. Цената на лежалките низ островот е две ипол евра, колку ќе треба да потрошите доколку се решите да користите чадор за сонце, а за оние кои се прашуваат дали е скапо да се јаде во баровите и рестораните на Кипар, одговорот е дека цените на храната и пијалоците се поевтни  омилените грчки дестинации,

The post Во оваа земја лежалки и чадор чинат само 150 денари appeared first on Република.

]]>