Кастриот Реџепи Archives - Република https://republika.mk/tema/kastriot-redzepi/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Feb 2024 21:04:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кастриот Реџепи Archives - Република https://republika.mk/tema/kastriot-redzepi/ 32 32 Мицкоски за Кастриот Реџепи: Сега го оставија сам и се откажаа од него, а бевме блиску до ново парламентарно мнозинство https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-kastriot-redhepi-sega-go-ostavija-sam-i-se-otkazhaa-od-nego-a-bevme-blisku-do-novo-parlamentarno-mnozinstvo/ Thu, 15 Feb 2024 21:04:41 +0000 https://republika.mk/?p=744576

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека во изминатите четири години државата била блиску до предвремени избори, но поради еден пратеник (н.з. Кастриот Реџепи), не дошло до ново парламентарно мнозинство. Мицкоски вели дека сега тој пратеник е оставен сам и владеачката структура се откажала од него.

„Колку порано заминеше оваа влада, толку ќе беше подобро за државата и граѓаните. Работа на опозицијата е да бара избори. Но, ние го немавме тоа мнозинство. Бевме блиску, но еден пратеник душата, срцето го бараше во Вашингтон и така натаму, за на крај тие кои го заштитија, на крајот го остават сам и го пуштија, но тоа е друга тема и тоа зборува за карактерот на оние кои го манипулираа тој човек. Бевме блиску, но не успеавме, но треба да се каже дека јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ барав избори кои ќе се одржат претседателски и парламентарни во ист термин, и тоа се случува. Вториот круг на претседателските и парламентарните избори се во ист ден. Немаме одвоени избори како што беа најавите од владеачкото мнозинство“, рече Мицкоски.

The post Мицкоски за Кастриот Реџепи: Сега го оставија сам и се откажаа од него, а бевме блиску до ново парламентарно мнозинство appeared first on Република.

]]>

Изет Меџити, Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи од денеска се независни пратеници https://republika.mk/vesti/makedonija/izet-medhiti-merita-kodhadhiku-i-kastriot-redhepi-od-deneska-se-nezavisni-pratenitsi/ Thu, 27 Jul 2023 14:26:44 +0000 https://republika.mk/?p=665941

Доскорешните пратеници на ДУИ, Изет Меџити и Мерита Колчи Коџаџику, како и пратеникот Кастриот Реџепи, кои најавија формирање на ново политичко движење, преку видео на социјалните мрежи сооппштија дека од денеска дејствуваат како независни пратеници.

Денеска, официјално писмено го информиравме и претседателот на Собранието на Република Македонија дека ќе делуваме како независни пратеници. Ве повикуваме сите без исклучок, да станете дел од новото движење што доаѓа за да станете дел од големата промена, дел од новиот почеток, напиша Меџити на својот Фејсбук профил, каде има објавено и видео од Коџаџику.

Во видеото, Коџаџику информира дека координатор на оваа група ќе биде Кастриот Реџепи, а таа негов заменик.

Јас, Мерита Коџаџику, Изет Меџити и Кастриот Реџепи ќе делуваме како независни пратеници. Координатор на оваа група ќе биде Кастриот Реџепи, додека јас ќе бидам негова заменичка. Воедно, би сакала да ве повикам сите без исклучок да станете дел од новото движење, вели пратеничката Коџаџику.

Изет Меџити, пратеник од ДУИ и дел од т.н. „Огнена група“ на 17 јули најави дека заедно со Мерита Коџаџику и Кастриот Рерџепи ќе формираат ново политичко движење. Меџити кажа дека официјалното формирање на новиот политички субјект ќе биде на 13 август.

The post Изет Меџити, Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи од денеска се независни пратеници appeared first on Република.

Меџити: Мнозинството преживеа благодарение на Кастриот Реџепи, сега е кревко! https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-mnozinstvoto-prezhivea-blagodarenie-na-kastriot-redhepi-sega-e-krevko/ Wed, 19 Jul 2023 10:07:45 +0000 https://republika.mk/?p=663052

Некогашниот втор човек во ДУИ, сега лидер на ново политичко движење, Изет Меџити во летното издание на „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека мнозинството на власта е кревко. Според него, истото преживеало благодарение на пратеникот Кастриот Реџепи.

Имаме 3 пратеници… Мнозинството сега е кревко. Не ме чуди што имаат проблем со 61. Ова мнозинство преживеа благодарение на господинот Реџепи, рече Меџити.

Тој додава дека Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи ќе ја критикуваат власта во Собранието како најнова албанска опозиција.

Реџепи веќе најави дека ќе биде еден од основачите на партијата на Меџити.

The post Меџити: Мнозинството преживеа благодарение на Кастриот Реџепи, сега е кревко! appeared first on Република.

]]>

Некогашниот втор човек во ДУИ, сега лидер на ново политичко движење, Изет Меџити во летното издание на „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека мнозинството на власта е кревко. Според него, истото преживеало благодарение на пратеникот Кастриот Реџепи.
Имаме 3 пратеници… Мнозинството сега е кревко. Не ме чуди што имаат проблем со 61. Ова мнозинство преживеа благодарение на господинот Реџепи, рече Меџити.
Тој додава дека Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи ќе ја критикуваат власта во Собранието како најнова албанска опозиција. Реџепи веќе најави дека ќе биде еден од основачите на партијата на Меџити.

The post Меџити: Мнозинството преживеа благодарение на Кастриот Реџепи, сега е кревко! appeared first on Република.

]]>
Се намалува немнозинството на власта за уставни измени: Дали тројцата пратеници на Меџити ќе имаат свои услови? https://republika.mk/vesti/makedonija/se-namaluva-nemnozinstvoto-na-vlasta-za-ustavni-izmeni-dali-trojtsata-pratenitsi-na-medhiti-ke-imaat-svoi-uslovi/ Tue, 18 Jul 2023 07:43:59 +0000 https://republika.mk/?p=662488

Со најавата на Изет Меџити дека ќе формира ново политичко движење кое ќе делува опозициски, се компликуваат работите за уставните измени. Досега на власта и требаше поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за да може Бугарите да бидат вметнати во Уставот како услов за почеток на преговорите,  сега нејасно е на колку пратеници може да смета владејачкото мнозинство. Групата на Изет Меџити контролира тројца пратеници меѓу кои и Кастриот Реџепи за кого никогаш  не си сигурен на која страна ќе натежне.

Токму тој Кастриот беше главен актер на она гласање за доверба на Владата на Заев. Иако опозицијата имаше потписи од 61 пратеник меѓу кои и Реџепи ноќта пред гласањето се случи нешто неочекувано.

Реџепи буквално исчезна  на неколку дена а се појави на една видео порака пред еден бел зид како оние киднапирани борци од ИСИС.

Оваа нова тројка сигурно ќе има свои услови и пазар дали ќе ги поддржи уставните измени. За волја на вистината, Изет Меџити неодмана во интервју за „Република“ изјави дека без разлика на случувањата во ДУУИ тие ги подджуваат уставните измени.

Дали се тенчи или се зголемува владината поддршка за уставни измени ќе се види кога ќе бидат пратени во Собрание. Кога, тоа никој не го знае.

The post Се намалува немнозинството на власта за уставни измени: Дали тројцата пратеници на Меџити ќе имаат свои услови? appeared first on Република.

]]>

Со најавата на Изет Меџити дека ќе формира ново политичко движење кое ќе делува опозициски, се компликуваат работите за уставните измени. Досега на власта и требаше поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за да може Бугарите да бидат вметнати во Уставот како услов за почеток на преговорите,  сега нејасно е на колку пратеници може да смета владејачкото мнозинство. Групата на Изет Меџити контролира тројца пратеници меѓу кои и Кастриот Реџепи за кого никогаш  не си сигурен на која страна ќе натежне. Токму тој Кастриот беше главен актер на она гласање за доверба на Владата на Заев. Иако опозицијата имаше потписи од 61 пратеник меѓу кои и Реџепи ноќта пред гласањето се случи нешто неочекувано. Реџепи буквално исчезна  на неколку дена а се појави на една видео порака пред еден бел зид како оние киднапирани борци од ИСИС. Оваа нова тројка сигурно ќе има свои услови и пазар дали ќе ги поддржи уставните измени. За волја на вистината, Изет Меџити неодмана во интервју за „Република“ изјави дека без разлика на случувањата во ДУУИ тие ги подджуваат уставните измени. Дали се тенчи или се зголемува владината поддршка за уставни измени ќе се види кога ќе бидат пратени во Собрание. Кога, тоа никој не го знае.  

The post Се намалува немнозинството на власта за уставни измени: Дали тројцата пратеници на Меџити ќе имаат свои услови? appeared first on Република.

]]>
Реџепи ќе му се придружи на Меџити во неговото ново политичко движење https://republika.mk/vesti/makedonija/redhepi-ke-mu-se-pridruzhi-na-medhiti-vo-negovoto-novo-politichko-dvizhene/ Mon, 17 Jul 2023 15:46:42 +0000 https://republika.mk/?p=662395

Поранешниот пратеник на Движењето Беса, а моментално независен пратеник, Кастриот Реџепи, соопшти дека ќе биде дел од новата политичка партија којашто ќе ја формира Изет Меџити.

https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-potvrduva-formiram-novo-dvizhene/

Реџепи на социјалните мрежи се пофали дека ќе биде еден од основачите на новото политичко движење.

Јас го поддржував во текот на, да речеме, неговата внатрешно-политичка борба, ќе продолжам да го поддржувам и на неговиот пат и најверојатно ќе бидам еден од основачите на новото политичко движење, напиша Реџепи.

The post Реџепи ќе му се придружи на Меџити во неговото ново политичко движење appeared first on Република.

]]>

Поранешниот пратеник на Движењето Беса, а моментално независен пратеник, Кастриот Реџепи, соопшти дека ќе биде дел од новата политичка партија којашто ќе ја формира Изет Меџити. https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-potvrduva-formiram-novo-dvizhene/ Реџепи на социјалните мрежи се пофали дека ќе биде еден од основачите на новото политичко движење.
Јас го поддржував во текот на, да речеме, неговата внатрешно-политичка борба, ќе продолжам да го поддржувам и на неговиот пат и најверојатно ќе бидам еден од основачите на новото политичко движење, напиша Реџепи.

The post Реџепи ќе му се придружи на Меџити во неговото ново политичко движење appeared first on Република.

]]>
Реџепи: Tие што тогаш ме обвинуваа дека ја спасувам владата, станаа дел од неа или одат по тој пат https://republika.mk/vesti/makedonija/redzepi-tie-shto-togash-me-obvinuvaa-deka-ja-spasuvam-vladata-stanaa-del-od-nea-ili-odat-po-toj-pat/ Fri, 18 Nov 2022 17:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=575572

Поранешниот потпретседател на Беса Кастриот Реџепи, кој беше исклучен од партијата откако пред точно една година отсуствуваше од собраниската седница за изгласување на недоверба на владата на СДСМ и ДУИ, во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“ вели дека тие што тогаш го обвинуваа дека ја спасува владата, во меѓувреме станаа дел од неа или одат по тој пат.

Ако тогаш се зборуваше за некакви лични бенефити за мене, повеќе бенефити имаат овие партии отколку јас. Прво, Алтернатива стана дел од ова мнозинство, а гледаме во последно време има кокетирање, спремност и од страна на Алијанса за Албанците. Нема да биде чудно ако и тие станат дел од Владата – вели Реџепи.

Како што истакнува тој, се работи на тоа да се зголеми мнозинството и да се прошири, како што посочува, прогресивниот интеграциски блок. Целта, според него, е да се изолираат партиите, кои го опструираат процесот и работат во корист на други центри.

Некој како Левица јавно и отворено го изјавуваат тоа, други кажуваат дека се за интеграции, но на дело се гледа дека работат на опструкција на процесот. Мнозинството сака сите политички партии да влезат во владата, да преземат одговорност и да бидат дел од овој процес. Но, ако тие партии многу остро и енергично ме напаѓаа мене како личност, сега по година доаѓаат на таа линија – вели Реџепи.

The post Реџепи: Tие што тогаш ме обвинуваа дека ја спасувам владата, станаа дел од неа или одат по тој пат appeared first on Република.

Преговараме за ново мнозинство, но внимаваме да не има нов Кастриот, вели Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/pregovarame-za-novo-mnozinstvo-no-vnimavame-da-ne-ima-nov-kastriot-veli-mickoski/ Tue, 18 Oct 2022 07:17:04 +0000 https://republika.mk/?p=562365

Зборувајќи за изјавите на функционери на власта дека во ВМРО-ДПМНЕ има проевропско крило кое би гласало за уставните измени, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување на МРТ одговори со контрапрашање: А, да не имаме ние пратеници за ново мнозинство?

Па не дека најавувам ново мнозинство, но како што тие најавуваат дека преговараат, и ние имаме право да работиме на ново мнозинство да ја урнеме власта. Нормално дека работиме на тоа, има конкретни чекори. Само внимаваме да не има нов Кастриот. Разговараме со неколку од 120-те пратеници, рече Мицкоски.

Според него актиелната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ не е обременета од потенцијални закани за затвор, фингирани политички процеси, а во раководството на ВМРО-ДПМНЕ има монолитност, кохезија, а не разногласие како во владината коалиција.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема разногласие, а погледнете ја владината коалиција, погледнете ја ДОМ, преку НСД, погледнете што се случува во ЛДП, во СДСМ и ДУИ да не зборуваме. Сега ние може да работиме на мнозинство и на пораз на СДСМ, укажа Мицкоски.

The post Преговараме за ново мнозинство, но внимаваме да не има нов Кастриот, вели Мицкоски appeared first on Република.

Движење БЕСА: Кастриот Реџепи да и го врати мандатот на партијата и да им се извини на гласачите https://republika.mk/vesti/makedonija/dvizenje-besa-kastriot-redzepi-da-i-go-vrati-mandatot-na-partijata-i-da-im-se-izvini-na-glasachite/ Fri, 07 Oct 2022 13:46:31 +0000 https://republika.mk/?p=558461

Движењето БЕСА го повика пратеникот Кастриот Реџепи да и го врати мандатот на партијата, бидејќи како што нагласуват, под предзнак на БЕСА ги доби гласовите на последните парламентарни избори.

Мислам дека не треба многу да се коментира за тој човек кој до крајот на мандатот нема да знае каде ќе има адреса. Што се однесува до неговите движења, тие се политичка перверзност и се лош пример за политичко претставување кај нас. Со гласовите на Движењето Беса го има мандатот на пратеник и многу му должи на Движењето Беса. Беше потпретседател на партијата, кандидат за градоначалник и имаше многу привилегии во политичкиот субјект. Ако имал малку политичка култура, дефинитивно треба да го врати мандатот на Движењето Беса и да им се извини на гласачите на Движењето Беса, бидејќи сигурно гласачите не гласале за него да направи ваков хаотичен потег, изјави Фарук Авдиу, портпарол на Движењето БЕСА за весник „Лajm“.

Од друга страна пратеникот Кастриот Реџепи во своето последно телевизиско гостување изјави дека бил избркан од партијата БЕСА, па затоа и се приклучил на пратеничката група на Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Мојата партија ме избркaа, не прифаќајќи состанок на нејзините тела, ниту пред ниту по мојата акција, да ги слушне моите аргументи, рече Кастриот Реџепи.

Тој нагласи дека претседателот на неговата партија го избркаa од партијата преку социјалните мрежи.

Во врска со неговото евентуално приклучување кон „огнената група“ на ДУИ, синоќа изјави дека со пратеникот Изет Меџити отсекогаш имал добри односи и покрај партиските поделби.

На оваа средба се сретнавме со Изет Меџити, Блерим Беџети и мојот пријател Алко на кафе, но секако и за создадената политичка ситуација, па сакав да се уверувам дека последните случувања нема да имаат последици во интеграцискиот пат на државата, рече Реџепи.

The post Движење БЕСА: Кастриот Реџепи да и го врати мандатот на партијата и да им се извини на гласачите appeared first on Република.

]]>

Движењето БЕСА го повика пратеникот Кастриот Реџепи да и го врати мандатот на партијата, бидејќи како што нагласуват, под предзнак на БЕСА ги доби гласовите на последните парламентарни избори.
Мислам дека не треба многу да се коментира за тој човек кој до крајот на мандатот нема да знае каде ќе има адреса. Што се однесува до неговите движења, тие се политичка перверзност и се лош пример за политичко претставување кај нас. Со гласовите на Движењето Беса го има мандатот на пратеник и многу му должи на Движењето Беса. Беше потпретседател на партијата, кандидат за градоначалник и имаше многу привилегии во политичкиот субјект. Ако имал малку политичка култура, дефинитивно треба да го врати мандатот на Движењето Беса и да им се извини на гласачите на Движењето Беса, бидејќи сигурно гласачите не гласале за него да направи ваков хаотичен потег, изјави Фарук Авдиу, портпарол на Движењето БЕСА за весник „Лajm“.
Од друга страна пратеникот Кастриот Реџепи во своето последно телевизиско гостување изјави дека бил избркан од партијата БЕСА, па затоа и се приклучил на пратеничката група на Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Мојата партија ме избркaа, не прифаќајќи состанок на нејзините тела, ниту пред ниту по мојата акција, да ги слушне моите аргументи, рече Кастриот Реџепи.
Тој нагласи дека претседателот на неговата партија го избркаa од партијата преку социјалните мрежи. Во врска со неговото евентуално приклучување кон „огнената група“ на ДУИ, синоќа изјави дека со пратеникот Изет Меџити отсекогаш имал добри односи и покрај партиските поделби.
На оваа средба се сретнавме со Изет Меџити, Блерим Беџети и мојот пријател Алко на кафе, но секако и за создадената политичка ситуација, па сакав да се уверувам дека последните случувања нема да имаат последици во интеграцискиот пат на државата, рече Реџепи.

The post Движење БЕСА: Кастриот Реџепи да и го врати мандатот на партијата и да им се извини на гласачите appeared first on Република.

]]>
Реџепи: Со Меџити разговаравме за евентуално мое преминување во ДУИ https://republika.mk/vesti/makedonija/redzepi-so-medziti-razgovaravme-za-eventualno-moe-preminuvanje-vo-dui/ Fri, 07 Oct 2022 08:36:46 +0000 https://republika.mk/?p=558269

Кастриот Реџепи, поранешен пратеник на Беса, кој во Собранието функционираше како независен, во врска со неговото евентуално приклучување кон „огнената група” на ДУИ, синоќа изјави дека со пратеникот Изет Меџити отсекогаш имал добри односи и покрај партиските поделби.

На оваа средба се сретнавме со Изет Меџити, Блерим Беџети и мојот пријател Алко на кафе, но секако и за создадената политичка ситуација, па сакав да се уверувам дека последните случувања нема да имаат последици во интеграцискиот пат на државата, рече Реџепи во синоќешното гостување во емисијата „Патот кон” на ТВ Алсат.

Реџепи рече и дека Меџити му е близок од минатата година, кога одлучил да не гласа за уривање на власта и дека на последната средба разговарале и за евентуално преминување во ДУИ.

Мојата партија ме избркa, не прифаќајќи состанок на нејзините тела, ниту пред ниту по мојата акција, да ги слушне моите аргументи, рече Кастриот Реџепи.

Тој тврди и дека претседателот на Беса „го избркал од партијата преку социјалните мрежи”.

The post Реџепи: Со Меџити разговаравме за евентуално мое преминување во ДУИ appeared first on Република.

Кастриот Реџепи откри зошто се приклони кон ДУИ: Ме избркаа од партија преку социјалните мрежи https://republika.mk/vesti/makedonija/kastriot-redzepi-otkri-zoshto-se-prikloni-kon-dui-me-izbrkaa-od-partija-preku-socijalnite-mrezi/ Thu, 06 Oct 2022 21:31:21 +0000 https://republika.mk/?p=558169

Ме избркаa од мојата политичка партија, изјави Кастриот Реџепи во емисијата „Патот кон“ во Алсат, велејќи дека неговата партија не прифатила да има состанок на органите.

Мојата партија ме избркa, не прифаќајќи состанок на нејзините тела, ниту пред ниту по мојата акција, да ги слушне моите аргументи“, рече Кастриот Реџепи.

Тој нагласи дека претседателот на неговата партија го избрка од партијата преку социјалните мрежи.

The post Кастриот Реџепи откри зошто се приклони кон ДУИ: Ме избркаа од партија преку социјалните мрежи appeared first on Република.

Од Владата си заминува Милевски, Ковачевски му се радува на Пенов, интерплација за Груби https://republika.mk/vesti/makedonija/od-vladata-si-zaminuva-milevski-kovachevski-mu-se-raduva-na-penov-interplacija-za-grubi/ Tue, 04 Oct 2022 06:52:05 +0000 https://republika.mk/?p=557050

Освен изборот на нов министер за локална самоуправа по оставката на досегашниот, не се планираат други промени во владиниот кабинет. Премиерот Димитар Ковачевски вчера изјави дека Владата функционира со полн капацитет и дека не се планира реконструкција.

– Смена ќе има во Министерство за локална самоуправа, со оглед на тоа дека имаме оставка на министерот. Нема друг план. Друго нема во план, рече премиерот Ковачевски, кој вчера присуствуваше на првиот академски час на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје.

На забелешката дека функционери на СДСМ најавиле „мали промени“ во Владата, Ковачевски потенцира дека станува збор за „многу мали промени“.

– Јас сметам дека ќе бидат многу мали, со оглед на тоа што Владата функционира во полн капацитет и ги извршува своите обврски и ја реализира Програмата така како што е договорено, рече премиерот.

Новиот министер за локална самоуправа, според Ковачевски, ќе биде избран откако ќе биде потврдена оставката на досегашниот министер.

Ковачевски изрази задоволство што предлогот од Либерално-демократската партија за оваа позиција е Ристо Пенов, бидејќи, како што рече, за него тој бил еден од најдобрите градоначалници не само на Скопје, туку воопшто во државата, „којшто зад себе има голем број успешни проекти на коишто и ден денес сите сме сведоци“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ldp-oficijalno-go-predlozi-penov-za-nov-minister-za-lokalna-samouprava/

До него, како што нагласи, се уште не е стигнат официјалне допис од ЛДП за предлогот Пенов да биде нов министер за локална самоуправа.

Во Собранието, пак, се уште не е доставена оставката на досегашниот министер Горан Милески. Од Собранието посочуваат дека доколку оставката биде испратена до нив неделава, таа би можела да биде констатирана на новата седница што претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа за 17 октомври. Доколку со оставката пристигне и предлогот за избор на нов министер, гласањето би можело да се изврши истиот ден на нова седница.

За свикување нова седница, Џафери информирал вчера на редовната понеделничка средба со координаторите на пратеничките групи, на која повторно не присуствувал координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

И министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вчера ги отфрли како шпекулации информациите за негово заминување од министерската функција и за реконструкција на владиниот кабинет.

-Јас мислам дека ова се шпекулации, бидејќи и Владата и партијата СДСМ имаа став по тоа прашање. Она што го слушнавме и видовме, еве министерот за локална самоуправа  Горан Милевски, поднесе оставка. Слушнавме дека негов заменик би бил Ристо Пенов, еден искусен политичар и поранешен градоначалник, верувам дека со своето искуство ќе даде помош во работата на Владата. Што се однесува до останатите прашања сметам дека се на ниво на шпекулации, рече Бочварски во гостување на ТВ 24, прашан дали ќе има реконструкција на Владата и дали тој ќе си замине од функцијата.

И првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, исто така, вчера изјави дека промена во Владата ќе има само на испразнетото министерстко место за локална самоуправа, а за какви било други промени останува, вели, да одлучат лидерите на политичките партии.

– Јас не сум тој што одлучува, јас сум тој што извршува. Јас сум во Владата за да извршувам, а не да размислувам по однос на овие прашања. Има кој размислува за тие прашања, има претседател на партијата, органи на партијата, кои што ги носат одлуките. Јас ги извршувам тие одлуки, рече Груби при посетата на Струга.

https://republika.mk/vesti/makedonija/besa-kje-podnese-interpelacija-za-grubi-izet-medziti-kje-glasa-za/

Коментирајќи ја средбата на Блерим Беџети и Изет Меџити, кои се дел од членовите на ДУИ кои бараат промени во партијата, со независниот пратеник Кастриот Реџепи и дали постои можност за губење на парламентраното мнозинство, Груби вели дека на земјата ѝ треба стабилно парламентрано мнозинство и одговорност од сите кои треба да придонесат во реализацијата на целите за зачленување во ЕУ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kastriot-redzepi-kje-raboti-zaedno-so-pratenichkata-grupa-na-dui/

Беџети и Меџити викендот се сретнале со независниот пратеник Кастриот Реџепи, а фотографија од средбата споделија на „Фејсбук“ со хаштаг „заедно“ без подетални информации. Меџити вчера за телевизија 21 потврди дека Кастриот Реџепи ќе се приклучи кон пратеничката група на ДУИ во Собранието.

– Една фотографија е еднаква на 1000 збора. Пораката е јасна. Да, ќе дејствува со пратеничката група на ДУИ, изјавил Меџити.

The post Од Владата си заминува Милевски, Ковачевски му се радува на Пенов, интерплација за Груби appeared first on Република.

]]>

Освен изборот на нов министер за локална самоуправа по оставката на досегашниот, не се планираат други промени во владиниот кабинет. Премиерот Димитар Ковачевски вчера изјави дека Владата функционира со полн капацитет и дека не се планира реконструкција.
– Смена ќе има во Министерство за локална самоуправа, со оглед на тоа дека имаме оставка на министерот. Нема друг план. Друго нема во план, рече премиерот Ковачевски, кој вчера присуствуваше на првиот академски час на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје.
На забелешката дека функционери на СДСМ најавиле „мали промени“ во Владата, Ковачевски потенцира дека станува збор за „многу мали промени“.
– Јас сметам дека ќе бидат многу мали, со оглед на тоа што Владата функционира во полн капацитет и ги извршува своите обврски и ја реализира Програмата така како што е договорено, рече премиерот.
Новиот министер за локална самоуправа, според Ковачевски, ќе биде избран откако ќе биде потврдена оставката на досегашниот министер. Ковачевски изрази задоволство што предлогот од Либерално-демократската партија за оваа позиција е Ристо Пенов, бидејќи, како што рече, за него тој бил еден од најдобрите градоначалници не само на Скопје, туку воопшто во државата, „којшто зад себе има голем број успешни проекти на коишто и ден денес сите сме сведоци“. https://republika.mk/vesti/makedonija/ldp-oficijalno-go-predlozi-penov-za-nov-minister-za-lokalna-samouprava/ До него, како што нагласи, се уште не е стигнат официјалне допис од ЛДП за предлогот Пенов да биде нов министер за локална самоуправа. Во Собранието, пак, се уште не е доставена оставката на досегашниот министер Горан Милески. Од Собранието посочуваат дека доколку оставката биде испратена до нив неделава, таа би можела да биде констатирана на новата седница што претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа за 17 октомври. Доколку со оставката пристигне и предлогот за избор на нов министер, гласањето би можело да се изврши истиот ден на нова седница. За свикување нова седница, Џафери информирал вчера на редовната понеделничка средба со координаторите на пратеничките групи, на која повторно не присуствувал координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски. И министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вчера ги отфрли како шпекулации информациите за негово заминување од министерската функција и за реконструкција на владиниот кабинет.
-Јас мислам дека ова се шпекулации, бидејќи и Владата и партијата СДСМ имаа став по тоа прашање. Она што го слушнавме и видовме, еве министерот за локална самоуправа  Горан Милевски, поднесе оставка. Слушнавме дека негов заменик би бил Ристо Пенов, еден искусен политичар и поранешен градоначалник, верувам дека со своето искуство ќе даде помош во работата на Владата. Што се однесува до останатите прашања сметам дека се на ниво на шпекулации, рече Бочварски во гостување на ТВ 24, прашан дали ќе има реконструкција на Владата и дали тој ќе си замине од функцијата.
И првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, исто така, вчера изјави дека промена во Владата ќе има само на испразнетото министерстко место за локална самоуправа, а за какви било други промени останува, вели, да одлучат лидерите на политичките партии.
– Јас не сум тој што одлучува, јас сум тој што извршува. Јас сум во Владата за да извршувам, а не да размислувам по однос на овие прашања. Има кој размислува за тие прашања, има претседател на партијата, органи на партијата, кои што ги носат одлуките. Јас ги извршувам тие одлуки, рече Груби при посетата на Струга.
https://republika.mk/vesti/makedonija/besa-kje-podnese-interpelacija-za-grubi-izet-medziti-kje-glasa-za/ Коментирајќи ја средбата на Блерим Беџети и Изет Меџити, кои се дел од членовите на ДУИ кои бараат промени во партијата, со независниот пратеник Кастриот Реџепи и дали постои можност за губење на парламентраното мнозинство, Груби вели дека на земјата ѝ треба стабилно парламентрано мнозинство и одговорност од сите кои треба да придонесат во реализацијата на целите за зачленување во ЕУ. https://republika.mk/vesti/makedonija/kastriot-redzepi-kje-raboti-zaedno-so-pratenichkata-grupa-na-dui/ Беџети и Меџити викендот се сретнале со независниот пратеник Кастриот Реџепи, а фотографија од средбата споделија на „Фејсбук“ со хаштаг „заедно“ без подетални информации. Меџити вчера за телевизија 21 потврди дека Кастриот Реџепи ќе се приклучи кон пратеничката група на ДУИ во Собранието.
– Една фотографија е еднаква на 1000 збора. Пораката е јасна. Да, ќе дејствува со пратеничката група на ДУИ, изјавил Меџити.

The post Од Владата си заминува Милевски, Ковачевски му се радува на Пенов, интерплација за Груби appeared first on Република.

]]>
Кастриот Реџепи ќе работи заедно со пратеничката група на ДУИ https://republika.mk/vesti/makedonija/kastriot-redzepi-kje-raboti-zaedno-so-pratenichkata-grupa-na-dui/ Mon, 03 Oct 2022 13:55:04 +0000 https://republika.mk/?p=556894

Изет Меџити, Блерим Беџети и Кастриот Реџепи викендов на своите фејсбук-профили објавија заедничка фотографија која ја насловија „заедно“.

Пратеникот на ДУИ, Изет Меџити, во изјава за ТВ21 потврди дека пратеникот Кастриот Реџепи ќе се приклучи на пратеничката група на ДУИ во Собранието.

Една фотографија е еднаква на 1.000 збора. Пораката е јасна. Да, ќе дејствува со пратеничката група на ДУИ, порача Меџити.

ТВ21 го контактираше и пратеникот Кастриот Реџепи, но тој рече дека по четврток ќе биде достапен за медиумите.

Реџепи до сега функционираше како независен пратеник во Собранието, по исклучувањето од Движењето Беса.

Истакнатите членови на ДУИ, инаку дел од т.н. „огнена група“, Меџити (пратеник) и Беџети (актуелен градоначалник на Сарај) се потписници на писмото во кое бараа смена на Артан Груби и промени во партијата.

The post Кастриот Реџепи ќе работи заедно со пратеничката група на ДУИ appeared first on Република.

]]>

Изет Меџити, Блерим Беџети и Кастриот Реџепи викендов на своите фејсбук-профили објавија заедничка фотографија која ја насловија „заедно“. Пратеникот на ДУИ, Изет Меџити, во изјава за ТВ21 потврди дека пратеникот Кастриот Реџепи ќе се приклучи на пратеничката група на ДУИ во Собранието.
Една фотографија е еднаква на 1.000 збора. Пораката е јасна. Да, ќе дејствува со пратеничката група на ДУИ, порача Меџити.
ТВ21 го контактираше и пратеникот Кастриот Реџепи, но тој рече дека по четврток ќе биде достапен за медиумите. Реџепи до сега функционираше како независен пратеник во Собранието, по исклучувањето од Движењето Беса. Истакнатите членови на ДУИ, инаку дел од т.н. „огнена група“, Меџити (пратеник) и Беџети (актуелен градоначалник на Сарај) се потписници на писмото во кое бараа смена на Артан Груби и промени во партијата.

The post Кастриот Реџепи ќе работи заедно со пратеничката група на ДУИ appeared first on Република.

]]>
Пратеникот кој ја спаси владата на СДСМ, се пофали дека гласал за францускиот предлог https://republika.mk/vesti/makedonija/pratenikot-koj-ja-spasi-vladata-na-sdsm-se-pofali-deka-glasal-za-francuskiot-predlog/ Sat, 16 Jul 2022 12:08:36 +0000 https://republika.mk/?p=529895

Денеска во Собранието го отклучивме процесот на интеграција во ЕУ после цели 17 години, напиша пратеникот Кастриот Реџепи веднаш по усвојувањето на заклучоците за францускиот предлог.

Тој на социјалната мрежа Фејсбук објави видео од самото гласање.

За потсетување, Реџепи е пратеникот кој лани мистериозно „исчезна“ непосредно пред одржувањето на седницата за гласање недоверба на Владата на експремиерот Зоран Заев, а вицепремиерот Артан Груби тогаш за него рече дека „срцето и душата му се во Вашингтон и во Брисел“.

The post Пратеникот кој ја спаси владата на СДСМ, се пофали дека гласал за францускиот предлог appeared first on Република.

]]>

Денеска во Собранието го отклучивме процесот на интеграција во ЕУ после цели 17 години, напиша пратеникот Кастриот Реџепи веднаш по усвојувањето на заклучоците за францускиот предлог. Тој на социјалната мрежа Фејсбук објави видео од самото гласање. За потсетување, Реџепи е пратеникот кој лани мистериозно „исчезна“ непосредно пред одржувањето на седницата за гласање недоверба на Владата на експремиерот Зоран Заев, а вицепремиерот Артан Груби тогаш за него рече дека „срцето и душата му се во Вашингтон и во Брисел“.

The post Пратеникот кој ја спаси владата на СДСМ, се пофали дека гласал за францускиот предлог appeared first on Република.

]]>
Дали вработувањето на синот е дел од ветувањата за Реџепи да исчезне пред седницата за доверба на влада?! https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-vrabotuvanjeto-na-sinot-e-del-od-vetuvanjata-za-redzepi-da-ischezne-pred-sednicata-za-doverba-na-vlada/ Mon, 04 Jul 2022 13:50:41 +0000 https://republika.mk/?p=523646

Синот на Кастриот Реџепи, пратеникот поради кој пропадна гласањето на доверба на владата го сместил својот син на добра позиција. Ѓерг Реџепи од први месецов започнал да работи во една од највисоко платените државни институции во Македонија, М-НАВ.

Реџепи тогаш велеше дека од високи дипломати добил црсти гаранции дека Македонија ќе добие датум за преговори, за потоа да соопшти дека сопругата го информирала дека ќе има датум, а информацијата ја добил од неговата сопруга која слушнала на телевизија.

Дали вработувањето на синот е дел од ветувањата кои ги добил Реџепи за да пропадне гласањето за доверба на влада?!

The post Дали вработувањето на синот е дел од ветувањата за Реџепи да исчезне пред седницата за доверба на влада?! appeared first on Република.

]]>

Синот на Кастриот Реџепи, пратеникот поради кој пропадна гласањето на доверба на владата го сместил својот син на добра позиција. Ѓерг Реџепи од први месецов започнал да работи во една од највисоко платените државни институции во Македонија, М-НАВ. Реџепи тогаш велеше дека од високи дипломати добил црсти гаранции дека Македонија ќе добие датум за преговори, за потоа да соопшти дека сопругата го информирала дека ќе има датум, а информацијата ја добил од неговата сопруга која слушнала на телевизија. Дали вработувањето на синот е дел од ветувањата кои ги добил Реџепи за да пропадне гласањето за доверба на влада?!

The post Дали вработувањето на синот е дел од ветувањата за Реџепи да исчезне пред седницата за доверба на влада?! appeared first on Република.

]]>
Милошоски: По фијаското во Брисел, Ковачевски и Османи би било пожелно да остварат средба со пратеникот Кастриот Реџепи https://republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-po-fijaskoto-vo-brisel-kovachevski-i-osmani-bi-bilo-pozelno-da-ostvarat-sredba-so-pratenikot-kastriot-redzepi/ Fri, 24 Jun 2022 07:07:10 +0000 https://republika.mk/?p=519101

После враќањето од Брисел, каде Македонија го доживеа својот најголем дипломатски неуспех и понижување, МНР Османи би било пожелно да оствари средба со пратеникот Кастриот Реџепи за да ги анализираат сите (не)добиени датуми во декември, јануари, февруари и вчера, за да ја прелистаат уште еднаш фејк иницијативата „Европа21“ која наместо за заштита на евроинтеграциите испадна дека е за да ги заштити владините фотељи, реагира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

По фијаското во Брисел, Ковачевски и Османи мора да си поднесат оставки, затоа што ги манипулираат граѓаните повеќе од пет години, а исто толку време земјата назадува на секое поле. СДСМ и ДУИ го измамија народот, ја урнисаа економијата и ја понижија државата - реагира Милошоски.

The post Милошоски: По фијаското во Брисел, Ковачевски и Османи би било пожелно да остварат средба со пратеникот Кастриот Реџепи appeared first on Република.

Николоски: Кастриот Реџепи беше киднапиран и држен во премиерската вила, ни самиот тој не го демантира тоа https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-kastriot-redzepi-beshe-kidnapiran-i-drzen-vo-premierskata-vila-ni-samiot-toj-ne-go-demantira-toa/ Sat, 12 Feb 2022 15:01:50 +0000 https://republika.mk/?p=457597

Се работи за една влада која што е обид за спас на слободата на Зоран Заев, тој е свесен дека ќе дојде време кога ќе треба да одговара за криминалот и злоделата кои што ги направил, и се обидува да го одложи тоа време и оваа влада е продукт на таков компромис од една страна, и од друга страна оваа влада е влада во која што апсолутна доминација има политичката партија ДУИ, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во интервју за радиото „Македонски корени“ од Сиднеј.

Николоски потенцира дека причина зошто власта бега од одржување на предвремени парламентарни избори е лошиот рејтинг, но и серијата на лоши политики и потфрлање во делот со справување со енергетската, економската и здравствената криза.

Немам никакви очекувања во однос на оваа влада, бидејќи Македонија по сите параметри потфрла, дали е тоа енергетската криза каде што порасна цената на електричната енергија или цената на греењето кое во Скопје ем е поскапо, ем и скоро да го нема, буквално илјадници станови во градот се без парно греење, а граѓаните смрзнуваат затоа што нема соодветно парно греење.

Понатаму во делот со справување со економската криза, со здравствената криза, една серија на серија на потфрлање и лоши политики кои што се резултат на овие лоши компромиси. И затоа ние континуирано бараме предвремени парламентарни избори и доколку власта беше сигурна дека добро стои помеѓу луѓето тогаш ќе се согласеше да оди на предвремени избори, но имајќи во предвид дека се свесни дека имаат исклучително слаб рејтинг бегаат од изборите.

Но, тие ќе се случат без разлика на отпорот кој што го дава владејачката коалиција СДСМ и ДУИ - вели Николоски.

Во однос на сознанијата коишто тој ги добил дека Реџепи на денот на гласање на недоверба на владата бил чуван во премиерската вила на Водно, нагласи дека и самиот Реџепи ги потврдил овие сознанија со тоа што не демантирал дека бил таму, нагласувајќи дека ова само по себе говори каков авторитарен режим владее во државата.

Кастриот Реџепи беше киднапиран на денот на гласање и тоа не сака да го признае ни тој, ниту ти кои што го киднапираа, но тоа е факт и тоа беше единствената причина зошто не се појави во Собранието. Инаку тој ја подржа иницијативата за гласање на недоверба на владата и тој беше 61от кој што всушност се потпиша на таа иницијатива. Значи сакаше условно кажано да биде тој со чии што глас ќе се одлучува и немаше ниту една логика во неговото променливо однесување, освен тоа што се случи. Затоа што доколку меѓувремено се предомислил во тие три дена од поднесувањето на иницијативата до гласање на недоверба на владата, можеше да дојди во собранието и да гласа за останување на владата или можеше да дојде во собранието и да одржи прес конференција на која што ќе каже дека мисли дека владата на Заев е добра.

Но, наместо тоа исчезна, а исчезна затоа што некој не бил сигурен како ќе гласа дента во собранието и потоа ја доби онаа позната понуда од латиноамериканските крими филмови сребро или олово и очигледно го избрал среброто и затоа го направи тоа што го направи. Во меѓувреме до мене дојде сознанија дека на денот на гласање бил чуван во премиерската вила на Водно која што е државен објект. Точно е дека премиерот ја користи, но таа не е приватен, туку државен објект и тоа е директна злоупотреба на државни ресурси и е тешко кривично дело затоа што пратеник кој што е највисок орган во државата да биде чуван во државен објект е кривично дело и за тоа ќе има кривична одговорност.

И самиот Кастрио Реџепи еден ден по мојата изјава практично ја потврди мојата изјава со тоа што не демантираше дека бил таму и на тој начин се потврди каков авторитарен режим во моментот владее со Македонија, за кој што единствено што размислува е да го заштити криминалот - вели Николоски.

The post Николоски: Кастриот Реџепи беше киднапиран и држен во премиерската вила, ни самиот тој не го демантира тоа appeared first on Република.

]]>

Се работи за една влада која што е обид за спас на слободата на Зоран Заев, тој е свесен дека ќе дојде време кога ќе треба да одговара за криминалот и злоделата кои што ги направил, и се обидува да го одложи тоа време и оваа влада е продукт на таков компромис од една страна, и од друга страна оваа влада е влада во која што апсолутна доминација има политичката партија ДУИ, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во интервју за радиото „Македонски корени“ од Сиднеј. Николоски потенцира дека причина зошто власта бега од одржување на предвремени парламентарни избори е лошиот рејтинг, но и серијата на лоши политики и потфрлање во делот со справување со енергетската, економската и здравствената криза.
Немам никакви очекувања во однос на оваа влада, бидејќи Македонија по сите параметри потфрла, дали е тоа енергетската криза каде што порасна цената на електричната енергија или цената на греењето кое во Скопје ем е поскапо, ем и скоро да го нема, буквално илјадници станови во градот се без парно греење, а граѓаните смрзнуваат затоа што нема соодветно парно греење.   Понатаму во делот со справување со економската криза, со здравствената криза, една серија на серија на потфрлање и лоши политики кои што се резултат на овие лоши компромиси. И затоа ние континуирано бараме предвремени парламентарни избори и доколку власта беше сигурна дека добро стои помеѓу луѓето тогаш ќе се согласеше да оди на предвремени избори, но имајќи во предвид дека се свесни дека имаат исклучително слаб рејтинг бегаат од изборите.   Но, тие ќе се случат без разлика на отпорот кој што го дава владејачката коалиција СДСМ и ДУИ - вели Николоски.
Во однос на сознанијата коишто тој ги добил дека Реџепи на денот на гласање на недоверба на владата бил чуван во премиерската вила на Водно, нагласи дека и самиот Реџепи ги потврдил овие сознанија со тоа што не демантирал дека бил таму, нагласувајќи дека ова само по себе говори каков авторитарен режим владее во државата.
Кастриот Реџепи беше киднапиран на денот на гласање и тоа не сака да го признае ни тој, ниту ти кои што го киднапираа, но тоа е факт и тоа беше единствената причина зошто не се појави во Собранието. Инаку тој ја подржа иницијативата за гласање на недоверба на владата и тој беше 61от кој што всушност се потпиша на таа иницијатива. Значи сакаше условно кажано да биде тој со чии што глас ќе се одлучува и немаше ниту една логика во неговото променливо однесување, освен тоа што се случи. Затоа што доколку меѓувремено се предомислил во тие три дена од поднесувањето на иницијативата до гласање на недоверба на владата, можеше да дојди во собранието и да гласа за останување на владата или можеше да дојде во собранието и да одржи прес конференција на која што ќе каже дека мисли дека владата на Заев е добра.   Но, наместо тоа исчезна, а исчезна затоа што некој не бил сигурен како ќе гласа дента во собранието и потоа ја доби онаа позната понуда од латиноамериканските крими филмови сребро или олово и очигледно го избрал среброто и затоа го направи тоа што го направи. Во меѓувреме до мене дојде сознанија дека на денот на гласање бил чуван во премиерската вила на Водно која што е државен објект. Точно е дека премиерот ја користи, но таа не е приватен, туку државен објект и тоа е директна злоупотреба на државни ресурси и е тешко кривично дело затоа што пратеник кој што е највисок орган во државата да биде чуван во државен објект е кривично дело и за тоа ќе има кривична одговорност.   И самиот Кастрио Реџепи еден ден по мојата изјава практично ја потврди мојата изјава со тоа што не демантираше дека бил таму и на тој начин се потврди каков авторитарен режим во моментот владее со Македонија, за кој што единствено што размислува е да го заштити криминалот - вели Николоски.

The post Николоски: Кастриот Реџепи беше киднапиран и држен во премиерската вила, ни самиот тој не го демантира тоа appeared first on Република.

]]>
Реџепи призна дека се криел во премиерската вила кај Заев https://republika.mk/vesti/makedonija/redzepi-potvri-deka-se-kriel-vo-premierskata-vila-kaj-zaev/ Thu, 10 Feb 2022 10:55:11 +0000 https://republika.mk/?p=456672

Пратеникот Реџепи ги разреши шпекулациите каде се криел во деновите кога требаше да се гласа за недоверба на владата и кога од неговиот глас зависеше дали ќе падне владата на Заев.

Реџепи, тогаш пратеник на Беса, а сега кој знае на која партија или пак може самостоен пратеник рече се криел кај негов пријател заедно со семејството бидејќи им била загрозена безбедноста.

Другиот ден се јави со видео порака покрај некаков бел ѕид од непозната локација. Сега стана јасно дека таа локација била премиерката вила на Водно.

Но она што вчера потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски праша денеска доби потврда од самиот Реџепи. Тој призна дека се криел во премиерската вила на Заев.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-dali-kastriot-redzepi-bil-chuvan-vo-premierskata-vila/

На прашањето на „Фокус“ дали на денот на гласањето на недоверба на Владата престојувал во премиерската вила, вели дека негово право е каде ќе престојува, според неговата проценка за својата безбедност и безбедноста на неговото семејство.

-Се што имав да кажам го кажав на мојата прес конференција и јавни настапи. Мое приватно право е каде престојувам во одреден ден според мојата проценка за мојата безбедност и на моето семејство. Најбитно е дека јас како пратеник со мандат го искористив моето уставно право да одлучам според моето убедување и со тој потег се обезбеди стабилно зголемено мнозинство и непречен дијалог со Република Бугарија, изјави Реџепи за „Фокус“.

Ќе остане и запаметена неговата изјава дека жена му слушнала на телевизија дека Макрон ќе ни даде датум за преговори што се разбира не се случи. Исто така рече дека срцето му вило во Брисел и Вашингтон и оти затоа не дошол. Но по ова јасно е дека неговото срце било на Водно а не во САД и ЕУ.

The post Реџепи призна дека се криел во премиерската вила кај Заев appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Реџепи ги разреши шпекулациите каде се криел во деновите кога требаше да се гласа за недоверба на владата и кога од неговиот глас зависеше дали ќе падне владата на Заев. Реџепи, тогаш пратеник на Беса, а сега кој знае на која партија или пак може самостоен пратеник рече се криел кај негов пријател заедно со семејството бидејќи им била загрозена безбедноста. Другиот ден се јави со видео порака покрај некаков бел ѕид од непозната локација. Сега стана јасно дека таа локација била премиерката вила на Водно. Но она што вчера потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски праша денеска доби потврда од самиот Реџепи. Тој призна дека се криел во премиерската вила на Заев. https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-dali-kastriot-redzepi-bil-chuvan-vo-premierskata-vila/ На прашањето на „Фокус“ дали на денот на гласањето на недоверба на Владата престојувал во премиерската вила, вели дека негово право е каде ќе престојува, според неговата проценка за својата безбедност и безбедноста на неговото семејство.