казна Archives - Република https://republika.mk/tema/kazna/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Aug 2024 12:53:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png казна Archives - Република https://republika.mk/tema/kazna/ 32 32 Продолжен прекинот во издржување на казната на дел од осудените за 27 април, меѓу кои и на Митко Чавков https://republika.mk/vesti/crna-hronika/prodolzhen-prekinot-vo-izdrzhuvane-na-kaznata-na-del-od-osudenite-za-27-april-megu-koi-i-na-mitko-chavkov/ Thu, 29 Aug 2024 12:53:08 +0000 https://republika.mk/?p=811261

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, осуден на 18 години за тероризам по настаните на 27 април 2017 во Собранието, добил прекин на отслужување на казната до 21 ноември.

Од затворот од Штип велат дека прекин во отслужување на казната поради медицински причини, добиле шест лица.

Директор на штипскиот затвор Дејан Здравков, за МИА ги потврди информациите дека со судско решение прекинот во издржување на казната им е продолжен на Митко Чавков (до 21 ноември), на Митко Пешов (до 16 ноември), на Оливер Поповски (до 22 септември) и на Душко Лазаров (до 25 септември). На Александар Јаневски – Тошта и Јане Ченто им завршил прекинот и на 14 август се вратиле во затворот.

Од Кривичниот суд, за МИА потврдија дека пет лица, осудени за настаните од 27 април, побарале од судот прекин на казната. Судот на тројца им дозволил прекин за еден осуденик решението е во фаза на изготвување, а едно од барањата е одбиено заради некомплетна документација.

Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов кон крајот на јули потпиша решенија за 30-дневен прекин на казната за дел од лицата осудени за 27 април, поради лекување.

Во врска со упадот во Собранието, во затвор се 16 лица, правосилно осудени на казни од 7 до 16 години затвор за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Највисока казна од 16 години доби Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност(БЈБ), кој тогаш имаше „златна команда“ за протестите пред Собранието.

 

The post Продолжен прекинот во издржување на казната на дел од осудените за 27 април, меѓу кои и на Митко Чавков appeared first on Република.

]]>

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, осуден на 18 години за тероризам по настаните на 27 април 2017 во Собранието, добил прекин на отслужување на казната до 21 ноември. Од затворот од Штип велат дека прекин во отслужување на казната поради медицински причини, добиле шест лица. Директор на штипскиот затвор Дејан Здравков, за МИА ги потврди информациите дека со судско решение прекинот во издржување на казната им е продолжен на Митко Чавков (до 21 ноември), на Митко Пешов (до 16 ноември), на Оливер Поповски (до 22 септември) и на Душко Лазаров (до 25 септември). На Александар Јаневски – Тошта и Јане Ченто им завршил прекинот и на 14 август се вратиле во затворот. Од Кривичниот суд, за МИА потврдија дека пет лица, осудени за настаните од 27 април, побарале од судот прекин на казната. Судот на тројца им дозволил прекин за еден осуденик решението е во фаза на изготвување, а едно од барањата е одбиено заради некомплетна документација. Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов кон крајот на јули потпиша решенија за 30-дневен прекин на казната за дел од лицата осудени за 27 април, поради лекување. Во врска со упадот во Собранието, во затвор се 16 лица, правосилно осудени на казни од 7 до 16 години затвор за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Највисока казна од 16 години доби Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност(БЈБ), кој тогаш имаше „златна команда“ за протестите пред Собранието.  

The post Продолжен прекинот во издржување на казната на дел од осудените за 27 април, меѓу кои и на Митко Чавков appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Жестоко ќе бидат казнети сите царински службеници што ќе работат надвор од законот https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-zhestoko-ke-bidat-kazneti-site-tsarinski-sluzhbenitsi-shto-ke-rabotat-nadvor-od-zakonot/ Thu, 15 Aug 2024 11:05:06 +0000 https://republika.mk/?p=806840

Царинската управа е значаен сегмент и многу важен столб за стабилноста и борбата против криминалот, корупцијата и недозволената трговија. И затоа, ќе ја имаат мојата поддршка, но, очекувам исклучително сериозни резултати. Ако некој мисли дека ќе биде како досега, сериозно се лаже. Тоа треба сите да го знаат. И тоа важи за сите службеници на Царинската управа, било да се на граничните премини, мобилните тимови или во управната зграда, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по посетата на Царинската управа.

- Ако мислат дека имаат право да работат надвор од законот, само затоа што се дел од овој систем, се лажат. Жестоко ќе бидат казнети. Ќе бидат фатени, изведени пред лицето на правдата и жестоко казнети. И тука нема ниту политичка, ниту етничка, ниту верска припадност. На сите треба да им биде јасно. Додека јас ја предводам владата, ова е принципот на работа. Тој ден кога јас нема да ја предводам владата, можат да работат како што мислат дека треба. Доколку на некој не му се допаѓа овој принцип, слободно може да си побара друга работа или да си бара друго чаре што би рекле наште поискусни, рече Мицкоски на прес-конференција со директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

Тој посочи дека законот мора да важи за секого.

- И повторувам, нема политичка, етничка или верска припадност. Законот мора да важи на целата територија за секој. Секој кој ќе биде фатен, без разлика дали е од Дебар или Делчево, Куманово или Гевгелија, јас лично ви гарантирам, дека ќе биде изведен пред лицето на правдата. Никој нема право да го краде народот, додаде премиерот.

Мицкоски кажа и дека очекува да се случува рекордна борба и безусловна борба со криминалот.

- Сакам да кажам дека преку таа борба и резултатите со таа борба, ние практично очекуваме поголеми приливи во самиот буџет. Преку тие приливи во буџетот, ќе можеме да одвоиме повеќе средства за капитални инвестиции и за сите реформи што ги планираме да ги работиме, додаде премиерот.

Николовски рече дека во Царинската управа затекнале состојба, што тој ја опиша како „крајно разочарувачка“.  Царинските службеници биле демотивирани и неефикасни, при што резултатите биле крајно поразителни.

- Слаба контрола, а откривачки функции сведени на минимум. За само еден месец, во јули наплативме рекордни близу 12 милијарди денари или 16.6 проценти повеќе од минатата година истиот период што претставува историска наплата на приходи во еден месец. Анализата покажа дека зголемената наплата се должи на поголема количина пријавен увоз на цигари или за 127 проценти повеќе од јули минатата година, рече тој меѓу другото.

The post Мицкоски: Жестоко ќе бидат казнети сите царински службеници што ќе работат надвор од законот appeared first on Република.

]]>

Царинската управа е значаен сегмент и многу важен столб за стабилноста и борбата против криминалот, корупцијата и недозволената трговија. И затоа, ќе ја имаат мојата поддршка, но, очекувам исклучително сериозни резултати. Ако некој мисли дека ќе биде како досега, сериозно се лаже. Тоа треба сите да го знаат. И тоа важи за сите службеници на Царинската управа, било да се на граничните премини, мобилните тимови или во управната зграда, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по посетата на Царинската управа. - Ако мислат дека имаат право да работат надвор од законот, само затоа што се дел од овој систем, се лажат. Жестоко ќе бидат казнети. Ќе бидат фатени, изведени пред лицето на правдата и жестоко казнети. И тука нема ниту политичка, ниту етничка, ниту верска припадност. На сите треба да им биде јасно. Додека јас ја предводам владата, ова е принципот на работа. Тој ден кога јас нема да ја предводам владата, можат да работат како што мислат дека треба. Доколку на некој не му се допаѓа овој принцип, слободно може да си побара друга работа или да си бара друго чаре што би рекле наште поискусни, рече Мицкоски на прес-конференција со директорот на Царинската управа, Бобан Николовски. Тој посочи дека законот мора да важи за секого. - И повторувам, нема политичка, етничка или верска припадност. Законот мора да важи на целата територија за секој. Секој кој ќе биде фатен, без разлика дали е од Дебар или Делчево, Куманово или Гевгелија, јас лично ви гарантирам, дека ќе биде изведен пред лицето на правдата. Никој нема право да го краде народот, додаде премиерот. Мицкоски кажа и дека очекува да се случува рекордна борба и безусловна борба со криминалот. - Сакам да кажам дека преку таа борба и резултатите со таа борба, ние практично очекуваме поголеми приливи во самиот буџет. Преку тие приливи во буџетот, ќе можеме да одвоиме повеќе средства за капитални инвестиции и за сите реформи што ги планираме да ги работиме, додаде премиерот. Николовски рече дека во Царинската управа затекнале состојба, што тој ја опиша како „крајно разочарувачка“.  Царинските службеници биле демотивирани и неефикасни, при што резултатите биле крајно поразителни. - Слаба контрола, а откривачки функции сведени на минимум. За само еден месец, во јули наплативме рекордни близу 12 милијарди денари или 16.6 проценти повеќе од минатата година истиот период што претставува историска наплата на приходи во еден месец. Анализата покажа дека зголемената наплата се должи на поголема количина пријавен увоз на цигари или за 127 проценти повеќе од јули минатата година, рече тој меѓу другото.

The post Мицкоски: Жестоко ќе бидат казнети сите царински службеници што ќе работат надвор од законот appeared first on Република.

]]>
Младоженци им испратиле сметка на сите гости кои не им дошле на свадба https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/mladozhentsi-im-ispratile-smetka-na-site-gosti-koi-ne-im-doshle-na-svadba/ Sun, 07 Jul 2024 15:30:35 +0000 https://republika.mk/?p=793348

Младоженци им испратиле сметка на сите гости кои кажале дека ќе присуствуваат, но на крај не дошле на свадбената веселба. Овој потег на Даг Симонс и Дедра Мекги, споделен на социјалните мрежи, верувале или не, наиде на позитивни коментари.

Сите гости кои не дошле на свадбата добиле мејл во кој имало сметка со сума од 120 долари по човек во која се објаснува дека тоа е „казна“ за местото што го платиле, а гостите не се појавиле, ниту пак однапред известиле дека не би дошле.

Го потврдивте присуството на свадбата, а потоа не се појавивте. Ние ги плативме вашите порции однапред. Кажете ни кој начин на плаќање ви одговара, ви благодариме, пишува во нивниот мејл.

The post Младоженци им испратиле сметка на сите гости кои не им дошле на свадба appeared first on Република.

]]>

Младоженци им испратиле сметка на сите гости кои кажале дека ќе присуствуваат, но на крај не дошле на свадбената веселба. Овој потег на Даг Симонс и Дедра Мекги, споделен на социјалните мрежи, верувале или не, наиде на позитивни коментари. Сите гости кои не дошле на свадбата добиле мејл во кој имало сметка со сума од 120 долари по човек во која се објаснува дека тоа е „казна“ за местото што го платиле, а гостите не се појавиле, ниту пак однапред известиле дека не би дошле.
Го потврдивте присуството на свадбата, а потоа не се појавивте. Ние ги плативме вашите порции однапред. Кажете ни кој начин на плаќање ви одговара, ви благодариме, пишува во нивниот мејл.

The post Младоженци им испратиле сметка на сите гости кои не им дошле на свадба appeared first on Република.

]]>
20.000 евра казна за пресечените крилја на двата папагали во Пефкохори https://republika.mk/zivot/patuvanja/20-000-evra-kazna-za-presechenite-krilja-na-dvata-papagali-vo-pefkohori/ Wed, 03 Jul 2024 14:02:59 +0000 https://republika.mk/?p=793131

Два папагали од видот Макао со пресечени крила се наоѓале на плажа во Пефкохори на Халкидики со цел туристи да се сликаат со нив, а по спроведена акција, сопственикот бил казнет со 20.000 евра, а папагалите одземени, јави дописничката на МИА од Атина.

Веста ја објави на социјалните мрежи групата волонтери за спасување и заштита на животни „Animal Rescue and Defence Squad“, која посочи дека учествувале „во исклучително успешна операција заедно со грчката полиција од Касандра, шумската служба на Халкидики и општина Касандра“.

Објаснија дека по наредба на обвинител, „двата папагали Макао кои се користеа за профит на плажата на Пефкохори беа одземени“, паралелно била поднесена тужба за пасивна злоупотреба и била изречена соодветна административна казна во висина од 20.000 евра.

Да се надеваме дека ќе помогнеме да се намали феноменот на користење на животни за профит, коментираа од невладината група.

The post 20.000 евра казна за пресечените крилја на двата папагали во Пефкохори appeared first on Република.

]]>

Два папагали од видот Макао со пресечени крила се наоѓале на плажа во Пефкохори на Халкидики со цел туристи да се сликаат со нив, а по спроведена акција, сопственикот бил казнет со 20.000 евра, а папагалите одземени, јави дописничката на МИА од Атина. Веста ја објави на социјалните мрежи групата волонтери за спасување и заштита на животни „Animal Rescue and Defence Squad“, која посочи дека учествувале „во исклучително успешна операција заедно со грчката полиција од Касандра, шумската служба на Халкидики и општина Касандра“. Објаснија дека по наредба на обвинител, „двата папагали Макао кои се користеа за профит на плажата на Пефкохори беа одземени“, паралелно била поднесена тужба за пасивна злоупотреба и била изречена соодветна административна казна во висина од 20.000 евра.
Да се надеваме дека ќе помогнеме да се намали феноменот на користење на животни за профит, коментираа од невладината група.

The post 20.000 евра казна за пресечените крилја на двата папагали во Пефкохори appeared first on Република.

]]>
ФФМ бара УЕФА да го казни албанскиот фудбалер Мирлит Даку кој вулгарно скандираше против Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/ffm-bara-uefa-da-go-kazni-albanskiot-fudbaler-mirlit-daku-koj-vulgarno-skandirashe-protiv-makedonija/ Thu, 20 Jun 2024 10:04:47 +0000 https://republika.mk/?p=789282

Од Фудбалската федерација на Македонија, изразија длабока загриженост и недвосмислена осуда во врска со националистички скандирања од Мирлит Даку, репрезентативец на Албанија, насочени против македонската држава по завршување на вчерашниот натпревар Хрватска – Албанија од Европското првенство.

Даку по завршувањето на дуелот со Хрватска на Европското првенство во Германија ги пцуеше Македонците. Албанија одигра 2:2 со фаворизираната Хрватска откако постигна гол во судиското продолжение, а додека навивачите го славеа освоениот бод, Дука зеде мегафон и од теренот вулгарно скандираше против Македонија.

Однесувањето е неприфатливо и спротивно на основните вредности на спортскиот дух и меѓусебното почитување што ги промовира фудбалот. Спортот, особено фудбалот е основа за здржување на луѓето од различна национална припадност и средина за соработка и почит. Националистичката реторика, сепак, ги поткопува овие принципи, поттикнувајќи поделба и непријателство меѓу навивачите и општествата“, велат од ФФМ.

Принципите на политичка неутралност се вградени во регулативите на меѓународните асоцијации како што се ФИФА и УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија за ваквото скандалозно однесување ќе прати официјален допис до УЕФА.

Го повикуваме фудбалерот на Албанија, Мирлит Даку јавно да се извини за своето однесување, препознавајќи ја штетата што ја предизвика. Исто така, ги повикуваме релевантните институции да го истражат овој инцидент и да преземат соодветни дисциплински мерки за зајакнување на стандардите на однесување што се очекуваат од сите спортисти.

Нашата посветеност за промовирање единство, почит и фер игра во спортот останува на прво место“, додаваат од ФФМ.

 

The post ФФМ бара УЕФА да го казни албанскиот фудбалер Мирлит Даку кој вулгарно скандираше против Македонија appeared first on Република.

]]>

Од Фудбалската федерација на Македонија, изразија длабока загриженост и недвосмислена осуда во врска со националистички скандирања од Мирлит Даку, репрезентативец на Албанија, насочени против македонската држава по завршување на вчерашниот натпревар Хрватска – Албанија од Европското првенство. Даку по завршувањето на дуелот со Хрватска на Европското првенство во Германија ги пцуеше Македонците. Албанија одигра 2:2 со фаворизираната Хрватска откако постигна гол во судиското продолжение, а додека навивачите го славеа освоениот бод, Дука зеде мегафон и од теренот вулгарно скандираше против Македонија.
Однесувањето е неприфатливо и спротивно на основните вредности на спортскиот дух и меѓусебното почитување што ги промовира фудбалот. Спортот, особено фудбалот е основа за здржување на луѓето од различна национална припадност и средина за соработка и почит. Националистичката реторика, сепак, ги поткопува овие принципи, поттикнувајќи поделба и непријателство меѓу навивачите и општествата“, велат од ФФМ.
Принципите на политичка неутралност се вградени во регулативите на меѓународните асоцијации како што се ФИФА и УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија за ваквото скандалозно однесување ќе прати официјален допис до УЕФА.
Го повикуваме фудбалерот на Албанија, Мирлит Даку јавно да се извини за своето однесување, препознавајќи ја штетата што ја предизвика. Исто така, ги повикуваме релевантните институции да го истражат овој инцидент и да преземат соодветни дисциплински мерки за зајакнување на стандардите на однесување што се очекуваат од сите спортисти. Нашата посветеност за промовирање единство, почит и фер игра во спортот останува на прво место“, додаваат од ФФМ.  

The post ФФМ бара УЕФА да го казни албанскиот фудбалер Мирлит Даку кој вулгарно скандираше против Македонија appeared first on Република.

]]>
УЕФА ја казни Барселона за расистичките испади на навивачите https://republika.mk/sport/fudbal/uefa-ja-kazni-barselona-za-rasistichkite-ispadi-na-navivachite/ Thu, 18 Apr 2024 21:02:42 +0000 https://republika.mk/?p=767754

Европската фудбалска централа (УЕФА) ја казни Барселона поради расистичките испади на нејзините навивачи во Париз за време на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против ПСЖ, објави УЕФА на својата веб-страница.

Покрај расизмот, Барселона е казнета и за палење ракети и оштетување на стадионот од страна на своите навивачи. Шпанскиот клуб е казнет со вкупно 32.000 евра.

Барселона ќе мора да стапи во контакт со ПСЖ во следните 30 дена за да ја санира штетата што ја предизвикаа нивните симпатизери на стадионот „Парк де Пренс“.

Во првиот меч во Париз Барселона победи со 3:2, но ПСЖ се пласираше во полуфиналето со победата од 4:1 во реваншот во Барселона.

The post УЕФА ја казни Барселона за расистичките испади на навивачите appeared first on Република.

]]>

Европската фудбалска централа (УЕФА) ја казни Барселона поради расистичките испади на нејзините навивачи во Париз за време на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против ПСЖ, објави УЕФА на својата веб-страница. Покрај расизмот, Барселона е казнета и за палење ракети и оштетување на стадионот од страна на своите навивачи. Шпанскиот клуб е казнет со вкупно 32.000 евра. Барселона ќе мора да стапи во контакт со ПСЖ во следните 30 дена за да ја санира штетата што ја предизвикаа нивните симпатизери на стадионот „Парк де Пренс“. Во првиот меч во Париз Барселона победи со 3:2, но ПСЖ се пласираше во полуфиналето со победата од 4:1 во реваншот во Барселона.

The post УЕФА ја казни Барселона за расистичките испади на навивачите appeared first on Република.

]]>
Ги провоцира полицајците и ги снима: Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик https://republika.mk/vesti/crna-hronika/gi-provotsira-politsajtsite-i-gi-snima-graganin-odbiva-da-primi-kazna-oti-bila-napishana-na-makedonski-jazik/ Wed, 17 Apr 2024 13:10:33 +0000 https://republika.mk/?p=767171

На социјалните мрежи масовно се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци се обидуваат да излезат на крај со човек кој одбива да зборува македонски и постојано инсистира комуникацијата да се одвива на албански јазик.

Тој не сака да ја прими казната за направен сообраќаен прекршок, затоа што таа била напишана само на македонски јазик.

Според објавите на Икс, најверојатно станува збор за активист на политичката партија ДУИ, кој со својот мобилен телефон ја снима целата ситуација.

Ти си македонски државјанин, мора да знаеш македонски јазик, не си странски државјанин – на културен начин и со смирен тон му вели еден од полицајците и му ја подава казната.


Најголем дел од корисниците на социјалните мрежи упатуваат поддршка до полицајците, кои, според нив, професионално си ја завршиле својата работа.

На ова ниво нѐ донесе СДСМ-ДУИ. Поголеднете како се однесуваат активистите на ДУИ. Повели казна, па пак дигај и снимај. Дрма Панче, нема да потклекнуваат полицајците, напиша еден од корисниците на Икс.

The post Ги провоцира полицајците и ги снима: Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи масовно се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци се обидуваат да излезат на крај со човек кој одбива да зборува македонски и постојано инсистира комуникацијата да се одвива на албански јазик. Тој не сака да ја прими казната за направен сообраќаен прекршок, затоа што таа била напишана само на македонски јазик. Според објавите на Икс, најверојатно станува збор за активист на политичката партија ДУИ, кој со својот мобилен телефон ја снима целата ситуација. Ти си македонски државјанин, мора да знаеш македонски јазик, не си странски државјанин – на културен начин и со смирен тон му вели еден од полицајците и му ја подава казната. Најголем дел од корисниците на социјалните мрежи упатуваат поддршка до полицајците, кои, според нив, професионално си ја завршиле својата работа. На ова ниво нѐ донесе СДСМ-ДУИ. Поголеднете како се однесуваат активистите на ДУИ. Повели казна, па пак дигај и снимај. Дрма Панче, нема да потклекнуваат полицајците, напиша еден од корисниците на Икс.

The post Ги провоцира полицајците и ги снима: Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик appeared first on Република.

]]>
Поради бакнежот Рубиалес се соочува и со затворска казна од две и пол години https://republika.mk/sport/fudbal/poradi-baknezhot-rubiales-se-soochuva-i-so-zatvorska-kazna-od-dve-i-pol-godini/ Wed, 27 Mar 2024 17:02:46 +0000 https://republika.mk/?p=759464

Обвинителството во Мадрид побара денеска казна затвор од две и пол години за поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Шпанија Луис Рубиалес, кому во октомври лани ФИФА му изрече тригодишната забрана за вршење функции во фудбалот.

Рубиалес е обвинет за сексуален напад и изнуда откако без нејзина согласност ја бакна в уста шпанската репрезентативка Џенифер Ермосо (33).

Инцидентот се случи во август минатата година на доделувањето на златните медали по финалето на Светско првенство во кое Шпанија ја совлада Англија со 1-0.

The post Поради бакнежот Рубиалес се соочува и со затворска казна од две и пол години appeared first on Република.

]]>

Обвинителството во Мадрид побара денеска казна затвор од две и пол години за поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Шпанија Луис Рубиалес, кому во октомври лани ФИФА му изрече тригодишната забрана за вршење функции во фудбалот. Рубиалес е обвинет за сексуален напад и изнуда откако без нејзина согласност ја бакна в уста шпанската репрезентативка Џенифер Ермосо (33). Инцидентот се случи во август минатата година на доделувањето на златните медали по финалето на Светско првенство во кое Шпанија ја совлада Англија со 1-0.

The post Поради бакнежот Рубиалес се соочува и со затворска казна од две и пол години appeared first on Република.

]]>
Професор во Берлин ја спореди вакцината против короната со холокаустот, казнет е со 3.000 евра https://republika.mk/vesti/svet/profesor-vo-berlin-ja-sporedi-vaktsinata-protiv-koronata-so-holokaustot-kaznet-e-so-3-000-evra/ Tue, 09 Jan 2024 08:15:36 +0000 https://republika.mk/?p=730615

Професор во германскиот главен град Берлин е казнет со 3.000 евра поради поттикнување омраза споредувајќи ја вакцината против коронавирусот со Холокаустот. 62-годишникот, кој предавал во стручно училиште, го тривијализирал убиството на шест милиони Евреи, одлучи вчера окружниот суд.

Во 2021 година, обвинетиот на онлајн платформа објавил видео на кое се прикажани портите на нацистички концентрационен логор, а наместо озлогласениот слоган „Arbeit macht frei“ (Работата ве ослободува) што се наоѓал на влезот во таквите логори, тој го вметнал „Impfen macht frei“ (Вакцинацијата ве ослободува).

Според обвинението, во друго видео тој ги споредил мерките на германската влада за борба против коронавирусот со холокаустот.

Поистоветувањето на историската неправда со мерките против коронавирусот „е тривијализација, секое друго толкување е претенциозно“, рече судијката, повикувајќи се на претходна одлука на Уставниот суд во Берлин во сличен случај.

Судијката рече дека очекува обвинетиот да поднесе жалба на пресудата. Градот го отпушти професорот во август 2021 година, поради што тој започна постапка пред трудовиот суд. Нему му била доделена отпремнина од 72.000 евра, но судот за работни односи одлучи дека не е разумно да се очекува Берлин да му дозволи да се врати на своето работно место.

The post Професор во Берлин ја спореди вакцината против короната со холокаустот, казнет е со 3.000 евра appeared first on Република.

]]>

Професор во германскиот главен град Берлин е казнет со 3.000 евра поради поттикнување омраза споредувајќи ја вакцината против коронавирусот со Холокаустот. 62-годишникот, кој предавал во стручно училиште, го тривијализирал убиството на шест милиони Евреи, одлучи вчера окружниот суд. Во 2021 година, обвинетиот на онлајн платформа објавил видео на кое се прикажани портите на нацистички концентрационен логор, а наместо озлогласениот слоган „Arbeit macht frei“ (Работата ве ослободува) што се наоѓал на влезот во таквите логори, тој го вметнал „Impfen macht frei“ (Вакцинацијата ве ослободува). Според обвинението, во друго видео тој ги споредил мерките на германската влада за борба против коронавирусот со холокаустот. Поистоветувањето на историската неправда со мерките против коронавирусот „е тривијализација, секое друго толкување е претенциозно“, рече судијката, повикувајќи се на претходна одлука на Уставниот суд во Берлин во сличен случај. Судијката рече дека очекува обвинетиот да поднесе жалба на пресудата. Градот го отпушти професорот во август 2021 година, поради што тој започна постапка пред трудовиот суд. Нему му била доделена отпремнина од 72.000 евра, но судот за работни односи одлучи дека не е разумно да се очекува Берлин да му дозволи да се врати на своето работно место.

The post Професор во Берлин ја спореди вакцината против короната со холокаустот, казнет е со 3.000 евра appeared first on Република.

]]>
Над 22 години затвор може да добијат лицата кои ја проектираа зградата во Дијарбекир, што се урна во земјотресот во февруари https://republika.mk/vesti/balkan/nad-22-godini-zatvor-mozhe-da-dobijat-litsata-koi-ja-proektiraa-zgradata-vo-dijarbekir-shto-se-urna-vo-zemjotresot-vo-fevruari/ Thu, 07 Dec 2023 13:29:12 +0000 https://republika.mk/?p=720757

Казна затвор од над 22 години може да добијат луѓето кои ја проектираа станбената зграда во градот Дијарбекир, што се урна за време на разорните земјотреси во југоисточна Турција во февруари, објави ТВ Си-Ен-Ен-Турк.

Вкупно 77 лица загинаа, а 29 се повредени при уривање на зградата.

Во истрагата спроведена по трагедијата било утврдено дека при изградбата на објектот биле користени несоодветни материјали.

Роднините и пријателите на загинатите поднеле тужба против четири лица, меѓу кои и лицата кои ја проектирале зградата, главниот инженер и сопственикот на компанијата што го спровела проектот.

Обвинителството во Дијарбакир против обвинетите подготвило обвинение со барање за затвор до 22 години и 6 месеци за секој од нив за „предизвикување смрт и телесна повреда на повеќе од едно лице при небрежност“.

Југоисточна Турција на 6 февруари годинава ја потресоа разорни земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,8 степени. Повеќе од 50 илјади луѓе загинаа, милиони останаа без домови. Дијарбакир е една од 11-те окрузи кои беа тешко погодени во земјотресите.

The post Над 22 години затвор може да добијат лицата кои ја проектираа зградата во Дијарбекир, што се урна во земјотресот во февруари appeared first on Република.

]]>

Казна затвор од над 22 години може да добијат луѓето кои ја проектираа станбената зграда во градот Дијарбекир, што се урна за време на разорните земјотреси во југоисточна Турција во февруари, објави ТВ Си-Ен-Ен-Турк. Вкупно 77 лица загинаа, а 29 се повредени при уривање на зградата. Во истрагата спроведена по трагедијата било утврдено дека при изградбата на објектот биле користени несоодветни материјали. Роднините и пријателите на загинатите поднеле тужба против четири лица, меѓу кои и лицата кои ја проектирале зградата, главниот инженер и сопственикот на компанијата што го спровела проектот. Обвинителството во Дијарбакир против обвинетите подготвило обвинение со барање за затвор до 22 години и 6 месеци за секој од нив за „предизвикување смрт и телесна повреда на повеќе од едно лице при небрежност“. Југоисточна Турција на 6 февруари годинава ја потресоа разорни земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,8 степени. Повеќе од 50 илјади луѓе загинаа, милиони останаа без домови. Дијарбакир е една од 11-те окрузи кои беа тешко погодени во земјотресите.

The post Над 22 години затвор може да добијат лицата кои ја проектираа зградата во Дијарбекир, што се урна во земјотресот во февруари appeared first on Република.

]]>
Казна под минимунот: Три години затвор за кумановката која прегази пешак https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kazna-pod-minimunot-tri-godini-zatvor-za-kumanovkata-koja-pregazi-peshak/ Mon, 09 Oct 2023 16:57:23 +0000 https://republika.mk/?p=689619

Три години затвор доби кумановката Гордана Филиповиќ за прегазувањето на пешакот кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, сообраќајка што се случи по извесно време откако нејзината млада ќерка тинејџерка, Јелена Филиповиќ загина и самата во сообраќајна несреќа.

Несреќата се случи на преминот пред мостот Гоце Делчев, а Филиповиќ не застанала на пешачкиот премин по кој се движел 76-годишниот пешак Слободан Анѓеловски.

Ќерката на Филиповиќ претходно настрада во сообраќајна несреќа на 17-годишна возраст во возило управувано од пијан и дрогиран возач.

Судијката Елена Јосифовиќ денеска посочи дека како отежнителна околност е земено тоа што не застанала на пешачкиот премин, иако веќе две возила чекале да помине пешак, а воедно и тоа што имала забрана за управување со моторно возило во моментот кога се случила трагичната несреќа. Отежителна околност според судот била и зачестеноста на ваквите кривични дела.

Како олеснителни околности за Филиповиќ се земени тоа што претходно не била осудувана, станува збор за релативно млада жена која покажала искрено каење. Дополнително судијката оценила дека како олеснителна околност е и тоа што нејзината ќерка го загубила својот живот исто така во сообраќајна несреќа.

The post Казна под минимунот: Три години затвор за кумановката која прегази пешак appeared first on Република.

]]>

Три години затвор доби кумановката Гордана Филиповиќ за прегазувањето на пешакот кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, сообраќајка што се случи по извесно време откако нејзината млада ќерка тинејџерка, Јелена Филиповиќ загина и самата во сообраќајна несреќа. Несреќата се случи на преминот пред мостот Гоце Делчев, а Филиповиќ не застанала на пешачкиот премин по кој се движел 76-годишниот пешак Слободан Анѓеловски. Ќерката на Филиповиќ претходно настрада во сообраќајна несреќа на 17-годишна возраст во возило управувано од пијан и дрогиран возач. Судијката Елена Јосифовиќ денеска посочи дека како отежнителна околност е земено тоа што не застанала на пешачкиот премин, иако веќе две возила чекале да помине пешак, а воедно и тоа што имала забрана за управување со моторно возило во моментот кога се случила трагичната несреќа. Отежителна околност според судот била и зачестеноста на ваквите кривични дела. Како олеснителни околности за Филиповиќ се земени тоа што претходно не била осудувана, станува збор за релативно млада жена која покажала искрено каење. Дополнително судијката оценила дека како олеснителна околност е и тоа што нејзината ќерка го загубила својот живот исто така во сообраќајна несреќа.

The post Казна под минимунот: Три години затвор за кумановката која прегази пешак appeared first on Република.

]]>
УЕФА ја казни Украина пред натпреварот со македонската репрезентација во евроквалификациите https://republika.mk/sport/fudbal/uefa-ja-kazni-ukraina-pred-natprevarot-so-makedonskata-reprezentatsija-vo-evrokvalifikatsiite/ Thu, 21 Sep 2023 17:00:08 +0000 https://republika.mk/?p=683874

Парична казна во износ од 33.000 евра, како и делумно редуцирање на капацитетот на стадионот во Прага на кој идниот месец ќе ја пречека македонската репрезентација и изрече УЕФА денеска на Фудбалската федерација на Украина поради расистичко однесување на украинските навивачи претходно овој месец.

Казните се изречени за расистичко навивање за време на натпреварите кои Украина ги одигра во рамки на квалификациската група Ц за пласман на ЕУРО2024 против Англија на 8 септември и против Италија на 12 овој месец.

Украина ќе ја пречека македонската репрезентација на неутрален терен на 14 октомври во Прага.

Натпреварот ќе се игра на Арената „Летна“ која е со капацитет од 18.000 седишта.

 

The post УЕФА ја казни Украина пред натпреварот со македонската репрезентација во евроквалификациите appeared first on Република.

]]>

Парична казна во износ од 33.000 евра, како и делумно редуцирање на капацитетот на стадионот во Прага на кој идниот месец ќе ја пречека македонската репрезентација и изрече УЕФА денеска на Фудбалската федерација на Украина поради расистичко однесување на украинските навивачи претходно овој месец. Казните се изречени за расистичко навивање за време на натпреварите кои Украина ги одигра во рамки на квалификациската група Ц за пласман на ЕУРО2024 против Англија на 8 септември и против Италија на 12 овој месец. Украина ќе ја пречека македонската репрезентација на неутрален терен на 14 октомври во Прага. Натпреварот ќе се игра на Арената „Летна“ која е со капацитет од 18.000 седишта.  

The post УЕФА ја казни Украина пред натпреварот со македонската репрезентација во евроквалификациите appeared first on Република.

]]>
Затвореници од „Идризово” уценувале мајка на друг затвореник: Добиле скоро 15.000 евра https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zatvorenitsi-od-idrizovo-utsenuvale-majka-na-drug-zatvorenik-dobile-skoro-15-000-evra/ Thu, 10 Aug 2023 16:27:25 +0000 https://republika.mk/?p=670869

СВР Куманово поднесена кривична пријава против 35-годишниот Ш.И. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, соопшти МВР.

Пријавениот, кој е на издржување казна затвор во Казнено – поправната установа Идризово, заедно со уште едно лице подолг период упатувале закани кон мајка на осуденик во истиот затвор да им даде пари за да не го нападнат. Оштетената во неколку наврати им исплатила вкупно 14.965 евра“, наведе МВР.

Тие ѝ побарале уште 12.700 евра, а откако им кажала дека нема толку пари, тие физички го нападнале нејзиниот син.

 

The post Затвореници од „Идризово” уценувале мајка на друг затвореник: Добиле скоро 15.000 евра appeared first on Република.

]]>

СВР Куманово поднесена кривична пријава против 35-годишниот Ш.И. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, соопшти МВР.
Пријавениот, кој е на издржување казна затвор во Казнено – поправната установа Идризово, заедно со уште едно лице подолг период упатувале закани кон мајка на осуденик во истиот затвор да им даде пари за да не го нападнат. Оштетената во неколку наврати им исплатила вкупно 14.965 евра“, наведе МВР.
Тие ѝ побарале уште 12.700 евра, а откако им кажала дека нема толку пари, тие физички го нападнале нејзиниот син.  

The post Затвореници од „Идризово” уценувале мајка на друг затвореник: Добиле скоро 15.000 евра appeared first on Република.

]]>
За ширење расизам и ксенофобија: 40 илјади евра казна за Левски од УЕФА https://republika.mk/sport/fudbal/za-shirene-rasizam-i-ksenofobija-40-iljadi-evra-kazna-za-levski-od-uefa/ Tue, 01 Aug 2023 17:57:59 +0000 https://republika.mk/?p=667735

Бугарскиот Левски е казнет со 40.000 евра од УЕФА за дискриминаторско однесување, вклучително и етнички скандирања и политички слогани, како и за инцидентите во гостинскиот сектор на првиот натпревар од 2. квалификациско коло од Конференциската лига против Шкупи во Скопје.

Информацијата за казната ја сподели клубот.

The post За ширење расизам и ксенофобија: 40 илјади евра казна за Левски од УЕФА appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот Левски е казнет со 40.000 евра од УЕФА за дискриминаторско однесување, вклучително и етнички скандирања и политички слогани, како и за инцидентите во гостинскиот сектор на првиот натпревар од 2. квалификациско коло од Конференциската лига против Шкупи во Скопје. Информацијата за казната ја сподели клубот.

The post За ширење расизам и ксенофобија: 40 илјади евра казна за Левски од УЕФА appeared first on Република.

]]>
Стигна казната од Вимблдон за Ѓоковиќ https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/stigna-kaznata-od-vimbldon-za-gokovik/ Mon, 17 Jul 2023 19:42:56 +0000 https://republika.mk/?p=662449

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доби казна од 8.000 долари од страна на организаторите на тенискиот турнир Вимблдон.

Ноле е санкциониран за удирањето на рекетот од стативата за време на финалето против Карлос Алкараз. Инцидентот се случи на крајот од мечот, кога Ѓоковиќ направи грешка, по што стануваше сè понервозен и на крајот од бес по еден загубен поен со сета сила го скрши рекетот.

Пресудата на на Вимблдон е кратка и јасна и гласи: „Злоупотреба на рекет“.

The post Стигна казната од Вимблдон за Ѓоковиќ appeared first on Република.

]]>

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доби казна од 8.000 долари од страна на организаторите на тенискиот турнир Вимблдон. Ноле е санкциониран за удирањето на рекетот од стативата за време на финалето против Карлос Алкараз. Инцидентот се случи на крајот од мечот, кога Ѓоковиќ направи грешка, по што стануваше сè понервозен и на крајот од бес по еден загубен поен со сета сила го скрши рекетот. Пресудата на на Вимблдон е кратка и јасна и гласи: „Злоупотреба на рекет“.

The post Стигна казната од Вимблдон за Ѓоковиќ appeared first on Република.

]]>
Турист со казна од 500 евра научи горка лекција што не смее да прави во Будва https://republika.mk/vesti/balkan/turist-so-kazna-od-500-evra-nauchi-gorka-lektsija-shto-ne-smee-da-pravi-vo-budva/ Sat, 08 Jul 2023 07:56:25 +0000 https://republika.mk/?p=659102

Српскиот државјанин В.М.(55) од Белград доби казна од 500 евра за вербално насилство врз својата малолетна ќерка во Будва, се вели во соопштението на Судот за прекршоци во Будва потпишано од претседателот Марко Ѓукановиќ.

Како што се посочува, тој во четвртокот околу 16 часот на шеталиштето „Словенска обала“ неколку пати грубо ја навредувал ќерка си, поради што реагирала и полицијата.

Властите во Будва објавија нацрт на Одлуката за комунален ред, која помина на јавна расправа, а во која, меѓудругото, се предвидени казни од 200 евра за сите оние туристи, како и локалните жители, кои се движат во Стариот град на Будва во костим за капење или без дел од облеката.

The post Турист со казна од 500 евра научи горка лекција што не смее да прави во Будва appeared first on Република.

]]>

Српскиот државјанин В.М.(55) од Белград доби казна од 500 евра за вербално насилство врз својата малолетна ќерка во Будва, се вели во соопштението на Судот за прекршоци во Будва потпишано од претседателот Марко Ѓукановиќ. Како што се посочува, тој во четвртокот околу 16 часот на шеталиштето „Словенска обала“ неколку пати грубо ја навредувал ќерка си, поради што реагирала и полицијата. Властите во Будва објавија нацрт на Одлуката за комунален ред, која помина на јавна расправа, а во која, меѓудругото, се предвидени казни од 200 евра за сите оние туристи, како и локалните жители, кои се движат во Стариот град на Будва во костим за капење или без дел од облеката.

The post Турист со казна од 500 евра научи горка лекција што не смее да прави во Будва appeared first on Република.

]]>
Сличен инцидент без казна помина во Македонија: 30.000 евра ќе плати Грк за влечење куче со возило https://republika.mk/vesti/balkan/slichen-intsident-bez-kazna-pomina-vo-makedonija-30-000-evra-ke-plati-grk-za-vlechene-kuche-so-vozilo/ Thu, 29 Jun 2023 08:01:45 +0000 https://republika.mk/?p=656318

По објавеното видео на социјалните мрежи на кое се гледа куче врзано за задниот дел на автомобил во движење, уапсен е возачот поради злоупотреба на животно и е казнет со 30.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидент се случил на грчкиот остров Закинтос, влечењето на кучето било снимено од друг автомобил, по што бил идентификуван сторителот и соодветно казнет, а надлежниот министер за полицијата Нотис Митаракис преку Твитер коментираше дека такви антиопштествени однесувања не се прифатливи“.

Од грчката полиција соопштија дека е уапсен 75-годишен маж и против него е поднесена кривична пријава за прекршување на законската регулатива за животните, изречена му е административна казна од 30.000 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител на Закинтос.

Во Грција пред две години беше изгласан Законот за заштита на животните, а секоја злоупотреба се казнува.

Сличен инцидент, но без епилог, имаше и во Виница, каде возач со автомобил влечеше врзано куче, кое мораше да трча по возилото за да не биде задавено.

The post Сличен инцидент без казна помина во Македонија: 30.000 евра ќе плати Грк за влечење куче со возило appeared first on Република.

]]>

По објавеното видео на социјалните мрежи на кое се гледа куче врзано за задниот дел на автомобил во движење, уапсен е возачот поради злоупотреба на животно и е казнет со 30.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Инцидент се случил на грчкиот остров Закинтос, влечењето на кучето било снимено од друг автомобил, по што бил идентификуван сторителот и соодветно казнет, а надлежниот министер за полицијата Нотис Митаракис преку Твитер коментираше дека такви антиопштествени однесувања не се прифатливи“. Од грчката полиција соопштија дека е уапсен 75-годишен маж и против него е поднесена кривична пријава за прекршување на законската регулатива за животните, изречена му е административна казна од 30.000 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител на Закинтос. Во Грција пред две години беше изгласан Законот за заштита на животните, а секоја злоупотреба се казнува. Сличен инцидент, но без епилог, имаше и во Виница, каде возач со автомобил влечеше врзано куче, кое мораше да трча по возилото за да не биде задавено.

The post Сличен инцидент без казна помина во Македонија: 30.000 евра ќе плати Грк за влечење куче со возило appeared first on Република.

]]>
Во Русија казнети Телеграм и Вибер https://republika.mk/vesti/balkan/vo-rusija-kazneti-telegram-i-viber/ Tue, 20 Jun 2023 12:53:05 +0000 https://republika.mk/?p=653409

Московскиот суд ги казни компаниите во чија сопственоста се апликациите за размена на пораки Телеграм и Вибер бидејќи не избришале содржина што Русија ги смета за незаконски, вклучително и содржини за војната во Украина.

Телеграм, чие седиште е во Дубаи треба да плати четири милиони рубљи (47.525 долари), а јапонската компанија во чија сопственост е Вибер казнета е со еден милион рубљи (1.185 долари).

Телеграм, основана во 2013 година од браќата со руско потекло Павел и Николај Дуров, е исклучително популарна во Русија, каде што секојдневно ја користат Кремљ и Министерството за одбрана, како и новинари, опозицијата, групи за човекови права и милиони обични луѓе.

Телеграм е санкциониран оти одбил да отстрани 32 канали кои објавиле „лажни информации“ за, како што ја нарекува Русија, „специјална воена операција“ во Украина.

The post Во Русија казнети Телеграм и Вибер appeared first on Република.

]]>

Московскиот суд ги казни компаниите во чија сопственоста се апликациите за размена на пораки Телеграм и Вибер бидејќи не избришале содржина што Русија ги смета за незаконски, вклучително и содржини за војната во Украина. Телеграм, чие седиште е во Дубаи треба да плати четири милиони рубљи (47.525 долари), а јапонската компанија во чија сопственост е Вибер казнета е со еден милион рубљи (1.185 долари). Телеграм, основана во 2013 година од браќата со руско потекло Павел и Николај Дуров, е исклучително популарна во Русија, каде што секојдневно ја користат Кремљ и Министерството за одбрана, како и новинари, опозицијата, групи за човекови права и милиони обични луѓе. Телеграм е санкциониран оти одбил да отстрани 32 канали кои објавиле „лажни информации“ за, како што ја нарекува Русија, „специјална воена операција“ во Украина.

The post Во Русија казнети Телеграм и Вибер appeared first on Република.

]]>
Доби казна од 121.000 евра за пребрзо возење: „Почнав да ја намалувам брзината, но беше доцна“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/dobi-kazna-od-121-000-evra-za-prebrzo-vozene-pochnav-da-ja-namaluvam-brzinata-no-beshe-dotsna/ Wed, 07 Jun 2023 14:10:25 +0000 https://republika.mk/?p=648898

Финскиот мултимилионер Андерс Виклоф (76) е казнет со дури 121.000 евра поради пребрзо возење по пречекорувањето на дозволената брзина за 30 километри на час. Имено, во Финска се изрекуваат казни според приходите на сторителот, како и претходните прекршоци.

Милионерот за странските медиуми изјавил дека му е жал и дека почнал да успорува додека возел, но дека тоа очигледно не го направил навреме. Тој додаде и дека ограничувањето на брзината од 70 км/ч се променило на 50, а во тој момент возел 82 км/ч.

Но, полицијата не му изрече таква казна само поради приходите, туку и поради тоа што веќе двапати бил казнет. Му е одземена и возачката дозвола на 10 дена, пишува Гардијан. Веќе во 2018 година е казнет со нешто повеќе од 63.000 евра, а пет години подоцна за истиот прекршок доби казна од 95.000 евра.

Сличен систем на казнување како Финска, оној во однос на приходите, користи и Швајцарија. Најголемата казна што е изречена во таа земја досега беше 1,1 милион евра, а тоа беше за Швеѓанец кој возел 290 км/ч.

The post Доби казна од 121.000 евра за пребрзо возење: „Почнав да ја намалувам брзината, но беше доцна“ appeared first on Република.

]]>

Финскиот мултимилионер Андерс Виклоф (76) е казнет со дури 121.000 евра поради пребрзо возење по пречекорувањето на дозволената брзина за 30 километри на час. Имено, во Финска се изрекуваат казни според приходите на сторителот, како и претходните прекршоци. Милионерот за странските медиуми изјавил дека му е жал и дека почнал да успорува додека возел, но дека тоа очигледно не го направил навреме. Тој додаде и дека ограничувањето на брзината од 70 км/ч се променило на 50, а во тој момент возел 82 км/ч. Но, полицијата не му изрече таква казна само поради приходите, туку и поради тоа што веќе двапати бил казнет. Му е одземена и возачката дозвола на 10 дена, пишува Гардијан. Веќе во 2018 година е казнет со нешто повеќе од 63.000 евра, а пет години подоцна за истиот прекршок доби казна од 95.000 евра. Сличен систем на казнување како Финска, оној во однос на приходите, користи и Швајцарија. Најголемата казна што е изречена во таа земја досега беше 1,1 милион евра, а тоа беше за Швеѓанец кој возел 290 км/ч.

The post Доби казна од 121.000 евра за пребрзо возење: „Почнав да ја намалувам брзината, но беше доцна“ appeared first on Република.

]]>
Бочварски си платил казна за вработувањето на сопругата и балдазата, тие си остануваат на работа https://republika.mk/vesti/makedonija/bochvarski-si-platil-kazna-za-vrabotuvaneto-na-soprugata-i-baldazata-tie-si-ostanuvaat-na-rabota/ Thu, 01 Jun 2023 17:06:18 +0000 https://republika.mk/?p=646954

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, ги заобиколил законите и ја вработил сопругата и балдаза во државната Штипска болница. На брза лента откако завршиле високо образование, сопругата на Бочварски и нејзината сестра од приватна болница, експресно преминале во државното. Како оправдување дека не станува збор за непотизам и негово влијание како министер, Бочварски еден месец по вработувањето обезбедил владин заклучок со кој сета приоцедура сега ја прогласил за законска.

Станува збор за блиски лица, сопругата и сестра на сопругата, и истите во релативно кратко период, по завршува на струдиите и стекнување на диплома се вработиле во Приватна здраствена установа во Штип. Недолго после вработувањето, односно два три месеци, истите се преземени врз основа на член 164 став 2 во Клиничка болница Штип во различни оддели..

Антикорупционерите го казниле министерот иако утврдиле дека без да прекрши ниту еден закон успеал за кратко време да ги добие сите дозволи, па дури и да обезбеди позитивно мислење од Министерството за здравство. Сорпугата и нејзината сестра биле примени во државното здравство, еден месец пред владата да донесе заклучок дека медицинскиот персонал може да се преземе од приватното во јавното здравство.

Спогодбата за преземање на двете лица е 18.06.2022 а распредели во ЗУ Штип, на 19.06.2022 а еден месец подоцна владата ја преземала оваа одлука. Можеби се брзало да се искористат овие слабости. Не вршил влијание бидејќи се работи за министер за транспорт и врски. Констатирано е дека Благој Бочварски не постапил и за конректни вработувања и не ја известил Антикорупциска.

Паричната казна Бочвараски ја платил и тука завршува постапувањето на Антикорупционерите. Сега, Комисијата ќе прави и дополнителна анализа за заклочоци од владината седница да бидат норма во законот за здравствена заштита.

 

The post Бочварски си платил казна за вработувањето на сопругата и балдазата, тие си остануваат на работа appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, ги заобиколил законите и ја вработил сопругата и балдаза во државната Штипска болница. На брза лента откако завршиле високо образование, сопругата на Бочварски и нејзината сестра од приватна болница, експресно преминале во државното. Како оправдување дека не станува збор за непотизам и негово влијание како министер, Бочварски еден месец по вработувањето обезбедил владин заклучок со кој сета приоцедура сега ја прогласил за законска. Станува збор за блиски лица, сопругата и сестра на сопругата, и истите во релативно кратко период, по завршува на струдиите и стекнување на диплома се вработиле во Приватна здраствена установа во Штип. Недолго после вработувањето, односно два три месеци, истите се преземени врз основа на член 164 став 2 во Клиничка болница Штип во различни оддели.. Антикорупционерите го казниле министерот иако утврдиле дека без да прекрши ниту еден закон успеал за кратко време да ги добие сите дозволи, па дури и да обезбеди позитивно мислење од Министерството за здравство. Сорпугата и нејзината сестра биле примени во државното здравство, еден месец пред владата да донесе заклучок дека медицинскиот персонал може да се преземе од приватното во јавното здравство. Спогодбата за преземање на двете лица е 18.06.2022 а распредели во ЗУ Штип, на 19.06.2022 а еден месец подоцна владата ја преземала оваа одлука. Можеби се брзало да се искористат овие слабости. Не вршил влијание бидејќи се работи за министер за транспорт и врски. Констатирано е дека Благој Бочварски не постапил и за конректни вработувања и не ја известил Антикорупциска. Паричната казна Бочвараски ја платил и тука завршува постапувањето на Антикорупционерите. Сега, Комисијата ќе прави и дополнителна анализа за заклочоци од владината седница да бидат норма во законот за здравствена заштита.  

The post Бочварски си платил казна за вработувањето на сопругата и балдазата, тие си остануваат на работа appeared first on Република.

]]>