киднапирање Archives - Република https://republika.mk/tema/kidnapiranje/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 07:52:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png киднапирање Archives - Република https://republika.mk/tema/kidnapiranje/ 32 32 Ужас во Битола: Си ги пресекла вените, само за да престане да ја удира – не престанал! https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uzhas-vo-bitola-si-gi-presekla-venite-samo-za-da-prestane-da-ja-udira-ne-prestanal/ Wed, 30 Oct 2024 07:52:53 +0000 https://republika.mk/?p=832284

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 39-годишен битолчанец, осомничен за дело – Противправно лишување од слобода од член 140 став 5 во врска со став 2 и со став 1, како и – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 21 октомври, при вршење на семејно насилство и на свиреп начин, осомничениот противправно ја затворил и ја држел затворена, а потоа и телесно ја повредил неговата поранешна партнерка. Оштетената, пред нејзината куќа, влегла во неговото возило. Тој започнал да вози и најпрво со тупаница ја удрил во пределот на главата. Потоа ја однел во неговата викендица во Нижеполе, каде насилно ја турнал, ја заклучил и додека ја држел затворена, еден час ја удирал со шлаканици, тупаници и клоци по главата и телото. Оштетената не можела повеќе да го издржи ваквото негово насилничко однесување, па посегнала по нож од кујната со кој си ги исекла вените на левата рака. Но, осомничениот продолжил свирепо да ја удира, нанесувајќи и повеќе телесни повреди, информираат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, но осомничениот е во бегство, па притворската мерка ќе започне да се спроведува сметано од денот на неговото пронаоѓање, лишување од слобода и приведување.

The post Ужас во Битола: Си ги пресекла вените, само за да престане да ја удира – не престанал! appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 39-годишен битолчанец, осомничен за дело – Противправно лишување од слобода од член 140 став 5 во врска со став 2 и со став 1, како и – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 21 октомври, при вршење на семејно насилство и на свиреп начин, осомничениот противправно ја затворил и ја држел затворена, а потоа и телесно ја повредил неговата поранешна партнерка. Оштетената, пред нејзината куќа, влегла во неговото возило. Тој започнал да вози и најпрво со тупаница ја удрил во пределот на главата. Потоа ја однел во неговата викендица во Нижеполе, каде насилно ја турнал, ја заклучил и додека ја држел затворена, еден час ја удирал со шлаканици, тупаници и клоци по главата и телото. Оштетената не можела повеќе да го издржи ваквото негово насилничко однесување, па посегнала по нож од кујната со кој си ги исекла вените на левата рака. Но, осомничениот продолжил свирепо да ја удира, нанесувајќи и повеќе телесни повреди, информираат од Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, но осомничениот е во бегство, па притворската мерка ќе започне да се спроведува сметано од денот на неговото пронаоѓање, лишување од слобода и приведување.

The post Ужас во Битола: Си ги пресекла вените, само за да престане да ја удира – не престанал! appeared first on Република.

]]>
Мајка и син ја затвориле неговата девојка дома, не ја давале ни кога полицијата дошла да интервенира https://republika.mk/vesti/crna-hronika/majka-i-sin-ja-zatvorile-negovata-devojka-doma-ne-ja-davale-ni-koga-politsijata-doshla-da-intervenira/ Wed, 31 Jul 2024 11:24:58 +0000 https://republika.mk/?p=801955

Вчера во 17.15 часот во гостиварски Градец, полициски службеници од Полициското одделение Галате ја лишиле од слобода К.Н.(54) од Градец затоа што агресивно се однесувала и спречувала полициски службеници при вршење службени дејствија.

Постапувајќи по претходна пријава од 25-годишна девојка од Гостивар дека К.Н. и нејзиниот син Ф.Н., со кој порано живеела во вонбрачна заедница, од 28.07.2024 без нејзина волја ја држеле во нивниот дом во село Градец, К.Н. агресивно се однесувала кон нив и не дозволувала да ја земат девојката од нивниот дом, објаснуваат од СВР Тетово.

Додаваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот следува соодветна пријава.

The post Мајка и син ја затвориле неговата девојка дома, не ја давале ни кога полицијата дошла да интервенира appeared first on Република.

]]>

Вчера во 17.15 часот во гостиварски Градец, полициски службеници од Полициското одделение Галате ја лишиле од слобода К.Н.(54) од Градец затоа што агресивно се однесувала и спречувала полициски службеници при вршење службени дејствија.
Постапувајќи по претходна пријава од 25-годишна девојка од Гостивар дека К.Н. и нејзиниот син Ф.Н., со кој порано живеела во вонбрачна заедница, од 28.07.2024 без нејзина волја ја држеле во нивниот дом во село Градец, К.Н. агресивно се однесувала кон нив и не дозволувала да ја земат девојката од нивниот дом, објаснуваат од СВР Тетово.
Додаваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот следува соодветна пријава.

The post Мајка и син ја затвориле неговата девојка дома, не ја давале ни кога полицијата дошла да интервенира appeared first on Република.

]]>
Ја грабнал невенчаната сопруга и ја терал да ја повлече пријавата за семејно насилство https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ja-grabnal-nevenchanata-sopruga-i-ja-teral-da-ja-povleche-prijavata-za-semejno-nasilstvo/ Tue, 09 Jul 2024 14:23:02 +0000 https://republika.mk/?p=794967

Вчера во 15.00 часот во ОВР Гостивар, 25-годишна гостиварка пријавила дека на 05.07.2024 година околу 12.00 часот нејзиниот невенчан сопруг Ф.Н. од гостиварски Градец, со кого биле разделени, барајќи од неа да повлече судска пријава во врска со семејно насилство, со сила ја однел со такси во неговиот дом и ѝ упатил закани.

Од СВР Тетово преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Ја грабнал невенчаната сопруга и ја терал да ја повлече пријавата за семејно насилство appeared first on Република.

]]>

Вчера во 15.00 часот во ОВР Гостивар, 25-годишна гостиварка пријавила дека на 05.07.2024 година околу 12.00 часот нејзиниот невенчан сопруг Ф.Н. од гостиварски Градец, со кого биле разделени, барајќи од неа да повлече судска пријава во врска со семејно насилство, со сила ја однел со такси во неговиот дом и ѝ упатил закани. Од СВР Тетово преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Ја грабнал невенчаната сопруга и ја терал да ја повлече пријавата за семејно насилство appeared first on Република.

]]>
Тортура врз млад скопјанец – го киднапирале и го натерале да се запали https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tortura-vrz-mlad-skopjanets-go-kidnapirale-i-go-naterale-da-se-zapali/ Fri, 05 Jul 2024 07:00:17 +0000 https://republika.mk/?p=793584

Вчера во 00.37 часот во СВР Скопје од страна на Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека настанал пожар во индустриска зона Ќојлија, а малку подоцна од страна на полициски службеници од ГП Меѓународен аеродром Скопје било пријавено дека во нивниот објект со повреди од изгореници дошол Б.А.(24) од Скопје.

Тој кажал дека од неколку лица бил насилно пренесен со возило од нас.Ченто до Ќојлија. Според пријавеното, лицата со закана го натерале да се запали, по што избегале, а тој успеал да го изгасне огнот, од кој бил зафатен и помошен објект во близина, велат од МВР.

Повредениот Б.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

The post Тортура врз млад скопјанец – го киднапирале и го натерале да се запали appeared first on Република.

]]>

Вчера во 00.37 часот во СВР Скопје од страна на Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека настанал пожар во индустриска зона Ќојлија, а малку подоцна од страна на полициски службеници од ГП Меѓународен аеродром Скопје било пријавено дека во нивниот објект со повреди од изгореници дошол Б.А.(24) од Скопје. Тој кажал дека од неколку лица бил насилно пренесен со возило од нас.Ченто до Ќојлија. Според пријавеното, лицата со закана го натерале да се запали, по што избегале, а тој успеал да го изгасне огнот, од кој бил зафатен и помошен објект во близина, велат од МВР. Повредениот Б.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Тортура врз млад скопјанец – го киднапирале и го натерале да се запали appeared first on Република.

]]>
Го одвеле на гробиштата во Арачиново и го тепале https://republika.mk/vesti/crna-hronika/go-odvele-na-grobishtata-vo-arachinovo-i-go-tepale/ Thu, 06 Jun 2024 07:30:42 +0000 https://republika.mk/?p=785123

Во понеделникот во периодот од 17.30 до 21.00 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Т.(37), Н.С.(39) и Д.С.(34), сите од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од К.Б.(35) од Скопје.

Според пријавата, на 01.06.2024 околу 12.45 часот со патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки го однеле во близина на гробиштата во с.Арачиново, скопско, каде што го држеле без негова волја и физички го нападнале. Според пријавеното, тој успеал да избега после некое време. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава, велат од МВР.

 

The post Го одвеле на гробиштата во Арачиново и го тепале appeared first on Република.

]]>

Во понеделникот во периодот од 17.30 до 21.00 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Т.(37), Н.С.(39) и Д.С.(34), сите од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од К.Б.(35) од Скопје.
Според пријавата, на 01.06.2024 околу 12.45 часот со патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки го однеле во близина на гробиштата во с.Арачиново, скопско, каде што го држеле без негова волја и физички го нападнале. Според пријавеното, тој успеал да избега после некое време. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава, велат од МВР.
 

The post Го одвеле на гробиштата во Арачиново и го тепале appeared first on Република.

]]>
Полицаец со двајца другари киднапирале скопјанец – му се заканиле дека ќе го убијат него и неговиот татко https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsaets-so-dvajtsa-drugari-kidnapirale-skopjanets-mu-se-zakanile-deka-ke-go-ubijat-nego-i-negoviot-tatko/ Sun, 05 May 2024 08:11:04 +0000 https://republika.mk/?p=774395

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 и Противправно лишување од слобода согласно член 140 став 5 од Кривичниот законик.

Двајцата се осомничени дека на 23 април противправно лишиле од слобода едно лице, така што го повикале да излезе со изговор дека им е потребна помош, а потоа присилно го внеле во автомобил и се упатиле кон мостот на улицата “Беласица”.

Со возилото управувало трето лице – полициски службеник против кого постапката е издвоена и ќе ја води Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Додека полицискиот службеник возел, двајцата други осомничени му се заканувале на оштетениот и му нанеле убодни рани со нож во ногата и во рамото. Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди.

Тие му одзеле околу 8.000 денари колку што имал оштетениот со себе во моментот, а потоа го пуштиле да си оди со закана дека доколку до 1 мај не им исплати 10.000 евра ќе го убијат и него и неговиот татко.

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени против кои постапува. Едниот од нив е во бегство и притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

The post Полицаец со двајца другари киднапирале скопјанец – му се заканиле дека ќе го убијат него и неговиот татко appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 и Противправно лишување од слобода согласно член 140 став 5 од Кривичниот законик. Двајцата се осомничени дека на 23 април противправно лишиле од слобода едно лице, така што го повикале да излезе со изговор дека им е потребна помош, а потоа присилно го внеле во автомобил и се упатиле кон мостот на улицата “Беласица”. Со возилото управувало трето лице – полициски службеник против кого постапката е издвоена и ќе ја води Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Додека полицискиот службеник возел, двајцата други осомничени му се заканувале на оштетениот и му нанеле убодни рани со нож во ногата и во рамото. Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди. Тие му одзеле околу 8.000 денари колку што имал оштетениот со себе во моментот, а потоа го пуштиле да си оди со закана дека доколку до 1 мај не им исплати 10.000 евра ќе го убијат и него и неговиот татко. Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени против кои постапува. Едниот од нив е во бегство и притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

The post Полицаец со двајца другари киднапирале скопјанец – му се заканиле дека ќе го убијат него и неговиот татко appeared first on Република.

]]>
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција https://republika.mk/vesti/svet/idf-za-snimkata-na-zalozhnikot-objavena-od-hamas-ova-e-iten-povik-za-aktsija/ Thu, 25 Apr 2024 07:22:11 +0000 https://republika.mk/?p=770778

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари, коментирајќи го видеото на израелско-американскиот заложник, Херш Голдберг-Полин, објавено од милитантната група Хамас, рече дека тоа е итен повик за акција и додаде дека израелската армијата нема да остави „камен на камен во напорите да ги пронајде заложниците“.

Хамас објави видео од 23-годишниот Херш Голдберг-Полин, американско-израелски младинец, кој славеше со своите пријатели на музичкиот фестивал Нова, кога Хамас на 7 октомври насилно и брутално го нападна и киднапираше.

-Хамас го држи Херш во Газа повеќе од 200 дена. Хамас продолжува да држи 133 заложници во Газа повеќе од 200 дена, во нехумани услови, рече Хагари во видео пораката.

Тој рече дека ИДФ ќе продолжи да го гони Хамас низ Газа додека не се ослободат заложниците, пишува „Тајмс оф Израел“.

– Ова е итен повик за акција. Ние нема да оставиме камен на камен во нашите напори да ги најдеме нашите заложници. Ова видео со психолошки тероризам не е само потсетување на она што го направи Хамас на 7 октомври, туку и колку е болна оваа терористичка група која ги тероризира заложниците и нивните семејства, рече портпаролот на ИДФ.

Палестинското милитантно движење Хамас вчера објави видео на кое е прикажан Херш Голдберг-Полин.

Краткиот, недатиран клип покажува дека на 23-годишното момче му недостасува потколеница, но инаку изгледа здраво. Во видео-порака, тој рече дека претрпел сериозни повреди за време на нападот на 7 октомври, откако се обидел да го искористи своето тело како штит за да се заштити себеси и другите исплашени цивили, пренесуваат британските медиуми.

The post ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари, коментирајќи го видеото на израелско-американскиот заложник, Херш Голдберг-Полин, објавено од милитантната група Хамас, рече дека тоа е итен повик за акција и додаде дека израелската армијата нема да остави „камен на камен во напорите да ги пронајде заложниците“. Хамас објави видео од 23-годишниот Херш Голдберг-Полин, американско-израелски младинец, кој славеше со своите пријатели на музичкиот фестивал Нова, кога Хамас на 7 октомври насилно и брутално го нападна и киднапираше. -Хамас го држи Херш во Газа повеќе од 200 дена. Хамас продолжува да држи 133 заложници во Газа повеќе од 200 дена, во нехумани услови, рече Хагари во видео пораката. Тој рече дека ИДФ ќе продолжи да го гони Хамас низ Газа додека не се ослободат заложниците, пишува „Тајмс оф Израел“. – Ова е итен повик за акција. Ние нема да оставиме камен на камен во нашите напори да ги најдеме нашите заложници. Ова видео со психолошки тероризам не е само потсетување на она што го направи Хамас на 7 октомври, туку и колку е болна оваа терористичка група која ги тероризира заложниците и нивните семејства, рече портпаролот на ИДФ. Палестинското милитантно движење Хамас вчера објави видео на кое е прикажан Херш Голдберг-Полин. Краткиот, недатиран клип покажува дека на 23-годишното момче му недостасува потколеница, но инаку изгледа здраво. Во видео-порака, тој рече дека претрпел сериозни повреди за време на нападот на 7 октомври, откако се обидел да го искористи своето тело како штит за да се заштити себеси и другите исплашени цивили, пренесуваат британските медиуми.

The post ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција appeared first on Република.

]]>
Почесен конзул на Британија е киднапиран во Еквадор https://republika.mk/vesti/svet/pochesen-konzul-na-britanija-e-kidnapiran-vo-ekvador/ Sun, 17 Dec 2023 10:19:33 +0000 https://republika.mk/?p=723798

Почесниот конзул на Обединетото Кралство во еквадорскиот град Гвајакил, Колин Армстронг, e киднапиран, во провинцијата Лос Риос, објавија локалните власти.

Според полицијата, британскиот конзил бил киднапиран од неговата фарма, лоцирана во кантонот Бабахојо.

Киднапирањето се случило кога околу 15 луѓе влегле на фармата и го зеле Армстронг, заедно со неговата сопатничка, жена од колумбиска националност.

The post Почесен конзул на Британија е киднапиран во Еквадор appeared first on Република.

]]>

Почесниот конзул на Обединетото Кралство во еквадорскиот град Гвајакил, Колин Армстронг, e киднапиран, во провинцијата Лос Риос, објавија локалните власти. Според полицијата, британскиот конзил бил киднапиран од неговата фарма, лоцирана во кантонот Бабахојо. Киднапирањето се случило кога околу 15 луѓе влегле на фармата и го зеле Армстронг, заедно со неговата сопатничка, жена од колумбиска националност.

The post Почесен конзул на Британија е киднапиран во Еквадор appeared first on Република.

]]>
Да се отвори случајот за киднапирањето на малата Билјана од 1989, и таа беше пронајдена во Бразда, апелира Ѓурчевски https://republika.mk/vesti/makedonija/da-se-otvori-sluchajot-za-kidnapiraneto-na-malata-biljana-od-1989-i-taa-beshe-pronajdena-vo-brazda-apelira-gurchevski/ Fri, 15 Dec 2023 10:24:31 +0000 https://republika.mk/?p=723236

Анализирајќи го случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во емисијата на актерот Сашо Тасевски на Ем ТВ, поранешниот началник во МВР и безбедносен аналитичар Љубомир Ѓурчевски посочи на сличноста со случајот на киднапирањето на малата Билјана Србиновска во 1989 година.

Тој потсети дека таа била киднапирана на сличен начин како и Вања, или од влезот на воената во Карпош 2 каде што живеела или во непосредна близина, а нејзинототело било пронајдено исто така во атарот на селото Бразда, само на различна страна. Тој вели дека полицијата треба да го отвори и тој случај, и со оглед на тоа што случајот е сличен како овој, и да се утврди дали има поврзаност на сега осомничените со киднапирањето на деветгодишната Билјана, бидејќи тој случај и ден денес е нерешен.

Ѓурчевски, исто така, во интервјуто кажа дека такво убиство не може да свари сечиј организам, бидејќи, како што вели, нормален ум тоа не може да го направи, ако не е под седативи или во непресметлива состојба, „освен ако тоа не го сторил повеќепати претходно со што ја истиснал целата човечност од себе“.

https://youtu.be/TdBs5z6STfA?si=kmG_r1SPXXXV3nco

The post Да се отвори случајот за киднапирањето на малата Билјана од 1989, и таа беше пронајдена во Бразда, апелира Ѓурчевски appeared first on Република.

]]>

Анализирајќи го случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во емисијата на актерот Сашо Тасевски на Ем ТВ, поранешниот началник во МВР и безбедносен аналитичар Љубомир Ѓурчевски посочи на сличноста со случајот на киднапирањето на малата Билјана Србиновска во 1989 година. Тој потсети дека таа била киднапирана на сличен начин како и Вања, или од влезот на воената во Карпош 2 каде што живеела или во непосредна близина, а нејзинототело било пронајдено исто така во атарот на селото Бразда, само на различна страна. Тој вели дека полицијата треба да го отвори и тој случај, и со оглед на тоа што случајот е сличен како овој, и да се утврди дали има поврзаност на сега осомничените со киднапирањето на деветгодишната Билјана, бидејќи тој случај и ден денес е нерешен. Ѓурчевски, исто така, во интервјуто кажа дека такво убиство не може да свари сечиј организам, бидејќи, како што вели, нормален ум тоа не може да го направи, ако не е под седативи или во непресметлива состојба, „освен ако тоа не го сторил повеќепати претходно со што ја истиснал целата човечност од себе“. https://youtu.be/TdBs5z6STfA?si=kmG_r1SPXXXV3nco

The post Да се отвори случајот за киднапирањето на малата Билјана од 1989, и таа беше пронајдена во Бразда, апелира Ѓурчевски appeared first on Република.

]]>
МВР: Нема никаков обид за киднапирање, момче поканило ученичка во неговотo возило за да одат на кафе https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-nema-nikakov-obid-za-kidnapirane-momche-pokanilo-uchenichka-vo-negovoto-vozilo-za-da-odat-na-kafe/ Tue, 05 Dec 2023 12:06:20 +0000 https://republika.mk/?p=719920

Министерството за внатрешни работи го демантира случајот за обидот за киднапирање пред основното училиште „Страшо Пинџур“ во општина Карбинци. Како што информираат од СВР Штип, момче поканило во своето возило да влезе ученичка за да одат на кафе.

Денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката, информираат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

The post МВР: Нема никаков обид за киднапирање, момче поканило ученичка во неговотo возило за да одат на кафе appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи го демантира случајот за обидот за киднапирање пред основното училиште „Страшо Пинџур“ во општина Карбинци. Како што информираат од СВР Штип, момче поканило во своето возило да влезе ученичка за да одат на кафе. Денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката, информираат од МВР. Се работи на расчистување на случајот.

The post МВР: Нема никаков обид за киднапирање, момче поканило ученичка во неговотo возило за да одат на кафе appeared first on Република.

]]>
Обид за киднапирање на ученици во основно училиште во Карбинци https://republika.mk/vesti/crna-hronika/obid-za-kidnapirane-na-uchenitsi-vo-osnovno-uchilishte-vo-karbintsi/ Tue, 05 Dec 2023 11:30:23 +0000 https://republika.mk/?p=719888

Дете од турска и македонска националнсот биле мета на киднапери во Карбинци. Оваа вест која ја вознемири јавноста ја пренесе штипската телевизија „Стар“.

Дете од турска и македонска националност биле мета на киднаперите во Карбинци. Неуспешниот обид за киднапирање го потврдува и директорката на училиштето „Страшо Пинџур“, Наталија Костова која во кратка изјава за ТВ Стар објасни дека возило со скопски регистарски таблици се обиделе да ги киднапираат деца во училишниот двор, но кога не успеале избегале.

Полицијата го испитува случајот, а луѓето во Карбинци „се на нозе“.

The post Обид за киднапирање на ученици во основно училиште во Карбинци appeared first on Република.

]]>

Дете од турска и македонска националнсот биле мета на киднапери во Карбинци. Оваа вест која ја вознемири јавноста ја пренесе штипската телевизија „Стар“. Дете од турска и македонска националност биле мета на киднаперите во Карбинци. Неуспешниот обид за киднапирање го потврдува и директорката на училиштето „Страшо Пинџур“, Наталија Костова која во кратка изјава за ТВ Стар објасни дека возило со скопски регистарски таблици се обиделе да ги киднапираат деца во училишниот двор, но кога не успеале избегале. Полицијата го испитува случајот, а луѓето во Карбинци „се на нозе“.

The post Обид за киднапирање на ученици во основно училиште во Карбинци appeared first on Република.

]]>
Каратист од Велес е еден од осомничените за киднапирањето и убиството на Вања https://republika.mk/vesti/crna-hronika/karatist-od-veles-e-eden-od-osomnichenite-za-kidnapiraneto-i-ubistvoto-na-vana/ Tue, 05 Dec 2023 07:52:11 +0000 https://republika.mk/?p=719737

Пет лица се осомничени за убиството на Вања Горчевска, а меѓу нив е и каратист од Велес. Велешкиот спортист Боре Видевски, кој е во притвор, е уапсен во неговата спортска школа за боречки вештини.

Видовски е еден од тројцата приведени осомничени, меѓу кои се Велибор Манев и Влатко Кешишев. Освен за киднапирање, сите тројца се осомничени за двојно убиство на Вања Горчевска (14) и 74-годишниот Панче Жежевски, фризер од Велес. Тие во понеделникот наутро добија притвор до 48 часа.

На распитот го откриле времето кога е убиена Вања и кога е убиен Панче.

Го имаме признанието на осомничените кој за што е одговарен, изјави вчера шефот на Скопското јавно обвинителство, Гаврил Бубевски.

Според првите информации, тие во своите изјави истакале дека Вања била убиена бидејќи работата излегла од контрола.

Тоа е нивната верзија, додаде Бубевски.

Видевски на својот Фејсбук профил објавувал фотографии со децата кои ги тренирал во боречки вештини. Коментарите под фотографиите сведочат дека осомничениот Боре бил мајстор во спортот, како и дека натпреварувачите и нивните родители го обожавале.

Засега не се знае каква била неговата улога во киднапирањето, а властите вчера на прес-конференција соопштија дека осомничените признале што направиле во случајот што го шокираше Балканот.

Видевски е тајно изведен пред судија. Тој бил спроведен во судницата преку гаражата на Кривичниот суд, а потоа во лифтот до третиот кат на зградата.

По главниот осомничен за двојното убиство Љупча Палевски-Палчо е распишана меѓународна потерница. По злосторството на 30 ноември избегал во Белград, а оттаму во Бугарија.

На Александар Ѓорчевски, таткото на убиеното 14-годишно девојче Вања, синоќа му е одреден притвор до 48 часа.

Тој ќе биде сместен во затворот „Шутка“ каде се и тројца други осомничени. Се сомничи дека им кажал на убијците кога и каде ќерка му ќе биде сама.

 

The post Каратист од Велес е еден од осомничените за киднапирањето и убиството на Вања appeared first on Република.

]]>

Пет лица се осомничени за убиството на Вања Горчевска, а меѓу нив е и каратист од Велес. Велешкиот спортист Боре Видевски, кој е во притвор, е уапсен во неговата спортска школа за боречки вештини. Видовски е еден од тројцата приведени осомничени, меѓу кои се Велибор Манев и Влатко Кешишев. Освен за киднапирање, сите тројца се осомничени за двојно убиство на Вања Горчевска (14) и 74-годишниот Панче Жежевски, фризер од Велес. Тие во понеделникот наутро добија притвор до 48 часа. На распитот го откриле времето кога е убиена Вања и кога е убиен Панче.
Го имаме признанието на осомничените кој за што е одговарен, изјави вчера шефот на Скопското јавно обвинителство, Гаврил Бубевски.
Според првите информации, тие во своите изјави истакале дека Вања била убиена бидејќи работата излегла од контрола.
Тоа е нивната верзија, додаде Бубевски.
Видевски на својот Фејсбук профил објавувал фотографии со децата кои ги тренирал во боречки вештини. Коментарите под фотографиите сведочат дека осомничениот Боре бил мајстор во спортот, како и дека натпреварувачите и нивните родители го обожавале. Засега не се знае каква била неговата улога во киднапирањето, а властите вчера на прес-конференција соопштија дека осомничените признале што направиле во случајот што го шокираше Балканот. Видевски е тајно изведен пред судија. Тој бил спроведен во судницата преку гаражата на Кривичниот суд, а потоа во лифтот до третиот кат на зградата. По главниот осомничен за двојното убиство Љупча Палевски-Палчо е распишана меѓународна потерница. По злосторството на 30 ноември избегал во Белград, а оттаму во Бугарија. На Александар Ѓорчевски, таткото на убиеното 14-годишно девојче Вања, синоќа му е одреден притвор до 48 часа. Тој ќе биде сместен во затворот „Шутка“ каде се и тројца други осомничени. Се сомничи дека им кажал на убијците кога и каде ќерка му ќе биде сама.  

The post Каратист од Велес е еден од осомничените за киднапирањето и убиството на Вања appeared first on Република.

]]>
Скопјанец лажно пријавил дека видел како киднапираат девојче во комбе https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-lazhno-prijavil-deka-videl-kako-kidnapiraat-devojche-vo-kombe/ Fri, 17 Nov 2023 09:34:17 +0000 https://republika.mk/?p=702447

Полициски службеници од СВР Скопје вчера го привеле Џ.Г. (53) од Скопје поради лажно пријавување.

Тој, како што соопштија од МВР, пријавил дека наводно во Скопје две лица со комбе „мерцедес“ се обиделе да грабнат малолетничка , но не успеале, при што, по добиената пријава, полициски службеници преземале соодветни мерки и активности и утврдиле дека пријавата е лажна, односно, нема таков случај. Потоа, со пријавителот е извршен службен разговор во кој тој признал дека го измислил настанот, водејќи се од лажните објави кои деновиве се споделуваа на социјалните мрежи за наводни киднапери.

Против Џ.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Скопјанец лажно пријавил дека видел како киднапираат девојче во комбе appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Скопје вчера го привеле Џ.Г. (53) од Скопје поради лажно пријавување. Тој, како што соопштија од МВР, пријавил дека наводно во Скопје две лица со комбе „мерцедес“ се обиделе да грабнат малолетничка , но не успеале, при што, по добиената пријава, полициски службеници преземале соодветни мерки и активности и утврдиле дека пријавата е лажна, односно, нема таков случај. Потоа, со пријавителот е извршен службен разговор во кој тој признал дека го измислил настанот, водејќи се од лажните објави кои деновиве се споделуваа на социјалните мрежи за наводни киднапери. Против Џ.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Скопјанец лажно пријавил дека видел како киднапираат девојче во комбе appeared first on Република.

]]>
МВР: Нема никакви киднапери, ниту одземено дете https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-nema-nikakvi-kidnaperim-nitu-odzemeno-dete/ Thu, 16 Nov 2023 07:06:50 +0000 https://republika.mk/?p=701966

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите пласирани преку социјалните мрежи за киднапирања.

- Нема ниту едно одземено дете, ниту било какви киднапери. Апелираме да не се шират дезинформации по социјалните мрежи кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните. Полицијата е присутна насекаде и ја гарантира безбедноста на граѓаните, се наведува во соопштението од МВР

The post МВР: Нема никакви киднапери, ниту одземено дете appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите пласирани преку социјалните мрежи за киднапирања.
- Нема ниту едно одземено дете, ниту било какви киднапери. Апелираме да не се шират дезинформации по социјалните мрежи кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните. Полицијата е присутна насекаде и ја гарантира безбедноста на граѓаните, се наведува во соопштението од МВР

The post МВР: Нема никакви киднапери, ниту одземено дете appeared first on Република.

]]>
Обид за киднапирање на бебето на Нејмар https://republika.mk/sport/fudbal/obid-za-kidnapirane-na-bebeto-na-nejmar/ Tue, 07 Nov 2023 21:05:29 +0000 https://republika.mk/?p=699312

Вистинската драма се одвивала рано утринава во Шпанија,  куќата на Бруна Бјанкарди, поранешната девојка на бразилскиот репрезентативец Нејмар, кога крадци  се обиделе да го киднапираат нивното новороденче Мави.

Осомничените биле вооружени и ги барале Бруна и нивната ќерка, но за среќа двете не биле во станот во моментот на грабежот.

Соседите ги повикале властите откако забележале дека нешто чудно се случува во куќата, а како што пренесува весникот Р7, во станот биле родителите на неговата поранешна девојка кои биле врзани, но тие поминале без посериозни повреди.

По повикот, полицијата го опколила нејзиниот имот и успеала да уапси еден осомничен додека другите избегале со луксузни чанти, часовници и накит.

Според полицискиот извештај „во резиденцијата на Бруна влегле вооружени разбојници и ги врзале нејзините родители кои се на 50 и 52 години, по што и украле вредни работи од домот. Уапсен е 20-годишен маж, додека вториот сторител е идентификуван, а на третиот се работи забрзано на идентификација како и негово приведување“.

Веднаш откако дознал за обидот за киднапирање се огласи Нејмар, кој порача дека во овој лош ден, мило му е што сѐ во ред со родителите на Бруна.

The post Обид за киднапирање на бебето на Нејмар appeared first on Република.

]]>

Вистинската драма се одвивала рано утринава во Шпанија,  куќата на Бруна Бјанкарди, поранешната девојка на бразилскиот репрезентативец Нејмар, кога крадци  се обиделе да го киднапираат нивното новороденче Мави. Осомничените биле вооружени и ги барале Бруна и нивната ќерка, но за среќа двете не биле во станот во моментот на грабежот. Соседите ги повикале властите откако забележале дека нешто чудно се случува во куќата, а како што пренесува весникот Р7, во станот биле родителите на неговата поранешна девојка кои биле врзани, но тие поминале без посериозни повреди. По повикот, полицијата го опколила нејзиниот имот и успеала да уапси еден осомничен додека другите избегале со луксузни чанти, часовници и накит. Според полицискиот извештај „во резиденцијата на Бруна влегле вооружени разбојници и ги врзале нејзините родители кои се на 50 и 52 години, по што и украле вредни работи од домот. Уапсен е 20-годишен маж, додека вториот сторител е идентификуван, а на третиот се работи забрзано на идентификација како и негово приведување“. Веднаш откако дознал за обидот за киднапирање се огласи Нејмар, кој порача дека во овој лош ден, мило му е што сѐ во ред со родителите на Бруна.

The post Обид за киднапирање на бебето на Нејмар appeared first on Република.

]]>
Клоп за киднапирањето на родителите на Дијаз: Беше тешка ноќ за сите нас https://republika.mk/sport/fudbal/klop-za-kidnapiraneto-na-roditelite-na-dijaz-beshe-teshka-nok-za-site-nas/ Sun, 29 Oct 2023 16:34:20 +0000 https://republika.mk/?p=696021

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп зборуваше за ситуацијата со киднапирањето на родителите на фудбалерот Луис Дијаз.

Дваесет и шестгодишниот крилен напаѓач не се најде во составот на тимот за натпреварот против Нотингем Форест во 10. коло од Премиер лигата.

Очигледно моравме да направиме доцни промени во тимот поради личната ситуација на Луис Дијаз. Беше тешка ноќ за сите нас. Ова никогаш претходно не се случило во моите тимови. Ова е ново искуство за кое никој не се радува, изјави Клоп за „BBC“.

Претходно се дозна дека родителите на Дијаз биле киднапирани во Колумбија. Мајката на играчот била спасена речиси веднаш, а според локалните медиуми, таткото попладнево е ослободен по престрелката на полицијата со киднаперите.

The post Клоп за киднапирањето на родителите на Дијаз: Беше тешка ноќ за сите нас appeared first on Република.

]]>

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп зборуваше за ситуацијата со киднапирањето на родителите на фудбалерот Луис Дијаз. Дваесет и шестгодишниот крилен напаѓач не се најде во составот на тимот за натпреварот против Нотингем Форест во 10. коло од Премиер лигата.
Очигледно моравме да направиме доцни промени во тимот поради личната ситуација на Луис Дијаз. Беше тешка ноќ за сите нас. Ова никогаш претходно не се случило во моите тимови. Ова е ново искуство за кое никој не се радува, изјави Клоп за „BBC“.
Претходно се дозна дека родителите на Дијаз биле киднапирани во Колумбија. Мајката на играчот била спасена речиси веднаш, а според локалните медиуми, таткото попладнево е ослободен по престрелката на полицијата со киднаперите.

The post Клоп за киднапирањето на родителите на Дијаз: Беше тешка ноќ за сите нас appeared first on Република.

]]>
Киднапери уапсени на патарина во Гостивар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kidnaperi-uapseni-na-patarina-vo-gostivar/ Wed, 13 Sep 2023 10:35:02 +0000 https://republika.mk/?p=681519

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, ноќеска околу 1 часот и 35 минути на магистралниот пат Тетово-Гостивар, на наплатната станица Гостивар, ги лишиле од слобода Б.Н.(42) од струшко Велешта и 25-годишната Д.Д. од Република Албанија.

Тие претходно биле пријавени од 34-годишниот стружанец А.А. дека еден час пред тоа во Скопје Б.Н. со употреба на сила го внел во неговото возило „ауди“ и од Скопје се упатиле кон Струга.

Според пријавеното, Б.Н. и физички го нападнал поради нивни нерасчистени должничко-доверителски односи. Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

The post Киднапери уапсени на патарина во Гостивар appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, ноќеска околу 1 часот и 35 минути на магистралниот пат Тетово-Гостивар, на наплатната станица Гостивар, ги лишиле од слобода Б.Н.(42) од струшко Велешта и 25-годишната Д.Д. од Република Албанија. Тие претходно биле пријавени од 34-годишниот стружанец А.А. дека еден час пред тоа во Скопје Б.Н. со употреба на сила го внел во неговото возило „ауди“ и од Скопје се упатиле кон Струга. Според пријавеното, Б.Н. и физички го нападнал поради нивни нерасчистени должничко-доверителски односи. Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

The post Киднапери уапсени на патарина во Гостивар appeared first on Република.

]]>
Киднапирање во Мала Речица https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kidnapirane-vo-mala-rechitsa/ Wed, 23 Aug 2023 09:59:16 +0000 https://republika.mk/?p=674877

Малолетник од тетовска Мала Речица вчеравечер во 23:15 часот во СВР Тетово пријавил дека околу 22 часот на улица „113“ во Тетово бил физички нападнат од две лица, од кои едното го познавал, по што го внеле во нивното возило и му се заканувале со остар предмет.

Се расчистува и документира случајот, велат од СВР Тетово.

The post Киднапирање во Мала Речица appeared first on Република.

]]>

Малолетник од тетовска Мала Речица вчеравечер во 23:15 часот во СВР Тетово пријавил дека околу 22 часот на улица „113“ во Тетово бил физички нападнат од две лица, од кои едното го познавал, по што го внеле во нивното возило и му се заканувале со остар предмет. Се расчистува и документира случајот, велат од СВР Тетово.

The post Киднапирање во Мала Речица appeared first on Република.

]]>
Тетовец ѝ го зел синот на сопругата, па ја претепал https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tetovets-go-zel-sinot-na-soprugata-pa-ja-pretepal/ Fri, 28 Jul 2023 12:14:25 +0000 https://republika.mk/?p=666289

Ноќеска (28 јули) во 02.50 часот во СВР Тетово, 38-годишна жителка на Тетово, со привремена адреса на живеење во Германија, пријавила дека во домот во Тетово нејзиниот сопруг Б.Р.(47) од Тетово ѝ го одзел малолетниот син, по што физички ја нападнал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.

The post Тетовец ѝ го зел синот на сопругата, па ја претепал appeared first on Република.

]]>

Ноќеска (28 јули) во 02.50 часот во СВР Тетово, 38-годишна жителка на Тетово, со привремена адреса на живеење во Германија, пријавила дека во домот во Тетово нејзиниот сопруг Б.Р.(47) од Тетово ѝ го одзел малолетниот син, по што физички ја нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.

The post Тетовец ѝ го зел синот на сопругата, па ја претепал appeared first on Република.

]]>
Не му се допаднало уреденото: Маж не пуштал работници да заминат, морала да интервенира полиција https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-mu-se-dopadnalo-uredenoto-mazh-ne-pushtal-rabotnitsi-da-zaminat-morala-da-intervenira-politsija/ Fri, 09 Jun 2023 16:10:20 +0000 https://republika.mk/?p=649709

Вчера во 17.20 часот на улица „Бањешница“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.Б.(55) од гостиварско Србиново.
Тој се сомничи дека со употреба на сила ги држел во својот дом М.Р.(35) и Џ.Ч.(26), двајцата од Гостивар, затоа што не бил задоволен од извршените работи при
монтажа на инвентар во неговата куќа.

Лицето било задржано во полициска станица за расчистување и документирање на случајот и против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

The post Не му се допаднало уреденото: Маж не пуштал работници да заминат, морала да интервенира полиција appeared first on Република.

]]>

Вчера во 17.20 часот на улица „Бањешница“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.Б.(55) од гостиварско Србиново. Тој се сомничи дека со употреба на сила ги држел во својот дом М.Р.(35) и Џ.Ч.(26), двајцата од Гостивар, затоа што не бил задоволен од извршените работи при монтажа на инвентар во неговата куќа. Лицето било задржано во полициска станица за расчистување и документирање на случајот и против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

The post Не му се допаднало уреденото: Маж не пуштал работници да заминат, морала да интервенира полиција appeared first on Република.

]]>