Кецмановиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/ketsmanovik/ За подобро да се разбереме Thu, 02 Nov 2023 13:17:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кецмановиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/ketsmanovik/ 32 32 Почнува ново рочиште против семејството Кецмановиќ и училиштето, по тужбата на едно од семејствата-жртви https://republika.mk/vesti/balkan/pochnuva-novo-rochishte-protiv-semejstvoto-ketsmanovik-i-uchilishteto-po-tuzhbata-na-edno-od-semejstvata-zhrtvi/ Thu, 02 Nov 2023 13:17:20 +0000 https://republika.mk/?p=697465

Во Вишиот суд во Белград денеска треба да почне граѓанската постапка по втората тужба против семејството Кецмановиќ, чиј син на 3 мај уби девет врсници и училишниот чувар во ОУ „Владислав Рибникар“. Оваа тужба е поднесена од членовите на семејството на едно од убиените девојчиња, во која покрај семејството Кечмановиќ се тужи и училиштето во кое е извршен масакрот.

Неодамна почна граѓанската постапка за тужбата во која учествуваат 27 семејства. Во таа парница прелиминарното рочиште е завршено и главната расправа е закажана за крајот на декември.

Судот ќе одлучи по тужбеното барање и дури по завршувањето на граѓанската постапка ќе донесе одлука дали целосно или делумно ќе го прифати барањето на семејствата, или евентуално ќе го одбие.

Тужбата е поднесена во граѓанска постапка за надомест на нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице, како и за претрпен страв. Со оваа тужба се бара и паричен ануитет, односно идна исплата на одредена сума пари од денот на пресудата до издржување на условите за истата - на име идна нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице.

Судот претходно во однос на таткото на момчето определи привремени мерки за забрана на располагање и отуѓување имот во кривичната постапка против него, а против мајката во граѓанската постапка.

Во граѓанската постапка против мајката на момчето, Вишиот суд во Белград донесе решение за привремена мерка во однос на имотот што е во нејзина сопственост, односно е блокиран за продажба и издавање.

На 10 октомври, Вишото јавно обвинителство во Белград поднесе обвинителен акт против таткото и мајката на момчето, како и против сопственикот и инструкторот на стрелачкиот клуб каде, како што се сомнева, момчето убиец научило да пука, додека малолетникот не е кривично одговорен бидејќи во времето на масакрот не наполнил 14 години.

По поднесувањето на обвинението, Вишиот суд и одреди забрана на мајката да се приближува и да комуницира со момчето убиец.

The post Почнува ново рочиште против семејството Кецмановиќ и училиштето, по тужбата на едно од семејствата-жртви appeared first on Република.

]]>

Во Вишиот суд во Белград денеска треба да почне граѓанската постапка по втората тужба против семејството Кецмановиќ, чиј син на 3 мај уби девет врсници и училишниот чувар во ОУ „Владислав Рибникар“. Оваа тужба е поднесена од членовите на семејството на едно од убиените девојчиња, во која покрај семејството Кечмановиќ се тужи и училиштето во кое е извршен масакрот. Неодамна почна граѓанската постапка за тужбата во која учествуваат 27 семејства. Во таа парница прелиминарното рочиште е завршено и главната расправа е закажана за крајот на декември. Судот ќе одлучи по тужбеното барање и дури по завршувањето на граѓанската постапка ќе донесе одлука дали целосно или делумно ќе го прифати барањето на семејствата, или евентуално ќе го одбие. Тужбата е поднесена во граѓанска постапка за надомест на нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице, како и за претрпен страв. Со оваа тужба се бара и паричен ануитет, односно идна исплата на одредена сума пари од денот на пресудата до издржување на условите за истата - на име идна нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице. Судот претходно во однос на таткото на момчето определи привремени мерки за забрана на располагање и отуѓување имот во кривичната постапка против него, а против мајката во граѓанската постапка. Во граѓанската постапка против мајката на момчето, Вишиот суд во Белград донесе решение за привремена мерка во однос на имотот што е во нејзина сопственост, односно е блокиран за продажба и издавање. На 10 октомври, Вишото јавно обвинителство во Белград поднесе обвинителен акт против таткото и мајката на момчето, како и против сопственикот и инструкторот на стрелачкиот клуб каде, како што се сомнева, момчето убиец научило да пука, додека малолетникот не е кривично одговорен бидејќи во времето на масакрот не наполнил 14 години. По поднесувањето на обвинението, Вишиот суд и одреди забрана на мајката да се приближува и да комуницира со момчето убиец.

The post Почнува ново рочиште против семејството Кецмановиќ и училиштето, по тужбата на едно од семејствата-жртви appeared first on Република.

]]>
Наставничката која го преживеа масакрот во „Рибникар“ не може да оди и не ја движи левата рака https://republika.mk/vesti/balkan/nastavnichkata-koja-go-prezhivea-masakrot-vo-ribnikar-ne-mozhe-da-odi-i-ne-ja-dvizhi-levata-raka/ Thu, 20 Jul 2023 10:12:11 +0000 https://republika.mk/?p=663450

Наставничката по историја Татјана Стевановиќ, која беше ранета во масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ се уште не може да оди и да ја движи левата рака.

Таа од Универзитетскиот клинички центар на Србија, каде неколку пати беше оперирана e префрлена во Заводот за рехабилитација во Сокобањска.

Татјана e една од шесте ранети и за среќа преживеани од страшниот масакр кај Врачар, во кој загинаа десет животи.

Според извор на „Новости“ близок до семејството, таа не може да оди, не ја движи левата рака и се уште психички се опоравува од траумата што ја добила заедно со ранeтите во таа несреќна среда на работното место.

Учителката била ранета во левата рака, десната потколеница и стомакот од момчето убиец, кое завчера преку видео врска сведочеше во судскиот процес против неговиот татко Владимир Кечмановиќ, инаку лекар - радиолог, а тој куршум и го оштетил десниот колк.

„Од таа најтешка е прострелната рана во стомакот, Татјана има оштетувања и на нервите на левата нога, па не може да стои на ниту една“, вели изворот и додава дека од кревет може да стане само во инвалидска количка.

Има мали чекори кон подобро и никој не може да му каже на семејството колку долго може да трае рехабилитацијата или каков ќе биде резултатот.

Според извор близок до семејството, сопругот и двете деца на Татјана како во агонија ги преживеале првите три дена по злосторството на Коста К., кога не се ни знаело дали таа ќе преживее.

„Татјана беше оперирана три пати во УКЦС: првиот ден по приемот го оперираа стомакот, потоа десната потколеница и левата рака. Тие и го спасија животот, па колкот што експлодираше од куршумот што ја погоди во стомакот е оставен „да се справи“ подоцна, кога ќе се стабилизира, наведува изворот.

Сопругот и децата на Татјана, „додека не застанат на нозе по шокот“, не сакаат да се зборуваат за јавноист, иако според нашиот извор неколкупати биле испровоцирани од неточни информации изнесени во јавноста. Можеби затоа, ако се исклучи неколку спомнувања во првите неколку дена во официјалните извештаи за повредените во „Рибникар“ и масакрот во две села околу Младеновац, што го направи Урош Блажиќ само еден ден подоцна, Татјана остана на „маргината“ на трагедија каква што Србија досега не видела.

Познато е дека Татјана не била на списокот на Коста, но се шпекулираше дека имало некаков спор меѓу нив како наставник и ученик, што според соговорникот не е точно.

 

 

The post Наставничката која го преживеа масакрот во „Рибникар“ не може да оди и не ја движи левата рака appeared first on Република.

]]>

Наставничката по историја Татјана Стевановиќ, која беше ранета во масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ се уште не може да оди и да ја движи левата рака. Таа од Универзитетскиот клинички центар на Србија, каде неколку пати беше оперирана e префрлена во Заводот за рехабилитација во Сокобањска. Татјана e една од шесте ранети и за среќа преживеани од страшниот масакр кај Врачар, во кој загинаа десет животи. Според извор на „Новости“ близок до семејството, таа не може да оди, не ја движи левата рака и се уште психички се опоравува од траумата што ја добила заедно со ранeтите во таа несреќна среда на работното место. Учителката била ранета во левата рака, десната потколеница и стомакот од момчето убиец, кое завчера преку видео врска сведочеше во судскиот процес против неговиот татко Владимир Кечмановиќ, инаку лекар - радиолог, а тој куршум и го оштетил десниот колк.
„Од таа најтешка е прострелната рана во стомакот, Татјана има оштетувања и на нервите на левата нога, па не може да стои на ниту една“, вели изворот и додава дека од кревет може да стане само во инвалидска количка.
Има мали чекори кон подобро и никој не може да му каже на семејството колку долго може да трае рехабилитацијата или каков ќе биде резултатот. Според извор близок до семејството, сопругот и двете деца на Татјана како во агонија ги преживеале првите три дена по злосторството на Коста К., кога не се ни знаело дали таа ќе преживее.
„Татјана беше оперирана три пати во УКЦС: првиот ден по приемот го оперираа стомакот, потоа десната потколеница и левата рака. Тие и го спасија животот, па колкот што експлодираше од куршумот што ја погоди во стомакот е оставен „да се справи“ подоцна, кога ќе се стабилизира, наведува изворот.
Сопругот и децата на Татјана, „додека не застанат на нозе по шокот“, не сакаат да се зборуваат за јавноист, иако според нашиот извор неколкупати биле испровоцирани од неточни информации изнесени во јавноста. Можеби затоа, ако се исклучи неколку спомнувања во првите неколку дена во официјалните извештаи за повредените во „Рибникар“ и масакрот во две села околу Младеновац, што го направи Урош Блажиќ само еден ден подоцна, Татјана остана на „маргината“ на трагедија каква што Србија досега не видела. Познато е дека Татјана не била на списокот на Коста, но се шпекулираше дека имало некаков спор меѓу нив како наставник и ученик, што според соговорникот не е точно.    

The post Наставничката која го преживеа масакрот во „Рибникар“ не може да оди и не ја движи левата рака appeared first on Република.

]]>
На барање на семејствата на жртвите привремено одземен имотот на таткото на убиецот од ОУ „Владислав Рибникар“ https://republika.mk/vesti/balkan/na-barane-na-semejstvata-na-zhrtvite-privremeno-odzemen-imotot-na-tatkoto-na-ubietsot-od-ou-vladislav-ribnikar/ Wed, 14 Jun 2023 11:30:42 +0000 https://republika.mk/?p=651282

Судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград донесе решение со кое му забранува на таткото В. К на детето масовен убиец да располага, отуѓува и оптоварува со недвижниот и движен имот чиј сопственик е тој. Одлуката за определување привремени мерки е донесена на предлог на семејствата на убиените деца во основното училиште „Владислав Рибникар“, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од Вишиот суд во Белград, станува збор за стан во Белград, делови од деловен простор во Белград и патничко моторно возило.

Привремените мерки ќе траат до конечното завршување на кривичната постапка.

Против гореспоменатото решение е дозволена жалба до Вишиот суд во Белград, во рок од три дена од приемот на решението, што не го одлага извршувањето на решението.

Обвинетиот В.К. се товари за извршување на кривично дело „тешко дело против општата сигурност“

The post На барање на семејствата на жртвите привремено одземен имотот на таткото на убиецот од ОУ „Владислав Рибникар“ appeared first on Република.

]]>

Судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград донесе решение со кое му забранува на таткото В. К на детето масовен убиец да располага, отуѓува и оптоварува со недвижниот и движен имот чиј сопственик е тој. Одлуката за определување привремени мерки е донесена на предлог на семејствата на убиените деца во основното училиште „Владислав Рибникар“, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопштија од Вишиот суд во Белград, станува збор за стан во Белград, делови од деловен простор во Белград и патничко моторно возило. Привремените мерки ќе траат до конечното завршување на кривичната постапка. Против гореспоменатото решение е дозволена жалба до Вишиот суд во Белград, во рок од три дена од приемот на решението, што не го одлага извршувањето на решението. Обвинетиот В.К. се товари за извршување на кривично дело „тешко дело против општата сигурност“

The post На барање на семејствата на жртвите привремено одземен имотот на таткото на убиецот од ОУ „Владислав Рибникар“ appeared first on Република.

]]>
Капа со пластичен куршум оставена пред белградското училиште каде Кецмановиќ го изврши крвавиот масакр https://republika.mk/vesti/balkan/kapa-so-plastichen-kurshum-ostavena-pred-belgradskoto-uchilishte-kade-ketsmanovik-go-izvrshi-krvaviot-masakr/ Mon, 12 Jun 2023 11:04:13 +0000 https://republika.mk/?p=650443

Српската полиција го приведе на информативен разговор лицето кое вчера остави капа со куршум пред основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Тоа се случи за време на 40 дневниот помен од трагедијата.

Како што објави Блиц, станува збор за маж кој оставил капа со пластичен куршум. Како што објавија медиумите, капата наводно таму завршила откако граѓанин ја заборавил. Станува збор за капа од добро позната марка на која е зашиен куршум.

Потсетуваме, на 3 мај се случи невидена трагедија откако во училиштето влегол ученикот од седмо одделение, Коста Кецмановиќ со пиштолот на неговиот татко. Прво пукал во чуварот и дежурните ученички, а потоа тргнал во крваво дивеење во кое ги убил своите врсници и ја ранил наставничката по историја. Во нападот загинаа девет деца и еден училишен чувар, подоцна на повредите им подлегна уште една ученичка.

На почетокот на месецот му беше продолжен притворот на таткото на момчето кое го изврши масакрот. Полицијата го уапсила таткото за тешко кривично дело против општата безбедност, откако било констатирано дека синот го однел на стрелишта да вежба гаѓање, а двата пиштоли и муницијата за кои поседувал соодветни дозволи ги оставил во сеф достапен за неовластени лица. Притворот му е продолжен, меѓу другото и поради тоа што за кривичното дело за кое се товари е предвидена затворска казна над 10 години.

The post Капа со пластичен куршум оставена пред белградското училиште каде Кецмановиќ го изврши крвавиот масакр appeared first on Република.

]]>

Српската полиција го приведе на информативен разговор лицето кое вчера остави капа со куршум пред основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Тоа се случи за време на 40 дневниот помен од трагедијата. Како што објави Блиц, станува збор за маж кој оставил капа со пластичен куршум. Како што објавија медиумите, капата наводно таму завршила откако граѓанин ја заборавил. Станува збор за капа од добро позната марка на која е зашиен куршум. Потсетуваме, на 3 мај се случи невидена трагедија откако во училиштето влегол ученикот од седмо одделение, Коста Кецмановиќ со пиштолот на неговиот татко. Прво пукал во чуварот и дежурните ученички, а потоа тргнал во крваво дивеење во кое ги убил своите врсници и ја ранил наставничката по историја. Во нападот загинаа девет деца и еден училишен чувар, подоцна на повредите им подлегна уште една ученичка. На почетокот на месецот му беше продолжен притворот на таткото на момчето кое го изврши масакрот. Полицијата го уапсила таткото за тешко кривично дело против општата безбедност, откако било констатирано дека синот го однел на стрелишта да вежба гаѓање, а двата пиштоли и муницијата за кои поседувал соодветни дозволи ги оставил во сеф достапен за неовластени лица. Притворот му е продолжен, меѓу другото и поради тоа што за кривичното дело за кое се товари е предвидена затворска казна над 10 години.

The post Капа со пластичен куршум оставена пред белградското училиште каде Кецмановиќ го изврши крвавиот масакр appeared first on Република.

]]>