Од 20 јуни до 22 август, за време на летната туристичка сезона, ќе биде воведен директен чартер лет од Скопје до Кипар. Чартер летот ќе биде на дневно ниво и ќе се лета од Скопје до Ларнака со „Балкан холидеј ер“ (Balkan Holiday Air).

Кипар отсекогаш бил топ туристичка дестинација, а овој нов лет несомнено ќе донесе повеќе посетители на нашиот прекрасен остров. Уверени сме дека оваа нова соработка ќе има значително влијание за нашата туристичка индустрија, изјави Џорџ Минас, директор за развој на пазарот од Одделот за меѓународни односи на Кипар од Министерството за туризам.

Чартер летот се реализира во соработка со неколку туристички агенции од земјава – ЈК Травел, Аталантис Груп, ЕТЦ травел, Магелан и Ваикики Травел.

Уверени сме дека овој нов чартер лет на патниците ќе им понуди неверојатна можност да ја истражат убавината на Кипар, вели Елизабета Кочева Јосифовска, како претставник на туристичките агенции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.